Page 1

ЈУН - ЈУЛ - АВГ. 11

43

Јапонската Катастрофа низ цифри

Идеа - Идеологија


Ексклузивен застапник и увозник за Република Македонија: "ЕУРО-ФАРМ", ул. Огњан Прица бр.5, 1000 Скопје Тел.: 02/ 32 12 700; Факс: 02/ 32 14 292 e-mail: eurofarm@eurofarm.com.mk www.eurofarm.com.mk


СОДРЖИНА УЛИЦА е:

Програма за намалување на сиромаштијата и невработеноста

„УЛИЦА“ е програма за намалување на сиромаш­ тијата и невработеноста преку издавање и продажба на независен и непрофитен весник. „УЛИЦА“ е социјален уличен весник кој придо­ несува за јакнење на капацитетите на продавачите. Невработените, од „жртви“ за кои треба да се грижи државата и нејзините институции, да започнат да се гледаат како активни граѓани кои со своите капацитети си го подобруваат квалитетот на сопствениот живот. Принципот на работа на „УЛИЦА“ е на продавачите да им овозможи бесплатни обуки за занаети и работилници за основни на претприемачките вештини. Весникот се придржува на филозофијата „подај рака за работа, не за милост“. Се продава по цена од 30 денари, од кои 15 денари се заработка за продавачот. „УЛИЦА“ се финансира од донации, спонзорства и реклами од фондации, институции, бизнис- сектор и граѓаните.

Актуелно Јапонската катастрофа низ цифри ............. 4 Живот Јапонските улични весници ........................ 6 Интервју Симоне Филипини .............................. 8 Актуелно Ени Ленокс ..................................... 11 Социјална Интервенција Идеа - Идеологија .............................12 Репортажа Осамениот континет - Антартик ........... 14 Хороскоп Знаците и Подароците ....................... 15 Книга Предлог книга ................................. 16 Колумна

Стопанска банка- Битола Ж-ска: 500-000 000 4308- 04 Со назнака: за УЛИЦА

Доаѓањето на Исламот во Македонија ... 17 Музика

„УЛИЦА“ полноправен член на Меѓународната мрежа на улични весници (INSP- International Network of Street papers, www.streetpapers.org) која обединува стотина светски весници што се продаваат од сиромашни и маргинализирани луѓе. www.street-papers.org

Интервју - Каролина Гочева ................ 18 Спорт Манчестер и Барселона ..................... 20 Диета и Кујна Диета според хороскопот и Колач ........ 22

Весникот "Улица" го подготвуваат:

Лектор проф. Милица Радевска

Организатор и издавач Здружението за превентивна работа со деца и млади и нивните семејства - "Група Феликс"

Компјутерска обработка Милчо Дули www.duli.mk

Директор и уредник Дијана Ѓорѓиевска Редакција Татјана Пројчевска Дијана Ѓорѓиевска Маријана Дули Велјанов Кристијан Велјанов Маријан Танушевски Александра Крстев Кристијан Велјанов

Печати Печатница: Графопром - Битола www.grafoprom.com Тираж: 500 примероци

Спонзорирано од:

Графопром - Битола

Рекламирајте и огласувајте во "Улица"

Редакција на "Улица" Првиот број излезе на 12 април 2005 година Јосиф Христовски 4/4 7000 Битола * Текстовите и фотографиите изнесени во весникот секогаш тел.: 047/242 556 не го претставуваат мислењето и ставот на Редакцијата. ulicabt@gmail.com www.ulica.org.mk * Текстовите и сликите испратени до Редакцијата не се враќаат. Пишете ни ...


АКТУЕЛНО © Reuters. www.streetnewsservice.org Превод на македонски од Сандра Мардин

Фактбокс – Јапонската катастрофа низ цифри Листата што ќе следи во текстот е збир на можните последици и реакции на катастрофалниот земјотрес и цунами што го стресоа североисточниот брег на Јапонија, како и следствената криза на нуклеарните централи. - By Yoko Nishikawa БРОЈ НА ЖРТВИ Бројот на жртвите се очекува да достигне 10,000, кадешто најмногу се погодени североисточните префектури Мијаги, Иуате и Фукушима. Најмалку 6,539 смртни случаи се потврдени, што е повеќе од 6,434-те смртни случаи по Кобе земјотресот во 1995. Но 10,354 луѓе се сеуште исчезнати, според петочниот извештај на Националната Полициска Агенција на Јапонија (National Police Agency of Japan). БРОЈ НА ЕВАКУИРАНИ Повеќе од 410,000 луѓе во 12 префектури се евакуирани и сместени во засолништа, објави Маиничи весникот изминатиот петок. Стотици чекаат помош во изолираните средини и немаат пристап до храна. БРОЈ НА ЛУЃЕ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Околу 320,000 домови на север се останати без струја во речиси-замрзнувачки временски услови од петокот попладне, Tohuku Electric Power Co. (TEPCO) изјавува

БРОЈ НА ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ Најмалку 87,772 згради се оштетени, според петочниот извештај на Националната Полициска Агенција на Јапонија. ОСЛЕДИЦИ ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА Citigroup очекува 5-10 трилиони јени оштета на домовите и инфраструктурата, додека Barclays Capital предвидува економски загуби од 15 трилиони јени (113 билион фунти) или 3% од БДП на Јапонија. UBS очекува пораст од 1.4% во јапонската економија, во споредба со претходните предвидувања за 1.5% пораст. Но, новите прогноза за 2012 е 2.5%, наспроти претходната претпоставка за 2.1% пораст.Goldman Sachs очекува вкупните економски загуби да достигнат 16 трилиони јени, а пад на вистинскиот БДП за 0.5-2%. БРОЈ НА ЗЕМЈИ КОИ НУДАТ ПОМОШ Според министерството за надворешни работи во Јапонија, 117 држави и 29 меѓународни организации понудиле помош. До минатиот четврток, тимови од 14 земји/региони пристигнале за помош, а некои веќе си заминале. Експертски тим од меѓународната агенција за атомска енергија (International Atomic Energy Agency - IAEA) пристигнаа во петокот.


АКТУЕЛНО

5


ЖИВОТ Превод на англиски од Мајуко Хида и Јушин Тода (Универзитет Глазгов) Превод на македонски од Сандра Мардин Понатамошна репортажа од The Big Issue Јапонија

Јапонските улични весници: „Нема да се предадеме“ Колпортерите се вратија на улиците на Токио со изданија на The Big Issue Japan, штом редакцијата вети поддршка на сите колпортери погодени од земјотресот со јачина 9.0 што резултираше во цунами. - By Staff Writer

Во Сендаи, главниот град на Мијаги, еден оф североисточните региони зафатен оф цунамите - сите Big Issue Japan колпортери се живи и здрави. На жалост, поради оштетената инфраструктура, разнесувањето списанијата до Сендаи, Сапоро или било кој од градовите на север престана.

