Issuu on Google+


19 Maj 2012

2

BR.77 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


19 Maj 2012

MAGAZIN REVOLUCIJA

Sodr`ina Socijalna i zdravstvena za{tita samo vo Ustavot .................................................................... 5

Ordinacija kako vo ~ar{ija ........................................................................................................ 10 Humanost za politi~ki poeni ...................................................................................................... 13 Dinami~en kapitalizam ili socijalna za{tita? .................................................................... 16 Debata: Bez evrozonata, s# }e bide polo{o .............................................................................. 19 @ivotniot standard ni pa|a vo bezdna ..................................................................................... 23 @enite, politikata i mirovnite misii ................................................................................... 25 Koga tupanicata go zazema mestoto na bakne`ot .................................................................... 30 Tajnite na Amsterdam .................................................................................................................. 33 THE IRON LADY (2011) .................................................................................................... 36 ИМПРЕСУМ OСНОВАЧ: М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК Елена Николовска, e-mail: elena.nikolovska@mkrevolucija.com ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: elena.pavlovska@mkrevolucija.com УРЕДНИК ЗА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ, СТРИП И УМЕТНИЧКИ АНИМАЦИИ: Владимир Неделковски, e-mail:vladimir.nedelkovski@mkrevolucija.com СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ: Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова, Леонора Ташкоска, Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Ленка Солеска НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК: Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК: Миланчо Ристовски e-mail: miki.ristovski@mkrevolucija.com МАРКЕТИНГ: Славица Ѓоргиевa Е- mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com моб.: +389 (0) 75 63 44 94

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

3


19 Maj 2012

Автор: Влатко Неделковски

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 АДРЕСА: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94 ИЗДАВАЧ: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

4

BR.77 MAGAZIN

REVOLUCIJA

MAGAZIN REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Socijalna i zdravstvena za{tita samo vo Ustavot „Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска и демократска држава; да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на власта; да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната рамноправност; да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите кои живеат во Република Македонија и да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот.“- овие реченици стојат во преамбулата на Уставот на Република Македонија.

во која се почитуваат човековите права и секој граѓанин има еднаков пристап до државните благодети? Колку сме само далеку од држава, чии институции се придржуваат кон основните вредности на демократија, солидарност и рамноправност? Па, да се запрашаме: дали Уставот е темел на кој го градиме нашето општество или само паушални реченици изговорени и напишани на парче хартија пред 20 години?

Немаме социјална праведност

Одлучувајќи се за независност и за формирање на сопствена држава, првите парламентарци, „градителите“ на нашата држава, ја имале оваа визија за земјава.

Првиот член од Уставот гласи: „Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава“. Аналогно на ова, во Македонија би требало неспорно да царува социјалната правда.

Колку сме само далеку од таа првична слика и замисла? Колку сме само далеку од праведна, социјална и хумана држава,

Социјална правда е состојба во која повеќето или сите членови на општеството ги имаат истите основни

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

5


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

права, можности, обврски и социјални бенефиции.

заштита на граѓаните, согласно начелото на социјална праведност.“

Во социјална држава треба на сите да им биде обезбеден еднаков пристап до работа, социјална заштита, здравје, домување, образование, културна реализација. Треба да постои солидарност со ранливите групи во општеството, а и со работниците, пензионерите, невработените, студентите и тоа е гаранција на социјална и политичка стабилност на општеството. Но, кај нас има сосема спротивна ситуација.

Дали сите ние имаме еднакви можности за живот и напредок, дали имаме социјална праведност? Дали државата соодветно им помага на луѓето, на кои ваквата заштита им е потребна и неопходна?

Во Законот за Социјална заштита, член 2 се вели: „Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спречување и надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на неговиот капацитет за сопствена заштита.“ Потоа во членот 3 се додава: „Републиката се грижи за социјалната

6

BR.77 MAGAZIN

со

Постоечката економска криза и кризата со работните места ја направи нашата постојана битка за социјална правда потешка, но и уште поважна. Знаеме дека еден од најдобрите начини да се дојде до социјална правда е пристојната работа, достоинство на работата, достоинство на човекот, стабилност на семејството и мир во заедницата. Клучно е да во државата постои вистинско владеење на правото, функционален законски систем, борба против организираниот криминал, корупцијата - со што ќе се остваруваат основните принципи на социјална држава: слобода, демократија и солидарност. Кај нас скоро и да е уништена средната „класа“, среќаваме екстремно богати или екстремно сиромашни луѓе, кои

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

се сé побројни во нашето општество. Во исто време е намалено нивото на социјалната заштита на населението, зголемени се социјалните разлики и видливо е зголемен бројот на жителите, кои живеат под прагот на сиромаштијата. Ваквата состојба влијае врз губењето на довербата на граѓаните во политчките и економски елити на земјата. Граѓанскиот статус кој на секоја индивидуа и група треба да и обезбеди активно влијание врз обликувањето на својот живот и условите за влијание врз сопствената судбина е деградиран. Неправдата и понижувањата се секојдневни, а социјалната правда и социјална заштита се оставаат на маргините.

Социјалната помош е недоволна

Постојаниот паричен надоместок што го исплаќа државата, во зависност од социјалната загрозеност на семејството, се движи од 2.500 до 5.500 денари месечно. Лицата треба секоја година да поднесуваат барање за социјална помош, а на тоа немаат право ако поседуваат два стана, куќи или викендичка, деловен простор или возило, земјиште, добиток или ако имаат заштеда од над 50.000 денари. Доколку го продадат возилото, според законските мерки, ќе им престане правото на социјална помош во наредната година.

Со мизерните неколку илјади денари не се покриваат ни 5% од месечните трошоци, а пак, да не зборуваме за водење на еден нормален и просечен живот, обезбедување потребна лекарска нега (бидејќи сé не е покриено со здраствената заштита) или, пак, можност за високо образование. Каде е тука социјалноста, каде е тука социјалната заштита, која ја гарантира нашиот Устав?! Нехуманите слики на луѓе кои просат за парче леб, луѓе кои живеат во мизерни услови, луѓе кои буричкаат по контињерите за да се прехранат, повеќе не се необични во нашето општество.

Сведоци бевме на укинување на помошта на илјадници социјални случаеви, кои на некој начин се дограбиле до пари, работејќи сезонски на само неколку месеци или продавајќи мал дел од одгледуваните земјоделски производи. Значи, ако сакате социјална помош - не се обидувајте да дојдете до друг вид на приходи! A, за што попрво да се потрошат тие неколку илјади денари? Дали за сметките кои постојано растат, дали за храна, дали да се замени веќе распаднатата облека, дали за образование? Дали...

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

7


Tema Na Nedelata

Право на здравство, но какво?

Членот 39 од Уставот на Република Македонија вели: „На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.“ Значи, Уставот на РМ, меѓународните акти, Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, подзаконските акти и другите правни прописи, треба да обезбедат правна поддршка за гарантиран и одржлив здравствен систем, но реалноста покажува сосема различно нешто. Здравственото осигурување претставува една од суштествените потреби на денешниот човек, кој сé почесто е соочен со здравствени проблеми, а како резултат на тоа и со трошоци за лекување, преку кои определени индустриски гранки изградија цели технолошки и финансиски империи. Основна цел на здравственото осигурување и заштита е да се обезбеди сигурноста на човекот во ситуации кои се сé поизвесни, како од

8

BR.77 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

аспект на здравјето и медицината, така и од финансиски аспект. Значи, Уставот гарантира право на здравствена заштита (некаде целосна, некаде половична, некаде минимална), но гарантира. А, каква здраствена заштита се нуди во Македонија е друго прашање. И покрај тоа што се гарантира оваа право, не се гарантира еднаков пристап до КВАЛИТЕТНОТО здравство. Интересно е дека Законот за здравствена заштита и здравствено осигурување, кој е донесен во 2000 година, до денес е менуван седумнаесет пати, а Уставниот суд на Република Македонија во девет наврати има донесено одлука за укинување на негови одредби. Сето ова ни кажува дека здравството е во критична состојба и тешко успева да се извлече од хаосот во кој се наоѓа. Лекарите се чувствуваат омаловажени и депримирани, пациентите се незадоволни и се жалат за негрижа. Се влошува состојбата на јавното здравство. Одлевањето на стручен кадар од јавните во приватните клиники

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

не престанува; инфраструктурата на здравствените домови е пред распаѓање; клиниките веќе подолг период се соочуваат со нехигиена, катастрофални услови, бубашваби и лебарки; сé повеќе трошоците за лекување паѓаат на товар на пациентите.

