vesnik za site sredno{kolci
A M E L I D A EMA Z
Четвrtok, 30.10.2014; godina III; br. 15 www.medium.edu.mk ПОГЛЕД ОДБЛИСКУ ВО РАБОТАТА НА СРЕДНОШКОЛСКИТЕ КАРИЕРНИ ЦЕНТРИ
Половина училишта немаат центри за кариерен развој на средношколците Центрите за кариера треба да им помогнат на учениците професионално да се определат според своите интереси и вештини и да им овозможат полесен пристап до пазарот на трудот преку контакти со работодавци и компании. Министерството за образование и наука преку донација од УСАИД досега успеа да отвори 47 центри за професионален развој на средношколската популација. Најавено е отворање на уште десет, со што бројот на училишта што ќе имаат можност да формираат кариерен центар и оние што сѐ уште немаат се изедначува str. 5
ФАЦА НА МЕСЕЦОТ - ИНТЕРВЈУ СО БЕНИ ШАЌИРИ, ПЕЈАЧ
Рокер наместо професор по географија str. 3
ИНТЕРВЈУ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ ДЕН ЗА НОВИНСКА ПИСМЕНОСТ
Пола Поиндекстер: Медиумите ги игнорираат младите при информирањето str. 5
ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА ДЕJАНА ПОПОСКА, МАТУРАНТКА ВО СКОПСКАТА ГИМНАЗИЈА „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ-КОРЧАГИН“
Запис од пејзажот на една актерска душа str. 6
ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ НА ВИСОКАТА ШКОЛА ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА И НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ПОДДРЖАН ОД АМБАСАДАТА НА САД ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
2
ЧЕТВРТОК 30.10.2014
УВОДНИК Наташа Ацевска, професорка во СУГС гимназија „Георги Димитров“
Да ја сочуваме сајбер-културата
Н
иедна информација објавена онлајн не останува приватна. Затоа е важно да знаеме што треба, а што не да споделуваме со другите. Најчестата и најраспространета злоупотреба на Интернетот е вербалното и емоционалното малтретирање. Луѓето, криејќи се зад маската на анонимност, си земаат за право да објават каква било информација, текстови со навредливи и вознемирувачки содржини, како и фотографии со кои може да се наруши приватноста. Јавното мислење против другите луѓе се искажува без размислување. Криејќи се зад лажно име, лажен профил, говорот на омраза е сѐ позастапен на социјалните мрежи, без да се размисли дека со него се повредува, омаловажува, понижува, деградира и поттикнува брутално однесување. Желбата за доминација и репутација кај младите отвора простор да се искористи Интернетот за социјалното малтретирање, кое најчесто е застапено кај девојчињата. Тоа подразбира ширење озборувања и шпекулации, сѐ со цел социјална исклученост на единката. Пласирајќи лажни информации, ја отфрлаат „соперничката“, не се чувствуваат загрозено и доминираат во средината. Ваквите проблеми уште повеќе се зголемуваат со напредокот на технологијата. Вградените камери во мобилните телефони овозможуваат направената фотографија да биде распространета на сите во рок од 2 до 3 минути. Па, така фотографијата за која можеби и не знаеш дека постои, ќе се најде пред сите. Користењето на технологијата за заплашување и малтретирање на другите е нов феномен во сајберсветот, кој е наречен сајбер-булинг. Од направените анкети една четвртина од младите пријавиле дека биле дел од сајбер-булингот, а половина од испитаниците признале дека вршеле сајбер-насилство, но откако тие биле малтретирани во сајбер-просторот. Преку нет-просторот постојат уште многу начини да ни се нарушат приватноста и сигурноста, да бидеме измамени од интернет-предатори, интернеткоцкање, рекламирање... Она што треба да го знаеме е дека „Интернетот не заборава“ и дека сите активности можат да се следат. Сепак, најдобро би било да ја сочуваме сајбер-културата и да знаеме што треба да „ставиме“ на Интернет.
ИТЕ Ц И Н Д О Х З И Н
Театарска претстава на корчагинци и на средношколци од Тунис Театарската претстава „Срце кое бие“ е заеднички проект на учениците од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ и средношколци од градот Сфакс, Тунис. Претставата е колаж од неколку сцени, кои биле инспирирани од Универзалната декларација за човекови права и Повелбата за правата на Земјата. Нивната порака е дека заедно или „рака за рака“ можеме да создадеме подобра иднина, да вложиме напори и да се бориме за зачувување на нашата планета. Корчагинци од билингвистичкиот клас во трета година со туниските врсници претставата ја подготвуваа четири дена, а ја изведоа на сцената кај црквата „Света Софија“ во Охрид, под отворено небо над кањонот Матка и во училишната сала. Седумдневниот престој на средношколците од Тунис беше во рамките на театарскиот фестивал ФИЛАС и претставувањето на туниската култура во Македонија. Тунижаните имаа можност да ги посетат Матка, Водно, Старата скопска чаршија, музеите, МОБ,
Андреа Матевска и Уна Николоска,средношколки во СУГС гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“
Сребрен медал за средношколката Тијана Јанковска на Олимпијада по германски јазик Со второ место и сребрен медал се закити средношколката Тијана Јанковска од скопската гимназија „Георги Димитров“ на годинешната Олимпијада по германски јазик, која летово се одржа во Франкфурт, Германија. Овој меѓународен натпревар, кој го организираше германскиот институт „Гете“, се одржа од 2 до 16 август годинава, а во трката за медал учес-
твуваа речиси сто ученици од 48 земји. - На меѓународната Олимпијада, освен поголемо знаење, имав можност и за многу дружења со преостанатите учесници, како и претставување на сопствената држава - вели Јанковска. Средношколците на Олимпијадата знаењето и вештините ги истакнале преку подготовка на ѕиден весник, мини-
претстава и краток квиз. Јанковска додава дека креативноста, точната употреба и богатиот речник од германски зборови биле пресудни за комисијата да одлучи токму таа од Олимпијадата да понесе сребрен медал во Македонија.
Тијана Јанковска, СУГС гимназија „Георги Димитров“
Од локална промена до решение на глобални проблеми
Дали треба да бидеме отворени кон оние што се поразлични од нас? Како да изградиме свет без стереотипи и предрасуди? Како да се справиме со глобалните трендови и предизвици? Ова се дел од темите на кои шест средношколци од Македонија заедно до ученици од Шпанија, Италија, Германија, Русија, Тунис и од Латвија дебатираа на младинската размена, која се одржа летово во Санкт Петербург, Русија. Покрај можност за дебата со луѓе на иста возраст од повеќе делови на светот, учесниците направија и обиколка на градот и посетија голем број знаменитости. Шесте средношколци од Македонија, сите ученици во скопското училиште „Браќа Миладиновци“, велат дека ваквата размена е одличен тренинг за менување на перспективите. Дискусиите им помогнале да станат поотворени кон оние што се
поразлични од нив. - Не може да се каже дека нам не ни влијаат финансиските, економските и политичките кризи, кои се дел од светот. Ток-
Куманово и Санкт Петербург ги збратимија гимназиите Учење на рускиот јазик преку незаборавни дружби. Вака петте ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово ја опишуваат својата авантура во рускиот град Санкт Петербург. Средношколците, заедно со шест нивни професори и градоначалникот на општината Куманово, ја посетија гимназијата во Санкт Петербург. Покрај договорот за соработка, професорите црпеа идеи за работа од своите руски колеги, додека кумановските ученици - сместени во семејства кај своите врсници - имаат можност да се запознаат со културата и обичаите на рускиот народ. - Покрај овие богати школски активности, нашата група ученици имаа време и за разгледување на прекрасниот стар и раскошен град и запознавање со неговата историја, музеи, споменици. Уживаа во релаксираните прошетки надвор од градот и во друш-
Францускиот институт, како и древниот Охрид. Во предвечерието на нивното заминување туниските средношколци автентично ја претставија својата земја преку нивните традиционални костими, танци и храна низ ходниците на „Корчагин“, кој живееше во ритамот на ориентот.
