Issuu on Google+

Општина Карпош

КАРПОШ УРБАН Информатор на Општина Карпош, септември-октомври 2009 година / број 2 / година 1

Есенски реконструкции во Општина Карпош Ем умеам, ем можам 2009 Доделени стипендии за талентирани ученици, спортисти и финансиска подршка за спортски клубови


Почитувани граѓани, во чест на 33 годишнината од формирањето и Постоењето на оПштината,

на 3-ти ноември 2009 година

оПштина КарПош ве ПоКанува на 11.00 часот Пуштање во уПотреба на Клубот на Пензионери во дсу „ниКола Карев“ - влез од ул. „КарПошово востание“. 12.30 часот Пуштање во уПотреба на реКонструирана и асфалтирана ул. „ниКола р усинсКи“ - сечењето на лентата ќе биде Пред КинотеКа на маКедонија во 11.30 часот, а ќе Продолжи со свечена ПрошетКа до фонтаната насПроти тинеКс, Каде ќе се одржи Пригодна церемонија и мал КоКтел.


Општина Карпош

ИЗДАВАЧКИ СОВЕТ: СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ДАНИЦА МАРТИНОВСКА, ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ, ЖИВКО ТРАЈАНОВСКИ ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ УРЕДНИК: СОЊА КРАМАРСКА ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК: АЛЕКСАНДАР МАНЧЕВСКИ УРЕДНИК НА КУЛТУРА: ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ РЕДАКАЦИЈА: ЕЛЕНА КУЗМАНОВСКА И СНЕЖАНА РАДУЛОВСКА

Содржина Есенски реконструкции во општина Карпош Се изложуваше, се продаваше, се пееше... Пуштени во употреба „соларните” семафори Kористење на геотермална енергија во Карпош Европски енергетски ефикасно Отстранување на дивоградби во Општина Карпош Помали комуналии за штедачите на енергија Бесплатни канти за ѓубре за 140 семејства Поставена заштитна ограда на надвозникот кон Бардовци Нови урбанистички планови, нова социјална програма Советничко „НЕ“ за одземање на детската градинка Училишно ѕвоно за 733 првачиња Моралното образование и воспитание најзначаен сегмент во секој образовен систем Стипендии за талентирани ученици Ај батали физичко, сега ќе имаме математика... Oд „Цвет на Цвет“ со оро и песна Делегација од Хрватска во Општина Карпош Отворена првата школа за актерска игра Отворена првата школа за цртан и анимиран филм Културно Лето „Карпош 2009“ Одбележан Светскиот Ден без автомобили Одбележан 11 Октомври Спомен на Првиот скопски партизански одред Заштитете го домот од кражби Новите медиуми - како предизвик Добротворна акција во училиштата Помош за Бигорски Хуманитарна акција Помош за семејствата на бранителите Помош за опожарените куќи во Општина Карпош Девети по ред спортски училишни игри „Карпош 2009“ „Карма“ го освои „Сокол“ Штафетата на светската хармонија помина низ Карпош Преку играта со топка да ги урнеме сите бариери Стипендии за спортисти и спортски клубови Анкета спроведена меѓу граѓаните на општината Карпош Гласот на граѓаните Актуелни инфраструктурни проекти на Општина Карпош

6 8 10 10 11 12 13 13 13 14 16 17 18 19 20 22 22 23 23 24 26 27 27 28 28 29 29 29 29 29 30 30 31 31 32 33 33 35

ПОЛИЦИЈА ................................................ 192 БРЗА ПОМОШ ............................................ 194 ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА ...................... 193

ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ДЕЖУРНА СЛУЖБА ........................... 3073-010 ВОДОВОД .......................................... 3163-240

СООБРАЌАЈ МЕЃУГРАДСКА АВТОБУСКА СТАНИЦА ........................... 2466-011; 2466-313 ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА .................... 3164-255 АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ............. 3148-333; 3148-336

ЗДРАВСТВЕНИ ОБЈЕКТИ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ........................ 3147-147 ГИНЕКОЛОШКО – АКУШЕРСКА КЛИНИКА .......................................... 3147-342 ГРАДСКА БОЛНИЦА ........................... 3235-500 ВОЕНА БОЛНИЦА .............................. 3283-000 ПОЛИКЛИНИКА БУКУРЕШТ ............... 3064-088 ДОМАШНА ПОСЕТА ............................ 3061-258

КОМУНАЛНИ УСЛУГИ ТОПЛИФИКАЦИЈА ............................. 3076-200 ЕЛЕКТРО – СКОПЈЕ ДЕЖУРЕН ДИСПЕЧЕР ......................... 3161-454 УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ..................... 2622-789

Поважни телефони


Контакт информации на Урбани и Месни заедници во Општина Карпош

4

Општина Карпош


ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ, ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНАТА КАРПОШ Изминаа првите шест месеци од преземањето на „кормилото“ на Општината во наши раце. Време сосема доволно да се види сериозноста во намерите и во плановите на новиот менџмент на локалната власт, оној на кој Вие му ги доверивте Вашите средства и очекувања. Во овој изминат период ние отпочнавме, завршивме и повторно започнуваме со околу 60-тина инфраструктурни проекти. Карпош го претворивме во вистинско градилиште. Општината буквално ја кренавме на нозе. Реконтрукции и изградби на улици, паркиралишта, тротоари, нови игралишта, спортски терени. Партизанска веќе не е иста. Левата и десната страна е со нови пешачки патеки со бекатон плочки и жардињери кои хортикултурно и естетски го подобруваат изгледот на најголемата сообраќајница во општината. Ниту крстосницата кај „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ не е веќе црна точка. Тука сега има семафори кои се напојуваат на соларна енергија. Бардовци доби скалила и нова еластична ограда на надвозникот, а сите училишта нови санитарни јазли. Заличи и Букурешка со краците, а Нерези ќе добие покриен канал и пешачка патека од левата страна на Вардар. Километри обновени пешачки патеки, фекални и атмосферски канализации, изменети и дополнети урбанистички планови, проект за обнова на старите и грди фасади, со нови, многу поубави. Целта ни е за време на нашиот мандат да ги „затвориме“ сите инфраструктурни прашања, и веќе да не говориме за ударни дупки, немање канализации, скршени игралишта и руинирани спортски терени. Тоа мора да биде минато. Карпош оди натаму. Со големи чекори оди кон Европа и кон европските трендови. Заштеда на енергијата, супституција на електричната со соларна енергија, штедливи светилки, сончеви колектори. Карпош е пилот проект за користење на геотермална енергија во Општината... Донесовме и седум детални урбанистички планови, а за следната година во Програмата за работа ни се уште 35 плана. Значи, следните чекори ни се подобрување на урбаниот живот и урбанизацијата на Карпош. Но, Карпош не е само големо градилиште. Тој е пристојно и културно место за живеење. Се потрудивме, во изминатите шест месеци да донесеме многу забава, културни, уметнички и спортски содржини. Годинава можеме да се пофалиме со едно од најубавите културни лета кои ги памети општината, со прекрасен саем на македонски производи, брендови, насловен „Ем умеам ем можам“. Но, јас знам дека и умееме и можеме повеќе да работиме. Затоа што ние имаме визија за Карпош. Нашата визија е онаа која ја имаат и жителите од целата територија на Општината. Тоа е доказ дека ние и граѓаните сме испреплетени во секојдневието, во своите и потреби. Така било 33 години наназад, така ќе биде и натаму. Првата недела во неомври ќе го одбележиме и празникот на Општината „3-ти Ноември“, пригодно, како што доликува. Со многу сработено зад себе, со она што имаме да им го покажеме на граѓаните во овој нов број на „Карпош Урбан“. За жителите на Општината од неодамна имаме и сопствена телевизијска емисија „Карпош визија“, проект кој треба да ја зголеми нашата транспарентност, но и да отвори нов медиум за комуникација со граѓаните, онаму каде што ќе може да видат како се трошат нивните пари и да сугерираат, пофалат или критикуваат. Тоа е уште еден отворен простор за Вас, почитувани сограѓани. Вашиот Градоначалник Стевчо Јакимовски 5


Комунален излог Подобрувањето на инфраструктурата е од витално значење за граѓаните

