Page 1

Информатор на Општина Карпош, март - април 2011 година / број 8 / година 2

ПАРТИЗАНСКА - БУЛЕВАР НА ТЕМЈАНУШКИТЕ

ОПШТИНА КАРПОШ ДОБИ СЕРТИФИКАТ ИСО 9001:2008 ИНТЕРВЈУ: ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ

Кралицата на шахот гостинка во Карпош


ОПШТИНА КАРПОШ ДОБИ СЕРТИФИКАТ ЗА СТАНДАРДОТ ИСО 9001:2008

На 23 март, во просториите на Општина Карпош, на градоначалникот Стевчо Јакимовски му беше врачен меѓународниот сертификат за воведување на Системот за управување со квалитет усогласен со барањата на стандардот ИСО 9001:2008. Сертификат го врачи Нил Бауман, технички директор на британската компанија „ДАС СЕЕ“. Како носител, раководител и координатор на целокупниот проект за добивање на меѓународниот сертификат ИСО, пред присутните се обрати секретарот на Општина Карпош, Владо Поповски кој рече: - Со овој чин, денес, сакаме да ви соопштиме и да споделиме со вас, една, за нас многу важна информација дека Општина Карпош на 2 овој месец го доби

ОПШТИНА КАРПОШ СЕ КОМПЈУТЕРИЗИРА

Во текот на март и април целосно се изврши компјутеризација на администрацијата во Општина Карпош. Во неколку наврати се обезбедуваа копмпјутери за вработените, при што само во последниот турнус се набавени 52 компјутери и 19 лап топи. Освен тоа, за потребите на секојдневното работење се обезбедија и: 38 принтери, еден плотер и три скенери. Во ова пригода е извршена и целосна компјутеризација на сите 12 урбани заедници и две месни заедници, кои се приклучени и на интернет. Со ова е направен уште еден чекор напред во осовременувањето на работата на општинската администрација како ефикасен сервис на граѓаните.

меѓународниот сертификат за имплементација на Системот за управување со квалитет во делот на развој и давање на услуги во надлежност на локалната самоуправа. Во таа смисла, како што е утврдено и во Политиката за квалитет, наша најважна цел е и останува, граѓанинот да биде секогаш задоволен при што ќе му биде обезбедена квалитетна, навремена и ефикасна услуга, а сето тоа во согласност со позитивните законски прописи - изјави секретарот Поповски. Според него, администрацијата на Општина Карпош и во иднина уште поинтензивно ќе работи на континуираното подобрување на квалитетот на услугите што им ги дава на своите граѓани и на сите заинтересирани субјекти, а гаранција за тоа се нејзината компетентност, стручност и посветеност, заклучи Поповски. „Посебо ми е мило што на овој начин се потврди нашиот труд и напор што го вложивме во изминатиот период за добивање на сертификатот ИСО 9001:2008. Со тоа сакаме да покажеме дека Општина Карпош работи по најдобрите светски стандарди и ги применува најдобрите светски практики во давањето на услуги кон своите граѓани“, рече во своето обраќање по овој повод градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Овој сертификат е и признание на определбата на општината, но и на севкупниот Совет на Општина Карпош да се обезбеди најбрз проток на информации и услуги и да се имплементира најефикасно работење. Целта ни е, рече Јакимовски, ова раководство и овој Совет да чекорат напред, да бидеме подобри од претходните, но и да ги отвориме патеките и практиките, тие што ќе дојдат потоа да бидат подобри од нас. Овој сертификат нема да значи ништо ако ИСО-стандардот не се имплементира и не се унапредува натаму во секојдневното работење. Токму затоа ние одиме чекор напред во имплементацијата на стандардот за безбедност на податоците ИСО – 27001, заклучи Јакимовски. Честитки за добиениот сертификат на Општина Карпош изрази и Иван Поцајт од белградската компанија „ИНИ“, овластен застапник на „ДАС СЕЕ “ од Велика Британија. Тој истакна дека големиот напор што го вложи менаџерскиот тим на Карпош во имплементацијата на овој стандард во работењето на локалната власт и резултатите многу скоро ќе ги почувствуваат и граѓаните и самата општина преку поквалитетните услуги, рече Поцајт. Проверката и имплементирањето на ИСО-стандардот во работењето на Општина Карпош го спроведе реномираната британска компанија „ДАС СЕЕ “.


Во овој број СОБРАНИ 150 ПАКЕТИ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ 4

ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ ул. Демир Трајко бб 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/3061-353 факс 02/3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ

РЕКОНСТРУКЦИИ ВО ПЕРИОДОТ МАРТ-АПРИЛ 2011 ГОДИНА 6-9

АМБАСАДОРОТ ОД НАШЕТО МААЛО 14-15

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ ЛЕКТУРА: АНГЕЛИНА НИКОЛОВСКА ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ УРЕДНИК НА КУЛТУРА: ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА, СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ

СО „РУСИНКА“ ДО ЕВРОПСКИТЕ ПОДИУМИ 26-27

РОБЕРТ МАРКУШ ПОБЕДНИК НА „ОПЕН КАРПОШ 2011“ 28


Хуманитарно катче

СОБРАНИ 150 ПАКЕТИ ПОМОШ На 9 и 10 април во нашата општина се одржа дводневна велигденска хуманитарна акција на Општина Карпош насловена „Да бидеме хумани за нашите соседи“. Сите граѓани, жители на Карпош, но и други купувачи во маркетите тие денови можеa да купат и да донираат некои производи за своите посиромашни и социјално загрозени сограѓани. На неа беа собрани 150 пакети помош за социјално загрозените семејства, кои им беа врачени на 19 и 20 април, на неколку пункта низ општината: во УЗ „Влае 1“, во старата општина, во новата општинска зграда и во УЗ „Владо Тасевски“. Тоа беа, главно, пакети со прехранбени продукти: зејтин, шеќер, брашно, тестенини, кондиторски производи, како и средства за хигиена кои ги донираа жителите на општина Карпош пред 14-те поголеми маркети на територијата на општината со цел да им ги разубават празниците на своите соседи. Е.К.

ВЕЛИГДЕНСКА ПОДДРШКА ЗА ФИЛИП По повод велигденските празници, децата од градинката „Пролет“ во Влае заедно со воспитувачките и родителите организираа хуманитарен базар за своето болно другарче Филип Николовски. Со велигденски шарени јајца и „прехранбени досетки“: колачиња, соленки кои ги продаваа за симболична цена, другарчињата од оваа предучилишна установа

сакаа да соберат финансиски средства со цел да помогнат во лекувањето на своето другарче болно од леукемија. Базарот го посети и таткото на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој даде свој придонес во оваа хуманитарна акција со купување од изложените производи, а вети и финансиска поддршка од Општината.

ПРЕТПРАЗНИЧНО - СО ИДОЛИТЕ

Дворот на ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“, поточно фудбалското игралиште „Сокол“ беше „домаќин“ на предвелигденскиот продажен хепенинг. Организатор на хепенингот беше ОУ „Христијан 4

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

Тодоровски-Карпош“заедно со основните училишта „Димо Хаџи Димов“, „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“ и „Аврам Писевски“. Многубројните штандови преполни со шарени јајца, домашни пити и колачи го дополнија празничниот амбиент, а присутните купуваа и наедно се радуваа на најголемиот христијански празник. За расположението на присутните се погрижија учениците кои со своите настапи го спроведоа во дело проектот „Подобро здравје“ преку вежби и танци, кој го овозможи МАРТ

-

АПРИЛ

2011

Општината Карпош. Посебно изненадување за присутните беше доаѓањето на претставниците за избор на „Македонскиот идол“ кои беа пречекани со воодушевување и со аплаузи. Тие го покачија „адреналинот“ на забавата и уште еднаш докажаа дека претставуваат таленти кои допрва доаѓаат на македонската музичка сцена. Програмата беше збогатена и со изведба на делови од познати македонски театарски претстави од учениците на ОУ „Христијан ТодоровскиКарпош“. С.Р. ОПШТИНА

КАРПОШ


Почитувани сограѓани, Карпош не запира, не запираме ниту ние. Со крупни чекори грабиме напред, кон една поубава, поурбана, поевропска општина. Карпош веќе одамна не е онаков каков што го затекнавме. Изминаа точно две години од преземањето на власта и ние целосно и го вративме и и’ го разубавивме ликот на нашата општина. Сега таа е многу попристојно, побезбедно, поконфорно место за живеење. Пролетните месеци март, април пословично се месеци на почеток на големи градежни зафати во инфраструктурата, урбанизмот, за почеток на капитални инвестиции. Почнавме со големи реконстурукции и санирања на ударните дупки во Карпош 1 и 2, со доградба на детската градинка „Орце Николов“, со изградба на паркингот во Порта Влае, изградба на комплекс на патеки на Копенхагенска, вршиме реконструкција на затворениот буичен канал на улицата Загрепска. Бардовци ќе добие вистинска автострада, шестметарска улица според сите урбанистички стандарди, улицата 6 ќе биде со целосно нови тротоари, асфалтирана, нешто што досега не било. Во Тафталиџе 2 целосно ги реконструиравме тротоарите на улицата Бањалучка, во Карпош 4 ги проширивме и ги реконструиравме тротоарите на улица Желево, почнува реконструкцијата на улицата Нерешка во Жданец и уште десетина поголеми инфраструктурни зафати на територијата на цела општина. Во текот на мај започнуваме со изведба на 70 нови проекти, од кои најголемиот дел се инфраструктурни зафати во населбите Козле и Карпош 4. Во овие два изминати месеца не ја заборавивме ниту другата надградба, културната, спортската, духовната. Го одбележавме доаѓањето на пролетта во Карпош, заедно со децата, со Мировниот корпус, и засадивме илјадници темјанушки. Сега Карпош има повеќе цвеќе од каде било во градот, и вистинска бајка е да се прошеташ долж Партизанска... На Денот на шегата се пошегувавме. Организиравме изложба на младите архитекти од „Американ колеџ“, кои заедно со учениците од ОУ „Петар Поп Арсов“ и ОУ „Братство“ ни овозможија да најдеме идејно решение за претстојната реконструкција на овие училишта. Сепак, како најисклучителен настан би го издвоиле меѓународниот шаховски турнир „Опен Карпош 2011“, со кој на голема врата, по цели девет години, го вративме најинтелигентниот спорт меѓу карпошани. Поканивме 76 интернационални и велемајстори од дома и од цел свет за да го удостојат овој настан и видовме, навистина, бравурозни шаховски мајстории. Шахот ќе им го всадиме во срцето и на најмладите. Токму затоа ја отворивме и шаховската школа, единствена од ваков вид кај нас, заедно со клубот „Гамбит-Асеко“. А по повод почетокот на лигата во шах меѓу десетте основни училишта во Карпош, специјално ја поканивме кралицата на шахот Александра Костенјук, велемајстор и поранешна светска првенка во шах, да го означи почетокот на училишната лига. Со несмалено темпо продолживме со хуманитарните активности, со грижата за сиромашните, социјално маргинализираните групи. Во трет наврат организиравме хуманитарна акција по повод велигденските празници, каде што жителите на Карпош при пазарењето во 14-те големи маркети,донираа производи за своите сограѓани. Собравме 150 пакети и им ги разубавивме празничните трпези, сите заедно, ние и вие. Сочувството и грижата за тие околу нас, нé прави сите морално побогати. Ова не останува незабележано и ненаградено. Во едно истражување на Институтот „ЕвроБалкан“, на што сме посебно горди, Карпош го освои високото трето место за општина со најголема социјална инклузија меѓу 84 локални власти во државата. Значи, ние не само што помагаме туку ги приближуваме сите граѓани едни кон други, без оглед на верската, националната, родовата припадност. Нашата мисија продолжува и натаму. Пред нас претстојат уште речиси цели две години, до кога Карпош треба да ја направиме општина во која секое дете до дома ќе гази по асфалт, значи да нема нереконструирана улица, да нема куќа неприклучена на фекален колектор и сите покрупни инфраструктурни проблеми да бидат решени. Тогаш, јас како градоначалник, заедно со севкупната општинска администрација ќе излезам на нов отчет пред вас за сѐ што е сработено. Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

5


Завршена изградбата на потпорниот ѕид на ул. Теодосиј Синаитски населба Жданец 6

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

7


Чистење и реконструкција на дел од атмосферски канал на улица Загрепска Изведувач: „ДА-БО Компани“

Изградба на паркинг во Порта Влае Изведувач: „Агро Селца“

Асфалтирање на ул. Теодосие Синаитски Изведувач: „Пелагонија инженеринг“

Целосна реконструкција на ОУ „Петар Поп Арсов“

Градежно-занаетчиски работи на објект: Сала на ОУ „Братство“, Нерези Изведувач: „Југотехника“ 8

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

Изградба на фекална канализација на ул. 8, Бардовци Изведувач: АД „Енергомонт“ МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


ОБЈЕКТИ КОИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Новопроектирана улица во Влае 1

