Page 1

vesnik za site sredno{kolci Четвrtок, 28.12.2017; godina V; br. 35 www.medium.edu.mk МЕДИУМСКИ ДЕН 2017

e t i m u i d e m j a k i t s o g a Сtotina sredno{kolci n

str.4

„ФАЦА НА МЕСЕЦОТ“

ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

ДАРИО ЈАНКОВИЌ, ФОТОГРАФ И РЕЖИСЕР

КАДЕ И КАКО ДА СЕ ПОМИНЕ ЗИМСКИОТ РАСПУСТ?

str. 3

str. 6

ЧЕТВОРИЦА МЛАДИНЦИ ПЛИВАА ВО КОПЕНХАГЕН str. 2

СРЕДНОШКОЛСКИОТ ВЕСНИК „МЕДИУМ“ Е ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКА КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“

ПРОЕКТОТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА


2

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

ВОВЕДНИК М-р Васко Маглешов, новинар во новинската информативна агенција Макфакс

ИТЕ Ц И Н Д О Х З И Н

Четворица младинци пливаа во Копенхаген

Како да станеш медиумски писмен средношколец за 30 минути? Кога од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста вторпат ме прашаа дали би бил домаќин на средношколци за „Медиумскиот ден“, без двоумење ја прифатив поканата. Веднаш ми текна на ланскиот настан кога учениците-гости ме бомбардираа со прашања за работата на медиумите. Годинава го минавме истиот процес со шеесетина ученици кои во неколку групи се запознаа со функционирањето на една новинска информативна агенција. Тешко е да се задржи внимание на средношколец кој е навикнат на морето информации што без престан допираат до него/неа. Им направив мал тест за да видам како ги перципираат вестите на порталите и на телевизија. Тоа беше измислена вест од дваесетина реда со многу јазични и логички недоследности. По пет минути ги прашав колку грешки пронашле во текстот. Ми рекоа десетина, а имаше над 45. Нивото на препознавањето на грешките беше од правописна природа: испуштени букви, инверзија на зборови и сл. Но многу мал број од нив ги увидоа нелогичностите на информациите, ниту, пак, ги лоцираа контрадикторностите во текстот. Лично, тоа ми беше симптом како овие млади луѓе ги џвакаат информациите. Впечаток ми остави и фактот што учениците еден час слушаа внимателно. Не забележав дека некој од нив дошол на екскурзија за убавините на градот (бидејќи половината од нив беа од другите градови), туку напротив. Беа заинтересирани за сè што говорев. Некои од нив фаќаа прибелешки. Ова, пак, ми даде втор симптом дека има интерес за медиумска писменост, иако во образовните политики тоа прашање има микроскопска видливост. Верувам дека медиумската писменост која фигурира во минимален фонд на часови кај учениците, воопшто не се спроведува. Образованието е филтерот кој (треба да) креира критички граѓани, кои разбираат, разликуваат и реагираат, а не папсана интелигенција која клима со главата и одобрува. Ја поздравувам и ја поддржувам идејата на Високата школа со која медиумите ги отвораат вратите од своите редакции на публиката. Само преку едукација на јавноста за начинот на кој се прават вестите ќе имаме критичка јавност која ќе препознава дали и ние новинарите си ја вршиме работата како што треба. Искрено се надевам дека и други медиуми ќе ја препознаат важноста на ваквите иницијативи. Публика која критички размислува, значи дека имаме свесна и будна јавност!

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија во соработка со Пливачката федерација на Македонија го поддржа учеството на четворица пливачи на Европското првенство во кратко пливање - ЛЕН, во Копенхаген, Данска. Репрезентацијата во данската пре-

столнина ја сочинуваа Љупчо Ангеловски (50 метри делфин и 50 метри слободно), Давор Петровски (100 и 200 метри делфин), Ана Јаневска (50 и 100 метри делфин и 50 и 100 метри слободно) и Миа Крстевска (50, 100 и 200 метри делфин). На Европското првенство во кратко

Велес прослави 160 години гимназиско образование Велешката гимназија „Кочо Рацин“, која е една од најстарите образовни институции на нашите простори, прослави 160 години гимназиско образование. Јубилејот беше одбележан со литературен конкурс на тема „Образованието и уметноста - важни духовни вредности“, а се доделија награди за најдобра музичко-уметничка програма и театарската претстава „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир. - Јубилејот е важен датум во образовната и културната историја на нашиот град, кој на Македонија ѝ дал голем број истакнати имиња од областа на: просветата, културата, литературата и општествениот живот. Горди сме што ги продолжуваме светлите традиции на: Жинзифов, Џинот, Главинов, Чуповски, Рацин и многу други значајни културни дејци - изјавија од велешката гимназија.

