Page 1

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

1

Членка на: Број 24 од 07.10.2010

контакт call центар (02) 15015

www.mchamber.mk

Бизнис-секторот во потрага по капитал за олеснување на посткризниот период порачува

ОТВОРЕТЕ ГИ БАНКАРСКИТЕ СЕФОВИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ И ИНФРАСТРУКТУРАТА! Специјален прилог

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА НА ДОСЕГАШНИОТ МОДЕЛ НА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Реакции Нерешеното прашање на земјиштето и скапиот мазут ги „лади“ оранжериите

ЧЕКАЈЌИ КРЕДИТИ КРАСТАВИЦИТЕ ЌЕ ПОРАСНАТ КАКО ТИКВИ

Соседи Косово станува елдорадо за македонскиот бизнис

ПАЗАРОТ ОСВОЕН, ОСТАНУВА ДА СЕ ОПСТОИ


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО

СТИМУЛИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ

Владата на Република Македонија донесе одлука со која почетната цена на јавните наддавања за неизградено градежно земјиште кое е предвидено за изградба на стопанско-производствени објекти и пазари да изнесува 1 евро по квадратен метар. Ова се однесува на локации каде во иднина би се граделе фабрики и стоваришта. Оваа мерка треба да резултира со нови инвестиции, подобрување на економската слика во општините и забрзување на економскиот раст во земјава. Ова претставуваше и барање на единиците на локалната самоуправа и стопанските комори во Македонија. Исто така, донесена е одлука со која почетната цена на јавни наддавања за градежно неизградено земјиште со намена за изградба на хотели на цела територија на Република Македонија исто така да изнесува по 1 евро по квадратен метар. Со оваа мерка очекуваме да се стимулира туристичката дејност во Републиката. Вакви локации, наменети за изградба на стопанско-производствени објекти има во Охрид, Ѓорче Петров, Илинден, Демир Капија, Струмица, Штип и Велес, а согласно урбанистичките планови на општините, превидени се повеќе локации за изградба на хотели што претставуваат неизградено градежно земјиште. Така, три локации за изградба на хотели се предвидени во Скопје, три локации во Охрид, три локации се предвидени и во Кратово, две локации се во Битола - на граничниот премин Меџитлија, како и по една локација во Штип и во Маврово. Континуирано се работи на расчистување на имотно-правните односи за повеќе локации на кои е предвидена изградба на вакви објекти и откако ќе завршат соодветните постапки, тие локации ќе бидат предмет на јавна објава по која заинтересираните инвеститори ќе можат да се пријават за учество во јавно наддавање. Во последниве четири години, Министерството за транспорт и врски објави поголем број градежни парцели каде што веќе имаме изградени индустриски капацитети, трговски центри, катни гаражи. Така, очекувам во иднина да има се поголем интерес, а реалната цена ќе биде утврдена согласно побарувачката и интересот на компаниите. Реално очекување е овие мерки да придонесат и кон поголем регионален развој на некои рурални средини, каде досега немало интерес од страна на инвеститорите. (Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски)

Покровители

четврток, 07 октомври 2010

ВАЖНО Е ДА СЕ ИМА НАЦИОНАЛНА ТРГОВСКА МРЕЖА

Mногу сум разочаран од начинот на кој грчката влада го третира трговскиот сектор, особено супермаркетите. И лично тоа сум им го кажал. Знаат. Да, повеќе се залагаат за производството и промовираат мерки за него, тоа е традиција, според која, во текот на годините се создаде впечаток дека производството е скапоценост, а трговијата е тенок воздух. Тоа можеби било случај пред 60 години. Во денешно време, трговијата прави големи инвестиции. И доколку споредиме со некои производители, ние имаме трикратно или четири пати поголеми инвестиции отколку што тие би ги направиле за да произведуваат одреден производ. Од друга страна, за секоја земја важи дека ако имате ефективно производство на храна или други производи, секако дека е предност. Но исто така мора да имате и национална трговска мрежа. Мултинационалната трговија е добро да ја има за конкуренција, но многу е важно да се има национална трговска мрежа. И на вашите министри им реков дека треба да имате национална мрежа. (Никос Веропулос, сопственик на компанијата „Веропулос“)

*********** Странците не доѓаат за мали потрошувачи. Општините се тие што треба да направат почетни анализи кој дел од нивната територија е интересен за користење на гасот, а тоа се местата каде што има индивидуална градба, и да распишат конкурс за гасификација. Тоа е добар бизнис, но Македонија 10 години не го почна.На пример за Скопје, како најголем потрошувач на енергија, досега немаше иницијатива од ниту еден приватен инвеститор да ја развие мрежата на гас! (Д-р Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација – МАР)


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

3

АКТУЕЛНО

Бизнис-секторот во потрага по капитал за олеснување на пост-кризниот период порачува

ОТВОРЕТЕ ГИ БАНКАРСКИТЕ СЕФОВИ ЗА ИЗВОЗОТ И ИНФРАСТРУКТУРАТА

Пишува: Стојмирка Тасевска

Драстичниот пад на странската и на домашната побарувачка, а со тоа и на вкупните економски активности во земјата, почнувајќи од крајот на 2008 година, услови перманентен пораст на недостигот на пари поради што фирмите доцнеа во исплатата на обврските, односно наплатата на своите побарувања. Ова услови значително зголемување на бројот на претпријатијата со блокирани сметки и фирми во кои е поведена стечајна постапка. Просечниот период потребен за наплата на побарувањата од околу шест месеци на крајот на 2008 година се зголеми на околу девет месеци на крајот на 2009 година: - за реализација на залихите беа потребни околу пет месеци; - а просечниот период на плаќање на обврските изнесуваше речиси една година. Ниската ликвидна позиција во реалниот сектор продолжи и во 2010 година, при што претпријатија, кои повеќе кои помалку, од сите дејности се блиску или под минималното ниво на ликвидност. Во такви услови, и на се` уште намалени економски активности, изострената неликвидност кај фирмите негативно се одрази врз способноста за редовно сервисирање на обврските кон домашните банки, поради што значаен дел од фирмите мораа кредитно да се задолжуваат за таа цел. Затоа, нефункционалните кредити на претпријатијата во 2009 година, евидентирани во билансите на банките, забележаа годишен пораст од 34,8%, или за 2.616 милиони денари, што е раст поголем за повеќе од петпати во споредба со порастот во 2008 година. Едноставно, неможноста да си ги наплатат своите побарувања и да ги подмират своите долгови ги втурна во ново задолжување при значително затегнати услови за кредитирање од страна на банките. Така, иако долгот на стопанството забележа раст побавен за трипати во споредба со порастот на истиот во 2008 година, сепак на 31.12.2009 година, односно на почетокот на 2010 година, достигна 241.812 милиони денари (58,5% од БДП). Најголемо забавување на растот на задолженоста на домашните претпријатија (за речиси шестпати) се забележува кај долгот кон банкарскиот систем, којшто на 31.12.2009 година изнесуваше 104.817 милиони денари (42,1% од вкупниот долг на претпријатијата). Во првите пет месеци од 2010 година, банките пласираа околу 5,5 милијарди денари во економијата во форма на кредити, што е блиску до износот пласиран во целата 2009 година (околу 6 милијарди денари). Сепак, доминира намалениот интерес за отворање ФИНАНСИРАЊЕ НА ДОЛГОРОЧНО нови бизниси, што наспроти растот на бројот на блокирани депоненти и претпријатија во стечај, се должи на се` уште ОДРЖЛИВИ ПРОЕКТИ ниската странска и домашна побарувачка. Претпријатијата имаат насушна потреба за инвестирање Бизнис-заедницата бара: во основни средства, но со оглед на слабото искористување на расположивите капацитетети (околу 50% од просечното - Монетарната политика, покрај макроекономската искористување пред кризата), позначителни потреби за стабилност, треба да обезбеди и услови за пораст на капиталот финансирање односно кредитирање врз оваа основа се во приватниот сектор. Во тој контекст, со монетарната политика очекуваат откако странската и домашната побарувачка ќе треба да се обезбеди целокупните средства по основ на штедење забележат стабилен и повисок пораст. од резидентите во земјата и средствата од странство, банките да ги Имајќи го предвид фактот дека најголемите ризици за пласираат во долгорочно одржливи проекти во приватниот сектор. домашната финансиска стабилност потекнуваат од евентуално неповолните движења на девизниот пазар, значењето на Затоа, неопходна е поактивна улога на монетарната политика стабилниот девизен курс на денарот како за макроекономската од НБМ за поликвидно стопанство, пред се`: и финансиската стабилност, така и за фирмите е исклучително значајно, пред се` поради високата увозна зависност на - со политиката на задолжителни резерви, да се воспостави македонската економија. стимулативен амбиент за финаснирање на извозно ориентираните Исто така, во услови кога голем дел од вкупниот долг на дејности и инфраструктурата од страна на финансиските институции. претпријатијата е со девизна компонента, како и фактот што Ова посебно е можно ако преку задолжителните резерви на банките нерезидентните кредитори претставуваат најголем доверител се даде голем придонес да се ослободи ликвидноста и да се помогне на корпоративниот сектор, клучна е зависноста на нивната во обновата на кредитирањето со пониска цена на капиталот; способност за сервисирање на долговите, од стабилноста на - државата да се јави како гарант (во целина или во еден дел) на девизниот курс на денарот. обврските за финаснирање кај проектите што се клучни за зголемување Потребата од забрзан економскиот раст налага стабилноста на извозот и кај проектите од секторите кои се клучни за националната на курсот на денарот да се обезбеди со пораст на производството економија, бидејќи тогаш таквите пласмани во билансите на банките и пораст на извозот, за што ни се потребни нови инвестиции ќе се третираат како нискоризични, па по тој основ ќе биде помала реализирани со поволни банкарски кредити. и резервираноста на капиталот, што дополнително ќе ги стимулира банките да финансираат такви инвестициони проекти. (Советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија)


БИЗНИС ИНФО

4 СОСЕДИ

четврток, 07 октомври 2010

Косово станува елдорадо за македонскиот бизнис

ПАЗАРОТ ОСВОЕН, ОСТАНУВА ДА СЕ ОПСТОИ * Средба меѓу претседателите на стопанските комори на Македонија и Косово, Бранко Азески и Сафер Ѓерѓалиу * Уште подобри резултати доколку се надминат инфраструктурните бариери Задоволни сме од растот на размената со Република Косово во првата половина од годинава, и треба уште да се работи на одржување и зголемување на меѓусебните економски релации. Увозната зависност на Косово овозможува максимално позиционирање на македонските стоки, но таа позиција на компаниите од Македонија на косовскиот пазар не е долгорочна и треба да работат на конкурентниот капацитет на македонското производство, преку квалитет и меѓунарoдни стандарди. Ова го истакна пред претставниците на медиумите Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија по средбата во Скопје со првиот човек на Стопанската комора на Косово, Сафер Ѓерѓалиу (4.102010 година). Трговската размена меѓу Македонија и Косово во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период лани е зголемена за 73,3 отсто, но за подобри резултати треба да се надминат присутните инфраструктурни и законски бариери, сметаат челните луѓе на двете стопански асоцијации. Тие апелираа до владите во двете држави да работат на што поскоро автопатско поврзување меѓу Приштина и Скопје, подобрување на инфраструктурата на граничните премини и на усогласување во извозните и транзитните процедури. Неопходно е, укажаа тие, и избегнување на двојното оданочување, пристапување на Косово кон АТА-конвенцијата, но и заедничко учество во проекти финансирани од меѓународни институции. Косово во првите пест месеци од годинава е седмиот надворешен трговски партнер на Македонија, со вкупно учество во македонската трговска размена од 5,2 проценти. Перспективите, според Бранко Азески, се уште поголеми со оглед дека не се реализирани голем дел од работите за кои коморите разговараат со владите, а за тоа нема непремостливи пречки. - Бараме и ќе вршиме постојан притисок за подобрување на условите за работа на граничниот премин Јажинце за да се отвори можноста за користење на новоизградениот пат преку Кукс за излез во Црна Гора и во Албанија, изградба на автопат меѓу Приштина и Скопје и модернизација на железничката пруга, посебно подвлече Бранко Азески. Размената, според него, може да се подобри и со потпишување договор за избегнување на двојно оданочување, пристапување на Косово кон АТА-конвенцијата и заедничко царинење. - Сето тоа ќе придонесе да се зголеми обемот на трговската размена во рамките на ЦЕФТА како предворје на ЕУ. Високиот процент на размена со создава одговорност за македонските фирми да не мислат дека е лесно освоен косовскиот пазар бидејќи тој и понатамну ќе се либерализира во рамките на ЦЕФТА и пристапувањето кон ЕУ, што создава обврска за нашите компании да го зголемат усвојувањето на стандардите и да ја подобрат конкурентноста на производите, укажа Азески. Според претседателот на Стопанската комора на Косово, економиите на двете земји не треба да се задоволат со досега постигнатите бројки, туку да овозможат други форми на соработка. Покрај вложување во инфраструктурата и отстранување на законските бариери, смета Ѓерѓалиу, потребен е заеднички настап на македонските и косовските фирми на трети пазари. - Ќе правиме напори што поскоро да почне изградбата на автопатот меѓу Приштина и Скопје од страна на Косово, а апелирам делот што припаѓа на Македонија да биде во планот на македонската Влада. Мора да се обидеме заедно со дијалог за заеднички настап на нашите и фирмите од Македонија на трети пазари. За тоа мора да имаме постигнато одредени стандарди и сертификати, рече Ѓерѓалиу. Не може, истакна тој, да се зборува за политичка стабилност ниту во Македонија ниту во Косoво ако економскиот развој не биде приоритет за владите во двете држави.

БРОЈКИ И ФАКТИ

Република Косово Локација: Југоисточна Европа меѓу Србија и Македонија Површина: Вкупно: 10.887 км2 - Земјена површина: 10.887 км2 - Водена површина: 0 км2 Граници: Вкупно: 702 км Земји со кои граничи: Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија Главен град: Приштина Население: 2.126.708 (2007 проц.) Религија: Муслимани, Православни , Католици Бруто домашен производ (БДП) БДП: 5,3 милијарди САД $ (2008, проценка) Стапка на пораст на БДП: 5.1% (2007) БДП по глава на жител: 2.300 САД $ (2007) БДП по сектори: - Земјоделство: 20% - Индустрија: 20% - Услуги: 60% (2007)

Работна сила: 550.000 Стапка на инфлација: 5,3% (2007) Стапка на невработеност: 16,6% (2009) Индустрии: Рударство, базни метали, градежни материјали, кожа и др. Извоз: 198,5 милиони евра (2008) Извозни партнери: ЕУ – 93,9 мил. евра (47,4%); Македонија- 20,1 мил. евра (10,1%); Албанија- 21,1 мил. евра (10,6%); Србија- 9,9 мил. евра (5%); Швајцарија 7,4 мил. евра (3,7%) Извозни производи: руди, метални преработки, сурова кожа и производи од кожа, машини итн. Увоз: 1,928 милиони евра (2008) Увозни партнери: ЕУ-701,9 мил.евра (36,4%), Македонија - 346,5 мил. евра (18%); Србија-208,9 мил.евра (10,8%); Турција-128,2 мил. евра (6,7%); Кина-121,1 мил. евра (6,3%). Увозни производи: прехрамбени производи, нафтени деривати, машини и опрема, хемиски производи, дрво и преработки од дрво Во 2008 година Косово најголем извоз има остварено со ЕУ (47%), Албанија (10,7%), Македонија (10,1%), и Србија (5,0%). За истиот период најголем увоз во Косово е направен од ЕУ (36,4%), Македонија (18,1%), Србија (10,8%) и Турција (6,7%). (Извор: CIA, USA)


БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

5 СОСЕДИ

Надворешно-трговска соработка меѓу Република Македонија и Република Косово

МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ ЗГОЛЕМЕН ЗА 120 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Вкупната трговска размена на Република Македонија со Косово во првите шест месеци од 2010 година достигна вредност од 200,5 милиони САД$, или 5,2% од вкупната надворешно-трговската размена на Република Македонија. Споредбено со истиот период од минатата година вкупната размена со Косово е зголемена за 127 милиони САД$ или раст од 73,3%, За првите 6 месеци Косово е седми партнер на Македонија во вкупната размена со светот. Остварен е извоз во вредност од 191 милион САД $. Македонскиот извоз во Косово за првата половина од 2010 година учествува со 13,3% во вкупниот извоз на земјата. Извозот е зголемен за 120 милиони САД $ или е зголемен за 67%. И увозното салдо бележи големо покачување од 7,7 милиони САД $, или раст од 419%. Од Косово е увезено стоки во вредност од 9,5 милиони САД $, што претставува 0,4% од вкупниот македонски извоз. Табела за трговска размена на Македонија со Косово Име на земја Косово Вкупно Р.М.

