Page 1

Општина Карпош

КАРПОШ УРБАН Информатор на Општина Карпош, мај-јуни 2009 година / број 1 / година 1

Стартешки план за локален економски развој на Општина Карпош за период 2009-2013 Карпош со нов советнички состав Допревме до фондовите на ЕУ


Општина Карпош


На „Јоаким Осоговски” удрени темелите на идната стратегија на Општина Карпош

Карпош е бренд кој треба да се развива Општината Карпош ги доби носечките сидра на кои ќе се изгради и заснова четиригодишната стратегија за локален економски развој, за периодот 2009-2013 година. Тие, како идни приоритети беа востановени и изгласани на неколкудневната Работилница насловена како „Стратешки план за локален економски развој на Општината Карпош за периодот 2009-2013 година“ која беше оддржана во манастирските простории на Свети „Јоаким Осоговски”. На работилницата освен најмногубројните, делот од администрацијата на Општина Карпош, ресорно одговорни за локалниот развој, пред сé од секторите ЛЕР, Урбанизам, Комунални дејности и други, присуствуваа и претставници од бизнис секторот кој делува на подрачјето на Општина Карпош од фирмите „Замак“-Томислав Андреевски, „ВАРГУС“Злата Нововиќ, „Лапласт“-Ангеле Илиевски, „Манасков“-Ѓорѓи Манасков, и неколку други, како и професори од Факултетот за туризам, кој исто така егзистира на територијата на Општината, претставници од невладиниот сектор кој делува на ова подрачје, како и други стручни лица кои можат креативно да придонесат на овој план. По разработка на приоритетите, со посочување на стратешките цели и проектите односно акциите кои ќе се преземат за нивно спроведување од страна на осумте работни групи: локален економски развој и бизнис секторот, урбанизам, енергетска ефикасност и екологија, спорт и рекреација, комунални работи, култура и туризам, образование и социјала и здравство, беа буквално изгласани три приоритетни проекти, по атрактивност кои несомнено треба да се поддржат како стратешки во следниот четиригодишен период. Станува збор за проектот „Трансформација на земјиштето” предложено од групата урбанизам кој собра најмногу гласови од присутните учесници на работилницата. Веднаш по него како најатрактивен се поддржа проектот „Визуелизација на културата и изработка на мапа на културни центри и туристички атракции” предложен од групата за култура и туризам и како трет по атрактивност проектот „Календар на културни настани”. 4

Пишува: Виолета Цветковска

Стратегијата за локален економски развој 2009-2013 треба да води сметка за бизнис секторот, туризмот, Карпош како туристички бренд, каде што ќе се гради, урбанизира, промовира бизнисот и туризмот, но и ќе се едуцира, ќе се води сметка за младите и спортот, за маргиналните групи и енергетската ефикасност. Единствена оценка за работилницата: ФЕНОМЕНАЛНО!

Бизнис центар На изборот на најатрактивни проекти претходеше една исцрпна елаборација на лоцираните проблеми и приоритети кон кои треба да се насочат стратешките решенија во Општина Карпош, при што делот за проблемите и приоритетите во локалниот економски развој ги презентираше Александра Тодоровска, виш соработник во Секторот ЛЕР. Недоволна афирмација на културните, историските и туристичките локалитети и потенцијали на Општина Карпош, недоволна соработка меѓу Општината и малите и средни претпријатија, потребата од формирање бизнис центар за поддршка на МСП како и поддршка и промоција на МСП во збратимените општини ќе придонесат за зголемување на вработеноста и промоција пред инвеститорите, за што се директно заинтересирани и Општината и бизнис секторот и во крајна инстанца сите граѓани на Карпош. Идејата за формирање Бизнис центар или Клуб на бизнисмени беше едногласно


Карпош Урбан поддржан од претставниците на неколкуте приватни компании присутни во работата на работилницата.За сето тоа да функционира тие првенствено побараа трансформација на земјиштето од државна во приватна сопственост, а од компанијата „Манасков” сугерираа да профункционира менаџерски оддел во рамки на општината кој директно ќе комуницира со ИПА фондовите, во рамки на бизнис центарот. Како посебен проблем кој егзистира и за чие решавање побараа поддршка од општински власти, се тендерите каде треба да се помогне во елиминацијата на посредниците од типот „човек фирма” во тендерите кои по добивањето на истите ги бараат непосредните „производители“ за подизведувачи откако претходно „ги минираат” со дампинг цени. Децентрализација на градежно земјиште од централно на локално ниво е прв приоритет, рече Антица Сашек од групата урбанизам, при што нагласи дека е стратешка целзголемувањето на површината на градежното земјиште за стопански активности, како и комплетна покриеност на Општината со планска документација. Групата за енергетска ефикасност и екологија понуди дури шест проекти меѓу кои како капитални се издвојуваат „Употреба на обновливи извори на енергија во основните училишта и градинките во Општината, „Отворање на алтернативни извори на енергија за греење и ладење, изработка на ЛЕАП, Локален еколошки акционен план” и слично. Од невладиниот сектор сугерираа “секое приватно лице кое ќе изгради нов извор на енергија да му се намалат комуналиите”.

Капка по капка и ѕид за графити

Најведриот дух провеа од младиот тим кој ја сочинуваше групата за спорт и рекреација презентиран од Никола Николовски, советник во Одделението за администрирање и такси, кој се заложи за реконструкција на постојните спортски и детска игралишта, изградба на нова патека за пешаци, ролери и велосипеди од левата страна на Вардар и организација на општински училишни спортски игри. Изградбата на бунари за полевање и систем капка по капка, изградба на пречистителна станица за отпадни води, како и на Пешачки мост на бул. Партизански одреди (кај Општината Карпош), се трите „топ” приоритети на групата за комунални работи предводена

од раководителот Петар Ивановски. Еден од ретките присутни советници од Советот на Општината Горан Михајлов ги претстави можеби најатрактивните проекти на оваа работилница синхронизирани со професори од Факултетот за туризам а кои се однесуваат на визуелизација на културата, календар за одбележување на сите културни настани, Карпош да биде брендирана како воздушна бања, на Парк на солидарноста кај скејт -паркот, да им се даде на младите ѕид на графити и дузина други креативни идеи. Групата образование изнесе три приоритети кои ги претстави Љупка Трајчевска, виш соработник во Секторот за дејности од јавен интерес, а се однесуваат на професионален развој на наставниот кадар и другиот кадар во основните училишта, потреба од стручен кадар за деца со посебни потреби во основните училишта, како и формирање на фонд за

Се работеше во кругот на манастирот. На поголема висина, се раѓаат покреативни идеи. надарени ученици во кој може да се вклучи и Општината Карпош и бизнис секторот. Иако последен во излагањето, не помалку актуелни и атрактривни идеи понуди Владо Костовски од невладиниот сектор, кој ги сублимираше проектните решенија на група социјала и здравство во неколку приоритети: отворање советувалишта за сексуалните проблеми кај учениците студентите и возрасните (брошури, веб страна), обезбедување на пристапност -отстранување на архитектонските бариери, воведување на звучната сигнализација и знаковниот јазик за лица со посебни потреби, како и изработка на бела книга-мапа на пристапни објекти за маргинализирани групи отворање на дневен центар во Општина Карпош за овие лица. Во еден релаксиран но и работен дух идеите на сите осум работни групи ќе бидат темелот на идната Стратегија 2009-2013 која како клучен документ во најскоро време треба да ја изготви и донесе локалната власт во Општината Карпош. 5


Карпош Урбан

Пречка или предност?! И ПОСЛЕ СТО ДЕНА КАРПОШ НЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ Пишува: Јадранка КОСТОВА Има една стара кинеска мудрост која вели „не е важно дали мачката е црна или бела, туку важно е да лови глувци”. И за нас граѓаните на Карпош секако дека не е од животна важност кој претседава со Советот на општина доколку избраните во меѓувреме ги бива да „ловат глувци”. Дури и да ги анкетираме, тешко дека мнозинството жители во било која општина, па и нашата, ќе знае кој бил претходно, а кој сега ги води седниците на Советот. Сигурно повеќе ќе ги знаат имињата на некои службеници и чиновници кај кои бркале работа за разно-разни проблеми отколку човекот кој ги закажува седниците, им дава збор на зборливите советници, се грижи при тоа да има ред и поредок. Додуша, тој што е избран за оваа функција ќе си има фотеља, канцеларија и секретерка ... И толку. Со други зборови, тоа е техничка функција со малку повеќе привилегии од останатите советници. Зошто, и покрај сето ова, нé интересира првиот меѓу еднаквите или претседателот на Советот на Карпош?! Е затоа што карпошовци сега имаат нешто што другите општини го немаат. Всушност тие го немаат она што другите го имаат или успеаја да го сторат. И после сто дена од конституирањето на Советот на Општината, сеуште не е избран претседател на Советот. Жива среќа што законот ни е либерален па ваквиот своевиден куриозитет не е пречка, ниту услов за некакви радикални солуции, од типот на нови избори. Значи, нашите советници можат вака да буткаат до стоиедна и сé да биде согласно Законот. Ама сепак, не копкаше зошто во Карпош, и после 4 до 5 седници на Советот, никој барем јавно не го форсира ова проблемче да легне на дневен ред? Чуму блокада? Дали е ова хендикеп за „мачката да лови”, или сепак нема драматични димензии. Ги прашавме оние од кои зависи целата ситуација. Се разбира дека изборот за претседател на Советот е само симболика или форма. Зад овој технички момент се крие суштински факт дека ниту една партија или коалиција нема обезбедено сигурно мнозинство. Е, во оваа 6

грмушка лежи зајакот зошто не интересираше застојот во изборот на прв човек на Советот. Спецификата на расположението на гласачите на Карпош на локалните избори беше: градоначалник да биде Стевче Јакимовски од ЛДП подржан од СДСМ. Но, кај советничките листи поголема подршка дадоа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак оваа разлика е толку мала што односот на силите е „пата- карта”. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 10 советници. СДСМ им дише во врат со девет. Ама, условно речено, тука им е и десетиот- од ЛДП, од каде потекнува

И по сто дена од конституирањето на Советот на општина Карпош се уште не е избран претседател на Советот. Жива среќа што законот ни е либерален, па ваквиот своевиден куриозитет не е пречка ниту услов за некакви радикални солуции, од типот на нови избори. Значи, нашите советници можат вака да буткаат до стоиедна и се да биде согласно Законот. Ама сепак не копкаше зошто во Карпош, и после 4 до 5 седници на Советот, никој барем јавно не го форсира ова проблемче да легне на дневен ред? Чуму блокада? градоначалникот, бидејќи би било нелогично да биде наклонет кон спротивниот табор. И така доаѓаме до бројката од 20 советници, а Советот на Карпош брои 23. Колку и да собирате и вадите, ќе се вртите во круг. Факторот икс или непознатата која ја решава равенката се двајцата независни советници од листата на Мила Искреновиќ - Ранко Петровиќ Бубамара и уште една госпоѓа. Плус, има уште еден советник од редовите и ВМРОНП. Овие два или уште поубаво три гласа би ја решиле енигмата од чии редови ќе биде идниот претседател на Советот. Од тоа, пак, ќе биде јасно дали Јакимовски има зад себе мнозинство или градоначланикот и Советот ќе бидат од различни екипи.


