Page 1

Вежби за жени по операција на дојки


СОДРЖИНА

ВОВЕД ЛИМФОЕДЕМА Превенција на лимфоедема Совети за паметење

3 4 4 4

ФИЗИОТЕРАПИЈА Почетен стадиум Пост акутен стадиум Потешки вежби за зајакнување

5 6 7 20

ГРИЖА ЗА ЛУЗНАТА

28

ОРТОПЕДСКА ДОЛНА ОБЛЕКА АМОЕНА

29

ОРТОПЕДСКИ КОСТИМИ ЗА КАПЕЊЕ АМОЕНА

30

ГРАДНИ ПРОТЕЗИ АМОЕНА Правилно држење на телото

31

Стандардни протези Лесни протези Самолепливи протези Contact Протеза за костим за капење Swimform ВЕ СОВЕТУВАМЕ

32 32 33 34 36


ВОВЕД Почитувани читателки, Оваа брошура претставува збир на информации, кои што може да Ви го олеснат животот, на Вас жените кои сте имале оперативен зафат на градата и имате ризик за појава на лимфoедема на раката и ограничено движење на горниот екстремитет. Би ни било драго, доколку е можно, ова упатство како да се започне со рехабилитација, да го добиете пред операцијата и да започнете со вежбите веќе во болничкиот кревет. Навременото вежбање ќе овозможи побргу да го постигнете целосниот опсег на подвижноста на рамото на оперираната страна и да постигнете еднаква употреба и на двете раце. Вежбањето позитивно влијае врз протокот на лимфата и го намалува отокот. Исто така го намалува процесот на цикатризација (заздравување на лузната). Брошурата која во моментот ја држите во рацете, се надоврзува на нашата претходна брошура – Самодоверба, Се повеќе. Во неа можете да најдете одговори на прашањата кои се однесуваат на Вашата болест и медицинските помагала кои ви следат по операцијата. 3


ЛИМФОЕДЕМА ПРЕВЕНЦИЈА НА ЛИМФОЕДЕМАТА При операцијата на градата на жените најчесто им се отстрануваат и лимфните жлезди. Овој факт надополнет со терапијата што следи, може да влијае на протокот на лимфата на раката од страна на оперираната града. Тогаш екстремитетот е отечен и голем. Лечењето е временски сложено и бара соработка со специјалист. Исто така во вакви случаи постои опасност од појава на компликации односно од појава на инфекција и при минимално оштетување на кожата на дланката или целата рака. Неопходно е да се превенира лимфоедемата. Не го потценувајте ризикот за појава на лимфоедема, ниту доколку при оперативниот зафат не се одстранети сите лимфни жлезди туку само дел од нив. Ризикот за појава на лимфоедема нема да ве одмине ниту Вас. Редовната физичка активност (рехабилитација, пливање) и носењето на соодветна долна облека и градна протеза имаат влијание во превенцијата од појава на лимфоедема.

СОВЕТИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ Се препорачува Штедете го горниот екстремитет на оперираната страна, отокот може да се појави и после неколку години. При шиење носете напрсток. При работа во градина и при извршување на домашните работи носете заштитни ракавици. Секоја раничка на дланката или раката на страната на оперираната града лечете ја внимателно. Позиционирајте ја раката во текот на денот и ноќта. Подигнатата положба помага при протокот на лимфата. Носете облека со широки ракави.

4


He cе препорачува Да се мери крвниот притисок, да се примаат инекции, да се зема крв и да се носи тежок товар во раката на оперираната страна. Да се носат брезлетни, прстени и часовници на раката на оперираната страна. При маникир да се сече кожата во околината на ноктите на прстите на раката. Оштетувањето е влезна врата за инфекцијата. Престој во сауна, голема жештина и студ исто така потпомагаат за појава на отокот.

ФИЗИОТЕРАПИЈА Целта на рехабилитацијата со која е потребно да се започне веднаш по хируршката интервенција е: Превенција од појава на лимфоедема во горниот екстремитет. Олеснување на постоперативниот болен синдром. Потпора на правилното држење на телото, а со тоа и надминување на болката во грбот, вратниот р`бет и мускулите на вратот и рамената. Постигнување на слободното движење на градниот кош и обновување на правилното дишење.

5


ПОЧЕТЕН СТАДИУМ – ВО БОЛНИЦА ВЕДНАШ ПО ОПЕРАЦИЈА Доколку Вашиот лекар не е против, почнете со рехабилитацијата во болничкиот кревет веќе првиот ден по операцијата. Вежбите поминете ги со физотерапевт кој ќе работи со Вас. Не бидете зависни само од неговата помош, туку самата користете го времето поминато во болница во Ваша корист. Со трудољубивост можете да го забрзате враќањето во редовниот живот. Вежбајте неколку пати дневно до степен на блага болка и трудете се постепено да го зголемувате обемот на движењето.