КАРПОШ 4

» ул. Невеска (асфалтирање и реконструкција на тротоари) » ул. Воденска (асфалтирање и реконструкција на тротоари) » ул. Вич (реконструкција и проширување на тротоари) » Дел од ул. Разловечко востание (реконструкција на тротоари) » Дел од ул. Никола Парапунов (реконструкција на тротоари) » Замена на постоечките канделабри со нови на 30 локации

ТАФТАЛИЏЕ 1 » ул. Париска (реконструкција на тротоари) Асфалтирање на ул. Жданец Изведувач: „Пелагонија инженеринг“

Поставување на оптички телекомуникациски и електрични кабли долж реконструираните улици

На територијата на Општина Карпош се поставени вкупно 140 нови клупи

ТАФТАЛИЏЕ 2 » ул. Софиска (реконструкција на тротоари) » ул. Бриселска (реконструкција на тротоари) » ул. Копенхагенска (реконструкција на тротоари) » ул. Осло (реконструкција на тротоари) » ул. Будимпештанска (реконструкција на тротоари) » ул. Јоаким Осоговски (реконструкција на тротоари) » ул. Хашка (реконструкција на тротоари) » ул. Његошева (реконструкција на тротоари) » Замена на постоечките канделабри со нови на 62 локации

КОЗЛЕ » » » Реконструкција на тротоари на ул. 6 во Бардовци Изведувач: „Анизор“

»

Асфалтирање на ул. 6 во Бардовци Изведувач: „Маврово инженеринг“

»

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

»

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ул. Миле Поп Јорданов (реконструкција на тротоари) ул. Јуриј Гагарин (потег од ул. Митрополит Теодосиј Гологанов до ул. Миле Поп Јорданов) ул. Струшка (реконструкција на тротоари) ул. Џумајска (атмосферска и реконструкција на тротоари) ул. Стогово (реконструкција на тротоари) Замена на постоечките канделабри со нови на 64 локации ОПШТИНА

КАРПОШ

9


Локална самоуправа ПРЕДАВАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“

ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА ИМА КОНТРОЛНА, А НЕ ОДОБРУВАЧКА ФУНКЦИЈА олку е пое- Градот не е надреден над 10-те скопски општиКкалната фикасна ло- ни - изјави Јакимовски, но, сепак, во многу домесамо- ни од работењето, и покрај напреднатата фаза

управа, толку е поефикасен сервисот на услуги кои им се овозможуваат на граѓаните. Добрата локална самоуправа може да решава дури и политички и меѓ уетнички проблеми. Отттаму, се залагам за поголеми ингеренции на локалната самоуправа, пред сè, оние кои природно и припаѓаат. Ова беа дел од тезите кои пред студентите од прва и од трета година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги образложи градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на своето едночасовно предавање за проблемите и функционирањето на локалната власт. Кои се практичните проблеми во функционирањето на општините, конкретно Општина Карпош, во врска со функционирањето на децентрализацијата, како и за одделни прашања во поглед на надлежностите на општините и Градот Скопје, беа основните прашања на кои преку практичното искуство во два градоначалнички мандата и исто толку министерски, се обиде да даде одговор таткото на најурбаната општина во Скопје. Дали и како е можно да се подобри функционирањето на Градот Скопје и начинот на неговото реорганизирање, беа дел од отворените прашања на студентите по предметот локална самоуправа. Во тој контекст, Јакимовски ги образложи своите забелешки кои ги имал при донесувањето на Законот за Град Скопје, односно состојбата кога во државата имаме општини со полни и општини со намалени ингеренции, токму поради овој Закон. - Ние не сме потчинети, односно 10

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

на децентрализација, ние сè уште чекаме на одобренија, согласности и мислења од Градот и министерствата (во сферата на урбанизмот, образованието). Оттаму, не може да се носат „етички“ закони кои ќе даваат приоритети на надлежности, туку децидни, кои ќе ги антиципираат сите конфликтни ситуации. Затоа централната власт и Градот треба да ја задржат само контролната функција а не одобрувачката, а општините да преземат низа ингеренции, како што се оние во сферата на комуналната хигиена, во урбанистичкото планирање, основното образование, безбедноста (на пример: командирот на полиција да е член на општинската влада), имотно-правните односи, управувањето со земјиштето и сл. Нема централна власт која доброволно ќе се откаже од ингеренциите посебно во финансиската сфера, истакна првиот човек на Карпош. Со зголемување на ингеренциите на локалната власт ќе се засили и интересот и политичката борба за добивање функции во неа. Дали со завршувањето на децентрализацијата на работите ќе се релаксира инаку пренапрегнатата политичка битка на централно ниво, беше едно од највпечатливите прашања на студентите на ова предавање, за што добија потврден одговор, што конечно е и пример од европската практика кон која тежнееме, рече Јакимовски. В.Цветковска

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Совет 34 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

ТРИФУН ТРИФУНОВСКИ - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ а 34-та седница на Советот Општината Карпош, Одлука за Н на Општина Карпош, која се прифаќање на Спогодбата за одржа на 26 април, од пред- соработка меѓу Општина Стари ложените два кандидата, со мнозинство гласови, советниците за претседател на Советот на Општина Карпош го избраа досегашниот претседавач г. Трифун Трифуновски, од советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На седницата беа донесени и некои други значајни документи како што се: Одлуката за учество на Општина Карпош во проектот од Програмата „Форуми во заедницата“ – буџетски форуми, Одлуката за формирање организациски одбор за одбележување на 35-годишнината од формирање на

Град - Сараево, Федерација Босна и Херцеговина и Општина Карпош - Скопје, Република Македонија, Одлука за прифаќање на Повелбата за воспоставување на соработка меѓу Општина Травник, Федерација Босна и Херцеговина и Општина Карпош, Република Македонија, како и неколку одлуки за утврдување на нацрт-детални урбанистички планови за Криви дол, дел А и дел Б, за дел од МЗ „Владо Тасевски“ 26, дел В, населба Тафталиџе, како и други одлуки од значење за животот и функционирањето на Општината. С.Р.

ПИОНЕРИ ВО ИТ-ТЕХНОЛОГИЈАТА

Советниците побрзо и поевтино до работните материјали оа што дури ни Министер- Карпош преку кој советници- материјалите за седниците Тштество ството за информатичко оп- те ќе можат да ги преземат на Советот и комисиите, со го нема воведено, го материјалите за седниците и за што советниците преку елекима во Општина Карпош. По иницијатива на советниците од советничката група на СДСМ Роберт Јанковски и Данило Цветковски, за првпат во Општина Карпош и воопшто во локалната самоуправа во Република Македонија ќе се воведе електронско преземање на материјалите за седниците на Советот. Во соработка со Одделението за поддршка на работата на Советот на Општина Карпош и Секторот за информатичка технологија е поставен линк на веб-страницата на Општина

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

комисиите на Советот. Со поставувањето на серверот за преземање на материјалите ќе се намали трошокот за печатење на обемните материјали кои се неопходни за функционирање на седниците на Советот. За илустрација, само за една седница се потребни повеќе од 2000 печатени листови. Со целосното дигитализирање на материјалите овој трошок ќе биде избегнат. Преку овој начин на функционирање се овозможува и побрз пристап кон МАРТ

-

АПРИЛ

2011

тронски пат ќе имаат увид на материјалите, секогаш кога им се потребни. Одделението за поддршка на работата на Советот веќе ја имаше потребната обука за начинот на кој ќе се поставуваат материјалите на советничкиот сервер. Овој проект е наедно и првиот од ваков тип во Република Македонија и искрено се надеваме дека ќе служи за пример на другите oпштини како современо и домаќински треба да работи една администрација. Р.Ј. ОПШТИНА

КАРПОШ

11


Другите за нас ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

ВО СКОПЈЕ НАСКОРО ЌЕ СЕ ГРАДИ ТЕХНОЛОШКИ ПАРК, ПРВ ОД ВАКОВ ВИД ВО МАКЕДОНИЈА, НА БАЛКАНОТ И ПОШИРОКО ВО ЕВРОПА. ОБЈЕКТОТ ЌЕ БИДЕ ИЗДРЖЛИВ НА ЗЕМЈОТРЕСИ И ЌЕ КОРИСТИ ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ОД СОНЦЕ, ВЕТЕР И ВОДА

Во Скопје ќе се гради проект на иднината Во близина на хотелот „Александар палас“, до кејот на реката Вардар во Скопје, за пет до шест месеци треба да започне изградбата на нов објект - Технолошки парк. Во средината на објектот ќе има стаклена кула со надреалистички изглед на три ката, висока 16 метри. Објектот ќе има три главни содржини. Во првиот, во холот кој ќе биде изложбен и образовен центар, ќе има ЛЦД-дисплеј на кој за посетителите, главно ученици и студенти, ќе бидат претставени сите видови обновливи извори на енергија, а со кои објектот сам ќе се снабдува. Втората содржина е салата за конференции, наменета за македонските научници и за инже-

фиксна оска, со константен наклон кон сонцето. Вториот тип се волтаици кои ќе бидат на вртлива оска и ќе се движат во согласно со движењето на сонцето. Третиот вид се комбинирани фотоволтаици коишто даваат електрична енергија и вода; четвртиот вид се фотоволтаици во форма на фолии, поставени на стаклените фасади и петиот тип се сензибилни фотоволтаици, објаснува Димов. Од другите обновливи извори на енергија, како ветер, во дворот на објектот ќе биде поставена ветерница, а ќе има и мала хидроелектрана. „Ќе има и дел електрична енергија од една микрохидроелектрана во форма на фонтана, поставена во дворот, која ќе се напојува со бунарите за технолошка вода, врзани за геотермалните пумпи, кои ќе го греат и ладат објектот со проток од 10 до 12 литри во секунда и тој проток ќе создава одредена количина енергија. Ќе бидат поставени и соларни колек-

ТЕХНОЛОШКИОТ ПАРК ЌЕ БИДЕ ИЗЛОЖБЕН, ОБРАЗОВЕН, НАУЧЕН И КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА нерите од оваа област. Третата содржина, пак, ќе биде компјутерскиот центар за обука и надградба на младите и талентирани кадри. - Објектот целосно ќе ги задоволува сопствените потреби од електрична енергија, греење и ладење-вели Љупчо Димов, раководител на Одделението за енергетска ефикасност во Општината Карпош, еден од креаторите на проектот, во кој е вклучен тим од 13 македонски научници од разни области. Предвидено е електричното напојување да се обезбедува со пет-шест фотоволтаични системи, тоа се фотоволтаици на

12

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

тори, вакуум инјектори за санитарна топла вода и дел ќе се користат во изменувачите на геотермалните пумпи за греење и ладење“. Објектот ќе биде асеизмички граден, според најновиот, светски првонаграден патент на македонскиот научник Данило Ристиќ, со тоа што стаклената кула ќе биде градена на воздушни перници. „Тој ќе биде видлив во форма на експонат во самите темели, за студентите по архитектура, за идните проектанти на вакви објекти. Теоретски, изумот овозможува издржливост и од најсилниот земјотрес“.

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Образование Скопје ќе добие објект на 21-от век.Технолошкиот парк ќе има големо значење не само за Македонија и за Балканот туку и пошироко за Европа, потенцира Димов. „Ќе ги учиме младите генерации како треба да се градат објектите во нашата иднина. Значи, ќе биде новитет, кој не е новитет на денешницата, туку на она што ќе значи типови на градби, начин на размислување, градење до крајот на овој 21 век. Во функција ќе биде ставена технологија и техника на иднината“. Зградата ќе штеди максимум енергија, стаклата ќе бидат со натпросечен коефициент на енергетска заштеда исполнети со инертен гас, со што ќе се добијат комплетно заштитени ѕидови. Пресекот на ѕидовите со транспарентна изолација, односно од вакуумирана стаклена волна, еднаква е на изолација од тервал. Технолошки ќе биде изграден од највисоката енергетска класа на објекти од таа категорија, согласно со германските стандарди за заштеда на енергија. Македонскиот тим на научници пресметал дека годишно објектот ќе троши под 50 киловат-часови по метар квадратен. Според првичните пресметки, Технолошкиот парк ќе чини околу 600 илјади евра, а ќе се финансира од странски и домашни претпријатија и грантови во вид на опрема од страна на производителите на обновливи извори на енергија. Антоанела Димитриевска

СТАРТУВА КОПАНИЧАРСКОТО ШКОЛО „НЕСТОР АЛЕКСИЕВСКИ“

етврти мај е датумот кој е поврзан со Чсветската имињата на двајцата големи великани во (и македонската) историја: Гоце

Делчев и Јосип Броз Тито. Името на големиот мајстор и копаничар Нестор Алексиевски е поврзан со двајцата: за Гоце го има изработено саркофагот за неговото вечно почивалиште, а од Претседателот Тито, во 1967 година, ја има добиено највисоката награда за уметник на Југославија. Неговиот син и наш сограѓанин Миле Алексиевски-Сирма е наследник на занаетот и тој од 24 мај ќе започне со Копаничарското летно школо „Нестор Алексиевски“. Во него може да се пријават талентираните ученици од основните училишта и други заинтересирани граѓани.

