Issuu on Google+


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

8 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА

страна 2

Автор: Влатко Неделковски


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

8 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА

страна 3

Содржина Неделна панорама ..................................................................................... 03 Што е „Окупирај го Волстрит“? ................................................................... 08 Пофалба за храброста на демонстрантите ................................................... 10 Америка е вистинското лице на капитализмот .............................................. 14 2011-та е полоша од 2008-та ...................................................................... 17 Како ќе се преброиме? ............................................................................... 20 Дилма се врати кон корените ...................................................................... 27 „Болната“ ерекција на „чичкото со лижавче“ ............................................... 30 Образованието – жртва на политиката ........................................................ 33 Да не се гасне ѕвезденото небо... ............................................................... 35 INGLORIOUS BASTERDS (2009) ................................................................... 38 Православен Суперхерој ............................................................................ 42

Импресум „Револуција“, магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458 Адреса: Востаничка 67б-7 1000, Скопје Република Македонија revolucijamagazin@mkrevolucija.com http://mkrevolucija.com/ 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94 Oсновач и главен и одговорен уредник М-р Митко Јованов, e-mail: mitko.jovanov@mkrevolucija.com Заменик на главниот и одговорен уредник и администратор Славица Ѓоргиева, e-mail: slavica.gjorgieva@mkrevolucija.com Помошник на главниот и одговорен уредник и администратор Елена Павловска, e-mail: revolucijamagazin@mkrevolucija.com

Соработници: Сенада Ибраимова, Светлана Пеншовски, Атанас Величков, Методиј Најдоски, Владимир Неделковски

Издавач: МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300 Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Адреса: Востаничка 67б-7 1000, Скопје 00 389 76 52 93 89 00 389 75 63 44 94


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

Не дај Боже сосед да те попишува Значи, не дај Боже да те попишуваат соседи... Од инает ќе испадне дека не постоиш и покрај фактот дека егзистираш на планетава Земја... Нашиве комшии никако да ги напуштат комплексите од минатото... Не дека ние немаме комплекси од минатото, ама барем за нас не е толку важно, ние не сме дел од НАТО и ЕУ... Ако си дел од овие елитни друштва треба да бидеш држава за пример и да даваш уроци по демократија...

Албанија вети нормален попис, ама тоа остана само на хартија... На попишувачите им е гајле, бидејќи се обучени и знаат дека во Албанија сите се Албанци, а малцинствата се една ситница... Грција, никогаш пак, не се ни замарала за тоа дали во пописот ќе има место за малцинствата... Вистински пример за тоа, како демократија секогаш мери со различен аршин... Во Бугарија според последниот попис има 1654 Македонци... На следниов попис како што тргнало, Македонците по име ќе ги објавуваат... Вака драги мои

страна 4

Бугари не е фер... На нашиов попис, што е во тек Вие си имате графа... Каде е реципроцитетот..? Каде е демократијата..? Нема ни Д од нејзе...

Гордиот „непријател“ на Македонија

Господине Кацин, дајте Ви се молам... Смирете ги малце емоциите, сите знаеме дека нашиот премиер не е во Вашиот список со омилени политички лидери... Излезе дека, една мала група од Македонија, која јавно навива за Вас е интелектуалниот темел на нашата нација, а сите останати, кои не се замараат со Вашата персона се меко кажано „непросветени“... Тврдиот варијант е „ограничени сељаци“... Тоа само како информација... Според Јелко Кацин, Македонија ја провоцира Грција... Господинот Кацин изгледа нема поим дека Грција не го признава нашиот јазик и нација... Кацин изгледа не знае дека „лулката“ на демократијата ја блокира нашата евроинтеграција само поради фактот дека се викаме Македонија... Дали сето тоа не е провокација, кон нас, господине Кацин... Нема врска и да нè провоцираат ние мораме да ќутиме, затоа што сме мали... Малите секогаш треба да си ќутат бидејќи ќе дојдат големите батки и ќе им мавнат по една воспитна...


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

Има една стара и мудра изрека: „Боже чувај ме од пријателите, од непријателите сам можам да се чувам“... Ќе застанам овде затоа што ќе ја преминам границата на доброто однесување...

Дон’т вори-Турците дојдоа Клиничката болница „Систина“ продаде половина од својот капитал на турската здравствена корпорација „Аџибадем“. Менаџерите на овие две болници продажбата ја официјализираа со потпишување договор за партнерство. Зделката е вредна 20 милиони евра со што „Систина“ стана дел од мрежата на „Аџибадем“, водечка здравствена групација во Југоисточна Европа. Со новото партнерството, „Систина“ влегува на меѓународниот здравствен пазар, а моделот на успешна приказна на „АџибадемСистина“ ќе биде инспирација новата компанија да отвора исти болници во регионот.

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

страна 5

Едно е јасно драги мои, со Турците шега не бидува... Не поминаа и десет дена, откако Реџеп Таип Ердоган вети турски инвестиции и еве ги... Дојдоа... На тоа му викам јас експедитивна работа... Сега да се надеваме дека нашите пријатели од југ нема да застанат и ќе продолжат со инвестициите. Кога ќе фатат сега турските бизнисмени со тоа инвестициите, леле леле буден почнувам да сонувам... Фабрики, чуда, ако не за друго барем народов малце да излезе од апатијата и да се фати за работа... Има сентиш момент, драги мои, 500 години не се мала работа, нормално е да има обострана симпатија... Турците за инает на Јунанистан има да нè позлатат...

Што се вика, ако имаме повеќе среќа во идните турски фабрики на наша територија, може како во доброто старо време пак да се исплаќа К-15... Пак ќе има одмори и пак платите ќе ни остануваат до пола непотрошени... Ќе речете дека се само соништа, ама еве Ви доказ дека и соништата можат да станат реалност...


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

Италијанска работа

Италијански новинари ќе ја промовираат Македонија и ќе прават репортажи за земјава и за условите што им ги нуди на странските инвеститори, изјави македонскиот премиер Никола Груевски, по средбата со својот италијански колега Силвио Берлускони. Груевски не прецизираше дали тоа ќе бидат медиумите на премиерот Берлускони, но рече дека би било интересно италијанските граѓани да дознаат за можностите на Македонија, како што се даночните олеснувања и другите поволности. Дечки, Италијаниве ќе нè промовираат... Пазете со однесувањето... Дајте барем додека трае промоцијата на Македонија, да не си ја покажуваме сељанијата... Замислете само, на РАИ Уно (може и Дуе) емитуваат фудбалска средба од италијанската калчо лига, и за време на паузите врват интересни клипчиња од нашите прекрасни градови а Бога ми и села... Земјата на Кунг-фу Пандев... Дон Силвио ти е шоумен до коска... Сигурен сум дека добро ќе го смислат штосот... Македонија е прекрасна земја и нема да е лошо Италијанциве да потрошат некое евро овде за да се убедат во тоа... Да се надеваме дека тие поуспешно од Грција, ќе се опорават од должничката криза и ќе пуштат некоја и друга инвестиција на кај нас...

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

страна 6

Јас мислам дека на странските инвеститори, не ни треба да им се зема данок, ако решат да прават бизнис во Македонија... Нека вработат луѓе за да ја намалат невработеноста, даноците се лесна работа. И така не е лесно да се соберат, ама ние и покрај тоа совршено си функционираме...

Брзата храна крши коски

Kај младите во земјава постои опасност од појава на остеопороза бидејќи не се доволно физички активни, не внесуваат храна богата со калциум и витамин Д, туку се преориентирани на брза храна.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

- Остеопороза имаат дури 49 отсто од 11.000 пациенти што се снимале на апаратот за дензитометрија на Kлиниката за ендокринологија, но, за жал, од можни заболени 120.000 во Македонија досега се прегледале само 20.000 лица. Скршеници на колкови и на лакти поради ова заболување на коскеното ткиво добиваат најмалку 2.000 пациенти годишно, а лекувањето скапо ја чини државата - дури 8 милиони евра, предупреди д-р Снежана Марковиќ-Темелкова, ендокринолог и претседател на македонското Здружение за остеопороза, по повод европскиот ден на оваа болест 20 октомври. Епа, драги домаќинки и домаќини, навртете се на тенџерето, и во иднина, гответе почесто... Или ќе чекате редови за снимање на скршеници.

Со македонска возачка и во Шпанија Министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Фернандо де Галаинена Родригез, во име на владите на двете земји потпишаа Договор за заемно признавање и замена на националните возачки дозволи. Како што соопшти МНР, со Договорот се предвидени условите за заемно признавање и конверзија на важечките возачки дозволи издадени од надлежните органи во Македонија и Шпанија на

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

страна 7

лицата со легален престој во двете земји.

Значи, спакувајте се, додајте гас и правец- Камп Ноу стадионот во Барселона, но скокнете го викендов, затоа што играат репрезентации.

РЕК „Битола“ доби уште еден блок Во употреба е пуштен модернизираниот и автоматизиран втор блок од термоелектраната РЕК „Битола”. Со ова се реализира втората фаза од мегапроектот за осовременување на термоблоковите.

