Karpos Urban No.3

Page 1

Информатор на Општина Карпош, ноември 2009 - февруари 2010 година / број 3 / година 1

Над 2,1 милиони квадратни метри за бизнис инвестиции во урбаната сфера Штедење на енергија и модернизирање на осветлувањето Училишна кошаркарска лига 2009/10


Содржина

ИЗДАВА ОПШТИНА КАРПОШ Бул. „Партизански Одреди“ бр.68 1000 Скопје, Република Македонија тел. 02/ 3061-353 факс 02/ 3071-040 kontakt@karpos.gov.mk www.karpos.gov.mk

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ УРЕДНИК: СОЊА КРАМАРСКА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ УРЕДНИК НА КУЛТУРА: ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ РЕДАКЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА И СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА

УРБАНИСТИЧКИ ВИЗИИ

4

НАГРАДЕНИ ТРУДОВИ ОД КОНКУРС

6

АКТИВНОСТИ НА ОПШТИНАТА

8

АРХИТЕКТОНСКО КАТЧЕ

12

НАСТАНИ

14

КАНЦЕЛАРИИ НА УРБАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО КАРПОШ

16

УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА ПОД „ВЕДРО НЕБО“

17

КАРПОШ Е ЦЕНТАР НА ЕЛИТНИТЕ БИЗНИСИ

21

ОТВОРЕНИ КОН НАДВОР, ЗАТВОРЕНИ ВНАТРЕ

24

КОЈ ВОДИ СМЕТКА ЗА НАДАРЕНИТЕ?

26

ГЛАСОТ НА ГРАЃАНИТЕ

28

КОЈА Е ЦЕЛТА НА УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ? 30 УЧИЛИШНА КОШАРКАРСКА ЛИГА

31

СОЈУЗ НА УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ КЛУБОВИ

34

ТАБЕЛА - УЧИЛИШНА ЛИГА ВО ФУДБАЛ

34

ХУМОР

35


Почитувани сограѓани, Зад нас е 2009 година, во која за неполни осум месеци се обидовме да ја оправдаме Вашата доверба и да оствариме барем дел од нашата амбициозна агенда. Се обидовме и мислам дека успеавме да ја направиме Општина Карпош препознатлива за инвеститорите, чиста и урбана општина која ќе се разликува од другите по низа особености. Во изминатиот период реализиравме околу 90 проекти од градежно комуналната сфера, асфалтиравме илјадници метри улици. „Никола Русински“, „Волгоградска“, „Сливовска“, „Есперанто“, и десеттина други се со целосно нов лик, со нови коловозни ленти убави тротоари и ивичници. Долж „Женевска“, „Брадфордска“ и „Јуриј Гагарин“ поставивме нова атмосферска и фекална канализација, а изградивме и детски игралишта. Почнавме со изградба и на седум тениски игралишта: две во основното училиште „Јан Амос Коменски“, три во ОУ „Патар Поп Арсов“ и две кај т.н. Алпинистичка карпа. На неколку клучни локации во општината почнаа да се градат големи трговски станбени комплекси од страна на приватни инвеститори, (карши „Алумина“, меѓу последна „7“ и последна „19“), се гради бензиска пумпа во преддворјето на самата Општина, а се расчистува и просторот кај „Алумина“ за нов трговско-деловен објект од страна на израелски инвеститор. Се обновува уличното осветлување, а завршивме и со поставување на нови орманчиња за палење и гасење на уличните светилки, преку т.н. астрономски часовници, наместо досегашната МТК команда. Во меѓувреме Општината ја претставивме на Саемот на Општини во организација на ЗЕЛС, ја отворивме за сите граѓани, невладини организации, за разни обуки, едукации како на општинската администрација, така и на разни граѓански асоцијации и здруженија. Присутни сме во училиштата, во вонучилишните активности, во културните и спортски манифестации, од локален, регионален или државен карактер. Општината би рекле, дише со полни гради. Десеттици завршени проекти, други стотина започнати. Нашите инспектори, комунални, урабистички се постојано на терен, општинските врати се постојано отворени за сите граѓани за нивните секојдневни проблеми. Се обидуваме да им помогнеме, како нивен сервис, на сите граѓани на Карпош, за сите секојдневни, но и специфични потреби. Во таквите настојувања зад нас се и Советот и севкупната администрација кои се транспарентни и отворени за соработка во секое време. Тука сме заради Вас.

Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски


ДУП за локалитет Карпош 2, помеѓу улицата Бледски договор, булеварот Илинден, булевар 8-ми Септември и булевар Партизански одреди

ПРОНАЈДЕТЕ ЈА ВАШАТА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА WWW.KARPOS.GOV.MK

4


ДУП за населба Козле, МЗ Пецо Божиновски-Кочо дел А

УРБАНИСТИЧКИ ВИЗИИ

Над 2,1 милиони квадратни метри за бизнис инвестиции во урбаната сфера Карпош полека, но сигурно станува една од најатрактивните инвестициски дестинации во градот, но и во државата! Инвестирајте во нас, затоа што ја „пробиваме“ цената дури и на црното, но и на жолтото злато! Не сме котирани на берза, но акциите и фјучерсите ни се највредни. Ние сме фокусот на идните урбанистички визии. • над 60% од севкупната територија на Општина Карпош е урбанизирана. Од тоа 349.780 квадратни метри се наменети за големи трговски центри (деловни, угостителски, културни објекти). • освен тоа, 575.319 квадратни метри се наменети за изградба на комерцијални објекти. • за деловни и сервисни објекти на инвеститорите им се ставаат на „располагање“ 80.000 квадрати, • за стопанска намена имаме расположливи 388.154 метри. • за здравствени објекти, на заинтересирани инвеститори „чекаат“ 304.505 квадратни метри (Злокуќани и кај Воената болница) • спортот и рекреацијата ќе се развиваат на површина од 27.415 квадратни метри, доколку во наредните години се најдат квалитетни вложувачи • резиденцијални објекти, како оној кај Зајчев рид, на цела територија на Општина Карпош ќе може да се градат на 231.056 квадрати метри и • конечно за најатрактивните градби во урбанистички поглед, изградбата на станбени згради за домување (како оние кај Алумина и кај Воена болница) се нудат на површина од 182.067 квадратни метри. Овие простори за градба, кои изнесуваат вкупно 2.131.296 квадратни метри ја прават општината најотворена и најатрактивна општина за бизнис инвестиции во урбанистичката сфера може да се најдат на веб локација на општината www.karpos.gov.mk.

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО НАС, ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ И ОЧЕКУВАЈТЕ ДА ВИ СЕ ВРАТИ ПОВЕЌЕКРАТНО 5


Изложба на наградени трудови од Конкурс Општина Карпош организираше изложба на која беа изложени наградените трудови од Конкурсот за изработка на идејно архитектонско решение за партерно уредување на Локален плоштад во населбата Влае 2, како и сите 20 трудови кои учествуваа на Конкурсот. Промоцијата на изложбата се одржа во фоајето на Кинотеката на Македонија и траеше два дена, понеделник и вторник, односно 28 и 29 декември 2009 година. Изложбата свечено ја отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

6


Наградени дела од конкурс

АБВиД

ВТОРА НАГРАДА

Автори на трудот се: Ана Митрушевска, Бојан Петровски, Владимир Деловски и Дамјан Христовски, авторска шифра „АБВиД“

WAVE8

ВТОРА НАГРАДА Автор на трудот е Љупчо Џуровски, авторска шифра „wave 8“

7


Во изминатиот период реализиравме околу 90-тина проекти од градежно-комуналната сфера, асфалтирани се илјадници метри улици. Никола Русински по долги години доби речиси целосно нов лик, нова коловозна лента, но и нови тротоари. Истото го сторивме и со дузина други улици како улиците Ловќенска, Нерешка, Козле 6, Волгоградска, Букурешка, Есперанто, Сливовска, Иван Цанкар, Миладин Поповиќ, Андон Дуков, Титово ужичка и многу други. Обновени се повеќе фекални и атмосферски канализации на улицата Женевска, Јуриј Гагарин и Брадфордска и десеттина други. Поплочивме и покривме со бекатон стотици метри тротоари, изградивме пешачки патеки и пристапи за инвалиди, поставивме клупи по парковите изградивме целосно нови детски игралишта, како она во Трнодол, ги реновиравме старите. За повозрасната популација отворивме и два пензионерски клуба, на улицата Козле, и оној во состав на гимназијата Никола Карев со цел да имаат заедничко катче за дружење во слободните часови. Во план сме да отвориме и т.н. дипломатски клуб. Почитувани граѓани! Наскоро ќе излезе од печат детален отчет за досега сработените проекти.

8


Активности на Општината ВО ЈО „РАСЕПАНА МЛАДОСТ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

Пуштена првата стоматолошка ординација во детска градинка

Јавната установа детска градинка „Распеана младост“ денес ја доби првата стоматолошка ординација во детска градинка на територијата на Општината. На подрачјето на Карпош веќе има еден лекар по општа медицина во ЈУ детска градинка „Мајски цвет“, а забни амбуланти ќе се отворат и во останатите градинки: „Пролет“, Мајски цвет“ и „Орце Николов“. На отворањето на стоматолошката ординација беа

присутни градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, како и советници од Советот на Општинта. Опремувањето на забната амбуланта,како и платата за стоматологот кој ќе ординира во градинката, се од сметката на буџетот на Општината Карпош и тоа чини околу 400.000 денари. Во неа, ќе се вршат бесплатни превентивни и куративни прегледи за децата кои престојуваат во оваа установа.

„Децата се нашата иднина и нашата најголема грижа и треба од најрана возраст да ги научиме како да се грижат и да го сочуваат своето здравје “, изјави во оваа пригода градоначалникот Јакимовски. Тој нагласи дека ова е дел од стратегијата на Општина Карпош постапно да се обезбеди целосно „покривање“ на општинските детски градинки со медицински тимови за превентивна заштита на децата.

Снежни „косилки“ во акција Службите на Општина Карпош го дочекаа подготвени овогодинешниот снег. Во неколкукратните „снежни бранови“ кои не зафаќаа, уште во раните утрински часови почнуваа со расчистување на пешачките патеки за да се овозможи непречено движење на граѓаните во Општина Карпош. Акциите за чистење на снежните врнежи беа изведувани започнувајќи од најфрекветните патеки долж булеварот Партизански одреди, продолжуваа на големите собирни улици, за на крајот од снежните денови да бидат исчистени поголемиот дел од улиците во Општината. Снегот се расчистуваше со таканаречени снежни „косилки“ специјални машини за таа намена.

