Issuu on Google+

E LE ME NT I

Marg aritaIvano va


Igra




Се оддалечив себеси од патиштата на обичните смртници Мислите ми се сојузници го загубив чувството дека можеби не би можела повторно да се вратам.

Дали барам нешто свето? Или можеби само учам?




Momenti 


Јавај на неизбежниот ветер Вивни се до сините и сиви облаци Види го крајот на хоризонтот И богатството кое е заробено во измаглицата Допри ги нежно полињата на виножитото Застани мирно да го чуеше ритамот од грмотевиците на измешаните издробени одговори фрлени нагоре кон треперливите нестрпливи срца Испиј ја на глас водата од животот Впиј ги боите од земјата и морето Откини ги моментите и сеќавањата И отфрли ја сета болка Спиј како во самракот на детството Сонувај најсилни бури на љубов И задржи ги со часови слаткиот здив и сегашноста која ја однесе во вечноста




Vremeto 


Зрнцата на времето Ни поминуваат низ прстите, Ни ја горат кожата Ни ги осветлуваат коските Не прават слепи За она што вистински е битно Не прават да брзаме Кон некорисното А потоа остануваме без него А постои место Кое не спие И каде што би сакала да појдам Знам Ќе пробам да се залепам себе си одвнатре Вдиши, издиши…..а потоа Почувствувај го животот Така некако одеше реченицата Со која треба да го застанам времето




Zvukot




Твојот Звук … Тоа се сите звуци заедно Или посебно Или во комбинација А понекогаш ниеден од нив Како во темна мирна ноќ кога звук воопшто и не постои.

прави ангелот кога ја води душата да одмори Твојот звук … Тоа се сите звуци заедно Или посебно Или во комбинација А понекогаш ниеден од нив

…тоа е звук на мало маче кое легнува на перница од пердуви Лист хартија кој плови наваму натаму а потоа паѓа на земјата со грациозно лизгање Тоа е ветер низ пајакова мрежа Долга свилена коса која се вее на ветрот . . .твојот звук не е само тишина, тој е дискреција која се крие на отворено …здивот на бебето кое спие Солза на радост која протекува по црвените образи …твојот звук е момент помеѓу сонот и свеста Нејасен и без мисли, но во исто време преполн со ветувања Звукот на соништата кога би било можно да ги чуеме кога сме будни Твојот звук е звукот кој го




Vo boja 


. . .Порано Прашував за патот до новиот свет И се ми беше сон, каде што се наоѓав себе си На сцена, неподготвена, неспособна да ги запаметам зборовите кои треба да ги одглумам Гола, Сите очи вперени во мене А јас изгубена, збунета, преплашена Не можев да се сетам како изгледаше чувството Кога не си го чувтствуваш срцето Ниту пак кога си преплашен дека одбива да се смири И чувствував дека сум Помеѓу некои изместени претстави И неспокојно спиење И тоа толку не личеше на мене. Плачев Кога никој не ме гледаше Ниту слушаше Набрзина бришејќи ги доказите На моите емоции Пакувајќи ги некаде Длабоко во мене

Не му дозволував на светот да наѕре внатре . . . Денес И еве го Бело е Но белото не е некоја боја Белузлаво е И еве ме Позади……. Кога сум сина Се наѕирам Кога сум црвена Имам јаки сенки Кога сум црна….. Го обземам белузлавото Станува…..нешто без форма И пак се враќам Да бидам сина И Црвена Тогаш сум најјака.

10


Fraktali 11


Предизвикај ги малите невозможности Кои се обидуваат да не’ поседуваат Со нивната застаната монотонија Илузија е секој Реален вид На реалноста Осети ги неопипливите Вибрации на светлината Која пулсира одвнатре

Тековите на Брзите животи, канализирани Во својот пат Се чини се излеваат И се кријат позади Нестрастна нежност, но Ниеден зид Не е понепробоен Од накитено его Посматрај. . .

