Karpos Urban No.5

Page 1

Информатор на Општина Карпош, август - октомври 2010 година / број 5 / година 2

Општина Карпош се всели во нов дом Доделени се 69 стипендии за талентирани ученици, 40 стипендии за спортисти и поддржани се 13 спортски клубови Најзначајните инфраструктурни проекти реализирани во изминатата година


ЛОКАЦИЈА НА НОВАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА (ПОРАНЕШНО ОУ„БРАТСТВО“)


Во овој број ГО СОБОРИВМЕ ДРЖАВНИОТ РЕКОРД ВО КРВОДАРИТЕЛСТВО

4

ВЕТЕНО - СТОРЕНО ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ Бул. „Партизански Одреди“ бр.68 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/ 3061-353 факс 02/ 3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

ТРИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ 10-12

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА

НАЈДОБРИТЕ ВО ФОКУСОТ 14-15

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ УРЕДНИК: СОЊА КРАМАРСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ УРЕДНИК НА КУЛТУРА: ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА, СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА И МИЛЕ РАДЕНКОВИЌ

6-9

ПРИЗНАНИЕ ОД ОБАМА

30


Како го славевме Денот на Општината

4

ЦВЕТНО ДЕФИЛЕ-ПОРАКА ЗА МИР

ГО СОБОРИВМЕ РЕКОРДОТ - 570 ЕДИНИЦИ КРВ

МНОГУ ЗНАЕМЕ ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

ТОПЛА РАКА ЗА НАЈВОЗРАСНИТЕ

ШАХ ВО „100 ПОТЕЗИ“

СТАРТУВАШЕ Е-ДНЕВНИК

КАРПОШ БЕЗ „ЛОШИ“ ГРАФИТИ

СТАРТУВАШЕ СПОРТСКАТА УЧИЛИШНА ЛИГА

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Почитувани сограѓани, Овој пат Ви се обраќам свечено.Во време кога го чествуваме нашиот и Вашиот празник-3 Ноември, Денот на Општина Карпош. Триесет и четири години од нејзиното постоење и функционирање како локална власт. Власт прва и најблиска до граѓаните на Карпош. Во изминатата година и половина, откако јас со мојот тим и администрацијата управуваме со Општината, мислам дека достојно го одбранивме овој квалификатив на локалната самоуправа.Непосредна и најблиска до народот. Ги слушавме Вашите желби и потреби, и делувавме. Нешто смислувавме и предлагавме и сами, носевме проекти, нудевме идеи и градевме. Денот на Општината е прекрасен повод да се свртиме околу себе и зад себе да видиме што сторивме и тоа да го прикажеме пред светот. Мислам дека сторивме многу, а колку можете да оцените и сами. Иладници километри нови асфалтирани улици. На големо се работи на улиците „Дрезденска“, „Варшавска“, „Букурешка“, „Дамаска“, „Женевска“, „Каирска“, „ Демир Трајко“, на улица „Петар Чајковски“ во Влае. Километри нови тротоари и паркиралишта.Го исчистивме одводниот канал од Средно Нерези надолу, ја почнавме санацијата и на втората фасада на кулата на „Партизанска“ број 81, поставуваме канализација во Бардовци, ставивме нов еколошки покрив во „Војдан Чернодрински“ но ги средивме и сите санитарни јазли во училиштата на нашата територија. Конечно ја преселивме Општината во адаптираната зграда на поранешното училиште “Братство“ со цел во блиска иднина да изградиме нова, достојна за Вашата општина, на старото место каде што беше досега.Секојдневно чистиме и се грижиме за хигиената, ја зазеленуваме општината и хортикултурно ја разубавуваме. Сето тоа вие го забележувате и тоа доаѓа со нас. Напати тоа не е лесно. Имаме и проблеми кои ве мачат и вас и нас. Некогаш и решенијата на проблемите не зависат од нас, или не само од нас. Но, се трудиме на секој начин да ги решиме, да бидеме кооперативни со градските и централните власти и покрај некои евидентни разидувања. Но, тоа не нé запира. Нашата поддршка сте Вие, граѓаните на Карпош. Ние со вас пред година и половина, склучивме џентлменски договор: Општината да ја изградиме во пристојно и пожелно место за живеење. Нема сила која ќе не предомисли и спречи на тој пат. Не само на инфраструктурен и градежен план.Карпош од ден на ден станува повеќестран бренд.Единствен во богатото културно живеење на Општината преку лето, годинава ги пречека, светските акварелисти, децата фолклористи од неколку европски земји, естрадни ѕвезди како Кемал Монтено и Мерима Његомир, незборавни концерти на Митан проџект, Амон ра, Стринг Форсис и други музичари.Го славевме Денот на таткото и Денот на здраво живеење без канцерогени болести. Организиравме традиционално саемско поврзување на бизнисот со граѓаните преку „Ем умеам ем можам“. Спортувавме без прекин и поддржувавме млади спортисти и ученици. И годинава одобривме 69 стипендии за талентирани ученици, 40 за надежни спортисти и 13 помошти за спортски клубови.Со работа продолжија сите новоотврени школи што лани ги востанови општината, за цртан и анимиран филм, за фолклор и за актерска игра. Не ги заборавивме ни истакнатите граѓани, а годинава тоа се хероите од Ла Манш, Атина Бојаџи и Нико Нестор, како и едно од најголемите современи пера на нашата литература Венко Андоновски. Нив ги одликувавме и почестивме со признанија.Ние се гордееме со нив, а тие верувам, со нас. И повторно не запираме. Грабиме напред, во поубава и поурбана иднина за Карпош. За сите нас. Вие на тоа не обврзавте, а ние само исполнуваме.

Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

5


Реконструкции На 3-Ноември Општината Карпош ќе го прослави својот 34-ти „роденден“.Тоа е прекрасен повод, да дадеме отчет за тоа што е изработено во општината во последните 12 месеци, од ноември 2009 до ноември 2010 година.Оттогаш, Карпош го претворивме во големо и вистинско градилиште, на кое, домаќински и одговорно, парите на граѓаните ги враќаме преку проекти за граѓаните и Карпош. • Реализиравме околу 200 инфраструктурни проекти. Асфалтиравме, реконструиравме и изградивме улици, тротоари, цветни жардинери, спортски терени, паркинзи, пешачки патеки, фасади, водоводи и атмосферски и фекални канализации. • Конкретно, изградивме и реконструиравме атмосферска канализација на 17 улици во должина од 3.011 метри. • Поставивме фекална канализација во должина од 1.419 метри на 15 улици. • Овозможивме подобро снабдување со вода за пиење со поставување на водоводни цевки на 5 улици во должина од 445 метри. • Асфалтиравме 19 улица и еден спортски терен, во вкупна должина од 7.395 метри. • Оштетените тротоари ги заменивме со модерни и трајни, а изградивме и нови на вкупно 26 улици, со должина од 22.384 квадратни метри нови тротоари, а солжина 17.907 метри. • Покрај тротоарите, реконтруиравме и изградивме 52 пешачки патеки со површина од 4.825 метри квадратни. • Во Карпош не воведовме наплата, туку еден од најгорливите проблеми-паркирањето, го решаваме со обнова и проширување на постоечките и изградба на нови паркинзи,и овозможивме нови паркинзи за околу илјада возила. • За една година, овозможивме 22 паркинзи со корисна површина од 12.957 метри квадратни. • Исто така, ги подобрувавме внатрешните услови и надворешниот изглед на осум училишта во нашата општина. • Паралелно, работевме на разубавување на ликот на општината. • Започнавме со процесот на обновување на дотраените и распаднати фасади на најголемите згради за живеење. • Обновивме две згради со вкупна површина на фасадите од 10.700 метри квадратни. • Ги реновираме просториите на урбаните заедници, пензионерските катчиња, се грижиме за полесното движење на лицата за посебни потреби. Сето ова го правиме за жителите на Карпош и верувам дека тие се гордеат и секојдневно ги чувствуваат придобивките од сработените проекти. 6

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

БУНАРИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ

ТРОТОАРИ НА УЛ.ГИГО МИХАЈЛОВСКИ

ВОДОВОД ЗА БАРДОВЦИ

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


УШТЕ ЕДНА НОВА ФАСАДА ПАРТИЗАНСКА БР.81

НОВА ОГРАДА ЗА ОУ.ЈАН АМОС КОМЕНСКИ

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ.НОВОПРОЕКТИРАНА ВО ВЛАЕ

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА КРАК ОД УЛ.БУКУРЕШКА - ТАФТАЛИЏЕ 1

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ОУ.ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ

НОВ ПАРКИНГ ПРОСТОР ВО КАРПОШ 3 КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ ВО ОУ.ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

7


Реконструкции

КРПЕЊЕ УДАРНИ ДУПКИ НА КОЛОВИЗИТЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

НОВ ПОКРИВ ЗА ОУ.ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

ИЗГРАДБА НА ТОПЛОВОДЕН КАНАЛ НА УЛ.НОВОПРОЕКТИРАНА ВО ВЛАЕ

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ.ДЕМИР ТРАЈКО

НОВИ ТРОТОАРИ И АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ.ВАРШАВСКА 8

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

НОВИ ВРАТИ ВО ОУ.ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

ВЛАЈКО ДОБИ ЕСКАЛАТОРИ АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


НОВИ ПАРКИНЗИ ВО КАРПОШ 4

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛ.ВАРШАВСКА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ НА УЛ.ЖЕНЕВСКА

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ.ДРЕЗДЕНСКА

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ПАРТИЗАНСКА

АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ.ДАМАСКА КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

ТРОТОАРИ И НОВИ ПАРКИНЗИ НА УЛ.ИВАН АГОВСКИ

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

9


Три успешни приказни

Принцот на пишаниот збор

А

„ОД ПРАГМАТИЧНИТЕ ЕФЕКТИ, ДО ЕТИЧКИТЕ ДОБЛЕСТИ, НИЗ ПОВЕЌЕГОДИШНОТО ПРИСУСТВО НА КОЛУМНАТА НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ, ПОСТАПНО СЕ КОНСТИТУИРАШЕ ЕДНА ДУХОВНА ВЕРТИКАЛА ШТО ИЗРАСНУВА КАКО ВАЖЕН ЕЛЕМЕНТ ВО ТОПОГРАФИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРНА МЕМОРИЈА.“ ФЕРИД МУХИЌ

ко еден ден некому му текне да ги вреднува дострелите на локалната самоуправа во градските општини на Скопје и според бројот на умни луѓе во нив, без секакво сомнение, општината Карпош пристојно ќе профитира. Синтагмата „умни”, овде е употребена за оние наши и „нивни” сограѓани кои во своите професии и општествени сфери на делување стасале до височини достојни за вреднување според светски критериуми. Се разбира, тој факт не е според заслуга на локалната самоуправа, но таквите личности треба и ќе бидат почестени и со признанието истакнати граѓани на Општината. Во првата постава на истакнати граѓани на Карпош загарантирано место има писателот Венко Андоновски, универзитетски професор, педагог и колумнист, човек чие дело е веќе вградено во европското културно наследство. Количеството пофалби, изречени за неговото литературно творештво и човечко и интелектуално поведение, немаат соодветен пример во

Венко Андоновски, раскажувач, романсиер, драмски автор, поет, есеист, критичар, книжевен теоретичар,колумнист... роден е во Куманово на 30 мај 1964 година. Доктор е по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1990 година. Автор е на книгите: Нежното срце на варварот (поезија, 1986), “Квартот на лиричарите” (раскази, 1989), “Фрески и гротески” (раскази, 1993), “Азбука на непослушните” (роман, 1993), “Текстовни процеси” (есеи, 1996), “Ѕвоната на Матош” (студија, 1996), Структурата на македонскиот реалистички роман (студија, 1997), Три драми - “Словенски ковчег”, “Бунт во домот за старци”, “Адска машина” (1998), “Дешифрирања” (2000), “Папокот на светот” (2001). Добитник e на наградите: „Рациново признание“, прва награда за роман на издавачот „Зумпрес“ - Скопје, награда за најдобар драмски текст на Македонските театарски игри.

