Page 1

Четвrtок, 22.02.2018; godina V; br. 36 www.medium.edu.mk

Vesnik za site sredno{kolci МЕДИУМСКИ ДЕН 2017

о т е ѓ у л м а е м с а н и г а д м а Среќен сум што мож НАД 70.000 СЛЕДБЕНИЦИ СО ЕР ЈУБ ЈУТ ОТ КИ НС НО ДО КЕ МА МАРКО МАРКОВИЌ - ЏИ-ПИ,

str.3

„РАЗГОВАРАВМЕ“ ТРИ ДВОЈКИ ИДЕНТИЧНИ БЛИЗНАЦИ ВО БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈА str. 4

„ТЕМА ЗА ДИЛЕМА“

ВОВЕДНИК

„УЧЕНИЦИТЕ БАРААТ ДА УЧАТ ПРЕКУ ФИЛМОВИ “

МЕДИУМЦИ, ЧЕСТИТ СЕДМИ РОДЕНДЕН str. 5

str. 2

СРЕДНОШКОЛСКИОТ ВЕСНИК „МЕДИУМ“ Е ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКА КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“

ПРОЕКТОТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА


ВОВЕДНИК Жарко Василевски уредник во „Нова Македонија“

Медиумци, честит седми роденден! Да имаме свесна и критичка младина која резервирано ќе ги восприема медиумските содржини е особено значајно за младата популација, пред сѐ за средношколците, кои наскоро ќе станат полнолетни и одговорни граѓани. Оттука, залагањата на нашиот весник „Нова Македонија“ и на Високата школа за новинарство и односи со јавноста за унапредување на медиумската писменост не се само оправдани туку, би рекол, се и неопходни ако сакаме една здрава критична просперитетна околина во која ќе живееме и ќе твориме. Без медиумски писмени граѓани, можеме само да сонуваме демократија, слобода, еднаквост, пароли што ќе останат само за нас празни извици во ехо и кои исчезнуваат во далечината, притоа читајќи ги успешните приказни за некои други земји. Токму за тоа, да не остане само ехо што ќе исчезне некаде во далечината, ние преземаме акции, реална работа за зголемување на медиумската писменост, барем на дел од младите што се наоѓаат во средношколските клупи. Како најстар медиум во државата, ја знаеме и свесно ја преземаме обврската кон нашата публиката, а тоа не е само да информираме туку правиме сѐ публиката да ја инкорпорираме како дел од нашите страници. Преку „Медиум“ им се обраќаме на младите, бидејќи сакаме да поттикнеме критичка мисла кај нив, оти тоа, пак, има бумеранг-ефект не само за нас туку и за секој медиум: медиумски писмена публика значи постојан стремеж кон професионални стандарди, што на крајот се мери преку поголема доверба. На почетокот, кога го создадовме „Медиум“, таквите млади критичари на пишаниот збор ги баравме преку конкурсот „Најдобар млад новинар“, кога секој месец избиравме талентирани пишувачи низ средношколските клупи. Од истите причини одевме и сѐ уште одиме по училиштата, дискутираме со учениците за тајните на новинарската професија, но, уште поважно, и се обидуваме да го разбудиме сомнежот кај младите за секоја информација што допира до нив за да се прашаат дали се што читаат е вистина, дали нешто е пропуштено во веста, дали ги има сите страни на приказната, дали новинарот си дозволил да стави и субјективна слика во она што објавил. Сите овие прашања и одговори се дел од нашите активности за овие седум години. „Нова Македонија“ е свесна за обврската кон публиката, а особено кон младите. Затоа, досега секогаш сме биле и ќе бидеме отворени за критика од нив, но и за соработка со нив. Навистина благородна и благодарна работа е честа да ѝ се обратите на популацијата што е нова генерација на една држава, моторот што ќе нѐ движи сите заедно напред во иднина, а вие давате мал придонес тој да биде подобар и поефикасен. Со медиумските лаборатории што ги правиме заедно, весникот „Нова Македонија“ и Високата школа за новинарство, а како проект финансиран од фондовите на ЕУ, сме единствени што допираат директно до средношколците, во смисла на активно предочување на фактите и вистината кога се во прашање чистата информација, јавното информирање, јавниот интерес, новинарството во неговата изворна форма наспроти пропагандата, лажните вести, квазиновинарството... „Нова Македонија“ од 2014 година ја прифати иницијативата на Високата школа и стана домаќин на средношколците на Медиумскиот ден, што уште посилно ги отвори вратите кон младата публика за да се доближат до вистинските медиуми и до професионалците што работат во нив. Во таа насока секоја година организираме и посета на селото Горно Врановци, на 29 октомври, кога всушност е и испечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“ во далечната 1944 година.

