Page 1

Универзитет „Св. Кирил и Методиј” Архитектонски факултет, Скопје

Баткоски Марио

тема : СОВРЕМЕНИ ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТИ

наслов: ВИНАРСКА ВИЗБА СО ДОДАТНА ПРОГРАМА ВО АКТИВНО ЛОЗАРСКО ПОДРАЧЈЕ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

магистерски труд -теоретски дел - истражување-

Ментор: доц. д-р Александар Радевски

Скопје, 2014


МЕНТОР: доц. д-р Александар Радевски

КОМИСИЈА:

Претседател: проф. д-р Минас Бакалчев

Член: проф. д-р Косто Мангаровски

Член: проф. д-р Владимир Арсовски

Датум на одбрана:________________________________________________________


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |1

АПСТРАКТ Науката и уметноста во денешни услови донесуваат заклучоци врз кои се темели севкупното човечко општење. Неоспорлив е фактот дека дваесетиот век за напредокот на човекот е од суштинско значење. Индустријализацијата е најважниот елемент поради кој минатиот век ги добива неговите главни епитети. Дали во позитивна или негативна смисла? Одговорот на таквото прашање би го оставиле на оние кои се занимаваат со таквата проблматика. Се смета дека промените кај човештвото случени во периодот на индустриската ера се еднакво големи како сите достигнувања од каменото време па се до тогаш. Развојот на нови дотогаш непознати алатки за човекот воведува еден нов правец на начинот на живеење. Промени во социјалниот, во политичкиот, во културниот живот, во уметноста, во науката и најважно од се промена на светогледот кај обичниот човек. Се прашуваме како е поврзана индустријализацијата со конкретната тема. Експанзијата на новите технологии, носи експанзија во производството, а од таму нараснување и на човечките апетити. Индустријата е главната гранка врз која се темели економскиот развој и производсвото на човекот. Архитектурата на индустријата е таа која мора да почне да се носи со новите предизвици кои ги нуди техничко-технолошкиот раст. Темата на овој магистерски труд е истражување за проблематиката на спојот меѓу архитектурата и виното и давање соодветни одговори на некои прашања преку проект за современ индустриски објект со функција винарија. Како и сите други индустрии и оваа својот врв го достигнува во изминатиот век, поточно кон крајот на минатиот и почетокот на векот кој го живееме. Разликата помеѓу винарството и другите индустрии е лесно согледлива. Покрај бумот на дваесетиот век и понудата на многу нови можности поради развојот на технологијата, винарството своите најдлабоки искуства и мајсторства ги влече од многу подалечни минати временски периоди. Архитектурата на виното ги користи ваквите искуства за свои цели креирајќи простори со функционален но и естетски квалитет. Ваквиот факт е добро презентиран во понатамошниот текст кој се состои од пет поглавја во кои најпрво ке се осврнеме на историскиот развој на конкретната гранка, преку теоретско-аналитички дел во кои ке се објаснат типовите на винарии за во наредното поглавје истот да биде појаснето преку референтни примери. Наредната глава ке биде поврзана со локацијата во поширока но и потесна смисла на зборот со сите контекстуално зададени услови. Последното поглавје ке биде поврзано со проблемското подрачје, односно со технолошкиот процес на прозиводство на виното објаснет преку архитектонскиот проект кој во суштина е целта на истражувањето.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |2

Клучни поими: 1.Винарија – производствен капацитет (објект) за преработка на грозје и производство на вино. 2.Индустрија – економска активност поврзана со процес на обработка на сурови материјали и производство на добра во фабрики. 3.Симетрија – еквивалентна пропорција врз база на централна оска кој ги раздвојува споредените елементи. 4.Традиција – пренесување на верувања и обичаи од генерација на генерација во една група на луѓе. 5.Пејзаж – Атмосфера. Најчесто рурална сцена прикажана во уметноста.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |3

СОДРЖИНА ВОВЕД............................................................................................................................................6

1. ИСТОРИСКА АНАЛИЗА (Историски развој на производството на вино)...................9 1.1. ПРЕДИСТОРИЈА........................................................................................................10 1.2. АНТИКА....................................................................................................................10 1.2.1. Египет..........................................................................................................10 1.2.2. Феникија.......................................................................................................11 1.2.3. Стара Грција..................................................................................................11 1.2.4. Стар Рим........................................................................................................12 1.3. ВИНАРСТВО ВО СРЕДНОВЕКОВЕН ПЕРИОД...........................................................13 1.4. ВИНАРСТВО ВО МОДЕРНИОТ ПЕРИОД..................................................................14 2. ТЕОРЕТСКА АНАЛИЗА (Винарска визба како индустриски објект)..........................15 2.1. ТИПОВИ НА ВИНАРСКИ ВИЗБИ...............................................................................15 2.1.1. Винарски визби според начин на изградба.................................................15 2.1.2. Винарски визби според намена....................................................................17 2.2. РЕФЕРНТНИ ПРИМЕРИ (анализа на изведени винарски визби..........................18 2.2.1 Винарија Адега Маиор, Кампо Маиор, Португалија (Adega Mayor Winery, Campo Mayor, Portugal) – Алваро Сиза (Alvaro Siza) – 2006 година...............................................................20 2.2.2. Винарија Бел-Лок, Палмос, Гирона, Шпанија (Bell-Lloc Winery, Palmos, Girona,Spain) – РЦР Архитекти (RCR Architects) – 2007 година .....................................................21 2.2.3. Хотел Лоизиум, Лангенлоис, Австрија – (Loisium Hotel, Langenlois, Austria) – Стивен Хол (Steven Holl) 2001-2005 година............................................................23 2.2.4. Винарија Фаустино, Кастиља и Леон, Шпанија (Faustino, Katilja and leon, Spain) –

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |4

Фостер + Партнерите (Foster + Partners) – 2007 година........................................26 2.2.5. Винарија Доминус, Долина Напа, Калифорнија (Dominus, Napa Valley, California) – Херцог и де Мурон (Hercog & de Meuron) – 1995-1998 година.......................28

3. АНАЛИЗА НА ЛОКАЦИЈАТА .........................................................................................30 3.1. УСЛОВИ НА ЛОКАЦИЈА (ОПШТО)...........................................................................30 3.1.1. Услови на поширок план (регион)................................................................30 3.1.2. Услови на потесен план (месност)................................................................31 3.2. ПОШИРОК ПЛАН – ВЕВЧАНИ .................................................................................32 3.2.1. Историски осврт, демографија, култура - Вевчани ..................................33 3.2.2. Архитектура – Вевчани................................................................................34 3.2.3. Агрикултура – Вевчани................................................................................38 3.2.4. Виногорје – Вевчани....................................................................................39 3.3. ПОТЕСЕН ПЛАН – месност КОРЕА/СУВО ПОЛЕ.....................................................40

4. АНАЛИЗА НА КОНКРЕТНО ПРОБЛЕМСКО ПОДРАЧЈЕ.................................................44 4.1 ПРОИЗВОДСТВО НА ВИНО .......................................................................................44 4.1.1 Процес – од суровина до готов производ.....................................................44 4.1.2 Поважни постапки при процесот на производство на вино ....................45 4.2 НЕКОИ ПОВАЖНИ ТЕХНОЛОШКИ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ВИЗБАТА.....................................................................................................47 4.2.1 Технолошки услови ........................................................................................48 4.2.2 Техничко-градежни услови ............................................................................48 4.3. ПРОСТОРИИ НА ВИНАРСКАТА ВИЗБА.....................................................................49 4.3.1. Главни простории ..........................................................................................49 4.3.2 Помошни простории ......................................................................................51

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |5

5.АНАЛИЗА НА ПРОЕКТ........................................................................................................54 5.1. КОНЦЕПТ – ГЕНЕЗА НА ФОРМА...............................................................................54 5.1.1. Примарни согледувања на општите услови на локацијата......................54 5.1.2. Референтен пример – Вила Ротонда ( Андреа Паладио ).........................57 5.1.3. Генеза на форма / варијации / финална форма..........................................59 5.2. ПРОГРАМА – ПРОГРАМСКА РАСПРЕДЕЛБА.............................................................62 5.3. ПРИСТАПИ И ДВИЖЕЊЕ...........................................................................................66 5.4. КОНСТРУКЦИЈА И МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА.................................................................69 ЗАКЛУЧОК....................................................................................................................................72 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА..........................................................................................................73 ИНТЕРНЕТ СТРАНИ......................................................................................................................74 ИЛУСТРАЦИИ..............................................................................................................................75

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |6

ВОВЕД Воведот во комплетната проблематика која ќе биде опфатена во ова истражување е клучен за појаснувањето од каде и како проникна идејата за обработка на една ваква тема од моја страна. Најдобриот начин за успешно насочување кон она што сакам да го прикажам во следните испишани страни е еден извадок од книга. Проектирањето на индустриските објекти за архитектот можеби и нема некоја посебна традиција , но сепак не може да се каже дека и воопшто не постои. Во периодот кога од манифактурно се преминувало на индустриско производство, започнува интензивна изградба на индустриски објекти. Во тие рани почетоци на индустријализацијата се сметало дека архитектонскиот објект служи само за заштита на машинскиот парк од атмосферски влијанија, па поради тоа архитекти некогаш и не биле повикувани за изградбата на самиот објект.1 Анализирајќи го извадокот, ниеден архитект не останува рамнодушен.Дали најпрво индустриските објекти не влечат корени од занаетчиските просторни потреби? Дали функционалноста не треба да и отстапи барем малку простор на естетиката? Дали архитектурата не влијае на квалитетот и кванититетот на индустрискиот производ? Дали архитектурата е директно повикана да одговори на оваа проблематика? Поставуваќи го овој низ на прашања доаѓаме до најразлични заклучоци и даваме одговор само на последното прашање. Одговорот на тоа прашање ке биде изложен во сите поглавја во понатамошното четиво, преку примерот за индустриски објект винарија, но и преку истражувањето на истористките и теоретски услови за проблемското продрачје, за локацијата, за технологијата и др. Големо значење во проблематиката на проектирањето и изградбата на индустриските работни простори се додава и тоа што секоја проектна програма, секое конкретно зададено производство, со себе повлекува обработка на голем број на функционални проблеми кои често и не се така достапни за архитектот. Основните елементи на архитектонската композиција на индустрискиот објект не можат да бидат така лесно доживеани кај архитектот, како што тој ги доживува при сретнување со останатите архитектонски проблеми кај објектите со друга намена – стан, образование, театар, администрација, болница, продавница кои ги има, сакал или не, доживеано, и во нив активно или пасивно учествувано. Како резултат на севкупната проблематика која произлегува од самиот процес на индустриски објекти, неминовно е детално разгедување и пристапување како на самата архитектонска 1

Vojislav Damjanovic, Industrijski kompleksi I zgrade, cetvrto dopunjeno izdanje, (Beograd:Građevinska

knjiga, 1990) 23.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |7

форма и конструкција, така уште повеќе во самиот процес на конкретното производство во тој објект, студирање на задачите и проблемите кои произлегуваат при патот од суровина до готов или полуготов производ, како и запознавање со соодветниот простор и машински парк.2 Она што е карактеристично и вредно за коментар во претходниот извадок е прашањето на функционалноста. Дали е невозможно едновремено архитектот проектирајќи индустриски објект да оформи функционален, но и квалитетен архитектонско-естетски простор? Од друга страна дали придавката архитектонски воопшто треба да ја поврзуваме само со естетиката или можеби треба да ја согледаме како комбинација или пак цел на два пооделни квалитета, а тоа се рационалноста и убавината? Повторно одговорот на поставените прашања ке биде разјаснет во истражувањето кое следи, но сепак преку неколку реченици да се согледаат суштинските цели на претходно поставните загатки. Индустријализацијата, индустрискиот развој, технолошкиот развој, машинската револуција и многу други остануваат да бидат термини претходници на современото производство во кое на голема врата навлегува и електорниката и роботиката. Она што е важно кај новите индустрии е тоа што тие нудат поголеми можности во однос на систематизацијата и поставувањето на машинските и електоронските погони во просторот. Па од таму архитектурата на индустријата станува поослободена од функционалноста како основна потреба на производството. Архитектите на денешната сцена во голема мера и низ многу примери ни докажуваат дека специфичната архитектура дизјанирана за индустријата може во многу што да се пофали. Најпрво тргнувајќи од функционалноста и рационалноста, преку квалитетните архитектонски простори па се до економичноста при изведувањето на објектите, што за архитектурата се базичните елементи за суштинска оценка на истата. Темата што сега нас ни е од примарно значење и тоа како може да стане добар пример како новите индустриски капацитет можат да бидат добри репрезенти на современа и квалитетна архитектура. Како што и кај поголемиот дел од индустриски капацитети така и кај винариите, како едни од нив, се случија значајни промени кои покренаа реперкусии на целосната традиционална слика на винарската визба. Архитектите имаа за предизвик да се обмисли винаријата како храбар современ израз на традицијата и иновацијата, земјоделството и технологијата, производството и угостителство. Голем дел од градбите ги соединуваат сите овие елементи заедно во органска целина, исто како винарите што сортираат грозје од различни целини за да се постигне баланс во финалниот производ. 2

Vojislav Damjanovic, op.cit., 29.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |8

Во ова истражување јас би се обидел да предложам проект на модерна винарска визба, како еден склоп заедно со угостителско-трговски капацитети, преку кој ке може приближно да се доловат горенаведените елементи како една органска целина. Предложената локација, Вевчани, која се наоѓа во Охридското виногорје, ги задоволува условите и потребите за овој проект, во поглед на климатските и географските услови, како и постоечката суровинаска база, плантажите со лозови насади, но и поради долгогодишната традиција и негувањето на винарството како научна дисциплина.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и |9

1. ИСТОРИСКА АНАЛИЗА (Историски развој на производството на вино) Историјата на виното се протега илјадници години во минатото и скоро се поклопува со историјата на агрикултурата и западната цивилизација. Гледано наназад, најраниот доказ за ферментиран пијалок базиран на грозје е пронајден во Кина околу 7000год.п.н.е. Исто така, докази се пронајдени, за краток временски период и на Блискиот Исток. Виното од грозје, произведено со ферментација на гроздовиот сок било многу важно за Месопотамија, Израел и Египет и суштински елементи од Феникиската, Грчката и Римската цивилизација. Многу од главните вински региони од Западна Европа и Медитеранот биле, примарно етаблирани во текот на антиката. Винопроизведувачката технологија во голема мера е подобрена во текот на Римската Империја: биле откриени многу вински сорти и техники за култивирање на грозјето; дизајнот на винската преса е многу усовршен; бурињата биле исто така усовршени за чување и транспорт на виното и др. Опивачкиот ефект кој произлегува од консумирањето на вино се смета дека има религиозен карактер од самиот почеток на неговото производство. Старите Грци го славеле Дионис и Бахус, а Римјаните го продолжиле нивниот култ. Консумацијата на ритуално вино била дел од Еврејската практика уште од Библиски времиња, и дел од евхаристичното славење на Исусовата последна вечера, преку која станува дури и поважно за христијанската црква. Исламот ја забранува продукцијата и консумацијата на вино. Прозводството на вино и негово консумирање се зголемуваат од 15-от век ,па навака, како дел од Европската експанзија. Модерната наука и технологија прифаќаат индустриско винско производство кое сега е проширено насекаде во светот. Историјата на призводство на виното е поделена во неколку поголеми поднаслови со кои може лесно да се увиди хронологијата и развојот на винопреработувачката индустрија.