во 000, САД$

Вкупна размена 01-06 2009

01-06 2010

Извоз Индекс

01-06 2009

01-06 2010

Увоз Индекс

01-06 2009

01-06 2010

Индекс

73.347

200.496

273,3

71.512

190.974

267,1

1.834

9.522

519

3.508.534

3.877.142

110,5

1.191.214

1.436.072

120,6

2.317.319

2.441.069

105,3

Табела за трговска размена на Македонија со Косово, споредбено со размента со ЦЕФТА во периодот јануари-јуни 2010 ЗЕМЈА

КОЛИЧИНА ВО КГ.

Косово

498.596.979,00

Вкупно ЦЕФТА

838.007.996,00

ИЗВОЗ во САД$ 190.974.208,00 42,6% учество во ЦЕФТА 447.720.045

КОЛИЧИНА ВО КГ. 27.408.728,00 456.848.602

УВОЗ во САД$

ВКУПНО во САД$

9.522.477,00

200.496.685

3,5% учество во ЦЕФТА

27,5% учество во ЦЕФТА

281.927.001

729.647.046

Во рамките на трговската размена на Република Македонија со ЦЕФТА, во првите 6 месеци од оваа година, 42% од македонскиот извоз во ЦЕФТА земјите е реализиран во Косово, а вкупната трговска размена со Косово учествува со 27% во трговија со ЦЕФТА. Најголемо учество во извозот на Република Македoнија во Косово во 2009 година имаат стоките: прехранбени производи, зеленчук и овошје со вкупна вредност од 40 милиони САД $. Во секторот прехрана најголемо учество имаат производите (вода, минерална и газирана = 17 милиони САД$; пекарски производи= 4 милиони САД$); градежни материјали - 31,6 милиони САД$; топло и ладно валани и други производи од железо и челик - 13,8 милиони САД$; цигари што содржат тутун – 8,5 милиони САД$ и останати производи од помала вредност. Во првите 6 месеци 2010 година, стоки кои се извезени во вредност поголема од 1 милион се: пекарски производи 2,4 милиони САД $; газирани пијалоци и минерална вода 7,8 милион САД $; пиво 1,8 милиони САД $;цигари 5 милиони САД $; руди на никел и концентрати 2,3 милиони САД $;нафтен кокс 3,9 милиони САД $;водород,кислород и други ретки гасови 1 милион САД $; портланд цемент 11,4 милиони САД $;производи од гипс 1,6 милиони САД $ ; ладновалани производи 1,5 милиони САД $; топловалани прачки од железо 6,1 милиони САД $;ткаенини, мрежи и огради од кована жица; и други производи за транспорт и пакување на производи од пластика 1,3 милиони САД $. Државниот завод за статистика на Македонија не го евидентира извозот на нафта и нафтени деривати и вода кои учестваат во голем обем во македонскиот извоз. Во увозот во Република Макеоднија од Косово најголемо учество во 2009 година имале прехранбени производи, зеленчук и овошје и градежни материјали. Оваа година најзастапени производи беа: брашно од пченица или наполица, чоколади, прехранбени производи кои содржат какао, минерална вода и други газирани пијалоци, метални отпадоци, 2,8 мил. САД $, мрк јаглен и лигнит, заварени цевки, отпадоци од батерии... Увозната зависност на Косово овозможува максимално пазарно позиционирање на македонските стоки. Високото учество на Косово во македонскиот извоз, е добро, но компаниите треба да сфатат дека оваа добра позиција на косовскиот пазар не е долгорочна и дека треба и понатаму да работат на изградување на конкурентниот капацитет на нашето производство, пред се`, преку квалитет и меѓународни стандарди. До сега, кон овој пазар немало стратешки пристап. Кон ова придонесе факт дека до 2009 година немаше транспарентност во податоци на ниво на нашата држава, така што билатералната трговска размена во услови на немање јавен пристап кон податоците оставаше впечаток на импулсивна размена. Но, исто така се` уште нема јавност и во однос на други податоци како што се оние кои се однесуваат на инвестиционите активности во двете насоки. До колку би постоело заедничко мешовито тело кое би ја следело билатералната размена, би можело да се изгради и стратешки пристап кон овој пазар. Со цел осознавање, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Косово треба во најскоро време да организираат бизнисфорум. ЦЕФТА 2006 создава услови за унапредување на регионалната трговска размена преку мултилатерална соработка, што до сега не се користи оптимално. Мултилатералното поврзување на косовското стопанство за сега е можно само со Албанија, Б и Х, Црна Гора и Хрватска, бидејќи со овие земји Косово има билатерални договори за слободна трговија и ограничено билатерално во однос на ЕУ, со оглед дека УНМИК/Косово од страна на ЕУ имплементира автономни трговски преференцијали, таканаречени “извонредни мерки”. Соработката меѓу двете стопанства нема само билатерална димензија. Доброто меѓусебно познавање и информирање е значајно и од аспект на започнатите процеси за создавање на единствент регионален пазар и зона на слободната трговија. Со Косово се` уште не се имплементира систем на одбегнување на двојното оданочување. Тоа што Косово не е пристапено кон АТА - конвенцијата, создава проблеми во одредени извозно/увозни операции. Комората гледа унапредување на стопанската соработка преку заедничко учество во проекти фнинансирани од меѓународните институции и програми, особено во областа на енергетиката и транспортот. Во тој контекст со поголемо внимание треба да се следат јавните повици за јавните набавки и други тендери. Меморандумот за соработка, меѓу Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора и Унија на Албанските комори (Валона, 9 јуни 2009 година) е во функција на иницирање на заедничките проекти кои би биле финансирани од нам достапните меѓународни фондови. Со цел унапредување на стопанската соработка и трговската размена, потребно е да се подобри инфраструктурата на граничните премини, вклучувајќи и оспособување на преминот Јажинце. Во 2007 година, македонските комори се обратија до Владата на Република Македонија со такво барање. Со завршување на автопатот со кој се поврзува Албанија со Косово преку Кукс (Албанија), може да влијае на зголемување на транзитите преку граничниот македонско- косовски премин. Во однос на функционирањето на прекуграничните процедури постои извесна неусогласеност во делот на извозните и транзитните процедури, особено во делот на транзит на нафта и нафтени деривати. Од наша страна втеринарната и фитосанитарната контрола е на повик. Разгледување на можноста да се спроведува заедничка царинска контрола треба да е приоритет на двете земји. Потребно е во најскоро време да се организира билатерална средба на Македонскиот и на Косовскиот национален прокомитет за олеснување на трговијата и транспортот.


БИЗНИС ИНФО 6 ПОСЕТИ Македонско-турски бизнис-форум со компании од Ушак

четврток, 07 октомври 2010

СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОИЗВОДИ ПОЕВТИНО НА ТРЕТИ ПАЗАРИ - Навиките ни се многу слични зашто имаме долги корени на заедничко живеење, култура и соработка што е основа да се направи добар заеднички бизнис. Заедничкото инвестирање и партнерство многу побрзо ќе ги отвори пазарите на двете земји, но ќе значи прозорец за настап и во трети земји, - им порача Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје, на учесниците на Македонско-турскиот бизнис-форум со компании од Ушак. Делегација од 59 турски бизнисмени, членови на Трговскоиндустриската комора на Ушак учествуваат на Македонско-турскиот бизнис-форум што се одржа во Стопанската комора на Македонија (4.10.2010 година), со цел воспоставување деловни контакти со компании од Скопје и Штип од областа на текстилната, кожарската, ќерамичката и прехранбената индустрија. - Целта на посетата е да се подобрат односите меѓу нашите две земји кои имаат длабоки историски корени. Договорите кои ќе се постигнат ќе го подобрат процесот на приближување на Македонија и на Турција кон Европската унија и ќе значат мост кон Европа за Турција и продор кон Средниот и Далечниот Исток за Македонија, рече претседателот на Трговско-индустриската комора на Ушак, Исмаил Караман, во своето обраќање на Форумот. Ушак е град на индустријата со индустриска историја од 100 години во областа на текстилот, кожарството, прехраната и ќерамиката, а во последно време е центар за рециклирање на пет-амбалажа и на текстилни отпадоци. Според Исмаил Караман, токму на полето на рециклирањето може да се продлабочи соработката со Македонија, истакна Караман. - Македонија е можеби мал пазар, но таа бидејки е во центарот на Балканот може да го отвори овој регионален пазар со 70 милиони жители за турските бизнисмени, но и да биде врата за влез на заеднички стоки на Европскиот пазар. – порача Хади Незир, министер без ресор во Владата на Република Македонија. Новото трговско аташе на Република Турција во Македонија, Шенол Туркиолмаз, пред претставниците на медиумите истакна дека целосно е завршена и воспоставена правната рамка за подобрување на економските и трговските односи меѓу двете земји. - На бизнисмените им останува на најдобар начин да ги искористат поволностите што им се на располагање за да се подобри соработката. Согласно Договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Труција индустриските производи се тргуваат без царински давачки, но, за жал, се` уште не можеме да кажеме дека е постигнат потенцијалот кој постои за подобрување на економската размена меѓу двете земји, рече Туркиолмаз. Таа нагласи дека во моментов годишната трговска размена меѓу двете земји изнесува околу 320 милони САД долари годишно, а турските инвестиции во Македонија веќе достигнаа 500 милиони САД долари.

Бизнисмени од Ушак, Република Турција, во Штип

ПОЧЕТОК НА ДОЛГОРОЧНА СТОПАНСКА СОРАБОТКА Штип и Ушак почнуваат интензивна стопанска соработка. Бизнисмени од овој турски град престојуваа во „македонскиот Манчестер“ (3.10.2010 година), а на Mакедонско-турскиот бизнисфорум што се одржа во присуство на двата градоначалника и валијата на регионот на Ушак, беше потпишана Спогодба за соработка меѓу регионалните комори. Документот го потпишаа Петре Јордев и Исмаил Карадан, претседатели на регионалните стопански асоцијации од Штип и Ушак. - Се надеваме дека е ова старт на една сестрана и долгорочна економска соработка. Можности и капацитети има не само во областа на текстилната индустрија, туку и во преработката на дрво, металопреработувачката индустрија, градежништвото и земјоделството,истакна д-р Зоран Алексов, градоначалника на општината Штип. - Многу е значајно што 15.000 студенти во моментов студираат на Штипскиот универзитет, со што се создава голем човечки потенцијал за развој на индустријата. Регионот на Ушак има 350 илјади жители и како што напомена Оздемир Чакачак, валија на оваа област, главни карактеристики му се трговијата со текстил и земјоделството. Тука, всушност, може да се најдат и взаемните допирни точки на кои ќе се гради економската соработка. - Многу е битно што деловните луѓе од Ушак се и големи инвеститори низ многу страни на светот. Тие се и во оваа бизнисделегација и се надеваме дека ќе има резултат од нивното присуство во Република Македонија, – порача Али Ердоган, градоначалник на општината Ушак. Двата градоначалника се договорија да потпишат и Писмо за намери за соработка и културни врски, кое понатаму ќе прерасне во документ за збратимување на двете општини.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

7 ПОСЕТИ

Исмаил Карадан ги информираше присутните штипски бизнисмени за можностите на стопанството на Ушак, нагласувајќи дека само градот е центар на кожата и трговијата. Според првиот човек на тамошната комора, Регионот Ушак во целокупното производство на Турција учествува со 95% во производство на ќебиња, 97% на хируршка газа, 65% на волнени предива, 60% на кожа за производство на облека и 115% на производството на керамика. Во неговата околина се сконцентрирани 50 милиони метри квадратни плантажи за памук, а на завидно ниво е и производството на млеко. - Заедничката стопанска соработка треба да ја започнеме во правец на намалување на големиот трговски дефицит што го има земјава со Република Турција, но и да се потрудиме да создадеме заеднички производи со кои ќе настапиме на пазарот на Европската унија, користејќи ја дијагоналната кумулација на потеклото на стоките, – посебно подвлече Петре Јордев, претседател на Регионалната комора со седиште во Штип. Инаку, анализите на Стопанската комора на Македонија за трговската размена меѓу Македонија и Турција во сегментот на текстилот покажуваат дека лани земјава има остварено извоз на ткаенини од памук во Р. Турција во висина од 7,3 милиони САД долари. Од друга страна, пак, увезени се ткаенини од повеќе видови суровини во вредност од 30,4 милиони САД долари и конфекција од 8,5 милиони САД долари, со што само во размената во текстилната индустрија на македонска страна е забележан дефицит од 31,6 милиони САД долари. Во седумте месеци од 2010 година од Македонија се извезени ткаенини со вредност од 4,5 милиони САД долари, додека увозот е над 25 милиони САД долари. Саво Пејчиновски

БРОЈКИ И ФАКТИ

Република Турција

БДП по сектори: - Земјоделство: - Индустрија: - Услуги:

Локација: Југоисточна Европа и Југозападна Азија, граничи со Црното Море, меѓу Грузија и Бугарија, со Егејско и Медитеранското Море, меѓу Грција и Сирија Површина: Вкупно: 780.580 км2 - Земјена површина: - Водена површина:

8,5% 28,6% 62,9% (2008)

Стапка на инфлација: 16,5% (2009) Стапка на невработеност: 14,5% (2009) Индустрии: Текстил, челик, петролеј, градежништво, хартија, преработка на храна, хартија, рударствo, челик, електроника Стапка на пораст на индустриско производство: -11,8% (2009)

770.760 км2 9.820 км2

Извоз: 102,2 милијарди $ (2009)

Граници: Вкупно: 2.648 км Земји со кои граничи: Ерменија, Азербеџан, Бугарија, Грузија, Грција, Иран, Ирак, Сирија

Извозни партнери: Германија 9,6; Велика Британија 5,8%, Италија 5,8%; Франција 6,1%; Ирак 5% (2009) Извозни производи: прехрамбени производи, текстил, метални производи, транспортна опрема

Главен град: Анкара Население: 76.805.524 (2009) Религија: Муслимани 99.8%, други 0,2% Јазици: Турски, Курдски, Арапски, Ерменски и Грчки

Увоз: 140,8 милијарди $ (2009) Увозни партнери: Русија 14%; Германија 10; Кина 9%; Италија 5,4%; САД 6,1%; Франција 5% (2009)

Бруто домашен производ (БДП) БДП куповна моќ: 863,3 милијарди $ (2009) Увозни производи: машини, хемикалии, полу готови производи, горива, Стапка на пораст на БДП: -5.6% (2009) транспортна опрема Надворешно-трговска размена БДП по глава на жител: 11.200 $ (2009) меѓу Република Македонија и Република Турција (Извор: CIA, USA)

КОНСТАНТНО СО ГОЛЕМ ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ НА МАКЕДОНСКА СТРАНА

Вкупната размена со Турција за седум месеци од 2010 година бележи раст од 3,1%, извозот е зголемен за 6,5%, а увозот за 3%. Компаративен приказ на трговската размена со Турција во периодот 01-07 2010 / 01-07 2009 Вкупна размена 2009

2010

160.016.745

165.029.845

Извоз Индекс 103,13

2009 24.450.611

2010

Увоз Индекс

26.041.725

106,5

2009

2010

Индекс

135.566.134

138.988.120

103

Вкупна трговска размена со Република Турција во 2009 година Име на земја Турција Вкупно РМ

Извоз

Увоз

сума во УСА$

сума во УСА$

Вкупно сума во УСА$

Биланс сума во УСА$

40.764.204,00

250.746.090,00

291.510.294,00

-209.981.886

2.691.528.007,00

5.043.114.729,00

7.734.642.736,00

Учество на Турција во вкупната размена на РМ од 4%


БИЗНИС ИНФО

8 ПОСЕТИ

четврток, 07 октомври 2010

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република турција во 2009 година, достигна вредност од 291,5 милиони САД долари, при што е остварен извоз во вредност од 40,7 милиони САД долари, додека увозното салдо изнесува 250,7 милиони САД долари. Трговскиот дефицит во 2009 година изнесува 210 милиони САД долари, а учеството на Турција во вкупната размена на Македонија е 4%. Компаративна анализа на трговската размена со Турција за периодот 2009 / 2008 во САД долари Вкупна размена 2008

2009

300.318.696

291.510.294

Извоз Индекс

2008 97

31.564.526

2009

Увоз Индекс

40.764.204

129

2008

2009

268.754.170

250.746.090

Индекс 93

Компаративните статистички анализи покажуваат дека обемот на стоковната размена во 2009 година, е за 3 отсто понизок од обемот на размената од претходната година, извозот е зголемен за 29%, додека увозот бележи пад од 7%. Во поглед на застапеноста на производите во размената, во периодот 01-10.2009 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: -текстилни материјали и ткаенини, мермер и огноотпорни тули, феросилициум, производи од железо и челик, феросилкоманган и прехрамбени производи во вредност Во увозното салдо најголемо учество имаат: текстилни предива, ткаенини и теписи, други моторни возила за превоз на лица и стока и друмски влекачи за полуприколки, прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје), готови текстилни производи, облека и обувки, електрична опрема и бела техника, градежни материјали (огноотпорни тули, цемент, гипс и др.), хемиски производи и пластчни маси, лекови и козметика . Стоковна Размена (2001 / 2008) во илјади САД$ 2001

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

Извоз

8.583

8.462

32.808

53.954

53.954

54.272

53.248

31.564

Увоз

46.407

59.154

78.787

94.843

94.883

106.969

194.766

268.754

Вкупно

54.990

67.616

1 11.596

148.798

148.837

161.201

248.014

300.318

-37.824

-50.692

- 45.979

-40.889

-40.292

-52.697

-141.518

-237.190

Трг. салдо

Споредувајќи го периодот од 2001 до 2008 година, во надворешно-трговската размена меѓу Македонија и Турција, се забележува константен трговски дефицит на македонска страна, кој благо варира од година во година. Во анализираниот период најголемиот дефицит е остварен минатата година (2008) и изнесува 237 милиони САД$. Приказ на директни инвестиции од Турција во Македонија во мил.евра 2009

2008

2007

2006

2005

2004

2003

-2,35

42.976.042

34.909.718

27.722.719

25.060.107

26.488.657

18.860.126

Турската компанија “ТАВ“ е новиот концесионер на аеродромскиот систем во земјава која се очекува да инвестира околу 200 милиони евра. Аеродромите „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид ќе бидат дадени под концесија на 20 години и владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите да добијат подобрување според светски стандарди на аеродромската инфраструктура и зголемување на капацитетите и авиосообраќајот. Исто така “ТАВ“ ќе го гради и новиот карго-аеродром во Штип. Во поглед на интересот на турските бизнисмени за инвестирање во Македонија, истите отворено истапуваат со критика дека главен проблем им се бавните бирократски процедури во земјава. Објаснуваат дека откако ќе отворат фирма и ќе вработат луѓе во земјава, морале да се враќаат назад во Турција по работна дозвола. Во другите земји, оваа дозвола се вадела во земјата каде инвестираат. За најавените, а нереализирани турски инвестиции во Македонија, како што е случајот со Шишеџам, од турската амбасада во земјава велат дека ќе дошле по завршувањето на кризата. За турските бизнисмени, најинтересни за инвестирање во земјава се прехранбената и текстилната индустрија и градежништвото. Посебен потенцијал гледаат во туризмот, бидејки – велат – имало многу заинтересирани Турци кои би сакале да го посетат родното место и училиштето во кое учел водачот на модерната турска држава – Кемал Ататурк, во Битола.


