Page 1

vesnik za site sredno{kolci www.medium.edu.mk

Четвrток 25.4.2019 V; godina br. 45

Алармот за еко-проблемите мора да се вклучи и во училиштата

str. 3

str. 6

АНА МАРИЈА НАУМОВСКА, ГИМНАЗИЈА „Ј. Б. ТИТО - БИТОЛА „ОТЧОВЕЧЕНИ СМЕ!“ str. 7

СРЕДНОШКОЛСКИ КОНКУРС

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ “

ИНТЕРВЈУ СО БЛОГЕРКАТА И ЕКОАКТИВИСТКА АЛЕКСАНДРА ТРПЕСКА

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

str. 8

СРЕДНОШКОЛСКИОТ ВЕСНИК „МЕДИУМ“ Е ИЗРАБОТЕН ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА „НЕ ИГНОРИРАЈ! РЕАГИРАЈ!“ ШТО ЈА СПРОВЕДУВА ИНСТИТУТОТ ЗА КОМУНИКАЦИСКИ СТУДИИ


2

ЧЕТВРТОК 25.4.2019

ИТЕ Ц И Н Д О Х З И Н

Од хартија, пластика и стар материјал креираа облека за хуманитарна ревија “

10 причини зошто да учествуваш на конкурсот „Изрази се преку медиумите

1. Бидејќи ќе докажеш дека не си пасивен набљудувач на загадувањето и уништувањето на животната средина; 2. Бидејќи јасно ќе посочиш дека во твоето опкружување е неопходна итна интервенција за заштита за животната средина; 3. Бидејќи ќе докажеш дека си медиумски писмен граѓанин кој умее да ги користи медиумите за да иницира позитивни промени во општеството; 4. Бидејќи добиваш шанса да ја истакнеш својата креативност; 5. Бидејќи твоите фотографии и видеа ќе бидат медиумски промовирани и ќе бидат изложени на повеќе настани; 6. Бидејќи можеш да освоиш награда; 7. Бидејќи добиваш шанса да учествуваш на неколкудневен летен еко камп каде ќе фотографираш ретки птици, инсекти, животни и растенија, а притоа сѐ ти е платено; 8. Бидејќи на тој еко камп ќе учиш од врвните биолози и фоторепортери во Македонија; 9. Бидејќи ќе се вратиш со нови знаења и дружења со ученици од цела Македонија (прашај ги учесниците на ланскиот камп за медиумска писменост што го организиравме во Штип); 10. Бидејќи ќе станеш дел од редакцијата „Медиум“, единствениот средношколски весник во земјава.

Спортистите од скопските училишта си ги поделија медалите Спортистите од скопските средни училишта си ги поделија медалите. Во текот на месец април завршија средношколските фајнлфор-турнири за оваа учебна година. Школските екипи учествуваа во осум лиги, односно во четирите колективни спортови: ракомет, одбојка, кошарка и футсал во машка и во женска конкуренција. А најдобри на финалните натпревари беа: во футсал за машки беа учениците од „Цветан Димов“, а во футсал за женски од „Методи Митевски - Брицо“; во ракомет за машки победија средношколците од „Д-р Панче Караѓозов“, а во женска конкуренција од „Никола Карев“; во кошарка и во двете конкуренции прво место освоија од „Орце Николов“; во одбојка за машки победија учениците од „Методи Митевски – Брицо“, додека од женските екипи победи „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Средношколци и основци од Гостивар учествуваа на хуманитарна модна ревија на која продефилираа во модели направени од материјали што може да се рециклираат. Настанот се одржа на 15 април, во рамките на програмата „Црвен крст во акција - промоција на хумани вредности“. Младите гостиварци покажаа како може успешно да се спојат хуманоста, креативноста и екологијата. „Учениците заедно со своите професори-ментори изминативе два месеци работеа на своите модели кои беа изработени од хартија, стари парчиња материјал, шишиња и други материјали за рециклирање. Собраните средства ќе бидат донирани за социјално загрозено семејство од околината на Гостивар“, соопштија од Црвениот крст на Гостивар. На ревијата учествуваа ученици од вкупно седум

училишта: СОУ „Гостивар“, средното економско училиште „Гостивар“, средното медицинско училиште „Гостивар“, приватното „Јахја Кемал“, како и основните училишта „Гоце Делчев“, „Единство“ и „Мустафа Кемал Ататурк“.

Крушевчани освоија злато и сребро за гастрономија во Hрватска

Двајца средношколци од училиштето „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево, Давид Трајковски и Бојан Седлоски, освоија знатен медал на меѓународен натпревар за гастрономија во Хрватска, а училиштето, пак, се закити со второ место во конкуренција од 24 училишта од Европа. Натпреварот, што се одржа во хрватскиот град Супетар, на островот Брач, се одржа по 14ти пат, од 9 до 14 април. За време на престојот во Хрватска, учениците имаа можност да присуствуваат на мастер часови од реномирани европски шефови на кујни.