Kонститутивната седница На 16-ти април во Големата сала на Општина Карпош се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општината, по завршувањето на Локалните избори 2009 година. На неа беа верификувани мандатите на сите новоизбрани членови на Советот, на која 23 советници дадоа свечена изјава. Конститутивната седница ја отвори Роберто Тошевски доскорешен претседател на Советот од советничката листа на ВМРОДПМНЕ и сегашен член на новиот Совет, а неа ја водеше Трифун Трифуновски најстариот член од советничката листа на СДСМ. Инаку, во новиот состав влегуваат 10 советници од ВМРО-ДПМНЕ, 9 од СДСМ, двајца од Група избирачи РП, еден од ЛДП и еден советник од ВМРО-НП. По верификацијата на мандатите на новите Првите сто дена не дадоа финално решение. Сепак, сите се надеваат, ама и се вадат со „сé е можно”. Петровиќ, според одговорот за Урбан, излегува дека му дава една година „грејс период” на градоначалникот да се докаже, па „о том-потом”. Јакимовски навестува убедлив „план Б” за евентуално поинаков расплет. Некои велат во овие разговори нема уцени, други велат има неснаоѓање, но најважно е дека сите тврдат, барем официјално, дека нема застој во функционирањето на општината. Според Ранко Бубамара дури е ова супер варијанта за жителите што никој нема цврсто мнозинство. Дека ова не е страшно сценарио утеха дава искуството во општината Ѓорче Петров во претходниот состав. Сигурното мнозинство понекогаш води кон целосно игнорирање и маргинализирање на другите опции и нивните идеји, па во таква атмосфера Советот тешко дека ќе има било каква контролна улога. Другата крајност е кога силите се изедначени или мнозинтсвото е од конкурентскиот политички табор, па при ниска политичка култура и минимална демократска традиција, доминираат блокади, натегања, при што енергијата се губи на вакви сепак споредни работи од процедурата, а суштината и проектите остануваат во втор план. И додека не се случи нешто, некаков конкретен договор или “дил” за мнозинство, со Советот останува, согласно Законот, да претседава Трифун Трифуновски од листата на СДСМ, како најстариот од сите 23 советници. Е па, кој вели дека некогаш и годините не се

советници со пригодни зборови и честитка им се обрати актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој им порача дека ќе соработува со сите советнички групи подеднакво, во интерес на граѓаните на Општината Карпош кои го дадоа својот глас за него како прв човек на Општината, но и за овој состав на Советот. предност! Исто како што понекогаш, барем во политиката, еден или два советника “тежат” повеќе од десетмина?! Стевче ЈАКИМОВСКИ, градоначалник КЛУЧОТ Е ВО СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ или ВО КРАЈНА НУЖДА ЌЕ ГО АКТИВИРАМЕ „ПЛАНОТ Б“!

Општина Карпош се наоѓа во „оригинална” ситуација со тоа што се уште не е избран претседател на Советот. Каде запнаа работите? ЈАКИМОВСКИ: Тоа е нормална ситуација кога ниту една советничка група нема мнозинство во Советот. Дури мислам и дека не се водат интензивни преговори, но Советот сепак функционира. Слична ситуација имавме во минатиот мандат во општината Ѓорче Петров и сите четири години функционираа со в.д. претседавач, што не му пречеше на Сокол Митревски да биде успешен. Но, јас сум убеден дека во Карпош ваквата состојба нема да трае сите четири години. Дали оваа ситуација го попречува функционирањето на општината? ЈАКИМОВСКИ: Во суштина најдобро е кога има дефинирани позиции во Советот, во смисла на позиција и опозиција. Сега имаме пат позиција, што создава опасност во дадени моменти да доминираат личните перцепции 7


и ставови, и таквите ставови да бидат доминантни при носењето одлуки. Дали има пазарења и лични позиционирања за местото претседател на Советот? ЈАКИМОВСКИ: Мислам дека поединци не се снаоѓаат најдобро и се уште не им е избистрена сликата за тоа како во иднина ќе функционира општината и каде таа ќе оди во развојна смисла. Вториот битен момент е што некои поединци од Советот не можат да сфатат дека партиските надмудрувања, реторики и позиции завршија со изборите. Сите се колневме дека ќе работиме за доброто на граѓаните, и сега ја имаме таа шанса, ако и мислиме добро на општината, треба да создадеме конструктивна атмосфера и да ја оправдаме нивната доверба. Имате ли идеја или стратегија, преговарате ли воопшто за да се најде излез од таквата пат ситуација? ЈАКИМОВСКИ: Убеден сум дека времето ќе разреши некои дилеми. Нечии страсти ќе се потсмират, други пак ќе навлезат посериозно во работата на Советот и посериозно ќе ја сфатат својата советничка улога. Се е минливо, па и ние кои во моментот владееме со општината. Тоа што ќе оставиме зад нас ќе се памети, а недоразбирањата ќе се заборават. Во оваа специфична пата-пата ситуација, се чини дека пратениците на независната кандидатка за градоначалник се клучот за деблокадата за избор на претседател. Дали таа ви е најголемата главоболка? ЈАКИМОВСКИ: Не! Клучот е кај советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако тие сфатат дека проектите кои ги предвидува во Карпош Владата и градоначалникот на Скопје се од интерес на сите граѓани на РМ подеднакво, но во исто време тие мора да сфатат дека и проектите предложени од градоначалникот на Карпош се од посебен интерес за граѓаните на Карпош. На пример, изградбата на булеварот Илинден или Теодосие Гологанов е од интерес за целиот град Скопје. Изградбата на трговскиот центар на сегашната фабрика Алумина како странска инвестиција е државен интерес, но донесувањето на еден детален план, на пример, за населбата Тафталиџе или било која друга населба, или пак изградба на паркинг во Влае, реконструкција на фасадите во Карпош 1 и 2 се од посебен интерес за граѓаните на Карпош. Затоа, ниту општината, ниту градот, ниту Владата не треба да кочи било кој проект, зашто на крајот тие проекти се од интерес на 8

сите граѓани подеднакво. Ова мора да биде идеја водилка при донесување на одлуките на советниците од било која советничка група. Се разбира, со ова не сме ги исцрпеле сите можни политички решенија и солуции за надминување на проблемот, но тие се, така да се каже „планот Б“, кој ќе го активираме во крајна нужда, но кој ни е подеднакво сериозно обмислен и разработен. Ранко ПЕТРОВИЌ, независен советник: БАРАМЕ ПОДРШКА ОД ДЕСЕТ СОВЕТНИЦИ

Тоа што нема цврсто мнозинство во Советот не е хендикеп, туку голема среќа за граѓаните, бидејки има простор да се слушне и трето мислење, кое треба да биде коректор и совест за многу одлуки кои ќе треба да се донесат. Ние како 2 независни советници од листата на Мила Искреновиќ имаме само неколку барања за кои ќе се залагаме и бараме да не подржат уште 10 советници, а тоа се: Прво, најголемиот проблем во секоја општина - Донесувањето на нормални и реални урбанистички планови, во кој ќе се внимава да има паркинг простор, зеленило, место за игра на децата итн. Ќе бидеме против сите алчни инвеститори кои го крадат просторот на граѓаните во Карпош и Скопје. Затоа бараме дополнителна транспарентност и мислење од граѓаните. Убаво е советниците и партиите да бидат ангажирани како и пред изборите, со звонење од врата до врата до секој станар и информирање дека ќе се донесе нов детален план за нова зграда пред нивниот прозорец. Тогаш многу граѓани ќе можат да го кажат своето мислење и нема да бидат изманипулирани. Исто така ќе бараме и независна ревизија за секој детален план. Второ, реновирање на основните училишта, места каде нашите деца го поминуваат поголем дел од времето, потоа реновирање и поставување на топлотна изолација во градинките и училиштата како и средување на дворовите. Тоа се мали инвестиции за богата општина како што е Карпош која ќе успее со ваков потег да заштеди многу средствата и инвестицијата да се врати за само неколку години. Трето, сите градежни работи да бидат со издржана проектна документација, со цел се


Карпош Урбан што ќе се изработи да биде квалитетно и да подлежи на специјална ревизија и гаранција. Многу работи што се правени, гледаме дека се со најслаб квалитет, некои улични светилки после 2 години од поставувањето се рѓосани и воопшто не функционираат, детските игралишта се небезбедни, кога ќе се раскопа некоја улица санирањето да биде во реален рок и откако ќе се направи да не се раскопува повторно после една година. Значи заштита на нашите пари со планско работење. Четврто, наша цел е и противпожарната заштита. Во повисоките згради хидрантите се запуштени, плановите и скалите за евакуација се нефункционални поради затворен пристап, надградба на поткровје или поставување на опасни материјали на терасите. Тука треба повеќе да се ангажираме, бидејки во 50% од зградите и најмал пожар може да биде голема трагедија. Петто, продолжување на проектот ,,Ефект 48“ кој за прв пат во Македонија беше промовиран во општина Карпош, а сега почнуваат да го прифаќаат и други општини. Шесто, градежните инспектори да бидат поделени на реони, за да може да бидат повикани на одговорност и да имаат поголема мотивација. Исто така да се спречи градење над градежната линија и експанзија на градење објекти на Водно и Нерези. Седмо, поради лизгање на земјиштето во Трнодол да се направи испитување и градежни зафати за спречување на катастрофа. Осмо, во весникот кој го издава општина Карпош да имаме 4-6 страници кои сами ќе ги уредуваме, без право на цензура, а тоа да важи и за другите советнички групи. На овој начин нашата општина ќе биде прва со ваков пристап и граѓаните ќе имаат увид за тоа кој за каква одлука гласал и каков став има по тоа прашање. Тоа се дел од нашите барања како независни советници од листата МИЛА, за кои бараме подршка од другите советници. Што се однесува за функцијата председател на Советот, ние како независни советници не сме заинтересирани, а поради тоа што таа во овој случај е само техничка, со мандат од 1 година ќе ја остапиме претседателот да биде од советничката група која го подржа изборот на градоначалникот, со желба секој советник да има свое лично мислење и став. (одговорот на Ранко Петровиќ е добиен по електорнска пошта и објавен целосно, без никаква цензура)

Роберто ТОШЕВСКИ, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: НИКОЈ НИКОГО НЕ УЦЕНУВА

Дали е хендикеп за општината што нема избрано претседател на Советот? ТОШЕВСКИ: Не е голем хендикеп за општината тоа што се уште нема избрано претседател на Советот. Веќе имаме 4 одржани седници, но ниту една советничка група ова прашање не го актуализирала јавно. Преговарате ли со Ранко Петровиќ? Има ли тука условувања, или што се бара за возврат за евентуалната подршка на вашата коалиција? ТОШЕВСКИ: Не преговараме туку само разговараме како да се избере претседател. Ниту официјално ниту неофицијлано, нема никаки уценувања од никого, ниту од советниците ниту од градоначалникот. Разговорите продолжуваат со советничката група на Ранко Петровиќ и со советникот од ВМРО-НП. Очекуваме дека идниот претседател на Советот ќе биде од нашата советничка група. Не се ограничуваме со време, но и вака општината не е во блокада ниту како Совет. Ние како советничка група не би го дозволиле тоа, во интерес на граѓаните на Карпош. Патем, доста од проектите на градоначалникот што ги работи се и од нашата предизборна програма, Трифун Трифуновски, претседавач на Советот: НЕМА ЗАСТОЈ ВО РАБОТАТА

Не можам да коментирам зошто се уште не е избран претседател. Тоа е работа на договор на советничките групи. Јас согласно законот сега само ги свикувам седниците и раководам со нив. Досега немаше проблеми. На пример, комисиите се формирани и функционираат. Нема никаков застој во функционирањето на општината. Не ми е тешко да ја извршувам оваа задача, затоа што сум дипломиран правник, кој има големо работно искуство во општината.