Се гледаме в година, на следниот медиумски ден.

Уредници на „Медиум“: Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk, 02/30 90 004 Техничко уредување: Матев Марин Веб: Александар Делчевски Лектура: Светлана Арсовска Маркетинг: тел. (02) 5511727 Дистрибуција: тел: (02) 5511734 www.medium.edu.mk; е-адреса: medium@medium.edu.mk Оваа публикација е овозможена со поддршка од Европската Унија во рамките на проектот Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање Македонска коалиција за медиумска писменост, што го реализира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста заедно со Институтот за различности во медиумите од Лондон, В. Британија, и дневниот весник Нова Македонија. Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на Европската Унија. Проектот е финансиран од Европската Унија

пливање, кое се одржа од 13 до 17 декември, учествуваа околу 700 пливачи од 45 држави, чија задача беше да се натпреваруваат во 40 настани. Ова првенство е првиот спортски настан што некогаш се одржал во кралската арена во Копенхаген.

Битолски средношколци ја посетија Шпанија Во рамките на програмата „Еразмус +“ и невладината организација „ГЕТ Иновација“, од 16 до 24 ноември 2017 година се одржа младинска размена во Шпанија. На семинарот присуствуваа учесници од Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Романија, Полска, како и шест младинци од Македонија, меѓу кои и учениците од гимназијата „Јосип Броз- Тито“ од Битола. Учесниците фотографираа и анкетираа жители од село и од градот Малага, со цел да ги согледаат разликите помеѓу начинот на живот. Младинците заклучија дека животот во село, главно, е помирен, со недостапни институции, додека градот е побучен, загаден, со достапни институции и со културно-забавни настани. Младите учесници од Македонија ги согледаа разликите во справувањето со отпадот во Шпанија, организацијата на јавниот превоз и инфраструктурата која е развиена како во малите села, така и во градовите. Анастасија Сивеска, Александар Лавуровски, гимназија „Јосип Броз-Тито“, Битола


3

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

„ФАЦА НА МЕСЕЦОТ“ ДАРИО ЈАНКОВИЌ, ФОТОГРАФ И РЕЖИСЕР

Спотот за Тоше го работевме со малку пари, но со многу труд и со многу љубов

Кога станува збор за уметност не можеме да не ја споменеме фотографската уметност, онаа која овековечува моменти кои траат, кои ги чуваме и одново ги доживуваме со само еден поглед на некоја фотографија. Ја имавме честа да се дружиме и да разговараме со фотографот и режисер Дарио Јанковиќ токму за оваа уметност, за предностите, слабостите и секако за снимањето на новиот спот на новата и неодамна промовирана песна „Light the flame“ од покојната македонска ѕвезда Тоше Проески. Јанковиќ, кој фотографира од свои 14 години, а режира десетина години, работел со пејачи, актери, музичари. Досега снимил над 150 спота на разни теми и во различни земји. Медиум: Како се инспирирате кога режирате спотови? Јанковиќ: Секоја нова инспирација доаѓа од самата песна, од самиот текст. Има три начини за изработка на спотови. Може спотот да се изработи врз основа на приказна, секако доколку текстот има приказна. Доколку нема приказна, се служиме со сопствени идеи, фантазија според самиот ритам на песната. Дефинитивно е важно и како ќе ја доживееш песната. Секој режи-

сер и кинематограф различно доживува една иста приказна, на свој начин. Сè е до имагинацијата и композицијата која ќе ја подготвиш за тој момент. Медиум: Што ве исполнува повеќе, фотографирањето или режијата? Јанковиќ: Станува збор за повеќе фази во мојот живот. Почнав да фотографирам како дете, кога имав 14 години, и долго време го работев тоа. Тој период многу ме исполнуваше, особено новинарската фотографија, бидејќи весникот беше многу почитуван медиум и имаше високи стандарди во општеството. Едноставно, ни дозволуваше слободно да се изразиме како фоторепортери, да ја изразиме својата креативност. Како фоторепортери многу патувавме и бевме почитувани. Тој период траеше околу 12 години, сè додека не се роди желбата за режирање спотови, а потоа почнав и да ги снимам. Разликата меѓу фотографијата и видеото е мала. Секој уметник, кога ќе се засити од некоја енергија бара нешто ново, нешто кое повторно ќе го исполни. Тука започна мојата втора фаза во животот. Медиум: Во нашето училиште имаме и часови по фотографија. Кои совети би им ги дал на учени-