10

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

македонската литература и култура. Ваквиот суд, покрај останатото, потврда наоѓа и во исказот на Петре М. Андреевски, кој, онака повеќе за себе, пишува (признава): “Книга која со ист восхит (да не речам со ист лезет) може да се чита на сите меридијани... Венко Андоновски во романот “Вештица” ги урива сите стереотипи и со несмалена кондиција испишува антологиски страници, освојувајќи нови белетристички врвови. По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот „Вештица”, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал.” Самиот, Венко, како што дури и официјално му се обраќаат, вели дека пофалбите секако му годат, но дека во целост не ги дели сите искажани мислење за него и неговото дело, и додава, дека допрва треба да твори „со перо и со дело”. Тој, тоа навистина го мисли, бидејки ниту е лажно скромен, а уште помалку учтив, кога се во прашање измислени величини и глупоста. Потврда за тоа се неговите стотици колумни во кои тој тие две нешта, лажните величини и глупоста, ги делка со вжештен сатар, не осврнувајќи се дали се работи за академик или претседател на држава. Еве, и еден суд на Ферид Мухиќ за колумнистичкта филозофија на Венко: „Разгрнете ги вербалните паради, духовитите каламбури, сигурноста во расудокот, енергијата во иследувањата, и ќе ви се укаже пред очи „неговата вистинска Софија“. Мудроста во која е вљубен Венко Андоновскифилозофот е мудрост која не можам подобро да ја дефинирам отколку како патека што води кон особена способност за осознавање одредени пред-вербални, но во нас скриени вистини“. На нашето прашање што мисли за иницијативата „Истакнат граѓанин на Општина Карпош”, Венко вели: „Убава е секоја иницијатива со која ќе се истакне нешто што е вредно, што придонесува светот да биде поинаков и подобар, без оглед на средината во која „истакнатиот” живее и твори. Се разбира, јас сум почестен и благодарен што ќе бидам во друштво на такви мои сограѓани“.

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Насмевни се Делфина КОГА ЈА ЗДОГЛЕДАВ ОНАКА МАЛЕЧКА И НЕЖНА, НЕ МОЖЕВ НИ ДА ЗАМИСЛАМ ДЕКА ДВАНАЕСТ ЧАСА ПОТОА ЌЕ ПРОЧИТАМ ДЕКА ГО СТОРИЛА ТОА, ИЗЈАВИЛ ПЕНЗИОНИРАНИОТ МОРНАР РИД ЛЕНОН, ЕДЕН ОД НЕКОЛКУМИНАТА КОИ БИЛЕ СВЕДОЦИ НА НЕПОВТОРЛИВИОТ ПОДВИГ НА НАШАТА СОГРАЃАНКА АТИНА АТЕ (ДЕЛФИНА) БОЈАЏИ

А

тина Бојаџи, најславната хероина во светот на женското маратонско пливање, дамата што како од шега „му го зема скалпот“ на непредвидливиот Ла Манш. А куриозитетот да биде потполн, таа тоа го стори точно во ден и час, десет години по истиот подвиг на нејзиниот другар и пријател Нико Нестор, и тоа како прва „европејка од Балканот“. Заѕвонувам кај неа и ја прашувам дали има нешто за фалење, а таа ми возвраќа прашувајќи ме од каде дознав за тоа со што таа би се пофалила „сега и секогаш до крајот на својот живот”. И објаснувам дека за „седмата сила“ нема тајни. „Ништо полесно“, и велам, бидејќи како пасиониран ловец на необични нешта, за Атина -Делфина , знам многу нешта , па и тоа дека со благородните метали од кои се направени признанијата кои ги добила за безбројните спортски титули и подвизи може да се излее „Кипот на слободата“. Знам исто така, дека во далечната 1964 година, кога стана сензационална победничка на светската маратонска женска трка во Охрид, нејзината мајка (од која тој настан го криеле другарите и брат и Дики), на радосната вест која и ја донела некоја сосетка, возвратила со зборовите: „Знам дека победила мојата мала Ате, бидејќи цело утро и се молев на Светата Мајка Богородица“ . Во магливитото утро на Капри, кога беше стисната пмеѓу најдобрите светски маратонки немаше молитви од мајка и. Ате беше сама и во душата го имаше истото чуство како претходното лето на Охридскиот маратон. Непријатната треска траеше додека не скокна во ладните води на Средоземното море. Седумнаест часа подоцна, кога стаса на пешчената плажа во Наполи ја здогледа толпата на собрани луѓе, исто како во Охрид, само тогаш никој не го извикуваше нејзиното име, само и аплаудираа... Една година подоцна истата глетка можеше да се види на маратонската трка Саида- Бејрут кога малата Ате зад себе ги осстави најдобрите светски маратонки. Тогаш беше примена од Саудијскиот принц и дарувана како вистинска принцеза. Се разбира, тогаш таа беше далеку

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

од авантурата Ла Манш но токму тогаш беше јасно дека нема маратонска патека која Ате не би ја препливала али побргу од сите тогашни конкурентки. Ги евоцира спомемните нашата лауератка и секој од тие настани ги илустрира со фотографии, медали дипломи, а меѓу нив и златните одличја од маршалот Тито, Меѓународниот олимписки комитет, Пливачките сојузи на СФРЈ и Македонија, на МОК... Некои се добиени пред подвигот на Ла Манш а други по тој историски настан. Ја потсетив, дека на таа „лудост над лудостите “ , ја навел белградскиот новинар Драгутин Грегориќ, нејзиниот драг Бацко, дека тој бил иницијатор на нејзиниот „обид“, a и овозможил „Илустрована политика“ да и биде покровител за подвигот. Дека од Америка се вратила во почетокот на страшните деведесети години на минатиот век и тоа токму во сараевскиот пекол во домот на родителите на нејзиниот тренер и животен сапатник Мичо Видаковиќ. Ги спомав и деталите за тригодишната сараевска голгота, поединости околу „хичкоковската евакуација“ низ подземниот тунел на аеродромот Бутмир, за двократното ранување на синот единец , Новак... Знам дека помеѓу понудите да живее во Загреб, Белград и Скопје, таа без двоумење ја избрала својата татковина, Република Македонија. Поинаку и не можело да биде бидејќи, како што велеше , срцето не може да го лажете. Велеше исто така дека има моменти кога се кае што не размислила во избор на некои нешта, но дака „така било пишано. „Чекајте “, ме персира таа, „а од каде го занаете сево ова“? Ате, и велам, знам дека веруваш во Господ, дека зборуваш неколку странски јазици, дека си факултетски образована, филмофил и читач на убави книги, дека те саакаат Иван и Петар и нивните семејства, дека те заборавиле од МОК, дека она за рекордите, медалите и подвизите, а не само за Ла Манш, го знаат во управата на Општината Карпош и еве,те канат на една убава свеченост. Впрочем не секој, а и не се станува почесен граѓанин, така лесно и често. М.Р.

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

11


Херојот од „зад железната завеса”

Н

а 9 септември 1959 година, во 00.36 часот, ние тројца, Мигуел Гонзалес Лопез, од Мексико, Шпанецот Рудолфо и јас, тргнавме во битката со брановите на студениот Ла Манш..., ја раскажуваше Нико Нестор приказната за подвигот заради кој е добитник на високото признание почесен граѓанин на Општина Карпош. Улицата во која тој живее се вика Франце Прешерн, а се наоѓа во населбата Влае. Во некој друг град, во некоја друга (по)европска држава, таа или некоја друга улица, би го носела токму неговото име. Се вика Нико Нестор и тоа е оној, младиот човек, кој во далечната 1959 година го преплива Ла Манш, односно го освои водениот Монтеверест. Се случи тоа на 9. септември споменатата година, а лондонскиот „Тајмс” објави дека „денеска, за прв пат во неговата историја, каналот Ла Mанш го преплива Нико Нестор, пливачот од Југославија, зeмја зад железната завеса“. - Да, точно така пишуваше, ја имам таа статија, а текстот е вгравиран и на кристална плоча која минатата година ми ја врачија од Градското собрание на Довер во Англија, ни рече господин Нестор, пречекувајќи не пред портата на својата сејмена куќа.

Зошто лани? - Англиска традиција. Лани се навршија 60 години од мојот подвиг, а педантните Агличани водат сметка за сите нешта достојни на потомците на оние од „Империјата во која сонцето никогаш не заоѓа”.

Во врска со убавата иницијатива на локалната самоуправа на Општина Карпош, своите познати сограѓани да ги прогласува за почесни граѓани, која најверојатно ќе прерасне во традиција, дали сте запознаени дека сте кандидат за едно такво признание? - Да, не само што сум известен за тоа, туку сметам дека станува збор за иницијатива за секоја пофалба, за гест кој на некој како мене може да му значи духовна сатисфакција, а на секој млад човек може да му претставува поттик да живее и 12

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

да твори, како еден ден би го заслужил тоа високо признание, што е, според мене, многу позначајно и општествено полезно.

Голем број од тие млади на кои Вие мислите, тешко и дека слушнале за вас и за вашиот подвиг, и еве убава прилика да им се претставите на нив и на сите ваши сограѓани, да не потсетите на тоа што се случило тогаш. - Тогаш имав дваесет и седум години и бев успешен охридски пливач на сите патеки, а главниот настан е поврзан со еден текст кој десетина години пред тоа го прочитав во едно џебно издание „30 дена спорт во светот”. Во него беше опишан подвигот на Андерсон Коручо, односно препливувањето на Ла Манш. Тогаш, во мене се роди идеа да го сторам истото , но и самиот не можев да поверувам дека тоа навистина ќе се случи. Во летото 1958 година, придружуван од тренерот, професорот Александар Радиќ- Леко и од некои сограѓани на Охридското езеро , се испробував во маратонско пливање. Почнав да пливам од Горица до Охрид, потоа од Градиште до Охрид, а кога без напор ја испливав маршрутата од Свети Наум до Струга, бев сигурен дека можам да го остварам и својот стар сон, сврзан со препливување на Ла Манш. Треба да нагласам дека тогаш имав неподелена поддршка од луѓето од клубот„Охридски бранови”, но и согласност и поддршка од тогашната Влада на Република Македонија, без чија парична помош од Ла Манш немаше да има ништо. Но, за моја голема жал, при првиот обид кој се случи на 19 јули , временските услови не дозволија ние, 48 пријавени , а дојдени од 23 земји од светот, да го реализираме својот сон. Се разбира, јас не се откажував од намерата и благодарение на Бил Батлин, пребогатиот спонзор на белосветските авантуристи, останав во Англија уште 15 дена. На 9 септември во 00.36 часот, ние тројца , Мигуел Гонзалес Лопез од Мексико, Шпанецот Рудолфо и јас, тргнавме во битката со брановите на студениот Ла Манш. Стасав прв, каналот го препливав за 12 часа и шест минути и ми се чинеше дека имам сила тоа да го сторам и во обратна насока. Се потоа е историја на која со радост и возбуда се потсетувам во пригоди, како што е и оваа.

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

М.Р.