12


Univerzumot

13


Ги поминав границите На мојата душа Темницата се измеша Со светлината и И ја фрли својата сенка Врз бедата Ја изеде Ја поклопи Оставајќи само Безбоен пепел И како што восочната ноќ Навлегува во моето постоење Така ги чувствувам Моите мислите во висините на темницата Во средината на Небеската магија На панорамата на Универзумот Се чувствувам Родена без раѓање Ги осознав моите права Го направив мојот избор Ја осетив мојата слобода Се движам во просторот Знам Сочувствувам за сите Верувам Создавам

14


...od Sonceto

15


Дар извајан од земја, нежно сместен, како гарденија што цвета, дете кое се среќава со непријателот припиено во сигурен скут, слатко чувство измешано со очај, создавајќи живот во нијанси, зрак на животно светло, оставајќи ги латиците кои се плетат од земјата, исто како што јас оставам тивки траги на моето постоење. Мајка на Светот, Жена бакната од Сонцето, сладострасна дури и во темница, Ја носам покорноста и силата, продолжувам и се обидувам да ги диктирам моите движења и паѓам за да си го заробам моето битие. А ти, Другата Јас, Со стигматичен строј на внатрешна креативност. Презафатена си во обидите да бидеш Јас, и не ме гледаш. Ти, Другата Јас осети го ритамот на моето биење. Престани во обидот да го нишаш мојот ум со твојот бич, затоа што јас имам многу Срца, по едно за секого и бакнеж од Сонцето 16


Samosozdavawe 17


Дали си подготвен Да исчезнеш? Како телото на Исус да се стопиш на површината да се претвориш во верба? Дали мислиш дека ќе се вратиш Да се почувствуваш себе си? Нив? Дали мислиш дека ќе пораснеш повторно? Подготвен ли си повторно да се распространиш? Дали ова што Си сега било во тебе и пред да бидеш Или станало Ти додека Си сега, овде? Дали ова што Си сега Ќе го паметиш кога ќе станеш Ти утре?

18


Let 19


Како душата да ми е отсликана на облак А времето да се вратило набрзина низ годините Во оние неодредени моменти од мојата младост Беше тоа време на летање Украдени моменти на слободен ум Искушенија завиткани во копрена Таму каде што имагинацијата не познаваше граници И каде што мислите се испреплетуваа Но како се вртеа страниците на мојот живот Летот стануваше пореален Посигурен, похармоничен Меѓу соништата одамна одсонувани Каде се споивме во едно И ја отклучивме вратата на космосот А таму, не чекаше мудроста За да ни покаже каде се одговорите Пребарај тивко во моето Јас Што седи спокојно до изворот на животот И ќе најдеш долг пат Кој води до твоето Јас

20


Denov 21


Уште еден ден е при крај Изгубена во мојот свет на мислите за она што поминало и за она што не се случило за она што треба да го направам утре за она.... за сите нешта кои ми го крадат денот за сите мисли.... Фатена во сопствената пајажина ги плетам мислите за утре, им ја мерам тежината, им ја мерам длабочината, Бранови ми удираат низ главата Утре.....утре ќе им најдам место, и ќе ги смирам Утре....е нов ден.

22


Magija 23


Ги кренав рацете кон небото Го прекрив Сонцето Го потонав светот во самрак

Ја затегнав пајажината Осветлена од месечината Ја згуснав водата

Ги превртев облаците Ги сместив во пустината А морињата ги качив на небото

Ги преместив шумите Ги испразнив реките Ожеднев

Утре, ќе бидам можеби исцрпена Но сега, во ноќва, Сонувам и плетам магија 24


Pesna

25


Напиши ми песна, се мазеше. Незнаев дали ќе знам. Зборовите ми се играчки Ми се вртат низ главава Како оние шарените стакленца од калеидоскоп И секој пат имам друга слика во очите кога ќе замижам. Но, постојат во нас некои длабочини кои не можеме да ги искажеме, Постојат во нас некои работи кои не се преведуваат во зборови Не знам.... Напиши ми песна, ме молеше А јас незнаев дали ќе знам. Лесно беше да се осети, Незнаев дали ќе знам да го покажам.