Сл.1 Археолошки остатоци , Вајот дзор. (извор: http://www.wineterroirs.com/)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 10

1.1 ПРЕДИСТОРИЈА Пишаните докази и модерната археологија сеуште не се сигурни за првата култивација на дивото грозје. Диво грозје постои во Грузија, во северниот дел на областа Левант, крајбрежна и Југоисточна Турција, Северен Иран и Ерменија. Патрик Мек Говерн нуди докази дека облагодарувањето на винските грозја и производството на вино потекнуваат од денешна Грузија и Кавказот и се прошириле јужно од таму. Најраниот археолошки доказ за производство на виното досега пронајден е од градови во Грузија (околу 6000 г.п.н.е.) и Иран (околу 5000 г.п.н.е.). Производството се проширува низ повеќе градови во Иран и низ Античка Македонија се до 4500-тата год.п.н.е. Најстарата винарија е откриена во Вајотс Дзор (Vayots Dzor), Ерменија. Датирана во 4100-тата год.п.н.е.содржи винска преса, ферментациони корита, буриња и чаши. Археолозите, исто така имаат пронајдено гроздови семиња и вино. Коментирајќи ја важноста на пронајдокот, Мек Говерн вели: „Фактот дека производството на вино е развиено уште во четвртиот милениум пред нашата ера, ни сугерира дека технологијата потекнува уште подалеку во минатото. Блискиот Исток од раното Бронзено време,изобилува со облагородени лозови насади. Исто така, се забележува и пораст на производството на вино во Сумер и Египет во третиот милениум п.н.е.

1.2. АНТИКА 1.2.1. Египет Виното игра голема улога во церемонијалниот живот во Стар Египет. Кралска индустрија за производство на вино е етаблирана кај делтата на Нил според примерот на култивација на винските насади во областа Левант, околу 3000 год.п.н.е. Се претпоставува дека оваа индустрија е резултат од трговијата помеѓу Египет и Канаан во текот на раното Бронзено време, поточно од почетокот на периодот на Старото Кралство. Сцени со

Сл.2. Гроздобер во Египет, цртеж. (извор: www.archidaily.com by Jastrow)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 11

производство на вино можат да се забележат на многу храмови гробници на Египет. Виното во Стар Египет, првично било само црвено. Шедех, најдрагоцениот пијалок во Стар Египет се смета дека бил направен од црвено вино и неферментирани зрна од калинка. 1.2.2. Феникија Како примачи на знаењето за производство на вина од регионите источно од нив, Феникијците станале многу ефикасни во дистрибуцијата на вино, винско грозје, и технологија за производство на вино низ целиот Медитеран, преку нивната екстензивна трговска мрежа. Нивното користење на амфори, било широко прифатено, и Феникијските вински сорти биле многу важни во винските индустрии во Рим и Стара Грција. 1.2.3. Стара Грција Многу модерни вински култури доаѓаат од практиката на Старите Грци. Многу од винските сорти кои се одгледуваат во модерна Грција, се екслузивни за тој регион и се слични или идентични на сортите кои се одгледувале во Антиката. Имено, најпопуларното грчко вино од модерно време е силно ароматично бело вино кое се вика рецина и се смета дека е пренесено од античката практика на обложување на винските амфори со смола, додавајќи му специфичен вкус на виното. „Гозбата на виното„ било фестивал во Микенска Грција , за прослава за месецот на новото вино. Неколку антички извори, како што е Римјанинот Плиниј Постариот , го опишува методот на користење на делимично дехидрираниот вар, пред ферментацијата и некаков вид на лимон после ферментацијата, со цел да се намали киселоста во виното. Во митологијата на Хомер, виното е најчесто сервирано во длабоки садови. Дионис, грчкиот бог на забавата и виното, често споменуван во делата на Хомер, припишуван му е епитетот Acratophorus, давач на чисто вино. Хомер, често го користи изразот, море црно

Сл.3. Керамика со вински мотиви, Стара Грција. (извор: www.archidaily.com by Jastrow)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 12

како виното (под интензивното сино грчко небо, Егејското море ,гледано од палубата на брод, добива темно модри нијанси).

Најраната референца за вино со име потекнува од седмиот век пред наша ера од Илирскиот поет Алкман. Чиан, е насловено како првото црвено вино, иако на Старите Грци им било познато како „ црно„. Коан, било познато солено вино , кое било мешано со морска вода. Исто така било познато и виното прамниан. Грчкото вино, било нашироко познато и извезувано низ Медитеранот , што се докажува преку пронајдените амфори со грчка стилизација во тој регион. 1.2.4. Стар Рим Старите Римјани, исто така, одгледувале винова лоза и произведувале вино. Римските и грчките поети говорат за неговите драгоцени својства, за пријатниот вкус и мирис и за неговото освежително и развеселувачко дејство, но и за неговото штетно влијание, употребено во прекумерни количества. Тие ги опишуваат свеченостите што биле приредувани во чест на боговите Бахус и Дионисиј, при кои биле консумирани големи количества вино. Римјаните добро ја запознале и усовршиле техниката на производство на виното, и од Медитеранот ја пренеле низ целото свое царство во сите предели кои биле погодни за одгледување на винова лоза. И покрај тоа што во производството на вино е познато од најстари времиња, тоа долго време било вршено примитивно, поради тоа што немало можност за усовршување на технологијата на виното, па често биле произведувани неквалитетни и болни вина. Било познато дека во слатката шира настануваат битни промени преку вриење за да се произведе вино, кое има сосема друг вкус, но причините и хемиските промени не биле

Сл.4. Вински амфори и скулптура на римскиот бог на виното Бахус. (извор www.archidaily.com by Jastrow)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 13

познати. Тоа била и причината при што процесите при производство на вино се одвивале спонтано, неконтролирано, без доволно учество на човекот, како и причина поради која и нема оставени голем број на записи и конкретни архитектонски објекти за производство на вино од времето на антиката.

1.3. ВИНАРСТВО ВО СРЕДНОВЕКОВНИОТ ПЕРИОД Традицијата на производството на виното во средниот век се задржала и ги повлекла корните уште од Римското царство. Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Германија се можеби и од најзначајните земји во кои виното претставувало повеќе од традиција. Во раните почетоци виното поради својата голема сметка не било достапно за пониските класи во општеството, било конзумирано од страна на благородничката класа. Се користело за време на Католичката Миса, па од таа причина било произведувано најчесто од страна на монаси, во таверни кои биле близу до манастирите. Постоеле повеќе редови на монаси меѓу кои, Бенедиктинците биле едни од најпознатите кои го произведувале виното во Франција и Германија, потоа Цистеринците, Темпларите и други. Во развојот на винарството е значајна појавата на шампански/пенливи/ вина. Тие се споменуваат уште за време на папата Урбан II (Pope Urban II). Начинот на нивното приготвување го пронашол калуѓер Перињон (Perignon), кој бил од редот на Бенедиктинците. За Цистеринците се смета дека ги имале првите лозови насади на кои што било одгледувана сортата на грозје Шардоне. Дури во втората половина на 19 век, со развитокот на природните науки, познатиот микробиолог Луј Пастер го открил винскиот квасец, причинителот на алкохолната ферментација. Истоврмемно почнало да им се посветува внимание и на хемиските

Сл. 5. Abbaye de Pontigny, Франција. (извор: http://en.academic.ru/)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 14

промени при технологијата на иното, на кој начин винарството било поставено врз научна основа.3 1.4. ВИНАРСТВО ВО МОДЕРНИОТ ПЕРИОД Во модерната историја винарството од Европа со освојувањата на европските народи, како и патувањата на Колумбо, полека се пренесува и на другите континенти. Шпанските кралеви уште во 16 век увиделе на погодните климатски услови во Мексико за одгледување на винова лоза, ја пренеле традицијата на производство на вино на тие простори. Големиот број на емиграции на Европејците во Северна и Јужна Америка, за време на Првата и Втората Светска Војна со себе ја понеле оваа традиција и овозможиле САД, поточно Калифорнија, Аргентина, Чиле и многу други да станат едни од лидерите во светот во производство на вино, и во количество и во квалитет. Не треба да се изостават и земјите како Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка. На Балканот виното е присутно уште од антиката. Под влијание на Медитерианската клима, има погодни услови за одгледување на винова лоза и производство на вино. Република Македонија е препознатлива по оваа култура и извоз на вино меѓу земјите од поранешна Југославија. Денес во Македонија има изградено околу 90 помали или поголеми винарски визби кои се распределени во 16 виногорја. Главното производство е лоцирано по течението на реката Вардар во четири поголеми виногорја: Скопско, Велешко, Тиквешко и Гевгелиско-Валандовско виногорје. Оваа гранка од земјоделското производство, поради многуте хемиски и микробиолошки реакции немала можност да се усовршува. На тоа влијаат многу фактори: суровинската база, по својот квалитет, секоја година не е еднаква, многубројните сорти грозје со различен квалитет, распределени најмногу во сопственост на ситни индивидуални стопанства.

3

Wikipedia. History of wine. [Online].2010. Достапно на http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_wine. [03. 09. 2014.].

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 15

2. ТЕОРЕТСКА АНАЛИЗА (Винарска визба како индустриски објект) Винарската визба претставува објект кој во суштина е главниот канал преку кој грозјето како суровина стига до својата конечна форма, а тоа е виното. Винаријата е системски дизајниран објект кој содржи неколку поседователни одделенија кој во целост се поклопуваат со фазите во кои грозјето од суровина станува готов производ. Покрај добивањето на виното, како споредни производствени процеси во овие индустриски капацитети можат да се јават и продукцијата на вињак, мастика, ракија, медовина и други производи во зависност од технологијата која стои на располагање. Виното е производ кој сам по себе побарува специјани услови за преработка и за одлежување. Од таму архитектурата на винариите мора да биде најпрво во служба на квалитетот на виното за покасно да одговори и на останатите потреби на корисниците. Со цел да се стигне до најекономичната варијанта за производство на виното архитектите заедно со експертите за грозје и добивање вино се обиделе со проектирање најразлични типови на винарии. Разликите помеѓу винариите како архитектура довеле до нивно класифицирање и типизирање кое ке биде објаснето во следното поглавје. 2.1. ТИПОВИ НА ВИНАРСКИ ВИЗБИ Основната поделба на класификација на овие објекти е направена врз база на два чинители и тоа: начинот на изградба и намената. 2.1.1. Винарски визби според начин на изградба. Според начинот на изградба винариите се поделени на подземни, полузакопани и надземни. 

Подземни винарски визби Подземните визби се оние што се изградуваат вкопани во земја, со цел во нивните простории да се обезбеди пониска и константна температура во целата година. Кај нив, најчесто, одделните простории се распределени во длабочината вертикално, така што едни се поплитко а други подлабоко вкопани. Најчесто е над земјата или најплитко е вкопана вријалницата, просторијата со танкови за примарна , односно бурна ферментација. Под неа е сместено одделение за млади вина, а под него, најдлабоко одделението за стари вина. На овој начин се постигнуваат разни температури, што овозможува виното во разни етапи во неговото прозиводство да се одгледува и чува во оптимални услови. Во нив има услови за постепено зреење на виното, што е неопходно потребно за квалитетните вина. Вертикалниот распоред на просториите олеснува некои технички манипулации при производството на вино, при што, во голема мера се ползува гравитацијата. Подземните визби можат да бидат вкопани и во вид на тунели. Кај нив

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 16

административните згради и одделението за преработка на грозјето се надвор, во близина на тунелот, додека вријалницата, одделенијата за млади и стари вина е најдлабоко во тунелот и таму има најниска и најкостантна температура. Тунелите можат да бидат копани во камен, а доколку теренот е порастресит, тунелите се изградуваат од армиран бетон. Тие треба да бидат обезбедени со вентилација. Обично, одделните одделенија се поврзани со надворешноста со одводни канали-оџаци или пак се поставени вентилатори. Најголем број од визбите за производство на шампањско вино во Франција во вид на тунели, што достигнуваат повеќе километри. Подземните винарски визби овозможуваат најповолни услови за одгледување и чување на виното но нивната изградба е сразмерно најскапа. Во последно време со примена на се поголема механизација при правење на ископите нивната изградба станува се поефтина. 

Полузакопани винарски визби Овој тип вински визби се иградува така што еден дел од просториите се вкопани под земјата, а еден дел над земјата. Обично , над земјата е сместено одделението за преработка на грозјето и вријалницата, додека одделението за млади и одделението за стари вина се вкопани во земјата. Распоредени се вертикално, прво, одделението за преработка и вријалницата, под нив одделението за млади вина, а најдлабоко е одделението за стари вина. Поради ваквиот распоред соодветните одделенија се обезбедени со потребните повисоки и пониски стабилни температури што овозможува правилно одвивање на ферментацијата, зреење и чување на вината. Во нив може рационално да се ползува гравитацијата. Погодни се за производство на квалитетни вина, но и за производство на обични конзумни вина. 

Надземни винарски визби При овој тип визби сите простории се изградуваат над земја. Нивната изградба е поефтина но во нив не може да се произведат потребните константни температури. Кај нив надворешната температура има големо влијание поради што во визбата се јавуваат чести колебања. Преку летото температурите се високи, честопати, и над 30o C, што ја загрозува оксидацијата, испарувањето и создава услови за микроорганизмите што предизвикуваат заболување на виното. Колебањата на температурата може да се намалат или наполно да се избегнат со изолација на визбата или со монтирање на клима уреди заедно, но сето тоа ја поскапува изградбата. Изолацијата може да се врши со употреба на шупливи тули за изградба на странични ѕидови, што доведува до нерамномерно загревање и до струење на воздухот по ѕидот. Се практикува правење двојни ѕидови и изолација со стаклена волна. Може да се врши и изолација на таванот или директно под покривот.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 17

При овој тип визби, најчесто, просториите се градат во хоризонтална положба, при што, заземаат голем простор и ја поскапуваат изградбата особено темелите и покривот. Можат да бидат изградени и вертикално, при што, одделението за ферментација се наоѓа најгоре. Под него доаѓа одделението за млади вина, а најниско е поставено одделението за стари вина. Ваков распоред на одделенијата овозможува ползување на гравитацијата. Покрај тоа тие заземаат помалку простор и нивната изградба е поефтина. Надземните визби повеќе одговараат за производство на масовни обични конзумни вина што дозреваат брзо и се пласираат до започнувањето на топлите месеци. Над земјата се градат полупроизводните визби, во кои вината се чуваат до првото, а најдоцна до второто преточување, а потоа им се одстапуваат на други визби, каде што ќе се одгледуваат понатаму. 2.1.2. Винарски визби според намена. Винарските визби според намената можат да бидат: производни, полупроизводни, собирни, комерцијални, комбинирани и специјализирани. 

Производни визби Производните визби се оние што го примаат грозјето од производителите и го преработуваат, го одгледуваат и го чуваат виното до неговата продажба. За таа цел, тие треба да ги имаат сите одделенија и сета опрема, потребни за сите технолошки процеси за производство на наполно оформено вино. Тие се градат во центрите за производство на грозје и имаат задача да го преработуваат во вино најголемиот дел од производството на виногорјето, каде што се изградени. Такви визби најчесто, се градат во главните лозарски реони. 

Полупроизводни визби Во полупроизводните визби само се преработува грозјето и се одгледува виното од првото или најмногу од второто преточување, потоа младото и неоформено вино им се предава на други визби, што ќе го одгледуваат понатаму и наполно ќе го оформат за продажба. Такви визби се изградуваат за производните центри на грозје. Тие се опремени со машини за преработка на грозјето и со вински садови за алкохолна ферментација сместени во вријалницата. Нивниот капацитет треба да биде таков што да може да го прими најголемиот дел од грозјето во виногорјето и благовремено да го преработи.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 18

Собирни визби Собирните визби имаат задача да го собираат младото и неоформено вино од полупроизводните визби и да го одгледуваат и наполно оформуваат за продажба. Тие се изградуваат во центарот на повеќе полупроизводни визби со кои организационо се поврзани и имаат цел да го обединат и да го типизираат нивното производство. Вршат повеќе технолошки процеси: типизација, бистрење, филтрирање, стабилизација и разлевање на вината во шишиња.. Тие вршат и продажба на виното. 

Комерцијални визби Овие визби откупуваат вино од поголеми реони или територии, го типизираат и наполно го оформуваат а потоа го продаваат. Тие не се занимаваат со непосредно призводство на вино и не располагаат со простории со машини за преработка грозјето и за винификација. Се изградуваат во поголемите потрошувачки центри, каде што голем дел од виното се пласира. Овие визби се занимаваат и со извоз на вино во странство. Опремени се така што можат виното да го типизираат, бистрат, филтрираат, стабилизираат, разлеваат во шишиња и др. Произведуваат и други алкохолни производи. Во зависност од продажбата на виното, капацитетот на таквите визби може да биде ползуван повеќе пати во текот на годината. 