ИТЕ Ц И Н Д О Х З И Н

Наградена апликација за помала сметка за струја

Над 140 средношколци од 28 средни училишта од Македонија беа дел од Иновацискиот камп - натпревар на средношколци во претприемачки вештини во организација на „Јуниор ачив мент Ма ке до ни ја“, про гра ма поддржана од УСАИД, а дел од глобал на та мре жа „Ју ни ор ачив ментс ворлдвајд“. Уче ни ци те имаа за да ча да ос -

мис лат про из вод или ус лу га што ќе при до не се за енер гет ска ефи кас ност и ќе има ши ро ка при ме на во за ед ни ца та. Пред жи ри-ко ми си ја беа пре зен ти ра ни го лем број ино ва ци ски ре ше ни ја. По бе ди иде ја та на тим кој по ну ди ап ли ка ци ја ко ја по ма га во на ма лу ва ње на сме тка та за еле ктрич на енер ги ја: Ви кто ри ја Ди ми три ев ска (Скоп је), Да рио Пе -

Филмски и театарски фестивал во “Никола Карев

ЧЕТВРТОК 22.02.2018

Електричарите од “Михајло Пупин добија современа училница

Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје доби современо опремена училница за потребите на специјалната ЕВН-паралелка, како дел од проектот „20/20/20“. Идејата е резултат на раководниот тим на училиштето и на ЕВН-Македонија, каде што учениците ќе се обучуваат под менторство на професионалци. Следењето на принципите на таканареченото дуално стручно образование кое е успешна приказна во Австрија, Германија и во Швајцарија, се очекува да заврши со вработување на ученици во компанијата по завршување на стручното образование. Досега се вработени 20 ученици, што е мотив повеќе за сегашните генерации своите вештини да ги насочуваат за потребите на пазарот на трудот. Во гимназијата „Никола Карев“ се одржува средношколскиот фестивал „Три дена култура“, кој се состои од филмски фестивал, театарски перформанси, музички настан и дигитална изложба. Учениците, од 21 до 23 февруари, имаа можност да ги претстават своите авторски дела, снимени кратки филмови, театарски претстави, да настапат со своите музички

бендови, а и да ги промовираат своите фотографии. За сите настани беа пријавени 150 ученици. Најдобриот краток филм беше избран со тајно гласање од публиката. „Три дена култура“, освен што им даде можност на младите средношколци да дишат со нова енергија, во исто време им го отвори патот за нови свежи идеи, сфаќања и размислувања за уметноста.

Уредници на „Медиум“: Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk, 02/30 90 004 Техничко уредување: Марин Матев Веб: Александар Делчевски Лектура: Светлана Арсовска Маркетинг: тел. (02) 5511727 Дистрибуција: тел: (02) 5511734 www.medium.edu.mk; е-адреса: medium@medium.edu.mk Оваа публикација е овозможена со поддршка од Европската Унија во рамките на проектот Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање Македонска коалиција за медиумска писменост, што го реализира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста заедно со Институтот за различности во медиумите од Лондон, В. Британија, и дневниот весник Нова Македонија. Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на Европската Унија. Проектот е финансиран од Европската Унија

тро ски (Скоп је), Ире на Или е ва (Стру ми ца), На ди ца Кр сте ва (Ка ва дарци), Ахмеда Мустафова (Берово) и Ни ко ла Пе тре ски (Охрид). Вто ра та на гра да им при пад на на уче ни ци со бизнис-план за самоодржување на во зо ви, а тре та та на гра да се однесуваше на бизнис-идеја за еколо шко про из водс тво на об нов ли ва енер ги ја.

2


3

ЧЕТВРТОК 22.02.2018

„ФАЦА НА МЕСЕЦОТ“ МАРКО МАРКОВИЌ - ТАЛЕНТИРАН СРЕДНОШКОЛЕЦ И ЈУТЈУБЕР СО НАД 70.000 СЛЕДБЕНИЦИ

Среќен сум што можам да ги насмеам луѓето

Марко Марковиќ е одличен и посветен ученик во четврта година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје. Тој е интелигентно младо момче што освои прво место на натпреварот „Мајкрософт офис“ во Македонија, а се пласираше и во топ петте финалисти на глобално ниво на „НАСА Спејс апс челинџ“. Меѓутоа, кога младите ќе го слушнат името Марко Марковиќ, првото нешто што им паѓа на ум е јутјуб-каналот Џи-Пи (ГП). Марко е еден од најпознатите македонски јутјубери, со над 70.000 следбеници (супскрајбери) на својот канал. Својата публика ја забавува со видеа за игри, влогови, предизвици, кратки песни. Медиум:Што те поттикна да го направиш овој канал? Дали некогаш мислеше дека ќе ги достигнеш денешниов успех и гледаност? Марковиќ: Уште како многу мал сакав да креирам видеа од најразличен тип. Имав огромна желба за снимање и отсекогаш сакав да држам камера во рака. Исто толку голем љубител бев и на видеоигрите, особено откако го добив мојот прв плејстејшн. По некое време разбрав за Јутјуб како платформа за поставување видеа, со што почнав и јас да објавувам свои. Немав никакви очекувања, едноставно сакав мојата пасија да ја споделам со светот. Медиум: Сигурно е тешко да се постигне да имаше време за училиште, социјален живот и снимање видеа. Која е тајната? Марковиќ: Да се биде континуирано активен на Јутјуб не е едностав-

на задача, а особено ако на тоа се додаде и училиштето. Немам некоја особена тајна за успехот, едноставно треба добра организација на времето. Гледам секој слободен момент правилно да го искористам. Медиум: Со зголемувањето на твојата гледаност има и повеќе негативни коментари упатени кон тебе. Како се справуваш со нив? Марковиќ: Не постои ниту еден јутјубер во светов кој не добива вакви коментари. Конструктивните критики секогаш ги сослушувам и имплементирајќи ги тие сугестии, се обидувам да се подобрам. Коментарите кои се