26


Zbor 27


Еднаш, Многу одамна Во магливото минато Пред брзиот ветер Покрај ладните води Пред разгорениот огин На цврстата земја Збор беше изговорен Но мислата беше загубена А оние кои ја бараа Неа… . . . мислата… Бараа на погрешно место Во старите јазици Во прашливите книги Во карпите издлабени Зборот не беше тамо А тој, зборот . . . Ветрот го оддувал Огнот го голтнал Водата го однела Земјата го запаметила

Не го прашаа небото Не ја прашаа земјата Не го прашаа срцето И тој..зборот Остана загубен засекогаш

А за оние кои ќе прашаат Ќе го слушнат Како ја шепоти Својата молитва Да биде најден И оттогаш… И времето го загубивме Некаде попат И сега каскаме Денес е Вчера А Утре ќе биде Денес И пропуштивме Многу изгрејсонца Некои работи не се запишани во книгите

И тој преживеал Но оние кои ја бараа Моќта на зборот

28


Reciklirawe 29


Рециклирајќи го ВЧЕРА Месечината го создаваше ДЕНЕС

Помеѓу гужвата од СЕНКИ Темнина ја обви Земјата на момент Месечината заглави. . . . ВЧЕРА одбиваше да си замине Месечината се обиде да го осветли Сенките станаа погусти Светлоста остана тамо некаде . . .Заспа Си гледаше внатре, во очите Под капаците. . . Слики во боја се претопуваа во облици не сите пропознатливи Какви бои! Кој ли ги црташе? Од каде ли дојдоа? Од овде до НИКАДЕ Имаше патека Свилена и светкава Со милион стапалки на неа Сите исти. . . На два чекори понапред Дождот ги измил трагите На тревата кристални капки Се предаде.

30


V od ovoj vek

31


Во секој мој прст има друга жена. Влакната на мојата коса припаѓаат на некој друга. А нивните краеви се поделени од нивната долга историја. Понекогаш, нозете ме носат тамо кај што сакала да оди А, и каде што Б сонуваше да оди во долгите ноќи во замокот. А јас сум В во овој век. Кога зборувам, слушам хармонија која не ја разбирам Ме преплавуваат други дами. Нивните животи течат низ моите вени нивните приказни излегуваат од мојата уста и се враќаат да преспијат навечер. Ако ме допреш на грбот, ја допираш Б, која никогаш не ги осетила прстите на својот крал така нежно. Ако ми забраниш да му се радувам на денот, ја затвораш А со своите мисли, сеќавајќи се деновите поминати во самотија. Ако ме однесеш покрај водата, ме носиш мене, В од овој век, која се прашува колку ли А и Б му се замериле на Господа што ме одвоил од водата. 32


Koj da znae

33


Светот е преполн со мистерии Адвокатот може да биде бумбар А бумбарот адвокат Генералот некој кој ја крие човечката вистина Војникот татко кој никогаш го немал Љубовникот син или невидлива душа Месечината чипка Приказната замка Човекот дух Духот некој Цветот симбол Вистината лага Свештеникот ѓавол Цртежите пријатели Свеќата недостаток на светло Парфемот смрдеа на рушевини А пукнатините отвори кон иднината Погледот товар на минатото Ѕидот зрак на надеж Каменот неизречена поема Говорот капки од вода Патувањето одмор Одморот патување Домот затвор Кругот амајлија Одбивањето одобрување . . Светот е… 34