Вежби за крвните садови 1. За време на Вашиот престој во болница кога имате ограничена можност за движење и повеќето од времето го поминувате во кревет, искористете на секој час приближно околу 5 минути за привлекување и истегнување на врвот на прстите на нозете и кружење на нозете во зглобовите. 2. Стиснете ги дланките во тупаница и правeте кружни движења во зглобовите.

Испружете ја раката нагоре со помош на другата рака и ставете ја раката на перницата.

Позиционирање Позиционирајте се неколку пати дневно од 5 до 10 минути. За позиционирање употребете го најдостапното болничко помагало-перницата. Перницата секогаш наместете ја на таква висина за раката да може слободно да се одмара во максималниот опсег без болка при движењето.

6

Испружете ја раката на страна (нанадвор свиткана во лактот) и со помош на другата рака ставете ја раката со дланката нагоре врз перницата.


Вежби со помош на другата рака

Раката од оперираната страна потфатете ја под лактот со другата рака и помогнете и при движењето за истегнување кон горе, настрана и при кружење.

ПОСТ АКУТЕН СТАДИУМ Доколку заздравувањето поминува без компликации, и опсегот на движењето не е изразено ограничен во зглобот на рамото,

7


доколку не преовладува јака болка, можете да започнете со вежбите спрема следното упататсво. Рехабилитацијата ќе помогне за правилно држење на Вашето тело. Со тоа можете да ги надминете болките во грбот, вратниот р`бет, мускулатурата на вратот и рамената. Вежбите се определени спрема степенот на оптоварување, од нај едноставни, соодветни за периодот по операцијата, до понапорни и за зајакнување, наменети за вежби после изминати 6 недели од операцијата. Препорачуваме да вежбате во мирна, пријатно затоплена просторија. Редовно вежбајте од10-15 минути дневно, најдобро пред огледало за контрола на точното изведување на вежбата. Не преценувајте ги своите сили, вежбајте полека, со истегнување, со кратко задржување во крајната положба. Дишете опуштено во својот ритам, доколку при вежбата не е спомнато поинаку. Доколку се решите за купување на физио топка, која е многу корисно помагало за изведување на овие вежби потребно е при изборот да се земе во предвид Вашата висина и должината на долните екстремитети. за висина до 165 см -дијаметар на топката 65 см. 8

за висина до 175 см -дијаметар на топката 75 см.

ПРАВИЛНО СЕДЕЊЕ Правилното седење е основен услов за успешното изведување на вежбите и истовремено е основна положба за сите вежби. Табаните цврсто потпрете ги врз подлогата, колената стискајте ги нанадвор, лесно стегнете го задникот и вовлечете го стомакот. Мора да почувствувате влечење низ р`бетот кон горе, главата држете ја во линија на р`бетот. Опуштете ги рамената, плешките собирајте ги кон р`бетот и надолу, а рацете ставете ги врз бедрата.


ВЕЖБА 1 Почнете ја вежбата со правилното седење, потоа спојте ги рацете со испреплетување на прстите и подигајте ги над главата. При тоа рамената притискајте ги надолу. Издржете малку во оваа позиција и потоа спуштајте ги рацете надолу. Наведнете ја главата и опуштете се. Вежбата се повторува неколку пати.

9


ВЕЖБА 2 Почнете со правилното седење, рацете поставете ги врз бедрата. Со благо движење испружете ги рацете нанапред и полека вратете се во почетната позиција. Потоа испружете ги рацете настрана кон горе и полека вратете се во почетна позиција. Накрај испружете ги рацете нагоре и повторно полека вратете се во почетната позиција.

10


ВЕЖБА 3 Седнете, грбот држете го исправено, а главата во линија на р`бетот. Движете ги истовремено двете раце напред назад.

ВЕЖБА 4 Свиткајте го грбот, наведнете ја главата, движете ги рацете нагоре и напред. Потоа исправете се, подигнете ги рацете во пределот на градниот р`бет, и свртете ги кон надвор. Лактите движете ги нагоре и нанапред. 11


ВЕЖБА 5 Наведнете се, наведнете ја главата и спуштете ги рацете. Потоа преминете во исправено седење, рацете испружете ги странично кон горе, а дланките вртете ги наназад. Вежбата се повторува неколку пати.

ВЕЖБА 6 Левата рака ставете ја врз десната и потоа водете ја дијагонално до испружување нагоре. Дланките вртете ги кон малиот прст наназад. Неколку пати заменете ги рацете.

