Issuu on Google+

СЕП. 09 / ОКТ. 09

38

ЗА ЧИТАЊЕ Џим Рон

Социјална Интервенција НИЕ И ДРУГИТЕ


Ексклузивен застапник и увозник за Република Македонија: "ЕУРО-ФАРМ", ул. Огњан Прица бр.5, 1000 Скопје Тел.: 02/ 32 12 700; Факс: 02/ 32 14 292 e-mail: eurofarm@eurofarm.com.mk www.eurofarm.com.mk


СОДРЖИНА

УЛИЦА е:

Програма за намалување на сиромаштијата и невработеноста

„УЛИЦА“ е програма за намалување на сиромаш­ тијата и невработеноста преку издавање и продажба на независен и непрофитен весник.

Актуелно Зимница - Гордост на секоја домаќинка... 4 Интервју Кире Марков, тренер на пливачкиот клуб

„УЛИЦА“ е социјален уличен весник кој придо­ несува за јакнење на капацитетите на продавачите. Невработените, од „жртви“ за кои треба да се грижи државата и нејзините институции, да започнат да се гледаат како активни граѓани кои со своите капацитети си го подобруваат квалитетот на сопствениот живот. Принципот на работа на „УЛИЦА“ е на продавачите да им овозможи бесплатни обуки за занаети и работилници за основни на претприемачките вештини. Весникот се придржува на филозофијата „подај рака за работа, не за милост“.

Олимпик ......................................... 8

Се продава по цена од 30 денари, од кои 15 денари се заработка за продавачот.

Книга

„УЛИЦА“ се финансира од донации, спонзорства и реклами од фондации, институции, бизнис- сектор и граѓаните.

Приказни од животот

Социјална Интервенција Ние и Другите.... ............................. 12 Применета мудрост Петнаесетотто правило ...................... 14 Хороскоп Девица и Вага ................................. 15

Предлог книга ................................. 16

Џим Рон ......................................... 17 Музика

Стопанска банка- Битола Ж-ска: 500-000 000 4308- 04 Со назнака: за УЛИЦА

Интервју со Моби ............................. 18

„УЛИЦА“ полноправен член на Меѓународната мрежа на улични весници (INSP- International Network of Street papers, www.streetpapers.org) која обединува стотина светски весници што се продаваат од сиромашни и маргинализирани луѓе.

Спорт Одличен старт на зелените ................. 20 Диета Ориз диета ..................................... 22

www.street-papers.org

Весникот "Улица" го подготвуваат:

Лектор проф. Милица Радевска

Организатор и издавач Здружението за превентивна работа со деца и млади и нивните семејства - "Група Феликс"

Компјутерска обработка Милчо Дули www.duli.mk

Директор и уредник Дијана Ѓорѓиевска Редакција Татјана Пројчевска Дијана Ѓорѓиевска Љубица Петрoвска Соња Тантарова - Груевска Дивна Грданова - Караџовска Зоран Мишевски Милан Ризвановиќ Игор Војновски

Печати Печатница: АД " Киро Дандаро" - Битола www.kdandaro.com.mk Тираж: 2000 примероци

Спонзорирано од:

АД " Киро Дандаро" - Битола

Рекламирајте и огласувајте во "Улица"

Редакција на "Улица" Првиот број излезе на 12 април 2005 година Јосиф Христовски 4/4 7000 Битола * Текстовите и фотографиите изнесени во весникот секогаш тел.: 047/227 290 не го претставуваат мислењето и ставот на Редакцијата. ulicabt@gmail.com www.ulica.org.mk * Текстовите и сликите испратени до Редакцијата не се враќаат. Пишете ни ...


АКТУЕЛНО Пишува: Милчо Дули

ЗИМНИЦА

ГОРДОСТ НА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА


АКТУЕЛНО

По повод претстојниот период на припрема на зимници

Во минатото било неопходно зеленчукот и овошјето да се подготвуваат за зимските месеци, кога го нема во природата, за да можат домашните да конзумираат разновидна храна. Со денешниот прогрес на технологијата на конзервирање и пастеризација, индустриски конзервираната храна е достапна во текот на целата година, како и свежиот зеленчук и овошје од разни делови на светот. Таквите индустриски обработени производи, поефтино е да се купуваат во најблискиот маркет, отколку сами да ги подготвувате. Но тука е мамецот

на кој сите се закачуваме. Овие,”купечки” производи го немаат онај домаќински шмек, што го има теглата затворена со целофан, по која се нафатил прав од стоењето во визбата, со етикета на која со рака се напишани податоците и која не потсетува на целиот оној труд вложен во подготвувањето на зимницата. Може ли нешто да биде повкусно од ајварот подготвен според рецептот на вашата мајка и баба, а кој сега вие им го подготвувате на вашите деца или внуци. Во денешниот свет кој има многу изгубено од допирните точки со нашите предци, голем број домаќинки се решаваат да ги изненадат своите најблиски со подготвување на зимница, која потоа со гордост им ја нудат и на гостите. Конзервирањето на храната има голема важност во исхраната затоа што овозможува во

текот на целата година да конзумираме храна богата со минерали, витамини и други корисни состојки. Конзервирањето на производите е голема вештина која се стекнува со долгогодишно водење на домаќинството.

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ -Зимницата чувајте ја на темно, суво и ладно место. -Конзерванси се хемиски средства за спречување на ширењето на причинителите на расипувањето. Внимавајте, не се сосема безопасни по здравјето на човекот ( пр. салицил), затоа никогаш не ставајте повеќе од пропишаната доза. -Лажицата за мешање најдобро е да биде пластична или дрвена. -Користете пластична инка или инка од метал што не рѓа. -Добро е на теглите или шишињата да ставате налепници со содржината, количината и датумот на подготовка. -Зачините имаат силно конзервансно дејство. Најдобро е да ги употребувате немелени и неиситнети. -За подготвување на туршија најпогодни се рапави краставички. -За конзервирање најдобри се поситните домати. -Алкохолт го чува овошјето од расипување. Жестоките пијалоци одлично го чуваат свежото овошје, додека виното, бидејќи нема доволно алкохол, се користи само како зачин за зимницата. -За да се замрзне меко овошје потребни се седум часа, а за да се одмрзне три; за тврдото овошје потребни се 8 часа да се замрзне, а 4 да се одмрзне. Месото за печење се замрзнува за 10 часа, а се одмрзнува за 5 часа. Пилето се замрзнува за 12 часа, а се одмрзнува за 6 часа. Сирењето се замрзнува за 12 часа, а се одмрзнува за 4 часа. Готовите јадење се замрзнуваат за 12 часа, а се одмрзнуваат за 7 часа.