ците за поуспешна фотографија? Јанковиќ: Проблемот е што денешните професори главно се задржуваат на теоријата и тие деца немаат никаква практика. Теоријата е убава, теоријата многу помага во делот на практиката, но тие две работи не можат една без друга. Според мене, многу поважен и поклучен момент е практиката. Доколку неа ја нема, по четири години ученикот нема да има комплетен производ и ќе изгуби одреден период, додека се усоврши на тоа поле. Медиум: Дали сте освоиле некакви награди, колку и за што? Јанковиќ: Никогаш не сум бил љубител на изложби каде што се бодуваат и наградуваат делата, бидејќи секогаш сум сметал дека мојот труд нема да биде праведно оценет. Единствената изложба на која сум учествувал беше меѓународна, на која освоив гран при. Таа беше прва и последна изложба на која конкурирав со новинарска фотографија. Ме пријави моја колешка без јас да знам. Откако заборавив на тоа, по 3-4 месеци ми се јавија од УНДП да ме известат дека сум освоил гран при и дека треба да одам во Грција каде што министерката за култура ќе ми ја врачи наградата. Медиум: Кое е вашето мото за постигнување на животните цели?

Јанковиќ: Работа, работа и само работа. Со работа и со труд сѐ ќе си дојде на свое место, како што треба да биде. Медиум: Дали имате некое уметничко име и со кои познати личности сте соработувале? Јанковиќ: Генерал. Така ме викаат сите кои ја почитуваат мојата работа. Сум соработувал со многу познати личности, меѓу нив со Владо Георгиев, Сергеј Четковиќ, Раде Шербеџија... Сум фотографирал и снимал многу профилирани луѓе. Медиум: Како се роди идејата, спотот за новата песна на Тоше да се снима токму во гимназијата „Јосип Броз-Тито“? Јанковиќ: Искрено, имав многу поинаква идеја, но бидејќи семејството на Тоше имаше желба Огнен Неделковски да го прави сценариото, оставивме на него. Нивната желба беше спотот да биде со многу деца, па затоа се одлучивме за училиште. Така беше многу едноставно, а и приспособливо, бидејќи располагавме со многу скромен буџет. На ум ни дојде токму оваа гимназија, бидејќи во неа учи мојата ќерка. Медиум: Која е пораката и како средношколците од гимназијата се снајдоа во улогите во спотот? Јанковиќ: Тоше Проески беше

приврзан за деца, многу ги сакаше, им помагаше. И на децата како поединци, но и на училиштата. Учениците од „Јосип Брзо-Тито“ беа супер. Сепак беа под контрола на професори кои успешно се справија со целата ситуација. Сакам уште еднаш да се заблагодарам на раководството од училиштето што ни излезе во пресрет. Медиум: Како се справувате со негативните коментари? Јанковиќ: Не се справувам, отсекогаш сум ги игнорирал. Бидејќи е нормално во едно општество да има и позитивни и негативни коментари. Тоа е сепак работа на вкус кај луѓето. Но јас пак ќе кажам, за спотот на Тоше сум презадоволен од децата и од тоа како го изработивме со оглед на нашиот буџет. Претпоставувам главната причина за негативните коментари е тоа што луѓето очекуваа нешто големо. Да, Тоше беше голем човек и се согласувам дека требаше да биде нешто многу поголемо, но немавме можност. Доколку училиштето не ни излезеше во пресрет, немаше да можеме да направиме ни толку. Ќе истакнам, спотот го работевме со многу желба, со многу труд и со многу љубов. Ева Величковска, СУГС „Јосип Броз-Тито“, Скопје


4

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

КАДЕ БЕВМЕ? МЕДИУМСКИ ДЕН 2017

Сtotina sredno{kolci na gosti kaj mediumite

Битолската Тера ТВ трет пат ја поддржува иницијативата „Медиумски ден“

Средношколците ја почувствуваа „магијата на радиото“ во Радио МОФ Над стотина средношколци од 11 училишта од цела Македонија посетија вкупно седум електронски, печатени и онлајн медиуми од Скопје, Битола и од Куманово. Овие посети ги организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамките на третиот „Медиумски ден“, што се одржа на 6 декември 2017 г. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, со начинот на функционирање на една редакција како и со основните новинарски професионални стандарди. Учениците и професорите од