твото на драгите пријатели од оваа наша збратимена гимназија - велат професорите. Проектот продолжува и во иднина. Сега кумановци ги очекуваат учениците од гимназијата во Санкт Петербург да ја посетат Македонија.
Ива Томовска 4-11, СОУ гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
Уредник на „Медиум“: Дејан Андонов, Славица Филиповска, 02/30 90 004 Дизајн и техничко уредување: Теодора Николов Веб: Александар Делчевски Лектори: Сузана Митревска и Кристина Jовановска Маркетинг: тел: (02) 5511727 Дистрибуција: тел: (02) 5511734 www.medium.edu.mk; е-адреса: medium@medium.edu.mk
му затоа младите луѓе треба активно да учествуваат во глобалниот свет, да ги искористат понудените шанси, да ги решат дилемите и проблемите, да воспостават комуникација со различни луѓе, да ги прифатат и почитуваат. Тие треба да знаат кои се и да бидат свесни за талентот и за способностите што ги поседуваат - вели средношколката Христина Најдовска. Искуството од размената во Русија средношколците го пренесоа и во своето училиште. Темите за самодоверба, толеранција и солидарност станаа редовна практика во работилниците на училиштето „Браќа Миладиновци“, со што овие млади покажуваат дека се подготвени за живот во модерно и мултикултурно општество.
Христина Најдовска IV1, СУГС„Браќа Миладиновци“
Хористите од „Мирче Ацев“ на Интернационален театарски фестивал
Хористите на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ беа дел од актерската екипа на театарот „Војдан Чернодрински“, кој го освои третото место на Интернационалниот фестивал на театарска уметност „Екс понто“. Фестивалот, кој се одржа во Љубљана, Словенија, од 14 до 21 септември, е препознатлив по учеството на врвни претстави со социјални и политички теми. Прилепскиот театар го отвори фестивалот со претставата „Швејк во Втората светска војна“ од Бертолт Брехт, во режија на Мартин Кочовски. Успешната изведба предизвика многубројни аплаузи и овации кај словенечката публика, а актерската екипа беше пет пати враќана на бис во еден од најпрестижните европски театри „СНГ драма“. Тридневниот престој во Љубљана прилепските средношколци го искористија и за прошетки и дружби со актери од различни земји.
Марко Цветаноски, III година, ОСУ „Мирче Ацев“ - Прилеп
Почувствувај ја моќта на радиото преку курс за радиоводителство Магијата на радиото е во моќта на имагинацијата, која преку етерот треба да создаде реални слики, приказни, муабети… Треба да му се доближи на слушателот, да го привлече и задржи неговото внимание. Особено е важен пристапот на водителот кон слушателот, кој во него треба да го препознае својот близок, кој ќе посака да го слушне или да поразговара со него. На радиостаниците пред микрофонот седнуваат и средношколци, кои прават емисии за теми што ги засегаат тинејџерите. За да научиш како се создава радиска
програма, пријави се на курсот за радиоводителство што го организира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Од познати радиоводители ќе стекнеш вештини како да наоѓаш инспирација и да ги пакуваш содржините - од каде да почнеш, како, со кого и зошто. Преку часови во радио ќе учиш да продуцираш програма, да водиш емисија во живо, да правиш интервјуа со познати личности и да ја анимираш публиката. Пријави се на курсот за радиоводителство на www.vs.edu.mk/kursevi или на 02 30 90 004.
ФАЦА НА МЕСЕЦОТ ИНТЕРВЈУ СО БЕНИ ШАЌИРИ, ПЕЈАЧ
РО КЕР наместо
Еден од најпопуларните рок-пејачи на македонската естрада бил средношколец со сите петки. Бени Шеќири од „Нонстоп“ во интервју за „Медиум“ зборува за идолите на неговата генерација, се сеќава на почетоците од својата кариера и најавува интересни проекти во блиска иднина. Нѐ покани на свирка со неговиот бенд во еден од скопските клубови и воопшто не му пречеше тоа што додека копаше низ сеќавањата, неколкупати го прекинуваа гостите, кои срдечно ги отпоздравуваше
професор по географија
3
ЧЕТВРТОК 30.10.2014
2
ДВА НА КВАДРАТ
БОЈАН ВЕЛЕВСКИ, СТЕНДАП-КОМИЧАР
Во Македонија нема инфраструктура за стендап
Медиум: Има ли македонската публика култура за стендап-комедија? Бојан: Не сакам да делам на региони, но моментално Скопје како најголем град во државава има некое мало јадро што знае како да се од не су ва на стендап. Пред сѐ, пора ди тоа што ту ка и бројот на публиката е поголем, а наедно и поради тоа што тука има по ве ќе стен дап-слу чу ва ња, за раз ли ка од другите градови, каде што тоа не е толку честа појава. Сепак стендап-комедијата кај нас е во подем, така што и самата култура ќе си дојде со тоа. Медиум: Дали средношколците се дел од редовната публика на твоите настапи? Бојан: Кај мене на настап секогаш ги има. Но да истакнам дека генерално зборуваме за средношколци што се четврта година. Впрочем, мојата публика се движи од 17 до 30 години. Тоа ми е особено драго, бидејќи доживуваме слични секојдневни ситуации. Самото тоа мене, како изведувач, ми ја олеснува работата во осмислувањето и интерпретирањето на ситуациите.
Елена Андоновска, студентка на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста СОФИЈА ТЕОДОР, РЕЖИСЕРКА
По пластичните операции, одам во Америка Медиум: Со новата песна „Си беше еднаш“, во соработка со Златко Ориѓански и со Дарко Лешоски, публиката имаше можност да го види Бени во едно сосема поинакво светло. Од каде беше идејата да соработувате во проект различен од рокенролот? Бени: Идејата беше на Митко Димовски. Тој ми се јави и ми предложи да ја реализирам оваа песна. Ми напомена дека не е рок, но не ми пречеше. Влеговме во студио, снимивме и видовме дека излезе многу добро. Кога се работи со луѓе со компатибилни карактери, тогаш се шири позитивна енергија и успешно се работи. Ме радува што гледам дека песната е добро прифатена од публиката. Медиум: Како Бени, рокерот во душа, успеа да се пронајде во овој тип музика? Бени: Мене ми беше супер. Тоа е исто како Мајкл Џордан кога се откажа од кошарка и отиде да игра бејзбол. Иако во тоа е најлош, нему му е супер. И мене ми е така. Без разлика што не е рокенрол, тоа е музика. Глупаво е да се ограничуваш себеси како музичар и да си ставаш некакви стеги. Мене, главно, присрце ми е рокенролот. Јас сум рокер во душа, ама сите излети паралелно со тоа се добредојдени. Планирам да снимам уште четири нови композиции. Една песна со Златко Ориѓански, една балада на српски јазик и две балади на македонски јазик. Медиум: Редовно настапуваш на живи свирки. Дали се сеќаваш на твојот прв настап пред публика и каква музика слушаше тогаш твојата генерација? Бени: Точно се сеќавам дека првпат настапив пред публика во 1982 година, во одморалиштето „25 Ноември“ во Струга. Растевме во време на експанзија на дискомузиката, во втората половина на 1970-тите години, кога цел свет беше луд по панкот и дискомузиката. Од една страна беа „Секс пистолс“, „Рамоунс“ и други, а од дискомузиката беа „Темптејшн“ и Дона Самер. Jaс се најдов на средината и слушав хард-рок. Ги сакав „Бед компани“‘ и „Гранд фанк реилроуд“. „Вајт снејк“ ми беа најголеми идоли. Стиви Вондер многу го сакав, иако припаѓаше на некаков неконвенционален тогашен дискоритам.