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА УСПЕШНА ЗИМНИЦА а) Користете само зрел, здрав, цврст и квалитетен зеленчук. б) Садовите и плодовите кои се користат треба темелено да се измијат. в) Теглите и шишињата пред употреба треба да се стерилизираат (прво да се измијат со топла вода и сапуница, потоа да се исплакнат со ладна вода, да се исцедат, да се стават во рерна и на температура од 100 степени да отстојат десетина минути). г) Зеленчукот варете го во неоштетени 5


АКТУЕЛНО

плодови се оставаат цели, а покрупните се сечат на половина или на кришки. Најчесто измиеното и исчистено овошје се реди во тегли, се налива со шеќерен сируп, се затвораат теглите и се стерилизира. Совет: Секое овошје можете наместо со шеќерен сируп да го прелиете со загреан мед. Медот на ваков начин ќе стане најубаво желе.

ЏЕМ

емајлирани садови или во метални садови кои не фаќаат рѓа. д) Сите тапи пред употреба треба да ги ставите во зовриена вода ѓ) Пред да започнете со подготовка на зимницата, прегледајте ги стаклените тегли, затоа што и најмалата пукнатина е доволна теглата да пукне кога во неа се става врелата содржина. е) За подготовка на зимница користете само јодирана сол.

ОВОШЈЕ -Изберете и распоредете ги плодовите: Најубавите употребете ги за подготвовка на компоти, останатите за мармалади, сокови и др. -Овошјето треба да биде зрело, но не и презреано бидејќи таквото не содржи пектин, кој помага при конзервирањето. -Најдобро е овошјето да се чисти непосредно пред подготвувањето, затоа што под влијание на кислородот тоа потемнува, а се губат и дел од витамините. -Овошјето варете го во емајлирани садови, или од челик што не рѓа, а никако немојте во метални садови. -За овошјето непотребно да не изгуби од квалитетот, вкусот и бојата поради предолгото варење, употребувајте ги пропишаните количини на шеќер.

КОМПОТИ Компоти се производи од овошје добиени со варење во шеќерен сируп. Овошјето за компот мора да биде зрело, цврсто и здраво. Поситните 6

За подготвување на џем се користат најквалитетните плодови. Џемот од мармаладот се разликуваат по тоа што содржат цели и несечени плодови. Општо правило за подготвување на џем е овошјето да го варите со шеќер додека не пушти сок. Доколку во рецептот не е поинаку наведено, на 1 кг. овошје ставете 1,5 кг. шеќер. Откако ќе зоврие варете ја смесата уште 15-20 минути со постојано мешање. Џемот оставете го да се излади, па потоа стевете го во тегли.

СЛАТКО Слаткото е производ од овошје со голема количина на шеќер. Обично на 1 кг. овошје се става 1,25 кг. шеќер. При варењето на слаткото прво се вари шеќерниот сируп- на 1 кг. шеќер 1,5-2 чаши вода. Овошјето се додава во сирупот кога тој е многу густ. Слаткото се вари пократко време на посилен оган, за да се сочува бојата и обликот на овошјето. Слаткото се вари без мешање со лажица, само повремено се протресува садот.

КОНЗЕРВИРАЊЕ НА ОВОШЈЕТО Стерилизација- е технолошки процес при што се топлината се уништуваат ензимите и микроорганизмите. Овошјето обично се стерилизира


АКТУЕЛНО

на температура од 100 степени. Поради отпорноста на микроорганизмите, стерилизацијата често се повторува 3-4 пати. Во домашни услови никогаш не може да се постигне апсолутна стерилизација, но и делумната е ефикасна и корисна, затоа што не влијае врз квалитетот на производот. Стерилизацијата се постигнува со варење. Пастер��зација- е делумна стерилизација, при што загревањето се врши на температура од 65-90 степени. Особено е погодна за конзервирање на овошни сокови. Бланширање- е краткотрајно потопување на овошјето во зовриена вода ( поради полесно лупење) или во зовриен шеќерен сируп ( заради омекнување, кога сеуште топлото овошје веднаш се реди во тегли) Шеќерен сируп- се подготвува со варење на шеќер и вода и тоа во различни соодноси: редок сируп- 2 филџана шеќер и 6 филџани вода ( 1:3), средно густ сируп (1:2) и густ сируп ( 1:1). Сирупот може да се користи т опол или изладен.

ЗАМРЗНУВАЊЕ Обезбедувањето на зеленчук за зима и пролет со замрзнување е многу успешен начин на конзервирање. Во правилно подготвениот и спакуван зеленчук, чуван во замрзнувач се зачувува висок

процент од биолошката вредност. Таквиот зеленчук го задржува првобитниот изглед, боја, арома и вкус, а во споредба со термички третираниот начин на конзервирање, во поголем процент ги зачувува и витамните Ц и Б1. Установено е дека некои видови тешко сварлив свеж зеленчук, со замрзнување стануваат многу поприемливи за органите за варење (црвената зелка, кељот, печурките и сл.). Сите видови на зеленчук не се погодни за замрзнување, но со замрзнувањето на голем број од нив зимско-пролетната исхрана е поразнообразна. За замрзнувањето е битно да се одбере зеленчук со висок квалитет и уште сосема свеж да се подготви и да се складира во замрзнувач. Од неквалитетен, свенат, престојан зеленчук не може да се очекува подобрување на квалитетот со замрзнување, бидејќи тој уште од почетокот изгубил доста од заштитните состојки. Подготвителните работи пред замрзнување на зеленчукот, како што се чистење, миење, бланширање, просушување и пакување по оброци треба да се одвиваат брзо, заради зачувување на неговиот состав. Затоа, за еднократна употреба треба да се пакуваат соодветни количини зеленчук. Независно од тоа кој вид зеленчук се замрзнува, работниот процес е сличен: Бланширање е ставање на исчистениот зеленчук ( боранија, моркови, грашок, бамја) во вода која врие, да отстои најмногу 2-4 минути. По вадењето од врелата вода зеленчукот веднаш се става за кратко во студена вода за да се олади. Тоа најдобро се постигнува ако подготвениот зеленчук се стави со решетка ( цедалка) во вода што врие, а потоа се извади и се врати за кратко во студена вода. На тој начин се скратува работниот процес околу зовривањето, цедењето и разладувањето на зеленчукот. По цедењето од студената вода зеленчукот се распоредува на чисто суво платно за да ја впие одвишната влага, а потоа се пакува во најлон кеси, при што се внимава воздухот од кесата целосно да се истисне. Бланширањето има за цел да се уништат некои материи кои и на ниски температури влијаат врз промените во храната. Најдобро е на секое пакетче да се залепи етикета со натпис за тоа кој вид зеленчук е спакуван, со датумот и количината. Некои видови зеленчук како што се зелената салата, кромидот, трупките, краставиците и др. не се погодни за замрзнување, а зеленчукот што го има на пазар преку целата зима, нема потреба да се замрзнува. Такви се: празот, ренот, морковите, цвеклото, зелката, трупката, целерот, пашканатот и сл. 7