9


Активности на Општината НОВИ ПРОЕКТИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Штедење на енергија и модернизирање на осветлувањето Енергенсите, една од главните преокупации на светот, се високо на листата на приоритети во Општина Карпош. Владите и микроменаџерите од сите земји загрижено гледаат во бројките на потрошена енергија кои се еднакво високи како и штетните емисии на гас што ги испуштаат најразличните енергенси. Заклучокот е еден - и покрај проширувањето на листата на извори на енергија, мора да се прибегне кон штедење на енергијата, особено на електричната, а тоа може да се постигне само преку правилна примена и преку модернизација на мрежите за осветлување. Советниците на Општина Карпош неодамна се навратија на овој проблем и едногласно ги поддржаа дополнувањата на Програмата за енергетска ефикасност 2008-2012 со неколку нови и значајни проекти кои треба да се реализираат во наредниот период во нашата општина. Во делот на уличното осветлување, покрај тековните проекти кои се во фаза на реализација како што се: реконструкција на светилките со штедливи светилки и издвојувањето на командите за улично осветлување во ормари надвор од трафостаниците, предвидени се и нови зафати. На прво место е реконструкција на осветлувањето на спортските комплекси во Општината. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 20 спортски терени во училиштата и во урбаните заедници, а нејзина главна содржина ќе биде замената на вкупно 244 рефлектори од 400 вати во штедливи рефлектори од 150 вати, што ќе значи заштеда на енергија за повеќе од 65 отсто. Со овој проект вреден 8.720.000 денари ќе се постигнат заштеди на годишно ниво 246.696 киловати електрична енергија или во вредност од 1.325.480 денари. Овие заштеди преведени во намалена емисија на СО2 гасови (јаглен диоксид) на годишно ниво ќе значи помала емисија на овој штетн гас во воздухот.

Осветлување на Нерези Покрај тоа, се планира и осветлување на локалниот пат од Средно до Горно Нерези со соларни светилки. Со реконструкцијата и проширувањето на овој пат во должина од 5,3 километри се предвидува негово осветлување со автономни соларни светилки за кои не е 10

ОПШТИНАТА КАРПОШ И ОВАА ГОДИНА ГРИЖЛИВО ЌЕ СЕ ОДНЕСУВА КОН ЕНЕРГИЈАТА И ЌЕ ЈА ШТИТИ ЧОВЕКОВАТА ОКОЛИНА ОД ШТЕТНИ ЕМИСИИ НА ГАС

потребно напојување од мрежата на ЕВН. Предвидено е да бидат поставени 180 светилки, а инвестицијата ќе чини околу 300 илјади евра. Финансирањето е од сопствени извори на Општината и од средства од меѓународните инвестиции и фондови предвидени за користење на обновливи извори на енергија. Општина Карпош не ги заборава ниту училиштата и детските градинки. Со помош на Министерството за заштита на човековата околина на Италија и Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија веќе е во тек замена на топлинската енергија за греење на сите објекти со геотермална


енергија, како и замена на прозорци и врати на објектите со цел да се постигне поголема термичка изолација. Предвидена е и замена на електричната енергија со соларна енергија. Во иднина се планира и реконструкција на осветлувањето во дворните места на градинките и основните училишта. Тоа значи замена на дворното осветлување со штедливи светилки и додавање на нови канделабри и светилки за поголема безбедност на објектите. Следен чекор ќе биде обнова на внатрешното осветлување на градинките и основните училишта со цел да се подобри осветлувањето на работните простории на овие објекти и намалување на потрошувачката на електрична енергија во рамките на 30 до 40 отсто на годишно ниво. Овие два проекти се очекува да влезат во националната програма за намалување на потрошувачката на електрична енергија во јавни објекти и да бидат финансирани со средства од Министерството за економија и Агенцијата за енергетика.

Нов покрив за ОУ „Војдан Чернодрински“ Општината Карпош, со помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) – Програма за основно образование (ПЕП), во текот на јули оваа година ќе изврши целосна замена на покривот на ОУ Војдан Чернодрински. Училиштето е изградено во 1955 година и целото е покриено со салонитни плочи кои се веќе

Технолошки парк Советниците на Општина Карпош усвоија и посебен проект што е поврзан со примената на Правилникот за енергетски ефикасни објекти. Тука спаѓа изградба на таканаречен технолошки парк како образовен и иновативен центар за надградба на образованиете на младите и талентирани кадри. Вредноста на овој проект е 300 илјади евра. Понатаму, се ппанира и создавање на нови инфраструктурни мрежи за технолошка вода како предуслов за употреба на геотермални пумпи како нов обвновлив извор за греење и ладење на индивидуални, колективни и индустриски објекти. Овој проект ја разработува можноста за користење на геотермална енергија како посебен ресурс надвор од класичното греење од топлификација, како нови инфраструктурни мрежи. Проектот опфаќа неколку фази. Прво, одржување на семинари и презентација за предностите на овие системи во однос на постојните системи. Потоа, изнаоѓање на микролокации за изградба на бунари и пумпи за технолошка вода и спроведување на цевки до објектите како нова подземна инфраструктура. И како трета фаза е предвидено формирање на претпријатие врз принцип на јавно приватно партнерство, или јавно претпријатие, кое ќе стопанисува со оваа инфраструктура. Сите овие активности ќе се одвиваат во 2010, 2011 и 2012 година.

дотраени. Несоодветниот материјал на покривот (содржи азбест кој е штетен елемент), оштетувањата на одредени места на покривот, како и загубата на топлинска енергија во објектот, беа главните причини за целосна замена на покривот на ова училиште. Освен замената на покривот (3.062 m2) со проектот се предвидува и замена на ламарината, т.е. хоризонталните и вертикалните олуци, како и на громобранската инсталација во училиштето. Реализацијата на проектот ќе придонесе за подобро здравје на учениците и вработените, побезбедни услови за корисниците на објектот, намалување на загубата на енергија и потопли училници и кабинети, зголемена заштита на објектот од временски непогоди и подобрен естетски изглед на училиштето. Вкупниот буџет на проектот изнесува 4.095.060 денари, од кои 62% покрива Општината Карпош од сопствениот буџет, 36% УСАИД – Програма за основно образование и 2% учество на училиштето „Војдан Чернодрински“. 11


Архитектонско катче

Скандинавски менталитет за посветла иднина Како архитект, но и како жител на оваа општина бев пријатно изненаден од признанието кое и беше доделено на Општина Карпош. Тоа ме натера да проучам и да презентирам неколку анализи и факти поврзани со оваа општина, а воедно и да искажам почит за овој придонес, да укажам на одредените предности, но и недостатоци што искрено се надевам во блиска иднина ќе бидат надминати.

Основни параметри Базичните, основните карактеристики и параметри на Општината Карпош се темелат врз следните факти. Во неа живеат 63.000 граѓани (20.000 семејства) на површина од 35 километри квадратни. Општината е поделена на неколку месни заедници, односно населби (Карпош 1, 2, 3, 4, Влае 1, Влае 2, Нерези, Злокуќани, Бардовци, Владо Тасевски, Кузман Јосифовски и Пецо Божиновски) населби во кои има изградено неколку образовно-воспитни објекти и институции, односно 6 градинки, 13 училишта, 8 факултети. Од спортско-рекреативни центри би ги напомнале новоизградената спортска сала „Борис Трајковски“, „Партизан“, базенот „Младост“ и Спортската сала „Форца“. Во објекти од културата и објекти со културна вредност кои би го привлекле нашето внимание би ги посочиле: Драмскиот театар, Кинотеката на Македонија, Античкиот град „Скупи“, Аквадуктот, манастирот „Свети Пантелејмон“ и „Хавзи -пашините конаци“, за да завршиме со 66 метарскиот Милениумски крст поставен на Водно. Објекти од економски и стопански карактер бројат 7 трговски центри, 22 банки и 6 пошти. Од објектите за здравство би ги издвоиле Воена болница Поликлиника Букурешт, Специјалната болница за кардиологија„ Филип Втори“ како и други приватни клиники, стоматолошки ординации и аптеки. Од наведените параметри евидентно станува збор за прилично урбанизирана општина, во која се изградени претежно сите неопходни објекти

12

ОПШТИНА КАРПОШ ГО ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО НА КОНКУРСОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ОПШТИНИ И СЕ ЗДОБИ СО ЕПИТЕТОТ „ЕНЕРГЕТСКИ НАЈЕФИКАСНА ОПШТИНА ЗА 2009 ГОДИНА“. за нормално живеење и функционирање. Како и секој архитект ја бранам тезата која вели дека од убавото има поубаво, а наша задача е да предложиме нови решенија, нови идеи за поубаво, поздраво и поквалитетно живеење.

Предности Една од најголемите предности во оваа општина е нејзината инфраструктура и урбанистичка поставеност. Убав пример за тоа, доколку се осведочиме при анализата на населбата Карпош 4 каде ќе потврдиме при нашата перцепција, всушност тоа е населба во која станбеното домување е поставено во неколку типа на урбанистички издржани концепти: станбени низи, станбени кули, затворени и полузатворени станбени блокови. Друга значајна предност е тоа што училиштето и градинката се централно позиционирани за сите во населбата и им треба подеднакво време за да стигнат до нив, но поважно е тоа што околу училиштето и градинката постојат споредни и собирни улици, во кои не може да се одвива брз сообраќај, а брзите сообраќајници,булевари (Партизански одреди, Илинденска) се поставени периферно на јужната и северната страна од населбата. При градењето на станбените објекти е водено евиденција да не дојде до попречување и засенување на едни со други објекти, одземајќи ја сончевата топлина и светлина каде што секој објект рамноправно треба да го добие. Како што може да забележите, истото се случува во однос на дистанцирањето на секој објект со што се овозможува еден од најважните фактори за здрава населба - природното вентилирање. Свежиот воздух може слободно, и непречено да минува покрај сите објекти, правилно да ја вентилира целата населба без да наиде на пречки од самите објекти, кои во голем број случаи можат да го сопрат или во најмала рака да го намалат овој важен природен процес.


Затворените и полузатворени станбени блокови во својата внатрешност се решени со мали паркови во кои се интегрирани елементи за разонода, релаксација и забава за децата од пред училишна и училишна возраст. Евидентен е големиот степен на зелени површини.