Го сакав поради гласот и мислам дека е најдобриот роден пејач на планетава. Медиум: Што мислиш за вкусот за музика на младите денес? Постои ли жар за рокенролот во младата генерација како во минатите години? Бени: Би звучел банално кога би ги генерализирал работите и би ги ставил сите во ист кош, ама генерално мислам дека е катастрофа. Може да се забележи дека добра песна по 1990-тите години е многу тешко да се сретне. Ако имаш добра музика по 1990-тите години, тоа е во суштина повторање на тоа што претходно се правело. Зборувам за оригиналноста и за верноста на нешто што е првпат слушнато во тој обем, во таа форма. Зборувам за рокенролот. Ние ќе направиме една песна во две-три години, ама генерално свириме обработки на стари евергрини. Медиум: Каков беше Бени како средношколец? Бени: Бев одличен ученик со просек 5,00 во текот на четирите години. Покрај тоа, бев претседател на младински актив во училиштето и најголем бегач од часови. Исто така, многу го сакав спортот. Играв кошарка и бев многу близок со професорите по физичко. Ниту другите професори не ми замеруваа многу за редовноста на часовите, затоа што знаеја дека во секое време бев подготвен да одговарам. Јас малку учев дома. Сѐ што учев беше на часовите. Можеби така купував зна-
Медиум: Покрај свирките по клубови и кафулиња, Бени и „Нонстоп“ се многу барани да свират на различни настани. Бени: Досега имаме свирено на над педесет матури во рокенролстил. Наскоро имаме и три свадби на кои ќе свириме рокенрол. Најчудна понуда добив пред некое време, кога ме замолија на погреб да ја свириме “Knocking on heaven‘s dor”, но мислев дека е апсурд и одбив.
ење. Никогаш не бев од оние типови што се задеваат, фрлаат со креди или ливчиња, затоа што кога веќе си на час подобро слушај отколку да го губиш времето залудно. Медиум: Кога ќе се свртиш назад, во твоите денови како средношколец, што ти останало најмногу во сеќавање? Бени: Паметам дека мојот класен професор не ме оставаше да пуштам коса. Никогаш нема да заборавам дека на трети јуни ме испрати на стрижење. Се истражив како зелка. Медиум: Кога би можел да се вратиш во средношколските денови, постои ли нешто што би го направил поинаку? Бени: Не би променил ништо, затоа што во тоа време во образованието беше поинаку и немаше простор за избор. Тоа беше систем што функционираше и мораше да се учи. Не беше како денес, да се добиваат оценки со помош на родители и со ургенции. Немаше ученик што добил петка без да ја заслужува. Кога професорот ме испрати на стрижење го молев татко ми да оди и да го замоли да ме остави. Но тој ми рече дека ако така кажал професорот, тогаш ќе одам да се стрижам. Денеска во образованието е поинаку. Медиум: Што би бил Бени ако не беше пејач? Бени:Не сум размислувал, затоа што уживам во мојата професија. Кога завршив факултет требаше да бидам професор по географија. На првото интервју за работа влегов во канцеларијата на директорот со долга коса и со обетки, а тој се чудеше на мојот изглед. Тоа беше првпат во животот да ми се нуди работа, а да се молам да не ја добијам. Медиум: Што би им препорачал на младите генерации? Бени: Да не се дрогираат. Дрогата е глупост и самоуништувачка. Сметам дека тоа го имаат измислено за да се заведуваат лабилни личности. Никогаш во животот не сум пробал иако сум во рокенролот, а ние важиме за носители на таа наркоманска линија. Јас сум спортист и трчам на кеј, се качувам на Водно и возам велосипед.
репортери: Тања Кангалова и Ирена Каревска, студентки на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста
Медиум: Кои се твоите замисли за во иднина? Софија: Веќе направив пет сценарија за филм што се издадени на англиски и се веќе во Америка. Откако ќе завршам со пластичните операции, кои ги почнав во Македонија, планирам следната година да заминам таму. Имам продуценти во Лос Анџелес со кои постојано сум во контакт. Тие се многу блиски со таа филмска сцена и имаат допирни точки со луѓе што мене ме инспирираат и ме фрапираат. Јас би сакала овој филм што го работиме, ова прво сценарио, да биде спој на Шерон Стоун и Џоди Фостер. Нив морам да ги седнам на маса на прес-конференција и да излезе филм во кој тие ќе глумат заедно. Првичната желба ми е таа и ќе ја остварам еден ден. Јас никогаш не се откажувам од тоа што го сакам. Медиум: Кога би можела да се навратиш во средношколските денови, што би променила? Софија: Ништо не би променила! Јас имав прекрасни средношколски денови во економско-правното училиште „Васил АнтевскиДрен“, каде што учев на правната насока. Имав суперпрофесори, од кои многу научив. Имам прекрасни сеќавања со моите училишни другари, меѓу кои се министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Конески. Поминувавме многу убави денови, многу се дружевме, а дружбата продолжува и ден-денес. Но во тоа време сите многу се дружевме. Немаше ниту телефони ниту социјални мрежи, немаше „ај ќе се видиме“, па „ај ќе си пишеме“ и да не се видиме два месеца. Ние бевме една генерација што мислам дека ќе биде иднината на оваа земја.
Љубица Николовска, студентка на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста
4
ЧЕТВРТОК 30.10.2014
БЛИЦ-ВЕСТИ Кјото е избран за град на годината
КАДЕ БЕВМЕ?
Od proektna aktivnost, klubot „joska“ prerasnuva vo mladinsko kat^e
Спој на традиционалната култура со современата архитектура, проследено со црешови и бамбусови дрвја - ништо чудно што еден од најголемите јапонски градови е прогласен за најдобар град на 2014 година. Тој победи на анкетата спроведена на веб-страницата www.travelandleisure.com, а веднаш зад него, најдобри градови за оваа година се Чарлстон, Фиренца, Сием Реап и Рим. На истата анкета минатата година Кјото го освои петтото место, додека овој пат се најде на првото, рангиран со 90 од 100 исполнети критериуми. Оваа анкета е деветнаесетта по ред спроведена на www.travelandleisure.com, а освен градови на годината, се избираат и хотели и аеродроми. Љ.Н.
Кафето е добро за здравјето
Освен дневната доза енергија што ја дава кафето, тоа има и други позитивни страни. Едно истражување за предностите на кафето, кое траело 22 години и вклучувало 125 илјади луѓе, покажало дека луѓето што пиеле барем една шолја кафе на ден имале 20 проценти помалку шанси да заболат од цироза. Истражувањето, пак, поддржано од Медицинската школа на Харвард, кое вклучувало 112.897 луѓе, покажало дека жените што дневно пијат најмалку три шолји кафе имаат помали шанси да добијат рак на кожата. Освен предностите во поглед на болестите, овие истражувања покажуваат дека овој пијалак може да помогне во подобрување на расположението и во намалување на стресот. Љ.Н.