Се одржа “Гимназијада 2019

Александра Теменугова, уредник на „Медиум“

Средношколци од седум училишта во Скопје со свои театарски претстави се претставија на сцената на Културно-информативниот центар (КИЦ) во рамките на манифестацијата „Гимназијада“ – средба на таленти“. Од 9 до 24 април, во различни вечери настапија учениците од шест училишта: „Цветан Димов“, „Орце Николов“, „Јосип Броз-Тито“, „Никола Карев“, Зеф Љуш Марку“ и од приватната гимназија „Алгоритам“. Манифестацијата ќе заврши на 3 мај, со изведба на претставата која ја подготвија средношколците од „Раде Јовчевски-Корчагин“. „Гимназијадата“ на културната сцена во Скопје е присутна веќе 10 години, и за неа младите таленти подготвуваат театарски претстави по сопствено сценарио, режија, актерска игра, сценско движење, кореографија, музика, сценографија и костимографија. Во изминативе 10 години, во рамките на манифестацијата вкупно се реализирани 54 претстави, учествувале над 900 ученици, а во публика имало над 10.000 гледачи.

за подобра животна средина Публикацијата е изработена во рамки на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „НЕ ИГНОРИРАЈ! РЕАГИРАЈ!“ што ја спроведува Институтот за комуникациски студии

Уредници на „Медиум“: Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk, 02/30 90 004 Техничко уредување: Кристијан Новковски Веб: Александар Делчевски Лектура: Светлана Арсовска Маркетинг: тел. (02) 5511727 Дистрибуција: тел: (02) 5511734 www.medium.edu.mk; е-адреса: medium@medium.edu.mk; www.reagiraj.mk Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Поддршка за добро владеење преку граѓанско учество за поголема транспарентност и отчетност на институциите во Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.

„Џифони им ја пренесе магијата на филмот и на културата на младите во Кичево “

ВОВЕДНИК

Младите во Кичево гледаа филмови, дискутираа и учествуваа во креативни работилници на филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“. Настанот во Кичево се одржа на 19-ти и 20 мај во центарот за култура „Кочо Рацин“ и е во рамките на патувачкиот дел од фестивалот „Џифони Македонија“, кој е наменет за младата публика од 13 до 18-годишна возраст, пред сѐ за младите љубители на филм од средните училишта. Во текот на двата дена младите ученици гледаа филмови и дебатираа под водство на актерот Сенад Абдули, кој беше и ментор на актерската работилница. Се одржа и работилница за фотографија под водство на професорот Роберт Јанкулоски, како и ликовна работилница на која ментор беше Моника Мотеска. „Џифони патува“ е проект кој преку ширење на идеите на културниот производ „Џифони“ низ земјата и вклучување на поголем број млади вљубеници во филмот и културата, овозможува младите учесници да ја почувствуваат магијата на филмот и на културата воопшто. „Џифони патува“ досега се одржа во дванаесет града во Македонија.


3

ЧЕТВРТОК 25.4.2019

ГЛОБАЛНИ ПРОТЕСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

Обновливи извори на енергија, глобално затоплување, недоволно рециклирање, изумирање на морските и копнените видови кои голтаат пластика мислејќи дека е храна, загадување на воздухот. Ова се темите на кои треба гласно да се зборува, да се образува и да се дејствува, ако сакаме да имаме нација со развиени еколошка свест и совест, нација која е свесна за тоа колку се алармантни овие проблеми. Но колку во нашите училишта е застапено еколошкото образование, има ли потреба и план за промена во наставните програми? Средношколците велат дека речиси и да не стекнуваат некакво знаење на овие теми во училишните клупи. Надлежните, пак, велат оти се обидуваат да ги следат трендовите, но признаваат и дека е потребна и промена во содржините за еколошко образование, кои треба да се пренасочат кон содржини за образование за одржлив развој за што, пак, е потребно дополнително образување на наставниците, бидејќи е прашање колку тие се компетенти за овие теми. Од Бирото за развој на образованието (БРО), во разговор со екипата на „Медиум“, велат дека ги следат светските трендови и се обидуваат да направат голем чекор напред за интензивно воведување на еколошкото и на образованието за одржлив развој. Оттаму велат дека се направени многубројни анализи кои им покажале дека еколошките содржини сѐ повеќе се присутни во наставните програми за основно образование за разлика од тие за средно. - Во моментов, средното стручно образование подлежи

Фото: Ученици од Ј.Б. Тито - Битола

Алармот за еко-проблемите мора да се вклучи и во училиштата

на реформи, при што се спроведува обемна работа за да се направат сите потребни подготовки за идните квалификации кои треба да се изготвуваат во согласност со Законот за национална рамка за квалификации, додека во гимназиското образование сѐ уште се актуелни постојните наставни програми. Независно за кој вид средно образование станува збор, средно или стручно, неизоставен е фактот дека еколошкото образование е присутно во најголем дел кај природните науки и нема рамномерна застапеност помеѓу предметите – велат од Бирото. Поради тоа, Министерството за образование и наука (МОН) ја спроведува програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образо-