Што ни недостасува ? За да имаме здраво општество, а со тоа и здрава општина, основна и фундаментална дефиниција е да имаме одлично здравство и образование. Мојот пристап и размислување за реализација на подобро здравство и образование се состои во стремежот и потребата за создавање на избор кај луѓето. Би се согласиле со мојата констатација, но во која форма и што претставува избор од аспект на архитектот. Изборот подразбира создавање и градење на нови институции ,нови современи објекти, мултимедијални објекти и имплементирање на неопходни елементи во општеството од сите потребни карактери и за сите потребни возрасти.

Лекции од минатото и планови за иднината. Ревитализација и енергетска заштеда За едно дете да добие шанса и да одбере дали сака да членува во фото клуб или во работилница за макети, да свири на гитара, да игра балет, да тренира фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, нормално е овие институции и објекти да постојат. Како да се направат? Со штедење. Во ред, но како? За време на моите студии имав чест и можност да присуствувам на летната школа во Осло, Норвешка во која учествуваа еминентни светски архитекти за области кои се поврзани за проектирањето и урбанизмот, како неизбежни составни сегменти за квалитетно живеење во едно општество. Генерално, ставот и поуките на сите архитекти беше дека архитектурата и проектантскиот инженеринг имаат пронајдено начин и методи кои го подобруваат квалитетот на живеењето, а како најблагородни од нив се имплементацијата на соларните системи, имплементацијата на фотоволтажните ќелии на зелената, односно еко-архитектура во општеството. Новите енергетски и еко системи овозможуваат штедење на енергија, топлина, вода, а не само штедење туку и зачувување на природните ресурси. Со самиот факт дека еден општествен објект може да ги намали своите

Пример: Ситуација 1: Ако едно дете во текот на денот има задача да оди на училиште, да се врати да ја напише домашната задача, а потоа да излезе на улица и во вечерните часови да се врати дома да ја повтори домашната задача, а потоа да легне – ова дете би имало просечно образование. Ситуација 2: Ако едно дете во текот на денот има за задача да отиде на училиште, да се врати дома, да ја напише својата домашна задача, а потоа да отиде на часови за изучување на англискиот, германскиот или францускиот јазик и при тоа во брз ритам се обидува што поскоро да се врати дома, да не го пропушти тренингот во кошарка, фудбал, пливање или одбојка, а пријателите го чекаат во работилницата во која со нетрпение ќе ја направи својата нова макета или пак, можеби ќе се радува да оди во некое фото студио да ги изучува најголемите вештини на фотографијата, или во некоја секција да ги изучува бравурозните акорди на гитарата, играњето балет, за на крај, исполнет, да се врати дома полн со стекнатите импресии и ентузијазам , кога ќе ја повтори својата домашна и легнува да спие –ова дете сигурно ќе има добро образование.

електрични трошоци за 50% или да ги сведе буквално на нула, импресионира помислата за колкави заштеди станува збор. Истото важи и за индивидуалните објекти како и за објектите за колективно домување. Претставете си ја сликата на крајот од месецот едноставно да немате сметка за електрична енергија или пак да нематe сметка за греење или пак, сметката за водовод да ви се намали за 50 %. Бенефити кои одамна се користат во Европа, а примерите за нив се многубројни. Бенефити за кои и оваа општина почна да размислува и да пронаоѓа начин како истите да ги интегрира во нашата општина. Оттаму и поддршката за отпочнувањето на проектот и програмата за инсталирање на еко – светилки во склоп на уличната градска мрежа во Општина Карпош, како и верба во многу слични проекти и програми во блиска иднина. Тоа практично значи дека интеграцијата на овие системи ќе изврши штедење и по одредено време ќе овозможи да се обезбедат доволно средства за изградба на нови, помодерни современи, мултимедијални објекти со современи технологии кои ќе овозможат имплементација на сите потребни институции неопходни во една урбана средина како што е Општината Карпош. Игор Василевски, дипл.инж.архитект www.arhitekt.mk 13


Настани

Детскиот ликовен центар – Бастион на детското ликовно творештво во Република Македонија Добитникот на наградата Елена Бошковска

ЛИКОВНИТЕ КОЛОНИИ И РАБОТИЛНИЦИ КОИ ТРАДИЦИОНАЛНО СЕ ОРГАНИЗИРААТ, СЕ ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА МЛАДИТЕ ЗА ДА ГО ПОКАЖАТ И ДОКАЖАТ СВОЈОТ ЛИКОВЕН ТАЛЕНТ Велат, уметноста е огледало на човечкатадуша. Па, замислете како е кога една детска и неконтаминирана душа создава уметнички вредности. Се чини дека ликовната уметност е некако најдостапна и најсоодветна за уметничко изразување на најмладите, бидејќи таа остава најмногу место за имагинација и експериментирање. На таков начин доаѓа до израз сета детска наивност, импровизација, но и суптилност. Во едно општество исклучително е важно да постои систем кој ќе го развива и ќе го негува овој уметнички израз на младите. Но не само тоа. Системот треба да има развиена и своевидна интергенерациска меморија на ликовни творби создавани од сите генерации. Во таа смисла, Општина Карпош е привилегирана затоа што јадрото на овој систем кој ја покрива целата територија на Република Македонија се наоѓа токму на нејзина територија. Имено, во просториите на Детската библиотека “Другарче“ се наоѓа Детскиот ликовен центар (ДЛЦ). Формиран, пред нешто повеќе од 40 години, тој е „spiritus movens“ односно, движечка сила во 14

артикулирањето на интересот за ликовно творештво меѓу најмладите. Со неколку стотини организирани манифестации, над 50.000 детски ликовни творби архивирани и депонирани во просториите на Кинотеката на Македонија и во Бардовските конаци, ДЛЦ е есенција за развојот на ликовната уметност во Македонија. Низ манифестациите на ДЛЦ досега директно или индиректно поминале над 200.000 учесници, почнувајќи од млади ликовни творци, родители, ликовни педагози, граѓани. Освен масовните манифестации, кои обезбедуваат учество на огромен број учесници, ДЛЦ е своевиден инкубатор за индивидуален развој на надарените млади за ликовно творештво. Ликовните колонии и работилници кои традиционално се организираат, се одлична можност младите да го покажат и да го докажат својот ликовен талент. Затоа може да се очекува дека ДЛЦ ќе биде значаен дел од Центарот за таленти, кој општина Карпош планира да го создаде во текот на оваа година. Освен благородната мисија во анимирањето и организирањето на најмладите за занимавање


со ликовна уметност, ДЛЦ беше и е промотор на богата меѓународна активност во оваа област. Творбите на младите ликовни творци од Македонија преку ДЛЦ учествувале на стотици изложби во светот и од таму донеле бројни награди и плакети. Последен, во таа низа од успеси, е златниот медал на ученичката од нашата општина, Елена Бошковска, која учествуваше на 37-то издание на меѓународната детска ликовна изложба „Лидица 2009“ во Чешката Република. Златниот медал на Елена и го врачи лично Неговата Екселенција, амбасадорот на Република Чешка во Македонија, господинот Јозеф Браун. Од друга страна, со својата мисионерска и благородна дејност, ДЛЦ е на браникот на објавената војна против пороците и девијантните појави кои како Дамоклов меч висат над младата генерација. Одвлекувањето на интересот на

Прием кај амбасадорот на Чешката Република НЕ Јозеф Браун

младите во светот на ликовната магија е едно од најефикасните оружја во таа борба. И на крајот, да не заборавиме дека зад секоја активност, зад секоја организација, сепак стојат луѓе – ентузијасти. Ова пред се се однесува на големиот број ликовни педагози кои неимарски, врз волонтерска основа се вградија во четири децениското постоење на ДЛЦ. Тие покажаа дека ликовните кабинети и училниците во училиштата не се доволни за да се пласира ликовната енергија која ја поседуваат младите. Заради тоа несебично се вложија во работата на ДЛЦ и во реализација не неговите активности: од изложби, работилници до колонии. Не сакајќи никого од нив да навредиме, во оваа пригода сепак треба да се истакне дека организациски зад сите овие активности во последните скоро две децении, стои непоправливиот ентузијаст, вљубеник во детското ликовно творештво, ликовниот педагог и ликовен творец – Харалампие Манчев, или едноставно Хари. Неговата скромност и неисцрпната енергија се гаранција дека ДЛЦ ќе продолжи по својот пат, пат од детската имагинација до детските ликовни творби. (З.П.)

Eднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е постојано тело на Општина Карпош составено од редот на советниците на советот, формирана на 01.10.2009г со Одлука на седница на Советот на Општина Карпош, врз основа на член 6 од Законот на Градот Скопје, чл. 32, 36 и 62 од Законот за локална самоуправа и чл.16, 17 и 44 од Законот за еднакви можности на жените и мажите. Целта на оваа Комисија е промовирање на принципот на воспоставување еднакви можности на жените и мажите во политиката, економијата, социјалната и образовната дејност, како и во другите области на општествениот живот. Комисијата во состав: Претседател Билјана Костова, членови: Габриела Маџоска, Мирјана Попоска, Цветанка Мишева, Анета Марковска-Илиевска, Анка Спасовска, Радмила Живадиновиќ, Данило Цветковски и Оливер Зафировски, советници на Советот од Општина Карпош. За Координатор за еднакви можности е определена Евантија Стојановска, државен службеник во Општина Карпош. Комисијата одржа состанок на 10-ти декември 2009 со кој претседаваше претседателот Костова а на кој присуствуваа освен пет членови од комисијата и претставник од НВО „Амбрела“. На состанокот беше разгледан извештајот за активностите во периодот од нејзиното формирање - посетени семинари, трибини и соработка со Организацијата на жените во кампањата за семејното насилство. Посебно се разгледуваа предлозите и изготвувањето на Акциониот план 2010-2011 г од кој ке зависат понатамошните двегодишни активности на Комисијата. 15


Контакт информации на Урбани и Месни заедници во Општина Карпош Карпош 1 Самостоен референт Претседател на урбана заедница Карпош 2 Самостоен референт Претседател на урбана заедница Карпош 3 Самостоен референт Претседател на урбана заедница Карпош 4 Самостоен референт Претседател на урбана заедница Владо Тасевски Самостоен референт Претседател на урбана заедница Тафталиџе 1 Самостоен референт Извршител на административно технички работи од област на месната самоуправа Претседател на урбана заедница Тафталиџе 2 Извршител на административно технички работи од област на месната самоуправа Претседател на урбана заедница Влае 1 Самостоен референт Претседател на урбана заедница

karpos1@karpos.gov.mk Мирче Блажевски 070/244-286 Драги Мишевски 075/428-999 karpos2@karpos.gov.mk Лидија Цацановска 075/630-558 Драган Мирчевски 3297-268 karpos3@karpos.gov.mk Мирјана Георгиевска 072/268-054 Трајко Савески 075/671-233, 3064-572 karpos4@karpos.gov.mk Виолета Божиновска 072/268-052 Горан Михајлов 070/235-787 vladotasevski@karpos.gov.mk Елена Ѓурчилова 070/862-117 Иван Новак 3066 703 taftalidze1@karpos.gov.mk Михаил Нелковски 075/292-066 Оливера Пенова 072/601-090

