Page 1

vesnik za site sredno{kolci Четвrток, 28.09.2017; godina V; br. 32 www.medium.edu.mk „ТЕМА ЗА ДИЛЕМА“

Фото: Маја Јаневска-Илиева

а д и м а с е т и ц и н е ч У а в а р п е т и о в с а з т а одлучува

str.5 ФАЦА НА МЕСЕЦОТ АНА ГОЛЕЈШКА, ПОЕТЕСА

Мисија ми е да го менувам светот str. 3

ДАРИЈАН ШЕКЕРОВ

Неговата апликација за лица со аутизам ја симнале над 10.000 луѓе str. 6

ЈАС МИСЛАМ ВАКА: ВЕРА АПОСТОЛОВСКА

Различна сум и ја учам околината на толеранција

str. 7

СРЕДНОШКОЛСКИОТ ВЕСНИК „МЕДИУМ“ Е ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНСКА КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ“

ПРОЕКТОТ Е ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА


2

ЧЕТВРТОК 28.09.2017

ИТЕ Ц И Н Д О Х З И Н

Александра Теменугова, Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и раководителка на проектот „Коалиција за медиумска писменост“

Нова сезона на „Медиум, добредојдовте!

Ништо не ме прави посреќна од фактот дека редакцијата на „Медиум“ на прагот на шестата сезона е побогата за уште еден новинар. На стр. 7 ја имаме првата колумна на Вера Апостоловска, средношколка од втора година во скопската гимназија „Орце Николов“, која освен што ги има ученичките обврски, секојдневно се бори со предизвикот истите да ги заврши и покрај церебралната парализа. Со нејзината колумна таа ни доловува како е да живееш во свет со предрасуди и нѐ учи дека сите треба да ја повториме лекцијата за различностите. Исто како и досега, и годинава заедно со колегите од „Нова Македонија“ продолжуваме со посети на средните училишта на кои преку „Медиумските лаборатории“ учиме како се раѓаат вестите, како функционираат медиумите и кои се правилата што важат во оваа фела. Ја продолжуваме и традицијата за организирање „Медиумски ден“, кога ученици од цела Македонија во декември посетуваат различни медиуми. Нашата цел е да помогнеме во оспособувањето на средношколците со новинарски вештини и знаења за критичко перципирање на информациите и вестите што им се неопходни за да опстанат во современата медиумска џунгла којашто ја донесоа новите медиуми. Тие, пак, дигиталните технологии и нови медиуми, се всушност и третата причина зошто го креиравме „Медиум“. Сакаме да посочиме дека во неконтролираниот наплив на информации, медиумите можат да користат, но и да наштетат. Нашата цел е да посочиме дека медиумските содржини, кои во различни форми допираат до нас, истовремено и влијаат: преку медиумите креираме ставови, навики за исхрана, стил на облекување, идеали за совршено тело, предрасуди, стереотипи. Но само добро информирани и медиумски писмени луѓе ќе знаат да ги препознаат крајните намери и интереси на медиумите. Затоа се фокусираме на медиумската писменост. Затоа, на www.medium.edu.mk нудиме материјали, ресурси и етички стандарди кои овозможуваат јасни насоки за препознавање на професионалното и одговорно новинарство кое ќе го штити јавниот интерес. Ве чекаме со ваши новинарски производи, вести, интервјуа, ставови, но и критики за нашата работа. Драги ученици, добредојдовте во „Медиум“.

Средношколски мост меѓу различностите во Бугарија и во Македонија Во рамките на проектот „Еразмус +“, насловен како „Искус тво - мост ме ѓу раз лич но сти те“, што ле то во се одржа во Мадан, Бугарија, учествуваа и двајца средношкол ци од све ти ни кол ска та гим на зи ја „Ко чо Ра цин“. Мери Додева и Бојан Николов, кои како активисти на струшката организација „Центар за рурален развој“ заедно со други средношколци од Турција, Шпанија и Бу-

гарија работеа на активности за инклузија на мигранти, на лица со попреченост и на заштита на животната средина. Идејата на овој проект е преку дискусија, дружења и презентации да се развие свеста кај младите за правата на лицата со попреченост и разбивање на предрасудите и дискриминацијата кон нив.

ВОВЕДНИК

Учениците од „В. А. Дрен и годинава ќе рециклираат

Претставници од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ минатиот месец учествуваа на вториот состанок во Брага, Португалија, како дел од работната група за проектот „Got pollution?!..Be the sollution...Recycle!...“, како дел од програмата „Еразмус+“ за рециклирање и почиста животна средина. Се разменија и искуства за рециклирањето во шест училишта од исто толку европски земји. Работните групи посетија две фабрики за селектирање отпад и една за рециклирање. Притоа, секое училиште имаше можност

да презентира начини на работа со своите ученици за издигнување на свеста за рециклирање и зачувување на животната средина. Во изминатиот период, во „В.А. Дрен“ беа организирани две работилници со ученици во врска со овој проект. Целта на проектот е да се разбуди свеста кај младата популација за секојдневните проблеми што ги имаме со загадувањето на животната средина, главно од индустриското загадување и од отпадот што доаѓа од домаќинствата.