Инвестицискиот зафат почна минатата година со модернизација на првиот, а ќе заврши идната откако ќе се


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

НЕДЕЛНА ПАНОРАМА

осовремени и третиот блок. Ова е најголема инвестиција од изградбата на комбинатот до денес и чини 55,9 милиони евра. - Со модернизацијата ќе се зголеми инсталираната моќност на секој од трите агрегати за дополнителни 8,32 мегавати по блок или вкупно 25 мегавати што ќе придонесе за зголемување на производството на струја за 160 до 200 гигават часови на годишно ниво, без зголемување на потрошувачката на јаглен изјави Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ. Министерот за финансии изјави дека стабилното и квалитетно снабдување со електрична енергија е основен фактор за конкурентност на македонската економијата. Иако напредуваме со модернизацијата, нзаборавајте дека советите за штедење на електрична енергија сè уште важат.

страна 8


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 9

Што е „Окупирај го Волстрит“? „Окупирај го Волстрит“, е мирен протест, инспириран од Арапската пролет, кој започнa на 17 септември 2011 година на Волстрит во Њујорк. Организаторите имаат намера да останат на улица, додека нивните барања не бидат исполнети. Главната цел на протестите е привлекувањето на вниманието на јавноста кон криминална активност на големите банки и корпорации. Идејата за демонстрациите е на антикапиталистичката организација Adbusters – а поддржана е од организациите „Анонимуси“ и „Демократија сега“. Протестите се поддржани и од некои познати личности како Роза Бар, Мајкл Мур, Сузан Саранден, Ноам Чомски и други.

Подоцна кон протестот, кој се претвори во движење, официјално се приклучија и различни синдикати, политички партии и индивидуи. Во демонстрациите учествуваат главно левичарски организации - социјалисти, анархисти, независни, републиканци и демократи, иако тие немаат официјални водачи.

И покрај очекувањата дека во протестот ќе земаат учество околу 20 000 лица, во првите денови се собраа само околу 2 000. Тие носеа со себе вреќи за спиење, шатори, музички инструменти и постери. Полицијата сепак не им дозволи на демонстрантите да ги постават шаторите и да користат мегафони. Официјалните медиуми го игнорираат и не му даваат значење на настанот, за разлика од независните радио и телевизиски станици, што му даваат публицитет. Twitter и Facebook, исто така, служат за информирање на населението и организирањето на протестот. По апсењата, што се случија на 23 септември, протестите добија делумно покривање од страна на некои познати весници и списанија како Њујорк тајмс и Гардијан.

И покрај фактот дека настанот има мирен карактер, полицијата во Њујорк користи сила и извршува апсења. Некои од демонстрантите останаа во притвор повеќе од 24 часа. На 1


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

октомври 2011 повеќе од 700 мирни демонстранти беа уапсени на мостот Бруклин. На 5-ти октомври за време на мирниот марш низ улиците на Њујорк, полицијата повторно користеше физичка сила за да ги растера демонстрантите, кои се обидуваа да ги пробијат полициските барикади и да го

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 10

окупираат Волстрит. Слични вакви настани се случуваа и во други големи американски градови, како Сан Франциско, Сент Луис и Сиетл. Засега Лос Аџелес е единственото место каде што полицијата и градските власти официјално даваат поддршка на движењето.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 11

Пофалба за храброста на демонстрантите Оваа недела го посетив протестот „Окупирај го Волстрит“, пешачев по барикадираната улица, поминувајќи покрај издупчениот ѕид од поранешната зграда ЏП Морган, каде што се верува дека италијански анархисти во 1920 година детонирале бомба, што убила 38 луѓе. Тогаш свртив десно кај црквата „Света Троица“ и стигнав до кампот во Зукоти паркот.

Помеѓу младите демонстранти има и некои анархисти кои минатата недела се најдоа на насловните страни, особено откако 700 од нив беа уапсени поради блокирањето на мостот Бруклин минатиот викенд, демонстрантите што ги сретнав беа со благ карактер и во глобала беа љубезна група. Најгласни беа, кога се собраа во круг и почнаа да пеат „Ние сме промената, ние сме изгревот на сонцето, ние ќе удираме на тапаните“.

Протестот „Окупирај го Волстрит“, стартуваше пред три недели, а сега започна да се шири и во другите американски градови. Протестот беше објект на критики бидејќи нема водач, дека не е масовен и дека е без агенда. Јас мислам дека тие треба да се потпрат врз идејата дека се разочарани од банкарите и на фактот дека виртуелно ја имаат споделено таа идеја, и таа сè уште нема повредено никого. Политичките пораки што јас ги видов се исто така луди (еден од демонстрантите преку видео порака бараше затворање на федералните резерви и укинувањето на книжните пари) или имаат мал капацитет за да добијат широка поддршка. Социјална медицина и државна контрола врз банките, беа дел од барањата, што ги искажаа учесниците во протестите на Волстрит. Фактот дека кон протестите, што започнаа во средата, се приклучија и големите работнички сојузи, покажа дека времето на наивноста заврши.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

Ако протестите на Волстрит се поврзат со стандардните левичарски идеи, верувам дека шармот на овие демонстрации ќе го снема. Тоа ќе биде жалосно, бидејќи во идеализмот на демонстрантите има нешто моќно. Ние треба да живееме со Волстрит и со банките, бидејќи економијата има потреба од нив за да се развива, но треба да признаеме дека и демонстрантите ја кажуваат вистината. Нешто погрешно се случува и во Европа, сведоци сме како луѓето од двете страни на Атлантикот се оттуѓуваат еден од друг.

Силата на овој протест доаѓа повеќе од неговата форма. Таа е некаков вид на „тешкоподвижна“ демократија, во која сите мислења се разгледуваат од „генералното собрание“ во Зукоти паркот. Решенијата не можат да бидат блокирани, ако одредени единки, кои се малцинство не ги одобруваат. Еден од организаторите на протестите, 23-годишниот Ендру Смит ми кажа дека е тешко да се организира таков протест и додаде дека ако тој не е добро

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 12

организиран, нема да биде ефективен. Во лицето на политичкиот застој во конгресот и слабата активност на претседателот, перверзно е луѓето преку демонстрации да се здружуваат и согласуваат повеќе од било кога за случувањата околу нив, што навистина се многу комплицирани. Чудото не е во тоа дека демонстрантите немаат агенда, туку во фактот дека сè уште имаат волја да стојат надвор и да протестираат. Големо влијание врз градот изврши „Арапската пролет“, популарните протести против одлуките за штедење во Грција и Шпанија, како и начинот на кој беа организирани антиглобалистичките демонстрации во Сиетел, во 1999 година. Неодамнешен, повеќе домашен модел беше „netroots” (корени на Интернетот), кој претставуваше дигитално востание кое доведе до избирање на Хауард Дин, како претседател на Демократскиот Национален комитет во 2005 година. Постои историски преседан за вакво нешто, како на пример „The Diggers“ (Копачите), група на англиски земјоделци, кои верувале во економската еднаквост (тие се нарекувале „True Levellers“, за да се разликуваат од другата дисидентска група), го ископале ридот Св. Ѓорѓи во Сари и засадила зеленчук во 1649, во знак на протест.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

Тоа беше кратко откако Пуританците испловија до заливската колонија Масачустес во потрага по слобода и протестот „Окупирај го Волт Стрит“ доби особен квалитет, како да сака да се врати во блексавиот град на ридот. Протестот ја има силата на ненасилството и покрај тоа што така потешко дојде до внимание од „мејнстрим медиумите“. Протестите во Грција станаа насилни, а Лондонските немири донесоа пожари и грабежи. Спротивно од тоа, авторитетот тука беше разрешен по мирен пат - неговиот највознемирувачки акт беше седенката на Бруклинскиот мост.

Што понатаму? „Мораме да ги формулираме нашите барања и тие ќе мора да се разгледаат“ - вели 24годишнот Џеси Леви, кој на мојата група на посетители им го покажа логорот. И покрај тоа што првичната намера може да се постигне - следната е како сон - просечниот американски гласач, може да биде иритиран од финансискиот систем, но тие се далеку од претворање во анархо-синдикалисти.

страна 13

Најпаметно е да останат недопирливи. Како што вели г-н Смит: „Многу е моќно да немаш барања - вие момци од медиумите ќе полудете обидувајќи се сето ова да го етикетирате.“ Доколку пораката остане во медиумите, кој може да ѝ префрли нешто на група од млади, надежни и загрижени граѓани?