Есенски реконструкции во општина Карпош Општината Карпош, започна нова серија на „есенски реконструкции“ на улиците, тротоарите и паркиралишатата низ населбите Карпош, Влае и Нерези. Станува збор за реконструкција на собирни улици кои се од витално значење за граѓаните на Карпош, но и за естетско и функционално преуредување на улиците, тротоарите и патеките на територијата на речиси целата општина. Во „есенскиот бран“ на реконструкции се почна со 27 целосно нови проекти во областа на инфраструктурата и комуналното уредување. Во нив, покрај веќе почнатите 30 тина започнати проекти, дополнително ќе бидат опфатени патеки, тротоари и паркинзи, изградба на жардињери, адаптации и изведување на градежно занаетчиски работи, реконструкција на детски игралишта, асфалтирање и реконструкција на десетина улици, изградба на атмосферска канализација и други зафати од интерес на граѓаните. Целта на реконструкциите во инфраструктурата е целосно да се одвојат режимот на движење на пешаците, велосипедите и евентуално мопедите, да престане паркирањето на зелените површини и воопшто битно да се подобри инфраструктурниот амбиент во населебите Карпош 1, 2, 3 и 4 и Тафталиџе 1, кои се приоритет оваа година. Идната година продолжува реконструкцијата на останатите делови од територијата на Општина Карпош. Пред да се почне со оваа масовна акција на „инфраструктурно и комунално подновување“ градоначалникот со стручните тимови од

6

Повеќе улици во нашата општина ќе бидат подложени на „козметичко разубавување“

администрацијата ги посетија сите месни заедници за да ги слушне забелешките и проблемите на граѓаните, кои речиси во целост ќе бидат инкорпорирани во програмата за работа на Општината. Инаку, сите започнати активности, треба да бидат завршени во точно утврдените рокови. Целосно се завршија градежните работи на раскрсницата на улиците „Никола Тесла“ и


„Орце Николов“ - семафоризација, како и целосна реконструкцијата на постојните детски игралишта на територија на општина Карпош. Една од поголемите зделки што претстои е затворањето - покривањето на каналот во населбата Нерези на улицата „Козле“ - 3, зафат кој ќе чини 13 милиони денари, а ќе го изведе фирмата „Аполо - инженеринг“. Покриениот канал ќе служи како место за паркирање на автомобили на жителите од овој дел на населбата Нерези. Со овие неколку проекти треба целосно да заврши реконструкцијата во Карпош 1, 2 и 3, а следната година ќе се изведе реконструкција во другите населби на територијата на општина Карпош. Планирани се и заеднички проекти со градот Скопје, а тоа се инвестиција за водоснабдување на високата зона во Нерези, реконструкција на фасадите на зградите во општина Карпош и реконструкција на дел од улицата „Ацо Шопов“.

7


Проекти СЕ ОДРЖА СЕДМАТА ПО РЕД МАНИФЕСТАЦИЈА „ЕМ УМЕАМ, ЕМ МОЖАМ“

Се изложуваше, се продаваше, се пееше...

ТЦ „Карпош 3“ или популарната „Лептокарија“, традиционално, по седми пат, во саботата на 17.октомври, им приреди на Карпошовци незаборавен ден. Во организација на Секторот за локален економски развој при Општината Карпош, 33 компании од цела Македонија, од кои 14 се од оваа општина, ги изложија и им ги понудија своите брендови и автентични производи, на сите намерници, но и случајни минувачи, не само од Карпош, туку и од другите населби и од градот кои дојдоа да ја видат оваа оригинална саемска манифестација. На паркингот на Лептокарија, под отворено небо, но и под заштита на егзотичните „шатри“ на „Лапласт“ фирмите и поединци изложувачи, од 12 до 22 часот ги изложуваа своите производи, селектирани по кластери, за вино, храна, текстил, домашни ракотворби“. Се дегустираа сувомеснатите производи на „Глобус“, се пробуваше кашкавалот на „Здравје -Радово“, „Јогомеркур“, „Рудине“ и „Фејзи“ од Гостивар, зимниците на „ВИПРО“ Гевгелија. Се пиеше виното на „Сковин“, 8

„Фонко“ и „Грков“, за оние „потрезвените“соковите и водите на „Горска“, „Синалко“, „Кожувчанка“, а љубопитните посетители се засладуваа со колачињата на „Витаминка“, „Европа“ и „Макомаркет“. За добро здравје се грижеа и медарите од Пчеларската задруга „Драгиша“ и „Промед“, но и грижливата медицинска екипа од „Филип Втори“ кои бесплатно правеа ЕКГ, мереа крвен притисок, а правеа и ЕХО на срце. Празник за очи беа ракотворбите на Модното студио „Јасмина Дракул“ и Здружението „Деница“. Со гевреците и лиснатите на „Специјал“ уште од пладне се насладуваа најмладите и нивните родители, кои го имаа на располагање и детскиот забавен парк на „О3“. Најмладите ги пречека Дарко Мијалковски со „Суперзвезда“, но своја програма им приредија и децата од сите основни училишта и детски градинки од подрачјето на Карпош. Имаше целодневна забава со Пепи Ренџов и неговиот бенд, а незаменливиот Викса најави уште многу уметнички имиња, како


КУД „Славјанка“, Росана, Ани Малинкова, Жаклина Узунова, Дани , Бени, Бојана, како и младата дебитантка од Охридскиот фестивал Емилија Цветковска, како и групата „Инфјуз“. Во раните вечерни часови непосредно пред наградната игра за купувачите на македонски производи мал концерт одржа и етно групата „Синтезис“. За хуморот беа задолжени, Димче Мешковски, Ѓокица Лукаревски, Владимир Ангеловски Дади од познатата хумористична серија „Хихирику“. Највозбудливиот момент беше прогласувањето на најубаво уреден изложбен штанд. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, заедно со претседателот на Стопанската Комора на Македонија, Бранко Азески, откако ги посетија сите штандови, внимателно ги разгледаа, и поразговараа со излагачите, за најуреден изложбен простор го прогласија оној на „Тедико-супер“ кој имаше оригинален изглед во фолклорен стил,амбиент на домашна македонска кујна. На изложбено-продажната манифестација присуствуваше и Универзитетот за туризам со

своите едукативни, но и бизнис потенцијали. Посетителите на годинашнава манифестација „Ем умеам, ем можам“ собраа и значајни средства за МПЦ, Кичевско-Дебарската епархија, односно за опожарениот храм „Свети Јован Бигорски“. Донација од продадените производи имаше и од фирмата „Горење“ за едно социјално загрозено семејство од Општината Карпош. При крајот на манифестацијата имаше и голема наградна игра за посетителите, кои патем купија и некој производ, така што секој претставник од бизнис секторот имаше и свој пригоден подарок за по еден среќен учесник во наградната игра. 9


Проекти

Пуштени во употреба „соларните” семафори во Општина Карпош На крстосницата на улиците „Никола Тесла“ и „Орце Николов“ почнаа со работа т.н. „соларни“ семафори. Станува збор за семафорите кои се поставени на крстосницата веќе неколку месеци, но од неодамна почнаа со работа. Тие не користат електрична енергија од дистрибутивната мрежа на ЕВН, поточно стандардните диодни семафорски уреди се напојуваат со фотоволтаични соларни ќелии кои произведуваат 300 kwh електрична енергија месечно или

на годишно ниво > 3600 kwh, со експлоатационен период од 30 години. Овој проект на супституција на електричната енергија со соларна чини околу 15.000 евра, односно со семафорската изведба која ја правеше „Улици и патишта“ чини вкупно 32.000 евра. Веднаш по пуштањето во употреба, „соларните“ семафори беа ставени на т.н. „трепкачрежим“ согласно правилата за нужен период на адаптација на возачите,а сега веќе се пуштени во редовна употреба.

Пилот проект за користење на геотермална енергија во Карпош во Општината Карпош каде со споредбени показатели и финансиски ефекти се показува разликата во примената на класичното топловодно греење и ладење со обични клима уреди и новото интегрирано греење и ладење со геотермални пумпи. Овој вид на презентации ќе ни овозможат во наредниот период да се планираат нови инфраструктурни зафати во делови на општината каде што не е пристапно стандардното Во духот на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Општина Карпош и ФОНКО Група, во просториите на Општината г-ѓа Марија Петушевска од ФОНКО Група одржа презентација на тема: „Користење на геотермална енергија како обновлив извор во замена на класично топловодно греење и ладење во индивидуални, 10

колективни и индустриски објекти“. На презентацијата покрај претставниците од ФОНКО Група присуствуваа и Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, инвеститори, советници, дел од стручните служби од Општината и заинтересирани граѓани. Пилот проектот се однесува на конкретна урбана зона

греење од АД Топлификација – Скопје со вакви алтернативни системи кој користат обнобливи извори на енергија и се во рамките на реализација на Програмата за енергетска ефикасност 2008 – 2012. (Е.К.)


