Page 1


8 dekemvri 2012

2

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


8 dekemvri 2012

MAGAZIN REVOLUCIJA

Ukraina: Pusto{ot na portokalovite i policiskata „demokratija“ na Janukovi}

5

Iskustva od Ukraina za portokalovi revolucii i politi~ki progon

8

Stravot od gubewe na vlasta go pravi Janukovi} posurov Od gladno dete do pretsedatel za oligarsite vo Ukraina

103 MAGAZIN REVOLUCIJA

13 18

Julija Timo{enko - `rtva na portokalovata revolucija

27

Razgovor so Toni Bler za ekonomijata na SAD i Sirija

33

LGBT Junajted - Sakame da bideme prifateni

37

Konceptot „vistina“ kaj Akutagava

38

ИМПРЕСУМ OСНОВАЧ: М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славе Ангелов, e-mail: angelovfdtme@mkrevolucija.com СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ: Славе Ангелов, Наташа Димеска, Елена Павловска, Олгица Трпевска, Кристина Димовска, Емилија Петреска, Маја Мојсоска, Соња Ничевска НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија ДИЗАЈН: Славе Ангелов, e-mail: angelovfdtme@gmail.com МАРКЕТИНГ: М-р Митко Јованов Е- mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com моб.: +389 (0) 76 52 93 89

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

3


8 dekemvri 2012

MAGAZIN REVOLUCIJA

„Esen“ - Vasko Nikolov „Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 АДРЕСА: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94 ИЗДАВАЧ: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 210066747120154 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

4

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Ukraina: Pusto{ot na portokalovite i policiskata „demokratija“ na Janukovi} Актуелна состојба во државата: Иднината на економијата во Украина и понатаму е мрачна поради намалувањето на економскиот пораст кон крајот на 2011 година, поради невработеноста и поради сé поголемиот број бездомници. Освен тоа, невладините организации го обвинуваат Јанукович дека речиси ги уништил неодамнешните демократски достигнувања, поради неговите напади врз печатот, врз цивилното општество, како и поради судскиот процес против Јулија Тимошенко, за кој во голема мера се верува дека има политичка заднина. Украинскиот претседател Виктор Јанукович и нареди на владата да работи на нови реформи, кои ќе бидат со цел за подобрување на социјалната заштита. Според него, владата мора да ја поврати довербата на украинскиот народ со тоа што ќе им ги подобри условите за живот.

Украина планира до 2030 година да изгради 11 нови нуклеарни реактори, со што ќе го удвои сегашниот капацитет.

Јанукович се заложи за зголемување на минимална плата, работнички права, модернизација на здравствените установи, како и за поголеми плати на владините службеници и намалување на трошоците за образование.

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

5


Tema Na Nedelata Ресурсите на Украина

MAGAZIN REVOLUCIJA

од Русија, Германија, Кина, Полска и од Белорусија. Украина планира до 2030 Украина е интересна како пазар затоа што година да изгради 11 нови нуклеарни е огромна, има над 45 милиони жители, реактори, со што ќе го удвои сегашниот а бележи и значаен и континуиран капацитет. Електроенергетскиот сектор економски раст. Растот во индустријата во Украина е 12-ти по големина во светот се движи и до 10% годишно. Во советско според инсталираниот капацитет. време, економијата на Украина беше втора по големина во СССР. Бруто- „Портокаловите“ оставија домашниот производ по жител во 2011 сиромаштија година изнесуваше 7.300 долари, а Во говорот за инаугурацијата, Јанукович стапката на невработеност 7%. Оваа остро ги критикуваше „портокаловите“ земја најмногу увезува енергетски кои беа на власт до 2005 година. Новиот деривати, бидејќи има многу голема претседател изјави дека „портокаловите“ тешка индустрија, особено рафинерии и зад себе оставија: сиромаштија, металуршки компании. уништена економија и корупција. Позната е и по производството на висока Украина беше тешко погодена од технологија и транспортни средства. економската криза. Според аналитичарите, незгодите во Украина се паѓање на цените на челикот, локални банкарски проблеми и намалувањето на снабдувањето со руски гас во јануари 2009-та година. Клучните индустрии како што се металургијата и машинското инжинерство ги отпуштаа вработените, а за прв пат во оваа декада започнаа да се намалуваат и реалните плати. Пензискиот систем претрпе инвестициска загуба од 92 Најголем удел во БДП имаат услужниот милијарди долари во текот на 2008-та сектор (56,2%) и индустријата (34,4%). година. Сепак, севкупната вредност на Железницата во Украина е главната фондот се зголеми поради продажбата сообраќајна артерија со соседните земји, на нафта како и движењата на валутата. но Македонските извозници не можат да транспортираат стоки директно од Новиот претседател Виктор Јанукович земјава затоа што украинските пруги се ја презеде Украина во многу тешка потесни. економска ситуација. Надворешниот долг е многу голем, а кредитниот рејтинг Аеродромот во Киев е најголемиот во многу низок. Еден од најблиските земјата. Главниот увоз во Украина доаѓа соработници на Виктор Јанукович,

6

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

некогашниот премиерНиколај Азаров, вели дека Украина за првпат во својата историја од неодамна почна да увезува дури и компир, путер и млеко во прав. Освен тоа, половина од претпријатијата делумно или воопшто не работат. Според Николај Азаров, Украина сега се наоѓа на границата на банкрот. Новиот украински претседател Виктор Јанукович вели дека за неговата земја модернизацијата на индустријата е прашање да се биде или не. Јанукович и неговите поддржувачи отворено велат дека ситуацијата не може радикално да се промени за една или две години, туку, за темелни промени се потребни најмалку десет години. Украина на работ од банкрот Бруто домашниот производ на Украина се намалил за 20 отсто во текот на првото тромесечје во 2009 година. Економијата на земјата е една од најсилно погодените земји од глобалната рецесија. Интерес привлекува фактот дека објавувањето на оваа информација се совпадна со официјалната посета на претставници од ММФ на Киев. Фондот во моментот размислува да ја одобри третата транша од финансиската помош во размер од 16,4 милијарди долари. Европските лидери и банкари внимателно ја следат ситуацијата во Украина, чија економија западна во длабока рецесија, а финансиската стабилност на земјата се наоѓа на раб на пропаст. Трезорите на Стариот континент контролираат 40 отсто од банкарскиот систем во Украина и стравуваат дека проблемите на

земјата може да влијаат и на останатите европски земји. Реформите ја забавиле економијата на Украина Украина не е способна за длабоки системски економски реформи, изјавил поранешен заменик-министер на финансии- Александар Савченко. „Значи ако Владата помалку интервенирала во економијата, ќе било подобро “, - рекол тој. Според него, во изминатата година, условите за тргување во Украина „Феноменолошки се подобриле“, за 25% отсто, што значи дека и економијата требало да се зголеми за 25%. „А таа има само 4% отсто раст, бидејќи Украина се обиде да направи реформи “, изјавил тој. „Одговорот од кризата е голем буџетски дефицит, зголемување на даноците и позајмување, но не надворешно, туку внатрешно. На, домашно задолжување, за жал, ние само треба да играме виртуози “, вели тој. Сепак, домашните кредитирања да се промовираат и да создадат услови за тоа, нагласува тој.

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

7


Tema Na Nedelata Претходно, „Bagnet“ наведува стручно мислење за она од што денес постои опасност од вториот бран на кризата.

MAGAZIN REVOLUCIJA

така, тој повика на важен развој на енергетиката, особено потрага по нови резерви во западните региони на Украина.

Претседателот Виктор Јанукович има за цел да достигне раст од 6 до „За да ја внесеме Украина меѓу 7% отсто годишно водечките дваесет држави во светот и да ја изградиме во модерна држава со Претседателот во своето обраќање до конкурентна економија за спроведување нацијата истакна дека „Кризата покажа на европската интеграција, гледам последно исцрпување на тековниот како на национална цел“, изјавил ресурсен модел. Мораме да направиме претседателот. „Нашиот слоган не е катализатор за модернизација на нови „Луѓето за реформи“, туку „Реформи за реформи. Клучните услови за успех луѓето““- изјавил Јанукович . Тој ветил на реформите е да се обезбеди висок економски и духовни слободи, грижа економски раст од 6 до 7 % отсто за животот, здравјето, и ги гарантирал годишно“. граѓанските слободи. Според него , потребно е да се зајакне вниманието во земјоделскиот сектор. „Украина треба да стане житница во Автор: Олгица Петревска Европа“, - изјави претседателот . Исто

Iskustva od Ukraina za portokalovi revolucii i politi~ki progon Украина наместо кон напредок и Европска интеграција, со сигурен чекор оди кон тотална диктатура слична на онаа на Адолф Хитлер. Токму Виктор Јанукович, преземајќи ја власта од портокаловиот револуционер Јулија Тимошенко, во февруари 2010 година, ја води држава кон сигурна пропаст.

