Page 1

ISSN 2545-4900

ЗЕЛЕНА БЕРЗА Ноември 2019 бр.17


Од наш агол

Моќниот говор на 16-годишната Грета Тумберг „им удри шлаканица” на светските моќници затоа што ја крадат иднината на новата генерација! „Како се осмелувате! Сето тоа е погрешно. Не би требало да сум тука, туку на училиште на другата страна од океанот, но сите вие ни доаѓате нам, на младите, и во нас барате надеж. Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата и моето детство со вашите празни зборови, но јас сум сепак една од среќните. Луѓето страдаат, луѓе умираат, цели екосистеми колабираат. Како се осмелувате. Очите на сите идни генерации се врз вас, и ако се одлучите да не изневерите, ви велам – нема никогаш да ви простиме“. Ова се пораките на Грета Тумберг една од 25-те највлијателни тинејџерки на светот според светскиот магазин „TIME”. Девојчето од Шведска беше номинирано за Детската климатска награда, но одби да ја подигни затоа што одбива да патува со авион и го осудува авионскиот транспорт како еден од најголемите загадувачи на природата. Таа одржа говори пред сите светски моќници и институции. „Се наоѓаме пред масовно исчезнување, а вие зборувате само за пари и кажувате бајки за вечен економски раст“, рече 16-годишната активистка, едвај задржувајќи ги солзите во очите. Пред да ја увиди светот решителноста на Грета Тумберг во борбата против климатските промени таа беше осамена личност која седеше пред Парламентот во Стокхолм,

носејќи знак „Училишен штрајк за климата”. Инспирирана од преживеаните од училишното пукање во февруари 2018 година во Паркланд, Флеј, таа започна да штрајкува секој петок и да не посетува настава. Почна да се обраќа на социјалните медиуми за да ги натера политичарите да ја поддржат и да преземат чекори кон запирање на емисијата на јаглерод. Од Конференцијата за климатски промени во Соединетите Држави во декември, следењето на Твитер на Тунберг се зголеми за скоро 4000% и достигна 612.000. Многумина, исто така ја поддржаа штрајкувајќи и барајќи промена. Грета не само што зборува отворено за климатските промени, туку и за нејзините медицински дијагнози. Поточно, таа страда од компулсивно опсесивно нарушување, селективно пелтечење и Аспергерово растројство, но кога станува збор за климатските промени, нејзините дијагнози се длабоко во позадината. Инаку, Аспергеровото растројство е на спектарот на аутизам и обично луѓето имаат проблеми со социјална интеракција и емпатија. Селективното пелтечење се јавува само во одредени ситуации кога поединецот смета дека е крајно стресно и повремено го чувствува стравот од сопствениот глас. Но, не кога девојчето зборува за климата и промените кои треба итно да ги направиме сите ние. „Можеби 50 отсто шанси е прифатливо за вас. Но, тие

бројки не вклучуваат точки на пресврт, како што е дополнително затоплување скриено зад токсичното загадување на воздухот или аспектите на правдата и правичноста. Тие исто така се потпираат на тоа дека мојата и генерацијата на моите деца ќе дишат стотици милијарди тони од вашиот СО2 од воздухот“,изјави Грета. Се сеќавате ли како пред петнаесетина години имаше јасна граница помеѓу годишните времиња? Како уживавме во бел и ладен Божик, блага есен и пролет и летни одмори кога температурата никогаш не надминуваше 30 Целзиусови степени? Зошто дозволивме тоа да исчезне? Ако лелекот на природата не е доволен за нас, нека ни биде повикот на Грета. Да го слушаме и да сториме се што можеме. Барем да се обидеме. Треба под итно да почнеме да ги менуваме навиките, да користиме велосипеди, да рециклираме, да користиме платнени торби. Треба да го избегнуваме, бојкотираме користењето на пластиката. Ако ги комбинираме сите овие, навидум мали постапки, добиваме вредни резултати. Грета нека ни биде повикот за нашето неопходно будење. Заради нас самите и заради иднината на нашите деца за која толку многу се залагаме и бориме, а по се изгледа во сосема погрешен правец. Христина Фуна

Издавач: Здружение за едукација на земјоделци „Зелена берза“ Битола Главен и одговорен уредник: Христина Фуна; Заменик на главниот и одговорен уредник: Анета Блажевска; Редакција: Павлина Јовановска; Валентина Соколовска; Игор Петровски; Ване Трајков; Зоран Димовски Фотографија: Ивона Кочов; Компјутерска обработка: Димитар Фуна; Адреса на редакција: Краварски пат бб Битола; Печати: Графопром Битола; Контакт: info@zelenaberza.com.mk; zelenaberza@zelenaberza.com.mk; Тел: 071/207-021; Факс: 047/208-515

ЗеленаБерза

3

Октомври 2019


Актуелно

Интервју за јаболката

ЗеленаБерза

5

Октомври 2019


Лозарство

Преспа

Јаболка

Октомври 2019

6

ЗеленаБерза


Лозарство

ЗеленаБерза

7

Октомври 2019


Лозарство

Преспа

Има ли надеж за преспанското јаболко?! Оваа година има помалку род. Тоа не се должи само на невремето, туку и на фактот што овошките се истрошени од преголемиот род лани. Квалитетот на родот е подобар така што се очекува и подобра цена. Земјоделството во Преспа најмногу се потпира на развојот на овоштарството, особено јаболката. Верскиот празник Крстовден се зема за официјален старт на бербата на јаболката во Преспа. Од сезона во сезона производството варира, но оваа е поразлична. Добрите познавачи на состојбите велат дека ќе има помал род, но со подобар квалитет. Овоштарите од Преспа ги чувствуваат последиците од невремето што го зафати овој регион пред неколку месеци. Бујар Зенели од селото Крани има 11хектари со насади од јаболка. Ако минатата година собрал род над 250 тони јаболка, вели дека оваа година е на нула. Златен и црвен делишес, муцо, чадил и ајдарет се сортите што ги одгледува, но за жал оваа сезона апсолутно нема ништо. Како што вели „од невремето кората на стеблата била одрана исто како што се дери кожата на овца“.

-Ништо не можеме да направиме моментално. Што ќе биде в година не знаеме. Мораме да работиме и да мислиме понатаму, вели Зенели. Минатата година беше многу родна, така што вишокот на јаболка остана по нивите и депониите. Цената на јаболкото е клучниот фактор што ќе прават во иднина овоштарите. Назер Сумчески од Ресен има две бавчи со јаболка. Вели дека ако ја нема пензијата само со јаболката не може да опстанува. -Лани сите јаболка ги фрлив. Немаше цена. Се исплаќа за еден денар да ги

Октомври 2019

6

ЗеленаБерза

-Лани имав 120 тони , годинава очекувам 60-70тони. Ланската година преродија, годинава се истрошени. Имаат некои флеки, ги фатија болести. Ги прскам ама џабе, нема резултат. Дали е до билките или нешто друго, не знам. За берачи немам проблем , голема фамилија сме, а исто и за пласман, се снаоѓам, вели за „Зелена берза“ Ангеловски.

Општинските комисии во Ресен интензивно работат на изработка на елаборати На овоштарите кои претрпеа штети од невремето ќе им биде помогнато, рече градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ 2019. носиш? И кога ќе видиш, банкрот. Луѓето почнаа да ги оставаат нивите. Државата мора да помогне околу пласманот. Не треба да се потпира на дилерите. Не треба да дозволи тие да го кројат планот на државата. Јас дури сум жив ќе ги чувам јаболката, ама син ми не верувам дека ќе ги работи, рече Назер од Ресен. Оваа година има помалку род. Тоа не се должи само на невремето, туку и на фактот што овошките се истрошени од преголемиот род лани. Квалитетот на родот е подобар така што се очекува и подобра цена. Зоран Ангеловски од Ресен веќе 15 години се занимава со производство на јаболка. Оваа година очекува родот да биде половина од ланскиот. -Општинските комисии работат на изготвување на елаборати на околу 500 барања од земјоделци кои беа зафатени со невремето. Се надевам дека до крајот на месец октомври ќе бидат изготвени и ќе бидат испратени до Владата, по што ќе се изврши исплаќање, додаде Гошаревски. Министерството за земјоделство работи на подобрување на состојбите кај овоштарите Министерот Трајан Димковски, посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изминатите две години е во континуирана комуникација со производителите на јаболка од Преспанскиот


Лозарство

Регион, со цел одржување и развој на производството на јаболка. -Очекувам, оваа година наместо за проблеми да разговараме за подобар квалитет и пласман. Од наша страна работиме на промоција и отворање на нови пазари како Јордан, Иран, Египет. Заеднички да ја постигнеме целта, а тоа е не само да го одржиме туку и да го зголемиме производството , да го промениме асортиманот, да имаме континуирано производство. За тоа ќе помогне и новата стратегија за изградба на откупно - дистрибутивни центри и за ладилници, со што ќе се придонесе за развој на производството, изјави министерот Димковски. Тој посочи дека во Ресен од вкупно 2170 зелени картички за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, 2.000 овоштари веќе ги имаат подигнато картичките, со коишто имаат можност да точат поевтино гориво за механизацијата, бидејќи 30 отсто од трошоците ги покрива државата. На трибината што се одржа во рамки на „Преспанскиот јаболкобер“ беа

презентирани мерки кои ги презема МЗШВ за подобрување на состојбите во овоштарството. МЗШВ изминатите две години, континуирано работи и на зголемување на субвенциите за јаболка. Во 2017 година за 10 отсто се зголемија субвенциите за овошни насади, линеарно за сите земјоделци, а минатата година за 20 отсто се зголемија субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари по килограм. Годинава субвенциите за одржување на насади се повторно зголемени и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршка расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. Дополнителни 15% добиваат повисоки субвенции овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности над 700 метри надморска височина, или 57.500 денари по хектар. Ќе успеат ли овие мерки да ја

подобрат состојбата во Преспа? Голем дел од овоштарите се разочарани. Некои спасот го гледаат во копачење на јаболкото и садење на овошки кои се поисплатливи, а некои пак спасот го гледаат во некоја странска земја. Павлина Јовановска

ЗеленаБерза

7

Октомври 2019


Актуелно

Нова опрема и нови технологии

На саемот во Ресен „Синпекс“ презентираше опрема потребна на овоштарите Само едуциран и опремен овоштар може да постигне резултати во својата дејност. Во денешно време овоштарите може да си го дозволат и едното и другото. Во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ 2019 на плоштадот во Ресен беше организиран саем на кој беше

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

презентирана најразлична опрема што им е потребна на овоштарите. „Синпекс ДОО“ Битола, кој е дистрибутер на современа

земјоделска и приклучна механизација редовно учествува на ваквите настани. -„Синпекс“ Битола ги следи сите


Актуелно

новини во техниката и технологијата на земјоделската опрема. На овој саем презентираме претежно опрема што им е потребна на овоштарите: трактори, платформи, атомизери, фрези, косачки и др. Овоштарите ги следат новините во оваа област така што ние како реномирана компанија со долгогодишно искуство, се обидуваме да им го доближиме сето она што ќе може да се употреби во оваа дејност. Интерес секогаш има и затоа се обидуваме да им обезбедиме и услови да може таа опрема заинтересираните полесно да ја набават, вели Стефче Гроздановски раководител на комерцијална служба во „Синпекс ДОО“Битола. Покрај во готово производите од „Синпекс“ може да се купат и на кредит, на рати, по многу поволни услови со 1,9 % преку Прокредит банка. Од најразлични ножици за режење, трактори од омилените брендови на земјоделците, Тафе и Џон Дир, атомизери и останата опрема. -Новина што на овој саем ја промовираме е меѓуредната фреза од италијанската марка Оризонти. Таа е последно технолошко достигнување кое на многу успешен начин ја извршува обработката меѓу редовите во овошните насади, при тоа без да се направи некое оштетување на

садниците, вели Александар Крстевски од „Агро Гавро“, дилер на земјоделска механизација и опрема во Ресен, долгогодишен соработник на „Синпекс“ Битола. Посебна атракција се тракторите од марката Џон Дир. Овој пат во фокусот

на вниманието беше тракторот од Серијата „B“ со 50 КС кој во редовна продажба и екстра поволни цени ќе се најде по Нова Година. Органското производство на јаболка е проект кој во Преспа се спроведува веќе две децении. Локалната акциона група „Преспа“ Ресен на овоштарите во Ресен ги промовираше органските препарати со кои може да се постигне добар квалитет. -Се зголемува интересот за органско производство на јаболка. За овој начин на производство потребна е дисциплина и секако постојано едуцирање. Овде заедно со претставник на фирмата Биоинженеринг како и земјоделска аптека промовираме палета на органски препарати. Ресен е првата општина што почна со компостирање ( обработка на органскиот отпад). Тим од врвни експерти во таа област веќе две децении се бават со таа проблематика, а сега е моментот да се видат резултатите, како може на овој начин да се добие квалитетен производ, а во истовремено да се намали загадувањето. Постигнати се извонредни резултати на поле на габични заболувања. Во идниот период проектот ќе се прошири на повеќе пилот фарми во општина Ресен, изјави за „Зелена берза“ Љупчо Крстевски од ЛАГ „Преспа“ Ресен. П.Јовановска

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Тиквешки регион

Грозјето недособрано винариите завршија со откупот Како Здружение „Напредни лозари“ се согласивме да побараме од надлежните загарантирана производна цена на грозјето. Со тони грозје не е собрано од повисоките делови на Тиквешијата, а винариите до крајот на септември завршија со откупот на грозјето, реагираат од Здружението „Напредни лозари“. Зоки Пешков претставник на Здружението од Тиквешкиот Регион за „Зелена берза“ вели дека крајот на септември беа последните денови за откуп на грозјето од страна на винариите, а родот од повисоките региони воопшто не е допрен иако ги достигна 20 шеќерни единици за Вранецот и 17-18 шеќерни единици за Смедеревката. -Повисоките вински региони ги достигнаа бараните шеќерни единици, но винариите прекинаа со откупот. Многу грозје има што не е собрано по нивите. Само еден земјоделец од регионот на Бошава има за предавање по 15 до 20 тони грозје. Нема абер за почеток на бербата, а винариите си го направија своето, реагира Пешков. Тој смета дека кусото време за откуп на родот е добро смислена постапка од страна на винариите што пак, драматично влијае на уништувањето на лозарството. Вака како што стојат работите според Пешков можат да опстанат само големите лозаро производители, а на помалите не им е лесно. -Порано пред три и повеќе децении квалитетното грозје се береше и до Митровден , до 8 ноември, кога агрокомбинатот „Тиквеш“ го откупуваше и последното зрно грозје. Сега откупот на грозјето почнува на почетокот на септември и трае до крајот на септември, само еден месец, а знаете

дека во овој период имаше и дождливи денови кога не се влегуваше по нивите, вели Пешков. За тиквешките лозари најголемата болка е откупната цена која се движи од 10 денари килограм за Смедеревката, односно 11 денари за килограм што ги нуди винарницата „Охрид“, но под услов родот да се исплати до 30 април. -Еве вака ќе прашам - дали еден административец може да почека и да не реагира ако неговата плата доцни три или четири месеци? Дали нема да штрајкува? Тогаш како ние лозарите да го предаваме грозјето во септември и да се стрпиме за парите до април? Ете затоа земјоделецот е доведен до просјачки стап, вели Пешков.