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

Почнува уписот на првачиња апишувањето на децата во прво одделение ЗПожелно официјално ќе започне на 3 мај и ќе трае до 31 мај. е родителите да се придржуваат до законски

предвидениот временски рок заради евиденција на запишани деца во прво одделение, изборот на настава, формирањето на паралелки и изборот на наставници. Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише своето дете кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години (односно е родено 2005 година) и по исклучок е родено до 31 јануари наредната година по предходно барање на родителот и добиено мислење од педагошко-психолошката служба во училиштето. Оваа учебна година 2011/2012 година право на упис ќе имаат деца кои се родени 2005 година и јануари 2006. Запишувањето на детето може да се одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште. Родителот им право детето со посебни образовни потреби да го запише во основно училиште, освен во случаите кога посебните образовни потреби се такви што тоа треба да следи настава во посебно основно училиште. Запишувањето на детето во училиштето го врши комисија која е составена од психолог или педагог и наставник од предучилишно воспитување, односно одделенски наставник и истата комисија по правило е должна да го извести родителот за подготвеноста на детето за тргнување во училиште. Врз основа на член 46, став 5 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08) член 62, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02) и член 16 од Статутот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“ бр. 01/06). Советот на Општина Карпош донесе Одлука со која ги утврди реоните на основните училишта на општина Карпош. Според тоа, секој родител е должен да го запише своето дете во училиштето кое е во реонот каде што живее или привремено престојува. Одлуката за утврдување на реони на основните училишта на општина Карпош има цел: - да се осигура еднакво запишување во основните училишта во општината; - да се постигне максимална искористеност на училишниот простор, наставните помагала и сите наставнички ресурси во основните училишта во општината; - оптимизација на училишниот превоз. Мира Поповска, педагог Раководител на Одделението за образование

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

13


Д-Р РОБЕРТ КИРНАГ, AМБАСАДОР НА РЕПУБЛИКА СЛОВАЧКА ВО МАКЕДОНИЈА

Интернационално катче

Н

еговата екселенција, д-р Роберт Кирнаг, е единствен по многу нешта. Тој македонскиот јазик го зборува како да му е мајчин, нема телохранител, а може да го сретнете во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во винаријата на Љупчо во Марена, на изложба на слики чиј покровител е, или како се пазари на пазарот во Тафталиџе. Има четириесет години и би се излажале ако го сметате за млад дипломат. Тој во таа работа e повеќе од искусен, бидејќи пред да дојде во Македонија бил дипломатски претставник на својата земја во Шведска, во Јужноафриканската Република и во Холандија. Дипломатија докторирал во Москва, а со сопругата Ингрид и синовите Филип и Ернест живее во населбата Тафталиџе, каде што е и сместена Амбасадата на Република Словачка. Љубител е и колекционер на добри црни вина и пури, и вели дека службениот престој во Македонија нема да

Амбасадорот од нашето маaло

14

го смета за успешен доколку македонските вина не ги доближи до своите сонародници и до другите Европејци.

ги користиме можностите за соработка, имајќи ги предвид историското пријателство и разбирањето меѓу нашите народи.

Урбан: Од кога датира пријателството меѓу Република Словачка и Република Македонија?

Урбан: Какви се целокупните словачко-македонски односи?

Д-р Кирнаг: Корените на пријателството меѓу Словаците и Македонците досегаат до IX век, кога Македонија направи една од најголемите инвестиции во средна Eвропа. Словачка до денес е длабоко благодарна за мисијата на св. Кирил и Методиј и нивните ученици за ширењето на писменоста меѓу славјанските народи. Во чест на тие учени великани, во Република Словачка 5-ти јули се слави како ден на Светите Кирил и Методиј, кој се почитува како државен празник. Значи, нашата блискост и пријателство траат континуирано последните 1000 години и се надевам дека ќе траат уште толку. Инаку, врските станаа поинтензивни во XIX век во рамките на соработката меѓу поранешна Чехословачка и Југославија, но по разделувањето на Чехословачка и распаѓањето на Југославија, Република Словачка ја призна Република Македонија под уставното име и воспостави дипломатски односи. До 2009 година Словачката амбасада во Белград беше надлежна за територијата на Република Македонија. Во јануари 2009 година Република Словачка најпрвин отвори Канцеларија на Република Словачка во Скопје, а истата година во јуни беше подигната на ниво на амбасада. По две години од постоењето на амбасадата, можам да констатирам дека ова беше паметен чекор кој ни овозможи поинтензивно да

Д-р Кирнаг: Словачко-македонската соработка во областа на економијата и воопшто, се на високо ниво. Секако, нашето директно присуство на територијата на Република Македонија ни овозможи да работиме и активно да бараме нови можности за соработка. Трговската размена во 2010 година се зголеми за скоро 40 проценти во однос на 2009 година. Перспективата за проширување на економската соработка и инвестиции ја гледаме во областа на енергетиката, инфраструктурата, машинската индустрија, земјоделството и туризмот. Во претстојните месеци ќе бидат реализирани повеќе средби меѓу стопанствениците од двете држави. Ме радува што многу успешни македонски бизнисмени пројавуваат интерес за соработка во разни области. Исто така, минатата година три фолклорни детски групи од Словачка учествуваа на фестивали во Република Македонија, а жителите на Општина Карпош имаа можност да уживаат во нивниот настап. Но, она што сакам посебно да го истакнам, секако е следното. Секоја година Република Словачка нуди стипендии за студирање на државните универзитети во Словачка. Деновиве е објавена новата програма за годишно стипендирање на десет кандидати од Македонија на словачки јазик. И студирањето и подготовката за приемни испити се бесплатни на

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


сите универзитети во Словачка. Македонија е една од петте привилегирани земји надвор од Европската Унија, така што македонските државјани можат да студираат во Словачка под истите услови, како и словачките. Конкретно, тоа значи дека студиите се бесплатни на сите државни универзитети. Треба да се нагласи дека повеќе универзитети во нашата земја нудат студии на техничките науки и на странски јазици. Урбан: Гледаме дека Вие лично сте фокусирани на соработката во образованието и културата?

Д-р Кирнаг: Лично сметам дека образованието е основа за сè, па и за успешна соработка меѓу две држави. Ми дадовте убава можност да соопштам дека на Саемот на образование и кариера во Скопје, што се одржа од 13 до 15 април оваа година, Словачка беше почесен гостин и земја-партнер. Тој настан го крунисавме и со министерот за образование и наука, г. Никола Тодоров. Потпишавме договор за петгодишна соработка во областа на образованието и науката. Ако на ова додадам дека наскоро Техничкиот универзитет во Братислава ќе склучи договор за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, ќе стане јасно дека мислиме и работиме во насока на долгорочна соработка во областа на образованието. Минатата година започнавме со убав проект - изработка на прв словачко-македонски и македонско-словачки речник. Инициравме размена на лекторати за словачки и македонски јазик на Филолошките факултети во Нитра и во Скопје. Словачките поети учествуваат на престижните Струшки вечери на поезија, а минатата година македонскиот поет Матеја Матевски ја доби највисоката награда за поезија во Словачка. Неодамна слушнав дека Матевски е лауреат на Струшките вечери на поезија и тоа особено ме радува. Верувам дека слушнавте за нашата нова идеја за организирање џез-настани во амбасадата каде што секој последен петок во месецот ги претставуваме врвните македонски џез-музичари.

Урбан: Вие сте еден од ретките странски дипломати во Македонија кој со своите домаќини комуницира на македонски јазик. Кога го научивте јазикот и кој Ви беше учител?

Д-р Кирнаг: Можам смело да кажам дека не само што зборувам туку и ги разбирам македонскиот јазик и македонската душа. Македонскиот јазик го научив овде, преку моите македонски пријатели. Сакам да се дружам, и на тој начин го усовршувам своето познавање на македонскиот јазик. Во сите земји каде што бев во дипломатска мисија го научив нивниот мајчин јазик за подобра комуникација со моите домаќини. Урбан: Вие љубовта во нашата земја ја практикувате искрено и без задршка. Каде се корените на таа љубов?

Д-р Кирнаг: Моите чувства кон Македонија и Македонците се искрени бидејќи почитувањето и разбирањето се заемни и доаѓаат на природен начин. Веднаш по доаѓањето во Скопје, почувствував сличности меѓу Словаците и Македонците. Заедно со моето семејство се чувствуваме како дома, дури и со мојата драга сопруга Ингрид се одлучивме заедно со нашите македонски пријатели секоја година да ја празнуваме традиционалната македонска слава, нашиот светец Архангел Михаил. Урбан: Што Ве импресионира од она што досега го откривте во Македонија?

Д-р Кирнаг: Првото нешто што ме импресионираше беше гостопримството на македонскиот народ. Преку пријатели ја осознаваме Македонија. Посетивме многу интересни места, со задоволство се враќаме на нашите омилени локации во Св. Наум во Охрид, Дојран, Матка, во природниот парк во Јасен и многу други убави места. Се разбира, уживаме во оваа мирна и пријателска атмосфера во Тафталиџе, во Карпош. Уживаме во скопските кафеани... Урбан: Имате ли соработка со локалната самоуправа на Општина Карпош, чиј жител сте, и со нејзиниот градоначалник?

Д-р Кирнаг: Со Општина Карпош и со градоначалникот Јакимовски имаме одлична соработка. Не претерувам ако кажам дека се гордееме што сме жители на оваа модерна општина која успеа да ја зачува својата традиција и во исто време динамично да се развива. Присуството на амбасадата во Тафталиџе ја зголеми вредноста на домовите во нашата населба, како и безбедноста преку редовни полициски патроли. Урбан: Какви се Вашите соседи и што би промениле во своето маало?

Д-р Кирнаг: Нашите соседи не прифатија многу позитивно. По повод отворањето на амбасадата, организиравме забава на отворено, која ни овозможи подобро да се запознаеме меѓу себе. Еве, еден од нашите соседи од нашата улица, стана и наш колега во амбасадата. Тафталиџе ја има потребната инфраструктура за живеење. Миле Раденковиќ КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

15


Интернационално катче

Амбасадорот Соренсен во посета на Општина Карпош Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, оствари работна средба со шефот на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. г. Питер Соренсен. На средбата градоначалникот Јакимовски го информираше амбасадорот Соренсен за состојбите во општината, како и за тековните активности во сите области во надлежност на Општината. Исто така, беше дискутирано за процесот на децентрализацијата, односот меѓу централната и локалната власт, соработката со Градот Скопје, финансирањето на општината, економскиот развој на општината, состојбите во училиштата и градинките, како и

за состојбите во Советот на Општина Карпош. Градоначалникот Јакимовски изрази задоволство од досегашната поддршка, помош и соработка упатена од страна на делегацијата на Европската Унија во проектите за реконструкција на ОУ „Петар Поп Арсов“, финансирано со средства од ИПА фондовите, како и изградбата на пречистителна станица во населбата Горно Нерези, финансирана од КАРДС 2002. Амбасадорот Соренсен се заблагодари за средбата и изрази големо задоволство од презентираните информации. С.М.

Добро утросо соунгарско унгарскокафе кафе Доброутро

Во Клубот на дипломати и странци кои живеат во Република Македонија, Центарот „Добредојдовте во Македонија“ на 14 април го организираше традиционалоното „Утринско кафе“. Станува збор за настан кој се одржува еднаш во месецот, а домаќини се амбасадите во Република Македонија.Овој пат домаќин беше амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, 16

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

претставувана од господин Шандор Матјуш, координатор за претседателството со Европска Унија и госпоѓа Шаролта Папаи, лектор по унгарски јазик. Пред големиот број присутни гости беа презентирани унгарското знаме и историјата на Република Унгарија, како и унгарската музика, храна и вино. Инаку, Република Унгарија е актуелен претседавач со Европската Унија, а според зборвите на г. Шандор Матјуш, меѓу приоритетите на унгарското претседателство е и проширувањето на Европската Унија и интензивирањето на соработката со земјите од Балканот. Клубот на дипломати и странци кои живеат во Република Македонија е отворен од Општина Карпош и Центарот „Добредојде Македонија“, а е наменет за дипломатите и воопшто за странците кои престојуваат во нашата земја. Овој клуб е прв од ваков тип наменет за побрзо прифаќање, адаптирање и збогатување на секојдневниот живот на странците кои доаѓаат и живеат во Карпош и воопшто во Република Македонија. АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Образование

О

пштина Карпош и Друштвото за изработка на креативни и уметнички предмети и творби „БОТИЧЕЛИ АРТ” – Скопје, на 13 април, ги промовираа креативните работилници за компјутерска графика со графички дизајн, компјутерско цртање, изработка на летоци, плакати, компјутерски цртежи, слики, фотошоп, преработка на фотографии, фотостудио. „Овие креативни работилници во Општина Карпош се одржуваат втора година по ред и имаат

Промовираник реативнитер аботилници во училиштата во Општина Карпош цел да ги поттикнат и развијат креативните способности на учениците од рана возраст“, изјави во таа пригода градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. - Нема ниту еден проект кој дошол од училиштата, а кој ние како Општина не сме го поддржале. Сепак, овие работилници се пример како со ентузијазмот на еден професор може да се направи многу за нашите ученици да бидат конструктивно ангажирани надвор од наставниот процес. Јакимовски вети дека покрај техничката опременост на работилницата, Општината ќе вложи средства и во реновирање и доопремување на просторот каде што се изведува наставата во креативните работилници. Пред присутните наставници, родители и ученици проектот „Креативни работилници“ го промовираше професорот по ликовно образование

Илчо Симовски, кој го прикажа и анимиранииот филм кој во италијанска копродукција лани го изработија ученици-посетители на оваа школа и за кој добија награда на Меѓународниот натпревар во Италија. Инаку, за потсетување на оваа школа досега се пријавени 49 ученици од основните училишта од општината, но, сепак, интересот за упис сè уште трае. Досега се одржани повеќе од десетина часови, а на крајот на учебната година ќе се одржи завршната изложба од нивните трудови. Инаку, часовите се бесплатни и целокупниот материјал е финансиран од страна на Општина Карпош, а се одржуваат во ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош”, секој вторник и петок, по редовната настава. Учениците кои ги посетуваат овие часови се на возраст од петто до осмо одделение. С.Р.