Банкарите се вешти во поднесување на широки барања за да го променат своето однесување во војната врз деталите. Тоа е јасно од таинствените спорови околу имплементацијата на Законот Дод-Франк, од тоа како да се дефинира „размена на извршување на објект“ според правилото на Вокер за тргување на имотот - и револтот на Џејми Димон или „JPMorgan Chase“ врз елементите на капиталните правила на Базел III . Подобро е „Окупирај го Волстрит“ да остане надвор од облакодерите и собите за состаноци и да продолжи со својата кампања на работ,


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

потсетувајќи ги вмешаните за револтот на народот. Ако ги присилат политичарите да не се мешаат во жалбите на финансиските сервиси на индустријата - тоа ќе биде нешто. Немаше многу „копачи“ и тие бргу беа протерани, но ние ги паметиме. Автор: Џон Гапер Извор: Financial Times

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 14


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 15

Од платформата на м-р Митко Јованов

Америка е вистинското лице на капитализмот На светот му требаат политичари за историски одлуки, а нас за одлуки по принципот на добар родител, кој не секогаш ги исполнува желбите на децата за да го сакаат

Избледува „американскио сон“ „Американскиот сон“ е синоним за успех, не само во Соединетите американски држави, туку во светот. Сценариото е познато: Од дното во општеството, луѓето со своите способности и труд, се издигнуваат во врвовите на општествените скали. „Американскиот сон“ е производ и доказ за слободата и демократијата што постои во Соединетите американски држави. Овие вредности се „извезуваат“ повеќе од пет децении во светот, и се поттикнуваат и другите народи, да се борат. Денеска милиони американци изгубија доверба дека ќе им се случи „Американскиот сон“. Тие се доведени во социјална состојба од која реално спијат со кошмари. Се будат со неизвесноста, дали банката ќе им ја одземе куќата, или пак, дали ќе можат следната ноќ, да преноќат во колата, или и таа, ќе дојде на ред за конфискација, бидејќи ја изгубиле работата и не можат да ги отплаќаат долговите кон банките. Милиони Американци од пристојно ситуирани граѓани, буквално преку ноќ, стануваат

сиромашни. Анкетите зборуваат дека мнозинството граѓани во САД, веќе не веруваат во „американскиот сон“. Тие го изгубиле оптимизмот дека повторно ќе се издигнат, од таму, каде што сега паднале, на најниското социјално дно. Исто така, веруваат дека нивните деца, ги чека уште поголема неизвесност, и полоши услови за живеење. Четворица од десет добро образувани граѓани, кои добро заработуваат, и го сочинуваат јадрото на средната класа, не се оптимисти дека ќе можат да го задржат социјалниот статус. Податоците кои се презентираат во јавноста, зборуваат дека секој десетти возрасен Американец купува храна од државните маркети, исто така од нив, се храни и секое четврто дете. Наспроти овие податоци, се објавија и бројките кои покажуваат дека американската економија почнала повторно да расте после избувнувањето на финансиската криза. Економскиот раст се случи порано, отколку што се предвидуваше. Милионите долари што повторно ги добиваат банкарите во форма на плати, бонуси и други привилегии, прометот на берзите повторно го достигна нивото од пред кризата, бројот на милионерите е пораснат за17 % во 2009 година.... Тоа се показателите за повторниот раст на американската економија, која во реалноста,


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

немаат допирна точка со стандардот на мнозинството американци. Невработеноста и натаму расте. Оваа состојба, не е непозната за капитализмот. Ваквиот феномен добро го познава историјата, која го забележала како експлоатација на трудот. За потврда на тоа, зборуваат податоците за големата разлика во економската распределба во општеството во изминатите 30 години на економски бум. Имено, во 1978 година, мажите заработувале во просек 45. 875 долари годишно, додека во 2007 година, просекот изнесувал 45.113 долари. Прсеметката е исчистена од влијанието на инфлацијата. Според водечката онлајн колумнистка Ариана Хафингтон, тоа зборува дека парите завршуваат во профитите на компаниите, во платите за менаџерите, тешки по десетици милиони долари, во шпекулативни заработки на берзите... Со еден збор, кај мал дел на луѓе, кои имаат најмногу богатство. Во периодот на изминатите три децении, заработувачката на 90 отсто од американците, е незначително зголемена, додека на останатиот дел од популацијата, околу 10 отсто, заработката им е зголемена за три пати. Во 1973 година, една третина од сите остварени профити во САД, влегувале во џебовите на најбогатите; денеска таа бројка, е искачена на 60 отсто. Во 1950 година, менаџерот на фирмата заработувал 30 пати повеќе од обичниот работник, денеска

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 16

разликата е над 300 пати. Економската нерамноправност денеска достигнува размери, како од дваесеттите години на двасетиот век. Растечката економска нерамноправност, во изминатите децении, САД ја покриваат преку задолжување, потикнување на потрошувачката, преку шпекулативни берзански активности, во периодот на владеењето на Бил Клинтон, и преку ефтините кредити за купување недвижности, што доведе до пукање на финансискиот балон. Денеска САД се меѓу најзадолжените држави со долг од над 13 билиони долари. Долгот на државата не значи ништо друго, освен повеќе привилегии и богатство за најбогатите, на сметка на останатите грѓани. Токму кај нив, државата во голем дел е задолжена. Поради долгот, државата ги редуцира социјалните трансфери и сервиси, и граѓаните да го задржат социјалниот статус, се принудени да работат повеќе, и за пониска цена. Сепак, далеку од тоа, дека осиромашувањето на Американците, е исто како и осиромашувањето на граѓаните во Македонија. Претставата за сиромаштијата во САД, не е иста со таа за сиромаштија, што ја имаме ние во Македонија. Имено, ако просечниот Американец, пред финансиската криза, купувал чевли од 250 долари, денеска одвојува 230 долари. Претходно, ако едно четиричлено семејство, можело да си дозволи за вечера да


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

потроши 100 долари во јапонски ресторан, сега одвојува 50 долари и затоа оди во поевтините мексикански ресторани. За американски услови, овие бројки се алармантни и општеството постепено се поларизира. Гневот кај граѓаните се зголемува, тоа го чуствуваат и во високите слоеви меѓу топ богатите луѓе. Токму на тоа се должат нивните најави, дека после смртта, најголем дел од богатството, ќе го донираат во добротворни цели. Вербата и надежта за промени во претседателот Барак Обама, се стопија со стотиците милијарди долари државни пари дадени на банките за да се спасат од банкрот. Сериозни сомнежи постојат, дека одлуката на Обама да ги спасува банките со државните милијарди пари, е негово раздолжување спрема „Волстрит“, заради финансиската подршка што ја добивал на изборите. Токму во финансискиот аспект на избирачкиот процес, е клучната фалинка во денешниот начин на функционирање на демократијата. Волјата и интересите на граѓаните, се забораваат и губат, во финансиските релации меѓу политичарите и нивните финансиери. Политичките кампањи денеска достигнуваат вулгарни размери. Централно место немаат понудените политики и решенија, туку гламурозноста на политичките собири, потрошените милиони за водење на политичката кампања. Неопхподно е

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 17

формите на водење политичка кампања, законски да се зауздаат. Клучно за победа на подобрата политичка платформа, а не кој има повеќе пари, е да се ограничат ресурсите на партијата или кандидатот за водење изборната кампања. Независно дали тие би можеле да обезбедат донатори и спонзори. Маркетингот треба да се исфрли од владеењето со граѓаните. Маркетингот ја претвори демокартиајта во „маркетингкратија“. Политичар кој не се обврзал и задолжил кај милијардерите и милионерите, ќе може да ја реализира програмата и да ги спроведе потребните промени и реформи. Другото, е игра на зборови, манипулација на граѓаните, односно политички маркетинг. На светот денеска му се потребни политичари кои ќе носат историски одлуки. А нас во Македонија, ни е потребен политичар, кој ќе ја креира државната политика по принципот на добар родител, кој не секогаш ги исполнува желбите на децата за да го сакаат. Неговата цел е да ги изведе децата на правилниот пат, иако тие ќе му се лутат. Сепак, тој е убеден и знае, дека тоа е најдобро за нив, односно за граѓаните и државата.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 18

Европскиот банкарски систем е на работ од колапс

2011-та е полоша од 2008-та Според Кит Фиц Џералд: „Не сакам да звучам алармантно, но изгледа дека Европскиот банкарски систем и воопшто глобалниот банкарски систем се движат до уште еден колапс. Тоа значи дека само за неколку месеци, акциите може да се вратат во состојбата како во 2009-та година, а цената за златото да биде над 2500$ за унца. Ова е најлошото сценарио, откако за прв пат се појавија во јавност европските долгови.

што доби милијарди долари владина помош, така што исплати 165 милиони во бонуси на своето раководство. Американскиот претседател Барак Обама се придружи на хорот изливи на лутина заради потегот на осигурителната компанија. Ако ова не ги изненади упатените будни следачи на ситуацијата, секако ја изненади толпата која гледа со розови очила и европската должничка криза почнува да ја мие на нашите брегови.