гимназиите: „Митко Пенџуклиски“ од Кратово, „Кочо Рацин“ од Велес, „Ј.Б.-Тито“ и „Јане Сандански“ - Битола, „Кочо Рацин“ - Св. Николе, „Никола Карев“ - Скопје, „Орце Николов“ - Скопје, „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино, „Перо Наков“ од Куманово и „Ј. Б.-Тито“ од Скопје ги посетија следните медиуми: дневниот весник „Нова Македонија“, јавниот сервис МРТ1, ТВ 21од Скопје, ТВ Тера од Битола, ТВ Плус од Куманово, новинската агенција Макфакс и Радио МОФ. По завршувањето на посетите, учениците го проследија предавањето за „Тајните на видеоинду-

стријата“ на битолскиот креатор на видеоигри Петар Котевски, кој повеќе од две децении е вклучен во оваа дејност. Ова е трет „Медиумски ден“ што го организира Високата школа, а првпат воспоставен во 2014 година. Оваа и минатата година иницијативата се спроведува во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“, што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.

Билјана Спасеска Георгиевска, главната и одговорна уредничка на ТВ 21 им објаснуваше на учениците како тече програма „во живо“ и што значи да си телевизиски новинар

Новинарот Васко Маглешов од новинската агенција „Макфакс“ им постави задача на гостите да ги пронајдат грешките во неколку вести кој тој ги подготви за овој настан


5

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

КАДЕ БЕВМЕ?

Учениците се запознаа со работата на новинарите во најстариот дневен весник во земјава, „Нова Македонија“

Учениците од економско-правното средно училиште „Перо Наков“ беа на гости кај локалната ТВ Плус Куманово

Медиумскиот ден заврши со предавање за тајните во видео индустријата

Ученици од „Зеф Љуш Марку“ беа гости во „Макфакс“ новинската агенција


6 ТЕМА ЗА ДИЛЕМА

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

КАДЕ И КАКО ДА СЕ ПОМИНЕ ЗИМСКИОТ РАСПУСТ?

Некои ќе полнат батерии со спорт, други пред телевизор Марко Б., средношколец во трета година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“, новогодишната ноќ ќе ја помине со друштво во скопско кафуле. Имал желба да слави и на друго место, надвор од градот, но тренинзите во ракометниот клуб го ограничуваат во намерата. Едноставно, мора да остане цел зимски распуст во Скопје и напорно да тренира. - Нема зимски распуст за нас спортистите - вели тој. Цените за забава во новогодишната ноќ се различни. Се движат од 800 до 1.000 денари во зависност од атрактивноста на локалот. Во цената влегуваат вечера и пијалаци во ограничено количество, а забавата трае од 22 часот на новогодишната ноќ до 4 часот наутро следниот ден. Идентичен избор за прославата има и Марија Б., средношколка во Спорт-

ската академија. Ќе слави со друштвото во некоја од дискотеките во градот, но сѐ уште не се договориле каде. Имале други планови, кои подразбирале евтини аранжмани, но сепак се изјаловиле. - Имавме желба да ја прославиме новогодишната ноќ во Белград или во Банско, но едноставно задоцнивме со резервацијата. Најдовме промоции кои ветуваа добра забава, по 50 евра за две ноќевања плус водич, но сѐ беше резервирано неколку недели пред Новата година - раскажа Марија. И таа зимскиот распуст ќе го помине тренирајќи ракомет. Идентично како и нејзините другари и другарки од Спортската академија кои речиси сите се ангажирани некаде на спортски план. Преостанатите нејзини пријатели, вели таа, ќе останат дома и времето ќе го поминат пред