Мики Сано, директорка на канцелариите на The Big Issue Japan во Токио вели: "Во Сендаи, колпортерите преживеаја но не знам ќе можат да продолжат со продавање на весниците повторно. Колпортерите и луѓето во северните градови се борат за сопствените животи и (да ги најдат) љубените. Правиме се што можеме да им дадеме поддршка. Работите не се едноставни, и никогаш нема да бидат исти како порано, нчо ние не се предаваме." "Исто така се обидуваме да започнеме со фудбалскиот тренинг во Токио што е можно побрзо," таа додава. Сите закажани утакмици беа откажани, но голем број од колпортерите изјавија желба да играат фудбал за да се чувстуваат подобро." Дневник на една катастрофа The Big Issue Japan соработува со Sendai Night Patrol Group (Ноќната патрола на Сендаи) со цел да им помогне на бездомниците во Сендау Сити, еден од најтешко погодените градови од цунамито на 11-ти март. Неуморната редалција обезбедува оброци за сите во тешки услови на улиците низ градот којшто се опоравува од катастрофата. Аоки Сан, одговорниот за патролата и дистрибуцијата на списанието во Сендаи, ни дозволи да објавиме извадоци од неговиот дневник за хуманитарните (Relief) напори. 14 март Сендаи, снабдувањето на вода и струја се врати во некои делови од градот, но ќе треба подолго од еден месец да се реставрира снабдувањето на гас. Во најпогодената област во Сендаи, Уакабајаши, видов огромна редица луѓе што чекаат за една половина скапана помаранџа и една банана. Илјадници мртви 6


ЖИВОТ

тела се оставени без придружба во гимназијата и не постојат информации за неидентификуваните. Планираме да обезбедиме бесплатни оброци од ориз и кари за сите од 11 часот. Бројот на мртви е преголем за да се восприеми, и многумина незнаат што да прават понатаму. 15 март На патиштата, авионскте линии и возовите им е забрането да работат освен во итни случаи, за возила за прва помош, а недостаток на добра фрустрира. Повеќе од 1,000 луѓе чекаа ред за автобус што вози по автопат. Се приклучив на редица за супермаркетот Даиеи пред да се отвори во 10 ам, но 30 минути по отварањето, главните артикли веќе беа продадени. Има недостаток на гас цилиндри, фиде (нудлс), конзервирана храна, батерии и ориз. Јавната администрација е целосно парализирана. Градскиот совет на Сендаи отвори шалтер за помош денеска, четири дена по земјотресот. Болниците во градот се ограничени на само делумни услуги поради недостатокот на струја. Без батериско радио, луѓето се целосно отсечени од информациите. Многумина од граѓаните не знаат за несреќите во Нуклеарната централа Фукушима. Луѓето се "информатички бегалци." Локалните радио станици помагаат во потрагата по исчезнатите лица. Силни последователни удари во 3 часот наутро и повторно во 4 часот наутро. 16 март Утрово започна со дожд во Сендаи. Денес, локалното радио извести за храната во градското собрание Уакабајаши, па моравме да направиме 1,000 оброци. За ручек доделивме кари, мисо супа и ориз на околу 800 души и храната се изеде во секунда. Некои од луѓето немаа јадено повеќе од три дена и чекаа во редица за храна на дождот. Загрижен сум затоа што нема

информации за тоа што се случува со нуклеарната централа. Ми е страв од радиоактивна контаминација на северниот дел на Канто поради северниот ветер. Има илјадници луѓе што спијат во основните училишта, градските собранија и јавните установи. Ќе дадам се од себе да овозможам бесплатни оброци утре, иако прети опасност со тоа да ги потрошиме резервите. НАЈНОВО од Мику Сано, 21 март: Организиравме фудбалски тренинг со колпортерите изминатиот викенд. Колпортерите заедно со многу волонтери учествуваа (видете ги фотографиите на Big Issue Japan блогот: http:// ameblo.jp/one-goal-one-step). Повеќето улични колпортери добро се снаоѓаат, но оние што се во најтешко погодените краишта се справуваат со многу предизвици. На почеток, многумина од нас бевме изненадени од тоа колку силни и упорни повеќето колпортерии делуваа. Како и да е, кога ќе размислите за тоа, повеќето од нашите колпортери спијат на улица - што значи дека една ваква "вонредна ситуација" за нас е всушност нивното секојдневие. Се надевам дека оваа криза ќе не обедини и дека ќе ни пружи шанса да размислиме подлабоко за луѓето кои се принудени да живеат во вакви тешки услови не само по еден земјотрес, туку секој ден. Во меѓувреме, најновото издание на The Big Issue Japan пристигна во Сапоро. Хокаидо доцни пет дена зад распоредот. Сеуште имаме земјотреси на скалата од М5 до М6 секој ден на крајбрежните делови на Токио и на север. Има недостиг на струја и гас во Токио и северните градови. Луѓето во Токио панично купуваа храна на почетокот, но оваа тенденција постепено се намалува. Работите се сеуште хаотични но секој се обидува да помогне секому.

7


ИНТЕРВЈУ Превземено од: Радио Слободна Европа

Симоне Филипини

Амбасадор на Холандија во Р. Македонија Да се создаде поконструктивна политичка клима подготвена за сите реформи што оваа земја треба да ги оствари на нејзиниот пат кон Европската унија, вели холандската амбасадорка Симоне Филипини во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Каква е вашата оценка за последните случувања на политичката сцена, излегување на опозицијата од парламентот, недостиг на политички дијалог итн. Како изгледа сето ова во очите на меѓународната јавност? Во основа се работи за мешавина од неколку настани, се работи за независно новинарство, за корупција и измама, некој е во истражна постапка, а потоа ја имате опозицијата која го напушта парламентот. Значи различни настани, но сите се некако поврзани. Во врска со напуштањето на парламентот од опозицијата...парламентот е место каде треба да се дискутира за најсуштинските прашања, па ова не најдоброто да се направи во едно демократско опкружување. Тоа можеби кажува нешто за начинот на кој опозицијата ја перцепира атмосферата во парламентот, или општата политичка клима во земјата. Мислам дека сега е крајно време за сите партии да најдат заеднички јазик, да почнат фундаментална дискусија, како да се почитуваат во политичка смисла, како меѓусебно да се почитуваат, како владиното мнозинство да покаже повеќе почит кон малцинските партии и обратно. Значи да се создаде поконструктивна политичка клима подготвена за сите реформи што треба да ги оствари оваа земја на нејзиниот пат 8

кон Европската Унија, бидејќи тоа е главниот приоритет на сите засегнати партии. Тие сакаат Македонија да стане член на ЕУ и НАТО. А, строги реформи се потребни за тоа. Дел од нив треба да се остварат во некои области кои сега стануваат очигледни, слобода на медиумите, независно новинарство, правото на македонските граѓани да бидат правилно, независно и неселективно информирани за случувањата тука, во Европа и ширум светот. Потоа, тука е и политичкиот дијалог, односно отсуството на дијалог, како што се посочува и во последниот извештај на Европската комисија за 20110 година. Значи овие прашања се дел од клучните прашања кои се важни за пристапните преговори на Македонија во Унијата. Според некои во земјата има политичка криза, други пак не се согласуваат со оваа констатација. Како и да е се споменуваат предвремени избори како излез. Дали според вас предвремените избори можат да решат нешто? Не би можела да кажам бидејќи јас не сум политичар во оваа земја. Во суштина, ваквите длабоко вкоренети прашања треба да се решаваат


ИНТЕРВЈУ

во рамките на друг процес. Изборите никогаш не се решение за недостатокот на политички дијалог. Бидејќи ако по изборите имате ситуација кога не се променило нешто во начинот на кој партиите се врзуваат или дискутираат меѓусебе или начинот на кој институциите функционираат, ништо навистина нема да се смени. Значи, политичарите ќе одлучат дали е време за предвремени избори, тоа е право на политичкото лидерство, но многу поважно е како институциите работат, како политичките партии или државните службеници се соочуваат со проблемите, тоа е многу поважно од работите кои можат да се решат со избори.