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

9

РЕАГИРАЊА

Нерешеното прашање на земјиштето и скапиот мазут ги „лади“ оранжериите

ЧЕКАЈКИ КРЕДИТ КРАСТАВИЦИТЕ ПОРАСНАА КАКО ТИКВИ Производителите на раноградинарски култури (оранжериите) во земјава имаат проблем со нерешеното прашање на земјиштето. Статусот на земјиштето на оранжериите, како и самите оранжерии се уште од надлежните органи и институции не се решава и покрај презентираната валидната документација издадена од надлежни органи за изградба на истите (урбанистички согласности, одобренија за градба, градежни дозволи и слично). Ова посебно беше нагласено на редовната прес конференција што се одржа во Стопанската комора на Македонија на која се опсервираа проблемите со кои се судира раноградинарското производство во земјава (4.10.2010 година). Нерешениот статус на земјиштето претставува голем проблем на оранжериите. бидејќи тие не можат да аплицираат за кредит кај банките (зашто со нерешено прашање не може да се дадат истите под хипотека) и не можат да се јават на конкурсите за користење средства од ИПАРД програмата. Истовремено, заради нерешениот статус на земјиштето за вложувања во оранжериите не се заинтересирани ниту странските инвеститори. Затоа се предлага меѓуресорски состанок (Министерство за земјоделство, Министерство за транспорт и врски, Агенцијата за катастар на недвижности и Министерство за економија) на кој би се дефинирал статусот на земјиштето на оранжерии (стакленици). Производството на раноградинарски култури (во контролирани услови) е првенствено зависно од греењето. Трошоците за греење се и најголемиот трошок во такво производство. Сите оранжерии во Македонија како основен енергент (за загревање) користат мазут. Исклучок се оранжериите кои користат геотермална вода и тоа во Кочани 12 ха, Подлог 6 ха, мал дел во Струмица и новоизградени опранжерии во Гевгелија 12 ха. Учеството на мазутот во вкупните трошоци континуирано се зголемува како последица на зголемувањето на цената на мазутот одредувана од Регулаторната комисија на Македонија. Зе за период јануари 2009 год. до мај 2010 година (само за една гопдина) цената на мазутот е зголемена за 189,33 проценти. Повеќе од 75% од вкупното производство на оранжериите се извезува (директно или преку посредници-трговци). Исто така, треба да се потенцира и фактот дека со понудата на пазарот на раноградинарски култури (зимско-пролетно производство) во практиката привршува во периодот кога се јавува понудата од пластеничкото производство на раноградинарски култури и фактички се избегнува дуплирањето на понудата што е секако во интререс на пластеничкото производство. Значајно влијание има производството на раноградинарски култури и во доменот на извозот (оранжериите практично имаат изразит нето девизен ефект,) што е секако придонес во подобрување на состојбата во трговскиот биланс на земјата (извоз околу 20 милиони евра). Поради енормното зголемување на трошоците за греење (поради порастот на цената на мазутот) кои трошоци се ближат над 70% од вкупните трошоци, оранжериите во Македонија производители на раноградинарски култури (зимско-пролетно производство) се доведени во ситуација комплетно да го изменат производниот циклус. Имено, наместо производство на раноградинарски култури во зимско-пролетниот период (кое производство е интересно во делот на извозот) да се ориентираат на покасно производство со што понудата на пазарот ќе се поклопи со понудата од пластениците и енормно зголемената понуда, секако, дека ќе има многу негативно влијание на доходовноста и на оранжериското производство, но и на пластеничкото производство. СТАВОВИ Во делот на вкупните трошоци, покрај енормното зголемување на цените на мазутот, исто така се бележи зголемување Комората за примената на “зелениот картон“ и на цените на другите енергенти (електричната енергија, нафтата и белите горива и друго), како и други трошоци. Од друга страна пак, мерките понудени од програмите Со оглед на значајните трошоци за издавање на “зелен картон“ во на Владата или не ги опфаќаат оранжериите или пак сосема мало патниот сообраќај (патнички, товарен), долгогодишна заложба на Комората влијание имаат во подобрување на крајно лошата состојба од е овие трошоци да се намалат, по аспект на доходовност. Имено, како прво, оранжериите (стакленици) принципот на регулирањето на ова не се опфатени со програмата за руралниот развој. Второ, со прашање како и во другите земји. ИПАРД програмата е определено дека за овие средства можат да Причината поради која конкурираат стопански субјхекти (оранжерии) кои имаат максимални се бара конечно регулирање на капацитети од 6 ха, додека поголемите се исклучени од можностите ова прашање, односно укинување за користење на овие средства. Од друга страна пак најголемиот на надоместокот за издавање на број на оранжерии стакленици имаат капацитети поивеќе од 6 ха зелениот картон, произлегува пред стакленици и по тој основ не можат да конкуриураат за средствата се` од конкурентски причини, а по од ИПАРД за реконструкции, модернизации и други инвестициони примерот на негова примена во другите земји и тоа: активности за технико-технолошко подобрување на стаклениците и - во сите земји (освен во Македонија и Албанија) осигурувањето од нивната модерноизација. автоодговорност кое се плаќа при регистрација на моторни возила е Во делот на Прогарама за подршка на земјоделитето валидно како во матичната земја на осигурување - во вид на полиса за 2009/2010 година (субвенциите во агро комплексот) исто така за автоодговорност, така и во сите останати земји каде што возилата оранжерииуте се значајно запоставени. Имено, и покрај значајното престојуваат - во вид на зелен картон; зголемување на вкупните средства за субвениции за 2010 година, - согласно на тоа, сите регистрирани моторни возила зелениот картон правото на користење на средства од страна на оранжериите го добиваат бесплатно или со минимален надомест за покривање на (производство под контролирани услови) е минорно. Зголемувањето трошоците за негово издавање; на субвенциите во тековнава година за оранжериите се зголемени - со плаќање на полисата за автоодговорност при регистрација, само за 20.000 денари по 1 ха. (80.000 денари минатата година возилото е непрекинато осигурено во осигурителниот период, па и 100.000 денари по 1 Ха за тековнава година) Од друга страна ги од причина што ни теоретски ни практично не е можно возилото наведовме зголемувањата на цените на мазутот за истиот период истовремено да биде и во земјата и во странство, зелениот картон како трошок кој надминува 70% од вкупните трошоци, за 190%. всушност претставува пренесено осигурување од автоодговорност во Во делот на субвенции, оранжериите предлагаат странство. ребаланс на средствата од програмата за подршка на За илустрација, учеството на трошокот за набавка на зелениот земјоделството (субвенциите) со предлог да се субвенциониура картон во Македонија учествува околу 1% во бруто, а најмалку околу 3% во (компензира) енормното зголемувањето на цената на мазутот нето-добивката на превозниците. (на што производителите немаат моижност да делуваат) како би Од тие причини, ставот на бизнисот е дека надлежните државни се помогнало во намалувањето на трошоците на оранжериите за органи треба да пристапат кон соодветно регулирање на оваа материја, трошокот на мазутот. со крајна цел за укинување на надоместокот што се плаќа за зелен картон Васко Ристовски (исклучувајќи ги само трошоците за негово издавање).

ТРОШОЦИ САМО ЗА ИЗДАВАЊЕ


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 07 октомври 2010

СОСТОЈБИ Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите расправаше за кризата која го зафати секторот

МИСТРИИТЕ ЗИДААТ АПАТИЈА Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија на седницата одржана на 30.9.2010 година расправаше за актуелните проблеми, за законската регулатива и за кадрите во градежништвото. Сите статистички податоци говорат за пад на ангажираноста на градежништвото, кај извршените градежни работи за шестте месеци од 2010 година споредено со истиот од минатата година од 2,3%. Исто и издадените одобренија за градење бележат намалување од 14%, споредено шестте месеци од 2010 година (1.369) со истиот период од 2009 година (2.443). I

II

III

IV

V

VI

VII

VIII

IX

X

XI

XII

2009

236

233

267

263

220

259

252

225

236

269

311

303

2010

154

212

295

233

222

253

230

Загрижува податокот за работењето на компаниите во странство, каде обемот на работа се повеќе се намалува, при што извршените градежни работи се со намалување дури за 46%, споредено шестте месеци од 2010 година со истите од 2009 година. I-VI -2009

I-VI -2010

инд

Договорени градежни работи (во милиони долари)

68,6

73,7

107,4

Извршени градежни работи (во милиони долари)

32,1

17,3

53,9

Во обемната и конструктивна дискусија, беа потенцирани проблемите со кои се соочуваат компаниите во тековното работење, почнувајќи од проблемите со добивањето на работите и меѓусебната конкуренција, било за проектирање, надзор или градење, па потоа долгите процедури при добивањето на одбренијата за градење, решавањето на имотно правните односи и оформувањето на локациите. Производителите на тули реагираат за високите цени на инпутите во производството, посебно на Повик од Архитектонското биро АПС од Баварија-Германија енергијата, како и на конкуренцијата од увозот од Србија, до македонските градежните компании Грција и во скоро време и од Албанија. Осовремување на РАБОТА НА ПРОЕКТИ ВО ЗЕМЈИТЕ производните линии оди доста споро, заради недоволни сопствени финансиски средства, а од друга страна треба ОД БЛИСКИ ИСТОК да се имплемнетираат евроските стандарди. Членките посебно реагираа и на неажурноста на Архитектонското биро АПС од Баварија-Германија, има интерес за воспоставување Комората на овластени архитекти и овластени инженери, контакти со градежни компании од Македонија за работа на проекти во земјите на која не успеа да подготви правилник за минималните цени Блискиот Исток и тоа на следните проекти: - изградба на 10.000 станбени куќи со површина од 108 квадратни метри, на проектански услуги, бидејќи, како што беше истакнато, - 2.760 станбени куќи со површина од 130 квадратни метри, фирмите сега импровизираат при давање цени за овие - 90 куќи со површина од 160 квадратни мерти услуги, а посебно пред странските инвеститори. - Изграба на 12 хотели со обезбедени инвеститори. На седницата беше поддржана иницијативата и потребата за едуцирање на млади кадри за Kомпаниите кои имаат интерес за соработка, подетални информации градежништвото, од профилот на армирачи, бетоњерци, можат да добијат директно од г-дин Petar Schleemilch, сопственик на плочкари и други, кои се потребни во градежните Архитектонското биро АПС од Германија, на наведенитe телефони или на маил. компании. За таа цел, беше заклучено, да се направи анкета, за неопходни кадри од наведените профили за APS Architektburo потребите на градежните компании, а учениците за време Dipl.ing. Petar Schleemilch Bahnweg 1b, 82538 Geretsried-Gel�ng на школувањето да бидат ангажирани на пракса. Марија Петроска

Tel/fax 0049 8171 7120 e-mail: arch.aps@gmx.de


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

11

ФОКУСИРАНО Моделирање на бизнис-процесите

ПРВ ЧЕКОР ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БИЗНИС - ПРОЦЕСИТЕ

Пишува: Софче Јовановска

За да се постигне комплетна автоматизација на процесите постојат софтверски алатки кои поддржуваат целосно управување со бизнис-процесите, вклучувајќи моделирање, анализа и следење на бизнис-процеси, нивно поврзување со целите и показателите - индикаторите, како и управување со иницијативите и постигнатите резултати. Управувањето со бизнис-процесите е дисциплина којашто на компаниите им овозможува да ги идентификуваат, да ги измерат и да ги унапредат нивните процеси. Што преставува бизнис-процесот? Секој бизнис-процес е збир на активности коишто се повторуваат, а за реализација на процесот потребни се луѓе, методи, средства, опрема и време, при тоа стриктно е дефинирано, што е влезна и излезна компонента. Секој процес има клучни показатели за реализација, а со нивното следење се обезбедува можноста за подобрување на процесите и спремност за прифаќање на промените. Со управувањето на процесите се обезбедуваат помали трошоци и пократко време за реализација. Начинот на којшто вработените ги извршуваат секојдневните задачи и одредувањето на поврзаноста на деловните процеси имаат многу битно влијание врз успехот на компанијата. Дефинирањето на процесите и нивното моделирање не е едноставна работа. Описот на процесите е неопходен и при управување со промените, управување со добивката, управување со ризиците, при воведување систем за квалитет ИСО9001 и сл. Сите овие модели на управување се базираат на истите процеси, и затоа многу често се инсистира да се интегрираат во еден единствен организациски систем на управување. Но за жал, ретко кој успеал во тоа, а уште поретко некој успеал да оствари доследна примена на процесниот пристап, активно користење на документацијата по ИСО9001. Искуството покажува дека повеќето вакви системи кои се занимаваат со опис на процесите, истовремено генерираат и голема количина на нејасна и некорисна документација, а со тоа и непотребни трошоци. Заради тоа, при соочувањето со новите иницијативи и идните предизвици вообичаено недостасува, потребното разбирање на процесите, а и истовремено неопходната поддршка од поголем број на вработени во компанијата. - Зошто е тоа така? 1. Првата причина е многу едноставна - сложен и неразбирлив опис на процесите, честопати спакуван во обемна документација која поминува низ комплициран циклус на одобрување, што го отежнуваат активното користење на информациите кои се поврзани со процесот, а со тоа го обесхрабруваат иницирањето и спроведувањето на промените. 2. Втората причина е посложена - неискористеност и недоволна комуникација внатре во компанијата. Описот на процесот секогаш се прави одново за потребите на различни функционални цели (пример, за имплементација на информатичко решение еден опис, а за спроведување норми друг опис на процесот), и сето тоа со недоследна примена на пристапот до процесот. 3. Третата причина е општопозната за сите - ангажирање на мал број на луѓе, заборавајќи дека луѓето се двигатели на процесите и системот во една компанија. Секоја личност во компанијата има своја сопствена улога во рамките на процесот што треба да ја изврши како дел од управувањето на процесот. Управувањето на процесите не е резервирана задача за информатичарите, аналитичарите и менаџерите за квалитет. Потребно е учество на сите во компанијата, во спротивно, системот едноставно нема да функционира. Ова не е само празна фраза, бидејќи постојаното учество на сите вклучени во процесите е неопходен предуслов за успех во управувањето со процесите.