Средношколски попусти во културни установи низ цела земја

За посета на Спомен-куќата на покојната македонска ѕвезда Тоше Проески во Крушево средите се бесплатни за средношколците, изјавија од Министерството за култура. Во Историскиот музеј-Крушево е определен попуст на влезници за средношколци во текот на целата година. Нивната цена за еден објект изнесува 20 денари, а за сите е 40 денари. Во Музејот на албанската азбука во Битола износот на влезницата за ученици, студенти и за лица со посебни потреби изнесува 30 денари. Со одлука на Владата, влезот во четврток е слободен за посетителите. Во НУ Завод и музеј - Битола, влезницата за основци и средношколци е 20 денари, а може да ги посетат Спомен-собата на Ќемал Ататурк, Постојаната поставка, Галеријата на икони, Поставката на современа уметност. Овој попуст исто така важи и за античкиот локалитет Хераклеја Линкестис. Во НУ Центар за култура - Куманово (Центарот и театарот) важи „средношколската бесплатна среда“, а при организирани посети има попуст од 50 отсто од редовната цена на билетот. Погодностите ги користат со покажување на ученичка книшка. Во НУ Музеј Западна Македонија во НОВ - Кичево, влезот за средношколци е бесплатен.. Во Охрид, поради големите трошоци за загревање и недоволно загревање на салите на НУЦК Григор Прличев - Охрид и Народен театар - Охрид, засега нема услови за прикажување програма во зимскиот период, а Министерството прави напори тие да се обезбедат што е можно поскоро. За време на редовниот репертоар има бесплатен влез за средношколци.

телевизор, освен малкумина кои ќе поминат некој викенд на скијање во некој македонски ски-центар. ЗИМУВАЊЕ ОД НЕКОЛКУ ДЕНА - ПОЛОВИНА РОДИТЕЛСКА ПЛАТА

Средношколците од Скопје немаат некој голем избор за зимување, доколку родителите немаат подлабок џеб. Цените во Крушево и во Маврово, за апартман се движат од 5, 10 до 20 евра од човек за ден, во зависност од атрактивноста и опременоста на собите. Тоа значи дека секој од нив, доколку сака да престојува некаде една недела, ќе мора да издвои просечно околу 70 евра за престој и уште толку за храна, значи околу 150 евра вклучително и за храна за цел ден, бидејќи во цената некаде не влегува ниту појадок. Петар С., ученик во четврта година во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Скопје рече дека Нова година ќе ја прослави со друштво во викендичка во околината на Скопје, во Марков Манастир или во Сопиште. Цената за една вечер изнесува околу 400 евра за целата куќа. Имале опција и за изнајмување стан, за околу 150 евра, но сепак се одлучиле за поголема забава и повеќе луѓе на едно место, надвор од Скопје. - Зимскиот распуст ќе го поминам во нашата куќа во Маврово. Ќе шетам на падините на Бистра, имам друштво, а и многу сакам да планинарам. Секако дека и ќе скијам, не секој ден, бидејќи тоа е скап спорт и е скапа дневната карта за скијање, но така некако ќе го поминам времето од 1 до 21 јануари, за време на распустот - рече Петар. Со средношколците со кои разговаравме, многумина ќе се одлучат да заминат на Попова Шапка, во Маврово или во Крушево, но само доколку некој пријател таму има сопствена куќа со повеќе легла. Тоа би им било добра опција, а и економична. Другите средношколци, од гра-

довите во Македонија, ќе заминат можеби во викендичките во околината на нивните градови, каде што има планини. Психолозите препорачуваат спортување или читање книги за време на зимскиот распуст, креативност, занимавање со хоби, повеќе дружење, културни активности, волонтирање, шетање, планинарење, со цел полнење на батериите, ослободување од стресот и подготвеност за новите предизвици во преостанатиот дел од школската година. За средношколците се нудат различни попусти во текот на целата година, во најразлични сфери. Една од нив е културната. За време на зимскиот распуст би можеле да изберат различни активности, меѓу нив и посета во театар, музеј или во некој културен центар, наместо бесцелно трошење на слободното време. БЕСПЛАТНА СРЕДА ВО МУЗЕИ, ТЕАТРИ, КУЛТУРНИ ЦЕНТРИ

Од Министерството за култура обезбедија информации за попустите во националните установи во нивна надлежност. - Општо, сѐ уште важи одлуката на Владата за слободна и бесплатна посета во среда за средношколците како и слободните четвртоци за студентите. Учениците и средношколците се легитимираат со книшка, студентска легитимација, индекс. Ова важи за во музеите и театрите - појасни портпаролот на министерството, Петрит Сарачини. На пример, во Театарот за деца и младинци во главниот град има бесплатни претстави за средношколците во среда, додека во Театар Комедија има секој ден попуст од 50 отсто за ученици и студенти, како и за лица до 29 години. Приходот од една претстава во месецот се донира за случаи на млади со ретки болести или се донираат за некое училиште. Цената на билетите со