Благоја Цветковски

taftalidze2@karpos.gov.mk Горан Велковски 072/677-805

/ vlae1@karpos.gov.mk Ненад Зафировски 072/268-053 Живко Атанасовски 2050-139

Влае 2 Самостоен референт Претседател на урбана заедница

Жарко Јосифовски Миле Наумчевски

Самостоен референт Претседател на месна заедница

Весна Антевска Спасе Танески

Нерези

Кузман Јосифовски Питу

vlae2@karpos.gov.mk 072/268-056 075/407-801

nerezi@@karpos.gov.mk 071/591-797 070/717-601

kuzmanjosifovski@karpos.gov.mk Самостоен референт Претседател на урбана заедница

Пецо Божиновски Кочо Самостоен референт Претседател на урбана заедница

Аце Постоловски Ристо Силјановски

Извршител на административно технички работи од област на месната самоуправа Претседател на месна заедница Бардовци Извршители на административно технички работи од област на месната самоуправа

070/365-822 070/233-680

pecobozinovski@karpos.gov.mk / Звонко Димитриевски 070/330-310

Злокуќани

16

070/538-409

Гаши Сарди

zlokukjani@karpos.gov.mk 075/552-579

Слободан Павловски

070/225-006

bardovci@karpos.gov.mk Мирослав 076/907-081 Петрушевски Весна Александрова 070/742-243 Георги Џидров 075/570-277


Под ведро небо УМЕТНИЧКА КОЛОНИЈА ПОД „ВЕДРО НЕБО“ ...дела на теми од животот, радоста и тагата, нашиот град онаков каков е и каков сакаме да биде и уште мноштво идеи на големите мајстори на сликарските кисти...

Ставре Димитров

Сашо Поповски

Доне Миљановски

Маријета Сидовски

Милан Андов

Габриела Михајлова 17


Симонида Филипова-Китановска

Невзат Бејтула-Кица Маријана Марионцу-Симовска

Харлампие Манчев Маја Стојановска

Тања Таневска

Решет Ахмети

Илија Богоевски

Андреј Митевски

Максим Димитров 18

Ведран Бојановски


Илчо Симовски Пандора Апостоловска-Саздовска

Дијана Томиќ-Радевска

Марија Светиева Денис Тенев

Касиопеа Наумовска Агрон Абдули

Цветанка Јованова

Јулијана Гешовска Сергеј Дамовски 19


ПЕЈЗАЖИ HA ПСИХОЛОШКИ НАСТРОЕНИЈA Во спомен на Тофе Шулајковски (1934-2009) Тофе Шулајковски беше веројатно единствениот наш сликар, по Љубомир Белогаски, чиј креативен ликовен израз целосно се исцрпува со акварелот. На последната своја изложба во двата салони на КИЦ - Скопје тој се претставува со рамно 133 акварели, главно во среден и мал формат. Оние што го следат и од поблизу познаваат неговото сликарство и оваа изложба ќе ја препознаат како природен континуитет на неговиот ликовен опус. Тој е граден трпеливо и спонтано и неговите визуелни ликовно - технички истражувања и инспиративни заграби не се карактеризираат со остри свијоци, скокови, или падови. Познато е дека Тофе Шулајковски започнува како пејзажист. Пејзажот во многу варијации, а потоа и битни трансформации ќе остане до денес негова основна тема низ која се манифестира неговото чувствување не само на светот околу себе, туку и на светот во себе. Шулајковски (Дебар, 1934) својата ликовна кариера ја започнува во втората половина на педесеттите, имено, со сликање на македонскиот пејзаж. Тој тоа го прави со една префинета импресионистичка екстатичност која води сметка за нијансите на светлосните ефекти и за музикалните ефекти на боите. Неговите пејзажни мотиви се главно камерни, типично лирски и најчесто исполнети со испечена, зрела летна светлина. Колористичката палета е дискретна но богата, a во мотивите од долината на Радика таа е раскошна, речиси барокно оркестрирана во хроматските тонски созвучја. Во тој пејзажистички период Тофе Шулајковски е лиричар, кој ги користи максимално можностите на акварелната техника во мотивите што ги слика. Неговиот потег со четкичката е контролиран, но е доволно суптилен и опуштен, за да не е заробеник на формата и нејзините цврсти рабови, смекнувајќи ја истата низ фини преливи на просторот со облаците. Од изложба до изложба тоа смекнување и прелевање, кое има намера да ја поништи формата е cе поприсутно. Шулајковски cе повеќе го интересира

20

атмосферата, сугестијата на предметот, отколку самиот предмет од кој поаѓа неговата инспирација. Особено последниве две децении тој нагласено инсистира на таквиот тип на ликовно сфаќање и постапка која, конкретно во поезијата, теориски прецизно ја дефинираа практикуваа симболистите. Неа најјасно ја изрази Маларме со барањето: да се сугерира, а не да се именува она што е предмет на уметноста. Последната изложба на Тофе Шулајковски речиси без остаток го следи овој Малармеов, симболистички принцип на сугерирање, наместо именување; на растворање, наместо на згуснување и обликување. Тоа е целосно сликарство на атмосфера, на некој вид психолошка симболичка сугестија во која боите ја даваат скалата и ги сугерираат душевните настроенија на сликарот. Со еден збор, оваа изложби е евидентен резултат на еден спонтан, речиси целосно ослободен, асоцијативен и емотивен израз на битието на авторот. И самите наслови на некои слики (како што се: Сон, Флуид, Тишина, Ноќни звуци Одблесок Етида, Ехо на ѕвонот итн.) јасно покажуваат дека инспиративниот/предмет на Тофе Шулајковски на последната негова изложба не е од сферата на конкретното, туку од сферата на асоцијативното и психолошкото, нематеријално подрачје. Неговата содржина е составена од емотивни и ониристички пластови. Се разбира, на многу акварелни листови на Тофе Шулајковски пак препознаваме пејзажи. Но тоа се веќе некој вид на ментални пејзажи, со наместа одвај дефинирани контури на пределот. Такви, тие се главно компонирани од сетилни сензации. Тие се прилично екстатични и нивниот извор се наоѓа редовно во пулсот на возбудата, во она што го именуваме како длабоко лично, внатрешно доживување на светот, чија реална слика на облиците е преобразена во асоцијативна слика на сеќавањето, чувствата и интуицијата. Во оваа и таква фаза на сликарството на Шулајковски согледуваме и еден поинаков третман на акварелот во однос на неговата рана акварелистичка фаза. Кратко и јасно: импресионистичкиот е

заменет со експресионистички пристап кон бојата, потегот и ритамот со кој се започнува, дефинира и завршува сликата. Наместо лесна лирска хармонизација и проѕирност сега се користи густ пигмент на боја нанесен со широк и енергичен потег, така што лесно може да се добие впечаток дека во некои слики е користена гваш - техника. Наместо нијансирањето засилен е контрастот меѓу боите со честопати смели комбинации во кои посебно се нагласени црвената, жолтата, окерот, виолетовата, зелената. Акварелите на Тофе Шулајковски на неговата последна изложба, согласно со нивната хроматска звучна сугестија,

но и со форматот во кој се реализирани, оставаат впечаток на ликовни сонатини, кои заедно ја развиваат акварелната симфонија на едно инспиративно, интуитивно и емотивно сликарство. Тоа е искрено и длабоко доживеано, затоа претставува доживување и за гледачот, кој во него може да препознае сопствени емотивни настроенија и психолошки содржини.


Информатичка технологија ИНТЕРВЈУ: АНТОНИ ПЕШЕВ

Карпош е центар на елитните бизниси „КАРПОШ Е ЕДНА ОД РЕТКИТЕ ОПШТИНИ ШТО ВО СВОЈАТА СТРУКТУРА НЕ Е ПРЕНАСЕЛЕНА И ИМА УШТЕ ПРОСТОР ЗА ЕКОНОМСКО РАЗВИВАЊЕ“

Господине Пешев вие сте еден од најголемите лобисти за Општината Карпош да го добие статусот на лидер во примената на информатичката технологија. Кои се вашите аргументи за тоа? - Искуството на развиените земји покажува дека земјите кои немаат многу развиена индустрија се вртат кон услужните дејности. Конкретно во Македонија, кај општините кои имаат истакнати капацитети во туризмот има и богата туристичка понуда, меѓутоа кај оние општини што немаат такви капацитети се забележува форсирање на трендот на таканаречени „еколошки чисти бизниси“, воспоставување на мали и средни претпријатија, подигање на технолошки паркови.

Кој би бил ефектот? - Па, со тоа се придонесува за подигнување на генералниот капацитет на Општината за бизниси кои неа би ја направиле актрактивна не само за периодот во кој таа функционира како урба-

на средина и пристојно место за живеење туку како пристојно место за бизнис.

Зошто сметате дека Општина Карпош може да одигра тука улога? - Општината Карпош според својот профил одговара токму на општините во светот кои имаат таква стратегија. Таков е примерот со општината Аглитрон во Вашингтон. Во неа се собираат даноци на две нивоа, локални и федерални даноци. Кај локалните општината може да си пропише намалување на даноците за одредени стопански дејности за да го стимулира нивниот развој. На пример, овозможуваат ефтина изградба на технолошки паркови, зголемување на капацитетот за изградба на таканаречени инкубаторски инсталаци и итн.

Сепак може ли Карпош да одговори на овој предизвик? - Може. Меѓу другото, Карпош во низата компаративни предности го има и паркирањето на автомобили. Преку ден проблемот за паркирање 21


не е толку изразен бидејќи Општината е типично урбана единица од која луѓето патуваат на друго место да работат, така што преку ден има екстра капацитет во делот на паркирањето. За разлика на пример од Општина Центар, каде во секое време има проблеми да се најде место за паркинг. Тоа е секако само еден дел од условите што ги задоволува Општина Карпош, кој го дадов само за пример.