ДА ГИ ОТКРИЕМЕ МЛАДИТЕ ТАЛЕНТИ

за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Проектот опфаќа четири дводневни обуки во кои се вклучени одделенските наставници од сите десет основни училишта во општина Карпош. Овој Проект нуди исклучителна можност да им се обезбеди на потенцијално надарените ученици образовна поддршка во согласност со нивните интелектуални, социјални и емоционални потреби, преку оспособување на наставниците за нивна идентификација и едукација. Програмски менаџери и главни обучувачи се еминентни психолози од Институтот за психологија при УКИМ, доцент д-р Елена АчковскаЛешковска и професор д-р Виолета Арнаудова. Во програмата за обука ќе бидат опфатени наставници од основните училишта во Карпош, училишни педагози, психолози и директори. В.Ц.

На 8 април 2011 во просториите на Општина Карпош, во рамките на Програмата за образование, започна реализацијата на проектот „Обука на наставници за идентификација и едукација на надарени ученици“ кој ќе трае во текот на април и мај, а кој е во соработка со Институтот КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

17


Разговор со повод

РАЗГОВОР СО НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ НОВИНАР БОРИС ПОП ЃОРЧЕВ

НОВИНАРСТВОТО Е САМОЖРТВУВАЊЕ И СТРАСТ Уште колку новинари во Карпош, во Скопје, во Македонија може да се пофалат со четири густо пишувани страници, со таксативно наброени награди, признанија, одликувања, како нашиот доајен и, како што самиот милува да каже, „најтрофеен“ новинар во државата, Борис Поп Ѓорчев? Тој е еден од ретките новинари којшто уште за време на животот и својот работен век успеа за себе да си ја обезбеди титулата најнаградуван новинар и без лажна скромност да ужива во неа. За нас е и особена чест што тој е еден од „најлојалните“ карпошовци, бидејќи живее и твори во нашата општина повеќе од четири децении, поточно уште од далечната 1970-та година. Оттаму, тој себеси се смета за автентичен карпошовец. Она што е највпечатливо кај новинарскиот бард, е тоа што тој, со подеднаков силен ентузијазам говори и за новинарството и за урбаното живеење во Карпош, но првенствено за своето потекло, припадноста, ориентираноста. Со мајка дипломиран аптекар во Виена и татко доктор, специјалист за

маларија, биле едно од најугледните семејства во Велес, пред Втората светска војна. Поп Ѓорчев е особено горд на своето потекло и тоа нескриено го истакнува. - Потекнувам од семејство на интелектуалци и македонски патриоти, кои биле од кружокот на Гоце Делчев. По мајка сум од семејството Карпузови, а по татко од Поп Ѓорчеви, кои биле трговци уште од далечната 1735 година. Иако татко ми беше заколнат борец за слободна и обединета Македонија, сепак, доживува судбина да биде стрелан меѓу 52-та во Велес, а притоа неосуден. Татко ми уште на млади години бил еден од најистакнатите македонски патриоти и еден од основачите на ММТРО (Македонска младинска тајна револуционерна организација) уште од 1923-1924 година, борец за слободна и обединета Македонија. Иако семејната трагедија го погодува Борис Поп Ѓорчев како 11-годишно момче, сепак, во повоениот период тој успева од рана возраст да застане на свои нозе.

ПОДДРШКА ЗА АТИНА БОЈАЏИ

положниците на таа дисциплина кај нас, го следев нејзиниот метеорски подем. Во една пригода во 60-тите години, кога пред самиот старт на светскиот шампионат на патеката Капри-Неапол во Италија остана без секундант, јас веднаш ја преземав таа тешка и одговорна должност во придружниот чамец низ разбрануваното море на Неаполскиот залив. Успешно и секундирав, пред сè ја насочував и бодрев, и по 30-33 километри таа го освои одличното второ место, време кое беше подобро од она, кога неколку години пред тоа, стана светска шампионка на истата патека урнувајќи го сопствениот рекорд.

Разбрав за иницијативата на Советот на Општина Карпош базенот „Младост“ да се преименува во Атина Бојаџи и од срце ја поддржувам. Време е нашите спортски објекти да добијат имиња на истакнати, заслужни спортисти кои ги имаме во доволен број. Како некогашен спортски новинар ја познавам Атина Бојаџи уште кога беше јуниорка, кога веќе ги имаше сите републички рекорди во базен. Подоцна се здоби со меѓународна репутација, како пливачка маратонка. Како еден од осново18

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


- На 17-годишна возраст, во 1951 година заминав во Загреб, каде што веќе студираше и брат ми, со желба да се запишам на Правниот факултет, ни раскажува во неколкучасовното дружење нашиот познат новинар, уредник и публицист. Истовремено бев и фудбалер (во вториот тим на „Локомотива“) и цело време сам се издржував. Сепак, во 1952 година се вратив во Скопје и се запишав на Правноекономскиот факултет. Бидејќи мајка ми беше самохрана и згора интернирана во внатрешноста (цивилно мобилизирана во Кавадарци, Радовиш, па во Штип) почнав од рана возраст сам да се издржувам, да работам како спортски новинар во белградски „Спорт“, во белградски „Фудбал“, а уште од 1948 година пишував за македонските спортски весници „Фискултурен глас“, „Спорт“ и „Спортски глас“. На свои 23 години бев и фудбалски тренер, раскажува Поп Ѓорчев.

Бев војник во Билеќа каде што станав резервен поручник и командант на мобилизациски пункт. Требаше да станам капетан, но се раздолжив кај Ратко Младиќ. Во напливот на спомени Бирис Поп Ѓорчев, сепак, со најмногу страст зборува за новинарските денови, за својот 60-годишен творечки опус, при што самиот се смета за еден од најобјективните новинари, за што сведочи фактот дека ниту еднаш во шестдеценискиот опус не добил демант. - Да си новинар, вели тој, значи да си подготвен на најголеми ризици, да се внесеш себеси, да се саможртвуваш, да бидеш амбициозен, храбар и чесен. Сепак, она на што можеби е најгорд што самиот тој и малубројната новинарска екипа успева да ја издаде постземјотресната „Нова Македонија“, односно весникот да излезе без прекин и покрај катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година.

ОДЛИКУВАЊА

Од долгата низа на одликувања, награди и признанија, сепак, би издвоиле неколку: носител е на три ордени: Орден за труд со сребрен венец – 1965 год., Орден за труд со сребрен венец – 1969 год. (двата доделени од претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито) и Орден за труд со златен венец – 1980 година, доделен од Колективното претседателство на СФРЈ. Од новинарските награди долгата низа трофеи ја почнуваат „11 Октомври“ највисока државна награда на Република Македонија, досега единствен освојувач за животно дело во новинарството во 2003 година. Наградата „Моша Пијаде“ највисока награда во југословенското новинарство (1990 год.) што ја доделуваше Сојузот на новинари на Југославија. „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ (1984 год.) единствена државна награда за новинарство што ја доделува Собранието на РМ, „Крсте Мисирков“ (четири награди), „13 Ноември“ награда за животно дело за придонес во спортот (2008 год.), „Гемиџиите“ (2009 год.) највисока награда на Собранието на Општина Велес и „Свети Климент Охридски“ (2006 год.) награда на Собранието на Општина Охрид. Добитник на седум златни и една сребрена плакета за развој на маратонското пливање, на спортовите борење и фудбал, издавач и соработник во енциклопедиските едиции во Македонија и дузина други награди и признанија. Дома се вработува во „Нова Македонија“ во времето кога нејзин уредник била Веселинка Малинска, а потоа и Лазар Мојсов во далечната 1953 година. Бил најмлад уредник на спортската рубрика. Уредник и коментатор на надворешно-политичка рубрика, постојан дописник од Русија во периодот 1975-1979 год., еден од основачите на „Вечер“. Со задоволство се потсетува на своите почетоци во новинарството кога работи и учи од Бранко Мајка, од Бранко Заревски кого го смета за ненадминат политички новинар кај нас. Сепак, најголемата поддршка во тие почетоци, со задоволство си приспомнува, ја имав од Лазар Мојсов, кој сто насто застана зад мене, иако ја знаеше целата моја историја. Многу поддршка имав и од Мито ХаџивасилевЈасмин кој во 1959-1960 година ми додели и стан. КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

- Во тоа ни помогнаа несебично нашите колеги од приштинска „Рилиндија“-си приспомнува Поп Ѓорчев-кои ни „ја позајмија“ печатницата во текот на две недели додека не се оспособи нашата. Кога дојдовме до темата Карпош, како неколкудецениско и пристојно место за живеење, нашиот најнаградуван новинар, со нескриени емоции зборуваше за неа. - Мислам дека Карпош е најубавата градска општина во Скопје, но и во Македонија. Урбанизирана и по сите теркови , и од моја страна не би ја променил за ниту една друга општина во Скопје. Едноставно сè ми е на дофат. Тука ми е пазарчето, трговскиот центар, а, сепак, имам мирно катче, тука на улицата Јуриј Гагарин. В. Цветковска М. Раденковиќ -

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

19


Вести

И

зложбениот простор во комплексот „Хипериум“ беше претесен за да ги прими сите гости на изложбата на Општина Карпош на тема „Идејно архитектонско решение за реконструкција на ОУ ,Димо Хаџи Димов‘ и ОУ ,Братство‘“. Изложбата која произлезе од студентската работилница која во текот на февруари се одржа во просториите на Општина Карпош опфати осум трудови на 16 паноа и две постоечки анализи на сегашната состојба на училиштата. На студентската работилница учествуваа студентите од Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје, Факултет за архитектура и дизајн, а трудовите беа изложени седум дена во текот на април, од 9.00 до 19.00 часот. На отворањето на изложбата свое обраќање имаше деканката на Факултетот за архитекту-

ИДНИТЕ АРХТЕКТИ ТВОРЕА ЗА КАРПОШ ра и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје, проф. Викторија Еремеева, која изрази голема благодарност до Општина Карпош за подадената рака за соработка и за тоа што им беше овозможено на студентите да го покажат тоа што го знаат. Како што спомена таа,

ова се трудови од младите за младите, напоменувајќи дека се работи за лица кои од неодамна се излезени од училиштата на кои работеа. Раководителот на работилницата, проф. Мартин Гулески, истакна дека е задоволен од сработените трудови на студентите и дека вакви работилници ќе има сè почесто. Вратите на Општина Карпош секогаш се отворени за студентите, истакна градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој рече: „Еве ви го Карпош, размислувајте, творете и предложувајте ни “. Во рамките на оваа изложба беа изложени и цртежи изработени од учениците од ОУ „Димо Хаџи Димов“ на тема „Како сакам да изгледа моето училиште“. (В.Ц.)