станува мултилатерално и се претвори во сопка за Македонија при преземањето на следните чекори. Втората фаза од договорот за Стабилизација и асоцијација Македонија не го започна токму поради ова прашање, претпристапните преговорите заглавија токму поради ова прашање, поради него Македонија не стана членка на НАТО, не доби покана за членство. Значи, да ова прашање игра голема улога, особено во перцепцијата на граѓаните. Тие се чувствуваат фрустрирано и изолирано и мислам дека е потребно храбро и искрено лидерство од двете страни, и од македонската и од грчката страна, за да се ослободат од ова прашање. Македонија и Грција ќе останат соседи засекогаш, ќе мора да бидат партнери засекогаш зошто сакаат да бидат По се што се случи, имате ли впечаток дека дел од исти организации, и не можеме да увезуваме земјава се оддалечува од Европската Унија и билатерални прашања како ова. И што поскоро се НАТО? Какви се македонските перспективи во овој реши тоа, толку подобро ќе биде за Македонија и таа момент? што поскоро ќе може да ги рашири своите крила и да летне кон членство во Европската Унија. Ако ги гледаме извештаите од 2009 и 2010 година на Европската комисија, да, има многу Прави ли според вас власта се што треба работи кои треба да се имплементираат, во клучни за да се реши спорот со името? Како ја оценувате области како судството, некои прашања поврзани со стратегијата на македонската страна? човековите права, антидискриминација, реформи во јавната администрацја, полицијата, затворите Искрено, се надевам. Не можам да кажам знаете има многу области на кои им треба длабоки ништо за нивната стратегија оти во овој момент таа реформи, но се на се, и комисијата оценува дека не е позната. Македонија е се уште на патот кон претпристапни преговори. Потврдена е препораката за ЕУ да Деновиве бевме сведоци на еден немил отпочне претпристапни преговори со оваа земја, настан, блокирањето на сметката на првата приватна значи тоа е веќе утврдено. Ние сакаме Македонија телевизија во земјата, А1. Во тој контекст, како ја да ја продолжи процедурата. За жал, гледаме оценувате слободата на медиумите во земјава? дека некогаш одредени политички елементарни прашања ја спречуваат земјата да се фокусира на Мислам дека беше јасно кажано и во извештајот важните реформи. А, за тоа е потребен национален за напредокот на ЕК и во дискусиите меѓу земјите консензус, бидејќи овие реформи не се нешто што членки и Македонија дека постојат нездрави релации не може да се спроведе „со лесно срце“, посебно не меѓу бизнисот и медиумите во Македонија, дека има во ситуација кога истите постојано се оспоруваат. влијание од бизнисмените и политичките струи врз Треба да се здружите. Секако може да има и уредувачките политики на одредени медиуми и дека одредени политички различности, но се на се земјата треба да остане на патот кон евроинтеграциите и некои политички играчи треба да го следат тој пат. Во пресрет на новата средба меѓу медијаторот Нимиц и преговарачите идната недела, амбасадорке дали прашањето за името останува клучно за нашето членство во ЕУ и НАТО? Во основа, евроинтеграциите се суштинското прашање за Македонија, напредокот во имплеметациијата на сите закони и прописи кои се потребни. Македонија има огромна одговорност во спроведувањето на сите европски слободата и независното новинарство се доведени во закони и прописи, вклучувајќи ги и политичките. прашање како резултат на овој конфликт на интереси. Но секако, гледаме дека прашањето за името Ако гледате дека два медиуми се во сопственост на 9


ИНТЕРВЈУ

пратеници во парламентот, тоа е секако ситуација која не е пожелна. Мислам дека е важно да се дискутира за ова, да се обидеме да ги поделиме улогите во општеството и секако медиумската слобода треба да биде загарантирана, исто како и незавсноста на новинарите. Мислам дека ова е особено важно прашање кое стана особено важно во последните неколку недели и тоа треба да се реши што побрзо. Се почитува ли доволно правото на говор во оваа земја? Има многу слобода на говор, но дали тој е секогаш насочен во вистинскиот правец, е друго прашање. Се движи ли Македонија во посакуваниот правец во однос на демократскиот развој? Мислам дека од многу аспекти Македонија покажа дека иако е млада земја и е во процес на зреење во однос на демократскиот развој, покажа дека е посветена на демократијата. Да, тука и таму може да се видат одредени слабости во системот и дека секогаш ќе има луѓе кои ќе ги користат тие слабости. Мислам дека тоа бара поодговорно однесување од политичкото лидерство, посебно во времиња кога има силно владиното мнозинство од две третинско мнозинство во парламентот, треба индиректно да се понесе таа одговорност и да се почитуваат правилата на игра. Кога последен пат разговаравме, рековте дека Македонија е непозната за холандските инвеститори и дека правите се да ја промовирате

во тие кругови. Дали успеавте во тоа и може ли да кажеме дека земјава стана поволно место за нови инвестиции? С е к а к о дека Македонија стана попозната за холанѓаните, вклучувајки ги и холандските инвеститори. Успеавме преку туристичките оператори да ги привлечеме луѓето, па оваа година ќе има дуплирање, ако не и тројно зголемено присуството на холандски туристи во Македонија, што е многу позитивно. Исто така за тоа помогнаа и одредени реклами кои владата ги промовираше и кои се емитуваа во Холандија, Македонија тајмлес и спотот за предностите за инвестирање во Македонија. Секако кога некој ќе дојде тука треба да се најде во ситуација каде реалноста соодветствува на ветувањата од рекламите и брошуите. Да, мислам дека е направен голем напредок на хартија, во согласност и со извештајот на Дуинг бизнис, но мислам дека владата мора да направи се за тие реформи да не останат само на хартија, туку да ги имлементира во практика и да ја направи земјата многу интересно место за инвестирање од страна на нови компании. Ова може не е земја позната по инвестиции, може не е првата земја по која ќе посегнат инвеститорите, но може да биде интересна опција како клучна за останатиот дел од Балканот, но мора да направат се за да ги исполнат ветувањата. Ако ја споредиме Македонија со другите земји од западниот Балкан, имате ли впечаток дека назадуваме во однос на евроинтегративните процеси? Не, вие не се враќате назад, туку другите забрзано се движат напред. На пример Србија откако, нејзината популација се одлучи за европска интеграција и одбраа проевропска влада, може да се види нивниот брз напредок. Црна Гора е исто на тој пат. Да, понекогаш животот е еден вид натпревар, претстава Денс Макабо го видовме тоа воБалетска минатото како неколку земји кандидати се натпреваруваа кој е најдобриот ученик во класот. Македонија беше најдобриот ученик, но другите ја стигнаа. Затоа ќе кажам дека треба многу добро да ја завршите вашата домашна задача за да останете најдобриот ученик во класот.