8

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Одмазда која ја „загуши“ демократијата

Смртта на демократскиот процес во Украина започнала со преземањето на власта од страна на Виктор Јанукович. Неговата партија била еднаш поразена на изборите од страна на Портокаловата револуција, предводена од страна на Јулија Тимошенко и Виктор Јушченко. Јанукович успеал да и го возврати поразот и во 2010 година да ја собори

од власта, а веќе во 2011 година да ја обвини за злоупотреба на својата положба. Токму обвиненијата со кои се терети Тимошенко се причина за заладувањето на односите помеѓу Брисел и Киев. Европската Унија, но и Западот сметаат дека таа е само жртва на диктаторскиот режим, кој сака да го воведе Јанукович и со кој сака на некој начин сите политичари во земјата да ги присили на послушност. Покрај бројните апели од надвор, штрајкувањето со глад на Јулија Тимошенко, како и бројните протести, сепак, Јанукович успеал да издејствува таа да биде осудена на седумгодишна затворска казна од страна на „независен суд“, само да се спречи нејзиното активно учество на парламентарни избори. Јанукович токму во нејзиното активно водење на опозицијата видел опасност за себе и за својот режим, па решил да се пресмета со неа во нефер борба. Со ова Јанукович започнал „лов“ и политички прогон на сите кои на некој начин се опасност за неговото владеење. Неговото заладување на односите со Евроспката Унија довело до замрзнување на договорот за слободна трговија, со што економијата добила силен удар. Но, тој е бестрашен и

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

9


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

покрај рецесијата која ја зафатила неговата држава по тој удар, тврдел дека може сам да обезбеди подобра иднина за Украина.

Граѓаните неможат препознаат лидер опозицијата

да во

На 28 октомври 2012 година беа одржани парламентарни избори во Украина, за 450 слободни места во парламентот. Избори кои од стартот беа најавени како наместени и како една голема демократска фарса. На нив своите сили ги одмерија партијата и приврзаниците на режимот на Јанукович и обединетата опозиција, која е под раководство на затворената лидерка Томошенко. Но, дали навистина дојде до одмерување на силите? Кризната ситуација во Украина, проблемите на граѓаните, рецесијата која се чувствува во секоја област од живеењето, задушениот демократски процес многумина ги наведе да тврдат дека силната опозиција може да стави крај на диктаторското владеење. Народот соочувајќи се со преголемите даноци, трошоци, има големи причини за соборување на режимот на Јанукович, но тој не гледа доволно голем и силен лидер во опозицијата кој може да го води кон решавање на неговите секојдневни проблеми. По портокаловата револуција на Јулија Тимошенко и разочарувањето кое народот го доживеа од нејзиното владеење и граѓаните бараат нов лидер, нови политички фигури, кои ќе му ветат

10

BR.103 MAGAZIN

подобра иднина и конечна интеграција во Европската Унија. Дел од граѓаните, на изненадување на сите, на предизборните анкети изјавиле дека можеби таа нова фигура која ќе ги однесе во подобро европско утро е токму боксерскиот шампион Витали Кличко, чија партија беше вистинско изненадување на овие парламентарни избори. Во пресрет на парламентарните избори, трите најголеми опозициски партии во Украина направиле коалиција за рушење на режимот на Јанукович и за свој лидер го избрале Арсениј Јатзенук. Според експертите нивна најголема грешка е токму тоа што дозволиле да бидат под еден вид „диктатура“ на Јулија Тимошенко. Иако таа е на одлежување на седумгодишна казна затвор поради злоупотреба на својата позиција, сепак, луѓето блиски на неа сé уште ја актуализираат како нивни лидер, како некој кој е жртва на Јанукович. Народот незадоволен од начинот на кој таа управувала со државата за време на нејзиниот мандат им ја скрати можноста

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

на опозицијата да добијат мнозинство во парламентот и со тоа да го намалат И во Украина има „Перо Наков“ влијанието кое го има Виктор Јанукович. Токму постојаното повторување на нејзиното име, изјавите дека таа и е потребна на опозицијата, и одзеде голем број гласови на опозицијата, иако во изборната трка таа влезе со предност.

Полициска демократија

Изборната трка била проследена со многу притисоци, закани. Токму за време на трката бил донесен и оспоруваниот закон со кој владата и полицијата имаат право да водат кривична истрага против секој, да му го претресува домот во секој миг, а при тоа да не го извести оној кој е предмет на таа истрага. Токму со овој закон се одземаат сите права на граѓаните, приватноста, но и се ставаат по еден вид команда на Јанукович, плашејќи се дека со секој погрешен чекор може да се најдат позади затворските решетки. Тимошенко апелирала да се блокира овој закон на сите можни начини, дури и самата се обидела да укаже на неговата штетност со својот повеќедневен штрајк со глад, ама тоа не вродило со никаков плод. Најстрашното од целата трка е токму неединството на опозициските партии. Нивните различни гледишта, начин на обраќање кон народот, им покажале на сите дека не се подготвени за сериозна борба со Јанукович.

Медиумите веднаш го почувствувале почетокот на изборната трка, со многу инспекции кои започнале да им ја проверуваат целата работа. Најчесто на мета биле двете најголеми опозициски телевизии, кои најчесто објавуваат истражувачки новинарски приказни со кои се открива нечесното работење на олигарсите на Јанукович. Во Украина на некој начин се забраниле сите стории кои го објавуваат „тајниот живот“ на министрите од владата на Јанукович, односно оној дел во кој тие истовремено управуваат лични бизниси,

перат државни пари, трошат повеќе од што може да поднесе оваа сиромашна држава. Токму овие истражувачки стории, говорењето на вистината и јавното критукување на Виктор Јанукович резултирало со неколку кривични пријави против угледни новинари и уредници. На овој начин владата им

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

11


Tema Na Nedelata упатила моќен сигнал на медиумите да започнат со самоцензура, односно со детално проверување на содржините кои ги емитуваат, за да не започнат владините комисии да ја чешлаат нивната работа. Кривичното гонење на новинари во Украина е јасен знак за внатрешната ситуација во земјата, но и за непостоење на демократски процес ниту слобода на говорот, токму ова било само уште една од причините за остри реакции од Брисел, но и за испраќање на 2 800 набљудувачи на изборните места. Токму загушувањето на гласот на независните медиуми бил голем хендикеп во предизборната кампања. Немало кој да ја буди совеста на граѓаните, ниту да ги пренесува пораките кои за време на својот штрајк со глад ги испраќала Јулија Тимошенко.

MAGAZIN REVOLUCIJA

кој го назадува и напредокот кој се постигнал со Портокаловата револуција во 2004 година. Опозицијата на ова реагирала бурно, со протести, со закани дека ќе ја блокираат работата на парламентот, но ништо од тоа не го заплашило ниту за миг Јанукович. Лидерот на опозицијата во повеќе наврати изјавил дека изборите се чист фалсификат и дека тие воопшто не се задоволни од освоените 178 места во парламентот, па затоа бараат прегласување во неколку спорни изборни единици, кои ќе бидат тест за демократијата на Јанукович.

На протестите против изборниот фалсификат, секој ден имало сé помалку граѓани. Желбите да се изврши притисок на властите за повторување на изборите останале неисполнети, токму поради презаситеноста на народот од протести и пароли. Народот сега Убивањето на независното новинарство сака конкретни решенија за своите во Украина е само одраз на параноичниот проблеми, но расцепканата опозиција страв и жедта за власт кои ги има нема ниту најмала идеја како да постапи Јанукович. на следните локални избори. Опозицијата поделена затоа нема Со покачување на пензиите и платите надеж го смирил револтот на народот Иако една недела се чекало на конечните изборни резултати и нетрпението на граѓаните, како и уличните протести Иако на опозициските партиите им растеле, како и обвинувањата за претстојат нови локални избори, со кои лажирање на резултатите со промена тие би можеле да ја превземаат власта на гласачките ливчиња во одредени барем на локално ниво, тие немаат ниту региони, сепак, Јанукович со партиите надеж во тој процес. За да ја осигура блиски на неговото владеење прогласил својата идна победа и на тие избори, победа и го презел мнозинството во Јанукович ја искористил расцепканоста Украинскиот парламент. на опозициските партии, нивната разединетост и направил закон со кон Набљудувачите на ОБСЕ и Европската секој кандидат за градоначалник мора Унија изјавиле дека овие избори биле да добие мнозинство од гласовите во сигурен чекор назад за Украина, чекор