V~era nikoga{ ne dojde

35


Јас... сум песочен часовник кој го гушка времето, избегана од секојдневието Јас. . . еве сум во далечините на светлината меѓу замаглениот воздух, низ кој едвај се наѕирам Јас... сум насмевка и смиреност, надеж за иднина Јас... сум спомен, на кој што самата му бев лојална Јас... сум прекривка од нежност, но премногу мала за да го опфатам целото Јас... сум врата за која знаев дека не смеам да ја оставам отворена Јас... сфатив дека со мојот избор не избрав само среќа Јас... сум рамка за слика која сеуште прифаќа спомени Јас... се обидувам да ја завршам секоја незавршена реченица Јас... сум раката која ја допрев засекогаш еднаш..одамна, чекајќи го вчера... ...а тоа никогаш не дојде. 36


[iva~ot i Konecot 37


Ако животот е повеќе од Серија на неповрзани случки Тогаш кој е шивачот А што е конецот

А сепак, секој од нас Сам ги одбира боите на конецот Секој од нас

Понекогаш бараме Но не наоѓаме Понекогаш гледаме Но не регистрираме Понекогаш прашуваме Но не постои одговор За оваа голема замрсеност

Сам го одбира везот со конецот

Некој вели тоа е судбина Некој го нарекува карма Но јас мислам дека ние имаме поголемо влијание Отколку што веруваме Ако застанеш доволно далеку Полесно ќе ја видиш таписеријата И со секоја извлечена игла Сцената е покомплетна

Каков конец ќе користиш конец цврст и светол? Дали ќе биде тоа конец Кој јасно го прикажува животот? Или пак ќе превземеш поголем ризик И ќе му го дадеш конецот На некој друг Дозволувајќи му Да го извезе твојот живот Што и да одбереш Какви и да се последиците Изборот е Твој А секој избор има своја цена

38


Budewe 39


Се разбудив држејќи плаво парче од Сон. Сеуште лежев пред првиот збор на денот да го рашири своето значење пред светот. Му дозволив на утрото да врне, си дозволив да бидам она што сум. И на бледото светло со боја на камен, повторно се јавија сите ветувања од мојот живот, обвиткувајќи ме како свила, како дождот на прозорецот. А сонот, сега веќе оладен, одлета. Сите спијат. Се е тивко. А јас ги отворив очите, го подигнав светот, го отворив универзумот.

40


Jas

41


Ако изчезнам, ако направам место Ќе бидам ли некаде ставена? Дали ќе биде тоа некакво “конзервирање“? Дали моето “јас“ Ќе биде закачено некаде физички И ќе ми дозволува да гледам И да бидам ЈАС? Ќе имам ли брзина и маса? или ќе се појавам како нешто друго што личи на гас? А ако изчезнам без глас И ако не оставам ништо да биде најдено Што ќе се случи со сеќавањата На оние кои знаеле дека сум постоела? Дали и тие накрај ќе го заборават без намера или жалење Последното од МЕНЕ?

42


Promenliva 43


Јас сум менувач на облици, јас сум променлива Јас сум било што, јас сум се’ Јас сум море, јас сум и небо Можам да ги дишам солзите од твоето око Јас сум твојата река, јас сум поле Јас сум внатрешноста на тајната што неможеш да ја украдеш Јас сум менувач на облици, јас сум променлива Јас сум било што, јас сум се’ Јас сум во твоите сништа, ја чувствувам твојата болка Јас сум во твоите мисли, ја разлевам твојата среќа Јас сум крвта што тече во твоите вени Јас сум на Месечината, Јас сум љубов и тага На оваа Земја, живеам вчера и денес Јас сум менувач на облици, јас сум променлива Јас сум било што, јас сум се’ Јас сум јас, иако би можела да бидам и ти Јас сум менувач на облици, и само поминувам оттука 44


Samo se obiduvam 45


Не зафаќам многу место Воопшто не И се помалку и помалку место ми треба, Но, Јас сакам Да зафатам повеќе простор Да бидам простор Да се размрдам Да ги испружам рацете Да истуркам се околу мене Но за тоа, За да се преместам Да си го извртам телово Да си ја извртам личноста И да станам суштина За тоа… Треба храброст. Дали Сум Јас Храбра? 46


Jas ne sum...