9


Првите 100 дена власт во Општина Карпош

ЗАВРШЕНИ НАД 30 ПРОЕКТИ, КАРПОШ – РАЗДОЛЖЕН Само идната недела ќе почне изведбата на уште седум проекти вредни над 15 милиони денари

Во изминатите 100 дена од востановувањето на новата локална власт во Општина Карпош, интензивно се работеше на целосно консолидирање на Општината како на комунален, така и на урбанистички, на инфраструктурен и на финансиски план. Ова го изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на прес конференцијата која се одржа пригодно по повод првиот отчетен квартал, односно т.н. „меден месец“ на владеењето, а која беше посветена токму на севкупното управување со најурбаната Општина во градот. „За овој период, изјави Јакимовски, интензивно работевме на финансиска консолидација на општината, а притоа во ниту еден момент не го загрозивме или доведовме во прашање нејзиното нормално функционирање како административен сервис на граѓаните. Финансискиот долг е сведен од затекнатите 82 милиони денари на помалку од 20 милиони денари обврски, сосема толерантен долг кој може да се сервисира без сериозни последици. Во меѓувреме, минатата недела изработен е дури и носечкиот документ, односно Стратешкиот план на Општина Карпош за периодот 2009-2013 година. Во секторот урбанизам се издадени над 150 градежни дозволи,а во Секторот за Локален економски развој изработени се повеќе проекти за привлекување на странски донации, реферираше пред медиумите и пред граѓаните на Карпош градоначалникот Јакимовски. Во првите 100 дена целосно се звршени над 30 проекти, од изградба на огради на училишта, градинки и други објекти, нови тротоари и реконструкција на старите, реконструкција и изградба на паркинзи, поправка на улици, на пешачките патеки, реконструкција на фекалната и атмосферската канализација. Реконструирани се и сите улични светилки, а почна и целосна реконструкција на осветлувањето на Трнодол, Жданец, на улицата 10

Прашка, но и на други населби кои не беа целосно осветлени. Одделението за контрола на уличното осветлување при овој Сектор, достави барања и набави разводни ормари за осветлување за улиците „Теодосие Гологанов“, за месните заедници Злокуќани и Бардовци, за улиците „Јуриј Гагарин“ и „Кленоец“, а ќе се реконструира и електричната ,мрежа на улицата „Шекспирова“ со паркот Херма, лоцирана до Драмскиот театар. Од идната недела, односно од 20-ти јули ќе започне изведбата на уште седум нови проекти како што се реконструкција на 32 детски игралишта и изградба на три нови (во Нерези, Злокуќани и Тафталиџе), проект вреден 2,8 милиони денари. Ќе почне изградбата на скали (кон Црквата) во село Бардовци (проект вреден 1,4 милиони денари), реконструкција и асфалтирање на улици во Злокуќани во вредност од 2,5 милиони денари, реконструкција на тротоари во Карпош 1, зафат вреден 2,5 милиони денари на улиците, „Миладин Поповиќ“, „Титово Ужичка“ улица „Крагуевачка“, „Андон Дуков“ и улиците „505“ и „507“. Асфалтирањето на наведените улици во Карпош 1 ќе чини 4 милиони денари. Освен ова, предвидена е реконструкција и санација на месните заедници во вредност од два милиони денари. Инаку, според финансиската „тежина„ на градежните работи кои се изведуваат на територијата на Општина Карпош може да се издвојат како капитални инвестиции покривањето на постоечкиот канал и изградба на пристапна улица Канал кај АСИБА во вредност од 3,125 милиони денари,, потоа реконструкција и изградба на тротоари, пешачки патеки и паркинзи во Месна заедница Карпош 3 дел Б во вредност од 3 милиони денари, слични зафати во Карпош 3 делот А во вредност од 3 милиони денари, изградба на пешачка патека по десен брег на Вардар во МЗ Нерези, во износ од 1,769 милиони денари, за изградбата на улична водоводна мрежа долж булеварот „Партизански одреди„ се предвидени над 1,514 милиони денари, а за поставување семафори на крстосницата меѓу улиците „Никола Тесла“ и „Орце Николов“ 1,276 милиони денари и т.н.


Комунален излог Градот и општините во заедничката акција

На 26 мај, Општина Карпош во соработка со Градот Скопје, и јавните комунални претпријатија „Комунална хигиена„, Паркови и зеленило„ и „Водовод и канализација„, стартува со акцијата „Заедно за чисто и зелено Скопје„. Во акцијата, која на територијата на Општина Карпош ќе се изврши во текот на три дена, 26, 27 мај и 4 јуни 2009 година,

ќе биде опфатено чистење и метење на улиците и пешачките патеки и подигнувањена на комуналниот смет и градежниот отпад, косење на зелените површини, кроење на дрворедите и чистење на сливниците и водоводните шахти. За таа цел, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, одржа три подготвителни состаноци со „Паркови и Зеленило„, „Комунална хигиена„ и со сите директори на основните и средните училишта , пред стартот на акцијата. На нив, освен наведените комунални активности, предвидено е училиштата со дел од учениците да бидат вклучени во расчистување на школските дворови, а Општината оттаму да го изнесе сметот и тревата. Договорено е акцијата да се спроведе на територијата на Општина Карпош со следната динамика. На 26 мај, вторник ќе се расчистуваат населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3 и Карпош 4, во среда 27 мај, ќе се расчистувааат Тафталиџе 1, Тафталиџе 2 и Владо Тасевски, а на 4 јуни Козле и Нерези.

Почна чистењето на коритото на вардар

Реконструкција на тротоарите во Карпош

Општина Карпош, во соработка со Владата на Република Македонија, односно со Министерството за транспорт и врски, на 1 јули 2009 ја почна акцијата на чистење на коритото на реката Вардар. Во акцијата Општината Карпош се вклучи со два багери и два камиони, како и со 90 луѓе, од кои 60 ангажирани на одржување на хигиената и 30 од општинската администрација. Инаку вработените во Општина Карпош работат на потегот на кејот од мостот кај хотелот „Александар Палас” до мостот кај населбата Хром. Акцијата на чистење на коритото на Вардар ќе трае и во наредните неколку дена.

На улицата „Руѓер Бошковиќ“, паралелна со „Октомвриска револуција“ се врши реконструкција на постојните тротоари кои беа во многу лоша состојба и истите ќе бидат оспособени за паркирање на возилата од зградите доколку тоа го дозволува просторот, а на места каде што нема простор за паркинг ќе биде реконструиран само тротоарот за пешаци. Доколку дозволат временските прилики, работите ќе треба да бидат завршени до крајот на оваа недела.

Општина Карпош стартува со „Чисто Скопје“

11


Најмладите го чуваат Карпош

Молбата на малата Сара

Сара Стојановска со татко и на прием кај градоначалникот Вратите на Општина Карпош, постојано се отворени за сите. Приемен ден нема, тоа е секој ден кој исполнет со безбројните животни проблеми на граѓаните од оваа општина. Таа врата за жал или можеби за среќа, најмалку ја отвораат најмладите, децата кои, или своите грижи ги препуштаат на повозрасните, родителите, дедовците и бабите, или едноставно се чувствуваат неповикани пред „големите власти”. Но, што се случува кога тие ќе почувствуваат дека и нивните татковци се немоќни. Ги преземаат работите во свои раце и се случува „Приказната на малата Сара”. Ова мораше да се исчисти

12

Сара Стојковска, од Козле, која живее на улицата „Ловќенска 9” број 3, со своите полни 9 години, го фати татко и за рака и со него ја отвори “големата врата” на Општината Карпош. Оттаму, право кај градоначалникот Јакимовски со една голема молба: „Чичко градоначалник, Ве молам да ме ислушате. На нашата улица има многу смет. Ѓубрето се фрла на самата улица и во долот. А таму секојдневно се собираат чопор кучиња што навистина не престрашува нас децата и не можеме да си играме. Јас ве молам да дојдете, да го соберете и да ни дозволите пред секоја куќа да се постави по една канта за ѓубре или барем да ни поставите уште два контејнера“. Таа учтиво ги приложи потписите на соседите кои целосно ја поддржаа во оваа иницијатива и ја достави својата молба. Кој може да остане рамнодушен на ваков детски ентузијазам. Малата Сара беше примена како и секој „голем” гостин, нејзината молба сослушана, службено проследена и се разбира-исполнета. Сара замина со насмевка и еден куп чоколадни бонбони в раце. Да ги почести другарчињата од Козле. Уште следниот ден ѓубрето беше отстрането. На ред се контејнерите ...