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 07 октомври 2010

Како да се имплементира управувањето на процесите? Треба да се анализира компанијата преку процеси т.н. End-to-Еnd процеси, со цел да се подобри остварувањето и реализацијата на стратегијата во една компанија. Треба да се опишат процесите така што ќе се примени доследно процесниот пристап и да се користи единствена платформа, којашто во различните состојби и цели ќе ја користат сите вработени. Повеќеслоен и интуитивен графички приказ на процесите, овозможува прегледно моделирање и разбирање за процесите. Активностите како дел од процесот, графички се прикажуваат како на слика 1. Слика 1: Графичка ознака за Активност При моделирањето се одредуваат активностите и се прикажуваат како погоре на сликата и низата на активности преку блок дијаграм, како подолу на слика 2, го сочинуваат процесот. Во секоја активност се знае: - Што се работи? - Кога се работи ( влез)? - Зошто се работи (излез)? - Кој го работи (улогата - одговорноста)? - Преку спојницата - се додаваат сите потребни документи (влезни и излезни) кои само со еден клик се достапни веднаш во блок-дијаграмот за користење. - При тоа во десниот горен агол се прикажуваат и индикаторите (% на извршена активност во секој момент е видлива). Слика 2. Блок-дијаграм на процес составен од повеќе активности Дури откако доследно ќе се приемни процесниот пристап и ќе се постигне разбирање за сите процеси, тогаш може да се идентифицираат критичните точки, да се следат клучните показатели, да се анализираат и подобруваат процесите кои не функционираат на задоволителен начин. За да може целата компанија да ги разбере, да ги контролира, подобрува и да ги користи своите процеси, на вработените треба да им се овозможи персонализиран пристап до информациите за нивните важни процеси. Софтверските решенија го обезбедуваат тоа. Збирот на активности и нивната поврзаност се прикажуваат софтверски со блок-дијаграми, кои може да се состојат и од сетови на дијаграми, во зависност од сложеност на процесот што се извршува, како на слика 3. Слика 3. Повеќеслоен процесен систем Софтверските алатки за БПМ овозможуваат управување и трансформација на бизнис-процесите, преку потполно разбирање и усогласување на процесите кои се случуваат внатре во компанијата и оптимално оперативно користење на тие процеси. (Советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија)


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

13

СЕМИНАРИ „Следливост (Traceability) предизвик за македонското стопанство и решенијата што ги нуди Меѓународниот GS1 систем на стандарди“

ВО ФУНКЦИЈА НА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И НА ПАЦИЕНТИТЕ GS1 Македонија во соработка со GS1 Хрватска, на 29.9.2010 година, во просториите на Стопанската комора на Македонија одржа втор семинар на темата Следливост. Присуството на околу 170 учесници на семинарот, покажа дека во Македонија постои огромен интерес за едукативни семинари од областа на примената на GS1 стандардите. Меѓу учесниците беа еминентни претставници на: Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и вoдостопанство, како и претставници на нивните дирекции, управи и тела надлежни за прилагодување на легислативата во Република Македонија со европските директиви во поглед на спроведување на следливоста, како што се: Дирекцијата за храна, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Организацијата за заштита на потрошувачите, Фондот за здравство, Бирото за лекови, Управата за ветеринарство и нивните инспекциски служби; експерти од ИТ-секторот, веледрогерии, аптеки, производители на фармацевтски производи и медицинска опрема, претставници на бизнис-заедницата од: менаџментот, контролата на квалитетот, HASSAPлидери, логистиката, производството, развојот, дистрибуцијата. Целта на семинарот беше развој и оптимизација на употребата на GS1 глобалните стандарди и решенија, како и зголемување на општата

свест за неопходноста од примената на новите технологии и методи, односно електронско работење во сите области на македонската економија. Учесниците на семинарот се здобија со нови сознанија дека со имплементација на GS1 стандардите во процесот на следливост се овозможува ефикасна заштита од фалсификати на лекови, храна, трговски брендови, се обезбедува максимална заштита на пациентите и потрошувачите, а производителите и трговците реализираат огромни заштеди. - Во областа на здравството и во безбедноста на храната, многу повеќе отколку во останатите области сé повеќе доаѓа до израз потребата од преиспитување на управувањето во работењето, примена на автоматско прибирање и обработка на податоците, како и нивна електронска размена, базирана врз меѓународните стандарди, со што се обезбедува вклучување на македонското стопанство на светските пазари, – истакна во воведното излагање д-р Марина Поповска Домазетова, директор на Дирекцијата за храна при Министерството за здравство на Република Македонија. Таа ги информира присутните дека од следната година ќе започне со работа новоформираното самостојно тело - Агенција во која ќе бидат фузионирани Дирекцијата за храна и Ветеринарната управа, како што е тоа во европските земји. Се очекува дека една од примарните задачи на Агенцијата ќе биде токму следливоста, како способност да се следи и проследи храната, добиточната храна, животно наменето за производство на храна или супстанција наменета или очекувана да биде вградена во храната или добиточната храна преку сите фази на производство, промет и дистибуција. на суровините и производите. Идентификацијата на потеклото на храната или добиточната храна е од примарно значење за заштита на потрошувачите. Слаѓана Милутиновиќ, директор на GS1 Македонија, ги запозна присутните со основите, организацијата и бенефитите од

членувањето во Меѓународната и Македонската GS1 организација. Во своите видео-презентации објасни зошто е актуелна следливоста и прикажа многу интересни примери за штетите што настануваат поради непримената на процесот на следливост. GS1 стандардите овозможуваат брзо и безбедно повлекување на производите, со што ги ограничуваат негативните последици во случај на некоја грешка во синџирот на снабдување. Таа особено ги потенцираше законските барања за спроведување на следливоста донесени во Европската унија, САД и од страна на други меѓународни регулаторни тела, кои се преточени и во македонското законодавство. Слободан Ромац, раководител на проекти во GS1 Хрватска и координатор за следливост во GS1 во Европа, со своите презентации успеа да го задржи вниманието на присутните до самиот крај. На разбирлив и јасен начин, на високо професионално ниво ги објасни основите на GS1 системот на стандарди и бенефитите од неговата примена, како и употребата на GS1 идентификациските клучеви; ја образложи теоретската и практичната примена на GS1 стандардите во процесот на следливост во различни области од деловното работење, ја разработи следливоста на глобално ниво и алатките што ги нуди GS1 системот на стандарди. **************************** Здружение на финансиски пазари АЦИ Македонија

ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОТЕРУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕВИЗИЈА Во Стопанската комора на Македонија, на 30 септември 2010 година, Здружение на финансиски пазари АЦИ Македонија одржа редовен работен состанок Беа разгледувани предлог промените во Законот за девизно работење, одржувањето на семинари во организација на АЦИ Македонија, имаше разговори околу репо операции и други теми од интерес на членките на Здружението. Претседателот на АЦИ Македонија, Емил Јакимов во врска со предлог промените во Законот за ревизија истакна дека сите предлози од АЦИ ќе се достават до Здружението на банкарство, во врска со: -Курсна листа Овозможување на книжење по актуелна курсна листа (дневно пресек-формирање на курсна листа за девизи) Интегрирање на курсната листа во една (за менувачко работење и за девизи) Согледување на можноста за проширување на курсната листа (изразување на други валути: јуан, рубља, динар, лек и сл.), согласно потребите низ призмата на меѓународната економска размена на стоки и услуги од една страна, и пресметковно-информативно, од друга страна. -Либерална конверзија на девизи на девизна сметка -Укинување на рок за користење на купените девизи на девизен пазар (48 часа) -Утврдување на куповен курс за девизи за денари, при присилна наплата (државни и др.давачки) на денарски побарувања од клиентите Како активности на здржението за наредниот период беа предложени одржување на следните семинари -За банки и финанисиски институции (управување со активата и пасивата, ризици при тргувањето со различни финансиски инструменти и сл.) и -За клиенти (едукативни семинари за користење на нови можности и финансиски инструменти-деривативи), врз основа на спроведена анкета за потребите на клиентите по приоритет. Во врска со точката за репо операции беа разгледани потребите за стимулирање и развој на репо пазарот на меѓубанкарскиот пазар на пари-државни хартии од вредност (и следствено на соодветниот пазар со клиенти). Беа дискутирани потребните мерки за поткрепа и поактивно користење на овој пазар при тековното водење на ликвидноста на банките, и резултатите за спроведената тест апликативна подршка (од ЕУРОПОИНТ АД Белград) и останатите технички потреби како рамка за непречено одвивање на овој пазар. Елизабета А. Ефтимова


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 07 октомври 2010

ИНИЦИЈАТИВИ Регионална комора со седиште во Скопје со иницијатива до Владата на Република Македонија

ПРЕДЛОГ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ Регионалната комора со седиште во Скопје на седницата што ја одржа на 30.9.2010 година заклучи да поднесе иницијатива до Владата на Република Македонија за донесување на Закон за финансиско работење, согласно директивата на Европската Унија за финансиска дисциплина. Овој закон, како што беше посебно нагласено на седницата, е неопходен заради ставање крај на ненаплатените побарувања меѓу домашните компании и регулирање на финансиското работење. Побарано е Владата на Република Македонија заедно со бизнис - заедницата да подготват петогодишен бизнис план за вложувања и развој на стопанството. Членовите на Регионалната комора со седиште во Скопје сметаат дека Управата за јавни приходи на град Скопје треба да биде во постојан контакт и дијалог со бизнис заедницата. Во таа насока предложено е во текот на ноември 2010 година да се организира заедничка средба на бизнис – заедницата со претставниците од УЈП и градоначалникот на град Скопје.

Венера Андриевска

РЕЛАЦИИ Средба со претставници од Вировитичко-подравската жупанија и комора

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА СОРАБОТКА

Во Стопанската комора на Македонија на 5.10.20010 година се одржа работна средба со претставниците на Вировитичко-подравската жупанија. Делегацијата беше составена од десетина претставници на локалната власт и стопанскиот живот, предводена од жупанот Томислав Толушиќ и секретарот на Жупаниската стопанска комора, Милан Ванџура. На средбата беа презентирани вировитичкото стопанство и економските потенцијали со коишто располага оваа Жупанија. Вировитица е носител на економскиот развој, бидејќи во неговата околина се наоѓаат најзначајните економски потенцијали. Вировитичката економија ги има сите основни фактори за успешен развој: значајни природни ресурси, кфалификувана работна сила, идеална географска положба и долгогодишна традиција за производство. Најразвиени се: дрвопреработувачката индустрија, земјоделското производство, преработката на храна, тутун, текстил, обувки, глинени цигли, - беше истакнато од страна на жупанот Томислав Толушиќ и генералниот секретар на Комората на Вировитица, Милан Ванџура. Љубица Нури, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, промовирање и информирање во Стопанската комора на Македонија, истакна дека од заеднички интерес е заедно со Жупаниската комора на Вировитица да се воспостават меѓусебна соработка и контакти заради организирање заеднички активности. Во таа насока беа договорени две значајни активности за наредниот период. Имено, предвидено е организирање бизнис-форум меѓу македонските компании од нашите региони и компаниите од вировитичкиот регион, како и потпишување спогодба за соработка со регионалните комори со седиште во Скопје, Берово и Кочани. Како земјапартнер, ќе се организира и учество на македонски компании на претстојниот Саем за стопанство, занаетчиство и земјоделство „ВИРЕКСПО 2011„. Оваа прва деловна средба, како што беше истакнато, е почеток на идната економска соработка меѓу компаниите од двете земји. Венера Андриевска

ЕВРОПСКА УНИЈА Македонија мора да се подготвува – ЕУ усвои Директива за рок за плаќање

НА МАЛИТЕ КОМПАНИИ ПАРИТЕ НА СМЕТКА ЗА 30 ДЕНА

* Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа договор за директивата со којашто на државните власти и на компаниите им се одредува рок за плаќање на малите приватни претпријатија најмногу до 30 дена, како и каматите во случај на задоцнето плаќање Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа договор за директивата со којашто на државните власти и на компаниите им се одредува краен рок за плаќање на малите приватни фирми најмногу од 30 дена, како и соодветна камата во случај на задоцнети плаќања. Според договорот, стандардниот рок за плаќање од 30 дена се однесува за државниот и за приватниот сектор. Според првичниот предлог на Комисијата, за државниот сектор немаше одредено краен рок за плаќање, туку тоа беше оставено на договорот на доверителите и должниците. Преговарачите на Европскиот парламент успеале од земјите-членки да добијат согласност дека 30-дневниот рок важи за сите. Постигнатиот договор сега треба да добие поддршка од сите застапници, а се очекува за него

да се гласа на пленарна седница на Европскиот парламент во октомври годинава.

Анкета на германските стопански комори

НАЈКОРУМПИРАНИ ЧЕШКА И СЛОВАЧКА

* Најмногу корупција на тендерите во посткомунистичка Европа имаат Чешка и Словачка, според неодамнешната анкета на германските стопански комори Најмногу корупција на тендерите во посткомунистичките земји во Европа има во Чешка и Словачка, според неодамнешната анкета на германските стопански комори. Анкетата покажува дека јавните набавки во овие две земји имаат најлоша репутација кај странските инвеститори. На листата на земји каде што јавните набавки ги следи најголема корупција прва е Чешка, потоа следуваат Словачка, па Романија и Унгарија, а петта на листата на најкорумпирани земји е Бугарија. За да се ублажи зголемувањето на корупцијата во Чешката Република од неодамна, големи американски инвеститори се обидуваат да наметнат остари кодекси на етичко однесување во постапките за јавни набавки. Тие изготвиле и предлог-мерки коишто би им помогнале на владите тендерите да бидат транспарентни, а тенденцијата на чешките политичари и претставниците на администрацијата да бараат мито, да се ублажат до извесен степен. Британските компании очекуваат дека ќе им помогне и новиот британски закон, според којшто од идната пролет ќе се казнува корупцијата секаде во светот. „Британската трговска комора многу сериозно пристапи кон прашањето на транспарентноста и многу сме задоволни што се појави во програмата на новата чешка влада како приоритет. Очекуваме дека чешките пратеници ќе усвојат соодветен закон„, - истакнала госпоѓата Петра Јанчикова, извршен директор на Британската комора.


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

15

ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Охридска банка, Сосиете Женерал Груп

НОВИ КРЕДИТИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ СО НАМАЛЕНИ КАМАТНИ СТАПКИ

Признание за Хотелот „Силекс“ во Нови САД, Р.Србија

ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА „ТУРИСТИЧКА ПРИЗМА 2010“

* Охридска банка воведе нови кредити за население со девизна клаузула и намалени каматни стапки од 8,45% и 8,48% зависно од типот на кредит. Охридска банка, Сосиете Женерал Груп со цел да излезе во пресрет на потребите на граѓаните промотивно воведе Кеш експрес кредит со девизна клаузула и каматна стапка од 8,48% (СВТ 9,69%). Кредитите се на износ до 8.000 евра и со максимален рок на отплата до седум години. Новите услови се однесуваат на сите кредити одобрени за време на промотивниот период кој трае до 31 декември 2010 година. Како што се наведува во соопштението на Банката, корисниците на Кеш експрес кредит добиваат бонус МастерКард кредитна картичка со лимит до три плати и бесплатно електронско банкарство ОБСГНет. Хотелот “Силекс” од Охрид на Меѓународниот саем за туризам Банката паралелно, во рамки на истиот промотивен период, воведе и Компакт кредит со жиранти со девизна клаузула, со каматна во Нови Сад ја доби наградата ,,Туристичка призма 2010”. Наградата е доделена како дел од акцијата „За нов квалитет во туризмот“. „Силекс“ наградата ја доби во конкуренција на голем број хотелски капацитети од пет држави. За менаџерскиот тим на Хотелот „Силекс“ оваа награда значи потврда за досегашната успешна работа, но и обврска со истиот тој квалитет да продолжат во иднина. „Туристичката призма 2010“ годинава беше доделена во 12 категории, а за неа одлучуваше десетчлено меѓународно жири составено од најугледните туристички новинари од пет држави.

стапка од 8,45% (СВТ 9,41%). Со Компакт кредитот граѓаните можат да ги рефинансираат своите тековни обврски по разни основи – кредити, кредитни картички, пречекорувања со еден единствен кредит на износ до максимум 10.000 евра. Охридска банка ги намали и каматните стапки за новоодобрени автомобилски кредити за клиенти кои примаат плата преку банката на 7,9% (СВТ 8,62%). Постојните и нови кредитокорисници можат да добијат детални информации во врска со новата понуда во експозитурите на Охридска банка. – соопштуваат од банката.