попуст е 150 денари, рекоа од министерството. И во Македонската опера и балет ја почитуваат одлуката на Владата за „бесплатна среда“ за средношколци, а исто и во Македонскиот народен театар, но само за продукцијата на театарот, не и за при ват ни ко про дук ции или за ексклузивни проекти. Во вторниците билетот е намален за 50 отсто и чини 150 денари за сите посетители. Слободен влез е за лица со посебни потреби како и за деца без родители. Билетите се бесплатни за средношколците и во средите во Драмскиот театар во Скопје, треба само да се идентификуваат со месечен возен билет или со потврда од училиштето. За другите денови тие имаат попуст од 50 отсто. Во Битола, во Народниот театар, бесплатни се посетите во средите, додека во прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ - театар „Војдан Чернодрински“, секоја среда има попуст за средношколци. Во Кинотеката на Македонија, учениците и студентите (основно, средно и факултет) плаќаат 50 отсто од билетот, што чини 50 денари, а во среда проекциите за средношколци се бесплатни. Во Природонаучниот музеј, покрај средношколската среда, цената на влезницата за младинци до 27 години е намалена за 50 отсто. Од Министерството за култура истакнаа дека нема ограничување да ли при ви ле ги и те сред но школците ги користат во текот на учебната година или и за време на рас пу сти те. Од друга страна, за средношколците постои и картичка за попусти од 249 денари на годишно ниво, дел од проектот „Да научиме“, со која може да користат од 5 до 20 отсто попуст во разни локали за исхрана, во спортски центри, кина, дискотеки, кафе-барови, бутици, и тоа во текот на целата година.


ЈАС МИСЛАМ ВАКА Професорите треба да бидат и посветени втори родители Дојде време кога јавно, јасно и гласно би зборувала за она што одамна сакам да го споделам со сите, а тоа е моменталната ситуација во нашето образование. Ученичка сум во четврта година во гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. Ученичка со доволно искуства, лоши и добри, ученичка која конечно реши да го каже своето мислење за нашето образование кое од година на година се движи во катастрофален правец. Го пишувам ова за да ја издигнам свеста на сите сегашни и идни ученици, на сите професори и на сите оние поврзани со образовните институции. Со цел менување на ситуацијата во која се наоѓаме и пронаоѓање на правецот за подобро утре. Ова не можам да го постигнам сама, затоа барам помош од сите вас што го читате ова. Заедно да го смениме хаосот во којшто се наоѓаме, да создадеме едно квалитетно образование, конечно да ја направиме промената што сакаме да ја видиме. Секојдневно сум сведок на ученици кои со наведнати глави доаѓаат во училишните клупи, кои постојано водат разговор за незадоволство и револт, за нашето образование. Да, сведок сум дека поголемиот дел средношколци функционираме на овој начин. Слушам разговори од типот: „Ајде уште еден час, ќе издржиме“, „Кој ќе оди денес

на училиште?!“, „Не можам веќе, премногу ми е досадно“... Дали сме се запрашале зошто е тоа така? И каде е проблемот? Драги професори, првенствено училиштето е воспитно-образовна институција, а поголемиот дел од вас се задржувате само на образовниот дел. Да, сфаќам дека домашното воспитание, моралот и моралните вредности на човекот потекнуваат од родителот, но ваша задача е постојано да го надградувате тоа. Сепак, и не баш секое дете ја има привилегијата за објаснување од

родителите што е лошо, а што е добро во животот. Ваша должност како професори, како ВТОРИ РОДИТЕЛИ, е да ни укажете на убавината на животот, да нѐ наполните со мотивација и да нѐ запознаете со можностите кои ни ги нуди истиот. Верувам дека не би имале проблем ако одвоите, да речеме, еден час во месецот од вашиот наставен план и да го посветите на разговор со учениците на теми како што се нашите планови за во иднина и сегашните проблеми. Вие сте успеале. Бидете отворени за разговор, погледнете го светот и од наша перспектива. Обидете се, некои работи сигурно ќе се сменат на подобро. Вметнете и нови методи и техники. Бидете креативни, привлечете нѐ со разговор, пошегувајте се и насмевнувајте се додека зборувате, поврзувајте ги лекциите со примери од секојдневието. Дружете се со нас, бидете нашиот полнач за позитивна енергија. Направете ги вашите часови за паметење. Подгответе нѐ за живот, помогнете ни да бидеме паметни и успешни за во иднина, за сите да имаат бенефиции од нашето постоење. Научете нѐ како да оставиме печат во овој свет, да бидеме запаметени. Габриела Лескова, СОУ „Кочо Рацин“, Велес

7

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

Да се следи сонот или добрата плата?