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ВО УЧЕБНАТА 2010-2011 СЕ ДОДЕЛЕНИ НА: ТОНИ ЈОРДАНОВ ДАВИД БОГДАНОВСКИ СТЕФАНИ СТОЈАНОВСКА СЕЛВИНАЗЕ СУЛЕЈМАНОВА БЛАГОЈА АНДОНОВСКИ БОЈАН СТОЛЕСКИ БЛАГОЈА СТОЈКОВСКИ МОНИКА ЃОРЃИЕВСКА ВИКТОР ЕФТИМОВ СТЕФАН МИЛЕВСКИ БОЈАН ТАНЕВСКИ ГОЦЕ СОФЕСКИ ЏЕМАИЛ ШАБАНИ ДИДЕМ ПАНЧАРЛИЕВА ЕЛЕНА РИСТОВСКА КИРИЛ АТАНАСОВ АНА ЧЕРЕПНАЛКОВСКА ВИКТОРИЈА ЛАЗОВА МИХАЕЛА СТОЈАНОВСКА АНДРИЈАНА ПАНДУЛОВСКА ЉУПКА НАМИЧЕВА ЕЛЕНА МЕРЏАНОВСКА ТЕОДОРА ЈОЛАКОСКА

АНЕТА ЌУПЕВА ФИЛИП БАКОЧ СТЕФАН СТАНОЕВИЌ ЕМИЛИЈА ДИМОСКА ЈАНЕ НЕШОВСКИ ЕЛЕНИЦА ХРИСТОВСКА АНАСТАСИЈА САРОВА ТЕО КАЛЕЈСКИ АТАНАСОВСКИ АНАСТАСИЈА ЗДРАВКОВСКА ИВОНА ЃОРЃИОВСКА ЕЛЕНА МИЦЕВА НЕНА ДИМИТРОВСКА ИГОР ТАШКОВСКИ МАРИЈА СТЕФАНОВСКА ФИЛИП КИТЕВСКИ МОНИКА НАКОВА АНИТА ФИЛЕВА АНТОАНЕЛА ФИЛЕВА АНТОАНЕТА ГЕЛЕВСКА МАРИЈА БОШКОВСКА ЈАСНА СТАНИСАВЛЕВИЌ БОРЧЕ ЈОВАНОВСКИ МАРИЈАНА КРСТЕВСКА

АНДРЕЈ СТЕФАНОСКИ СТЕФАН ПАСКОВ ДАВИД ДОНОВСКИ ТЕОДОРА ДЕЛОВСКА НАТАША ПАНЕВА ЕНИ ВУЧИДОЛОВА БОЈАН ЃОРЃИОСКИ ИВАН ВРТЕВ МАРТИН ВЕЛКОВСКИ ИВАН КОСТОВСКИ ТЕА МИЛОШЕВСКА НИКОЛАЈ АПОСТОЛОВСКИ ЛЕОН ГУЦУЉ АНДРЕЈ ТАСЕВ АНДРЕЈ НЕДЕЛКОВСКИ ИВОНА АПОСТОЛОВСКА ГОРДАН ДОМАЗЕТОВ МАРИЈА САЗДОВСКА АНДРЕА АНГЕЛОВСКА АНДРЕЈ БОЖИНОВСКИ СТЕФАН БОЖИНОВСКИ НЕНАД СТОИЛОВ МАТЕЈ ДИМИТРОВ

Со дефиле против ракот На 2 октомври, по повод Денот на борба против ракот на територијата на Општина Карпош се одржа хуманитарна трка со велосипеди на релација од гимназијата „Никола Карев„ до гимназијата „Орце Николов“. Ова велосипедско дефиле беше дел од глобалната заедничка акција Livestrong која промовира начин на живеење без канцерогени болести. Организатор на настанот беше невладината организација Qlio (Организација за подобрување на квалитетот на живеење). КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

Во вечерните часови во МКЦ, во Клуб ресторанот, се одржа и пригоден прием на кој се зборуваше за сите аспекти за подобрување на животот на заболени од карцином. На почетокот на дефилето се обрати градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски, а од страна на Qlio, г-ца Татјана Мартиноскалов кои заедно со граѓаните-поддржувачи на оваа хумана манифестација АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

ја извозеа „патеката на здрав живот“. Велосипедското дефиле стартуваше во 11 часот од улицата „Никола Русински“ бб (пред гимназијата „Никола Карев“) а заврши на крајната цел, пред гимназијата „Орце Нико “ на улицата „Илинденска“. 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

13


Најдобрите во фокусот Локалната самоуправа на нашата општина направи вистински потег одлучувајќи да им даде поголем простор на младите во програмите кои се остваруваат, и да ги поттикне, сите талентирани и амбициозни сограѓани од помладата популација. Оттаму, втора година по ред Општина Карпош доделува стипендии на талентирани ученици и спортисти, а дава финансиска поддршка и на спортски клубови. И покрај тоа што честа и признанијата, како и стипендиите ги заслужуваат сите поддеднакво, сепак направивме разговор со неколку од годинешните стипендисти, од кои побаравме накусо да им се престават на нашите сограѓани и на читателите на Урбан. Да раскажат за заслугите врз основа на кои ја добија финансиската поддршка во Општината, како и за тоа што ги мотивира да бидат најдобри, и што споменатава награда ќе значи за нивната иднина, работата, учењето и животот: АНТОАНЕЛА И АНИТА ФИЛЕВИ

Добри ученички, успешни спортистки, надежни музичари Анита: Ние сме осмооделенки во ОУ „Војдан Чернодрински”, одлични ученички сме и може да се рече дека сме сестрани млади девојчиња кои, покрај учењето, сериозно се занимаваме со спорт и музика. Тренираме одбојка, одиме во музичко училиште каде, јас конкретно, веќе седум години вежбам свирење клавир. Зачленети сме во фолклорно друштво и двете посетуваме курс по странски јазици (англиски и германски)... Антоанела: Кога велиме дека сериозно сме посве-

тени на наброените работи, треба да истакнеме дека во сите овие области, за покажаното знаење и умеење ,имаме освојувано награди и дипломи... На тој начин ги исполнивме условите на конкурсот и сметаме дека оваа награда ќе ни биде уште поголем поттик и понатаму да бидеме најдобри во учењето, како и во воншколските активности. Анита: На прашањето што ни е мотивот, јас би рекла дека е тоа желбата да се научи се што може да се научи за светот и нештата што го сочинуваат и притоа во сите тие нешта да се ужива... И двете признаваат дека имаат свои симпатии, дека понекогаш и ќе се скараат, но дека лутината кратко трае и она најважното, се пофалија дека во сиве овие работи имаат целосна поддршка од родителите.

Игор Ташковски: Првенец со кларинет - Се викам Игор Ташковски и ученик сум во VIII1 одделение во основното училиште „Братство”. Можам да се пофалам дека сум одличен ученик,а во претходните две години бев прогласуван за најдобар ученик во нашето училиште. Истовремено, веќе седум години го посетувам музичкото училиште „Илија Николовски-Луј”, каде што најпрво учев да свирам саксофон, а сега интензивно вежбам кларинет. Извесно време сум член на фолклорното друштво на КУД „Цветан Димов“. Инаку, сум учествувал на повеќе натпревари. На натпреварот од меѓународен карактер кој се одржа во Пожаревац, Република Србија, во силна конкуренција го освоив второто место. Исто така спортувам, играм фудбал, голман сум на училишната селекција. Се занимавам со фотографија и деновиве, на фото конкурсот што беше распишан од нашата општина, добив диплома. Глумата е, исто така, мое хоби, а во меѓувреме се зачленив и во феријалниот сојуз. 14

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

- Сметам дека секој може да биде успешен во секоја работа ако истата ја сака, ако ја работи со љубов. Исто така, многу е важно при тоа да се има поддршка од родителите, бидејќи речиси сите вон училишни активности се поврзани со финансиски трошоци. Токму заради тоа, стипендијата што ја добив од Општина Карпош, ќе ми биде од голема помош и е вистински поттик и во иднина да ги постигнувам најдобрите резултати не само во учењето, туку и на други полиња. - Значи, нема поголема мотивација од сознанието дека некој е заинтересиран за младите кои постигнуваат добри резултати, како што е случај во нашата општина. Колку што ми е познато, во другите општини сеуште не постои таква практика и затоа сум посебно благодарен.

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Руфат Лимановски: Ветувам дека и натаму многу ќе учам Се викам Руфат Лимановски, одам во седмо одделение во ОУ „Аврам Писевски”. Живеам во населбата Злокуќани, имам мајка, татко, сестра и брат. Добар сум ученик, играм фудбал и кошарка и ги слушам наставниците. Од предметите најповеќе ги сакам англиски јазик и физичко и сакам да изучам за почеток за тишлер. Сакам да правам убави сто-

лици, маси и шифоњери, но ако продолжам добро да учам, можеби ќе одам уште понапред. Многу сум радосен поради стипендијата од Општина Карпош. Градоначалникот го запознав при една негова посета на нашата населба, кога ми купи банани и чоколадо, и тогаш му ветив дека ќе бидам добар ученик, исто како и на моите родители. Ветувам дека и понатаму ќе учам добро бидејќи ако си добар, те сакаат и ти даваат награди.

Симона Заборска: Убавица во кимоно Ја сум ученичка во втора година во гимназијата „Георги Димитров“ и стандардна реперезентативка на Македонија во карате. Тренирам во карате клубот „Макпетрол“ цели десет години и за тоа време имам настапувано на големи домашни и меѓународни натпревари, на европски и свестки првенства. Првиот медал го имам освоено на осумгодишна возраст и речиси немало натпреварување на кое сум учествувала, а да не освојам медал. Најдраги ми се сребрниот медал од Златната лига во Милано и бронзениот на ЕП во Истамбул. Последните шест години сум државен првак, стипендист сум на матичниот клуб и задоволна сум од условите и третманот кој го имам во клубот и во репрезентацијата. Со посебно задоволство морам да нагласам дека сум среќна што живеам во општина во која конечно почна да се обрнува внимание на млади и талентирани спортисти. Оваа парична помош ми е добродојдена

и ќе ми биде додатен поттик да бидем уште подобра во учењето и во спортот. Ја користам оваа пригода да му се заблагодарам на градоначалникот Стевчо Јакимовски кој има разбирање за потребите на спортистите, но и за адекватно наградување на оние што постигнуваат врвни резултати. Мене никогаш не ми недостасувал мотив за занимавање со каратето, можеби и поради фактот што тако ми е учител и што овој спорт го засакав уште како малечка. Сега сум веќе свесна за привилегиите што ги носи статусот државен репрезнтативец и државен првак и ќе продолжам да тренирам уште повеќе. Со нетрпение го чекам државното првенство во ноември и посебно Европското првенство што во февруари идната година ќе се одржи во Нови Сад.

Марјан Соколовски: Тренер на Пливачки клуб „Акватик” Пливачкиот клуб „ Акватик “ е формиран 2002 година и може да се пофалиме дека заклучно со оваа година кај нас пливачката школа со успех ја завршиле околу две илјади деца, а меѓу нив имаме четириесет кои се стекнаа со статус натпреварувачи. Важиме за олимписки пливачки клуб, бидејќи нашиот член Михајло Ристевски беше учесник на олимпијадата во Пекинг, а Дамјан Петровски и Сандра Иванова се рекордери и официјално најдобри пливачи во Република Македонија за 2009 година. Постојано имаме кусок на материјални средства и со жалење можам да констатирам дека Пливачката федерација и Агенцијата за млади и спорт и понатаму најмалку средства издвојуваат за пливањето. Најмногу средства одат за ватерполо репрезентацијата. Паричната награда, или помош, што веќе втора година ја добиваме од Општината Карпош е КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

еден од показателите дека сме успешен спортски колектив. Бидејќи клубот е регистриран на територијата на оваа општина, на некој начин, нашите резултати се воедно и успех на општината чие раководство знае да ги вреднува и да ги стимулира успешните спортски клубови и спортисти. Ја користам оваа пригода, во името на сите во пливачкиот клуб „Акватик“, најискрено да и се заблагодарам на локалната самоуправа, а посебно на градоначалникот Стевче Јакимовски, бидејќи благодарејќи на нивното разбирање и финанасиска поддршка, ние успеваме да ги подмириме основните трошоци неопходни за егзистирање на клубот. Тоа значи дополнителна мотивираност за да бидеме уште подобри како спортски колектив, но и во поединечна конкуренција, е паричната помош што ја добиваме од раководството на нашата општина. Миле Раденковиќ

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

15


Културно лето 2010 ОСВРТ ЗА КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО 2010

Ризница за културни сладокусци ПИШУВА: КУЛТУРЕН УРЕДНИК И АКТЕР ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ Ако сакаме да го резимираме „Карпошовото културно лето“ мислам дека треба да почнеме од самиот крај. А тоа е концертот на Кемал Монтено кој се одржа на новото спортското игралиште во дворот на училиштето „Кристијан Тодоровски Карпош“, популарно наречено „Сокол“. Овој музички хепенинг, на кој настапија и еминентните македонски естрадни уметници Андријана Јаневска и Александар Митевски, беше всушност вистинскиот епилог на целото културно лето. Зошто го велам ова? Пред се поради одличната интерпретација на познатиот естраден уметник, неговата придружба, нашите уметници,

МАСОВНОТО ПРИСУСТВУВО НА КУЛТУРНИТЕ НАСТАНИ, РЕАКЦИИТЕ, АПЛАУДИРАЊЕТО И ВООДУШЕВУВАЊЕТО ЗБОРУВААТ ЗА ФАКТОТ ДЕКА ВО КАРПОШ ЖИВЕАТ ВИСОКОМОРАЛНИ, КУЛТУРНИ, ЕДУЦИРАНИ И ИНТЕЛЕКТУАЛНО БОГАТИ ЛУЃЕ