Едукација за одржлив транспорт и влијанието од сообраќајот Во рамките на „Европската недела на мобилност“ скопските средношколци се едуцираа за придобивките од одржливиот транспорт. Учениците од СУГС „Раде ЈовчевскиКорчагин“ го посетија Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) во главниот град за да се запознаат со функционирањето на овој центар. Меѓу другото, се интересираа и за работата на сообраќајните инженери, како и за влијанието на сообраќајот врз квалитетот на животната средина.

Средношколците, пак, од СУГС „Георги Димитров“ се едуцираа за придобивките од користењето одржлив транспорт и ефектот врз природата, климатските промени и емисиите на СО2. Во дворот на училиштето беше поставен камион-училница, односно лабораторија на тркала, која се снабдува со енергија од соларни панели. Едукативните часови завршија со герила акција во центарот на градот, со едукативни содржини за одржлив транспорт.

Уредници на „Медиум“: Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk, 02/30 90 004 Техничко уредување: Игор Манојловски Веб: Александар Делчевски Лектура: Светлана Арсовска Маркетинг: тел. (02) 5511727 Дистрибуција: тел: (02) 5511734 www.medium.edu.mk; е-адреса: medium@medium.edu.mk Оваа публикација е овозможена со поддршка од Европската Унија во рамките на проектот Медиумска писменост во ера на наплив на информации: основање Македонска коалиција за медиумска писменост, што го реализира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста заедно со Институтот за различности во медиумите од Лондон, В. Британија, и дневниот весник Нова Македонија. Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на Европската Унија. Проектот е финансиран од Европската Унија

Виничките ученици учеа како да ја намалат невработеноста Професори и ученици од виничката гимназија „Ванчо Прке“, како дел од конзорциумот средни училишта во рамките на програмата „Еразмус +“ имаа неколку обуки за намалување на невработеноста. Обуките се одржаа во Грудек, Полска, во Воронет, Романија, во Бугарија, Италија и во Франција.


3

ЧЕТВРТОК 28.09.2017

ФАЦА НА МЕСЕЦОТ

ИНТЕРВЈУ: СА АНА ГОЛЕЈШКА, ПОЕТЕ ТКА С ВИ ТИ АК И ГРАЃАНСКА

Мисија ми е да го менувам светот Ана Голејшка е млада поетеса, силна поборничка за љубов, но и социјална активистка во рамките на граѓанската иницијатива #Ретвитниоброк. Им помага на бездомните и на социјално загрозените луѓе, а нејзината мисија е да го нахрани светот и да извојува големи и мали победи над гладот. Плени со својата чудесна енергија и позитивност. Живее во Скопје, а дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. МЕДИУМ: Што претставува пишувањето за тебе? ГОЛЕЈШКА: Пишувањето ми е живот, нешто блиску до дишењето. За мене тоа е начин да ги ослободам сите заробени мисли, да го нацртам сводот, да се зачувам себеси и другите од заборав. МЕДИУМ: Какво мислење имаш за односот меѓу младите и поезијата и колку си надежна на таа тема? ГОЛЕЈШКА: Надежна - многу! Само им посакувам на младите што повеќе време за себепродлабочување и многу, многу читање. Јазикот се спознава низ различни приказни, од секојдневието, но и од традицијата. За да постои младост и поезија, мора да постои факторот време. Времето во кое новите млади пишуваат е брзо, молскавично, уште полудо од она што јас го доживував. Сѐ е очајно брзо. Но бескрајно имам надеж, затоа што додека има млади што искрено чувствуваат, читаат, љубат, губат... и поезијата ќе ги има нив. МЕДИУМ: Ти си една од ретките што активно придонесуваат за промени кон подобро општество. Дел си од иницијативата #Ретвитниоброк. Дали можеш да ни кажеш нешто околу тоа? ГОЛЕЈШКА: #Ре твит ни о брок е мо ја та при каз на, мо ја та па си ја пре тво ре на во акти ви зам. Не мо жам да си го за мис лам жи во тот без љу бов кон хра на та. Пр ви от кон такт со куј на та и во оп што со хра на та ми е вса ден во ме мо ри ја та од де те. #Ре твит ни о брок е са мо све док на ед на лич на ви зи ја за по до бар, на хра нет свет. За ре цик ли ра на хра на, за спо де ле на ем па ти ја за ко ја стра да све тот. На оваа пла не та има тол ку мно гу не шта што мо жат да се рас пре де лат за да би де фер се чиј оброк, што пре ку оваа ак ци ја се оби ду вам да мар ки рам, да за бе ле жам ед на ма ла исто ри ска по бе да над гла дот. На не кој на чин, се ко ја не де ла из во ју ва ме ма ли три ум фи - на хра ну ва ме сто ти на без дом ни и со ци јал но за гро зе ни лу ѓе во Скоп је, но ми си ја та за ме не ме та мор фо зи ра - се га са кам да ја спа сам хра на та, а со тоа и на ше то оп штес тво. МЕДИУМ: Покрај #Ретвитниоброк, дел си и од настан кој е како топла прегратка за вљубениците во пишаниот збор - „Астални проекции“. Како ги доживуваш и кое чувство те следи? ГОЛЕЈШКА: „Астални проекции“ е моето дома. Моето родилиште, моето светилиште, моето огниште, мојата природна појавност. Сцена, простор, светло, миг, поезија, микрофон, дајре, вечност. Никогаш не го замислувам својот живот „дека ќе биде вака или онака“. „Астални“ е спонтана песна која трае четири сезони и дух и тело сме јас и Ѓоко Здравески. Чувството е силно, извирање кое не престанува. Како секој прв вторник во месецот да си на висока служба за продуцирање енергија. Нема поубаво нешто. Некогаш е и умор, но во суштина „Астални“ се поетско читање кое не сака да биде ограничено. МЕДИУМ: Што мислиш, која е движечката сила, онаа која буди поттик да се биде и остане позитивен и полн со верба и љубов? ГОЛЕЈШКА: Мисија ми е да го менувам светот. Секогаш постои нешто повеќе зад нашиот поглед, ум и перцепција. Не е можно да не постои љубов и на друго место. Се прашувам секогаш дали сум сама во ова чувство. И секогаш се појавува некој знак кој ми вели дека не сум. Знам дека многумина имаат иста волја како мене - да направат нешто добро, корисно, да не паднат под искушенијата на материјалниот, плиток свет што нѐ опкружува и се бориме заедно. Движечката сила е вечната борба во која нема победа. Има само освојување нови димензии. А за да имаш сила - ти треба љубов, многу трпение, ум и да веруваш дека тоа ти е дадено. Автор: Викторија Ангеловска, СУГС Гимназија „Орце Николов“