вен систем“. Станува збор за програма која содржи неколку составни делови, меѓу кои главно место заземаат: програмата „Како да се стане екоучилиште“; методологијата на седумте чекори за екоменаџментот во училиштето; како и четирите екостандарди кои претставуваат задолжителни активности за сите образовни институции. Целите, велат од БРО, им се преку интегрирање на еколошки содржини во постојните предмети во средното образование и спроведување на планираните активности да се добијат чиста и здрава средина за учење и финансиски заштеди во училиштето, како и да се издигне еколошката свест кај наставниците и кај учениците. Колку ваквите програми и актуелните наставни содржи-

ни помагаат да се издигне еколошката свест кај учениците разговаравме и со дел од средношколците. Маја Вучевска е ученичка во трета година во скопската гимназија „Орце Николов“, меѓу соучениците позната како една од најголемите екоактивистки. Таа рециклира отпад, како што вели, откако знае за себе. На тоа ја научиле нејзините родители со кои и ден-денес го прави тоа. Во школо, пак, Маја заедно со други учесници беше иницијаторка предизвикот што во последно време стана вирален, наречен „Траш таг“(#ТrashТag) да се одвива во училиштето. Таа секој ден по завршување со активностите, внимателно го селектираше отпадот што го правеа учениците и го носеше да се рециклира. Но за еколошките предизвици со кои се соочуваме денес, средношколката вели дека во училиштето малку научила. - Реалноста, особено во нашата држава, е дека не се дава доволно значење на овие проблеми. Јас во овие три години средно образование не стекнав никакво знаење за екологијата и нејзиното значење. Единствено разбивање на монотонијата беше кога имавме презентација поврзана со екологијата на програмата „Еразмус+“ со учесници од неколку странски земји. Сметам дека е потребно да се издигне свеста кај младите за овие теми и де се шири нивната важност. А верувам дека секое училиште може да направи некои мали промени како ставање канти за рециклирање или вметнување теми за екологија во училишната програма, со кои учениците ќе можат да се вклучат во решавање на практичните промени – вели Маја. Од Бирото, кое заедно со

МОН е надлежно да креирање на наставните програми, велат дека поголем дел од наставниците во средните училишта користат еколошки сегмент во наставата, а е потребно повеќе да имплементираат настава во насока на образованието за одржлив развој. Затоа, велат, за да се променат ставовите на учениците во согласност со трендовите во современото општество, наставниците треба да ги пренасочат содржините од еколошко кон образование за одржлив развој. - Од досегашното искуство може да се заклучи дека во средното образование кај нас, постојат обиди да се вметнат содржини од овие области во наставните програми, особено во природните науки, како и да се реализираат различни проекти од областа на еколошкото образование и образованието за одржлив развој. Таквите проекти досега главно се иницирани од невладини, национални и интернационални организации. Сепак, не е извесно кое е нивото на компетенциите за образование за одржлив развој кај наставниците во средното образование – велат од БРО. За таа цел, но и во согласност со Целите за одржлив развој (Агенда 2030) промовирани од Обединетите нации во 2015, од оваа институција велат дека постојано го актуализираат стекнувањето на компетенциите и вештините кај наставниците за овие области. Затоа, нагласуваат, дека во иднина се неопходни обуки на наставниците преку кои тие ќе се образуваат на оваа тема и ќе ги сфатат поимите, концептите и принципите на одржливиот развој. А.С.

Грета Тунберг – најпознатата активистка во светот! Грета Тунберг е 16-годишна тинејџерка од Шведска и важи за најпознатата активистка на светот во борбата против климатските промени, а благодарение на тоа, тројца норвешки пратеници ја номинираа и за Нобелова награда за мир. Вниманието на светската јавноста таа особено почнува да го привлекува мината година, кога на 20 август одлучила дека нема да се врати на училиште до парламентарните избори во Шведска, што се одржаа на 9 септември. Деновите ги поминувала пред зградата на парламентот

мирно протестирајќи против фактот што никој од тамошната влада не се занимава сериозно со климатските промени. Кога вртоглаво расте интересот на медиумите за неа, меѓу кои и на Би-би-си, Грета преку нив порачува дека чувствувала оти мора нешто да направи по ова прашање и дека Шведска не е земја на која треба да се угледуваат, иако многумина го велат тоа. Таа и денеска, секој петок е пред шведскиот парламент и протестира, а досега по нејзина иницијатива се одржаа и два глобални протести. Последниот беше на 15 март годи-

нава, кога учениците од 125 земји, меѓу кои и Македонија, излегоа на протести и сите едногласно порачаа: „Ние немаме планета Б“, „Ни ја уништувате иднината“, „Ако вие не се однесувате како возрасни, ќе мора ние“. Грета настапи и пред многу политичари и им одржа лекција за тоа што треба да направат, а еден од нејзините најистакнати говори беше пред Европската комисија (ЕК), каде што гневно гледајќи ги големите лидери ги обвини политичарите за уништување на планетата и за неактивноста против климатските промени.