Обичен смртник што силно верува во животот Светот во очите на еден обичен смртник кој сака да биде сфатен од овој шугав свет. Тој не е како перфектните и префинети ликови од бајките, тој е само еден обичен човек, човек од улицата кој се радува на искрените работи кои не се големи колку два света, напротив се скромни, но вистински. Тој човек е губитник, всушност тој е најголемиот губитник, а пак, од друга страна, тој е единствениот темен витез во овој чудесен свет. Тој цело време жали за старите времиња кои не биле ништо подобри од оваа нова ера барем за него, но тоа е таа носталгија. Овој човек нема среќа во животот и во љубовта, бидејќи едноставно така му се поставени картите. Нему му е судено да губи, да биде поразуван во секој обид да стане шампион. Секогаш кога ќе посака нешто од животот што ќе биде вечно, тој повторно губи. Не може да биде вечно среќен, но тој секогаш знаел да се весели на малите работи како огромни. А не знам зошто секогаш кога ќе ја посака искрената и вистинска љубов пропаѓа во живата кал, најверојатно затоа што е единствениот вистински романтичар, но е премногу реален и несигурен во себе. На крајот од денот тој ќе ја издржи битката, ќе истрае, ќе стигне на целта. Можеби не на таа која ја посакуваше, ама сепак на крајот ќе победи, тој ќе стане шампион. Една работа кај овој обичен смртник е добра - тој никогаш нема да се откаже, бидејќи така ќе биде згазен од ова гнило општество. Во овој свет е најтешко да си обичен смртник. Ама тоа е тој волк преполн со лузни на лицето, истоштен од битките за подобар живот, но нема предавање за тој волк. Сè е можно за оние кои силно веруваат во животот! Иван Митревски, „Јосип Броз-Тито“, Скопје

Тинејџерите со фантазија може да видат поубав свет од возрасните

Понекогаш постојат логични прашања кои младите им ги посочуваат на возрасните, но остануваат без одговор. И возрасните најверојатно не разбираат некои работи правилно, можеби се премногу апстрактни за да ги дефинираат, но исто така и е невозможно да ги разберат. Живеејќи ја младоста за која сите велат дека е најубавото време, фантазијата е исполнета со знаење за светот околу мене. Но всушност, не е фер да мислите дека само мојата возраст е поубава, секоја возраст има свои бои и вредно̀ турка низ вратите на средните училишта и нѐ запознава со нови личности, со ново опсти. Токму оваа возраст, која не штество, за мене е уште поголема промена - да учам втор јазик. Всушност, јас и сите мои соученици се обидуваме да чекориме по патот на возрасните и професорите не ̀ гледаат како такви. Ова е возраста која нè учи да се бориме за да постигнеме посебен успех, да ги допреме нашите соништа, за во иднина тие да бидат исполнети! Ова е возраста кога ќе разберете колку може еден човек да биде вреден во вашиот живот, како може искрениот збор да вреди повеќе од еден скап подарок. На оваа возраст може да се разбере горчината на смртта, кога ќе видите како пријателите и децата од генерацијата ги губат своите животи и кога дознавате дека здравјето ги надминува славата и успехот што може да ги имате. И моментот кога животот секогаш ќе игра игри со вас, ќе ве подигне, но во исто време ќе ве носи и најдолу. Физички сме исто така многу изменети - гласот, формата на телото, косата, лицето, но барем насмевката останува иста како и порано. Не само што се менува физичкиот изглед, туку и се размислува подлабоко - наоѓаме начин да се инспирираме многу лесно, размислувајќи многу тешко. Познавам многу деца кои почнуваат да пушат цигари, да пијат алкохол и глумат како не можат да се откажат. Колку и да имаат лични проблеми, постојат и други решенија на наша возраст, можеби малку релаксација, малку музика, или, пак, некоја убава книга. Еден тинејџер може да пишува и да фантазира додека има енергија... Сепак, еден тинејџер може да го види светот поубаво од кој било возрасен човек. Бесјона Јусуфи I-6, СОУ „Гимназија Јосип Броз-Тито“, Битола