за издавање лекови, тендерот за набавка на медицинска опрема, кој од првичните 48 милиони евра се зголеми на 68 милиони евра, стравотните состојби во психијатриските болници... Оттаму, за познавачите не изненадува ваквата негативна перцепција кај граѓаните.

И покрај тоа што имаш право на здравствена заштита и некој вид на осигурување, кога (не дај Боже), те сместат во болница, медицинската сестра првин ти дава листа на лекови, инекции, инфузии - кои треба да ги купиш, под изговор дека „Тие ги немаат“, ќе купуваш дури и шприцеви и игли, а уште недостига да ти кажат „Ај, сега сам боцни се!“.

Како и да ја вртиме работата, се соочуваме со сериозна криза во државното здравство, која е толку голема што резултира со одлив на голем процент на пациенти, а и лекари, кои одат во приватното здравство. Затоа, оние со подлабок џеб дирекно одат во приватните здравствени установи. Е, таму да е поскапо, поскапо е, но барем знаете дека добивате квалитено здравство и ја добивате потребната и соодветната нега и услуга.

На крајот ја добиваш дебелата болничка сметка, како шлаг на тортата. Граѓаните сметаат дека корупцијата е најголем проблем во нашето здравство. Дури тројца од секои десет анкетирани граѓани ја посочуваат корупцијата како главна причина за лошата состојба на јавното здравство. Со голема разлика на второ место е несовесното работење на здравствените работници, а дури потоа политичкото влијание во здравството, слабите реформи, превработеноста, несоодветниот кадар итн. Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета што ја спроведе агенцијата „Рејтинг“. Здравството во изминатиот период беше во центарот на вниманието на јавноста. За тоа придонесоа аферите со повеќе смртни случаи на пациенти, потоа притворањето на осомничени за мито за одобрување инвалидски пензии, аферата со празните аптеки и намалените квоти за лекови од позитивната листа, долгото чекање за неопходните прегледи, новите правила

На крај, можеме да кажеме дека пристапот до здравствената заштита не е за сите еднаков (и покрај тоа што Уставот тоа го гарантира). Ако имаш пари, ќе имаш квалитетна здравствена заштита! Ако не, уште повеќе ќе си го влошиш здравјето, справувајќи се со хаосот во јавното здравство што ни го нуди државата.

Права само на хартија

Работите треба да се сменат. Уставот на Македонија има прекрасна визија за земјата, но таа визија од хартија треба да се префрли во реалноста. Социјалната и здравствена заштита одлично функционираат само во тероија, а во праксата е малку поинаку. Граѓаните имаат право да бараат да се почитуваат законите и да се почитува Уставот, како највисок правен акт на државата. Граѓаните имаат право на достоинствен живот со еднаков пристап до поволностите и заштитата на државата.

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

Eлена Павловска

9


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Ordinacija kako vo ~ar{ija Законот за здравство на Република Македонија - вистина или само замислен поим!? Неговата вистинска намена беше онаа, знаете де, да им обезбеди одредени права на пациентите и да им ги штити истите, ако на некој му бидат загрозени. И тогаш, по социјалните мрежи излезе онаа фотката со насмеаната медицинска сестра врз дрво - пијаниот пациент на токсикологија.

си прават муабет меѓу себе, а и со пријателите кои не се здравствени лица, околу здравствените проблеми на нивните пациенти. Па, така често слушам чаршиски муабети од типот: „Леле онаа вчера што дојде, ја знаеш ма, онаа (цело име и презиме) имаше опасна инфекција, гадно, којзнае што прави и со кого!“. После ова цел град, а можеби и пошироко, го дознава вашиот здравствен проблем, нешто што може директно да им наштети на случувањата во вашиот понатамошен живот. Случајот погоре, првично се коси со секој принцип на етика, на кој се заколнуваат сите медицински лица, а истиот е споменат и на почетокот од Законот за здравство. Како второ, дали си ти хуман човек во хумана професија, ако вака крајно нехумано и злобно им наштетуваш на своите пациенти?

Требаше да се случи едно такво сериозно прекршување на правото на приватност на пациентот, за одговорните да сфатат дека медицинскиот персонал им е во хаос. Право на приватност на пациентот, ќе прашате? Да! Законот ви гарантира право на приватност и доверливост на вас, додека сте пациент во било која здравствена установа, како и на сите ваши податоци кои ќе ги оставите таму. Значи, не може никој да ве снима и слика без ваша согласност. Никако! Медицинските сестри и лекарите имаат една многу честа навика, да

10

BR.77 MAGAZIN

Друга работа, која јасно ја предвидува истиот тој закон, е дека вие како пациент си имате право на увид во целата ваша здравствена документација и право да

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

бидете информирани за СĖ околу вашата состојба. Колку често ви се случило да го прашате докторот што запишува таму во картонот, а тој да ви одговори дека е нешто медицински и дека нема да разберете, дури и ако ви каже? Целиот медицински персонал е должен да нашироко и напросто ви објасни буквално сé што ве интересира. А, ако станува збор за сложени медицински називи, тој е таму за да ви ги преведе на „нашки“. Дали можеби сте знаеле дека медицинскиот персонал треба буквално да се испоти, дури не го најде соодветниот третман за вас, да истражува и додека го прави сето тоа да биде крајно учтив и услужлив со вас?! Наместо тоа, пациентите добиваат избрзани претпоставки и несоодветни терапии, кои се најочигледниот и најлесен избор. Кај нас нема трета опција, сé се решава со инекција, апчиња, операција.

Ама, џабе услужлив персонал, ако апаратурата датира од Втората светска војна. Еден доктор во државна болница,

прегледувајќи ми го на ехо абдоменот (стомакот), ми направи ваква дијагноза: „Има тука нешто црно, може да е тумор, ама може и ништо да не е. Да ти кажам право не се гледа баш најдобро, оти апаратов ни е ептен стар, па повеќе на црно удира.“ Дали да се радувам или да се расплачам?! Во две реченици докторов ја сумираше некомпетентноста на апаратурата и таа на персоналот. А, во Законот убаво си пишува „соодветна нега на пациентот“.

Дискриминацијата е уште една многу важна работа, која мора да се избегнува во случај кога сте најранливи и ви е потребна медицинска помош. И додека во некои земји се тужат докторите, бидејќи дискриминирале на основа на бојата на кожата, религијата и слично, кај нас нема такви работи. Ама, затоа ние имаме еден уникатен и единствен вид на дискриминирање на пациентите, дискриминација според финансиската моќ. Па така, додека оние со подлабок џеб добиваат првокласна здравствена нега,

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

11


Tema Na Nedelata тие со празен џеб не добиваат ништо. Добиваат само бесплатна прошетка од еден шалтер на друг. Разбирам, криза е, и на докторите им требаат пари, ама не и по цена на погазување на сите етички и хумани принципи.

MAGAZIN REVOLUCIJA

Оставете го настрана фактот што нема ни да ви текне да отидете на доктор, за да му побарате помош, ама ако ептен морате, топло ви препорачувам да не се појавувате таму без ЗАКОНОТ под рака. Па, дајте им го да се образуваат...

Eлена Николовска

12

BR.77 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata Humanost za politi~ki poeni

Деца без родители, деца со хендикеп, деца на улица, деца-жртви на семејното насилство, ова е само дел од маргинализираните групи на деца за кои државата покажува некаков голем интерес за подобрување на нивната состојба.

по весници или на ударната шпица на вестите, како кандидатот за премиер ги посетил децата од детската клиника, или пак они кои примаат хемотерапија. Понекогаш се прашувам, дали ова што го прават е навистина хумано?!?