Лозарите членови на Здружението „Напредни лозари“се договориле веднаш со престанокот на откупот на грозјето од страна на винариите да побараат состанок со Владата и Министертсвото за земјоделие, и под итно да се изработи и да се донесе Закон за лозарство. -Се согласивме како Здружение да побараме од надлежните загарантирана производна цена на грозјето, значи не откупна, туку производна. Има институции што можат да пресметаа колку не чини производството на килограм грозје и таа цена да биде загарантирана. Ако е 4 денари, нека биде толку, ако е 16 денари таа цена да се земе предвид, наведува Пешков. Она што е важно за лозарите е и исплатата на грозјето да биде најдоцна 30 дена од откупот. Потоа да се укина уредбата од сегашниот закон каде стои дека откупната цена треба да се намали еден денар, ако грозјето ти се исплати во рок од десет работни денови. Регистрираните земјоделци да земаат 100 проценти повисоки субвенции за лозарството. „Зелената нафта“ кај регистрираните земјоделци да ги покрива 100 проценти трошоците за гориво, а не 30 проценти, велат од „Напредни лозари“. А.Блажевска

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза


Актуелно

Пелагонија

Успешна сезона на пиперката куртовската капија Производителите на пиперката „ајварка“ од Пелагонискиот Регион позитивно ја оценија оваа сезона. Родот е квалитетен и цените се задоволителни. Сепак оваа култура би имала подобра иднина доколку државата помогне да има договорно производство и заштитени откупни цени. Во сезона на зимници „ајварката“ од сортата куртовска капија е најактуелна. Иако бербата започна со мало задоцнување, заради доцнењето при расадувањето , сепак на крајот од сезоната производителите позитивно ја оценуваат. Во Пелагонискиот регион „ајварката“ се сади на отворено. За разлика од минатата година оваа година родот е помал, но квалитетот е добар. Квалитетот носи и добра цена која се движи од 19-22 ден/кг. Никола Букалевски од селото Могила „ајварката“ ја има на површина од 3 хектари. Оваа сезона пресметува род меѓу 80 и 90 тони. -Родот е добар. И покрај жешкото време сепак квалитетот е добар. На почетокот на бербата и покрај квалитетот на пиперот, цената беше

лоша и се движеше околу 15-16 ден/кг. Нашите откупувачи во овој регион даваа помала цена. Конкуренцијата ја заврши работата. Состојбата се смени откако дојдоа струмичките трговци. Тие нудат од 20 – 22 ден/кг. Сега сме задоволни, вели Никола Букалевски производител од селото Могила. Моментално куртовската капија е најдоходовна, но во иднина не може да се потпираат на оваа култура сметаат производителите. -Треба да садиме помалку за да има повисока цена. Житото е евтино, млекото евтино, пченицата и пченката исто така, а имаат давачки големи. И пиперката има давачки, ама барем сега има цена. Добро е што има откуп. Количините одат за во фабриките, се е

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

регуларно, имаме и документи за после да можеме да добиеме и субвенции, вели Добре Автаровски од Могила кој има 6 хектари под оваа култура. Во Пелагонија се произведува најквалитетната пиперка. За разлика од некои производители од Прилепско каде на неколку наврати невремето го уништи целиот род, производителите од општина Кривогаштани велат дека „куртулиле“ и дека имаат добар род. Откупот непречено помина во сите делови од Пелагонија. Игор Смугрески од селото Обршани, оваа година „ајварката“ ја има на површина од 6 декари. -Целото производство го носам во откупен центар. Цените се добри. Да ги однесам на пазар можеби ќе постигнам повисока цена, но не ми се исплаќа да закупам тезга за една година, а ќе ја користам само два месеца. Не можеме како порано да продаваме само одреден период, вели Смугрески за „Зелена берза“. Скоро во сите места каде се бери пипер, постои центар за откуп и тој се одвива непречено без проблем. -Откупот на „ајварката“ се одвива без проблеми. Цените ги имаме истакнато, исплатата е на трансакциска сметка и најмногу за десеттина дена им се исплаќа на земјоделците, вели еден откупувач кој сакаше да остане анонимен. Сепак она на што укажуваат производителите за да се продолжи со негово производство државата треба да помогне. Слично како и со другите

култури и со пиперката треба да има загарантирана цена со договор. -Во март месец кога почнуваме со садење никој не ни гарантира цена ниту пак прави договори. Цената може да е различна. Пред четири години цената беше 5 денари, посочува Букалевски. Во Пелагониско регистрирани се 500 хектари под насад од индустриска пиперка. Со цел да ги помогне производителите на пипер, државата им дава по 3000 денари субвенција по декар и по 3 денари за килограм предаден пипер во домашни фабрики. Производителите велат дека оваа сезона е подобра од ланската, но сепак од година во година се намалуваат површините под пипер. Велат дека на младите им здосадило земјоделието и бараат работа по фабриките. П.Јовановска


Актуелно

Струга

Конечно подобра година за пчеларите Пчеларите од Струшко велат дека не може да се предвиди каква ќе биде годината за пчеларството, но сметаат дека оваа сезона е подобра од претходните.

За разлика од претходните години, пчеларите велат дека оваа сезона е подобра. Имало години кога количините на мед биле далеку поголеми, но кога споредуваат со претходните години, кои беа катастрофални, сега е значително подобро. Токму заради овој факт што не може да се предвиди каква ќе биде годината, пчеларите со оваа дејност се занимаваат само како дополнителна дејност. Муамед Иса од Мислодежда село 18 км оддалечено од Струга е наставник по хемија и тој покрај пченицата , јачмен и јонџа (трева што се коси неколку пати) одгледува и 50 сандаци со пчели. Има и насади со јаболка, 60 садници со орев, но како што вели она што го релаксира е пчеларството. -Во денешно време во настава не е лесно да се работи со деца, психички е напорно, но кога сум со пчелите се релаксирам. Овде е чисто планинско место одлично за пчеларство. Оваа година е успешна. Извадов 750 кг мед од 35 сандаци, останатите се млади, оваа година ги множев. Медот е природен, чист. 100% органски. Малку сме далеку од градот ама

условите се идеални, вели Муамед. Со пласманот за сега нема проблем, по роднини пријатели , скоро секаде на западниот регион од државата, дури и во странство. Вели дека оној што еднаш го пробал од неговиот мед повторно се враќа да земе. Слична е состојбата и со неговиот соселанец Раим Хоџа кој е вработен во основното училиште како хигиеничар, но во слободното време се занимава со пчеларство. -Минатата година немаше ништо. Оваа година е подобра. Успеав да извадам 300 кг мед. Се надевам дека другата ќе биде подобра. Оваа година кога дрвјата беа во цут, времето беше врнежливо и пчелите не можеа да собираат полен. Годината е добра ако во просек се добијат по 10 кг мед, инаку од еден сандак може да се соберат и 40кг. Гарантирам за квалитетот. Медот е 100% природен, вели Раим. И Муамед и Раим со мерак си ја работат работата. Имаат поддршка од семејствата и користат субвенции од државата. Сметаат дека со оваа дејност би се занимавале повеќе луѓе доколку е поголема поддршката од

државата. За пчеларството не е потребно само мерак, потребно е и знаење велат тие. -Потребна е постојана едукација. Навистина ние сме подалеку и овде природата е чиста, но сепак треба да бидеме повеќе информирани. Можни се болести и експерт треба да не информира како треба да постапуваме. Нашиот мед е природен , чист. Со ништо не ги прихрануваме пчелите, но ние не поседуваме сертификат за органско производство. Не знаеме која е процедурата за тоа, вели за „Зелена берза“ Иса. И покрај сите убавини што ги нуди природата во Мислодежда сепак мештаните ги мачи проблемот со иселувањето на младите. Барајќи подобар живот, голем дел се иселиле. Бројот на ученици во основното училиште во овој реон за десет години е трипати помал и изнесува 55 ученици. Дали некој од овие деца ќе остане овде или барем ќе навраќа на овие простори само за пчеларство ќе покаже времето, велат нашите соговорници. П.Јовановска

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

ус к в т о и в и Незамерналдицијата на т Ноември 2019

42

ЗеленаБерза


Актуелно

Макалото од Десе Со креативен спој на традицијата, органската храна и уметноста, се доаѓа до еден сосема нов и уникатен производ – „Макалото од Десе“. Македонската храна изобилува со низа традиционални јадења, некогаш и подзаборавени. Токму тој креативен спој на старото со новото овозможува да продолжат да живеат старите рецепти.

Идејата да направи нешто различно, а сепак вкусно, што ќе потсетува на традиционалната храна, направи да се појави „Макалото од Десе“. Десанка Ристовска од Струга е идејниот творец на овој производ, каде основата е лукот. -Сакав да направам нешто, што прво јас ќе го јадам, без да се стегам дека ќе мирисам на лук. Првата комбинација беше со додатоци во основата на лук и семки од тиква, сончоглед, сува смоква и брусница. Макалото го комбинирав како додаток на салати, тестенини, риба, месо, чорба, открива за „Зелена берза“ Ристовска. На почетокот и самата била скептична, но се изненадила од тоа како било прифатено нејзиното макало. Бонбониерите кои вообичаено се носат за некој повод, Десанка ги

заменила со убаво декорирана тегличка од нејзиното макало. Коментарите ги засенувале првичните поводи. Муабетите на маса пропаѓале во вода и макалото станувало тема број еден. Повод, дотолку повеќе ова нејзино хоби да премине во нешто поголемо. -Мислев дека не е можно да се премине од хоби во бизнис, но производот беше одлично прифатен така што сега добивам постојано нарачки, за што мојата кујна морав да ја заменам со друг соодветен простор, каде што ќе може да го изработувам и да го пакувам макалото. Социјалните мрежи, Фејсбук и Инстаграм го направија најголемиот маркетинг. На почетокот за моите другарки и познајници, за потоа да се најде во продавницата за здрава храна во Куманово. Сега го има скоро во сите струшки ресторани, вели Ристовска. Квалитетот си го направил своето, така што голем дел тегли со ова макало заминале и во странство . За дизајнот на теглите се погрижил нејзиниот сопруг Горан по професија ликовен уметник. -Се обидувам да направам спој на нејзината првична замисла на вкусот, со она што јас го имам конципирано во главата, за на крајот да имаме производ кој освен што е вкусен и убаво изгледа во неговата амбалажа, вели сопругот Ристовски. Десанка е наставничка во одделенска

настава и се обидува на креативен начин да им ја доближи здравата храна на нејзините ученици и родители. За сега подготовката на макалото и е само хоби. Вели дека може да прерасне во бизнис, но за тоа е потребна помош од државата, бидејќи од година во година сировините кои ги користи се се’поскапи и поскапи, а не сака да ја зголемува цената на макалото, бидејќи како што вели само што ја научиле, производот е нов. За лукот пак, не треба многу да се зборува колку е добар за здравјето на сите, од најмали до најголеми. Десанка за битолчани го промовираше својот производ на „Пазарот на органска храна“, настан што го организираше „Слоу фуд“ – Битола, поддржувачи на органска храна произведена на традиционален начин. Павлина Јовановска

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Струшки регион

Ако има рај, рајот е во Мислешево Бранко Дамјановски оваа година успеал да произведе 6-7 тони пченка во зрно, без наводнување. Вели дека за разлика од останатите региони во државата, каде има недостиг на вода, Мислешево ги има сите услови за работа.

Во денешно време реткост е да се слушне млад човек што со задоволство работи земјоделие. Бранко Дамјановски од струшкото село Мислешево е еден од ретките млади земјоделци што својата и иднината на семејството одлучил да ја гради во своето родно место. Кога бил средношколец, а требало да одлучи што и како понатаму (состојбата во државата не биле „розова“), побарал совет од својот татко.

„Јас имам само ниви, ако работиш ќе имаш“, се потсетува Бранко на зборовите од својот родител . Продолжил да го работи она со што цел живот се занимавало неговото семејство. Како што објаснува за „Зелена берза“, почнале со малку земјоделска површина, за од година во година да растат, да се шират и да набавуваат се’ што им е потребно за да си го олеснат процесот на производство. -Моментално обработувам 20 хектари земја. Бидејќи имам фарма со крави поголем дел од нивите се под луцерка, а останатите со пченка и пченица. Од

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

страна на механизација имам скоро се’. Располагам со два трактори, еден помал и уште еден поголем, комбајн и останата приклучна механизација. Целокупниот род е исклучиво за домашни потреби. Оваа година беше добра и се произведе екстра храна, но нема кој да ја купи, цели бали сено стојат на нива, вели Бранко, додавајќи дека до година планира површините со житни култури да ги намали, поради ниските откупни цени. Мислешево располага со 2946 хектари обработливо земјиште и позитивно е што целото се обработува. Населението се занимава претежно со земјоделство. Во тоа место има 5-6 млади фармери кои ја обработуваат земјата

за потребите на своите фарми. -Местото е мало, но има услови. Оваа година успеавме да произведеме 6-7 тони пченка во зрно, без наводнување. За разлика од останатите региони во државата, каде има недостиг на вода, Мислешево ги има сите услови за работа. Ако има рај на земјата, рајот е во Мислешево, вели Бранко. Селото е рај за оние што работат. За оние што не сакаат земјоделие, приказната води до прекуокеанските земји. Само минатата година од ова

место се иселиле 12 момчиња, кои својата иднина ја побарале во Австралија, Америка и други земји. Младите си заминуваат барајќи полесна работа. Земјоделците, пак, се соочуваат со недостиг на работна рака, сепак се сложни и си помагаат едни со други кога можат. Ако порано ангажирале аргати од Албанија за 1500 денари дневница, сега не може да најдат работници ниту за 2000 денари на ден. Земјоделците велат дека почнуваат подготовките за есенската сеидба и ќе треба да бараат чаре, бидејќи голем дел од сламата е по нивите. И за струшките земјоделци субвенциите се добредојдени и покриваат дел од трошоците. -Не се којзнае што субвенциите, ама се бериќат. Ако правилно се искористат и со домаќинско работење може да се купи семе и нафта, производот останува во ќар. Не верувавме за зелената нафта, но онаа што ми ја определија ја зедов со зелената картичка. Колку е толку е, и тоа е добро. Можеби в година ќе има повеќе, зборува со надеж Бранко. И покрај сите проблеми сепак својата иднина ја гледа во земјоделството и не би заминал на друго место. Вели ќе биде среќен и понатаму да го одржува она што го стекнал до сега, уште повеќе ако некој го наследи во неговата работа. Во очекување е на резултатите од Националната програма, по која аплицирал за нов трактор John Deere. Фармата со 15 крави би сакал да ја прошири, има одлична соработка со млекара Лабрадор која секојдневно му го откупува млекото и редовно му го плаќа. Павлина Јовановска


Актуелно

Тетовски регион

Гравот „тетовец“ го има сѐ помалку и чини 300 денари килограм Тетовскиот грав како бренд ќе исчезне. Ова е констатацијата на производителите на грав од Тетовско, кои годинава учествуваа на десетта по ред манифестација „Ден на гравот“, која се одржа во тетовско Теарце.

Тетовскиот грав, производ кој завршуваше на секоја втора трпеза во земјите од поранешна Југославија, и ја хранеше цела Југословенска народна армија и вработените од големите фирми, сега го нема ни на трпезите на тетовци. Производителите на овој тетовски бренд, велат дека секоја година ги намалуваат површините засадени со тетовски грав, па можно е овој далеку познат производ еден ден и да го нема. Причините се различни, од немање пласман, нелојална конкуренција, сушата како и штетниците кои го уништуваат овој род во текот на неговото созревање. -Тетовскиот грав е надалеку познат, затоа велиме дека тој е наш бренд. Го знаат во цела Југоисточна Европа. Да не зборуваме во земјите од поранешна Југославија. На времето таму со шлепери се извезуваше, имаше војска и цела ЈНА се хранеше од нашиот грав. Нашите големи фирми, земаа од тетовскиот грав, сега нема ништо.