********************** Акција на ЕВН Македонија во соработка со ЕЛЕМ

ФИРМИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПЛАЌААТ НА РАТИ И БЕЗ КАМАТИ ДОЛГОВИТЕ ЗА КОИ СЕ ТУЖЕНИ Потрошувачите на електрична енергија од утре до крајот на годинава имаат можност да склучат договор за плаќање на рати и без камата за долг што го имаат за потрошена струја, а за којшто се тужени. Во зависност од висината на долгот, домаќинствата ќе може да го платат на 12 рати, а правните лица на 6 рати без камата. Тоа им го овозможува ЕВН Македонија во соработка со ЕЛЕМ. - Со откажувањето на двете компании од наплатата на каматите пресметани врз основа на долговите за коишто се тужени, им се нуди олеснителна можност на потрошувачите да го платат само основниот долг за потрошена електрична енергија. Со оваа специјална понуда доколку корисниците склучат спогодба за плаќање на рати, немаат обврска да ја подмират дополнителната камата за задоцнето плаќање, истакнуваат од ЕВН Македонија, а пренесува МИА. Правните лица тужениот долг за потрошена електрична енергија од 10.001 до 20.000 денари може да го платат на две рати, од 20.001 до 30.000 на три рати, на четири рати долгот од 30.001 до 40.000, на пет рати долгот од 40.001 до 50.001 и над 50.000 денари на шест рати. Спогодбите за плаќање на долгот на рати за домаќинства и за правните лица ќе се склучуваат во приемните канцеларии на сите Кориснички енергоцентри (КЕЦ) на ЕВН Македонија. За сите дополнителни информации, корисниците може да се обратат во најблискиот Кориснички енергоцентар или во Центарот за односи со потрошувачи на 0890 12345.

********************** Сто најголеми банки во регионот

МЕЃУ ВОДЕЧКИТЕ И ШЕСТ МАКЕДОНСКИ БАНКИ

Словенечката Нова Љубљанска банка (НЛБ) е убедливо најголемата банка помеѓу државите на Југоисточна Европа, со капитал од 7.732 евра по жител во истражувањето објавено на порталот SeeNews. Второто место на оваа ранглиста е „Загребска банка“, со капитал од 2.829 евра по жител, а трета е Нова Кредитна банка Марибор со капитал од 2.387 евра по жител. Меѓу водечките 20 банки од регионот, дури три се од Црна Гора, при што најдобро е рангирана Црногорската комерцијална банка, која го зазеде 11 место со капитал од 1.250 евра по жител. Вкупно шест македонски банки се најдоа на листата 100 најголеми во регионот според вкупниот капитал на банка по глава на жител. Најдобро рангирана македонска банка е Стопанска банка, која се најде на 29 место со капитал од 519 евра по жител, Комерцијална банка е на 32 место со капитал од 480 евра според жител, а НЛБ Македонија е 38 со капитал од 434 евра. Уште три македонски банки се најдоа меѓу првите сто од поширокиот регион според обемот на капитал. Охридска банка е на 83 место, Прокредит Македонија е на 90 место и Шпаркасе банк Македонија ( поранешна Инвест банка) го зазеде 99 место. Според обемот на вкупните приходи во 2009 година, само трите водечки македонски банки се изборија во првите 100. Стопанска банка е на 56 место, со приход од 1,07, Комерцијална банка е на 61 место со приход од 992 милиони евра, а НЛБ Тутунска банка е 68 со приход од 898 милиони евра. И во категоријата според обемот на вкупниот приход,Нова Љубљанска банка го зазеде првото место со остварен вкупен приход од 15,5 милијарди евра, пред романската Банка Комерцијална Романиа 15,2 милијарди евра и Загребската банка, која реализирала 12,7 милијарди евра приходи. Словенците доминираат и на пазарот на осигурителни компании, каде што во првите десет дури осум се од оваа држава. Водечка осигурителна компанија во регионот според остварената добивка во 2009 година е Заваровалница Триглав со добивка од 371 милиони евра, пред Заваровалница Марибор, која остварила 132, 6 милиони евра Единствено хрватската Кроација осигурување, и црногорската Ловќен Осигурување, влегоа во првите десет. Највисоко рангирана македонска компанија е Вардар, кој со остварена добивка од 10,4 милиони евра се најде на 32 место. Сава Табак го зазеде 38 место со добивка од осум милиони евра, а Кјуби е на 40 со добивка од седум милиони евра. Меѓу 100 те рангирани осигурителни компании, уште четири македонски изборија место Еуролинк е на 57, Осигурителна полиса е 64, Уника е на 81 место, а Винер е на 90. Истражувањето ги опфати државите на поранешна Југославија, како и Бугарија, Романија, Албанија и Молдавија.


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 07 октомври 2010

МОЖНОСТИ Објавен вториот оглас за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013

ОТСТРАНЕТИ НЕДОСТАТОЦИТЕ ОД ПРВИОТ ПОВИК, СЕ ОЧЕКУВААТ ПОВЕЌЕ ДОГОВОРИ * Рокот тече до 29.11.2010 година Во Агенцијата за финанасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од 30.9.2010 година, па во наредните 60 дена тече рокот за пријавување по јавниот повик за доставување барања за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2007 - 2013 за кофинансирање на проекти за подобрување на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија. Финансиските средства се наменети за инвестиции во земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ - Мерка 101, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибини производи со нивно преструктирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ Мерка 103, и за диверзификација и развој на руралните економски активности - Мерка 302. Планираните финансиски средства за спроведување на овој јавен повик изнесуваат 40 милиони и 28.365 евра од кои 75 отсто се придонеси од ЕУ, а 25 отсто од Буџетот на Република Македонија. Тие се кумулативни и го опфаќаат финансискиот период 2008-2010 година, истакнал, како што наведува МИА, директорот на Агенцијата Тони Димовски на прес-конференција. Во наредните 60 дена, односно до 29 ноември годинава, се очекува интересентите да аплицираат и да влезат во обработка на нивните барања и изрази надеж дека ќе се склучат поголем број договори отколку на првиот оглас. Недостатоците кои беа констатирани во имплементацијата на оваа програма со првиот оглас беа елиминирани во меѓувреме и се надеваме дека вториот ќе протече поуспешно во однос на првиот, додал Димовски. Директорот на Агенцијата нагласи дека во владина процедура е предлогот за измена на Законот за земјоделско земјиште со кој ќе се надминат проблемите во делот на

имплементацијата на ИПАРД Програмата 2007-2013. Потребните обрасци од Барањето за користење на средства и Упатство за корисници во кои се содржани сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, како и упатствата за изготвување на Деловен план, и за Издавање на неопходната документација од надлежните институции и останати корисни информации, во електронска верзија може да се преземат на веб-адресата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk . Печатените обрасци од барањето за користење на средства и Упатство за корисници на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се подигнат директно во Агенцијата и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

ЗА ПРОЕКТИ НА РАСПОЛАГАЊЕ 6,1 МИЛИОНИ ЕВРА Министерот за локална самоуправа Муса Џафери во Битола го отвори информативниот форум организиран во рамки на првиот јавен повик за проекти меѓу Македонија и Грција 20072013 година, финансирани од ИПА - Програмата на Европската унија за прекугранична соработка. . - Првиот повик за проектни предлози овозможува користење на околу 6,1 милиони евра кои ќе бидат наменети за проекти од областа на културата, заштитата на животната средина, локален економски развој, како и други проекти за развој на заедницата, истакнал министерот Џафери, додавајќи оти полза од овој проект имаат пограничните општини во двете држави. Тој најавил, како што наведува МИА, дека наскоро ќе почне реализација на посебни програми за прекугранична соработка со Албанија, Бугарија, Косово и Србија. Програмата за прекугранична соработка е посветена на Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион во Македонија и регионот на Лерин, Пела, Киклис и Серес во Грција, а поднесувањето на апликациите ќе се врши до 18 октомври годинава. - Првата промоција за оваа програма се одржа во Солун, а од 1 октомври во Битола ќе има Информативен центар. Можностите се големи, а во Грција има посебен интерес меѓу стопанствениците за остварување погранична соработка. Патем проблемот со името на државата не предизвикува никакви пречки бидејќи оваа програма е финансирана од Европската Унија и комуникацијата е во согласност со меѓународните организации, посочи Василики Бердебе, менаџер на овој проект во Грција.

ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА 1 ЕВРО Објекти за мало стопанство

ПОНУДА ЗА ДВЕ ПАРЦЕЛИ ВО КИЧЕВО Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за оттуѓување градежно земјиште по пат на јавно наддавање, на која е предвидено почетната цена на земјиштето да изнесува едно евро по метар квадратен. Ова е првата јавна објава по донесување на одлуката за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со која е предвидено почетната цена на земјиштето за изградба на стопанско – производствени објекти, пазари и хотели да изнесува 1 евро по метар квадратен.

Објавата се однесува за земјиште што се наоѓа во општина Кичево. Се нудат две градежни парцели со вкупна површина од 2.808 метри квадратни, предвидени со Детален урбанистички план за изградба на објекти за мало стопанство. Целосниот текст на јавната објавата може да се прочита во дневните печатени медиуми и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски најавува дека во наредниот период ќе објави јавни објави за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија во Охрид, Ѓорче Петров, Илинден, Демир Капија, Струмица, Штип и Велес. Во соопштението се наведува дека предвидени локации за изградба на хотели има во Охрид, Скопје, Штип, Делчево, Кратово како и на граничниот премин Меџитлија.


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО 17 ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА 1 ЕВРО

Изградба на хотел на Охридското Езеро

ПЕТ ЗВЕЗДИЧКИ ВО ЛОКАЛИТЕТОТ ГОРИЦА

Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за јавно наддавање за отуѓување градежно земјиште

сопственост на Република Македонија за изградба на хотел со пет ѕвездички на Охридското Езеро на дел од туристички локалитет Горица во општина Охрид. Почетната цена за наддавање за оваа локација со вкупна површина од 15.878 метри квадратни изнесува 61 денар за метар квадратен, согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за изменување на Уредбата за начинот и постапката на отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 26-ти овој месец до Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се одржи на 2 ноември годинава во 11 часот. Минимум услови што треба да ги исполни хотелот кој ќе се изгради се условите содржани во Правилникот за категоризација на угостителските објекти кој е усогласен со стандардите на Европската унија и во кој се дефинирани условите кои треба да ги исполнува хотел од прва категорија со пет ѕвездички.

Совет на Народната банка на Република Македонија

ДЕВИЗНИТЕ РАЗЕРВИ ГОДИНАВА ПОРАСНАЛЕ ЗА 121,2 МИЛИОНИ ЕВРА Девизните резерви заклучно со 31 август Макроекономски движења годинава изнесуваат 1 милијарда 718 милиони и 7 ИНФЛАЦИЈАТА ВО РАМКИ НА ОЧЕКУВАЊАТА илјади евра при што бележат раст во однос на крајот на претходната година за 121,2 милиони евра.Во Советот на НБРМ бил информиран за најновите макроекономски соопштението од седницата на Советот на Народна движења. Податоците за инфлацијата од август 2010 година покажуваат банка на Република(30.9.2010 година), се наведува умерено зголемување на растот на потрошувачките цени на годишна дека ваквиот раст е главно резултат на нето-откупот на основа (главно заради поголемиот позитивен придонес на цените на девизниот пазар. храната), со што просечната стапка на инфлација во првите осум месеци - Ваквите трендови на девизниот пазар оваа на 2010 година изнесува 1 отсто и е во рамките на очекувањата. Од аспект година се резултат на значителното намалување на на економската активност, објавениот раст на БДП во вториот квартал дефицитот на тековната сметка на билансот на плаќања од 2010 година од 0,4% на годишна основа е блиску до проекцијата на кој изнесуваше 1,7 отсто од БДП во првата половина НБРМ од 0,5 отсто. Последните расположливи податоци за индустриското на годината, наспроти 6,6 отсто од БДП во истиот производство, заклучно со август, покажуваат дека падот на производството период од минатата година. Најголем придонес за во индустријата за првите осум месеци на 2010 година е сведен на 3 отсто. стеснувањето на дефицитот на тековната сметка имаше намалувањето на трговскиот дефицит и порастот на Движењата на депозитите и кредитите на банките се во согласност тековните трансфери, се наведува во соопштението. со проекцијата за третиот квартал. Во банкарскиот сектор, во август 2010 Во првата половина на 2010 година, на година е забележан висок месечен раст на вкупните депозити, со што капитално-финансиската сметка се остварени целосно е надоместен одливот на депозити од банкарскиот сектор заради незначително пониски нето-приливи во однос на истиот исплатата на дивиденда на една компанија во јули. Со тоа, годишната период од претходната година, кои сепак биле доволни стапка на раст на вкупните депозити во август изнесуваше 13,5 отсто при за целосно покривање на дефицитот на тековната сметка регистриран поинтензивен пораст кај денарските депозити. Во согласност и овозможија пораст на девизните резерви. Поволните со растот на депозитниот потенцијал, годишната стапка на раст на вкупните движења во надворешниот сектор продолжија и во кредити на банките продолжи да се зголемува од 6 отсто во јули, на 7,1 текот на јули и август 2010 година, кога приватните отсто во август 2010 година (притоа корпоративните кредити остварија раст трансфери продолжија да растат (позасилено во однос од 9,5 отсто, а кредитите на домаќинствата 4,1 отсто). Во јули продолжи на проекциите), а согласно со најновите податоци за трендот на намалување на каматните стапки на кредитите кој започна од надворешно трговската размена во јули 2010 година, почетокот на оваа година, при што месечното намалување во јули е со продолжи стеснувањето на трговскиот дефицит на најголем интензитет во изминатиот период од годината. Пондерираната годишна основа. каматна стапка на банките на одобрените кредити во јули изнесува 9,2 Во Извештајот за управување и ракување со отсто. девизните резерви во првото полугодие на 2010 година, кој го разгледа Советеот на НБРМ, се истакнува дека во анализираниот период Народната банка продолжи да ги инвестира девизните резерви во државни хартии од вредност и во краткорочни депозити кај странски централни банки на земји кои имаат високи кредитни оцени и водат прудентни макроекономски политики. - Конзервативниот пристап и високото ниво на сигурност на инвестираните девизни резерви се покажаа како соодветен избор, во услови на зголемена нестабилност на меѓународните финансиски пазари и неизвесност за идните макроекономски движења. Водечки принципи при инвестирањето на девизните резерви во првата половина од 2010 година беа сигурноста и ликвидноста, што ги детерминира остварувањата на девизните резерви од аспект на профитабилноста. Вкупните приходи од девизните резерви изнесуваа 12,4 милиони евра и се во планираните рамки, стои во соопштението.


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 07 октомври 2010

СТАТИСТИКА Индекси на цените на мало и на трошоците на живот

ВРЕДНОСТА НА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА 12.037 ДЕНАРИ Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во септември 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на трошоците на животот 100.1. Порастот на трошоците на животот од 0.1% е резултат на повисоките индекси на мастите за 11.1%, кондиторските производи за 1.7%, јајцата за 1.6%, производите од жито за 0.8%, месото за 0.6%, свежото и киселото млеко и млечните производи за 0.5%, преработениот и конзервираниот зеленчук за 0.2% и др. Во септември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај станбените услуги за 2.9%,

услугите за нега и хигиена за 1.8%, Останати услуги неспоменати на друго место за 0.5% и кај средствата за образование за 0.2%. Намалување на индексот на трошоците на животот во септември 2010 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај овошјето за 2.1%, преработките од месо за 0.7% и преработеното овошје за 0.2%. Исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај услугите за образование за 6.7% и ПТТуслугите за 1.8%. На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Тутун и пијалаци, Облека и обувки и Ресторани и хотели. Индексот на цените на мало во септември 2010 година, во споредба со септември 2009 година, бележи пораст од 2.5%, а трошоците на животот бележат пораст од 2.0%. Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, во септември 2010 година изнесува 12 037 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 1.2%. Индекси на индустриското производство

ВО АВГУСТ ОПОВТОРНО ОПАЃАЊЕ Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во

август 2010 година во однос на август 2009 година изнесува 98.5. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во август 2010 година, во однос на август 2009 година, бележи пораст од 4.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода бележи опаѓање од 0.2%. Според главните индустриски групи, производството во август 2010 година, во однос на август 2009 година, бележи пораст кај: Енергија за 8.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.5%, додека бележи опаѓање кај: Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8%, Капитални производи за 24.0% и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2010 година, во однос на периодот јануари - август 2009 година, изнесува 97.0. Индекси на работници во индустријата

ИЗГУБЕНИ 5,9 ОТСТО РАБОТНИ МЕСТА Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2010 година, во однос на истиот

месец од претходната година, изнесува 98.1. Бројот на работниците во секторот Вадење на руди и камен во август 2010 година, во однос на август 2009 година, е намален за 0.4%, во Преработувачката индустрија е намален за 2.1% и во секторот Снабдување со електрична


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

19

СТАТИСТИКА енергија, гас и вода е намален за 1.0%. Бројот на работниците во индустријата во Република Македонија во август 2010 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 15.4%. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - август 2010 година, во однос на периодот јануари - август 2009 година, изнесува 94.1. Анкета за мислење на потрошувачите

ПЕСИМИЗМОТ РАСТЕ Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на индикаторот на доверливост во септември 2010 е намален за 2,7 процентни поени во однос на вредноста од претходниот месец. Намалувањето е резултат на неповолните очекувања за финансиската состојба на домаќинствата, економската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, како и оценката за невработеноста. Очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци, во септември 2010, се поповолни во споредба со очекувањата од претходниот месец. Очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци, во септември 2010, се понеповолни во споредба со нивните очекувања од претходниот месец, како и во однос на очекувањата од септември 2009 година. Во септември 2010 година домаќинствата оцениле дека економската состојба на државата, како и невработеноста за следните 12 месеци ќе бидат понеповолни во споредба со нивната оценка од август 2010. Бруто и нето плати

РИБАРСТВОТО, ТРГОВИЈАТА И ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА СО НАЈГОЛЕМ РАСТ

Нето-плати

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2010 г., во однос на јули 2009 г., поголема за 2.7% Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во јули 2010 година, во однос на јули 2009 година, изнесува 102.7. Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен во секторите: Рибарство (23.3%), Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (10.0%) и Образование (6.3%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.6%), Други комунални, културни, општи и лични услужни активности (3.3%) и Хотели и ресторани (3.1%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2010 изнесува 20 299 денари. Во јули 2010 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Деловни тенденции во прерабoтувачката индустрија

ПЕСИМИЗАМ ЗА РАСТ НА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО НАРЕДНИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во август 2010 година како поповолна во однос на претходниот месец. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, е исто така поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во август 2010 година бележи мал пад во споредба со претходниот месец, а очекувањата за обемот на производството во наредните три

Бруто-плати

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2010 г., во однос на јули 2009 г., зголемена за 0.3% Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во јули 2010 година, во однос на јули 2009 година, изнесува 100.3. Ваквото зголемување е резултат, пред сe, на зголемувањето на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во секторите: Рибарство (23.2%), Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (6.8%) и Преработувачка индустрија (4.4%). Намалување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.0%), Рударство и вадење на камен (3.5%) и Хотели и ресторани (3.4%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2010 изнесува 29 827 денари. Во јули 2010 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

месеци се неповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во август 2010 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во август 2010 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на менаџерите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите незначително ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2010 година, во однос на претходниот месец, изнесува 61.3% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во август 2010 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.2%, недоволната домашна побарувачка со 16.2%, финансиските проблеми со 12.3% и неизвесното економско опкружување со 11.8%.