12


ВЕЖБА 7 Стегнете ги рацете зад главата и трудете се лактите да ги споите пред лицето. Потоа исправувајте се, а лактите стискајте ги наназад. Вежбата да се повтори неколку пати.

ВЕЖБА 8 Пред градниот кош потпрете ги дланките една наспроти друга, лактите стискајте ги кон горе, а рамената надолу. Во време траење од 5-10 секунди стискајте ги дланките, а потоа ослободете го притисокот. Со рацете една наспроти друга може да дејствувате и во другите положби, но не заборавајте рамената да ги спуштaте надолу. 13


ВЕЖБА 9 Пред градниот кош испреплетете ги прстите и обидете се да ги одвоите рацете со влечење. При тоа рамената спуштајте ги надолу. Ослободете го влечењето и повторете ја вежбата неколку пати. Внимавајте на правилното седење помеѓу вежбите.

14


ВЕЖБА 10 Лентата фатете ја во ширина на рамената, нежно развлечете и исправете ги рацете нагоре. Наведнете се со менување на страните налево и надесно. При наведнувањето не заборавајте на правилното држење на телото.

15


Следните вежби вршете ги на под Започнете со положбата на турско седење, главата држете ја во линија со р`бетот, опуштете ги рамената и чувствувајте ја напнатоста во грбот. Доколку положбата за Вас е напорна, вежбајте седнати на стол.

ВЕЖБА 11 Почнете од положбата на турското седење. Полека вовлекувајте ја брадата и наведнувајте ја главата. Во положбата издржете кратко, а потоа враќајте се назад во почетната положба.

16


ВЕЖБА 12 Почетната положба е иста како и во претходната вежба. Гледајте директно пред себе. Потоа полека вртете ја главата на едната па на другата страна. Не го заборавајте правилното држење, опуштените рамена и чувството на напнатоста во грбот.

17


ВЕЖБА 13 Почетна позиција турско седење. Главата полека наведнувајте ја на една страна па на друга страна. Рамената не ги подигајте, не ја вртете главата и не се наведнувајте.

18


ВЕЖБА 14 Почетна позиција турско седење. Со вдишување подигнете ги рамената кон ушите и малку задржете. Дишете опуштено. Потоа со издишување спуштете ги рамената надолу и релаксирајте се!

ВЕЖБА 15 Завземете позиција турско седење, рацете потпрете ги зад Вас врз подлогата, рамената подигнете ги кон ушите. Потоа со силина притискајте ги рамената надолу, а рацете кон подлогата како да сакате да се подигнете на раце.

19


ПОТЕШКИ ВЕЖБИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ Следните вежби ги класифицираме како потешки вежби за зајакнување. За вежбите се употребува еластична лента и не се наменети за периодот набрзо по операцијата. Доколку во текот на лечењето немало компликации, со вежбите може да се започне по поминувањето на 6 недели од операцијата.

Еластичната лента никогаш не ја држете во рацете туку намотајте ја на рацете според упатството. Рацете да бидат до телото, лактите свиткани под прав агол, еластичната лента е ставена помеѓу палецот и показалецот. Рацете завртете ги кон телото и со тоа лентата ќе ви се намота околу рацете. Еластичната лента исто како и физио топката може да се купи во продавницата за ортопедски помагала Medicus Help. Физиотерапевтот ќе Ве посоветува каква јачина на лентата да си купите.

A... кон мене

Б... навака

Ц... од мене

Д... натаму

(јачината на лентата се разликува по боја на лентата) 20


ВЕЖБА 16 Почнете со основната положба, лактите држете ги до телото. Со едната рака вртете на страна, веднаш вратете назад и потоа повторете со другата рака на другата страна. Не го заборавајте правилното држење на лактите до телото.

21


ВЕЖБА 17 Рацете со намотаната еластична лента ставете ги на бедрата. Едната рака испружете ја дијагонално нагоре (на страна), вратете се во почетната позиција и повторете со другата рака.

22


ВЕЖБА 18 Испружете ги рацете напред со намотаната еластична лента. Едната рака испружете ја настрана, вратете назад во почетната позиција и потоа повторете со другата рака.

23


ВЕЖБА 19 Испружете ги рацете горе. Потоа ставете ги рацете со еластичната лента зад грбот. Испружете ја едната рака на десно и вратете назад. Испружете ја другата рака на лево и вратете назад. Испружете ги истовремено двете раце на страна и вратете назад. Потоа вратете се во почетната позиција.