Што ќе добие од еден таков, условно речено бизнис, Карпош? - Општината останува еколошки чиста, се подига нивото на луѓе што работат во Општината, а со тоа и се привлекуваат тука да живеат во општината луѓе со подобри финансиски капацитети. Општината добива потенцијал во делот на урбаното однесување, можност за уредување на простор, куќите добиваат на вредност, се подобрува целата инфраструктура на живеење. Ќе го посочам примерот на Мајкрософт во САД кој успеа во една пустина да изгради четири градови во прва класа, затоа што сите шефови си купија куќи и почнаа да инвестираат во куќите, си ги направија дворовите а општината им ги направи улиците.

Но сепак што значи тоа на конкретен план за нашата Општина? - Да се изразам сликовито, милион и една причина наведуваат на таква индустрија. Карпош е една од ретките општини што во својата структура не е пренаселена и има уште простор за економско развивање особено сега со законот за доделување на земјиштето од касарните и слично. ИТ (информатичка технологија) бизнисот не зафаќа многу простор, не бара производствени хали, не бара илјадници квадрати, туку може да се развие на мал простор . Една голема информатичка фирма не зафаќа простор повеќе од 800 до 1000 квадрати, кој е претворен во исклучително работен простор. Притоа тој простор е бруто, во него има ходници, бифе и слично. Значи се добива на мал простор концентрација на луѓе кои работат. Овие фирми не мора да бидат информатички фирми, може да бидат новински куќи, издавачки куќи и сл. Зборуваме за компании кои имаат профил на повисоката класа на компании со интелектуална работа. Општината треба да има цел како да ги привлече ваквите компании и да ги задржи.

Вашата компанија Ултра-нет работи на територијата на Општина Карпош... - Главната причина зошто Ултра-нет е тука е за22

ради тоа што лесно се доаѓа овде. Општината Карпош има добра комуникација со центарот на Скопје со еден булевар и со два булевари што се во изградба, „Илинден“ и „Орце Николов“. Од центарот на градот до Карпош се стигнува за помалку од15 минути. А и овој тип на бизниси не бараат да се наоѓаат во преден план на шеталиште затоа што овде се доаѓа со намера - значи закажуваш состанок, доаѓаш и имаш состанок и си одиш. Овде само треба да има добар паркинг да го оставиш автомобилот да завршиш работа и да си заминеш.

Кои информатички технологии (ИТ) или комуникациски компании работат или работеле во Општина Карпош?

- Во општина Карпош во моментов се следниве компании: Он-нет, Ултра-нет, Лог-ин, Некс-сенс, Диџит, Сивус, Еко-нет, Ин-нет, Александрија, Пексим, Моби-ко, Сет-ком, Купи лаптоп, Фонко, Горење, Медиа принт, К-15, Тотал тв, Торпс, Инсофт, Лира електроник, АМЦ компјутери, Ривер софт и други.

Какво е вашето мислење за условите што ги нуди Општина Карпош? - Мали се инвестициите што треба да ги направи Општината. Не треба да се настојува за изградба на класични индустриски зони, туку еколошки паркови. Да се инвестира во едукациски центри, високообразовни институции, основни училишта, градинки. Да се инвестира во подобрување на инфраструктурата на образованието заради тоа што таа е составен дел на целокупната работа. Општината Карпош ги има: Електротехничкиот факултет, Машинскиот факултет, Технолошкиот, Педагошкиот, Високата школа за новинарство и односи со јавноста, НОВА гимназијата. Значи во Општината ги има условите за натамошен развој и сето тоа треба да се искористи за подобрување.

Значи задоволен сте? - Реално земено во Општината, не може да се градат фабрики или нова инфраструктура. Треба да се зачува и реконструира постојната инфраструктура. Фабриките со тешка индустрија кои ја загадуваат околината одамна се затворени, што значи, Општината не е ниту индустриска ниту туристичка, така што останува да биде урбана општина со развој на висока технологија и стимулирање на интернетот.


Информатичка технологија Како? - Општината од своите базични приходи на финансирање би требало да се откаже од некои приходи или да ги пренамени за подобрување на условите за финансирање на таквите компании. Тоа значи, со тоа што ќе платиш комуналии, тебе ќе ти биде донесено струја, вода, не само обична струја бидејќи ние работиме на посебен вид енергија - ваквите компании бараат посебно ниво на енергија. Вака кажано изгледа едноставно... - ....Тоа на што треба да работи Општина

мет и сл. Со тоа расте вредноста на Општината, на станбениот простор, на деловниот простор. Таквиот приод во кој се бараат можности за унапредување е сигнал за луѓето да ја одберат Карпош за нивна општина.

Што ве мотивира да ја одберете Општина Карпош за ваша општина? - Па, прво, нашите коминтенти не се нервозни кога доаѓаат да не посетат затоа што доаѓаат лесно до нас, не се нервираат за паркирање и слично. Второ, вработените можат да дојдат со повеќе транспортни средства и Општината треба да внимава достапноста да биде на високо ниво. Ако е под нивото на комуникација, таа мора да инсистира на подобрување на автобуските линии, на комуникацијата, за да можат вработените полесно да стигнат до своите работни места. Трета работа е дека овој простор не бара луѓето да бидат нон стоп во контакт со луѓе заради тоа што комуникацијата се врши преку интернет. Така што, коминтентот го добива производот по електронски пат, тој може да го гледа и дома, да го поправи ако има грешки, и да каже критика.

Што беше пресуден момент за вашата фирма? Карпош е - квалитетно снабдување со електрична енергија, подобрување на патната инфраструктура, подобрување на телекомуникациската мрежа. Општината може да ’истурка’ средства со кои ќе ја направи целата општина компјутер френдли (пријателска). Тоа значи на различно ниво до одредени капацитети на пропуст на моќ да направи повеќе таканаречени ’хот спот’ места каде што ќе може да се користи интернет. На пример, во близина на Општината и во близина на трговските центри. За мали пари може да се стимулира луѓето да не мора да патуваат лево- десно, туку, ако се тука некаде да го искористат интернетот за да си завршат работа. Мислам на таканаречените слободни безжични интернет зони.

Каде предлагате да се постават? - Покрај нагјолемиот студентски дом „Гоце Делчев“ задолжително треба да има такви ’хот спот’ точки. Потоа, трговските центри „Олимпико“, „Лептокарија“, „Форца“. Знаете, тоа не се мега трошоци туку мега предности што Општината може да ги добие со вакви места. Со тоа ќе се направи попријатно живеењето во Карпош, а да не говориме дека таквото покривање со интернет ќе овозможи контролни механизми на броење, мониторирање на про-

- Ние кога планиравме каде да биде нашата компанија важен елемент беше тоа што Македонски телекомуникации имаа голема дворна површина во Општина Карпош. Треба да се води сметка Општината да биде телекомуникациски, патно и инфраструктурно многу поврзана со главните текови за да биде ефтино да се приклучиш на интернет и сл. Тоа се важни елементи кои ги привлекуваат компаниите овде во Карпош. Телекомуникациските капацитети на Општината се многу важни.

Што добива општината од вакви компании што се на нејзино тло? - Во Општината секојдневно најмалку гравитираат во просек околу 400 високообразовани, добро платени вработени, кои своите дневни потреби ги извршуваат во Карпош. Значаен дел од нив ќе се обидат да си го решат станбеното прашање токму овде. Важно е да се напомене дека Општината Карпош има уште парчиња земја што се третираат како земјоделски ама сега со новиот план ќе бидат пренаменети. Елитните бизниси се наоѓаат во Општина Карпош и овој тренд треба да се задржи. Карпош е центарот на технолошките случувања. Памела Илиева 23


СТУДЕНТИТЕ НА МИМ „СНИМАА“ КАКО КОМУНИЦИРА ОПШТИНАТА?

Отворени кон надвор, затворени внатре КОРПОРАТИВНАТА ВИЗИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ВАЖНА И ТАКВА ШТО НА ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ ДА ЈА ИДЕНТИФИКУВААТ И КОЈА ШТО ТИЕ ЌЕ ЈА СМЕТААТ ЗА СВОЈА

Високата школа за новинарство и односи со јавноста е една од позначајните високообразовни институции кои работат на територија на Општина Карпош, но и институција која е во постојана соработка со Општината и општинската администрација. Ефектот од соработката е двостран. Ние им помагаме на младите академски кадри да стекнат знаења од практиката, тие нам да ни ги приближат најновите научни и теоретски достигнувања. Во таа насока беше и подготовката на „Стратегија за подобрување на интерната комуникација во Општина Карпош“ што ја изработија младите студенти со нивната професорка м-р Марина Тунева. Студентите на МИМ (Македонскиот институт за медиуми) за таа цел направија едно истражување со вработени на различни нивоа и позиции 24

во Општината со цел да ги сублимираат сознанијата за квалитетот на внатрешната и надворешната комуникација и да ни предложат сопствено видување преку стартегија за унапредување на таа комуникација. Еве неколку сегменти од побемната анализа за тоа како не видоа студентите на МИМ и што ни препорачуваат: Теодора Панчевска, Ѓоргиевски Миле, Фросина Тајковска, Јелена Лазовска, Зафир Делиуланов, Божидар Амбаров.

НЕКОИ ПРОБЛЕМИ Како основен проблем во внатрешната комуникација во Општина Карпош се јавува старосната структура на вработените. Постарите вработени избегнуваат соочување со новите начини на комуникација по пат на интернет, интранет и електронска пошта. Секој си

ја врши својата работа, и толку. Но, што е со тимската работа?! Анкетирањето на вработените не е доволно еднаш во годината. За успешно работење помагаат и рутинските брифинзи што овозможуваат активност на вработените. Вербалната комуникација лице в лице останува како добар начин за размена на мислења и сугестии, а секако тука се и билтените и публикациите. Проблемот, „не одземајте ми го моето време по 16:00 ч.“ може да се реши и со активности надвор од работното време. Вработените се ставаат себеси пред општината. Го почитуваат своето време но не и времето на своите клиенти и колеги. Застарен однос кон работата. Не користење на технички средства за комуникација. Овие проблеми може да се решат со дополнително мотивирање на вработените. Преку анкетирање на вра-


Другите за нас ботените дојдовме до сознание дека една од пречките во комуникацијата е и незадоволството од работниот простор. Тоа би можело да се подобри доколку би имале просторија во која би го поминувале заедничкото слободно време (пауза за оброци), и доколку би се организирале активности надвор од работното време.