ИНТЕРВЈУ Пишува: Соња Тантарова

Кире Марков, тренер на Пливачкиот клуб „Олимпик“ - Битола Акцијаш. Пливач. Највозрасниот пливач на годинашниот ,,Мал илинденски маратон,, во Охрид. Соборувач на пливачки рекорди. Тренер на Клубот ,,Олимпик,,-Битола. Ентузијаст. Одличен педагог. Пример на младите битолски пливачи. Кире Марков. Битолчани, повозрасните, ве знаат како учесник на многубројни работни акции што се организираа во поранешна Југославија. Сега, помладите генрации ве знаат како тренер на Пливачкиот клуб ,,Олимпик,,. Јас сум пливач од 1963 година.Тогаш со пријателите одевме да пливаме во реката Драгор, односно на т.н. капејнци - Славија, Киташ,Пајтонче,Топла-студена И Бимбил камен, па дури потоа на Олимпискиот базен во Битола, каде започна и моето активно занимавање со пливањето. Инаку, ние бевме неколку ентузијасти кои со пливачката вештина се занимававме редовно. Со стружани и охриѓани бевме рамо до рамо, бидејќи иако немавме езеро како нив, имавме отворен базен, а со тоа и добри летни услови за тренирање. Скопјани тогаш беа зад нас кога се натпреварувавме. Но, со времето тие добија подобри услови за работа, таму се изградија неколку покриени базени, што значи услови за работа во текот на целата година. Формираа неколку пливачки клубови и нормално,

8

кога има повеќе пливачи може да се направи селекција, на површина излегуваат подобрите. Затоа сега се пред нас. Но останува она - дека на почетоците, кога ние пливавме, скопјани ни ги гледаа петиците. Времето и условите си го направија своето, но јас сум оптимист дека Битола повторно ќе го има пливањето како свој спорт. Спортувањето и ентузијазмот ве држат на нозе сите овие години. Од актувен пливач станавте учител по пливање и тренер. Но сеуште пливате И тоа на маратони. Годинава вие бевте највозрасниот учесник на ,,Малиот илинденски маратон,, во Охрид. Со маратонското пливање се занимавам одамна. Јас бев осамена единка од Битола која оди на тие маратони што се организираа во Охрид. Бимбиловски во еден натпис ме нарече ,,осамена птица,,. Некои честопати знаеја подбивно да речат ,,Ете, оној стариот плива на маратоните,,. А јас редовно пливав и ете, годинава бев навистина најстариот. За мојата возраст поставив и нов рекорд на два и пол километарската патека од комплексот ,,Горица,, до Охрид. Ја испливав за 48 минути. Сега охриѓани, стружани и скопјани нека повелат и на мои години нека го испливаат овој маратон и нека постават нов рекорд. Шегата на страна. Драго


ИНТЕРВЈУ

ми е за мојот рекорд, но посебно ми е мило што годинава на ,,Малиот охридски маратон,, однесов млади маратонци од Битола, мои ученици, кои ги испливаа тие 2,5 километри. Јас успеав нив да ги научам, да ги оспособам да пливаат маратон и дури и да ме победат. Јас сум горд сум на нивните победи, зашто тоа значи дека сум бил добар учител. Едноставно, јас, стариот, имав идеја и ја реализирав. По кој пат пливавте годинава на маратонот? Во конкуренција го препливав по 28-ми пат, но патеката ја имам испливано повеќе од четирисет пати. Јас неа ја пливам со секој мој нов ученик -маратонец на тренинзите кои ги имаме во Охрид пред маратонот. Мислам дека се додека ме држат рацете и нозете ќе пливам. Сте пливале и на други маратонски патеки? Да. На маратонот од хотел ,,Метропол,, до Струга, потоа на патеката хотел ,,Гранит,,Струга и Пештани-Охрид. Ми остана како неостварена желба да го испливам големиот маратон од Св.Наум до Охрид, но годините си го носат своето. Искрено се надевам дека некој од моите Учесниците на малиот мартон, членови на млади пливачИ, во годините што доаѓаат, во моја ,,Олимпик,, беа посебно возбудени за маратонот. чест ќе ја исплива таа патека. По Бимбилоски треба Можев да забележам дека уште од почетокот да има уште еден битолчанец кој ќе го исплива тој кај нив немаше недоумица. Знаеја дека со ваша маратон. помош ќе успеат да стигнат до целта. Маратронското пливање си бара посебна техника, услови.. Маратонското пливање бара доста напорна работа, самооткажување.. Битни се и условите, но најголема е желбата. Треба да се сака да се исплива, да постои мислата ,,Да, јас ќе испливам,,. И секако треба да имаат некаква сатисфакција овие млади деца, пливачи маратонци. Повторно ќе напоменам дека маратонското пливање е напорно. Години наназад сум со врвните пливачки маратонци кои се учесници на охридскиот маратон, како секундант. Годинава бев секундант на италијанката Камила Фредини која го освои првото место во женска конкуренција. Таа ме покани догодина повторно да бидам со неа. Горд сум што сум се дружел со светска пливачка елита. Од нив стекнувам нови искуства, добивам нови сознанија.

Клубот ,,Олимпик,, на годинашниот мал маратон имаше 11 учесници, со мене 12. Меѓу нив за прв пат пливаа Дамјан Груевски и Иван Симоновски, кои беа и најмлади натпреварувачи од Македонија, родени 2ооо година. Со девет години да се препливаат 2,5 километри не е лесно. За прв пат пливаше и Марко Димитровски. Задоволен сум од резултатите на сите. И на момчињата и на девојчињата. Посебно ме радува што Бојан Јанакиевски, роден 1995, кој е еден од подобрите битолски маратонци и пливачи со доста натпревари зад себе, го подобри својот резултат за цели 1о минути. Лани патеката ја исплива за 46 мин., а годинава за 36 минути.

9


ИНТЕРВЈУ

Од кога работи Клубот ,,Олимпик,,? Клубот е формиран во 2000 година, значи догодина ќе славиме десетгодишнина. А годинава одбележуваме 10 години од ,,Битолскиот мал маратон,, кој нашиот клуб традиционално го организира во чест на илинденските празници и во чест на 8-ми септември, Денот на државноста на Македонија. На него учествувале доста млади пливачи и верувајте, за нив тоа е голем успех, нешто слично како кога алпинистите се искачуваат на Хималаите. По малите мартони некои можеби ќе размислуваат и за препливување на Ла Манш, да го повторат успехот на Томи Стефановски, третиот по ред македонец кој успеа да го преплива каналот. Вашите членови на почеток дошле за да научат да пливаат, а останале со желб�� да продолжат да се занимаваат со пливањето како спорт. Колку членови имате моментално. Имаме 20 активни пливачки и пливачи кои можат успешно да се натпреваруваат и да поставуваат солидни резултати. Во табелата што ја води Пливачката федерација на Македонија ние сме на деветтото место, а има 22 до 24 клуба. По доста години се јавуваме на пливачката сцена, а по 25-30 години успеавме на годинашното Републичко првенство во пливање што се одржа во Скопје, на Битола да и донесеме трето место во штафета за пионери. Во штафетата пливаа Бојан Јанакиевски,