Овие деца се „најсакани“ само за време на големи празници, кога политичарите, бизнисмените и големите компании сакаат да соберат поени од народот, па ги посетуваат и донираат средства за нив. Ниту една донација не може да помине без да се крене голема фама околу истата, па да ја има по сите медиуми. Неминовно е да слушнете како Претседателот ги посетил дечињата од детското село за нова година и им поделил пакетчиња, или пак како компанија од типот на „ONE“ донирала опрема за децата со хендикеп.

Незнаејќи како да да им помогне на децата без родители, Владата во очај објавува проект со кој на секое семејство кое ќе згрижи дете од дом, ќе му дава месечна парична помош од 8,000 денари. Што значи дека во нашата држава луѓето со над 62 години кои згрижиле дете за период од 5 години, ќе добиваат пензија од државата.

Многу често, можеме да кажеме дека во оваа наша држава политичарите знаеле и да собираат политички поени на сметка на оваа општествена група. Ќе читаме

Од министерството за социјална политика сметаат дека по направените анализи увиделе дека дел од згрижувачите по завршување на нивната обврска немаат право на пензија по друг основ. Па од таму се решиле да стимулираат и нови згрижувачи за да ѝ се помогне на оваа група.

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

13


Tema Na Nedelata Но, тогаш што ѝ требаше на оваа Влада да прави кампањи за принова? Секој оној кој сака деца и кој може да биде вистински родител може да помогне на овие дечиња, а притоа неговата „жртва“ да биде препознаена и наградена.

MAGAZIN REVOLUCIJA

семафор може да се видат дечиња кои едвај прооделе, како молат за еден денар.

Секој оној кои би им пружил вистинска љубов и грижа на децата, кои буквално се фрлени во една просторија, заслужува да биде одликуван со големи почести. Згрижувањето на ваквите деца или на било кое дете е нешто несебично и хумано што ретко која личнот го прави тоа.

Во Македонија, како ретко каде во светот, можете да најдете огромен број на деца кои се оставени буквално на улица. Тие деца собираат денарче по денарче за една корка леб. Во 2010 година беше донесен закон со кој ќе се казнуваа родителите кои ги оставаа децата да питачат по улиците. Како што гледам и не вродиле со плод тие ригорозни мерки кои ги најавуваше тогашниот министер за труд и социјална политика Џелал Бајрами. На секој

14

BR.77 MAGAZIN

Сепак, можеби најзагрозената група на деца во Македонија е онаа на децата кои биле или пак сè уште се жртви на семејно насилство. Оние дечиња кои биле тепани и малтретирани од таканаречените „мајки“ или „татковци“, кои безмилосрдно ги повредувале. Од ден на ден и од месец во месец, се зголемува процентот на пријавени случаеви на деца кои биле жртви на токму овој вид насилство. Овој месец беше промовиран практикумот за постапување во случаи на семејно насилство, во кој особено внимание се посветува на децата кои се соочуваат со ваквата појава. Факт е дека овие деца не само што ќе добијат моментални телесни повреди, тие можат трајно да ја оштетат нивната психа и да ја повредат нивната личност. Потоа истите може да преминат и во агресори, односно да го практикуваат семејното насилство и врз други помалку силни единки во подоцнежниот дел од својот живот. Семејното насилство во раните детски години комплетно ја менува личноста на тоа дете.

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

Во секој случај можеме да се сложиме дека и во Македонија, па и во светот, ова е една од најмаргинализираните групи на луѓе во едно општество. Децата толку кревки, невини и беспомошни служат како алатка за собирање на политички поени, зголемување на публицитет на влијателни бизнисмени и компании, а во најлош случај како

место за ослободување на бес и нервоза. Не можеме да знаеме дали таквото однесување може да престане еднаш за секогаш, но можеме да ветиме дека со сите сили ќе се потрудиме да го искорениме! Магдалена Јовановска

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

15


Tema Na Nedelata

MAGAZIN REVOLUCIJA

Dinami~en kapitalizam ili socijalna za{tita? Оние кои го фаворизираат слободниот пазар како начин за управување со економијата, честопати ги споредуваат САД и Европа. Како што велат, Европа е помалку флексибилна и помалку динамична од САД поради нејзиното посилно потпирање на социјалната заштита, заштитата на работниците и високите даночни стапки потребни да се поддржат овие програми. Добитникот на Нобеловата награда, економистот Едмунд Фелпс тврди, на пример, дека „системот на слободни претпријатија е структуриран на таков начин што ја олеснува и стимулира динамичноста додека континенталниот

16

BR.77 MAGAZIN

систем го попречува тоа“. Според Фелпс и останатите, поголемата доверба во слободниот пазарен систем во САД резултира со побрз и поголем економски раст. Овде се имплицира трговска размена. Во системот на САД, работниците имаат помала заштита, а оттука и поголема несигурност отколку во земјите каде заштитата е поизразена. За возврат, им се ветуваат две придобивки. Прво, се смета дека економскиот раст ќе биде повисок. Со помала владина вмешаност и помали даноци, економијата ќе биде слободна да го достигне својот

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Tema Na Nedelata

растечки потенцијал. Второ, економијата ќе биде постабилна. Ако ја удри голем економски шок, САД ќе бидат способни да го вратат полното вработување преку нови, продуктивни високоплатени работни места побрзо отколку земјите со голема социјална заштита и флексибилноста на рестриктивните институции кои доаѓаат со нив. Ако овие две придобивки се големи, тогаш дефинитивно ќе се исплати жртвувањето на сигурноста за динамичност, флексибилност и повисок раст. Па, дали економијата ги задоволува овие ветувања? Свртувајќи се најпрво кон растот, постои причина да прашаме дали е вистина дека, пред Големата рецесија САД ја надмина Европа во производството? Ако е така, а има неколку докази кои укажуваат на ова, разликата е релативно мала и истата се намалуваше во минатата декада. Но дури и ако растот беше малку повисок

во САД, придобивките не стигнаа до домаќинствата, до пониските слоеви на распределбата на добивката, кои на свој грб најмногу ја чувствуваат зголемената несигурност. Наместо тоа, добивките отидоа најмногу кај оние на врвот. А што со останатите ветени придобивки од слободниот пазар како начин на управување на економијата, што со подобрата способност да одговори на економските шокови? Дали САД ја поминаа Големата рецесија подобро од европските земји? САД покажаа подобри резултати за разлика од некои европски земји за време на кризата, но и полошо од останатите. На пример, усогласените стапки на невработеност од Бирото за трудова статистика и од Еуростат, покажаа дека стапката на невработеност во САД е повисока од таа во Германија, Холандија, Австрија, Белгија, Данска, Финска и Шведска. Но, истовремено, САД има помалку невработени од Грција, Шпанија, Ирска и Португалија, малку

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

17


Tema Na Nedelata помалку од Италија и речиси на исто ниво со Велика Британија. Со таков измешан исход, тешко е да се поддржи тврдењето дека пристапот за слободен пазар кој се појави во 1970-тите ги задоволи ветувањата за подинамична, пофлексибилна и побрзорастечка економија. И заклучокот е дури и потежок да се направи, кога е вклучен фактот дека дерегулацијата на економијата помогна да се произведе станбениот меур.

MAGAZIN REVOLUCIJA

хетерогеност ширум Европа, и земјите со најголема социјална заштита, како Данска, Шведска и Германија најдобро ја издржаа рецесијата, додека оние со најмала, како Грција и Италија, се најзаглавени. Посилна социјална држава не доведе до должничка криза, но доведе до суштинска заштита за време на рецесијата и многу подобри перформанси од оние во САД. Не зборувам за тоа дека ние треба да ги имитираме институциите во Европа. Некои работеле, некои не. Сето тоа што функционира во Европа не мора да значи дека ќе биде функционално и во САД. Но, има од каде да се научи доколку се погледне на вистинското место, како на пример флексибилноста во Данска и споделувањето работни места во Германија, а потоа да ги примениме на начин на кој што би функционирале овде. Постои отворена можност тоа да се докаже.