Никој не го заштитува нашиот производ. Се увезува неконтролирано грав, претежно од азиските земји, и истиот се продава како да е тетовски, тука треба инспекцијата малку повеќе да ја преземе контролата во свои раце. Нема пласман за нашиот производ. Исто така нашиот грав го јадат многу штетници, мора науката да види како да го заштитиме нашиот производ, вели Сречко Анчевски производител на грав од селото Доброште. Со цел промовирање на гравот „тетовец“, во Теарце се одржа десетта по ред традиционална манифестација „Ден на гравот“. На манифестација присуствуваа 500 – тини лица од Македонија и соседно Косово. Таа од година во година е се побројна, но за жал проблемите со тетовскиот грав се зголемуваат. -Нашата цел е да го промовираме производот, а на централните и градските власти е да преземат нешто со овој тетовски бренд, вели Лазар Ѓорѓески

од Центарот за едукација и развој кои ја организираа оваа манифестација. На денот на манифестацијата имаше подготвено вкусно тетовско гравче за сите присутни. Готвачот Мирко Ѓорѓески, вели дека тајната на вкусниот тетовски грав е во целосноста на зрното кое додека се вари не се одвојува од лушпата. Но, за да имаме вкусно гравче треба да имаме и квалитетен род кој годинава не се погодил, поради големата суша. -Имавме голема суша годинава, а на гравот му треба вода, ни секнаа извориштата и затоа не добивме вкусен род. Но со некои марифети ќе гледаме да го подготвиме гравчето на најубав можен начин, вели готвачот Ѓорѓески. Поради проблемите со кои се соочуваат земјоделците, тетовското гравче го има во мали количини, па затоа неговата цена достигнува и до 300 денари од килограм. Зоран Димовски

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Економија

Иднината на земјоделството лежи во производството на медицински канабис!? -Во дозволата за извоз на сув цвет лежи спасот на целиот бизнис во кој досега секоја компанија има инвестирано најмалку по милион евра, а има компании кои имаат инвестиции и над десет милиони евра, сметаат од Здружението на производители на медицински канабис. Одгледувањето и производство на медицински канабис може да и донесе сериозен девизен прилив на државата кој ќе се брои во стотици милиони евра. Според груби проценки со медицински канабис петкратно повеќе девизен прилив може да прави земјава во споредба со се’ што се извезува од земјоделското производството. Но за ова да може да се случи потребни се законски измени. Донесениот закон има многу недостатоци и области кои треба да се дорегулираат заради што во постапка е донесување на измена на законот, но и во тие измени не се предвидени клучните работи, реагираат од Здружението на производители на медицински канабис. -Бараме како Здружение до власта и до сите политички партии амандмански да се интервенира и во законот да се дозволи извоз на суви цветови од медицински канабис. Само во дозволата за извоз на сув цвет лежи спасот на целиот бизнис во кој досега секоја компанија има инвестирано најмалку по милион евра, а има компании кои имаат инвестиции и над десет милиони евра, рече Костадин Дуковски, претседател на Здружението на производители на медицински канабис. Досега земјава во процесот на отворање на можности за инвестиции во овој современ начин на производство направи доста позитивни чекори. Но инвеститорите сметаат дека оваа гранка може многу повеќе да се развива и да расте ако не се законските пречки. Фактот дека имаме 260 сончеви денови може да не крене во светски најквалитетните производители на медицински канабис. Наместо да се разговара за тоа

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

како да се овозможи да се произведуваат и крајни производи како лекови, креми за нега на лице и кожа кои веќе во светот ги нарекуваат кремите на вечната младост и кои се скапо платени и многу барани, домашните, засега 23 производители, се соочуваат со трупање на залихи по магацините. Според сегашните регулативи за да се задржи лиценцата не смее да се запре со производството. Само неколку производители имаат погон за екстракција на масло од канабис, но и тие пак, имаат проблем што сите увозници им бараат европски сертификат за добра земјоделска пракса. Од произведените цветови од првата класа се прави масло, а втора и трета треба да одат за продажба, но според сегашните домашни закони и немањето европски сертификат извозот е сведен на нула. Производителите веќе се на работ да одлучуваат ако не се промени законот или да ги затворат погоните и да ги отпуштат вработените или да продолжат да складираат цветови кои по неколку месеци не вредат ништо. -Ние бараме да се дозволи извоз на суви цветови од медицински канабис како што истиот тој закон дозволува увоз во државата за фабриките кои тука го преработуваат во лекови. Од друга страна треба да се најде и начин како преку соработка со инспекциите од некоја европска земја да може и ние да подлежиме на нивните контроли и да оствариме можност да добиеме европски сертификат за добра земјо-

делска пракса како шанса за зголемен извоз и инвестиции во креми или други крајни производи. Сувите цветови се барани за извоз. Само како пример ќе ја посочам Полска каде ваквите цветови се дозволени за легална продажба по аптеките за медицински цели, рече Славе Ивановски, сопственик на Оаза Алкалоиди. Според проценките на Здружението, производители досега имаат залихи од околу 10 до 12 тона сув цвет за кој сега се бара законска можност за извоз. Еден килограм сув цвет се продава од 3 до 5 илјади евра или досегашната вредност на залихите се околу 30 до 50 милиони евра. Само една компанија во земјава може годишно да произведе околу 7 тона сув цвет и да прави извоз од 30 милиони евра, девизен прилив кој е далеку поголем ако се преработи во масло или уште поголем ако се оди и на производство на некој финален производ од медицинскиот канабис. Од законските регулативи зависи како натаму ќе се развива земјоделското производство на иднината.


Актуелно

Заштита на житните култури во есенскиот период

Житните култури имаат големо економско значење за Република Македонија, скоро 81% од обработливата површина во Р.М. се под житни култури, т.е. тие се одгледуваат на површина од 160 988 ha (според Државниот завод за статистика на Р.М. (2012/14)). Од кои пченицата е на прво место од житните култури. Заштитата на стрните жита од плевели, болести и штетници е процес кој се одвива во текот на целата година. Навремената заштита го зголемува квалитетот и квантитетот на родот. Плевелите се најзначајниот проблем во производството на стрни жита, а од многу голема важност е нивното навремено сузбивање. Самите производители треба да одлучат за потребата, начинот и времето на сузбивање на плевелите. Од голема важност е да се познава самата производна површина како и степенот на заплевеленост од поедини плевели (застапеност на едногодишни и повеќегодишни, широколисни и класести плевели). Според некои истражувања, штетите од плевели на посеви од озими житарици, каде не се сузбиваат плевелите, може да го намалат приносот и до 70% (пченица и јачмен). Исто така не смееме да ги занемариме и штетите причинети од: полегнување на посевот, напад од болести и штетници, отежната жетва итн. Од класестите (едногодишни и повеќегодишни) плевели кои се јавуваат во житните

култури поважни се: обична ливадарка (Poa trivialis), обична ветрушка (Apera spica venti), лисичина опашка (Alopecurus myosuroides), пролетно просенце(Milium vernale), полска класатка (Bromus arvensis), див овес (Avena fatua), обично влакнесто просо (Echinocloa grus cali), мухари (Setaria sp.) и други. Од широколисните (едногодишни и повеќегодишни) плевели поважни се: полски вртипоп (Anthemis arvensis), лепавец (Gallium sp.), куландрасмрдлива трева (Bifora radians), нивска повивка(Polygonum convolvulus.), паламида (Cirsium arvense), слачец (Convolvulus arvensis), камилица (Matricaria chamomilla), глушина (Vicia sp.), булка (Papaver rhоeas), нивски какол (Agrostemma githago), обична овчарска торбичка (Capsela bursa pastoris) и други. Пред донесување на одлука за примена на хербициди треба обавезно да се изврши контрола на секоја нива по однос на присуството на плевели, видот на плевелите, како и фазата на развој на посевот. Примената на хербициди можеме да ја поделиме во три категории: Пред сеидба (pre – sowing) По сеидба а пред никнење (pre – emergence) По никнење на културата и плевелите (post – emergence)

Во есенскиот период препорачливо е да се употребуваат хербициди кои имаат широк спектар сузбивање и долго делување, такви се хербицидите кои се употребуваат по сеидба а пред никнење на културата: Stomp aqua (pendimethalin 455 g/l) во доза од 3 – 4 l/haдобро познат хербицид на нашиот пазар кој сузбива голем број на економски значајни класести и некои широколисни плевели и хербицидот Roxy 800 EC кој ја содржи активната материја prosulfokarb 800 g/L, станува збор за нов хербицид на нашиот пазар, се применува по сеидба пред никнење или најдоцна до фаза на три листа, во доза од 1,5 – 4 L/haво зависност од плевелите кои се сузбиваат и времето на примена. Доколку на истата површина повеќе години како монокултура се одгледуваат житни култури препорачливо е комбинирање на хербицидите: Stomp aqua (2L/ha) + Roxy 800 EC (2 L/ha)со цел комплетно сузбивање на голем број на плевели. Автор: м-р Петковски Ефтим (Докторант на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје) Хемомак Пестициди ДООЕЛ – Велес

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Рубрика:

Руралната жена претприемач

ра која може „Најголемата аванту го живеете да ви се случи е да соништа“ животот од вашите

Битолски регион

Кори или јуфки...инспирација за бизнис Валентина Ангелова од селото Лавци, Битолско своите вештини за правење јуфки или кори по битолски, ги искористила да почне свој бизнис. На почетокот правела за свои познајници, но кога порачките се зголемиле, одлучила да се регистрира и својот производ да го пласира и по маркетите.

Варени, печени, со сос или без него, со сирење или било што друго. Корите или јуфки и губи (се нарекуваат различно, во зависност од регионот)

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

се дел од нашата традиционална кујна. Присутни се во исхраната во различни варијанти што зависи од умешноста на домаќинката. Нема

домаќинка на нашите простори што не знае прво да ги прави, а потоа и да ги приготвува. Како дел од нашата традиција тие претставуваат одлична


Актуелно

инспирација за отпочнување на бизнис. Валентина Ангелова од битолското село Лавци, своите вештини за правење јуфки или кори по битолски, ги искористи да отпочне свој бизнис. На почетокот правела за свои познајници, но кога порачките се зголемиле, одлучила да се регистрира и својот производ да го пласира и во продавниците. -Веќе трета година се занимавам со ова, изработувам кори, јуфки, по домашен рецепт. Денешниот начин на живот не им дозволува многу време на младите домаќинки за оваа работа, па затоа се одлучив да се занимавам со овој бизнис. Ги изработувам по стар традиционален рецепт, само со брашно, јајца, сол и млеко. Се’ е природно, нема вода, нема вештачки бои. Ги носам по продавници и задоволна сум од потрошувачката. Барани се. Оние што еднаш купиле и ги пробале , повторно ги бараат, вели Валентина за „Зелена берза“. Целата постапка на изработување, ја прави сама. Тестото го меси рачно, а потоа со помош на машинка , која исто така е рачна, ги прави корите. Кога ќе се исушат ги пакува во кеси и ги дистрибуира. За тоа е задолжен нејзиниот сопруг, кој исто така ја прави и набавката на суровините кои ги набавува од домашни производители. Задоволна е од досегашните резултати. -Барани се корите. Задоволна сум од потрошувачката. Квалитетот е пресуден за тоа и се обидувам да го задржам. Успевам да извадам една минимална плата. Имам работилница и си имам работно време. За сега сум сама и немам друг вработен. Би сакала во иднина да набавам миксер за тесто и друга посовремена машина, за да си олеснам. Така ќе можам и да врабо-

там некој. Вака колку што можам толку работам. Освен со мој материјал правам кори и со материјал што ми го носат самите купувачи, додава таа. Валентина вели дека не го крие рецептот и ако некој се интересира го кажува. Својот производ го продава под името „Ла паста Тина“. За сега социјалните мрежи и се најголем маркетинг. Горда е на она што го работи и на својата Фејсбук страница споделува фотографии како и рецепти, како може да се приготват корите и секој да има одличен појадок, ручек или вечера. Наједноставно и најбрзо подготвување на домашните кори -јуфки Ставате околу литар и 500-600 грама вода и една помала лажица сол, и чекате водата да зоврие во која спуштате едно паковање од 400 грама кори и со лажица ги промешувате и на тивок оган со неколку пати промешување ги варите 15-20 минути, додека водата со варењето да ја впијат. Ги тргате од оган, и по површината

ставате 2-3 помали парчиња маргарин чекајки да се стопи, а потоа ги промешувате корите и оставате да се изладат да станат млаки. Можат дирекно да се јадат без никакви други додатоци, но по желба може да им се додаде рендано сирење, рендан кашкавал, пармезан, кечап, разни сосови и слично, по ваша желба. П. Јовановска

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Есенска сеидба

Што да се посее? Врнежите го вратија оптимизмот во земјоделството дека ќе има шанса земјоделците да ги подготват нивите навреме за да ги запазат оптималните рокови за есенската сеидба како една од најзначајните операции во земјоделството.

Покрај квалитетната обработка, следење на оптималните рокови, квалитетното ѓубриво, една од најзначајните алки од која зависи на крајот на годината дали ќе „ожнеете профит“ е вистинскиот избор на квалитетен сертифициран семенски материјал. Кога се зборува за квалитетен семенски материјал потребно е да се знае дека многу е важно како е третирано семето, дали е направено со квалитетни препарати или само со некоја црвеникава боја во разредени количини. Во успешните развиени земји тоа се прави со препарати кои ги исполнуваат строгите европски норми, како и во точно определени дози, без штедења и разредувања и со професионални машини запрашувачи каде се е автоматизирано и исклучена е можноста за човечка грешка. Квалитетното запрашување на семето е многу значајно за да се обезбеди да се сведат на нула можностите преку семето да се пренесат болести кои понатаму ќе го компромитираат производот. Такви селектори кои имаат автоматски запрашувачи каде човек само го контролира процесот во земјава има многу ретко, а најсовре-

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

мениот кој е германско производство се наоѓа во Агростарт Клечовце. -Употребата на квалитетна механизација со најсовремени трактори, сеалки и комбајни како и примена на полна агротехника во производството на семенскиот материјал се заокружуваат со врвна опрема за доработка на семето од реномираниот германски производител Петкус каде се е автоматизирано. Сметаме дека е потребно јасно да им се каже на земјоделците дека на пазарот со семенски мате-

ријал може да се најде се’ и сешто, но тие секогаш треба да се интересираат и за своето производство, да го обезбедат само најдобриот квалитет за да имаат можност да го искористат потенцијалот кој го нудат високо родните и квалитетни сорти на пченица кои ги дистрибуираме до земјоделците, рече Бубе Трајковски од Агростарт од кумановско Клечовце. На производните парцели се следи целиот процес на секоја сорта посебно и по неколку годишните успешни


Актуелно

резултати се нудат тие сорти на пченица до земјоделците додека оние сорти кои не се покажале во нашите климатски услови воопшто понатаму не се умножуваат. Со таков принцип на работа за земјоделците селектирани се неколку сорти кои секоја со своите производни карактеристики е адаптирана за разните агро климатски услови на секој регион и во консултација со Агростарт им се препорачува на секој земјоделец засебно, дали да одбере „Победа“ која со години има стабилни приноси и никогаш нема да ве остави со слаб род, а од друга страна е и доста барана од мелничарите или ќе се препорача „Симонида“ која неколку дена порана или за пелагониските земјоделци каде има појаки почви често им се препорачува новата сорта „Илина“. Во тренд во последно време се осилестите сорти на пченица па така се побарани се „Обала“, „НС-40-С“ сите сорти на реномираниот Новосадски институт

како и „Фаладо“ кој е понова генетика на Швајцарскиот гигант Сингента. -Порано институтите кои се грижеа за земјоделството во поранешна Југославија главно беа фокусирани на производство на семиња кои имаат висок принос но и квалитет кој се бара од мелничарите. Денес сведоци сме дека се повеќе за сметка на приносите е намален квалитетот, заради што и постои големо незадоволство кај мелничарите, па често знаат да кажат и да увезат пченица од Србија од сорти со кои се подобруваат својствата. Ние од тој аспект сме ориентирани на ширење и препорачување на семиња кои се квалитет, кој го бараат мелничарите и кои ние во производство ги жнееме со 820 до 830 грама хектолитарска тежина. Досегашната политика на откуп без да се води сметка за класата на пченицата и без соодветно да се вреднува придонесе да се сее без да се размислува многу за квалитетот, но ако почне да се

применува правилникот кој постои за таа работа и ако почнат да бараат и вреднуваат квалитет мелничарите, тогаш до израз ќе дојдат и квалитетните сорти на пченица. Ако имате квалитетна пченица која ја бараат мелничарите и во лоша година кога не оди најдобро откупот вашата сепак прва ќе се откупи, додаде Трајковски од Агростарт. Во периодот кога почнува трката за набавка на семе и кога сите се размислуваат која сорта да ја одберат и на која компанија да и ја дадат довербата многу важно е да не се избрза и предуслов за најважната одлука да биде само цената која за денар или два може да ви одреди во кој правец ќе оди производството и какви ќе бидат жетвените и продажните резултати, а со тоа и каков ќе биде приходот односно дали тој денар или два заштедени на семето ќе ви донесат поголема заработка на крајот на годината.