Комунален излог

Што сработивме во изминатите 3 месеци на градежен, комунален и еколошки план? Ова се 30-те проекти. • Школски двор на ОУ „Аврам Писевски” изградба на ограда - 1.382.742 денари • Поставување семафори на крстосница помеѓу ул. „Никола Тесла” и ул.„Орце Николов“ - 1.276.441,оо денари • Крстосница на ул. „Орце Николов” и „Никола Тесла” за изведување на градежни работи за поставување на семафори. 198.827,оо денари. • Реконструкција на тротоари на ул. „Руѓер Бошковиќ” 921.004,оо ден. • Изведување на занатски работи во ОУ „Вера Циривири - Трена” 339.840,оо ден. • Изградба на фекална канализација за приклучување на колектор • На кула 2 и 3 на ул. „Драгиша Мишовиќ” 140.000,оо денари. • Реконструкција на тротоари и паркинг простор на ул. „Бледски Договор” 2.703.781,оо денари. • Реконструкција на ул. „Ловќенска-4” 700.500,оо денари • Изградба на пешачка патека (кон Црквата во Жданец), 400.000,оо ден. • Реконструкција на тротоар и изградба на паркинг на ул. „Нерешка” во нас. Жданец - 400.000,оо денари. • Изградба на канал со решетка за атмосферска вода на ул. „Демир Трајко” 122.425,оо денари. • Изградба на улична водоводна мрежа на Бул. „Партизански одреди” бр. 10 1.514.336,оо денари. • Изградба на пешака патека по тесен брег на р. Вардар во МЗ Нерези 1.769.150,оо ден. • Реконструкција и асфалтирање на ул. „Букурешка” 2.300,000,оо ден. • Реконструкција и изведба на тротоари на ул. „Букурешка” 2.000,000,оо ден. • Покривање на постоечки канал и изградба на пристапна улица Канал кај АСИБА 3.125.000,оо ден. • Изградба, асфалтирање на делница од улица во с. Горно Нерези 1.200.000,оо ден. • Реконструкција на тротоари, пешачки патеки и проширување на паркинг на ул. „Манапо” и ул. „Петар Драганов” 570.000,оо ден. • Изработка и поставување на нови клупи на територија на Општина

Карпош 310.000,оо ден. • Монтажа на жичани корпи за отпадок со пепелници на територија на Општина Карпош 200.000,оо ден. • Одржување и реконструкција на постојните клупи 355.000,оо ден. • Изработка на еластична ограда (поцинкувана) на надвозникот во Бардовци 354.000,оо ден. • Одржување, реконструкција и поставување на нови огради на Бул. „Теодосиј Гологанов” 354.000,оо ден. • Реконструкција на санитарни јазли во основните училишта и градинки на територија на Општина Карпош 1.400.000,оо денари. • Реконструкција и изградба на тротоари, пешачки патеки и паркинзи во МЗ Карпош 3 дел А - 2.400.000,оо денари . • Реконструкција и изградба на тротоари, пешачки патеки и паркинзи во МЗ Карпош 3 дел Б - 3.000.000,оо денари . • Изведба на ул. „Скупи 20” во Злокуќани 1.200.000,оо ден. • Осветлување на Улица 1 во насока од бул. Илинденска до салата „Борис Трајковски” • Промена на светлосните арматури и бојадисување на столбовите на улиците „Манапо”, „Бледски договор”, „Париска”, „Лондонска” и „Есперанто”, • Поставување на нови разводни ормани РО-4 на улиците „Никола Русински” и „Бледски договор”, • Демонтажа на поставената електрична инсталација во контејнерите во О.У. „Јан Амос Коменски”, • Реконструкција на веќе постојната електрична мрежа осветлување на улиците во населбите Жданец и Трнодол, • Улицата Шекспирова со паркот Херма лоцирана до Драмски театар, • Дополнително осветлување на Булевар Партизански одреди од улицата Рузвелтова до мостот Обединети нации во месната заедница Влае, • Реконструкција на осветлувањето на улиците Јуриј Гагарин и Леринска, • Реконструкција на осветлувањето на улиците во месната заедница Карпош 3 и парковите во внатрешноста на истата

13


Во училиштата и градинките во Општина Карпош

СЕ САНИРААТ САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ

Општина Карпош веќе десетина дена работи на целосна санација и реконструкција на санитарните јазли во осум училишта и шест градинки кои се наоѓаат на територијата на Деновиве почна реконструкцијата на улицата „Петар Драганов“ извршена е реконструкција на тротоарите како и асфалтирањето кое ќе се изврши во текот на наредните неколку дена. Ќе се реконструира и улицата „Букурешка“ во МЗ Тафталиџе 1. На истата улица претходно беше извршена реконструкција на тротоарите од двете страни на улицата, а во истовреме беше обновено и уличното осветлување. Изведувач на работите ќе биде АД „Гранит“ Скопје. Должината на улицата кој ќе се реконструира

Акција крпење на дупките на улиците во Општина Карпош Во Општина Карпош во тек е акцијата на асфалтирање на ударните дупки на станбените и сервисните улици на целата територија на Општината. По воспоставувањето на новиот менаџмент на Општината, целосно се завршија реконструкциите на улиците „Миле Поп Јорданов“ (кај ресторанот „Канцона“ паркингот и дел од улицата), улиците „Јуриј Гагарин“, „Девол“ и „Нерешка“ во населбата Жданец, улица „Радомил“, раскрсниците на улиците „Стрезово“ и „Козарска“, потоа меѓу „Стрезово“ и улица „Милан Марковиќ“, меѓу улица „Милан Марковиќ“ и „Брадфорска“, како и дупките на самата улица „Стрезово“. Освен 14

оваа Општина. Станува збор за основните училишта: „Петар Поп Арсов“, „Аврам Писевски“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Димо Хаџи Димов“, „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“, „Братство“, „Лазо Трповски“ и „Вера Циривири-Трена“ како и градинките „Мајски Цвет“ со нејзините клонови на улицата „Варшавска“ и на улицата „Дрезденска“ (до Катастарот), градинката „Орце Николов“ со нејзиниот клон во Карпош 4 и градинката „Пролет“. Станува збор за инфраструктурен зафат кој тежи 1,4 милиони денари кои се на товар на Општината Карпош. Причина за ваква детална реконструкција на санитарните јазли е што наодот на стручната служба на Општината, Секторот за комунално уредување покажа дека тие се наоѓаат во многу лоша состојба, односно половината од нив воопшто не функционираа. По овие зафати децата во новата учебвна година ќе влезат со нови санитарни јазли и опрема во нив, со што ќе се подигне хигиената во училиштата и градинките на многу повисоко ниво, отколку што беше во изминатиот период. и асфалтира изнесува околу 800 метри. Деновиве ќе почнат и подготвителни работи, односно „снимање“ на улицата со геометар околу дотерување потребно за постоечките шахти и одредување „падови“ на самата улица, гребење, па асфалтирање. Вкупната работа изнесува 2,5 милиони денари. Во тек е реконструкција на улично осветлување во населбата Жданец, односно замена на старите светилки со нови по улиците „Теодосије Синаетски“, „Девол“ и „Нерешка“. тоа асфалтиран е и просторот пред основното училиште „Владо Тасевски“. Во моментов се врши и сечење и обележување на ударните дупки на патот од улица „Козле“ до манастирот Пантелејмон, во Горно Нерези. Во следниот период акцијата на реконструкција на улиците во Општина Карпош ќе продолжи со крпење на дупките на следните улици: „Миле Поп Јорданов“ кај хотел Гранит, како и улиците „Стогово“, „Бледски договор“, „Вич“, а ќе се работи и на и прекопи на улиците во село Бардовци и на улица „Букурешка“. Изведувач на реконструкцијата на улиците на ударните дупки се фирмата „Сирфес“ од Скопје, а вкупно за ваквиот вид инфраструктурни зафати, до крајот на цела 2009 година е предвидена сума од 3 милиони денари.


Комунален излог Во Општина Карпош засилена реконструкција на инфраструктурата

Замена на фекалната канализација на улица „Драгиша Мишовиќ” Во Општина Карпош почна реализацијата на два крупни инфраструктурни проекти. Станува збор за реконструкција на фекалната канализација на улицата „Драгиша Мишовиќ”, односно замена на цевките кај Кулите II и III (т.н. Романски кули), кои гравитираат кон улицата “Илинденска”. Ваквата замена на старите цевки за канализација со нови беше нужна поради долгогодишните проблеми што ги имаа станарите на овие кули со затнување поради дотраеност на истите, а кој зафат беше во изборната програма и ургентен им го вети градоначалникот Стевче Јакимовски уште во предизборниот период. Проектот чини 110.000 денари и се однесува на севкупната реконструкција која ги опфаќа подготвителните работи кои заедно со ЈП „Водовод и канализација” ќе почнат веќе во среда, а се однесуваат на отцртување на трасата, па сé до копањето и замената на цевките. Инаку целосно заменетите постојните цевки на улица „Драгиша Мишовиќ” ќе се приклучат кон улица „Бледски договор”, поради специфичноста на улицата „Илинденска” каде не е дозволен ваков приклучок поради постојните подземни инфраструктурни објекти , поради што не се дозволува дупчење во овој дел.

Започна и реконструкцијата на 300 метарската делница од патот во Горно Нерези

Градежните работи на овој инфраструктурен проект ќе ги извршува фирмата „Енергомонтажа” од Скопје. Вториот значаен инфраструктурен зафат кој почна во Општина Карпош веднаш по преземањето на надлежностите од новото раководство е реконструкцијата на споредната со главната улица во Горно Нерези. Станува збор за реконструкција на 300-метарска делница, кон која што гравитираат голем број жители, кои пак, поради конфигурацијата на теренот и руинираноста на асфалтот постојано беа во опасност и тие и возилата. Од минатата недела на овој дел од улицата почна замена на асфалтниот слој со нов, а на одделни критични места ќе биде извршено и бетонирање, односно поставување армирано бетонска подлога, и ќе се става нов асфалтен слој. Целиот зафат ќе ја чини Општината околу 400.000 денари, и него веќе го изведува фирмата „АГЕ Инженеринг”. Според надлежните во Општина Карпош и двата крупни инфраструктурни зафати се очекува да завршат во рок од 10-тина дена.

Шест нови машини за косење на зеленилото Општината Карпош неодамна набави најнова опрема, механизација за косење на трева, инвестиција вредна 500.000 денари. Притоа се набавени еден трактор косилка во вредност од 210.000 денари, наменет за поголеми рамни тревнати површини, а за останатиот износ, се набавени уште три т.н. футури косилки кои се нешто помали по димензија. Набавени се и два тримери опрема за косење со конец за недостапни површини, околу дрва, големи косини (коси површини и сл.) Со набавката на оваа механизација всушност почнуваме со повторно големо чистење на Кејот на Вардар што го планираме од самиот почеток. Инаку, ова е прво осовременување на механизацијата за одржување на зеленилото по шест години, односно до 2003 година кога градоначалникот г-динот Јакимовски беше прв човек на оваа општина. 15


Карпош посакува реката Вардар да стане туристичка атракција Реката Вардар, опеана во многу македонски песни и симбол на македонската престолнина, со години наназад е со неугледно речно корито и е загадена. Општината Карпош нуди проект тоа да се измени и Вардар да стане туристичка атракција за домаќините но и за странци. Процените се дека реката Вардар има неискористен хидроенергетски потенцијал, но за жал и загадена вода, сиромашен жив свет, многу ѓубре, и што е најзагрижувачки сé досега не постоеше стратегија тоа да се измени. Велиме -сé досега, затоа што група ентузијасти од повеќе градови низ државата каде што реката Вардар „наминува“, решија да се позанимаваат со потенцијалите на оваа природна атракција. Тоа се дванаесетмина истакнати граѓани во своите средини, од Неготино, Гевгелија, Галичник, Скопје, Охрид, Стојаково, Богданци и Струмица. Нивните имиња се: д-р Зоран Поповски, д-р Митко Караделев, д-р Љупчо Меловски, м-р Ѓоше Стефков, Иван Маленков, Лазар Стамков, Илија Петрушев, Страшо Даов, Методија Аргировски, Драган Поповски, Кузман Клековски и Томислав Поповски. По професија се луѓе што се занимаваат со областа што е блиска до природата на убавата македонска река: агрономи, миколози еколози, фармацевти, биохемичари, биолози, етнолози.... Значи, доволно за овој проект да успее. 16

Реката Вардар има неискористен хидроенергетски потенцијал, но за жал и загадена вода, сиромашен жив свет и многу отпадоци наместо пловни објекти

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ВАРДАР Што предвидува проектот? Прво, организирано спуштање со чамци по течението на реката Вардар од Скопје до Гевгелија. Потоа, снимање на двата брега по целиот тек на реката по кој што ќе се плови. Ќе биде набавена и основна опрема за таканаречен „рафтинг“ за најмалку десет учесници во практичната примена на проектот. Во план е да се изврши и обука на десетина луѓе за организирање на


Проекти група ентузијасти од повеќе градови каде што реката Вардар „наминува“, решија да се позанимаваат со потенцијалите на оваа природна атракција текот на реката Вардар, организација на туристичката понуда, прочистување на водата и враќање на капачите на поранешните плажи“, вели Виолета Цветковска, шеф на кабинетот на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. „Реката Вардар е долго време запоставувана како природен ресурс од кој во голема мера би требало да зависи развојот на главниот град на државата“, додава Цветковска.