АКТУЕЛНО Превод на македонски од Сандра Мардин

Ени Ленокс во посета на уличниот весник во Малави Поп ѕвездата Ени Ленокс денес се воодушеви од колпортерите на уличните весници коишто ѝ запеаја песна во канцелариите на Big Issue во Блантајер. Посетата на главниот град на Малави беше дел од нејзиното прво патување како именуван пратеник на шкотскиот парламент. - By Lameck Masina and Danielle Batist Во своето обраќање кон колпортерите и поддржувачите на уличните весници, Ленокс рече: "Мислам дека вршите одлична работа. Уличниот весник ги преобрази животите на луѓето во најдолните, основни општествени слоеви. Трудот што го вложува вашата организација од врвот сè до дното е многу битен." Од 2009-та, откако почна да излегува списанието International Network of Street Papers (INSP), помогнато од страна на добротворна организација од Глазгов, тоа им даде шанса на 400 колпортерибездомници и во беспомошни животни услови да заработат за живеачка. Списанието, спонзорирано од страна на шкотската влада, се печати во 1,500 премероци секои два месеца и се продава на улизите низ Блантајер, Лилонгве, Мзузу, Зомба и Мангочи. Извршниот директор на INSP, Лиза Меклин, вели: "Многу сме горди на The Big Issue Malawi и нивната иницијатива да помогнат на сиромашните и бездомните преку работни ангажмани со цел да не останат на улица. Шкотската влада е голем поддржувач на партнерството помеѓу INSP и The Big Issue Malawi, и нивниот придонес во подобрувањето на сиромашните животни услови беше значаен. Успешната посета на Ени Ленокс денес ќе биде само уште една потврда на успехот на The Big Issue Malawi во претстоечките години." Откако прошета низ дистрибутивните канцеларии на The Big Issue Malawi,Ленокс ги покани колпортерите да отпеат неколку песни со неа. Таа рече: "Музиката е одлично средство за пренесување пораки до луѓето. Таа е меѓународен јазик." Осврнувајќи се на сопствената SING (ПЕЈ) кампања против ХИВ/СИДА таа кажа: "Кога доаѓате во која било афричка земја, првото нешто што се случува е песната. Пеевме денеска, и со песна продолжуваме на други места. Поради таа причина, мојата кампања ја нареков SING." Веќе ветеран во кампањата, Ленокс забележа позитивни промени во областа на превенцијата на ХИВ/СИДА за време на нејзината посета на афричката земја. "Мојата кампања е за зборување,

за [создавање на] дијалог, затоа што ова е борба против стигма. Да се биде тивок е опасно по смрт, сепак, се случува трансформација во Малави. Бев на места кадешто пред десет години нештата биле поинакви." "Посетив села кадешто пред десет години, луѓето заболени од ХИВ/СИДА биле отфрлани од општествениот живот. Денес, пак, истите со добредојдени во заедницата од страна на племенските главатари, кои ги поддржуваат, а не отфрлуваат и исклучуваат. Стигмата постепено се намалува." Малави се брои меѓу најслабо развиените земји во светот. Повеќето од младата урбана популација трагаат по непостоечки работни места и често остануваат бездомници. Стигмата околу бездомниците е огромна, затоа што се честа асоцијација на просјаци, проституција и ХИВ, што пак води до исклучување на бездомниците од општеството. The Big Issue Malawi се осврнува на многу од овие проблеми. Објаснувајќи за проблемите кои се сеуште присутни во земјата, Ленокс ги пофали напорите на уличниот весник: "Ова е вистинска трансформација од дното нагоре, и навистина сум охрабрена од вашата работа. Секој може да заземе улога [во создавањето промени]. Јас сум само еден пример и правам онолку колку што ми се можностите. Заедно можеме да ги поттикнеме и другите да се сконцентрираат и посветат на ист начин." Извршниот директор на The Big Issue Malawi, Омега Чанје Мулвафу бешепресреќен од посетата на шкотската ѕвезда, изјавувајќи дека нејзиниот инспиративен говор "ќе ја зајакне самодовербата на колпортерите." Сара Сангаја е една од колпортерките во Блантајер. "Јас сум вдовица и се грижам за сирачиња, па продавањето на списанието на улица ми помага да покријам голем дел од финансиските потреби. Иако сеуште не ги задоволува сите мои потреби, сигурна сум дека ќе исчекорам напред со помош на The Big Issue Malawi."


СОЦИЈАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА Пишува: Кристијан Велјанов

Идеа - Идеологија филозофијата не е идеологија, туку критика на идеологијата (или: читателу, не читај што сум напишал, те молам прочитај го тоа што сум го пропуштил и запомни го!) Што е идеа? Зборот идеа се користи за да се именува една мисловна активност на човекот. Разликата од мислата е тоа што мислата претставува нагонска активност на мозокот и е необработена. Идеата претставува производот на преработката на многу мисли за подолго време. Мислата нуди разработување на нашите проблеми, додека идеата

секој човек посебно. Идеите се произведуваат од мислите. Но и самите го определуваат начино на размислување. Начинот на размислување ги определува целите што ги има секој човек во животот и неговите избори. Значи, идеите и покрај тоа што се нематеријални, влијаат во голема мера на нашиот начин на живот. Ритамот на споделување на

науката. Денешното време го должи својот развој на интернетот и дигитализирањето на податоците. Интернетот претставува вистинска револуција во комуникацијата на луѓето. Оваа комуникација е придружувана од пренесувањето на идеи, нови соработки и конечно, со развој. Платон даваше различно толкување на зборот идеа

претставува целосно решение произведено од труд и преработка на нашите мисли. Мислата како и идеата може да биде логична и нелогична. Значи, настанокот на мислат и произведувањето на идеата може да се основаат или на логични или на нелогични дејствија. Идеата и милата можат да се споделуваат преку комуникацијата на луѓето, без да мора да ги произведува

идеите е правопропорционален со развојот на општеството и науката. Во времето на Средниот Век, кога секоја нова идеа беше забранета и средствата за комуникација меѓу луѓето ограничени, човештвото задоцни да забележи развој. Спротивно, кога се појави печатарството и се појавија и првите енциклопедии, тогаш започна подобрувањето на општеството и развојот на

од она што го има денес. Идеата според Платон не е еден општ облик кој постои во реалноста што ја чувствуваме и произведена од чувствата преку логично расудување, туку претходи на нештата, кон нив е трансцендентна и ги претставува основите на нештата кои душата ги согледува пред спојувањето со телото.

12


СОЦИЈАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

А што е идеологија? Поимот „идеологија“ се користи често со едно неутрално значење, ниту позитивно ниту негативно. Така на пр. социологијата на знаењето го препознава целото човечко знаење како идеолошко до степенот до кој се потчинува на општествено - политички поими (O. Stammer). Често космотеориите се карактеризираат со поширокото значење едноставно како идеологии. Идеологија значи секој систем на убедувања и вредности во сооднос со општествено – политичките работи (на пр. демократијата). Овој неутрален карактер на идеологијата може да се разбере во рамките на функцијата што ја извршува од психолошка и општествена страна. Идеологија е секој систем на идеи, убедувања, вредности кој ги озаконува нашите дејствија и ни дозволува да ги вреднуваме дејствијата на другите како правилни или грешни, ја оправдува постоечката општествена состојба или ни ги дава средствата и целите да ја промениме и потпомага во одржувањето на константноста на општествената група. Идеологијата ги зауздува нашите вредносни избори нудејќи ни, во границите на возможното, објективни причини. (T. Parsons). Некои го ограничуваат ова значење на идеологијата на нивото на нашите политичко – општествени убедувања и нагласуваат дека идеологијата дава стабилност и ги наведува нашите групни дејствија (R. E. Park), ја задоволува основната човечка потреба за продолжување, насочување и сигурност во светот (Burks).