ЗАТВОРАЊЕ НА КУЛТУРНО ЛЕТО 2010 - КОНЦЕРТ НА КЕМАЛ МОНТЕНО 16

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


потоа прецизната маркетиншка и организациона подготовка, обезбедувањето на самиот настан кој функционираше беспрекорно, и можеби најбитното, масовната посетеност која изразена во бројки беше околу 3.000 посетители. Сето ова го истакнав бидејќи тоа беше всушност општиот впечаток за ова културно лето, кое, мислам дека и по квалитет и по квантитет го надмина и претходното . Целиот уметнички опус , што имавме прилика да го видиме од 13 август до 15 септември, обилуваше со единствени сли-

кестар“, „Аутмајнд“, „Љубојна“, квартетот „ Омниа“, Александра Пилева, Амон Ра, Квинтетот на соништата (Мерима Његомир, Екстра Нена, оперските пејачи Оливер Њего, Ранко Јовиќ, предводени од професорот Никола Рацков), кои беа едно куриозитетно гостување од странство, како и „Митан проект“. Важно е да се одбележи изборот на новите просторни амбиенти, каде што се одржуваа манифестациите, како платото кај „Млечниот ресторан“, платото кај Катастарот, игралиштето „Сокол“ и други простори,

ТОНИ КИТАНОВСКИ И ЧЕРКЕЗИ

разувам само голема благодарност за сите што овозможија, ова културно лето да помине беспрекорно и на задоволство на сите граѓани од Општина Карпош. Она што на крајот сакам да го истакнам е публиката, односно граѓаните на нашата општина, кои масовно присуствуваа

КВАРТЕТ ОМНИА

КОНЦЕРТ НА ЉУБОЈНА

LILIT VERSUS & AMON MRA карски колонии(акварелисти од светот),ликовни изложби, работење на слики и скулптури во живо, филмови (играни и краткометражни), театарски претстави. Се бараше билет повеќе за „Спиноза“,монодрамите беа посебно доживување, имаше и промоции на книги,танцување, детски хепенинзи и на крајот најмасовната , музичката уметност изразена со класична, забавна, изворно народна (етно) музика. Не би сакал да бидам субјективен, но не можам да не ги споменам извонредните музички настапи на „Черкези орКАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

ТОНИ ШУЛАЈКОВСКИ со што се овозможи повеќето жители од разни делови на Општината да имаат поблизок пристап до културните случувања. Но сето ова не можеше да се оствари вака професионално и квалитетно ако зад него не стоеше екипата вработени и ангажирани за организација на целата манифестација. Не би сакал да спомнувам имиња, сигурно ќе згрешам, затоа изАВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

СИМОНИДА КИТАНОВСКА речиси на сите културни настани, а нивното однесување , реагирање, аплаудирање и воодушевување зборува за фактот дека во Карпош живеат високоморални, културни, едуцирани и интелектуално богати луѓе. Ова треба уште повеќе да ги инспирира градоначалникот, Советот и Комисијата за култура на Општина Карпош да продуцираат уште побогато уметничко културно лето догодина. 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

17


Разговор со повод ПЕТ ДЕЦЕНИИ ОД ТВОРЕШТВОТО НА АКАДЕМСКИОТ СЛИКАР ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ

Фасцинацијата е мојот избор МЕНЕ СЕГА, ОД ОВАА ПОЗИЦИЈА МИ Е ЛЕСНО ДА ЗБОРУВАМ ЗА ТВОРЕЧКИОТ ПОРИВ, БИДЕЈЌИ ЗЕМАМ ЧЕТКИЦА, ЗАСТАНУВАМ ПРЕД ПЛАТНОТО И ЗАПОЧНУВАМ, ТАК, ТАК, ТАКА, УШТЕ МАЛКУ, УШТЕ ОВДЕ, ТАК... ДОБРО И ГОТОВО. НЕКОГАШ НЕ БЕШЕ ТАКА. ИМАШЕ ЧКРТАЊЕ, ПРЕПРАВАЊЕ, КИНЕЊЕ... ВЕЛИ НАШИОТ СЛАВЕН СОГРАЃАНИН, СЛИКАРОТ ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ „Оваа изложба е празник за Македонија, половина век од работата на еден уметник како Чемерски, изложба која одбележува и цела една епоха во историјата на нашата националност. Недостижната цел на оваа изложба е да покаже што се уметникот творел во текот на целиот свој живот. Велам недостижна, затоа што опусот на Чемерски е толку голем што не може да се собере во двата големи амама. Покрај оригиналните дела кои го посочуваат развојниот пат на нашиот уметник и ги одбележуваат неговите врвови, тука се и фотографиите и репродукциите на двете ремек дела на Чемерски, споменикот на слободата во Кочани и мозаикот од претседателската палата на Водно “. Со импресија од овие зборови на академик Митко Маџунков, искажани од неодама, при отворањето на големата ретроспективна изложба на еден 18

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

од најголемите живи македонски сликари, Глигор Чемерски, се искачувам кон неговото атеље. А, повод е прославата на Денот на нашата Општина, и сосема е примерен на реномето на нашиот сограѓанин, кој разбирливо, ја ужива и привилегијата на нејзин „Истакнат граѓанин“. Работата ми е олеснета бидејки со маестро Чемерски долго се познаваме и муабетот сме го вкрстувале по разни поводи, но најчесто по отворање на некоја изложба; неколку пати во друштво на неговиот драг колега и пријател Момо Капор. Додека тој го подготвува кафето и ме нуди со тутун, дискретно ѕиркам во просторот исполнет со слики- повеќето свртени наопаку и наредени како книги во некоја библиотека кога се реновира. На прашањето, какви асоцијации кај него предизвикал настанот - ретроспективна изложба (со што за животот ретко може да се поАВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

фали некој уметник), Чемерски бавно се свртува кон мене, и вели: “Па, се соочив со двете нешта, најпрвин дека сум дотуркал до уметничка слобода за која во младоста не сум ни сонувал, а второ, дека сакал, нејќел, се свртуваш кон календарот и богами, почнуваш да се допираш за половината, оти ти текнува дека имаш седумдесет години, од кои педесет ти се впишани како творечки. Се разбира, ако се мери според Личеноски, Пандилов и Мартиновски, тоа треба да биде нешто многу значајно, но, она што јас го знам е тоа дека тие тогаш живееја со привилегии на големи уметници. Јас сеуште живеам студентски. Малку се шегувам со стварноста и со себе, но поинаку не може да биде бидејќи и уметникот ја дели судбината на амбиентот во кој егзистира... На мојата забелешка дека веројатно ретроспективната изложба дефинитивно морала да го ослободи од суетата која , сакале тие или не, ги следи големите творци , мојот домаќин возвраќа со куса слика од својот животопис: „Јас ја имав таа среќа како почетник да бидам наградуван и пофалуван , така што на време ги преболев многуте болки, па и суетата, која може, посебно кога си млад, да те надуе до пукање, а потоа од уметноста нема ништо. Згора на тоа, не ги бројам годините, со радост сликам, поточно сликањето не ме мачи мене, а ниту јас него, туку уживаме во своите слободи”. Пиејќи го кафето, „забегавме” во политичка филозофија за нештата што не опкружуваат последниве дваесеттина години, и која овде ја скокам заради просторот, а која заслужува внимание, бидејќи маестро Чемерски како вистински ерудит, презен-

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


тира размислувања и поентира дека „човекот егзистира помеѓу политиката и уметноста, каде првото значи амбиција, а второто фасцинација, а во судирот помеѓу тие две нешта фасцинацијата, односно уметноста, секогаш губи, останува поразена. Амбицијата е секогаш блиску до агресивноста, а фасцинација е восхит”, вели, меѓу другото, нашиот уметник. Молчешкум, си го признаваме поразот, а патетиката ја бркам поттикнувајќи го да ми зборува за творечкиот порив кој за последица има уметничко дело на кое ние му се восхитуваме. - Е, убаво кажано, ама за да се стаса до него, мора да се поминат многу скалила. Мене сега, од оваа позиција ми е лесно да зборувам за творечкиот порив, бидејќи земам четкичка, застанувам пред платното и започнувам, так, так.., така, уште малку, уште овде, така... добро, и готово. Некогаш не беше така. Имаше чкртање, преправање, кинење... Доаѓаш до едно скалило, до оној сантиметар над летвата, ама не оди, но кога еднаш ќе скокнеш сантиметар повеќе од „нормалното” настапува творечка радост, фасцинација, слобода. Реторика на „белградски ѓак”, му велам на маестрото Чемерски и го прашувам дали е точно дека тој епитет во светот на ликовните уметници има тежина рамна на оној што за филмаџиите го има поимот „прашка школа”. И, има вели, а потоа со нескриена восхит зборува за почетокот на шестата деценија на минатиот век, кога низ густото приемно сито на белградската ликовна академија, помеѓу петстотини кандидати , меѓу триесет и двајца примени, поминале дури петмина Македонци. „До тогаш патот од Скопје, на север кон Белград, главно беше во една насока. Со мојата генерација патеката стана двонасочна ,така што ние, Богомил Ѓузел, Влада Урошевиќ, Старделов... и тие по нас, во Скопје го донесовме КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

и го посејавме европскиот дух, Станува збор за апсурд , но јас потврдувајќи си себе си и на дру- нема да си дозволам да се жалам, гите дека Македонија експлозив- а во врска со тој поим, со славано излегува од зачмаеноста на та, на пријателите им велам дека овој простор. Овде го цитирам ќе почнам да се бранам од неа. исказот на мојот пријател Данило Имено, ви благодарам, доста ми Киш со кој другарував во Белград е слава, дајте ми малку она од и многу повеќе, во Париз... што се живее. Но, време е да се Ние во Белград го слушавме напиеме нешто, вели уметникот, Сартр, другарувавме со Данило оставајќи така простор за некоја Киш, Момо Мапор, Драгош нова тема. И така, стасавме до К а л а ј и ќ , Констатиновиќ, со оние кои зад себе оставија неизбришлива трага во сферите на своите животни преокупации, кои подготвуваа поинаква, европска иднина на својата татковина... Ако е Белград најкратка врска со европската фасцинација, што тогаш за Глигор АПОКРИФ СОНЧЕВ, 1997, МАСЛО НА ПЛАТНО, 50Х68СМ Чемерски е Париз во творечка и животна поводот за нашата средба, се смисла? - Што може да биде разбира, и за ова писание. освен фасцинација, во секој по- Глигор Чемерски е истакнат глед. Јас во градот на светлината граѓанин на Општина Карпош, за прв пат бев во 1962 година и што е своевиден куриозитет во таму останав еден месец, сосема локалната самоуправа во нашадоволно трајно да се поврземе. А та држава, ако се има предвид фасцинацијата е во тоа што таму постапката за некој да се удово светската престолнина на ли- стои со таква почест. - Да тоа е ковната уметност добив прилика чест и за тоа сум му благодарен со рака да го допрам она што сум на актуелниот градоначалник, го гледал како репродукција. Со Стевчо Јакимовски, кој на дело тоа чепкање на генијалните дела покажува дека егзистенцијата ќе допревме дел од духот што во една средина каква што е оптие го имаа во себе и така ќе го штината, не се сведува само на поттикневме оганчето во нашата комуналии и зеленило, туку дека духовност. во неа живеат луѓе кои духовно ја Соговорникот ме прекорува што облагородуваат својата средина. пред прашањето за уметникот Впрочем, гола е вистината дека и славата, го ставам епитетот големината на нечие дело не е најголем жив македонски сли- ништо друго туку неговиот одраз кар, можеби заради балканската врз средината, поточно врз оние нелогичност во вистината дека кои живеат во неа. зборот „слава” овде нема допир Миле Раденковиќ со соодветната егзистенција. АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

19


Локален економски развој

„Ем умеам, ем можам” - традиција „Ем умеам ем можам” е традиционална манифестација која е од големо значење како за жителите на Општина Карпош така и за сите промотори на бизнис секторот кои сакаат да ја истакнат важноста на македонските брендови и воопшто производството во нашата општина. Првата година партнери во организацијата и имплементацијата на манифестацијата беа Националниот совет за претприемништво и конкурентност и Проектот за кластери на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), а оттогаш наваму Општина Карпош ја презеде организацијата самостојно, како носител и покровител на манифестацијата. Традиционално локацијата каде што се одржува манифестацијата е паркинг просторот кај Т.Ц. Лептокарија каде се поставуваат специјално изработени штандови за оваа намена, а на учесниците им се остава простор за креативно уредување на штандот и самостојно да влијаат во привлекување на посетителите. Со ова се остварува презентација, дегустација и

20

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

продажба на македонските производи по промотивни цени. Досега на оваа манифестација, учествуваа македонски производители од прехранбената и текстилната индустрија, информатичката технологија, туризмот, занаетчиството и земјоделството. Новитет оваа година беше претставувањето на дистрибутерите на нови возила, чии салони се наоѓаат на територија на Општина Карпош. Манифестацијата започна со програма за најмладите – настапот на Дарко Мијалковски и Супер Ѕвезда, продолжи со настапи на познатите уметници како што се: Диџеј Бабура, настап на Група Омниа, Емилија Цветковска, Димче Мешковски и Емин Унџел, Бојана Атанасовска, Next Time, Дани, Влатко Лозановски,South Park и настап на МКУД „Цветан Димов“. И оваа година беа обезбедени бесплатни прегледи за срце со ЕХО,ЕКГ и Крвен притисок од Специјалната болница за хируршки болести – „Филип Втори“.