Како знаеме дека токму тоа ќе се случи? Затоа што секој, кој има проблеми за добивањето на потребните пари - секогаш позајмува кога се наоѓа во крајна потреба. Европската Централна Банка пред извесно време позајми 500.000.000 долари на непозната банка во Еврозоната, преку кредитен механизам кој беше во хибернација во минативе 12 месеци (со мал исклучок во февруари со 70.000.000 долари). Иако овој факт доаѓа како изненадување, меѓутоа знаците за предупредување секогаш беа пред нас. Всушност, јас ги предупредив читателите на Money Morning пред извесен период - дека Еврозоната може да има своја AIG (American International Group Inc. британската компанија која што во 2008-мата година се спаси од пропаст). АИГ пријави огромни загуби во своето работење, по

Токму затоа, акциите од САД и наоколу во светот, неодамна се земаат како здраво за готово, бидејќи официјалната приказна е дека загрижените за должничката криза - ни сугерираат дека повторно се лизга нашето тло кон рецесија. Меѓутоа, тоа што навистина ни се случува пред очи е сликата дека трговците сакаат брзо да ги ликвидираат своите имоти и да подигнуваат пари додека сè уште можат.


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 19

Токму затоа акциите, корпоративните обврзници, индустриските матали, нафтата – се трупаат во резерви како златото, доларот, јенот. Федералните резерви на САД веќе ангажираа сектор за контрола на штетата, а во исто време, претседателот на федералните резерви на Њујорк изјави дека „ризиците за рецесија се многу ниски“ и покрај анемичниот раст. Затоа почнаа озборувања дека Џексон Хол во својот говор, ќе најави нови монетарни стимулативни мерки.

системот на циркулација во човечкото тело. Ако системот отиде во шок, тогаш имаме негативна себеуништувачка реакција. Во исто време размената на еврото е на најниското ниво.

Навистина, кого залажуваат?

Премијата што ја плаќаат европските банки за заемот е на најекстремно ниво уште од кризата во 2008-та година. Сумата за конвертирање од евра во долари за исплата, мерена во тромесечие - падна на 93 основни поени, тоа укажува на повисока премија за купување долари. Историски гледано - сè што е под 150 основни поени, сугерира за банкарски неуспех. Банките се повеќе загрижени за ликвидност на според нив „официјалните извори“, отколку на отворениот пазар. Тоа е така поради две причини: 1. затоа што не можат да го добијат од други извори и 2. затоа што не веруваат во други банки, кои инаку би служеле за нивни спротивни „партии“. Запомнете, тие заработуваат 0.75% од нивниот депозит што е помало враќање, отколку кога би позајмувале на други банки,

Оваа криза нема никаква врска со ликвидноста (против која се борат централните банкари), а има врска со кредитоспособноста (за што вистина треба да се борат). Не само што ризикот од глобална рецесија – се наближува од минута во минута, но верувам дека концентрацијата на ризик се наближува кон критичната маса. Да се вратиме во 2008-та година, кога се зголеми понудената стапка преку ноќ. Овој факт, нашироко се смета како показател за огромен страв во европскиот систем, и тоа на нивоа за кои не сме слушнале уште од април 2009-та година, а брзо растеа во 2008-та, т.е. во екот на кризата. Овие стапки преку Лондонската Меѓународна Понудена Рата (LIBOR) - се повратна информација како функционира


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

што докажува дека вредноста е поголема на враќањето од нивните (туѓи) пари, отколку враќањето на сопствените пари. Банката на федерални резерви го намали депозитот од 900 билиони на 13-ти јули на 758 билиони долари на 3-ти август. По извесно истражување наоколу - од сигурни извори наслушнав дека ќе се намали до 500 билиони неделава што значи околу 50% пад за само неколку недели. Во исто време банките во Европската Унија побаруваат пари, не затоа што сакаат, туку затоа што имаат потреба од тоа.

Како да се подготвиме за уште еден банкарски бум? Очекувам централните банкари да дадат напори и уште еднаш да се обидат да ги спасат работите. Ова се неколку чекори кои треба да ги преземете: купувајте злато сребро, лекови, нафта; инвестирајте во специјализирани фондови за размена и наважно е ДА

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА

страна 20

ПРОДОЛЖИТЕ ДА КУПУВАТЕ, но променете ги тактиките (секогаш додавајте просечно по еден долар плус).

Нема потреба на одлуки од типот сè или ништо, кога начинот на размислување не одговара на условите на пазарот. Треба да знаете дека 100% ги промашувате погодоците доколку се одлучите да не пукате, па оттука, не е профитабилно и доколку само стоите од страна. Извор: Money Morning Подготвила: Светлана Пеншовски


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

МАКЕДОНИЈА

страна 21

Елена Павловска

Како ќе се преброиме? „Малцичка сме ли ете па што, малцичка божем а веќе со векови, по стопати по севезден нè пребројуваат“ - вака велеше еден од најпознатите македонски поети Гане Тодоровски, пред многу години. Колку само визионерски звучат овие стихови сместени во денешното општество и нашето секојдневие?! Со векови нé бројат и пребројуваат и надбројуваат и, пак, постојат дилеми околу тоа колку сме и дали сме ние ние или, пак, некои други. Како ли само се пребројуваат државите со стотици милиони, па и милијарда жители? Самите ние не можеме да се организираме за да спроведеме една наједноставна законска процедура - пребројување или, пак, стручно кажано попис на населението.

А зошто? Затоа што политиката во македонската реалност толку далеку е навлезена во с’ржата на нашето битосување, што мора да ги вмеша своите прсти

во секој домен од животот на своите граѓани. Сé повеќе се чувствуваме како шаховски фигури во рацете на големите етнички партии, кои со нас ги планираат своите потези, своите блефирања, своите трампи. Па што ако и се изгуби некоја фигура во текот на играта...

Зошто попис? Попис на население или цензус претставува организирано прибирање на разни податоци за населението кое се спроведува во една држава.

Со пописот на жителите, често се прави и попис на домаќинства, стопанства, и бегалци. И како што вели рекламата која оди на телевизиските медиуми „Ако знаеме колку сме, ќе знаме што понатаму да правиме“. Ова им било познато на народите отсекогаш. Примитивни облици на попис биле правени од Вавилонците (3800 п.н.е), Грците, Евреите, Кинезите, Египќаните и


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

Римјаните. Овој попис се правел со цел да се евидентира воената сила, со цел исполнување на даночни обврски итн. Првиот модерен попис е направен на Француската територија во Канада во 1665 и 1666 година. Пописот на населението во Македонија се спроведува секои десет години. Досега се реализирани вкупно осум, од кои последниот во 2002 година. Се очекува тој да ги даде и вистинските податоци за бројноста на етничките заедници. Значајноста на пописот е воочена уште од неговите први почетоци. Пописот, пред сé е статистичка операција преку која се гледа сликата на државата во даден момент. Пописот не е операција која ќе даде одговор само на прашањето на бројот на населението, како што многумина кај нас го сфаќаат, туку од него треба да произлезат голем број информации за демографските и за социјалните обележја на населението. Податоците што произлегуваат од пописот се значаен извор на информации што служат за планирање на општествено-економскиот развој на државата. Тоа е најнормалната и наједноставната работа во едно демократско општество. Но, како по обичај, и како за други работи, во Македонија доминантно гледиште на пописот е политичкото, и преку него одредени политички чинители настојуваат да наметнат одредени прашања од

МАКЕДОНИЈА

страна 22

политички карактер. Во пописот кај нас, за разлика од другите држави, е доста присутна политичката компонента која го оптоварува и го проблематизира.

Државата се гледа како поле на натпревар меѓу народите, но не културен како што велеше Делчев, туку етнички. Голем број на граѓани во Македонија на пописот гледаат како инструмент преку кој, конечно, припадниците на различни етнички групи ќе си ги одмерат силите во поглед на нивната бројност.

Контроверзии околу пописот Ќе има ли фалсификат? Најави за бојкот, кој да се попише, оставки на одговорните лица во „пет до дванаесет“ пред самиот старт на пописот и слично. Не, не е ова ништо, ова е само мала ситница. Секој спроведен попис на македонската територија е пропратен со скандали, бојкоти, непризнавање на резултатот. Да се потсетиме: во 1991 година ПДП ги повика Албанците на бојкот затоа што не беше задоволна со некои законски решенија (бараше еден примерок на пописниот образец


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

да остане кај попишаните граѓани). Поради делумниот бојкот, се направи нов попис во 1994 година, а поради воениот конфликт, следниот редовен попис, наместо 2001 г., беше организиран по една година, после Рамковниот договор. Неколку години подоцна излегоа обвинивања дека пописот е фалсификат и неважечки, дека Албаниците намерно се прикажани во поголем број, со цел да опстане Рамковниот договор и на тој начин да се купи мирот во државата. Но, официјално овие тврдења и обвинувања ниту се потврдени, ниту се негирани. Непосредно пред самиот почеток на годинашниов попис тогашната претседателка Весна Јаневска, си даде оставка со образложение дека смета дека пописот е политизиран и се најавува уште еден пописен фалисфикат. Нé не изненади толку фактот што таа дава оставка и смета дека пописот е политизиран, колку што нé изненадија зборовите „уште еден фалсификат“. Нејзината изјава дека „не е прв, дека не сака да учествува во уште еден фалсификат“, зборот „уште еден“ зборува дека нешто се случувало и претходно. Кој попишува? Попишувачите се административци кои беа избрани и кои поминаа соодветна обука. Но, проблемот настана што на списоците на пописната комисија, без консултации, се најдоа новинари на МТВ, балерини, актери, медицински сестри. ДПК морала да води сметка дека

МАКЕДОНИЈА

страна 23

класичните административци, правници и економисти, кои работат административни работи, се најсоодветни и од нив да се ангажираат попишувачите, а не во него да се најдат балетани, актери, кустоси на музеи, што не се компетентни за работата и кои не ги исполнуваат условите според Законот за попис.