13


РЕПОРТАЖА Пишува: Милчо Дули

Осамениот континент - Антарктик Антарктик е петтиот по големина континент, кој се наоѓа на Јужниот Пол. Најблиска друга голема земја е Јужна Америка на 1.000km оддалеченост, преку најгрубиот воден простор на светов - каналот Дрејк. После неа следи Австралија која е оддалечена 2.500km, па Јужна Африка на дури 4.000km. Вкупната површина на овој континент преку лето е околу 14,2 милиони km2, што е приближно два пати повеќе од големината на Австралија, нешто помалку од САД и педесет пати повеќе од Британија. Во зима, неговата површина дупло се зголемува, а тоа се должи на ледените мориња кои се формираат околу бреговите. Вистинската граница на Антарктикот не е крајбрежјето на континентот или надворешните острови, туку Антарктичкиот Поларен брег, кој вклучува и дел од океанските води околу него. Три фактори владеат на Антарктикот, кои се и негови светски рекорди – студот, ветерот и височината. Тој е најстудениот, најветровитиот и највисокиот континент. Најниската температура која некогаш е забележана е -89,2 целзиусови степени, на 21-ви јули 1983-та година, во Руската база на Јужниот Пол. Таа се наоѓа блиску до Недостапниот Пол, точка на Антарктикот која е најоддалечена од сите и најневозможно место на кое може да се пристапи. Овој континент најчесто има јаки ветрови. Мирните периоди се ретки и обично траат по неколку часа, а многу поретко и по неколку денови. Ветер со брзина од дури 320km/h бил забележан од Француската база во Јули 1972 година. Антарктикот е составен од две главни површини: Источна Антарктика и помалата Западна Антарктика, на која се наоѓа Антарктичкиот полуостров. Западната е екстензија од Андските планини, кои се протегаат од Јужна Америка, а за Источната се мисли дека не е цела површина и кога би се тргнале замрзнатите покривки, би останала само група од острови. Овие две површини се разделени од Трансантарктик, синџир од планини кои се протегаат преку целиот континент, чија поголема површина е под покривка од мраз.

14

Повеќе од 99% површината на Антарктикот е покриена со мраз, а тоа претставува околу 70 проценти од свежата вода во целиот свет. Дебелата покривка од мраз го прави овој континент највисок од сите, со просек од 2 300m. Највисока точка е планинскиот масив Винсон(4 897m), а најниска досега откриена е ендекот Бентли (2 499m). Глечерите или големите реки од мраз, ја цедат внатрешноста на континентот и на неговите обали формираат гребени од мраз. На местата каде што поминува таа голема маса, остава распукана и искршена површина, која понатаму е многу опасна. Најмалку два вулкани се активни тука. Брдото Еребус (3.794m) е повисокиот и постојано околу него има растопено езеро од лава. Другиот е островот Десепшн, кој се наоѓа северно од Антарктичкиот полуостров и кој е популарно место за туристичките бродови, бидејќи нуди топла бања во вулканските топли води, опкружени со Антарктички мраз и пингвини.Тука нема и домородни животни. Сите кои може да се видат таму се зависни од водата кога е храната во прашање или се видови кои мигрираат кога доаѓа зимата. Единствените домордни животинчиња се безрбетни и само неколку милиметри големи. Овие ситни животни можат да ги толерираат ниските температури во зима, со тоа што замрзнуваат во мразот под карпите и камењата. Кога се затоплува времето и почнува да се топи мразот, се одмрзнуваат и сите нивни функции постануваат активни. Сепак, најдолго можат да преживеат на полуостровот. Но, пред сите нив, најпознатиот жител на Антарктикот е пингвинот. Птицата која не може да лета, но е одличен пливач живее на масата од мраз и во океаните околу овој континент. А население? Во 1821-та година за прв пат тука стапнала човековата нога. Од тогаш до денес, Антарктикот сеуште нема постојани домови и жители. Има околу 4.000 научници во бази во краткото лето, околу 1.000 преку зимата и 25.000 туристи, кои исто така најчесто доаѓаат кога е лето, а е површина 1,4 пати поголема од САД!


ХОРОСКОП Пишува: Маријана Дули

Знаците и подароците

верувајте дека се наоѓате пред тешка задача, бидејќи мора да го задоволите нејзиното силно развиено чувство за естетика. Вашата суетна Вага сигурно ќе биде освоена од парчето облека со потпис на некој познат креатор или од исто таквата линија козметички производи. Притоа, не заборавајте дека се треба да биде обоено во некоја од пастелните бои и дека Вагата ќе води сметка и за начинот на кој сте го спакувале подарокот. Па, дури ќе ја чува и хартијата во која е тој спакуван, бидејќи никој не знае кога таа може да и затреба. Значи, не штедете пари на ништо, но не помислувајте да ја изненадите со некој парфем. Вагата секогаш го става само својот мирис, па ако не ви е позната неговата марка, тогаш побарајте друг подарок.

Шкорпија Девица Најдобар доказ дека подароците се израз на индивидуалноста потврдуваат Девиците. Нивните подароци се како нив самите, рационални и практични. Но, исто такви нешта посакуваат и за себе. Па, ако се наоѓате пред дилемата што да и подарите на својата Девица, тогаш слушајте ја внимателно. Таа веројатно во деновите пред празниците, божем случајно ќе нафрлува, што е тоа што и недостасува или би била среќна да го има. Сепак, подарокот треба да биде со конкретна употребна вредност. Значи, сигурно нема да остане рамнодушна пред прецизниот но ненападен часовник, пред беспрекорно изработената чанта, паричник или роковник. Сигурно ќе и се допаднат пакетчињата со некој редок чај или миризливи растенија, се што може да и послужи во домаќинството. Жената пак Девица ќе биде задоволна ако и подарите интересна шапка, дискретни обетки, свилени марами. А, нема да погрешите ниту со подароците што асоцираат на хигиената, како миризливите сапуни, соли или мантил за капење. Но, не заборавајте дека иако штедлива, Девицата не подарува ништо ефтино и краткотрајно.

Можеби се тие интелигентни, остроумни,сестрани и магнетски привлечни, но не заборавајте дека Шкорпиите се и најголеми злопамтила во Зодијакот. Тие и по десет години точно ќе знаат кога и што сте им подариле. Инаку, Шкорпијата “се пали” на се што е таинствено. Тогаш сигурно ќе ја “погодите” со некаква книга од областа на езотеријата, окултното, шпионажата или религијата. Мажот Шкорпија со гаранција ќе занеми пред збирката старо оружје, а жената пред крзното и долната облека од црна чипка. Но, Шкорпиите ја почитуваат и облеката од црна кожа, свилената постелнина во темна боја, букетот бели цвеќиња и накитот со аметист и опал. Притоа никако, ни на шега, не осмелувајте се да и подарите на сексапилната Шкорпија папучи со насликани цветови или со животинки. Таа тоа ќе го доживее како лична навреда.

ПРОДОЛЖУВА...