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

21


во Општина Карпош ИНТЕРВЈУ: ЕМИЛИЈА МИЛАДИНОВА АВРАМЧЕВА

Карпош на странците треба да им стане втор дом • ГОСПОЃО МИЛАДИНОВА АВРАМЧЕВА, КОЈ ВИ БЕШЕ МОТИВОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЕДЕН ВАКОВ КЛУБ? Moтивот за формирање на Интернационален клуб во Македонија произлезе од мојот речиси петгодишен престој во Женева, како сопруга на амбасадор и постојан преставник на Република Македонија при Канцеларијата на Обединетите Нации во Женева, Светската трговска организација и другите Меѓународни организации. Во споменатиот период имав можност да учествувам на голем број културни и хуманитарни манифестации организирани од страна на сопругите на дипломатите на Швајцарија, во соработка со МНР на Швајцарија и локалните фактори. Оваа комуникација и дружење ми овозможи запознавање на културните, општествените и историските вредности на земјата домаќин, а мојот престој во ЖеневаШвајцарија да остане запаме22

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

тен засекогаш. Потикната од ова, неколку месеци по моето враќање во Македонија, како претседател на тукушто формираната невладина организација „Добредојде” Macedonia Welcome Centre, иницирав средба со градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стевчо Јакимовски, кој покажа потполно разбирање за моите идеи. Реализацијата на оваа иницијатива кулминираше со инагурација на Интернационален клуб при Општина Карпош. • КОИ СÉ СОДРЖИНИ ЌЕ БИДАТ ЗАСТАПЕНИ ВО НЕГО? Невладината организација „Добредојде“ Мacedonia Welcome Centre која всушност раководи со овој клуб, има за цел да да им пружи практична помош на странците кои живеат и престојуваат во Македсонија во нивно побрзо АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

прилагодување и интегрирање во опшествено-културниот живот. За таа цел во клубот ке се организираат разни активности: - Помош и асистенција во изучување македонски јазик , фолклор и култура - Запознавање со тајните на македонската кујна - Организирање на конференции, дебати и тркалезни маси со истакнати македонски научници, уметници, интелектуалци и други. - Организирање и посета на познати историски и културни знаменитости - Организирање на рекреативни излети и спортски активности. - Меѓународна културна соработка и овозможување на презентација на странската култура, историја и традиција. Сите овие активности ќе бидат насочени кон промоција и афирмација на македонската 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


историја и култура, а се со цел да предизвика позитивен однос на странците кон нашата држава и народ. • ДАЛИ ВЕЌЕ ИМАТЕ ПРВИЧЕН FEED BACK ОД СТРАНЦИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА? Мојот впечаток е дека странците во Македонија се желни да научат што повеќе за нашата земја историја и традиција. Скоро да непознавам странец кој не се обидува да добие елементарно знаење на македонскиот јазик , а има и такви кој сериозно го говорат. Информацијата дека постои Инернационален клуб кој е наменет токму за нив, за нивна анимација и дружење, е примена со големо задоволство. Иако функционираме само неколку недели интересот за активностите организирани во клубот секојденевно се зголемува. • ДАЛИ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПОДДРШКАТА ШТО ВИ ЈА ПРУЖИ ВО ОВАА ПРИГОДА ОПШТИНА КАРПОШ И ДАЛИ И НАТАМУ ЌЕ СОРАБОТУВАТЕ? Формирајќи го Интернацио-налниот клуб, во соработка на невладината организација „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre, Карпош стана првата општина во Република Македонија која недвосмислено и јасно им даде на знаење на странците кои живеат и работат во Македонија дека се грижи за нивната анимација и адаптација во новата средина. Благодарение на Општина Карпош и Градоначалникот г-ин Стевчо Јакимовски, од сега па натаму тие ќе имаат свое катче, каде ке можат да се среќаваат, дружат и соработуваат. Многубројните активности организирани како во клубот, така и надвор од него (преку посета на разни културни знаменитости како цркви, манастири, археолошки локации, природни убавини) ќе им овозможат што подобро запознавање со нашата држава, и со македонските граѓани како гостопримливи и добронамерени кон странците кои живеат, работат или пак само престојуваат во Република Македонија. Странците и „Добредојде“ Мacedonia Welcome Centre се многу задоволни и неизмерно благодарни на општината за покажаната грижа, и условите за работа овозможени во просториите на клубот. Тоа уште повеќе ги потврдува желбите и ги зајакнува очекувањата, дека нашата взаемна соработка ќе биде плодна, успешна и долгогодишна. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

УЧИЛИШТЕ ЗА МУЗИКА И ДРУГИ УМЕТНОСТИ

ПијаноФОРТЕ Со пригодна музичка програма на професорите и нивните пријатели, како и прием по повод првиот школски ден, почна со работа Училиштето за музика и други уметности „пијаноФОРТЕ“. „ пијаноФОРТЕ “ е прво приватно училиште во Општина Карпош со вака широк опсег на уметнички области – од музика, како основна дејност па се до актерство, ликовно воспитување и - творечко пишување. Поинаквиот пристап кон учењето инструмент и бавењето со актерство, ликовна уметност и творечко пишување, збиено во мотото „СЕКОЈ МОЖЕ, САМО АКО САКА“ во „пијаноФОРТЕ“ привлече дури и такви имиња како светски познатиот свирач и изумител на ШИШЕФОНОТ, мајсторот Зоран Маџиров и секогаш немирниот по дух и сериозен во пристапот на се што прави, актерот, театарски режисер и продуцент - Љупчо Тодоровски-Упа. Учениците ќе можат да бираат помеѓу десетина инструменти, повеќе начини на групно музицирање и различни пристапи на актерското мајсторство и ликовни техники. Основачи на „пијаноФОРТЕ“ се нашите и во странство признаени педагози –пијанистот со подипломски студии во Австралија и десетгодишниот успешен управител на училиште за пијано, г-ѓата Виолета Стефановска- Шуковиќ и професор Марина Чадо, виолинистка со диплома на еден од најдобрите светски школи за музика, престижниот Конзерваториум Петар Илиќ Чајковски од Москва, и таа децениски предавач и директор на музичко школо во странство.

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

23


Репортажа

Слики од Шведска Еден месец во туѓа држава може ама и не мора да е доволно време да се стекнат импресии кои заслужуваат да бидат споделени со пошироката јавност. И покрај тој ризик, јас сепак се одлучив на таков чекор. А Шведска, ќе си признаеме, не е која било земја. Во времето на поранешната држава не учеа дека Шведска е држава која најбргу ќе го достигне императивот на праведна и социјална држава. Денес, по толку години, се уверив во оваа своевидна догма пласирана во време на комунизмот.

Слика 1: Животен ритам Првиот впечаток одејќи по улица во Лунд е дека никој никаде не брза, а секаде и секогаш на време стигнува. Сообраќајот е посебна приказна. Таму пешакот е господар во сообраќајот пред кој и боговите молчат, а моторните возила сопираат и даваат предност и во случаи кога пешакот не ги почитува сообраќајните правила. Таму нема свирење, нема пикање преку ред, нема чкрипење со гуми. Додуша еднаш видов и такво нешто, ама според изгледот на возачот, тврдам дека не стануваше збор за Швеѓанин. Сигурно беше некултивиран дојденец. Сликата за беспрекорниот сообраќај ја дополнуваат илјадниците велосипеди кои се бездруго главното превозно средство низ населените места. И тие се движат по некоја рутина која е огледало на животниот ритам. Чуден е тој ритам кој апсолутно се совпаѓа со климата во оваа скандинавска земја. Веројатно, вообичаено облачното време има сериозно влијание врз ваквиот табиет на Швеѓаните кој трендовски може да се нарече cool. Таквиот впечаток од улицата ќе го препознаете и на работното место каде повторно нема брзање по ходници, нема тензија, а работите се завршуваат квалитетно и на време. Еден пријател ме праша дали чувствувам промени по три години од моето последно доаѓање. Му одговорив дека имам впечаток оти времето овде стои. Што знам! Можеби тоа е добро, можеби така треба, можеби промените може да тргнат во несакан правец.

24

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

Слика 2: Скромност

Никако не можам да се отргнам од впечатокот дека Швеѓаните се скромни луѓе. Можеби најскромни што сум ги сретнал, а богами повеќе од половина свет сум прошетал. Еве неколку аргументи во тој правец. Ако се загледате во облеката на луѓето на улица, ќе забележите дека станува збор за нешто неупадливо, нешто скромно, а пристојно. Ако влезете во продавница за облека, ќе се соочите со истата слика. Малку модели, боите далеку од трендовски, а сепак сето тоа изгледа некако скромно и пристојно. Дури имам впечаток дека најдотерани во Шведска се постарите госпоѓи кои можете да ги видите нашминкани, во фармерки или со свечени здолништа. Не е поинаку ни на работното место. Јас не успеав да сретнам ниту еден колега - универзитетски професор кој се перчеше во костум. Напротив, сето тоа е неформално и скромно. Впрочем, како и студентите. Скромноста ќе ја забележите и кај изборот на велосипедите, моторните возила, па и домовите.

Слика 3: Социјална правда Во Шведска одамна нема гладни, жедни, боси и бездомни. Државата воспоставила систем во кој секој граѓанин е социјално згрижен, а доколку сака да има повисок животен стандард, ќе треба и да работи. Но, овој систем заради големиот број на доселеници полека почнува да слабее, особено во услови на глобална економска криза во која приливите во државните буџети се значително намалени. За еден месец во шведските градови кои ги посетив не наидов на ниту еден питач или човек кој бара храна од контејнери. За разлика од Шведска, во Копенхаген, кој е на 30-ина километри од Малме, а 50 од Лунд, видов неколку луѓе кои молеа за помош. Иако и Данска е развиена земја, таму нема такво ниво на социјална правда како во Шведска.

Слика 4: Конкуренција и квалитет Нешто што особено се цени во оваа земја се беспоштедната борба за квалитет. Имено, се што се произведува и се нуди како производ или услуга,

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


независно дали станува збор за техника, храна, конфекција, транспорт, здравствени услуги или образование, мора да биде со врвен квалитет. Таму нема да видите расипани земјоделски производи на пазар, нема да видите стар и валкан автобус или воз, нема да видите облека со фалинка по пониска цена, а нема да најдете ни студент на кого студирањето му е хоби. Ова последното го почувствував на своја кожа како поканет предавач на еден од најпрестижните универзитети во светот, Универзитетот во Лунд. За да имате претстава за што станува збор, само ќе направам една споредба. Лунд и Упсала во Шведска се исто што и Кембриџ и Оксфорд во Англија. Авторот на текстот имаше чест да предава на Факултетот за инженерство на 20 странски студенти избрани помеѓу 400 кандидати, потоа на 12 шведски студенти и 5 студенти од ЕУ поддржани со програмата Еразмус. Секое предавање беше вистински предизвик ако се знае дека пред Вас имате една вака селектирана и квалитетна студиска група составена од студенти скоро од цел свет. Ако на ова го додадете и фактот дека академскиот кадар на Универзитетот го сочинуваат врвни професори од цел свет, тогаш не е ни чудно што Шведска е земја на конкуренција и квалитет.