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Совети

Услови за одгледување аронија Аронијата е култура која што не е многу пребирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C, а кореновиот систем може да настрада на температура од -11 до -12°C. Во наши услови ретко кога се случуваат вакви температурни екцеси па поради тоа од овој аспект гледано оваа култура е целосно безбедна од измрзнување во текот на зимата. За оптимален развој на џбунови во текот на вегетацијата потребно е температура над 10°C и од 120 до 150 дена период без појава на мразови. За успешно одгледување на оваа култура и постигање на оптимални и квалитетни приноси количество на врнежи во текот на топлиот период од годината (во наши услови јуни-

септември) треба да изнесува над 200 до 300 мм, во спротивно потребно е да се обезбедат услови за наводнување. Во однос на почвата не пребарува, успева на песокливи, но и на глинести

почви. Не се погодни за барени почви и мочуришта. Подпочвените води треба да не бидат поплитки од 1.5 до 2 м. Валентина Соколовска

Афион Афионот е едногодишно растение кое има розово, бело, жолто, портокалово, црвено или виолетово цвеќе. Зрелата афионова глава е надворешно збрчкана и крунисана со фистула. Во внатрешноста на главата, има неколку прегради што содржат стотици семки. Семето е мало, во облик на бубрег, одличен вкус и крцкаво по текстура. Тоа може да биде кафеаво, сиво-сино и жолто. Афионот може да се користи и за релаксација на мускулите, олеснување на болката, против кашлица и грчеви во стомакот. Маслото од семе од афион се добива со ладно притискање на суровото семе и може да се јаде како и секое друго семенско масло. Најраните записи за употреба на афион датираат од Месопотамија, каде се користеле за медицински цели, но било познато и како „хул гел“, растение на веселба. Атлетичарите на стара Грција, пред натпревар пиеле напиток од вино, афион и мед за здравје и сила. Енергија и хранлива вредност Енергетската содржина на 100 гр семки од афион е 533 kcal / 2231 kJ. Од ова, 45% е маснотија, 24% е јаглени хидрати и 18% протеини.

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

Лековитост Незаситените масни киселини, особено линолеинската киселина и олеинската киселина, се издвојуваат од богатата содржина на афионот. Линолна киселина е есенцијална мрсна киселина омега 6 што нашето тело не може да ја синтетизира. Научните студии укажуваат на тоа дека може да учествува во процесот на забавување на развојот на мултиплекс склероза. Исто така, може да помогне во заштитата на циркулаторниот систем, да се регулира крвниот притисок и згрутчување. Често се

користи за лекување на заболувања на кожата и воспалителни процеси. Истражувањата на научниците од универзитетот Northwestern , откриле дека олеинската киселина може да игра улога во забавување на почетокот на карциномот, дејствувајќи на генетско ниво. Исто така го штити циркулаторниот систем од оштетување. Афионот може да се користи и за релаксација на мускулите, олеснување на болката, кашлање и грчеви во стомакот. Микроорганизми и витамини ја олеснуваат раздразливоста, стресот, ја стимулираат концентра-


Актуелно

цијата и расположението. Во народната медицина, афионот се користеше за да се добие опиум, кој го користеа лекарите за да ја ублажат болката, но за жал многумина го злоупотребуваат. Афионот што се продава во продавниците не содржи алкалоиди бидејќи семето е суво. Семки од афион, цели или мелени, може да се најдат на полиците на секоја продавница за храна, обично во пакувања од 200-250 g. Чувајте ги на темно и суво место до датумот означен на пакувањето. Иако Европејците знаат само син афион, Азија, Блискиот исток и особено Индија, користат бел афион. Од афион, исто така, се произведува одлично масло што може да биде прифатлива замена за маслиновото масло. Подготовка за оброк од афион Микроорганизмите и витамините ја ублажуваат раздразливоста, стресот, ја стимулираат концентрацијата и расположението.

Кај нас, афионот најчесто се користи при подготовка на колачи, но може да се дадава и во солени јадења да добијат нов, сè уште неоткриен вкус. Во подготовката на леб и млечни ролни, афионот главно се користи за посипување. Обидете се на тестото за медитеранска погача наместо рузмарин, ставете пропржен кромид, рендан пармезан и афион или исечете мали тортили користејќи помали калапи, а потоа премачкајте со јајце, малку вода и сол, посипете со семе од афион и печете ги на 180 ° C околу 15 минути. За ладни сендвичи можете да ги мешате семките од афион во мајонез и сенф, а за топли сендвичи, да подготвите мешавина од путер, сенф, ситно исечкан кромид и семки од афион, да се распоредат преку сендвичи од шунка и сирење и да ги испечете кратко во рерната. Во комбинација со стопен путер, истурете семки од афион над њоки или традиционални италијански равиоли на Венето, полнети со рендано цвекло

и рикота со трошки од леб. Можете исто така да додадете претходно печен афион во преливи за салата. Додајте ги семето од афион во класичниот вински оцет, маслиново масло, сол и бибер, потоа истурете го преку зготвената салата од пилешко и нектарина со додавање на ореви. Варените тестенини, аспарагус, млад кромид и пушен лосос можат да бидат на салата од мајонез и крем од афион. Сега, да се потсетиме на десерти од афион. Од традиционалното семе од афион, пита со тиква, пити и рафинирани колачи во комбинација со деликатесен мармалад, ореви и темно чоколадо. Афион може да се додаде во тесто за мафини со додавање на шумско овошје, тесто за палачинка, кое потоа се сервира со сос од кајсија или како дел од традиционалниот божиќен украински пудинг направен од пченица, бадеми, мед и суво овошје со топла арома на цимет. Валентина Соколовска

БОКИ - ЗМАЈ ДООЕЛ експорт - импорт с.Иванковци - Велес

Работи со житарици, сите видови, освен цели зрна 075 203 401 bokizmaj@yahoo.com

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Совети

Правење вино во домашни услови

За производство на квалитетно вино претходно треба да се произведе квалитетно грозје. Втор услов за производство на добро вино е добрата хигиена на садовите во кои се меле грозјето и садовите во кои се врши преточување и чување на виното. При мелењето на грозјето се отстрануваат дршките, а ширата престојува со комињето 3-4 дена, со цел во течноста да се екстрахираат повеќе боени материи и да се растворат повеќе танини. Боените материи го даваат добриот изглед на виното (кај црните вина), а танините вршат и природна заштита на младото вино. Со понатамошно зреење се разградуваат танините и се добиваат материи кои го дооформуваат букето на старото вино. По издвојувањето на ширата од комињето, садовите се полнат до горе, така што ќе остане малку воздушен простор помеѓу површината на течноста и капакот на садот. Потоа се додава бентонит со цел да се наталожат покрупните честици во течноста. По 10-14 дена, колку што трае и бурната ферментација, се врши првото преточување при што се издвојува течноста од талогот и бентонитот и повторно садовите се полнат до горе со течност за да остане малку воздушен простор помеѓу течноста и капакот на садот. Се додава винобран 10 г на 100 литри вино и се затвора садот кој треба да испушта, а не и да прима воздух. Има садови со адаптирани капаци за оваа намена така што на капакот има отвор низ кој е пуштено црево и преку него се спроведува јаглерод диоксидот што се ослободува од течноста и преку цревото кое е потопено во вода се испушта СО2.

Доколку не се изврши навремено преточување на виното, доаѓа до реакција во талогот, односно започнува разградување на белковините од наталожените честички и притоа се ослободува непријатна миризба на расипано јајце. По 5-6 недели, колку што трае тивката ферментација, се врши второ преточување, со цел да се отстрани финиот талог од виното кое е делумно избистрено, му се додаваат избиструвачи, како што се желатин или белка од јајце. Со белката треба да се работи

внимателно бидејќи ако е се уште активно виното и ослободува меурчиња, тие ќе ја задржат белката на површината од течноста и во допир со воздухот таа ќе се расипе, а со тоа ќе го расипе и виното. За бистрење со белка од јајце се користи една белка на 100 литри вино. По извршеното бистрење, виното се стабилизира на ниска температура, за да се уништат квасните габи во течноста, потоа се врши филтрирање и пакување во шишиња. Валентина Соколовска


Актуелно

Едукација

Поскок (Vipera ammodytes) Поскокот е змија која спаѓа во родот на лутици (vipera) и е најпозната и најотровна змија во нашата држава. Кај народот е позната и под името: смрка, камењарка, усојница и др. Често се наоѓа на суви и каменести места обраснати со ниска вегетација, лозови насади, ивици на шуми, обработливо земјиште, планински пасишта до 1000 метри надморска висина. Кај нас е присутна една врста на поскок (Vipera ammodytes), додека во соседна Р. Бугарија има покрај (Vipera ammodytes) и подврста (Vipera ammodytes-montandoni). Исто така во Р. Грција во континенталниот дел егзистира (Vipera ammodytes) додека на островите и крајбрежниот дел (Vipera ammodytes-meridionalis ). Поскокот има различен колорит на боја, но најчести се сиви и смеѓи нијанси прошарени со црна цик-цак линија на грбот. Има триаголна глава на која што на предниот дел се наоѓа рокче по што се разликува од другите отровници од родот Vipera. Може да нарасне и до еден метар должина. Поскокот раѓа од 10-20 млади и живее до 15 години. Поспор е и потромав од шарката, но е поотровен. Најактивен е и во лов излегува најчесто во предвечерните часови и неговата исхрана најчесто ја сочинуваат глувци, гуштери и птици. Својата жртва најпрво ја онеспособува со отровот, а после тоа истата ја проголтува. Каснувањето од поскок за човекот може да биде смртоносно. Смртоносната доза изнесува од 25-40mg во

зависност од возраста, општата кондиција и местото на каснување. Особено се опасни каснувања кои повредуваат крвен сад и отровот директно се инјектира во крвта при што смртта може брзо да настапи. Исто така каснувањата во главата или вратот се исклучително опасни, но за среќа 90% од сите каснувања се на долните екстремитети т.е. во пределот на нозете. Многу по неотпорни од каснување се децата и постарите лица. За разлика од каснувањето од

шарка (Vipera Berus) кое е многу болно каснувањето од поскокот не е со таков болен интензитет, но воедно е и поопасно и затоа е потребно што побрзо повредениот да се однесе до медицинска установа каде што може да прими противотров (серум). Ако каснувањето е на некој екстремитет, добро е местото правилно да се подврзе за да се успори дистрибуцијата на отровот низ целиот крвоток. Ова особено важи ако повредениот се наоѓа далеку од населено место. Најчесто од каснување од поскок страда руралното население кое обавува земјоделски и сточарски активности. Исто така и ситната и крупната стока е во опасност при напасување на површини каде што е присутен поскокот. Каснувањата се случуваат претежно во пределот на главата при што таа отекува. Поради влијанието на отровот и неможноста од исхранување на животното често исходот на ваквите средби е фатален. Сепак треба да се нагласи дека поскокот е змија која што не е агресивна и која без да осети дека е загрозена не напаѓа. Исто така треба да се напомене дека и бројот на каснувања е доста мал и спаѓа во доменот на статистиката. Текст и фотографија: Игор Петровски

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Одгледување на телиња (од крајот на фазата на колострум до 5 недела на живот) Целта на оваа работа е-здрави телиња, висок дневен прираст, рана консумација на тврда храна, брз развој и ниски трошоци на одгледување. План на исхрана се поставува после петдневен период со колострум, телето добива 6 литри и додатно стартер за телињата по воља. Во таа фаза примарно е здравјето на телињата, бидејќи можат да се појават проливи и други зарази кои би им го загрозиле животот. Во таа фаза треба да се поттикнува земањето на концентрат , за да се подобри развојот на бубрежните реси и да се намалат трошоците на исхрана. Кога телето јади 1,5 кг стартер за телиња, може да се одбие од млеко. Заради тоа , стартерот за телиња и млекото, треба да исполнуваат високи барања. Најдбро е хранењето со МИЛЛИ млеко за телиња - Млекото за телиња треба да биди вкусно, за да го сакаат да го пијат. Млекото за телиња мора да содржи само високо сварливи компоненти, што е особено важно ако содржи билни масти и протеини. Мора да содржи и витамини (бета каротен, витамин

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

А витамин Е), и активни материи (на пр. сушен колострум, пробиотик), кои спречуваат проблеми со пробавата и болести. Треба да поттикнува користење на концентрат кај животните. Млекото треба да поттикни отпорност и метаболизам на телињата. Хранење со Мегги стартер за телиња - Стартерот е одговорен за развој на бубрежните ресички и треба да е со пријатен мирис и добар вкус, за да го земаат телињата во големи количини. Стартерот треба да е ускладен со млекото, за што побрзо да биди прифатен и воедно треба да содржи високо сварливи компоненти. Треба да го поттикни метаболизмот и отпорноста кај телињатаи нивниот брз раст. Волуминозната храна како силажа или сено, треба да се дава само во мали количини измешани во стартерот.. Потребно е да се има доволно вода на располагање, заради поголем внес на концентрат и заради спречување на болести. Одгледување на женски телиња Од 6 недели живот до крајот на

периодот , во прв план е внес на цврста храна. Им се дава со млекото (2 до 3 литри) и понатаму стартер по воља, и волуминозна храна во мали количини. Додека се во фаза на раст, треба да земаат што повеќе стартер а помалку волуминозна ахрана. Дури после фазата на раст, се зголемува внесот на волуминозна храна. Многу вода треба да имаат, за да конзумираат повеќе концентрат. Напојување на телињата со Милсан/ Санолац Рот млеко за телиња - е најдобро да се користи и треба да ги исполнува истите карактеристики кои беа погоре напоменати. Хранење со Мегги стартер за телиња- треба да ги има истите карактеристики погоре напоменати. Пред хранење треба да се запазат следните работи- температурата на напојувањето да биди 38-40 степени, количината на напитокот да е 6 литри дневно, хигиената на напитокот да е апсолутна.


Актуелно

Како и кога да се дава Милли/ Милсан и Мегги стартер за телиња? Милли се дава 2 по 3 литри во концентрирана доза од 500 грама- 3 литри вода при температура од 4 степени од 2 до 3 недели на живот. Милсан се дава 2 по 3 литри дневно во концентрација од 500 грама вода при температура од 40 степени од 6 недели на живот до одбивање. Кога телето зема 1,5 кг стартер за телиња, се одбива од млеко. Мегги стартер за телиња се дава од 1 недела живот и кога телето ќе зема 1,5 кг стартер , се одбива од млеко. Волуминозна храна се нуди само во мали количини, најдобро измешана во стартер. После напојувањето, се дава ТМР

крава во лактација и на фармите без мешалици основен оброк (пченкарна силажа, товна силажа, сено, слама) по воља околу 2 кг концентрат и 100 грама Пирмасан, концентрат на активни материи за млади јунци. Што се однесува до исплатливоста, се користи 28 кг Милли, 35 кг ; Милсан и 90 кг Мегги стартер за телиња по теле. Искуствата од успешни потрошувачи потврдуваат дека САНО концептот за исхрана за одгледување на телиња со Милли, Милсан и Мегги Го скратува времето на напојување, го зголемува конзумирањето на концентрат и ја поттикнува работата на бубрежните ресилки, со што се поттикнува здравјето и отпорноста на телињата. Вкупната предност е 80 евра по теле.

САНО план на хранење на телиња Женски телиња - 1 оброк- 50г. Котосан плус + 1,5л колострум до 3 саати после телење 1 недела - 3-6л колострум дневно 2-5 недела 2х 3 л Милли 6-8 недели 2х3л Милсан/Санолац Рот Телиња за продажба - 1 оброк50г. Котосан плус + 1,5л колострум до 3 саати после телење 1 недела - 3-6л колострум дневно 2-5 недела 2х4 л Милли Прихрана - 6-8 недела Мегги стартер за телиња, со цел на козумација 1,5 кг дневно.