негативни без причина, едноставно ги игнорирам. Медиум: Јутјубер - хоби или професија? Марковиќ: Искрено, веќе не би го категоризирал Јутјуб како хоби. Почна така, но со големата бројка на следбеници која ја имам денес, почнав да си го сфаќам како обврска. Засега не е стриктно професија, но се движи во таа насока и пресреќен сум со тоа. Медиум:Кога имам слободно време сакам да... Марковиќ:Многу сакам да истражувам нови работи по Интернетот. Сакам авантура, па исто така посто-

јано се обидувам да правам нешто ново и возбудливо. Моето мото е секогаш кога можеш, прави го тоа што те прави среќен. Живеј го секој момент, бидејќи животот е еден и краток, па сметам дека треба да се искористи најдобро што може. Медиум:Кое е твоето најголемо достигнување како јутјубер на кое си најгорд? Марковиќ: Тоа е видеото кое има и најмногу прегледи на мојот канал. Тоа е мојата песна „Ајде џипери“, во која се заблагодарив на џиперите за достигнатата цифра од 50.000 следбеници. Навистина сум премногу горд

на неа, бидејќи постигна неверојатен успех. Инструменталниот дел на песната беше изработен од онлајн-другарче. Преостанатиот дел, значи текстот, монтажата, сценографијата, го смислив и направив сам, а другар ми Дарко ми помогна околу снимањето. Медиум: Како тече подготовката за снимање на видео? Марковиќ: Кога се работи за поголемиот број мои видеа, а тоа се видеата во кои играм игри, првото нешто што го правам е пронаоѓањето на вистинската игра. Потоа ја вклучувам камерата, почнувам со играње и самата игра ја диктира приказната на тоа видео. За ваквите видеа немам определен текст, едноставно го кажувам она што прво ќе ми падне на памет. Сите преостанати типови видеа, како филмовите и влоговите, се однапред смислени, со точно утврдено сценарио. Медиум: Најдобар и најлош дел од станувањето популарен јутјубер? Марковиќ: Дефинитивно многу е поголем бројот на добрите страни на Јутјуб во споредба со лошите. Навистина сум пресреќен што ја имам ретката можност да насмеам толку голем број луѓе, да ширам позитивна енергија и да пренесам некоја порака која сметам дека е важна. Лошите страни се занемарливи. Единствено што би издвоил е намаленото ниво на лична приватност, што е очекувано со ваквото занимање. Ива Цветковска, Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, Скопје


4

ЧЕТВРТОК 22.02.2018

„РАЗГОВАРАВМЕ“ ТРИ ДВОЈКИ ИДЕНТИЧНИ БЛИЗНАЦИ ВО БИТОЛСКАТА ГИМНАЗИЈА

Се смееме кога ќе нe прашаат дали сме сестри

Три двојки идентични близнаци за прв пат минатата година седнаа во ученичките клупи на гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола. За разговор беа расположени Ангела и Анита Србиновски, како и Теона и Тиана Вучеви. Чувството да се има близнак девојките го опишуваат како доста уникатно и забавно. - Ин те рес но е по сто ја но да имаш еден вид огледало покрај себе кое ти е морална поддршка - вели Анита.

И двете двојки близнаци се чувствуваат блиски меѓусебно, а корените на таа меѓусебна поврзаност се наоѓаат во заедничките спомени од детството. Она на кое секогаш ќе се сеќаваат сестрите Србиновски се нивните патувања низ Америка, Канада и Европа, додека, пак, Вучеви ја избираат средбата со омилениот спортист - Милан Барош. Четирите девојки раскажаа дека во новата средина, соучениците и наставниците полека започнале

да ги препознаваат по карактерните особини, но и по стилот на облекување. Кај професорите се јавува мала конфузија - „која беше која“, но сепак некои мали лични црти ги „издаваат“. Во врска со омилените и помалку омилените предмети, а и хобија, мислењата се разликуваат. Анита и Ангела Србиновски практикуваат да учат заедно, но велат дека немаат заедничко хоби, додека, пак, Тиана и Теона ја споделуваат својата страст

МЛАДА СПОРТИСТКА СО ПЕТ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ

И повторно да се родам, пак би ги избрала боречките вештини Република Македонија е држава што изобилува со голем број таленти, а особено се негуваат спортските потенцијали. Младата спортистка од Битола, Емилија Бошевска, е ученичка во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ и е добитничка на многу златни медали во боречки вештини. Емилија е горда на своите досегашни успеси кои ги постигнува благодарение на познатата академија „За Нед До“. И самата вели дека „Македонија е расад на таленти од областа на боречките вештини“. На своите врсници им порачува да се борат за своите соништа и да не се откажуваат, како и да тренираат, затоа што здравјето е нашето најголемо богатство. Медиум: Зошто го избра баш овој спорт? Бошевска:Боречките вештини се спорт во кој владеат дисциплината и посветеноста. Токму тие ме научија

како да бидам подобра личност, да се борам за она што го сакам, да имам поголема самодоверба. Пак да се родам, повторно би го одбрала овој спорт, а го препорачувам секому. Медиум: Кое е идеално време да се започне со боречки вештини? Бошевска: Најидеално време за боречките вештини се секако оние детски години, од петгодишна возраст, кога и самото дете расте и се развива. Но во нашата академија има членови од 5 до 73 години, па е очигледно дека секој може да започне со практикување на овој спорт. Медиум: Си жртвувала ли некои сопствени задоволства за да постигнеш добри резултати? Бошевска: За секој резултат е потребно многу време и, секако, многу посветеност. Нашите подготовки знаат да бидат доста макотрпни - за еден натпревар подготовките траат пове-