Специјални визби Тоа се визби што произведуваат специјални вина и јаки алкохолни производи(шампањски вина, десертни вина, вињаци и сл.).Најчесто се организационо поврзани со производните визби што ги снабдуваат со материјал за нивното специјализирано производство.4

2.2. РЕФЕРЕНТНИ ПРИМЕРИ (анализа на изведени винарски визби) Најпопуларната слика на винарија останува да биде престижниот европски шато, но растечкиот број на нови производители на вино околу светот влегуваат на голема врата. Архитектите се повикани да ја преобмислат винаријата како нова современа експресија на традицијата и иновацијата, агрикултурата и технологијата, производството и услугата. Наредните примери на винарии ги спојуваат гореспоменатите елементи во една органска целина, исто како што винарите ги спојуваат различните сорти на грозје во еден идеален и балансиран готов продукт.

4

Драган Настески, Технологија на виното. Скрипта. Библиотека на Архитектонски факултет - Скопје

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 19

Во текот на изминатата деценија, дошло до експлозија на креативност. Френк Гери (Frank Gehry), Заха Хадид (Zaha Hadid), Стивен Хол (Steven Holl), Жак Херцог (Zach Herzog) и Пјер де Мурон (Pierre de Meuron), Алваро Сиза (Alvaro Siza), Рафаел Монео (Rafael Moneo), Ричард Роџерс (Ricchard Rogers), и Норман Фостер (Norman Foster), се некои од признатите архитекти кои биле овластени да изградат нови винарии или центри за посетители во Калифорнија, Канада, и Австралија, како и во традиционалните винарски области во Италија, Австрија, и Шпанија. Некои од овие градби се дизајнирани за да се воспостави идентитетот и да се привлече вниманието на јавноста во жестоко конкурентниот пазар, други се вклопуваат во пејсажот или апстрактот на локалните населенија. Долината Напа го предзеде челната позиција преку иницијативите на Роберт Мондави, како и преку други индивидуалци и фирми кои се нови во ваквиот бизнис и не се подржани со вековна традиција. Доколку се навратиме 35 години назад, фамилијата Чапелет први основаа винарија, која ден денес сеуште постои, додека имаше само неколку сериозни конкуренти во долината Напа. Калифорнија сеуште се карактеризираше како регион кој произведува ефтино вино – најпрвин поради последиците кои ги остави алкохолната прохибиција, но и заради недостатокот на винска култура во Америка. Денеска ситуацијата е сменета. Калифорнија заедно со долината Напа претставува модел на винопроизведувач насекаде во светот,дотаму што професионалци од Универзитетот Калифорнија Дејвис започнаа да бидат експлоатирани заедно со нивните експертизи дури до Израел и Јапонија. Во последно време, пределите за вино во Австрија претрпеле слична трансформација, благодарејќи на неколку визионери, масивни инвеститори. Квалитетот е далеку подобрен, и луѓето често патуваат од Сиднеј за да уживаат викенд во винарската земја, вкусувајќи нови брендови. Виното се прави речиси во секој дел на Нов Зеланд, и оваа земја има повеќе од 400 винарии. Во двете земји, современиот дизајн е надополнет со многу ентузијазам и иновативни техники со најсовремена опрема. Преку Пацификот, на слична ширина, винариите во централен Чиле и Аргентина се во голем број, и првите пробни чекори се направени да се допре до посетителите. Во Европа, Шпанија е водечка сила, и има поголема концентрација на архитектонски квалитет од било која земја во оваа област. Во Америка, па дури и во Европа некои винарии се обидуваат да остават импресии, користејќи билборди со кои ке им го одвлечат вниманието на посетителите кои поминуваат. Антички претстави за винарии, вили со предколумбиски зигуратни орнаментики и изглед немаат ништо заедничко со современото винско производство, и имаат многу со носталгијата за некое идеализирано минато.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 20

Она што е важно да се заклучи после краткиот вовед е дека производството на вино зема се поголем зафат на сите континенти на светот, а најмногу во Јужна и Северна Америка и секако Европа. Можностите кои ги нудат новите технолошки достигнувања по однос на преработката на грозјето и добивањето на вино отварат исто толку големи можности за дизајнирање на нови типови и примери на квалитетни архитектонски решенија на винските визби. Атрактивноста на целиот процес на добивање на виното и секако атрактивнота на самото вино нуди можности за проширување на работата на винариите и осврнување кон угостителството кое би функционирално беспрекорно во комбинација со производството. Во наредните неколку пример ке согледаме различни типови на винарии од Америка и Европа кои нудат феноменални архитектонски решенија и од функционален но и од естетески аспект.

2.2.1. Винарија Адега Маиор, Кампо Маиор, Португалија (Adega Mayor Winery, Campo Mayor, Portugal) – Алваро Сиза (Alvaro Siza) – 2006 година Винаријата со димензии 120 метри во должина и 50 метри во ширина стои на врвот на благо стрмните ридови со виногради, маслинови дрвја и насади со пченка во регионот Алентехо во јужно централна Португалија. Нејзините чисти форми и хоризонтален карактер одекнуваат како ехо низ агрикултурниот пејзаж Сместена на ненасадена површина која претходно се користела како депонија за смет и достапна само од една блиска индустриска парцела, импактот кој го остава на нејзиното опкружување е минимален во секоја смисла. Подолгата оска е нормална на изохипсите на теренот, со што приемот на грозјето е лесно достапен и е сместен еден кат врз продукцијата притоа без потреба да се каскадира земјиштето. Влезот е поместен во вертикалниот волумен кој

Сл.6. Винарија Адега Мајор, Португалија, главен влез и бочна фасада. (извор: https://barrelsecrets.wordpress.com)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 21

што ги содржи јавните простори сместени врз 9 метра високата индустриски хала во крајниот југозападен дел на објектот. Најгорниот кат на овој волумен го допира долгиот покрив на производствената хала, трасформирајќи го во убава панорамска тераса за лобито каде е сместена дегустацијата на вино и продавницата. Преднапрегнати бетонски греди се протегаат помеѓу масивните бетонски ѕидови со дебелина од 45цм. Неносивите ѕидови се изработни од класична тула со 15цм дебелина. Индустрискиот израз на ентериерот со сирови бетонски ѕидови, епоксидни подови и челични врати прави контраст со белите завршетоци на ѕидните површини и мермерниот под во делот наменет за посетители. Најгорниот кат е обработен со темно рига дрво. Мармерот е завршница и

Сл.7. Основа на приземје. Адега Мајор, Португалија. (извор:https://barrelsecrets.wordpress.com)

на парапетот на кровната тераса, на клупите и на дното на плиткиот базен. Длабока настрешница го заокружува делот на приемот на грозјето, така што го врамува пејзажот. Гранитно поплочената рампа води до доковите за извезување на готовиот производ, вртејќи околу западниот агол на винаријата. 5

2.2.2. Винарија Бел-Лок, Палмос, Гирона, Шпанија (Bell-Lloc Winery, Palmos, Girona,Spain) – РЦР Архитекти (RCR Architects) – 2007 година Проектирана од шпанските архитекти РЦР Архитекти, винаријата е сместена на приватен виноград блиску до крајбрежниот град Палмос. Архитектурата на винаријата

5

Phaidon Atlas. Adega Mayor Winery. [Online]. Достапно на http://phaidonatlas.com/building/adegamayor-winery/1527.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 22

Сл. 8. Винарија Бел Лок, ентериер. (избор: http://www.empordaconventionbureau.com/)

нуди баланс помеѓу артифициелното и натуралното, стоејќи во човечки направен засек во Каталонскиот пејзаж. Работата на РЦР архитектите е карактеризирана со потрагата на границата помеѓу вештачки направената архитектура и природниот пејзаж. Користејќи материјали како челик и стакло, тие си играат со светлината и сенките, тема која несебично се појавува низ сета архитектура на винаријата. „Винаријата е единствен проект, иако се самопретставува преку нашите есенцијални вредности... Силната врска со локацијата, внимателната патека, просторот и користењето на природни материјали“ вика архитектот Виалта, основач на РЦР заедно со неговите партнери Рафаел Аранда и Карме Пигем. Самата винарија сместува технологија за производство на вино, визба за одлежување и подземен амфитеатар. Структурата се лизга надолу низ вештачкиот засек и завршува во просторот за продукција кој во неколку секвеци води до подземните визби каде виното може да се дегустира. Виалта вели дека почетната точка за дизајнирање на винаријата била „да се долови суштината на светот на виното во тлото, подземја, со што би се создало интензивно искуство кај поединецот.“ Посетителите на винаријта исто така имаат можност да преноќат во една од шесте соби уредени во традиционален Каталонски стил. Собите се опремени со антиквитети од сопствената колекција на еден од сопствениците на винаријата, Курт Енгелхорн. Исто така во близина се наоѓа и историска капела, Хермита де Санта Марија де Бел-Лок. Со цел да се долови духот на ова место во наредните редови следи мал текст кој во суштина е најдлабокото индивидуално чувство на архитектот на овој објект искажан во едно мало интервју за едно шпанско списание за архитектура. „Тоа е променада во подземниот свет на виното од патот што минува крај шумата поврзувајќи ги блиските објекти. Постои и воздух и дожд во салата за дегустација и изненадување преточено во мал аудиоториум. Да се изгради објект за продукција и консумација на вино во специфична поставеност, на почетокот на долина и на подножје на планина во заштитен дел, е моторот на овој проект. Во ова

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 23

опкружување постојат структури од најразличен вид, вклучувајќи и капела, од каде и започнува подножјето. Тоа не е обичен пејзаж, туку променада за откривање на нови простори преку рута низ која се чита и основата и пресекот, станувајќи нова димензија. Внатрешноста на оваа затскирена околина е искористена со цел да се избегне губитокот на енергија но и поради нејзините карактеристични квалитети, чија првична перцепција е резултат на нејзината неправилна геометрија и материјали, челик и камен, кои те опкружуваат во овој подземен свет, ладен, изолиран, каде можеш да го почувствуваш и вкусиш различното темпо.“6

Сл.9. Бел Лок винарија, пресек. (извор: http://www.empordaconventionbureau.com/)

2.2.3. Хотел Лоизиум, Лангенлоис, Австрија – (Loisium Hotel, Langenlois, Austria) – Стивен Хол (Steven Holl) 2001-2005 година

На работ на живописниот град Лангенлоис, еден час западно од Виена, е изграден нов центар за вино и објект за посетители. Поставени на локација со лозови насади, со цел да го прослават богатото локално наследство на еден прекрасен систем на винарска култура. Проектот е составен од три дела: постоечките сводови, кои беа достапни за посетителите, вино-центарот, како и хотелот Лоизиум и спа-комплекс. Геометријата на сводниот систем е претворен во апстрактен тридимензионален просторен јазик. Овој 6

Michael, Webb, Adventurous Wine Architecture (Perth, Images Publishing, 2005) 73-4.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 24

јазик ја формира основата на архитектурата на Центарот за вино и хотелот, при што секој елемент на проектот е изведен од и во врска со уникатни просторни сводови, додека истовремено имаат индивидуални квалитети на простор, материјали, светлина и искуство. Трите елементи на проектот стојат во однос на геометриската област на лозови насади, пејзажот на производството на вино: 1. Хотелот и спа комплекс 2. Винскиот центар кој е полувкопан и подземно поврзување со рампа 3. Постојните сводови кои се под земја

Хотел и спа - центарот Како координатна мрежа на градот, геометриското растојание на редовите на лозјето е континуирано со пејзажот поврзувајќи ги трите елементи. На 53m X 53m2 планот е усогласен со строгата геометрија на околните редови на лозјата. Нудејќи различни активности и видови на соби, хотелот и спа комплексот нудат на гостите и посетителите различни искуства. Земјените материјали и палета комбинирана со погледи на околните пејзажи создаваат силна врска и однос на хотелот со сопствениот контекст. Јавните функции, вклучувајќи го лобито, ресторанот за вино, бар, просторија за пушење, сала за состаноци и конференции, и спа областа се наоѓа на приземје со поглед отворен за околните лозја. Дворот и терасата обезбедуваат отворени места за седење. 82 соби за гости се наоѓаат на два ката. Додека приземјето е транспарентно и отворено, горните катови се повеќе приватни.

Сл.10. Лоизиум комплекс, хотел и спа центар. (извор: http://www.archdaily.com/)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 25

Центарот за вино Концептот за дизајн е изведен од геометријата на винарската визба. Едноставна 24m x 24m x 17m волумен исечена за да се создаде богата геометрија. Делумно во собата во земјата на лозјето ,малото навалување нанапред на структурата ја покажува својата подземна врска со рампа на антички своден систем. По влегувањето , посетителот гледа прекрасен волумен на просторот и излегува до лозјето и поминува покрај кафуле . Кон назад патот води до влезот на визбениот систем. Повратното патување се врши преку премин шарен со светлина рефлектирана преку одразот на базенот. Посетителот потоа пристигнува на најниско ниво од зградата во која се сместени винскиот бар, повеќенаменската област и продавница со локални производи и книги. Скали и рампи ја поврзуваат земјата со продавницата за вино и спратот со соби за семинар и канцеларии. Терасата на покривот со спектакуларен поглед на околниот пејзаж и градот може да бидат достапни за специјални прилики. Овој вински центар, може да се означи како полувкопана собирна визба, од причина што не се произведува вино туку се врши продажба и служење наистото. Сметам дека овој пример е релевантен и преку него може да се согледа начинот на комбинирање на различни намени, како што се во овој случај хотелот и спа центарот, врз

Сл.11. Лоизиум комплекс, вински центар, пресек. (извор: http://www.archdaily.com/)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 26

долгогодишната традиција на производството на вино во овој регион и буквално надоврзување и модернизирање на веќе постоечките подземни сводови. Поради оваа идеја целиот комплекс е сместен во лозови плантажи кои му додаваат посебен акцент на околниот амбиент. Во овој пример може да се прочита намерата за развој на винскиот туризам како првична цел и примарна функција, а притоа да не се изостави традицијата која е присутна во регионот.

2.2.4. Винарија Фаустино, Кастиља и Леон, Шпанија (Faustino, Katilja and leon, Spain) – Фостер + Партнерите (Foster + Partners) – 2007 година Винаријата Фаустино во Кастиља и Леон од 2007 г. дизајнирана од студиото Foster + Partners има за цел да ја реинтерпретира тешката тема на производство на вино во еден од најплодните региони на Шпанија, Рибера дел Дуеро. Објектот беше започнат земајќи предвид некои едноставни идеи за производствените програми, повторно земајќи го предвид минатото за да се понуди една нова футуристичка визија за новиот бренд. За Фостер сржта на проектот беше производството, а не конзумирањето вино. Трите објекти беа замислени како вештачки ридови, пат кој овозможува транспорт на грозјето до врвот, воведувајќи ги веднаш во центарот на единицата за примарните процеси.