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Актуелно

Подземни системи за капка-по-капка наводнување Како да добиете рекордни приноси на пченка со помалку работа

Пченката е една од најважните фуражни култури во исхраната на животните. Истовремено, пченката се одгледува за добивање на зрно и силажа. Од аспект на светското производство на растенија што се употребуваат во исхраната, пченката се наоѓа на третото место, веднаш зад оризот и пченицата. Денес во светот се произведуваат 786 милиони тони пченка на 158 милиони хектари. Лидери во производството се САД,

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

Кина и Бразил, кои заедно учествуваат со 62% од светското производство. Зголемувањето на светската популација, како и растот на потрошувачката на млечните и месните производи, вршат притисокот за производство на поголеми количини на пченка од расположливата обработлива површина. Неможноста за зголемување на обработливите површини значи дека треба да се зголемува приносот по хектар со воведување на нови и попродуктивни

технологии во производството на пченка. Значајни фактори за исполнување на оваа цел се достапноста до вода за наводнување на пченката и нејзино рационално искористување, правилното ѓубрење и заштита од плевели, штетници и болести. Просечен принос на пченка во светот, регионот и кај нас Искуствата од земјите со развиено земјоделство покажуваат дека


Актуелно

просечниот принос на зрно од пченка се движи меѓу 6-10 т/ха. Во Франција и САД просекот е околу 10 т/ха, Канада 9,2 т/ха, Австрија 9,2 т/ха, Турција 8.4 т/ха, итн. Во регионот приносите се движат од приближно 7 т/ха во Србија и Хрватска до 9 т/ха во Грција. Во Република Македонија пченката се произведува на 29.390 хектари, со просечен годишен принос од 4,3 т/ха. Со примена на добра производствена пракса во Македонија и во соседството се забележани приноси од 14-17 т/ха. Како до рекордни приноси? Пченката e култура која е силно зависна од наводнувањето. Потребата за вода се зголемува во најтоплите месеци (јуни, јули и август), кога испарувањето го достигнува својот максимум, во периодот кога растението цвета, се опрашува и оплодува, па се до налевање на зрното. Во овие периоди количините на врнежи се минимални или целосно недостасуваат. Поројните дождови можат да бидат еднакво штетни затоа што ги испираат хранливите материи од почвата. Затоа, контролираното наводнување е задолжителна агротехничка мерка која може да се изведува по бразди, со пивот центар, линеарни системи, распрскувачи и со системите капка-по-капка. Во изминативе години, системот капкапо-капка беше интензивно воведен како иновативна технологија за наводнување преку Проектот на УСАИД експанзија на мали бизниси. Со помош на проектот беа поставени

системи капка-по-капка на околу 800 хектари со пченка. Ова резултираше со зголемени приноси на пченката кои во просек изнесуваа 11 тони по хектар за производство на зрно, додека во делот на производство на силажа просечните приноси изнесуваа повеќе од 90 тони по хектар. Благодарение на системите капка-по-капка и користењето на соодветни протоколи за наводнување, производството на пченка кај околу 300 земјоделци достигна ниво споредливо со производството на пченка во развиените земји. Како продолжување на активностите на УСАИД, Проектот за развој на деловниот екосистем, преку своите активностите воведе уште една иновација во делот на наводнувањето – yпотреба на подземни системи за наводнување капка-по-капка. Подземните капка-по-капка системи се повеќе од уред за наводнување; тие се алатка за управување со кореновата зона која им овозможува на земјоделците во секој момент да интервенира во делот на обезбедување на вода или хранливи материи. Подземнте капка-по-капка системи се најефикасниот метод за наводнување кој обезбедува рационално користење на водата и ѓубривата, целокупна апсорпција на вода и ѓубрива во растението и рамномерно наводнување и ѓубрење на сите растенија. Со тоа се обезбедува максимален принос кај културите кој се наводнуваат преку овој систем. Резултатите од првата година на употреба на овие системи во Македо-

нија резултираше со приноси на висококвалитетна силажа од 90 тони по хектар. Воедно, се минимизираше потребата од работна сила и дополнителен ангажман на сопствениците во периодите на наводнување. Зошто подземни системи за наводнување капка-по-капка? Подземните капка-по-капка системи овозможуваат намалување на оперативни трошоци, заштеда на вода и ѓубрива и 100% ефикасност при наводнување и ѓубрење. Загубата на вода преку испарување, истекување и понирање е практично елиминирана затоа што кореновиот систем целосно ја апсорбира. Овие системи се исто така многу долготрајни и можат да се користат до 25 години, зависно од изведбата, правилното одржување и управување со системот. Истражувањата покажуваат дека за пченка одгледувана со подземните капка-по-капка системи, потребната вода за наводнување може да се намали до 40% без влијание врз приносите. Друга предност на овие системи е способноста за прилагодување на големината, формата и топографијата на полето. Ова не само што овозможува употреба на системот на било која површина, туку исто така овозможува рамномерно наводнување на 100% од полето, со што се максимира производството и минимизира потрошувачката на вода. Тоа е возможно затоа што капалките вградени во системот создаваат компензирачки притисок кој го изедначува протокот на вода во секоја точка од системот.

ЗеленаБерза

43

Ноември 2019


Полјоделство

ПОСЕТЕТЕ ЈА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА АПТЕКА АГРО ЗАШТИТА ВО СТРУМИЦА И ЌЕ СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД СЕКАКВИ ПРОБЛЕМИ


Земјоделска Актуелно механизација

Minishark Ms3000 Биомаса и компостирање е централна тема на Вилибалд – Со Willibald Minishark MS3000 секогаш сече совршено! Машините на J. Willibald GmbH потоа беа развиени за ефикасна обработка на разни биолошки суровини во високо-квалитетни, (енергетски) употребливи крајни производи. Серијата Minshark, која во моментов е достапна во 2 варијанти, ги задоволува сите потреби и желби на клиентите. Стандардот MS3000 е опремен со 18 флексибилен систем на облоги, совршено направен за сечење на зелениот отпад како помали дрвја, гранки, лисја и биомаса. MS3000 III е дробач на дрво! Машината е опремена со 12 фиксни системи за ножеви и е помал брат на нашиот дробач „Ајкула 3“. Стандардниот Minishark со 18 облоги

често се користи за помали количини до 40-60cbm / час. Машината е многу позната кај помалите земјоделци, заедници и градови со помалку материјал. Колку исечениот материјал може да се прилагоди за неколку секунди со далечинско контролирано менување на растојанието помеѓу роторот и контра-секачите (без да се заменуваат контра-секачите). Ризикот од блокада предизвикана од трева, лисја и друго е многу мал со овој систем. Покрај тоа, корпа за сито може да се користи за да се утврди конечно отпад колку може да има. Ситото може да се промени брзо. Специјални карактеристики на машината: • Единствена позиција на ременот за празнење • Единствена позиција за одржување за промена на алатите. Заменувањето може да се направи многу лесно и брзо.

• Отворање за 30 x 125 см • Материјалот што може да се прилагодува во секое време преку контрола на радио со промена на растојанието помеѓу гребло (контрасекачи) и роторот • Брзината на полнењето се контролира пропорционално во зависност од оптоварувањето (AIC) • Стабилни замени за замена на гребла (контра-секачи) Полнење со материјал: Суровината постојано се внесува во пространа кутија. Полнете ги компонентите со шила – бескрајниот под одоздола, слободно вртливиот адаптабилен ролер за полнење што се прилагодува самиот на полнењето одозгора – обезбедуваат хидраулично регулирано и дозирано полнење преку отворот на секачот отворен на максимум 125 см широк и 30 см висок. Валентина Соколовска

ЗеленаБерза

17 31

Октомври 2019


Актуелно

Безбеден производ - приоритет на секој производител на храна

Безбеден и здрав производ е приоритет број еден на секој производител. Само со микробилошки и хемиски анализи може да се утврди дали производот е безбеден и здрав. Кога ќе се потврди дека производот е здрав

тогаш може да се дистрибуира до оној за кој е наменет, односно потрошувачите. „И производителите и потрошувачите стануваат свесни што значат анализите на производите наменети за

храна. Во нашата лабораторија од ден на ден се зголемуваат комитентите што ги бараат услугите на Проанализ“, вели Славица Милошевска маркетинг менаџер во лабораторијата. Од почетокот на оваа година услугите на Проанализ Струмица ги користи и млекарницата „Млечен пат“ од Кавадарци. Иако релативно млада фирма сепак со своите производи се наметнува на пазарот. Сирење, кашкавал и урда се производите што оваа млекара ги произведува. „Свесни сме дека само со квалитет можеме да ги освоиме потрошувачите и токму затоа од особено значење ни се анализите што ги извршуваме во Проанализ Струмица. Моментално во млекарницата искористен е 70% од нејзиниот капацитет. Произведуваме само тврди производи и многу ни е важен квалитетот на сировината (кравјо и овчко млеко) која најчесто доаѓа од нашето опкружување, во Кавадарци и Велешко“, вели за Зелена берза управителот Марина Манева. Освен од млекото анализи се вршат и

Л а б о р а т о р и ј а т а P ROA NA L I Z з а п о ч н а д а обезбедува услуги за анализа на храна, вода и почва со отворање на својата прва странска инвестиција во Струмица во 2018 година со регистриран бренд PROANALIZ. Лабораторијата PROANALIZ во Р.Македонија, е акредитирана за анализа на храна, вода и почва од страна на Македонското тело за акредитација (ИАРМ) под ISO 17025 лабораториска акредитација. 1. Анализа на храна - Микробиолошка анализа - Анализа на соматски клетки во млеко - Анализа на трихинела во свинско месо 2. Земјоделска анализа - Анализа на почва - Анализа на вода - Анализа на лист 3. Анализа на вода - Хемиско-физичка анализа на вода

Октомври 2019

36

ЗеленаБерза

Лабораторијата се наоѓа на Бул. Гоце Делчев 127 г во Струмица. Заинтересираните може да се јавуваат и на телефонските броеви: 076/281-686; 071/253- 450; 034 550 900


Актуелно

на готовите производи. Хигиената во процесот на производство е од големо значење и не се штеди на тоа. Редовно се извршуваат анализи на брисеви земени од просториите и предмети и машини кои што се директно вклучени во процесот на производство. „Ја одбравме Проанализ лабораторија оти се многу принципиелни и внимателни. Сами ги земаат мострите и резултатите ги испраќаат на време. Брзото добивање на резултатите нам многу ни е важно, бидејќи месечно од

секој производ се земаат по 5 мостри. Од резултатите на анализите со сигурност го знаеме квалитетот и безбедноста на производот што ни е гаранција за нашата работа. Од самото отворање на нашите капацитети бевме оценета како една од најубавите млекарници во која се имплементирани сите потребни стандарди кои произлегуваат од законската регулатива, вели Манева. Сакаме оваа оцена да ја задржиме и во иднина“, додава таа.

Од млекарницата „Млечен пат“ велат дека ќе продолжат да соработуваат со Проанализ Струмица и се надеваат дека нивните производи кои во моментов најмногу се дистрибуираат по ресторани и угостителски објекти во централниот дел на државата во иднина ќе се најдат и пошироката трговска мрежа ширум земјата. Производите се прават од млеко кое не содржи никакви додатоци и конзерванси, а тоа може да се потврди само со лабораториска анализа. П.Јовановска

ЗеленаБерза

37

Октомври 2019


Актуелно

Демир Хисар

Сон на секој фармер е да има модерна фарма Александар Настовски од селото Сопотница, во својата фарма изградил современо молзилиште во кое може да се молзат истовремено 12 крави. Практикува затворен систем на молзење. Во време кога во земјоделството на нашата држава се случуваат многу турбуленции и многумина се откажуваат од оваа дејност, реткост е да се сретне млад човек кој што сака да се занимава со земјоделство, посебно со фармерство. Иако фармерството се смета за една од најтешките дејности, сепак ги има оние што со љубов си ја извршуваат својата работа. Александар Настовски од селото Сопотница, Демир Хисар, е еден од ретките млади луѓе кој располага со фарма со крави. Одлучил да одгледува крави во моментот кога треба да донесе одлука за неговата егзистенција и што понатаму? Заедно со неговиот брат ја искористиле онаа земја што ја имале и купиле 5 крави, за денес да имаат фарма со 100 крави. -Почнавме во 2000 година. Моите предци не се занимаваа со сточарство, но тогаш такви беа можностите, почнаа да се носат јуници од странство и одлучивме да се занимаваме со фармерство. Сега имаме 100 грла и за потребите за нивна исхрана одгледуваме 130 хектари земја со пченка, луцерка, јачмен“, вели за „Зелена берза“ Александар Настовски. Со успешните апликации преку ИПАРД и Националната програма успеал да ја набави потребната земјоделска механизација неопходна за обработка на земјиштето. Ги применил советите од стручните лица така што во моментот неговата фарма е една од поубавите фарми во државата. Ја осовременил и на дневна база произведува во просек по 1 тон млеко. -Лани фармата ја осовременивме со опрема за слободен систем. Изгра-

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

дивме современо молзилиште во кое може да се молзат истовремено 12 крави. Имаме затворен систем на молзење. Молзилиштето има електронски млеко мерачи и автоматски раце за истргување на молзните единици. Соработуваме со млекарницата Лакталис од каде редовно доаѓаат и го собираат млекото, вели Александар, додавајќи дека резултатите се поголеми со слободниот начин на движење на кравите. Млечноста се зголемува за 20%. Кравите имаат доволно голем простор за движење како и простор за одморање. Настовски се обидуваат да ги применат сите совети од стручните лица за и во идниот период да ја зголемуваат

млечноста на кравите. Како што вели Александар исхраната и одржувањето на хигиената се клучни фактори за тоа. Но тука не застануваат плановите на овој млад фармер. Она што следува во најскоро време е зголемување на стадото за нови 64 молзни јуници од Германија за што во моментов се подготвува карантинот каде што ќе треба да престојуваат еден месец пред да бидат внесени во фармата со другите крави. Малку по малку сонот за современа фарма му се исполнува и секој што сака може да ја посети, вели Александар. П.Јовановска


Актуелно

Задоволни тутунопроизводители од употребата на Тераграмин Тутунопроизводителите од сите региони во државава во годината која полека изминува имаа можност подиректно да се запознаат со ефектите од употребата на новиот подобрувач на почва Тераграмин. Во своите активности за промовирање на овој производ, претставници на нашата компанија Скопски Легури директно меѓу земјоделците ги споделуваа искуствата од неговата практична примена пред почетокот на сезоната, истакнувајќи го неговото значење како нова агроеколошка практика, која влијае на подобрувањето на почвените услови, а по неговата апликација и следењето на развојот на тутунот до крајот на бербата во повеќе различни краишта во државата, заедно со тутунарите задоволно можеме да констатираме дека ефектите се видливи и дека употребата на Тераграмин дава позитивни резултати при производството на тутун, култура која е стратешка за нашата држава. Уште на почетокот на годината ги посетивме сите позначајни региони,

Октомври 2019

38

ЗеленаБерза

каде што се одгледува тутун со акцент на општините Долнени, Кривогаштани, Могила, Новаци, Радовиш, Конче, Лозово итн. Првите тутунари кои употребија Тераграмин во селата Лозово и Милино, планираат и идната година да го користат. Во овие села кај 4 тутунопроизводители беше употребен Тераграмин при подготовка на

расад и беа забележани разлики кај третираниот расад во споредба со не третираниот во смисла на побрзо проникнување, раст и пораст на расадот и неговиот квалитет. Размислуваат следната година исто така да го употребуваат во расадопроизводството, како и директно на нива при


Актуелно

подготовката на почвата, пред расадувањето. При производство на расад во самите леи, Тераграмин се додава во количина од 1 кг/м2 и се замешува добро со почвата, со што се подобрува нејзиниот водно-воздушен режим. Во селата Дамјан и Бучим, во Радовишко, Тераграмин беше употребен на површина од 7 декари, на која што беше аплициран пред садењето на готовиот расад на нива, при подготовката на почвата, во количина од 1 тон на декар, расфрлен со ѓубре-растурач и добро инкорпориран во почвата. Кажувањата на земјоделците се дека на третираните површини тутунот подобро се берел (полесно, поради свежината), за разлика од нетретираниот, кој не бил во толку свежа состојба и морале да го берат во претпладневните часови, самиот лист уште при бербата бил подебел, побрзо стасал за берба, повеќе набрале од третираните ниви, значи имале тутун со поголема тежина. Тутунопроизводител од село

Дамјан видно задоволен ни кажа дека низите што ги берел и мерел се за 50100 гр. потешки од нетретираните, така што од третираната нива има принос од 20 -30% повеќе во однос на ланскиот, како и за една класа поквалитетен тутун. Тутунопроизводителите од село Бучим ни ги кажаа истите позитивни резултати кои ги добиле на нивните третирани ниви и веќе прават планови за следната година да истретираат уште неколку површини под тутун, бидејќи во тој крај има малку врнежи и имаат проблем со задржувањето на влажноста во почвата, а со употребата на Тераграмин видливи биле разликите во задржувањето на влажноста во почвата. Без услови за наводнување, а при неповолни климатски услови (сушна година), во ПрилепскоБитолскиот Регион на повеќе локации во селата Крушеани, Славеј, Ивањевци, Карамани и Логоварди се повторуваа истите коментари на задоволните

тутунари од квалитетот на добиениот тутун и зголемената тежина. Придобивките од употребата на Тераграмин во тутунарството се значајни за производителите и тие се свесни за тоа, присуствуваат на презентациите за производот и се интересираат за искуствата на земјоделците кои веќе активно го користат. Се препорачува тутунарите овој производ да го искористат и при есенското заорување на нивите, да го расфрлат во количина од 1 тон/декар со цел правилно да ја подготват почвата и да овозможат апсорпција на врнежите и падавините од зимскиот период, а пред почетокот на производството на расад за новата сезона, ние повторно ќе бидеме меѓу нив и заедно ќе ја започнеме новата сезона. Сите заинтересирани тутунари кои ќе се пријават кај нас преку „Зелена берза“, ќе добијат личен совет за примена на овој иновативен производ.