ќе од 5-6 месеци, 2 до 3 пати на ден. Одрекувањето од некои задоволства јас не го чувствувам како жртвување. Време имам за сѐ, за дружење, за учење и за тренинг. Медиум: Кое е твоето најголемо достигнување? Бошевска: Секој постигнат успех има особено значење за мене. Сум се посветила на овој спорт и тука и планирам да се надградувам. Петте златни медали кои се случија на еден од последните натпревари ми се гордост, но она што го сметам за мое најголемо достигнување е работата со малите дечиња заедно со мојот мајстор Златко Неделковски и со тренерот Дијана Неделковска, чија доверба многу ми значи. Мојот сон и желба се да ги наследам моите тренери. Јована Станојовска, Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола

за цртање и за спортот, но не практикуваат да учат заедно. Во приватната сфера, близначките се многу блиски и отворени една со друга. Секој има своја мана која малку ги нервира другите, па макар имал и сестра близначка. Кога би можеле да променат едно нешто, Теона кај сестра си би ја променила лошата навика за доцнење, додека, пак, Ангела би сакала сестра ѝ да не се интересира премногу за учењето.

Она што е интересно е дека девојките со своите близначки имаат ист интерес за момчиња - и на Србиновски и на Вучеви вкусот им е ист. За крај, ги замоливме близначките да ни го кажат најчудното и најсмешното прашање кое некогаш им било поставено. „Дали сте сестри?“, беше нивниот одговор. Ана Марија Наумовска, Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола


5

ЧЕТВРТОК 22.02.2018

„ТЕМА ЗА ДИЛЕМА“ АУДИОВИЗУЕЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО УЧИЛИШТАТА ПОСТОИ, НО НЕ Е СЕКОЈДНЕВИЕ

Учениците бараат да учат преку филмови

Учебниците се застарен метод, па затоа е потребно филмот во училниците да биде секојдневие, рекоа средношколците-учесници на меѓународната конференција „Аудиовизуелно образование иднина или сегашност?“ во организација на „МакеДокс“, фестивалот за креативен документарен филм. Порачаа дека се потребни поголем број предавања на разни теми преку аудиовизуелни содржини, поточно преку соодветни документарни филмови. Само така наставните содржини ќе бидат поинтересни, предавањата нема да бидат досадни, учениците позастапени, а ќе се поттикне и поголема креативност и критичко размислување кај сите. - Преку слика и звук учиме полесно, часовите се позабавни, а и полесно го паметиме материјалот што наставниците ни го предаваат - рече Снежана П., средношколка од

гимназијата „Јосип Броз-Тито“. ПРЕКУ ФИЛМ, СУВОПАРНИТЕ ТЕМИ СТАНУВААТ ИНТЕРЕСНИ Учесниците на фестивалот се сложија дека преку документарни филмови едукацијата ќе биде поефикасна, младите ќе бидат позаинтересирани за уметноста и од нив во иднина може да произлезат квалитетни филмски работници. Порачаа дека е потребно нашите институции да вложат напори за поинтензивно користење на аудиовизуелни содржини во образованието како потребно позитивно искуство. Благодарение на „МакеДокс“, во најголем дел од училиштата веќе се применува аудиовизуелно покривање на различни теми на часовите. Во зависност од условите на образовните институции, некаде е позастапен овој вид на настава, на друго место помалку. - Првиот прирачник што го на-

правивме беше за средни училишта и покриваше доминантно теми од социологија и од граѓанско образование. Тој се викаше „МакеДокс во училница“, го издадовме пред неколку години. Добивме поддршка од Министерството за образование, направивме повик на кој се пријавија 80-90 отсто од наставниците по овие два предмета и ги обучивме како да го користат во наставата. Потоа направивме уште еден прирачник, за повисоките одделенија од основното образование и за пониските од средното. Исто така се пријавија многу наставници, кои поминаа идентична обука, како дел од процесот. Се селектираат теми и часот се покрива со одредени филмови, според наша замисла како треба да изгледа час од 45 минути, ни објасни Сашо Н. Алушевски од „МакеДокс“, задолжен за едукативниот дел од фестивалот за документарен филм. Тој додаде дека целта е часот да се направи поинтересен, со приказни од цел свет, особено за сувопарни теми за кои учениците се помалку заинтересирани. Самите наставници имаат слобода да одлучат кои филмови на кој час ќе ги искористат. Има одреден фонд на документарни филмови што наставниците го добиваат од „МакеДокс“, па доколку имаат, на пример, тема „дискриминација“, самиот наставник одлучува кој филм ќе го искористи за полесно да го предаде наставниот материјал. МЛАДИТЕ ИМААТ ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА УМЕТНОСТ

На меѓународната конференција присуствуваа 114 учесници од Македонија, Хрватска, Косово, Романија, Италија, Холандија, Германија и

од Босна и Херцеговина. Учествуваа ученици, наставници, претставници од невладини организации, филмски работници како и претставници од образовните институции. Беше посочено дека во наведените земји во наставата веќе се користат аудиовизуелни содржини, односно документарни филмови, особено во општествените науки и во изучувањето на јазиците. Дел од конференцијата беше и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, кој рече дека внесувањето на авторскиот креативен документарен филм во училиштата нуди информативна вредност, поставува прашања, отвора простор за дискусија. - Креативната документарна форма е тренд во светот и ние преку овој пристап на „МакеДокс“ можеме да се пофалиме дека сме во

чекор со тој тренд - рече министерот за култура. Алушевски од „МакеДокс“ смета дека нивниот досегашен придонес е голем, ја создале базата, а понатамошниот развој на аудиовизуелните содржини во училиштата е во доменот на Министерството за образование. - Може во иднина да се направат филмски клубови, ние понудивме основа. Не да бидат под наша капа, може да биде под која било институција. Тоа зависи од раководствата на самите училишта, од волјата. Тоа досега не функционираше, а најсреќно решение беа прирачниците. Учениците во секој случај бараат филмски секции - појасни тој. Тој додаде дека има голем потенцијал во младите, креативни се, сакаат да снимаат филмови, но кај нас тешко се откриваат тие таленти.

