Issuu on Google+


2


Во спомен на оние кои прерано не напуштија.

Зоран Зоци Илиќ 1962-

Владимир Михајловски

Васка Илиоска

Чефутов

3


4


Кој е кој? Каде е? Што направивме, како го направивме?

5


6


КЕЦ Класен Раководител – Иван Трајков Број на матуранти – 33

7


Зоран Михајловски Работиш? Каде? Што? Раскажи!

БИЛЈАНА-КОМЕРЦ ДОО Скопје. Приватна фирма за трговија.

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Жена ВАЛЕНТИНА Ќерка МАГИ ( Магдалена ) 18 год. Ќерка САЊА 13 год.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Ова ке се оценува ? Ајде Данче не пишувај кец, ке ја читам Војна и Мир... А може ли некоја помала ???

Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Надзорен инжинер на изградба на аеродромите во Скопје и Охрид (конструкции)

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Било - поминало... Сингл.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Го рашетав светов, на разни проекти, на многу места... Запознав интересни луѓе... Не направив многу работи, ама едно по едно...

Ѓорѓи Банде

Стеван Шапчески Работиш? Каде? Што? Раскажи!

ЦДХВ АД Скопје/Извршен директор/

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Да/Да/Не/2/Не

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

8


Клодин Шунтова Јовановска Работиш? Каде Што? Раскажи!

Наставничка во приватно основно училиште Јахја Кемал

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Да, мажена.Керка Мартина исто така мажена 28 год., син Лисјен 17 год.Внук Панделис 2 месеца.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Завршив два факултета, сменив две работи, прошетав малку низ светов... Да одам во Јапан ама сега...

9


10


11


12


ДВОЈКА Класен Раководител – Милка Цветковска Број на матуранти – 35

13


Наташа Кривошеев Dимитриевска

14

Работиш? аде? Што? Раскажи!

Институт за јавно здравје на РМ / односи со јавност што би рекле пи(љ)арка / секој ден се расправам со новинари од една страна и експерти од друга страна / не знаеш кои се повеќе самобендисани / ама во себе си навивам за новинарите (?)/ стресна е секоја промен на министер, директор, портир, ама се издржува / секогаш има и полошо, а и подобро/ не се жалам!

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

маж еден сега за сега син студент внуци немам се уште, а ни жена се си правам сама по дома. .

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

ништо особено / напишав една книга / а пред тоа уште стотина текстови по весниците и ништо не се смени поради нив / запознав многу интересни луѓе на секаде по светов и значајна бројка на пријатели / сакав да бидам по толерантна и по трпелива од ова што сум ама се помалку ми успева, а многу се трудам / најмногу од се ме радува тоа што оваа година ми се потврди девизата дека пријателствата стекнати во клупата до, пред и зад тебе се единствените трајни и искре и врски... сакам да ве видам сите и на 50 години од матура!


Надица Марковска Dимитровска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија како специјалист по медицинска нуклеарна физика - раководител н одд. за радијациона физика

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

да, сопруг и два сина

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Соња Петковска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологијаСкопје

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци? Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Виолета Трчкова Маџова Работиш? Каде? Што? Раскажи!

SNV-Netherlands Development Organisation -Skopje Office

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Сопруг-Ванчо Маџов, 53 , син Игор студент, 24, син Виктор, ученик , 17

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

направив многу работи , ама останаа уште многу да се направат

15


Камелија Андонова Симоновска Работиш? Каде? Што? Раскажи

Верувале или не - уште сум во школо! Уште учам! Предавам англиски и си го обожавам занаетот!

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Син(убав на мајка). На 24 му е рано да се жени, да не се зезне како мајка му!

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Првата цигара ја запалив на матурската во 1981-та... и оттогаш редовно се откажувам од цигарите!

Мери Василева Давчева

16

Работиш? Каде? Што? Раскажи!

АЛКАЛОИД, Фармација, Производство Цврсти Форми. Специјализирав фармацевстка технологија

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Да, маж Владимир, деца – син Тихомир, 22 и ќерка Марија 17

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Дом и 2 деца. Сакав да патувам низ целиот свет, делумно остварив, но ми останува уште многуи да видам. Се надевам дека ќе успеам да пропатувам половина свет. Досега бев во Бахреин, Турција, Швајцарија, Германија, се подготвувам за Шпанија, и то


Хилда Медуњанин Георгиевска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Работам 22 години како професор по географија во ОУ „Христо Узунов“ – Охрид. Интересно е со деца да си цел живот, и ќе те насмеат и ќе те изнервираат. Се изнашетавме низ нашата ни Македонија, многу ексрузии, доживувања... Имаме над 30 деца во една паралелка што знае да е напорно, но затоа во лето ќе се изнаодмориме.:)))

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Имам сопруг,една керка која оваа година ке прави 24 години...На таа возраст јас си отидов од моето Скопје...и сега сум фифти-фифти...24 таму,24 овде,во Охрид!

