Issuu on Google+

GL OB AL

Реконструкција на гради

Mожности


Вовед Постојат повеќе избори кога станува збор за реконструкција на дојка. Најверојатно најважното прашање кое треба да се постави е: Дали реконструкцијата на дојка е правиот избор за Вас? За десетици илјади жени кои го победиле карциномот на дојка одговорот е да. Денес, повеќето жени кои имале мастектомија се погодни кандидати за реконструкција на дојка. По мастектомијата жените бираат да направат реконструкција на дојка од повеќе причини. Некои од нив не се чувствуваат целосно или доволно женствено. Други пак не сакаат да се посветат на секојдневните обврски поврзани со носење на надворешна градна протеза. За многу жени реконструкцијата на дојка значи враќање на самодовербата и нов почеток во животот. За оние жени кои сакаат да направат реконструкција на дојка достапни се нови процедури кои можат да се направат побрзо и полесно, а при тоа носат и одлични резултати.

Што е мастектомија? Мастектомија е хируршка интервенција кога градното ткиво се одстранува како резултат на појава на канцерогено или приканцерогено ткиво. Количината на ткиво кое се одстранува не е секогаш иста туку варира во зависност од големината и стадиумот на карциномот, од анатомската градба и личните предиспозиции. Рез од мастектомија

Анатомија на Дојка Дојката е составена од маснo, жлезденo и фибрознo ткивo. Под дојката се наоѓа големиот пекторален мускул кој асистира при движењето на раката. 1

Mускул Pectoralis major Мускул Pectoralis minor Масно ткиво Млечни жлезди Млечни канали Брадавица и ареола Меко ткиво Ребра


Погодно време за реконструкција на дојка Реконструкцијата на дојка може да биде направена во исто време кога и мастектомијата. Овој метод се нарекува примарна реконструкција. Покрај ваквиот метод постои и одложена реконструкција која може да се направи неколку недели, месеци или години по мастектомијата. Базирано на Вашата лична состојба, Вие и Вашиот доктор можете да изберете кој метод е најдобар за Вас. Примарна реконструкција Предноста на методот на примарна реконструкција е што Вашата дојка ќе биде реконструирана во исто време со мастектомијата. Така што Вие ќе имате само една операција и само еден период на заздравување. На тој начин ќе можете во потполност да го избегнете искуството на имање само една или ниту една дојка. Одложена реконструкција Предноста на методот на одложена реконструкција е тоа што Ви дава време најпрвин да се фокусирате на заздравување од карциномот и да ја повратите силата. Одложената реконструкција на дојка исто така Ви дава повеќе време да ги разгледате сите можности и да донесете добро информирана одлука за Вашата реконструкција на дојка.

Можности за реконструкција на дојка Постојат повеќе начини за реконструкција на дојка. Методот кој ќе го изберете Вие и Вашиот доктор ќе биде базиран на следните фактори: Вашите здравствени и животни навики Типот на Вашето тело Големината на Вашите дојки Вашиот личен избор Количината на зачувана кожа и ткиво Реконструкцијата може да се изведе со користење на сопствено ткиво, со градни импланти или со комбинација на сопствено ткиво и граден имплант. Дискутирајте со Вашиот доктор за да бидете способни да го направите вистинскиот избор за Вас.


Прашања за Вашиот хирург

1. Кои се моите можности за реконструкција на гради? 2. Кои се можните ризици и компликации при видовите интервенции за реконструкција на гради? 3. Дали реконструкцијата на гради може да биде изведена додека трае третманот на карциномот? 4. Колку време е потребно за комплетна реконструкција на гради? 5. Кога ќе бидам во можност да ги продолжам вообичаените активности? 6. Какво е Вашето искуство со ваквите интервенции? 7. Дали имате фотографии со пред и пост-оперативни примери кои би можела да ги видам?


Реконструкција на дојка со импланти Во тек на мастектомијата, хирургот ја одстранува кожата и ткивото на дојката, оставајќи го ткивото на градниот кош рамно и збиено. Пред поставувањето на трајниот имплант, ткивото на градниот кош треба да се растегне за да се направи џеп за имплант. Истиот може да се направи во две фази или во една фаза.

Дво-фазна реконструкција на дојка Двофазната градна реконструкција со импланти е многу популарна интервенција. Оваа интервенција може да биде направена за време на мастектомијата (примарна) или после мастектомијата (одложена).

Процедура на интервенцијата Привремениот граден ткивен експандер е поставен во градите. По одреден период, Вашиот лекар постепено ќе го исполни експандерот со физилошки раствор (слично на солена вода). Во тек на овој процес, Вашата кожа постепено ќе се растегнува и развлекува, правејќи простор за имплантот. Вашето тело постепено се прилагодува на растењето на имплантот на ист начин како што телото на жената се прилагодува на постепеното растење на стомакот во тек на бременоста.