Училиштата да купат опрема и да се формираат филмски клубови Позитивни страни од употребата на аудиовизуелно образование во македонските училишта се: дискусија, критичко размислување, поголема интеракција меѓу наставниците и учениците, разбирливост, подобро помнење, како и поголема застапеност и заинтересираност од ученици за темите кои се дел од предавањата, беа дел од заклучоците на работните групи составени од средношколци кои беа формирани во рамките на меѓународната конференција „Аудиовизуелно образование ‐ иднина или сегашност?“ во организација на „МакеДокс“, фестивалот за креативен документарен филм. Исто така тие посочија дека со учење преку аудиовизуелни содржини, учениците се помотивирани, кај нив се поттикнува емпатија, а атмосферата е подобра. Работните групи ги нотираа и пречките кои сега се присутни за квалитетно аудиовизуелно образование: немање технички предуслови како проектори, компјутери, соодветни простории, недоволна стручност на професорскиот кадар, незаинтересираност на раководствата на училиштето за користење на аудиовизуелни средства како и немање соодветни содржини за ваков тип образование.


6

„ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА“

ЧЕТВРТОК 22.02.2018

КАДЕ И КА КО ДА СЕ ПОМИ НЕ ЗИМСКИОТВО РАС ПУСТ? ИНТЕРВЈУ: КИРЕ АЦЕСКИ, УЧЕНИК-АКТЕР ВЕЛЕШКАТА ГИМНАЗИЈА „КОЧО РАЦИН“

На сцената го давам максимумот, а аплаузот ми е најголема награда

Кире Ацески е средношколец со големи афинитети кон актерството и музичката уметност благодарение на генетските предиспозиции. Тој е ученик во трета година во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Во исто време, знае да свири на клавир и на гитара, учествувал на натпревари, освојувал награди. Уште од мал ја засакал театарската уметност, а сега во фокусот му е актерството. Дел е од аматерски театарски претстави и иднината ја гледа токму во оваа про-

фесија. МЕДИУМ: Кога сфати дека актерството е твојата љубов и од каде потекнува твојот талент? АЦЕСКИ: Сметам дека мојот талент за актерството е генетски наследен. Мојот дедо бил актер, и благодарение на него и јас сега почнувам да пливам во овие води. Исто така и мојата мајка поседува голем потенцијал за глума, но, за жал, не успеала да го оствари својот сон. „Х - Хамлет“, чијшто режисер е Ва-

сил Зафирчев, е првата претстава која воопшто ја гледав во 2007 година. Беше навистина прекрасен ден и прекрасно искуство. Особено убавината зад сцената, која ја доживеав на само девет години и за ова многу му должам на мојот дедо. За мене беше огромна привилегија да се запознаам со велешките актери. МЕДИУМ: Која е твојата прва одиграна претстава? АЦЕСКИ: Основно училиште завршив во „Блаже Конески“ - Велес,

ИНТЕРВЈУ СО БРАНКО АТАНАСОВ - СРЕДНОШКОЛЕЦ, А И СТУДЕНТ НА ФДУ

Од моите родители не барав играчки, само да ме носат во театар

Бран ко Ата на сов е сред но школец, ученик во четврта година во СУГС „Никола Карев“, а во исто време е и студент на Факулте тот за драм ски умет но сти во Скопје (ФДУ). Покрај ова, тој е и во лон тер во Ор га ни за ци ја та на Цр вен крст на оп шти на та Кар пош. МЕДИУМ: Од каде потекнува твојата љубов кон театарот? Атанасов: Отсекогаш сакав да одам во театар и да гледам претста ви. Не ба рав од мо и те да ми купуваат сѐ што ќе видам, но кога ќе дојдеше викенд мораа да ме однесат во театар. МЕДИУМ: Како стигна до театарските штици на само 17 години? Атанасов: Моите родители од ме не са каа да на пра ват не кој

спортист, сѐ додека случајно не дознав за детското драмско студио во МКЦ под раководство на Магдалена Ризова-Черних. Таа не беше само учителка која нѐ учеше како треба да се однесуваме на сцена, туку и во животот. Точно знаеше кому, што и како да му каже за да излезе од него најдоброто. Таа ми беше и најдобар пријател, таа е жената која на ед но обич но де те на 12-го дишна возраст му го покажа патот по кој сака да оди цел живот. Секако, тука се и моите родители без чија поддршка немаше ништо да направам. МЕДИУМ: Дали се соочуваше со притисоци, неуспеси? Ата на сов: Мо жам да ка жам де ка се ко гаш сум гле дал по зи тивно на работите и никогаш не