Покрај номинацијата за Нобелова награда, таа има и други признанија, меѓу кои и тоа што се најде на највисокото рангирање на списанието „Тајм“(Тime) за 25 највлијателни тинејџери во светот во 2018 година. Освен активистка во заштита на природата, Тунберг е и веганка. Меѓу двете има тесна врска, бидејќи шведската ученичка и нејзиното семејство се откажуваат од потрошувачката на животински производи поради огромните количества на јаглероден диоксид кои се исфрлаат во атмосферата при нивното производство.


4

ЧЕТВРТОК 25.4.2019

„КАДЕ БЕВМЕ“

и д а л м т а д и б а д ја и л Младите си дозво

МЛАДИНСКИ ФЕСТИВАЛ ВО СКОПЈЕ

Младински приказни, идеали, цели, мечти и достигнувања, придружени со екобазар, изложба и музика, беа дел од „Младински фестивал“ (Youth Fest) во Скопје. Станува збор за настан што на 7 април го организираше младинскиот совет на Амбасадата на Америка, а се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Младите се дружеа, споделуваа искуства и таленти со присутните. Кога ги прашавме организаторите и учесниците како си поминаа, едногласно одговирија: „Се славевме себеси. Си дозволивме да бидеме млади“. Од младинскиот совет на Амбасадата на Америка во Скопје велат дека, меѓу другото, целата поента на фестивалот што го организираа е младинското зајакнување (youth empowerment). - Активностите кои ги правиме целиме да се енергетски одржливи, насочени кон зачувување на животната средина, кон унапредување на знаењето што го имаат младите за заштита на животната сре-

дина, а истовремено и кон промовирање на вред но сти те во кои веруваме. Конкретен, свеж пример што можеме да го дадеме е ини ци ја ти вата #НаТочак, која ја интегриравме во настанот „Младински фестивал“ (Youth Fest), со која ги повикавме младите луѓе да пристигнуваат на фестивалот користејќи велосипед и притоа им дававме симболичен подарок - вели Никола Манев, претставник од советот. Тој вели дека сакаат да ги инспирираат луѓето да го практикуваат здравиот начин на живот, не само за еден ден туку постојано. На младинскиот фестивал имаше и базар на кој младите занаетчии со своите изработки докажаат дека имаат високо развиена еколо-

шка свест. - Мене ме радува што луѓе кои не се дел од граѓански организации своеволно се организираат, се активираат и се залагаат за заштита на животната средина, тоа се луѓе кои сакаат да на-

прават промена. Младите занаетчии се претставија со рециклирани изработки од преработени материјали - вели Јована Герасимовска од младинскиот совет. Овој совет беше дел и од глобално познатата акција ко-

ја се рашири по социјалните мрежи, а не ја одмина и Македонија - „Траш таг“. Поради големиот интерес за вакви акции, како и за настани кои се од еколошки карактер, како што е „Младински фестивал“, од советот најавуваат уште многу други проекти. - Дел од луѓето споделуваат лични приказни за промоција на екоактивизам и самоиницијативност. Mладинскиот совет беше дел од многу успешната иницијатива „Траш таг“ (#TrashTag), каде што во соработка со „Смарт ап“, се чистеше голем дел од Скопје. За нас е исклучително важно што „Траш таг“ зема сѐ поголем замав – рекоа организаторите.

Стефан Митиќ, СУГСГ „Орце Николов“ - Скопје


5

ЧЕТВРТОК 25.4.2019

за подобра животна средина

Лековити растенија, од природа до здравје и убавина!

Природата е најдобар лекар, таа во себе ги има најубавите и најкорисни билки, но и оние кои знаат да бидат отров наместо лек. Затоа мора внимателно да се собираат и користат различните видови растенија. Вака Цветанка Цветкоска од Ботаничката градина во Скопје го почна предавањето на работилницата за млади која е дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.

„Ајдучката трева расте секаде, покрај патиштата и во полјаните со континентална клима. Таа има бели цветови кои цветаат од јуни до август. Таа се бере за време на цветањето, а листовите се берат до есен. Уште одамна се користела во народната медицина, а е омилено лековито средство и во современата медицина”, раскажува Цветкоска од Ботаничката градина. „Ајдучката трева ја користеле ајдуците и војниците за да ги лечат раните”, дофрли еден од учениците. „Точно“, додава Цветкоска, објаснувајќи дека се користи и како јако антибактериско средство против разни микроорганизми, а во народната медицина се користи за зараснување на раните и за намалување на болката.