47


Јас не сум ништо друго Само сонувач Верувач во звезди кои паѓаат Со розеви наочари Што ми го разубавуваат погледот Кога ја вртам следната страница Јас не сум ништо друго Само обичен поминувач Никој особен Кој си поставува прашања И си го полни умот со прашања кои ги коваат шувствата Јас не сум ништо друго Само едно обично дете Невино, немирно, Дете кои оди низ животот Без борби и страв Јас не сум ништо друго Само она што сум Обиди се Да не ме менуваш

48


Neodgovoreni pra{awa

49


Шетам низ полињата на твојот мозок Живеам во прашањата од твојот ум Летам низ вечните облаци на мислите Паѓам со капките од дождот Јас сум секое неодговорено прашање Се хранам од жарот на љубовта Ја пијам течноста од твоите солзи Ги делам твоите надежи и страв Го чекам предизвикот од твоите прашања Јас сум секое неодговорено прашање

50


Vlezi vo sistemot

51


Да. Ти треба предизвик. Успех. Во тоа лежи твојата самодоверба. Не наоѓаш спас таму каде што си. Зарем не гледаш? Сите бараат некакво исполнение А среќата е овде. Но и ти МОРА да бидеш овде. Тоа што го правиш ти е нематеријално Нема разлика во нашите дела Ние сме процес. А тој процес се вика среќа. Влези во системот. Ние сме системот. Внеси ја лозинката за да ми се придружиш.

52


Maski 53


Одбери маска за денес Одбери некоја друга за утре Различен украс, нов израз А сите површни, само колку за импресија Каков што е и животот Маскирана забава Безбројни ликови Кои времето ги брише Сите скриени и сместени да прикажат Дека се безстрашни Празни насмевки, подли зборови Желби, љубов – шеми за подлости Мажи и жени кои се клатат на музиката А вистинските НИВ заглавени во песочните дуни Ја играат играта, ги пеат песните Си играат криенка Со Него, со Неа, со Себе А реалноста ја чуваат Заклучена некаде длабоко во себе На сигурно За никој да не примети Дека ја изгубиле трката

54


Galerija

55


Шетајќи низ

лавиринтот на тивки ликови, Зјапам во нив, Додека тие продираат во мојата душата со своите семожни очи, Откривајќи работи кои вообичаено не ги удостојувам дека постојат. Ми влагаат во мислите Се воодушевувам на убавината на луѓето кои ме одминуваат. Но неможам да ги допрам, ниту со раце Ниту со моите мисли Ниту пак со моите зборови, Тоа ме смирува. Тие се за мене само ликови Кои седат треперливо, со мирнотија Го барам магичниот збор, фразата, говорот Кој ќе им даде живот Движење . . . Не ме плашат Не ми е страв Затоа што Стравот е незнаење облечено во својата најдобра облека Стравот е звукот на тивкото липање Стравот е отсуство на вистина и сочувство

56


Стравот е заѕидан со слојот на сопствениот сомнеж Стравот е само збор кој треба да се смени Стравот е ограничен Вербата го манипулира Милостта го покорува А надежта лежи некаде од другата страна Спремна да ја прегрне Бесконечната животна добрина на овие ликови Во мојава Галерија

57


58


Jas povtorno 59


говорникот во мојот ум што ме мотивира се расфрла не прекинува да говори но, дава смисол, прави промена да верувам дека можам повеќе дека сум повеќе и со четката од зборови да ја допрам вистината да додадам и бои некои светли и ретки бои во мали нијанси и сенки и да ги врамам во очите на читателот да извајам мисли до дијамантска перфекција и да се обидам да внесам ново сфаќање за овој неперфектен свет