на повратна информација е чекор во комуникацијата кој придонесува за подобра мотивираност кај нив. Информациите се споделуваат транспарентно, но и преку е-пошта или преку интранет. Раководителите треба да се обидат да разберат дали се сфатени од вработените. И доколку не постои проблем, треба да се комуницира. Редовни состаноци на градоначалникот на Општината со раководителите на секторите кои ќе се одржуваат секој понеделник пред почетокот на работните обврски. Врз основа на истражувањата кои се спроведени помеѓу вработените, се дојде до резултат дека вработените најмногу се информираат преку состаноци. По примената информација тие истата ја пренесуваат на другите вработени.

РЕШЕНИЈА Корпоративната визија треба да биде важна и таква што на вработените ќе им овозможи да ја идентификуваат и да ја сметаат за своја. Кога вработените се информирани тие повеќе се чувстуваат верни и ценети, а ова, само по себе, ја поттикнува самодовербата која е неопходна за да се создаваат нови идеи. Покрај промовирањето и потребата за информирано учество и иницијатива на сите членови на организацијата, една корпоративна визија која што го цени корпоративнот оразмислување треба да биде поткрепена со соодветни контролни структури, оперативни процедури, систем на награди и средства. На пример, најкреативните корпоративни визии ќе бидат поткопани и уништени со диктаторско лидерство, бирократски процедури, систем на награди којшто го поткрепуваат оддржување на status quo и краткорочен профит. Основен проблем е старосната стурктура во Општината. Постарите вработени избегнуваат соочување со новите начини на комуникација по пат на интернет, интранет и електронска точка. Секој раководител на сектор на своите вработени треба да им објасни дека ваквиот начин заштедува време. Потребна е обука на сите вработени, без разлика дали

ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА

некој знае да користи интернет. Групните обуки би придонеле за израмнување на сите вработени на еднакво ниво. Секако обуките би се одвивале по работното време, инаку би трпеле секојдневните обврски. За обуките би биле задолжени луѓето од IT секторот, па би немало дополнителни трошоци. Меѓутоа, ова би требало да им се објасни на вработените како метод за подобрување на интерната комуникација, која би резултирала со подобрување на корпоративниот идентитет. Раководителите треба да се свесни за вредноста на размислувањата на вработените. Нивните мислења се многу важни. Внимателно пренесените информации до секој вработен, како и очекувањето

Добрата екстерна комункација е резултат на добра интерна комуникација. Тука спаѓаат односите со медиумите, прес конференции, извештаи од конференциите,промотивни публикации, настани, промотивни кампањи, Веб страница, односи со корисници на услуги. Општината редовно треба да печати промотивни публикации: тоа се брошури, билтен, плакати и флаери. Тие претставуваат ефикасен начин на комуникација со граѓаните. Целта е да се задржи постојниот начин на комуникација, да им се дадат детални информации на граѓаните за активностите што ги остварува општината. Нашите истражувања покажуваат дека Општината Карпош во овој дел, ги исполнува своите обврски, и граѓаните се редовно информирани за сите активности. 25


Талентирани ученици

Пишува: Проф. д-р Зоран Т. Поповски од Тафталиџе II Што треба да е моторна сила во едно општество? Па веројатно најдобрите, најталентираните и најдокажаните во своите области. Е сега дали е баш секогаш така, е друга работа. Како и да е, земја која води организирана грижа за своите уметнички, спортски и научни таленти има многу повеќе шанси за успех во споредба со земја која тоа не го прави.

МНОГУ ПАТИ СЕ ПОКАЖАЛО ДЕКА ПОСЕДУВАЊЕТО НА НЕКАКОВ ТАЛЕНТ ВООПШТО НЕ Е ГАРАНЦИЈА ЗА УСПЕХ. ДУРИ МНОГУ ЕКСПЕРТИ СМЕЛО ТВРДАТ ДЕКА ТАЛЕНТОТ ВО КОНЕЧНИОТ УСПЕХ УЧЕСТВУВА СО 10-20%, А ДРУГИОТ ДЕЛ ЗАВИСИ ОД УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА, ПОДДРШКАТА И ИНДИВИДУАЛНИОТ АНГАЖМАН НА ПОЕДИНЕЦОТ НЕЗАВИСНО ДАЛИ СТАНУВА ЗБОР ЗА УМЕТНОСТ, СПОРТ ИЛИ НАУКА.

КОЈ ВОДИ СМЕТКА ЗА НАДАРЕНИТЕ? Но, да видиме што е тоа талент, односно што се тоа надарени млади. За тоа не постои некоја универзална дефиниција, но можеме да се обидеме да се доближиме до поимот. За мене, на талентираното дете му е ‘тесно‘ во школските клупи, односно го интересира нешто повеќе од тоа што му се сервира независно дали станува збор за музика, ликовна уметност, литература, спорт, медицина, природни, хуманирани, технички или општествени науки. Освен што го интересира, се разбира тоа треба да го потврди и со соодветен успех во текот на школувањето. Веројатно секој поединец си располага со афинитет, квалитет или интерес кон некоја од споменатите области. За жал, многу често децата стануваат возрасни не откривајќи во себе нешто што посебно ги интересира, а тоа најчесто завршува и со несоодветен избор на професија.

Како е во Македонија?

Кој е виновен за тоа да речеме во Македонија? За да не бркаме вештерки, само ќе кажеме дека нашето образование не е фокусирано на надарените ученици, туку напротив на слабите. Имено, најголем дел од времето наставницитетрошат на тоа како единиците да станат двојки, а за оние кои пројавуваат интерес за нешто повеќе од учебниците, едноставно се нема време. Ако се вратиме назад во не многу одамната образовна историја, ќе се потсетиме дека тогаш секциите беа организирани во сите училишта, а секој ученик се наоѓаше во некоја од нив. Денес секциите се вистинска реткост, а причините треба да се бараат кај немотивираните наставници, незаинтересираните деца или зафатените родители. Како и да е, без ваква ши26

рока основа за идентификација и селекција на надарени млади, не може ни да има систем за откривање и развој на таленти. Во државава постои некаков континуитет во организирање на натпревари за покажување на афинитетите, особено во научните дисциплини, но се поставува прашањето дали е тоа доволно. Се разбира дека не е доволно. Дури можеме да си поставиме и прашање за целисходноста на тие натпревари, ако знаеме дека таму е полно со непотизам, со нереализирани родителски амбиции, а интересот на децата и нивните афинитети се на маргините. За жал, резултатите од овие натпревари се единствен критериум при доделување на стипендии за талентирани млади. А вие сега запрашајте се дали ‘проектот‘ напишан од тато, мама, вујко, чичо, стрина, бате или даде, е вистинско мерило за квалитетот. Па и нека не е така, пак се поставува прашањето за веродостојноста на квалитетот на тоа што е направено. Дали е тоа плод на детската фантазија, работа и ангажман или само алатка за добивање стипендија. Во Македонија во 80-тите години на минатиот век се појави и уште еден организиран облик за ангажман на млади заинтересирани во областа на науката и истражувањето. Имено, во тој период започна организацијата на младинските истражувачки акции на кои земаа учество ученици и студенти кои преку теренски истражувања на голема врата влегоа во светот на науката. Во ѕвездените периоди на ова движење во овие проекти годишно учествуваа и по 500 млади од земјата, но и од странство. Во тој период се создадоа десетина истражувачки друштва низ Македонија, од кои денес активни се само


ставници од цел Балкан. Во изминатите 28 години Истражувачката станица Петница ги преживеа сите премрежија и се етаблираше како сериозна институција која е основа на организирана грижа за младите таленти во науката во Република Србија.

Што понатаму?

две студентски друштва на Фармацевтскиот и Природно-математичкиот факултет.

Искуство од соседството

Како тоа го прават другите? Па нема да одиме далеку по туѓи искуства. Во соседството, односно во Србија од 1982 година постои Истражувачката станица Петница која служи како своевиден инкубатор за таленти низ чии програми досега поминале над 40.000 млади (добар дел и од Македонија) и над 5.000 наставници. Регистрирана како невладина организација, користејќи го пристапот на ‘‘отворена врата‘‘ ИСК се претвори во симбол на младешката креативна енергија. Што всушност нуди Петница? Петница нуди извонредни услови за работа на млади кои се заинтересирани за одредени научни области, нуди огромен фонд на публикации и богата медиатека кои можат да служат во осовременување на наставата, нуди флексибилни програми надвор од редовната настава прилагодени на индивидуалните потреби на надарените млади, нуди одлични услови за дружење и социјализација. Главна целна група на оваа станица е средношколската младина, но и еден помал дел програми насочени кон основците и студентите. Во последните неколку години, ИСК прерасна и во регионален центар за обука на наставници бидејќи нејзините капацитети ги користат на-

И ние во Македонија бевме на пат да создадеме наша Петница во далечната 1990 година во Младинскиот рекреативен центар Катланово. Беа организирани неколку семинари и работилници, но набргу тоа замре, па идеалната позиција и условите во овој објект не можеа да се стават во функција заради негова пренамена. Но, што ќе правиме понатаму во Македонија? Ќе продолжиме ли само со организирање на натпревари и стипендии или ќе се обидеме да направиме нешто повеќе за нашите таленти? За жал во легислативата нема место за нив, на државно ниво нема соодветна институција која се занимава со идентификација и развој на надарени млади, ама Општина Карпош нема да седи со скрстени раце. Веќе се доделени 40-ина стипендии за талентирани млади. Но старо-новиот радоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски не застанува тука. Тој најавува создавање на посебно место на територијата на Карпош, на кое, младите таленти за уметност, наука и спорт, нема да размислуваат за услови за работа, односно за материјални и технички средства неопходни за реализација на нивните идеи. Тие едноставно ќе се посветат на својот интерес за стекнување и создавање на нови знаења и вештини. На тоа место треба да се спојат младешкиот ентузијазам и искуството на повозрасните кои ќе сакаат да им помогнат на младите во трасирањето на нивниот пат. Да се надеваме дека наскоро ќе бидеме сведоци на реализацијата на оваа благородна идеја со што Општината Карпош ќе стане лидер во организираната грижа за младите таленти во Македонија. Пример кој ќе го следат и други општини, а особено образовните авторитети на државно ниво. Многу пати се покажало дека поседувањето на некаков талент воопшто не е гаранција за успех. Дури многу експерти смело тврдат дека талентот во конечниот успех учествува со 1020%, а другиот дел зависи од условите за работа, поддршката и индивидуалниот ангажман на поединецот независно дали станува збор за уметност, спорт или наука. Со други зборови, талентот се раѓа, но не вирее без поддршка. Е па, млади таленти од Карпош, еве ви шанса да покажете што сакате и колку можете. 27


Гласот на граѓаните За овој број на весникот Карпош ги запрашавме граѓаните:

- Дали сте задоволни од инфраструктурното и хортикултурно заживување на Општината Карпош? Столе Петровски,жител на Општина Карпош Живеам во кула 2 на улицата Разловечко востание. По оваа улица поминуваат многу граѓани, возила и ученици кои учат во Основното училиште „Петар Поп Арсов“. Досега, таа улица беше многу руинирана, полна со дупки, со ѓубре на сите страни и запуштени тротоари. Сега таа изгледа сосема поинаку што навистина зборува за еден градоначалник кој е вистински домаќин и татко на Општината. Преблагодарни сме му на градоначалникот Јакимовски за неговото ангажирање околу оваа улица и се надевам дека ќе продолжи со ова темпо. Само напред!