Сл.12. Винарија Фаустино, поглед од ентериер. (извор:http://www.cgarchitect.com/)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 27

Приемот на грозјето се врши со систем на гравитација, слободен пад на грозјето, со што се добива максимална искористеност и минимално оштетување на на истото. Објектот е од бетонска конструкција, обложен со челични керамиди однадвор, со боја

Сл.13. Винарија Фаустино, ситуација. (извор:http://www.cgarchitect.com/)

сродна со околината.Јавните содржини, заедно со ресторанот се сместени на ниво на мезанин и имаат поглед кон околниот пејсаж. Двата волумена во кои се сместени ферментационите танкови, се стратешки вкопани во природната падина на зенјиштето со што се искористува природното термално ладење од земјата. Објектот има површина од 12,500 m2, и има капацитет за производство наеден милион шишиљагодишно. Тролисниот дизајн на објектот, ги изразува трите главни фази

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 28

на производството; ферментација во челични танкови, созревање на виното во дабови буриња, и на крај стареење на виното во шишиња. Сите овие фази се контролираат со операции од центарот, сржта на објектот. Оваа винарија се наоѓа веднаш до еден од најзначајните автопати, помеѓу Мадрид и Билбао, уште еднаш нè потсетува дека архитектурата е значајна алатка за маркетинг Винаријата Фаустино ги содржи сите аспекти на современа винарска визба. Покрај уникатниот дизајн на формата на тролист со кој автоматски се дефинираат просториите за примарните функции, како и идејата за ползување на природните услови на теренот, го прават овој индустриски објект да се искачи на едно ниво повеќе од типично индустриско производство. Тоа што се наоѓа на еден од главните автопатишта во Шпанија докажува дека постои и идејата за оставање на одбележје во околината и регионот, како еден споменик кој го примамува вниманието на секој посетител кој поминува на тој автопат.7

2.2.5. Винарија Доминус, Долина Напа, Калифорнија (Dominus, Napa Valley, California) – Херцог и де Мурон (Hercog & de Meuron) – 1995-1998 година Винаријата Доминус е проектирана од страна на Жак Херцог (Zach Herzog) и Пјер де Мурон (Pierre de MEuron) во Долината Напа,Калифорнија буквално во лозови плантажи во близина на градот Јаунтвил (Yountville).Таа претставува надземна винарија според начинот на изградба, а според намената е производна визба. На прв поглед оваа винарија изгледа чудна заради невообичаената фасада како и едноставната правоаголна форма. Објектот претставува правоаголна кутија со димензии 100x25x9 (должина, ширина, висина). Формата е поделена на три дела – три кутии кои се пресчени од два премина кои се главни пристапи, и се решени на многу интересен начин така што ја претставуваат

Сл.14. Винарија Доминус, пристап. (извор:http://www.cgarchitect.com/)

7

Marco, Casamonti, Vicenzo Pavan, CANTINE Architectture 1990-2005, (Milano: Federico Motta Editore,2004)

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 29

клучната врска на објектот со локацијата како една органска целина. Во едниот премин се врши дотур на грозјето и преработката, додека другиот премин служи за извоз на вино и истовремено за влез во административниот дел на објектот. Системот “кутија во кутија” совршено ја регулира температурата на објектот. Внатрешниот простор е бетонска конструкција со застаклен ѕид-завеса, додека надворешната фасада е поцинкувана челична мрежа во која се ставени камења. Овој систем на фасадно обликување се нарекува “gabions” (челична мрежа-кафези кои се полнат со камења). Приземјето е предвидено за процесот на преработка на виното и одлежувањена истото, а додека катот е за дегустација на виното и администрација. Воздухот и светлината слободно влегуваат во просторот. Во долниот дел се поситни камења, со што е погусто и помала е светлината и ја задржува температурата пониска во текот на денот заради потребите на процесот за преработка. Во горниот дел камењата се покрупни и меѓу нив има повеќе простор, а со тоа и поголема светлина заради канцелариите и дегустационата сала. Така да овој систем исполнува три цели: еколошка интеграција со оклниот пејсаж, објектот сам ја регулира климата и осветлувањето, како и економично користење на материјалот и енергијата. Ова ремек дело е веќе окарактеризирано како идустриски објект, но и како камен споменик во околниот пејсаж. Едноставноста во концептот на формата и лесното вметнување на функцијата во неа, како и брилијантната идеја за фасадното обликување ја прикрива секоја модерна точка од објектот и не дозволува да се насети некакво нарушување на околината целосно претопувајќи се со неа и нејзините бои, а истовремено претставува современа винарија со врвна технологија.8

Сл.15. Винарија Доминус, технички цртежи. (извор:http://www.cgarchitect.com/)

8

Michael Webb, op.cit., 29

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 30

3. АНАЛИЗА НА ЛОКАЦИЈАТА Во делот на анализа на локацијата јас главно би се задржал на три основни елементи. Најпрво општо за условите за избор на локација, па потоа на регионот кој е цел на разгледување во овој труд, за на крај преку месноста да се надоврзам на конкретната парцела на интерес и нејзините услови кои директно влијаеа на идејниот проект кој го работев. 3.1. УСЛОВИ НА ЛОКАЦИЈА - ОПШТО Изборот на локација за изградба на винарска визба е од суштинско значење за објектот и во техничко – технолошка, но и во архитектонска смисла. Локацијата сама по себе може да се разгледува од две дистанци, поточно нејзините услови можат да бидат набљудувани во поширок географски опфат на ниво на региони и во потесен опфат на ниво на месности кои би биле дел од горе споменатиот регион. 3.1.1. Услови на поширок план (регион) Квалитетот и кванитетот на род на културата врз чија база се гради еден индустриски капацитет се основните показатели за добар или лош избор на регион за лоцирање на истиот. Во нашиот случај количината на род на грозје и стапката на шеќер во гроздовиот плод се носечките елементи на правилниот избор за поставка на вински подрум. Покрај овие елементи може да се додаде и подобноста на регионот за одгледување на специфични сорти на грозје. Овие три елементи поврзани со изборот на пошироката локација се директно зависни со некои други предуслови. Географијата и климата на разгледуваниот регион директно влијаат врз сортите на грозје, нивниот квалитет и квантитетот на родот. Најпрво географските карактеристики како што се топографската зададеност, типот на почвата на која би се насадило грозјето и секако количината на вода се основните показатели за тоа дали некој регион е поволен или не. Климатските специфичности на регионот се исто така од суштинско значение. Температурните разлики меѓу годишните времиња, траењето на зимата и летото и бројот на сончеви денови во избраниот регион во голема мера влијаат на квалитативните вредности на виновата суровина. Архитектите како професионалци од делот на проектирањето на објектот и неговата изградба најчесто не се засегнати со изборот на поширокиот контекст бидејќи досегашната традиција и професионалци од други полиња укажуваат на квалитетите на некој конкретен регион и неговите главни услови.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 31

3.1.2. Услови на потесен план (месност) Веќе во делот на потесен избор на конретна месност, поточно на конкретна парцела голема улога игра знаењето на архитектот. Условите на помалата површина на земјиште можат да бидат од најразличен карактер. Кај индустриските објекти, проблемот со локацијата и нејзиниот однос наспроти околината, се поставува можеби многу поостро отколку што е случајот со другите групации и архитектонски објекти. Веднаш треба да се напомене дека ова прашање може да се реши лесно кај новите урбанистички ансамбли, новите индустриски објекти, меѓутоа несомнено бројот на проблеми и потешкотии е поголем кај постоечката индустрија, често стихијно градена и развивана врз старите индустриски центри. Ова прашање не се поставува само за да се реши проблемот со неплански лоцираниот и граден индустриски објект, туку во исто време да се решат многубројните прашања на самиот објект, кој поради споменатиот неплански начин на градење подеднакво трпи многу несакани, штетни, и онеспособувачки влијанија на самата околина.9 Покрај проблемите што се јавуваат во нови или стари индустриски целини при изборот на потесната локација, за изградба на визбата, треба да се земат во предвид и други фактори. Местото треба да биде лесно пристапно за превозни средства за дотур на грозјето, наменето за преработка и за транспорт на произведените вина. Тоа треба да биде обезбедено со приодни патишта од главните сообраќајници. Просторот треба да биде доволен за нормална изградба на сите простории и да има слободен простор пред визбата за непречен премин на превозните средства, што го транспортираат грозјето за преработка, водејќи сметка за дневниот максимален капацитет. Притоа, може да се организира полните превозни средства да доаѓаат од една страна, а празните да одат на спротивната страна. Теренот на местото треба да биде доволно тврд за да поднесува големо оптоварување и да не биде лизгав. Треба да биде отцеден, заштитен од подземни и надземни води. Во овој однос задолжително се потребни претходни испитувања. За одржување на хигиената во визбата, потребни се големи количества чиста вода. Најдобро е ако визбата располага со водоводна вода, а доколку таква нема, може да се користи бунарска вода. Добро опремените визби располагаат со голем број машини и апарати, кои се ставаат во погон со електрична струја. Количествата на електрична струја треба ангажирање на еден час. Особено не смее да има прекин за време на преработка на грозјето. Во близина на визбата не смее да има никакви извори на непријатни мириси/фабрики,ѓубришта и др./, бидејќи виното многу брзо ги прима. 9

Vojislav Damjanovic, op.cit., 165

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 32

3.2. ПОШИРОК ПЛАН - ВЕВЧАНИ Вевчани е село во регионот на Дримкол во југозападниот дел на Македонија и е седиште на истоимената општина. Сместено е на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 m. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро. Се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат кој од Струга минува низ селата Враништа и Велешта.

Сл.16. Позиција на општина Вевчани во Р.Македонија

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 33

3.2.1. Историски осврт, демографија, култура - Вевчани Името на Вевчани потекнува од зборот вес, кој значи село. Така жителите на тоа село се селчани, а на Вес - весчани. Вака по пишуваното правило врзано за промените на зборовите во литературниот јазик, конечно се извела именката Вевчани. Траги од населбата постојат од III век пред Христа. Неговата прва локација не била денешно Вевчани, туку тоа се наоѓало нешто подолу од подножјето на планината Јабланица, на местото што денеска се вика Селиште. Можно е и да дошло до некакво спојување на античко македноска населба која се наоѓала во областа Вајтос која се наоѓа непосредно над Вевчани, со споменатата населба Селиште, така формирајќи го на денешната локација (меѓу Вајтос и Селиште). Првите легенди и писанија за Вевчани велат дека е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век, кога племето Берзити (Брсјаци) го преплавиле Струшкиот крај и ја населиле локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица. Тука повторно има мала неконзистентност, затоа што денес Вевчани е денес претежно мијачка населба. За тоа од кога се среќава населбата Вевчани запишана во документите, низ вековите има повеќе изворни документи. Еден од нив е Калимановата грамота, како досега најстар истражен документ. Во него се говори дека Вевчани како селска населба е евидентно од крајот на IX век и тоа како мошне развиена, економски јака и обврзана да дава данок во натура на бугарскиот кнез Борис I, а по него и на царот Симеон Велики. Во османлиските даночни регистри на немусилманското население од вилаетот Охрид според турските записи на населението од 1509 година имало 208 домови, а при вториот запис на населението во 1519 година имало 223 домови и било поголема населба од Струга, што тогаш броела 176 домови. Од 1633-1634 година населбата е заведено под името Вешчано со 154 домаќинства. Според бугарските податоци од 1878 година и статистиките на машкото население од 1873 Весчани е посочено како населба со 865 домаќинства со 2.430 жители, сите Македонци, кои бугарските водачи ги именувале како Бугари, и за кои Васил К'нчов самиот вели дека се нарекуваат Македонци. Така, според статистиката на К'нчов на крајот на ХІХ век Вевчани има 2.590 жители Бугари. Податоците од 1907 година се поточни, според кои имало 2.347 жители и 440 куќи. Во близината на Вевчани се наоѓаат едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија, Вевчанските Извори. Вевчанските извори се едни од поретките псеудо-периодски сифонски врела во Република Македонија. Изворите се лоцирани на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска исочина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 34

главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1500 литри во секунда. Еден од најпознатите настани во Вевчани е Вевчанскиот карневал. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но сепак во последните години во организација на Општината и Министерството за култура, се воведува ред во овој инаку хаотичен вонвременски настан. 3.2.2. Архитектура – Вевчани Вевчани се наоѓа во Дримколскиот регион, кој пак граничи со Дебарско – реканското подрачје. Како што погоре беше напоменато се претпоставува дека потеклото на населението во Вевчани се поврзува со потеклото на населението во реканскиот крај, поточно дека и двата региони влечат мијачки корени. Еден од најлогичните факти дека во Вевчани вирее мијачки ген е тоа што градителството е застапено долги години наназад. Она што е исто така карактеристично за овој регион е печалбарството иницирано од градителскиот талент и знаења на населението. Земајќи во предвид дека селото низ времето до денес е населено исклучиво со македонско православно население, можеме лесно да заклучиме дека архитектурата како на селото во целост, така и на секоја поединечна куќа која останала да стои, носи белези кои се врзуваат со македонската архитектура од 18 век па наваму. Не залудно ги споменуваме и мијачките корени, односно дарбата кај мијачкото население како за градоградителството така и за естетиката преку фрескоживописувањето и преку копаничарството. Во денешни услови Вевчани изобилува со архитектура, градена во изминатите векови, која е препознатлива како карактеристична македонска архитектура. Гледано хронолошки, археолошки податоци за постоење на архитектура односно

Сл.17. Традиционална станбена архитектура од 19 век, Вевчани.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 35

населба во овој регион се влечат уште од 3-4 век од нашата ера преку наодите пронајдени во локалитетот викан Вајтос. Локалитетот претставува утврдена населба од раноантичко и римско време. Се наоѓа на 3 км западно од селото, на падините на планината Јабланица. На нејзиниот врв е утврдена населба со димензии од 680 х 80 м. На северната страна се пронајдени остатоци од бедем од хеленистичкото време, широк 2,20 м, сувоѕидан од камени блокови долги до 1,30 м. Средниот век е период во кој се смета дека населбата започнува активно да живее. Како што погоре напоменав првите пишани податоци за постоењето на населбата ги наоѓаме на Калимановата грамота, околу 9-ти век. Карактеристично е што досега не се пронајдени никакви археолошки податоци ниту оставштини поврзани со овој временски период. Некои архелози сметаат дека постојат остатоци од средновековен храм под денешниот храм Св. Никола. Како најкарактеристична архитектура која останала да сведочи за животот во Вевчани е онаа од македонската преродба, односно од средината и крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Во суштина и концептот на оформување на селските јавни простори потекнува од тој период. Ридестата географија на селото во многу нешта го има дефинирано јавниот простор но и просторот во индивидуалните дворови и куќи. Главната улица се протега низ целото село сечејќи го главниот собирен селски простор „средселото“, поминувајќи покрај главната селска црква за на крај да заврши кај Вевчанските извори. На оваа главна артерија се надоврзуваат тесни и стрмни улички наречени „елици“ на кои се налепни куќи со висина од приземје и кат или во некои случаи приземје и два ката. Ваквата морфологија димензионално е директно поврзана со човекот со тоа што сите елементи на селскиот јавен простор ја содржат човекомерноста во себе. „Елиците“ се широки од 2 до 4 чекори простор за да се разминат две особи или особа и товарно животно, најчесто магаре. Средселото има површина за да ги задоволи потребите на четврточниот пазар кој привлекува трговци и од околните села. Како важна карактеристика од улицата на селото се забележува и скалестото редење на куќите поради стрмниот терен.

Сл.18. Традиционална станбена архитектура од 19 век, Вевчани.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 36

Архитектурата на индивидуални куќи од овој период исто така во многу елементи се поклопува со општите карактеритики кои ја дефинираат македонската христијанска куќа. Иако поради финанскиски и демографски причини, Вевчани, квантитативно не може да се спореди со поголемите македонски градови , сепак според квалитетот на овој вид на архитектура не заостанува во голема мера. Главни карактеристики на поставеноста на куќата во однос на останатиот селски пејзаж се најпрво видиците и ориентацијата, потоа добрососедството во таа смисла што новата куќа секојпат овозможува исто така добра ориентација на старата, спојувањето со природата преку озеленети дворни површини, но и улици и сл. Во однос на распоредот на програмата како и секаде низ Македонија, приземниот кат на куќата најчесто е економски, првиот кат за живеење додека, најгорниот кат е репрезентативен. Како главен елемент во програмската целовитост на куќата се јавува чардакот кој пак најчесто е затворен поради тоа што селото е сместено на голема надморска височина така што зимите најчесто се остри и доста ладни. Масивното приземје и бондрукот на катовите е најчестиот конструктивен систем кој може да се забележи кај овие градби. Во однос на фасадното обликување и материјалноста важно е да се напомене дека во приземинот дел најчесто може да забележиме масивни камени ѕидови (некаде можат да се забележат и ѕидови од печена тула) на кои се појавуваат мали прозорски отвори. Горните делови на фасадата кај побогатите куќи најчесто се изведени од печена тула со големи прозорски отвори на главната фасада, но неретко се среќаваат и како малтерисани бели ѕидни површини. Покривањето е најчесто со четриводни кровови со благ пад, обработени од дрвена конструкција прекриена со класична керамида. Покрај профаната архитектура од овој период, како сакрална може да го спомнеме единствениот храм од тој период – црквата Св. Никола (Горна Церкоф) која датира од средината на 19ти век, а е осветена во 1876 година. Овој храм претставува класична соборна трибродна базилика со сите основни белези кои ги содржат црквите градени од страна на мијачките мајстори. Комплетно изградена од камен и покриена со четириводен кров од керамиди претставува објект во кој наслението и ден денес ги извршува своите верски обреди. Живописана е од вевчански мајстори во периодот кога е градена.