Триесетина ученици од прва година од приватното средно училиште „Алгоритам“ слушаа и разговараа за значењето на лековитите тревки и растенија кои со векови биле мелем за раните и лек за здравјето на населението. Еден од најинтересните податоци кој го привлече нивното внимание е за Ајдучката трева или позната како столисник, отпорна и приспособлива билка на сите природни влијанија. Латинскиот назив на оваа билка значи Ахилова трева со илјада листови и доаѓа од преданијата дека митскиот јунак Ахил со оваа билка ги лечел раните. Средношколците ги пренесоа своите знења за нането, кантарионот, липата, коњското опавче, босилекот... „Чајот од нане се пие за смирување на стомачните болки, босилекот го користиме во исхраната, а кантарионот има лековити својства за лекување на повреда на кожата, а се користи и за сончање“, додадe еден од учениците. Според Цветкоска сосема е погрешно користењето на маслото од кантарион како средство за сончање. Кантарионот ја штити и лекува кожата, но како што вели не смее да се изложувате на сонце по нанесувањето на маслото бидејќи тоа може да предизвика опекотини и црвенила на кожата.

Поради лековитата моќ го нарекуваат и Богородична тревка или Тревката на Свети Јован. Познат е и како моќен борец против депресија, бидејќи чајот од кантарион ги смирува нервите и делува антидепресивно. Истражувањата покажуваат дека кантарионот има и антивирусни својства, па е одличен лек за сезоните на грип. Оваа чудесна билка ја има насекаде во природата.

Растенијата и тревките имаат големо влијание и во фармацевтската индустрија и во производството на козметичките препарати. Па така многу од најквалитетните креми и масти се базираат на природните својства на одредени билки.

Фотоприказната ја изработи Институтот за комуникациски студии. Новинарка: Светлана Божиновска Фоторепортер: Борис Каески


6

ЧЕТВРТОК 25.4.2019

ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

ИНТЕРВЈУ СО ЕКОАКТИВИСТКА ОД СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

ИНТЕРВЈУ СО БЛОГЕРКАТА И АКТИВИСТКА АЛЕКСАНДРА ТРПЕСКА

„Екоактивизмот ме научи да се борам за своите цели

А

лександра Трпеска е млада блогерка која учествуваше на „Младински фестивал“(Youth Fest“ со своја приказна за принципите по кои се води - помалку омраза, без страв од изразување и повеќе внимание за животната средина. Освен што е блогерка, таа и една од најпопуларните девојки на Инстаграм во Македонија со 30.000 следбеници. Активистка е во граѓанската организација „Гоу грин“(Go Green), каде што организирала протест против загадувањето, a за време на средношколските денови направила и модна ревија со парчиња облека од рециклирани материјали. Во овој број на „Медиум“, со Александра разговараме токму за нејзиниот еколошки активизам.

Што значи животната средина за тебе? Простор за кој треба да се грижиме, бидејќи ни е единствен извор за живот, кој правопропорционално колку се грижиме за него, така и ни возвраќа на нашето физичко и психичко здравје. Како се залагаш да ја зачуваш? Се трудам што повеќе да селектирам отпад и секогаш да биде фрлен на вистинското место, односно во контејнер за селекција, канта за отпадоци, канти за батерии и слично. Се трудам што почесто да се движам пеш. Орга-

низирав марш против загадувањето, со цел да ја издигнеме свеста не само кај граѓаните туку и кај големите компании, кои според мене се едни од најголемите загадувачи. Од кога го правиш тоа? Од 14 години. Зошто го правиш тоа? Александра: Колку се грижиме за животната средина – толку и таа ни возвраќа. Тргнувам од своето здравје, притоа следејќи ги основните општествени вредности што се-

кој човек треба да ги поседува, a кaко најважна ја издвојувам свеста. Дали и како придонесе активизмот во „Гоу грин“(GoGreen) да се изградиш како личност? Во „Гоу грин“(Go Green) не само што научив како да се грижам за животната средина, туку тоа во мене разбуди една особина, да истражувам и секојдневно да се борам за своите цели. Ме научи дека како што поминуваат годините, така моите вредности се менуваат и дека тоа е многу нормален процес. „Гоу грин“ ме научи да сакам секој ден да сум подобар човек.

Како да се издигне еколошката свест кај младите? Клише, но само ако сам бидеш промената што сакаш да ја видиш во светот. Кога си личен амбасадор на животната средина, мислам дека тоа е најдобриот начин, покрај сите кампањи, маршови, настани, работилници итн. Дали си запознаена со „Траш таг“(#Trash Tag) и дали си учествувала во иницијативата? Запознаена сум, но сум учествувала само во мапирање и собирање отпад преку „Летс ду ит Маседониа“(Let’s

do it Macedonia), што е слично на ова. Но ми дадовте добра идеја. Колку младите се запознаени со климатските проблеми и со загаденоста во земјава? Проблемот е одамна, и како што минуваат годините сѐ е полошо. Мислам дека за разлика од порано, запознаени се сѐ повеќе, но не знам дали воопшто преземаат нешто. Познати сме како нација која сака безгрижно да си го испие кафето во некое кафуле. Стефан Митиќ, СУГСГ „Орце Николов“ - Скопје


7

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

Отчовечени сме!