4

ЧЕТВРТОК 28.09.2017

КАДЕ БЕВМЕ?

Неповторливо чувство да се биде дел од „Орце „Ако повторно се запишувам во средно, изборот повторно би бил ‘Орце’“ – ова е најчестиот коментар на учениците кои завршиле во оваа гимназија, која е една од најстарите во земјава. Тоа е училиште кое спојува многу генерации, многу случувања, многу ликови за паметење. Од 1945-тата па сѐ до денес, „Орце“ е симбол на професионалност, авангарда, високи стандарди за учење, отворен дух и вклученост во сите средношколски општествени движења. „Орце Николов“ не е само училиште. „Орце Николов“ е бренд, начин на созревање и растење. Многуте државни и интернационални награди, секогаш високиот успех на државната матура се потврда дека учениците на оваа гимназија се носат со предизвиците на новото време. Средношколските проекти, билингвалните англиски и француски паралелки секоја година оставаат интернационален белег во повеќе култури и земји, посебно во Франција, Англија, Германија, Италија, Словачка, Бугарија, Србија. Гимназијата „ Орце Николов“ отсекогаш била спој на традицијата и новото, на модерното и авангардното, на актуелните тинејџерски трендови, на учење на трајни вредности, креативност и критичко размислување. Многу познати имиња, пејачи, актери, писатели, спортисти, јавни личности биле дел од историјата на училиштето. Меѓу нив, Милчо Манчевски, Дејан Лилиќ, Камка Тоциновски, Ставре Џиков, Бранко Огњановски, Зоран Јолевски, Борис Трајанов, Ивана Туфегџиќ и уште многу стари и нови имиња на македонската култура и општествен живот. Тие се само потврда дека оваа гимназија е училиште за лидери, креатори, инженери и хумани луѓе. Благодарение на професорите, на нивната непосредност, критички став, отвореност и стручност, гимназијата стана училиште на нови образовни трендови и практики. Овде заедно се гради иднината – дисциплинирано и во духот на слободата на умот. „Орце Николов“ навистина е вистинскиот избор! Подготвиле: Миа Илиевска и Јована Илиевска ученички во гимназијата „Орце Николов“ - Скопје


5

ЧЕТВРТОК 28.09.2017

„ТЕМА ЗА ДИЛЕМА“

ЛИРАЊЕ ИВА ЗА ЗАКОНСКО РЕГУ ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТ РАЊЕ УЧЕСТВО И ОРГАНИЗИ НА СРЕДНОШКОЛСКО

Учениците сами да одлучуваат за своите права Што по законските измени?

Според предлог-тексто т за измени во Законо но образование, пред т за средложен од коалицијата на младински организации СЕГА, стр уктурата на измените школско учество ќе се за средноодвива на три нивоа: на ниво на училиште ќе има претсе дател на училиште, из бран на демократски начин, преку гласање и ливче. Пото а, пак, повеќе училишта ќе може да формираат Унија на средношколци на град и ќе имаат мо жност да преговараат, дебатираат и да застапуваат средно школски прашања пр ед општината. Оставена е и законск ата можност училишт ата зуваат и на регионал но и на национално ни да се поврво.