Кој ќе се попишува? Уште една забуна која го проследи овој процес. Неколку албански невладини организации најпрво протестираа против априлскиот попис, кој се одложи, а подоцна упатија и повици до етничките Албанци, кои на некој начин се поврзани со ова тло да се вратат во Македонија, додавајќи дека „пописот ќе биде од клучно значење“ и дека „албанската дијаспора треба да се активира“. Тука се применуваа оние зборови на Кочо Рацин „та не сме саде ние, та не сме саде тука“. Но, попусто. Различни информации се добиваа од македонските, а различни од албанските во врска со оваа прашање. Подоцна излезе соопштение дека локалните невладини организации, кои се обидуваат


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

МАКЕДОНИЈА

да ги мобилизираат албанските емигранти на овој начин биле „погрешно информирани“ за тоа кој би можел да учествува во главното броење. Но, зошто? Зарем никој не се сети да го земе Законот за попис во раце и да го прочита? Според овој закон и според меѓународните стандарди, се попишуваат сите лица што имаат вообичаено место на живеење во државата и кои за време на пописот се на нејзина територија или, пак, се на привремен престој во странство пократок од една година. Државјаните на Република Македонија што повеќе од една година се надвор од државава поради работа кај странски работодавец или на самостојна работа, како и членовите на нивните семејства, не се попишуваат, бидејќи во согласност со меѓународните препораки за пописите, тие се единици на попис во друга држава. Сè е јасно, само што политичарите очигледно потешко сфаќаат. Се даваа различни изјави, се најавуваа бојкоти и што уште не...

Демократија на бројки Во Македонија функционира „демократија на бројки“ и тоа сите го знаат. Пописот секогаш имал етнички предзнак, кој најчесто има политичка заднина. Дел од македонските партии се сомневаат дека албанската заедница е помалку од 20 отсто, а од албанскиот политички блок се „калкулира“ со 25,17 отсто. Но, зошто се толку важни

страна 24

бројките? Базата на пресметките се бара во основата на Рамковниот Охридски договор, кој важи за малцинства, кои се над дваесет проценти. Доколку нема такво малцинство, тогаш одредбите практично не важат, и во таква ситуација ќе имаме формирање на нов политички дискурс, нов политички реалитет во Македонија.

Контроверзите околу реалниот број на припадниците на албанското малцинство траат долго и некои ги препишуваат на политички договор меѓу големите партии. Тврдокорните политички следбедници од сегашниот попис очекуваат да се покаже дека Албанците се помалку од дваесет проценти од вкупното население и дека тие податоци ќе послужат во партиските пазарења. Од друга страна припадниците на другите етнички заедници во кои најбројни се Албанците, се подготвуваат да докажат дека се многу повеќе и дека треба адекватно да бидат застапени во институциите на државата. Сето ова извира од еден погрешен политички пристап, односно тенденција од почетоците на независноста на


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

Македонија. Оттука и игрите и надмудрувањата нема да изостанат, но најреален исход од сето ова е дека ќе заврши со штета за сите нас.

Десет дена пред да почне пописот на населението, партиите како на ниту еден попис досега влегоа во теренски кампањи со лекции за нивното членство за оваа статистичка операција. Како Албанците на претстојниот попис да ги попишат оние членови на семејството што во моментот се на работа во странство, кои документи да ги обезбедат нивните роднини од Косово што подолго престојуваат во Македонија за да бидат попишани?

МАКЕДОНИЈА

страна 25

На која религиска заедница ѝ припаѓаат Србите - на Македонската или на Српската православна црква? Дали Турците треба да се впишат како Албанци за полесно да остварат некое право, предвидено со рамковниот договор? Дали Египќаните се Роми, а Македонците-муслимани - Торбеши? Ова се само некои од инструкциите што партиите, главно, со етнички предзнак деновиве ги испраќаат до своите членови. Најдалеку и најотворено со кампања за едукација на сопствените членови има отидено Демократската партија на Србите. Нејзиниот претседател Иван Стоиљковиќ речиси еден месец наназад на својот фејсбук-профил поставува информации и инструкции за тоа како треба да бидат попишани Србите. Изработен е и специјален видеоспот, кој се врти на Интернет. Самка Ибраимовски, пак, од Партијата за целосна еманципација на Ромите, најавува активност со цел да се бојкотира пописот од страна на Ромите, бидејќи пописот нема да даде реални податоци за оваа етничка заедница. Голем број нејзини припадници во овој период биле на работа во странство (А чии членови и не се?! Скоро сите етнички групи, па и македонската, спасот го бараат вон границите.) Таа вели дека долго време било манипулирано со оваа етничка група, па тие не се изјаснувале


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

МАКЕДОНИЈА

како Роми, туку како Албанци, Турци, па дури и Египќани.

Недоверба и сомнеж И покрај амбициите да се спроведе објективен попис, резултатите однапред ќе бидат спорни за многу субјекти кои се заинтересирани да прават политика од него. Некои поради политика, некои поради реален сомнеж, бидејќи ако тој ни започна по тие две оставки на првите луѓе на пописната комисија и со објективна конфузија кај многу попишувачи на терен, тогаш не е реално на крај да бидат расчистени сите недоумици. Работата во нашата мала држава е дека мултиетничноста е нејзиниот белег, но постои недоверба и сомнеж меѓу сите етнички ентитети во државата, а посебно меѓу двата најголеми: македонскиот и албанскиот. Довербата е една од најоспорените политички категории во демократскиот развој на Македонија. Од вторите парламентарни избори и кај сите досегашни, она нешто што недостигало била довербата. Сакале или не, тоа го отсликува

страна 26

нашиот „емотивен“ однос кон пописот, односно Албанците се сомневаат во пописот, Македонците се сомневаат во пописот, а двете главни партии во владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не можат да дозволат импровизации, па мораат, покрај некои технички и законски прашања, да ја менаџираат и недовербата.

Вака може некако да се реализира попис, но со ова расположение никогаш нема да се преброиме и да ја согледаме вистинската слика. Колку сме и кои сме не треба да биде тема за ничии пазарења. Убаво ни велеше Гане Тодоровски: „колку сме толку сме“!


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

МЛАДИ СО СТАВ

страна 27


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 28

Атанас Величков

Дилма се врати кон корените Дилма Русеф, првата жена претседателка на Бразил на 5 и 6 октомври беше во дводневна посета на Бугарија. Првата дама на најголемата држава во Јужна Америка ја посети, татковината на нејзиниот татко Петар Русев. Петар Русев пребегал од Бугарија во 20-те години на минатиот век поради политички причини, бидејќи бил активен член на Бугарската комунистичка партија, а во тоа време бугарската држава имала строга политика кон комунистите. Ќерката на Русев, Дилма тргнала по патот на својот татко и во 60-години била дел од герилска група на бразилските марксисти.

Дилма Русев се сретна со државниот врв на Бугарија и вети дека ќе направи сè што е во нејзините сили за да се зголеми економската соработка помеѓу двете држави. Претседателот на Бугарија Георги Прванов (социјалист), по стара комунистичка традиција ја награди Русев со највисокото државно одликување „Стара планина“. Претседателката на

Бразил го врати гестот и го награди Прванов со одликувањето „Јужен крст“...

Така е драги мои, кога Бугарите си имаат толкаво лоби во светот, нормално е да си го одликуваат... Ние и покрај теориите на Александар Донски дека британската кралица Елизабета Втора е со македонски корени, никако да ја довлечкаме во Скопје и да ѝ ставиме една медаља до штосните брошови, што ги носи... Но, тоа е една друга тема... Сакав да направам само една мала компарација... Бугарскиот претседател Прванов истакна дека посетата на Дилма Русев е од големо значење за Бугарите. Прванов додаде дека е убеден во развојот на бугарскобразилските односи на едно повисоко ниво, не само поради бугарските корени на сегашниот бразилски претседател туку и поради фактот дека Бугарија е дел од Европската Унија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакна дека посетата


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

на првата дама на Бразил во Бугарија е симболичен настан. Тој подвлече дека со помошта на Бразил, Бугарија ќе ус��ее побрзо да се опорави од финансиската криза, која во моментот ги тресе сите земји, што се дел од ЕУ. Борисов не пропушти да истакне дека државниот секретар на САД, Хилари Клинтон му кажала колку му завидува за фактот дека Бугарија има голем пријател во лицето на Дилма Русеф. За време на својот дводневен престој во Бугарија, претседателот на Бразил го посети родното место на нејзиниот татко, градот Габрово и царската тврдина Царевец во старата бугарска престолнина Велико Трново. Бразилскиот претседател изрази надеж дека Бугарија ќе го задржи трендот на економски раст, особено во моментот кога е актуелна кризата во Еврозоната. Според неа, двете земји можат да соработуваат во сферата на земјоделството , науките и високите технологии а исто така и во комуникациите. Бразил е влезот на Бугарија кон Меркосур (најголемото меѓудржавно обединување во Јужна Америка), а Бугарија е влезот на Бразил во Европската унија. Дилма Русеф, присуствуваше на бизнис форумот „Бразил Бугарија - одржливо партнерство“. Таму таа истакна дека треба да се искористи емоционалниот карактер на нејзината посета за да се

страна 29

зголеми економската соработка помеѓу двете земји. Посетата на Дилма Русев помина во најдобар ред... Според најавите на официјалните лица од бразилската делегација, треба да се очекува зголемување на бразилските инвестиции во Бугарија. Истите во моментот не се на највисоко ниво и има што да се бара во врска со тоа. На Бојко Борисов, народски кажано не му беше гајле дека, таткото на Дилма, Петар Русев бил комунист и покрај тоа што како што самиот Борисов истакнува, негов најголем непријател се комунистите...