Марко Димитровски, Дамјан Груевски и Мартин Тодоровски. Со оваа штафета го пробивме мразот и се надевам дека на следните првенства ќе успееме да освоиме и некое злато. По маратонското пливање, сега приоритет ќе ни биде брзинското. Условите што ни се нудат во базенот на хотелот ,,Епинал,, се задоволувачки и мислам дека ќе успееме од Битола да направиме пливачки град. Сега имам и уште помлада пливачка, родена 2003, која успеа на неодамнешниот дуел со Клубот ,,Струга,, од Струга да исплива 50м. За нејзина возраст тоа е фантастично. Како би го окарактеризирале пливањето како спорт? Пливањето е спорт кој гради цврсти личности. Луѓе кои се откажуваат од доста работи за да постигнат добри резултати. Пливањето вади цврсти спортисти. Тука нема сакам - неќам. Влегуваш во базен и или ќе испливаш или не. Во битола сеуште нема затворен базен за да можете да имате редовни тренинзи како клубовите во Скопје. Но, базените не се проблем само во Битола. И еден град како Охрид, како Струга се соочуваат со истиот проблем. Охрид нема ни пливачки клуб. Балетска претстава Денс Макабо

Мене, како пливач, ми е криво што во Охрид, градот на маратонското пливање, на плејада пливачи рекордери кои се натпреварувале на редици натпревари низ бивша Југославија, пливачи кои не знаеја за пораз, веќе 2о годинида нема клуб.


ИНТЕРВЈУ

Нема пливачи од Охрид на првенствата. Тоа е дури чудно. Таму имаат хотелски базени, но пливањето го запоставиле. И стружани долго ги немаше на пливачката сцена, иако имаа затворен 25 метарски базен, каде порано се одржуваа републички натпревари, се тренираше и пливање и ватерполо. Јас, битолчанец, поведов иницијатива со тренери од Струга да го оживееме пливањето таму. Ја прифатија мојата идеја и ете, на 15 август веќе имавме еден дуел со струшкиот клуб. Се оди во прилог на тоа во Стуга да се врати пливањето како спорт, но за Охрид мислам дека ќе биде потешко. Државата малку финансира во пливањето како спорт. Клубовите практично се оставени сами на себе. На себе и на спонзорите, до кои упатувам голема благодарност. Но сепак најголемиот товар го носат родителите на младите пливачи. Знаете, пливањето е индивидуален спорт кој не носи некој профит. Ако некој очекува профит треба да оди кон ракометот, фудбалот. За тие спортови има и подобри услови за работа. Па и ако нема соодветни игралишта, децата си прават импровизирани терени за да играат. Но пливањето си бара посебни услови. Летен базен, зимски затворен базен. Посебни услови, посебен третман. Бевме радосни кога од Агенцијата за млади и спорт И од Општината најавија дека ќе се гради тој фамозен затворен базен кого го чекаме веќе 3о години. Но дојде рецесијата и последните информации што ги имам е дека плановите за изградба ќе почекаат подобри времиња. Жалам поради тоа. Се надевам дека ќе дочекам да се изгради и да влезам и јас во него, да испливам неколку метри во моите идни поодминати години. Ако се изгради за брзо и ако дочекам како тренер да работам со мојот клуб во него, јас ветувам дека Битола ќе има свој пливач рекордер во една дисциплина. Можеби и повеќе. Што се однесува до финансирањето од државата, моето искуство зборува дека е потребно

прво да се постигне некаков успех, па потоа да се бараат средтва. А ние полека, но сигурно одиме кон тоа. Кон подобри резултати. Претходно го спомнавте и ,,Битолскиот маратон,, Да, тоа е маратон кој почнавме да го организираме од 1999 година. Имавме одлични услови за него во отворениот базен ,,Довлеџик,, на ХМС ,,Стрежево,, кој во тоа време примаше и по 5.ооо капачи. Но сега неколку години со ред не функионира како спорстки објект, па бевме приморани маратонот да го одржуваме на Олимпискиот базен под Тумбе Кафе, каде се други условите за пливање. Годинава го организираме по 1о пат, а веќе две години наназад е интернационален. Како учесници доаѓаат и гости од Бугарија, а се надевам дека в година ќе има и од други земји. Во меѓувреме редовни тренинзи со членовите на ,,Олимпик,,.Имате одлична кондиција. Постојано сте со велосипед низ град или на Пелистер. Јас велосипедот не го оставам. Врнело,грмело, паѓало снег или дожд, секогаш сум со него. Одам, се движам. Јас и пливам со децата постојано. Пливањето ме одржува.


СОЦИЈАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА Пишува: Кристијан Велјанов

Ние и Другите

„Angaman е еден многу голем остров кој нема крал. Неговите жители се идолопоклоници и се една особено насилна и дива раса; имаат глави, очи и заби така што личат на видот на кучиња.Нивното расположение е нечовечко и секој човек кого можат да чапнат и не припаѓа на нивната нација го убиваат и го јадат.“ – Марко Поло, 1290 (како што имаше слушнато од Кинезите).

На животот и развојот на личноста влијаат многу фактори. Секогаш првиот е семејството (или било кој облик на социјална заедница). Нашите навики и ставови ги градиме на темелите поставени од таа околина. Можеби човекот при своето ментално растење прави една фатална грешка: ставовите на своите блиски при почетокот на животот ги смета за апсолутни. За среќа постојат и луѓе со немири, кои се сомневаат во се. Тие се можеби „филозофите“, наречени од страна на „паметните“, „изроди“ од страна на „госпоѓите од соседството“, и на крај „чудни“ за индиферентните на општеството. Во целиот свој развој човекот, човештвото или се она што нарекуваме цивилизација, со западноевропското објаснување на зборот, се разбира, зборува за „ние и другите“. Ние сме луѓето; „нормалните“; оние кои функционираат според традиционалното клише на централноевропскиот терк, можеби створено во времето на европското просветителство (за подобро утре нели!).

12


СОЦИЈАЛНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Но, идејата за нас е далеку постара. Впрочем од самото раѓање на свесниот човек. Оној кој започнува да ги дели работите на свои и туѓи. И можеби токму стравот од одземање на „моето“ во „твоја“ полза, ги направи сите „други“ - мои непријатели. Не, нема ова врска со себичноста кај живите суштества, тоа е повеќе инстинкт; ова е страв од она што не сум а би можел да бидам. Она што не сум во состојба да го разберам а е многу голема веројатноста да е повозвишено (се извинувам за користење на субјективен поим) од моите способности. И токму заради една ваква фрустрација на „изродите“ во општеството, ви ја подарувам следната прегратка:

„Елена има 4 години и живее во економски развиенот град, кој е еден од најчистите, а и со, можеби, најголемиот број на културни манифестации во целата држава. Живее во една десеткатница, со прекрасен детски парк кој го одржува куќниот совет, во новиот дел на градот. Секој ден Елена, под будното око на баба и, која ја следи од балкунот, си игра со останатите деца во паркот и сите среќно и наивно се прегрнуваат меѓусебе (се наоѓаат во најдобрата возраст од животот!). Елена има 8 години и живее во економски развиенот град, кој е еден од најчистите, а и со, можеби, најголемиот број на културни манифестации во целата држава. Живее во една десеткатница, со прекрасен детски парк кој го одржува куќниот совет, во новиот дел на градот. Секој ден Елена, под будното око на баба и, која ја следи од балкунот, поминува неколку попладневни часа седејќи сама на една клупа во паркот, а децата не се прегрнуваат меѓусебе. (на нејзините мали соседчина им е забрането да си играат со неа).