ШТО ЌЕ МУ ДАДАТ ОПШТИНИТЕ НА ВАРДАР

рафтинг тури по реката. Но ниту пошироката публика нема да биде запоставена. Граѓаните ќе бидат прашани да дадат идеи за тоа што треба да се направи за реката Вардар да заживее...Во општината Карпош велат оти за време на кампањата на последните локални избори се слушнале многу иницијативи за заживување на реката Вардар, и сега е дојдено време за нивна реализација. „За да не останат тие иницијативи само како неисполнети ветувања, општината Карпош се реши на овој чекор со кој ќе започнат активностите за доуредување на кејовите, регулација на

За општината Карпош и за градоначалникот Стевчо Јакимовски нема дилема дека тие треба да бидат лидери во реализацијата на иницијативите поврзани со реката Вардар. Но, велат, неопходна е и анимација на пошироката јавност за значењето што оваа река го има од туристички, енергетски, економски, природен, мелиоративен (наводнување) и од културен аспект. За почеток, ќе биде воспоставен таканаречен конзорциум за реката Вардар составен од претставници на сите општини низ кои протекува: Гостивар, Брвеница, Желино, Тетово, Јегуновце, Теарце, Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир, Петровец, Зелениково, Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Валандово, Гевгелија и Богданци. Поддршка се очекува и од властите на градот Скопје. Проектот за заживување на реката Вардар е навистина амбициозен. Плановите се протегаат до организирање на пловечки рафтинг-тури за граѓаните во викендите од летните месеци, со што треба да се обезбеди финансиска одржливост на целиот проект. Предвидени се и натпреварувачки регати и атрактивни акробации на местото наречено „каскада“. Иницијаторите на проектот велат дека фактот што оваа легендарна македонска река минува низ повеќе од 25 општини во државата и низ главниот град Скопје, треба да биде своевидна точка на обединување која треба на едно место да ги здружи напорите на сите оние кои се отворени или зависат од овој македонски бисер. Вардар и граѓаните кои ја сакаат природата тоа го заслужуваат. 17


Општина Карпош влезе во италијанско-македонски проект за енергетска ефикасност

Енергетско осамостојување по теркот на ЕУ На 29-ти март годинава, градоначалникот на Општина Карпош потпиша договор со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, со кој оваа Општина прва од 85-те во државата, почнува со Проект за енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија за сите училишта и градинки од територијата на Општина Карпош, односно 10

енергенсите кои ги користи Топлификација и целосна замена на електричната енергија од системот на ЕВН со електрична енергија од фотоволтаични-соларни системи). Со завршувањето на проектните активности всушност, Општина Карпош ќе добие целосно независни енергетски самостојни објекти во однос на греењето и потрошувачката на електрична енергија преку обновливи извори на енергија. Од страна на италијанскиот партнер во проект, Министерството за околина, земја и море, и Италијанската канцеларија при нашето Министерство беше присутен господинот Кристијан Мелис, кои се финансиери на фазите на изработка на физибилити студиите и изведбените проекти како и на делот за поврзување на деловните партнери од Италија и Македонија кои целосно ќе ги изведат овие зафати. Инаку, Проектот во изведбениот дел ќе има три фази, замена

Со завршување на проектните активности, Општина Карпош ќе добие целосно независни енергетски самостојни објекти во однос на греењето и на потрошувачката на електрична енергија преку обновливи извори на енергија.

училишта и 4 градинки во кои има околу 8.000 ученици. Со имплементацијата на овој проект, практично се врши целосна супституција на постојните енергенси за топловодно греење со геотермална вода (целосно 18

на електрична енергија, замена на топла вода и градежни зафати на објектите со кои ќе се заштедува енергијата во објектите (врати, прозори и други термоизолациски работи).


Проекти ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ОПШТИНА КАРПОШ ОД ЕУ

Допревме до фондовите на ЕУ Во просториите на Информативниот центар на ЕУ, со мала пригодна свеченост, беа објавени првите три награди од проектот „Општински награди 2008“ (Ресен, Илинден и Чаир), а подоцна и 12-те општини-добитници на средства од ИПА фондовите на Европската унија, поточно од Програмата за развој на локалната инфраструктура. Општината Карпош е една од општините кои успеаја да добијат финансиски средства (585.531 евра - без ДДВ, царина и царински давачки) кои ќе бидат наменети за проектот „Замена на покрив, фасадна столарија и поставување на пристапна рампа во

основните училишта „Петар Поп Арсов“ и „Лазо Трповски”. Од своја страна Општината Карпош се обврза да придонесе со изградба на две нови детски игралишта (за деца до 12 години), поставување на нови улични светла, како и поставување на клупи и корпи за отпадоци во двете основни училишта. На свеченоста свои излагања имаа г-динот Ерван Фуере, претставник на ЕУ во Македонија, г-динот Муса Џафери, министер за локална самоуправа во Владата на РМ, и г-цата Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС.

19


20

Преполовен долгот на Општината

Враќање на буџетот во реални рамки

Општина Карпош, во првите 100 дена откако градоначалникот Стевчо Јакимовски го презеде управувањето со Општината, успеа да го намали долгот за повеќе од 60 милиони денари. Првично затекнатите обврски беа 82 милиони денари, сега се сведени на 20-тина милиони денари, а се однесуваа на заостанати плаќања на доверителите за осветлување, изградба на улици и патишта, паркинг простори, реконструкција на постојната инфраструктура и сл. „Денес, како што изјави на прес конференцијата, градоначалникот Јакимовски, Општината не должи ниту денар за улично осветлување, набавена хартија, одржување на софтверите... Платени се прво најстарите побарувања, со цел да се спречи течењето на казнени камати, посебно оние кои чекаат на наплата со години, а сумата од 20-тина милиони денари побарувања е поднослива. Притоа се трудиме да не оставиме и големи побарувања, односно ниту една фактура да не е поголема од два милиони денари. Отсега натаму, механизмот на финансиски баланс ќе се заснова на тоа да не се продуцираат нови долгови, а доспеаните, благовремено да се сервисираат. Она што е најважно, ваквото финансиско растоварување овозможува влез во нова инвестициона фаза на Општината Карпош“, изјави Јакимовски.

Со вака усвоениот ребаланс на општинската каса всушност се врши прилагодување на буџетот на Општината Карпош за 2009 година со реалноста, односно со реално остварливите приходи

Буџетот на Општина Карпош за тековната 2009 година ќе биде „потенок“ на приходната страна за приближно 20 милиони денари, односно ќе се намали од проектираните 314 милиони на 294,5 милиони денари. Ова го изгласаа советниците на Општината Карпош, кои дадоа виза на Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Карпош за 2009 година. Со ребалансот предвидено е зголемување на планираниот износ на ставките данок на наследство и подарок, воведување на ставката –приход од промет на недвижности на Републиката, како и средства пренесени од претходната година. Намалување е извршено на планираниот износ кај средства од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Со вака усвоениот ребаланс на општинската каса всушност се врши прилагодување на буџетот на Општината Карпош за 2009 година со реалноста, односно со релано остварливите приходи. Советниците на четвртата седница на Советот ја изгласаа и Предлог-Програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Карпош како и неколку други одлуки и програми во сферата на културата спортот и детската заштита. На третата седница која претходеше на ребалансот на Буџетот на Општината беа избрани и претседателите и членовите на девет комисии на Советот на Општина Карпош.


Етичко катче Карпош како мултиетничка општина Пишува: М-р Татјана Стојаноска Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје Република Македонија е еклатантен пример за мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална средина, држава во која егзистираат различни култури, различни националности и различни конфесионални заедници, земја во која се испреплетуваат обичаите, културите и религиите. Поголемите градови, односно посебните општини во Македонија, чии жители се од мешано етничко и религиско потекло, го потврдуваат мултикултурализмот и соживотот меѓу различните етникуми. Во услови на таква разноликост, неминовно во општествената јавност се наметнува прашањето: кои се тие суштествени механизми кои даваат најголем придонес во позитивното перцепирање и функционирање на различностите, односно, кои принципи се приоритетни за взаемна соработка и сожителство меѓу различните етникуми и конфесии? Праксата и досегашното искуство покажуваат дека клучен принцип кој е од најголемо значење за нормално функционирање, јакнење на соработката меѓу различните етникуми и конфесии и надминување на разликите меѓу нив е принципот на толеранција. Толеранцијата, како принцип, и вредностите кои таа ги прокламира, а меѓу кои доминираат чесноста, почитта, доверба, пријателството и секако како врвна морална вредност љубовта, е стожерот и клучниот механизам за стабилноста на мултиетничките општини.

Мултиетничноста-функционира Општина Карпош спаѓа во редот на општини кои го негуваат принципот на толеранција и благодарение на позитивната одреденост на локалната власт кон овој принцип и кон вредностите кои тој ги прокламира, општина Карпош може со право да се стави на врвот на пиедесталот на општини каде одлично функционира мултикултурното, мултиетничкото и мултиконфесионалното во секојдневниот живот. Навистина со посебна благодет треба да се истакне влијанието на носителите на локалната власт во Карпош, пред се градоначалникот и неговите примарни соработници, во спроведувањето и настојувањето толеранцијата како принцип да биде носечки столб и примарен импулс во секојдневните активности и животни ситуации на жителите на оваа општина. И не треба да се поседува лажна скромност кога се потенцира значењето што го придаваат на толеранцијата, бидејќи денес, во ова време-невреме, кога постои

Толеранцијата почит на различноста ерозија на моралот и вредносен вакуум, од посебно значење е потенцирањето и настојувањето да се живее во склад со позитивните морални вредности и принципи кои го облагородуваат и оплеменуваат суровото секојдневие.