Сл.19. Сакрална архитектура од 19 век, храм Св. Никола, Вевчани.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 37

Во период после преродбата, како и во другите делови на Македонија, се јавува значајна стагнација на архитектурата. Се до периодот после втората светска војна покрај архитектурата и сите други гранки на социјалното живеење во голем дел замираат. Со модернизацијата и навлегувањето во новиот социјален поредок градењето започнува да го доживува својот процут. Најпрво преку јавни објекти како што е селското училиште, општината, болницата кои се градат одма после завршувањето на втората светска војна, односно кон крајот на 40-тите и почетокот на 50-тите години на минатиот век.

Сл.20. Општествена архитектура од 20 век, Вевчани.

Како интересен период за тематиката која ја обработувам се 70-тите години на 20-ти век. Во овој период започнува изградба на трите индустриски капацитети во општината Вевчани. Првиот објект претставува погон на фабриката „Стружанка“ и се наоѓа на самиот влез во селото. Оваа фабрика е подрачна единица на струшката фабрика за прозиводство на текстил. Другите два објекти се наоѓаат непосредно до локацијата на која ке биде сместена винарската визба, односно на четири километри источно од селото на самиот влез во општината. Едниот од тие два објекти претставува фабрика за производство на цигли со име „Дримкол Градежништво“ додека другиот претставува фабрика за производство на терацо плочки и други градежни материјали со име „ОГП Дримкол“. Жално е што ниту една од двете фабрики за градежни материјлаи повеќе не е во функција.

Сл.21. Индустриска архитектура од 20 век, Вевчани.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 38

Во 80-тите години на минатиот век е изградена и денес активната градинка која во себе носи специфични елементи на модерната архитектура. Со стекнувањето на индивидуален капитал, во целиот овој период се градат и семејни куќи. Ваквата нова архитектура започнува во голема мера да станува непрепознатлива поради на некој начин позајмувањето на архитектонски белези од други подалечни подрачја каде вевчанските печалбари сеуште работат и во поголем дел од годината таму и живеат.

3.2.3. Агрикултура – Вевчани Како и секоја селска населба и Вевчани живеела и живее со агрикултурата. Земјоделството, овоштарството и сточарството се основните дејности на населението кое живеело на овие простори. Се до модернизацијата на Македонија, односно до средината на 20-тиот век обичниот човек се занимавал со гореспоменатите дејности. Од земјоделието, одгледувањето на житните култури, најмногу пченка и пченица, и одгледувањето на раноградинарските култури се клучните активности во оваа област. Овоштарството најмногу било застапено со лозарството, додека сточарењето било на сите нивои подеднакво застапено – овчарство, краварство, свињарство и живина. Со децентрализацијата и развојот на ниво на СФРЈ, Вевчани како и останатите селски населби веќе почнуваат организирано да работат со земјоделие. Ваквиот феномен е објаснив само преку економскиот систем кој владеел, односно загарантираниот откуп на земојделски прозиводи кој бил директно спроведуван од самата власт. Покрај обработката на приватните поседи, државното земјиште исто така било обработувано повторно преку организација на властите. Државната земја на територија на општина Вевчани во целост била насадена со лозови насади поради поволните услови кои ќе бидат споменати во понатамошниот текст. Приватното земјоделско земјиште било насадувано според индивидуалните желби, но повторно во голема мера е застапено лозарството. Со распадот на социјалистичкиот систем, во почетокот на 90-тите години на минатиот век, започнува стагнацијата на земјоделието во Вевчани. Поради нефункционирањето на новиот систем државните земојделски поседи остануваат да бидат напуштени долги години, поточно до денес. Приватното земјоделско земјиште се обработува исклучиво заради индивидуални потреби, бидејќи организираниот откуп комплетно замира. Новата политика која се спроведува во изминатите неколку години дава нови надежи за земјоделието во овој крај. Новиот систем преку кој државното земјиште се дава под концесија на определен број на години, но и појавата на нови откупни пунктови го разбуди земјоделството од длабокиот сон. Отварањето на подрачна единица на

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 39

министерството за земојделство и шумарство е исто така добар знак. На државните земјоделски поседи кои се дадени под концесија на приватни правни или физички лица започнува повторно одгледувањето на некои земојделски култури. Како и во минатото и денес на прво место е лозарството, но исто и лешникот поради својот берзански статус почнува да биде интересен за земојделците. 3.2.4. Виногорје – Вевчани Во Република Македонија постои еден лозарски реон кој се совпаѓа со целата територија на Република Македонија. Името на географската област на реонот е Македонија. Лозарскиот реон – Македонија е поделен на три основи подреони кои можат лесно географски да се прочитаат. Централна Македонија, односно течението на реката Вардар е најголемиот лозарски подреон кој го носи името Повардарски вински подреон и во него спаѓаат поголемите виногорја: Скопско, Велешко, Тиквешко и Гевгелиско-Валандовско виногорје. Овие виногорја потоа се делат на уште поситни реони кои исто така го добиваат називот виногорје. Источниот дел на Република Македонија се вика Пчинско – осоговски вински подерон и во него спаѓаат виногорјата: Струмичко-Радовишко, Овчеполско, Кочанско-Виничко, Кумановско, Кратовско виногорје. Западниот дел на Република Македонија го носи името Пелагониско – полошки вински подреон и во него спаѓаат следните виногорја: Прилепско, Битолско и Охридско виногорје. Во склоп на Охридското виногорје влегува и делот од Вевчанското виногорје. Иако мало според количината на произведено грозје на годишно ниво Вевчанското виногорје носи свои специфични белези. Вевчанското виногорје се наоѓа во рамките на катастарската општина Вевчани, поточно на самиот влез во општината од магистралниот пат Струга – Дебар. Надморската висина на виногорјето е приближно 700 метри. Климата која го зафаќа виногорјето

Сл.22. Македонски вински регион, поделба.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 40

претставува умерена медитеранска клима поради близината на реката Црн Дрим кој се наоѓа на оддалеченост од 100 до 300 метри. Од останатите поважни географски зададености важно е да се спомне дека почвата во Вевчанското виногорје е блага почва од типот црвеница која е најповолна за развој на лозарство. За Вевчанското виногорје се препорачани неколку сорти на бели грозја и неколку сорти на црни грозја. Од белите грозја најповолни за овој регион би биле: Шардоне, Траминец, Совињон Бланк (прва категорија на сорти по квалитет) и сортите Ркцител, Жупљанка, Семион и во мали количини Мускат (втора и трета категорија на сорти по квалитет). Од црните горзја најзастапени се: Прокупец, Мерлот и Вранец, додека во помала количина би можеле да виреат и Каберне Совињон и Гаме. 3.3. Потесен план (месност) – Кореа Уште на почетокот на дефинирањето и изборот на зададената задача за изработка на магистерски труд, не беше избрана конкретна локација или попрецизно парцела на која би се разработувала винарската визба. Како познавач на регионот, земен како задача, бев свесен за можностите и недостатоците на одредени локации кои би имале потенцијал за обработка. Во најтесниот круг се најдоа три конкретни локации. Преку анализа на позитивни страни и недостатоци, беше избрана една. Првата локација се наоѓа блиску до атарот на селото блиску локалитетот Вајтос, додека другите две се надвор од селото на работ на катастарската општина, блиску Вевчанското виногорје. Пред да започнам со анализи за конкретните локации би сакал да ја појаснам географската поставеност на катастарската општина Вевчани. Со оглед на фактот дека општина Вевчани е самостојно управно тело, но и поради проширената сопственост на правни и физички лица на градежно или земјоделско земјиште, доделена и е доста голема катастарска површина. Катастрската општина Вевчани граничи со неколку други катастарски општини и тоа: Октиси, Подгорци, Лабуништа, Велешта и Ташмаруништа. Специфично е тоа што земјиштето кое се наоѓа надвор од атарот на селото, а спаѓа во катастарската општина директно граничи со атарите на четири други села и тоа: Октиси, Подгорци, Велешта и Ташмаруништа. Секоја од трите избрани локации на некој начин покрај тоа што правно спаѓа под катастарска општина Вевчани, се наоѓа во непосредна близина на некое соседно село. - Првата избрана локација, како што беше кажано се наоѓа во непосредна близина на локалитетот Вајтос, а од таму и до селото Октиси. Името кое го носи месноста е „Горни Вајтос“. Она што е карактеристично за оваа локација е тоа што се наоѓа во почетокот на Вевчанското поле, односно непосредно до првите стрмнини на планината Јабланица. Како особено квалитети кои ги нуди оваа локација се близината на шумата од една страна

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 41

Сл.23. Прва избрана локација, Горни Вајтос, Вевчани.

и полето од другата страна и непосредноста на реката Вевчанска која изобилува со природна убавина. Малата оддалеченост од селото исто така има одредени квалитети. Како недостатоци на локацијата кои се забележуваат се оддалеченоста на 5 км од виногорјето, нејасноста на топграфијата која на некој начин каскадно се спушта кон реката каде секоја парцела е каскада сама за себе и секако фактот што сите парцели во околината се приватни парцели. - Втора локација која беше ставена на разгледување беше месноста викана „Дримски ливаѓе“. Овој реон како што кажува и самото име се наоѓа во непосредна близина на реката Црн Дрим, а со тоа и до атарот на селото Ташмаруништа. Прекрасниот пејзаж во кој доминантна улога игра самата река беше главната карактеристика која ме наведе да размислувам кон оваа локација. Повторно близината на селска населба и близината на виногорјето (оддалечено на само 500 метри) се другите квалитети, од инфраструктурна гледна точка. Недостатокот на оваа локација исто како и претходната претставуваат големата раситнетост на парцелите кои повторно се во приватна сопственост во целост. Најголемиот недостаток на оваа локација претставува можноста за излевање на реката во пролетниот период, кој во многу што би можел да му наштети на производниот капацитет на винаријата.

Сл.24. Втора избрана локација, Дримски ливаѓе, Вевчани.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 42

- Третата локација и онаа која на крајот на ваквата анализа ја избрав е месноста викана Кореа или Суво поле. Овој реон во суштина е реонот врз кој се простира најголем дел од Вевчанското виногорје. Се наоѓа на самиот влез во катастарската општина Вевчани на магистралниот пат Струга – Дебар, во непосредна близина на сега проширениот атар на селото Велешта. Ваквите предуслови ја прават оваа локација поатрактивна од претходните две, заради кои и е избрана. Избраната локација ги задоволува сите основни потреби за изградба на нов индустриски капацитет од типот винарија. Најпрво целото земјоделско земјиштете во овој реон припаѓа на Република Македонија. Непосредната близина на лозовите насади е уште еден елемент кој би ја подобрил архитектонската атмосфера во регионот, но и би бил од суштинско значење заради минималниот транспорт на собраното грозје до мелницата во винаријата. Од другите услови кои се важни да се знаат за локацијата а покасно ке бидат важни за оформувањето на објектот може да се споменат блискоста на веке споменатите напуштени фабрики за керамички тули – Дримкол Градежништво и за терацо плочки и други градежни материјали – ОГП Дримкол. Како што погоре во објаснението за Вевчанското виногорје беше споменато климата во овој регион е умерено блага – медитеранска клима поради непосредната билизина на реката Црн Дрим и дека почвата на целото виногорје воедно и на конкретна локација е блага почва од типот црвеница. Карактеристично за месноста Суво Поле односно Кореа се малите ридни надвишувања кои населението им го дало називот тумби. Највпечатливата и најдоминатна тумба во регионот претставува тумбата која го носи истиот назив како и месноста Кореа – Суво поле. При првата посета на локацијата се забележува наметливото присуство на конкретната тумба кое јас го избрав и како најповолна позиција во месноста за лоцирање на новопроктираната винарија. После фазата на проектирање на објектот и решавањето на урбанистичките елементи поврзани со објектот е предвидена и препарцелација на веќе парцелираното државно земјоделско земјиште. Фазата на препарцелација ке биде додатно појаснета во делот на анализирање на проектираниот објект.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 43

Сл.25. Конечна избрана локација, Суво поле - Кореа , Вевчани.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 44

4. АНАЛИЗА НА КОНКРЕТНО ПРОБЛЕМСКО ПОДРАЧЈЕ

4.1 ПРОИЗВОДСТВО НА ВИНО Производство на вино или винификација е процес на производство на вино којшто започнува со селекција на грозје или друг (земјоделски) производ и завршува со флаширање на произведеното вино. Виното најчесто се произведува од грозје, меѓутоа освен од грозје, виното се произведува и од други овошја и нетоксични растителни материи. Производството на вино е поделено на две примарни категории: производство на негазирано вино (без карбонизирање) и производство на пенливо вино (со карбонизација). Наука која го проучува виното и производството на вино се нарекува енологија. 4.1.1 Процес – од суровина до готов производ По бербата, грозјето се носи во винарија и се подготвува за примарна или уште позната како бурна ферментација. По приемот во инкестите базени (места каде што се сипува грозјето) се врши мелење, цедење и пресување со специјални цедалки и преси, а потоа се испумпува во танкови каде настанува процесот на бурна ферментација. Во оваа фаза производството на црвено вино се разликува од производството на бело вино. Црвеното вино се произведува од ширата (месестиот дел) на црвено и црно грозје кое се ферментира со самата пулпа. Белото вино се произведува од ферментираниот сок којшто се добива со пресување на грозјето, лушпите се отстрануваат и немаат понатамошна улога во производството на белото вино. Розe вината се произведуваат од црвено грозје во процес во кој е дозволено сокот да остане во контакт со темните лушпи доволно долго за да добие црвеникава боја. Во примарната ферментација на почетокот на производството на црвено вино се додава квасец на ширата а на белото вино се додава сок. Во текот на ферментацијата, која обично трае една до две недели, квасецот ги претвора повеќето шеќери од сокот на грозјето во етанол (алкохол) и јаглерод диоксид. Јаглерод диоксидот се губи во атмосферата. По примарната ферментација на црвените грозја виното по пат на слободен ток се испумпува во танкови а лушпите се пресуваат за да се екстрахира останатиот сок и виното, пресуваното вино се меша со виното со слободен ток со голема претпазливост. Виното се одржува на одредена температура а останатите шеќери се претвораат во алкохол и јаглерод диоксид. Следен процес во производството на црвено вино е секундарна ферментација. Ова е процес на бактериска ферментација во којшто јаболчната киселина се претвора во млечна киселина. Со тоа се намалува киселоста а омекнува вкусот на виното. Понекогаш црвеното вино се пренесува во дабови бочви, во просторија која се нарекува барик, каде што стои неколку недели или месеци за да стаса,

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 45

а со тоа виното добива дабова арома. Виното мора да се среди и разбистри и да се регулира пред флаширање, кое се врши во посебна просторија – флашара, од каде што подоцна се врши извоз на виното или се остава да зрее во шишиња. Периодот од бербата до дегустирањето на виното може да варира од неколку месеци за вината, па се до дури повеќе од 20 години за врвни вина. Меѓутоа, само 10% од сите црвени вина а 5% од белите вина ќе имаат подобар вкус по 5 години од вкусот што ке го имаат по само една година. Во зависност од квалитетот на грозјето и стилот на виното што се прави, некои од овие чекори можат да бидат комбинирани или изоставени за да се постигнат саканите резултати на винопроизводителите.19 4.1.2 Поважни постапки при процесот на производство на вино 

Грозје – суровина - Квалитетот на грозјето е најзначајниот фактор кој го одредува квалитетот на виното. На квалитетот на грозјето влијаат и многу други фактори како што се: климатските услови во фаза на раст, минералите од почвата и киселоста, времето на бербата и методот на кроење. Берба - Бербата е изборот на грозјето а воедно и првиот чекор во производството на виното. Грозјето се бере механички или рачно. Бербата на грозјето од плантажите започнува од почетокот на септември до почетокот на ноември во северната хемисфера, или до средината на февруари до почетокот на март во јужната хемисфера. Пресување и примарна ферментација - Пресување е процесот во којшто полека се гмечат зрната и се ослободуваат состојките од зрната. Издвојување е процес на отстранување на гроздовите од стебленцата (стеблото коешто се наоѓаат гроздовите). Ова е постапка на пресување на гроздовите со цел да се одвои сокот или виното од гроздовите и гроздовите лушпи. Лушпите или самите гроздови се поставуваат меѓу цврста и подвижна површина. Постапката на пресување на грозјето се врши со бавно придвижување на подвижната површина кон цврстата површина со што се цеди сокот од грозјето. Модерните преси ја диктираат должината на траењето и притисокот на пресата. Кај црвените вина ширата се пресува по примарната ферментација, којашто ги дели лушпите и другите цврсти состојки од течноста, а кај белото вино течноста се дели од ширата пред ферментацијата. Додека пак кај розе вината лушпите се оставаат да бидат во контакт со течноста краток период за да виното ја добие својата препознатлива розе боја, а по тој процес може да се пресува и ширата. Виното се остава да отстои или да зрее, а потоа се двои од заостанатите мртви квасци и од цврстите материи (наречен талог), а потоа се транспортира во нов танк кадешто може да се јави дополнителна ферментација.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 46

Цедење - Цедење(pigeage) е француски термин за традиционалното тапкање врз грозјето во отворените танкови во коишто се одвива ферментацијата. За да се направи одреден тип на вино, гроздовите се цедат а потоа се сипуваат во ферментационите танкови. Кога ќе започне ферментацијата, гасовите коишто се испуштаат од јаглерод диоксидот во текот на ферментацискиот процес ги туркаат лушпите на површината. Слојот што се создава од лушпите и другите цврсти материи е познат како капа. Бидејќи лушпите претставуваат извор на танини, течноста треба да поминува или да се испумпува низ капата секој ден, а тоа традиционално се прави со тапкање на грозјето во бочвата.