Но, дали моделот на социјална заштита кој го фаворизира Европа е одговорот? Зар не е факт дека Европа има толку многу докази против идејата дека европската верзија втелемена на социјална сигурност функционира? Не, ако евиденцијата е интерпретирана правилно. Постои многу мала поврзаност помеѓу степенот на социјалната заштита и последователниот суверен должнички проблем. Всушност, има мала

За жал, буџетот на САД не дозволува да се одржуваат постоечките програми за социјално осигурување, ниту пак да се подобрат, особено што тоа ќе резултира со повисоки даноци. Сепак да ја оставиме политичката реалност на страна. Повеќе од јасно е дека нам ни треба поголема, не помала социјална заштита на населението. Несигурноста беше премногу висока за време на рецесијата, но останува иста и денес. Како и да е, мора да се најде начин сето ова да се подобри.

Извор: The Fiscal Times

Превод: Славица Ѓоргиева

18

BR.77 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Ekonomija

Debata: Bez evrozonata, s# }e bide polo{o Грција е на работ од економски колапс, а сепак левичарските партии сакаат да ги отфрлат мерките за штедење. Дали ова би оставилo некаква друга алтернатива отколку онаа дека треба да се излезе од еврозоната? Замислете, земјата се наоѓа задушена во егзистенцијална криза и тотално спротивните политички партии имаат задача заедно да состават влада.

SPIEGEL ONLINE покани претставници од две политички партии од Грција коишто имаат спротивни ставови на темата за да дебатираат и да ги изнесат своите ставови. Стефанос Манос, лидерот на Драси, партија што го поддржува планот на ЕУ, и Деспиона Чарламбиду, членка на радикалните левичари од Сириза. Тие разговараа преку Скајп.

Токму ова е предизвикот пред којшто се најде Грција. Конзервативната Нова Демократија и социјалистичката ПАСОК попусто се обидуваа да ги убедат радикални левичари Сириза да се приклучат кон обид��те за формирање влада. Секој обид за преговори со второрангираната партија пропаѓаше и Грција сега се соочува со нови избори. Најголемиот проблем сега е прашањето дали гласачите сакаат нивната земја да продолжи да ги имплементира мерките за штедење на кои земјата се согласи, а за возврат добија пари за да се спасат од банкрот, или народот едноставно сака надвор од еврозоната.

Облечен во бизнис костим, Манос се приклучи од неговиот апартман во Атина, а Чаралмбиду се конектираше од својата канцеларија во Солун. Двајцата политичари имаа остри кавги, но, изненадувачки, за некои точки имаа речиси исти ставови. Госпоѓо Чаралмбиду, Господине Манос, речиси 80% од Грците сакаат да го задржат еврото. Во исто време, постои мнозинство кое се противи на мерките зададени од страна на ЕУ. Дали е возможно за Грција да остане во еврозоната доколку успее да издејствува промени во договорот со Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд? Манос:

Доколку

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

утре

имаме

19

шанса


Ekonomija

да речеме: „Здраво, ние сакаме да го поништиме нашиот договор“, тогаш би биле надвор од еврозоната. Секако, би се обиделе да ги промениме условите на пакетот за штедење. Но, за да дојде до тоа прво мора да имплементираме драстични реформи. Чаралмбиду: Во Сириза велиме дека договорот со така наречената „тројка“ (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) мора веднаш да биде поништен. Планот за спас ја прогонува Грција и нејзиниот народ го тера кон сиромаштија, невработеност и поттикнува емиграција. Долговите не биле направени од страна на обичните работници и затоа не треба да бидат исплатени од нивна страна. Ни едно евро од дадените пари за помош нема да бидат искористени за плати, пензии или за здравството. Парите се користат за да се сопре зголемувањето на долгот и да се платат огромните камати. Предупредувањето „штедење или драхма“ е само начин да се заплашат

20

BR.77 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

Грците. Манос: Госпоѓата Чараламбиду докажува колку се разделени желбите и реалноста во Грција. Нелегалниот огромен долг за којшто Сириза зборува постои поради тоа што Грците живееле подобро одошто можеле да си дозволат. Само кога ќе го признаеме тоа ќе можеме полека да ја обновуваме нашата економија. Чаралмбиду: Но, зошто секогаш да се потпираме на истите кредитодавачи? Живееме во глобализиран свет и би можеле да земеме кредити со многу подобри услови од останатите наши партнери. Што е со Русија и Кина, на пример? Манос: Ова е уште еден случај на надежно размислување. Не би можеле да земеме ниту една рубља или јуан доколку Грција прво не имплементира реформи. Со европската помош ние добиваме пари во услови коишто ниеден пазар не би ги одобрил. Доколку не ги исполниме нашите обврски околу

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Ekonomija

штедењето, дури ни Хуго Чавез не би ни дал пари... … претседателот на Венецуела. Сепак, тешката штедачка стратегија на „тројката“ не изгледа дека држи вода. Дали треба да се избегне?

пари од јавниот сектор, а Ципрас игра токму на таа карта. Јавниот сектор е чудовиште кое ги јаде државните пари. Во меѓувреме, малите претпријатија се принудени да пропаднат бидејќи плаќаат премногу даноци.

Манос: Доколку се занемарат високите каматни стапки, успеваме да внесеме повеќе пари отколку што трошиме. Потоа ги намалуваме даноците, ги обновуваме договорите и правиме сé за што сонуваат Алексис Ципрас и Госпоѓата Чараламбиду. Како може да го направиме тоа? Да отфрлиме сé што не ни треба и што не е од никаква корист за нас. Чараламбиду: Се согласувам дека прво мора да се воведе ред. Но, тоа не го менува фактот дека Грција во моментов има повеќе од 1 милион невработени лица. Јас сум една од нив. Минатата година ја загубив својата работа во индустријата за облека. Една година примав помош од 460 евра, а неодамна беше намалена на 360 евра. Постојано барам работа, но работа нема. Мојот син, откако две години безуспешно бараше работа, се пресели во Германија. Мојата ќерка работи само 12 часа неделно, а има високо образование и знае странски јазик. Вие Господине Манос, заедно со сите поддржувачи на штедењето, го поддржувате уништувањето на животите на работниците и пензионерите додека Грците си заминуваат, а фирмите и компаниите плаќаат далеку помалку данок одошто би требале. Манос: Јас сум свесен за сите овие проблеми, но верувам дека подобро би можел да ги претставувам интересите на работниците отколку Ципрас. Многу од проблемите се последица на тоа што социјалистите не сакаа да кратат

Многу луѓе сега велат дека нема разлика дали Грција ќе го користи еврото или драхмата доколку сè уште народот е сиромашен и невработен. Тие ги цитираат економистите кои велат дека Грција може да ги подобри своите извозни активности и да застане на нозе многу побрзо доколку се потпре на слабата драхма. Што мислите за ова? Манос: Доколку го напуштиме еврото, сé ќе биде полошо. Грција тешко би можела да земе нов кредит. Сé ќе поскапи поради девалвацијата на драхмата. Размислете: речиси сé што конзумираме е увезено. А што имаме за извоз? Секогаш сме биле слаби во извозот. Ја изгубивме нашата компетитивност и тоа е горчливата вистина. Зошто на Германија и Швајцарија им оди толку добро? Затоа што произведуваат работи што се барани. Ние немаме такви продукти и

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

21


Ekonomija затоа мора да се смени културата. Чараламбиду: Овде не се работи за еврото. Ние сме заинтересирани за создавање достоен живот на народот. Не сакаме Грција да се врати во времето од 1960 година кога народот се селеше во Германија за да добие шанса за подобра иднина. Манос: Се согласувам со вас стопроцентно. Како планирате да го изведете тоа? Чараламбиду: Ни треба изедначување на даноците, посебно кога се работи за богатите компании и луѓе. Манос: Со Сириза Вие имате реална

MAGAZIN REVOLUCIJA

шанса да влезете во парламентот. Би требало вашите надежни размислувања да ги замените со реалноста. Дали би сe обложиле дека по една година Грција сè уште ќе биде во еврозоната? Манос: Доколку Грците продолжат да ја одбиваат реалноста, поттикнати од ваквото надежно размислување, тогаш мислам дека нема да бидеме во еврозоната за помалку од една година. Чараламбиду: Не се осмелувам да предвидувам вакви работи. Сакаме различна Европа, во која луѓето ќе ја играат главната улога, а не политичките и економските елити. Извор: SPIEGEL ONLINE

Подготви: Милена Петровска

22

BR.77 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

@ivotniot standard ni pa|a vo bezdna Животниот стандард во секоја држава во светот, претставува основната благодет и мерилото за внатрешната политичка благосостојба, сочинета со глобалната примена на внатрешната политика која ја применува одредената држава. Тој, животниот стандард, игра значајна улога во креирањето и одвивањето на надворешната политика, но и во одредување на местото и улогата на државата во меѓународните односи. Македонија, како релативно млада самостојна држава, има низок животен стандард со висока стапка на невработеност од дури 12,5% во 2010 година и ниски примања од вкупниот годишен бруто домашен производ. Но, како ние, граѓаните и граѓанскиот сектор да придонесеме за подобрување на животниот стандард во корелација со политичката елита?