ЗеленаБерза

39

Октомври 2019


Актуелно

Високи претставници на мисијата на САД во земјата и УСАИД во официјална посета на Бимилк

Бимилк и УСАИД со заеднички проект за модернизација на малите и средни фарми

Долгогодишната успешна соработка помеѓу Млекара АД Битола и УСАИД во доменот на развој на млекопроизводството беше причина за посетата на вршителот на должност амбасадор на САД, Џ. Р. Литлџон, високи претставници на УСАИД и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски. На денешната средба се дискутираше за нивниот трет заеднички проект, во кој Бимилк се јавува како единствен партнер на УСАИД од млечната индустрија. Соработката е во рамките на проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и всушност се однесува на реконструкција и развој на мали фарми, кои сочинуваат вкупно 92 % од вкупниот број краварски фарми во земјата. „Почестени сме што организација како што е УСАИД ја препозна Бимилк како релевантен локален партнер за заедничко остварување проекти толку многу значајни за сите заинтересирани страни: фармерите, локалната заедница и млекопроизводството во државата воопшто. Од наша страна презедовме цврста обврска зацртаните заеднички проекти за подобрување на условите за работење и развој на млечните фарми целосно да се комплетираат. Зад нас имаме два

Ноември 2019

42

ЗеленаБерза

успешни проекти, додека, пак, третиот, за кој сме денес овде, ни претстои. Убеден сум дека и овој проект, заедно со УСАИД, успешно ќе го финализираме на општо задоволство“, изјави Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк. „Соединетите Американски Држави го поддржуваат развојот на млечната индустрија во Северна Македонија изминатите 25 години, помагајќи им на фармерите да се придвижи од земјоделство за сопствени потреби кон производство на храна за извоз на глобални пазари. Задоволство ми е што ги придружувам министерот за земјоделство, градоначалничката на Могила и директорот на Бимилк за да го сведочиме напредокот на индустријата од прва рака. Овие лидери покажуваат како соработката меѓу јавниот и приватниот сектор може да поттикне инклузивен економски раст. Соединетите Американски Држави се спремни да продолжат да ги поддржуваат овие напори“, изјави Џ. Р. Литлџон, вршител на должност амбасадор на САД во Северна Македонија. Инаку, досегашната богата соработка помеѓу Бимилк и УСАИД опфаќа имплементација на проектот за инвестиција во подземни системи за наводнување „капка по капка“, а како главни предности се издвојуваат заштедата на вода, пари и време, и проектот за воведување анализа на квалитет на сточната храна со користење уреди NIR (Near Infrared Spectroscopy), кои за првпат се воведуваат во млекопроизводствениот процес во земјата. „Во текот на остварувањето на заедничките проекти имавме можност да се увериме во ефикасната соработка на УСАИД со локалните партнери, соработка што во точно определена временска рамка и буџет носи успешно завршување на тие проекти. Без нивната несебична заложба, ваквите проекти би се одвивале недоволно брзо и ефикасно. Вака, денес имаме конкретни примери на успешни проекти, како што се инсталирање подземен систем ’капка по капка‘ и набавка на NIR анализатор за сточна храна, кој ни дава право да се надеваме и на понатамошна соработка во блиска иднина што несомнено ќе

доведе до побрз развој на индивидуалното млечно говедарство“, изјави Драган Илиевски, директор на суровина во Бимилк. Во рамките на оваа посета на Бимилк беше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, со што беше потенцирана поддршката за осовременување на малите и средни фарми од страна на министерството. „Инвестициите во модернизирање на фармите и производството, развивањето на добри кооперантски односи помеѓу млекарниците и фармерите, преку помош за обезбедување на модерна опрема и советодавни услуги, е клучно за развој на млекопроизводството, за поголемо и поконкурентно производство. МЗШВ работи на развој на млекопроиз-водството преку мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во годинешната Програма за рурален развој се зголеми финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток од 14 милиони денари на 91 милиони денари“, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.


Екологија

„Присвој го ритамот на природата. Нејзината тајна е трпението.“ Ралф Валдо Емерсон

ЗеленаБерза

41

Октомври 2019


Екологија

Полог

„Вардар Македонски“ не ја краси Македонија Причините за загадувањето на Вардар се големи и видливи со голо око. Најголеми загадувачи се домаќинствата, чии отпадни води директно завршуваат во реката.Има и голем број индустриски капацитети кои ја загадуваат водата, но досега институциите не презеле конкретни мерки. Реката Вардар на само десетина километри растојание поминувајќи низ неколку тетовски села се загадува за три класи. Ако во тетовско Стенче речиси сите испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово, покажуваат дека реката е за капење, на излезот од Јегуновце десетина километри подолу, Вардар е полна со фекалии и разни отпадни води, и влегува меѓу трета и четврта категорија на загадување . Причините за загадувањето на најголемата река во Македонија се големи и видливи со голо око. Најголеми загадувачи се домаќинствата, чии отпадни води директно завршуваат во реката. Има и голем број индустриски капацитети кои ја загадуваат водата, но досега институциите не презеле конкретни мерки.

На пример кај тетовско Желино има сепарации кои при производствениот процес тоа што не им треба практично отпадот го испуштаат во Вардар. Ако пред една сепарација реката има сина боја, по сепарацијата водата е кафеава и дополнително со отпадните води загадувањето драстично се загадува. Од Владата и Општина Тетово, неодамна го промовираа почетокот вицепремиерот Бујар Османи при посетата на локацијата кај тетовско Фалише. Со реализација на проектот треба да добиеме чиста река, но само до атарот на село Фалише. На само петстотини метри подолу од локацијата каде ќе се гради станицата кај тетовско Желино индустриската вода од компаниите директно се на градежните работи за изградба на пречистителна станица за реката Вардар кај тетовско Фалише. -Тетово во 2022 година ќе добие пречистителна станица за отпадни води, кои сега директно без стандарди завршуваат во Вардар. Вредноста на проектот кој ќе се г р а д и со ср е д ст в а о д И П А Р Д програма е 30 милиони евра, рече

Октомври 2019

42

ЗеленаБерза


Екологија

испушта во реката Вардар загадувајќи ја водата. Градоначалничката на Општина Тетово која е и претседател на Центарот за Полошки плански регион, вели дека инспекциските служби во рамки на својата општина треба да го контролираат теренот. -Треба секоја општина да работи во рамки на својот терен. Во иднина се планира сите општини заднички да настапат за во целиот регион да се изградат пречистителни станици кои би ги прочистиле сите загадени води пред да се испуштат во реката, рече градоначалничката на Тетово Теута Арифи. Таа не кажа дали нејзините инспектори воопшти извршиле контрола

на фирмите кои ја загадуваат реката Вардар, но и реката Пена. Инаку пречистителната станица кај тетовско Фалише ќе се гради на локација на поранешна дива депонија, која се расчистува со пари од Норвешка влада. Реката Бистрица воопшто не е бистра. Последните податоци говорат дека реката Бистрица е во трета категорија, иако комбинатот Југохром не работи веќе неколку години. -Интересено е што Југохром не работи, а знаевме дека реката Бистрица се загадуваше од индустриските води кои завршуваат во реката, но сега овие води ги нема, а

реката е пак загадена. И тука се работи пак за отпадни води, кои ги испуштаат луѓето од селата дирекно во реката. Останатите површински води во Тетовско се чисти и богати со кисло-род, како реката Пена која припаѓа во втора категорија и Беловишка река која е кристално чиста и припаѓа во прва категорија, рече Д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово. И за водата за пиење во селските средини во повеќе наврати испитувањата покажуваат дека е микробиолошко загадена, што летово резул-ираше со труења на над 500 тини лица во Општина Теарце. Зоран Димовски

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Екологија

Екологија

Филтрите на РЕК-Битола чекаат на реконструкција што ќе значи пет пати помалку прашина -На филтрите на РЕК Битола не е интервенирано повеќе од триесет години. Реконструкцијата која ја започнуваме драстично ќе го намали емитувањето на прашина во воздухот. Целта е да се достигнат западно - европските стандарди заради што во тендерот бараме од идниот изведувач да гарантира дека највисоката граница на прашина во воздухот ќе биде 20 милиграми на метар кубен, вели Златко Ќурчиевски, директор на РЕК Битола за „Зелена берза“.

Електростатските филтри на блоковите во РЕК Битола не се обновени цели 37 години. Годинава за првпат е почната постапка за реконструкција на филтрите, со што ЕСМ ќе треба да вложи 20,4 милиони евра сопствени средства, со цел за подобрување на животната средина. Реконструкцијата на електростатските филтри ќе се одвива заедно со замена на вентилаторите за димни гасови. При тоа за реконструкцијата на електростатските филтри планирани се 12,9 милиони евра, а за замена на вентилаторите за димни гасови 7,5 милиони евра. Тендерот е распишан кон крајот на март, а избраниот економски оператор ќе почне со реконструкцијата на филтрите на почетокот на 2020 година. Во следните три години ќе се реконструираат сукцесивно филтрите на сите три блока на РЕК Битола и се очекува тоа да биде еден од најзначајните зафати за ЕСМ. Филтрите кои ја намалуваат емисијата на прашина во воздухот на првиот и вториот блок биле градени во периодот од 1979 до 1982, на

Октомври 2019

42

ЗеленаБерза

третиот блок во 1986 година, но до денес не добиле никаква ревитализација. Дури и кога во 2007 била започната постапката за добивање на А интегрирана дозвола, иако намалувањето на прашината бил еден од условите, сепак, не се започнало со освежување на филтрите. Од РЕК Битола за „Зелена берза“ велат дека преземаат чекори во насока на заштита на животната средина за да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во Пелагонискиот Регион. -За мене, како директор на РЕК Битола, приоритет е производството. Но, со зголемувањето на производството и намалувањето на трошоците за производство, ќе генерираме поголеми заштеди кои ќе ги инвестираме не само за потребите на производствениот процес, туку и во проекти од пошироко значење за заедницата. Еден од нив секако е реконструкцијата на електростат-

ските филтри, за што се надевам дека наскоро ќе го добиеме изведувачот на работите. Станува збор за голем тендер во секоја смисла, и изведбено и финансиски. Постапката поминува низ неколку фази, постојано обременета со алатки што економските оператори ги користат со цел да го добијат тендерот, што нам пак, ни одзема драгоцено време. Сепак, се надевам дека наскоро ќе го добиеме изведувачот на работите и со нетрпение ќе очекуваме да започнат конкретните активности, вели Златко Ќурчиевски, директор на РЕК Битола за „Зелена берза“. Зафатот е сложен процес, зошто не е еден филтер туку три. Секој еден од филтрите е со висина од 24 метри, и должина од 20 метри. Експертите велат дека тоа не е обичен филтер поставен на оџак, туку цел објект голем колку десетокатница и за време на реконструкцијата блокот не смее да работи, па ќе мора да е во капитален ремонт.


Екологија

Значи за нивното поставување е потребно, еден блок, таму каде што ќе се поставуваат филтрите, да не работи извесен период, 60, 80, па дури и 90 дена, зависно од потребите на компаниите кои се ангажирани за инсталирање на такви филтри. Бидејќи не можат оддеднаш да се исклучат сите три блока, обновата на филтрите ќе се извршува еден по еден во период од две до три години. Со реконструктивниот зафат дури за пет пати ќе се намалат емисиите на прашина од оџаците на РЕК Битола. Тие сега пропуштаат до 100 милиграми прашина на метар кубен. Во меѓувреме, се поставија нови норми до 50 милиграми на метар кубен, а реконструираните филтри ќе испуштаат најмногу до 20 милиграми на метар кубен, според директивите на ЕУ. -На филтрите на РЕК Битола не е интервенирано повеќе од триесет години. Реконструкцијата која ја започнуваме драстично ќе го намали емитувањето на прашина во воздухот. Целта е да се достигнат западно - европските стандарди заради што во тендерот бараме од идниот изведувач да гарантира дека највисоката граница на прашина во воздухот ќе биде 20 милиграми на метар кубен.Тоа е стандард кој и во земји од Европската унија се уште не е воведен, но ние сакаме да направиме чекор понапред, имајќи во предвид дека каскаме зад развиените земји заради индолентниот однос кон обврската за заштита на животната средина изминатите петнаесетина години, вели Ќурчиевски.

Што се однесува до сегашните филтри тие се проектирани на влез за 48,5 грама на метар кубен прашина, а на излезот до 100 микрограми на метар кубен. Тоа значи дека ако не работи филтерот, 17,42 килограми во секунда ќе се исфрла прашина во воздухот. Филтрите работат секој ден по 24 часа и такви ситуации нема. Термоелектраната РЕК Битола, работи на јаглен, а пораката од Европската енергетска заедница е дека како земјава, како ќе се приближува кон ЕУ, ќе мора да го намали производството на струја од најголемиот загадувач, јагленот, кое кај нас изнесува огромни 70 проценти. Планирани се вложувања и во фотоволтаични и ветерни електрани.

Енергетската заедница свесна дека земјава до 2020 година нема да ја исполни обврската да произведува 23 отсто од струјата од обновливи извори, ќе ни се дозволи загубеното да се надомести во следниве години. За РЕК - Битола да го намали загадувањето во воздухот ќе мора да изгради и постројка за десулфуризација. Пред две години словенечката компанија „Рудис“ од Трбовље изработила физибилити студија во која на комбинатот како најисплатлива варијанта му предлага да спроведе влажна постапка за десулфуризација за да ја намали емисијата на сулфурни оксиди, а за помалку прашина да ги реконструира постојните електростатски филтри. Според пресметките само за филтрите и десулфуризацијата ќе треба да се вложат околу 140 милиони евра. Проектот за влажна десулфуризација кој опфаќа изградба на постројка што по пат на влажна постапка ќе врши отстранување на сулфур диоксидот ќе чини околу 118 милиони евра. А.Блажевска

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Екологија

Тетово

Еколошкото дрво целосно се исуши Еко дрвото во вредност од 25.000 евра е поставено како донација од Германија и од неколку домашни фирми.