Групата младински организации кои иницираа промени во Законот за средно образование очекува до крајот на оваа година, според оптимистички прогнози, да се усвојат предложените измени. Тие бараат дефинирање на средношколското учество во процесот на одлучување во секое средно училиште, но и на регионално и на национално ниво. Законското регулирање на оваа материја значи дека учениците од секој клас, со демократско гласање, ќе можат да изберат свој претставник-претседател, кој пред наставнички и родителски совети ќе ги застапува уче нич ки те по тре би, жел би, ин те ре си, ка ко и да се спротивстави на одлуките на возрасните кои не се во прилог на средношколците. Иницијативата за предлог законските измени е на коалицијата на младински организации „СЕГА“, како и на гра ѓан ски те ор га ни за ции Мла дин ски отво рен фо рум (МОФ) и на „Меѓаши“ - првата детска амбасада. Зоран Илиески, извршниот директор на „СЕГА“ вели дека иницијативата е стара шест години, но досега немало политичка волја за законско регулирање на оваа материја. Појасни дека веќе имаат подготвен предлог-текст, кој во изминатиот период го дале на дискусија пред учениците, наставниците и граѓанските организации. Тој процес заврши. - Сакаме да се промени актуелната практика, а тоа значи вклученоста на учениците во носењето одлуки, кои се однесуваат за нив лично, да не биде како досега на неформално ниво и со добра волја на управите на училиштата. Ние уште лани, пред парламентарните избори ги доставивме нашите предлози до МОН и до пратениците во Собранието. Но ништо не се случи - објасни тој. Мартин Лазаревски, програмски асистент во МОФ, дообјаснува дека новите законски измени ќе го формализираат средношколско организирање. Ќе се овоз мо жи по го ле ма ре а ли за ци ја на пра ва та на уче ни ци те актив но да при до не сат во обра зов ни те про це си во учи лиш ни от жи вот. Ту ка мо же ме да ги спо ме не ме ква ли те тот на на ста ва та, ко му ни ка ци ја та на став ник-уче ник, на чи нот на нив но то од не су ва ње, про це сот на из би ра ње пре тсе да тел на клас, до пол ни тел ни актив но сти. Во ра бо та та на уче нич ки те пар ла мен ти, ка ко дел од овие из ме ни, ќе учес тву ва ат и на став ни ци те за да се соз да де со ра бо тка и до вер ба ме ѓу нив и уче ни ци те - сме та тој. Друг пример, учениците нема да бидат само формално прашувани за прослава на матурска вечер или екскурзија. Напротив, самите ќе учествуваат во сите тие процеси. Истото се однесува и за начинот на изведување на наставата, потоа за разни дополнителни активности, а и за полесно остварување на нивните права во поглед на мирно организирање собири, слободно изразување на мислења во поглед на прашањата што ги засегаат. Министерството за образование и наука (МОН) даде позитивни сигнали за иницијативата. - Во наредниот период се очекува да пристигнат предлозите до МОН, а и да бидат формирани работни групи во рамките на Министерството за образование и наука кои ќе работат на измените во Законот за средно образо-

вание, а во кои ќе биде разгледано и ова прашање - објасни Владимир Делов од одделението за односи со јавност во МОН. Пред еден месец, во насока на придвижување на работите, се сретнале со Народниот правобранител и со неколку пратеници и го дискутирале ова прашање. Се сретнале и со пратеници од повеќе политички партии, и сите позитивно се изјасниле. Предлагач на законските измени ќе биде или Министерството за правда или Министерството за образование. - Нас ни е важно како иницијатори од граѓанскиот сектор министерството да нѐ вклучи во работните групи. Но сѐ уште не сме добиле покана. Според наши сознанија, формирањето работни групи би се случило по изборите - посочија од коалицијата СЕГА. Иницијативата за средношколско учество започнала пред пет-шест години, како една од препораките на Комитетот на Обединетите нации, дадена на Република Македонија за подобрување на примената на Конвенцијата

за правата на децата во државата. Според Илиески, пред Комитетот на ОН во Женева, каде што е сместен, државите рапортираат на секои десет години. Македонија рапортирала пред десет години и една од препораките за подобрување на правата на децата е да се регулира учеството на децата во образовниот систем. Из ми на та та го ди на гра ѓан ски те ор га ни за ции на пра ви ле ни за кон сул та ции око лу сред но школ ско то учес тво, вклу чи ле 300 на став ни ци и 400 де ца од це ла Ма ке до ни ја. Ба зи ра но на тие на о ди, на ком па ра тив на ана ли за на европ ски те пра кти ки, изра бо ти ле текст кој се га го за ста пу ва ат за про ме ни во За ко нот за сред но обра зо ва ние. Претходно, поради немање законска форма за средношколско учество, коалицијата „СЕГА“ спровела пилотпроект во десет училишта од различни градови, каде што биле усвоени акти и правилници за избор на претседател на клас. Тоа се случило на граѓанска иницијатива и со добра волја на управата на училиштата. Во зрас ни те дек ла ра тив но се про тив ова, се пла шат ученици да бидат дел од процесот на одлучување. Ова го знаеме од одлуките и дискусиите во училиштата - рече Илиески. Поради тоа, структурата на учество мора да се обезбеди законски на сите нивоа. Да се гарантира нивниот избор - учениците да можат да се самоизбираат на ниво на училници, на ниво на генерации, на училиште. И понатаму нивен претставник да учествува во формите на управување во училиштата, како што се наставничкиот и родителскиот совет. Па дури и во училишниот одбор.