Елена е дете со појава на монголоидна идиотија.“

13


ПРИМЕНЕТА МУДРОСТ Пишува: Татјана Пројчевска

Петнаесетто правило Не дозволувајте му никому да ви го помати празникот и да фрли сенка на денот кој тукушто доаѓа. Запаметете дека нема таков талент, ум или личност која има право да ги осудува другите. Ништо надворешно не може да влијае на вас, ако вие тоа не го дозволите. Времето ви е многу скапоцено и не трошете го на омраза, љубомора и завист. Животот е нежен и лесно кршлив, секогаш ќе се најде нешто да во го расипе задоволството. Најчесто најмалите и најневажните проблеми ни задаваат големи грижи. Како што малите букви ни ги заморуваат очите, така и овие наизглед незначајни нервози можат да ни го нарушат и заматат денот, ако им го дозволиме тоа. Можеме да се разбудиме со песна и да уживаме исчекувајќи ги часовите кои доаѓаат, но да дозволиме еден груб збор од некого, сообраќаен метеж или истурена шоља кафе да ни го упропасти денот. Не дозволувајте го тоа. Секогаш ќе има клеветници, критичари или циници кои ќе ви завидуваат заради некоја ваша вештина, на вашата работа или начинот на живеење. Не им обрнувајте внимание. Вашите часови и денови се премногу скапоцени за да дозволите таа љубоморна дружина да ви го наруши. Никој не може да ве одврати од сопствената среќа, ниту да ве спречи да работите најдобро што ��наете, освен ако не му дадете дозвола да го стори тоа. Запаметете дека оној кој може да ја спречи моменталната лутина ќе си го заштити и својот ден од какви било нервози. Никогаш не возвраќајте на нивната завист со сопствена жестокост.

Тоа би било исто како да си ја запалите куќата за да ги уништите глувците во подрумот. Никогаш не се спуштајте на нивно ниво. " Ништо надворешно не може да има каква било власт над мене"- ова нека биде вашето мото, како што било на Волт Витман. Внимавајте, ако некој ви го расипе денот, тоа е само затоа што вие сте му го дозволиле тоа.

14


ХОРОСКОП Пишува: Маријана Дули

Девица (23.август – 22.септември) Име: Virgo е

латинското име за Девица

Планета:

Меркур Боја: Сива и сите ладни бои Метал: Жива

Вага (23. септември – 23.октомври) Име: Libra е

латинското име за Вага

Планета:

Венера

Боја: Плава,

црна и бела Метал: Бакар

Цвет:

Љубичица

Девицата е шестиот зодијачки знак. Припаѓа на земјените знаци и има променлива природа. Девиците се внимателни, интелектуални, сериозни и со чувство за ред. Нивниот владетел, Меркур, им подарил прецизен ум, точна логика, студен разум. Во однос на физичкиот изглед Девиците се едни од најфотогеничните знаци кои, во главно, имаат солидна висина и/или издолжени екстремитети. Нивните негативни особини се: преголема критичност, хипохондрија, страв од донесување значајни одлуки. Девицата бара партнер кој во целост ќе ги исполни нејзините критериуми. Обично е срамежлива и емотивната наклонетост ја искажува преку ситни подароци или пораки. Колку и да се комуникативни и секогаш подготвени на двобој со зборови, кога чувствата на Девицата се засегнати, тешко наоѓа начин тоа да го соопшти на посакуваната личност. Не е склона да флертува, ниту пак лесно потклекнува пред убавите зборови од спротивниот пол. Проблемот со повеќето Девици во љубовта и генерално во животот лежи во тоа што тие, во најважните моменти, покажуваат неодлучност и сомневање. Девиците избегнуваат афери надвор од бракот или врската, не толку поради немањето интерес, туку поради нивниот страв од предизвици и почитување на моралните норми. Девиците најдобро се снаоѓаат во професии каде се бара голема прецизност, и таму каде нивната склоност за забележување на детали ќе биде од корист. Имаат одлично чувство за организирање на работите. Нивната желба за служење често ги сместува во административна работа. Омилени професии им се: медицинска сестра, стоматолог, писатели, трговци, лингвисти, сликари, глумци. Едни од најдобрите писатели и автори се родени во знакот на Девицата. Нивната уредност и точност им овозможува одличен преглед на сите детали и нивно вклопување во целина.

Вагата спаѓа во групата воздушни знаци. Типичните Ваги се шармантни, духовити, друштвени, мразаат насилство. Нивниот владетел, Венера, им дарувала убавина или привлечност со која магнетски влијаат на другите луѓе. Но, тие имаат и свои мани. Често покажуваат особини на неодлучност и насигурност кога е во прашање донесувањето важни одлуки. Немаат цврсти ставови во животот и често се обидувааат да го изберат најлесниот пат до успехот. Во животот ги води помослата да имаат покрај себе привлечен партнер, убаво наместен дом и весели приајтели. Ретко знаат да бидат груби и насилни, проблемите сакаат да ги решаваат по пат на дијалог. Љубовта им е толку важна во животот што без неа се претвораат во несреќни и кршливи личности. Кога љубат, тие се исполнети, весели и го опсипуваат партнерот со бакнежи. Сакаат привлечни, интелегентни партнери но истовремено, тие мораат да бидат доволно силни да се грижат за повеќе работи кои тешко им паѓаат на Вагите. Вагите верно го следат својот партнер, иако ги бие глас дека се неверни. лесно им е да влегуваат од флерт во флерт, обидувајќи се да ја пронајдат вистинската љубов. Вагите секого може да доведат до лудило. Но штом ја пронајдат вистинската љубов, тогаш за нив не постои никој друг и спремни се засекогаш да го делат доброто и злото со љубената личност. Нивната уметничка и нежна душа наоѓа сатисфакција во сликарството, музиката, пишувањето; уметноста воопшто. Венера им подарила истенчен вкус за естетик. Не можат да го замислат секојдневниот живот без пријатните звуци од радиото. Некои од најпосакуваните медиумски ѕвезди се родени во Вага. Нивната способност за мирно разрешување на конфликти ги води во политички води, па така се истакнуваат како дипломати, миротворци или членови на хуманитарни организации. Вагата не сака да си ги валка рацете и пред се сака интелектуална работа. 15


КНИГА

ПРЕДЛОГ КНИГА Најчитани книги за минатиот период се: „Nocna straza“ од Sergej Lukjanjenko и „Играј, играј, играј“ од Харуки Мураками

Афера – Аманда Квик Шарлот Аркендејл знаеше сè што може да се знае за мажите. Направи кариера помагајки им на жените да не влетуваат во лоши бракови. Сепак, ништо не ја подготви за Бактер Сент Ив – привлечен странец, премногу храбар, премногу одлучен, премногу опасен за да биде нејзин асистент. Можеби тој е токму таа личност која може да и помогне да го истражи убиството на еден свој клиент. Затоа му даде шанса сосема несвесна дека Бакстер, талентиран научник, наскоро ќе започне ризично истражување за алхемијата на желбата. Меѓутоа, додека тој се подготвува да ја заведе Шарлот, опасниот убиец чека во заседа, подготвен да ги раздели љубоцниците... или да ги види засекогаш споени – во смртта.