КАРПОШ - РЕКОРДЕР ВО НАПЛАТА НА ДАНОК ЗА ИМОТ

На 21 март Општина Карпош започна со достава на решенијата за данок на имот за 2011 година. За 2011 година Општина Карпош ќе достави вкупно 23.941 решенија за физички и за правни лица. Доставата, традиционално, веќе шест години по ред се врши преку урбаните заедници (единствено Општината Карпош во градот даночните 20

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

решенија ги дистрибуира на овој начин). Секој даночен обврзник кој живее на територија на Општина Карпош, преку урбаните заедници, решението за данок на имот за 2011 година ќе го добие на домашна адреса. Ваков вид на достава Општина Карпош практикува од 2006 наваму, што се покажа како многу ефикасно и корисМАРТ

-

АПРИЛ

2011

но во решавањето на проблемите на даночните обврзници. Инаку, граѓаните со задоволство го прифатија овој начин на дистрибуција, кој навистина се покажа продуктивен. За минатата година, Општина Карпош наплати рекордни 95,3 отсто од данокот на имот, што е досега рекордна наплата на данок во општината. ОПШТИНА

КАРПОШ


Еко катче

ГОЛЕМО ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ НА КАРПОШ

работените во општинската Вграѓаните администрација заедно со на Карпош го одбе-

лежаа почетокот на пролетта со две големи еколошки акции за чистење и разубавување на општината. На пет пункта, во населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4 и Нерези се чистеа тревните површини, тротоарите и улиците. Целта на акциите беше да ги поттикнеме граѓаните да излезат и заедно со општинската администрација да придонесат за почиста околина и пролетно чистење на населбите. Со цветни аранжмани се разубавуваше околината околу Архивот на Град Скопје, каде што заедно со вработените во Мировниот корпус „Македонија“, во својство на доброволци-еколози, садеа темјанушки. Џин Залански, административен директор и Мајкл Радман, директор на програма и обука на Мировниот корпус, чие седиште е на територија на Карпош, по повод вклучувањето во еколошката акција и пролетното чистење на нашата општина изјавија: „Ни беше чест да се дружиме и да и помогнеме на нашата општина и притоа на најпригоден начин искористивме да ги одбележиме, за нас значајните јубилеи, 50 години од постоењето на КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

-Ние, изјави Јакимовски, ветивме и ќе опстоиме на тоа, во Карпош да има цвеќиња повеќе од било каде и тоа да биде наше обележје по кое ќе не познаваат. Нашата Општина ќе биде општина на цвеќето, на убавите аранжмани, на екологијата, но и на хигиената. Многу ми е мило што во оваа идеја не следат и најмладите, оние кои натаму треба да ја продолжат нашата мисија и нашата битка за поубава и поздрава животна средина. На крајот од првата еко-акција, градоначалникот на Карпош, на учесниците во проектот „Заедно за природата“, училиштата и предавачите-експерти, како и Агенцијата за едукација и истражување „Сончоглед“, им врачи благодарници за учество, логистичка поддршка и коорганизација. Ваквите акции, вети тој, Општина Карпош ќе ги повторува и во следниот период. В.Ц.

Мировниот корпус во светот и 15 години присуство во Македонија“. Посебен белег на традиционалните акции дадоа и стотина ученици од четирите основни училишта вклучени во проектот „Заедно за природата“: „Димо Хаџи Димов“, „Аврам Писевски“, „Братство“ и „Лазо Трповски“, како и децата од „Војдан Чернодрински“. Нивниот придонес во заложбата на опОПШТИНА КАРПОШ штината за убав и ЗАПОЧНА СО ПРОЛЕТНА цветен Карпош го дадоа со украсување ДЕРАТИЗАЦИЈА на една од неколкуте локации предвидени за хортикултурно Општина Карпош заоблагородување, на почна со редовна пробул. Партизански одрелетна дератизација ди во близина на слатза уништување на карницата „Палма“. Неа штетни глодачи. Со ја украсија со цветен дератизацијата ќе аранжман од бегонии. бидат опфатени окоВо оваа пригода, лу три илјади и шеопштинскиот татсто тинишахти, сите ко, градоначалникот основни училишта Јакимовски, ги поздраи детски градинки ви младите еколози, што се на општинска а им се заблагодари територија. и на вработените од Мировниот корпус за нивниот придонес во акцијата за пролетно разубавување на Општина Карпош. МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

21


Тука околу нас АКО ТАТКОТО НА СИМПАТИЧНОТО СЕМЕЈСТВО ШАБАНИ ИМАШЕ МАКА ДА ГИ НАБРОИ ИМИЊАТА НА СВОИТЕ ДЕЦА СПОРЕД ГОДИНИТЕ НА РАЃАЊЕ, БЕШЕ НЕВЕРОЈАТНО РЕЧИТ И ПРЕЦИЗЕН ВО НАБРОЈУВАЊЕТО НА ИМИЊАТА НА МИНИСТЕРСТВА, МИНИСТРИ И ЗАМЕНИЦИ-МИНИСТРИ ШТО ВЕТУВААТ, А НЕ ИСПОЛНУВААТ

Богатството и немаштијата на семејството Шабани

А

ко сè уште важи народната поговорка дека децата се најголемо богатство, тогаш Аманда и Нусрет Шабани, Роми од Бардовци, се најбогати луѓе во нашата општина. Имаат десет деца, пет женски и пет машки, едно на друго до уво и сите како извадени од некој филм на Фелини. Таков е и амбиентот во кој тие растат, амбиент кој е под секакво човечко достоинство, потврда повеќе дека нештата во нашиот свет не се рамномерно распоредени. Кога со „добрата Вила“ Горде влеговме во дворот на семејството Шабани бев убеден дека тука се собрани сите Ромчиња од соседството. Ние дојдовме да видиме како живеат тие во новата куќичка, која со помош на Општината беше изградена по пожарот што пред две години ја пепелоса нивната картонска „барака“ и се соочивме со глетка која растажува. Десетте ангелчиња на Аманда и Нусрет, „начичкани“ на товарното моторче, не беа долго заинтересирани за неканетите гости. Едните имитираа „шофери“, а другите делеа правдина околу парталавата кукла зајак.

22

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

Додека нашиот трет придружник, Садри Гаши, службено лице задолжено за оваа населба, на Горде и објаснуваше до каде стасал со пописот на дивите градби, со главата на семејството почнав интерсна дебата околу имињата на неговите дечиња. Нусрет почна да ги набројува: Неџмедин, Надире, Емил, Елвида, Леонора, Леонардо.... а потоа, како студент кој не го знае одговор на прашањето, почна одново. Откако ни од трет обид не беше сигурен, побара помош од сопругата Аманда. Мајка си е мајка, си мислам додека ги допишувам имињата на Валтон, Линдита и Балдин, кој цело време беше „закачен“ на мајчината дојка. Ако таткото на симпатичното семејство Шабани имаше мака да ги наброи имињата на своте деца според годините на раѓање, беше неверојатно речит и прецизен во набројувањето на имињата на министерства, министри и заменици-министри кои две години им ветуваат помош. - Сите овие кои ви ги набројав беа овде кога ни се случи несреќата со пожарот. Дојдоа, се сликаа за телевизија и ни ветија сè и сешто. Но откако си заминаа, од ветувањата ништо не се случи. Господ да не го донесеше градоначалникот Стевче, ние до ден-денес не би имале покрив, во еден здив кажува Нусрет. Еве, цели две години поминаа од тогаш, а од ветеното ништо. Не помагаат ниту моите одења во Министерството за труд и социјална политика и во Министерството за финансии. Ќе ме примат и ќе речат дека парите се уплатени, а парите ги нема никаде. Пред глетката и приказната на Нусрет човек останува без зборови, но го прашувам од што живеат. - Од што? Од 2000 денари социјална помош и од некој денар што ќе го заработам собирајќи шишиња или позајмувам од соседите и -

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Портрет пријателите. Сега повеќе нема од кого да земеме на заем. Мене ме лажеа дека ќе ги префрлат парите, а јас ги лажев пријателите и сега сме стигнати дотаму што некој од нив ми бара или борч или да им ја отстапам куќава. Господинот Гаши ја потврдува приказната на Нусрет и вели дека и тој заедно со него најмалку два-три пати одел до споменатите надлежни министерства, но дека секое одење завршува на ист начин. - Ќе биде, велат, дојдете во понеделник, дојдете во петок, парите ќе ви бидат префрлени утре и така еве полни две години. Гаши инсистира да го сликаме далноводот „посаден“ во дворот на Шабани и по пат покажува дека вратичката од оградата нема клуч и дека лесно може да се случи трагедија. Еве погледнете, деца како деца, си играат и влегуваат, а овде стои, исто така, отворена кутија во која има неизолирани жици под напон. Лично сум одел десетина пати во ЕВН Македонија и сум барал да дојдат ова да го обезбедат или да го дислоцираат, но како што гледате тие ветуваат, а не доаѓаат да си ја завршат работата. Мачната приказна за тешкото секојдневје на ова многучлено семејство во Бардовци ја ублажувам повикувајќи ги да се сликаме. Којзнае, можеби еден ден таа фотографија на Аманада и Нусрет ќе им биде само спомен на едно лошо време, кое останало далеку зад нив. Нивните дечиња, сепак, повеќе ќе го паметат плишаниот зајак околу кој се натегаа и кога си заминувавме. М. Раденковиќ КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

РЕМЗИ АЛИУ, ОМИЛЕНИОТ ХИГИЕНИЧАР ВО КАРПОШ

ЧОВЕК ЗА ПОЧИТ Речиси да нема утро, на Партизанска да не го видам со метла в рака некогашниот факултетски колега Ремзи. Отсекогаш бил посебен, без оглед на тоа дали „талка“ по факултетската аула или со метла в раце ја „гланца“ пешачката патека на цветниот, најубавиот булевар во нашата општина. Со својата ситна појава и насмевка што разоружува, во средината на седумдесеттите години од минатиот век, на Филолошкиот факултет во Скопје беше вистинска атракција и секогаш во женско друштво. Некогашниот студент по албански јазик и литература, денес е синоним за професионалец, посветен работник во една друга сфера, грижа за чистотата во Општина Карпош. - Како се случи? Еднаш, па уште еднаш, не го фатив условот за упис во втората година и не ми преостануваше ништо друго туку да си заминам, да се занимавам со нешто поасолно. Едно време работев во приватно претпријатие, потоа неколку години во Државниот завод за статистика, а потоа се вработив во Општината како хигиеничар. Ремзи со леснотија ја извршува својата нималку лесна работа. - Секоја работа е господска доколку ја работиш како што треба. Нема срам од метла доколку тоа е алатка со која ја обезбедуваш егзистенцијата на своето семејство. Лично мислам дека нема полесна работа од мојава, бидејќи не дозволувам „реонот“ да се запусти, а згора на тоа, секогаш сум на воздух и меѓу луѓето. А дека тоа е токму така ни потврдија и нашите сограѓани. Пред новата општинска зграда една дама со восхит зборуваше за леснотијата со која Ремзи се грижи за чистотата околу седиштето на локалната самоуправа. - Од првиот ден кога почанав да ја работам оваа работа, не размислував за тоа што ќе зборуваат другите. Си ја работам работата и, се разбира, дека ми е мило што се гледа тоа што го сработувам. Некој пишува, друг пее, трет вози, ама се гледа кој најдобро го работи тоа. Ме разбираш нели!? На прашањето како му е семејството, дали платата му е доволна за подмирување на домашните давачки, за живеачката воопшто, тој скромно и благодарно одговара: - Добро сме. Со жена ми Бедрие и двата сина, Газменд (24) и Ешреф (20,) живееме во иста куќа со брат ми. Децата се добро, постариот е на факултет во Тетово, а помалиот привршува средно училиште. И двајцата по нешто подработуваат и помагаат полесно да го поминеме месецот. Јас редовно примам плата и тоа е најважно. - Завршивме ли, прашува некогашниот колега Ремзи и веднаш потоа си ги зеде метлата и зелената канта на тркалца и замина да ја одржува чистотата, онака достоинствено, како да оди на некој важен деловен состанок. М. Р. МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

23


ГОРД СУМ НА СТАТУСОТ ГРАЃАНИН НА КАРПОШ Пишува: проф. д-р Зоран Т. Поповски од Тафталиџе II

С

е сеќавам пред точно две години, штотуку избраниот актуелен градоначалник на Општина Карпош изјави дека зелените површини во општината ќе ги претвори во постојан изложбен салон за цвеќе, а улиците во миниградилишта. Денес, по двегодишна временска дистанца, возејќи по Партизанска и шетајќи низ моето Тафталиџе и околните населби, си велам: „Човек од збор. Речено–сторено“. Едноставно се чувствувам горд што припаѓам тука, во Карпош. Горд сум што, претпоставувам со симболични вложувања од општинскиот буџет, Карпош денес изгледа како саемските хали во Амстердам во време на одржување на светската изложба на цвеќето. Фактот што по професија сум биолог ме прави уште посреќен што во Карпош и дадовме шанса на природата да ни го разубави и да ни го облагороди местото во кое живееме или

НАЈУРБАНАТА ГРАДСКА ОПШТИНА ВО СКОПЈЕ ПОКАЖУВА ДЕКА И БЕЗ „МОНУМЕНТАЛНИ“ И БЕЗОБРАЗНО НАТПЛАТЕНИ СПОМЕНИЦИ МОЖЕ ДА БИДЕ УБАВО И ДОСТОИНСТВЕНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ И ПРЕСТОЈ работиме. Од друга страна, горд сум што Карпош не го претворивме во „оаза“ на кичот и не го силуваме со скапи споменици кои создаваат вистинска идентитетска конфузија кај граѓаните. Сè уште не можам да се начудам на глупоста на авторите на т.н. проект „Скопје 2014“ кои од централното градско подрачје направија карикатура на метропола полна со зданија, недефинирани по стилот и заскитани во историјата и традицијата на Македонија. Или можеби не е во прашање глупост, ами клептоманство (клептоманија е нагон за присвојување на туѓо, или едноставно крадење). Нормално е секоја генерација да остава трага зад себе, како што тоа повеќе или помалку го правеле и претходните генерации. Ама не е нормално кога една генерација се привилегира во уметнички и културен поглед да го окупира духовниот простор со своите сè уште недокажани естет24