6 ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА

ЧЕТВРТОК 28.09.2017

ДАРИЈАН ШЕКЕРОВ, НАГРАДУВАН ИНФОРМАТИЧАР И ПРОГРАМЕР

Неговата апликација за лица со аутизам ја симнале над 10.000 луѓе Има само 15 години, а зад себе многу награди освоени на балкански, европски и светски натпревари како информатичар и компјутерски програмер. Со информатичката наука се занимава од петто одделение и за три години веќе има изработено над 16 апликации, достапни на „Гугл плеј стор“. На 11-годишна возраст неговиот талент е препознаен кога прв пат почнува да добива награди, најпрво на државно ниво, а потоа и надвор од грани-

ците на државата. Младиот Даријан Шекеров од годинава е средношколец во прва година во „International High School“ во Скопје, а негова најпозната бесплатна апликација е „Сликозбор“, преземена над 10.000 пати, а наменета за лицата со аутизам, за полесно да комуницираат со своите најблиски. За апликацијата „Сликозбор“ лани ја освои светската награда „World Summit Youth Award“ во категорија „Борба против болести и глад“, во

конкуренција од 300 земји и неколку илјади претприемачи со проекти од цел свет. Слични апликации постојат, но на странски јазици. Јас ја направив на македонски. Апликацијата се развиваше и добиваше повеќе содржина и поддршка од дефектолози, од родители на деца со аутизам и стануваше попозната и поголема. Апликацијата зборува место нив, лицата само одбираат слика која покажува некое дејство или предмет.

Нови две бронзени медали на меѓународни натпревари Последните успеси на Даријан Шекеров се врзани со два меѓу народни натпревари. Пред неколку недели освои две бронзени медали на натпревари во Софија, Бу гарија: еден на првата Европска јуниорска олимпијада по информатика, каде што се натпреваруваше со 84 учесници од 22 земји, и вториот медал на 11. Јуниорска балканска олимпијада по информатика, во кон куренција на девет балкански земји. Примарна цел на овој значаен и елитен едукативен настан беше да се поттикне интересот за информатиката кај децата од помала возраст во сите земји од Европа, како и да им се овозможи на најдобрите европски млади таленти на возраст до 15,6 години да ги покажат зна ењата и вештините што веќе ги стекнале во оваа област, а поконкретно во програмирањето.

Има разни активности, намери или желби кои може да се искажат преку апликацијата - раскажа Даријан. Апликацијата има позитивен одѕив кај корисниците, а Даријан е горд на тоа, и секако и на големата награда, која е и афирмација на Македонија. Неговите почетоци во информатиката започнале пред три години, кога почнал да учи програмирање преку Интернет, а потоа и да посетува курсеви. Тогаш почнал и да се натпреварува, но и да развива веб-апликации и страници. Владее 8 програмски јазици, а зборува англиски и германски јазик. Друга негова позната апликација, преку која децата од предучилишна возраст може да ја учат македонската азбука и зборови е „Шарена азбука“. Таа е еден вид дополнување на „Сликозбор“, објасни тој. Даријан својата иднина ја гледа во ин-

форматичките науки, а рече и дека ќе продолжи да изработува апликации со кои ќе им го олеснува секојдневието на луѓето.


7

ЈАС МИСЛАМ ВАКА

ЧЕТВРТОК 28.09.2017

Изберете ја вистината и погледнете се во огледало Критички фактор за успех. Или успешен фактор за критика. Не многу позната или важна дефиниција, дали некаде запишана или само непишано правило по кое хомосапиенсот може да избере дали да се води или не. Токму како што споменав „да избере“. Ах, тој избор. Познато е дека со секој избор носиме последица. Дали воопшто општеството во кое се градиме ни дозволува да имаме избор? Дали е толку тешко да се запрашаш себеси - кој најмногу би требало да го познаваш, што е добро за тебе, а што не? Одговорот е директен и едноставен. Да. Многу тешко. Со големо извинување до сопствената емоција и до самиот „јас“. А со благо наклонување и таен презир кон сите што ги знам и што ме знаат. Сакам да ве поттикнам да размислувате надвор од кутијата, надвор од наводните етички норми, што треба да ги почитуваме за да не добиеме „казна или санкција“ можеби од нацијата, од некоја институција, па и од преостанатите хомосапиенси околу нас. Сите што ќе ја прочитате оваа „исповед“ запрашајте се колку сте благодарни на самите себе за вашиот личен избор. Не зборувам за оној избор: кафе со или без шеќер, ајфон 6 или 7, со или без шминка. Зборувам навистина за неговото височество ИЗБОРОТ. Она вистинското да се биде или не. Извинете за директноста на прашањата и валканата искреност... Да бидеш она што си (мислам на хомосексуалец, хетеросексуалец или некој друг) или не? Да знаеш кој си, кои се твоите апсолутни желби или не? Да бидеш причина за гордост, глас и пример или не? Да се биде позитивен или не? Да се изгради или да се уништи? Ако земеме здраво за готово и ја вмешаме и темата за апсолутната вистина, и доколку како таква се смета за вистина, дали можеме да дојдеме до заклучок дека апсолутниот избор зависи