Во втората година од осамостојувањето, Македонија доби ембарго од Р. Грција за позицијата за името, што остана како конфликтно прашање кое создава многу проблеми за интеграцијата на Македонија до ден денешен. До 1997 година, може да се рече дека се најпродуктивните и најтешките години на младата македонска историја - добивме меѓународно признавање од некои држави кои се од клучно значење, и станавме членка на ОН. Тоа ни помогна да добиваме економски средства од меѓународните фондови, за доградување на нашата држава и поминување на транзицискиот период.

Осамостојувањето на Македонија беше преточено уште од самиот почеток со големи тешкотии, борби за подобра економска позиција и борби за признавање на суверенитетот и единственоста на Р. Македонија. Југословенската народна армија ги повлече своите трупи не оставајки никакви воени и економски добра од воено-политички аспект. Но, штотуку помисливме да нашата држава, влегува во оној, постранзицискиот период, внатрешните и сите други фактори, покажаа дека сме на средината на долгиот и болен транзициски период. Еден од факторите беше и индикаторот за низок животен стандард, малата количина на потрошувачка домашна кошница и намалениот БДП од увозот и извозот.

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

23


Mladi So Stav Во почетокот на новиот милениум, по конфликт-војната од 2001 година, како и сите држави од поранешните југословенски територии од 90тите, и Македонија западна во тешка економска позиција, во кои страдаа сите жители во територијата на Македонија. Со Охридскиот Рамковен Договор, политичката елита писмено се договори да допринесе за подобрување на многу стратешки позиции и добродетели, меѓу кои беше и подобрување на животниот стандард во државава. Сепак, нееднаквата позиција и различното гледање на „татковците на државата“ за клучното прашање за добросостојбата на Македонија, го доведе транзицискиот период во мртва точка, а животниот стандард остана на опаднато ниво. Менувањето на политичките елити и нивниот различен пристап кон ова прашање, допринесе и меѓународните фактори да ја сечат помошта за потпомагање на буџетот, а со тоа и подобрувањето на животниот стандард. Во 2008 година семејната потрошувачка кошничка изнесуваше околу 17%, а странските инвеститори гледаа оддалеку на нашата држава. По две години, со новите пакет мерки „се намали“ таканаречената невработеност, но животниот стандард продолжи да паѓа во бездна, без никој од политичката елита или од граѓанската свест да

MAGAZIN REVOLUCIJA

подаде рака на паднатиот животен стандард. Во денешницата, вкупниот годишен БДП е на многу ниско ниво, иако секојдневно има странски инвестиции, а семејната потрошувачка кошница е значително незадоволителна, не дозволувајки му на обичниот граѓанин да живее достоинствен живот според правата загарантирани за зачувување на човечкиот интегритет. Проблемот со политизираноста го достигна највисокото ниво на злоупотреба, а секојдневните предизвици на граѓаните за преживување на денот го прави животниот стандард во Македонија едно од најприоритетните прашања. Многу врзани и неврзани организации, како и многу невладини организации секојдневно се борат за подобрување на нерешливиот натежнат проблем над нашата држава, но без заедничка партиципација и сооднос со политичката елита и граѓаните и граѓанскиот сектор, овој проблем никогаш не би го нашол својот расплет. Затоа мора, граѓанскиот сектор да се разбуди од долгиот дваесет и двегодишен сон, и буквално со политичките елити и странските и домашните фактори да направи силни и големи чекори за подобрување и издигнување на нашиот пренизок животен стандард, градејки ја економијата и дигајки го вкупниот БДП со увозот и извозот на Македонија. Славко Жарков

24

BR.77 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

@enite, politikata i mirovnite misii Во повеќе сегменти во семејниот и општествениот живот на Балканот жената сè уште важи за безгласна буква, а мажот го дава последниот збор. Според ЕУ препораките - ќе мора да се ослободиме од нерамноправниот однос кон женскиот пол и неговото учество во политиката и во власта. Квоти се воведоа - жената да е застапена со 30% во институциите на власта. Токму тие одредби придонесоа за да жените се инволвираат во процесот на креирање на политики, меѓутоа не и на клучни стратешки позиции. Целите за еднаквост меѓу жените и мажите и промовирањето на правата на жените се содржани во меѓународните конвенции и обврски, како што е Конвенцијата за елиминација на дискриминацијата врз жени, Платформата за акција од Пекинг и Милениумските развојни цели (МРЦ),

и исто така се темелна вредност и принцип на Европската Унија. Сепак, и покрај значителниот напредок во текот на последните неколку децении, жените не се доволно застапени во владите и институциите. Низ историјата се сретнуваат женивладетелки: Клеопатра, Марија Антоанета, Екатерина Велика; познатите државнички како Индира Ганди и Сиримаво Бандаранаике - харизматични жени што влеваа доверба; во Југославија - Милка Планинц, која што се наоѓа во политиката во еден режим, најверојатно благодарејќи на еднопартиската недемократија, каде што повеќе е наметната, отколку демократски избрана од народот. Колку биолошките карактеристики претставуваат хендикеп за жената да биде погодна за учество во политиката?

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

25


Mladi So Stav Жените во светската политика до неодамна имаа само симболично учество. И не е ни чудно, затоа што специфичните биолошки одлики ја ограничуваат во нејзините можности за успешно вршење на политичките функции и во власта. А од друга страна, пак, таа е единствена и неопходна. Зошто е неопходно да се присобере учество од женскиот пол барем приближно до нерамноправните 30 отсто во управувањето со земјата? Неопходноста на жените во власта лежи во рамнотежата јин-јанг. Но, зошто токму соодносот 70-30 отсто, е навистина ситуација која што е нерамноправна уште по самата констатација?

Самиот факт што жената може да раѓа, ја прави поспособна во разрешувањето на конфликтите по мирен, а не по милитантен пат. Жените за разлика од мажите се многу почувствителни на загубата на своите синови. Па, и чедоморството кај нив е многу поретка

26

BR.77 MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

појава отколку кај мажите. Поради тоа, жените имаат биолошка предиспозиција за мирни решенија и најчесто покажуваат повисок степен на толеранција. Постојат ограничувања во одделните етапи од животот на една жена поради нејзините биолошки посебности за разлика од природната дискриминација на жената во политичка смисла. Сепак, таа е толку неопходна во власта, колку што на светот му треба мир. Затоа, потребно е да се изнајдат начини да се мотивираат и охрабрат најсоодветни жени за учество во политиката. Нобеловата награда за мир е доделена 91 пати и тоа 121 Нобелови награди се официјално доделени во периодот помеѓу 1901 и 2010 – 98 пати на поединци и 23 пати на организации. Од 98 индивидуалци, 12 се жени добитнички на таа награда. Односно од вкупно 40 жени добитнички во овој период на Нобелови награди (помеѓу 1901 и 2010), поделени во 6 сегменти, 12 од нив се нобеловци за мир, при што ја дели водечка позиција со Нобеловата награда за литература, во однос на другите сектори (медицина, економија, физика, хемија), што сепак од своја страна претставува индикатор за женската иницијатива за допридонес во светски мировни рамки. Само 7 од 150 шефови на држави во светот се жени. Од 192 премиери, оваа функција ја имаат само 11 жени. Бариерите кои ги спречуваат жените да добијат рамноправни позиции во политиката се пробиваат тешко -се наведува во студијата на ОН „Жените во светот 2010“. Физичкото, сексуалното и психолошкото насилство и натаму останува „општа појава“. На нивото на националните парламенти постои постојан напредок,