Siltex Contour Profil Граден ткивен Експандер


Дво-фазна реконструкција на дојка

Прва хируршка интервенција

Секундарна (втора) хируршка интервенција

Ткивниот експандер се поставува

Имплантот е поставен во експандираниот џеп

Вбризгувачкиот отвор е лоциран. Експанзијата започнува со инјектирање на физиолошки раствор низ отворот за вбризгување.

Краен резултат

Ткивниот експандер се одстранува


Едно-фазна градна реконструкција Ментор е една од ретките компании кои произведуваат градни импланти, кои се користат едновремено и како ткивен експандер и како траен имплант. Овие импланти се користат во еднофазна реконструкција на дојка. Оваа процедура е многу популарна меѓу докторите бидејќи сметаат дека за пациентите е подобро да имаат еден оперативен зафат за реконструкција на дојка, отколку два или повеќе. Процедура на интервенцијата Комбинацијата експандер-имплант се поставува на градниот кош за време на мастектомијата. Оваа протеза има мала тубичка за вбризгување и вбризгувачки отвор во близина на имплантот. По период од неколку недели или месеци, физиолошкиот раствор се инјектира низ вбризгувачкиот отвор за да се експандира имплантот и ткивото над имплантот да се растегне. Кога посакуваната големина е постигната, тубата и отворот за вбризгување се одстрануваат со едноставна хируршка процедура, а имплантот останува на своето место.

Siltex ® Round Spectrum

Siltex® Round Becker 25


Едно-фазна реконструкција на дојка

Експанзиона процедура за Бекер и Спектрум прилагодливи имплантанти

Експандер/мамарниот имплантант се поставува соодветно

Имплантантот се експандира со вбизгување на физиолошки раствор во тек на 6 месеци

Постигнување на краен волумен. Системот за инјектирање се одстранува во амбулантска процедура.

Со реконструкција на брадавицата на дојката, постигнат е целосниот резултат.


Примери на резултати од реконструкција Еднофазна реконструкција со експандер-имплант Слики: Dr. Kay Young, San Francisko, USA

Пред

Потоа: 3 недели по операција

Потоа: 1 година по операција

Краен резултат од двофазна реконструкција со Ментор ткивен експандер и употреба на округол имплант исполнет со физиолошки раствор. Слики: Dr. Gay Talbot, Little Rock, Arkansas, USA

6 месеци по операција

Закрепнување Секоја жена закрепнува на различен начин. Најверојатно и Вие ќе почувствувате малку болка во тек на неколку дена по хируршката интервенција. Првите 24 до 72 часа по интервенцијата е периодот во кој ќе чуствувате најмногу непријатност. Вашите гради ќе бидат малку отечени и чувствителни. Иако рехабилитацијата на секоја жена е различна, би требало да можете да преземете лесни активности после една недела по интервенцијата. Важен дел од рехабилитацијата е употреба на постоперативен градник или компресивна облека. Тие се дизајнирани, да овозможат додатна поддршка додека се лекувате. Вашиот доктор може да има и други специфични инструкции во тек на рехабилитацијата. Доколку се појави проблем по хируршката интервенција контактирајте го Вашиот доктор веднаш.


Менторова Доживотна Полиса за Замена Вашата одлука да користите Менторови градни импланти е лична и долготрајна одлука. Бидејки постои можност имплантите да не траат до крајот на Вашиот живот Ментор ја поддржува Вашата одлука со тоа што цврсто стои позади својата Доживотна полиса за замена. За време на Вашиот живот Ментор без никаква надокнада ќе го замени секој имплант за ист и сличен доколку истиот е оштетен како резултат на губење на интегритетот на имплантот.

Ментор Компанија која се грижи Основан во 1969, Ментор е лидер во производство и дистрибуција на медицински производи во повеќе од 60 земји насекаде во светот. Ние веруваме дека предноста од користење на најдобри медицински производи станува евидентна кога ќе се добие успех од процедурата кој ќе резултира со комплетна сатисфакција на жената. За естетските операции како и за повеќето други работи во животот бирајќи го најдоброто бираме најсигурен резултат. Сите наши градни инпланти произведени во САД имаат FDA цертификати, додека пак сите произведени во Европа имаат CE ознака. Ментор се гордее со квалитетот вграден во секој од производите, и пациентите можат да бидат сигурни дека позади нивната одлука да ги користат нашите производи стои компанија која се грижи.


Дистрибу��ер:

ул. Бел Камен 7 (Водно) Скопје тел. 02/3 130 015 info@medicushelp.com.mk www.medicushelp.com.mk

Здравствена Организација

Corporate Headquarters Santa Barbara, CA 93111 USA Tel: +1 805 879 6000 www.mentorcorp.com


Brosura rekonstrukcija na gradi