60


Mo`am da bidam

61


Неможеш да ги удавиш моите мисли во морето Бидејќи, ЈАС СУМ ВОДА Неможеш да ги закопаш моите соништа под земјата, Бидејќи, ЈАС СУМ ЗЕМЈА Неможеш да направиш ништо што ќе ме остави без воздух, Бидејќи, ЈАС СУМ ВОЗДУХ Неможеш да ме ослепиш со Сонцето, Бидејќи, ЈАС СУМ СОНЦЕ. Би можела да бидам и петтиот елемент, само кога би знаела како. Би можела и да летам, само кога би ми го вратил небото. Ти само викни ме, а јас ќе бидам СЕ’ што ќе посакаш.

62


Vo ti{inata

63


Со нејзината главичка на моето рамо, мојата внука спие. Во тишината ја држам, а таа спие Мојот образ е на нејзиното чело Јас сум како виолинист кој го оставил настрана своето гудало И стои мирно преплавен со сопствената музика.

64


Maestro.....muzika! 65


Во кафуле покрај прозорецот замаглен од дождот надвор Јас и Мене Седиме Сами сме со нашите мисли Од вчера се сменив пораснав Маестро....Музика!!!

66


Ne se otka`uvaj 67


Тогаш кога ќе успееш да веруваш дека ќе успееш Тогаш кога ќе успееш да се определиш каде ќе пловиш и покрај брановите и немирното море Тогаш кога мислиш дека животот те става на искушение Застани и викни: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ! Внеси живот во животот затоа што животот е можност можност да научиш можност да љубиш можност да почнеш од почеток Тогаш кога мислиш дека си исправен пред нерешлив проблем Тогаш кога мислиш дека твоите мечти никогаш и не постоеле и покрај големите од��онувани соништа Тогаш кога ќе успееш да ги најдеш емоциите некаде длабоко закопани Застани и викни: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ Внеси живот во животот затоа што ти си можеби поразличен од останатите поинаку учиш поинаку љубиш затоа што ти си свој само со ветер во тебе. Затоа пушти го ветрот, нека дува во тебе и колку повеќе даваш отпор, толку повеќе сила собираш и тогаш застани и викни: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМ! 68


Vistinata

69


Вистината! Што е Вистината? И дали ја има? Ако ја има, каде е доказот? Дали е тоа нешто што се открива? Дали го следи величествениот божествен приказ? И дали Вистината останува иста низ времето? Постои ли Вистина и во овие редови? Дали е релативна, или е само во нашиот ум? Или пак, дали е во објективноста на она што го наоѓаме? Дали е тоа Веритас која Пилате ја изговарал? Или непознатите форми кој Сократ ги изрекол? Вистината, што е Вистината? Може ли да се најде? Дали можеби останува скриена во светот на лагите? Тајните ги закопуваме и колку подлабоко копаме Наидуваме на темнината од непознатото Што ни ги обвиткува мислите и создава забуни. Дали вистината некогаш ќе се претвори во звук?

70


Beskrajna

71


Na majka mi... koja denovive e nevoobi~aeno ~esto prisutna vo moite misli i moite soni{ta 15 Septemvri, 2006 - 08:52

Велат дека Бог ги краде само чистите души Велат дека танцуваш со ангелите Велат дека сега си насекаде Јас велам дека кога замина се замрзна Јас велам дека душата не ти е под земјата Јас велам дека твоето срце чука во моето Јас велам дека твојата крв тече во мене Велат дека моето плачење ти го отежнува заминувањето Велат дека моето тагување те држи заробена Велат дека молењето ги чисти гревовите Велат дека Бог те подмладил Јас велам дека голтањето на солзите ми ги посолува чувствата Јас велам дека плачењето ми ја омекнува напнатоста Јас велам дека секој ден те гледам во очите на ќерка ми Јас знам дека твоите знаци и пораки кои ми ги испраќаш Ме водат низ животов Јас знам дека кога ми доаѓаш на сон Го живееш и мојот живот. 72



ЕЛЕМЕНТИ