Слика 5: Избори Имав можност да престојувам во Шведска во време на изборна кампања и редовни парламентарни избори. Бев фрапиран од релативно скромната кампања на политичките партии и од нивната взаемна толерантност. Единствена, условно кажано валкана работа, беше лепењето на црвени точки на носовите на кандидатите на една од партиите која доминираше на билбордите. Идејата на опонентите кои ги ставаа овие црвени точки беше кандидатите на оваа пратија да изгледаат како кловнови. И богами успееваа во тоа. Следејќи ја дебатата во очи на изборите помеѓу 11-те лидери на политичките партии, не забележав ниедно взаемно влегување во збор или некаква расправија. Да не се чудиме.

Карпош во Шведска, Шведска во Карпош Додека бев таму, особено додека бев во друштво со нашите иселеници, некако си ветив себе си дека ќе направам нешто за да создадеме еден канал на комуникација помеѓу Македонија и Шведска кој би се протегал и низ нашата општина. Затоа набргу по моето враќање, во договор со нашите иселеници од Малме остваривме средба со секретарот на општината и се договоривме догодина да имаме гости од Шведска на „Карпошовото културно лето“, наши луѓе да извезат малку култура во Шведска и да почнеме процедура за збратимување на Општина Карпош со некои од градовите во јужна Шведска. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

Затоа тие се таму каде што се, а ние сме сеуште за жал, никаде. Оваа слика за Шведска сакам да ја затворам со еден факт којшто предизвикува сериозен страв кај мнозинството Швеѓани. Имено, за првпат во шведскиот парламент, со околу 20 пратеници влегува екстремно десна партија која заговара „чиста“ Шведска. Веројатна причина за ваквиот изборен епилог е сé поприсутниот страв кај дел од граѓаните во Шведска дека доселениците почнуваат да го загрозуваат опстојувањето на Шведската нација.

Слика 6: Историја, култура, уметност, архитектура И оваа слика од Шведска заслужува посебна приказна, ама во оваа пригода телеграфски ќе ги скицирам само највпечатливите моменти. На крајниот југ на Шведска се наоѓа контура од брод скицирана од камења која потекнува од каменото време. Градбата неодоливо потсетува на своевидна шведска варијанта на Стоун Хеинџ или Мачу Пикчу. Универзитетскиот град Лунд, на пример, зрачи со прекрасни стари зданија од пред 4, 3 и 2 век во кои сега се инсталирани академските институции. Човек не може да одолее ни на неколкукатните дрвени куќи во Хага - Гетеборг кои со векови му пркосат на времето или на камената куќа во Готиген која е реликт од времето на војување и окупација од пред 600 години. Не помалку интересен е несекојдневниот отворен музеј на градби од пред 12 века па до денес, во срцето на Лунд. Тие градби се собирани од различни страни на земјата, донесени во Лунд и повторно конструирани од автентичните материјали. Меѓу нив има дрвена куќа од десеттиот век, згради од времето на ренесансата, барокот, а и автентично уредени селска, рибарска куќа и т.н. Целиот историски развој на архитектурата на Шведска на неколку хектари. Навистина проф. д-р Зоран Т. Поповски импресивно.

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

25


Спорт МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

„Стар Винг“ ГО ОСВОИ „СОКОЛ“

Турнирот кој традиционално се одржува во чест на Оливер СоколовСокол, еден од основачите на навивачката група „Комити“ заврши со голема помпа и прекрасен огномет. Оваа година, основачот на Карпош Фудбал Клуб, Никола Георгиев – Коки, додели благодарници за поддршка на турнирот и тоа за: Градоначалникот на Општина Карпош, Г-дин Стевчо Јакимовски; сопствeникот на А1 телевизија, Г-дин Велија Рамковски; Пелистерка АД- ПОБЕДНИЦИТЕ ОД МИНАТАТА ГОДИНА И ДИПЛОМАТИТЕ Скопје и Индустријата за млеко – ГО ОТВОРИЈА ТУРНИРОТ „СОКОЛ 2010“ Битола; Генералниот Секретар на ФФМ, Г-дин „Сокол 2010“. Резултатот беше 2:2, на пенали 4:3. Игор Климпер и за Универзитет за туризам и Третото место, по одржувањето на малото фименаџмент – Скопје, Г-дин Аце Миленковски нале кое заврши со 8:3 меѓу „Зона Премиер„ и Посебна благодарница од името на граѓаните на „Ас Спорт“, го освои минатогодишниот финалист Карпош 1, и Карпош Фудбал Клуб за вечна слава „Зона Премиер“. и благодарност беше доделена на семејството на За најталентиран млад играч на турнирот беше Оливер Соколов Сокол. прогласен Кристијан Стојкоски кој доби едноПред околу неколку илијадната публика, фано- годишна стипендија на Универзитетот за туриви на фудбалот, навивачи на своите фаворити, зам во Скопје. Најдобар играч беше Бранислав не само од Карпош, од градот, туку и од целата Љубомир, а најдобар голман Горан Пандилов. држава, екипата на „Стар Винг“ по одиграните Стрелец „број 1“ на турнирот беше прогласен пенали, го победи вториот финалист „Дали ПОМ“ Давор Калиновски од „Зона Премиер“. и го понесе годинашниот победнички трофеј на Екипата „Јувентус“ се закити и со титулата „фер плеј“, како екипа со најмалку прекршоци. Инаку, на овогодинешниот турнир учествуваа 66 екиДОБИТНИЦИ НА СПОРТСКИ пи од различни градови и од различни етникуСТИПЕНДИИ СЕ: ми, како и од провеани фудбалери до екстра Антонио Зврцинов Ангела Ниниќ специјалци и супер компјутерџии, 792 учесниАлександар Стојковски Дино Вучидолов ци, 265 натпревари со по 1200 посетители на Иле Ристевски Андреевски Томослав натпревар. Васил Пујовски Ѓорги Поповски Димитар Смугревски Сандра Иванова СПОРТСКИ КЛУБОВИ КОИ ДОБИЈА Ристевски Антонио Андреј Соколовски ЕДНОКРАТНА ПОМОШ СЕ Стојан Поповски Кристина Крстевска Одбојкарски клуб „Вардар“ Игор Димовски Дамјан Петровски Мото клуб „Цобо“ Магдалена Ташковска Ева Баратчева Пинг-понгарски клуб „Влае“ Георг Ѓоргиев Душко Циривири Пливачки клуб „Акватик“ Ѓокица Глигуровски Илија Циривири Ракометен клуб „Велкова 5“ Симона Заборска Вања Јованова Фудбалски клуб „Локомотива“ Вера Блажевска Јаков Јованов Пливачки клуб „Водно“ Стефан Стојановски Деа Калајлиовска Фудбалаки клуб „Лепенец Гост“ Ива Лепчевска Иван Манасов Кошаркарки клуб „Карпош-Соколи 2000“ Бисера Ристевска Јанкуловска Ирина Фудбалски клуб „Алумина“ Павел Јосифовски Елена Дацева Кошаркаски клуб „Водњански лисици“ Дарко Велковски Адеми Нора Пинг-понграски клуб „Стига“ Ивона Пејковска Ели Симоновска Пливачки клуб „Карпош“ Стефан Јакимовски Боби Јорданов

26

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Алпинизам

Големата Кула на Лаваредо Во партнерство со Општина Карпош, македонските алпинисти Игор и Весна Талевски направија искачување на најпрепознатливиот симбол во италијанските Доломити. Оваа кула, која е висока 500 метри во височина, поради своите мазни плочи и неверојатна вертикалност, долго време била сметана за невозможна да биде искачена. Поради тоа таа и денес е

магнет и престиж за секој алпинист и е дел од т.н. група на „6-те Големи северни страни во Алпите“. Нашите алпинисти ја остварија својата цел, качувајќи непрекинато 10 часа. Покрај оваа многу вредна алпинистичка насока, тие како запознавање со теренот, искачија и две исто така многу важни, но пократки насоки - високи „само“ 250 метри во вертикала…

Игор и Весна се и основачи на првиот веб-сајт во Македонија кој е целосно посветен на промоцијата на вистинскиот алпинизам: www.alpinizam.org

„Ехо од Банско“

Фестивал на планински филмови Од 13-ти до 15-ти Септември во рамките на Културно Лето 2010 на Општина Карпош , се одржа „Ехо од Банско“ – фестивал на планински филмови во чија програма имаше 15 филмови од автори од 10 земји. Темата на филмовите беа различни планински спортови: планинарење, алпинизам, хи-

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

малаизам, спортско качување, BASE скококви, поларни преминувања... Проекциите се одржуваа во кино салата на Кинотека на Македонија, каде посетители беа вљубеници на природата од Скопје, но и од други градови од Македонија! „Ехо од Банско“ е ехо од единствениот фестивал на пла-

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

нински филмови на Балканот, кој се одржува секоја година во прекрасното планинско место Банско во Бугарија. Тоа е манифестација која го слави соживотот на човекот и планините – човекот и природата. Општина Карпош со организирањето на „Ехо од Банско“ ја пренесува таа прослава и во Македонија и со тоа стана вистински центар на културата за се поголемата планинарска заедница во нашата земја.

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

27


Спорт

Д-р Патрик Поповски, Советник за спорт и култура

СПОРТ, РЕКРЕАЦИЈА И ЗДРАВЈЕ Секојдневното трчање по разни бизниси за што поголема заработка, придонесува кај човекот да се појави прекувремено нервно - емоционално напрегање. Притоа, се повеќе го занемаруваме фактот за основна потреба на нашиот организам: недоволен одмор, јадеме нередовно или прекумерно, премалку спиеме, многу пушиме, неумерено се пие, постојано сме напнати или преоптоварени, уморни. Чувствуваме се повеќе здравствени проблеми и пречки. Едноставно кажано не водиме доволно грижа за сопственото здравје. Главно се однесуваме како “потрошувачи”, а многу ретко за жал и како “произведувачи” на своето здравје.

НИШТО ТАКА НЕ ИСЦРПУВА И НЕ ГО РАЗОРУВА ЧОВЕКОТ, КАКО ДОЛГОТРАЈНА ФИЗИЧКА НЕАКТИВНОСТ - АРИСТОТЕЛ Здравје е состојба на потполна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство од болести. Современата наука квантитативно го дефинира здравјето како сума од “резервни капацитети” на основните функционални системи. Во таа смисла, треба добро да размислиме дали со својот начин на живот само трошиме и ги смалуваме резервите на сопственото здравје или доволно се залагаме за зачувување и унапредување на нашето здравје. Со своето однесување кон здравјето и начинот на живеење не влијаеме само на сопственото здравје. туку и на здравјето на нашите деца, нашите внуци и правнуци. Прекумерното нервно емоционално оптоварување предизвикува најголем број на современи цивилизациски болести: заболување на мускулно - коскениот систем, болести на срцето и крвните садови, органите за дишење, варење и разни нервно - емоционални заболувања. Движењето и оптималната физичка активност се услов за зачувување на човековото здравје и нормалното функционирање на организмот во целина. Секое прекумерно ограничување на моторната активност е во противречност со човековата биолошка природа. Таа предизвикува разни нарушувања на функциите на највиталните органи на системот на организмот. 28