Имаат среќа Бугарите... Фактот дека првиот човек на Бразил има бугарски корени им дојде како кец на десетка... Бугарската јавност беше воодушевена од фактот дека Дилма Русев се поздравуваше со бугарските граѓани на бугарски јазик и немаше проблем да го прекрши протоколарното однесување и да се однесува нормално со обичните граѓани, кои дојдоа да ја пречекаат на бугарско тло. Ние Македонците бидејќи не можеме да се пофалиме, дека


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

некој од големите светски лидери потекнува од кај нас, можеме само да се надеваме дека Реџеп Таип Ердоган ќе ги исполни своите ветувања. Турскиот премиер ни вети бум на турските инвестиции... Да не забораваме дека Ердоган истакна дека во Македонија се чувствува како дома... Дилма во Бугарија, Ердоган во Македонија... Две стабилни економии, кои се заинтересирани за инвестирање во двете соседни држави... Бесценето! За сè друго ќе се снајдеме и сами. Та, нели затоа сме Балканци?..

страна 30


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

страна 31

Атанас Величков

„Болната“ ерекција на „чичкото со лижавче“ Чичкото со лижавче и болни сексуални фантазии е некаде таму... Тој седи и го чека твоето дете... Тој е свесен дека нема да биде казнет, како што заслужува... Тој се храни со нашата пасивност и знае дека, ќе се најде некој да повика на чувањето на неговите права... Заборавете на толеранцијата и трпеливоста... Време е за кастрација... Русија е држава која покажува на дело дека не планира да се зае*ава со еден дел од популацијата, која сака сексуално да ги злоставува децата до 14-годишна возраст. На 322 пратеници од долниот дом на Руската Дума изгледа ич не им е гајле за човековите права на „суштествата“, кои преку своите болни активности ги уништуваат животите на своите жртви... Жртви, кои се дечиња... Руските пратеници се децидни и бараат хемиска кастрација за вршителите на таков вид сексуални престапи. О мај Год, ќе кажат некои лицемерни чувари на човековите права... Истите тие лицемерни индивидуи, кои се борат што повеќе да ќарат на грбот на деликвентите и на грбот на жртвите... Но како што напишав претходно, руската мечка не планира да изиграва друштво за чување на лажни човекови права, туку сака да го реши проблемот со педофилијата. Таа драги мои, ако веруваме на официјалната руска статистика

зема голем замав на територијата на Руската федерација... Податоците јасно кажуваат дека во Русија во текот на 2010 година се извршени повеќе од 9500 сексуални напади врз малолетници од страна на педофили... Таа бројка, и покрај огромниот број на население во Русија не е за потценување... Педофилите се насекаде околу нас... Се шетаат на улица, купуваат леб од истото место од каде и Вие драги мои, го правите истото... Тие се монструмите кои со еден потег можат да го уништат животот на Вашите деца...

Руските пратеници се свесни затоа и поради таа причина хемиски ќе ги кастрираат тие што си поигруваат со детските животи... Владејачката партија во Русија „Единствена Русија“ го поддржува предлог законот и по сè изгледа тој закон во наредните неколку денови или недели ќе стане реалност...


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

Јас лично не сум навикнат да ги поздравувам решенијата на пратениците... Речиси секогаш нивните решенија се во услуга на некакви тесни бизнис интереси... Овој пат, би сакал да подвлечам, дека и од политичарите може да излезе правилно решение... Имаат среќа Русите, што си немаат Брисел, кој да им кажува што треба и што не треба да се прави... Поради истиот тој Брисел, денес во Македонија е незамисливо да се изгласа таков закон... Закон, кој ќе ги натера животните кои си поигруваат со деца, да се замислат пред да го сторат тој грозоморен чин... Во Македонија, ситуацијата никако не е розева... Во Македонија за сексуален напад врз дете помладо од 14 години казните се повеќе од скромни... Педофилот се осудува најчесто на казна затвор во висина од 8 години... Влегуваш да кажеме на 50 години и излегуваш во најдобриот случај на 58 години... Потоа чекаш некој од роднините на жртвата да ти скрши нешто од глава, а потоа да лежи во затвор, бидејќи и покрај фактот дека си животно, тебе сè уште те сметаат за човек... Правдата не може да биде задоволена, драги мои, ако тој што го трауматизирал за цел живот едно дете, го видите насмеан да се шета на истата улица по која се шетате и Вие... Не е нормално, тие што уништуваат да бидат толерирани... Треба да се најде решение!!!

страна 32

За сериозен проблем треба да се најде сериозно решение...

Едноставно и просто во својата генијалност... Нема како да се спречат идните напади врз деца, ако нивниот вршител не биде кастриран... Хемиската кастрација, барем според мене е премногу хумано решение, но сепак е решение... Пред неколку месеци во скопската населба Чаир, беше уапсен педофил кој успеал да изврши полов напад врз 6 деца... На некои ич не им е гајле... Бидејќи меѓу тие 6 деца не се наоѓа и нивното дете... Тоа е жестоката реалност во Македонија... Осудени сме да се воодушевуваме на храбрите чекори на другите, а ние самите дури и не сме готови барем да бидеме искрени со самите себе и да кажеме дека кај нас се чуваат правата на криминалците, а се кршат тие на обичните граѓани... Прашање на менталитет и лошо домашно воспитување... Воспитувани сме да си ќутиме и да не ја креваме главата за што било... Воспитувани сме, да бидеме анонимуси... Воспитувани сме да бидеме губитници...


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН - Број 46

БАЛКАНСКИ ДОПИСИ

Доаѓаме до небулозната ситуација, криминалците во затвор да имаат поголемо чувство за правдина или ако сакате одмазда од нас обичните граѓани... Верувајте дека сум побарал информации и знам дека криминалците во затвор, знаат како да ги казнат изродите, кои ги трауматизираат нашите деца... Деновиве беше актуелна темата околу геј-парадата, која требаше да се одржи во Белград... Нејзиното одржување не беше дозволено од страна на српското Министерство за Внатрешни Работи... Поради таа одлука Србија доби критики од страна на Европската Унија... Таа одлука беше определена како недемократска и далеку од европска... Додека општеството се занимава со прашањето, дали хомосексуалците имаат право да парадираат со својата сексуална ориентација, една друга група на „суштества“, која нема навика да парадира продолжува да ги уништува нашите деца...

Таа група е како галениче на општеството... Нејзините припадници можат и воопшто да

страна 33

не влезат во затвор, затоа што на овие простори размислуваме како жртви и уживаме да бидеме жртви... Време е да ги прифатиме фактите, големата Русија е на пат да направи чекор кон сузбивање на сексуалните престапи кон деца... Малата Македонија гледа од страна и продолжува да тапка во место.

Во хемијата е вистината драги мои... Проблемите треба да се искоренуваат од таму од каде што потекнуваат... Проблемот е во болната ерекција на лудакот, кој следната своја жртва може да ја најде во лицето на Вашето дете... Повикувам да не се однесуваме несериозно, кон овој сериозен проблем... Единствениот начин да спиете мирно навечер, ако сте биле сведок како некој педофил ужива во пасивноста на општеството е да го кренете својот глас... Ако не Ве слушнат... Кренете ја раката и скршете му ја главата... Тогаш сигурно ќе Ве забележат...


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН

- Бро ј 46

МЛАДИ СО СТАВ

страна 34

Образованието – жртва на политиката Зборувајќи за училиштето и неговата практична примена, Курт Вонегат има речено: „Вистински хорор е кога ќе сфатите дека вашите соученици ја водат земјата“.