„Хобит“ и милионите потрошени за трилогијата Финансискиот извештај за трилогијата „Хобит“ покажува дека досега режисерот Питер Џексон потрошил 561 милион долари за производство. Оваа сума е речиси двојно поголема од парите што Џексон ги потрошил за производство на претходната трилогија „Господарот на прстените“, која се базира на делата на Толкин. Причината поради која овој режисер плаќа толку скапо за своите филмови е всушност неговата одлука да снима во 3Д и во 48 рамки во секунда за да постигне дополнителен квалитет на сликата. Последниот дел од трилогијата „Хобит: борбата на петте армии“ ќе биде достапен во киносалите кон крајот на оваа година. Љ.Н.
К
лубот „Јоска“, при средното училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, опстојува веќе четврта година едноподруго како проектна активност од областа на литературните клубови и драмските секции. Овој клуб брзо преминува во младински клуб во кој членуваат ученици што ги сакаат убавиот пишан збор, новинарството и работата во електронските медиуми. Денес „Јоска“ има повеќе од 70 ученици, а со него раководи професорот Тони Аврамов. Отворањето на интернет-страницата www.klubjoska.com е последниот подвиг на младите членови, чија цел е не само да ги промовираат сопствените ангажма-
ни туку и да ја направат достапна до јав но ста се ко ја ин фор ма ција што доаѓа од СОУ „Јосиф Јосифовски“. Членовите во клубот работат во повеќе секции, главно поврзани со пишувањето (литературни творби, есеи, новинарски статии) и изработката на видео и аудиоматеријали. - Функционираме како тим, а секој индивидуално ја искажува својата креативност. Задолжен сум за мултимедијалноста на сајтот и се надевам дека и понатаму успешно ќе работиме - вели Дарио Куциров, член на клубот. Тие досега учествувале на повеќе натпревари, освојувајќи завидни резултати. Филмот „Рукије“, (пр-
вопласиран на конкурсот „Изрази се преку медиумите“, 2012 г.) и филмот „Раце“ (второпласиран исто така на конкурсот „Изрази се преку медиумите“, 2013 г.) беа креација на членовите од клубот „Јоска“. Во 2014 година блогот на клубот влезе во десетте најдобри на натпреварот „Кажи нешто“, а на „Образовното рандеву 2014“ во Крушево документарниот филм „Денот кога го запознав човекот“ и еколошката реклама „За љубов на градот“ ги освоија високите петти места. - Целта на клубот е да ги промовира идеите на младите луѓе, а со тоа и да се докажува во општественото живеење. Клубот е место за доградување на нашите вредности и
отворање нови погледи - изјави Ангела Арнаудова, членка на клубот. Во заедничка соработка со драмската група „Дон Кихот“, клубот реализира промоција на романот „Тринаесеттиот месец“ од Александар Русјаков. За потребите на екопроектот снимија повеќе рекламни видеоспотови, а во чест на општинскиот празник секоја година ја организираат поетско-музичка вечер „Пееме за Гевгелија“. Клубот ги почна активностите за оваа учебна година, затоа што членовите добро знаат дека иднината треба да се придобие, а младиот човек треба да ѝ се наметне со својата инвентивност и креативност.
Skopskoto u^ili[te „josip broz-tito“ e mal svet za sredno[kolcite С
редно училиште. Првата голема одлука во животот на секој млад човек. Каде да се поминат годините што се незаборавен спомен од младоста, годините кога учиме од сѐ по нешто, но најмногу за животот?! Предизвик - каде, зошто и што потоа? Учам во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ и како вчера да беше кога првпат влегов во училиштето. Денес сум четврта година. Веќе имам поинакви погледи и разбирања отколку пред четири години, но едно знам исто како тогаш, дека не погрешив. Во нашето училиште функционира билингвалната германска паралелка, за која од година на година интересот станува сè поголем. Нашите матуранти имаат и несекојдневна можност за добивање диплома за меѓународна матура преку ИБ-програмата. Во класовите има Македонци, Срби, Босанци, Роми, Словенци и заедно со двете турски паралелки сме пример за меѓуетничко разбирање и вклопување во околината како едно. Екскурзиите организирани од нашата гимназија секогаш биле вредни приказни што се раскажувале надолго и нашироко. Нашето училиште нуди многу. Но „Јосип Броз-Тито“ е училиште и кое многу бара. Тука учењето е уметност, која со многу труд и малку внимание ќе стане вистинска забава. Математичари, хемичари, јазичари - за учениците од „Јосип Броз“ се слуша и подалеку од Скопје, бидејќи и натпреварите им се силна страна. Во нашиот круг се и нашите професори, кои нѐ учат за највисоките морални вредности и ни помагаат при секоја пречка што ќе ни застане на патот. „Јосип Броз-Тито“ е моето, нашето училиште. Нашиот мал свет. „Јосип Броз“ не е само институција тоа е искуство за целиот живот. Добредојдени се сите! Верувајте, еднаш штом ќе го искусите нашиот пат, ќе сакате повторно да се случи тоа.
Автори: Миа Георгиевски 4-10 и Тијана Милиќ 3-7
5
ЧЕТВРТОК 30.10.2014
A M E L I D A Z EMA
ПОГЛЕД ОДБЛИСКУ ВО РАБОТАТА НА СРЕДНОШКОЛСКИТЕ КАРИЕРНИ ЦЕНТРИ
Половина училишта немаат центри за кариерен развој на средношколците „П
арите што ги собираме од продажбата на средношколскиот весник ’Визија’, кој е проект на нашиот кариерен центар, им ги доделуваме на учениците што немаат доволно пари за големата матурска екскурзија што се одржува во трета година. Минатата година, освен што списанието го продававме во училишниот делокруг, со неколку соученици се организиравме и појдовме на плоштад за да им продадеме некој број на случајните минувачи и да собереме повеќе пари“. Вака средношколката Тамара Симјаноска ги опишува активностите на кариерниот центар во гимназијата каде што учи - „Раде ЈовчевскиКорчагин“ од Скопје. Центрите за кариера што пред четири години се отворени во дел од средните училишта низ Македонија треба да им помогнат на учениците професионално да се определат според своите интереси и вештини и да им овозможат полесен пристап до пазарот на трудот преку контакти со работодавци и со компании. Овие центри се составен дел од проектот „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување - YES-мрежа“, кој го спроведуваат американската владина организација УСАИД и Министерството за образование и наука на Република Македонија (МОН). „Медиум“ истражуваше како навистина функционираат овие кариерни центри во практика и зошто сите училишта ја немаат шансата да добијат сопствен кариерен центар. Со кариерниот центар во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ раководи професорот по бизнис и претприемаштво Ацо Спасевски. Тој вели дека опремата во центарот е донација од УСАИД, а неговото постоење е на волонтерска база и зависи исклучиво од добрата волја на учениците. - Заедно со учениците, во рамките на кариерниот центар го подготвуваме средношколското списание „Визија“. Списанието излегува еднаш
кој средношколец постар од 16 години ќе има можност преку онлајн-апликација да направи кариерен тест. Врз база на резултатите од овие тестови, УСАИД смета дека средношколците дополнително ќе можат да утврдат во која област ќе се развива нивната кариера. ОД МОН НЕМА НАЈАВА ЗА НОВИ КАРИЕРНИ ЦЕНТРИ