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

така што во 23 земји жените заземаат повеќе од 30 проценти од пратеничките места. Недоволната застапеност на жените е видлива и во професионалниот свет, па така минатата година жените биле на раководни позиции во само 13 од 500-те најголеми компании во светот. Студијата покажува дека сé уште постои голем јаз меѓу мажите и жените во однос на висината на платите и се нагласува дека примањата на жените се на ниво од 70 до 90 проценти од платите на мажите, со тоа што најголемите разлики се забележани во азиските земји. Во однос на образованието во извештајот се констатира дека на светско ниво процентот на девојчињата, кои одат во основно училиште е зголемен од 79 на 86 проценти во периодот од 1999 до 2007 година. Централна и западна Африка имаат најслаб просек во светот по прашањето за школување на женските деца. Во тој дел од светот само 50 проценти од девојчињата одат во училиште. Извештајот е посветен и на насилството, чии жртви се жени и девојчиња, кои во текот на целиот живот се изложени на физичко, сексуално и психолошко насилство. Овој вид насилство се јавува во сите средини, без разлика на социјалната, општествената или културната припадност, се наведува во документот. Процентот на жените, кои биле жртви на физичко насилство се движи од 12 проценти во Кина до речиси 40 отсто во Германија и Турција, 50 проценти во Австралија и 60 отсто во Замбија и Перу. Во извештајот се вели дека жената во развиените земји троши просечни

пет часа дневно за извршување на домашните задачи и за водењето грижа за семејството, што е два пати повеќе од мажите. Според светскиот Извештај за жени, (анализите се направени врз база на интернационални и национални извори) направен е напредок во однос на половата еднаквост и застапеност во неколку области и тоа - ангажирања во образовен процес, здравје и партиципација во економските процеси. Во исто време извештајот покажува дека треба уште многу да се работи за да се затвори нееднаквоста на половата еднаквост во есенцијални области како што се на пример моќта и процесот на донесување на одлуки, како и насилството против жените.

Според овој извештај, објавен во 2010, од страна на Обединетите нации, во поглавјето 5 кое се однесува на моќта и процесот на одлучување, главните заклучоци се следниве: • Да се стане шеф на држава или влада сè

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

27


Mladi So Stav уште останува ексклузивна привилегија за мажите, бидејќи само 14 жени се наоѓаат на овие позиции • Во само 23 земји жените претставуваат критична маса, околу 30% и тоа во пониските ешалони на нивните национални парламенти

MAGAZIN REVOLUCIJA

на локалното население што е малтретирано, често пати и сексуално, од мажите со оружје. Некои експерти сметаат дека присуството на жените во воените единици има цивилизирачки ефект.

• Средниот просек, во светски рамки, само една во шест министерски кабинети е жена. • Стапката на репрезентативност на жената е со многу ниски стапки во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Образложенијата кои се во контекст на тоа што жените често се најголеми жртви во конфликтите, ја оправдуваат целосно тезата дека женската перспектива би можела да биде од витално значење во спречувањето или во намалувањето на штетите предизвикани од конфликтот, како и идна превентива во настани кои инволвираат мировни ситуации. Жените сочинуваат половина од таленти��аните лица, над половина кога станува збор за универзитетски дипломи во области поврзани со безбедноста, а политичките сојузници имаат сé повеќе од потребни војници на теренот и итри умови на преговарачката маса. Но, жените исто така внесуваат разновидност во машкиот свет на воените и безбедносните прашања, во период кога мировните мисии помагаат во формирањето на државите, а војната веќе не е само за територија, туку и за освојување наклонетост. Женските војници со почитување може да ги претресуваат муслиманките на контролните пунктови. Тие многу поверојатно ќе ја добијат довербата

28

BR.77 MAGAZIN

Од повеќе институции и организации е истакнато дека има неопходна потреба од поголемо вклучување на жените во мировните мисии. Ова првенствено поради загриженоста дека жените – многу почесто жртви на војната од мажите – продолжуваат да бидат запоставувани во меѓународните напори за спречување на конфликти, иако мисиите на Косово, Босна и Авганистан покажаа дека учеството на жените во нив дава позитивни резултати. Потребното поголемо вклучување на жените во мировните мисии има поврзаност со тоа што некои злосторства, што можат да се зголемат во време на смирувањето на конфликтот се особено насочени кон жените и девојчињата. Напорите за смирување имаат сосема поинаква динамика кога жените се

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

вклучени во мировниот процес. Некои мировни мисии како онаа на Косово или Босна се успешни примери за зголемено учество на жените во нив. Примерот со Источен Тимор најдобро покажува колку задржување на вниманието за застапеноста на жените дава ефекти. Бавното прифаќање на Резолуцијата на Советот од страна на некои земји е резултат на доминантната улога на мажот во некои делови на светот. Тоа бара напуштање на старите стереотипи.Тоа е промена која би имала големо влијание. Обединетите Нации тврдат дека постои директна врска меѓу половата нееднаквост и војната и криминалот. Оттаму и потребата прашањето за улогата на жената да продолжи да биде во фокусот на вниманието. Мировните мисии не успеаја да извршат

значително влијание во однос на подобрување на учеството на жените во мировните преговори, нагласувајќи ја потребата за обезбедување на стратегија за ангажман за различни групи на жени. Мировните мисии, исто така, треба да го интензивираат лобирањето за зголемување на застапеноста на жените во државните сектори за безбедност, штитејќи ги нивните права, права на еднаквост, како и да ги прошират можностите за нивно професионален напредок. Сепак, жените продолжуваат да бидат заобиколувани во доделувањето на високите функции во мировните мисии и сé уште постои рамнодушност кон злосторствата направени врз жените за време на војна. Битен момент е дека резолуцијата на Советот за јакнење на улогата на жените е само израз на политичка коректност и ништо повеќе. Ленка Солеска

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

29


Mladi So Stav

MAGAZIN REVOLUCIJA

Koga tupanicata go zazema mestoto na bakne`ot Мислата дека штотуку згаснал еден невин млад живот, како последица на љубовна расправија, ми ги растргнува мислите. Како може под маската на прекрасните зборови „Те сакам“, да се крие куршум кој ќе згасне еден живот? Кога смртта стана доказ за вистинска и бескрајна љубов? Секојдневно слушаме за нови жртви на љубомора во адолесцентските врски, кои се последица на сé поголема нервоза меѓу младите и на сé поголем гнев и агресија, кои се кријат во младешките очи. Последните податоци покажуваат дека алармантна е бројката на млади, кои биле жртви на вербален испад или на физички напад во својата врска. Но, вистинското прашање е колку од нив го

30

BR.77 MAGAZIN

пријавиле тоа, дали некаде постои план за да се подобри оваа ситуација? Најдобро би било да го дефинираме поимот на насилство во адолесцентските врски: тоа вклучува вербално, емоционално, физичко, сексуално насилство или во најлош случај - тоа е комбинација од сите претходно наведени. Возрасните преокупирани со сопствените проблеми, мислејќи дека насилството е нешто што се појавува само во рамките на семејството, онаму каде што е долгогодишна нетрпеливоста на партнерите, воопшто, не помислиле на своите деца кои се наоѓаат во насилни адолесцентски врски, на младите кои штотуку започнуваат да го градат својот романтичен живот и кои учат како се сака некоја личност, а и како треба да

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Mladi So Stav

се покаже таа љубов што ја чувствуваме. Сé поголем е бројот на млади девојки, кои пудрата ја користат за прикривање на трагите кои претходната вечер ги оставила сакана личност, а голем е и бројот на оние кои плашливо се кријат во безбедноста на семејниот дом, преплашени од заканите на минатите партнери дека ќе бидат убиени доколку не ја обноват веќе прекинатата врска.