Ранетиот орел – Мир-Јам Во „Ранетиот орел“ од Мир-Јам се преплетуваат повеќе животни приказни, но главната личност е младата Анѓелка. Таа е млада, убава, образована девојка, полна со љубов за својот свршеник, кој исто така како неа е млад, убав, образован... Љубовта е обострана и неизмерна. Се чини дека нивната среќа ништо не може да ја помати. Но, дали е така...? Сите соништа за заеднички и среќен живот се рушат. Свршувачката завршува со развод. Машката гордост и суета е силно погодена, а причината е предбрачниот грев на младата девојка...

Други предлог книги, како информации за НУУБ „Св. Климет Охридски“ – Битола (фонд на книги, каталози, услуги, документи, историјат за Библиотеката како и online пребарување на книжниот фонд) можете да најдете на следниот линк: http://nuubbt.uklo.edu.mk/ или да се обратите во Одделот за информации при НУУБ „Св. Климет Охридски“секој работен ден од 7 до 20 часот.

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола

Приредил:Александар Крстев НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола


ПРИКАЗНИ ОД ЖИВОТОТ Пишува: Татјана Пројчевска

ЏИМ РОН ЗА ЧИТАЊЕТО ОД ЏИМ РОН (Jim Rohn)

• Пропушти го оброкот ако мораш, но немој да ја пропуштиш книгата. • Некои велат дека е во ред да се читаат ефтини приказни и романчиња, затоа што и во нив понекогаш се наоѓа нешто вредно. И во ѓубрето ќе најдете корка леб, ако побарате, но има и подобар начин да се стигне до лебот, нели? • Повеќето домови на богатите имаат библиотека. Тоа треба нешто да ни кажува. • Се што ви е потребно за подобра иднина и за успех веќе е напишано. И знаете што? Сето тоа ни е достапно. Се што треба да направите е да појдете во библиотека. Мора да има некаква библиотека блиску до вас. • Некои од оние што читаат премалку. личат како да имаат рахитичен ум. • Денес имам многу добра приватна библиотека. Признавам дека не сум ги прочитал сите книги во неа, но само што ќе влезам во мојата библиотека се чувствувам паметен. • Немојте постојано да читате лесна литература. Таа може да е забавна, но нема да напредувате поради тоа. • Книгата која не си ја прочитал, не може да ти помогне. • Книгите лесно се наоѓаат и не се скапи. За 10 долари (500 денари) можете да си купите добра книга. Позајмете ја таа сума од џепарлакот на вашите деца! • Не се работи за тоа колку чини книгата во пари, туку колку ќе ве чини во животот за тоа што не сте ја прочитале!

(преземено од весник Аквариус, број 022)


МУЗИКА Превземено од Антенна 5

Интервју со Moby Во текот на својата долгогодишна кариера Moby се афирмираше како музичар кој успешно ги спои електрониката и попот музиката, и стана едно од најважните имиња на денс музиката во раните 90ти. Благодарение на музичките метаморфози, уникатниот звук и квалитет, Moby многу бргу ја доби наклоноста на критичарите и публиката од разни музички правци и денес важи за еден од најдобрите техно продуценти. Moby настапи на In Music фестивалот во Загреб каде Антена 5 имаше средба со него. Toj настапи во бендовска формација, со извонреден женски придружен вокал, изведувајќи ги најголемите хитови во својата кариера. По пат ја сподели радоста со публиката поради новиот претседател на САД Barak Obama, а го искритикува неговиот претходник George Bush. Ги искара и фановите дојдени за неговиот настап, но дури откако една флуоросцентна туба заврши во неговата глава, фрлена од публиката.

Наскоро не очекува уште една средба со него - на Exit фестивалот во Нови Сад. Каков ќе биде неговиот настап на

Петроварадинската тврдина, како и за новиот албум “Wait For Me”, издаден кон крајот на јуни, дознавате во продолжение.

* Каков ќе биде твојот настап на претстојниот Exit фестивал? - На Exit ќе изведам неколку песни од новиот албум, но главно се работи за еден вид greatest hits шоу со нумери кои ги имам напишано во последните 15 години. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне!

времето го поминав подготвувајќи го новиот албум “Wait For You” во моето студио во Њујорк.

* Каде го снимаше новиот албум? - Имам апартман со две спални соби, а во поголемата е сместено моето студио. Сакам да работам дома, на тој начин не се грижам околу финансискиот аспект или премногу гужвата околу мене. Преферирам својата музика да ја создавам дома.

* Со што беше преокупиран во последната година?

* Што те инспирираше околу албумот и која беше идејата зад него?

- По завршувањето на последниот албум имав голем број на DJ настапи, бев на турнеја во рамките на која настапував на голем број фестивали. Но, повеќето од

- Имам снимено голем број на албуми, но овојпат сакав да снимам албум кој јас би сакал да го слушам, во едно врнежливо неделно утро кога сум сам дома. Со новиот албум сакав всушност да снимам нешто кое ќе биде повеќе мелодично и повеќе лично. Можеби ќе звучи чудно, но сакав да создадам нешто убаво. Долго време сметав дека за да бидам “вистински музичар”, треба да создавам албуми во големи студија и да снимам високобуџетни спотови. Но, потоа сфатив дека оние албуми кои мене ми се допаѓаат се создадени во малечки студија, понекогаш и во нечија спална соба. Тоа сакав и јас да го сторам со новиот албум и со спотовите,


МУЗИКА

од комерцијалните притисоци.

* Како дојде до соработка меѓу тебе и прославениот David Lynch, кој го режираше спотот за овој сингл? фотографиите – сакав повеќе да уживам во целиот проект, наместо да се грижам за притисокот на големите компании. Сакав да создадам нешто кое мене ќе ми биде допадливо.

* Како би албумот?

го

опишал

- Како помелодичен. Генерално, тој е меланхоличен албум, забележливо е чувството на тага. Не дека бев нешто особено тажен додека го создавав, туку дека главно преферирам тажна, жална музика.

* Кои се гостинските вокали на албумот? На албумот имам голем број соработки. Тоа се и мои пријателки, како Amelia Zirin Brown, позната и под псевдонимот Lady Rizo, потоа Kelly, Hilary. Како вокалист се појавувам на само една нумера. Секако, постојат и неколку мои вокални семплови на албумот, но главно песните ги пеат мои пријатели.