од нашата апсолутна искреност? Истакнувањето на двете: изборот и вистината се вистинскиот одговор на она што сме. Не треба да застанеме пред толпа луѓе и да покажеме кои сме... знаете, сите со различни хромозоми и различни движења на енергиите кои ги имаме во нас. Наспроти тоа, потребно е да застанеме пред огледало, да застанеме пред платното на кое се режира сопствениот филм. Спротивставувањето на работите кои не нѐ градат и прегрнувањето на сите оние кои прават да сме горди на личноста што ја посакуваме (нашата) ќе направат апсолутната вистина и апсолутниот избор да бидат едно, односно да бидеме ние. Парадокс на животот и иронија на одлуките. Пишуваме искрени ставови и идеи, но под псевдоним. Ја следиме бизарната мода само за да сме во тренд. Добивме нешто? Капнува некој денар или можеби дојдовме до степен на нирвана? Ништо. Нула. Само луѓе со маски зад кои се кријат умови, претприемачи, идеалисти, лидери и по некој политичар. Избор имаме секогаш, секаде, со секој. Само треба да ги отвориме очите и да се запрашаме тешки прашања кои водат до сигурни чекори. Тргни го превезот ако сакаш да го видиш она величественото ИЛИ и да заокружиш помеѓу А) и Б). Знам, чудно е затоа што пак ќе бидеш оценуван, но овој пат оценката во индексот зависи од твојот избор. Со тоа што ќе го цениме нашиот квалитет на избор, си даваме значење и став кај другите. Да не престануваме со нашите избори, а во меѓувреме да не се интересираме за празноглавите муабети кои немаат основно право да бидат споменати. Исто како и секој од нас, исто како и ти, јас имам избор да завршам овде... Ана Трифунова, гимназија „Ванчо Прке“ Виница

Со училишни заедници до средношколски права

Различна сум и ја учам околината на толеранција Да се биде различен има свои позитивни и негативни страни. Секогаш сум гледала позитивно на работите, па така и на мојата различност. Тоа се должи на моето растење во среќно и сложно семејство. Љубовта, разбирањето, поддршката се клучни во мојот развој и во моето позитивно гледање на различноста. Секогаш, со многу отворен разговор ми беше објаснувана мојата состојба. При тие разговори честопати пуштав по некоја солза, но веднаш потоа ќе се насмеевме на духовитите шеги на мојот татко. Секогаш се трудев да ги истакнам моите способности, а истовремено да ја убедам околината да не гледа на мојата попреченост. Различноста отвора нови хоризонти и ме прави креативна, работлива, ангажирана, позрела и поистрајна и борбена. За жал околината и општеството не ги согледуваат еднакво различностите. Предрасудите ги чувствувам како штит што треба да се пробие. Со огромен ангажман и со многу енергија се обидувам кај мојата околина да ја издигнам свеста за позитивната страна на различностите. Ја сензибилизирам околината и ја учам на толеранција. Секое зло за добро. Имено, различноста претставува неисцрпен предизвик. Токму во посебностите и различностите лежи привлечноста и предизвикот за соочување и надминување на истите. Вера Апостоловска, ученичка втора година во гимназија „Орце Николов“ - Скопје

Од безброј општествени промени кои чекаат да бидат направени во нашата земја, промената на образовниот процес е една од најприоритетните. Ни треба образование кое ќе нѐ научи да нѐ се плашиме, да размислуваме критички и да живееме во благосостојба со нашето опкружување. Сите модернизации на наставата, непромислени експерименти, закани и ограничувања придонеле голем дел од наставниот кадар и учениците да ја заборават целта на едукацијата. Сите се слеавме во еден тек на комформизам и апатија од кои забораваме дека можеме да излеземе. Секој ден со нови чувства на незадоволство, а ретко кој ден со жар за промена. За да излеземе од вкоренетиот марионетски став кон системот мораме да се запрашаме како ние да ја направиме или да ја поттикнеме промената по која копнееме. Еден ученик тешко ќе се избори за промена на учебници, за реновирање на училишниот простор или за концептот на матурата. Но ако се здружиме на локално или, пак, на државно ниво, ќе бидеме доволно силни да се избориме за подобро образование. Здружувањето во училишни заедници (унии/парламенти) е првиот чекор кон колективна борба за нашите права како средношколци-претставници на секој клас, од нив да се избира претседател на училиште, потпретседател и секретар. Овој или сличен об-