Општина Карпош - Енергетски најефикасна општина за 2009 година

Европски енергетски ефикасно Општина Карпош веќе подолго време и во континуитет со голема сериозност работи на зголемување на енергетската ефикасност и заштеда на енергија, не само како европски тренд, туку како нужност. Главната цел на активностите е заштеда на енергија, што е во директна корелација со заштеда на финансиски средства од буџетот на Општината, како и намалување на загадувањето и ефектот на стаклена градина преку намалување на емисијата на стакленичките гасови. Во периодот 2008-2012, во програмата на Општина Карпош и во рамките на нашите надлежности се работи во неколку сегменти: 1. Во делот на улично осветлување, стратешка цел е замена на командите за улично осветлување во посебни ормари на Општината и континуиран мониторинг на перформансите на целокупниот систем. 2. Замена на постојните светилки со штедливи светилки, со што до крајот на 2010 година трошоците од 16 милиони денари за електрична енергија и 9 милиони денари за одржување ќе се сведат на вкупно помалку од 10 милиони денари на годишно ниво. 3. Во делот на објектите во надлежност на Општината, училиштата, градинките, месните заедници... во поодмината фаза е проектот за целосна супституција на класичните системи за греење со нови системи со геотермални пумпи, топлинска изолација на објектите преку замена на дотрајаните прозорци и врати, како и замена на електричната енергија со енергија од фотоволтаични келии, со вкупна вредност од 12 милиони евра. 4. На делови од Општината се работи на замена на постоечкиот топлификационен систем и градење на нови енергетски мрежи низ кои ќе протечат „чисти“ енергенси и технолошка вода која ќе претставува алтернатива на досегашниот монопол во

снабдувањето со топлина. Ваквите иницијативи се имплементираат со помош на јавно приватни партнерства. 5. Едукација на граѓаните во примена на обновливи извори на енергија во пресрет на правилникот за енергетски ефикасни објекти кој ќе се имплементира од 2010 година. Како признание за досега сработеното, Општина Карпош го освои првото место на конкурсот за енергетски ефикасни општини и се здоби со епитетот „Енергетски најефикасна општина за 2009 година“. Доделувањето на наградата се одржа на пригодна свеченост во рамките на Неделата на енергетика Македонија 2009 организирана од Македонската општинска мрежа за енергетска ефикасност - МОМЕЕ и Центарот за Енергетска Ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Наградата на градоначалникот на Општина Карпош, Г-дин Стевче Јакимовски, му ја врачи Европскиот претставник во Република Македонија, г-динот Ерван Фуере.

11


Инспекторите во акција

Отстранување на дивоградби во Општина Карпош

Градежната инспекција на Општина Карпош почна со отстранување на деловите од станбениот објект на улицата „Никола Парапунов“ бр 31/1 кои се изградени бесправно. Станува збор за дивоградба која влече генеза од јули минатата година, кога на пријава на станарите од Куќниот совет на истиот објект, ни беше укажано дека на нивното поткровје се вршат градежни работи без одобрение и побараа Општината да реагира согласно надлежностите. Освен тоа, во исто време станарите се обратиле и до Министерството за транспорт и врски- Државниот инспекторат која исто така барањето на станарите го проследи до нас и не обврза во определен рок да преземеме дејствија и да ги известиме за истото. Градежната инспекција при Општината постапи согласно надлежностите и законски предвидената постапка, односно изврши увид на самото место, каде што констатира дека се изведуваат градежни активности, изготви записник за бесправно изградените дело12

ви и донесе решение за нивно отстранување, како и заклучок за дозвола за извршување. Решението за отстранување гласи на непознат сторител, доставено е до Куќниот совет, односно влезот на кулата на објектот и е ставено на огласна табла пред Општината Карпош. Со ова решение за-

должен е градителот самиот да ги отстрани нелегалните делови од градбата, меѓутоа, бидејќи никој до сега не стапил во контакт со надлежните во Општината, а не е вложена ниту жалба, пристапено е кон санкционирање, односно отстранување на дивите делови од објектот.

Во текот на месеците август и септември оваа година, секторот за инспекциски работи имаше акција за извршување на управните акти за санкционирање на бесправните градби. Акцијата беше спроведена со асистенција на МВР и беа срушени нелегални градби на следните локации: • • • • • • • • • • • • • • • •

Санкциониран објект на улица Вич Санкциониран објект на булевар Илинден 8 санкционирани објекти на булевар Партизански Одреди 3 санкционирани објекти на улица Никола Парапунов Санкциониран објект на улица Јан Хус 2 санкционирани објекти на улица Анкарска Санкциониран објект на улица Скупи Санкциониран објект на улица Веселин Маслеша 3 санкционирани објекти на улица Руѓер Бошковиќ Санкциониран објект на ул. Орце Николов Санкциониран објект на улица Лондонска Санкциониран објект на улица Варшавска Санкциониран објект на улица Бриселска Санкциониран објект на улица Шекспирова Санкциониран објект на улица Иван Цанкар Санкциониран објект на булевар Теодосиј Гологанов


Иницијативи Иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош

Помали комуналии за штедачите на енергија Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски најави покренување на иницијатива пред ЗЕЛС (Здружението на единиците на локална самоуправа) за намалување на давачките за комунални такси за изградба на новоизградени објекти кои ќе користат обновливи извори на енергија и ќе придонесат за намалување на штетните емисии на јаглероден диоксид. Ваквата иницијатива се темели врз „Правилникот за енергетска ефикасност на градежни објекти” донесен од Министерството за Економија и кој ќе се применува од 01.01.2010 година. Инаку висината на комуналните такси е во надлежност на локалната власт и овој вид бенефиција ќе се однесува за сите типови градежни објекти, индивидуални, колективни, деловни и индустриски градби кои согласно Правилникот ќе

Новоградбите кои ќе штедат и ќе користат обновливи ресурси енергија од 1 јануари 2010 може да сметаат на пониски комунални такси влезат во оваа категорија, а ќе се градат на територијата на Општината Карпош. Со овој Правилник се дефинираат максималните вредности на топлинска пропустливост на објектот и максималните количини примарна енергија (kwh/m2) по квадратен метар од градежниот објект. Со ваквата иницијатива се стимулира намалувањето на потрошувачката на енергија (топлотна, електрична) за ново изградените објекти, а се поткрепува користењето на обновливи ресурси енергија и намалување на емисиите на CO2.

Бесплатни канти за ѓубре за 140 семејства Во населбата Злокуќани, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски на 140 семејства од ова село им додели 140 канти за ѓубре, за индивидуална употреба. „Една од работите што сакаме да ги средиме во ова населено место, е да го решиме прашањето со хигиената. Секое семејство да има сопствена канта за ѓубре, сметот да не се фрла на улица и да се создаваат депонии. Ваша обврска е месечно да си плаќате симболичен надомест за отстранување на сметот од страна на Комунална хигиена“ изјави Јакимовски. Акцијата на доделување бесплатни канти на жителите во Злокуќани ќе продолжи и во иднина.

Поставена заштитна ограда на надвозникот кон Бардовци Општина Карпош во рамките на своите активности постави еластична ограда на надвозникот на влезот во населбата Нерези. Станува збор за изработка и монтажа на 160 метри поцинкувана еластична ограда, која треба да послужи за заштита на возилата од превртување, како и заштита на пешаците од возилата кои минуваат по надвозникот. Вредноста на договорот за поставување ограда на овој надвозник е 345.000 денари, а работата ја изведе „Бојта ИНГ“ дооел. 13


Карпош Урбан Што работеше Советот во изминатите неколку месеци

Нови урбанистички планови, нови возила, нова социјална програма

На последните неколку седници Советниците на Општина Карпош, професионално си ја оправдаа довербата на своите сограѓани. Донесоа вкупно седум изменети и дополнети урбанистички планови, (вообичаено просечно се носат околу десеттина) а за следната година се предвидува во проведура да влезат околу 35 урбанистички плана. Значи во карпош останува „топ“ тема урбанизацијата на Општината и тоа во вистинска смисла на зборот. На петтата седница на Советот најголем интерес предизвикаа токму новите утрбанистички планови при што беа донесени три Детални урбанистички планови и тоа за Централниот градски парк блок 2, потоа за Карпош 4 –Стара телевизија и за населба Тафталиџе, локалитет Канал, како и други три нацрт-детални урбанистички планови. Слично мина и расправата на шестата седница за двата Нацрт детални урбанистички планови за Влае 2 и за станбените единици Карпош 1 и 2, дел од Урбаната заедница Карпош 1 дел (север и југ) од кои првиот доби зелено светло, додека другиот не беше усвоен на таа седница. Дискусиите на советниците од Советот и на градоначникот беа во насока за обезбедување поголема транспарентност при изработка на ваквите урбанистички планови како и водењето на 14