Принципот на толеранција е главен предуслов за правилно, посакувано и реално функционирање на мултиетничките општини

Заеднички празници

За да не звучи и не изгледа премногу позитивистички и фалбено, со неколку пластични примери ќе го поткрепам ова мое тврдење кое наидува секако и на одобрение од повеќето жители на оваа општина. Само една релаксирана прошетка по кејот на Вардар долж општината, кој е урбано и софистицирано уреден, ќе забележите припадници на различни етнички заедници како заедно се рекреираат, релаксираат и дебатираат за секојдневните животни проблеми. Исто така, во рамките на општината функционираат мултикултурни здруженија, играорни друштва, училишта со мешан етнички состав. На убаво уредените детски игралишта ќе го слушнете џагорот кој излегува од устите на децата од сите етнички заедници, а во подоцнежните часови ќе ги забележите вљубените погледи на младите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби, и сите нив ги сплотува љубовта како врвна морална вредност. Тука нема лицемерие, нема грубост, нема дволичност, нема злоба, туку има само искреност на чистите млади души. За време на значајните религиски празници ќе појдете на гости кај вашиот сосед Албанец и ќе пробате домашно правена баклава, а тој ќе ви ја возврати посетата на Велигден и ќе му испратите за поздрав на домашните свежо бојадисани јајца. И таквата глетка не може да го остави рамнодушен ниту еден добронамерник и посетител на оваа општина. Затоа, толеранцијата, која подразбира почитување на различностите, разбирање на поинаквите од тебе, соживот со нееднаквите, давање пиетет на вредностите како што се пријателството, љубовта, чесноста, почитта, достоинството, треба со посебна жар и внимание да продолжи да се негува во општина Карпош. Само на тој начин ќе се остане на патот на правилен развој на мултикинфесионалноста, мултукултурноста и мултиетничноста. Се гордеам што живеам, творам и егзистирам во мултиетничка општина Карпош.

21


Училиштата во општина Карпош успешно зачекорија во дигиталната ера

Компјутерите ги прават клупите атрактивни за учениците Воспитно-образовната работа во осно-вните училишта на територијата на општина Карпош во последните години ја карактеризираат иновативност, современ начин на водење на наставата и современо менаџирање согласно новите тенденции и потреби. Се разбира сето тоа се одвива во чекор со реформите и новосоздадените образовни услови. Во поглед на воспитно-образовниот процес посебен акцент се стави на новиот концепт на деветгодишно основно образование. За поуспешно имплементирање на оваа најголема реформа последниве години во образованието, стручни тимови во училиштата работеа на интензивна презентација на оваа програма. Беа изготвени папки за родителите чии деца учат во училиштата, со детално објаснување за тоа што содржи ова деветгодишно образование, какви се европските и светските искуства. Исто така беа одржани и интензивни обуки и семинари за наставниците од одделенска настава.

И родителите на учениците добија „час“ по новото деветгодишно образование Македонија „Компјутер за секое дете“, кој засега целосно е реализиран во две основни училишта „Владо Тасевски“ и „Братство“, а во останатите се работи на поставување на клупи и компјутерска опрема. Наставата по скоро сите предмети се изведува со помош на интернет и другите можности што ги нуди компјутерскиот јазик за комуникација. Основните училишта во Општина Карпош се вклучени во многубројни проекти. Со новиот тренд на соработка и отварање кон Европа се реализира и желбата да се создаваат нови контакти и успешна соработка меѓу училиштата од различни држави. Ваков меѓународен проект „Сличности и разлики на географските и биолошките карактеристики на Охридското Езеро и Јадранското Море“ оствари училиштето „Христијан Тодоровски

Првенци на генерација во училиштата

Во поглед на воспитно-образовната програма интензивно се работеше на усогласување на наставата со новите информацискокомуникациски технологии кои како нови наставни помагала неодминливо ги вклучуваат компјутерите и интернетот во наставата. За таа цел сите десет основни училишта се опремени со компјутери, донација од УСАИД, а во тек е и проектот на Владата на Република 22

Како награда за вложениот труд самите училишта ги наградуваат најдобрите и прогласуваат првенци на генерација. Така, првенец на генерација во основото училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ е Тијана Миљковиќ. Во основото училиште „Јан Амос Коменски“ оваа титула ја понесе Ема Казакова. Во основото училиште „Димо Хаџи Димов“- Мартина Јаневска. Во основото училиште „Петар Поп Арсов“- Филип Дончевски. Во основото училиште „Братство“- титулата првенец на генерацијата ја освоија двајца ученици и тоа Никола Андоновски и Влера Ибраими. Во основото училиште „Владо Тасевски“- Бојана Радиновиќ и во основото училиште „Аврам Писевски“- Христина Секуловска.


Образование и култура

Училиштата од општина Карпош постигнуваат завидни резултати на полето на модернизацијата на наставата и надворешната соработка Карпош“ со училиштето „Стоја“ од градот Пула, Република Хрватска. ОУ „Аврам Писевски“ од селото Бардовци во текот на учебната 2008/2009 година реализираше повеќе проекти во соработка со невладини организации и организацијата „Каритас“ од Германија, одржувајќи работилници за зајакнување на соработката на училиштето со родителите и со локалната средина. Со проектите „Рано изучување на германскиот јазик во прво одделение“ во соработка со германската амбасада и „Гете“ институтот, проектот „Едно училиште, еден споменик„ и кампањата за штедење вода под мотото „Немаме резервна планета“ може да се пофали училиштето „Владо Тасевски“. Основното училиште „Војдан Чернодрински“ во почетокот на учебната година отвори таканаречена „Канцеларија за здрав живот“ која работеше до крајот на учебната година. Состаноците се одржуваа еднаш месечно со ученици од петто до осмо одделение, а како гости со свои предавања се јавија доктори и претставници од продавницата за здрава храна „Виталија“. Јубилејот „40 години заедничко

пулсирање“ на училиштето “Лазо Трпковски“ беше организиран преку изложбени проекти, интервјуа, паноа и приредба. Ова училиште организираше и хуманитарна манифестација „Ден на хуманоста“ во чест на Тоше Проески. Парите собрани од манифестацијата беа донирани во фондацијата „Тоше Проески“. Основните училишта во општината се вклучени во проекти во соработка со општината. Се работи на санација на санитарните јазли во сите десет основни училишта, делумна или целосна промена на подовите и санација на покривите. Учениците од основните училишта од Општина Карпош можат да се пофалат и со голем број на награди и признанија освоени на општински, регионални и државни натпревари. Пример за тоа се учениците од училиштето „Петар Поп - Арсов“ кои оваа година се закитија со многу освоени први, втори и трети места. Тие освоија трето место по предметот математика - на државен натпревар, второ место по предметот физика - на регионален натпревар, и освоија трето место по предметот германски јазик - на регионален натпревар и други. 23


Образование и култура

„ВИЗА“ за реонизацијата на основните училишта во општината

Советниците на Општина Карпош на втората седница на Советот, едногласно, со само еден воздржан глас, ја прифатија и Предлог - Одлуката за утврдување на реони на основните училишта на Општина Карпош, со која во иднина ќе се обезбеди рамномерен прилив на ученици во основните училишта и рационално искористување на капацитетите. Со оваа реонизација приоритет и обврска за запишување на ученици во општинското основно училиште имаат децата кои припаѓаат во конкретен реон, а општинското основно училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување. 24

Отворен нов Клуб на пензионери во Општина Карпош

Простор за пензионерите во населба „Козле“

На 29-ти мај, градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стевчо Јакимовски го отвори првиот Клуб на пензионери на територијата на Општина Карпош. Клубот се наоѓа на улицата „Козле“ бб (после бензиската пумпа на „Макпетрол“ во каскадната зграда) и е целосно опремен со телевизор, ДВД плеер, компјутер, интернет врска, фрижидер, друштвени игри и сл. Отворањето на Клубот на пензионери, како што истакна во пригодното обраќање градоначалникот Јакимовски, има намена да им служи на сите пензионери подеднакво за дружење, играње шах, состаноци и воопшто за пополнување на слободното време. Клучот од Пензионерскиот клуб градоначалникот на Општина Карпош свечено му го предаде на еден од најстарите пензионери г-дин Крсте Биљановски. Сите трошоци за опремување на Клубот, како и натамошните трошоци за оддржување ќе бидат на товар на Општина Карпош и неколку фирми кои работат на ова подрачје. Инаку ова е првиот од 10-те клубови кои ќе бидат отворени на територијата на Општината Карпош, што градоначалникот им го вети на пензионерите при преземањето на функцијата, а ја спомена и можноста за изградба на Пензионерски дом во текот на неговиот мандат.


Одбележан уште еден јубилеј на борците од НОВ

Спомен на Одлуката за вооружено востание

На 22 јуни годинава, на местото каде што пред 68 години тогашни активисти на КПМ (Комунистичката партија на Македонија) донеле одлука за отпочнување на вооружено востание против нацистичкиот окупатор, беа положени букети свежо цвеќе. Одбележувањето на овој значаен ден беше пред спомен обележјето на настанот, во кругот на средното угостителско училиште „Лазар Танев“, во присуство на претставници од републичките, градските и општинските здруженија на борците од НОАВМ. Традиционалното положување на свежо цвеќе и оваа година помина во духот на евоцирање на спомените на преживеаните борци. Оваа година со свое присуство ги почести и единствениот жив учесник во донесувањето на историската одлука, другарот Перо Ивановски– Тикварот. Пред споменикот, цвеќе положија и претставници на Општината Карпош, здруженија на борците од подрачјето на Карпош како и од Сојузот на Титовите леви сили. Носители на активностите на ова одбележување се Општината Карпош, во соработка со Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија Карпош, како и Градскиот Одбор на сојузот на борците на НОАВМ Скопје и СУТУ „Лазар Танев“.

По повод 9-ти мај во Општина Карпош

Одбележан денот на победата над фашизмот

Во Општина Карпош, со свечена Академија беше одбележан 9-ти мај Светскиот Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа. Академијата беше организирана од страна на Општината Карпош и Општинскиот одбор на Сојузот на здруженијата на борците од народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. Пред 100-тина присутни претставници од Здруженијата на борците од НОВ, но и од граѓаните на Општина Карпош, се обрати Претседателот на Општинскиот одбор на Сојузот на здруженијата на борците на Карпош Киро Никовски, а присутните гости ги поздрави и градоначалникот на Карпош г-дин Стевчо Јакимовски. Во пригодното обраќање, градоначалникот Јакимовски, истакна дека е посебна чест што и Македонија е дел од оваа голема светска антифашистичка коалиција, дека нам ни е должност да ги негуваме и чествуваме овие светли постигнувања на нашите татковци, од кои ќе учат и идните поколенија. Во Општина Карпош преку конкретни зафати (обнова на куќата каде се одржал состанокот за формирање на Првиот скопски партизански одред и заштита на Спомен обележјето на Првиот скопски партизански одред) и натаму ќе се негува оваа традиција, рече Јакимовски. Со пригоден реферат за значењето на антифашистичката борба и Втората светска војна и учеството на македонските борци во поставувањето на темелите на новата држава, се осврна и д-р Владо Ивановски. Со своја програма на Академијата настапија учениците од ОУ ,,Петар Поп Арсов“, како и доајенот на македонската глума, актерот Мите Грозданов. 25


Проекти Трибината на тема: Велосипедот, рамноправен „партнер“ во транспортот!