Градење на стереотипи и предрасуди Однесувањето на децата е можеби најдоброто огледало каде што се рефлектираат социјалните, општествените и политичките проблеми ширум светот. Видливо е како на пример македонските деца, угледувајќи се на нивната околина и бомбардирање со информации за спорот Македонија-Грција, градат антиципација кон јужниот сосед – феномен кој што е логично да се случува. Се работи за еден проблем кој зазема широк спектар и ги преминува сите граници на нормалата и досадно е ако одиме во подлабоки анализи на истиот. Истовремено, грчката младина е наклонета и учена да го нарекува Истанбул по своето старо име – Константинопол. Младината во Финска одбива да учи шведски јазик како втор јазик,поради тоа што во 13-ти век Шведска била окупатор на Финска. Гледаме дека ширум сиот свет, младината се учи да поприма некои идеи кои не се во духот на ширење мир. Развивањето на наклонетост кон омраза се чини попримамливо за сите. Другиот факт е што овие работи ги учиме уште во училиште, а што останало за другите средини кои нè опкружуваат?

Генералното мнение форсира и наметнува идеи кои се во суштина ужасни. Тенденција имаме кон пумпање на патриотизам и национализам и ширење стереотипи и предрасуди наоколу. Школите сè ушта служат како лулки за пародирање и понижување на објективноста. Авторката Деница Велчева која оригинално пишува за овој проблем и чиј текст е инспирација истиот да добие и еден македонски формат предлага неколку работи кои можеме да ги замислиме (како еден вид реформи во позитивен смисол): 1. Пообјективни учебници по историја Разбирливо, ова звучи како една премногу утописка литература. Познато ни е дека историјата ја пишува победникот и е крајно индивидуална. Токму тука можеме да го увидиме зародишот на еден од нашите проблеми кои ги разгледуваме. Меѓутоа не треба да мислиме дека овој проблем е невозможен да се реши. Академиците пред некое време излегоа со интересен и пристоен предлог за решавање на еден рецидив од овие проблеми. За пример можеме да ја земеме култната народна фигура на Црна Арапина за која секој од балканските народи тврди дека е негова. Очигледно, оваа народна фигура останала присутна во фолклорот не само на Македонија, туку и на нејзините соседи. Тогаш, наместо да се


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН

- Бро ј 46

МЛАДИ СО СТАВ

тепаме за секое нешто како неинтелигентни суштества, пристојниот предлог е дека некои историски фигури треба да ги гледаме како споделено наследство. Некои работи единствено немаат припадност само на една нација, особено не на еден толку измиксан и мултикултурен Балкан. 2. Тенденција за историско изучување на културата и развитокот на нациите, а не фокус кон военото минато Главно, историските книги се преполни со величење и глорифицирање на најблескавите моменти од историјата на еден народ. Сè се врти околу најуспешните битки и

страна 35

воини. Наспроти ова, во никој случај не е доловена автентичноста на една култура. Историските книги рефлектираат еден голем рецидив на агресија и повторно тоа е цврста подлога за развивање на национализам. 3. Јазик наспроти историја Многу покорисно би било кога перцепцијата кон јазикот на една нација би бил во преден план наспроти перцепцијата кон историјата и според тоа преодредување и формирање слика за еден јазик. Подготвил: Стефан Алиевиќ


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН

- Бро ј 46

АРТВИЗОР

страна 36

Силвана Јовановска

Да не се гасне ѕвезденото небо... „Слушајте, имам да ви кажам нешто. Дајте ми ги телефоните, вклучете ги телефоните. Ајде да направиме ѕвездено небо. Не можам да ви опишам како изгледа од овде. Ова не се опишува. Нека не се гаси ѕвезденото небо...“.

да го заборават. И по речиси четири години, тагата и болката по Тоше не поминува. Македонија, а и Балканот не можат да го заборават.

Секогаш ќе биде дел од срцата и мислите на фановите

Ова го посака нашиот Тоше на неговиот последен концерт на 5 октомври. Присутните не чекаа два пати, тоа и го сторија. Стадионот се спои со небото, сите бевме во него, но само тој остана таму... Така и овој 5 октомври се направи ѕвездено небо, но овој пат Тоше го гледавме само на видеобим. Неговите зборови одекнуваа во срцата на присутните фанови, кои по трет пат се собраа да му оддадат почит на нашиот ангел. Измешани чувства, солзи, тага, песна, се секогаш присутни кога и да се спомене неговото име, кога и да се чуе неговиот глас, кога и да се види неговиот лик. Најверните фанови на Тоше и овојпат во голем број се собраа на плоштадот Македонија, покажувајќи колку им значи, покажувајќи дека никогаш нема

Ја постигна својата цел Неговите дела, неговите песни, зборови, насмевка и топол збор се она што најмногу ни недостига на сите. Тој нè научи повеќе да сакаме, повеќе да даваме, повеќе да чувствуваме. Ако Тоше правеше хуманитарен концерт, сите беа хумани; ако Тоше даваше апел да се помогне, сите помагаа; ако Тоше даруваше крв, сите даруваа. Па така, акцијата за дарување крв стана традиционална. Годинава е забележан рекорден број на крводарители – собрани се дури 350 крвни единици и со тоа е надминат минатогодишниот број, кој изнесуваше околу 215 крвни единици. Во тоа е големината на нашиот Тоше. Неговата мисија и најголема желба беше сите да се сакаат и да бидат хумани. Тоа


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН

- Бро ј 46

АРТВИЗОР

луѓето го постигнаа по неговата смрт.

страна 37

секоја запалена свеќа, со секоја солза, со секоја песна го чувствуваме. Неговиот лик кој сега го гледаме само на снимка, засекогаш ќе ни остане врежан во мислите и срцата...

Рекорден одзив на крводарителската акција

За неколку дена ќе се одбележат и четири години од неговата трагична смрт. Целиот Балкан се подготвува да му оддаде почит. Српската телевизија РТС, подготвува специјална емисија за него „Балкан – сеќавање на Тоше“. Емисијата се подготвувала четири месеци, а во неа ќе гостуваат балканските ѕвезди и пријатели на Тоше, како Аки Ракимовски, Хари Варешановиќ, Тони Цетински, Сергеј Четковиќ Александра Радовиќ, Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Ања Рупел, Антонија Шола и многу други.

Тоше е со нас

Иако го нема, сите го чувствуваме неговото присуство. Со ѕвезденото небо само за миг му го осветливме патот до нас и влезе во сите наши срца. Со

Да се пишува за Тоше е најтешката работа на светот. Ако сме пишувале за неговите успеси и сме се радувале заедно за истите, сега пишуваме како е да се живее без него. Нема новинар кој не брише солзи додека пишува нешто за него. Затоа ќе завршам повторно со неговите зборови: „Посакувам ова небо никогаш да не згасне“...


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН

- Бро ј 46

АРТВИЗОР

страна 38


РЕВОЛУЦИЈА

МАГАЗИН

- Бро ј 46

АРТВИЗОР

страна 39

Од перото на Владимир Неделковски

INGLORIOUS BASTERDS (2009) Улоги: Brad Pitt, Mélanie Laurent, Christoph Waltz Режија: Quentin Tarantino Сценарио: Quentin Tarantino Продуцент: Lawrence Bender (За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Тарантино, Втора Светска Војна и Американско сценарио Мајнен Дамен унд Херен, филм од креативниот (и психотичен) ум на Квентин Тарантино, кој ги има потпишано хитовите како „Евтини Приказни“, „Касапски Кучиња“, „Убиј го Бил (кец и двојка)“ и др. И уште еден интересен факт: „Неславни Копилиња“ имаше своја премиера, дури и во Македонија, попрецизно во киното Рамстор. За жал, не доживеа некој особен публицитет, што не е причина за вие, пред малите екрани (мислам на читателите пред LCD мониторите), да не го „позајмите“ од интернет и да го погледнете. За слабиот одзив на кино публиката кај нас ќе зборнам подолу, засега да го рецензираме самиот филм. Приказната, карактеристично за наративниот стил на Тарантино, е поделена меѓу различните перспективи на главните ликови, при што, всушност имаме пет поглавја/мини причи, кои иако навидум делуваат неповрзано една со друга, на крај, во финалето на дејствието, ќе кулминираат сите во една, спектакуларно изведена, заедничка точка одн. да се изразам амерички, еден голем

БУМ. Нема да опишувам поглавје по поглавје, бидејќи исплетканата мрежа од минипричи само ќе ве збуни, па затоа ќе се обидам со традиционален и упростен начин на раскажување т.е. на скопски.

Годината е 1941. Светот, без да е свесен се подготвува за војна, чии пропорции се нешто невидено досега во историјата. Во, веќе окупираната, Франција, еден фармер, работи на својата нива, мирно и вредно, со неговите три ќерки. Во далечината, некаде по селскиот пат се појавува мал, германски конвој воени возила, кои се упатуваат право на фармата на селанецот. Нацистичкиот водач е ништо помалку од SS полковник, Ханс Ланда, познат


Револуција магазин број 46

меѓу французите под прекарот Ловец на Евреи, благодарејќи на неверојатните дедуктивни способности со кои ги наоѓа сите можни скривалишта на Евреите кои бегаат и/или се кријат од нацистите. Ланда е искусен, лукав и подмолен човек, кој лесно го убедува кутриот селанец да му открие каде се кријат неговите еврејски соседи, со ветување дека за возврат ќе го поштеди неговото семејство. Германските војници ги стрелаат скриените евреи, но по некое чудо (и по нејасна милост од самиот Ланда) една млада девојка, Шосана, се спасува и пребегнува во Париз, каде го менува идентитетот и започнува нов живот, како кинeматограф, со една цел: да го дочека моментот кога ќе се пружи можност да им врати мило за драго на окупаторите.