годишно, а тоа се должи најмногу на финансиите и на бројот на учениците што се вклучуваат за да пишуваат. Некогаш кога наоѓаме дополнителни средства нормално е дека имаме и повеќе броеви годишно. Тиражот изнесува околу 250 испечатени списанија и се продава по цена од 30 денари - вели Спасевски. Тој објасни дека кариерниот центар функционира без некаква парична помош, односно просторијата каде што функционираат им ја опремиле од УСАИД, а сега сите проекти што ги спроведуваат се на волонтерска база. Единствено за средношколскиот весник им се потребни пари за печатење, но и тие ги обезбедуваат од спонзори. Ова училиште е едно од 47-те низ земјава што ја имаат шансата за отворање на кариерен центар. За разлика од нив, 54 средни училишта во Македонија не можат да им ги понудат овие услови за професионален развој и на своите ученици. Теодора Ристова, матурантка во
гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид, вели дека ѝ пречи што нејзиното училиште нема кариерен центар. Таа смета дека ваквите центри би требало да ги има во сите училишта затоа што се од голема помош. - Постоењето на кариерен центар во моето училиште би ми помогнало многу за да направам вистински избор на професија. Иако немаме кариерен центар, повеќето од професорите ни стојат на располагање и ни пренесуваат искуства од факултетите што тие ги студирале - вели Ристова. Слична е состојбата и во СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани. Училиштето нема кариерен центар, но веќе аплицирало до УСАИД за средства за отворање. Училиштето има обезбедено и простор во кој би функционирале. Помошник-директорот во ова училиште Тоше Филипов смета дека учениците ќе имаат придобивки од ваквиот центар и полесно ќе ја изберат вистинската професија. Конкурсот за нови кариерни центри е веќе завршен и во наредниот период
училиштето треба да добие одговор. УСАИД НАЈАВУВА И ТЕСТОВИ ЗА КАРИЕРНО СООЧУВАЊЕ Покрај 47-те кариерни центри во земјата, донаторите на проектот на УСАИД најавуваат отворање на уште десет вакви центри во училиштата низ земјава. Директорот на проектот Ѓорѓи Кушевски за „Медиум“ вели дека би сакал секое училиште во Македонија да добие свој центар. - Проектот располага со сума од 240 илјади долари. Тоа значи дека секое училиште добива по пет илјади долари за кариерните центри, кои се комплетно опремени со материјали, но и со кариерни советници, професори и педагошка и психолошка служба. Планирамеовојпроектдасеспроведеуште во 10 училишта. Засега тоа е она што ние како донација можеме да го понудиме“, изјави Кушевски. Тој нагласи дека во тек е финализирање и на тестовите што се подготвуваат за кариерно соочување на средношколците. Тоа значи дека се-
Тоа што УСАИД го генерира како идеја Министерството за образование само го поддржува. Од секторот за односи со јавноста на МОН добивме потврда дека Министерството е долгогодишен партнер на овој реформски процес. - Интересот од страна на учениците е навистина голем, затоа што добиваат голема поддршка од наставниците и од претставниците на педагошко-психолошката служба, кои се обучуваат и сертифицираат од страна на Министерството и УСАИД како кариерни советници што им помагаат на учениците да одлучат на кој факултет да се запишат и која насока да ја одберат. Тоа се стручни лица што умеат да ги препознаат афинитетите на секој ученик, да го креираат неговиот профил и преку советување да му помогнат во професионалната ориентација, во која предност треба да имаат неговата желба, интерес и способности за одредена работа - стои во дописот на МОН до „Медиум“. Од Министерството за образование засега нема најава дали во блиска иднина ќе се обезбедат услови за секое училиште да добие свој кариерен центар. Во Македонија има 101 средно училиште, а половината од нив сѐ уште немаат центри за кариерен развој на средношколците.
репортери: Катерина Смилева и Мартин Манасков, студенти на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста
ИНТЕРВЈУ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ ДЕН ЗА НОВИНСКА ПИСМЕНОСТ
Пола Поиндекстер: Медиумите ги игнорираат младите при информирањето На 7 октомври САД првпат го прославија Националниот ден за новинска ангажираност. Целта беше да се побуди изгубениот интерес на јавноста за вести, особено кај младите, кои, според многубројните истражувања, сѐ помалку читаат и се информираат за случувањата околу нив
П
ола Поиндекстер, претседателката на Асоцијацијата за новинарско образование и масовни комуникации во САД ја иницираше оваа идеја, која имаше огромен
одѕив и поддршка од медиумите и од образовните институции низ земјата. Како произлезе идејата за Национален ден за новинска ангажираност? - Дојдов до идејата додека ја пишував книгата „Милениумци, вести и социјални медиуми: дали новинската ангажираност е мината работа?“ За целите на книгата направив национално истражување и заклучокот беше дека вестите не се приоритет за младите родени во 1980-тите и 1990тите. Дел од причините зошто овие генерации не се интересираат за вести е поради поголемиот интерес за социјалните медиуми. Но дел од проблемот е и тоа што медиумите ги игнорираат младите при информирањето и не се обидуваат да ги ангажираат. Па, дури и кога информирале за нив, тогаш тоа најчесто било во негативен контекст или, пак, ги стереотипизирале. Дополнително, дојдов до истражувања, според кои, речиси една третина од тинејџерите воопшто
не добиваат вести и дека би сакале да бидат информирани, но не сакаат да трошат многу време за тоа. Тргнувајќи од важноста да се биде информиран, почувствував силна потреба дека нешто треба да сториме, со што кај нацијата ќе се истакне улогата на вестите и важноста да се биде информиран. Попрецизно, како што велам и во книгата, треба во текот на годината да определиме еден ден во кој ќе го „вратиме активниот интерес на јавноста за вестите, без разлика на генерациите“. Дали американските медиуми ја поддржаа идејата? - Националниот ден за новинска ангажираност доживеа огромен успех. Се организираа активности во 44 држави, во округот Колумбија и седум други држави: Австрија, Канада, Египет, Франција, Холандија, Казахстан и Шпанија. Брајан Вилијамс, најпознатиот ТВводител на мрежата на Ен-би-си, во видеопорака изјави дека целта на На-
ционалниот ден е „од витално значење“ и „основа за здрава демократија“. Во чест на Националниот ден за новинска ангажираност, весникот „Њујорк тајмс“ направи апликација за мобилен телефон „NYT Now“, која беше бесплатна секому за една недела. Двајца гувернери и еден градоначалник го прогласија 7 октомври како Национален ден за новинска ангажираност. Пет национални организации за новинарство го прифатија Националниот ден за новинска ангажираност. Новинарите од 48 ТВ-станици со овој ден ја почнаа едномесечната иницијатива за ангажирање на публиката преку социјалните медиуми и правејќи ги вестите „вистинска конверзација“. Беа објавени над дваесетина статии и интервјуа за Националниот ден на новинската ангажираност. Активностите се споделуваа преку Твитер, Пинтерест, Јутјуб и Фејсбук. И, можеби, како никогаш досега во историјата, се читаше и зборуваше за
вести, се твитаа. Денот се славеше на факултетските кампуси, во училниците, пред аудиториуми, низ ходници, лифтови, кафулиња и редакции. Со една реченица, што би ги советувале средношколците во врска со употребата на социјалните медиуми и новинската писменост? - Умно користете го времето што го поминувате на социјалните медиуми и вклучете се во вестите информирајќи се за светот во кој живеете.