сметка за квалитетното станбено живеење во општината, односно состојбата со доградби, надградби и последиците што од нив ги има врз комуналната инфраструктура. Затоа пак веќе на наредната седница советниците дадоа „виза“ за уште два урбанистички планови Нацрт-Деталниот урбанистички план за станбените единици Карпош 1 и 2 и дел од Урбаната заедница Карпош 1 дел (север и југ), Општина Карпош и Нацрт на Деталниот урбанистички план за локалитетот Карпош 2, помеѓу улиците Бледски договор, бул. Илинден, бул „8ми Септември“ и бул. Партизански одреди. ДУП-от за локалитетот кај „Алумина„ е на чекор пред донесување, односно го чека последниот докумет, мислењето од ресорното Министерство за транспорт и врски. Во насока на подобрување на урбаниот изглед на нашата општина беше и проектот на


локалната власт,за обнова на старите, руинирани фасади со нови. Речиси сите општини повеќе или помалку го решија овој проблем со старите фасади кои се „на удар“ на погледот на главните сообраќајници, па оттаму и општината инсистираше на час поскоро решавање на овој проблем, посебно што станува збор за фасади кои се, во најголем дел, на потегот долж булеварот Партизански одреди. Станува збор за фазади стари речиси четири или пет децении, од 1962 година наваму и кои се буквално „огледало на грдотијата“, наместо огледало на убавината на Карпош. Токму затоа 12 куќни совети во исто толку згради кои беа најупорни во своите намери, ќе добијат 15 милиони буџетски средства за оваа намена. По објавувањето на јавниот конкурс, во кој критериум беше и сопствено учество на куќните совети во дел од разубавувањето (нови прозорци, термо изолација или слично) на Општинска поддршка за оваа намена ќе сметаат колективните станбени објекти од следниве улици: зградите на улиците 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12.

се купат нови патнички возила за потребите на администрацијата. Во два наврати беа разгледувани состојбите со основните училишта во општината и тоа во прв наврат преку годишниот отчет за работа во десетте основни училишта кои егзистираат на територијата на Општина Карпош како и Предлог-годишните програми за воспитно-образовната работа за тековната 2009-2010 година на училиштата „Јан Амос Коменски“, „Петар Поп Арсов“, „Димо Хаџи Димов“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Вера Циривири Трена“,„Лазо Трповски“,„Братство, „Аврам Писевски“, „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“, како и годишните извештаи на четирите градинки „Орце Николов“,„Распеана младост“,„Мајски Цвет“ и „Пролет“ денес добија виза од советниците на Општината Карпош, како и информациитте за состобите во јавните детски установи, односно основните училишта и детските градинки.

„Вич“ број 24, , „Веселин Маслеша“ број 9, „Јуриј Гагарин“ број 25, „Никола Русински“ број 4, „Женевска“ број 6, „Миле Поп Јорданов„ број 42, „Никола Русински“ број 6, „Разловечко востание“ број 2, бул „Партизански одреди“ број 81, „Бранислав Нушиќ“ број 13, „Јуриј Гагариин“ број 47 и „Октомвриска револуција„ број 10.

Во изминатиот период, согласно приходите и расходите неколкукратни „дотерувања“ доживеа и општинскиот буџет но и социјалната програма. Така новина е усвојувањето на Предлог-програмата за спроведување на социјална заштита и заштита на децата, граѓани на Општина Карпош, во која за секое новороденче во иднина наместо 10 илјади денари ќе се дава по 6 илјади денари еднократна помош. Но, со оваа програма освен за новороденчињата овој износ на средства еднократно ќе се дава и за секое посвоено дете. Советниците се согласија да ги издаваат под закуп фискултурните сали и друг простор од училиштата кои се на територија на општина Карпош, како и да се продадат старите и да

Меѓу позначајните одлуки што ги донесе Советот на последната-деветта по ред седница се и Стратешкиот план на Општината за следните четири години,односно за периодот 2009-2013 година, финансиска поддршка за настап на Детската Евровизија во Киев-Украина и за член на Маратонската пливачка репрезентација. По повод денот на Општината Карпош, беше доделена и помош на семејствата на загинати бранители Николиќ, Стоилови и Божиновски. Беше прогласен и заслужен граѓанин Коле Јордановски а за истакнатии личности на Општина Карпош се прогласени Владимир Богоевски и маратонците Тони Стефановски и Емил Илиќ.(В.Ц.) 15


СОВЕТНИЧКО „НЕ“ ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА

16

„Да се врати детската градинка на Општина Карпош за сместување на децата од населбите Карпош 1 и Карпош 2“. Ова е заклучокот кои го усвоија советниците на Општина Карпош на десетта по ред, вонредна седница на Советот, свикана со единствена точка на дневниот ред „Одлуката на Владата за преселување на Институтот за албанско духовно наследство од Куршумли ан во детската градинка во Карпош,поранешна амбасада на САД. Заклучокот на советниците беше донесен без присуство на советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија расправата, бидејќи, како што изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Роберто Тошевски, не гледа причина за итност и таквата конотација на седницата би ги вознемирило граѓаните на Карпош. Итноста, според советникот од ЛДП Горан Михајлов произлегува од нотор-

не да разговара со општинските власти, бидејќи на територијата на Карпош има и други објекти кои може да им ги понуди за оваа намена или плац, а не во ваква конспирација да се носат одлуки и итно да се вселува Албанскиот институт веќе денес. Ова е, рече тој, најскапиот објект за таа намена кој се наоѓа на територијата на Карпош и најсолидно изградената детска градинка, по сите специјални стандарди, а Владата решила да го одземе токму него. Заклучокот на мнозинството советници од Советот на Општина Карпош ќе биде испратен до Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика, со цел да биде преиспитана нивната одлука. Инаку како што информираше претседавачот на Советот Трифун Трифуновски, Јавната установа за деца, Детска градинка „Распеана младост„ е изградена во 1980 годи-

ниот факт што се врши упад и одземање на имот на Општината од страна на власта, а кој е доверен на чување од граѓаните токму на Советот и на градоначалникот. Ова може да биде само почеток, едно по едно, да ни ги одземат сите училишта и градинки и дали значи дека ние тоа простум ќе го одмолчиме, праша советникот на ЛДП? Образложувајќи го ставот на Општината Карпош градоначалникот Стевчо Јакимовски рече дека не станува збор за никаква политика, туку единствено за заштита на интересите на децата и на 63.000 граѓани на Општината. Тој ја повика Владата да сед-

на со средства од граѓаните под ингеренции на СИЗ-от за детска заштита со цел да се задоволат потребите на граѓаните на Општина Карпош за згрижување на децата од предучилишна возраст. Во 1995 година, Владата на Република Македонија и Министерството за надоворешни работи, објектот го даваат на времено користење со намена за амбасада. Со децентрализацијата, постојните установи за деца-детски градинки од подрачјето на Општина Карпош со Одлука на Владата на Република Македонија се пренесени заедно со основачките права и обврските и правата на сопственост врз Општината.


Образование и култура Стартуваше новата учебна година во општина Карпош

Училишно ѕвоно за 733 првачиња

Во десет основни училишта во општина Карпош 6.224 деца успешно ја започнаа новата учебна 2009/2010 година. Од нив 733 се првачиња на кои 1 септември им е еден од најзначајните денови во животот, кога со голем чекор стапнуваат во светот на знаењето и науката. Најмногу првачиња се запишаа во основните училишта „Димо Хаџи Димов“ -137 и 93 во „Петар Поп Арсов“, потоа 88 во основното училиште „Војдан Чернодрински“, 84 во „Владо Тасевски“, 72 во „Јан Амос Коменски“, 61 во „Братство“ од кои 47 Албанчиња и 17 Македончиња, 58 во „Вера Циривири Трена“, 52 во „Аврам Писевски“, 45 во „Лазо Трповски“ и 44 во „Христијан Тодоровски Карпош“.