Младите се многу малку упатени во поимот насилство во адолесцентските врски, a сето тоа што им се случува го ставаат во графата „нормално“ за сите нивни врсници. Но, тоа е далеку од нормално, далеку од нежниот бакнеж за добра ноќ и од слатката СМС порака исполнета со копнеж за следната средба.

планови како да ја спречи оваа појава, но ние ја игнорираме, надевајќи се дека таа едноставно сама од себе ќе исчезне. Нискиот праг на самодоверба и неможноста да се има врата на која ќе се тропне токму во овие мигови, ги уверува младите дека тие го заслужуваат тоа насилство и дека самите со своите постапки допринеле за тоа. Глувоста на службите за оваа појава, која зазема сé поголем замав меѓу адолесцентите и ставајќи го сето тоа во категоријата „детски работи“, досега нé чинеше неколку млади животи; зачестена појава на депресија, анорексија, булимија, затворање во себе, но и асоцијално однесување на многу млади девојки, целосно оштетени од малтретирањата, кои ги доживеале во својата љубовна врска. Но, не смееме да дозволиме оваа ситуација и понатаму да биде вон наша контрола. Не смееме траумите кои девојки ги доживуваат, слушајќи секакви навреди и трпејќи незаслужени удари, да поминат неказнето. Последиците кои ги остава оваа ситуација се ужасни, создава само идни насилници, кои мислат дека тоа е единствениот начин за покажување на страв од губење на саканата личност.

Сега мобилните телефони се исполнети со заканувачки пораки, исполнети со навредливи зборови, кои ја разоруваат нежната адолесцентска психа на младите девојки, кои се премногу нежни и ранливи за сами да се изборат со овој проблем. И ние, како држава, што имаме превземено во врска со овој проблем? Остатокот од светот прави стратегии и

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

31


Mladi So Stav Дали можеби неколку млади животи немаше прерано да згаснат, доколку навремено се реагираше, доколку навремено му се довереа некому, доколку навремено некој би застанал во нивна заштита? Се надевам дека со овие неколку напишани редови им дадов сила на девојките, кои во моментов се жртви на насилство во својата љубовна врска, сила која ќе им даде до знаење дека не се сами, дека не го заслужиле тоа, дека

MAGAZIN REVOLUCIJA

треба да побараат помош без чувство на срамење и дека, пред сé ќе ги води кон што безболен излез од лавиринтот во кој паднале. А, на останатите да им даде до знаење дека пред оваа појава не смееме да затвораме очи, мора да преземеме чекори кои ќе гарантираат заштита и поддршка за сите млади, кои залутале во агонијата која ја предизвикува насилството во адолесцентските врски. Наташа Димеска

32

BR.77 MAGAZIN

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor Tajnite na Amsterdam

Освен историја и културни споменици Амстердам може да понуди многу повеќе. Доколку сакате да поминете повеќе време со локалните жители или да ги откриете неочекуваните богатства на овој град - прочитајте го до крај овој текст. Ние ќе ви помогнеме да ги откриете тајните на Амстердам.

Имале свои правила и им било дозволено да го напуштат сестринството кога ќе решат да се омажат. Овој двор сега е во приватна сопственост, но за туристи секогаш е отворен.

Ве водиме на прошетка низ најдобрите скриени туристички места на преубавиот град.

Најпрво посетете го Бегуине. Тоа е едно од најубавите места во Амстердам. Тоа е двор кој датира од 1300 година, во него се забележуваат куќи изградени на стар амстердамски начин. Овој двор има интересна историја, поврзан е со многу историски настани, сестринство на католиците, па дури и чуда. Жените кои се приклучиле на сестринството на католиците живееле како калуѓерки, без воопшто да се заколнат пред Бога. Тие се грижеле за болните луѓе и ги учеле сиромашните.

Сигурно се прашувате која е следната тајна на Амстердам што треба да биде откриена? Сè што овој град нуди, најдобро ќе видите доколку патувате по вода. За таа цел, искористете ги велосипедите со чија помош ќе кружите по каналите на Амстердам. На секој од нив има место за 4 лица. Можете да уживате во преубавите пејсажи што ќе ги видите и да ги набљудувате одблизу куќите што се изградени покрај каналите. Исто така, можете да прошетате од Централната станица па сè до куќата на Ана Франк. Не заборавајте да понесете и фотоапарат, бидејќи ваквата авантура низ каналите на Амстердам, всушност е смешна авантура. За ова што следува можеби ќе бидете

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

33


Artvizor изненадени, но ДА, Амстердам има плажи.

Плажите: Зуид, Запад и Ијбург се лоциран�� околу периферијата на градот. Секоја од нив има свои ресторани, вода и песок. Доколку сакате ден на плажа во Амстердам, и тоа е можно.

MAGAZIN REVOLUCIJA

слободно време за да уживате. Луѓето од Амстердам, па и оние од околните места ја посетуваат областа „Amsterdamse Bos“ за да се релаксираат и уживаат. Паркот се протега на 137 километри, има околу 50 мостови и патека за велосипедисти долга 51 километар што го прават еден од најубавите паркови во Европа. Љубителите на природата ќе уживаат во чистиот воздух, 150-те различни видови дрвја и повеќе од 200 видови птици. Во паркот има тениски, фудбалски и хокејски игралишта. Буквално, има за секого по нешто.

Ако сте љубители на возење ролери, Амстердам е вистинската дестинација за вас. Секој петок со почеток од 20.30 започнува возењето ролери, и секој петок се вози по различен пат. Обично се поминуваат од 15 до 20 километри.

Постојат ресторани, барови и хотели од каде што ќе ги доловите неверојатните слики од Амстердам. Осигурајте се дека вашиот фотоапарат е подготвен за акција пред да го посетите Де Понт, до кој лесно се стигнува со велосипедите на вода. Посетете ги и Де Компазал, Ханекс Бум, Кафе де Јарен, Блу ресторанот и многу други места каде ќе се одморите и ќе уживате. За да сте дел од овој настан не треба да платите ништо, само одвојте 2 часа

34

BR.77 MAGAZIN

Покрај каналите во Амстердам ќе забележите неколку невообичаено тесни куќи. Една од најпознатите е зградата

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

Сингел 7, наречена најтесната куќа на светот. Куќата е едвај поширока од својата влезна врата, а се истакнува и со необичната фасада.

Денес 70.000 луѓе годишно ѝ се восхитуваат на црквата при посетата, а притоа и дознаваат повеќе за историјата на католиците во Амстердам.

Кога сме веќе кај архитектурата на градот, мора да нагласиме дека освен класичните и тесни куќи кои се наоѓаат покрај тунелот, има и модерни делови во градот.

Постојат повеќе цркви во Амстердам, но Ons’ Lieve Heer op Solder има посебна историја. Јан Хартман ја претворил својата куќа во црква која се чувала во тајност, тој никогаш не помислил дека ќе им послужи на католици кои 200 години по ред ја посетувале куќата, за на крај таа да стана еден од првите музеи на градот.

Zevenlandenhuizen е резултат на романтичниот копнеж за странски култури кој доминирал кон крајот на 19-тиот век. Во 1894 година, архитектот Тјерд Куперс добил дозвола за изградба на седум куќи во близина на Вондерпарк. Желбата да се доближат други европски култури до Амстердам се оствари - беа изградени седум куќи кои претставуваат седум различни култури. Секоја од нив се карактеризираше со посебен европски стил. Во Zevenlandenhuizen седумте куќи ги претставуваат земјите: Франција, Германија, Русија, Италија, Англија, Шпанија и Холандија. Откриваме уште една тајна на Амстердам. Тоа е Ons’ Lieve Heer op Solder - тајна црква во Амстердам, која е всушност сместена во куќа покрај каналот. Основана е од Јан Хартман во 1661 година, како контра одлука на одлуката за забрана на католиците во Амстердам јавно да ја практикуваат својата вера.