Душан Блажевски,жител на Општина Карпош Задоволен сум од она што се работи низ Општината Карпош и тоа е за секоја пофалба .Но, имам впечаток дека откако ќе се направат некои нови работи тие веќе не се одржуваат. На некои места гледам новите плочки на тротоарите се одлепени и со денови никој повторно не ги залепува што дава многу грда слика на целата околина. Да се поведе грижа за таа работа. Сметот на територијата на Општината не се подигнува на време и затоа кучињата ги развлекуваат ѓубрињата на сите страни. Бараме да се одреди посебна сатница кога граѓаните треба да го фрлаат сметот за тој да не стои долго време во контејнерите. Исто така, некои мали патеки, како онаа пред кулата 1 на улицата Никола Русински, не се сеуште поплочени за која бараме да се среди .

Милка Пешевска, жител на Општина Карпош Хортикултурното уредување кое е во тек низ Општината Карпош претставува полн погодок на градоначалникот Јакимовски. Општината Карпош светна и доби многу поубав изглед. Мислам дека треба вакво уредување да се направи во сите делови на Општината и секоја уличка да добие нов изглед. Помина многу време, а улиците досега ниеден од градоначалниците не ги обнови. Забележувам дека секаде се работи и се обновуваат тротоарите, зеленилото и цели улици. Се надевам дека целата територија на Општината ке биде обновена до почетокот на пролетта како хорикултурно така и инфраструктурно. Асфалтирањето на улиците конечно се случи и тоа е навистина добра работа.

Валентина Миленовска, жител на Општината Карпош

Хортикултурното уредување во населбава е во ред. Потребно беше едно такво уредување одамна. Сакам да ја актуелизирам состојбата со кучињата скитници кои ги има во голем број во ТЦ Лептокарија. Тие треба да се згрижат во некое прифатилиште, а не така слободно да шетаат. Улицата Никола Русински сега е со нов асфалт што навистина придонесе овој дел да добие нов изглед. Во основа, задоволна сум од сегашниот изглед на населбата.

Верица Стојчевска ,жител на Општината Карпош

Најмалку еднаш во денот пазарувам во ТЦ Лептокарија и редовно поминувам низ тој дел. Порано просторот околу Општината беше некако без живост и имаше само крпени тротоари, расфрлани плочки и остарени улици. Граѓаните се спрепнуваа постојано, а некои дури и искршија нозе. Сега е прекрасно. Хортикултурното уредување на зелените површини и поставувањето на жардиниери го направи своето. Како да се наоѓам во Холандија со сите тие прекрасни цвеќиња и зимзелени садници. Му благодарам на нашиот градоначалник што ни го разубави просторот во кој живееме. Долги години како да го чекавме овој момент кога околината на ТЦ Лептокарија ќе го добие изгледот што го заслужува. 28


Мира Стојменова, жител на Општина Карпош Долго време живеам на улица Волгоградска и ја знам целата нејзина историја. Секогаш мислев дека таа се наоѓа во срцето на населбата Карпош 4 и во тоа не сум погрешила многу. Тука поминуваат многу граѓани од најмали до највозрасни како пешки така и со возила. Децата одат во градинка или во училиште и затоа секогаш им беше потребна улица со убав асфалт. Сега со извршената санација имаме многу помалку бука кога поминуваат возилата бидејќи асфалтот е нов и не се чувствува чкрипење на тркалата. Осветлувањето е добро и мислам дека треба и зеленилото да се поправи. Според мене тука се потребни нови садници од зеленило и нови дрвја кои треба да се насадат бидејќи тие се стари и по 25 години.

Аце Трпевски,жител на општината Карпош

Многу сум задоволен од се што се работи и од се што е веќе сработено на територијата на Општината Карпош. Општината изгледа прекрасно со новото хортикултурно уредување,со санирањето на многу улици кои одамна не беа реконструирани. Единствено што ни недостига е црква за која одамна се зборуваше дека ќе се изгради. Ние, граѓаните од Општина Карпош сме едногласни во барањето за еден таков храм и планираме наскоро да дојдеме со специјално барање до градоначалникот Јакимовски за реализација на тој проект.

Петар Лековски,жител на Општина Карпош

Улицата Иван Цанкар во населбата Влае е улица која е многу фреквентна и низ неа поминуваат многу возила и пешаци. Досега таа со многубројните дупки изгледаше запуштено и бедно. Сега со нејзиното реконструирање таа го доби своето вистинско значење. Ги нема големите дупки, а возилата се движат побезбедно. Оваа санација на улиците што ја започна градоначалникот Стевчо низ целата Општина Карпош е многу корисна работа и е од примарно значење за животот на една општина. Крајно време беше да се преземе нешто околу овој голем проблем. Потребна е и реконструкција на зелените површини што се надевам дека наскоро ќе се реализира.

Славејко Смилевски, жител Општината Карпош

Сега ситуацијата околу инфраструктурното и хортикултурно уредување е подобра но има уште да се работи, на пример на санација на некои улици. Тоа се споредните улиците околу ОУ Лазо Трповски кои сеуште се оние старите од пред 15 години и на кои непходно им треба нов асфалт. Она што сакам да го нагласам е тоа дека треба да се направи анализа за живеењето во ТЦ Лептокарија. Имено, ние граѓаните кои имаме станови во тој Трговски центар ,многу сме вознемирени од бучавата што таму се создава од работата на обложувалниците и кафулињата. Во секое време од денот бучавата е голема и никогаш неможеме да се одмориме. Работата на клима уредите е особено загрижувачка бидејќи тие се многу ниско поставени и со своите издувни гасови го загадуваат воздухот кој влегува и во нашите станови. Она што сум го забележал е и тоа дека во внатрешноста на Лептокарија постои атмосферска канализација која со тек на времето ги пропаднала и ги оштетила тротоарите и затоа кога врне многу дожд тие веќе не ја задржуваат водата и така се поплавува целиот Трговски центар. Значи, потребна е поправка на тие тротоари.

Борислав Миленковски,жител на Општина Карпош Живеам на улица Никола Русински и со години се прашував кога ќе се сети некој од градоначалниците да ја обнови оваа улица. Многу од граѓаните се повредија поминувајќи од тука,а да не зборувам како досега ги паркиравме автомобилите и колкав проблем имавме за разминување. Сега, со новиот асфалт и со реконструирањето на улицата можеме да се пофалиме дека веќе имаме улица каква што ја посакувавме одамна. Улицата се прошири токму колку што треба, се обновија тротоарите и целиот амбиент во овој дел се измени на подобро. Затоа, голема благодарност до градоначалникот Стефче Јакимовски.Ние граѓаните кои живееме на оваа улица го поддржуваме градоначалникот во сите негови проекти и сакаме да продолжи со ова работно темпо кое е за секоја пофалба. 29


ПРЕКУ СПОРТОТ ДО ЗДРАВЈЕ И РАЗВОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ

Која е целта на училишните спортски игри во Општина Карпош? Телесната активност односно телесното вежбање, преставува еден од најзначајните поттикнувачи за правилниот раст и развој кај детето. Низ забрзаниот раст и развој низ кој поминува адолесцентот, го одбележуваат активности како што се: одење, трчање, скокање, фрлање, качување, лазење и други облици на движење. Тоа се активности кои неретко се идентификуваат со основните облици на движење. Развојот на тие облици на движење не се одвиваат рамномерно, туку постапно и во игра. Меѓутоа, целите и задачите на телесната и здравствената култура не можат да се остварат исклучиво само со игра, потребни се и други содржини, така што на учениците вежбањето треба да им биде пријатно и забавно, а не секојдневна задолжителна обврска. Докажано е дека со развојот на моторните способности, се поттикнува и емоционалниот, социјалниот и интелектуалниот развој на децата. Недостатокот од игра и разновидни моторни активности може да го успори физичкиот и менталниот развој на децата. Во желба да се придонесе за решавање на овој проблем направен е овој проект на училишни спортски игри и лиги во организација на Општина Карпош, кои на децата без разлика на нивните способности, ќе им овозможи развој на моторните, а потоа и на емоционалните, психолошките и социјалните потенцијали. Мора да се потенцира дека овој проект на Општина Карпош не е насочен кон создавање на врвни спортисти, туку кон поттикнување на оптималниот развој на моторните потенцијали на учениците.

ОПШТИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА УЧИЛИШНИТЕ ЛИГИ

Основната цел на училишните спортски лиги е поттикнување на психосоматскиот развој на децата, да се развива здравствената култура и унапредување на сопственото здравје и здравјето на околината, да се задоволат детските потреби за движење, односно вежбање и со тоа да се створат навики за секојдневно телесно вежбање. Потоа кај децата да се створат цврсти навики на здрав живот, применувајќи средства на телесна и здравствена култура и да им се овозможи на децата можност за стекнување на основните знаења, вештини и навики потребни за прилагодување на новите моторните активности. Остварувањето на задачите се осигурува со пра30

Д-р Патрик Поповски, Советник за спорт и култура

ОСТВАРУВАЊЕТО НА ЗАДАЧИТЕ СЕ ОСИГУРУВА СО ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА КИНЕЗИОЛОШКИТЕ ОПЕРАТОРИ КОИ ЌЕ ДЕЛУВААТ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МУСКУЛНАТА МАСА И ЌЕ ВЛИЈААТ НА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТИТЕ НА АЕРОБНИТЕ КАПАЦИТЕТИ

вилен избор на кинезиолошките оператори кои ќе делуваат на зголемување на мускулната маса и ќе влијаат на унапредување на способностите на аеробните капацитети. Училишните спортски игри овозможуваат задоволство на детските потреби за игра, усвојување и усовршување на моторните знаења, подобрување на моторните постигнувања и развој на моралните својства на детето, работните навики, самодисциплина, самостојност и сл. Цели на училишните лиги се: поттикнување на психосоматскиот развој на детето, развивање на здравствената култура кај децата и зачувување и унапредување на здравјето, кај децата да се створат навики на секојдневно телесно вежбање и развивање на моторните и функционалните способности. Задачи на училишните лиги се: да се поттикнува


Спорт усвојување на нови знаења за различни спортови и вредности за бавење со спорт, поттикнување позитивен став спрема здравиот начин на живот, со примена на различни кинезиолошки оператори да се влијае на развојот на моторните способности, а да се нагласи развојот на координацијата, рамнотежата, флексибилноста и други моторни способности.