Целосното интервју прочитајте го на www.medium.edu.mk
6 ХЕРОЈОТ ОД МОЈАТА УЛИЦА
ЧЕТВРТОК 30.10.2014
a n t o ` a z j e p Zapis od a [ u d a k s r edna akte
ДЕJАНА ПОПОСКА, МАТУРАНТКА ВО СКОПСКАТА ГИМНАЗИЈА „РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ-КОРЧАГИН“
Е
дноставна и скромна девојка, но тоа што таа го има во себе е еднакво на големо уметничко дело од кое сигурно ќе се воодушевите. Скопјанката Дејана Попоска е ученичка во четврта година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“. Нејзината успешност се должи на умешноста и талентот за глума. - Моето прво искуство беше на часот по говорење и пишување. Познатиот монолог од „Хамлет“ беше мојот билет за влез во драмската секција. Кога веќе еднаш си одбран, навистина си. Искуството на штиците што живот значат е како ставање тетоважа - никој никогаш не останал на една - раскажува Дејана. Во нејзиното досегашно уметничко портфолио се вбројуваат неколкуте претстави на француски јазик и една на македонски. Пре-
НИЕ ИСПРАШУВАМЕ
ку ликовите на Мишел, Мари, Афродита, г-ѓа Потпетица, со секоја улога таа се искачува едно скалило погоре во областа на актерството. Учи како да ги надминува предрасудите за улогите и осознава дека нема лоша улога. - Театарските проби со сите свои тензии, маани и часови напорна работа имаат моќ на невидлив магнет да ги зближуваат членовите на една театарска трупа. Научив многу за меѓучовечките односи. Сите ние заедно научивме многу. Научивме кога некој е подобар од нас, како да слушнеме и разбереме совет и сите критики да ги прифатиме како позитивни. Според мене, токму театарот е
најголемото школо за животот. Нема нешто пореално и нешто со кое може повеќе да се избега од реалноста - вели матурантката. Во текот на своето школување во „Корчагин“, Дејана трипати ја посетила Франција. Француската билингвална паралелка ѝ отвора можности за студирање на државните факултети во Франција без приемен испит. Дејана се надева дека Драмскиот факултет, но тој во Париз, ќе ја има нејзината најголема животна улога.
Автори: Калина Петкова и Уна Николоска, средношколки во СУГС-гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“
БИЛЈАНА МУФИШОВСКА, ПРОФЕСОРКА ВО СКОПСКАТА ГИМНАЗИЈА „НИКОЛА КАРЕВ“
Кога „екохоби” ќе стане стил на живот
Билјана Муфишовска од скопската гимназија „Никола Карев“ на своето работно место е одлична професорка по англиски јазик. Но штом ѕвончето го означува крајот на последниот час од нејзиниот работен ден, Муфишовска станува и најголема екоактивистка. Таа слободното време го посветува на екоедукација на своите ученици, како и на сите што ја опкружуваат. - Не пречи никому. Напротив, откриваме многу нешта за сѐ околу нас и најмногу од сѐ откриваме за нас самите. Кога се занимаваме со екологија лесно може да покажеме дека е корисно да се биде одговорен, покажувајќи грижа не само кон сегашните туку и кон идните генерации. Уште ако тоа го правите на начин на кој и се забавувате, сметам дека секој би посакал да проба - вели професорката за мотивира-
носта и интересот за екологијата и заштитата на животната средина. Муфишовска не го занемарува и здравиот начин на функционирање, кој го смета за приоритет во животот на младите. Денес постојат
многу начини да се разбуди нивната еколошка свест, па така нејзиното хоби станува стил на живот и на нејзините ученици надвор од училишниот живот. - Таа постојано нѐ стимулира на
интересни работилници, како што се екокреативците и екодебатерите. Дури формиравме и екопатроли низ училиштето што се грижат за целокупната екослика - вели нејзин ученик од трета година. Муфишовска е една од иницијаторите за создавањето на сончевиот колектор во гимназијата, реткост со која може да се пофалат нејзините ученици-иноватори. Нејзината креативност во слободното време осмисли и уникатен екобенд, кој го носи симболичното име „Смет“. Со него учениците учествуваа на меѓународниот еколошки настан „Светскиот ден на акција“. Бендот предизвика големо внимание насекаде каде што учествуваше, бидејќи инструментите беа пластични шишиња и канти за отпад. Интересот на професорката Билјана Муфишовска деновиве е насочен кон
детскиот филмскиот фестивал „Џифони“, каде што учествува со своите ученици. Нејзиниот талент за организирање и за менаџирање настани надвор од наставата што сепак ги едуцираат децата е огромен. Особено се интересни нејзината посветеност и љубов, бидејќи сѐ е нејзина иницијатива и идеја. Таа е еден интересен пример како може да се добие едукацијата преку забава, а сето тоа да претставува интересно хоби и да го исполни сечие слободно време.
7
ЧЕТВРТОК 30.10.2014
ЈАС МИСЛАМ ВАКА
ЕЛЕНА ГЕЛЕБЕШЕВА II1, СУГС-ГИМНАЗИЈА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“
Мој личен став за...
ЕЛИЗАБЕТА КОЦАРЕВА IV-2, СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ - РАДОВИШ
Слобода, предрасуди и смрт на индивидуалноста
Е
М
исли и тела оставени да се движат низ пранги на застарено патријархално општество. Дури и архитектурата наоколу ни е во правопропорционален сооднос со општествените ставови во кои сме заробени. Монотони трубења на вести, секој ден, ексклузивно во истиот термин, по ручек и за време на вечера. Ги гледаш главите на своите родители како кимаат махинално во знак на согласност пред некоја „бомбастична“ и „ексклузивна“ реклама од која „колективното несвесно“, свесно го прима говорот на омраза, прикриен со излитен и заостанат лажен морал и етика. И во таа глетка си го собираш умот во главчето и со експресна брзина бегаш од собата, за да не го испуштиш случајно во процесот на вакуумирање или не дај боже втората фаза на „брендирање“ на тетрапакот во кој ги пакуваат мислите. Ама знаеш дека твоите другари не успеале навреме да излезат од дневниот престој. И знаеш дека утре ќе треба да ги насочиш мислите кон нивните, за да се сретнат на иста фреквенција, каде што се прекинуваат брановите на здраворазумно мислење. И сите разговори и мисли истекуваат кон моментот кога таткото му кажа на синот: „Убиј ги металците, скинерите, поетите и уметниците, клошарите и побудите и желбите и соновите, сине“. Зошто така беше речено и пишано, зошто така било и треба да биде. Ако сакаш да си мој, зошто не можеш да бидеш свој. А ние сме сите од толпата и за неа. Од неа доаѓаме и во неа остануваме, умираме. Таму се раѓа и умира слободата. По секоја лекција научена за во школо, продолжуваш да ги „бубаш“ дефинициите за како треба и не треба. Што е маж, а што жена, што е феминизам, а што шовинизам, што е комунизам, а што капитализам, теизам и атеизам? А што е либерализам? Ама, пак, тоа не ти треба, сине, како оние параграфите „ако сакаш да знаеш повеќе“ во учебникот што никогаш не ги читаш. Остави, не се оптоварувај. Имаш колку за петка.