Првиот училишен ден во основното училиште „Петар Поп Арсов“ со свое присуство и пригоден говор го одбележа градоначалникот на општината Стевчо Јакимовски. Тој, на сите дечиња им посака многу успех во учењето, радост, игра и знаење, на родителите помалку грижа, на професорите „лесна рака“ за пишување што повеќе петки, а на директорката на училиштето Тања Савевска уште една успешна учебна година. Учениците од основното училиште „Петар Поп Арсов“ со голем ангажман на своите наставници и професори по повод почетокот на школската година приредија прекрасна програма за првачињата.

17


Етичко катче

Пишува: М-р Татјана Стојаноска Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје

Денес многу ретко ќе сретнете млад човек кој како врвни вредности ќе ви ги потенцира почитта, чесноста, образованието, индивидуалниот и колективен развој, културната наобразба, толеранцијата, пријателството, искреноста

Моралното образование и воспитание најзначаен сегмент во секој образовен систем

Вистинските развојни цели и задачи на образовните системи во секое современо и развиено општество се конкретизираат и насочуваат кон градење на личности со свои психолошки, индивидуални, колективни и општествено посакувани особини. За остарување на тие цели првенствено е потребно наставните планови и програми да се подготват на начин кој ќе обезбеди вистинска и реална имплементација на општествено-посакуваните цели. Секој сегмент на образованието (без оглед дали станува збор за основно, средно или високо образование) треба да обезбеди соодветна образовно-воспитна програма која ќе биде компатибилна со општествено посакуваните цели и задачи. Затоа од посебно значење е покрај образовниот аспект на училиштата (кој секако е застапен во многу поголем процент) посебно внимание да се посвети и на воспитната дејност на личноста, бидејќи само со единство на образованието и воспитанието ќе добиеме целосна и правилно изградена личност. Во научната и општествена јавност, а секако и меѓу социолозите чија преокупација се социолошките аспекти на моралноста, посебно се потенцира моралната едукација на младите. Голем број факти го потврдуваат овој аргумент, а ќе наведеме некои од нив: -моралниот кодекс во нашево современо македонско општество не е сеуште доволно етаблиран, односно, постои дискрепанца меѓу општествено-посакуваното и реално остваруваното. Дел од моралните норми кои укажуваат на доброто, полезното, пожелното, посакуваното, правилното , не се етаблирани во општеството, а други норми, кои не соодветсвуваат со реалните цели и потреби и кои повеќе одговараат на друг тип на општествени системи се многу повеќе присутни во нашето општеството. 18

-слободно може да се каже дека владее ерозија и длабока криза на моралноста. Многу ретко се среќаваат луѓе кои се целосно и правилно морално изградени и кои се однесуваат во склад со вистинските морални норми. Ерозијата длабоко навлегла во секоја пора на општеството, нагризувајќи ги моралните вредности и истовремено потполно девалвирајќи ги. -вредностите кои се извор на моралноста и кои го насочуваат и ориентираат човековото однесување се исто така во длабока криза. Денес многу ретко ќе сретнете млад човек кој како врвни вредности ќе ви ги потенцира почитта, чесноста, образованието, индивидуалниот и колективен развој, културната наобразба, толеранцијата, пријателството, искреноста. Наспроти ваквите вредности, се почесто се преферира од страна на младите егоизмот, егоцентризмот, индивидуализмот, етноцентризмот, с��бичноста, материјално задоволство и материјална сатисфакција, нечесност, лага, валкана игра. Ваквиот развој на


вредносните ориентации не обезбедува светла иднина. -културниот идентитет, моралниот идентитет се недоволно цврсто изградени кај младите. Културните вредности, кои се сржта на идентитетот кај голем број од младата популација се недоизградени, не се доволно себеспознаени и културно издигнати на едно повисоко ниво. Од сите претходно споменати причини несомнено се заклучува дека е неопходна морална едукација на младите, а секако најдобро место за нејзино градење и зацврстување е образовниот систем. Училиштето е втор дом на секое дете, кое поминува голем дел од своето време во него и нормално таму се образува и социјализира. Покрај новите вредности кои едно училиште треба да ги пренесе на младите, тоа има и задача сето она што е испуштено од страна на семејството да го надополни и надгради. Основното образование е столбот, базата на образовниот систем. Примарните вредности се стекнуваат и развиваат во основното образование и затоа е посебно значајно морално да се едуцираат учениците уште од најрана возраст преку задолжителни и изборни активности со кои ќе се потенцираат моралните вредности. И локалната самоуправа може да има големо влијание во образовно-морална едукација на младите. Бидејќи училиштата со процесот на децентрализација се во надлежност на локалната самоуправа, раководните луѓе може со помош на наставниот кадар да организираат различни активности со кои ќе се допринесе за морална едукација. Трибини, предавања, теоретски и практични елаборации од страна на стручни и компетентни лица може да се ангажираат од страна на локалната власт, секако со помош на образовните институции. На тој начин дирекно се влијае врз зацврстување и етаблирање на правилен вредносен систем. Само со заеднички сили на локалната власт и образовните институции ќе се успее во остварување на максимата: МОРАЛНО ИЗГРАДЕНА ЛИЧНОСТ Е БЛАГОДЕТ И ПРОСПЕРИТЕТ ЗА СЕКОЈА ЗАЕДНИЦА И ОПШТЕСТВО.

СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ Општина Карпош за прв пат во своето постоење донесе одлука за финансиска поддршка на талентирани ученици од основно образование од подрачјето на Општината Карпош. На објавениот Оглас за доделување на стипендии на талентирани ученици од основно образование од подрачјето на Општината Карпош, објавен на 5 август 2009 година, во Весникот “Дневник” аплицираа 67 ученици и по извршеното разгледување на пристигнатите барања од страна на Комисијата за разгледување на истите направен е следниот избор на ученици кои ќе добијат стипендии: 1. Емине Чаколи 2. Енис Сулејмани 3. Џулија Агаши 4. Армандо Јашаров 5. Алије Кадриевска 6. Селвиназе Сулејманова 7. Синел Јашаровски 8. Петрушевска Ивана 9. Иван Божиновски 10. Александар Васовски 11. Шабани Џемаил 12. Иван Трајков 13. Христијан Христов 14. Бојан Таневски 15. Александра Петрова 16. Стефан Станоевиќ 17. Пејоски Мирослав 18. Нена Димитровска 19. Бакоч Филип 20. Љупка Намичева 21. Васил Кузевски 22. Наде Божиновска 23. Битраков Андреј 24. Андреј Тасев 25. Андреј Неделковски 26. Томислав Поповски 27. Стефани Никодиновска 28. Дуевски Теодор 29. Маријана Крстевска 30. Дамјан Димовски 31. Анастасија Димова 32. Луција Зубац

33. Георгиевска Тамара 34. Луција Зубац 35. Лазаревски Александар 36. Теодор Пасков 37. Ени Вучидолова 38. Никола Стојковски 39. Кировски Никола 40. Тушев Милош 41. Марија Стефановска 42. Божиновски Стефан 43. Божиновски Андреј 44. Ненад Стоилов 45. Зорана Ристевска

Стипендиите ќе бидат подеднакви за сите стипендирани ученици и ќе изнесуваат 3.500 денари. 19


Ај батали физичко, сега ќе имаме математика... Бројни научни студии покажуваат дека бројот на деца со деформитети на рбетниот столб од генерација во генерација се зголемува. Воочливо е исто така дека се повеќе деца имаат аверзија од спорт, а мноооогу мнооогу повеќе деца сакаат бесконечно да зјапаат во компјутер борејќи се со виртуелни демони. Таа имагинарна борба е проследена со сочни псовки и чувство на омраза кон се што ги опкружува затоа што, замислете некој им одзел живот (се разбира во играта). Децата и компјутерот си стануваат доволни. Нема потреба од колективни детски игри, нема потреба од искрени пријателства, дури нема потреба ни од семејство. Па каде одат овие млади луѓе? Да, некој ќе рече дека ова е време на современи технологии, на информатизација на општеството, на брз развој на цивилазијата, на транзиција и глобализација. Ми се гади од таквата цивилизација во која семејниот дом останува само место за јадење и спиење, а другарувањето апстрактна категорија. Оваа фаза на отуѓување не е последниот стадиум на пропаѓањето на човечкиот дух. Нееее, хорор - филмот има и продолженија. Првото продолжение се вика никотин, па следи алкохол, се разбира дрога, па проституција и така во ендек, да не речам бескрај. Потврда на ова можно црно сценарио за човечкиот род може да се најде во секој дневен весник во кој рубриката Црна хроника добива се повеќе страници. Написите за предозираност, убиства, сообраќајни незгоди предизвикани од алкохол се само огледало на нашето секојдневие. Што не снајде, мајку му? Зарем ова е данокот што треба да го платиме на “развојот“ на цивилизацијата? Ова ли е долгот кон т.н. демократско општество? Ако е така, богами ова е полошо од данокот во крв за кој сме учеле како за нешто најлошо во историјата Јас се сеќавам на едно друго време во кое телевизорот беше единствениот електронски уред кој не одвлекуваше од реалноста и работеше најмногу до кај полноќ, а касетофонот и грамофонот беа создавачи на звуци многу поубави од овие денешниве. Па се сеќавам и дека ништо не ми фалеше. Не ми фалеа Сони ПС, И-под, мобилен телефон, МП3, МП4 и другите денешни електрон20