12

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

својата партија за да може да се најде бизнисмени во Украина, а тоа ќе му на кандидатската листа. овозможи на Јанукович да ги исполни своите ветувања дадени на изборите Но, во опозициските редови ова не е дека ќе се финансира сам и дека не му можно, поради преголемиот број на треба помош од Европската унија. партии, но и поради нивното настојување токму нивниот кандидат да биде оној кој За да докаже дека прекинатата соработка ќе ја претставува нивната коалиција. со Унијата не се одразува на неговата Се претпоставува дека опозицијата политика, ниту на економијата, но и за повторно со својата разединетоста ќе се да го залаже малку народот кој е гневен, минира самата и ќе му дозволи мирно тој ги зголемил пензиите и платите на владеење на Јанукович до следните јавниот сектор. Неговите олигарси и претседателски избори во 2015 година. понатаму ќе продолжат да ја пустошат државата, да го трујат судството и За тоа време Јанукович ја зацврстил да ја оддалечуваат земјата од толку својата власт во парламентот со посакуваната Европска интеграција. освојување на 200 пратенички места во парламентот. Повеќе од 100 пратеници имаат директни врски со најбогатите Автор: Наташа Димеска

Stravot od gubewe na vlasta go pravi Janukovi} posilen Човек со лабилен карактер

Перцепциите за Јанукович се разликуваат. Тој наизменично е гледан како тиранин и како ефективен лидер, човек со слаб карактер. контролиран од олигарсите и како политички тиранин кој се издига над нив, про-руски претседател и човек кој се плаши од Русија. Виктор Јанукович ја презеде функцијата претседател на Украина во февруари 2010 година. Земјата беше во релативно слаба економска форма, полна со внатрешни политички ривалства и поделби.

Едноставната вистина е дека Јанукович не е ни едното ни другото. Иако тој не е идеолошки – и нема никаов злобен план да ја сруши украинската демократија и да ја претвори во земја со полициски режим – сепак, не изгледа дека има намера да го подобри животот на просечните Украинци.

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

13


Tema Na Nedelata Неговата цел изгледа е да создаде систем кој ќе му дозволи на него и на неговата мрежа на олигарси да ја здобијат и да ја зацврстат контролата врз Украина и нејзините ресурси. Останувањето на власт е прашање на опстанок за Јанукович и неговата придружба. Тие ќе направат сé за да воспостават контрола врз различните нивоа на власта, ставајќи свои луѓе на правилните места и замолчувајќи ги оние кои гласно им се спротивставуваат.

MAGAZIN REVOLUCIJA

Како и да е, тие не се подготвени да плаќаат за мерки од кои на крајот имаат корист олигарсите. Олигарсите, пак, очигледно имаат други планови.

Владеење на олигарсите

Богатите бизнисмени започнаа да добиваат влијание во средината на 1990 година, играјќи важна политичка уклога за време кога раководеше со државата претседателот Леонид Кучма. Иако тие беа влијателни, Кучма успеа да ги задржи под негова контрола, гарантирајќи доминација на националните интереси врз корпоративните. Кога Виктор Јушченко дојде на власт во 2005 година, донесе друга група на бизнисмени поблиску до круговите на власта, давајќи им пристап до средствата кои порано беа контролирани од олигарсите на Кучма.

Меѓутоа, создавање на ваков систем денес нема да биде лесно. Иако политичкиот процес е далеку од уреден, многу уУраинци веќе се навикнати на демократски слободи и нема да сакаат да се откажат од нив. Тие повеќе не прифаќаат да се срамат од својата земја, тие сакаат нивната земја да биде повторно почитувана. Украинците се подготвени да прават жртви, под услов од имплеметнацијата на реформите да имаат корист за нив и нивните семејства – иако добивките не се моментални.

14

BR.103 MAGAZIN

Додека постарите олигарси ги одржуваа своите позиции на врвот, појавувањето на нови играчи започна да ги нарушува нивните монополи. Под власта на Јанукович, постарите интересни групи и некои понови луѓе блиски до него, се обидуваат да ја сменат ерата на Јушченко и да се осигураат дека нивните интереси не се предмет на надзор на релативно силен претседател. Во денешна Украина корпоративните интереси на мал број луѓе на олигарси преовладуваат. После

политичките

REVOLUCIJA

внатрепартиски


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

борби од 2005 до 2009 година, фактот дека претседателот, владата и парламентот дејствуваат усогласено, може да се смета како позитивен чекор кон постигнување на стабилност во Украина. Сепак, многу малку Украинци сакаа оваа стабилност и кохезија да биде резултат на консолидација на моќта во рамките на многу ограничен круг луѓе. Ова прекршување на традиционалниот принцип на поделба на власта, исто така, комплетно се спротивставува на западните вредности. За Украинците, ова донесе разочарување и страв.

Целата власт претседателот

во

рацете

на

Кога гласаа за Јанукович во 2010 година, Украинците мислеа дека избираат претседател со ограничена моќ, одговорен само за наворешната и безбедносната политика. Но, есента во 2010 година, Уставниот суд ја поништи политичката реформа на процедурална основа од 2004, и го врати уставот од 1996 година. Ваквата одлука ја трансформира Украина во претседателска република, значајно намалувајќи ја улогата на Парламентот и ставајќи ја владата под претседателска контрола. Претседателската администрација се врати во центарот на донесување на одлуки. Претседателот и неговиот тим преземаа

голем број чекори кон понатамошно зацврстување на нивните позиции на власт. Модификациите на изборните закони пред локалните избори во 2010, значајно ги ограничија можностите за опозициските партии успешно да се кандидираат, со ограничување на учеството на партиски блокови, дозволувајќи само кандидатури на една партија и комплицирајќи ја регистрацијата на нови партии за изборите. Јанукович е растргнат помеѓу неговата финансиски мотивирана потреба да се прилагоди кон Западот и меѓународните финансиски институции, и неговата цел да ја зајакне и консолидира позицијата на украинските олигарси. Како и да е, сé уште постои можност дека многу корисни економски реформи можат да бидат имплементирани, дури и ако се во помал обем, што му дозволува на Јанукович да ги задоволи двата фронта. На политичкиот фронт ќе има многу помал простор за маневрирање. Украинскиот политички систем, моментално е реструктуриран на начин кој му овозможува на Јанукович и на мала група на олигарси да ја контролираат земјата поефикасно и да ги зацврстат

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

15


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

сопствените позиции. Ова е очигледно во областа на судството, изборните, административните и политичките реформи.

Судскиот систем им служи на олигарсите

Украинскиот судски систем, често извор на срам за земјата, станува неверојатно монолитен. Системот станува наклонет и зависен од волјата на мала група на луѓе. Не може да одговори на потребите на повеќето обични Украинци или бизнис заедници. Постои очигледен доказ на ерозија на горното ниво на судскиот систем – Уставниот суд кој го смени уставот, Советот за правда кој зазеде централна позиција во судскиот систем, Врховниот суд кој се оградува од било какви значајни одлуки и така натаму. Додека во минатото, повикот „одозгора“ често можеше да помогне да се добие посакуваниот исход во случајот со Украина, овој вид на манипулација денес стана ендемски. Како и да е, тие сé уште го сметаат домашниот судски систем како алатка за зацврстување на нивната моќ и влијание и за ослободување од помалите конкуренти и интереси кои можат да се судрат со нивните. Ова не остава никаква шанса за Украина да развие слободно и фер судство во иднина.

Јанукович во неколку наврати изјави дека ќе воведе широка, непартиска борба против корупцијата во Украина. Овие изјави, како и да е, изгледаат дека се спротивни на реалноста во земјата. Најновото укинување на антикорупциското законодавство од страна на парламентот создаде празнини, кои им дозволуваат на оние кои се корумпирани, но блиски до претседателот да избегнат гонење, со оставање простор на властите да отвараат криминални случаи против опозицијата. Јанукович е подготвен да жртвува неколку членови од понизок ранг во неговата партија, да направи процесот да изгледа непристрасен. Меѓутоа политичкиот ривал, Тимошенко, и членовите на нејзиниот тим го почувствуваа товарот од оваа капмања против корупцијата и се појави сомнеж дека овој процес е политички мотивиран.