лик на здружување е неопходен во секое училиште со цел оформување објективен став кон училишните проблеми и нивно решавање. Заедниците можат да содржат повеќе тимови: вонучилишна соработка (со невладини организации и здруженија), соработка со наставничкиот кадар и вработените, организација на настани и секции... Здружувањето нѐ учи како да придвижиме иницијатива, да работиме во тим и аргументирано да се залагаме за нашите идеи. На училишните заедници мора да им биде гарантирано правото да учествуваат на сите нивоа на работата на училиштето. Бенефициите би биле заемни, учениците би растеле во свесни и активни граѓани, а професорите би добивале свежи идеи и конструктивна поддршка од своите ученици. Со донесување на закон за регулирање на ученичко учество и организирање поефективно би се оствариле тежнеењата за развој на силни училишни заедници. Исто така, ќе се издигне колективната свест за значењето на самостојни младински и граѓански организации. Сите засегнати страни мора да имаат одлична соработка за следните генерации да не го исмејуваат, туку да уживаат во образовниот процес. Анџела Арсенијевиќ, СУГС „Георги Димитров“

Младиот Џони никогаш не требаше да добие пиштол Пукотници, куршуми, крв, се губат раце, нозе, глави, животи, една падната жртва, втора падната жртва, трета... Го исклучуваме телевизорот за да најмалите не го гледаат тој ужас. А зошто? За децата да не го видат ужасот што се случува околу нив. Тие да не го видат, а ние да замижеме пред вистината и при очи да бидеме слепи. Ја имаме привилегијата да живееме во „совршениот“ 21 век, додека некои помалку развиени земји сè уште талкаат во 18 век, кревајќи оружје. Пријател на пријател, брат на брат. Се раѓаат деца за да убиваат или да бидат убиени. Колку ли пати војната покосила животи на невини луѓе? Колку ли пати биеле камбаните? Што ли им поминува низ главите на војниците за време на војна? Тие не знаат дали повторно ќе ја видат својата мајка, жена или децата. Тие само го чекаат денот, кој никако да дојде, денот кога ќе ја почувствуваат слободата, денот кога ќе ја почувствуваат топлината, денот кога сонцето повторно ќе

свети и за нив, денот кој многу од нив не го дочекуваат, денот што никогаш не доаѓа - денот кога на војната ќе ѝ дојде крајот. Замислете ги вашите мажи како се борат, вашите жени како плачат, вашите мажи како умираат. Замислете колку е студено огненото оружје во рацете на едно момче, како ли се почувствувал младиот Џони кога го добил својот прв пиштол. Џони го одделуваат од рацете на неговата сакана и го праќаат на воените фронтови. Истиот Џони еден ден се буди среќен што сè уште е жив, но набрзо паѓа во агонија затоа што сфаќа дека не може да го слушне своето срцебиење и дека сè околу него е толку мрачно што значи дека е и глув и слеп. Од него останал само неговиот труп, ги изгубил и рацете и нозете, сака да вика колку што го држи гласот, ама не може, ја изгубил и вилицата. Не знае дали сонува, дали е вистина. Додека ние го живееме нашиот живот напразно, мижејќи на бомбите кои се фрлаат пред наши очи, затнувајќи ги

ушите на секој истрел, желбата на Џони е неговиот живот да згасне. А дали Џони некогаш побарал пиштол? Тоа никој не прашува. Што мислите, зошто Џони толку сакаше да

умре? Тој не можеше да ги запре сликите кои секојдневно му поминуваа низ главата, не можеше да го заборави ужасот што го виде, човечки тела распарчени, обезглавени и целата таа крв пролеана. Дури и кога не можеше да гледа, јасно го гледаше ужасот на војната, и кога не можеше да слуша можеше да ги слушне пукотниците и вресоците. Која е вината на еден млад човек да се роди и да умре во војна? Војната го допира секој крај од светот, па и наши војници, наши браќа се испратени на воени мисии, секој од нас би можел да се најде на местото на младиот Џони. Младиот Џони никогаш не побара пиштол. Младиот Џони никогаш не требаше да добие пиштол. Никој никогаш не треба да го види она што тој го видел, но историјата видела и полошо, а иднината можеби ќе го види и најлошото. Милица Тодорова, СОУ „Кочо Рацин“, Свети Николе


8

ЧЕТВРТОК 28.09.2017

ВЕСТИ ЗА МАКЕДОНСКАТА КОАЛИЦИЈА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

„Медиум и Коалицијата за медиумска писменост претставени во Сараево Средношколскиот весник „Медиум“ и Коалицијата за медиумска писменост основани од Високата школа беа претставени на еден од најзначајните европски настани за медиумска писменост во Европа Media Meets Literacy што се одржа од 18-21 септември во Сараево. Александра Теменугова во името на Школата говореше за улогата на медиумите како (не)етички модел за унапредување на медиумската писменост кај својата публика, осврнувајќи се на локалниот контекст. Ова е втора конференција во организација на белгиската фондација Евенс, која годинава освен од Европската Комисија (ЕК), беше поддржана и од фондацијата Конрад Аденауер и сараевскиот Медиа Центар. Годинешната тема „Информирање, дезинформирање, граѓански компетенции: истражување на предизвиците во светот на медиумите кој брзо се менува“ беше доволно провокативна да привлече повеќе од 200 учесници ширум светот. В воведното излагање на организаторот, Паоло Цезарини од ЕК истакна дека медиумската писменост никогаш не била поважна од

SOVETUVAME: УЧИМЕ ЗА ВЕСТА КАКО ОСНОВЕН НОВИНАРСКИ ЖАНР

Што е вест? Вест е најкратка, наједноставна и најпопуларна форма на информирање за некој настан, феномен, општествена појава или личност. Основното правило за пишување вест гласи: „Најважното напред!“.