Проф. Д-р Зоран Т. Поповски од Тафталиџе II

некој ќе рече дека ова е време на современи технологии, на информатизација на општеството, на брз развој на цивилазијата, на транзиција и глобализација. Ми се гади од таквата цивилизација во која семејниот дом останува само место за јадење и спиење, а другарувањето апстрактна категорија

ски другарчиња. Богами ич не ми фалеа ни денешниве секојдневни банчења до раните утрински саати со исти фаци на исти места и спиење до кај 2-3 попладне. Школица, челик, џамија, камај, жмурки, џамлии, народна, ластик, кини гаќи, викторија, топка беа наше детско секојдневие. Некој ќе рече “ај батали го овој е стар комуњар“ ама ќе го разочарам. Баш не се чувствувам така. Некако ми е поубаво кога ќе се сетам на тоа време во кое ги градев другарствата и пријателствата кои траат до ден денес. А вие викајте ме како сакате! Па од каде сево ова денес? Ќе се сложам дека ова се глобални процеси, ама нема да се сложам дека не може ништо да се сто-


Образование и култура ри тие процеси да попримат поинаков тек. Тек во кој човекот ќе остане човек и нема да метаморфозира во современа машина или нејзин слуга. Но, да не одиме во сферата на шпекулациите и да не живееме во илузија дека ова е нечие сценарио. Ајде да си погледнеме во нашата авлија и да видиме колку ние влијаеме на состојбата која е далеку од розова. Па ние со децении констатираме дека училиштата одамна не се воспитни, туку се само образовни установи. Па и врапчињата знаат дека наставата по физичко и здравствено воспитување, особено во одделенската настава е вулгаризирана или воопшто не се изведува. Тогаш нема потреба од чудење зошто децата одат искривени, мразат спорт и не знаат да се дружат меѓу себе. Ајде сега да се обидеме да видиме кој е виновен за оваа ситуација на пример. Се разбира делумно се виновни наставниците кои часот по физичко го заменуваат со друг предмет во кој заостануваат со “материјалот“ или пак часот го користат за размена на рецепти, кафепиење, цигарапушење. Да не заборавиме и дека и доколку не е така, одделенските наставници не се доволно компетентни за организирање на ваков вид на настава. Па во такви услови што можеме да очекуваме освен искривени деца со аверзија кон спорт и без искрени другарчиња. И што сега? Зар ќе оставиме оваа стихија и понатаму да трае? Барем во општина Карпош нема да биде така. Овде ќе се обидеме да помогнеме со вклучување на наставници по физичка култура во изведување на барем еден час по физичко воспитување неделно во одделенската настава. Така одделенските наставници ќе стекнат искуство и ќе се запознаат со новите трендови во изведувањето на наставата, а дел од невработените на-

ставници по физичка култура ќе стекнат некаква социјална сигурност. Сето ова треба да се остварува низ игра, а крајниот ефект ќе бидат деца со нормално развиени моторички способности, односно деца кои знаат да трчаат, да скокаат, деца вешти со спортските реквизити, деца кои сакаат спорт, кои се радуваат на победа, признаваат пораз и го почитуваат противникот. Едноставно деца кои стануваат здрави и среќни млади луѓе. Ама нема да се застане само на тоа. Општина Карпош ќе ја зголеми и подршката на училишниот спорт преку организирање на натпревари меѓу училиштата во чиј фокус ќе бидат фер играта, дружењето и здравото ривалство. Цел е секое училиште од општина

Карпош да има свој спортски клуб кој ќе служи к��ко основа за масовен спорт, но и како расадник за млади таленти и идни врвни спортисти. Па има ли подобра инвестиција од ова? Има ли подобро вложени средства од тие против современите пороци кои како Дамоклов меч висат над главите на младите генерации? ПС: Во мое време беше престижно да се игра за училишната екипа. Така се станувааше маалски популарен. На натпреварите меѓу соседните училишта имаше повеќе публика отколку на денешниве прволигашки средби. Јас лично многу помотивирано играв за мојот училишен тим, отколку за еден реномиран клуб во кој тогаш настапував. 21


XIII по ред детски фолклорен фестивал

Oд Цвет на Цвет со оро и песна

На 26-ти и 27-ми септември, во Општина Карпош, се одржа традиционалниот, XIII-ти по ред детски фолклорен фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“. На фестивалот учествуваа 30 гостинчиња од Република Чешка и млади фолклористи од седум играорни друштва од Република Македонија. Традиционално организатор на оваа детска културна манифестација е МКУД „Цветан Димов“, а по-

Делегација од Хрватска во Општина Карпош

22

кровител на фестивалот е Општината Карпош. Годинашнава манифестација почна во 12 часот, со улично дефиле од улицата „Лондонска“ пред ТЕДИКО, а централните концерти беа одржани на Амфитеатарот на сливот на реката Лепенец во Вардар. Граѓаните на Карпош имаа можност да проследат настапи и да уживаат во фолклорот и изворната музика на Чешка и Македонија. Во посета на Општина Карпош пристигна Делегација од наставници од ОУ „Стоја“ од Република Хрватска, кои од 7 до 10 октомври беа гости на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“. Целта на оваа посета на нашата држава беше реализацијата на третата фаза од меѓународниот проект „Сличности и разлики на географските и биолошките карактеристики на Охридското Езеро и Јадранското Море“. Во рамки на тридневниот престој на учениците од Хрватска го посетија Градот Охрид каде на учениците им беше одржано предавање за „Мрестење на охридската пастрмка“, и беше организирана прошетка до повеќе културноисториски обележја на Градот Скопје. Ова е прва соработка на ниво на Основни училишта по 22 години. Проект е поддржан од Општина Карпош и Заедницата на Хрвати во Република Македонија. (E.K.)


Образование и култура

Отворена првата школа за актерска игра И покрај актуелните културни збиднувања во Општината Карпош, не престануваат идеите за нови форми и содржини. Така, по иницијатива на Градоначалникот Стевчо Јакимовски, и по консултација на некој стучни соработници, од областа на културата и образованието, се предложи интересна иницијатива за формирање на т.н Школа за актерска игра (глума) во која би се запишувале сите заинтересирани ученици од основните училишта на територијата на Општина Карпош. Оваа иницијатива е интересна пред се поради фактот што такво средно училиште како институција сеуште не е формирана ниту во државата, ниту во градот Скопје, додека од музичката и ликовната уметност веќе подолго време постојат. Се разбира дека оваа школа во почетокот ќе работи како еден пробен проект – експеримент кој би функционирал само една школска година, а во иднина стручно и квалификувано ќе се разбработи и како елаборат кој професионално и одговорно ќе ја обаву-

ва функцијата на современа и квалификувана институција. Интересно е да се напомене дека школата ќе функционира на современ, едукативен принцип, што значи часовите односно вежбите ќе бидат така организирани што нема да влијаат на времето посветено за учење и на другите воншколски активности. Часовите ќе се одржуваат два пати неделно, по два часа, во време кое ќе им одговара на учениците. Значи, предавањата ќе бидат креативни, релаксирани, богати со интересни инпровизации, и етиди (вежби) кои ќе се работат на самите часови без посебно ангажирање надвор од школата. Програмата е составена на тој начин, што всушност претставува кратка форма на се она што се работи на факултетите за актерска игра.