сум дозволил да ме турнат. Мислам де ка са мо со до бра и по зи тивна мисла и со многу љубов може ме да ус пе е ме во тоа што го правиме. А во исто време, треба да сме и реални кон себе и секогаш да стоиме цврсто на земја. МЕДИУМ: Дали учењето и обврските на ФДУ ти оставаат слободно време за дружење, кои се твоите други интереси? Атанасов: Ако ни е добро испланирано времето - ќе стигнеме сѐ да направиме и ќе можеме да се ви диме со си те. Освен те атарот ме интересира и модата, сакам да следам што се случува во тој свет и да видам кои се новите трендови. Теодора Лазаревска, СУГС „Никола Карев“

па така мојата прва одиграна претстава е на 11-годишна возраст и се викаше „Шефе, плата“. Навистина беше возбудлив првиот чекор на сцената. МЕДИУМ: Кире, сподели со нас колку ти уживаш додека глумиш? АЦЕСКИ: Мислам дека никогаш нема да пронајдам доволно зборови за да опишам колку добро се чувствувам додека го правам тоа. Од една страна има голема одговорност и посветеност при подготовка на една претстава, но од друга страна ми е лесно затоа што сум заљубен во актерството. Кога сме на сцена, ние актерите сме во еден посебен свет во којшто се обидуваме да го дадеме нашиот максимум. Секако, аплаузот е најголемата награда која еден актер може да ја добие. МЕДИУМ: Дали музиката и свирењето се само хоби за тебе или нешто повеќе? АЦЕСКИ: Мојата поврзаност со музиката е исто така генетска. Мојот татко е професор по музичка уметност и на некој начин тој има големо влијание врз мојата љубов кон музиката. Ми ги прикажува сите нејзини убавини и посебности. Имам завршено основно музичко училиште - отсек клавир, учествував на голем број натпревари и имам освоено низа награди. На 14годишна возраст започнав да свирам на гитара, свирев на некои училишни претстави, а сега за своја душа и секако при дружби со луѓето кои ги сакам. Може да се каже дека музиката и свирењето се мое омилено хоби. МЕДИУМ: Како Кире се снаоѓа со училиштето покрај сите активности со актерството?

АЦЕСКИ: Обожавам живот полн со обврски. На училиште држам континуиран одличен успех. Морам да признам дека некогаш знае да биде навистина напорно, но секако јас го правам она што го сакам, едноставно го обожавам тој начин на живеење. Некогаш знам подолго време да отсуствувам од наставата, но секогаш го давам мојот максимум за да го надоместам пропуштеното. Омилен предмет ми е македонски јазик и литература, секако дека не ги потценувам и преостанатите, но сепак сите сме талентирани за различни области во животот. МЕДИУМ: Кој е твојот најголем досегашен успех? АЦЕСКИ: Ах, па прецизен одговор на ова не можам да дадам од причина што мислам дека сѐ уште не сум го достигнал, но ќе се потрудам да одвојам некои досегашни ликови кои мене ми оставиле впечаток. Такви се: Бенедикт, од претставата „Многу врева за ништо“, трговецот во претставата „Адвокатот Патлен“, претставата „Сон на летната ноќ“ во ликот на Задрогаз и слично. МЕДИУМ: Кои се твоите планови за иднината, каде ќе го продол жиш тво е то обра зо ва ние по завршување на средното училиште? АЦЕСКИ: Дефинитивно тоа е Факултетот за драмски уметности. Во мојот живот знам дека имам една цел, тоа е да бидам актер во велешкиот театар. Мојата иднина ја гледам во Македонија, никогаш не би ја напуштил нашата татковина. Габриела Лескова, СОУ „Кочо Рацин“ - Велес


ЈАС МИСЛАМ ВАКА

Искуствата на успешните луѓе ме водат напред

7

ЧЕТВРТОК 22.02.2018

И лошите искуства не‘ прават подобри

Веќе ги имам моите 18 години, но на моменти чинам ми тежат на плеќиве. Многу чудно, малку се, а сепак чинам толку многу искуство ми донеле. Велат дека девојките побрзо созреваат и тоа е така, а и секој пат поинтересни теми и мудри мисли сум очекувала и слушала од повозрасни од мене. Дружењето со повозрасни, поуспешни од мене ми било интересен предизвик. Има многу луѓе кои се на работ на животниот залез, но останале сѐ уште на почетокот на својот живот. Отапени, неисполнети, би рекла несреќни. А јас, во желбата да го зграпчам животниот успех, сум длабоко инспирирана од животни стории на амбициозни луѓе, успешни доктори, потврдени архитекти или афирмирани менаџери. Нивните инспиративни животни приказни ќе останат да бидат мојата ѕвезда водилка на патот кон успехот. Човек кој се обидел, а не успеал, е сепак поголем херој од оној кој никогаш не се обидел. Она што нема да нѐ скрши, сигурно ќе нѐ направи посилни. Затоа можностите се бесконечни и само небото може да биде единствена граница ако желбата и поривот за успех и самоафирмација ве водат напред. Патот кој треба да се изоди кон успехот не е однапред одреден стереотип. Сечија перспектива во голема мера е условена од неговата животна визија. Прашање е дали постои некаков шаблон за градење успех и просперитет, или, пак, тој се создава, се гради индивидуално според визијата на младиот човек.