24


ВЕЖБА 20 Еластичната лента држете ја пред Вас, рацете да бидат малку оддалечени од телото и полека враќајте ги наназад. Малку задржете во оваа позиција па вратете се во почетната. Не го заборавајте правилното седење.

25


ВЕЖБА 21 Еластичната лента држете ја зад Вас, рацете да бидат малку оддалечени од телото. Виткајте ги рацете, лактите притискајте ги нагоре и нанапред. Не го заборавајте правилното седење.

ВЕЖБА 22 Со левата рака држете ја еластичната лента кај десното рамо, десната рака свиткајте ја малку нанадвор. Потоа десната рака испружете ја на страна и вратете ја назад. Испружете напред и пак назад. Испружете нагоре и назад. Испружете назад и вратете. Испружете надоле и вратете. Менувајте ги рацете и вежбата повторете ја. 26


ГРИЖА ЗА ЛУЗНАТА Веднаш штом лекарот ќе ги извади конците, можете да почнете да се грижите за лузната. Не престанувајте со негата се додека чувствувате напнатост и различно ја чувствувате лузната и околното ткиво. Лузната туширајте ја со изотермична вода (вода која што одговара на температурата на телото) и притоа вршете нежни масажи со притисок. Околината масирајте ја нежно, површински во правец на лузната. Неколку пати дневно лузната и околното место масирајте ги со кремата Амоена или со домашна претопена несолена маст. 28


ВЕЖБА 23 Седнете врз еластичната лента и намоткајте ја околу едната рака. Испружете ја раката настрана кон горе. Наведнувајте го телото во правецот на движењето на раката и назад. Потоа пак седнете и повторете ја вежбата со обратната страна. 27


ОРТОПЕДСКА ДОЛНА ОБЛЕКА АМОЕНА По операцијата на дојките треба да бидете особено внимателна при изборот на долна облека. Пред се на жените со поголеми гради им препорачуваме градници со пошироки прерамки и самолеплива протеза (или пак лесна протеза), на тој начин се избегнува втиснувањето на прерамката на градникот што е мошне штетно за отокот на подпазувите. Во долната облека треба да се чувствувате удобно за присутноста на протезата што поскоро престане да ви го одзема вниманието. Ортопедската долна облека Амоена е комфорна, функционална а воедно и многу атрактивна. Некои модели на градници се зајакнати со фижбајни. Доколку не допираат (не пречат) во пределот на раната, не треба да се грижите. Нашите фижбајни се еластични и не се штетни по здравјето. Тие само го подобруваат визуелниот изглед и формата на градите.

29


ОРТОПЕДСКИ КОСТИМИ ЗА КАПЕЊЕ АМОЕНА Пливањето и вежбите во вода се составен дел на рехабилитацијата по операција на дојките. Масажата и движењето во вода благопријатно делуваат и влијаат на враќањето на физичката и психичката кондиција. Ортопедските костими за капење имаат специјален џеб за ставање на градната протеза. Сошиени се од квалитетни материјали со висок процент на еластин. При нивниот избор ви препорачуваме да го погледнете приложеното упатство за употреба. Доколку често и со задоволство пливате во базен, ви препорачуваме костими за капење кои се отпорни на дејството на хлорираната вода. Доколку пак одите во бања имајте на ум дека некои процедури (терапии) ќе влијаат на костимот за капење мошне агресивно, односно ќе може да се случи оштетување на еластичните влакна на костимот. 30


ГРАДНИ ПРОТЕЗИ АМОЕНА Правилно држење на телото Особено е важно по операција на дојките да водите сметка за правилното држење на телото. Двете страни од р`бетниот столб оптеретувајте ги рамномерно.

Градните протези се изработени од силиконски гел покриен со полиуретанска фолија. Не се штетни по здравјето а можете да ги носите во специјалниот џеб на ортопедскиот градник или директно на телото. Со своите својства наликуваат на човечкото ткиво и се однесуваат природно како сопствени гради. Понудата на силиконски градни протези АМОЕНА е разновидна. Широкиот спектар на избор на големини и форми овозможува да се задоволат потребите и на најпребирливата жена. Во нашата понуда имаме стандардни протези (со партиципација) но и луксузни протези (со доплата). 31


СТАНДАРДНИ ПРОТЕЗИ Тежината на стандардните протези одговара на тежината на градите, која останала зачувана. При ставање на протезата во градникот ве чека мало изненадување. Ќе ви се чини дека протезата е прилично тешка, бидејќи целата тежина ја носи прерамката на градникот и притоа не ја земате во предвид тежината на сопствената града. Особено е важно тежината да биде рамномерно распоредена на двете страни од р`бетниот столб. Затоа не подлегнувајте на модните трендови и без добра причина не набавувајте прелесна протеза. На тој начин ќе го елиминирате ризикот од појава на здравствен проблем зависен од правилно држење на телото.