Отворена првата школа за цртан и анимиран филм

Во просториите на основното училиште „Јан Амос Коменски„ официјално беше отворена Првата школа за цртан и анимиран филм, единствена од овој тип во државата. Школата е поддржана од Општината Карпош, а нејзин главен предавач ќе биде Илчо Симовски кој младите таленти ќе ги подучува на вештините

на цртаниот и анимираниот филм, изработка на стрипови и други техники на работилницата која ќе трае до април идната година. Работилницата има за цел да ги собере децата од четврто до шестто одделение и во блок часови во воннаставниот термин да ги обучува за овој вид уметност. Инаку, Школата официјално ја прогласи отворена градоначалникот на Општина карпош Стевчо Јакимовски на кого децата млади уметници му подарија една слика, а доби и сопствен портрет од главниот подучувач на работилницата Илчо Симовски. Тој ги охрабри сите млади таленти од основните училишта на Карпош, им поска оваа школа да продолжи успешно да работи и да продуцира млади таленти кои ќе станат еден ден големи уметнички имиња, а со тоа ќе ја оправдаат инвестицијата во нив. Тој го најави и отворањето на уште три бесплатни школи, по глума, фолклор и уметничка школа која во најскоро време почнуваат со работа. 23


Културен видик Леб и сол на отворањето

Културно Лето Карпош 2009 Оваа година се потврдија сите цели, сите аспекти и сите предвидувања за оправданоста на идејата и опстојувањето на Културното лето на Општина Карпош. Со самото отворање на оваа манифестација, дојде до израз и квалитетото и квантитетот на понудената програма. Првиот ден од Културното лето, 15. 08 2009 година, започна на кејот на Реката Вардар, на монтажната сцена на амфитеатарот со доделување на признанија и плакети на неколку заслужни граѓани од Општината. Лично Градоначалникот Стевчо Јакиомовски , плакетите им ги подели на познатите ликовни уметници, Теофил – Тофе Шулајковски, Таки Павловски, Глигор Чемерски и признатиот спортски работник, Стефан Тодоровски – Цефи. По овие доделувања, Градоначалникот официјално го отвори културното лето поздравувајќи ја многубројната публика, односно гостите и пред се граѓаните на Општина Карпош со напомена дека наскоро се планираат нови квалитетни промени и на самиот кеј и на определени општински простори. Потоа, пожелувајки им прекрасна забава ги покани гостите на вечерта, познатата и афирмирана група „Леб и Сол“ која со својата музичка програма од најновиот албум и дел од старите добри композиции направија вечерта да биде богатство на музички звуци инспирирани со стилизирани обработки на познати македонски народни песни . „Леб и Сол“, навистина даде се од себе, а публиката задоволна од нивниот креативен на24

стап честопати со бурен аплауз ги прекинуваше за на крај со овации и радост го напуштат амфитеатарот. Следната манифестација – изложбата „Де Ниро“ од Битола, беше одржана на 17. 08 во 21 часот во просториите на Кинотеката на Република Македонија. Оваа изложба беше специфична по изборот на уметничките дела. Тоа беа пред се уметнички слики работени последиве неколку години во меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“, од многу познати уметници од Република Македонија и од странство. Изборот на сликите беше навистина исклучително квалитетен, а учествуваа автори како на пример, Чемерски, Масин, Ташковски, Кузмановски, Весна Бајалски, Иван Миловановиќ, Џеко Хочиќ, Љубинка Јовановиќ - Михајловиќ и многу други. Изложбата беше приказ на високи уметнички дострели, а посетителите , љубители на ликовната уметност кои беа во голем број беа воодушевени и им честитаа на организаторите за оваа креативна манифестација. На 20. 08 2009 во 21 часот, кај трговскиот центар Карпош 3, Лептокарија имавме прилика да присуствуваме на уште една убава вечер на популарна музика. Гости беа академските музичари М-р Петар Колевски – кларинет , М- р Стојанчо Косовски – труба и Билјана Петровска – клавир. Овие уметници со богатиот избор на популарна музика од Пучини, Гершри и други автори со прекрасните звуци го освоија целиот простор во Лептокарија, а публиката која и овој пат беше многубројна ги


вракаше на бис овие навистина одлични музичари. Преполно беше во тргосвкиот центар Карпош 3 – Лептокарија и следна ноќ на 21. 08. 2009 во 21 часот кога настапи Јаков Дренковски, познат интепретатор, музичар и текстописец. Овој уметник заедно со популарниот музички автор Љупчо Трајковски – Фис, со нивниот евергрин настап предизвикаа еуфорија кај присутната публика, граѓани на Карпош затоа што неговото пеење беше исполнето со душа, емоции и радост.

„Стари пријатели“ - Драмски театар Скопје

Ликовна колонија под ведро небо

изложбата „Де - Ниро“ Пламенка Трајковска, академски музичар- виолинист настапи вечерта на 22. 08. 2009 во 21 часот во Лептокарија. Нејзиното музичко шоу придружено со нејзин колега и две балерини – танчерки го оправда насловот на нејзиниот настап – Музичко Шоу. Во рацете на Пламенка виолината заедно со музичките ноти се разигра низ сцената така динамично сто ги понесе и сите гледачи кој таа вечер беа гости на ова прекрасно шоу. Неколку вечери подоцна, поточно на 28. 08

2009 во 21 часот имавме прилика на кејот на Реката Вардар (амфитеатар) да го видиме КУД „Кочо Рацин“ кои ни се претставија со богати фолклорни игри и песни . Во нивната програма учествуваа познатиот интерпретатор на народни песни Круме Спасовски и хумористото Војче Китановски. Тие сите заедно со својте песни, хумор и игри ја направија оваа вечер да биде распеана, разиграна и многу весела. Кумановските тамбураши со Нино Величковски настапија во саботната вечер на 29. 08 2009 , 21 часот на амфитеатарот на кејот. Нино се претстави со старогратски и неколку новокомпонирани народни песни и благодарејки на својот прекрасен гласи шарм сокои ја плени публиката успеа да ги атера и гледачите да запеат па дури и да заиграат со него и покрај дождот кој за среќа заврна пред самиот крај на концертот. Овој прв дел од културното лето ќе го завршиме со прикажувањето на премиерната изведба на „Стари Пријатели“ која е авторски проект на Слободан Деспотовки. Претставата

Настапот на Пламенка Трајковска беше изведена во Драмски Театар на 02. 09. 2009 во 21 часот и во неа учествуваа актерите Брагнко Горчев, Диме Илиев, Јелена Жугиќ, Игор Стојчевки и Роберт Велјановски. Текстот чии автор и режисер е Слободан Деспотовски всушност претставуваше еден драмски трилер содржински издржан со изразена динамика, битна за ваква драматургија. Сите актери без исклучок професионално и кративно ги одиграа својте улоги,а публиката која го исполни салонот, задоволна на крајот со неколкуминутен аплауж ги поздрави. И да заклучиме со еден коментар на една редовна посетителка на сите културни настани Соња Димитровски,правник: „Оваа година, културното лето беше вистински културен и уметнички настан. Задоволна сум и од нивото на уметничките изведби, а посебо ме израдува масовната посетеност на нашите граѓани на целата манифестација. И благодарам на Општината што ни овозможи овие две – три недели да уживаме во оваа манифестација“. 25


Проекти Со нов пункт за „рент-а- бајк“ и со велосипедска тура

Одбележан Светскиот Ден без автомобили „Оние граѓани кои немаат сопствен велосипед, оние кои сакаат своите возила да ги остават дома, од сега натаму нека повелат

во Општина Карпош. Кај нас во секое време има 30-тина слободни велосипеди кои за симболична сума ќе ги изнајмуваме на час, и секој жител на Карпош ќе може со него да појде како сака.“ Ова пред граѓаните го изјави градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски при пуштањето во употреба на првиот пункт за изнајмување велосипеди во градот и во државата, кој во соработка со ЕКО-СВЕСТ успеаја да го реализираат во рамки на проектот „Велосипед за сите“. Тој проект е финансиран од Глобалниот еколошки фонд и до 30 овој месец треба да се затвори цел систем во градот со вакви пунктови за изнајмување. Ова е придонес за намалувањето на штетната емисија гасови и за спас на планетата земја, изјави Златко Самарџиев национален координатор на ГЕФ СГП. На овој оригинален начин Општината Карпош го одбележа Светскиот Ден без автомобили по што се приклучи на другата манифестација „Со велосипед е во ред! А каде да паркирам?“ која пак беше организирана во заеднички проект на градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Здружението на граѓани „Коалиција за оддржлив развој-КОР“. Преку овој проект на седум пунктови во градот, преку прекрасни идејни решенија на студентите по архитектура се изградени 60 држачи за автомобили на седум локации во гра26

дот. Од нив веќе сега има три на територијата на Карпош, кај пазарчето Тафталиџе, Кај „Тинекс“ маркетот зад Општината и кај ТЦ Карпош 3, односно Лептокарија. Другите паркиралишта за велосипеди се кај Трговски центар Буњаковец, на пазарчето Буњаковец, Луна паркот и Библиотеката „Браќа Миладиновци“. Инаку градоначалниците Стевчо Јакимовски и Коце Трајановски и министерот за животна средина Неџати Јакупи, заедно со претставниците на КОР и ЕКО-Свест како и дел од општинската администрација на Карпош и од градот, поаѓајќи од Собранието на градот активно се вклучија во возењето велосипед на една поголема тура на четири градски локации од Буњаковец, преку Холандска амбасада до Лептокарија.