Тетово во 2017 година доби еколошко дрво во форма на билборд, кое имаше за цел да го прочистува воздухот во градот, кој речиси преку цела година се гуши од загадувањето. Дрвото поставено во центарот на градот требаше да ги апсорбира штетните ПМ 10 честички од воздухот, преку мовта на дрвото засадена во садниците. Но, дрвото не издржа ние шест месеци. Садниците се корнеа, а градските власти не го одржуваа доволно. По реакцијата на еколошките организации еко дрвото се доведе ако може да се каже во нормална состојба, но и ова лето не издржа. Истото повторно беше нападнато од несовесни

граѓани, при што беше демолирана и конструкцијата на еколошкиот билборд. -Тука во Тетово ништо позитивно не може да се одржи. Кога е загаден воздухот сите граѓани се бунат дека дишат отрови, и кога го поставија дрвото кое го прочистива воздухот навалија на него, почнаа да го корнат, мислат дека дома со садниците ќе им се прочисти воздухот, не се свесни дека само штета прават на самите себе. Многу сме нецивилизирани, вакви еколошки дрвја по западните земји има доста, и никој не ни помислува да ги оштетува дури и се грижат за нив, а ние ги корнеме садниците, катастрофа, револтирано реагира жител на Тетово. Од Еко свест кои учествуваа во проектот за поставување на еко дрвото, нагласуваат дека неговиот опстанок зависи од грижата на Јавното комунално претпријатите Тетово, кое треба да го одржува системот за наводнување инсталиран во самото дрво, а општината да води сметка и контрола на самото дрво, и во соработка со полицијата да ги

санкционира тие кои се однесуваат вандалски кон него. Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како и секоја година, и годинава вети дека ќе се набават нови садници и ќе се поправи системот за наводнување на дрвото. Но овој одговор го дадена почетокот на годината, а состојба со дрвото оттогаш до денес е уште полоша. Еко дрвото во вредност од 25.000 евра е поставено како донација од Германија и од неколку домашни фирми. -Еко дрвото има ефект како 275 засадени дрвја, и може да го компензира загадувањето од 417 автомобили, наведоа еколошките организации, кога се постави еколошкото дрво. Зелениот билборд наречен „Градско дрво“ е вертикална конструкција направена од мов, висок е 4 метри, а широк 3 метри и со длабочина од 60 сантиметри. Овие зелени билборди се веќе поставени во поголемите градови низ светот како што Берлин, Дрезден, Париз, Осло, Хонг Конг. Зоран Димовски


Екологија

Пелагонија

Општина Могила гради пречистителни станици во Добрушево и Ивањевци Со пречистителните станици во Добрушево и Ивањевци се опфатени над 1000 домаќинства. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска вели дека со овие проекти се обезбедуваат подобри услови за живот и поздрава животна средина.

Пречистителна станица со еден крак за прочистување на отпадните води Општина Могила гради во селото Добрушево. Екипите се на терен и изведбата е започната според проектната документација со цел обезбедување на подобри услови за живот на жителите на ова пелагониско село, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска. Во исто време течат подготовките за изградба на иста таква прочистителна станица и во селото Ивањевци. Со изградба на помали пречистителни станици за третман на отпадни води во најголем дел од селата во Општина Могила, трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и со тоа и подигање на стандардите за заштита на животната средина. Во 2018 година Општина Могила преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој аплицираше за проектна документација за канализациска мрежа со пречистителна станица за населените места Добрушево и Ивањевци, во вредност од 800 000 денари. Во 2019 година, пак општината аплицираше преку Министерство за животна средина за пречистителна станица во населеното место Добрушево која се гради со еден карак и ќе чини 6.795 026 денари. Во истиот период започната е постапка за канализациска мрежа и пречистителна станица во Ивањевци во износ од 3.054 661 денар, средства добиени од Бирото за регионален развој и 1.425

617 денари кофинансирање од Општина Могила. -Минатата година од општинскиот буџет вложивме во доизградба на краци за канализациска мрежа за населено место Могила и сега ја завршуваме канализацијата каде што имавме можности за тоа и се прошируваме во двете најголеми места во Општина Могила, а тоа се Добрушево и Ивањевци. Се зафативме со овој голем проект бидејќи се работи за 1000 домаќинства што немаат основни услови за живот а ние како општина сме должни тоа да им го обезбедиме, изјави за „Зелена берза“ Јасмина Гулевска, градоначалник на Општина Могила. Гулевска напоменува дека со оглед на тоа што Општина Могила е помала рурална општина изградбата на неколку помали пречистителни станица е ефикасно решени да се регулира проблемот со отпадните води во населените места. Пречистителни станици во неколку фази допрва ќе се градат и во населените места Српци, Беранци, Лознани, Трновци, Ношпал, Мусинци, Дедебалци. Општината преку европски проекти аплицираше и за изградба на атмосферска канализација за населените места Трап и Будаково. -Се трудиме во секое населено место да ги опслужиме граѓаните и да реализираме проекти за подобрување на условите за живот. И ние како општина учествуваме со кофинансирање, сакаме да вложиме во секое село, за сите граѓани да ги почувствуваат бенефи-

тите, вели Гулевска. Според постоечката законска регулатива во земјава секое населено место со над 2.000 жители треба да има пречистителна станица на отпадни води, но планирани се и места со помалку жители, целта е загадувањето на водните текови и ресурси да се намали. Во пет села во Општина Могила ќе се градат паркови од средства од РЕК-Битола Во селата Ношпал, Вашарејца, Беранци, Српци и Могила, ќе се градат паркови од средствата кои Општина Могила ги добива како надомест за производство на енергија од фосилни горива, односно од РЕК-Битола. Годинава Општина Могила за оваа намена добива 3. 200 000 денари. Покрај парковите со дел од овие средства ќе се гради и пешачка патека од ОУ „Браќа Миладиновци“ до сред село во Дедебалци во должина од 600 метри, со цел побезбедно движење на учениците. Пелагониските општини Битола, Могила и Новаци со уредба од Владата на Р.С.Македонија според соодветна методологија вршат распределба на средства остварени како приход од надоместокот за производство на енергија од фосилни горива од термоелектраната РЕК-Битола. Секоја година општините со тие средства реализираат еколошки проекти со цел подобрување и зачувување на животната средина. А.Блажевска

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Екологија

Битола

Шведски проект за еколошко греење на Битолската болница Целта на проектот „Со хуманитарна рака до чиста енергија“е да се подобри енергетската ефикасност, да се придонесе за намалување на загадувањето и да се подобрат условите за живот на жителите од регионот. Физибилити-студија за еколошки систем кој ќе обезбеди греење, ладење и вентилација на Клиничката болница во Битола изработи Кралскиот институт за технологија од Шведска. Клиничката болница од Битола се грее на мазут, а плановите за во иднина се еколошкиот систем кој е хибриден систем со примена на соларна енергија и топлински пумпи да ја намали емисијата на јаглероден диоксид за една третина. Во Битола аерозагадувањето не доаѓа само од работата на РЕК-Битола туку во голем процент од затоплувањето во домаќинствата и институциите кои користат мазут, нафта, огревно дрво и други фосилни горива. Котлите во Клиничката болница Битола се стари речиси половина век, чадот од затоплување со мазут е видливо од оџакот на котларата на што битолчани често реагираат на социјалните мрежи. По едногодишно анализирање на состојбата и истражување од страна на тимот составен од тројца професори и 12 студенти од Кралскиот институт, направен е избор за воведување хибриден систем. Да се подобри енергетската ефикасност, да се придонесе за намалување на загадувањето и да се подобрат условите за живот на жителите од регионот е целта на проектот „Со хуманитарна рака до чиста енергија“.

Октомври 2019

42

ЗеленаБерза

-Кога има сончеви денови, ќе може да се користи соларната енергија, а кога е облачно системот ќе работи на друг енергент, комбинирано е. Овие системи не се новина, сè почесто се применуваат во Германија, Швајцарија и други земји, со оглед на тоа што сончевата енергија станува сè поевтина. На места каде што има евтин гас или нафта овие системи не се популарни. Но постојат многу придобивки за животната средина со префрлување на овие системи и сакаме во иднина да имаат што поголема примена, вели Нелсон Сомерфелт професор на шведскиот Кралски институт во Битола. Директорот на болницата Зоран Лазаров вели дека како раководство

го наследиле системот на греење на мазут, и сега за да ја подобрат состојбата се одлучиле за еден ваков проект. Со проектот се добиваат многу подобри услови, а ова ќе значи и голем бенефит за болницата, која милион и пол денари плаќа за струја и вода, а со овој проект нема да се плаќа греење, вентилација и ладење вели првиот човек на болницата. -Котлите се стари, мазутот е неквалитетен и веднаш кога оџакот ќе зачади изложени сме на напади од граѓаните. Тоа не е наша вина, ова е затекната состојба. Свесни сме дека придонесуваме за загадување на воздухот во Битола, токму затоа презедовме чекори за решавање на проблемот. Се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите институции кои предизвикуваат аерозагадување. Со проектот се добиваат многу подобри услови за пациентите, персоналот и за градот Битола. Користа е огромна, а освен еколошките придобивки, големи ќе бидат и заштедите на болницата. Проектот презентиран во Битола, е по иницијатива на невладината организација „Од рака на рака“ на Марија Росенгрен, наша, битолчанка хуманитарка во Шведска. -Не само што нас во Битола и во земјава ни е познато дека имаме проблеми со загадениот воздухот, дека има загадувачки честички, туку ова е на светско ниво познато и во сите статистики пишува колку голем


Екологија

проблем имаме во Македонија и во Битола со загадувањето. Кога слушнаа во Кралскиот институт во Стокхолм дека ние работиме на решавање на овој проблем, тие со гордост го воведоа овој проект во нивната програма уште минатата година, вели хуманитарката Росенгрен. Она што допрва ќе претстои е изработка на техничка документација и аплицирање до фондови за изнаоѓање средства. Надежите се дека финансии ќе се обезбедат од Светска банка, а ќе се аплицира и до европските фондови. Доколку се обезбедат пари, проектот ќе се имплементира од март и некаде за година и пол Битолската болницата ќе го заврши проектот. Изработувачите на проектот се согласни дека час поскоро треба да се формира државниот фонд за енергетска ефикасност и животна средина кој добро би било да се лоцира во Битолскиот регион. А. Блажевска

Битола

Елаборатот за фотоволтаичната централа на ЈП „Пазари“ одобрен од Министерство за животна средина

Добиено е решението од Министерство за животна средина и просторно планирање за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина за спроведување на проектот: „Изградба на фотоволтаична централа до 20KW“ на локација за потребите на ЈП „Пазари“ Битола. Поставувањето на фотоволтаичните панели на управната зграда, треба да даде придонес кон заштитата на животната средина и да ги намали трошоците при работењето на ова јавно претпријатие. Вкупната инвестиција на проектот е 1.100.000 денари. -Ова е трет чекор до исполнување на проектот. Откако го изработивме идејниот проект и објавивме тендер за поставување на фотоволтаични панели до 20 КW на Градскиот пазар во Битола, следен чекор беше изработка на елаборат за заштита на животната средина поднесен до Министерството за животна средина и просторно планирање и во текот на вчерашниот ден го добивме решението за одобрување на елаборатот за заштита на животната средина за спроведување на проектот „Изградба

на фотоволтаична централа до 20KW“ на локација за потребите на ЈП „Пазари“ Битола. Проектот е веќе изготвен и очекуваме да биде доставен до Министерство за економија , до Комисијата за енергетика. Полека се приближуваме до целата, изјави Владе Атанасовски, директор на ЈП Пазари Битола.

Директорот Атанасовски истакна дека ова е трет последователен еколошки проект реализиран во ЈП „Пазари“, откако претходно беа поставени нови лед сијалици во градскиот пазар, а во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети. А.Блажевска

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Приказни раскажани низ објективот на Ивона Кочов


Фотограф Ивона Кочов Е-маил : ivonakocov21@gmail.com Моб.тел. 070207421


Екологија

Скопски регион

Подобро заорај отколку да запалиш стрниште Едукативна кампања на Град Скопје остатоците од жетва или од градинарското производство да се заораат, да не се палат

Остатоците од жетва или од градинарското производство е подобро да се заораат отколку да се запалат. Со ваква едукативна кампања тргна град Скопје со надеж дека ќе се прошири ваквиот пристап и во другите општини. За да биде комплетна акцијата односно да нема палење на стрништа или отпадоци по завршено производство на нивите, градот отвори бесплатна телефонска линија на која секој може да се јави и да побара отпадоците да му бидат изнесени бесплатно од нивата. Акцијата е надополнета и со екипа од инспекторатот која со помош на дрон кој има и камера за ноќно снимање ги лови сите оние кои и покрај можноста да викнат екипа на комунална хигиена сепак се одлучуваат да прават прекршок и да добијат казна со палење на стрништата или органските остатоци по берба. Голем дел од земјоделците кои гравитираат околу

Скопје откако чуле за ваквата акција се одлучиле да проверат дали е вистина дека ќе им го соберат отпадот и место нив ќе го исфрлат во депонијата Дрисла. -Јас сум градинар со неколку декари под пластеници. Кога ќе дојде крајот на реколтата секоја година има проблем со отпадот кој ми останува во дворот. За да го компостирам потребни ми се дополнителни машини, а миризбата која ќе се ослободува може да им пречи на соседите. Затоа секоја година неколку пати викам камион со неколку аргати кои ѓубрето го товараат и го носат во депонија што ме чини по сто евра од тура и тоа неколку пати во текот на годината. Ваквите акции ги сметам за одлични и ќе придонесат да не се одлучуваат луѓето да го палат ѓубрето, рече еден од првите земјоделци од скопско Лисиче кој се јавил да му ги соберат остатоците од

производството на домати кое го завршил. Од палењето стрништа освен што може да заработите голема казна,која се движи и до 3000 евра, друга корист нема едногласни се експертите. Според нив целата органска маса треба да се врати назад во нивата за да нема загуби. -Кога се пали стрниште се предизвикува само штета, воопшто од таа работа нема корист. Огнот ќе ги согори само остатоците од органската маса, а во почвата само ќе ги уништи микро организмите кои се во површината и кои се многу значајни за производството. Од аспект на почвите потребно е целата органска маса која се јавува како вишок да се врати назад во почвата за да нема загуби на хранливи материи, а од друга страна со палењето се намалува органската материја во почвата што е еден од најтешките облици на деградација на


Екологија

почвата. -Корист нема никаква на сите да им биде јасно. Изговорот дека се палат стрништата за да се сузбие Забрусот не држат бидејќи почвата е голем изолатор и се загреваат само првите неколку сантиметри што не е доволно за да се уништат почвените инсекти, болести ниту пак влијаат на плевелите. Единствено може да се гледа преку аспектот на тоа дека заорувањето им претставува една дополнителна активност, рече професор Душко Мукаетов, експерт за почви при Земјоделскиот институт од Скопје. Во рок од десетина дена најмногу по жетвата, најдобро е да се заораат стрништата со жетвените остатоци, бидејќи освен што ќе се внесе органската материја назад во почвата и ќе и се даде доволно време таа да се минерализира ќе се постигне и уште една многу значајна работа, а тоа е намалување на испарувањето на водата од подолните слоеви. Почвата има воспоставено така наречени капиларни пори кои со заорувањето се прекинуваат и на тој начин се конзервира влага во почвата која ако се остави ќе има големи испарувања во текот на летото и ќе се исуши уште повеќе. -Треба да се најде начин да се стимулираат полјоделците да ги заоруваат стрништата што е за нив во време на жетва една дополнителна операција која бара време и организација. За разлика од нив во лозарството и овоштарството со

професор Душко Мукаетов

мулчирањето се заоруваат остатоците кои инаку ќе треба да се изнесуваат од редот и тука ситуацијата е обратна. Полјоделците треба да сфатат дека иако не ги гледаат првично сепак позитивни ефекти од заорувањето има, додаде професор Мукаетов. Но не само за конзервација на влага, за спасување на микроорганизмите и не губењето на органската маса кои ја сочинуваат живоста на почвата и нејзината активност, со палењето се загадува воздухот и се уништуваат животни и инсекти кои се важни во целиот еко систем. -Палењето стрништа има вековна традиција која гледаме дека многу тешко се искоренува. Во минатото имало некаква логика бидејќи немало интензивно земјоделство, загадува-

професор Никола Николов

њето било незначително и немале многу можности за орање со механизација. Но денес состојбата е поразлична. За жал според нашата статистика која се води последниве триесет години најчеста причина за шумските пожари каде се губи националното богатство на земјава, се токму палењата на стрништата. Затоа мојот апел до земјоделците е да не се палат стрништата за да не се предизвикува нова емисија на стакленички гасови и да не се губат шумите, рече професорот од Шумарскиот факултет Никола Николов. Сите анализи покажуваат дека со палење на органски остатоци од пченица се губат околу 12 до 13 килограми на азот од еден хектар што ако се земе предвид фактот дека при ѓубрењето потребни се 45 килограми на азот ќе се види дека со палењето се прават и економски загуби односно таа количина на азот ќе треба да се плати иако претходно земјоделецот ја имал бесплатно на нивата. Од друга страна колку и да имате пари за да купите вештачко ѓубре и да го фрлите на нивата ако немате микробилошка активност вие немате почва туку само куп камења и прашина кои се на некој начин стерилни. За да има микро биолошка активност потребно е азотот и јаглеродот да бидат во сооднос 1:24, што значи дека е потребно да има органска маса, велат експертите.