Секундарна ферментација и зреење на виното - Во текот на секундарната ферментација и процесот на зреење, којшто трае од 3 -6 месеци, ферментацијата се одвива многу бавно. Виното се чува во цевка за да се заштити од оксидација. Со овој процес матното вино се избиструва, а во исто време се отстранува и талогот од виното. Секундарната ферментација најчесто се одвива во големи не’рѓосувачки челични садови со волумен од дури неколку кубни метри, или пак, во зависност од посакуваниот вкус, виното понекогаш се става во дабови бочви за да добие поубав вкус. Видот на садот во кој што се произведува виното зависи од количината вино што се произведува, од грозјето и од винопроизводителот. Јаболчно-млечна ферментација - Jаболчно-млечна ферментација се случува кога млечната киселинска бактерија ја метаболизира јаболчната киселина и создава млечна киселина и јаглерод диоксид. Јаболчно-млечната ферментација може да го подобри вкусот на виното коешто има високо ниво на винска киселина, бидејќи винската киселина во повисока концентрација често предизвикува непријатна суровост и горчлив вкус на виното а млечната киселина му дава поубав и помек вкус. Процесот повеќе се применува на црвеното вино додека кај белите вина се применува повнимателно. Лабораториски тестови - Без разлика на тоа дали виното е оставено да зрее во танкови или во бочви, тестовите се прават периодично во лабораторија за да се провери статусот на виното. Овие тестови најчесто се изведуваат во текот на производството или пак пред самото флаширање. Во зависност од резултатите од овие тестови, винопроизводителот може да преземе соодветни акции за да го подбри квалитетот на виното. Мешање и финализација на виното - Со цел да се добие посакуваниот вкус, пред да се флашира виното се мешаат различни видови вино. Винопроизводителот може да ги корегира неадекватностите со мешање на различни вина од различни видови грозја. Филтрација - Филтрацијата во производството на виното се користи за две цели, избистрување и микробна стабилизација.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 47

Флаширање - Крајна доза сулфит се додава за да се заштити виното од несакана ферментација по флаширањето. Шишињата со вино традиционално се запечатуваат со тапи најчесто направени од даб, но се запечатуваат и со синтетички тапи, додека се популарни стануваат плутите. Последен чекор е додавање на чаура на врвот на шишето коешто потоа се загрева за да се зацврсти печатот.

4.2 НЕКОИ ПОВАЖНИ ТЕХНОЛОШКИ ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ВИЗБАТА 4.2.1 Технолошки услови При проектирањето на визбата, едно од многуте важни прашања е правилното решение на насоката на производството. Денес постојат визби со различно производство. Едни се ориентирани на производство на конзумни, други на високо квалитетни или десертни, шампањски или на други сортни и типови вина. Насоката на производството најмногу зависи од условите во реонот и од структурата на сортиментот, врз основа на што треба да се определи исползување на грозјето. Капацитетот на визбата, исто така, е многу важно прашање. Големината најмногу зависи од суровинската база во виногорјето каде што се подига визбата. Притоа, се води сметка да се создадат можности за преработка на расположивите количества грозје, што се произведува во виногрјето, и да се има предвид перспективното ширење на површините под лозја. Кога се знаат можните количества грозје, што треба да се преработуваат, може мошне точно да се одреди општиот капацитет на визбата, како и одделно капацитетите на соодветните одделенија. Притоа, треба да се има предвид начинот на производство, т.е. дали производството завршува во текот на една година или трае две или повеќе години а, исто така, и залихите и манипулативниот простор, што просечно изнесува околу 30%. При проектирањето на визбата треба да се води сметка и за евентуално проширување на визбата. Капацитетот на технологијата за преработка зависи од дневните количества грозје што се преработуваат во визбата. За нив треба да има доволно простор во одделението за преработка. Капацитетот на вријалницата, просторија каде што се врши ферментирањето, треба да биде таков што да има доволно простор во него да се сместат садовите за ферментација. Притоа треба да се има предвид дека алкохолна ферментација трае 6-7 дена, а потоа младото вино се сместува во други челични танкови или буриња во одделението за млади вина. На овој начин испразнетите садови за бурна ферментација можат да се искористуваат повеќепати во сезоната на преработката на грозјето. Ако вријалницата служи само за производство на црни вина, треба да има капацитет само за

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 48

примање на гроздова каша, а ако служи и за ферментација на бели вина, тогаш сразмерно трена да биде поголема. Одделенијата за млади и стари вина, простории како што се барикот, просторија со челични танкови за секундарна ферментација треба да имаат таков капацитет во кој ќе можат да го примат годишното производство на млади и стари вина, а евентуално и другите непласирани количества вина. Ако вината зреат две или повеќе години, капацитетот на одделението треба да биде таков што ќе го прими целокупното количество вино, што зрее повеќе години. Визбата, а посебно одделните простории во неа, треба да имаат поволни температурни услови и услови во односна влажноста. Исто така, треба да се создадат услови за одржување на хигиената. Овие услови се едни од клучните за квалитетно производство на виното. 4.2.2 Техничко-градежни услови При изградба на одделни, одделенија во визбата, тие меѓусебно треба да бидат функционално поврзани, така што сите технолошки процеси да се одвиваат нормално и непречено. Така на пример, одделението за преработка треба да биде поврзано со базените за прием на грозјето, вријалницата и одделението за млади вина, барикот и сл. Поврзувањето се обезбедува со врата или со отвори, преку кои се обезбедуваат одводни и доводни цевки. По потреба, вратата може да биде поголема или помала, со цел движењето да се изврши нормално, а по потреба да се пренесуваат и најголемите садови. Поврзувањето се обезбедува и со лифтови, разни елеватори, платформи итн. На вријалницата обично се оставаат прозори. Тоа се мали отвори кои се поставени близу до таванот и служат за вентилација или разладување. Одделенијата за млади и стари вина, најчесто немаат прозорци, но имаат разни канали за вентилација/оџаци и други одводни канали и слично/ или се снабдени со вентилатори. Подот на сите одделенија најдобро е да биде бетониран, со мал наклон и со одводни канали за одржување на потребната хигиена. Каналите треба да бидат поврзани со канализациона мрежа за отпадна вода. За таа цел е потребно сите одделенија да бидат обезбедени со чиста истечна вода. Ѕидовите треба да бидат доволно дебели, за да може визбата да биде солидно изградена и доволно цврста, но и одделните одделенија да бидат доволно изолирани од надворешните промени. За таа цел, во последно време се изградуваат двојни ѕидови со празен воздушен простор за изолација или се поставуваат разни изолациони материјали/стаклена волна и сл./. Темелите треба да бидат добро изолирани, особено на влажни терени.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 49

Скоро сите одделенија во визбата треба да бидат осветлени. Најдобро е ако осветлувањето се реши со електрична енергија. Таа е потребна за движењето на разни машини за преработка на грозјето и за одгледување на виното. Без оглед на типот на визбата, најголем број визби се изградени во правоаголна форма. Им се дава правец исток-запад за да бидат што помалку изложени на сонце. Јужната страна, особено во топлите реони, треба да биде заштитена природно/зелен дрворед/ или вештачки со земја и сл. Ако се даде правец север-југ, западната страна треба да биде заштитена од сонце и од ветрови. Во модерно уредените и опремени визби, во одделните одделенија температурата се регулира со клима уреди. Изградбата на винарските визби треба да им биде препуштена на архитектот и градежниот инженер, но редовно во соработка со агроном-технолог винар, кој треба да ги определи капацитетот на визбата, распоредот на одделните простории и нивната функција, како и условите што треба да ги исполнуваат за поквалитетно производство. 4.3. ПРОСТОРИИ НА ВИНАРСКАТА ВИЗБА Визбата може да има поголем или помал број простории, односно одделенија. Нивниот број зависи од намената на визбата. Најголем број одделенија имаат визбите што го преработуваат грозјето, што го одгледуваат и што го чуваат виното. 4.3.1. Главни простории 

Одделение за прием и за преработка на грозје или работилница - Во ова одделение се прима и се преработува грозјето. Преработката се состои во гмечење на грозјето и во одделување на гроздинката, цедење и пресување, како и транспорт на гроздовата каша или на ширата до одделението за алкохолна ферментација. За таа цел, треба да биде доволно просторно и обезбедено со потребните машини. Тоа одделение се изградува над земјата или делумно вкопано, во правоаголна или квадратна форма. Од предната страна е поврзано со инкести базени – резервоари за прием на грозјето. Во визбите со поголем капацитет ги има најмалку по два, од кои едниот служи за прием на црно а другиот на бело грозје. Под нив, закопани подлабоко, се поставуваат гроздомелачките со одделувач на гроздинката и со пумпи за прием и транспорт на гроздовата каша до вријалницата или цедилките. Просторот пред инкестите базени/резервоари/ и гроздомелачките треба да бидат доволен за слободен приод на превозните средства со грозје и да овозможи лесно истоварување на грозјето за да нема никаков застој на преработката. Бројот и капацитетот на резервоарите за прием на грозјето и на машините за преработка

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 50

треба да биде таков што може да го прими и преработи целокупното количество грозје што може да пристигне во визбата во текот на еден ден. Во непосредна близина и во продолжение на работилницата се наоѓа вријалницата, што е поврзана со врата и со одводни цевки за транспорт на гроздовата каша до садовите за ферментација. Работилницата има главен влез. Овој влез, обично е поврзан со базените за чување на комината, што се распределени надвор, во непосредна близина на работилницата. Покрај гроздомелачката, во одделението за преработка на грозјето се сместени цедалнките и пресите. Цедалките се поврзани со гроздомелачката а овие со пресата. Работилницата треба да биде доволно светла па затоа треба да има и прозорци. За ноќна работа треба да биде снабдена со електрично осветлување. Бидејќи ова одделение брзо се загадува за време на преработката, за одржување на хигиената, подот треба да биде бетониран и обезбеден со одводни канали под благ наклон. Вријалница - Вријалницата е одделение во кое се врши алкохолна ферментација. Најчесто, се изградува над земја, во правоаголна форма и вонепосредна близина на работилницата. Во неа се распоредени садовите за алкохолна ферментација. Тие можат да бидат поставени само во два реда, покрај ѕидовите, или ако е доволно широка, во средината може да има уште два реда вински садови. Меѓу садовите треба да има ходник, широк најмалку 2 метра. Подот треба да биде бетониран, особено ходниците, со потребните канали за одвод на нечиста вода. Канали треба да има и пред самите предни страни на винските садови. Бидејќи во ова одделение се врши алкохолна ферментација, при што, се ослободува CO2, потребно е да бидат поставени одводни канали, оџаци и сл. за отстранување на овој отровен гас. Модерно уредените визби се снабдени со вентилатори на електричен погон. За проветрување на ова одделение се ползуваат и мали прозорци, што се изградуваат високо, под таванот. Вријалницата треба дабиде поврзана со одделението за млади вина, односно тивка ферментација. За производство на црни вина оптималната температура во вријалницата изнесува 20-220 C, а за белите вина 16-180 C. Температурата е важен фактор за правилно одвивање на алкохолната ферментација. Почетната температура треба да биде поволна за нормално започнување на ферментацијата. Затоа во ладните реони вријалницата треба да биде заштитена од ниските, а во топлите реони од високите температури.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 51

Во помалите визби работилницата и вријалницата, најчесто претставуваат едно е, при што, предниот дел на одделението се ползува за сместување на машините за преработка, а задниот дел служи како вријалница. Во големи визби една просторија може да служи за ферментација на црни а друга на бели вина. Одделение за млади вина (тивка ферментација) - Во ова одделение се одгледуваат и се чуваат младите вина. Најчесто, се гради во правоаголна форма и во продолжение на вријалницата или под неа се гради и одделението за преработка на грозје. Во него се распоредени винските садови, паралелно во два реда, на меѓусебно растојание од најмалку 2 метра; ако одделението е широко, во средината се распоредени уште два реда садови, при што, се оставаат два ходника. Во одделението за млади вина се врши тивка ферментација на црните и белите вина. Може да се врши и бурна ферментација за производство на бели вина. За правилно одвивање на овие процеси, потребно е одделението да има температура од 150 C. Како оптимална релативна влажност се смета 75-85%. тивка ферментација, младите вина се оставаат во ова одделение цела година за ледување, при што, се врши бистрење, филтрирање и др. операции. Одделение за стари вина (барик) - Ова одделение служи за одгледување и за чување на стари вина во вински садови, а доста често во дабови буриња. Се гради во случај ако вината зреат подолго време, како што е случајот со високо квалитетните вина. Се вкопува во земја под одделението за млади вина. Најчесто, има правоаголна форма, со сличен распоред како и одделението за млади вина. Има два или четири реда вински садови или буриња, со еден или со два ходника широки 2 метра. Најдобро е ако подот е бетониран и да е обезбеден со одводни канали. а чување на старите вина, температурата во одделението треба да биде 8-10о C за црните. За да се постигне таква температура одделението треба да биде вкопано што подлабоко. Во ова одделение релативната влажност треба да изнесува 75-85%. Ова одделение треба да има таков капацитет, во кој ќе има можност да се собере целокупното количество старо вино од две или од повеќе години, имајќи го предвид времето на зреењето. Во продолжение на одделението за стари вина, или во истото одделение отстрана, се изградува одделение за чување вина во шишиња. За правилен распоред на шишињата и за сместување на поголем број се изградуваат, железни или дрвени рафтови-полици на повеќе ката. Во тоа одделение температурата константно треба да биде 8 о C. Зрелите вина разлиени во шишиња не трпат високи и колебливи температури. Затоа тоа одделение треба да биде што подлабоко вкопано во земја.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 52

Одделение за разлевање на вината во шишиња - Ова одделение се изградува надземно, најчесто, во правоаголна форма. Може да има прозорци за обезбедување на дневна светлина. Во него се сместени следниве машини: за миење на шишињата, за разлевање на виното во шишиња, за затворање и за етикирање на истите. Обично машината за миење на шишињата е преградена и одделена од другите машини со стаклена преграда, за да не пречи пареата на работата со другите машини.ж Капацитетот на ова одделение треба да обезбеди правилен распоред на машините и нормална манипулација со нив. Ова одделение треба да биде биде поврзано со одделението за стари или веќе одгледани вина за промет, како и со одделението за пакување и транспорт. Во состав на ова одделение се наоѓаат простории за чување на празни шишиња, е на полни шишиња со вино. Одделение за пакување и транспорт на вината - И ова одделение се гради над површината, и тоа, на спротивната страна од одделението за прием и преработка на грозјето. Има прозорци за дневна светлина. Пред него има слободен простор за товарање на разни средства за транспорт. Во него се врши пакување на полните шишиња во кутии или сандачиња, товарење или истоварување на винските садови. Поврзано е со одделението за стари вина и со одделението за разлевање во шишиња. Вага - Сите визби имаат вага за мерење на грозјето што треба да се преработува. Малите визби располагаат со обични децимални ваги, додека визбите со голем капацитет имаат една или повеќе колски ваги, што можат да мерат повеќе илјади килограми или натоварени камиони, па и вагони. Овие ваги се поставени на влезот од дворот на визбата. Колата или камионот прво минува преку вагата, на која се мери бруто тежината, а по истоварот на грозјето, празното превозно средство повторно се мери, на кој начин може точно да се утврди количеството на грозје примено за преработка.