* Се реши на необичен чекор како прв сингл од албумот да ја издадеш инструменталната нумера “Shot In The Back Of The Head”.. - Не е најдобрата комерцијална идеја како прв сингл од еден албум да се издаде инмструментална нумера, бидејќи е речиси невозможно за радио станиците да вртат такки песни. Но, се работи за песна која навистина ми се допаѓа мене и на моите пријатели, па не бевме загрижени

- Долго време сум голем фан на David Lynch – од неговите рани студентски денови, до “Eraserhead”, a навистина ми се допадна и неговиот последен филм “Inland Empire”. Во последните неколку години станавме навистина големи пријатели, па за првиот сингл му доставив примерок од мојот албум и од песната. Изгледа му се допадна, а јас претпазливо го запрашав дали би направил спот. Тој се согласи. Спотот кој го направи анимиран. Мислам дека нема премногу да го прикажуваат на MTV, но мене тоа не ми пречи.

* Која нумера ќе се издаде како втор сингл од новиот албум? - “Pale Horses”. Тоа е песна која ја напишав пред една година. Мојата пријателка Amelia го сними вокалот. Во студио ја снимавме 5-6 пати, но јас ја искористив првата верзија, бидејќи нејзиниот вокал имаше елементи на ранливост.

* “Mistake” е единствената песна на новиот албум на која се појавуваш како вокалист. Зошто? - Кога создавам албум, никогаш немам намера да пеам на него. Иако би сакал да бидам голем пејач, не ми се допаѓа мојот глас.

А, ако мојот вокал се појави на некоја песна причината обично причината лежи во тоа дека не сум нашол некој кој ќе ја испее песната.

* Која беше заднината на твојот проект Mobygratis? Mobygratis.com започна со идејата да им се овозможи бесплатна музика на филмаџиите, особено на независните филмаџии, филмски студенти и луѓе кое создаваат непрофитни филмови. Сите тие можат да пристапат на овој сајт и да ја симнат музиката бесплатно. Доколку нивниот филм доживее комерцијален успех, ќе треба да платат мала сума за лиценца која е наменета во добротворни цели, со што јас не заработувам пари и можам да останам чесен.


СПОРТ Пишува: Зоран Мишевски

ОДЛИЧЕН СТАРТ И ТРЕТО МЕСТО НА ЗЕЛЕНИТЕ Пелистер – Слога Ј. 0:0 Стадион под Тумбе кафе – Битола. Гледачи: 1.000 Главен судија: Марјан Маркоски од Охрид. Помошници: Кирил Негриески и Симон Грданоски од Струга Делегат: Благоја Котларовски (Ресен) Жолти картони: Њамчевски, Спировски и Алтипармаковски (Пелистер), Неџипи и Џеладини (Слога Ј.) Црвени картони: нема Стрелци: нема По тропски временски услови, Пелистер и Слога Југомагнат одиграа динамичен и допадлив меч, во кој недостигаа само голови. Во првиот дел чаирчани колку-толку парираа, а во продолжнието се затворија и издржаа да не примат гол. Новиот прволигаш го имаше и одличниот голман Блерим Геџуфи, кој со неколку одлични интервенции го заслужи епитетот играч на натпреварот. Дури по 20 минута двете екипи се растрчаа и шансите главно доаѓаа од прекини. Корнерите на Њамчевски му понудија шанси на Ристевски и Мировиќ, но нивните удари беа лесен плен за Блерим Гуџуфи. “Гулабите” се заканија во 25 минута го Бурим Гуџуфи го лобуваше Павловиќ, но ја искористи недозволената позиција да избие пред него и голот оправдано беше поништен. Во последните 5 минути од првиот дел, избраниците на Мацков ги имаа најзрелите шанси. Најнапред дијагоналата на Никола Петковски, гостинскиот голман ја исфрли во корнер, а во псоледните секунди од првиот дел Лазаревски крај легнатиот Гуџуфи ја погоди неговата нога. Вториот дел беше игра на еден гол. Во првите 20 минути пелистерци целосно го потиснаа гостинот и имаа неколку можности за гол. Ристевски со глава во 49 и 20

резервистот Алтипармаковски во 63 минута по соло акција ги имаа најзрелите шанси. Последните 10 минути минаа во развлечени екипи, видно уморни по големата спарина, па ремито добро им дојде пред се на гостите. Судијата Маркоски без грешка го водеше мечот, во кој покрај 5 жолти картони мораше и два пати да го прекинува мечот за освежување од големата жештина. Металург - Пелистер 1:2 (0:0) По врнежливо време дуелот на Металург и Пелистер го лансираше домашниот тим како голем фаворит. Видно засилениот тим на Ѓоре Јовановски уште од првата минута ја превзеде иницијативата и во првите 20 минути иамше неколку зрели шанси за отворање на резултатот. Во тие моменти битолчани ги одржа во живот голманот Павловиќ со две фантастични интервенции. Во 6 минута Илиовски излезе очи в очи пред гостинскиот голман, но овој одлично ја прозре неговата намера. Истиот фудбалер во 13 минута повторно се обиде, а во наредните 10 минути и Шабани и Велковски имаа свои шанси за водечки гол. Избраниците на Мацков ја изедначија играта во втората половина од првиот дел и конечно се заканија. Во 31 минута по центаршутот на Сашо Лазаревски, со лизгачки старт се обиде Димитровски, но не ја зафати најдобро топката. Со ветувачки 0:0 се отиде на одмор. Иако повторно домаќинот ја превзеде иницијативата, Пелистер ја имаше првата шанса и ја искористи. Благојче Њамчевски изведе слободен удар од десната страна, топката по гужвата И многуте тела ја погоди пречката, а капитенот Драган Димитровски присебно ја смести топката во мрежата на Металург. Голем прв гол за Пелистер во новата фудбалска сезона. Јовановски комплетно го ориентираше својот тим во напад и го внесе Рутевски кој во последниот дуел на овие ривали постигна гол за Пелистер. Сепак таквата игра со многу офанзивни фудбалери им се освети на домаќините. Сашо Лазаревски во 60 минута во слалом ја мина целата одбрана


СПОРТ

на Металург и го лобуваше домашниот голман. Небото се отвори над Скопје во централниот дел на вториот дел, па се играше по многу тешки скоро невозможни услови. Скопјани се обидуваа со префрлање на топката, со високи топки и главно во прекините гледаа свои шанси за враќање во мечот.