ј, вие, дечко... девојко! Да, вие, на сепаре то, со те ле фо ни те во ра ка. Што има но во на Тви тер и на Фејс бук? Или мо жеби токму сега „ставате“ чек-ин? Или, пак, сли ка те за Снеп чет и за Ин ста грам? Гле дај те пред се бе, ка фе то ви се ола ди, а лад но то кафе не е пријателско кафе. Се сомневам дека разменивте два-три збора меѓу себе. Што ви беше последниот муабет? Не се сеќавате, не ли? Има ли не што по важ но од тоа, де нес да бидеш „фаца“ низ градов?! Да поминуваш на улица и сите со „восхит“ да гледаат во тебе? Тоа е врвот што можете да го достигнете со вашите 16, 17, 18 години, така?! Добро, ќе речете општеството се менува, времето, генерациите се менуваат.. И навистина е така, но каква е нивната цел, кон што тежнеат, кои се нивните идеали? Свесни ли сте за себе, кога вперени со погледот, наместо во сегашноста, гледате во виртуелниот (не)реален филм... Го криете вашиот идентитет зад некој создаден профил, зад виртуелното „тој“ и „таа“. Луѓето со кои зборувате на социјалните мрежи ги нарекувате свои пријатели, само поради тоа што делите исто мислење, а не знаете колку тоа мислење и тие чувства се вистински. Ги заборавате вистинските лица во вашите животи, лица со кои секоја среќа и секоја тага сте ја споделувале. На една рака можат да се избројат оние што во секој момент можеме да ги побараме и да добиеме средба, внимание, помош. Дали зборот љубов има некаков ефект врз вас? Не чувствувате благ немир во срцето и ду ша та при не го ви от из го вор? Ни ед на личност не ви поминува низ мислите секојдневно?! Страшно... Реалност без стварност. Каде ли замреа, во кој ли агол останаа да со би ра ат пра ши на искре но ста, до бри на та, по чит та? По важ но од ва ше то мис ле ње ви е мислењето на другите за вас, мислењето на другите за другите. Сѐ помалку правите тоа што вам ви одговара, сѐ помалку време оста-
вате за себе. Престанавте да живеете за преостанатите, затоа што тие не сте ВИЕ. Дали тие помислуваат на вас? Живееме во свет конструиран од ветувања, создаден од лаги. Чувствувајте се слободни и кажете го своето мислење. Живејте за да учествувате во градењето на новиот свет и новата генерација. Свет што ќе остане и ќе продолжи да живее и по вас.
АНА ЈАНЕВА, СУГС-ГИМНАЗИЈА „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“
Размена на културите В
истински предизвик е да се посети една од најразвиените, водечки земји во светот, која своето влијание успева да го наметне насекаде, но и земја што е богата со убавини и различни нешта што можат да се видат, а во сопствената земја ги нема или се многу поразлични. Токму Германија беше нашата дестинација овој јули преку програмата за размена на ученици и впечатоците што ги стекнавме таму се бесценети. Нашата авантура во германски стил почна со слетување на аеродромот во Диселдорф и збунетото возење до Бон во еден од експресните германски возови. Не можам ни да помислам колку време ќе ни беше потребно ако ова растојание од стотина километри требаше да го поминеме со возовите на нашата македонска железница. Нè дочека земја во која сè функционира најблиску до совршенството, огромен аеродром и воз каков што кај нас не се гледа, и тоа беше навистина убав впечаток како за првите часови во туѓа земја. Првите денови беа дури и најинтересниот дел од патувањето, бидејќи првпат во животот се сретнавме со наши врсници од целиот свет. Во нашата група имаше ученици од Костарика, Уругвај, Русија, Холандија, Полска и од Шпанија, но во преостанатите групи што беа истовремено во Германија имаше и претставници од Израел, Канада, Монголија, Швајцарија, Аргентина, Франција, Белгија и уште многу други земји. Беше навистина забавно да се слуша за навиките, обичаите, училиштата, семејствата, слободното време, дружење-
то, храната и за искуствата од преостанатите земји и така градевме прекрасни пријателствa без да ни пречат различностите околу нас. Посебен впечаток од прошетките низ Бон ми оставија Природонаучниот и Историскиот музеј, кои, како и сите други германски музеи, се навистина едно посебно искуство, бидејќи таму посетата на музеј не претставува поминување неколку часа изгубено чекорење низ студени и прашливи галерии, туку интерактивно доживување со уникатни експонати и исклучително забавни тури. Еднодневниот излет до Келн ќе беше многу поубав да не беа временските (не)прилики во полн германски сјај (непрекинат дожд и студ), меѓутоа тоа не успеа да ни го намали уживањето во разгледот на градот, иако нè научи дека она што е лето за Германците, воопшто не е ниту налик на лето за нас. По пет возбудливи дена во Бон и шестчасовно возење со прочуениот експресен воз пристигнавме во Келхајм, каде што на станицата ме пречекаа моите љубезни домаќини. Уште од првиот ден ми беше јасно дека навистина сум имала среќа со моето ново семејство, кое искрено се потруди во текот на тие две недели ништо да не ми недостига и да се чувствувам како дома. Моето германско семејство успеа да ми ги разбие сите стереотипи за Германците како студени и воздржани и ме увери токму во спротивното. Заедничките семејни средби, ручеци, заедничкото слободно време и долгите разговори ме уверија дека семејствата не се многу раз-
лични, иако меѓу двете земји разликите се големи и очигледни. Она што можев да го забележам е големата принципиелност на родителите и почитувањето на правилата од страна на децата. Дури таму станав свесна дека во Македонија децата се креатори на правилата, а возрасните се тие што најчесто ги следат, барем во поголем број од семејствата. Заедно со Лаура секој ден одев на училиште и од прва рака дознав како функционира една германска гимназија. Во многу аспекти сметам дека која било од нашите подобри гимназии е супериорна (на пример, наставните програми што се многу пошироки и сеопфатни, литературата што се обработува има многу подлабоко значење и суштина, амбицијата на учениците и ангажираноста во наставата кај нас е неспоредлива со онаа таму и сл.), меѓутоа она што кај нив е восхитувачко е односот кон спортот и опременоста на училиштето со четири спортски сали, терени за фудбал и кошарка, патеки за атлетика и базени. Сепак, сметам дека наставните програми таму се малку поориентирани кон практичниот живот и она што е вистински корисно, за разлика од поголемиот дел од наставните програми кај нас. Покрај германското училиште, научив доста и за германската култура, ги пробав најтипичните германски јадења (главно, се сведува на некаква варијанта на свинско месо и компири или тестенини), се борев со застрашувачкиот баварски дијалект (македонски еквивалент би му бил кој било јужен дијалект, ама замис-
лете си дека сте странец што учи македонски), но и посетив уште неколку града, кои ми оставија навистина силен впечаток. Космополитскиот Минхен по ништо не заостанува зад германската престолнина и претставува вистински пример за еден современ европски град, кон што би требало да се стремиме. Си го замислив Скопје со брза железница, огромни продавници и безброј туристи. Од најјужните делови на Германија се упативме кон крајниот север, во Хамбург, каде што се судривме со сосема нова култура, нов дијалект и нови убавини. Посебен впечаток ми остави посетата на мјузиклот, што мене, како љубител на театарот, ми го одзеде здивот. Последните пет дена во Берлин
беа највозбудливиот дел од патувањето за мене, не поради носталгијата што веќе ме влечеше дома, туку поради уникатниот дух на германската престолнина. Мислам дека немаше агол во овој град што не ме воодушеви. Да се спореди германската престолнина со мојот роден град не беше лесно. Различните култури, историјата, навиките и луѓето правеа да се чувствувам далеку од дома. На еден ден отпатувавме и во Франкфурт на Одра, каде што посетивме еден од нивните универзитети и се запознавме со можностите за студирање. Восхитувачка е нивната отвореност за перспективни умови од странство и бесконечната понуда на насоки за студирање. Многу од можностите што ги нудат би можеле да бидат дел од нашето образование: избор на предмети и комбинирање подрачја, избор на јазик на кој се следи програмата, можности за размена, студенти од целиот свет. Разделбата со новостекнатите пријатели од целиот свет секако беше тешка, но по цел месец поминат далеку од дома, човек едвај чека да си ги види и најблиските. На скопскиот аеродром слетав како нова личност, побогата за многу искуства, со проширени хоризонти, подобрен германски, познанства на секоја точка од Земјината топка и многу мили спомени за целиот живот. Колку и да бев скептична за ваквите програми на почетокот, сега дефинитивно и јас се вбројувам во оние што топло препорачуваат ваква авантура и потврдувам дека ваквите искуства се најубавите во животот.
