Mладите креативци создадоа оригинални, уметнички и експериментални дела за време на едукативните работилници за мода, традиционално грнчарство, современа керамика, модерна обработка на дрво, продуктен и графички дизајн во рамки на проектот „Одговорна иднина“. Обуките кои од почетокот на годината се одржуваат во државниот училиштен центар ги реализира Македонското модно здружение со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – Е4Е.