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

па,си оформив семејство, опкружена сум со љубов од моите најблиски, живеам во еден од најубавите градови во Македонија! Прошетав малку низ светов, но мислам дека треба повеќе,многу сакам да патувам, патувам, патувам....

17


18


19


20


ТРОЈКА Класен Раководител – Елена Георгиева Број на матуранти – 33

21


Исмета Факиќ Амет Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Судија на Управен Суд

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Две деца и сопруг

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Уживав, уживам и ќе уживам , се’ што сакав имам

Работи ? Каде? Што? Ра скажи!

Ултра ДОО Раководител на Хардвер и Системска поддршка

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

една жена: Биба две деца: Драган 6,5 години Владимир 3,5 години

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Уште со параглајдер не сум летал.

Круме Матов

Нико Беќаровски Работиш? Каде? Што? Ра скажи!

Универзитетска клиника за токсикологија

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Женет, две деца, син Александар 16 години, ќерка Теодора 7 години

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Завршив Медицински факултет, специјализирав Интерна Медицина, докторивав, предавам на Мед, Фак.

Томислав Томи Dерибабов

22

Работиш? Каде? Што? Ра скажи!

Царинска Управа на Р.М

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Сопруга и една ќерка

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Се направив но има уште да правам


Моме Петровски Работиш? Каде? Што? Ра скажи!

Да ... во Министерство за внатрешни работи, како главен систем аналитичар. Дипломирав на машински факултет, ама работам како информатичар.

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

да ... сопруга Виолета, и син Димитар на 7 годишна возраст (долго чекано).

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

на Facebook може да ме најдете како Моме Петровски, а имам и блог www.bonsai.blog.mk

23


24


25


26


ЧЕТВОРКА Класен Раководител – Љубица Кецман Број на матуранти – 34

27


Dана Dемировска Мукаетова Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Хотел Континентал Food and Beverage Manager организација на прослави, свадби, коктели, забави, матури, конгреси, надворешен кетеринг, се што има врска со храна и пијалок

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

1 маж, 1 син од 23 години кој е апсолвент на Машински факултет

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

се што сакав и сакам уште, е да работам - мислам дека го направив и го правам - барем после боледувањето

Марија Зафировска Петрова Работиш? Каде? Што? Раскажи

Уставен Суд на РМ. Државен советник

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Мажена (среќно) две деца, керка и син

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Релативно задоволна од професионален план, но затоа презадоволна од приватниот зивот. Се надевам, со оглед на возраста, дека ке има време т а што ми е желба да го остварам во иднина

Јорданка Николовска

28

Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Дипломиран правник, самостоен струен соработник во ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје, а од скоро и со положен нотарски испит.

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Син 22 год и керка 20 години -апсолвенти.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Се што мислев, направив, а сакам уште многу, ако ми дозволи времето.


Лидија Поп Dyчева Работиш? Каде? Што? Раскажи!

ПОМЛАД СОРАБОТНИК-оти сум млада!!!!!! во Дирекција за заштита и спасување во Ѓевгелија

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Една ќерка (ама вредна) што е иста на мајка!!!!!!

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Ништо особено за јавноста, ама доволно за мене и моите блиски!!!!

Вера Радојкова Николовска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Стоматолошки факултетСкопје Ас.д-р сци Како и секоја постојана работа, колосек!

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

јас сум најубава женска во семејството, останатите тројца се м шки!

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

на прва ништо значајно не ми паѓа на памет, знам дека пари не направив, ако тоа е важно во животот!

Ева Кускоровска Ивановска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Работам да , по желба ја тренирам македонската репрезентазија ватерполо 

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Прекрасно семејство: Две најубави ангелчиња и едно тасманиско чудовиште (понекогаш личи и на Бернардинец) 

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Се извишив за 1 метро , ослабев 20 кила , направив лифтинг и се пријавив за мисс на Македонија, а единствена што сакам да направам е моето домашно милениче да го поклонам на некој ...Кандидати, јавете се !!  