Пелистер – Милано 3:1 (1:1) Градски стадион под Тумбе кафе. Гледачи: 1000 Главен судија: Зоран Темелков. Асистенти: Горан Димитров и Марјан Петров (сите од Кавадарци) Делегат: Спасе Панџак (Охрид) Стрелци: Димитровски во 40 и Лазаревски во 46 и 70 минута за Пелистер, а Алими во 6 минута за Милано Золти картони: Т.Вељановски (Пелистер), Марковски, Трајковски, Лазаров (Милано) Црвени картони: нема Во улога на нескриен фаворит, Пелистер тргна по првата домашна победа над фенергијата Милано. Мотивираните зелени од првата минута тргнаа агресивно кон голот на Марковски, како што побргу би го отвориле резултатот. Младиот Алтипармаковски, кој доби шанса пред Брадоњиќ прв се закани со волеј во 6 минута. Во наредната акција Цецелија случајно ја префрли домашната одбрана и го проигра Алими, кој со дијагонала по земја го совлада Павловиќ. Дека секоја невоља не доага сама, потврди и брзата повреда на Ганчев, кој во 20 минута мораше да му го опстапи местото на Мировиќ. Инспирирани од младите Спировски и Алтипармаковски, битолчани креираа две зрели шанси во централната фаза на полувремето. Најнапред Димитровски беше изблокиран од само неколку метри, а потоа истиот фудбалер со глава ја здрма стативата на Марковски. Во централната фаза на првиот дел, гостите со прекини, превиткувања и неефективна игра го неутрализираа нападот на Пелистер. Сепак пред одморот од тешка позиција капитенот Димитровски од свртување израмни на 1:1 со манир на искусен голгетер. Само 4 минути подоцна Марковски направи чудо, бранејки го ударот на Алтипармаковски од само 5 метри, а во вториот обид најмладиот играч на теренот го префрли празниот гол. Така борбениот прв дел заврши нерешено со отворени карти пред вториот дел. Но, по само 40 секунди во вториот дел, пелистерци поведоа. По најубавата акција на средбата Димитровски го проигра Лазаревски, кој од само неколку

метри не пропушти да го комплетира пресвртот. Истиот фудбалер во 70 минута со прекрасен удар од 20 метри го реши прашањето на победникот и себеси си обезбеди статус на играч на средбата. До крајот зелените застанаа на топката, проигруваа на средината на теренот и дозволуваа времето да тече. Единствено мотивиран за гол беше новајлијата Игор Клечкароски, кој на два пати биеше од далечина, но преку голот. Во првата од двете минути од судиското надополнување Мировиќ од само 5 метри од волеј шутираше над голот. Се на се громогласни аплаузи за најдобриот старт на зелените во последните неколку години

Работнички - Пелистер 3:0 (1:0) Дуелот на ко-лидерите на полупразната “Филип 2 “ арена, донесе претапазлив старт од двете страни. Мацков го уфрли Тони Вељановски место повредениот Ганчев, а на позицијата десен бек се повлече Никола Петковски. Првите 15 минути без никаква закана од двете страни, донесе испитување на силите. Најголемите закани ги имаа домаќините по два последователни корнери, по кои Павловиќ без проблеми интервенираше. Зелените преку Димитровски како единствен истурен напаѓач се обидуваа со долги топки, но најчесто капитенот на Пелистер завршуваше во недозволена позиција. Во 34 минута се случи најубавиот момент во мечот. Васко Божиновски го проигра Глигоров на работ на казнениот простор. Овој распали полувисоко и го совлада Игор Павловиќ во поблиската страна. Во 59 минута Александар Вељановски го проигра Димитровски, кој премногу чекаше во противничкиот казнен простор и на крај биеше премлако, па Богатинов без проблем одбрани. Само неколку минути подоцна во 63 минута Боби Божиновски, пак со удар надвор од казнениот простор, овој пат по земја, биеше многу прецизно, па Павловиќ не успеа да стигне да интервенира. Пелистер го претрпе првиот пораз во сезоната и му го препушти лидерското место на Работнички, кој потврди дека годинава има тим за високи дострели во мак-фудбалот. 21


ДИЕТА Пишува: Татјана Пројчевска

ЦИКЛУС НА ПОЗНАТИ ВИКЕНД ДИЕТИ

2.

Ориз диета

зеленчук, ориз, компир, млеко и јајца, сите потребни хранливи материи за нашето тело. Исто така ви препорачуваме за време на овие викенд диети, да спортувате, користете сауна, масажа, опуштете се и тоа ќе ви избрише неколку години од лицето.

Дали сакате да се храните најздраво? Исчистете го телото од отровите и ослабете. Оризот е одличен за тоа.

Што да јадете 600 грама ориз, 1 ананас, 2 лажици изрендан кокос, 200 грама шампињони, 2 мали домати, 1 кеса супа од зеленчук и 1 кеса супа од печурки, 1 лимон.

Истопете килограм или два дневно со викенд диетите. Изберете една од 10 кои ќе ви ги предложиме во овој циклус. Ако сакате брзо да изгубите неколку вишок килограми, бидете на викенд диета. Иако сабота и недела се денови кога најповеќе јадеме, и тоа она што најмногу го сакаме, па ја започнуваме работната недела малку подебели, па наредната недела ушта малку и така тоа се случува од месец во месец, треба да престанете со таа лоша навика. За време на викендите уживајте во храната, во онаа храна која што ќе ви ја врати виткоста, истопете килограм или два за време на овие два дена. После првата викенд диета, кога ќе забележите дека стомакот ви е поравен, задниот дел од телото и колковите послаби и наслагите од сало на стомакот ви се помалку, ќе ја посакате истата диета да ја држите и наредниот викенд, а и оној другиот. Па за да не ви здосади истата диета, ние ќе ви понудиме циклус од 10 викенд диети. Ако ги држите секој викенд два и пол месеци, можете да ослабете најмалку 10 колограми. На менито тие денови застапени се: овошје,

План на диетата Во сабота за доручек јадете 100 грама варен ориз 1/2 ананас и додадете го кокосот. За ручек и вечера 200 грама ориз сварен во супата од печурки. При крајот на варењето додадете ги исечените шампињони. Ова поделете го на две порции, зачинете со лимон. Во недела за доручек исто како во саботата. За ручек и вечера 100 грама ориз сварен во супата од зеленчук. При крајот на варењето додадете ги доматите. Ова поделете го на две порции, зачинете со лимон.

Колку се слабее? 2кг во 2 дена


КУЈНА Пишува: Татјана Пројчевска

Парфе од банани и малини

Потребно: 3 јајца, 1 литар млеко, шлаг, 30 гр. желатин, 100 гр. мелени ореви, 200 гр. малини, 2 банани, 150 гр. шеќер. Подготовка: загрејте го млекото и шеќерот. Додадете ги жолчките, желатинот и изгмечените банани. Испечете бисквит од белките и оревите. Во сад ставете го бисквитот, потоа малините, па кремот од банани. На крај ставете го шлагот. Се сервира ладно, со прелив од малини.

Сакам да ја помогнам програмата "Улица" Сакам да се претплатам:

1 копија

2

копии

5

копии

Сакам да донирам:

копии

Годишната претплата изнесува

300 денари + ПТТ трошоци

ж-ска: 500-000 000 4308-04 Стопанска Банка - Битола со назнака претплата за "Улица"

5000000002136-21

За подетални информации јавете се на телефон 047/22 72 90

Radio 106,6 GP Pelister


www.street-papers.org

ГП Пелистер

www.felixbt.org.mk ++ 389 47 227 290

Кампања "Фонд за образование на ромските деца". Проект на Група "Феликс" - Битола Жиро сметка: 5000000002136-21, даночен број: 4002000139634, Депонент на Стопанска банка - Битола


Ulica 39