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Приказни раскажани низ објективот на Ивона Кочов


Фотограф Ивона Кочов Е-маил : ivonakocov21@gmail.com Моб.тел. 070207421


Екологија

Репортажа

Попова Шапка - рај за душа и очи, а со малку туристи Попова Шапка е зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Водопадите, прекрасните пејзажи, природната свежина, но и одличните можности за пешачење и планински велосипедизам, се едни од природните предуслови за развој на летниот туризам на Попова Шапка. Но овие предуслови барем засега не се искористени за развој на летниот туризам на овој туристички центар. Ретки се туристите, кои ја посетуваат оваа природна убавина. -Можеби немаме традиција да одиме на лето на планина. А тука можеш вистински да се одмориш. Разликата е огромна, тука е 10 степени поладно отколку долу во градовите. Има тука прекрасни пејзажи, да ги одмориш очите и телото, планински патеки, да возиш велосипед, да береш чај, боровинки, рај е тука. Но, како што можам да забележам, повеќе има странски отколку домашни туристи, вели еден жител на Тетово кој има викендица на Попова Шапка. Овој вид туризам во Македонија во споредба со земјите од регионот е многу помалку развиен, велат познавачите на приликите. -Потребна е поголема промоција на Попова Шапка, но исто така да се работи и на инфраструктурата и хигиената. Голема трагедија е што не работи жичарата Тетово – Попова

Октомври 2019

42

ЗеленаБерза

Шапка, па и тука кога ќе дојдеш во центарот не работаат жичниците. Треба барем за викендите да работат двоседите како што тоа го направија ски центрите од другите градови во Македонија, тоа ќе привлече туристи да се качат до некој врв, да уживаат во пејзажите додека се возат. Еве на пример ќе ви кажам една статистика, во Австрија имаме прилив на пари од посета на Алпите исто колку што има

една Грција прилив на пари од летниот туризам. Значи колку се важни планините, но тука за жал се многу малку искористени, вели Жарко Трпковски претседател на скијачкиот клуб „Љуботен“. Освен што нема заинтересираност за развој на летниот туризам, во истиот не се вложува, ниту пак, се одржува постојната инфраструктура. Патот низ викенд- населбата на Попова Шапка е


Екологија

во ужасна состојба, нема улично осветлување, а кучиња скитници има насекаде. -Па првин патот треба да се среди, проблемот со фекалната канализација, тука кога одат туристите сакаат да дишат чист воздух, а не смрдеа и кучиња да напаѓаат. Тука треба да се опуштиш, а не да стравуваш. А во последно време центарот се користи и како место за напасување на добиток, и наместо гости пред хотелите гледаме крави и коњи. Тие изгледа се најчестите гости на центарот, велат малкуте туристи кои ги затекнавме. Дури 70 % од територијата на Македонија е под планини со височина на над 1200 метри надморска височина, ова богатство е наш бренд и ние мора да го зачуваме и искористиме, велат од планинарските друштва.

Треба повеќе да се поработи на инфраструктурен план, промоција, маркирање на планински и велосипедски патеки, со цел Шара, но и дру-

гите планини да си го најдат своето место на мапата на планинскиот туризам во светот, додаваат оттаму. Зоран Димовски

Вода за пиење и нејзиното загадување Пиењето безбедна свежа вода сочинува само 2,5% од водата на нашата планета. Со оглед на тоа дека голем дел од оваа вода е недостапна, т.е. премногу длабоко под земја или заробена во поларни глечери, и покрај новите методи на пребарување и снабдување, остануваме само со околу 1% од водата достапна за употреба. И ако реалните количини на свежа вода на Земјата би биле доволни, а нејзината популација е трипати поголема, проблемот се создава со нерамномерна распределба на свежата вода. Најголем недостаток имаат токму земјите од Третиот свет каде растот на населението е најизразен, а тие во исто време се најранливи со зголемената состојба на загадување на малкуте ресурси што ги поседуваат. Повеќе од 1 милијарда луѓе во 21 век живеат без пристап до безбедна и чиста вода. Ова се нарекува воден стрес, а брзото загадување ги тера експертите да веруваат дека процентот на земји изложени на воден стрес само ќе се зголеми. Дебатата за безбедна вода за пиење е

поделена на две половини, едната се залага за пиење вода е неопходно право за секој човек под сонцето, додека други сметаат дека тоа е само економски ресурс за купување и продажба. Некако е ирационално да се разгледа она што ви е потребно за да преживеете како економски ресурс, но во исто време, она што е неопходно е најдобрата валута, нели? Најголемите загадувачи на водата се индустријата и, неочекувано, но вистинското, модерното земјоделство. Бидејќи производството на храна што не е насочено кон органско производство се заснова на растечкото производство, таквите производители не се секираат да користат ѓубрива и пестициди за да ги зголемат приносите. На овој начин големи површини на земја се загадени со овие супстанции, кои се испуштаат со дожд во почвата и ги загадуваат подземните извори на вода за пиење. Затоа, управувањето со водата за пиење треба да биде една од основните задачи на човештвото. Дури и ако сите фабрики престанат да испуш-

таат гасови и отрови во воздухот во овој момент, и сите производители да престанат да користат пестициди на своите полиња, да престанат со испуштање на индустриска вода во речните текови, ќе бидат потребни децении за еко системот да се прочисти. Неопходно е да се управува со водата на начин што ќе примени одржлив развој, затоа што ако загадуваме вода нема алтернатива. Оваа течност важна за животот, е општо добро и ниту една компанија или организација не може да полага право на нејзина ексклузивна употреба. Беше донесен амбициозен план на собранието на ООН 2000 година за да се преполови бројот на луѓе кои немале пристап до вода за пиење до 2015 година. Некои подобрувања се очигледни, но сепак имаме уште многу работа да направиме за да му дадеме на секоја личност пристап до она, што е нивно природно право. Валентина Соколовска

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Приказни раскажани низ објективот на Ивона Кочов


Фотограф Ивона Кочов Е-маил : ivonakocov21@gmail.com Моб.тел. 070207421


Екологија

Фоторепортажа

Нижеполе на границата меѓу планината и небото Раскошна природа, чист воздух, секој ден исполнет со мир, тишина и спокој. Куќи изградени од камен со

Октомври 2019

42

ЗеленаБерза

замандалени врати ве оставаат без здив, од спротива нови раскошни градби. Наутро ве будат жуборењето

на реката, мирисите на природата, на разнобојни цвеќиња и тревки, свежо испечениот леб, чадот од зимниците,


Екологија

мирисот на бачилата...Стадо коњи галопираат низ ливадите и долините...Секоја слика своја

приказна. А погледот талка уште многу подалеку, талка и не запира, по

височините, по зеленилото барајќи ја границата меѓу планината и небото.

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Екологија

Октомври 2019

42

ЗеленаБерза


Екологија

Македонски, влашки, албански, па дури и грчки во зависност од кое маало во Нижеполе може да чујат четирите јазици. Затоа што Нижеполе е македонско-влашко-албанскокаракачанско село. Нижеполе се наоѓа на 1.100 метри надморска височина на ридскопланински терени на Планината Баба на границата со Националниот Парк „Пелистер“ и е на само 10 км од градот Битола. Претставува важна дестина-

ција за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но исто така и соседните земји особено Грција и Албанија. Бројните излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени со кои изобилува околината привлекуваат илјадници посетители преку целата година. Селото дава можности за развој на повеќе видови традиционален или алтернативен туризам и одлични услови за зимски и летен туризам.

Тука се вклопува и населението од самото село особено за производство на здрава храна или во функција на агро-туризмот. Нижеполци собираат за продажба боровинки, смрека, капина и други плодови како дарови од природата.Сточарството, овчарството и козарството на многу семејства се нивна примарна дејност. Тие се вистински мајстори за правање на сирење, од таму надалеку е познато нижеполското овчо сирење.

ЗеленаБерза

43

Октомври 2019


Екологија

Црквите во Нижеполе се значаен дел од оваа прекрасна приказна. „Св. Атанасиј“ - се наоѓа под врвот Пелистер. До црквата од селото се стигнува за 45 минути пешачење. Датира од 19 век со автентичен иконостас, мал конак и простор за одмор. Во близина се наоѓа чешма со изворска вода пред која се отвора прекрасен видик на Пелагониската Котлина.

Октомври 2019

42

ЗеленаБерза

Црквата „Св. Петка“ - се наоѓа во месноста Гргули и датира од 19 век. На 10 минути оддалеченост од центарот на селото, во внатрешноста на црквата има извор на света лековите вода. А селото е и храмот „Св. Јован Златоуст“. Културното и природното богатство на Нижеполе нема крај. Тука е стариот Француски пат - изграден во Првата

светска војна од страна на француските војски и кој води до Големото Езеро. За среќа селото живее, се шири, и расте од ден на ден. Околу селото има неколку викенд населби со над 200 викенд куќи. Едноставно кажано и во лето и во зима сите патишта водат кон Нижеполе. Х.Фуна


Хумор

Шеготека... во соработка со „Без навреда“ Прашање Прашува учителката – ученици дали знаете како сте дошле на овој свет? Едно дете вика - Мене ме купиле мама и тато од продавница! Друго вика - Мене штрк ме донесе дома! Третото вели - Тато е толку сиромашен што мораше сам да не прави. Вилица Брачен пар влегува во ресторан и нарачува еден хамбургер и порција помфрит. Возач на камион со жал го гледал парот како го дели оброк и посакал на жената да и купи уште нешто за јадење. -Не благодарам, одбил сопругот и објаснил дека се си дели со жена си. По некоја минута возачот повторно и понудил на жената да и купи нешто за јадење затоа што таа не зела ниту едно залче. Сопругот повторно го одбил со зборовите Ние сè си делиме. -А добро зошто тогаш вие ништо не јадете – ја прашал возачот жената. -Чекам да ми ја даде вилицата – одговорила жената.

Карикатура: Блаже Докуле

На кафе Отишол кумановец кај соседот и овој културно го прашува: -Комшија, што ќе се напиеш? -Па може една ракија пред пивото, додека да биде кафето. Диета Еден маж му раскажува на пријателот: -Жена ми веќе три недели е на диета. Пријателот го прашува: -И? Колку изгуби?. -Две недели, одговорил мажот.

Карикатура: Блаже Докуле

Октомври 2019

60

ЗеленаБерза

За патката Жител на Скопје отишол на село за да лови патки. Здогледал една патка и пукнал, но птицата паднала на имотот на некој локален селанец кој не сакал да му го даде пленот. -Тоа е моја птица, му рекол ловецот. Селанецот предложил да се тепаат, како што е вообичаено на село: -Птицата ќе ја добие оној кој помалку ќе вика од болка. Ловецот се согласил, примил еден удар во стомакот, паднал на земја и останал да лежи 20 минути. Потоа станал и рекол: -Добро, сега јас сум на ред. -Не бре, земи си ја патката и бегај во градот – му одговорил селанецот.


Хумор

Зелени афоризми Земјоделието е дуќан на отворено, најмногу за оние што ги ограбуваат земјоделците! *** Онаму кај што одлучуваат воловите, кравите никогаш нема да бидат прогласени за свети животни. *** И годинава голем број јагниња останаа дома. Така е кога на одговорните не им се сите овци на број. *** Многу фармери не можат да дојдат до свое земјиште – од оние што на земја не газат. *** Велат еден ден ќе дојде живот и за земјоделците. О, Мама Хуаните, зар само еден ден! ***

Знам зошто Одисеј толку долго лутал. Барал поволна откупна цена за нашите земјоделски производи. *** Знам кој е крив што Македонија има најмалку зелена површина по глава на жител! Оние што пасат трева. *** Кога ќе влеземе во ЕУ и на врбите ќе се раѓа грозје. Ама ние и тогаш ќе си го обереме бостанот. *** Оние што тресат зелени, никогаш нема да капнат. *** Ван Гог сликал, а нас судбината ни зависи од сончогледи. Миле Ѓорѓијоски

Карикатура: Блаже Докуле

ЗеленаБерза

61

Октомври 2019


Актуелно

Општина Новаци

Се уредува речниот порој во селото Гермијан Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот Регион Гого Видимче го посетија селото Гермијан каде извршија увид на втората фаза од уредувањето на речниот порој. Станува збор за капитален проект во должина од 1500 метри кој се реализира во три фази . Првата фаза во должина од 900 метри е реализирана во 2018 г. со средства од Светска Банка со што Општина Новаци аплицираше и доби грант во висина од 16.557.000 денари .Втората фаза која е веќе во завршна реализација е во должина од 300 метри, а средствата се обезбедени од Општина Новаци и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со 6,8 милиони денари обезбедени преку Министерството за локална самоуправа. Останува за реализација третата фаза во нареден период кога ќе бидат обезбедени средствата со што целосно ќе се имплементира Проектот „Уредување на речниот порој во с.Гермијан“. - Со ова го решаваме проблемот на жителите од Гермијан посебно оние кои живеат покрај овој порој затоа што при секој пообилен дожд тие куќи во близина се поплавуваа –истакна градоначалникот Љубе Кузмановски.

Оваа активност е дел од проект за општински рурални инвестиции на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. -Продолжуваме со решавање на проблемите во руралните подрачја. Заедно со градоначалниците ги следиме нивните барања и во координација со нив ги подобруваме условите во руралните средини. Во Гермијан извршиме регулација на речното корито, а ова е значаен проект за жителите поради поплавите што се

случуваа. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион континуирано работи во надградба на капацитетите за заштита од поплави истакна Гого Видимче, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вели дека следната година со измените на Законот за рамномерен развој ќе се издвојат уште поголеми средства за регионите. - Оваа година Министерството вкупно во цела држава инвестираше над 100

проекти кои што доаѓаат од овие центри, а нивната вредност е 7 милиони евра. Со поинтензивна динамика ќе продолжиме и следната година, бидејќи планираме со измените во Законот за рамномерен регионален развој и овие средства кои ќе се трошат од Министерството за локална самоуправа да се зголемат и проектите да идат од 8 плански региони и Центрите за развој на овие региони, со што ќе бидат насочени директно за жителите на региoните, изјави Милевски. П.Јовановска

Октомври 2019

62

ЗеленаБерза


Profile for Maxim

Zelena berza 17  

rabotna

Zelena berza 17  

rabotna

Profile for maximusmk
Advertisement