Со самостојни иницијативи до успех

Младинската вклученост во заедницата започнува од дома. Децата дома ги учат првите лекции за чистотата, за употребата на водата и енергијата, за загадувањето на животната средина и сл. Родителите ја имаат должноста да ја всадат добрата навика кај децата и да ги научат како паметно да ги употребат природните ресурси. Училиштата и универзитетите играат огромна улога врз еколошката одржливост и треба да стават акцент и да обрнат внимание на еколошкото образование. Младата популација е огромен дел од човековата популација и тие се луѓето кои ќе живеат со последиците од одлуките донесени за животната средина во моментов. Идните генерации ќе бидат засегнати од овие одлуки и од степенот до кој тие ќе се осврнат за грижа за околината, како намалување на ресурсите и загуба на биодиверзитетот. Младите сè повеќе ја користат моќта на нивниот колективен глас за да се залагаат, лобираат и да водат кампањи кон усвојување практики и политики кои се пријателски ориентирани кон животната средина. Додека повеќето млади растат во свет кој се карактеризира со напредни технологии и размена на информации, многумина ја искористуваат оваа можност да созда-

Го менуваме светот

Со самото доаѓање на овој свет, идејата за тоа кои сме ние ни е наметната од оние кои нè создаваат, оние кои треба да нè научат и да ни помогнат да ги преминеме границите на сè што можеме да постигнеме и да нè насочат на вистинскиот пат. Малкумина ја испитуваат својата сила во борбата за зачувување на

дат иновациски, одржливи решенија за животната средина. Младите можат да играат активна улога во заштитата и подобрувањето на животната средина. Тие можат да го променат нивниот животен стил и како тоа влијае на животната средина. Тие можат да ги направат своите домови, училишта и младински организации да бидат еколошки поволни со донесување еколошки практики, со рециклирање на различни материјали и со зачувување на ресурсите како што се водата и електричната енергија. Ангажирањето на младите во заштитата на животната средина не само што директно влијае врз менувањето на однесувањата и ставовите на младите, туку влијае и врз нивните родители, роднини и пријатели. Грета Танберг е неверојатно храбра, борбена и одлучна млада девојка. Таа е 16-годишна активистка од Шведска која го создаде движењето наречено „Фрајдејс фор фјучр“ (Петоци за иднината), со кое секој петок се протестира пред владите на многу земји низ светот за еколошката свесност, климатските промени и загадувањето на животната средина. Таа иницијатива се пренесе и во Скопје, каде што млади луѓе протестираат за своите права. Меѓутоа, свесноста за екологи-

она кое им дало живот, борбата да се извади на површина љубовта кон природата, да се издигне свеста кај најмалите, да се разбуди чувството за грижа на околината, затоа што со учење љубов кон природата учиме да се грижиме за себе, а грижата за себе може да се развие и пренесува само со чиста и мирна околина. Општеството сме ние, а нашиот проблем е пронаоѓањето на заеднички особини и неспособноста на отфрлање на разликите, како и не секогаш правилното доаѓање до еднаквост. Кога само за момент би ги замолчиле нашите лоши зборови, кога секој од нас би се завртел околу себе би сфатиле дека одговорот и решението за сè се кријат во инспирацијата што ја добиваме од убавините на природата. Се движиме по улиците и вниманието ни е привлечено од оние мали розово-бели цветчиња чиј мирис го сопира времето и за мо-

-

Џабе ни е сe, ако немаме чист воздух да дишеме

Живееме во време во кое науката и техниката отидоа многу далеку, додека ние сѐ уште тапкаме во место. Недоволно развиената свест за екологијата и зачувување на природата која треба, а не еволуира, е поткрепена од она „Земјава баш од ова нема да пропадне“. Пустата, тоне. А ние, залудени од сестраната заедница, заедно со неа полека го допираме дното. Прашувам во име на сите млади: „Што ни овозможивте и доволно

ЧЕТВРТОК 25.4.2019

јата и за животната средина во Република Северна Македонија, а и на Балканот, е многу мала, односно таа воопшто не е ни приоритет. Најголем дел од младите луѓе не се ни грижи како изгледа околината во која живеат, а директен резултат на тоа е загаденоста. Има безброј примери за тинејџери кои ги фрлаат своите отпадоци каде било, употребуваат еднократна пластика и ја уништуваат природата. Секогаш постојат исклучоци, млади кои се залагаат за своите права и кои веруваат во тоа што мислат дека е исправно за нив и за заедницата и директно учествуваат во промената, а не се надвор од неа. Но тоа најчесто се случува самоиницијативно, а за да се вклучат што повеќе луѓе, треба да видат некои бенефиции од тоа. Бенефициите во овој случај, во протестите, се огромни. Стефан Митиќ, СУГСГ „Орце Николов“ - Скопје