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

Недостаток од оптимална физичка активност најдобро и најлесно може да се надомести низ соодветни и прилагодени програми за спортска рекреација. Програмите за спортска рекреација дават позитивно влијание на организмот на современиот човек. Ефектите од овие програми можат да се насочат во два правци: - превенција, зачувување и подигнување на здравјето, физичките, функционалните и работните способности, ефикасен одмор, релаксирање, забава и разонода и - ублажување на акутниот замор, одмор и отстранување на хроничниот замор (антизамор програми), превенција и лечење од дебелина и друго. Ако сакаме да го сочуваме сопственото здравје, да ја унапредиме работната способност, подобро да се чувствуваме, лесно и повеќе да работиме, ќе биде потребно да се откажеме од пушењето, алкохолот, стресните ситуации и слични фактори кои го загрозуваат здравјето, а да го зголемиме влијанието на факторот кој ќе го чува и ќе го унапреди нашето здравје. Систематското вежбање и правилниот избор на спортска рекреација е физиолошки најефикасен и најприроден начин за зачувување и унапредување на здравјето. Движењето е важна животна карактеристика. Затоа мускулната активност е најдобар физиолошки начин за стимулација на различните системи на организмот. Во текот на мускулната активност се ангажираат сите органски системи, се интензивира метаболизмот - се зголемува кислородната потрошувачка и се интезивираат поединечни биохемиски и физиолошки процеси. Брзите адаптивни промени се случуваат на ниво на физиолошки адаптивни механизми. Со систематски повторувања на програмите за спортска рекреација се обезбедува долготрајна стабилна адаптација, која се карактеризира со морфо-функционални струк-

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


Спорт турни промени и на одделни органски системи. Влијанието на мускулната активност е сестрано, со што се менува активноста на генетскиот апарат и битно влијае на биосинтезата и белковините. Програмите за спортска рекреација комплексно влијаат на организмот и придонесуваат за развивање на механизмот за општа адаптација, насочена посебно на енергетските и специфичните реакции. Овие програми исто така придонесуваат за отстранување или забавување на процесот за предвремено стареење, делуваат превентивно и позитивно на срцето и крвните садови. Систематската примена на спортско рекреативните програми придонесува за развивање на адаптивноста, состојба која го одржува степенот на подготвеност на организмот за најефективните изведби на мускулната работа. Програмите за спортска рекреација ефикасно придонесуваат за развивање на нервно - мускулниот систем, ја зголемуваат силата, брзината, флексибилноста и издржливоста и позитивно влијаат на активноста на многу други органи. Во текот на спортско - рекреативните активности обемот на циркулација на крвта може да се зголеми од 40 до 60 пати во однос на мирувањето. Со тоа се обезбедува подобро снабдување на активните мускули и на сите други органски системи. Програмите за спортска рекреација остваруваат значајни ефекти на механизмот за општа адаптација што посебно се одразува на: - Усовршувањето на функциите на централниот нервен систем и нервната регулација на функциите на органите и системот на организмот во целина; - Зголемување на функционалните способности и стабилност на ендокриниот систем; - Зголемување на енергетските потенцијали на организмот; - Проширување на можноста за транспорт на кислород и - Интензивирање на користењето масти како енергетски извор и смалување на општата количина на масното ткиво во организмот. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

ОТВОРЕН ПРВ КЛУБ ЗА ТРЕНИРАЊЕ КИКБОКС

„Карпош доби свој ринг“ Од неодамна во нашата Општина почна со работа првиот Клуб во кикбокс. Тоа беше повод да го прашаме неговиот сопственик и основач Александар Стојковски, за мотивите за отворање на овој клуб за исклучително популарен спорт: -Дваесет години поминати во светот на боречките вештини,првично како каратист ,а последните 14 години како кикбоксер и член на македонската јуниорска и сениорска кикбоксинг репрезентација,беа доволна причина знаењето собрано во овие изминати години да биде реализирано со отварање на првиот кикбоксинг клуб на територијата на Општина Карпош „Каринг1» Карпошов ринг... Многумина доаѓаат во овој спорт од погрешни причини,таквите луѓе не траат, тие доаѓаат и заминуваат. Но ретки се оние кои останале и истрајале низ годините, следејќи го кодексот на борецот,како совршено изградена личност,знаејќи сè што нив им е потребно од нивен ранг и нивно совршено достигнување и притоа постојано ставајќи се во служба на послабиот. „Каринг1» за јавноста е отворен од пред 3 месеци.Клубот функционира како рекреативен клуб, но, доколку препознам и увидам дека некој член го надминал тоа рекреативно ниво на тренирање, понатаму тој член се префрла во компетитивна борбена група каде што тренажниот процес драстично се разликува од рекреативниот и има посебни параметри кои треба да се запазат. Идејата да го отворам овој клуб беше на територијата каде што цел живот,живеам,растам, градам, создавам и да оставам еден свој личен печат преку овој клуб. Посебно што сите знаеме дека зад ѕидовите на салите кај што вежбаме се наоѓа улицата заедно со сите свои пороци,безвр едноста,несигурноста,злото па и јас како човек чувствувам дека носам одговорност ако дозволам младите луѓе се фатат во пипците на тие пороци. Спортот е најдобриот начин младите луѓе да се дистанцират и да се оттргнат од тие зла. Поентата на овој спорт е децата да го одбегнат конфликтот и конфликтната ситуација. Со самото тоа што се среќаваат со техниките за самоодбрана им се зајакнува самодовербата, стануваат посупериорни од другите и со тоа тие се веќе над конфликтот. Мене, како тренер во овој клуб, целта ќе ми биде, борбеноста со која младите луѓе ќе се среќаваат на тренинзите, да им биде пренесена во средините во секојдневниот живот, во училиштето, на факултетот или на работното место, Оттаму и самиот слоган, мотото на клубот кое гласи „Животот не е бајка животот е ринг влезете во светот на Каринг.“

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

29


Спорт НАШИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ ОД СВЕТОТ

ПРИЗНАНИЕ ОД ОБАМА Една успешна спортска приказна заслужува да биде раскажана пред жителите на Карпош, а досега не е раскажана заради скромноста на домот од каде потекнува. Се потсетив на времето од пред десетина години кога среќен заради изборот на моите деца да играат кошарка, а штотуку вратен од подолг престој во Јапонија ги однесов на тренинг

ХАНКА И ДИНА МУСА ВО ДРЕСОТ НА LIBERTY HIGH SCHOOL 30

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

во салата на ОУ “Петар ПопАрсов“. Пријатно се изненадив кога видов дека ќерка ми е во друштво со десетина врснички од КК „Водњански лисици“ кои освен што беа одлични ученички, со високо ниво на домашно воспитување располагаа и со евидентен потенцијал за големи спортски дострели. Да потсетам дека овој клуб во својата историја има освојувано првенство и куп на Македонија во женска конкуренција и е гордост на нашата општина која во последните две години и финансиски го помага. Овој дел од нивната спортска приказна заврши со неколкукратни шампионски титули во кадетска и младинска конкуренција. Но, за жал после неколку години, нашата сива спортска реалност дојде до израз. Женската кошарка никако не можеше да тргне од мртва точка и оние најамбициозните почнаа да си бараат место под сонцето. За нив кошаркарска Македонија за жал веќе не беше предизвик. Им стана тесно и тргнаа кон земјата во која кошарката е мит и совршенство. Сестрите Ханка и Едина Муса заминаа за САД како ученички во средното фискултурно училиште во Скопје. Нивна следна дестинација беше средното училиште Либерти од сојузната држава Вирџинија. АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

Со клубот на училиштето учествуваа во натпреварувањата на државно ниво и стигнуваа до сојузни play off натпревари. Тие успеси беа одлична препорака за денес 21-годишната Ханка да добие понуда за стипендија од околу 30.000 долари годишно со која се покриваат комплтените трошоци за студирање на Junior College во Њу Мексико, од каде оваа година премина на познатиот Radford University во Вирџинија за да настапува во NCAA-W лигата на САД. Ова лето во универзитетските води заплови и помладата 19 годишната Едина која доби понуда за студирање и играње кошарка на еден од најпрестижните универзитети во САД. Gardner – Webb University во сојузната држава Северна Каролина.. И сето ова ќе беа само телеграфски информации, ако во меѓувреме при една посета кај нивното семејство не видов еден документ на кој го видов потписот на актуелниот претседател на САД, Барак Обама. Иако многу пати сум бил кај нив, никогаш не бев влегол во нивната соба која е преполна со трофеи. Бидејќи ги има премногу, ќе ги спомнам само тие од последната година. Ханка е прогласена за најдобар скокач и играч со најдобар процент од 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


поле во лигата, а Дина доби специјално признание за посебни достигнувања од претседателот на САД Барак Обама и од државниот секретар за образование. Мојот пријател, инаку нивен татко Амди Муса кој е наставник по физичко воспитување во ОУ „Владо Тасевски“ од населбата Козле никогаш не спомнал дека Едина е добитник на ова признание. Јас знаев дека станува збор за скромни луѓе, ама ова е премногу. Затоа решив да Ви ја раскажам оваа приказна, за таа да излезе од нивниот дом на „Орце Николов“. Домот кој со многу напори и откажувања им овозможи на овие две наши грации да бидат своевидни амбасадори во белиот свет. Во изминативе години имав можност секое лето да ги сретнувам кога доаѓаа на распуст во Скопје. Можам само со огромно задоволство да забележам дека Ханка и Дина останаа срдечни, мили и непосредни какви што отсекогаш биле. Славата „не им удри во глава“. Знаат дека пред нив се нови спортски и животни предизвици со кои допрва ќе треба да се соочат. Но, и ова што досега го постигнале треба да се истакне како нешто вонсериско. Затоа можеме само да бидеме горди што такви примерни девојки своите кошаркарски почетоци ги имале во општина Карпош, па денес може да се каже дека за нивните дострели во земјата на кошарката освен огромниот придонес на семејството, свој удел има и нашата општина.З.П. КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

ОСВОЕН МЕДАЛ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА

Ивана дооди до медал На просторот на Република Македонија веќе шест години постои Специјална Олимпијада меѓународна невладина организација која ги сервисира потребите на лица со пречки во развојот. Специјалната Олимпијада како Oрганизација е формирана 1968 година во Соединетите Американски Држави, од страна на фамилијата Кенедиеви, за подоцна да прерасне во глобална организација која брои 168 држави членки. Македонија на оваа Oрганизација и пристапи полноправно во 2003 година. Во оваа Организација членуваат атлетичари од 16 - 18 годишна возраст со најразлични пречки во развојот: Даунов синдром, епилепсија, аутизам, ментална попреченост и друго. На годинешната Специјална Олимпијада, која се одржа од 15 - 24 септември во Варшава (Полска), учествуваше и делегација од Македонија која ја сочинуваа вкупно 18 членови и тоа во спортовите: атлетика, пинг - понг и бадминтон. Ивана Филиповска девојче од населбата „Карпош 2”, лице со лесно - психомоторен развој (церебрална парализа), беше член на Македонската делегација, која ја претставуваше нашата држава во атлетика во дисциплината брзо одење на 50 метри. Таа на ова натпреварување го освои одличното трето место. По враќањето од Прага, Ивана Филиповска ни ги пренесе своите импресии: „Сакам прво да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски што несебично го отвори неговото благородно срце и максимално ја покажа неговата човечност, што финансиски ме поддржа со АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

цел поуспешно да се подготвам за овој настан”, ни рече симпатичната Ивана и продолжи, „ На специјалната олимпијада учествуваа вкупно 56 земји од Европа и Азија, а се натпреваруваа повеќе од 1500 натпреварувачи со посебни потреби, за кои беа ангажирани повеќе од 600 волонтери. Исто така сакам да истакнам дека нашите претставници освоија 9 медали, со што Република Македонија се најде меѓу осумте земји учесници со најмногу освоени медали. На свеченото отворање присуствуваа и видни личности како: претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, легендарните фудбалери Јохан Кројф, Зинедин Зидан, Дејвид Бекам, познатата музичка група „Симпли Ред” и други. За крај, Ивана со нежен детски глас потенцира, дека ова што градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го направи за мене, е доволен доказ дека и лицата со посебни потреби можат гордо и на најдобар начин да ја преставуваат својата држава. Доколку и другите институции дадат несебична заложба помагајќи ја интеграцијата и социјализацијата на лицата со посебни потреби во нашето општество, ќе ни овозможат да бидеме покреативни и попродуктивни граѓани прифатени и почитувани од нашето општество”. 34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

31


ЕНЕРГЕТИКА

ЗА ПОСВЕТОЛ И ПОУБАВ КАРПОШ Општината Карпош е една од најстарите општини изградени после земјотресот во 1963 година. Подземната инсталација која датира од тоа време во поголем дел од случаите е главниот предизвикувач на прекинот на електрична енергија во столбовите за улично осветлување, кој пак доведува до прегорување на вградениот материјал (електрична светилка, пригушница, осигурувач итн.). Една од основните работи на Одделението за одржување на улично осветлување при Секторот за заштита на животната средина е да биде во постојан контакт со граѓаните,а во исто време и да ги извршува и редовните активности околу промената на прегорените светилки и дефектите кои се појавуваат на терен настанати како последица од дотраеност на истите или долгогодишната употреба. Вкупниот број на светилки во урбаните заедници кои се инсталирани на сообраќајниците низ Општината изнесува 3693 парчиња, како и 441 рефлектори распоредени на терените за спорт и рекреација.