СТРУКТУРА НА ВЕСТА Новинарите кога сакаат накусо да известат за некој настан, најчесто ја користат т.н. превртена пирамида. Таа ги содржи следните елементи: 1. Лид или глава на веста. Тоа е првата реченица во приказната што ни дава одговор на шесте клучни прашања: Кој?, Што?, Кога?, Каде?, Како?, а може да се одговори и на прашањето Зошто?. Лидот е суштината на веста и треба да го задржи вниманието на публиката.

сега, со оглед дека социјалните мрежи сега се главен извор на информирање на граѓаните, додека Моник Канто-Спербер од Еванс фондацијата нагласи дека е исклучително важно да се работи на развивање на критичкото мислење на граѓаните. Посебно внимание привлече излагањето на рускиот истражувач и писател Евгениј Морозов, кој говореше за пост-висти-

ната како производ на капитализмот на интернет платформите, заговарајќи одговорно користење на податоците со цел за унапредување на комуникацијата во општеството. На конференцијата учествуваше и Рене Хобс, реномирана професорка од Универзитетот Роуд Ајланд - САД и основач на www.mediaeducationlab.com.

STRIP

2. Поддржувачки факти. Тоа е вториот дел на превртената пирамида. Тука се елементите кои ја дообјаснуваат главата на веста, укажувајќи ни зошто е значајна веста. Тоа се цитати или парафрази на извори, значајни факти кои ја поткрепуваат приказната и сл. Цитатите се многу важен дел оти тие ѝ даваат живот, колоритност и автентичност на информацијата. Исказите на изворите треба да се куси. 3. Заднина (бекграунд). Во овој дел се дава заднина на приказната, односно настаните и појавите што ѝ претходеле на актуелната вест. Овој елемент во веста служи за да ги запознае луѓето коишто не се упатени во настанот или појавата, полесно да ја разберат приказната и она што е ново.

И К У Б О , И Т С О Н Ж О М , И КОНКУРС Пријави се на работилници за медиумска писменост Националниот младински совет на Македонија и Радио МОФ ги повикуваат младите на возраст од 15 до 25 години да учествуваат на дводневни работилници за медиумска писменост, што ќе се одржат во Велес и во Скопје, на 14 и 15 октомври. На работилниците е предвидено преку теоретска и практична работа да се стекнат вештини и знаења за препознавање лажни вести, манипулациски содржини во медиумите и техники на пропагандата. По завршување на работилниците, учесниците под менторство на предавачи ќе пишуваат новинарски текстови, видео и аудиоприлози, поткасти. Пријавувањето трае до 10 октомври. Повеќе информации на http://www.radiomof.mk/neevest-povik-za-uchestvo-narabotilnici-za-mediumska-pismenost/.

Во соработка со Стрип центар на Македонија

Конкурс за есеј RewaredEssays.com ги повикува сите заинтересирани средношколци да учествуваат со свој есеј на една од следните теми: „Кои животни вештини може да ги совладаат учениците на колеџ? Кои три се најважни и зошто?“, „Кое општествено прашање со кое се соочуваме сметате дека е најважно? Зошто е најважно?“, „Кој те инспирира? Зошто?“ и „Три животни цели кои верувате дека можете да ги постигнете со добивање универзитетска диплома“. Есеите мора да бидат напишани на англиски јазик и не треба да надминуваат 900 збора. Првопласираниот ќе добие парична награда во износ од 500 долари, второпласираниот - 350, а третопласираниот 150 долари. Пријавувањето трае до 20 октомври. Повеќе информации на http://www.mladiinfo.eu/2017/06/23/rewarded-essay-writingcontest-2017/.

Конкурс за фотографија

www.comicscenter.mk

Автор: Евгенија Трајковска, втора година во гимназија „Георги Димитров“ - Скопје

„Sony World Photography Awards 2018“ ги повикува сите млади фотографи на возраст од 12 до 19 години да учествуваат со своја фотографија на тема „Твоето опкружување на светскиот натпревар за фотографија“. Победничката фотографија и десетте фотографии што ќе се најдат на скратениот список ќе бидат дел од кампањата за онлајн-гласање и на изложбата во Лондон. Победникот ќе добие фотографска опрема, како и платен престој во Лондон за присуство на изложбата. Пријавувањето трае до 4 јануари. Повеќе информации на: https://www.worldphoto.org/sonyworld-photography-awards/2018/youth.

Медиум - 28 септември 2017  
Медиум - 28 септември 2017  
Advertisement