Градот е доста занимлив. Ние ви откривме дел од неговите тајните, само за да ви дадеме до знаење дека вреди да го посетите. Останатите тајни ќе ги откриете сами, при посетата на Амстердам. Извор: Нolland

Превод: Љубица Картова

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

35


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

THE IRON LADY (2011) Улоги: Meryl Streep, Jim Broadbent, Anthony Head Режија: Phyllida Lloyd Сценарио: Abi Morgan Продуцент: Damian Jones

Film za najpoznatata `enska figura vo politikata Од старт да речам, претпочетната секвенца е брилијантна. Сенилна, растреперена старица, завиткана во мантил и шамија, купува весник и млеко во дисконт на аголот, при што е присилена да побрза, од страна на непознат човек во костум и црн адолесцент; кога ќе чуе дека млекото е поскапено на 49 пени, ги ококорува очите како да го гледа Св. Петар. И ова е првиот момент кога гледачот ја

36

BR.77 MAGAZIN

препознава Мерил Стрип, во најновата улога на бившата британска премиерка, Маргарет Тачер. И иницијалниот шок од оваа глетка продолжува низ целиот филм и благодарејќи на внимателно напишаното сценарио и вештата режија, не ве остава да се акомодирате на чувството. Мерил Стрип е фантастична Тачерка во секој поглед; гласот, држењето, движењата и изразите, се како клонирани

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

од оригиналната премиерка. Соживеана во ликот и карактерот и благодарејќи на простетика од прва класа, Стрип го носи на екранот целиот карактер и личност, на Тачер, од нејзините трисетина години до нејзините осумдесетина и кусур. Толку е верна на својот талент, што сметам дека оваа актерка може цела една сцена да одржи само со трепкање на очите. Од круцијално значење е што и самата Мерил има харизма што може да се мери со таа на Тачер и би рекол дури и сличен начин на размислување што во филмот ја прави да изгледа како некаков аутсајдер во друштвото кое најчесто го чинат бели, дебели и стари политичари од општината Вестминстер. Вистина дека, Мерил, физички е попривлечна од Маргарет, бидејќи има подобра коскена структура како и тен на кожата, но тоа само ја прави ролјата попривлечна за публиката. Да сумирам дотука: актерката го заслужува добиениот Оскар и филмот вреди да се изгледа само за да се види Мерил Стрип како Маргарет Тачер.

Роаш, која делува уверливо, со својот, крупни-светкави-очи-и-полуотворенанеразговетна-усна-гримаса, изглед. Ликот на младата Маргарет е дополнет од таткото Алдермен Робертс како и од Хари Робертс, кој бил првата и единствена љубов на премиерката. Постарата верзија на него, одн. сопругот на Маргарет е толкуван од Џим Бродбент, кој му дава некаков хумористиченситком оквир на ликот. Оливија Колмен, последен пат видена како малтретираната сопруга во „Тираносаурус“, овде е во улога на нападната и заморна ќерка, Керол, која ја гњави мајка си со сè и сешто до бескрај. Сепак, мора да се спомене дека не е баш сè мед и млеко. Сценариото е малку пренасочено кон теми како ужасот на стареењето и загубата на саканите нешта, што е дури и пренагласено кај поранешната премиерка и вака добиваме филм кој не се концентрира на воздигнувањето на ликот, ниту на врвот што еден обичен човек би го постигнал, туку имаме филм концентриран на падот и пропаста на една, социјално и политички возвишена личност. Со ова кажано, ова е филм во кој се мешани и факт и фикција, а не објективно пренесена приказна. Земајќи предвид дека авторот на сценариото е жена, морам да истакнам дека филмот дава впечаток на амбициозна феминистичка верзија на Кралот Лир, но по цена на речиси комплетна блокада на политичкото значење на Маргарет Тачер како премиерка на Британија, што сигурно ќе влијае на гледачите од таа држава и тоа без разлика дали биле За или Против Железната Леди.

Понатаму... Железната Леди, како помлада верзија, е добро одиграна и од новата актерска надеж, Александра

Инаку, приказната се одвива во нашата, модерна реалност. Со повремени флешбекови во младоста на Тачер,

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

37


Artvizor

MAGAZIN REVOLUCIJA

благодарејќи на сенилноста на нејзиниот ум. Попрецизно, ова се осум-девет години од смртта на сопругот Денис и сега, Маргарет, далеку од бурните политички води, заматена од деменција и ослабена меморија, разговара со покојниот сопруг иако е свесна дека тој е мртов.

биде сфатено како субјективен поглед на Маргарет на историските настани, а не како вистинска историска хронологија. А, самата проценка е таа на амбициозна жена која сакала и успеала да стане некој, чија личност и дејствија имаат ефект врз светот.

И како што „напредува дејството“, Маргарет вложува напори да се отргне од сеќавањата на поубавите денови кои ја прогонуваат и заедно со ќерката Керол, ја исфрла облеката на својот сопруг сакајќи сама на себе да си докаже дека сè уште не е за во дом за старци или лудница. Но, во нејзиниот живот се појавуваат постојани потсетници на минатото, кои не ѝ даваат мир на Маргарет, која на сите „провокации“ како што се луѓето на улица, вестите на телевизорот, посета од докторот и слично, реагира така што ревертира во својата некогашна персона – премиерката на Британија.

Сепак, ваквото сценарио има и историски недоследности на кои укажала и самата Маргарет Тачер (може да погледнете нејзини реакции на YouTube). И уште; има многу материјал кој е недопрен од страна на сценаристката. Настани како влијанието на Маргарет врз Советскиот Сојуз како и тоа врз Роналд Реган... Поентата ми е, дека сценариото за цел имало да покаже како една жена се пробила во машкиот политички свет, потпирајќи се на поддршката на сопругот.

Вака, сè што следи гледачот, треба да

38

BR.77 MAGAZIN

Попросто кажано, ова е женски филм, од почеток до крај. Оваа изјава ја поткрепувам и со аналогија на една

REVOLUCIJA


MAGAZIN REVOLUCIJA

Artvizor

сцена каде што камерата зумира на обувките од политичарите на Оксфорд, при што единствен пар на црно-бели штикли штрчи меѓу дузината црни, машки чевли. Кога веќе ја спомнав камерата, режисерот, Phyllida Lloyd, која исто е жена и која го режираше мјузиклот Mamma Mia!, повторно со Мерил Стрип и кој се смета за најуспешен британски филм на сите времиња, можам лесно да кажам дека филмов, Железната Леди е снимен како хибрид, меѓу Мама Миа и филмот Кралскиот Говор (повторно од истата режисерка). Но и покрај ваквиот пристап кон оваа сторија, т.е. симфоничното рекламирање на нејзиниот подем во машкиот свет како и загубата која секој човек ја искусува со стареењето, всушност предизвикува некој вид на привлечност на филмот и тоа кај оној дел од публиката за кои би се рекло дека се нејзините непријатели/противници. Всушност, како некоја феминистка би била против ваква приказна?

Секоја грешка или непромислена одлука сторена во Кабинетот, може да се препише на сегашната болест, деменцијата, која ја довела до сегашната состојба на социјална и ментална беда. Уште подискутабилно и морално неодговорно од режисерката како и сценаристката е една сцена, каде Маргарет се принудува да каже збогум на халуцинацијата на покојниот сопруг и едноставно заминува, додека во позадината се слуша птичји пев. Целата сцена потсетува повеќа на збогување од страна на Маргарет кон светот на живите, А ЖЕНАТА Е СĖ УШТЕ ЖИВА! Во секој случај и при секој поглед, ова е сепак филм кој мора да се види. Зошто? За Мерил Стрип; за тие што ја обожавале Маргарет Тачер; за тие што ја мразат Маргарет Тачер; Најнапред... за тие што сакаат да видат филм со квалитет. Се читаме Конечна оценка 8,0/10

Владимир Неделковски (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

BR.77 REVOLUCIJA MAGAZIN

39



Револуција магазин бр.77