Борбата против корупцијата алатка за уништување на опозицијата

16

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Семејните бизниси на Јанукович

Една статија на „Forbes Ukraine“, објави дека компании со блиски врски со постариот син на претседателот Јанукович, Олександар Јанукович, годинава, без дополнителни трошоци го преземаа поголемиот дел од влогот, проценет на 10 милиони долари, од пет државни централи за јаглен. Наводната шема, која беше искористена да се префрлат средствата на компаниите блиски на Олександар, беше овозможена со амандман на постоечкиот закон, кој беше предложен од претседателот и веднаш усвоен од Парламентот. Амандманот го отстранува задолжителниот услов за минимум 50% државен пакет на акции во јавни компании, кои се изнајмени и подложни на промени во видот на сопственост (во овој случај од друштва со органичена одговорност, во јавни акционерски друштва). Оваа промена им дозволи на фирмите поврзани со синот на Јанукович

да преземат контрола над доходовните јаглени централи. Олександар Јанукович жестоко негираше дека било која од неговите компании земале удел во шемата за трансфер на средствата. Тој рече дека компаниите кои тој ги поседува немаат и не вршат никакви бизнис активности во јавните набавки, приватизација и екстракција на природни ресурси.

Тој понатаму ги отфрли обвинувањата од „Форбс“ како неосновани и изјави дека главната намера на оваа статија е да се дискредитира претседателот на Украина во очите на јавноста. Помалиот син, пак, долго време беше активен во младинскиот огранок на Партијата на регионите и работеше како верен член на парламентот, каде што беше снимен како гласа во име на отсутни колеги.

Автор: Анета Димитријоска

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

17


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Od gladno dete do pretsedatel na oligarsite vo Ukraina Патот до претседателското место за Виктор Јанукович беше трнлив со многу падови и порази, а сега кога се искачи на „престолот“ на државата се чини како да никогаш нема намера да се „симне“ повторно. Контрола, моќ на олигарсите, прогон и затвор за политичките противници, доверливи луѓе на највисоките позиции- се карактеристиките на „диктаторското“ владење на Јанукович. Виктор Јанукович е актуелен претседател на Украина и поранешен лидер на политичката партија-Партија на регионите. Тој беше премиер на Украина во два наврати, а од 2010 година, Јанукович е претседател на државата, согласно претходно извојуваната победа над неговата соперничка- Јулија Тимошенко. сестра, а татко му полско-белоруски возач на локомотива, кој бил осуден на 10 години затвор поради соработка со германските окупациски сили во Втората светска војна.

Од гладно дете до претседател на Украина

Виктор Јанукович е роден 1950 година, во близина на селото Јанкиево во областа Донецк , Украина, тогашен Советскиот Сојуз. Тој имал многу тешко детство, за него тој ќе прокометира, велејќи: „Моето детство беше тешко и гладно. Јас пораснав без мајка ми, која почина кога имав две години. Одев наоколу низ улиците бос. Морав да се борам за себе секој ден.“ Неговата мајка била руска медицинска

18

BR.103 MAGAZIN

Кога бил тинејџер Јанукович го изгубил и неговиот татко и бил воспитуван од страна на неговата полска баба, по потекло од Варшава. Неговиот дедо и прабаба и прадедо се Литвано-Полјаци. Јанукович има полу-сестри од повторната женидба на неговиот татко, но тој нема никаков контакт со нив. Во 1972 година, Јанукович се вработил како електричар во еден локална автобуска компанија, а подоцна запишал и завршил технички курс. Во јули 1974 година, тој успеал да се запише на Политехничкиот институт. Во 1980 година, тој дипломира на институтот и се стекнал со диплома по механички инженеринг. Веднаш по дипломирањето, под некакви околности, Јанукович бил назначен за главен менаџер на транспортна компанија во Јенакиево и се придружил

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз . Неговото назначување како главен менаџер го означило почетокот на неговата менаџерска кариера во регионалната транспортна извршна власт и тоа низ повеќе компании, позиции на кои тој работел две децении.

иако тој имал шанса да го стори тоа на сметка на државата.

Политичка кариера на Јанукович започнала кога тој бил назначен за заменик-шеф на администрација на областа во 1996 година. Следната, 1997 година, е именуван за раководител на администрацијата (односно гувернер). На оваа позиција ќе биде забележан од тогашниот претседател на Украина, Леонид Кучма, кој во него го гледал својот наследник.

Меѓутоа, приказната за обвинувањата не

На 8 јуни 1970 година тој бил осуден по втор пат под обвинение за напад и бил осуден на две години затвор. Пресудата не била обжалена. Денеска документацијата за неговото минато Неговото искачување по скалите во голем дел е исчезната, посебно на политичката сцена започнува со за затворските пресуди, а прашан за распадот на Советскиот сојуз, времето неговото минато, децении подоцна, кога бандитите и олигарсите си ги Јанукович ги карактеризирал неговите поделиле рудните и други богатства во апсења и затворања како „грешки на источно украинската област Донецк. младоста“.

Криминално минато

Интересен е фактот дека на 15 декември 1967 година, на возраст од 17 години, Јанукович бил осуден на три години затвор за учество во грабеж и напад. Казната подоцна била намалена на 18 месеци, како дел од амнестијата, по повод прославувањето на 50-годишнината од Октомвриската револуција. Според некои податоци пред судот тој не покажувал каење, пракса вообичаена за младите, кои за прв пат стануваат прекршители на законот. За време на судењето Јанукович се изјаснил за виновен и не поднесол жалба за казната,

запира тука. Во октомври 2004 година, украинскиот заменикобвинител Хрхориј Омелченко го обвини Јанукович дека бил член на „група на поединци кои брутално претепале и силувале една жена“, но кривичниот предмет мистериозно е затворен. На пресконференцијата кабинетот на Јанукович изјавил дека тој настрадал во обид да одбрани една девојка од хулигани. Во 2005 година, канцеларијата на обвинителството на областа Донецк го

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

19


Tema Na Nedelata обвинила Јанукович за измама, која произлегла од наводни неправилности во начинот на кој неговите затворски казни од пред 20 години биле избришани од неговата официјална биографија. Во 2006 година, Генералното обвинителство на Украина го затворило случајот поради недостаток на докази. Истата година, кривична пријава е поднесена за фалсификување на документи во врска со наводните исфрлања на криминалното досие на Јанукович, откако беше откриено дека два документи биле фалсификувани. Потписот на судијата во случајот на Јанукович, исто така, бил фалсификуван.

MAGAZIN REVOLUCIJA

претседателот, исто така, се наведува дека тој е академик на Академијата за економски науки на Украина, доктор на економски науки и професор. Според веб страната во 1999 година, додека бил заменик- шеф на администрацијата, и сé уште не ја добил својата магистерска диплома, по некое чудо, добил почесна титула

Сепак, обвинението било повлечено, бидејќи документацијата во врска со пресудите била уништена поради временското истекување. Сепак, немало службената евиденција во врска со уништувањето на овие документи. Во 2010 година, обвинителот на Украина, Олександр Медведко, потврди дека Јанукович бил затворан во својата младост, но тоа било „незаконски“ и затоа е избришано од неговата биографија.

на доцент (предавач) на Факултетот за автомобилски транспорт на Државната академија за администрација. Студентите на Академијата сведочат дека таков факултет никогаш не постоел, ниту пак се сеќаваат дека Јанукович држел било какви предавања на Академијата.

Безобразно фалсикување на образованието

Во 2000 година, се наведува дека Јанукович добил академски квалификации за доктор на наука. Со цел да се добијат овие академски квалификации, покрај неговата дисертација, било потребно Јанукович да објави најмалку десет трудови, да подготви пет студенти за нивната докторска одбрана и да биде активно вклучен во академската работа. Нема

Во неговата официјална биографија стои дека во 2001 година, на возраст од 51 година, тој се здобил со магистратура по меѓународното право од Украинската Академија за надворешна трговија. На официјалната веб страна на

20

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

докази дека тој ги исполнил овие барања, а сепак, ја поседува дипломата. Во 2001 година, додека бил на позицијата на генерален гувернер на областа Донецк, се наведува дека Јанукович дипломирал на украинската Академија за надворешна трговија, како магистер по меѓународното право. Сепак, многу малку од тогашните запишани студенти се сеќаваат на него во класата, нема информации и докази дека некогаш полагал испити, или, пак, дека присуствувал на дипломирањето. Исто така, во Националната библиотека на Украина, на електронскиот каталог, има листа од 23 публикации, учебници и монографии со Јанукович наведен како автор. Сепак, библиотеката

нема примероци од наведените дела. Академијата, каде што тие биле подготвени и очигледно печатени, исто така, нема евиденција на наведените публикации. Со цел да се добие академската титула на професор, треба да се држат предавања најмалку 10 години и да се

објавуваат голем број научни статии во меѓународно акредитирани публикациидокази за ова исто така нема. Јанукович е исто така „професор“ на Меѓународната академија на науките, образованието, индустријата и уметностите. Освен неговите академски квалификации, Јанукович има воен чин на мајор, сепак, не постои евиденција дека некогаш отслужувал воен рок.