Вага Рафинирани и со нагласено чувство за естетика, Вагите уживаат во подароците. Па, колку подарокот е поскап, толку нивната неодолива насмевка е поширока. Но, ако се обидувате да ја изненадите вашата Вага со некаков подарок, тогаш 15


КНИГА

ПРЕДЛОГ КНИГА Приредил: Александар Крстев Најчитана книга за минатата недела е „Сопствен демон“ од Лин Виел Предлог книга за оваа недела:

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Најчитана книга за минатата „Семејството“ од Марио Пузо

недела

е

Крила – Даниела Стил Предлог книга за оваа недела: Кеси О’Мели уште како дете беше загледана кон небото. Во тоа волшебно пространство со кое сакаше да владее и да лета слободно како птица. Меѓутоа, нејзиниот татко, пилот – ветеран од Првата светска војна, сметаше дека на жените не им е местото во авионите, барем не во пилотската кабина. Тврдоглавата Пет, чиј карактер целосно го наследила од татко и, се зближува и здружува со Ник, летечки ветеран кој и ги открива сите тајни на летачкиот занает. Страста што двајцата ја делат кој бескрајноста на небото, очигледно не е единственото нешто што ги зближува...

Психологија на успехот за XXI век – Карнеги Дејл Среќата не зависи само од тоа кои сте и што имате, туку првенствено од тоа како размислувате. Затоа, денот започнете го размислувајќи за работите за кои би требало да бидете благодарни. Вашата иднина најмногу ќе зависи од работите за кои размислувате во моментов. Затоа, размислувајте за самодовербата, љубовта и успехот.


КОЛУМНА Пишува: Кристијан Велјанов

Доаѓањето на исламот во Македонија Македонскиот народ се нашол на боиштето меѓу христијанска Европа и исламска Турција. Дотогаш под власт на бугарски, српски и разни крстоносци владетели, само повремено успевал да поживее самостоен (каков таков) живот под свои кнежевски владеења. Сега се нашол распнат помеѓу завладувачкиот ислам и завладувачкото христијанство од туѓинците кои и едните и другите настојувале да го стават под своја служба. Немајќи снаги да се спротивстави и на едните и на другите, правел компромиси час со едните, час со другите. И сите подоцнежни проекти на австро-унгарските цареви, папите, шпанските, француските и други западни владетели за ослободување на Македонија, не се ништо друго но такви компромиси. Македонците и нивните првенци кога ги склопувале договорите, се свесни дека и новите сојузници се со свој интерес од Македонија, нокако христијански (а по новото искуство со исламот), сега тие им се гледале како помало зло.

Турската држава пак била во полн подем, турскиот феудализам со пон расцут ќе ги дочека и наредните неколку века. Во состав на османлиското милитаристичко а по организираноста династичко царство, веќе биле конгломерат од нации: Арабјани, Сиријци, Ирачани, Египќани, Бербери, Курди, Ерменци, Грци, Македонци, Албанци, Унгарци, Срби, Бугари и др. кои се разликувале по вера, јазик и начин на живеење. Сите заедно, со се селаните Турци како наполно одвоени од владеачките Турци, ги држел мечот (“Uthmana”). Интересна е меѓутоа стратегијата на Турците за ширењето на исламот на европско тло поради една своја очигледна и перфидна политика а со која всушност толку долго ќе се оддржуват. Така тие како малцинска група меѓу толкуте нации на така големите поседи, никогаш не се обидуваат да ги населат арапските земји. Но, Турците затоа пак го населуваат Балканот и Македонија со муслимански народи постојано низ вековите владеење. Тие ја освежуваат својата крв и низ женачки со немуслиманки и со давање полно граѓанско право на секој кој ќе преминел на ислам, ќе го усвоел турскиот јазик и признавал султанот. Особено пак нечовечна е институцијата-јаничарство, преку која Турците ќе го земаат, исламизираат и асимилираат постојано и постојано, цветот на машката младина не само од Македонија но и од другие христијански народи. Внесувајќи го во својата државна и војничка служба овој нов ред, ќе го насочат да војува токму против својот корен (народ) како и против други народи со кои Турција има проблеми. Овие се главни причини за исламизацијата на Македонија, но се разбира има и други, како насилната исламизација засилена со Сулејман Величествениот и неговите наследници, како и наместа доброволната исламизација заради задржување одредени привилегии или спас на семејствата и животите. Сепак, насилната исламизација е од подоцна а попрвин се јавува доброволната. Турците во првите децении од своето владеење одат со “помеки“ методи и не притискаат кон исламот и заради недоволната своја зацврстеност на Балканот и Европа. Имале сеуште силни противнички христијански империи (Византија до падот во 1453 год., Австро-Унгарија, растечката Русија и др.) за да си го дозволат и луксузот на целосен верски пристисок над другите покорени дотогаш христијански народи. Дека биле со правилна стратегија ќе се потврди подоцна, кога Русија заедно со АвстроУнгарија лесно ќе ги потпалуваат и контролираат востанијата на христијанските народи в грб на Турција и тоа токму во миговите кога таа (или Австро-Унгарија) е во војна Турција.


МУЗИКА Превземено од backstage.com.mk

Каролина: Ќе пеам на иста сцена со Ејми Вајнхаус! На 13 Мај во Салата Борис Трајковски после цели 3 години Каролина одржа концерт. Голем концерт за паметење, убав настан за прераскажување, прекрасен момент за гордеење. Каролина со своите гости Владо Јаневски, Беј Д Фиш, Тавитијан Брадрс и Влатко Стефановски цели три часа ја држеше публиката на нозе.

Дури после три недели од одржаниот концерт во салата Борис Трајковски, Емоциите кај Каролина не стивнуваат.... Многу ми е драго што концертот помина онака како што очекувавме сите бидејќи навистина целиот тим и мојот бенд и мојата продукциска куќа Авалон, и сите луѓе задолжени за организација и техничка изведба, буквално со секоја своја клетка дишевме за овој концерт. Се уште не стивнуваат честитките од луѓето кои ме среќаваат. Backstage: После преполните сали од публика на концерти со ѕвезди од соседството, Каролина го обели образот на македонската музика. Какво е чуството? Најбитното од се е дека јас навистина се забавував, и многу ми е кеф што во исто време се забавуваше и публиката. Буквално публиката пееше со мене од првата до последната песна. Уживав во мојот концерт тоа ми е најважно. Драго ми е и што сите весници односно 99 проценти објективно известуваа за концертот, драго ми и што моите гости се задоволни, и што публиката одлично изреагира на нив што значеше дека гостите ми биле вистински избор. Backstage: Те фати ли трема, се исплаши ли дека можеби ќе кикснеш некаде. Бараше ли поддршка од твоите најблиски, барајќи ги со очите во публиката? Да. Ми значеше многу поддршката од другарките, тие беа во првите редови и ме бодреа, ми даваа сила. Но сепак поддршката ја имав во целата публика. Навистина сите искрено се забавуваа. Backstage: Покрај семејството другарките, твојот верен соработник Цаци Паковска, беше присутна тука. Што заради твојот стајлинг, така и како твоја публика, колку ти е значајно нејзиното присуство ? Цаци е многу темпераментен лик и секогаш е тука

да ми влее самодоверба, бидејќи јас понекогаш знам да паднам психички, да се чуствувам депресивно, а Цаци тогаш знае да ме дигне, да ме насмее, да ме расположи. И драго ми е што луѓе како неа и како моите долгогодишни соработници ги имам покрај себе. Backstage: Концертот се снимаше, наскоро се очекува и ДВД издание од истиот. А после овој концерт Каролина продолжува турбо со своите обврски освен веќе испланираните настапи по клубови и мини концерти Каролина зедно со Беј д Фиш на 18 јуни ќе биде предгрупа на Ејми Вајнхаус во Белград... Драго ми е што ќе настапам пред Ејми, таа ми една од омилените артисти. Јас имав нејзин албум уште пред пет години, пред да стане толку популарна. Ја почитувам заради нејзините живи изведби, таа е артист кој може да импровизирира до бесвест и потоа повторно да се врати на вистинскиот тон. Нејзината екцентричност, нејзиниот изглед ја прави навистина генијална.