Четири години подоцна, еден американски поручник, Алда Рејн, со еврејско/индијанско потекло (?!), се одметнува од регуларната војска и составува специјална единица, чии војници се иклучително евреи, кои се огорчени до коска од антисемитизмот на Адолф Хитлер. Единствена цел на овој

АРТВИЗОР

страна 40

човек е да убие колку може повеќе нацисти и дополнително да им прaти порака на истите, дека ќе бидат, во буквална и преносна смисла, скалпирани. Дозволете тука, мала дигресија... Ова со скалпирањето и евреиамерикански нативци е чист шит, али морал крвожедниот Тарантино некако да се оправда што има толку излишно касапење во акционите сцени. Даље... Тајната, специјална, единица месари, пардон, војници, се инфилтрира на германска територија и прави масакар од сè германско што ќе ѝ налета на пат. Омилен метод на елиминирање: остри предмети и (?) безбол палки. Омилена цел: Гестапо офицери. Омилен метод на „процесирање“ непријателска сила: убиј све и остави еден жив да раскажува што се десило, но откога ќе го „маркираш“ – ова значи дека сите живи заробеници, водачот на добрите ќе го исечи со „Рамбо-лик“ нож по чело, за до крај на живот да го носи кукастиот крст, во вид на лузна. Од овие акции на одметнатите евреи, Хитлер одлепува, особено кога ќе ги види преживеаните војници со „сфастика“ на чело. Приказната се комплицира, кога нацистите ќе сакаат да одржат филмска ноќ, заедно сите, и офицери и војсководи, заклучно со Хитлер лично и тоа во Париз. Филмот што сакаат да го видат Германците е „Гордоста на Нацијата“ кој е снимен по активноста на млад војникснајперист, кој се прославил по рекордното убиство на околу


Револуција магазин број 46

АРТВИЗОР

тристотини непријателски војници во тек на три дена. Истиот воен херој, доаѓа во Париз да ја види премиерата на филмот за него и кога ќе ја види убавата сопственичка на киното, Шосана-преименувана-воЕмануела, ќе се затреска како пубертетлија и ќе бара, премиерата на филмот да се одржи во нејзиното кино. Емануела/Шосана, ја согледува шансата за одмазда, која ја чекала четири години и започнува да кова план да ги убие сите Германци што ќе дојдат да го видат филмот. Во исто време, за филмската премиера и нејзината публика, интерес покажува и тајната, еврејска единица т.е. Неславните Копилиња, кои исто имаат свои идеи како би ги „поздравиле“ своите нацистички другари... Уф... Ама бев кратооооок... Али тоа е. Филм од два часа. Прво, добрите страни: Тарантино е режисер, локациите каде е снимано се автентични (воглавном), костими, шминка, реквизити, специјални ефекти... све е ТОП! А, сега лошото: 1.Тарантино е и сценарист т.е. тој ја пишал причата и затоа има некои глупи моменти (абе чоекот е крвожеден садист и секоја нарација ја води кон колежи и тоа ти е); 2. Бред, факинг, Пит е во главна улога што, по дефаулт значи, дека главниот добар нема да умре, па дури и да стои и пуши цигара во епицентарот на атомска експлозија;

страна 41

3. Па, музиката, на моменти ја нема, а често е неадекватна за дадената сцена. Е, сега, моето супер-скромно мислење, зашто филмов слабо помина на т.н. македонски боксофис. ТРИ ПРИЧИНИ: Прво, зашо, едноставно, Македонците, денес, слабо идат во кино (уметност и беспарица се смртни непријатели). Второ: во кино, на времето се идеше, углавном, за да ја испофаќаш цурата, а за таа цел, денес има други „институции“ како, ноќен клуб, дискотека, кафана т.н. кафе-бар и сè уште актуелните паркови и Водно. И ТРЕТО И НАЈВАЖНО... Ова сигурно ќе ги навреди повеќето читатели... е самиот македонски менталитет. Имено, лично се имам уверено, дека постарата и средно старата популација, не би гледала филм каде евреите се херои кои убиваат Германци, од причини што овие генерации живеат со цврсто убедување дека... ХИТЛЕР БИЛ ВО ПРАВО! Сакате директен цитат? „Еееех, кога ќе ми текне... Тито, Хитлер... Тоа беа времиња... Е, тоа биле водачи. Знаел Хитлер како треба со ѓубрето...“ итн, итн. Парафразирано, 80 % Македонци го почитуваат и би рекол дури, го сакаат целиот хитлеров концепт за светот. Значи, сè она шо се дешавало во Втора светска, го оправдуваат и некогаш го величаат. Зошто? Затоа што, повоениот период е најдобриот период од понова македонска историја. Сакам да кажам, дека денес, во американскиот, наметнат, капитализам, е толку лошо за просечниот Македонец,


Револуција магазин број 46

што повеќето Македонци го преферираат Хитлер и неговата пропаганда отколку овој транзиционен хаос. Ако не ми верувате, прашајте ги вашите, дедо, баба, татко, мајка... „Што мислат, генерално за Хитлер, НЕ за фашистите, туку за Хитлер

АРТВИЗОР

страна 42

како личност“ и ќе видите сами што ќе ви одговорат (само бидете во седната положба, хехе). Конечна оценка: 7,5/10 Се читаме!


Револуција магазин број 46

АРТВИЗОР

страна 43

Запис на Сања Алексовска

Православен Суперхерој Се вративме во нормала. И тоа не во нормала на здраво и функционално општество туку во нашата нормала, нормалата во која ништо не се случува. Некако ми фалат деновите кога славевме и имавме причина за славење и сите беа среќни и излегуваа на проштад да ја споделат таа среќа со остатокот од населението. Али толку од тоа. Но чекај... Таман си помислив ништо не ни остана што ќе нè зближи и во тој момент – надеж. Избувна пожар во Театарот во Скопје кој е дел од проектот Скопје 2014 ...туку слушнав на телевизија. И си викам ОВА Е ТОА! Ова е настанот кој повторно ќе нè зближи како нација, ова е настанот кој ќе ни помогне да повторно заборавиме на какви било разлики и ке си излеземе од дома кој со кофи кој со корита со вода да заедно си помогнеме здружени со една заедничка цел - спасување на Театарот. Фала ти невнимателен македонски работнику! Ја доби шансата да бидеш новиот Бо Мекејлеб! Театарот кој е уште во изработка е театар кој нашите внуци, и внуците на нашите внуци ќе дојдат од далеку да го посетат зошто до тогаш претпоставувам дека сите ќе битат иселени од овде. Но ништо... најверојатно никому не му беше гајле за нашето недовршено национално богатсво, освен на луѓето кои во него инвестирале. Ништо од мојата надеж за повторно братство и единство... Но не

губам надеж, повеќе среќа следниот пат, плус слушнав дека нè чекаат сè посилни и посилни земјотреси...

Пописи се ближат! Колку возбудливо време за нас! Конечко ќе дознаеме кој, што е, како е и колку е. Го чекав овој момент долго време. Навистина, многу ме интересира да дознаам колку од македонската женска популација носи број на чевли 41 што не е толку голем број ако си висок 1.85, но ако си викок 1.60 и носиш чевли 41, тоа е веќе аларманто. Најдоброто нешто за пописов е дека можеш да се изјасниш како сакаш. Ако се чувствуваш како мутант можеш слободно да се изјасниш како таков. Значи волшебници, магионичари, суперхерои и вампири излезете и изјаснете се, нема веќе потреба да се криете и да живеете во страв и терор, зошто ова драги мои, е демократско општество. Затоа и на прашањето што сте по припадност - јас ќе се изјаснам како дете на љубовта. Да, родителите ми беа хипици.


Револуција магазин број 46

Дали знаевте дека на пописите во Србија не можеш да го изразиш својот недостиг на вероисповед? Да, прашањето гласи која вероисповед си? И некако нелогички е да одговориш со никоја. - Атеист сум. – Не, извини тоа не е валиден одговор, прашањето гласи која вероисповед си? Ве молиме одберете дали сте христијанин, муслиман итн итн... - Но јас не сум ништо од тоа, не верувам во верата, не ме интересира верата, бегај подалеку од мене со верата. - Аха значи вие сте неверник. Добро... (и пишува неверник). Колку злобно тоа звучи само. Види го овој неверников. Те

АРТВИЗОР

страна 44

прават да осеќаш грижа на совест што имаш здрав разум. Добро значи се изјаснивте како суперхерој неверник, но бидејки нема таква опција ќе наведам православен суперхерој.

И за крај, само да си прашам ако 11 Октомври е неработен ден, невработените ќе работат?..



Револуција магазин бр.46