Премиер за да стави ред во редовите на олигарсите Претседателот Леонид Кучма, во 2002та, го именувал Јанукович на функцијата премиер (и претседател на неговата Партија на Регионите) по оставката на Анатолиј Кинакх. Јанукович го започнал неговиот мандат како премиер во 2002 година по добиени 234 гласа како потврда во Врховната Рада (украинскиот парламент), само 8 повеќе од потребно, и покрај бојкотот од страна на опозицијата поради, како што таа го нарече, „недостатокот на демократските заслуги“ за Јанукович да застане на чело на владата. Со неговото големо искуство во „наводното“ надминување на разликите помеѓу ривалските бизнис-групи или кланови во тој регион, Јанукович се претставил како единствена надеж на Кучма да внесе ред во политичкиот живот на Киев и да ги отфрли барањата на опозицијата за неговата оставка. „Во Донецк имаме група истомисленици“,

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

21


Tema Na Nedelata им изјави Кучма тогаш на пратениците, измамувајќи извици на незадоволство од страна на опозицијата, која сметала дека регионот Донецк е еден од најкриминализираните региони во Украина. Сојузникот на Кучма, уште тогаш, беше најавуван како потенцијален наследник на лидерот. Во надворешната политика, владата на Јанукович се сметала за политички блиска до Русија, иако прогласила поддршка за украинското членство во Европската Унија, обидувајќи се така да одржи биланс. Иако парламентарната коалиција на Јанукович не го подржала украинското членство во НАТО, неговиот кабинет испратил украински војници во војната во Ирак, како поддршка на САД во војната против тероризмот.

MAGAZIN REVOLUCIJA

Киев, каде секојдневно се собирале илјадници демонстранти, од страната на про-ЕУ кандидатот на опозицијата Виктор Јушченко. Демонстрантите со сини панделки, во многу помал број, ја понудиле својата поддршка на тогашниот премиер Виктор Јанукович.

Народот ги победи олигарсите

За време на владеењето на Леонид Кучма, Украина се претворила во олигархија на бескрупулозните магнати и регионални кланови. Н е с и г у р н а т а советска република, со своите 46 Во 2004 година, како премиер, Јанукович милиони жители, учествувал во контроверзните украински станала заробеник претседателски избори, како кандидат на злосторничкиот на Партијата на регионите. Главната база режим. на поддршка на Јанукович произлегла заминувањето од јужните и источните региони на По Кучма од Украина, кои имаат корист од блиските на политичката сцена, врски со соседна Русија. многумина сакале местото да го заземе претседателскиот Портокалова револуција кандидат, Виктор Јанукович, кој Кучма лично го одредил за свој наследник. Портокаловата револуција е името на серија од протести и политички настани Областа Донецк во источна Украина, во Украина, кои се одржале крајот на цврсто стоела зад својот магнат октомври 2004 година до јануари 2005 Ахметов, кој бил еден од подржувачите година. До овие настани дошло по на Јанукович и непокорно се противела вториот круг на гласање за избор на против Виктор Јушченко и неговата нов претседател, кога неправилности се политичка агенда на движење на земјата пронајдени во текот на пребројувањето кон Запад. на гласачките ливчиња. Ахметов е владетел на систематско Фокусот на Портокаловата револуција управување со капитал, голем беше ставен во украинскиот град конгломерат кој вклучува фирми

22

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

од тешката индустрија, електрични централи, медиуми, пивари, фудбалскиот тим и највисок хотел во Украина. Но, за искрените подржувачи на Портокаловата револуција, тој бил олицетворение на криминалната приватизација, која најпрофитабилните компании ги претоворила во сопственост на тесен круг на луѓе, поврзани со бизнис и приватни односи. Русија, исто така, сакала да остане влијателна во регионот и да формира една економска унија на поранешните републики во која таа повторно ќе ја презеде водечката улога. Изборната стратегија на Јанукович била суштински во режија на руските п о л и т и ч к и научници и многумина веруваат дека кампањата била диригирана од Москва. Изборите се одржале во жестока политичка атмосфера, значително во која тимот на Јанукович и администрацијата на Кучина, преземајќи ја контролата врз владата и државниот апарат, се обиделе да го заплашат Јушченко и неговите приврзаници. За жителите на Украина, кои биле желни да излезат од сенката на Русија и да се приклучат кон остатокот од Европа и западниот свет, Виктор Јушченко станал најновиот симбол на надеж, што не му се допаѓало на премиерот и владејачката партија. Во првиот круг од гласањето, двајцата политички противници биле во тесна

трка со освоените гласови (39,87% Јушченко, Јанукович 39,32%). Бидејќи ниту еден не ги освоил потребните 50 отсто од гласовите, бил закажан втор круг на претседателските избори. Протестите започнале по вториот круг на гласање, кога се покажало дека официјалните изборни резултати се разликуваат од добиените резултати. Имено, одеднаш Јанукович го преземал водството и прогласил победа. Тимот на Јушченко излегол во јавноста со докази од серијата на изборните нерегуларности од страна на Јанукович, за кои сведочеле бројните домашни и странски набљудувачи. Виктор Јушченко повикал на јавен протест, па започнале масовни демонстрации низ целата земја. Овие напнати недели, додека стариот режим се обидувал со сите средства да остане на власт, луѓето излегле низ улиците во украинскиот главен град. Изборните резултати биле поништени, а Јушченко прогласен за победник. По повторно одржаните избори, украинскиот парламент усвоил необврзувачки предлог за недоверба на владата, барајќи од претседателот во заминување, Леонид Кучма, да го разреши Јанукович и да назначи привремена влада. Пет дена по изборниот пораз, Јанукович ја објавил својата оставка од функцијата премиер. Во 2009 година, Јанукович изјавил дека тој го признал поразот, само за да се избегне насилство. „Не сакав мајки да ги загубат своите деца и жени своите сопрузи. Јас не сакам мртви тела од Киев да се движат надолу по Днепар. Не сакав да ја преземам власта преку крвопролевање“.

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

23


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Конечно претседател

доверба во Тимошенко“.

По неговиот изборен пораз во 2004 година, Јанукович ја водел главната опозициска партија против владата на тогашниот премиер-Јулија Тимошенко.

Виктор Јанукович одби пред вториот круг на гласање да одржи дебата со својот противник, велејќи дека Јулија Тимошенко треба или да ја превзме одговорноста за секој нејзин збор како премиер, или да се врати во кујната. По одржаните избори украинската Централна изборната комисија објавила дека Јанукович победил на изборите со 48,95% од гласовите, во споредба со 45,47% за Тимошенко.

Партијата на Виктор Јанукович во 2006 година победила на украинските парламентарни избори и Јанукович повторно ја добил можноста да биде премиер, формирајќи колација „Наша Украина“. Но, на парламентарните избори во 2007 година, Партијата на регионите освоила 175 од 450 места (34,37 проценти од гласовите) во Вековната Рада (Парламентот). Ова се должи делумно на Социјалистичката партија, нивниот коалициски партнер, на која и недостасувале гласови потребни за влез во парламентот.

Членовите на блокот на Јулија Тимошенко веднаш изјавиле дека има систематско и големо лажирање на изборите во вториот круг. Јулија Тимошенко поднела жалба до Вишиот управен суд на Украина за изборни нерегуларности, кој го одбил нејзиното барање да се анализираат нејзините тврдења. Имено, таа По углед на „Наша Украина“ и Јулија потенцирала дека околу 300.000 гласачи Тимошенко формирала блок на гласале, но не биле во „регистарот на коалициона влада, па на 18 декември избирачи на Украина“ и дека околу 1,3 2007 година, Партијата на регионите милиони гласачи „без право“ гласале во отишла повторно во опозиција. своите домови. Во 2009 година, Јанукович ја објавил Тимошенко тогаш изјави: „Јас и мојата својата намера повторно се кандидира на политичка партија никогаш нема да го претстојните претседателски избори. Во признаеме Јанукович како легитимно текот на кампањата, Јанукович изјавил избран претседател на Украина. дека не гледа никаква можност Јулија Тимошенко да биде премиер, ако тој е избран за претседател, бидејќи „актуелниот премиер има своја програма, а јас не мислам дека ќе се согласи да се имплементира некоја друга. И што е уште поважно, дури и ако таа се согласува, јас нема да и верувам, претседателот Јушченко и даде доверба два пати, а таа го измами, јас не можам да имам

24

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Јанукович не беше избран за претседател пад на неговите ривали и со намера на Украина и волјата на народот беше да биде човек на јасна хиерархија и лажирана“. конзервативен менталитет, Виктор Јанукович и Партијата на регионите, Пет години по големите протести против веднаш се фокусираа на градење на него што прераснаа во т.н. „Портокалова административна вертикала и брзо револуција“, Виктор Јанукович стана, поставување свои луѓе на највисоките сепак, нов претседател на Украина. позиции. Фамилијата Украина

Јанукович

владее

со

Во 2010 година на Украина и беше потребен човек, кој ќе ги смени нештата. Пет години од Портоколавата револуција дошло до разидување меѓу нејзинте херои -Јушеченко и Тимошенко, расколот довел до криза, а Украинците излезот го гледале во Јанукович. Од новиот претседател тие очекувале да ги подобри односите со големиот сосед, бидејќи Виктор Јанукович се сметал за про-руски ориентиран. Непосредно по преземањето на функцијата во Карков, Јанукович и рускиот претседател Дмитриј Медведев, потпишаа договор со кој рускиот закуп на поморски објекти во Крим ќе биде продолжен во замена за обезбедување на Украина со руски природен гас. Членовите на опозицијата го обвинија тогаш Јанукович на „продавање на националните интереси“. Јанукович во претседателската кампања најави модернизација на државата, бескруполозна битка со корупцијата и претворање на Украина во рај за инвеститорите од странство. До денеска ништо не реализираше од ветеното.

