Page 2

2

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

ВОВЕДНИК М-р Васко Маглешов, новинар во новинската информативна агенција Макфакс

ИТЕ Ц И Н Д О Х З И Н

Четворица младинци пливаа во Копенхаген

Како да станеш медиумски писмен средношколец за 30 минути? Кога од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста вторпат ме прашаа дали би бил домаќин на средношколци за „Медиумскиот ден“, без двоумење ја прифатив поканата. Веднаш ми текна на ланскиот настан кога учениците-гости ме бомбардираа со прашања за работата на медиумите. Годинава го минавме истиот процес со шеесетина ученици кои во неколку групи се запознаа со функционирањето на една новинска информативна агенција. Тешко е да се задржи внимание на средношколец кој е навикнат на морето информации што без престан допираат до него/неа. Им направив мал тест за да видам како ги перципираат вестите на порталите и на телевизија. Тоа беше измислена вест од дваесетина реда со многу јазични и логички недоследности. По пет минути ги прашав колку грешки пронашле во текстот. Ми рекоа десетина, а имаше над 45. Нивото на препознавањето на грешките беше од правописна природа: испуштени букви, инверзија на зборови и сл. Но многу мал број од нив ги увидоа нелогичностите на информациите, ниту, пак, ги лоцираа контрадикторностите во текстот. Лично, тоа ми беше симптом како овие млади луѓе ги џвакаат информациите. Впечаток ми остави и фактот што учениците еден час слушаа внимателно. Не забележав дека некој од нив дошол на екскурзија за убавините на градот (бидејќи половината од нив беа од другите градови), туку напротив. Беа заинтересирани за сè што говорев. Некои од нив фаќаа прибелешки. Ова, пак, ми даде втор симптом дека има интерес за медиумска писменост, иако во образовните политики тоа прашање има микроскопска видливост. Верувам дека медиумската писменост која фигурира во минимален фонд на часови кај учениците, воопшто не се спроведува. Образованието е филтерот кој (треба да) креира критички граѓани, кои разбираат, разликуваат и реагираат, а не папсана интелигенција која клима со главата и одобрува. Ја поздравувам и ја поддржувам идејата на Високата школа со која медиумите ги отвораат вратите од своите редакции на публиката. Само преку едукација на јавноста за начинот на кој се прават вестите ќе имаме критичка јавност која ќе препознава дали и ние новинарите си ја вршиме работата како што треба. Искрено се надевам дека и други медиуми ќе ја препознаат важноста на ваквите иницијативи. Публика која критички размислува, значи дека имаме свесна и будна јавност!

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија во соработка со Пливачката федерација на Македонија го поддржа учеството на четворица пливачи на Европското првенство во кратко пливање - ЛЕН, во Копенхаген, Данска. Репрезентацијата во данската пре-

столнина ја сочинуваа Љупчо Ангеловски (50 метри делфин и 50 метри слободно), Давор Петровски (100 и 200 метри делфин), Ана Јаневска (50 и 100 метри делфин и 50 и 100 метри слободно) и Миа Крстевска (50, 100 и 200 метри делфин). На Европското првенство во кратко

Велес прослави 160 години гимназиско образование Велешката гимназија „Кочо Рацин“, која е една од најстарите образовни институции на нашите простори, прослави 160 години гимназиско образование. Јубилејот беше одбележан со литературен конкурс на тема „Образованието и уметноста - важни духовни вредности“, а се доделија награди за најдобра музичко-уметничка програма и театарската претстава „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир. - Јубилејот е важен датум во образовната и културната историја на нашиот град, кој на Македонија ѝ дал голем број истакнати имиња од областа на: просветата, културата, литературата и општествениот живот. Горди сме што ги продолжуваме светлите традиции на: Жинзифов, Џинот, Главинов, Чуповски, Рацин и многу други значајни културни дејци - изјавија од велешката гимназија.

Се гледаме в година, на следниот медиумски ден.

Уредници на „Медиум“: Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk, 02/30 90 004 Техничко уредување: Матев Марин Веб: Александар Делчевски Лектура: Светлана Арсовска Маркетинг: тел. (02) 5511727 Дистрибуција: тел: (02) 5511734 www.medium.edu.mk; е-адреса: medium@medium.edu.mk Оваа публикација е овозможена со поддршка од Европската Унија во рамките на проектот Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање Македонска коалиција за медиумска писменост, што го реализира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста заедно со Институтот за различности во медиумите од Лондон, В. Британија, и дневниот весник Нова Македонија. Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на Европската Унија. Проектот е финансиран од Европската Унија

пливање, кое се одржа од 13 до 17 декември, учествуваа околу 700 пливачи од 45 држави, чија задача беше да се натпреваруваат во 40 настани. Ова првенство е првиот спортски настан што некогаш се одржал во кралската арена во Копенхаген.

Битолски средношколци ја посетија Шпанија Во рамките на програмата „Еразмус +“ и невладината организација „ГЕТ Иновација“, од 16 до 24 ноември 2017 година се одржа младинска размена во Шпанија. На семинарот присуствуваа учесници од Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Романија, Полска, како и шест младинци од Македонија, меѓу кои и учениците од гимназијата „Јосип Броз- Тито“ од Битола. Учесниците фотографираа и анкетираа жители од село и од градот Малага, со цел да ги согледаат разликите помеѓу начинот на живот. Младинците заклучија дека животот во село, главно, е помирен, со недостапни институции, додека градот е побучен, загаден, со достапни институции и со културно-забавни настани. Младите учесници од Македонија ги согледаа разликите во справувањето со отпадот во Шпанија, организацијата на јавниот превоз и инфраструктурата која е развиена како во малите села, така и во градовите. Анастасија Сивеска, Александар Лавуровски, гимназија „Јосип Броз-Тито“, Битола

Медиум - 28 декември 2017  
Медиум - 28 декември 2017  
Advertisement