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ ЗА НАЈКРЕАТИВНИ

ПАРКИНЗИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

На 15-ти јуни во Општина Карпош се одржа Трибина посветена на транспортот како еден од клучните сегменти за урбаниот одржлив развој и условите за користење велосипед како транспортно средство во градот. Трибината се спроведе во рамките на проектот „Со велосипед е во ред!А каде да паркирам?“ кој го реализира „Коалицијата за одржлив развој - КОР“ заедно со Општината Карпош. На двочасовната трибината претставниците од КОР, професори од Архитектонскиот факултет во Скопје, претставниците од градот Скопје, како и другите учесници, уште еднаш го отворија прашањето за замена на автомобилите и други загадувачи на животната средина со велосипедите. Скопје заслужува и треба да го вклучи велосипедот 26

во стратешкиот план за развој, беше истакнато на трибината, при што се споменаа неколку досегашни промашувања на архитектонски план кои не смеат да се повторат. Урбаниот развој на градот отвори нови работни места, нови професии и роди нови идеи, рекоа архитектите. Една таква идеја е креирање паркиралишта за велосипеди, или т.н. „базни станици“. За таа цел Општината Карпош организираше и креативна работилница пред еден месец од која произлегоа извонредно оригинални решенија за паркинзи за велосипеди. Најдобрите решенија од нив, стручно оценувани од жири добија и пригодни награди кои им ги врачи градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.


Жирито беше составено од седум члена, претставници од Општина Карпош, Градот Скопје, Архитектонски факултет, Американ Колеџ, РЕЦ и КОР, а предводено од холандската амбасадорка, инаку докажан вљубеник во велосипедизмот, г-ѓа Симоне Филипини. Беа доделени три први награди на Драган Крстевски од група 5, Филип Коневски (од група 15) и т.н. група 10 Борка Стрезовска,

Добрица Дојчиновска, Катерина Станковиќ, кои беа наградени со безбедносна кацига за велосипед. Втора награда добија Симона Веселинска и Леонора Грчева –пумпи за велосипед. Третата награда, сет предно и задно светло за велосипед ја добија група 6 односно Ивана Стефановска, Радица Угрова и Тонка Андонова, како и специјална награда за група 9 (сет шише и држач за шише за велосипед) за Теа Ичева, Дина Тодоровска и Шенол Бајрам. Во оваа пригода, градоначалникот на Карпош изрази голема благодарност до младите студенти на архитектура за креативните идеи кои се вистинско освежување за вакви урбанистички решенија и вети дека во иднина ќе ги поддржува сите проекти во таа насока.

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Карпош и ЕКО-СВЕСТ

Велосипеди за СИТЕ!

Општина Карпош и Здружението „Центар за истражување и информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ“, на 16-ти јуни 2009 година потпишаа Меморандум за соработка кој што има за цел да ја развие соработката на планот на промоција на пријателски настроени практики кон животната средина. Меморандумот го потпишаа Градоначалникот Стевчо Јакимовски и Жарко Коневски, претседател на ЕКО –СВЕСТ. Соработката, конкретно се однесува на употребата на велосипедите во секојдневниот транспорт, преку уредување на повеќе пунктови за изнајмување на територијата на Општина Карпош и користење на велосипеди за градски транспорт. Со новата практика на изнајмување велосипеди на жителите на Карпош и воопшто на граѓаните на Скопје треба да се подигне јавната свест и да се променат навиките во насока на употреба на алтернативни средства за јавен транспорт, а со тоа и заштита на животната средина. „ЕКО-СВЕСТ“ се обврза од своја страна да обезбеди 50 нови велосипеди за градски транспорт кои ќе се изнајмуваат на точно посочени пунктови во Општината со симболчен надоместок на час. Општината Карпош пак, освен што ќе обезбеди места за изнајмување на велосипедите, ќе обезбеди и чуварска служба. 27


ДОНАЦИЈА ВО ДЕТСКАТА КЛИНИКА

ГРАДСКИ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

Нови креветчиња за децата од „Козле“

Музика од Битлси на кејот на Вардар

Македонската австриска бизнис асоцијација (МАБА) во рамките на својата редовна годишна програма на активности, донираше детски креветчиња за децата болни од белодробни заболувања при Детската клиника Козле. На чинот на предавањето на донацијата на МАБА присуствуваа: претседателката на МАБА г-ѓа Ѓулај Салиевска-Гештаковска, членовите на Управниот одбор на МАБА, како и директорот

На 17 јуни 2009 година, во 20.30 часот, на десната страна на Кејот на Вардар во Општина Карпош (кај Амфитеатарот на составот на

реките Лепенец и Вардар, во близина на пешачкиот мост „Газела“) Градскиот дувачки оркестар одржа концерт за жителите на Карпош. Овој концерт е дел од музичката програма на Младинскиот културен центар, кој овој пат, во соработка со Општината Карпош ќе придонесе за збогатувањето на културнот живеење во градот и во Општината ова лето. Од својот богат репертоар, Градскиот дувачки оркестар изведе повеќе музички дела, евергрини, песни на познатите Битлси и др. Концертот беше бесплатен и отворен за сите генерации од 7 до 77 години, односно за сите љубители на музиката.

на Детската клиника Козле, Зафировски. Хуманата активност беше збогатена со мала свеченост за децата, со учество на пејачот Ламбе Алабаковски, кој им подели и потпиша музички цедеа на децата од неговиот последен албум. Наедно беше најавено дека МАБА и во иднина редовно ќе учествува и партиципира во вакви и слични активности за помош и поддршка на децата. Свеченоста заврши со размена на благодарници од двете страни и заемно задоволство за хуманоста, како почеток на една долгорочна соработка.

28


Образование и култура Во Општина Карпош

Прием на гoстите од XXX Меѓународен Студентски Фолклорен Фестивал Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски со гостите од фолклорните друштва од странство

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на 26 јуни годинава ја прими делегацијата од учесници на XXX Меѓународен Студентски Фолклорен Фестивал. Во делегацијата беа претставници од фолклорните ансамбли: „Дунај“-Словачка, „Тена“–Хрватска, „Севдах”–БиХ, „Смедерево“–Србија, „Нашенци“–Бугарија, „Јубилат”Полска, „Битола“–Македонија, „Панче Пешев“ – Македонија, „Карши Ака“– Македонија, „Мирче Ацев“–Македонија. Градоначалникот Јакимовски им посака добредојде и убави фестивалски денови, а за делегацијата приреди и пригоден ручек. Инаку, првиот човек на Општината Карпош,

вечерта на 26 јуни официјално го отвори повеќедневниот триесетти, по ред јубилеен, Меѓународен Студентски Фолклорен Фестивал на чие отварање присуствуваа и претставници од највисоките државни власти како и од Ректоратот од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Следните два дена, 27 и 28 јуни 2009 год. од годинешниот Фолклорен фестивал беа посветени токму на Општината Карпош. Ансамблите учесници на него, на просторот кај Aмфитеатарот на Kејот на Реката Вардар (во близина на мостот „Газела“) одржаа два вечерни концерти претставувајќи го фолклорот од своите земји пред граѓаните на Општина Карпош. (E.K.) 29


БИЗНИСОТ И СПОРТОТ ЗАЕДНО Општина Карпош коорганизатор на вториот крикет меч во Македонија Општина Карпош заедно со Бритиш Бизнис Груп (ББГ) оваа година стана партнер и подржувач во организирањето натпревар во крикет во Македонија. Станува збор за вториот крикет меч кој се организира кај нас во Република Македонија и кој од оваа година за прв пат добива меѓународен и традиционален карактер. Во неделата на 7 јуни се одиграа два крикет натпревари меѓу полупрофесионалниот тим од Велс „Кармел енд дистрикт крикет клаб“ наспроти „Маседониан Интернешенал 11“, домицилниот клуб составен од претставници од меѓународната бизнис заедница кои се школувале или работеле во странство каде го практикувале овој спорт, а кои сега работат во Македонија. Меѓу нив има и познати македонски бизнис имиња како Ден Дончев, Роберт Јоновски, Илија Тасев. Ден пред одржувањето на натпреварот беше организирана прес конференција со цел спортските новинари, но и севкупната македонска јавност да се запознае со 30

намерата на организаторите за организирање ваков натпревар, како и со тимовите кои треба да направат промоција на овој популарен британски спорт, со над 300-години традиција. Тимот од Велс кој го предводеше Тимоти Абрахам, спортски новинар во ББС и „Гардијан“, претходно го промовирале овој спорт во Словачка, Русија, Унгарија, Србија, а после Македонија, замина за Бугарија. Во неделата двата натпревари во крикет свечено ги отворија градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски и Реј Пауер од Британската бизнис група. Во својот поздравен говор пред играчите на двата тима, но и присустните гледачи бизнисмени и другите заинтересирани граѓани, градоначалникот Јакимовски рече: „Општината е потврден и докажан поддржувач и промотор на спортот и културата не само на локално, туку и на државно и меѓународно ниво. Тоа што крикетот, кај нас е релативно недоволно афирмиран спорт, е само предизвик и шанса за нас како локален менаџмент.


Спорт Ние во соработката со Британската бизнис група видовме нова можност за културна размена меѓу Република Македонија и Велика Британија. Ние сме две земји со извонредно богата историја и традиција, кои патем негуваат и исклучително пријателски односи на спортски, бизнис, па и на политички план. Крикетот, како спортска игра во својата замисла е и пригоден повод, за едно убаво повеќечасовно семејно дружење. Поканивме и им дадовме шанса за средба на бизнисмени и размена на идеи за инвестиции и соработка на повеќе полиња. Општината Карпош освен добрата волја за соработка ја понуди својата сесрдна помош околу подготовката на теренот, придружните

на позитивните спортски, културни и бизнис вредности на Република Македонија“. Во најава е уредување на просторот околу хотелот Александар Палас токму за оваа игра, со што крикетот ќе се игра почесто, екипите ќе имаат можност да тренираат, па и да се направат нови екипи кои ќе играат во некое македонско првенство во крикет. Инаку крикет натпреварите освен сите домашни печатени и електронски медиуми, директно ги пренесуваше и националната телевизија МТВ на сателитскиот канал, а за нив известуваа и на познатиот „Еуроспорт“, што е огромна афирмација на нашата земја, но и на Општината Карпош како успешен организатор на вакви натпревари.