УЧИЛИШНА КОШАРКАРСКА ЛИГА

Денес кошарката спаѓа во редот на најпопуларните спортови. Нејзината динамичност, атрактивност, неизвесност и емоционалност, богатството на нејзината содржина од најефектни технички и тактички средства, ја прават оваа игра да биде сакана и привлечна дури и за децата во основните училишта. Секоја училишна кошаркарска екипа за даден натпревар имаше еден основен проблем, како да ја надигра и победи другата екипа. Секоја екипа се стремеше за време на играта максимално и рационално да ги искористи своите предности, а на противникот да ги сведе на минимум. За таа цел, секоја екипа сакаше да ја преземе иницијативата, да ја наметнеше својата игра, волја, стил и да ја спроведе играта на планираниот начин. Кошарката е колективна спортска игра во која посебно доаѓаа до израз соработката помеѓу играчите- ученици од целата екипа во нападот и во одбраната. Голем квалитет преставуваше кога индивидуалните способности на поединецот се ставаа во функција на целата екипа, особено кога екипите беа во напад. Големиот број движења на сите играчи- ученици, соработката меѓу нив со примена на различни блокади и вкрстувања, се изведуваа со единствена цел да се создадат поволни услови за постигнување кош, што преставуваше крајна цел на секоја училишна кошаркарска екипа. Во моментот кога едната училишна екипа ќе дојдеше во посед на топката, другата екипа веднаш започнуваше да се брани. Одбраната најчесто беше организирана од сите пет играчи- ученици. Одбранбените играчи се бранеа од напаѓачите и настојуваа да ги спречат во нивната намера да постигнат кош. Евидентно беше дека училишните кошаркарски екипи кои играат добро во одбрана (агресивна и разновидна одбрана), изведуваа поголем број контра напади, имаа поголем број одземени и пресечени топки, а нивните противници правеа повеќе грешки во фаза на напад и постигнуваа резултатска предност за време на играта и конечна победа.

УЧИЛИШНА КОШАРКАРСКА ЛИГА Заврши регуларниот дел од училишната кошаркарска лига на Општина Карпош, каде што учество земаа девет основни училишта од територија на Општина Карпош. Во есенскиот и зимскиот дел од лигата најмногу покажа кошаркарската екипа на О.У. Владо Тасевски, па следат училишните екипи на Војдан Чернодрински, Јан Амос Коменски и Димо Хаџи Димов. Овие четири училишни екипи ќе играат во плеј-оф и ќе се борат за освојување на првото место.

ТАБЕЛА

1. Владо Тасевски 2. Војдан Чернодрински 3. Јан Амос Коменски 4. Димо Хаџи Димов 5. Петар Поп Арсов 6. Лазо Трповски 7. Братство 8. Христијан Тодоровски Карпош 9. Вера Циривири Трена

33 бода 28 бода 28 бода 25 бода 24 бода 23 бода 19 бода 19 бода 18 бода

Кошаркарски натпревар со најмногу постигнати коша: Војдан Чернодрински - Вера Циривири Трена Владо Тасевски - Петар Поп Арсов

49 : 30 43 : 36

Кошаркарски натпревар со најмалку постигнати коша: Димо Хаџи Димов - Христијан Тодоровски Карпош 11 : 10 Натпревар со најубедлива победа: Петар Поп Арсов - Вера Циривири Трена

48 : 5

Редослед на екипи со направени најмногу лични грешки: 1. Војдан Чернодрински 139 лични грешки 2. Јан Амос Коменски 132 лични грешки 3. Владо Тасевски 114 лични грешки 4. Димо Хаџи Димов 102 лични грешки 5. Вера Циривири Трена 100 лични грешки 6. Петар Поп Арсов 99 лични грешки 7. Христијан Тодоровски Карпош 98 лични грешки 8. Братство 93 лични грешки 9. Лазо Трповски 76 лични грешки Кошаркари кои дале најмногу кошеви на еден натпревар: 1. Димитров Никола (23 коша), од училишната екипа на Христијан Тодоровски Карпош, на натпреварот против училишната екипа на ДимоХаџи Димов; 31


...продолжение од стр.31 2. Димитров Никола (21 кош), од училишната екипа на Христијан Тодоровски Карпош, на натпреварот против училишната екипа на Владо Тасевски; 3. Јосифовски Павел (19 коша), од училишната екипа на Војдан Чернодрински, на натпреварот против училишната екипа на Петар Поп Арсов; 4. Деловски Момчило (17 коша), од училишната екипа на Вера Циривири Трена, на натпреварот против училишната екипа на Петар Поп Арсов; 5. Несторовски Јован (16 коша), од училишната екипа на Петар Поп Арсов, на натпреварот против училишната екипа на Братство, 6. Мамуровски Гораст (16 коша), од училишната екипа на Петар Поп Арсов, на натпреварот против училишната екипа на Христијан Тодоровски Карпош и против училишната екипа на Братство, 7. Јосифовски Павел (16 коша), од училишната екипа на Војдан Чернодрински, на натпреварот против училишната екипа на Петар Поп Арсов.

Екипи кои се натпре

Стојат од лево кон десно: Амди Муса (наставник), Тевев Даниел, Филиповски Илија, Теовски Мирослав, Јовески Божидар, Бошковски Кристијан Клечат од лево кон десно: Ковачевиќ Бруно, Пецалевски Давид, Димишков Димитар, Тодоровски Иван Смилевски Кристијан

Најдобар стрелец во училишната кошаркарска лига: Димитров Никола (158 коша) од училишната екипа на Христијан Тодоровски Карпош и има постигнато најмногу тројки на еден натпревар (5 тројки).

Стојат од лево кон десно: Димановски Стефан, Никушевски Јован, Стоиљковиќ Дарко, Шоковски Бојан, Петровски Зоран (наставник) Клечат од лево кон десно: Митревски Дарко, Поповски Виктор, Јосифоски Павел, Стојков Зоран

Стојат од лево кон десно: Поповски Томислав, Камил Јусуф, Салиу Бехар, Тодоровска Марија (наставник), Стојановски Давид, Ковачевиќ Предраг, Чадиковски Марко Клечат од лево кон десно: Мухаџери Бесим, Салиу Бесник, Симјановски Бојан Локвенец Иван, Канурков Алек

32


Спорт

варуваа во Училишната лига 2009/10

Стојат од лево кон десно: Вуковиќ Жарко, Делев Мартин, Јачовски Робертино, Момировски Стефан, Апостолоски Андреј, Угриновски Марјан (наставник) Клечат од лево кон десно: Стојковски Никола, Домика Стефан, Димитровски Матеј, Димитровски Мартин, Трајков Иво.

Стојат од лево кон десно: Василевски Симеон, Димитров Никола, Саздов Дамјан, Сузана Здравковска (наставник) Клечат од лево кон десно: Тембелески Валерио, Трајчевски Горазд, Дамчевски Стефан, Трпковски Филип

Стојат од лево кон десно: Ковачевски Мето, Јуруков Алексеј, Марковски Кристијан, Здравковиќ Даниел, Цветановски Стефан, Божиновски Борче (наставник) Клечат од лево кон десно: Андреев Стефан, Крстевски Милан, Мреновиќ Горан, Стојанчев Мартин, Јакимовски Дамјан

Стојат од лево кон десно: Трајкова Анка (наставник), Трајков И., Крстески К., Доневски К., Јаневски Л., Сапундгиовски В. Клечат од лево кон десно:Деловски М., Буцковски В., Попов О., Столески Б.

Стојат од лево кон десно: Чивлачки Кристијан, Јаковлевски Горјан, Шепендиев Мите (наставник), Буневски Петар, Апостоловски Николај Клечат од лево кон десно: Михајловски Стефан, Ристовски Стефан, Видојковиќ Христијан

Стојат од лево кон десно: Сапунџиев Иван, Несторовски Јован, Павловиќ Стефан, Бујаровски Филип, Мамуровски Гораст, Мирјана Ташковска (наставник) Клечат од лево кон десно: Атанасовски Вања, Стојковски Никола, Даутовски Петар, Табаковски Андреј, Петрушевски Мартин.

33


ОРГАНИЗИРАНО ДЕЛУВАЊЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УЧИЛИШНИОТ СПОРТ ВО КАРПОШ

Сојуз на училишни спортски клубови На 10 декември 2009година, во Општина Карпош беше формирано граѓанското здружение „Сојуз на училишни спортски клубови“. На изборното собрание на сојузот беа формирани органи и тела кој ќе управуваат со ова здружение. За претседател на сојузот е избран Зоран Поповски, а конституиран е и извршен одбор во кој членуваат: Зоран Поповски, Муса Амди, Дане Стојковски, Мите Шепендиев, Елеонора Стрезовска, Мирјана Ташковска и Татијана Савеска. Надзорниот Одбор е во состав: Светлана Илиоска, Зоран Петровски, Борче Божиновски. Извршниот одбор на основачкото собрание за секретар на сојузот го избра Дане Стојковски. На истата седница донесен е статутот на Сојузот како и Програма за работа на истиот за 2010 година со буџет од 10 милиони денари или петкратно повеќе од оној за 2009 година.

На Основачкото Собрание на сојузот на училишни спортски клубови кој ги опфаќа сите 10 училишта од територијата на Општина Карпош како гости беа пристни Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и Професорот на Факултетот за физичка култура Александар Туфечиовски.

Училишна лига во фудбал табела по есенскиот дел

Тимовите кои што имаат ист број на бодови на табелата се распоредени најпрво според меѓусебниот дуел, а потоа според гол разлика. 34



Адреса: Бул. „Партизански Одреди” 68 Телефон: 3071 363 Е-маил: kontakt@karpos.gov.mk gradonacalnik@karpos.gov.mk


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.