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Основана 1922

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА НА ДОСЕГАШНИОТ МОДЕЛ НА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Октомври 2010 година, Скопје ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

1


БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

21

ВОВЕД Високата невработеност и релативно слабата динамика на економскиот раст, укажуваат на фактот дека мора да се изврши радикална промена на досегашниот модел на економски развој, којшто треба да доведе до промени во структурaта на македонското стопанство и промени во макроекономската политика. Таквиот модел на економски раст ќе бара висок степен на соработка и координација меѓу сите релевантни фактори во земјата, со цел да се постигне одредено ниво на консензус и на тој начин да се мобилизираат сите носители на неопходните промени, за да може на среден рок македонската економија да забележи забрзан економски раст. Во тој контекст, Стопанската комора на Македонија иницира разговори со носителите на економската политика за реализација на конкретни предлог-мерки и за нивна соодветна имплементација, кои ќе резултираат со промена на досегашниот развоен модел.

I. ЕКОНОМСКИ ДВИЖЕЊА Македонија и пред почетокот на глобалната економска криза се наоѓаше само на половина од индустриското производството во 1990 година. Она што се случи во нашата земја е драматичен пад на индустриското производство во последните 20 години, односно деиндустријализација после 1990 година, од која ни одблиску не закрепнавме во текот на последната реформска деценија. 1. Бруто-домашниот производ (БДП) како основен макроекономски агрегат во секоја економија, чиј пораст претставува мерило за успехот на економската политика, забележа најниска стапка на пораст од земјите во транзиција во поблискиот регион - Jугоисточна Eвропа. Графикон 1 - БДП ПО ЗЕМЈИ

1.1. Структура на БДП - производен модел - според структурата на бруто-додадената вредност (БДП без даноците и субвенциите) за 2008 година, кога имаше и најголем реален пораст на БДП, се согледува дека 37,2% од БДП потекнуваат од производните дејности, 30,2% од услужните дејности, 18,6% од јавните институции и 14% од даноци на производи. Графикон 2 - Структурно учество во БДП - Производни дејности - од вкупното 37% учество на производните дејности во БДП од 2008 година, на преработувачката индустрија отпаѓаат 17,8%, а на градежништвото 5,1%. Ова учество останува скоро непроменето во однос на истото во 1998 година, кога кај преработувачката индустрија изнесуваше 18,1%, а кај градежништвото изнесуваше 5,8%.

ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

3


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 07 октомври 2010

Графикон 3 - Структурно учество во БДП на услужни дејности - Услужните дејности учествуваат со над 30%, во 2008 година истото е повисоко за 4 процентни поени од учеството во 1998 година, при што динамичен пораст се јавува кај учеството од активностите во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности (од 2,7% во 1998 на 4,5% во 2008 година). - Останатиот дел од 33-34% потекнува од активностите на државните органи, и тоа на: образованието, здравството и социјалната работа, јавната управа и социјалната заштита и друго, со околу 18-20%; како и со 14-15% учество од третиот дел на вкупниот БДП - даноци и придонеси. Според наведеното, очигледно е дека порастот на БДП во последните години е остварен надвор од секторот индустрија, и тоа пред се` во доменот на услугите, кои не сме во состојба да ги понудиме на странскиот пазар, а со тоа да обезбедиме пораст на извозот. 1.2. Според РАСХОДНИОТ МОДЕЛ на БДП, во периодот од 1998 -2008 година, растот на БДП беше заснован на порастот на домашната потрошувачка. Структурата на потрошувачката е неповолна, со високо учество на финалната потрошувачка, а недоволно учество на инвестициите. Графикон 4 - Трошочни компоненти на БДП во милиони денари

Од расходниот модел на БДП, видливо е дека Република Македонија е нето увозна економија, која на крајот од 2008 година година потроши над 20% повеќе, од она што произведе.

Бруто домашен производ Финална потрошувачка Увоз на стоки и услуги Извоз на стоки и услуги Бруто инвестиции

2 . Индустриското производство, во 1998 година скоро е преполовено, а во 2008 година е помало за 40%, во однос на производството во 1990 година. Графикон 5 - Индустриско производство

Извор: Државен завод за статистика

3. Надворешно-трговска размена - Недоволното закрепнување на стопанските производни сектори, односно на извозно ориентираните дејности, (пред се` од индустријата) доведе до тоа што увозот далеку го надмина извозот и тој дебаланс се` повеќе се продлабочува од година во година. Извозот од 1,3 милијарди САД $ во 1998 година достигна 4 милијарди САД $ во 2008 година, но увозот од 1,8 мил. САД $ на 6,4 мил. САД $ во истиот период. 4

ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ


БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

23

Графикон 6 – Трговски дефицит 1998-2008 Трговскиот дефицит континуирано од 1998 година бележи пораст, така што од 516 милиони САД $ во 1998 година, достигна 2,5 милијарди САД $ во 2008 година. Во целиот наведен период извозот не успеа да надмине 60% од вредноста на увозот.

4. Дефицитот на трговскиот биланс е покриван со суфицитот од другите компоненти на тековната сметка во платниот биланс. Накратко, девизните дознаки, посебно приватните девизни дознаки на нашите граѓани, приливот од скромните странски инвестиции, го пополнуваа дефицитот во трговскиот биланс во изминатите години. Но, за покривање на трговскиот дефицит, во отсуство на планираните странски инвестиции, а дознаките, иако значајни, сепак недоволни, остануваа се` помалку можности за покривање на дефицитот на тековната сметка, кој од 7,2% во 2001 година, го зголеми своето учество во БДП на 13,1% во 2008 година. 5. Инвестиции - Во Македонија, инвестициската потрошувачка во просек е 15,3% од БДП во периодот 1997-2007 година, што претставува релативно ниско ниво на инвестициска активност во однос на останатите транзициски економии. Историски, ваквата состојба би можела да се објасни со недоволната акумулација на домашен капитал условена од неповолните финансиски резултати на претпријатијата и високите реални каматни стапки на банките, односно ниската продуктивност на капиталот, како и со недоволниот прилив на странски директни инвестиции, во споредба со останатите транзициски земји. Оттука, остварувањето повисок реален раст на инвестициите, како еден од основните предуслови за повисоки и одржливи стапки на економски раст, се` уште претставува предизвик за македонската економија.

Полска

Романија

Словенија

Словачка

Македониа

28.9

24.7

16,9

20,0

20,4

21,7

-

23,3

32,8

16,4

28,9

28,9

26,0

22,5

22,1

23,6

-

24,3

34,3

15,3

Унгарија

Естонија

9,4 12,2

Литванија

Чешка

1997 1998

Латвија

Бугарија

Табела 1 - Инвестиции во основни средства ( % БДП)

1999

14,4

27,6

24,4

23,5

21,5

22,4

24,1

18,3

26,7

28,9

14,6

2000

15,7

28,0

26,0

24,2

18,8

23,0

23,7

18,9

26,1

25,8

13,8

2001

18,6

29,1

26,5

25,0

19,9

23,2

21,2

19,7

25,5

28,2

13,2

2002

19,3

30,0

30,4

26,5

20,6

24,5

19,6

20,3

24,7

27,0

15,4

2003

21,0

29,1

33,8

27,8

21,2

24,0

18,8

21,0

26,0

25,0

15,1

2004

22,3

29,0

32,9

31,7

22,9

24,7

19,0

21,4

26,3

25,0

16,1

2005

25,9

27,7

32,7

35,4

23,6

25,8

19,5

23,7

26,2

27,6

14,7

2006

28,0

27,6

35,6

36,7

26,1

23,2

21,1

26,4

27,3

27,7

15,8

2007

32,0

27,8

36,0

35,9

29,0

23,3

23,3

32,0

25,6

27,3

17,7

Просек

19,9

28,9

30,2

28,2

22,4

23,3

21,4

22,4

25,9

28,1

15,3

- Извор: Еуростат и Државен завод за статистика (Инвестициите во основни средства ги вклучуваат инвестициите на нефинансиските претпријатија, финансиските претпријатија, државата, домаќинствата и непрофитните организации кои им служат на домаќинставата).

Врз малиот обем на инвестиции, покрај другите, најголемо влијание имаа високите каматни стапки на инвестиционите кредити за домашните инвеститори, како и релативно малиот прилив на странски директни инвестиции.

ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

5


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 07 октомври 2010

5.1. Капитални инвестиции во Буџетот - Обемот и целосната искористеност на планираните буџетски средства за капитални инвестиции во тековната година се од посебно значење за изграба, реконструкција и модернизација на јавната инфраструктура. Но, во сите години наназад, планираните средства за таа намена не се искористуваат во целост (просечното искористување во последната декада изнесува од 60-65%), а остатокот се пренасочува за други намени. На пример, во 2008 година, имавме 74,5%, или највисок процент на реализација на капиталните инвестиции во последниве години. Во 2009 година, од првично планираните 29.260 милиони денари за капитални трошоци со Буџетот за 2009 година, со првиот ребаланс на истиот се намалија на 23.757 милиони денари, со вториот ребаланс на 19.268 милиони денари, а се реализираа само 13.428 милиони денари или 40% од првата проекција. 6. Пазар на работна сила - Во последните пет години (без 2009 година), иако имавме позитивна стапка на пораст на БДП, бројот на невработените остана на високо ниво. Стапката на невработеност во 1998 година беше 34,5%, во 2008 година изнесува 33,8 односно намалена е за помалку од еден индексен процент (0,8) и е меѓу највисоките во регионот, со доминантна невработеност кај младите. Графикон 7 - Стапка на невработеност

Табела 2 - Учество на вработените по сектори

Вкупно - Вкупно производни дејности - Вкупно услужни дејности Вкупно јавни институции

1999 100,0 52,0 20,0 28,0

2009 100,0 42,0 31,0 26,0

Кај вработеноста според дејност, забележан е пораст на учеството на вработените од услужните дејности во вкупниот број вработени, додека пак во производните дејности учеството се намалува.

Извор: Државен завод за статистика

Што се однесува до платите, тие се наjниски во регионот, но со најголемо оптоварување по основ на персонален данок и придонеси во однос на долу наведените земји во 2008 година. Табела 3 – Просечна плата и придонеси од плата по земји Земја

Македонија

Просечна - брутоплата во евра

Просечна - нетоплата во евра

2008

2008

Персонален данок и придонеси од просечна бруто-плата 2008

2009

423

260

38,6

33,3

Словенија

1.385

896

35,3

35,4

Хрватска

1.034

700

31,4

31,1

БиХ

565

382

32,5

34,2

Србија

559

400

28,3

28,1

Црна Гора

609

415

31,8

28,1

Романија

469

345

26,4

27,5

Извор: Годишен извештај за работењето на НБМ во 2009 година, Табела 8 - Плати по земји Учеството на персоналниот данок и придонесите во бруто-платата од 38,6% во 2008 година, во 2009 година е намалено на 33,3%, но сепак се` уште е повисоко од истото во Србија, Хрватска, Црна Гора и Романија.

6

ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ


БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

25

*

* * Врз основа на напред изнесените состојби, може да се заклучи дека ниското ниво на приватни и јавни инвестиции, како и се` уште високата оптовареност на бруто-платите, и ниските странски директни инвестиции беа основните фактори кои генерираа недоволен економски раст за да се апсорбира високата невработеност и да се зголеми животниот стандард . Со цел интензивирање на производните и извозните активности, како основен предуслов за динамичен економски раст и вработеност, неопходни се системски мерки во одделни сегменти од економската политика, пред кои приоритетен предуслов е:

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА ТЕМЕЛНИТЕ ПРИНЦИПИ НА ПАЗАРНАТА ЕКОНОМИЈА 1. Загарантирана приватна сопственост - Правната заштита на сопственоста е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија. Доследното почитување на уставно загарантираното право на приватната сопственост не треба да биде подредена под државната волја, односно да зависи од несоодветниот однос на администрацијата. Имено, вредностите на администрацијата треба да се во насока на сервис на приватниот сектор, а не обратно, затоа што само приватниот сектор е чинител на новосоздадена вредност, на нови вработувања, на еконоомски раст, што ја создава основата за даноци и придонеси, поради што администрацијата треба да го опслужува приватниот сектор, а не обратно. 2.Соодветен однос меѓу капиталот и трудот - Имајќи го предвид императивот од воспоставување на коректен и задоволителен однос меѓу капиталот и трудот, за доброто на двете страни, бидејќи имаат заеднички интерес - капацитетот да работи што повеќе, неопходно е да се интензивира социјалниот дијалог и преку него да дојде до најдоброто решение. Во тој дел неопходна е и правна рагулатива која ќе обезбеди: · да се зголеми флексибилноста во користењето на работното време согласно технолошките процеси кај работодавачот со истовремено почитување на максимумот работни часови; · да се преиспита правото на казнување на работодавачот, и во случај кога работникот сака да работи повеќе од законски одреденото работно време, во интерес на опстојување на производството; · да се укинат степените на сложеност на работните места во Општиот колективен договор за стопанството. 3. Ефикасна законска регулатива, судство и заштита на сопственоста и договорите Македонија е оценета дека има добро развиена правна рамка во согласност со пазарните економски принципи, како и директивите на ЕУ, меѓутоа таа страда од: · несоодветната примена, односно спроведување на своите закони и политики; · од честото менување на правната регулатива (на пример, Законот за концесии донесен во јануари 2008 година, изменет е три пати, а веќе се подготвува нова измена на истиот, или Законот за водите од јули 2008 година, два пати е изменет во текот на 2009 година; Законот за работните односи претрпе 7 измени, односно дополнувања во периодот од 2008 до август 2010 година итн.); · нема ефикасни јавни административни услуги - Неквалитетната координација меѓу државните институции на сите нивоа (државна и локална администација), особено во поглед на правото на сопственост, често доведува до неможност за извршување на правосилни и извршни судски пресуди, неможност за запишување на правото на сопственост во катастарската евиденција и друго, што доведува до повлекување на странските и домашните инвеститори од намерата да инвестираат во земјата; · долго траење и неоправдано одолговлекување на судските постапки во кои чести се примерите сопственичките спорови да траат со години без повидок на нивно брзо разрешување.