мент нè враќа во омилената случка од детството. Но малкумина помислуваат уште колку долго ќе можеме безгрижно да се шетаме на омилените места, уште колку пати ќе можеме да ги почувствуваме сончевите зраци на нашето лице без последиците од штетите што ги прави човештвото врз природата и дали следното утро птиците со својата песна ќе нè потсетат на сето убаво што допрва треба да се види или, пак, ќе се мачиме да ги заштитиме нивните крилја од изумирање. Убавината е околу нас, промената е во нас. Моќта е во зборовите упатени и насочени кон учење од најмала возраст за она што е нашата иднина. Потребна е само мала капка свест за да ги разбудиме борците во нас. Мартина Станкоска, втора година, СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Скопје

ли беше? Дали нѐ научивте да ја сакаме пред да побарате да ја зачуваме?“ За нас значително се далечни еколошките нешта, и сето тоа е сосема разбирливо. Еве, да објаснам. Државава во која ние младите се трудиме да се оствариме себеси веќе одамна е изобличена. Овде мириса на изгорени соништа. Се слуша плач на туѓите нашинци. Насекаде луѓе со ограничен ум. Осакатени иднини од свои на своите и перспективни срца збутани в ќош. Војна околу престолот, а на него и златото почнало да ‘рѓосува. Би можела сѐ уште да прези-

Човекот е мозаик од особините кои како молив ја оцртуваат скицата на неговиот живот. Конструирајќи ја сопствената иднина, тој се труди да направи палета од бои кои што пореално ќе го отсликуваат неговиот бит. Во денешно време, колажот на тонови кои стојат на располагање доста е ограничен, а дефицитот на клучната нијанса – човечноста, ретко на нечие око ќе му избега. Светот е преполн со луѓе чија душа е презаситена со самољубие, па за добрината ретко останува место. Пливаме и се давиме во море од луѓе за кои една подадена рака би значела целосно поинаква поставеност на правилата на играта наречена живот. Го гледаме лицето на беспомошноста, без да направиме ништо. Полека, но сигурно, човечкиот род како да го губи чувството за солидарност, сметајќи дека самиот себеси си е доволен. Од рацете ќе ни се лизне човечноста, а ние нема ништо да направиме, бидејќи веќе одамна сме ја изгубиле потребата за сочувство. Сите сакаат да ја достигнат големината на своите очекувања, газејќи врз сѐ што ќе ни застане на патот, па дури тоа и да се совеста или правдата. Како да забораваме дека големината на човекот ја дава големината на душата, а не дебелината на снопот пари во џебот. Отчовечени сме и заблудени во новосоздадените идеали, барајќи корист кога помагаме на беспомошен. Мислиме дека сѐ е во она што може материјално да се добие. И тоа да се добие по секоја цена, без разлика на сите оние кои ги губиме одејќи по тој пат. Жедни сме за моќ, за пари, за надуен углед. Но барањето моќ во беспомошен свет како да ја изоставува единствената значајна одлика на овие примати - да се биде човек, да се размислува подалеку од границите на сопствените потреби. Која е целта на моќта добиена нечесно? Која е целта на силата употребена неправилно? Која е целта на животот потрошен залудно? И кога ноќта ќе го проголта денот, а човекот ќе се вовлече под покривката на темнината, што е тоа што го дефинира него во универзумот? Не би рекла дека човекот меѓу ѕвездите е одреден само од она што успеал да го освои во текот на шах турнирот – борбата за моќ во беспомошен свет, туку и од бројот на раце што ги подал на оние што биле сметани за пиони. Затоа луѓе, да помагаме, да бараме подобро време во кое најзначајна ќе е човечноста, најмоќна добрината, најсилна чесноста. Бидејќи вака отчовечени и изобличени, не само што ги губиме сите околу нас туку се губиме и себеси. Ана Марија Наумовска, СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола

рам, но би било бесцелно. Како да се посветиме на издигнувањето на еколошката свест и притоа да живееме овде? Ние младите се посветуваме на сѐ друго, не разбирајќи дека сѐ она што сакаме да го постигнеме нема да се случи доколку немаме воздух за дишење или вода за пиење. Поинакви сме, драстично различни и сите свои луѓе. А сите со ист дом и под едно небо. Крајно време е сами да си ја скроиме нашата и судбината на нашите потомци. Ги затнуваме ушите кога природата вреска и си ја сотираме овдешната иднина. Честопати не-

достатокот или конфискувањето на борбеноста нѐ води кон она добро познатото „ништо нема да се промени“. А се менува, другари. Секојдневно се претвора во поголемо зло. И злото не се глобалното затоплување, уништувањето на мајката-природа или истребувањето на животните. Злото сме ние! Цврсто газиме кон мошне неефективна реалност, уште позната како колапс. Ве преколнувам да бидеме оние што ќе ја искупат оваа бездна од гнилото. Ангела Петкова, СОУ „Кочо Рацин“ - Свети Николе