Ана Марија Зафирова, „Кочо Рацин“ - Свети Николе

Исчезнаа маалските дружби, сите се пред компјутерите Празнина - молк и невозвратен поглед од улиците и парковите. Понекогаш се прашувам каде е тој милозвучен детски глас, каде се смеата и вревата од маалските игри? Сите се скриени во топлите домови пред телевизорот, комп ју те рот, мо бил ни от те ле фон. Секојдневно прелистување на вестите, запирање на некоја фотографија која ја одмеруваме со восхит или презир, како и читање добар хумористичен статус - дали ни треба нешто повеќе од тоа? Топлината во погледот, нежниот допир, неизмерната длабочина на копнежот - тоа е она што е реално, вистинско. Тие ни се потребни за секогаш на крајот да го прифатиме она што е најдобро за нас и за општеството. Да, новите технологии ни го олеснуваат животот во секој сегмент, сепак тие се двигатели на многу случувања, но секое доживување ја губи смислата доколку не се сподели очи в очи со најблиските, најсаканите (оние што нѐ разбираат). Бидејќи само жарот во очите, долгото раскажување и незапирливата смеа, сите моменти и доживувања можат да ги направат навистина незаборавни и посебни. Игно Јанчев, СОУ „Свети Кирил и Методиј“ - Неготино

Насилството не е решение - да ги спасиме кучињата! Во последно време сè почесто слушаме како животите на голем број кучиња се одземени на најсвиреп начин од страна на луѓето. Нивните безживотни тела испружени на тротоарите и улиците се доказ за нечувствителноста и свирепоста кај луѓето. Некој ќе рече дека ваквото однесување е оправдано, бидејќи кучињата-скитници претставуваат закана по безбедноста на луѓето. Можам да разберам дека некои луѓе се плашат од нив, како што може да се плашат и од многу други работи. Но мислите ли дека со ваквиот чин на масовно труење, кучињата ќе ја научат лекцијата што се обидувате да им ја дадете? Зарем мислите дека тие свесно и намерно повредуваат луѓе? Доколку едно куче растело во еден дом подобар од студените улици и од напуштените паркови, доколку ја добивало потребната љубов и грижа, тоа никогаш не би се свртело против човекот. Кучињата се суштества кои умеат да сакаат, кои знаат да чуваат и да спасуваат човечки животи, кои знаат да развеселуваат, а за возврат не бараат ништо друго освен малку љубов и нежност. Како голема љубителка на животните, сметам дека постојат многу други начини со кои овој проблем може да се реши без притоа да биде применета сила. Потребни се повеќе прифатилишта за кучиња-скитници. Постојат голем број напуштени објекти кои може да се пренаменат за таа цел. Во нив ќе има вработено ветеринари кои ќе се грижат за здравјето на овие кучиња, а ќе им помагаат волонтери од деца кои ги обожаваат кучињата до стари осамени лица кои немаат друга разонода во животот. Волонтерите би ги носеле кучињата на прошетка, би ги хранеле и би се грижеле за нивната хигиена. Храната ќе биде обезбедена од недовршените оброци од рестораните, сендвичарниците и други објекти, а која најчесто завршува во контејнерите. Љубителите на кучиња овде ќе можат да си посвојат куче по нивна желба и на тој начин ќе се ослободат места за нови кучиња-скитници. Од друга страна, на оние кои веќе поседуваат кучиња би им порачала добро да се грижат за нив. Да бидат одговорни сопственици и да не ги пуштаат да талкаат сами низ улиците на градот за да не завршат како жртви на човечката грубост. Деа Балкански, СОУ „Свети Кирил и Методиј“ - Неготино

Секојдневно заспивам со помислата дека не можам да влијаам врз светот. Како сум са мо ед но ма ло де вој че, или се пак го ле мо, кое има за да ча да ги из вр шува училишните задолженија. Што друго? Мисли, илузии, за што? Животот е кратка трнлива патека, патека исполнета со препреки на кои се паѓа, а потоа беспомошно човек се обидува да се ис пра ви и гор до да че ко ри. Но како со помислата дека е бескорисен за човештвото? Или, пак, со помислата за по до бро утре? Што да пра ви ме? Да не изустиме ниту еден единствен збор и да се прис по со би ме на овие ужас ни ус ло ви? Зошто да не се соочиме со какви и да се предизвици, без разлика на нивната леснотија или тешкотија и да работиме на се бе за да ста не ме вли ја тел ни. Можеби ќе им помогнеме и на преостанатите да се мотивираат, да исполнат некој на ви дум не воз мо жен под виг. Животот не е само стремеж кон среќата, животот е убав и со среќата, тагата, добрите и лошите искуства. Наивно е да се трага само по среќата и по убавите искуства. Сите случувања во животот претставуваат благослов доколку се сфатат свесно и правилно. Не ма зло без до бро и до бро без зло. Секое лошо искуство може да е само подготовка за наредно добро. Секоја затворе на вра та или пог лав је во жи во тот нѐ води кон нова врата или поглавје. Сѐ зави си од нас, од на ши те сфа ќа ња и спо собности да размислуваме правилно, опти ми стич ки. Та ка ќе ста не ме по му дри, подобри, почовечни, посвесни.

Миа Дарковска, Гимназија „Јосип Броз-Тито“ - Битола


8

ЧЕТВРТОК 22.02.2018

ВЕСТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

SOVETUVAME:

Како да ја заштитиш својата приватност на Интернет?