I. МЕРКИ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ИЗВОЗОТ 1. Олеснет пристап за купување градежно земјиште - Прв чекор е овозможување брза и поедноставна постапка за купување земјиште од страна на инвеститорот, со соодветен однос на администрацијата. При тоа, доколку станува збор за земјоделско земјиште, истото во најкраток рок, да биде пренаменето во градежно земјиште согласно потребата на инвестицијата. 1.1. Отуѓување на земјиштето во сопственост на РМ, за што итно е потребно локалната самоуправа, заедно со Министерството за транспорт и врски, да ги подготват сите потребни документи за слободните локации низ земјава и за нив да се организира јавна лицитација за продажба на државното земјиште по пат на јавно наддавање. При тоа, локалната самоуправа треба да биде поставена во функција на активен продавач на земјиште на РМ, задоволувајќи ги потребите на инвеститорот. ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

7


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 07 октомври 2010

Во овој контекст, бизнис- заедницата ја поздравува владината Одлука за изменување на Уредбата за отуѓување на неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со којашто се овозможува почетната цена на јавните наддавања за локации наменети за изградба на хотели, стопански и производни објекти и пазари, да изнесува 61 денар или 1 евро по метар квадратен. 1.2.Урбанизација на градежното земјиште - Неурбанизираното земјиште е голема бариера за реализација на инвестиција. Без детални урбанистички планови, или пак поради неопходноста за измена на постојните планови, се отежнува можноста за следење на развојот на инвестициите кои имаат брз раст и развој. Процесот на урбанизирање на земјиште е тешка процедура којашто во нашата држава се развлекува со години, поради што е потребно итно урбанизирање на сите парцели во индустриските зони, како и надминување на тромоста на администрацијата на ниво на локалната самоуправа. 1.3. Уредување на градежно земјиште - Уредувањето на градежното земјиште е законска обврска која ја вршат општините врз основа на Програмата што ја донесува Советот на општината. Согласно со програмата за целосно уредување на градежно земјиште неопходно е бараната инфраструктура, пред се` да биде во функција на обезбедување на природен гас, електрична енергија, како и индустриска и вода за пиење. При тоа, во случај кога инвеститорот сам го уредува градежното земјиште, истиот да биде ослободен од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште со Одлука на Советот на општината. 1.4. Легализација на бесправно изградените објекти во индустријата, поради неизработен детален урбанистички план - за што е потребно итно донесување на закон за легализирање на градежните објекти изградени без одобрение за градење, доколку објектот е изграден на земјиште во сопственост на градителот и се вклопува во Генералниот урбанистички план, односно во отпосле донесениот Детален урбанистички план. Добро е што дел од овие мерки се поклопуваат со веќе предложените законски решенија (Предлогзаконот за градежно земјиште, Предлог-законот за третман на бесправно изграденитe градби), кoи бизнисзаедницата ги поздравува и очекува соодветни законски решенија и за останатите предлог-мерки. 2.Системско поттикнување на инвестициите - Со оглед на тоа дека се` поголемата глобализација и притисок да се биде поконкурентен во стопанисувањето, создаваат рамка и потреба за постојано подобрување на општата бизнис-клима и резултатите на трудот на стопанството, во функција на интензивирање на инвестициони активности се предлагаат следните стимулативни мерки: · за инвестиции во висина до 1,5 милиони евра, во денарска противвредност, стапката на данокот на добивка да се намали за 50%, за периодот од 10 години од почетокот на инвестицијата, под услов да отвори минимум 10 нови работни места поврзани со инвестицијата, во рок од три години; · за инвестиции во висина 1,5 до 4 милиони евра, стапката на данокот на добивка да се намали за 65% ,за периодот од 10 години од почетокот на инвестицијата, под услов да отвори минимум 30 нови работни места поврзани со инвестицијата, во рок од три години; · за инвестиции во висина до 4 до 8 милиони евра, стапката на данокот на добивка да се намали за 85%, за периодот од 10 години од почетокот на инвестицијата, под услов да отвори минимум 50 нови работни места поврзани со инвестицијата, во рок од три години; · за инвестиции во висина од над 8 милиони евра, стапката на данокот на добивка да се намали за 100%, за периодот од 10 години од почетокот на инвестицијата, под услов да отвори минимум 75 нови работни места поврзани со инвестицијата, во рок од три години, по стекнувањето на правото на корисник на системската мерка; · поддршка за покривање на 10% од трошоците за создавање нови работни места поврзани со инвестиции, а максималниот износ да изнесува до 1.500 евра за новоотворенoтo работно место. 3. Системско поттикнување на инвестиции за реконструкција и модернизација на постојните производни капацитети · ослободување од данокот на добивка за период од пет години, од започнувањето на вршењето на реконструкцијата и модернизацијата на индустрискиот капацитет; · ослободување од персоналниот данок на доход на примањата по основ на платите на нововработени лица, во висина од 50% за период од пет години, од започнувањето на процесот за реконструкцијата и модернизација на производниот капацитет; · помош за обука и усовршување на вработените, во износ од 50 % од оправданите трошоци во случај на општо усовршување поврзано со новите технолошки процеси, и во износ од 25 % од оправданите трошоци во случај на посебното усовршување, доколку усовршувањето се реализира преку македонски консултантски агенции. 4. Системско поттикнување на домашната потрошувачка и извозот - Имајќи предвид дека порастот на потрошувачката на домашниот и побарувачката на странскиот пазар соодветно влијае врз порастот на производството на постојните капацитети, и врз динамиката на инвестиционите активности, познати се 8

ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

27

практичните примери од соседните земји за системско поттикнување на истите. Во тој контекст, потребно е да се обезбедат: 4.1 - потрошувачки кредити со субвенционирани каматни стапки за набавка на производи од домашен производител (производи од дрвната, текстилната, индустријата на градежни материјали и др.), со што ќе се зголеми домашната потрошувачка на домашните производи за широка потрошувачка; 4.2. - во функција на поттикнување на извозот на финални производи и пласман на земјоделските производи, за кои се одвојуваат буџетски средства за субвенции, да се обезбеди финансиска поддршка на македонски фирми за изградба на продажни капацитети во странство, под услов во истите приоритет да имаат македонските производи. 5. Окрупнување на земјоделскиот посед, како еден од главните фактори за зголемување на продуктивноста, односно конкурентноста, преку зголемување на долниот праг за право на субвенции - Окрупнувањето на земјоделските поседи е императив на регионалниот пазар, на кој земјоделскиот производител се среќава со далеку поконкурентни производители, како по принос по единица површина, така и по основ на висината на субвенциите во соседните држави. Во тој контекст, со цел постигнување на повисок степен на конкурентност, како за целосен и навремен откуп на родот, императив е: 5.1. со економските мерки - преку правото на субвенции, да се поттикне здружувањето на земјоделските стопанства во форми на производно здружување, посебно преку утврденото повисоко ниво на минималната граница за остварување на правото на субвенцијата; 5.2. правото на системска поддршка да биде на исто ниво за сите земјоделски производители, односно без актуелното редуцирање на висината на поддршка во однос на бројот на пријавените засеани ха, и на обележаните односно предадените грла, имајќи предвид дека и најголемиот производител во земјата (по обем и принос на единица површина, односно грло), е понеконкурентен од производителите кај северниот сосед, со кои настапува на заедничкиот регионален пазар - ЦЕФТА и 5.3 - почитувајќи го сезонскиот карактер на земјоделското производство (во рок од два месеца да се откупи вкупниот едногодишен род), неопходни се субвенции на каматите по кредити за откуп на примарните земјоделски производи, со оглед што земјоделскиот кредитен фонд нема капацитет да го реши проблемот со целосен и навремен откуп кај пченицата, грозјето и свежиот зеленчук за преработка.

II. MЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИОТ АМБИЕНТ Графикон 8 - Компаративна анализа на бруто надворешниот долг (во % од БДП) 1. Зајакнување на меѓународната конкурентност и олеснување до пристапот на странските пазари преку модерна инфраструктура Според методологијата на Светската банка, Македонија не е високо задолжена земја, односно е во рамките на умерена задолженост. Но долгот на државниот сектор, во најголем дел се однесува на обврски врз основа на долгорочни заеми од странство и издадени еврообврзници. * Критериумот за задолженост е според Методологијата на Светската банка. Зајакнувањето на меѓународната Извор: НБРМ и податоци од интернет-страниците на централните банки на одделни конкурентност и олеснувањето до земји за бруто надворешниот долг и од Еуростат за БДП. пристапот на странските пазари преку модерна инфраструктура, налага преиспитување на можноста за финансирање на инфраструктурата преку задолжување во странство или давање на истата под концесии. Императивот од модернизација на инфраструктурата оправдува повисок степен на државниот јавен долг, но исклучиво за таа цел. Континуираното и соодветно зголемување на капиталните инвестиции во стратешките вложувања на државата, кои се од исклучително значење за развојот и модернизацијата на патната инфраструктура и енергетскиот сектор, се императиви како основни предуслови за развој на приватниот производен сектор. При тоа, приоритетна е модернизацијата на патната мрежа (Коридор 8 и Коридор 10) и железничката инфраструктура, како и изградбата на гасоводниот систем во Република Македонија. ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

9


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 07 октомври 2010

Графикон 9 - Буџетски приходи и расходи (% од БДП) 2. Економска компонента во Буџетот преку пораст на капиталните инвестиции во секоја наредна година и нивно целосно реализирање Според бизнис-заедницата, основата за водење на вкупната економска политика, секогаш се согледува преку структурата на буџетот. Одговорно водена фискална и монетарна политика мора да тргнува од една единствена стратешка цел - целосна ангажираност и активност на националната економија. Затоа, проблемот на македонскиот буџет не е во приходната страна, туку во нивото на расходите (кои во 2008 година надминаа 35% од БДП), а посебно во дистрибуцијата на тие расходи, кои, за жал, ни во доволна ни во можна мера не се насочени во стопанството. Затоа, определбата за зголемено учество Извор: Министерство за финансии на Република Македонија на државата во инвестициониот циклус, да се оствари преку зголемување на капиталните инвестиции, но и целосна реализација на истите оваа година. Графикон 10 - Годишни стапки на раст кај јавната потрошувачка (во проценти) 3. Системска рационализација на јавната потрошувачка во делот на тековните расходи, со следење и контрола на трошоците, посебно во доменот на јавните набавки. Имено, нужна е поефикасна и поевтина држава што треба да се постигне со намалување на тековните расходи на јавниот сектор, со паралелно намалување на даночните стапки и парафискалните процедури и надоместоци на страната на јавните приходи. Извор: Државен завод за статистика и НБРМ

4. Фискални мерки - Горенаведените мерки нема да бидат доволни без промена на мерки во фискалната политика. Имено, конкурентноста на македонските претпријатија во трговската размена, во мала и отворена економија како нашата, нужно се споредува со домашните, но и со странските претпријатија, пред се` на регионално ниво. Во споредба со поширокото опкружување, македонските претпријатија се оптоварени со повисоки финансиски трошоци изразени преку просечната реална каматна стапка на кредитите и сразмерно повисоки фискални трошоци. Во тој дел се предлага: 4.1. Ослободување од царинска давачка - покрај намалувањето на царинските стапки кај одредени тарифни броеви од царинската тарифа минатата година, во рамките на владините антикризни мерки, сепак не се укина царинското оптоварување за увоз на опрема која не се произведува во земјата, или за суровините и репроматеријали за производство на производи кои се увезуваат без царина. Во тој контекст, од аспект на степенот на конкурентност на домашниот и на странските пазари, како и со цел финансиско растоварување при реализација на инвестиции по тој основ, неопходно е да се укине царинската давачка за стоките од Царинската тарифа - поглавје 84 и 85, на природниот гас (тарифна ознака 27 11 21 0000), како и за увоз на сите суровини и репроматеријали за преработувачката индустрија. 4.2. Компензирање на обврската за плаќање на данок на додадена вредност при увоз на опрема од Царинската тарифа - поглавје 84 и 85, со побарувањето за поврат на ДДВ од државата, со што значајно ќе се придонесе за благовремено ослободување на финансиските средства, исклучително значајни во периодот на инвестирање. 4.3.Намалување на оптоварувањето по основ на придонесите од задолжително социјално осигурување за 5 процентни поени - Без зголемување на конкурентноста на трудот, во кој дел најбрз начин е намалувањето на фискалното оптоварување на доходот на вработените, нема да дојде до зголемување на вработеноста, расположивиот приход на населението и закрепнување на потрошувачката. 10

ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

29

Во тој контекст, степенот на конкурентност, покрај другото, условен и од цената на трудот, налага потреба од намалување на зафаќањето од бруто-платата по основ на даноци и придонеси, односно истото да се сведе на максимум 28% учество од исплатената бруто-плата, како што е во Србија, Црна Гора, Романија. 5. Преземање на Директивата на Парламентот на ЕУ и Советот од 29 јуни 2000 година, за спречување на доцнењето во плаќањето на сите комерцијални трансакции (DIRECTIVE 2000/35/EC of the European Parliament and of the Council of 29 June 2000 on comba�ng late payment in commercial transac�ons-Official Journal L 200 , 08/08/2000 P. 0035 – 0038) во македонската правна регулатива, со што ќе се обезбедат предуслови за финансиска дисциплина во плаќањето на сите комерцијални трансакции на внатрешниот пазар. 6. Регулирање на побарувањата и обврските настанати во односите меѓу компаниите и државата по сите основи - Проблемот со ликвидноста е проблем на македонските фирми, поради што фирмата не може да ги плаќа достасаните обврски како кон државата, така и кон своите доверители. Со единствена цел - да се релаксираат билансите кај претпријатијата, неопходни се мерки за трајно регулирање на побарувањата и обврските настанати во односите меѓу компаниите и државата по сите основи, при што за дел од истите да се примени и порамнување на побарувањата со долговите, односно пребивање на една со друга облигација.

III. МЕРКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АГРЕГАТНАТА ПОТРОШУВАЧКА Монетарната политика, покрај макроекономската стабилност, треба да обезбеди и услови за пораст на капиталот во приватниот сектор. Во тој контекст, со монетарната политика треба да се обезбеди целокупните средства по основ на штедење од резидентите во земјата и средствата од странство, банките да ги пласираат во долгорочно одржливи проекти во приватниот сектор. Затоа, неопходна е поактивна улога на монетарната политика од НБМ за поликвидно стопанство, пред се`преку: 1. Во делот на монетарните мерки, преку „референтната каматна стапка“, НБМ повеќе да води сметка, не само за стабилниот курс на денарот, туку и за ликвидноста и финансирањето на реалната економија. 2. Со политиката на задолжителни резерви, да се воспостави стимулативен амбиент за финаснирање на извозно ориентираните дејности и инфраструктурата од страна на финансиските институции. Ова посебно е можно ако преку задолжителните резерви на банките се даде голем придонес да се ослободи ликвидноста и да се помогне во обновата на кредитирањето со пониска цена на капиталот. 3. Државата да се јави како гарант (во целина или во еден дел) на обврските за финансирање кај проектите што се клучни за зголемување на извозот и кај проектите од секторите кои се клучни за националната економија, бидејќи тогаш таквите пласмани во билансите на банките ќе се третираат како нискоризични, па по тој основ ќе биде помала и резервираноста на капиталот, што дополнително ќе ги стимулира банките да финансираат такви инвестициони проекти.

КОИ СЕ НАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА? Стопанската комора на Македонија го отвора ова прашање водејќи сметка и почитувајќи го постигнатото на сите досегашни влади и државни институции, во многу тешките услови на дејствување (осамостојување на земјата, ембарга, блокади, воени дејствија, кризи). Факт е дека сите позитивни работи треба да се почитуваат и да се развиваат и понатаму. Но исто така, факт е дека констатираните слабости ќе мора да се менуваат во интерес на развојот и иднината на нашата економија. Ние, како асоцијација на 10.000 компании, кои остваруваат 80% од додадената вредност на БДП, кои вработуваат скоро 70% од вкупно вработените во стопанството, кои учествуваат со 90% во годишните даночни приходи кои потекнуваат од стопанството, мислиме дека е време да се отвори сериозна дебата со носителите на економската политика во Република Македонија за промена на економскиот развоен модел. Ние, во таа дебата ќе дадеме конструктивен придонес, не претендирајќи дека нашите аргументи се единствени. Очекуваме таа да резултира со мерки и активности кои ќе условат: 1. домашните и странските инвестиции да бидат двигатели на растот; 2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој; 3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и на апсорбирањето на високата невработеност; 4. динамичниот економски раст да резултира со функционално интегрирање на земјата кон ЕУ и зголемен животен стандард; 5. да се модернизира инфраструктурата и да се намали енергетската зависност на земјата. ВРЕМЕ Е ЗА ДИНАМИЧЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ И ВРАБОТЕНОСТ -разговори, имплементација и развој-

СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

11


БИЗНИС ИНФО

30

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ Од 16 до 20 октомври саеми за мебел во Република Турција

“INTERMOB 2010” и “WOOD PROCESSING MACHINERY 2010” ВО ИСТАНБУЛ Во периодот од 16 до 20 октомври 2010 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 13. Меѓународен саем за производство и опрема за мебел, шумарство и дрвна индустрија “ INTERMOB 2010’’, како и традиционалниот 23. Меѓународен саем за машини и алатки за преработка на дрво “WOOD PROCESSING MACHINERY 2010” Станува збор за еден од најголемите меѓународни саеми за сите видови машини, опрема и рачни алатки за преработка и производство на дрво , на кој свое учество ќе земат реномирани компании од повеќе земји од светот. Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15 до17 октомври 2010 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со доручек, влез за саемот, трансфер од хотел до саемот и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Посетителот ги покрива патните и административни трошоци од човек за саемскиот организатор Адонис 80 евра со автобус ( доколку е со сопствен превоз 35 евра административни трошоци). Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 8 октомври 2010 година. Пријавен лист и подетални информации на www.mchamber.mk Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова тел: 02 32 44 074 факс: 02 32 44 088 e-mail: be�@mchamber.mk

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 e-mail: vlatko@mchamber.mk

************************* Од 26 до 28.10.2010 година, саеми во Република Србија

четврток, 07 октомври 2010

Од 10 - 13.11.2010 година, саем во Софија, Република Бугарија

INTERFOOD & DRINK Од 10-13 ноември 2010 година во Софија, Република бугарија, ќе се одржи саемската манифестација INTERFOOD&DRINK, која ке се одржи во просториите на Интер Експо Центарот, Софија.