8

ЧЕТВРТОК 25.4.2019

Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ „ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“ Ин сти ту тот за ко му ни ка ци ски сту дии, во рам ки те на кам па ња та од ја вен ин те ­ рес за по до бра жи вот на сре ди на „Не иг но ри рај!Ре а ги рај!“, ги по ви ку ва сред но ­ школ ци те во Ма ке до ни ја да се при ја ват на кон кур сот за нај до бар ме ди ум ски про из вод „Изра зи се пре ку ме ди у ми те“ на те ма „Са кам да жи ве ам во чи ста око ­ ли на“. Уче ни ци те и учи ли шта та мо жат да ап ли ци ра ат со фо то при каз на или со ед но ми нут но ви део. Медиумските производи треба на оригинален начин да ги пренесат идеите, интересите и барањата на учениците за промена на животната средина во којашто живеат. Во сво­ ите фотографии и видеа учениците треба да прикажат примери од околината за кои мис­ лат дека им е неопходна интервенција од институциите и граѓаните (чист воздух, вода и почва, урбана хигиена, заштита на биодиверзитетот). Целта на овој конкурс е да се поттикнат медиумската писменост и еколошката свесност кај младите кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат. Изработка Фотоприказната треба да содржи од 6 до 8 фотографии со легенда (краток текст што ќе го објасни значењето). Тек­ стот под фотографиите може да биде на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Република Северна Ма­ кедонија. Видеото не треба да биде подолго од една минута. Доколку се користи музика, треба да се почитуваат авторските пра­ ва. Дијалозите или која било друга форма на комуникација може да бидат на јазиците што се употребуваат во земја­ та. Во апликацијата треба да има кратко објаснување, не подолго од 10 реда. Право на учество На конкурсот може да се пријават ученици од прва до четврта година од сите средни училишта во Македонија и сами­ те училишта. Дозволено е групно учество на соученици, но ако производот биде награден, наградата ќе се додели на авто­ рот или носителот на пријавата. Доколку како учесник се јавува училиште, наградата ќе се додели на училиштето. Учесниците може да поднесат повеќе производи во различни формати. Награди u Прва награда – мобилен телефон „самсунг галакси А6“ u Втора награда – камера „гоу про“ u Трета награда – камера „гоу про“ За 15­те автори на најдобрите производи, Институтот за комуникациски студии обезбедува учество на неколкуднев­ ниот средношколски екокамп што ќе го организира во јуни. Пријавување Кандидатите треба да пополнат Формулар за пријавување и заедно со изработениот продукт да го испратат на е­адреса medium@medium.edu.мк најдоцна до 5 мај 2019 година. Контакт Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.мк, 02 30 90 004.

КОНКУРС ЗА БИОФОТОГРАФИЈА Истражувачкото друштво на студенти биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ го објавува деветтиот конкурс за биофотографија на тема „Урбани безрбетници“. Главен мотив на фотографиите треба да бидат безрбетниците застапени во урбаните средини во Македонија. Конкурсот трае до 15 мај 2019 година, а право на учество имаат сите граѓани без разлика на возраст, пол, националност, верска припадност или професија. Фотографиите треба да се испратат biofotokonkurs@gmail.com, со податоци за испраќачот - име, презиме и мобилен телефон (опционално). Најдобрите фотографии ќе бидат избрани преку гласање на Фејсбук, комисија составена од професори по биологија и од професионални фотографи. Награден фонд: книги, научно-истражувачки материјали, ваучери за еднодневна истражувачка акција, ваучер за двонеделна истражувачка акција, маички. Трите најдобри фотографии ќе бидат наградени, а сите пристигнати фотографии ќе бидат претставени на изложба.

ЕКО ЌОШЕ Неколку интересни факти за природата во Македонија lВо Македонија живеат 16 вида змии од кои само 3 вида се отровни. lВо нашата држава постојат 3 национални парка и 67 подрачја кои се прогласени за споменици на природата. lИако звучи неверојатно, во Македонија има околу 200 езера. Од нив 70 се поголеми или помали природни езера и околу 120 се вештачки акумулации и резервоари за вода. Сепак, најголеми се тектонските езера: Oхридско, Преспанско и Дојранско. lПче лар ка та (Meropsapiaster) е еден од 329-те вида и подвида на птици кои живеат на територијата на Македонија. lСамо во регионот околу Охридско Езеро се евидентирани околу 100 ендемични видови инсекти. Во Македонија живеат околу 10.000 вида инсекти од кои 170 се загрозени видови. lДи ва та мач ка е еден од двата вида мачки кои живеат во македонските шуми. lВо Ма ке до ни ја има 206 вида пеперутки од кои голем број се загрозени или ендемични. lВо Ма ке до ни ја има околу 35 реки и околу 1.100 извори на вода. lЕвроп ска та блатна желка и балканската блатна желка се единствените водни желки во Македонија.

Медиум - 25 април 2019  

Медиум - 25 април 2019  

Advertisement