Прес конференција во Александар Палас по повод одржувањето на Вториот крикет меч во Македонија: Јакимовски, Пауер, Абрахам

Поздравен говор на градоначалникот Стевчо Јакимовски пред почетокот на мечот

објекти и реквизити за комплетирање на свекупниот амбиент и нормално следење на натпреварот. Ветуваме дека догодина поддршката и напорите дополнително ќе ги зголемиме, сé со цел нашата општина, а со тоа и нашата земја, да ги претставиме во најдобро можно светло, како благопријатно место за спорт, дружење и инвестиции. Се надевам дека денес ќе имаме добар спортски ден, ден за дружење, се надевам дека ќе победат подобрите и повешти играчи, се надевам дека оние кои се прв пат во Македонија, оттука ќе заминат со добри впечатоци и спомени и дека ќе ја пренесат пораката за нашата гостољубивост и пречекливост. Конечно се надевам дека денешното спортско и бизнис дружење ќе придонесе за продлабочување на релациите меѓу нашите две држави. Тоа е еден наш скромен придонес, како локална власт во афирмација

Мечот во Скопје траеше 4 часа, а победи екипата од Велс. Во првата игра, екипата од Велс победи со 159:91, а во втората игра со 151:141.

Велшкиот тим беа презадоволни од пречекот и организацијата на натпреварот. Ветија дека ќе дојдат повторно. 31


Спорт ТРАДИЦИОНАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА КК „ВОДЊАНСКИ ЛИСИЦИ“

Прво место за КК „Брчко – Дистрикт“ од Босна и Херцеговина

На 27 и 28 јуни се одржа традиционалниот турнир во кошарка во машка кадетска конкуренција во организација на КК „Водњански Лисици“. На овој турнир покрај домаќинот зедоа учество и екипите на КК „Брчко – Дистрикт“ од Босна и Херцеговина, КК „Бест“ од Гевгелија и КК при Училишниот спортски клуб на ОУ „Владо Тасевски“ во чија сала се одиграа натпреварите. Кошаркарите беа на возраст од 12 до 15 години, а играчите од гостинските екипи беа сместени во домовите на членовите на екипата на домаќинот. На тој начин е остварена и социјалната димензија на овој настан во чиј фокус е создавањето и негувањето на нови пријателства. По одигрувањето на исклучително интересните натпревари по системот секој со секого кои ги следеа преку 500 гледачи, првото место со три остварени победи го освои екипата на КК „Брчко – Дистрикт“ од Босна и Херцеговина. Второто место со две победи и еден пораз го освои екипата на домаќинот КК „Водњански лисици“, третото место го зазеде екипата на КК при Училишниот спортски клуб при ОУ „Владо Тасевски“ со една остварена победи, додека четвртото место го освои екипата на КК „Бест“ од Гевгелија. Пехарите ги додели Градоначалникот на 32

општина Карпош, г-динот Стевчо Јакимовски кој вети дека во иднина овој турнир би можел да биде поддржан и од општината Карпош. Во разговор помеѓу претставниците на КК „Брчко – Дистрикт“ и градоначалникот на општина Карпош покрената е иницијатива за продлабочување на соработката помеѓу двете локални заедници и евентуално збратимување.


Учество на Општината Карпош на Синдикалните спортски игри СИС-УПОЗ 2009

Едно злато и две бронзи

за админситрацијата со спортски дух

Општината Карпош од 4-7 јуни 2009 година учествуваше на Петнаесеттите спортски игри и средби СИС-УПОЗ 2009. Игрите се одржаа на спортските терени во состав на хотелскиот комплекс на хотелот Еуротел, Струга. Делегацијата која ја претставуваше Општината Карпош се состоеше од 21 вработен, од кои 14 машки и 7 женски учесници. Карпош се натпреваруваше во мал фудбал, пинг-понг и стрелање во машка конкуренција, во баскет, одбојка, пинг-понг и пикадо во женска

конкуренција, како и во влечење јаже како заедничка дисциплина. Првиот настап на Општина Карпош не остана незабележителен, па така дебито беше „зачинето” со прво место во пинг-понг и трето место во одбојка во женска конкуренција, како и трето место во дисциплината влечење јаже во мешана конкуренција. Целата манифестација заврши со свечено доделување на наградите и заедничко дружење во хотелот Еуротел.

Извлековме „бронза“: Тимот на Општина карпош во акција

Нашето „злато“: Гордана Максимовска и Александра Тодоровска го освоија првото место во пинг-понг 33


Повеќемина граѓани преку електронските и печатените медиуми поставуваа прашања до општинската администрација за проблемите кои ги мачат. Во продолжение можете да проследите дел од нив:

Прашања:

Граѓанин од општина Карпош постави прашање зошто сеуште нема осветлување на улица Никола Парапунов... Дали општината е запознаена со овој проблем и дали планира да преземе нешто??? Се јави и граѓанин од местото КРИВИ ДОЛ во општина Карпош улица СКУПИ 3А, и постави прашање до нашата редакција дали општината е запознаена со нивниот проблем: Немаат ниту влез ниту излез за населбата се е блокирано....

Одговори:

Општината Карпош е запознаена со проблемот со осветлувањето на улицата „Никола Парапунов„ и веќе презеде мерки на тој план. Имено имаше проблеми во трафостаницата (прегорен дел од електрониката) и откако побара и доби дозвола од ЕВН да влезе во трафостаницата, интервенираше и дефектот е отстранет. Од вчера уличното осветлување е пуштено во употреба и повторно функционира.

Во врска со второто прашање кое се однесува на населбата Криви Дол, Ве информираме дека Општина Карпош во 2005 година за прв пат донесе детален урбанистички план за тој локалитет. Со тоа се урбанизираше населбата и се даде можност за легална градба. Сообраќајното решение на деталниот план предвидува неколку точки на поврзување на населбата со околната сообраќајна инфраструктура. Главниот влез во населбата е предвиден како поврзување со булеварот 8-ми септември, преку крстната точка со улицата Скупи. Друг влез, од источната страна, е планиран од булеварот Никола Карев, а кој е на територијата на општина Центар. Во планската документација постои испланирано поврзување на сервисната зона на урбаниот опфат со сервисната зона на Момин Поток, а кое е предвидено денивелирано, односно улицата Скупи 3а на север преку подвозник под булеварот Никола Карев продолжува во Момин Поток. За жал, актуелната состојба не соодветствува на планираната и влезот сто постои од булеварот 8ми септември е супстандард и е решение кое спонтано корисниците на просторот го оформиле и како такво и го користат. Реалноста е таква што Криви Дол е еден од поголемите кластери на бесправна градба на територијата на нашата општина. Деталниот план и законската регулатива даваат можност луѓето да ги подмират обврските за комунално уредување на градежното земјиште, а со тоа И да добијат легален статус нивните градби. Практично тој процес на плаќање на надоместокот, или популарно кажано комуналиите, би значеле и обврска за општината да го изврши уредувањето на градежното земјиште на конкретниот локалитет. Општината има планови да го изврши основното поврзување на сообраќајната мрежа, но истото подразбира и постапки за експропријација на земјиштето, кои дополнително финансиски ја отежнуваат реализацијата, и имајќи ја во предвид комплексноста на проблематиката, основен и најсилен импулс би било подмирувањето на обврската кон општината од страна на сопствениците на земјиштето на конкретниот опфат. 34


Отворено со граѓаните Прашање:

Ве молам да ми обезбедите информација за тоа кога се вцртани маркичките за здравствени установи во комплексот на Воената болница и на чија иницијатива? Поздрав

Одговор:

Деталниот урбанистички план за конкретниот урбан опфат е во изработка, се очекува веќе во текот на наредната недела да биде доставен од изготвувачот како Нацрт ДУП и со тоа пустен во понатамошната постапка за донесување, односно најпрво да се направи ревизија а потоа да се прибават потребните мислења од надлежните институции за да може да се усвои на седница на советот на општината во Нацрт фаза, после сто ќе биде јавно презентиран и изложен на Јавна анкета, од што ќе резултира финалното дефинирање на можностите за развој на просторот.

Прашање:

Ве молам да ми кажете кои фази треба да ги содржи проектот за добивање на градежна дозвола. Објектот за кој имам добиено извод од урбанистички План се наоѓа во Тафталиџе, а намена - Семејна куќа. Ме интересира посебно дали во проектот мора да има фаза електрика, и фаза машинство или само архитектура и статичка пресметка (Основен Проект)

Одговор:

Добивање на одобрение за градба се одвива во две фази: 1. Добивање на решение за локациски услови, за што треба доказ за сопственост, елаборат за нумерички податоци, извод од ДУП, идеен проект во најмалку 3 примероци; 2. По добивање решение за локациски услови, отпочнува втора фаза, одобрение за градба за сто треба да поднесете основен проект во најмалку 4 примероци, со фази архитектура и статика, со ревизија на статиката.

Прашање:

Како е можно Општината да „поцрни” пристапна патека за сметка на едниот сосед? - Зошто тоа се случило само на Иван Цанкар 64 а, а не и на сите други куќи во овој реон? Во скицата од ДУП може да се види дека во овој реон меѓу сите куќи има идентични пристапни патеки. - Како е возможно Карпош да остави без пристапен пат граѓани во планот, кои имаат право на тоа? - Што се случило овде според ваши сознанија?

Одговор:

Во врска со пристапната патека на ул. Иван Цанкар, помеѓу градежните парцели 4.1.12 и 4.1.13, Ве информираме дека истата е дел од урбаниот опфат на ДУП за Влае 1, дел Б, усвоен на седница на советот на општина Карпош со одлука бр. 07-1080/1, од 18.07.2002 година. Во рамките на овој локалитет постојат повеќе пристапни патеки и истите немаат еднаков третман во деталниот урбанистички план. Конкретната патека, предмет на Ваш интерес, во деталниот план претставува дел од градежната парцела 4.1.12. Дали се работи за техничка грешка или има причини поради кои е направено такво решение, не би можеле сега да одговориме, со оглед на тоа дека тој план се изработувал во 2001 година, а постапката за донесување на планот траела до 2002 година кога е усвоен и стапен на сила. Граѓаните имале можност да реагираат на Нацрт решението на планот и да поднесат писмен приговор во форма на анкетен лист, за времетраење на јавната анкета, истиот ќе бил разгледан и ќе имале можност да го коригираат решението. Бидејќи сега се работи измена и дополна на ДУП за дел од Влае 1, во чии рамки е опфатен и делот со патеката, заинтересираните граѓани беа упатени да поднесат писмена иницијатива за корегирање на решението. Истото е направено и во постапката за носење на новиот ДУП ќе има можност да биде разгледано и вградено. 35


Општина Карпош

Адреса: ул. „Партизански Одреди” 68 Телефон: 3071 363 Е-маил: kontakt@karpos.gov.mk gradonacalnik@karpos.gov.mk

Karpos Urban No.1  

Prv broj na Karpos Urban

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you