29


30


31


32


ПЕТКА Класен Раководител – Војо Ристевски Број на матуранти – 29

33


Милан Dоневски Работиш? Каде? Што? Раскажи!

сопствена градежна фирма (занатски работи)

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

сопруга - ЛИЛЕ (професор по латински) керки: Ивана 24 г.- Ел. ИНГ вработена (свадба во јуни) Ирина 16 г.- 2 год. економско

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Владимир Dавчев Работиш? Каде? Шт ? Раскажи!

Филозофски Факултет. Редовен професор на Институтот за Родови студии. (Не примам ургенции, ниту мито!)

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Жена Мери (Корчагинска љубов). Деца две - машко и женско. Синот пред дипломирање, а ќерката 3 година во Корчагин.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Што направив до сега? Две деца, магистерска, докторат,три книги... Што не направив? Ке ви раскажам кога ке се видиме!

Соња Лукова Наумовска

34

Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Т.А СТЕЛА ТРАВЕЛСкопје,Македонија Менаџер по туризам / Управител

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

сопруг -Васко /син-Ивица 25год

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Детските соништа целосно реализирани. Половина од земјината топка помината - во моментов во припрема за обиколка на останатата :-)))


Dељо Кадиев Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Да. Во канцеларија.Адвокат.:-) По завршување на Правен факултет веднаш започнав со адвокатура и до денес тоа го работам.

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Женет,еден син веќе студент на Правен.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Направив многу од тоа што сакав. Солидна адвокатска фирма, завршив специјалистички студии во Европска академија за право во Триер и сум еден од двата адвокати од Македонија на листата на адвокати објавена на WEB страната на Меѓународниот Кривичен Суд во Хаг. Што не направив? Ќе знам кога ќе го направам.:-)

Венцислава – Вени Козаровска Нешовиќ Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Нотар Лазар Козаровски - брат ми Помошник Нотар Што да раскажам, работам во рудник, од јутра до сутра, ама најубавото нешто е што работам со луѓе, а јас како што знаете сум многу комуникативна персона.

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Имам маж ! хахахах, Две прекрасни ќерки , кои се моето сонце. За внуци ке почекате ! хахахах

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Досега направив баш се што мислев да направам до овие мои години. Што не направив ???? Не се кандидирав на изборите за претседател на државава ама на следните сигурно ќе се кандидирам и се надевам на Вашата подршка.

35


36


37


38


ШЕСТКА Класен Раководител – Славјанка Чадикова Број на матуранти – 29

39


Сашко Живков Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Техничка подршка во Кемофарм на повик, член на хуминитарна организација од Калифорнија Г.Х.О, се бавам со радиестезија во ПХД, соработник во осигурителната компанија ГРАВЕ....

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Жена Елизабета и син Игор

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Што и да направев во животот секогаш ми се чинеше дека не е доволно па продолжував понатаму и понатаму, па затоа сега сум активен во многу сегменти од животот!!!

Милорад Цајо Цаиќ

40

Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Агенција за Маркетинг&комуникации “Кворум&Цаиќ” ДООЕЛ Скопје

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Мирјана Цаиќ-сопруга и керка Ана Петрула Цаиќ

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Задоволен сум од животот иако не е сјаен!


Виктор Масторидис Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Моментално на привремена работа во странство, еве веќе повеќе од 20 години:-). Работам како учител по музика во НЛИС (North London International School). Исто така пишувам музички рецензии за разни радиа и вебзини (ББЦ Македонците и сл); компонирам музика која ја свирам со свои бендови или ја продавам на разни медијски компании (радио, ТВ, веб итн); давам часови по гитара, бузуки; се занимавам со веб-дизајн полупрофесионално

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Две жени и еден син:-) Се разведов од првата жена, Драгана со која го имаме синот Стефан (20) кој моментално живее во Холандија и со кого имаме одлични односи и се гледаме барем 3-5 пати годишно, летата ги поминуваме заедно. Сега веќе 4 години радосно оженет со Гинка (од Пловдив, Бг)