Во склоп на истата ќе има посебни специјализирани излозби како МЕСОМАНИЈА, СВЕТОТ НА ВИНОТО, БУЛПЕК, САЛОН НА ВИНОТО И ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ. Детални информации како и пријавување (вклучително и формулари и услови за пријавување) можете да добиете на официјалната веб страна на саемот- h�p://www.iec.bg/ Контакт лице : Васко Ристовски Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk **************** Од 12 - 13.11.2010 година, саем во Белград, Република Србија

ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ И ЕНЕРГЕТИКА

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА

Во организација на Новосадскиот саем, во периодот од 26 до 28 октомври 2010 година ќе се одржат две Меѓународни саемски манифестации: • 5. Меѓунроден саем ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ • 19. Меѓународен саем за ЕНЕРГЕТИКА и заштита на животна средина Главните содржини на саемските манифестации се: *Инвестиции* Недвижнини*Енергетика*Заштита на животната средина Изложувачите и посетителите на деловно стручниот саем во Нови САД (минатата година имаше над 7000 учесници и посетители) за време на трите саемски денови ќе можат да ги проследат и да учествуваат на регионални форуми, презентации на проекти, семинари, конференции, едукативни програми. Подетални информации на www. sajam.net и www. Novisadexpo.com Заинтересираните субјекти, Пријава за учество на саемот во Нови Сад може да добијат во Стопанската комора на Македонија, тел. 02/3244 019, e-mail: zorica@mchamber.mk

* Обезбеден бесплатен заеднички штанд од 12 м2 за македонските компании

Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk

Во периодот од12- 13 ноември 2010 година, во Белград, Србија, ќе се одржи првиот Меѓународен саем за франшиза -Franchising 2010 .

Мисијата на оваа саемска манифестација е да го популаризира и промовира развојот на економската структура


четврток, 07 октомври 2010

БИЗНИС ИНФО

преку користење на франшизниот концепт насочен првенствено кон малите и средни претпријатија, како и поставување на основа за успешна промоција на франшизниот бизнис формат. На фирмите учеснички во само два дена ќе им се даде можност да остварат контакти кои би можеле да бидат решавачки за иднината на нивниот бизнис преку проширување во франшиза мрежа, при што пред голем број на потенцијални приматели ќе можат да ги презентираат своите франшизни концепти. Истовремено, во “Белекспоцентарот” во Белград ќе се одржи на конференција за бизнис франшиза, кој ги опфаќа сите аспекти, и од перспектива на донаторот и примателот од перспектива на franchisees. Франшизната конференција нуди стручни советувања поврзани со франшизен договор, маркетинг, бизнис планирање, човечки ресурси, осигурување и др. на претприемачите кои сакаат да ги прошират своите бизниси, преку создавање на франшизен систем и на оние кои сакаат да влезат во светот на претприемништвото преку купување на франшиза. Организатори на Меѓународниот саем Franchising се српската стопанска комора - Центар за франшиза, во соработка со Белекспо центарот, со поддршка на СУРФАЈ-а (Српско Здружение за развој и трговија Дивизија франшизата на САД амбасада во Белград “. Стопанската комора на Македонија, организира посета на меѓународниот саем и конференција за македонките компании било како изложувачи на националниот штанд или како слушатели на конференцијата. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на саемот најдоцна до 13. октомври 2010 година. Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk ********************** Од 16 до 20 октомври саеми за мебел во Република Турција

“INTERMOB 2010” и “WOOD PROCESSING MACHINERY 2010” ВО ИСТАНБУЛ Во периодот од 16 до 20 октомври 2010 година, во Истанбул, Република Турција ќе се одржи 13. Меѓународен саем за производство и опрема за мебел, шумарство и дрвна индустрија “ INTERMOB 2010’’, како и традиционалниот 23. Меѓународен саем за машини и алатки за преработка на дрво “WOOD PROCESSING MACHINERY 2010” Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор - АДОНИС ГРУП организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 15 до 17 октомври 2010 година. Обезбедено е бесплатно сместување за две ноќевања со доручек, влез за саемот, трансфер од хотел до саемот и влезница на саемот. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 звезди. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани македонските компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 8 октомври 2010 година. Контакт: Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

31

КОНГРЕСИ, САЕМИ, СЕМИНАРИ, ТРЕНИНЗИ Од 10 до 13.11.2010 година во Република Бугарија

INTERFOOD & DRINK ВО СОФИЈА Од 10 до 13 ноември 2010 година во Софија во просториите на Интер Експо Центарот ќе се одржи саемската манифестација INTERFOOD&DRINK. Во нејзиниот склоп ќе има посебни специјализирани изложби како МЕСОМАНИЈА, СВЕТОТ НА ВИНОТО, БУЛПЕК, САЛОН НА ВИНОТО И ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ. Детални информации како и пријавување (вклучително и формулари и услови за пријавување) може да се добијат на официјалната веб страна на саемот- h�p://www.iec.bg/ и во Стопанската комора на Македонија. Контакт лице : Васко Ристовски Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk ********************** На 12 и 13.11.2010 година во Република Србија

САЕМ И КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФРАНШИЗА ВО БЕЛГРАД * Стопанската комора на Македонија организира посета и обезбеди бесплатен заеднички штанд од 12 м2 за македонските компании На 12 и 13 ноември 2010 година, во Белград, Србија, ќе се одржи првиот Меѓународен саем за франшиза – Franchising 2010 . Мисијата на оваа саемска манифестација е да го популаризира и промовира развојот на економската структура преку користење на франшизниот концепт насочен првенствено кон малите и средни претпријатија, како и поставување на основа за успешна промоција на франшизниот бизнис формат. На фирмите учеснички во само два дена ќе им се даде можност да остварат контакти кои би можеле да бидат решавачки за иднината на нивниот бизнис преку проширување во франшиза мрежа, при што пред голем број на потенцијални приматели ќе можат да ги презентираат своите франшизни концепти. Стопанската комора на Македонија, организира посета на меѓународниот саем и конференција за македонките компании било како изложувачи на националниот штанд или како слушатели на конференцијата. Заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на саемот најдоцна до 13 октомври 2010 година. Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004 Факс (02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk ********************** На 8.10.2010 година Балкански симпозиум за природен гас

,,ИНГАС 2010„ На 8 и 9 октомври 2010 година во Скопје, Х. „Александар Палас„, ќе се одржи „Балкански Симпозиум за Природен Гас – ,,ИНГАС 2010„. Настанот е во организација на ,,ИГДАШ,, (Компанија за дистрибуција на природен гас од Истанбул) а во координација и соработка со Кабинетот на Хади Незир, мнистер без ресор во Владата на Република Македонија. На симпозиумот ќе присуствува претседателот на Влада на Република Македонија Никола Груевски, министерот за економија д-р Фатмир Бесими, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски ...


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 07 октомври 2010

На 26.10.2010 година, саеми во Србија

ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ И ЕНЕРГЕТИКА ВО НОВИ САД

На овој, четврти по ред меѓународен симпозиум, покрај претставници од Република Македонија и Турција, ќе земат учество и високи претставници од секторот за енергетика и природен гас на повеќе балкански земји: Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија и други. За подетални информации за настанот на www.ingas.com.tr

Во организација на Новосадскиот саем, во периодот од 26 до 28 октомври 2010 година ќе се одржат две Меѓународни саемски манифестации: • 5. Меѓунроден саем ИНВЕСТИЦИИ И НЕДВИЖНОСТИ • 19. Меѓународен саем за ЕНЕРГЕТИКА и заштита на животна средина Главните содржини на саемските манифестации се: * Инвестиции * Недвижнини * Енергетика * Заштита на животната средина Изложувачите и посетителите на деловно стручниот саем во Нови САД (минатата година имаше над 7000 учесници и посетители) за време на трите саемски денови ќе можат да ги проследат и да учествуваат на регионални форуми, презентации на проекти, семинари, конференции, едукативни програми.

********************** На 15 октомври 2010 година еднодневен семинар во Стопанска комора на Македонија

“ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА“ Семинар е предвиден за секторите: земјоделство и прехранбена индустрија, производтво на тутун и преработки од тутун; хемиска индустрија; фармецевтска индустрија и здравство; кожарскопреработувачка индустрија; текстилна индуструја и конфекционирање; индустрија за хартија и целулоза; графичка индустрија и издавачка дејност и комунална дејност. Цел на обуката е запознавање на стручните лица за безбедност и здравје при работа, раководителите и други лица засегнати од примената на прописите за БЗР, со основните минимални законски барања од областа на безбедност и здравје при работа, кои се однесуваат на нивната индустриска гранка и кои треба да се применуваат на работните места, како и запознавање со меѓународниот Систем за управување со безбедност из дравје при работа ОНЅАЅ 18001. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 13 октомври 2010 година. Контакт: Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 lence@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: (02) 3244057; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 anita.mitrevska@mchamber.mk

********************** На 19.10.2010 година на Скопски саем

ТЕХНОМА EEN Партнерство 2010

Во рамките на саемот Технома 2010 Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија организира меѓународни средби (ТЕХНОМА Партнерство 2010) за претпријатија заинтересирани за изнаоѓање на потенцијални партнери за технолошка и бизнис-соработка. ТЕХНОМА Партнерство 2010 нуди можност за остварување на нови бизнис релации и размена на технологии со интернационални партнери од следните области: металургија; градежништво (производство и трговија со градежни материјали); производство и трговија со електрични материјали и електроника; енергија и енергетика. Сите информации и формата за пријавување може да се најдат на: h�p://www.enterprise-europe-network.ec.europa.eu/publicwebsite/bemt/ home.cfm?even�d=2448 h�p://www.mchamber.mk/default.aspx?lId=1&mId=40 Контакт лице : Лазе Ангелевски Тел: (02) 3244090; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk

Подетални информации на www. sajam.net www. Novisadexpo.com Пријава за учество на саемот во Нови Сад може да добијат во Стопанската комора на Македонија, тел. 02/3244 019, e-mail: zorica@mchamber.mk Контакт лице : Зорица Мешкова Тел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: zorica@mchamber.mk

********************** На 20 и 21.10.2010 година дводневен семинар:

„ЕТНИЧКИ СТАНДАРДИ (ХАЛАЛ И КОШЕР)” (од 9:00 – 16:00 часот)

Семинарот претставува одлична можност компаниите детално да се информираат за значењето на Халал и Кошер, што сé опфаќаат, конкурентската предност што ја нудат, видот на производите и услугите за кои се однесува, и економското значење на Халал и Кошер стандардите за компанијата. Предавач на семинарот е сертифицираниот консултант Александра Марковска од консултантската куќа “Фуд Консалтинг”, од Скопје. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да земат учество на семинарот кој ќе се одржи на 20 и 21 октомври 2010 година, сала 1, на 5-ти кат, во Стопанската комора на Македонија. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 18 октомври 2010 година. Цената за еден учесник изнесува 8.850 денари (7.500+ДДВ) за компании членки и 10.620 (9.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората. Контакт: Ленче Зикова Тел: (02) 3244054; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 lence@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: (02) 3244074; Факс:(02) 3244088 Call Центар : (02) 15015 be�@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

четврток, 07 октомври 2010

33

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Кинеска компанија бара ексклузивен застапник во Република Македонија за пласман на високо квалитетни машки и детски јакни Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:20.11.2010 ********************** Македонска компанија бара пласман во зенјите од Европска унија на трпезно и винско грозје со врвен квалитет од следниве сорти: Трпезно бело грозје од сортите: Мускат италија, Агадај Трпезно црно грозје од сортите: Мишел палер, Рибиер Винско црно грозје од сортите: Мерлот, Вранец Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:21.12.2010 ********************** Компанија од Словенија бара застапник во Република Македонија на санитарии од нерѓосувачки челик, кујнски лавабоа, батерии и др. Опрема Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:22.11.2010 ********************** Грчка компанија е заинтересирана за соработка со трговци на текстилни производи од Република Македонија за заеднички бизнис Вид на соработка: Производи, производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:23.12.2010 ********************** Грчка компанија е заинтересирана за соработка со производители на каучи од Република Македонија Вид на соработка: Соработка во производстводоработка Област на соработка : Обработка на дрво и производство на дрво Валидност до:23.12.2010 ********************** Македонска компанија нуди голем асортиман на производство на свежи и конзервирани печурки. Целиот асортиман е подготвен за извоз. Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:31.12.2010

Компанија од Романија бара соработка во Република Македонија за изведување на градежни работи како под-изведувач : - Нови водо системи за селата; - Изградба на атмосферска канализацијасистеми; мрежи на вода канализација за градови; - Третман на отпадните води фабрика - Урбани и долго растојание телекомуникациски мрежи; - Телекомуникациски мрежи во руралните области; - Оптички мрежи; - Инсталација на телекомуникациска опрема и пренос датуми; - Инсталација на сигнал опрема; - Внатрешните мрежи; - Реконструкција на улиците и тротоарите Вид на соработка: Техничка соработка Област на соработка : Градежништво Валидност до:23.10.2010

испрати примероци од текстил, за изготвување на пробни костуми. Вид на соработка: Соработка во производство - доработка Област на соработка : производство на текстил и текстилни производи Валидност до:31.12.2010 ********************** Нашата компанија е производител и извозник на голем број на медицински производи. Листата е дадена во продолжение: Unit Usd$

ITEM NAME.

P.SIZE

Steme�l Inj.

10’s

2.4

Otosporin Drops

5ml

0.48

Tocinox 10IU

10’s

1.9

Encephabol 120ml syrup

120ml

2.8

Atarax 25mg tablet

50’s

1.96

**********************

Betnovate Lo�on

20ml

1.34

Бугарска компанија бара соработка со македонски дистрибутивни компании, од областа на хемиските производи, канцелариски материјали, производи за хигиена. Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Земјоделије Валидност до:31.12.2010

Microgynon tablet

28’s

0.56

Tegral tablet

50’s

3.5

********************** Словачката фирма нуди стаклена амбалажа, со многу поволни услови на продажба, и тоа се следните: 1. цените на продажба ќе бидат пониски од сегашните на конкуренцијата од Србија. 2. Доколку се купи поголема количина, фирмата нуди обезбедување на пласманот на македонските производи кои ќе бидат пакувани во стаклената амбалажа, и тоа во многу странски земји. Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Земјоделије Валидност до:30.11.2010 ********************** Грчка компанија побарува македонски компании кои поседуваат сопствени капацитети за замрзнат зеленчук. Компанијата побарува фирма која замрзнува и складира пиперка, кромид и спанаќ. Вид на соработка: Соработка во производство - доработка Област на соработка : Земјоделије Валидност до:31.10.2010 ********************** Грчка компанија побарува македонски текстилни компании за производтсво на машки костуми по принципот на „лон„ систем. Пред потпишување на договор, компанијата ќе

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

Lasix 40mg

2x50’s

3.2

Euglucon tablet

60’s

3.6

Coversyl 4mg tablet

10’s

3

Canesten Vaginal 100mg tablet

6’s

2.8

Nerisona Ointment 10g

10 gram

3

Nerisona cream 10g

10 gram

3.4

Avil 50mg

100’s

2

Nerisone Fa�y Ointment

10 gram

3

Nerisone C cream

10 gram

2.3

Norvasc 5mg

20’s

4.4

Proluton depot

3’s

3.6

Neurobion tablet

100’s

5.4

Buscopan plus

100’s

4.2

Testoviron Depot Inj.

15’s

9

Sustanon Inj.

4’s

1.6

Strepsilz tablet(Mix)

15x10’s

6.8

Kenacomb cream 10g

10 gram

1.3

Betnovate N cream 15g

15 gram

1.1

Fefol capsule

30’s

1.8

K-Kort A Injec�on 40 mg

1ml x 1’s

0.9

Betnesol tablet 0.5 mg

20’s

0.7

Dermovate cream 5g

5 gram

0.5

Вид на соработка: Производи,производство Област на соработка : Трговија на големо и мало Валидност до:31.12.2010

тел: : (02) 3244036 факс: (02) 3244088 savo@mchamber.mk

BIznis Info 107  

Binzis info Stopanska komora Makedonija

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you