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

ски вредности, притоа не оставајќи место за тие што доаѓаат. Како и да е, многу сум среќен што Карпош не е дел од оваа пародија, која искрено се надевам дека еден ден ќе излезе пред лицето на правдата. Додуша, не ми е сè едно што булеварот Илинден се прошири и се реконструираше само во делот на општина Центар, а немаше пари да продолжи проширувањето и низ општина Карпош. Не ми е сè едно што сега Партизанска, непосредно пред избори, ќе се поправа од Рузвелтова кон Центар, пак без делот кој поминува низ општина Карпош. Не сум рамнодушен ниту кон фактот што градскиот шетач и собирач на идеи од светските метрополи го интересира само брегот на Вардар од стадионот надолу. Многу коинциденција, нели? Но, како и да е одиме понатаму. Ќе дојде ред кога и тоа ќе го направиме. Сами ако треба. Како што своевремено општина Карпош, во време на овој ист градоначалник, ја доби првата пешачко-велосипедска патека покрај Вардар и ги потсети граѓаните на овој наш подзаборавен бисер. Сè што се правеше по овој револуционерен чекор во другите делови од градот по брегот на Вардар беше само повторување. Пак се враќам во изминатите неколку години кога се вратив од еден подолг студиски престој во Италија и кога му објаснував на нашиот градоначалник дека во градот во кој престојував со семејството, а кој е значително помал од Скопје, имаше десетина спортски терени со рефлектори кои цело време беа на располагање на граѓаните. Тогаш се шегував со моите деца велејќи им дека во кој било правец да тргнат од куќата во која живеевме за десет минути ќе наидат на осветлен спортски терен. Неполна година потоа, во Карпош се изградија 14 осветлени спортски терени на кои децата буквално дење-ноќе наместо да се „ашкаат“ по кафеани, дискотеки и интернет-клубови, времето го поминуваат играјќи и дружејќи се. Тоа во овој период од годината особено доаѓа до израз. Поради сето ова, но и поради почнатите градежни работи за изградба на капитални комерцијални објекти на територијата на Карпош, горд сум што сум дел од оваа општина. Тој покажува дека во исто време е пристојно место за живеење со одлична инфраструктура, извонредно место за одморање очи во цветните аранжмани, но и место каде што се градат комерцијални објекти кои ќе создадат вредности, а нема да трошат народни пари. -

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Унапредување на образованието

В

о изминатиот тримесечен период, успешно Денес младите многу лесно стануваат плен на огромсе реализираше проектот „Унапредување на ниот број негативни влијанија од средината во која воспитно-образовната работа во училишта- живеат (лесно доаѓаат до дрога, алкохол, цигари), а та со посебен акцент на засилување на воспитната со интензивното темпо на живеење и целокупните функција“, под раководство на проф. д-р Розалина општествени промени, девијантните и асоцијалните Попова-Коскарова, проф. на Педагошкиот факултет поведенија на младите личности стануваат се поза„Св. Климент Охридски“ – Скопје. честени појави. Учениците се сè понезадоволни од Во оваа прва фаза од реализација на проектот беа оп- училиштето како институција, но и од општеството фатени следниве основни училишта на територијата во целина, а тоа го манифестираат на многу несона општина Карпош: одветни начини. Во такви ситуации, се почесто и ОУ „Аврам Писевски“- с. Бардовци, ОУ „Војдан семејството и училиштето, односно родителите и наЧернодрински“, ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“, ставниците се немоќни да излезат во пресрет на поОУ „Јан Амос Коменски“ и ОУ ПРОЕКТОТ „УНАПРЕДУВАЊЕ „Братство“. Имено, проектот имаше цел да го НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА сврти вниманието кон веќе, во голема мера, занемарената воспитна РАБОТА ВО УЧИЛИШТАТА функција во нашите училишта; да СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА им помогне на наставниците да ги ЗАСИЛУВАЊЕ НА ВОСПИТНАТА идентификуваат причините за недисциплинираното и асоцијално ФУНКЦИЈА“ Е УСПЕШНО однесување на учениците; да ги РЕАЛИЗИРАН ВО НЕКОЛКУ Пишува: унапреди техниките, моделите и ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО проф. д-р Розалина стратегиите за полесно справување Попова-Коскарова со дисциплинските проблеми; како ОПШТИНА КАРПОШ и да ги запознае наставниците со светските искуства требите на младите и општеството. И едните и друна овој план, односно како развиените земји во све- гите иако се подеднакво одговорни, честопати си ја тот (САД, Канада, Англија, Норвешка и др.) се справу- префрлуваат одговорноста, меѓусебно обвинувајќи ваат со дисциплинските проблеми. се. Меѓутоа, тоа во никој случај не ги оправдува и не Целна група на проектот се наставниците и педагош- ги иззема од одговорност заедничките субјекти во ко-психолошката служба во училиштата. воспитувањето на децата. Иницијативата за реализација на овој проект произ- Од спроведената евалуација на наставниците по лезе од фактот што иако училиштето се дефинира завршувањето на проектот, може да се констатира како воспитно-образовна институција, што претпо- дека овој проект е вистинскиот избор за потребите ставува дека воспитната и образовната компонента на наставниот кадар заради можноста да ги збогатат се интегрирани, во практиката веќе подолго време е и прошират своите сознанија за поуспешно воспитно евидентно значително нарушување на тоа единство, дејствување, за полесно надминување на проблемиодносно сериозно запоставување и занемарување те со недисциплинираните ученици, а пред сè поради на воспитната мисија на училиштата. Сето тоа, пак, можноста практично да се применат сознанијата во многу негативно се рефлектира врз младите од сите секојдневниот едукативен процес. Впрочем, совреаспекти во животот. меното општество бара современ наставник кој колВеќе подолго време, во нашите училишта, изразито ку што успешно ќе образува, исто толку успешно и ќе се нагласува и до определен степен се фаворизира воспитува, односно ќе изградува личност со вредноисклучиво само стекнувањето на знаењата, односно сти, со ставови, со чувство за толеранција, солидаробразовната компонента, а воспитната е ставена на ност и емпатичност, надминување на предрасудите маргините. Од таа причина, голем број од наставни- и стереотипите, изразена културна сензитивност и ците својата покана ја сфаќаат многу еднострано, меѓусебно почитување. во смисла дека пренесувањето и утврдувањето на Огромен број од наставниците ја изразија желбата знаењата претставува најважна и единствена зада- со ваквиот тип на едукација да бидат опфатени и роча на училиштето. Од друга страна, пак, секојдневно дителите, бидејќи тие претставуваат многу значаен сме сведоци на насилства во училиштата, на агресив- фактор во воспитанието на децата, но во современоно и асоцијално однесување, меѓусебна нетрпели- то живеење сè почесто се немоќни да се справат со вост, зачестени отсуства од часови, непочитување на однесувањето на децата, како и успешно воспитно наставниците и уште многу други негативни појави. да влијаат.

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

25


Интервју ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ, АКТЕР И ПЕЈАЧ

О

наа народната дека „круша под круша паѓа“ не важи кога е во прашање Влатко Илиевски, македонскиот претставник на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Татко му на Влатко е некогашен успешен фудбалер, што ќе рече дека професионалните вокации на таткото и на синот Илиевски немаат допирни точки, се разбира, ако ја исклучиме јавната сцена на која и двајцата добивале и добиваат аплаузи. Малку е познато дека Влатко е дипломиран актер (во класата на Кирил Ристески), но сите знаат дека изминатите години е пејачка ѕвезда, а од

Со „Русинка“ до европските подиуми пред некој месец со песната „Русинка“ влезе на голема врата во пејачката елита на Македонија, со која ќе настапи на најголемата европска пејачка сцена. Во паузата меѓу вежбањето на својот настап за „Евросонг 2011“ и веќе традиционалните евровизиски настапи во метрополите на ексјугословенските републики, Влатко одвои време за разговор за „Карпош урбан“. - Се радувам и се подготвувам достојно да ја претставам нашата земја на тој голем настан, а уште повеќе што изборот на мојата песна за тој настан помина без познатите, би рекол, вообичаени нерегуларности. Уште од првиот настап за избор на наш претставник на „Евросонг“ знаев дека ќе дојде и „тој ден“. Знаев, бидејќи и двете песни со кои претходно настапував, потоа станаа хитови, а јас притоа еднаш бев последен, а вторпат десетти.

настапи во Сараево, Белград, Загреб и други градови, и таму ќе настапам со српската верзија на песната. • Ако се гледа според она што (ти) се случува, дипломираниот актер Влатко е во длабока сенка на пејачот Илиевски?

- Можеби е така само во изминатите неколку месеци. Јас сум актер и не се жалам на ангажираноста на тоа поле, но не ми е лошо и во улога на пејач. Признавам дека поради „Евросонгот“ морав да одбијам неколку примамливи улоги во театарот, но лично сметам дека човек може подеднакво успешно да се занимава со повеќе работи, се разбира доколку ги сака и има време за нив. Пред да станам актер, јас од мал се занимавам со пеење, сум бил учесник на „Златно славејче“, сум настапувал како вокал на групата „Морал“, а од 2007 година трае мојата соло-кариера. Во тој период ми се исполни и сонот да го наполнам спортскиот центар „Борис Трајковски“.

• Како течат подготовките, со оглед на познатите перипетии во претходните години?

- Подготовките одат добро благодарејќи му на мојот тим кој си ја знае работата, но не сум задоволен од „грижата“ што би морала да ја има МРТВ како организатор на изборот на песна за „Евросонг“. Доволно е да ви кажам дека веќе испративме писма барајќи спонзори, односно средства неопходни за квалитетен настап на „Евросонг“.

• Имаш ли идоли меѓу пејачите?

- Сум слушал и слушам добра домашна и странска музика, стара и нова, почнувајќи од „Лед цепелин“, „Ролинг стоунс“, „Битлси“, па сè до „Бјело дугме“, „Леб и сол“... Признавам, условно кажано, дека мене ми „лежат“ пејачи какви што се ветераните Арсен Дедиќ и Раде Шербеџија. Ги сакам нивните песни и нивниот стил на пеење.

• Има ли песната „Русинка“ англиска верзија?

• Што се смени откако „Русинката“ ти го визираше билетот за Диселдорф?

- Има, и не само англиска верзија, туку и српска, руска, шпанска, бидејќи нема подобра промоција на една песна, особено ако таа се квалификувала за „Евросонг“, истата да биде испеана на што повеќе странски јазици. Деновиве имам серија 26

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

- Па, се сменија многу работи, пред сè сега многу полесно се организираат настапи и има повеќе можности пред поширок аудиториум да се пре-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Истражување зентираат стари и нови песни. Сега се поголеми и хонорарите за настапи, а се создадени и сите неопходни предуслови за настап во странство. • Што мислиш за практиката на настап на популарните пејачи на партиските митинзи?

- Нема ништо лошо во тоа, особено ако таквите настапи се добро платени. Јас лично не сум партиски определен, но сум настапувал и би настапувал на митинзи доколку некој ме покани и добро го плати мојот настап. • А како се справуваш со сите убави девојки кои можаат да се видат околу тебе, кога си на сцена но и надвор од неа?

- Лесно. Тоа е мојот амбиент и уживам кога сум во друштво со многу убави девојки. Признавам дека меѓу нив има една посебна со која ми е убаво, без оглед на тоа што во последно време немам многу време за неа и за другите убави девојки.

• Живееш во Општина Карпош. Што мислиш за она урбаното во неа?