МУЗИКА

Backstage: Би посакала ли Каролина дует со неа ? Ах тоа е научна фантастика, можеме да мечтаеме само. Секако дека би сакала, но сепак Ејми е огромна ѕвезда. Backstage: Кога сме веќе кај Белград, Каролина е обожувана и многу посакувана во Србија, ќе има ли концерт на тие простори ? Да веќе најавивме и во план ни е до крајот на годинава да се случи таму концерт. Поинтензивно на мое концертно претставување во Белград ќе работиме од септември и освен претставување на српските албуми, многу застапени ќе бидат и македонските народни песни, затоа што публиката во Србија секогаш одлично реагира на македонската староградска музика. Backstage: И за крај кога ќе се омажи Каролина ? Толку многу го одговарав ова прашање што стварно ми се исцрпени сите одговори и веќе не знам ништо оригинално да кажам . А Бекстејџ знае дека венчаницата ќе ја креира Цаци Паковска и дека за фризурата ќе биде задолжен Сретен. И секако на венчавката ќе има младоженец..


СПОРТ Превземено од Тиме.мк

Сите финалиња на Манчестер и Барселона Да ве потсетиме на сите финалиња што овие два клуба ги имаат одиграно во ова натпреварување. Барселона шест пати играла во финалето на Лигата на шампионите, а учинокот е половичен. Каталонците до сега имаат освоено три трофеи. Манчестер играл четири пати во финалето, а само еднаш беше поразен, токму од Барселона. - 29. Мај 1968, стадион Вембли во Лондон, 92.225 гледачи МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - БЕНФИКА 4:1 (Боби Чарлтон 53, 99, Џорџ Бест 93, Брајан Кид 94/ Грача 75)

Десет години после трагедијава во Минхен, кога загина речиси целиот тим на таканаречените базбиеви бебиња. Манчестер Јунајтед играше во своето прво финале во Купот на шампионите и тоа на Вембли пред 92000 гледачи. Тоа беше едно од најдобрите финалиња во историјата на Купот на шампионите. Манчестер Јунајтед поведе со голот на Чарлтон во 53. минута, а изедначи Грача во 75. минута. Пред крајот на натпреварот легендарниот Еузебио имаше зицер за победа на Бенфика, но шутираше во голманот Алекс Степнеј. Следуваа продолженија и погодоците на Џорџ Бест, Брајан Кид и Боби Чарлтон. Манчестер славеше со 4:1 и го освои првиот европски наслов. - 26. Мај 1999, стадион Камп Ноу во Барселона, 90.045 гледачи: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - БАЕРН 2:1 (Теди Шерингам 90, Оле Гунер Солскер 90/ Марио Баслер 6) После бројните наслови во англиското првенство и во купот, тренерот Алекс Фергусон дојде и до првата европска круна и тоа во најголемиот пресврт

20

во историјата на Лигата на шампионите. Тогаш се случи нешто што дотогаш не беше видено. Англичаните им сервираа на германците лек кој беше германски изум (нема предавање до последниот судиски сигнал). Теди Шерингам изедначи во првата, а Оле Гунер Солскер го постигна победоносниот погодок на 3 минути по деведесеттата. Тогашниот претседател на УЕФА, Ленарт Јохансон зборуваше како во 89. минута ја напуштил ВИП ложата на Камп Ноу и со лифт се упатил кон теренот за да им го врачи трофејот на баварците, а кога излегол од лифтот видел дека славеле играчите на Манчестер Јунајтед. Додека се возел со лифтот ги пропуштил двата гола на Манчестер. - 21. мај 2008, стадион Лужники во Москва, 67.310 гледачи: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - ЧЕЛСИ 1-1 (Роналдо 26/Лампард 45 - Манчестер Јунајтед победи 6-5 на пенали) Манчестер Јунајтед повторно дојде до шампионската титула по голема драма. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Кристијано Роналдо во 26-та минута, а Челси изедначи во 45-та минута со погодокот на Френк Лампард. Резултатот остана непроменет и по 90 и 120 минути, па победникот мораше да се решава со ударите од белата точка. При изведувањето на пеналите прв во предност дојде Челси бидејќи Роналдо промаши, и при 4-4 капитенот Џон Тери требаше да шутира за победа на Челси. Но, англичанецот на влажниот терен се клизна и неговиот пенал заврши во стативата. Потоа за Манчестер поентираа Андерсон и Гигс, за Челси Калу. Николас Анелка шутираше за ново израмнување, но голманот Едвин ван дер Сар го одбрана неговиот удар и Јунајтед го освои третиот европски трофеј. - 27. мај 2009, стадион Олимпико во Рим, 62.467 гледачи: БАРСЕЛОНА - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 2-0 (Ето 10, Меси 70) Година дена откако што ја освои третата европска титула, Манчестер Јунајтед беше повторно во финалето, но овој пат за негов противник ја доби Барселона, која во моментот го играше можеби најдобриот фудбал на Планетата Земја. Манчестер одлично го започна мечот и на самиот почеток создаде неколку посериозни шанси, но веќе во 10-та минута доби „ладен туш“, со оглед на тоа дека Самуел Ето погоди за водство на Барса. За конечните 2:0 во листата на стрелците се запиша Меси во 70-та минута и тоа со глава.


СПОРТ

Финалиња од Купот и Лигата на шампионите во кои настапувала Барселона:

70.000 гледачи: МИЛАН - БАРСЕЛОНА 4:0 (Масаро 22, 45+3,

- 31. мај 1961, стадион Ванкдорф во Берн, 33.000 гледачи: БЕНФИКА - БАРСЕЛОНА 3-2 (Агуас 30, Рамале 32-автогол, Колуна 55/Сандор Коцсис 20, Золтан Зибор 75) Откако Реал Мадрид ги освои првите пет изданија на Купот на шампионите фудбалерите на Барселона за прв пат успеаа да му застанат на патот на „кралскиот клуб“, елиминирајќи го во второто коло во сезоната 1960/61. Но, генерацијата која го спречи Реал не успеа да стигне до крајот. Во финалето во Берн фудбалерите на Барса поведоа со голот на Сандор Коцсис во 20-та минута, но португалска Бенфика многу брзо креираше пресврт. Во 30-та минута Агуас израмни, а благодарение на автоголот на Рамале во 32-та минута Бенфика веќе имаше водство, за во 55-та Колуна да зголеми на 3-1 за португалската екипа. До крајот на средбата Барселона успеа само да го ублажи поразот со голот на Золтан Зибор во 75-та минута. - 7. мај 1986, стадион Санчез Пижуан во Севиља, 75.000 гледачи: СТЕАУА - БАРСЕЛОНА 0-0 (Стеауа победи со 2-0 по изведувањето на пенали) Барселона во четвртфиналето го исфрли актуелниот првак Јувентус и под водство на англискиот тренер Тери Венаблс беше апсолутен фаворит во финалето против Стеауа од Букурешт. Со оглед на тоа дека се играше во шпанска Севиља, од 75.000 гледачи можеби само стотина навиваа за романската екипа. По 90 минути резултатот беше 0-0, но истиот резултат остана и по продолженијата. Победникот беше одлучен по изведувањето пенали, а херој стана голманот на Стеауа Хелмут Дукадам, кој одбрани четири 11-терци. - 20. мај 1992, стадион Вембли во Лондон, 70.927 гледачи: БАРСЕЛОНА - САМПДОРИЈА 1-0 (Роналд Куман 112) Во своето трето финале Барселона конечно го освои фудбалскиот „свет трофеј“, на легендарниот Вембли ја победи Сампдорија со 1:0 по продолженијата, а стрелец беше Роналд Куман во 112. минута. На тренерското место на Барселона седеше харизматичниот Јохан Кројф, а стандарден првотимец беше Пеп Гвардиола, кој е денес тренер на каталонскиот клуб. Сампдорија ја предводеше убиствениот стрелец Џанлука Виали и „плејмејкерот“ Роберто Манчини, а во средината играше поранешниот селектор на Македонија, Словенецот Среќко Катанец. - 18. мај 1994, Олимписки стадион во Атина,

Савичевиќ 47, Десаи 59) Две години по освојувањето на првата европска круна Барселона повторно играше во финалето и повторно против италијански тим. овој пат противник им беше Милан, предводен од Фабио Капело, а главни креативци во средниот ред беа Во нападот на Барселона тогаш беа најдобрите светски играчи, Бугариниот Христо Стоичков и Бразилецот Ромарио. Дрим-тимот на Кројф беше фаворит, но Капело успеа да го надмудри холандскиот стручњак и Милан славеше со високи 4:0, а стрелци беа Масаро (22, 45+3), Савичевиќ(47) и Десаи (59). - 17. мај 2006, Стад де Франс во Париз, 79.500 гледачи: БАРСЕЛОНА - АРСЕНАЛ 2:1 (Ето 76, Белети 81/ Сол Кемпбел 37) Предводена од тренерот Франк Рајкард и најдобриот фудбалер на светот Бразилецот Роналдињо, Барселона со својот убав и комбинирачки фудбал стигна до привлечност од страна на целиот свет. минута исклучен беше голманот на Арсенал, Јенс Леман, но лондонскиот клуб и со играч помалку поведе, а стрелец беше Сол Кемпбел во 37. минута. Барселона имаше апсолутна надмоќ, Роналдињо правеше чуда, но пресвртот стигна кога во 60. минута во игра влезе искусниот шведски напаѓач Хенрик Ларсон, кој асистираше за двата погодоци на Барселона. Стрелци беа Камерунецот Самуел Ето (76) и Бразилецот Жулиано Белети (81). - 27. мај 2009. стадион Олимпико во Рим, 62.457 гледачи: БАРСЕЛОНА - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 2:0 (Ето 10, Меси 70) Манчестер одлично започна на самиот почеток и направи неколку шанси за гол, но веќе во 10. минута ги следеше „ладен туш“, затоа што Самуел Ето постигна гол за водство на Барселона. За конечни 2:0 се погрижи Месиво 70. минута и тоа со глава. Тоа беше третиот трофеј за Барселона во Лигата на Шампионите. 21


ДИЕТА Пишува: Татјана Пројчевска

Тип на диета според хороскопскиот знак Кога се зборува за диети и самите знаеме дека ги има безброј. Меѓутоа, сите диети не осговараат на сите. Ова се предлози според хороскопските знаци, но доколку диетата наведена под важиот знак не ви одговара обидете се и со некоја друга. Телото само препознава што е најдобро за него.

Овен - Аткинсонова диета Овните се личности кои сакаат да комбинираат телесни вежби со диета и кога еднаш ќе се одлучат немаат проблеми со придржување кон планот.

Бик – Периконеова диета За биковите е најважно да се намали внесувањето на шеќери, слатки, чоколада и сл. Со вашиот знак владее слатката Венера, “најслатката” планета од сите, па немојте да се чудите ако сте зависни од слатко. За вас добра диета е онаа која го ограничува внесувањето на шеќери и јагненохидрати.

Близнаци – Здрава диета Нема подруштвен знак од вас, па и ако се одлучите на диета веројатно нема да сакате да ја држите сами. Големи се шансите да ги вклучите пријателите и семејството, па умереноста е најдобар избор. Можеби не е брза, но на тој начин ќе го подобрите целиот животен стил.

Рак – Зелена диета Вие раковите се грижите за сите други, освен за вас. Затоа ви е потребно решение кое со малку труд ќе има големи резултати. Користете намирници за кои треба мала подготовка и на тој начин

ќе заштедите време, но и ќе го поправите вашето здравје и изгледот. Зелена диета е препорачлива за вас порди намирниците кои немаат потреба од комплицирана подготовка, а доколку не сте вегетаријанец можете да додадете и помалку калорично печено месо.

Лав – Брза диета Вие сте огнен знак, па не сте трпелива личност. Поради тоа за вас е препорачлива диета која гарантира резултат за помалку од недела дена. Слободно држете некоја брза диета, но после тоа продолжете со внимавање при исхраната за да не се повратат килограмите.

Девица – South beach диета Според диетните стручњаци клуч на секоја диета е редовна исхрана и умереност. Јадете мали порции, никогаш не ги прескокнувајте оброците, внимателно избирајте храна и внимателно приготвувајте ја.


КУЈНА Пишува: Татјана Пројчевска

Сварете го кафето, па прелијте преку печеното тесто неколку лажички.

Колач со фил од кафе

Добро изматете го маргаринот, додадете ја смесата од пудинг и преостанатото кафе и заедно добро промешајте.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: • 4 Шекер лажичка/ки • 50 грама Шеќер • 50 грама Чоколадо • 1 кесичка/ки Прашак за печиво • 300 милилитри Млеко • 250 грама Маргарин • 1 Кафе филџан/и • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер • 1 Ванила пудинг/а • 50 грама Брашно • 4 Јајца/це

Добиениот фил сипајте го преку колачот и израмнете го. Одозгора изрендајте чоколадо и ставете го колачот во фрижидер се до послужувањето.

ПОДГОТОВКА: Изматете ги јајцата, додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за пециво, па се добро изматете. Сипете во еден подмачкан плех и печете на 200 степени додека тестото не се одвои од страната на плехот. Млекото сварете го, па кога ќе зоврие сипете го прашокот за пудинг, кој претходно сте го измешале со малку млеко и 4 лажички шеќер. Сварете го пудингот класично.

Сакам да ја помогнам програмата "Улица" Сакам да се претплатам:

1

2

Сакам да донирам:

5 5000000002136-21

Radio 106,6 GP Pelister


www.street-papers.org

www.felixbt.org.mk ++ 389 47 227 290

Кампања "Фонд за образование на ромските деца". Проект на Група "Феликс" - Битола Жиро сметка: 5000000002136-21, даночен број: 4002000139634, Депонент на Стопанска банка - Битола

Ulica 43  

Street Magazine Ulica

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you