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

НАПРАВИВ: успеав да останам во музиката и да живеам од неа; успеав да ја развијам креативноста која ја носев, научив (компјутерски и др) техники како да ја снимам, запишувам и издавам. Успеав да останам во контакт со повеќето мои пријатели од средно училиште и воопшто од мојата младост во Ск; запознав феноменални луѓе кои ме збогатија како човек. НЕ УСПЕАВ (засега; работам на случајот:-): да купам куќа; да имам повеќе деца; да доаѓам почесто во ск; да се гледам повеќе со фамилијата и сите мои пријатели; да ја искристализам сликата за авторската музика која ја работам (што сакал авторот да каже? - да е појасно)

41


Виолета Андреевска Пановска

42

Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Завршив правен факултет, а најмалку тоа го сакав. Ме одбија од медицина заради четворката на Иван производна. Татко му на Сучко ,,ме заеба,,, со врски ме прими по завршен уписен рок на правен. На Иван производна тогаш му се лутев, денес му благодарам. А на професорот му се оддолжив со добар успех и поведение. ,,Статистика наша дика, што пожели то наслика,, - ете таму работам. Веќе 21 година креирам бројки по Европска методологија. Не се жалам, со бројките прошетав доста низ Европа...И така, It's me Lecler, државен службеник, канцелариски глушец АМА ДОБАР БЕ! Душа дал за експерименти!

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Жена немам...(освен една за чистење). Маж еден - и тој понекогаш ми е премногу. Деца - 2 височества кои МАШКИ се борат меѓусебе. Постојано. Дамјан и Иван - две сонца(со заби). Ги сакам бескрајно и безусловно колку и траги да остатаваат нивните заби на нашите уморни години. На моите и на годините на нашето височество со веќе бела брада - Михаил, читај сопруг.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Направив се што сакав, зашто не сакав ништо особено. Најтешки потези велат дека се оние наједноставните. Тогаш можам да кажам дека сум блиску до совршенство... Едноставна скромност нели? Сакам уште да милувам внуци, но едноставно верувам дека и тоа ќе ми се исполни...


43


44


45


46


СЕДМИЦА Класен Раководител – Вера Чапова Број на матуранти – 27

47


Dарко Ефтимовски Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Работам во АНИМА ДООЕЛСкопје; програмирање и монтажа на GPS уреди за сателитско следење на возила, и цртање на карти за истите

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Сопруга Елизабета (26 год брак) Ќерка Леа 24 год. и Син Емил 16 год.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Прекраток е просторот за пишување и за едното и за другото , во секој случај имам уште многу да направам, ама нели сум уште млад, животот е пред мене... се ќе биде како мора да биде

Андријана Вавриновиќ Сливоска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Државен Советник Во Државно Правобранителство На Република Македонија

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Мажена 2 Деца-Ќерки (15 и 12)

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Завршив правен факултет, се вработив по професија, се омажив, деца родив, значи ги исполнив сите задолженија што се очекуваа од мене. Не прошетав по светот што ми беше голема желба, а дали ќе го исполнам тоа ќе видиме што ќе донесе иднината

Елизабета Здравковска Поповска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Предавам физика во гимназијата “Орце Николов”

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Мажена, 2 ќерки, 21 и 14 години

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

48


Билјана Ставревска Спасова Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Јас сум дипл.правник ама не од тие што со лопата ги ринеш Спешл сум како и сите од наша генерација. Еднооо врееме бев адвокат, сега сум даночник на стенд бај

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Со време, додека бев млада зелена си се омажив за Аце. Син ми Бојан има 26 г, љуби га мајка, а ќерка ми Симона има 21 и е татина маза. Сакам внуциии и досаѓам !

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Што си сакам тоа си праам! Соништата ми се исполнуваат полека ама сигурно. Одамна ми се врти во глава една Ц4 па не е лошо тоа да го направам... да си ја купам, да не ја мислам веќе!

Елисавета Трајкова Таневска Работиш? Каде? Што? Раскажи!

QUEEN Language School, English teacher. 19 години, исто така преведувам итн.

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Две деца, ќерки, вдовица.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Имам споствено школо за јазици, но не го проширив бизнисот, но сум професионалец во работата.

Слободан Dимов Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Моментално не работам. Студент сум (сеуште) 

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци? Што направив досега? Што не направив, а сакав?

49


Весна Дарковска Бузалковска

50

Работиш? Каде? Што? Раскажи!

Работам во моето мало школо за странски јазици - предавам англиски јазик.

Семејство? Жена, Маж, Деца? Внуци?

Маж и еден син, Мартин, 19год.

Што направив досега? Што не направив, а сакав?

Сакав да направам многу пари ама .....


Memory Book