Затоа тој спроведува модел на монопол на градење на партискиот систем, применувајќи го докажаниот метод на Белорусија, Русија и многу други земји, каде што владејачката бирократија, маргинализирајќи ги другите политички сили успева да го овековечи своето владеење. Режимот во Украина на чело со претседател Виктор Јанукович се трансформираше во владеење на неговото семејство, доверливите пријатели и корумпирани олигарси, кои всушност стојат зад целата негова политичка кариера.

Главниот проблем на „портокаловиот“ период бил во недостигот на контрола. Најстариот негов син, кој е стоматолог по професија, наеднаш стана бизнисмен, Признавајќи го ова како причина за формирајќи деловна империјата која

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

25


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

контролира многу бизниси, од хотели до рудници. Тој денеска се вбројува меѓу во 100-те најбогати луѓе во Украина, поседувајќи луксузен имот.

исто така, се под кривична истрага: Богдан Данилишин, Игор Диденко, Анатолиј Макаренко и Валери Иваншенко.

Исто така, по две години претседателствување, самонаречената „надворешна политика на балансирање“, на украинскиот претседател, Виктор Јанукович, во односите на Украина со Западот и Русија, се чини дека е во хаос, што ја направи Украина изолирана држава.

Според Јанукович „многу лаги и обиди се направени да ја дезинформираат меѓународната заедница и обичните луѓе во Украина за вистинската состојба на работите во земјата“, тој исто така изјави дека „зададениот удар под негова власт кон корупцијата и бирократијата, наишол на отпор“.

Демократската регресија и селективното гонење на лидерите на опозицијата, Страв од губење на позицијата каков што е случајот со Јулија Тимошенко, ги попречи напорите на Киев за влез во Европската унија и подобрувањето на Според политичките експерти, односите на Украина со САД. Јанукович нема мир и стравува од Државите во Европската Унија и САД, веројатноста да ја изгуби оваа положба сметаат дека затвроската казна за и претседателското место за кое толку Тимошенко е политичка одмазада и страв многу се бореше. Затоа го вложи и сиот на претседателот Виктор Јанукович свој напор неговата партија повторно од губење на власта, ако Тимошенко е да ја освои власта на парламентарните слободна, токму затоа ја затвори својата избори одржани пред околу еден месец, најлута политичка ривалка. Таа, пак од избори за кои опозицијата тврди дека се затворската ќелија порача оти Јанукович спроведени нерегуларно. ќе воспостави диктатура и никогаш нема Тој е свесен дека Тимошенко е посилна и мирно да ја предаде власта. покрај тоа што е во затвор, дека неговиот Претседателот Јанукович и Партијата потег е на осуда од меѓународната на регионите се обвинети дека се заедница, која го критикува и ја изолира обидуваат да создадат „контролирана државата, казнувајќи го за неговата демократија“ во Украина и се обидуваат политичка „одмазда“. да ја „уништат“ најголемата опозициска Изолација која носи голем немир партија. и незадоволство кај народот. Кој е Еден од често цитираните примери за следниот потег на Јанукович? Дали обидите на Јануковиќ да ја централизира ќе го стави вресокот на народот пред и демонстрира моќта е токму казната личните потези или ќе му се препушти на Јулија Тимошенко. Постапка, која на неговиот гнев? е осудена од страна на западните влади, како потенцијално политички мотивирана. Автор: Елена Павловска И други високи политички противници,

26

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Julija Timo{enko - `rtva na portokalovata revolucija Пред осум години, Јулија Тимошенко, облечена во портокалово, се качи на сцената во Киев и пред 150 илјади демонстранти зборуваше за подготовка за лажирана победа на Виктор Јанукович на претседателските избори во 2004 година. Таа енергија на толпата, неколу дена подоцна го однесе Виктор Јушченко во победа, ветувајќи одмазда за оние кои ќе им застанат на патот.

Во април 2012 година, Тимошенко започна штрајк со глад, откако се пожали дека ја нападнале затворските чувари.

Но, седум години по Портокаловата револуција, таа повторно стигна на насловните страници. Овој пат како поранешна премиерка, облечена во сиво, седната во судот, додека судијата и ја чита казната со затвор од седум години, три години забрана за вршење јавни функции и парична казна од 190 милиони долари, како надомест на штетата, наводно предизвикана кога таа постигнала договорот за снабдување со гас со Русија во 2009 година.

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

27


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Политичка одмазда: Колку години власт-толку затвор

Казната беше симболична: една година затвор за секоја година помината од Портокаловата револуција. Позната по своите плетенки, Јулија Тимошенко стана премиер на Украина откако се издигна како херој на т.н. Портокалова револуција, со која мирно го отстранија про-рускиот режим на Леонид Кучма во 2004 година. Но, упорните борби со нејзините сојузници ја уништија нејзината влада и на претседателските избори во февруари 2010 година, таа беше поразена од страна на човекот што претходно го собори-Виктор Јанукович. Нејзините приврзаници и многу западни официјални лица инсистираат дека нејзините постапки за која е обвинета, едвај да се сместуваат во кривично дело. Многумина сметаат дека нејзиниот вистински „криминал“, биле нејзините постојани навреди на Јанукович. Во април 2012 година, Тимошенко започна штрајк со глад, откако се пожали дека ја нападнале затворските чувари. Европската Унија ја притисна Украина да се овозможи „независни медицински специјалисти“ да ја посетат Тимошенко. Дури и германскиот претседател изврши дипломатски притисок, загрижен за третманот кон Тимошенко, а во необичен потег, и рускиот министер за надворешни работи, ги повика украинските власти да „покажат хуманост“ кон неа. Европската Унија изјави дека ќе ја одложи ратификацијата на Договорот за слободна трговија со Украина, една од главните цели на политиката на

28

BR.103 MAGAZIN

Јанукович, сé додека Тимошенко не се ослободи од затвор.

Портокаловата револуција

Во последните недели на 2004 година, со продлабочувањето на кризата од претседателските избори, Тимошенко се појави во западните медиуми како воинствен популарен водач. Нејзиниот добар изглед, енергијата и одличните реторички способности, ја направија икона на демонстрациите, кои резултираа со откривање на измамата на претседателските избори. Како последица, политичкиот партнер на Тимошенко, кандидатот на опозицијата - Виктор Јушченко, стана претседател на Украина. Тој вети дека ќе ја ориентираат земјата кон Западот, далеку од традиционалната Русија, и ќе се справат со најголемиот проблемкорупцијата. Соочен со големиот број на поддржувачи

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata банкар, а неговото владеење се карактеризира со болни напори да се стави крај на криминалната култура во Украина. Спротивно на тоа, Тимошенко е страсен радикал по природа, која сакаше да се пресмета со нечесните украински „олигарси“, што всушност беше главна цел на нејзиниот мандат.