Годините ги менуваат желбите. Посакував да бидам многу нешта, влијаеја луѓето околу мене кои ме инспирираа, па изборот постојано се менуваше. А времето лета и потсетува дека е потребна цврста одлука. Сите ме охрабруваат да го следам сонот, велат - тоа е чекорот кон успехот. Кој го дефинирал успехот и како? Дали тоа е финансиската состојба? Можеби духовниот мир? Или сепак е најважно сликата на семејството да е целосна? Од каде да тргнам, за каде да пристигнам? Збунетост ме измачува за да го одберам правилното, ако воопшто постои нешто такво. Моето срце вели да пишувам, бидејќи верувам во инспирацијата на зборовите. Чука силно за сцената и драмата. Само таму доживувам различни личности со нивните животни стории. Говорот на фотографијата ме ежи на секој поглед. Погледнувам од мој агол и знам. Создадена сум за да пренесам љубов, да инспирирам, да стоплам нечие срце и да сменам туѓа мисла кон позитивното. Општеството вреска во мене. Дали мојата татковина е земјата на културното издигнување? Дали овде има можности да го живеам мојот сон? Би го нахранила ли моето семејство и сите миленичиња кои би трчале наоколу? Да, знам дека можам да заминам, но ги сакам мајчиниот јазик и мојот народ! Срцето камен ќе ми стане. Го затворам истото и се вртам кон рационалното. Ги гледам хоризонтите на технологијата и броевите. Присилена сум. Ќе ризикувам, моето образование и моето работно место. Нека бидат здодевни. Психата да ми е мирна дека пловам сигурно за плата. Во слободното време ќе го следам сонот. Можеби ќе успеам? Ќе ми се насмее судбината, верувам... Или и јас ќе седам со бели коси крај каминот, ќе гледам во моите деца и внуци кои израснале без да им недостига нешто. Ама со камен срце. Љубовта е утехата кога не можеме да го имаме она што го сакаме. Се задоволуваме со туѓата среќа, бидејќи не сме ја освоиле сопствената. Бегаме од ризикот за да не губиме време. За на крајот да заклучиме дека ништо не сме направиле, а времето поминало. Тијана Атанасовска, СОУ „Свети Кирил и Методиј“, Неготино


8

ЧЕТВРТОК 28.12.2017

ВЕСТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

SOVETUVAME:

Накратко за медиумската писменост Медиумската писменост значи способност за пристап до медиумски содржини, критичко проценување и нивно толкување. Да си медиумски писмен значи да умееш и ти самиот да креираш медиумска содржина и да ја споделиш до целната публика за да оствариш одреден интерес. Сите медиумски пораки се конструирани и селективни и не ја одразуваат реалноста. Сите автори на медиумските пораки користат одреден медиумски јазик и техники на убедување. Кај телевизијата тоа е моќта на сликата, кај радиото тоа е бојата на тонот, кај весниците се внимава на аналитичкиот пристап во комбинација со фотографија и графички дизајн. Онлајн-медиумите нудат комбинација на сите медиуми. Најголем дел од медиумските пораки е креиран за да му донесе профит некому. Да се биде медиумски писмен значи да се препознае целта на пораката што стигнува до публиката.

STRIP

И К У Б О , И Т С О Н Ж О М , И КОНКУРС „Предизвик за млади истражувачи“ Министерството за образование и наука и Фондот за иновации и технолошки развој ги покануваат сите млади истражувачи да учествуваат со свои проекти од областите на природните и техничките науки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“. Процесот на истражување во проектите треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување, а предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати. Секој натпреварувач треба да се пријави со натпреварувачки тим кој се состои од: еден или двајца наставници како лидери на проектот и од три до седум ученици. Пријавувањето трае до 15 февруари 2018 година. Повеќе информации на http://mon.gov.mk/index.php/201407-23-14-03-24/vesti-i-nastani/2198-predizvik-za-mladiistrazhuvachijaven-povik-za-pottiknuvanje-na-kreativnoto-razmisluvanje-kaj-mladite.

Во соработка со Стрип Центар - Велес

Конкурс за постери „Постерхироус: Ја обликуваме иднината“ Асоцијацијата за култура ПЛУГ(PLUG) ги повикува сите млади уметници и графички дизајнери да учествуваат на годинешниот натпревар во постери на тема „Ја обликуваме иднината“. Конкурсот е отворен за поединци и за групи кои можат да учествуваат со по три дизајни. Постерите треба да бидат вертикални со димензии 70х100 см, големината на фајловите да е до 20MB, во LPG или PDF-формат и текстот на нив да биде на англиски јазик. Победникот ќе добие парична награда во вредност од 2.500 евра. Пријавувањето трае до 17 февруари 2018 година. Повеќе информации на http://www.mladiinfo.eu/2017/12/05/posterheroesshaping-future-social-communicationcontest/.

www.comicscenter.mk

Медиум - 28 декември 2017  
Медиум - 28 декември 2017  
Advertisement