- Дебар Маало, каде што сум роден, стана многу „начичкано“ и во тој поглед не е баш за фалење, но што се однесува до нашата општина, таа во секоја смисла е најурбана и најубава во градов, но и пошироко. Мојот роден крај се протега од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ до Драмскиот театар и тука е мојот свет и не би го менувал за ниеден друг. Миле Раденковиќ КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

СПОРЕД „ЕВРО-БАЛКАН“

КАРПОШ МЕЃУ „ТОП ТРИ“ ОПШТИНИ СО НАЈГОЛЕМА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА Со индекс на социјална инклузија (ИСИ) од 6,81, Општина Карпош го зазеде одличното трето место меѓу 84 општини во Република Македонија во истражувањето на социјална инклузија на локално ниво кое го спроведе Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“. Истражувањето беше во рамките на Програмата за поддршка на граѓанското општество „CIVICA Mobilitas“, имплементирана од Центарот за институционален развој - ЦИРа и финансиски поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), претставувана од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија. Проектот претставува истражувачки обид за создавање на индекс на социјална инклузија, преку проценка на еднаквоста во пристапот и правичноста во распределбата на јавните услуги на локално ниво во Република Македонија. Како што беше речено на самата промоција на публикацијата „Индекс на социјална инклузија на локално ниво“ од авторите Ристо Карајков и Апостол Симовски, преку овој индекс може да се види кон што ги насочуваат локалните власти парите на граѓаните, и отсега натаму ќе може да се мери напредокот на овој план и на локално и на државно ниво. Основната идеја за проектот потекнува од потребата од инструмент кој би служел за споредбена анализа на локалните состојби и би овозможил јасна идеја за разликите во определени аспекти на квалитетот на живеењето на локално ниво. Во таа смисла, индексот е конструиран во форма на една „квантитативна студија, која ќе овозможи рангирање, односно споредба на сите општини во Република Македонија во однос на состојбите кои се однесуваат на социјалната инклузија“. Преку телефонска анкета во 84 општини, општински центри и села, поставени се 50 прашања во шест тематски оддели. Тука спаѓаат социјалната заштита, грижа за лица со посебни потреби, родовата рамоправност, грижата за стари лица, основните услуги (водоснабдување, електрична енергија, санитарни услуги, здравство, образование...) и буџетските издвојувања, низ кои се покажа дека нашата Општина, заедно со Аеродром и Чаир, го понесе епитетот на општина со најмала социјална исклученост, односно со најголема социјална инклузија во државата. Ваквите постигнувања, заедно со високиот ранг кој беше постигнат за транспарентност, потврдуваат дека Општина Карпош е една од најразвиените и најевропски општини во Македонија. В.Ц. МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

27


ОПЕН КАРПОШ

РОБЕРТ МАРКУШ ПОБЕДНИК НА „ОПЕН КАРПОШ 2011“ директор на „Реплекфарм“, Иван Туџаров. Големиот Меѓународен шаховски турнир „Опен Карпош 2011“, се одржа од 2до9 април во просториите на „Реплекфарм“- Скопје и на него учествуваа 74 странски и домашни шахисти од 14 земји од светот. Од нив 22 беа велемајстори, 11 интернационални мајстори и 10 ФИДЕ-мајстори во шах. Второто место на турнирот му припадна на Бранко Дамљановиќ (Србија) со освоени 6,5 поени, по што следат: Петар Дренчев (Бугарија), Синиша Дражиќ (Србија), Драгољуб Јакимовиќ (Македонија), Јуре Скоберне (Словенија), Хера Имре Јуниор (Унгарија), Кристијан Јиану Влад (Романија), Драгиша Благојевиќ (Црна Гора), Лазар Несторовиќ (Србија),Момчило Николов (Бугарија), Владимир Георгиев (Македонија), Брајан Смит (САД). За најдобри шахистки беа прогласени Силвија Колас од Франција со освоени 5,5 поени и Ива Виденова од Бугарија со 5,5 поени. Титулата најдобар млад играч до 18 години ја понесе Лазар Несторовиќ од Србија, со освоени 6 поени. Игор Петровски од Македонија беше прогласен за најдобар играч со рејтинг до 2.200 поени. Вкупниот награден фонд на турнирот „Опен Карпош 2011“ изнесуваше 8800 евра. Е.Кузмановска

Со прогласувањето на велемајсторот Роберт Маркуш од Србија за победник на „Опен Карпош 2011“ (со освоени 6,5 поени) свечено беше затворен Меѓународниот шаховски турнир во организација на Општина Карпош и Шаховскиот клуб „Гамбит Асеко-СЕЕ“, прв од ваков вид кај нас. На најуспешниот шахист на турнирот, победничкиот трофеј му го додели градоначалникот на Општина Карпош,Стевчо Јакимовски, а другите награди на најдобрите им ги врачи генералниот

28

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Шах

ОТВОРЕНА ШАХОВСКА ШКОЛА ВО ОПШТИНА КАРПОШ „ШАХОТ Е ,КУЛ‘ “

Во просториите на шаховскиот клуб „Гамбит-Асеко» (ул. Орце Николов 182 а), беше промовирана новата шаховска школа која во соработка со приватната компанија „Асеко» ќе работи во нашата општина, а наедно беше најавен и почетокот на шаховската лига на која ќе учествуваат ученици од основните училишта од општина Карпош. На самиот почеток од школата, во клубот беа пријавени 49 посетители, надарени млади шахисти, а во сите основни училишта во Карпош со обука беа опфатени 130 деца. Но, освен децата од основните училишта во оваа школа,шаховското знаење го усовршуваат и многу помлади таленти, од предучилишна возраст, како што е случајот со Борис Локвенец, четири и пол годишно дете, кој веќе е детектиран како голем талент од страна на шаховските мајстори Марјан Митков и Орце Данчевски, луѓето кои со својот ентузијазам најмногу придонесоа за заживување на оваа, прва од ваков вид, шаховска школа кај нас.

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

Шаховската школа на Општина Карпош е четврта од ваков вид (покрај школите за актерска игра, за фолклор и за цртан и анимиран филм) која е воннаставната програма. Неа може да ја посетуваат заинтересираните ученици од десетте основни училишта на територијата на Карпош, од прво до осмо одделение. Часовите се одржуваат еднаш неделно од страна на интернационалните мајстори Марјан Митков и Орце Данчевски. Часовите се бесплатни, а шаховските интернационални мајстори и Општината Карпош имаат цел да ја едуцираат најмладата школска популација во „најинтелигентниот спорт“. Покрај ова, секоја година во мај ќе се одржуваат и натпревари во лигата во шах, во клубот „Гамбит-Асеко“. Отворањето на шаховската школа го поздравија градоначалникот Стевчо Јакимовски, претставникот од компанијата „Асеко“, Зоран Стојчевски и интернационалниот мајстор во шах, Марјан Митков. В.Ц.

МАРТ

-

АПРИЛ

Кралицата на шахот гостинка во Карпош На покана од Општина Карпош, од 2 до 4 мај годинава во Скопје ќе престојува кралицата на шахот Александра Костенјук (родена на 23 април 1984 во Перм, Русија), велемајстор и поранешна светска првенка во шах. Костенјук ќе ја посети школата за шах „Гамбит –Ассеко“ и ќе одржи час по шах, а наедно ќе го означи почетокот на лигата во шах во основните училишта во општина Карпош. Во рамките на нејзиониот престој во Карпош, Костенјук ќе изигра две симултанки на 20 табли шах истовремено, едната симултанка со надежните шахисти од шаховската школа, а втората со претставници на бизнис-заедницата. Инаку, двете најпознати изреки на Костенјук се „Шахот е ,кул‘ “ и „Убавината и интелигенцијата одат заедно“. Со ова, Костенјук го промовира шахот со капацитет на модна убавица и амбасадор на шахот во светот. С.М.

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

29


Училишен спорт

ФИНИШИРААТ УЧИЛИШНИТЕ ЛИГИ

Регуларниот дел од училишната одбојкарска лига за ученички во организација на Општина Карпош е успешно завршен. Во сите 14 кола најмногу прикажаа ученичките од ОУ „Петар Поп Арсов“ каде што во регуларниот дел од одбојкарската лига успеаја да ги добијат сите натпревари, притоа да не загубат ниту еден сет, со сет разлика од 28:0. Интересна и неизвесна беше борбата за втората позиција меѓу училишните екипи на училиштата „Аврам Писевски“ и „Владо Тасевски“. Сепак, во финишот, женската училишна екипа на „Аврам Писевски“ беше поконцентрирана и заслужено го освои второто место. Третото место припадна ДО КРАЈОТ НА ОВАА на ОУ „Владо Тасевски“ кој во меѓусебниот скор КОШАРКАРСКА со ОУ „Аврам Писевски“ ЛИГА ОСТАНУВААТ има една победа и еден пораз, така што ќе УШТЕ ДВЕ КОЛА, биде многу интересен НЕ ОЧЕКУВААТ нивниот дуел во полуНЕИЗВЕСНИ И финалето од плејоф КВАЛИТЕТНИ ДУЕЛИ. натпреварувањето. И како четврта стартна ФИНАЛНИТЕ позиција ќе има женскаНАТПРЕВАРИ ЌЕ СЕ та училишна екипа од ОДИГРАТ ВО САЛАТА Влае, а тоа е ОУ „Димо Хаџи Димов“,која во НА ГРАДСКИ ПАРК НА разигрувањето ќе бара 17 И 18 МАЈ. своја шанса да заигра во големото финале на женската одбојкарска лига. Овие дуели се закажани за 4 и 5 мај во спортскиот центар „Форца“ каде што своите сили ќе ги одмерат училишните екипи на „Петар Поп Арсов“ против „Димо Хаџи Димов“ и „Аврам Писевски“ против „Владо Тасевски“. Само да напоменеме дека двете женски училишни екипи од Општина Карпош, ОУ „Петар Поп Арсов“ кој е градски првак и училишната екипа на ОУ „Аврам Писевски“ кој го освои второто место на градското натпреварување, ќе го претставуваат градот Скопје на државната училишна олимпијада која ќе се организира од 12 до 14 мај во Битола. Исто така, на оваа училишна олимпијада ќе настапи и машката одбојкарска училишна екипа на ОУ „Петар Поп Арсов“. Вредно овде да се напомене е тоа дека градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, комплетно ќе го спонзорира и организира патот на овие училишта до Битола и назад. Како што вети градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за да ги подигне на повисоко ниво, натпреварите од кошаркарската училишна лига ги организираше во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во присуство на голем 30

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

број посетители (ученици, наставници, директори на училишта и родители.) Кошаркарската училишна лига е во својот финиш. Според досега прикажаното, по сè изгледа не очекуваат квалитетни и неизвесни натпревари. Минатогодишните финалисти, училишните кошаркарски екипи на ОУ „Војдан Чернодрински“ и ОУ „Владо Тасевски“ се сигурни финалисти во плејофот и се најголеми фаворити за освојување на првото место, додека битката за останатите две места ќе ја водат дури три екипи на ОУ „Јан Амос Коменски“, ОУ „Петар Поп Арсов“ и ОУ „Христијан Тодоровски-Карпош“. Исто така, многу интересна ќе биде и борбата за најдобар стрелец, каде што во моментов води минатогодишниот најталентиран играч на училишната лига Павел Јосифовски, кој во чекор го следи, исто така, минатогодишниот најдобар стрелец Никола Димитров. До крајот на ова кошаркарска лига остануваат уште две кола и како што напоменавме, не очекуваат неизвесни и квалитетни дуели. Финалните натпревари ќе се одиграт во салата на Градски парк на 17 и 18 мај. Во оваа пригода, исто така, сакаме да го најавиме атрактивниот и егзибициски ревијален кошаркарски натпревар познат како Ол стар натпревар каде што најдобрите играчи од сите училишта ќе бидат поделени во два тима – сини и жолти. Општина Карпош за овој ревијален натпревар за секој учесник-играч обезбеди патики, дрес, гаќички, спортски чорапи и спортска торба. Исто така, се подготвува и интересна забавна шоупрограма, а ќе има интересни награди и за сите посетители во салата. Овој спектакл е закажан за 26 мај. И последната училишна лига во организација на Општина Карпош е фудбалот. Како и претходните две високоорганизирани и квалитетни лиги и во фудбалот има посебни атракции, проследени со убави потези, дриблинзи, удари и голови. Покрај училишните лиги, Општина Карпош во мај ќе организира и други спортски проекти, како што се: Мајскиот крос кој ќе се одржи на 21 мај и на кој ќе земат учество сите ученици од четврто до осмо одделение, од сите десет основни училишта на територија на општина Карпош; Меморијалниот фудбалски турнир „Јозо“ кој е финансиски потпомогнат од страна на Општина Карпош што ќе се одржи во населбата Козле, турнир во баскет и многу други интересни спортски проекти кои ги подготвуваме за нашите сограѓани од Општина Карпош. д-р Патрик Поповски, Советник за спорт во Општина Карпош

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ


Училишен спорт Табела од Лигата во кошарка - пролетен дел (севкупен пласман)

ФУДБАЛСКАТА ЕКИПА НА ОУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ ПРВОПЛАСИРАНИ ВО ДОСЕГАШНИОТ ТЕК НА ЛИГАТА

КОШАРКАРСКАТА ЕКИПА НА ОУ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ПРВОПЛАСИРАНИ ВО ДОСЕГАШНИОТ ТЕК НА ЛИГАТА

ОДБОЈКАРСКАТА ЕКИПА НА ОУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“ ПРВОПЛАСИРАНИ ВО ДОСЕГАШНИОТ ТЕК НА ЛИГАТА

Табела од Лигата во фудбал - пролетен дел (севкупен пласман)

Табела од Лигата во одбојка - пролетен дел (севкупен пласман)

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

31


ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ПРОЛЕТ“ Детската градинка „Пролет“ во Карпош - Скопје на 2.4.2011 година, на кејот на реката Вардар го прослави 46-иот роденден под мотото „Движи се за да не заборавиш да одиш“. Директорот на детската градинка „Пролет“, г-ѓа Вита Јаковлевска, ги поздрави сите пристуни и им посака убав ден и пријатно дружење со најмилите, т.е со децата од градинката. Посебен поздрав упати кон таткото на Општината Карпош, г. Стевчо Јакимовски. На оваа манифестација уче-

ствуваа децата од градинката „Пролет“ со родителите. Целата забава се одвиваше во три дела под отворено небо, со пролетно сонце, со желба за забава, спортување и движење. - Првиот дел беше забавен во кој учествуваа деца со ритмички игри под наслов „Гимнастка и тениски ас“, од четири-пет и од пет-шест годишна возраст. - Вториот дел беше спортски во кој учествуваа деца и родители во спортовите: кошарка, фудбал и ракомет.