ЛЕСНИ ПРОТЕЗИ Доколку сепак страдате од лимфатичен оток , изборот на лесна протеза е правилен. Исто така ја препорачуваме кај волуминозни дојки доколку е зачуван голем дел на дојката. Пред се водете сметка при изборот на долна облека и бирајте градници со широки прерамки. Лесната протеза е погодна и за костими за капење, бидејќи во мокар костим за капење не се познава воопшто.

32


САМОЛЕПЛИВИ ПРОТЕЗИ CONTACT Запомнете дека сте имале операција на градите (карцином на дојка) Градната протеза Contact припаѓа меѓу нашите најесклузивни производи. Задната страна е самолеплива, се лепи директно на телото. Доволно е само да ја прилепите на телото и да ја притиснете. Протезата по лепењето останува на место. Не мигрира во градникот, не се одлепува од телото ниту кога ќе се наведнете. Протезата делува лесна, прерамката од градникот носи помала тежина и не ве засекува. Со лепењето на протезата добивате чувство како да е дел од вашето тело. Таа е погодна не само за млади атрактивни жени, туку и за жени со големи тешки гради, како и за жени склони кон лимфоедеми. Кожата под залепената Contact протеза во споредба со стандардната останува поеластична и помека, што е корисно за жените кои во иднина размислуваат за пластична операција на градите. Лепливата силиконска маса е дерматолошки тестирана, не предизвикува алергии. За да купите самолеплива контакт протеза ви препорачуваме да причекате минимум 6 месеци после завршување на процесот на лечење, кога кожата е доволно залечена. Тогаш и лепливоста кон кожата е сразмерно повисока. 33


Прилепувањето и одлепувањето на протезата во периодот кога кожата е сеуште чувствителна може да доведе до нејзино механичко оштетување. Жените кои ја користат самолепливата Амоена Contact протеза дури и во исклучителни случаи не можат да си го замислат својот понатамошен живот без предностите, кои оваа протеза им ги овозможува. Им носи нова радост во животот, им ја враќа изгубената самодоверба.

ПРОТЕЗА ЗА КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ SWIMFORM Кога одите да пливате Специјално конструираниот олеснет и цврст силикон овозможува значително да се намали масата (тежината) на протезата. Лесната проѕирна протеза Swimform не провиснува во мокриот костим за капење.

34


Авторка на стручниот дел Ева Ханушова – специјалист физиотерапевт

Консултанти на стручниот дел Др. Сузана Росенова Др. Александра Врапцова

Користена литература Добеш- Вежбаме со големи топки- ДОМИГА – Хавиржова 1999 Хромадкова – Здравствено телесно воспитување – Х & Х 1999 Хронзова - Кондициони и терапевтски вежби. МИЛЛС 2003 Копецки Ј., Водваржка П.,Сумерова Ј.,- Жената после операција на градите .......како понатаму? Здравствено социјален факултет при Остравскиот Универзитет 1999 Ланик и кол. Здравствено телесно воспитување. АВИЦЕНУМ 1986 Рок Ц.М. – Тера-банд, ЦЕРМ Ак. – издавачка куќа с.р.о. 1999 Самодоверба, сè повеќе. Како понатаму по операција на градите ( после мастектомија). Амоена 2006 Тоболикова В., Визула Р.,Јанчикова В., Јарошова Б., Превенција од лимфедема после операција на градите (после мастектомија) АЗ сервис Прага с.р.о.

35


Вашите прашања ќе ги одговориме со задоволство на следните телефонски броеви и адреса: Медикус Хелп дооел Ул. Бел Камен бр.7 1000 Скопје Тел - 02 3 130 015 Факс - 02 3 220 745 e-mail : info@medicushelp.com.mk www.medicushelp.com.mk www.amoena.com.mk

За сите прашања во врска со Одговорите на сите прашања за болеста производите јавете се во можете да ги добиете на бесплатната телефонска линија на Здружението за Жена Центарот борба против рак - БОРКА на Медикус Хелп Бесплатна телефонска линија

 3130 015

 0800 55 777

Медикус Хелп - Продажни Салони Скопје - 02 3130015 Скопје 2 - 02 2447 017 Битола - 047 236 530 Тетово - 044 342 259 Охрид - 046 271 005 Штип - 032 382 070 Велес - 043 211 509 Кавадарци - 043 411 520 Прилеп - 048 420 482 Струмица - 034 340 900 Куманово - 031 419 077 Гостивар - 042 219 948

Brosura vezbi po operacija na dojki  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you