Судирот помеѓу двајцата поранешни сојузници се влоши на Тимошенко, ново-инаугурираниот кога светската економска криза тешко претседател, кој се сомневал во ја погоди Украина. Соработниците нејзиниот политички стил и намери, на претседателот тврдеа дека бил принуден да ја назначи за премиер, Тимошенко не била од доверба и имала позиција што таа ја барала. макијавелистички идеи за власта. Со бран на оптимизам, новата „портокалова“ влада на Украина, почна со работа во февруари 2004 година. Кловнот победи и ја затвори дамата Дотогаш раководена од поранешни комунисти, Украина сега имала лидери со кои Западот би можел да се надева на Односите меѓу Тимошенко и Јушченко партнерски односи. дотолку се нарушија, што Тимошенко се обиде да изгради коалиција со Јанукович, непријателот на Портокаловата Портокаловата коалиција се револуција. Тој напор заврши со взаемни „самоуби“ обвинувања, и не дојде до партнерство и двајцата беа противници на изборите од 2010 година. До следната година, сепак, коалицијата и Јанукович изјави дека Тимошенко е соработката меѓу Јушченко и Тимошенко одговорна за проблемите на Украина, стана катастрофална, Тимошенко ја поради нејиното опасно управување, обвини администрацијата на Јушченко а за возврат Тимошенко го обвини за корупција. Јанукович дека е кловн, контролиран од Иако неколку од целите на портокаловата страна на украински олигарси и Кремљ. револуција за спроведување реформи, Победата на Јанукович, беше олеснување беа исполнети, стана јасно дека двата за Владимир Путин, кој долго време столба на портокаловата револуција се обидуваше да ја компромитира имаат различни визии за Украина. демократијата на својот сосед и нивните Јушченко е тивок и смирен поранешен тенденции кон запад.

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

29


Tema Na Nedelata Но, иако поразот на Тимошенко значи крај за портокаловата револуцијата, фактот дека земјата спроведе претседателски избори што нашироко беа сметани за фер, сугерираше дека нејзиното наследство за демократизација на државата, доведе до резултати.

Политички противници зад решетки најсигурно

MAGAZIN REVOLUCIJA

владините правила. Во соопштението од притворниот центар, Луценко ги нарече обвиненијата бизарни и се опиша себеси како политички затвореник. Откако Тимошенко беше затворена во ноември 2011 година, украинската влада поднесе нови обвиненија против неа. Тимошенко беше официјално обвинета и за затајување данок и проневера за случај кој датира пред повеќе од 15 години.

Ова соопштение од страна на Јанукович и неговите министри негираа украинската државна даночна служба, дека владата врши прогон на водачите беше последниот сигнал дека Владата на опозицијата. Тие тврдат дека по на нејзиниот ривал Јанукович не сака преземањето на власта, непристрасно да ја ослободи и покрај притисокот направиле ревизија на на работата на од европските лидери и ризикот за претходната влада и нејзините направени оптоварување на дипломатските и трошоци, и дека само се обидуваат економските врски на Украина. да се осигураат дека корумпираните На 30 декември, украинските власти службеници ќе бидат казнети. ја префрлија Тимошенко во затворски Обвинителите и забранија на Тимошенко камп источно од Киев, сомнителен потег да го напушти Киев, иако таа не беше што нејзините поддржувачи сметаат уапсена. Кон крајот на декември 2010 дека е наменет да се пресече нејзиниот година, кога се чинеше дека Тимошенко пристап до медиумите и јавноста. ќе биде уапсена, американската Додека Тимошенко постепено станува амбасада во Киев презеде невообичаен украинскиот Нелсон Мандела, чекор, започна да ги критикуваат Јанукович делува како размазено дете украинските власти. со мегаломански владејачки фантазии. „Кога, со неколку исклучоци, се Некои експерти, сметаат дека таргетираат само високите функционери, Тимошенко можеби ќе биде ослободена поврзани со претходната влада, тоа по парламентарните избори, но само изгледа на селективно гонење на ако работите станат толку лоши, што политички противници“, пишуваше во режимот ќе мора да направи нешто за соопштението на амбасадата. да го спаси образот. Кон крајот на декември 2010 година Од друга страна, пак, ваквиот потег беше уапсен и поранешниот министер бара многу храброст, интелигенција, и за внатрешни работи во владата на проценување на реалноста. Тимошенко-Јуриј Луценко. Обвинителите го обвинија за, меѓу другото, вработување на службен возач чија старост го преминала лимитот на

30

BR.103 MAGAZIN

Подготви: Соња Никчевска

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

8 dekemvri 2012

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

31


8 dekemvri 2012

32

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Evropska Unija

Razgovor so Toni Bler za ekonomijata na SAD

Во САД се зборува за фискалниот гребен - невработеност од 9,1 проценти, милиони луѓе ќе ги загубат своите работни места, земјата ќе се врати во рецесија. Кои ќе бидат глобалните последици, ако всушност, навистина САД оди во рецесија? Ќе биде навистина лошо ако се случи тоа. Затоа и секој се надева дека нема да дојде до ова. Мислам дека во моментот не се очекува луѓето комплетно да ги одбијат понудите на другата страна... Ќе бидат тоа тешки преговори. Во светски рамки, се очекува САД да го реши овој проблем. Ако го решите, ќе бидам многу пооптимистички настроен во однос на американската економија сега отколку во било кој дел од остатокот на светот. Па ако излезете на крај со фискалниот гребен, навистина би можеле да се

придвижите напред. Од таму, мислам дека сега кога изборите се зад нас, зборувајќи како аутсајдер, сметам дека ќе има многу ценкање и позиционирање. Сепак, моите очекувања, и желбата на остатокот на светот е вие да излезете на крај со проблемот, за да продолжиме понатаму, па и нам да ни ги решите проблемите. Ние во САД, забележуваме нешто што изгледа како два комплицирани проблеми. Републиканците велат дека нема да ги покачат даноците за врвните два проценти од заработувачите, додека демократите велат дека сигурно нема да направат кратења во трошоците кои би ја повредиле средната класа. Како што продолжуваат предлозите, истите стануваат се по невозможни за

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

33


Evropska Unija решавање. Така е. Но се надевам дека не очекувате републиканците да бидат понаклонети кон даночната страна, а демократите

да бидат на „ние нема да направиме кратења на трошоците“ страната. Ова е доста рутински тип на расправија. Прашањето е, знаете, дали овие два табора се толку далеку едни од други во размислувањата што не можат да ја премостат празнината? Јас мислам дека можат. Имаше предлози и порано помеѓу двата табори, но не завршија многу успешно... едноставно треба да се надеваме дека после целото ова тешко преговарање и пазарење ќе дојдеме до некакво решение, иако не може да очекуваме двете партии едноставно да се сплотат и да речат „имаме решение!.“ Па, се надевам дека ситуацијава нема да потрае предолго време бидејќи светот навистина набљудува. Единствената работа која би придонела за глобалната доверба во моментот би било решавање на позицијата на фискалниот гребен...

34

BR.103 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

колку голема природна промена би било економијата да се врати на своето место, во оваа голема променлива игра која ја играте со енергетиката. Ако тоа се случи, мислам дека ќе имаме свое влијание и врз еврозоната, која се уште е многу, многу ранлива. Доста работи набројавте под „ако“. Имате напишано статија за CNN наречена „Со решителност до излез од економската криза.“ Тоа е насловот. Која е лекцијата? Мислам дека често пати големите веле-сили не гледаат кон Африка, на пример, како добар стратег. Сепак, многу од овие земји, овие растечки економии растат со стапка побрза од онаа на САД, а побрза и од многу други земји. Да, тие се предвижуваат напред многу брзо како економии. Но мислам дека ако ја земеме во предвид Европа, тие во моментот треба да донесат неколку многу големи одлуки и да си ги решат краткотрајните реформи кои и ние сите ќе мораме да ги преземеме. Зборувам за вашиот фискален гребен - некои од проблемите таму, околу правата и реформите и благосостојбата се многу слични со она што ние се обидуваме да го направиме во Европа. Во В.Б. на пример, многу од системите ги изградивме во пост-воените години, како резултат на технологијата, како резултат на стареечкото население, како резултат на зголемувачките трошоци за здравствена заштита и сл. И вие ќе треба да направите доста фундаментални промени. Мислам дека треба да се решат прво краткотрајните

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Evropska Unija

проблеми, а потоа да се започне со преземање на долгорочни реформи кои ќе ни дозволат повторно да станеме компетитивни на пазарот и повторно да ги заземеме своите места како големи растечки економии.