4.3.2 Помошни простории Како помошни простории се сметаат оние простории за визбата, кои не се врзани директно со технолошките процеси за производство на виното, а помалку или повеќе се значајни во производството и прометот. 

Лабораторија – Модерно опремените визби имаат лаборатории, кои служат првенствено за интерна контрола на квалитетот на вината и на другите производи. Во нив се вршат разни хемиски анализи на составот на ширата и виното. Покрај тоа, се вршат проби на мало во врска купажирањето, бистрењето, филтрирањето и др.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 53

 

Сала за дегустација–во непосредна близина на лабораторијата, во поголемите визби, се изградува сала за дегустација на виното и на другите производи. Таа е репрезентативно уредна и во неа виното и другите производи се дегустираат, при што, се оценува нивниот квалитет при производството или при продажбата. Сала за работни состаноци – во визбите со голем капацитет и голем број вработени се изградува и сала за одржување работни состаноци. Таа може да се ползува за одржување на стручни советувања и состаноци на целиот колектив. Административни простории – овие простории служат за вршење на сите административни работи врзани за производството и за пласирањето на производите. Во поголемите визби овие простории се во состав на другите простории, а во визбите со поголем број простории се изградуваат како анекс или како посебна зграда во нивна непосредна близина. Магацински простор – за сместување на потрошниот материјал, амбалажата и сл. во состав на визбата се изградува магацински простор. Трпезарија - големите визби со голем број работилници треба да имаат и трпезарија за исхрана. Покрај трпезаријата, може да има и кујна за приготвување на храната. Санитарни простории–секоја поголема визба има гардероба за менување на работничката облека, како и простории за бањи и соодветни санитарии.10

10

Драган Настески, Технологија на виното. Скрипта. Библиотека на Архитектонски факултет –

Скопје,

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 54

5. АНАЛИЗА НА ПРОЕКТ 5.1. КОНЦЕПТ – ГЕНЕЗА НА ФОРМА Во ова поглавје, целта ми е да го опишам почетокот на процесот на проектирање одма после изборот на конкретната локација кој е опишан во погорните поглаваја (Локација / Избор на конкретна локација). Со оглед на фактот дека процесот започна со некаква анализа на локациските услови и моето согледување на истите, ова поглавје исто така би го поделелил на неколку сегменти во кои последователно ќе бидат опишани постапките преку кои објектот ја добива својата форма. 5.1.1. Примарни согледувања на општите услови на локацијата Во погорните редови беа образложени локациските услови. Месноста викана Кореа или Суво Поле е нашата цел на разгледување. Се наоѓа на влезот на катастарската општина Вевчани во непосредна близина на атарот на село Велешта, на 4км оддалеченост од село Вевчани. Покрај локацијата минува магистралниот пат Струга – Дебар и регионалниот пат кој се издвојува кон селото Вевчани. Во близина на локацијата, како Сл.

Сл.26. Сателитска снимка – Месност Кореа, Суво Поле – Општи услови.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 55

остатоци од некогашната локална индустија, се наоѓаат руинираните згради на фабриките Дримкол Градежништво и ОГП Дримкол, и двете за производство на градежни материјали. Покрај фабриките постојат и недоизградената црква Св. Ѓорѓија, портата Вевчани и спортската сала – Велешта. После првата посета на локацијата и сумирањето на првите впечатоци согледувам дека поставеноста на географските елементи во генералната концепција на теренот има свои посебни карактеристики. Географијата на локацијата е составена од две помали надвишувања од кои едното ја зазема доминантната позиција врз поширок план поради својата поголема висина. Од таму прозилегува и конечната и најпрецизна лоцираност на самиот објект.

Сл.27. Дијаграм – Пресек низ локација – Најдоминантно надвишување.

Покрај фактот дека едно од надвишувањата го избираме заради неговата висина, неговата планска поставеност е другата причина за лоцирање на објектот токму таму. Со поставување на некаква структура на споменатиот рид на некој начин се создава пандант на волуменот на црквата.

Сл.28. Дијаграм – Пресек низ локација – оформување на влезно нагласување.

Ваквиот нов елемент во просторната концепција која се чита од на локацијата, заедно со веќе постоечката структура при самиот влез на територијата на општина Вевчани – црквата, создаваат нова порта во просторот.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 56

Сл.29. Дијаграм – Перспектива од локација – оформување на влезно нагласување.

При движењето на магистралата Струга – Дебар, кон Вевчани се скршнува лево каде на патот не пречекува новиот објект – портата Вевчани. Непосредно пред самата порта, од десна страна, се наоѓа црквата Св. Ѓорѓи. Формирајќи нова архитектонска целина на најдоминатниот рид од левата страна, создаваме нов чувствен портик, преку ввизуелната комуникација од патот кон споменатиот рид.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 57

5.1.2. Референтен пример – Вила Ротонда ( Андреа Паладио ) Одлуката за конечно лоцирање на објектот беше суштинска за почеток на проектирање на истиот. Какратеристичното издигнување на самата локација, како нов елемент во просторот бара посебно внимание. После долго разгледување и на самата локација и на примери од пејзажната архитектура она што беше најсигурно е дека таму треба да стои монумент. Монументалноста на една нова структура во просторот би ја постигнала целта за оформување на нов портик на влезот кон Вевчани.

Сл.30. Дијаграм – Основа – Вила Ротонда.

Рефернтноста кон проектирањето ја пронајдов во вилата Скарпа-Ла Ротонда на Андреа Паладио. Специфичната поставеност на малечко брдо кое го доминира теренот во околината е сличноста со конкретниот проблем.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 58

„Вилата Ротонда преставува прва централна подкуполна композиција од профан карактер. Сместена е на едно возвишување од кое се пружаат прекрасни визури на сите страни. Поради тоа, композицијата има четири подеднакво важно третирани влезови, поставени врз оските на симетрија. Вкупната основа, како и нејзините делови се искомпонирани со помош на основните геометриски форми, круг и квадрат. Целиот корпус на вилата е подигнат на постамент врз кој се издигаат четири „антички“ портици, до кои се доаѓа преку свечени скали. Како во основата, така и во во изгледот, основниот облик на вилата е решен со јасните пропорции на златниот пресек. Паладио верува дека обликот на античкиот римски храм се развил од римската куќа за живеење. Затоа за него е соодветно и неговите вили да имаат фасади произлезени од римските храмови.„ 11

Сл.31. Дијаграм – Пресек-перспектива – Вила Ротонда.

Карактеристично за вилата исто така е и движењето во и околу нејзе. Симетричната основа пресечена со крстаст ходник кој во центарот има кружно фоаје е униката сама по себе, но впечатливо е тоа што движењето околу вилата формира правилен квадрат на тој начин што постојат ходници под четирите скалишни краци на фасадата со што е овозможено кружно движење околу наоколу.

11

Михаил Токарев, Архитектура, скулптура и сликарство во новиот век (Скопје, УПА, 1999) 79

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 59

5.1.3. Генеза на форма / варијации / финална форма Вилата Скарпа на Андера Паладио во суштина е носечкиот концепт во оформувањето на новиот објект. Квадратната основа која е продрена од кружно лоби поврзано со ортогнално поставени ходници кои излегуваат кон врати на еднакво третираните фасади е идејата која на некој начин се пресликува и во формата на објектот. После примарните опсервации на терен, примарните ортогонални ходници кај Паладио заменети се со најкрактеристичните погледи од и кон локацијата.

Сл.32. Дијаграм – Перспектива – Погледи од локација.

Овој пат наместо четирите еквивалентни фасади кај Ла Ротонда се јавуваат три, поврзани со трите основни визури од надвишувањето. Првата визура гледа југоисточно. Ваквата визуелна врска е двострана – од една страна по движењето на главниот пат низ селото Велешта доминира надвишувањето, а од друг од ридот доминира правата линија на патот низ која продира погледот на набљудувачот. Втората визура е најважниот поглед во целиот концепт. После завртувањето од магистралниот пат Струга - Дебар кон Вевчани се јавува повторно обострана визуелна конекција, која на некој начин го нагласува влегувањето на територија на општина Вевчани. И третиот поглед е ориентиран кон запад кон подножјето на планината Јабланица каде во природниот пејзаж е сместено селото Вевчани. Ново поставените правци кои сега се поврзани со конкретни погледи од и кон локацијата заедно со кружното лоби, генерираат еден неправилен волумен кој ке биде одземен од правилната квадарна форма која во основа е квадрат со димензии 40м/40м и висина на страната од 20м. Кон ваквиот волумен е додаден уште еден, овој пат заради програмските потреби кои мора да се земат во предвид во текот на целото поректирање.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 60

Примарната форма и нејзиниот развој се прикажани на наредниот дијаграм каде можат да се видат конкретните правци на продорите во квадарниот волумен

Сл.33. Дијаграм – Перспектива – Развој на примарна форма.

Обликовните постапки не завршуваат со приманата форма. Во продолжение следат обиди правени во неколку фази со цел продорите низ базичниот волумен да станат поиздржани, пофункционални и естетски поквалитетни. Првата фаза кон обликовниот процес продолжува со употреба на неправилни форми со прави но и заоблени линии, кај кои примарен аспект заземаат прецизно поставените погледи од центарот на волуменот кон надвор и внатре. Конечната цел во оваа фаза е упростување на формите како тие би станале прифатливи за специфичната програма. Втората фаза повторно главниот акцент се става на прецизно поставените погледи, но овојпат со продори кои се оформени со две паралелни страна. Наредната, трета и последна фаза има за цел да ги поедноставни колку е можно повеќе новите продорни облици. Па така најпрво преку спојување на продорите во правилни агли од 90 или 45 степени, па преку обиди за ротирање на целиот волумен, обиди за изместување на точката на спој на продорите од центарот на квадратната основа и сл. Обидите се претставни на наредниот дијаграм.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 61

Сл.34. Дијаграм – Основи – Генерирање на форма во три фази.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 62

Конечната форма претставува оптималниот избор од големиот дијапазон на форми кои беа ставени на маса. Квадарен волумен со димензии на основата 40м/40м и висина на бочна страна со висина од 26м пробиен со три меѓусебе ортогонални продори кои се спојуваат во центарот на основата на волуменот е конечното решение. Неговите естетски квалитети преку правилноста и симетријата и неговата функционалност во однос на програмата која треба да се смести во истиот се пресудните фактори за изборот на формата на објектот.

Сл.35. Дијаграм – Основи/Изглед/Перспектива – Конечен волумен.

5.2. ПРОГРАМА – ПРОГРАМСКА РАСПРЕДЕЛБА Уште на почетокот на задачата беше јасен основниот функционален склоп на објектот кој треба да се испроектира. После одредени анализи во врска со додатната програма на објектот беше заклучено дека покрај делот за производство и обработка на виното, винаријата треба да содржи и дел за угостителството. Ваквиот заклучок се темели врз фактот дека Вевчани како населба со голема традиција, историја и природни убавини е лидер во руралниот туризам во Република Македонија со што атрктивизирањето на еден ваков објект со угостителски содржини би било доста исплатливо. И покрај постоењето на таква основа за развој на угоститлството постои друга оправдана причина за а тоа е поради фактот дека винскиот туризам е во значаен подем во последните години насекаде низ земјата. Ваквата понудена угостителска програма се состои од хотелски дел, вински музеј, ресторан и секако сала за дегустација која припаѓа во делот за производство. Доколку новата структура се разгледува генерално во однос на програмата може да се заклучи дека во базисот (постаментот) на волуменот заедно со најголемиот волумен на јужната страна е сместен винскиот дел (производство), во источното крило е сместена администрацијата додека во западното крило е сместен хотелот. Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 63

Наредниот дијаграм ја прикажува програмата и нејзината распределба во однос на формата на новиот објект, од покрупна генерална анализа до најраситнета.

Сл.36. Дијаграм – Перспектива – Програмска распределба.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 64

Со цел подетално да се објасни системот на функционирање на програмата во објектот би започнал со опис на површините и нивните намени по нивои. Најдолното ниво на објектот во суштина е сутеренот кој се наоѓа на кота -6м. Кон ова ниво се пристапува преку подземна улица која кружи околу објектот и претставува техничка улица за пристап на вработените и пристап на грозјето до мелницата. Покрај базичната квадратна основа овој кат е проширен со две подземни крила – источно и западно. Во источното подземно крило се сместени инкестите базени во кои се исипува и се мели суровината и во продолжение се наоѓаат главните филтири каде исцедениот гроздов сок се прочистува од нечистотијата.Ова крило зафаќа површина од 491 м2. Навлегувајќи во главниот волумен на овој кат се наоѓаат 18 метри високите челични танкови за примарна ферментација и одлежување на виното сместени на површина од 690м2. Оваа просторија граничи со долгнавесте простија во центарот на објектот подигната на 2метри од сутеренот каде се наоѓаат бариковите буриња. Во северното крило на површина од исто така 690 м2 се наоѓаат магацините за готови производи, за амбалажа и сл.Во подземното западно крило се сместени магацините и гардеробите за ресторанот и хотелот, но во еден дел и утоварниот док за готовиот производ. Ова крило исто како и источното има површина од 491 м2. На наредното ниво на кота +- 0м подземните западно и источно крило веќе ги нема. Поделбата на главниот волумен останува иста со тоа што челичните танкови во јужното крило остануваат односно не постои плоча, додека над магацините се сместени флашарата и лабароторијата. Над просторијата со барик, се наоѓа салата за дегустација со истата површина. Нивото +4 на некој начин е приземното ниво, од тука почнува поделбата на главниот волумен со карактеристичните три продори. Во јужното крило остануваат челичните танкови се до пред последното ниво. Во источното крило (администрацијата) се јавува винскиот музеј со површина од 343м2. Додека на иста површина во западното крило (хотелот) се јавува хотелското лоби со кафе барот. На нивото +8м е во источното крило пристигаме до уште еден кат наменет за музејска поставка, додека во западното крило се јавуваат хотелските соби. Хотелското сместување во идентичен распоред продолжува до последниот кат во ова крило. Нивото +12м во источното крило е сместена конгресната сала со капацитет од околу 100 седишта наменета за предавања од различен вид. Последното ниво со кота +16 е карактеристично по тоа што над простријата висока 22м каде се сместени челичните танкови (јужно крило) сега се наоѓа ресторанот со засебна кујна и магацин. Како што беше кажано претходно, во западното крило има повторно соби додека источното крило е исполнето со канцеларии за администрацијата која работи во винаријата.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 65

Сл.37. Ситуација – Месност Кореа/Суво поле – Пристапи.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 66

5.3. ПРИСТАПИ И ДВИЖЕЊЕ Движењето и пристапот кон објектот се директно зависни од самата поставеност на локацијата во однос на околните патишта, односно на магастралниот пат Струга – Дебар и регионалниот пат месност Кореа – Вевчани. Уште пред да се започне со описи на движењата и пристапите важно е да се напомене дека тие се поделени на два засебни система. Едниот е пристапот и движењето на вработените, додека другиот е пристапот и движењето на посетителите.