8
ЧЕТВРТОК 30.10.2014
(ДЕ)КОНСТРУИРАЈ ГИ МЕДИУМИТЕ ДИСКУСИЈА ЗА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ
Медиумите се доминантна форма на образование и воспитание на средношколците во време кога филмови се гледаат на Интернет, фотографии се чуваат во мобилен телефон, кафе се пие на Скајп, а љубов се изразува преку СМС или на Фејсбук
С
редношколците многу често го користат социјалното вмрежување за вербално и емоционално малтретирање. Нурнати во мобилните телефони и видеоигрите, тие забораваат на дружењето надвор од домот, ручекот на маса или истегнувањето на мускулите, додека рекламите и филмовите создаваат кај нив поинакви модели на однесување од оние со кои се среќаваат во реалноста. За овие прашања стотина средношколци, родители и професори разговараа на Дискусијата за медиумската писменост што ја организираше Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. На дискусијата беше посочено де-
С ОВЕ Т У В АМ Е 1. Ги оспособува учениците да бидат мудри потрошувачи на медиумите, да управуваат со информациите и да ги продуцираат своите идеи, користејќи моќни мултимедијални алатки. 2. Ги ангажира средношкол-
Во институционалното образование да се воведе медиумска писменост ка говорот на омраза е сѐ позастапен при социјалното вмрежување на тинејџерите, без да се размисли дека со него се повредува, понижува и поттикнува брутално однесување. - Луѓето, криејќи се зад маската на анонимност, си земаат за право да објават каква било информација, текстови со навредливи и вознемирувачки содржини, како и фотографии со кои може да се наруши приватноста. Дополнително, вградените камери во мобилните телефони овозможуваат направената фотографија да биде распространета за две-три минути. Па така, фотографијата за која можеби и не знаеш дека постои, ќе се најде пред сите - изјави професорката Наташа Ацевска од средното училиште „Георги Димитров“. За средношколците мобилните телефони се суштински дел од нивниот социјален живот. Преку нив разменуваат информации, видеоклипови и слики, а истовремено служат и за забава и социјално вмрежување. Уште една рекреативна активност во која тинејџерите велат дека уживаат се видеоигрите. - Добриот избор и квалитет на видеоигрите е вистински тренинг за мозокот на младите луѓе, за развивање
на креативните вештини и решавањето проблеми и загатки. Видеоигрите се извонреден поттикнувач на тимската работа во случаите кога се изведуваат со другите. Меѓутоа, играњето за кусо време прераснува во хоби и тинејџерите ретко кога можат да се контролираат колку е доста - вели професорката Душица Ристовска од гимназијата „Јосип Брзо-Тито“. Преку телевизијата и филмовите адолесцентите создаваат идоли, припадност кон одредена идеја или идеолошка група и на тој начин го дефинираат своето „себе“. - Мултимедијалните содржини
КАКО ДА ФОТОГРАФИРАШ Едноставно обиди се да направиш колку што е можно најдобра фотографија. Не треба да ги разубавуваш луѓето и објектите - тие имаат сопствена убавина. Сензационализмот го пренасочува вниманието од суштинското значење.
на форма на образование и воспитание на средношколците во време кога филмови се гледаат на Интернет, фотографии се чуваат во мобилен телефон, кафе се пие на Скајп, а љубов се изразува преку СМС или на Фејсбук. Затоа, сметаат тие, е неопходно медиумската и дигиталната писменост што побрзо да се интегрира во програмите на институционалното образование. Дискусијата за медиумската писменост се одржа во рамките на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, кој е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија. Д.А.
Десет предности на медиумската писменост во образованието ците, доведувајќи го светот на медиумите во училница и поврзувајќи го учењето со „реалниот живот“. 3. Овозможува средношколците и професорите да имаат заеднички пристап кон критичкото размислување. 4. Се применува во сите пред-
метни области. 5. Помага да се задржат образовните стандарди, истовремено користејќи медиумски содржини што се блиски до средношколците. 6. Ги оспособува средношколците да ги изразуваат и споделуваат своите мисли и идеи во еле-
Етичко фотографирање ШТО ДА ФОТОГРАФИРАШ Што да фотографираш и како да фотографираш се определува од зошто фотографираш и за кого фотографираш. Кога фотографираш луѓе, не ги третирај како да се предмети. Никогаш не ги прикажувај луѓето како бескорисни или несоодветни. Тоа е нивната беспомошност, која треба да биде прикажана. Не нарушувај ничија приватност, освен кога тоа е неопходно во одредени ситуации. Сепак, смело навлези во личниот живот на луѓето, за да ги прикажеш најсоодветно.
и емисиите од забавен карактер што ги привлекуваат младите најсилно влијаат врз пренесувањето нови модели на културата. Тие се поврзани со начинот на облекување, однесување, храната, музичките вкусови, стилови и слично. Врз идентитетот на средношколците влијаат и рекламите, кои преку забава и информација ги користат техниките на заведување, убедување и стереотипизација - смета професорката Тамара Ќупева од средното училиште „Орце Николов“. Учесниците на дискусијата се согласија дека медиумите се доминант-
Обиди се да се воспоставиш блиски односи со луѓето што ги фотографираш. ОПШТЕСТВЕНА ГРИЖА Фотографиите не треба да го изветоперуваат контекстот - задржи го правото да го видиш лично тоа што сакаш да го покажеш. Твоја општествена грижа е да го документираш животот. Покажи го тоа што мислиш дека е вистинска слика за луѓето - сепак почитувај го нивното достоинство. Документарниот пристап никогаш не може да биде целосен. Комплетирај ја твојата пристрасна слика со нечија друга пристрасна слика. ТВОЈАТА ПУБЛИКА Фотографиите не треба да ги користиш така што ќе ги злоупотребиш прикажаните луѓе. Воздржи се од прикажување на фотографиите ако
ктронски и печатени медиумски форми. 7. Медиумската писменост му овозможува на наставникот да учи заедно со средношколците. 8. Со фокусирање повеќе на вештини отколку на знаење, средношколците се оспособуваат да ја анализираат која било порака во
кој било медиум. 9. Медиумската писменост не е привремена, туку има тенденција да биде одржлива. 10. Обезбедува придобивки за средношколците како индивидуи, но и за општеството преку поттикнување на меѓусебното разбирање и учеството во јавната дебата.
Човечко (не)милосрдие
STRIP
не може да спречиш непожелна манипулација. Твоите фотографии не може да бидат користени за илустрирање текстови што не се поврзани со фотографираните луѓе. Твоите фотографии треба да поттикнат одредени реакции кај гледачите.
Во соработка со Стрип центар на Македонија