Високата школа за новинарство и за од но си со јав но ста де не ска ги прет ста ви осум те ини ци ја ти ви на граѓанските организации и нивните ме ди ум ски парт не ри со кои ла ни ра бо теа ка ко дел од Ко а ли ци ја -

та за медиумска писменост. На конфе рен ци ја та со нас лов „Ме ди ум ската писменост во Македонија: во или надвор од образовниот систем“ се ди ску ти ра ше да ли до вол но ме ди ум ски ги опис ме ну ва ме мла ди -

те низ си те фа зи на фор мал но то образование. Повеќе информации за ди ску си ја та на на ста нот и за актив но сти те на Ко а ли ци ја та мо же да се нај дат на веб-стра ни ца та www.medium.edu.mk.

STRIP

1. Из бег ну вај по пол ну ва ње не по треб ни фор му ла ри на Ин тер нет. Не откри вај прем но гу лич ни ин фор ма ции. 2. Бло ки рај ги ко ла чи ња та (cookies) на веб-пре ба ру ва чот. 3. Избриши ја историјата на пребарување на веб-преба ру ва чот. 4. Вклу чи го при ват но то или ин ког ни то пре ба ру ва ње. 5. Ко ри сти раз лич ни ко рис нич ки ими ња и ло зин ки за раз лич ни ин тер нет-про фи ли. 6. Кога ќе завршиш, не заборавај да се одјавиш од пребарувачите и од веб-сајтовите. 7. Вни ма вај со ин тер нет-ап ли ка ци и те кои ну дат геоус лу ги. Иск лу чи ги гео- ло ка то ри те на мо бил ни те те ле фо ни, ако не маш по тре ба од нив. 8. Вни ма вај што сим ну ваш, не кои про гра ми ко ри стат ек стен зии за со би ра ње ин фор ма ции за ва ши те он лајн-на ви ки (adware) кои стиг ну ва ат до ком па ни и те за да ис пра ќа ат рек ла ми и не са ка ни по ра ки. 9. Онлајн-измамите се чести, биди внимателен. Имејло ви те и по ра ки те од при ја те ли кои изг ле да ат ви сти ни ти мо же да има ат ви ру си. Прв знак по кој ќе ги пре поз на е те е не до сти гот од ен крип ци ја, од нос но ко га во адре са та (URL) не ма ХТТПС (HTTPS). 10. За шти ти го комп ју те рот или те ле фо нот од штет ни он лајн-со др жи ни со не кол ку ед но став ни мер ки: фа јрвол (firewall), соодветни надградби за постојните софтвер ски про гра ми и ан ти ви рус ни про гра ми.

И К У Б О , И Т С О Н Ж О М , И КОНКУРС Меѓународен натпревар за есеј за млади 2018

Ме ѓу на род ни от нат пре вар за есеј за мла ди 2018 ги по ви ку ва си те мла ди вљу бе ни ци во пи ша ни от збор да на пи шат есеј на те ма ко ја ги ин те ре си ра, мо ти ви ра и инс пи ри ра. Те ма та за есе јот е сло бод на и мо же те да пи шу ва те за раз лич ни ас пе кти од оп штес тво то, жи вот на та сре ди на, на у ка и тех но ло ги ја, гло бал ни од но си итн. Есе јот тре ба да е долг од ед на до осум стра ни ци и мо ра да е на пи шан на анг ли ски ја зик. Во есе јот мо же да се ко ри стат фо то гра фии и гра фи ка. По бед ни кот ќе би де на гра ден со 1.700 до ла ри и ќе му би дат по кри е ни тро шо ци те за учес тво на це ре мо ни ја та на до де лу ва ње на на гра ди те во Гер ма ни ја. При ја ву ва ње то трае до 31 март 2018 го ди на. Пред ност има ат учес ни ци од зем ји те од Ма ке до ни ја. По ве ќе ин фор ма ции на http://wyec2018.glsci.org/.

Φо то-кон курс „Ин те рекшн 2018

Во соработка со Стрип Центар - Велес

„Ин те рекшн“ ги по ка ну ва си те мла ди фо то гра фи да учес тву ва ат со сво ја фо то гра фи ја на 16-от фо то-кон курс „Ин те рекшн 2018“. За ин те ре си ра ни те учес ни ци тре ба да ис пра тат моќ на фо то гра фи ја на ко ја се илу стри ра ни ино ва ци ски, ефе ктив ни и инс пи ра тив ни ху ма ни тар ни ак ции и ак ции за раз вој. Фо то гра фи и те тре ба да се сли ка ни над вор од САД. По бед ни кот во ка те го ри ја та нај до бра мла дин ска фо то гра фи ја ќе до бие на гра да во вред ност од 100 до ла ри. При ја ву ва ње то трае до 6 април го ди на ва. По ве ќе ин фор ма ции на https://www.interaction.org/photo.

„Изра зи се пре ку ме ди у ми те

Ви со ка та шко ла за но ви нарс тво и за од но си со јав но ста, во март го ди на ва ќе го об ја ви кон кур сот за нај до бар ме ди ум ски про из вод „Изра зи се пре ку ме ди у ми те“, на кој сред но школ ци те ќе мо жат да ап ли ци ра ат со кра тко ви део, фо то гра фи ја или по стер. По ве ќе ин фор ма ции за по ви кот ќе би дат об ја ве ни на веб-стра ни ца та www.medium.edu.mk.

www.comicscenter.mk

Никола Димов, СУГС „Кочо Рацин “ 1б

Медиум - 22 февруари 2018  

Медиум - 22 февруари 2018  

Advertisement