На наше големо задоволство првиот шут во фудбалот го изведе нашиот градоначалник, г. Стевчо Јакимовски, првиот кош го даде г-ѓа Ани Стефанова, сопругата на кошаркарот Врбица Стефанов, додека,пак,првиот шут во ракометот го изведе директорката на градинката, г-ѓа Вита Јаковлевска. Во овие спортови сите учесници беа победници. - Во третиот дел беше движењето од устието на реката Лепенец до зелениот појас кај хотелот „Александар палас“. Во движењето учествуваа децата од предучилишна возраст и сите присутни гости. На зелениот појас имаше освежителен коктел и сендвичи за децата. За да се одржи оваа манифестација, финансиски ни помогнаа многу родители од градинката „Пролет“, Општина Карпош и претпријатија со кои соработуваме долги години. Благодарност до сите нив. С.Р.

ТОРТАТА „СОБОРЕН ХРАМ“ ПОБЕДИ ВО ЈАГОДИНА

Снежана Ангеловска од Скопје, Р. Македонија, со тортата „Соборен храм“ е победник на петтата по ред интернационална „Тортијада“ во Јагодина, Република Србија. На покана од Здружението на граѓани „Слатки осмех“ од Јагодина, Република Србија, на 16 и 17 април 2011 година хуманитарната организација „Ангелчиња – ХОА“ учествуваше на овој 32

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

голем „сладок настан“ во Јагодина, а Општината Карпош, која беше годинава домаќин на петта јубилејна тортијада во Скопје, ја поддржа и оваа интернационална „Тортијада“ во Јагодина за која имаше многу пофалби. На „Тортијадата“ во Јагодина беа претставени 153 торти од Република Србија, земјите од регионот и подалеку. Манифестацијата беше посетена од многу граѓани од самиот град Јагодина и пошироко, и сите посетители изразија воодушевување од убавите креации на тортите. Интернационалното жири ги одбра најдобрите торти и ги МАРТ

-

АПРИЛ

2011

прогласи годинешните победници, но не беа заборавени сите оние што земаа учество и беа наградени со мали скромни награди. Третото место и припадна на Христина Ѓуровиќ од Јагодина со тортата „Фустан“, второто место и припадна на Катарина Бркиќ од Смедерево со тортата „Св. Петка“ и првото место го освои Снежана Ангеловска од Скопје со тортата „Соборен храм“. Исто така, уште две наши членки земаа награди и тоа г-ѓа Лилјана Шеретова, награда за највозрасен учесник и г-ѓа Розета Лазаревска со освоено осмо место. „Тортијадата“ заврши успешно и хуманоста уште еднаш се покажа на дело. ОПШТИНА

КАРПОШ


Огласна табла Врз основа на Програмата за култура на Општина Карпош за 2011 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр. 12/2010), градоначалникот на Општина Карпош распишува

КОНКУРС за избор на најуспешно дело во ликовната техника акварел 1. Општи услови на Конкурсот - Секој учесник на Конкурсот може да учествува со едно дело; - Делото треба да биде со димензии не помали од 60х40 см; - Уметничкото дело не смее да биде претходно изложувано; - Наградените дела остануваат во сопственост на Општина Карпош. 2. Право на учество на Конкурсот На Конкурсот можат да учествуваат сите академски ликовни уметници. 3. Начин и рок на поднесување на пријавите На Конкурсот кој е отворен до 10.5.2011 година, уметничките дела се предаваат под шифра залепена на нивната задна страна. Заедно со делото, авторот доставува и плик во кој треба да бидат наведени неговото име и презиме, адреса и контакт телефон. На предната страна од пликот треба да биде испишана истата шифра како и на уметничкото дело. Делото, што претходно треба да биде добро заштитено, со што би се избегнале евентуалните оштетувања, заедно со пликот се доставува до Општина Карпош (ул. Демир Трајко бб, со назнака за Конкурс за акварел). При предавањето на делото, учесниците на Конкурсот задолжително потпишуваат изјава со која потврдуваат дека се согласуваат со условите од Конкурсот. Со предавањето на делото, авторот може да потпише и изјава со која се согласува да го подари делото на Општина Карпош како донација за оформување на Фонд на уметнички дела. 4. Награди на Конкурсот На Конкурсот ќе бидат доделени следните награди: - ГРАН-ПРИ „Тофе Шулајковски“ - парична награда во износ од 30.000,00 денари и - Десет откупни награди во поединечен износ од по 10.000,00 денари.

СООПШТЕНИЕ Ги известуваме сите правни и физички лица на територијата на општина Карпош дека Советот на Општина Карпош на триесет и третата седницата одржана на 30 март 2011 година донесе Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Карпош за оваа година. Во согласност со Законот за градењето (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 130/2009, 124/2010, 18/2011) урбаната опрема се поставува на јавни површини кои претставуваат градежно изградено и уредено земјиште без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот. Поставувањето на урбана површина на јавни површини за чие одржување е надлежна Општината се однесуваат на повеќе видови опрема и тоа: летни тераси, покриени и отворени шанкови, натстрешници, чадори, постаменти за чадори, тенди, жардиниери, граничници, летни дискотеки, самостоечки рекламни паноа, опрема за забава на деца и детски игралишта, фонтани, чешми, клупи и канти за отпадоци, паркиралишта за велосипеди, тезги кои се поставуваат по повод празници и манифестации, привремени паркинзи, платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, монтажно-демонтажни типски објекти, јавни санитарни јазли, телефонски говорници. Заинтересираните субјекти во иднина можат да поднесат барање и на старата и на новата локација на Општина Карпош. КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

ОПШТИНА

КАРПОШ

33


Награди за најуспешните

ОУ „Владо Тасевски“

фалници: Стефан Милевски (ментор Мирјана Андреевска), Магдалина Михајловска (ментор Слободанка Бадаровска), Ана Марковски (ментор Јованка Трпкова), Горазд Стојановски (ментор Силва Атанасова), Тамара Илиоска (ментор Силва Атанасова) и Иван Николовски (ментор Силва Атанасова), а Ина Кронеска (ментор Слободанка Бадаровска) го освои третото место. Сепак, ученикот Милан Самарџиски кој го освои првото место со сите можни 100 бода и воедно беше најуспешен на натпреварот во цела општина од IV до VIII одделение, ги заслужи сите честитки и пофалби што му ги упатија менторот Силва Атанасова и раководството на училиштето. Учениците од ОУ „Владо Тасевски“ го одбележаа и Денот на шегата а на интерен натпревар за најуспешни и најкреативни маски беа прогласени: маските ,,Шоља кафе’’ и ,,Торта” а нивни автори се Дина Џипунова и Матеј Рабак од V б/9. Ученичката заедница и наставниците за најкреативна ја прогласија маската ,,Лажица и вилушка’’ на учениците од VII в Теодора Јолакоска и Вероника Партинова. И.К.

МИЛАН САМАРЏИСКИ, ШАМПИОН ПО МАТЕМАТИКА Пролетта е време кога во основните и средните училишта се одржуваат традиционалните натпревари на кои се проверува знаењето по оделни предмети, стекнато во тековната учебна година. Деновиве пристигнаа информациите за резултатите што на училишните и на регионалните натпревари ги остварија учениците од ОУ „Владо Тасевски„ Во екипата што училиштето го претставуваше на регионален натпревар по математика беа: Марко Чадиковски IV б, Стефан Милевски IV в, Сара Ничота V а/9, Борис Атанасоски V a/9, Ина Кронеска V в/9, Магдалина Михајловска V в/9, Кристина Марковска V д/9, Ана Марковски V б/9, Милан Самарџиски V г/8, Горазд Стојановски V а/8, Тамара Илиоска V г/8, Иван Николовски V г/8, Војдан Узунов VI б, Кристијан Самарџиски VI г, Дамјан Анастасов VII б и Никола Димитровски VII. На спомнатиот натпревар математичарите од ОУ „Владо Тасдевски“, а се закитија со по-

ОУ „Лазо Трповски“

МЕЃУ ЕВРОПСКИТЕ ФАВОРИТИ ВО ПОЛИТИЧКО ОБРЕАЗОВАНИЕ

Сојузната централа за политичко образование од Бон, СР Германија, го избра ОУ „Лазо Трповски” од Општина Карпош, заедно со уште 150 основни и средни училишта од Европа (на конкурсот пријави поднесоа повеќе од илјада основни и средни училишта) за проектно училиште за реализација на проекти од областа на политичкото образование. Со тоа, организаторот го смести ова училиште директно во тестфазата за следниот 41. Меѓународен училишен натпревар за политичко образование, за кое му додели три проектни задачи кои веќе ги реализираа учениците од седмо одделение на темите: „Консумирање алкохол кај малолетници“, „Куќен ред во учи34

КАРПОШ

УРБАН

БРОЈ

8

лиштето“ и „Климатски условена здрава храна“.Основното училиште „Лазо Трповски” од Скопје учеството на натпреварот го реализира со финансиска поддршка од страна на фондацијата Фридрих Еберт. Ваквото признание уследи по четиригодишни успешни настапи на ова училиште, од кои само на последниот 40. Меѓународен училишен натпревар на кој учествуваа околу 65 000 ученици од повеќе

МАРТ

-

АПРИЛ

2011

европски земји со повеќе од 3 000 проекти, меѓу 900-те најуспешни влегоа и 66 ученици од седмо и осмо одделение и тројца ментори од ОУ „Лазо Трповски”. Тие ја претставуваа нашата земја,со три проекти на теми: „Во Јужноафриканската Република, земјата на виножитото, има нешто поважно од СП во фудбал“, „Детска сиромаштија“ и „Како улиците ги добиваат имињата?“. Стефан Симовски

ОПШТИНА

КАРПОШ


Награди за најуспешните

ОУ „Петар Поп Арсов“ Нашето училиште, како и секоја година, така и оваа, активно учествуваше на многу градски, регионални и републички натпревари. Со тоа докажуваме дека учениците и наставниците, покрај редовните наставни планови и програми, големо внимание и посветеност покажуват и за активностите што се надвор од секојдневниот ученички живот. Учениците ја покажуваат својата огромна

желба да научат повеќе, да вложат повеќе труд и енергија. На овие натпревари истовремено се случуваат и други многу важни работи за учениците. Се создаваат нови пријателства, се јакне комуникативноста, чувството за колективност и несебичност, се развива натпреварувачкиот дух, се учи да се губи и победува. Вложениот труд и залагање во оваа година, нашите ученици и нивните наставници – ментори, го покажаа низ учествата и постигањата на следните натпревари:

Но, ова не е се. Нашата битка со знаењето продолжува понатаму, за да докажеме дека вложувањето во учениците е големо богатство. Само така ќе создадеме здраво поколение, кое секогаш ќе биде подготвено да оди понатаму, да учи, да создава, да верува во себе и да не ги прифаќа поразите. Дипломите, пофалниците и медалјите што досега ги имаме освоено и го красат нашето училиште, се наш поттик да не застанеме тука, да веруваме во себе, да работиме повеќе, за да се качиме уште повисоко на скалата на знаењето.

Ученичката Сара Кољозова од VIII-3 одд. од ОУ „Петар Поп Арсов“ Скопје, под менторство на наставничката по англиски јазик Александра Петковска Митровска, го освои првото место на регионалниот натпревар по англиски јазик за ученици од основните училишта во организација на асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на Р. Македонија (ELTAM). Со ова ученичката обезбеди учество и на републичкиот натпревар по англиски јазик кој ќе се одржи на 7 Мај 2011 год. Т.С.

САРА КОЉОЗОВА, ПРВО МЕСТО ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК


ДЕНОТ НА ШЕГАТА

НАСМЕВКАТА НА КАРПОШ

Со насмевка на лицето и Фикрет и Денис под рака, зајадливата но харизматична Џеврие прошета низ улиците на Карпош 2, на убавиот првоаприлски ден. Ја следеше убавата Јулија од семејството Капулети, со своите седум црни мачки. Тука беше и Алиса од земјата на чудата, двете „шмизли“ во придружба на Есмералда, Пролетната принцеза, Пипи долгиот чорап, Салвадор Дали и еден македонски војник од Авганистан. Зад нив одеше и Дебелата Николина со своите истакнати атрибути и свекрвата со розата „баш ми е гајле на кое уво ја носам“. Вака приближно изгледаше Денот на шегата во основното училиште „Вера Циривири-Трена“, конвојот маскирани ученици и наставнички, при што еден отворен фрижидер со богата понуда за сите изгладнети деца ја понесе титу-

лата Маска на денот, која ја прогласи директорката Јелка Даскалова. Весело и забавно беше и во ОУ „Христијан ТодоровскиКарпош“, на големото ракометно игралиште, но и во сите други училишта и градинки на територијата на општина Карпош. Во ова училиште дури имаше и спасители од нуклеарката во Фукушима, многу гатачки и Мексиканки, сите добро расположени. Карпош на првиот априлски ден беше целиот „априлилили“, во духот на шегата и креативноста, на децата кои најмногу се радуваа, на наставниците, но и на родителите кои во заднина, како идејни творци на прекрасните костими, се бореа за најубавата и најдуховита маска. Сепак, на Денот на шегата во Карпош, победи насмевката.

Karpos Urban No.8  

Magazin na Opstina Karpos

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you