и тоа во голема мера, со воени мерки. Што мислите, ќе искористи ли Асад хемиско оружје? Го познавам режимот, но одговорот на тоа прашање мене ми е непознат. Знам

Да зборуваме малку за Сирија. Хилари Клинтон вчера даде изјава. Таа ова го изјави во Чешка: „Нема да назначам конкретно што ќе правиме ако се најдат кредибилни докази дека Асад режимот започнал да користи хемиско оружје против неговиот народ, но ќе кажам дека сигурно планираме да преземеме акции ако тоа евентуално се случи.“ Најнапред, што мислите дека тоа конкретно значи? И,што тоа всушност треба да значи? Мислам дека тоа значи дека е црвена линија за Американците и за светот. Ако тоа се случи, јас очекувам да се организира многу цврсто воено движење против режимот. Што би било тоа? До сега, она што западот го прави е давање на политичка поддршка за сириската опозиција, очигледно во обид да се реши ситуацијата што е можно побргу, а до сега тоа не се случи. И секој ден умираат по повеќе од стотина луѓе Многу луѓе умираат. Бројот на смртни случаи од почетокот до сега сигурно е околу 40000. Тоа е голема бројка луѓе. Но ако Асад воопшто се обиде или се има обидено да користи хемиско оружје против сопствениот народ, сметам дека ќе се интервенира, или интервенирало,

само дека мора да се земе во предвид дека во корист на режимот е убивањето на околу 40000 луѓе до сега. Тие умираат секој ден... Причината зошто голем број цивили умираат е тоа што силите на Асад повеќе не можат да се борат со сириската опозиција со голи раце на тлото на земјата. Поради тоа, тие само ја користат нивната супериорна воздушна моќ и моќта на оружјето само за да избришат од мапата градови и села. Тоа значи дека режимот е индиферентен во однос на загубата на цивилни животи што се плашам дека е предвесник за тоа што би можел да направи. Сега, Асад мора да разбере дека последиците од преземање на тој чекор напред и користење на хемиски оружја би предизвикало, како што нагласија Хилари Клинтон и претседателот Обама,

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

35


Evropska Unija

MAGAZIN REVOLUCIJA

комплетно различен одговор од нас. на сириската опозиција, особено околу Сепак, мислам дека мора да бараме заштитување на одредени делови начини за конечно решавање на овој од територијата во нивна корист и неподнослив конфликт. испраќање на сигнал до Асад дека ова ќе заврши само на еден начин. Важната Рековте дека мора да извршиме работа овде е да се покаже дека на притисок врз Асад, а јас мислам дека крајот ќе биде само прашање на време. постојат луѓе во стејт департментот „Кога“, а не „ако“. кои рекоа дека се обидуваме да го сториме тоа. Што треба да се направи? Подготвил: Славе Ангелов Па, мислам дека вршиме притисок во Извор: CNN нашите можности. Сепак, исто така мора да бараме начини за давање поддршка

36

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

LGBT Junajted - Sakame da bideme prifateni Преполн штанд во боите на виножитото и „кул“ расположение владее во групата на LGBT United – Здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансродни лица, која како организација, постои пред 7 месеци. Според Беким Асани, еден од основачите, ова е активистички настроена организација и е составена од волонтери нагласувајќи дека членовите не земаат никакви пари за учеството.

но сепак повеќе се студенти“ – изјави Беким Асани. Според него, нивната организација работи на видливоста на лицата од оваа група. „Сакаме да бидеме прифатени, да се знае дека сме тука и дека постоиме“ – додаде тој.

Од LGBT навестуваат дека најактивни градови се Скопје, Тетово, Битола и Куманово. Организацијата веќе има Тие беа во Мала станица со цел отворено спроведено над 10 успешни акции во 5 да разговараат за хомофобијата и градови низ Македонија. Тие се дел од 4 подигнување на свеста за тоа што најголеми LGBT организации во светот. всушност претставува хомофобијата и како да се намалат штетите од неа, Од организацијата најавуваат дека во како и да ги запознаат студентите со недела нивна делегација ќе биде дел проблемите поврзани со LGBT. од светската конференција за сите организации со ваква тематика – ILGA. „Почнавме како девет души за денес да станеме 104 во 15 градови низ Македонија. Ние сме организација од Автор: Емилија Петреска мултиетнички карактер каде може да се вклучат средношколци и студенти,

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

37


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

Konceptot „vistina“ kaj Akutagava Расказот „Во бујакот“ на еминентниот, модернистички писател Рјуносуке Акутагава, чија матрица беше најинспиративна за создавање на „Рашомон“ на режисерот Куросава, е еден од најинтересните, најпредизвикувачките и најинспиративните примери од модерната книжевност кој го разгледува и третира прашањето за вистината видена од неколку различни перспективи.

на полицискиот офицер и на старата жена), кои ги откриваат различните агли на гледање и перципирање на стожерно истиот настан и од три конфесионално обоени искази на „доминантните“ ликови – како актери во настанот - сопругата на Такехико, крадецот Таџомару и самиот Такехико - расказот преставува обид да се открие што навистина се случило при несреќниот настан кој е двигателно јадро на текстот. Кој од овие ликови ја кажува вистината, ако се земе предвид дека Сместена во Јапонија, во феудалниот постои разлика во нивните излагања по период од нејзината историја, приказната повод истиот настан? се фокусира на истрагата која се врши по повод убиството на Канзава Но Такехико Дополнително усложување внесува и силувањето на неговата сопруга фактот за различниот статус на ликовите Масаго. Комплексноста, деталноста и - Таџомару е фатен и обвинет како играта со перспективите се збогатени главен злосторник во настанот, што го и надополнети од проникливиот наведува толкувачот на преиспитување сензибилитет и способноста на авторот на веродостојноста на неговата да ја долови сложената психичка приказна која би можела да се чита како диспозиција на неговите ликови, исповед на еден злосторник кој сака чија психа е темелно опишана преку „да си ја спаси главата”. Ова го прави тенденцијата постојано да се открива од необјективно, а со тоа и неверодостојно различни агли во текот на расказот. неговото сведочење. Портретирана и насликана преку питорескни слики и совршена естетска сензибилност, приказната дава неколку можни, меѓусебно различни и (само) во нијанси компатибилни гледишта на споменатиот настан, на книжевнотехнички план сместени нелинеарно, чија заедничка карактеристика е пристапот кон вистината, вистинитото, веројатното, наспроти соодветните поларни опозиции на лагата, лажното, не-веројатното.

Истото се однесува и на самиот Такехиро кој се јавува на крајот од расказот за да просведочи со својата визија за приказната, која можеби ќе беше прифатена како легитимна и веродостојна, ако овој лик беше дел од живиот свет, а не призрак од светот на мртвите, како некаков крал Хамлет.

Оттука клучното прашање (со присутен пароксизам), кое го истакнува лајтмотивот на расказот е: Која е вистинската вистина и кој е оној што Сочинувајќи амалгам од неколку се залага за неа? Кому треба да му се раскажувачки методи (преку исказите верува? Одговорот налага безбројни на дрварот, на будистичкиот свештеник, варијанти, сите латентно присутни и

38

BR.103 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

скриени во срцевината на расказот.

„детективска“ приказна преку која имплицитно ги соопштува сопствените Одговорот, ако е воопшто единствен и ставови, убедувања и гледишта непореклив, станува уште покомплексен (користејќи го медиумот на ликот), ако се признае дека секој од ликовите Акутагава достојно и верно го изведува има доволно добри причини за да не ја својот експеримент за времето и за кажува вистината. Ова всушност води до вистината. сознанието дека нема една вистина за сите (ако воопшто постои како филозофски и Читателот е неговиот тест-субјект, како егзистенцијалистички концептот на кој следејќи ги сигналите на авторот, „вистината“). треба да дојде до крајниот продукт - до сознанието кое авторот го знаел многу Играјќи си со својот читател, сместувајќи пред него, а кое го сугерирал преку го во еден од своите вешто изградени неговите фиктивни конструкти. лавиринти - откако претходно му ја украл нишката за наоѓање на патот Дали критичарот (кој е истовремено и назад - Акутагава молчи без да тврди читател), може целосно да го порекне ништо конкретно, но секое негово емотивниот влог и да даде фактографски движење, секое делче кое ја отсликува прецизна скица за идејата и целта зад неговата мисла и размисла во текстот, текстот? Објективниот пристап е мит, укажува на неговата цврста убеденост илузија, вообразба дека сме нашле дека вистината е нешто што не може начин да го дистанцираме од самите нас да биде дофатено и спознаено (ако таа субјективното кое во суштина е наша воопшто постои). есенција. Неговиот расказ е прекрасен пример кој ја доловува релативноста на поимите, па и на нивната емпиристичка заснованост и повикува на потребата од нивна честа ревизија. Суштината лежи внатре во раскажаното, но и внатре во нас читателите, толкувачите, луѓето. На оригинален начин, преку возбудлива, иновативна,

Оттаму, да се биде апсолутно објективен е исто како да се тврди дека постои општоприфатлива, универзална и единствена вистина за сите, а токму тоа е она што вешто го испитува расказот „Во бујакот“.

Автор: Кристина Димовска

BR.103 REVOLUCIJA MAGAZIN

39


„Револуција“ магазин бр. 103  

Магазин за политика, економија и култура

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you