Во текот на минатата година екипите кои беа задолжени за одржување на уличното осветлување извршија интервенции на вкупно 3025 светилки кои беа пријавени од техничките секретари на Урбаните заедници како и од пријави на граѓаните: 1. Претпријатието Свем инженеринг во Урбаните Заедници Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3 и Карпош 4-вкупно 1085 светилки 2. Претпријатието Свем инженеринг во Урбаните Заедници: Владо Тасевски, Тафталиџе 1,Тафталиџе 2 и долниот дел од Нерези- вкупно 1126 светилки 3. Претпријатието Елтра во Урбаните Заедници: Кузман Јосифовски-Питу, Пецо БожиновскиКочо и Нерези-горен дел- вкупно 542 светилки 32

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

4. Претпријатието Магнус во Урбаните Заедници: Влае1, Влае 2,Бардовци и Злокуќани- вкупно 272 светилки. Одделението за одржување на улично осветлување не застанува со состојбата која е затекната на теренот,туку продолжува со изградба и на нови линии кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на осветлувањето. Во претходниот период извршени се и повеќе изведби на нови линии во Урбаните заедници: 1. У.З.Влае 1-5 нови канделабри со светилки 2. У.З.Влае 2-7 нови канделабри со светилки 3. У.З.Карпош 2-14 нови канделабри со светилки 4. У.З.Карпош 3-3 нови канделабри со светилки 5. У.З.Кузман Јосифовски Питу-11 нови канделабри со светилки 6. У.З.Злокуќани-2 нови канделабри со светилки. Моментално се врши поставување на неколку нови линии и тоа на следните локации: 1. У.З.Тафталиџе 2-Бул.Партизански одреди (патеки помеѓу улиците Лондонска и Париска) во вредност од 1,300.000,00 денари 2. У.З.Тафталиџе 2-улица Варшавска (паркинзи пред зградите 1,2,и 3) во вредност од 700.000,00 денари 3. У.З.Влае 2-(делот помеѓу новите згради кај Тинекс) во вредност од 1.200.000,00 денари 4. У.З.Влае 1-(патека на Новопроектирана улица помеѓу Петар Чаулев и Ацо Шопов) во вредност од 550.000,00 денари 5. У.З.Влае 1-(патека помеѓу улиците Иван Цанкар и Франц Прешерн) во вредност од 400,000,00 денари. Жителите на Општина Карпош се нашите најмеродавни оценувачи за успешноста на Одделението и ние секогаш сме отворени за соработка, пријави на дефекти, поплаки па дури и пофалби кои можат секогаш да ги пријават на телефоните од Општината. Дејан Јонузоски, самостоен референт за одржување на улично осветлување

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ


ЛЕАП

Акционен план за животна средина Подготовката на Локалниот Акционен План за животна средина (ЛЕАП) за Општина Карпош произлегува од желбата на жителите на општината за живеење и творење во чиста и здрава животна средина и законската потреба од поставување на основни стратешки плански елементи за заштита и унапредување на животната средина на локално ниво. ЛЕАП документот и Акциониот План како негов составен дел претставуваат основа за вистинско функционирање на локалната демократија, за креирање економија која ќе спречува, ублажува или компензира негативни влијанија врз водите, воздухот, почвата, биодиверзитетот, природните вредности и реткости, во насока на обезбедување подобар стандард на живеење на граѓаните и одржливо користење на ресурсите во нашата општина. Главна цел при подготовката на ЛЕАП документот е да се идентификува состојбата со животната средина во сите тематски области (урбан развој, воздух, вода, отпад, бучава, почва и земјиште, природа), да се иницира процес на учество на јавноста за дефинирање на најприоритетните проблеми за кои ќе се предложат мерки и

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

ПРВ ЧЕКОР КОН КРЕИРАЊЕ НА АМБИЕНТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА НАШАТА ОПШТИНА активности за решавање на истите со дефинирани одговорности и план за набљудување и оценување на успешноста на спроведувањето во текот на годините. Идеа е да се подготви ЛЕАП кој се темели врз реалните животни потреби на граѓаните во сите населени места во општината, како и економски прифатливите и оправдани решенија за надминување на идентификуваните проблеми во животната средина, како прв чекор кон креирање на амбиент за одржлив развој на нашата општина. Се надеваме дека Локалниот Акционен План за животна средина како плански и развоен документ на општината фокусиран на временски период (2010-2016 год.), прифатен од страна на Советот на општината ќе овозможи: - Поттикнување на локалната заедница да преземе конкретни обврски и грижа за животната средина преку спроведување на мерките и активностите дадени во Акциониот План; - Иницирање на дијалог базиран врз аргументи и дефинирани приоритети меѓу претставниците од општината и меѓународните финансиски институции

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

околу финансирање на проекти од областа на животната средина; - Континуирано планирање на развој на општината врз основа на реални расположливи ресурси, врз принципите на одржливост; - Воспоставување на соработка со надлежните владини институции и други општини за обезбедување успешен регионален развој; - Иницирање и реализација на конкретни активности на локално ниво, во вид на акции и мерки за подигнување на свеста на населението за значењето на заштитата и унапредувањето на животната средина. Проектот за подготовка на ЛЕАП документот започна во август 2010 год. и во периодот септември – октомври 2010 год. беше воспоставена институционалната структура потребна за водење на целиот процес (назначување на Локален координатор, одговорен за односи со јавноста, беа номинирани членовите на Локалниот Управен Комитет кој ќе има советодавна улога во процесот и се назначени членовите на Работните групи по сектори) која заедно со консултантскиот тим заедно ќе работат во следните неколку месеци на подготовка на значајниот плански документ. Со задоволство ќе ве информираме за напредокот при подготовката на ЛЕАП за нашата општина во следните броеви на нашиот Гласник.

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

33


Анаграми Анаграм (од грч. ανα- — «повторно» и γράμμα — «запис»), е еден вид игра на букви или зборови, како резултат на преместување на букви од зборови или фрази, при што се формира нов збор или фраза, која ќе има врска со субјектот, користејќи ги сите оригинални букви точно еднаш; на пример (аптекапатека, палто-толпа-плато). За некој кој создава анаграми се нарекува анаграмист. Познатиот Хекарт напишал: “Анаграмите се едно од најголемите заблуди на човековиот ум, треба да се биде будала, за да се забавуваш со нив, но уште поголем будала за да ги составуваш“. Што може да биде посправедливо од оваа оценка? Како пронаоѓач на анаграмот се смета древногрчкиот поет Ликофрон. Тој го разложи името на македонскиот цар Ptolomeias (Птоломеј) како «apo melitos» («од мед»).

Еве неколку примери: Посипа болка ...

во своето ремек дело “Герника” познатиот шпански сликар -------------------------------------------------(се бара името и презимето на сликарот) --------------------------------------------------

оперската примадона --------------------------------------

Со баритон в рај!

познат македонски солист --------------------------------------

А Орфеј сонил ...

да ја види филмската дива --------------------------------------

За повеќе информации види: http://en.wikipedia.org/wiki/Anagram Решенија на анаграмите: Пабло Пикасо, Марија Калас, Борис Трајанов, Софија Лорен.

ЗА КРАЈ ЕВЕ И НЕКОЛКУ ПАЛИНДРОМНИ РЕЧЕНИЦИ: 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 34

О, ден вечно сончев Недо! Ирина мами-има манири! Ами и Блаже жалби има! А бре во ден недоверба? Ама случај, ја чул сама! Табор кани фин акробат! Рим и лажен не жали мир! Зар боли мил образ?

КАРПОШ УРБАН БРОЈ 5

9. И нема ледено во недела мени! 10. Е, и Лена мета на анатема нели е? 11. О, нивен е навечер, рече Ване невино! 12. И во мувите сетив умови! 13. Ами оти меѓу луѓе мито има? 14. А, зоврен в нервоза! 15. “Фати петел в лет”-епитаф!

АВГУСТ - НОЕМВРИ 2010

34 ГОДИНИ ОПШТИНА КАРПОШ

ИЗГОТВИЛ: АТАНАС КАРАЏА 2010

А, Рим ја ласка ...



среда 27.10.2010 игри и спортски игри Училишни - 11:20 ч. - Спортски центар „Форца“ Квиз-натпревар - 17:00 ч. - Општина Карпош, Барака бр. 5

четврток 28.10.2010 Турнир во шах-аматерски елиминаторен турнир (28.10-31.10.2010) - УЗ „Карпош 1“ - УЗ „Карпош 2“ - УЗ „Влае 1“ – Клуб на пензионери - Гимназија „Никола Карев“ – Клуб на пензионери (влез спроти Воена болница) Турнир во табла (28.10-31.10.2010) - УЗ „Карпош 1“ - УЗ „Карпош 2“ - УЗ „Влае 1“ – Клуб на пензионери - Гимназија „Никола Карев“ – Клуб на пензионери (влез спроти Воена болница) Турнир во пинг понг (28.10-31.10.2010) - УЗ „Влае 1“ Крводарителска акција - Општина Карпош, Барака бр. 5 - УЗ „Карпош 1“ - 09:00-18:00 ч. - Нова општинска зграда (поранешно ОУ „Братство“ во Нерези) Посета на Старски дом „Мајка Тереза“ - 11:00 ч. - Населба Злокуќани

Програма за роденденот на Општина Карпош Акција за бришење графити со несоодветни содржини - 12:00 ч. - Локации: Карпош 1, Карпош 2, Карпош 4 и Владо Тасевски

петок 29.10.2010 Промоција на проектот е-дневник - 11:00 ч. - ОУ „Петар Поп Арсов“ Цветно дефиле - 12:30- 12:50 ч. - - Релација по бул. „Партизански Oдреди“ од ул. „Бледски договор“ до ул. „Љубљанска“

сабота 30.10.2010 Хуманитарна акција - 09:00-13:00 ч. - 14 урбани и месни заедници + штандови пред маркетите Промоција на спотови од учениците од основните училишта - 16:30 ч. - Кинотека на Македонија Проекција на филмови - 18:00 и 20:00 ч. - Кинотека на Македонија

недела 31.10.2010 Акција Акција за чистење на Водно + пикник - 09:00 ч. - Средно Водно (организиран превоз) Хуманитарна акција - 09:00-13:00 ч. - 14 урбани и месни заедници + штандови пред маркетите Меѓународен турнир во шах (швајцарски модел) - 10:00 – 18:00 ч. - Општина Карпош, Барака бр. 5 Доделување награди на победниците во кантер страјк и дота, табла, шах и пинг понг - 18:00 ч. - Општина Карпош, Барака бр. 5

понеделник 01.11.2010 Изложба на детска фотографија „Општината во детскиот објектив“ - 09:30 ч. - Општина Карпош, Барака бр. 5 Промоција на стипендистите на Општина Карпош - 10:00 ч. - Општина Карпош, Барака бр. 5

www.karpos.gov.mk

вторник 02.11.2010 Вешта рака – уникатни рачни творби + мини базар на ракотворби и ревија на цвеќе и цветни аранжмани - 11:30-20:00 ч. - Ресторан „Имес“ Свечена академија - 12:30 ч. - Кинотека на Македонија Изложба на слики од Меѓународниот симпозиум на акварел - 13:30 ч. - Кинотека на Македонија Концерт на Слаткаристика со својот бенд, ди-џеј сет на DJ Chvare и специјални гости Skeet Skeetara, Кацар и Аце НЛ (Токсикологија). - 20:00 ч. - Спортски центар „Форца“

среда 03.11.2010 Пуштање во употреба на ул. „Варшавска“ и „Женевска“ - 12:00 ч. Промоција на новите простории на Општина Карпош - 18:00 ч. - Поранешно ОУ „Братство“ во Нерези Концерт на Влатко Стефа нов ски и Бајага & Инструктори - 20:30 ч. - Спортски центар „Форца“


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.