Сл.38. Дијаграм – Перспектива – Движење надвор од објектот.

 Пристап и движење на вработените Пристапот кон локацијата и кон објектот е од неговата источна страна од магистралата Струга – Дебар. Движејќи се во правец од Струга кон дебар одма после завршувањето на атараот на селото Велешта односно спортската сала Велешта скршнуваме лево и пристапуваме кон државното земјиште на кое е сместена винаријата. Ново оформената техничка улица во близина на објектот потонува под земја така што завршува обиколувајќи го сутеренското ниво на објектот. Покрај за вработените, во овој дел пристапуваат и возилата за истовар на суровина – грозје, но и за утовар на готов производ. Во делот кај мелницата за грозје, постои посебна подземна улица кај која движењето е строго конторлирано.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 67

Движењето во објектот е карактеристично поради својот кружен систем. Од сите четири страни објектот е две метри конзолно испуштен. Ваквиот испуст овозможува непречено движење околу технички простории не само на сутеренот на објектот, туку и на неговиот прв кат односно катот со флашарата, лабараторијата и салата за дегустација. Вертикалната комуникација во објектот се извршува преку четири засебни скалишни јадра. Едно од овие јадра е исклучиво за вработени во објектот а тоа е западното јадро во јужниот блок кое пристигнува директно до магацинските простори на најгорниот кат кај ресторанот. Освен тоа вработените користат уште две јадра. Едно во делот на хотелот каде едниот лифт е предвиден исклучиво за собарката и скалишните краци кои од приземјето па надолу се контрлирани. Второто комбинирано јадро е јадрото во делот на музејот односно администрацијата. Овие скалила исто така се конторлирани од приземјето па надолу.

Сл.39. Дијаграм – Основа и Пресек – Движење на вработени во објектот.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 68

 Пристап и движење на посетители Пристапот кон објектот за посетителите е овозможен со исклучување од регионалниот пат Кореа – Вевчани, односно северно од објектот. Новопроктираната улица пристигнува до паркинг наменет за посетителите. Од паркингот движењето продолжува по скалила и заобиколна рампа по стрмниот рид се до главниот продор низ основниот волумен. Продорот во правец југ - север се врзува со другите два кои се во правецот исток – запад, каде се наоѓаат и влезовите во засебните крила. Во едниот влез се пристапиува кон музејот, во другиот кон хотелот и во третиот кон ресторанот. Истите четири јадра повторно ги спомнуваме, но овој пат само јадрото кон ресторанот е исклучиво наменето за посетители.

Сл.40. Дијаграм – Основа и Пресек – Движење на посетители во објектот.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 69

5.4. КОНСТРУКЦИЈА И МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА Целиот комплекс на винарската визба е сместен во модуларна мрежа од 7 метри на 7 метри. Носечкиот конструктивен систем претставува армирано бетонска конструкција составена од армирано бетонски столбови и армирано бетонски греди, во делови појачани со армирано бетонски платна.

Сл.41. Дијаграм – Основа на сутерен – Модуларна мрежа.

Најспецифично проектиран е сутеренот поради неговите технички елементи. Неговата висина е 6 метри и отстапува од висината на другите катови која е 4 метри. Поради бочните анекси, но и поради подземната улица која кружи околу него овој кат има различни карактеристики од сите наредни. Подземната улица е проектирана на тој начин што е оформена од вертикални армирано бетонски платна кои ја држат плочата и насипот од земја врз неа. Димензијата на овие платна е 30цм. Бочните анекси во кои е сместена програма поврзана со увозот на суровина и испораката на готов производ имаат двојно поголем модул од основниот поради потребата од поширок слободен простор. Во едниот правец останува модулот од 7метри додека во другиот правец се јавуваат рапони од 14 метри. Плочата врз овој простор е носена од столбови со димензија на пресекот 100/50цм. Во делот на основниот волумен конструкијата останува со модул 7/7 метри . Наредниот кат е различен од другите по тоа што кај него базичната квадратна основа (неподелена со продори) е компактна. Односно модуларната мрежа минува низ целиот квадрат.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 70

Катот каде пристапуваат посетителите, односно каде за прв пат се јавуваат продорите е разделен на три крила. Конструктивниот систем продолжува истиот од претходните катови само што во делот кај продорите сега не постојат гредитe кои ги поврзуваа столбовите од различните крила.

Сл.42. Дијаграм – Основа на приземен кат и на карактеристичен кат – Модуларна мрежа

Димензиите на пресеците на столбовите на целокупниот основен систем се 50 цм/ 50цм, додека на гредите се 50цм/60цм. Фасадното обликување се доби како продукт на опсежна анализа поврзана со естетиката но и со можностите на самата локација, односно регионот. Концептот кој е опишан погоре сам по себе бара неговата физичка појавност да оддава карактеристики на монолитност и монументалност. Една таква визуелност би се постигнала само преку материјали кои го оддават истиот впечаток. Изборот падна на класичната традиционалана тула со димензии 25/12/6.5 цм. Причини за ваквиот избори има неколку. Првата причина е архитектонската појавност на објектот. Монументалното стоење на еден ваков објект кој изникнува од теренот, потчно од мало надвишување материјализирано од земја со црвена боја би било поенергично доколку и тоа самото е изведено од истиот материјал и истата боја. Другата причина е поврзувањето со традиционалната Вевчанска архитектура која изобилува со овој вид на материјал. Третата причина е тоа што во билизина на локацијата се наоѓа некогашната фабриката ОГП Дримкол за производство на ваква тула, со каква е и самата изградена. Веќе напуштената фабрика е во целосен физички колапс, што би значело дека нејзиниот материјал може да се рецикилира. Последната причина е начинот на оформување на отворите кој ваквиот материјал, односно неговата форма го овозможува. Отворите се прикажани на следниот дијаграм.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 71

Сл.43. Дијаграм – Типови на редење на класична тула – Пропуштање на светлина.

Монолитноста на новата структура би била нарушена со класичното оформување на отворите, затоа предлагам двослојна надворешна обвивка на објектот конструирана на начин што би овозможил и визуелна и функционала издражаност на истата. Внатершниот слој на надворешниот ѕид би бил извден од керамички блок со сите потребни изолации додека надворешната обвива би била оформена со класична тула која би создавала помали отвори со цел пропуштање на светлосните зраци. Надворешната обивка е видилва на погормиот дијаграм.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 72

ЗАКЛУЧОК Напредокот на технологијата, машинството и електрониката во последните децении отвари големи можности во сите домени на човековото живеење. Архитектурата не заостанова во оваа смисла. Архитектурата на индустријата е сегментот кој има најголеми придобивки од таквиот развој. Ваквата ситуација отвара исто така големи можности за проектирање на атрактивни простори, истовремено, покрај нивната функционална подлошка. Атрактивноста на винските визби како објекти кои се дел од лепзата на индустриски капацитети од година во година нараснува наскаде на светот. Ваквата состојба настанува преку намерното продлабочување на програмата и функцијата на винаријата со намени како што се угоститлеството и туризмот. Брановите на ваквата нова хибридна архитктура по својата програма ги согледуваме преку големата палета на објекти проектирани од светски познатите архитекти. Експлозијата на креативност во поледните 15-тина години, ја издигнаа винарската визба на едно друго ниво, на кое таа повеќе не претставува само производствен погон, туку и културно одбележје и споменик во околината во која се наоѓа,говорејќи за тамошната историјата и традиција. Преку проктирање на уникатни структури поддржани од локациска култура и традиција и во контекст со главните просторни сили на пејзажот, ваквите производни погони започнуваат да изобилуваат со маркетиншка моќ преку своите атрактивни простори, која пак успева да го привлече вниманието на посетителот. А од друг страна пак, тој, посетителот несебично е заинтересиран за ваквиот хибриден склоп на традиција, култура, архитектура, производство, угоститлество и секако вино во секој од претходните елементи. Преку анализата на голем број сегменти поврзани со културата на виното даваме предлог за иденјно решение на конкретна локација. Општината Вевчани преку својата уникатна понуда на сите караткеристични фактори кои треба да бидат задоволени за хибрид од видот винарија претставува идеална позиција за лоцирање на истиот. Руралниот туризам збогатен со нов елемент кој нуди карактеристична понуда на винско угостителство, но и производствен погон кој нуди развој на целиот регион е целосен склоп кој е паралелен одговор на светските познатите примери.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 73

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:                           

Деплас, Андреа; “Конструирање Архитектура, Материјали, Процеси, Структура, Прирачник“; Аламина; Скопје; 2011 Bojanić, Petar. i Djokić, Vladan.; „Teorija Arhitekture i Urbanizma“; Arhitektonski fakultet, Beograd,2009 Bojanić, Petar. i Djokić, Vladan.; „Dijalozi sa arhitektama“o reči arhitekture kao arhitekturalnom aktu;Arhitektonski fakultet, Beograd, 2011 Christopher, Alexander. at al.; “A Pattern Language, Towns, Buildings, Construction“; Oxford University Press; 1977 Christopher, Alexander.; “The Timeless Way Of Building“;Oxford University Press; 1979 Christian, Datz, Christof Kullman; “Winery Design”; teNeues; Italy; 2006 Juren, Adam, Katharina, Hausmann & Frank, Juttner; “A Design Manual INDUSTRIAL BUILDINGS”; Birkhauser; Berlin; 2004 H.R.Franzke (Hrsg.); “INDUSTRIEBAU”; Bosch; Birkhauser; Berlin 2001 Michael, Webb; “Adventurous Wine Architecture”; Images Publishing; Australia; 2005 Marco, Casamonti, Vicenzo Pavan; “CANTINE Architectture 1990-2005”; Federico Motta Editore; Milano; 2004 Vojislav, Damjanović; “Industrijski kompleksi i zgradi”; GK; 1980 Vojislav, Damjanović. Arhitektonski normativi u građenju industrije”; Institut za arhitekturu i urbanizam; Srbije; 1973 Henn, Walter; “Industriebau-entwurfs-und konstruktionasatlas”; Werlag Georg. D.W. Gallwey; Munchen; 1961 Henn, Walter; “Internationale Beispile”; Werlag Georg. D.W. Callwey; Munchen; 1962 Farshid, Moussavi; “The Function Of Form”; Actar, Harvard University Graduate School Of Design; New York; 2009 Farshid, Moussavi; “The Function Of Ornament”; Actar, Harvard University Graduate School Of Design; New York; 2008 Eko, Umberto.; „Kultura Informacija i Komunikacija“; Nolit, Beograd, 1973 Кристофер, Александер; “Јазик на обрасци, Градови, Згради, Изградба“; Академски печат; Скопје; 2011 Rasmussen, Steen Eiler.; „Experiencing architecture“; First MIT Press; 1962 Krier, Rob.; „Architectural Composition“; Rizzoli, New York, 1988 Krier, Rob.; „Elements of Architecture“; Architectural Design Profile Цумтор, Петер; „Атмосфери“; Икона; 2013 Цумтор, Петер; „Мислејќи Архитектура“; Икона; 2012 Virgina, McLeod.; Encyclopedia of Detail in Contemporary Residential Architecture; Laurence King; London; 2010 ARENA 121; Industrial Building; 2012; часопис CASABELLA 651/2; часопис IndustrieBAU Architektur-Technik-Managment часописи

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 74

ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИ:      

Archidailly. Faustino winery. [Online]. Достапно на http://www.archdaily.com/93538/faustino-winery-foster-partners/. Archidailly. Loisium hotel and winery. [Online]. Достапно на http://www.archdaily.com/5524/loisium-hotel-steven-holl/ El Croquis. Adega Mayor Winery. [Online]. Достапно на http://www.elcroquis.es/ Општина Вевчани . Историјат. [Online] Достапно на http://www.vevcani.gov.mk/ Phaidon Atlas. Adega Mayor Winery. [Online]. Достапно на http://phaidonatlas.com/building/adega-mayor-winery/1527. Wikipedia. History of wine. [Online] .2010. Достапно на http://en.wikipedia.org/wiki/History_of_wine.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 75

ИЛУСТРАЦИИ:                             

Сл.1 Археолошки остатоци , Вајот дзор (извор: http://www.wineterroirs.com/) Сл.2. Гроздобер во Египет, цртеж (извор: www.archidaily.com by Jastrow) Сл.3. Керамика со вински мотиви, Стара Грција (извор: www.archidaily.com by Jastrow) Сл.4. Вински амфори и скулптура на римскиот бог на виното Бахус. (извор: www.archidaily.com by Jastrow) Сл.5. Abbaye de Pontigny, Франција (извор: http://en.academic.ru/) Сл.6. Винарија Адега Мајор, Португалија, главен влез и бочна фасада (извор: https://barrelsecrets.wordpress.com) Сл.7. Основа на приземје. Адега Мајор, Португалија. (извор: https://barrelsecrets.wordpress.com) Сл.8. Винарија Бел Лок, ентериер. (избор: http://www.empordaconventionbureau.com/) Сл.9. Бел Лок винарија, Пресек (извор: http://www.empordaconventionbureau.com/) Сл.10. Лоизиум комплекс, хотел и спа центар (извор: http://www.archdaily.com/) Сл.11. Лоизиум комплекс, вински центар, преск (извор: http://www.archdaily.com/) Сл.12. Винарија Фаустино, поглед од ентериер. (извор: http://www.cgarchitect.com/) Сл.13. Винарија Фаустино, ситуација. (извор: http://www.cgarchitect.com/) Сл.14. Винарија Доминус, пристап. (извор: http://www.cgarchitect.com/) Сл.15. Винарија Доминус, технички цртежи. (извор: http://www.cgarchitect.com/) Сл.16. Позиција на општина Вевчани во Р.Македонија. Сл.17. Традиционална станбена архитектура од 19 век, Вевчани. Сл.18. Традиционална станбена архитектура од 19 век, Вевчани. Сл.19. Сакрална архитектура од 19 век, храм Св. Никола, Вевчани. Сл.20. Општествена архитектура од 20 век, Вевчани. Сл.21. Индустриска архитектура од 20 век, Вевчани. Сл.22. Македонски вински регион, поделба. Сл.23. Прва избрана локација, Горни Вајтос, Вевчани. Сл.24. Втора избрана локација, Дримски ливаѓе, Вевчани. Сл.25. Конечна избрана локација, Суво поле - Кореа , Вевчани. Сл.26. Сателитска снимка – Месност Кореа, Суво Поле – Општи услови. Сл.27. Дијаграм – Пресек низ локација – Најдоминантно надвишување. Сл.28. Дијаграм – Пресек низ локација – оформување на влезно нагласување. Сл.29. Дијаграм – Перспектива од локација – оформување на влезно нагласување.

Винарска визба Вевчани


С о в р е м е н и и н д у с т р и с к и к а п а ц и т е т и | 76

             

Сл.30. Дијаграм – Основа – Вила Ротонда. Сл.31. Дијаграм – Пресек-перспектива – Вила Ротонда. Сл.32. Дијаграм – Перспектива – Погледи од локација. Сл.33. Дијаграм – Перспектива – Развој на примарна форма. Сл.34. Дијаграм – Основи – Генерирање на форма во три фази. Сл.35. Дијаграм – Основи/Изглед/Перспектива – Конечен волумен. Сл.36. Дијаграм – Перспектива – Програмска распределба. Сл.37. Ситуација – Месност Кореа/Суво поле – Пристапи. Сл.38. Дијаграм – Перспектива – Движење надвор од објектот. Сл.39. Дијаграм – Основа и Пресек – Движење на вработени во објектот. Сл.40. Дијаграм – Основа и Пресек – Движење на посетители во објектот. Сл.41. Дијаграм – Основа на сутерен – Модуларна мрежа. Сл.42. Дијаграм – Основа на приземен кат и на карактеристичен кат – Модуларна мрежа. Сл.43. Дијаграм – Типови на редење на класична тула – Пропуштање на светлина.

Илустрациите кои не се посебно обележани потекнуваат од авторот

Винарска визба Вевчани

Марио баткоски магистерски труд  
Марио баткоски магистерски труд  
Advertisement