Одбележан 11 Октомври

Со интонирање на химната на Република Македонија и оддавањето почит на загинатите борци, во просториите на Општина Карпош, Сојузот на Борците од Карпош одржа собир по повод државниот празник 11 Октомври, денот кога е означен почетокот на антифашистичкото востанието во Република Македонија. На собирот присуствуваше Градоначалникот на Општина Карпош Г-дин Стево Јакимовски, генерал Тодор Атанасовски, претставници од Главниот, Скопскиот одбор на Сојузот на борци како и многу борци и претставници од Советот на Општината. На свечениот собир, претседателот на ОО на СЗБ НОАБ Карпош, г-дин Ристо Никовски при-

годно им врачи признанија на Петре Унковски, Крсто Блажевки, Марјан Ивановски, Душан Антевски, Тихомир Матевски, Ѓорѓе Недев, Ватан Ивановски, Цвета Цветковска, Благоја Шошолчевски, Анета Аначкова, Ели Паиќ, Владо Божиновски. (E.K.)

Спомен на Првиот скопски партизански одред На 22 август 2009 година во организација на основната организација на борците и Општината Карпош на булеварот Илинденска, пред спомен обележјето на Првиот скопски партизански одред се одржа чествување по повод 68 годишнината од формирањето на овој одред. По тој повод букети свежо цвеќе, положија претставници од Општината Карпош - градоначалникот Стевчо Јакимовски, претседавачот на Советот, Трифун Трифуновски, претставници на основната боречка организација од Карпош, а дојдоа и од политичките партии СДСМ, Либералнодемократската партија, Сојузот на Титовите Леви Сили итн. Во оддавањето почит учествуваа и преживеани борци од Првиот скопски партизански одред како и граѓани на општината Карпош. За значењето на овој настан, пригоден говор одржа Томе Крстевски кој во своето обраќање пред присутните нагласи дека одбележувањето на овој настан не е само да се потсетиме на минатото, туку и со пораките што ги остави овој настан за иднината. „Да се потсетиме на плејадата борци што го сочинувале овој одред, кои се дел од генерацијата на која и припадна историската улога за остварување на повеќевековната желба на македонскиот народ за создавање

на своја држава“, рече Крстевски. Поаѓајќи од она што се случувало во тоа време па се до денешниот ден, нагласи Крстевски, сосема е природно што учесниците во таа Народноослободителна антифашистичка војна ја предале сета нивна реална и неповторлива активност на новите идни генерации, со аманет да ја чуваат и натаму да ја развиваат скапо платената слобода и државност на нашата Република Македонија. 27


28

СВР Скопје и Општина Карпош промовираа нов проект

Бесплатни обуки за НВО (секторот)

Заштитете го домот од кражби

Новите медиуми како предизвик

Со презентација на проектот: „Заштитите го домот од кражби“ од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје од 23.09.2009 година, Полициската Станица Карпош започна интензивна соработка со граѓаните од Општината. Во рамките на овој проект се организираат состаноци во сите 12 урбани, и две месни заедници, на кои, покрај претставниците од Одделот за превенција при СВР Скопје, претставници од Полициската станица Карпош, Црвениот Крст, и Општината Карпош присуствуваат и претставници од куќните совети на секоја зграда. На овие средби, покрај запознавањето на граѓаните со проектот, Црвениот Крст се врши едукација на граѓаните: „Како да се постапи при елементарни непогоди“ (земјотреси, поплави, пожари). Резултатот од овие средби беше формирање на Советодавни групи составени од: претставници од куќните совети, Претседател и Технички секретар од Урбаната (Месна) Заедница, претставник од Општина Карпош, одговорен полицаец по сообраќај за Карпош, како и водич на безбедносен реон од ПС Карпош. Во фаза е одржување на средби по урбаните (месни) заедници, од кој до сега се одржани две вакви средби во Карпош 1 и Карпош 2. Целта на овој проект е подигање на личната безбедност на граѓаните, градење на партнерството меѓу локалната полиција и граѓаните како и зајакнување на довербата и соработката меѓу овие два субјекта, се со цел преземање на превентивни мерки за намалување на кривичните дела и нарушување на јавниот ред и мир. (Е.К.)

Во периодот од 14 – 19 Октомври 2009 година, Општината Карпош започна со реализација на бесплатни обуки за интернет и нови медиуми наменети за граѓанскиот сектор. Опфатени се сите невладини организации регистрирани на територијата на општина Карпош кои се пријавија на јавниот оглас за слушатели на обуката. Обуките за интернет и нови медиуми се спроведуваат во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, а слушателите ги посетуваат следните модули: Маркетинг и промоција преку новите медиуми; ЕУ и новите медиуми; Нови медиуми – практични совети и работа на интернет. Главна цел на обуките за нови медиуми е продлабочување на партнерството помеѓу општина Карпош и НВО секторот, како и стекнување на конкретни знаења и вештини за промоција на активностите и проектите на граѓанските организации преку новите или т.н. интернет медиуми. Слушателите имаат можност одблиску да се запознаат со потребата за користење на професионална веб страна, е – маил, како и Facebook, Hi5, MySpace, Twitter, YouTube, Wikipedia, LinkedIn, блоговите во промоцијата на својата организација и активности.


Хуманоста на дело

Добротворна акција во училиштата

Помош за семејствата на бранителите

Во сите основни училишта на територијата на Општината се организира солидарна (добротоворна) акција за собирање облека наменета за социјално загразени ромски семејства чии деца посетуваат настава во училиштата во Општина Карпош. Ваква добротворна акција во општината се одржува четврта година по ред, во соработка со Националниот ромски центар (НРЦ), а акцијата е поддржана и од Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат и други релевантни национални и меѓународни претставници во земјата. Во акцијата, која ќе трае еден месец облека и обувки за ромските соученици ќе донираат и собираат сите ученици од основните училишта на територијата на Општината Карпош.

Три семејства од подрачјето на Општина Карпош ќе добијат финансиска помош од по 30.000 денари, по повод денот на Општина Карпош – 3 Номеври. Станува збор за семејствата Стоилови и Николиќ чии синови, како бранители загинаа во конфликтот во 2001 година и за семејството Божиновски чиј член од семејството загина во хелихоптерската несреќа на мисијата АЛТЕА. Ваква одлука донесе Советот на Општина Карпош, на последната Деветта седница, а парите, како што беше наведено во Предлог –Одлуката, ќе бидат наменети за бањско-климатско лекување.

Помош за Бигорски

Советниците го прифатија и предлогот на Општината за доделување парична помош за запалениот Манастирот „Свети Јован Бигорски“ во износ од 150.000 денари

Помош за опожарените куќи во Општина Карпош Општина Карпош отвори посебна жиросметка за парична помош на семејствата од опожарените куќи во Нерези, на улицата „Ванчо Мицков“ број 8-б и 8-а. Сите граѓани и правни лица кои сакаат да им помогнат на семејствата од двете бараки кои настрадаа во пожар (едната барака изгоре до темел, другата е во крајно лоша состојба) може да уплатат средства на сметка: Општина Карпош Жиро сметка 779014115778944 Приходна шифра 725939 програма 00 Освен ова, советниците на Општина Карпош го усвоија предлогот на градоначалникот Стевчо Јакимовски, на двете семејства да им се додели и еднократна парична помош од буџетот на Општината, во износ од 300.000 денари за целосно изгорената куќа и 200.000 за соседната, која исто така претрпе огромна материјална штета.

Хуманитарна акција ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата-Козле, Скопје беше вклучена во проект за помош на децата од Република Македонија под мотото „ИСПОЛНУВАМ ЖЕЛБА“ под покровителство на Лајонс клубот Скопје Македонија - new century. Манифестацијата беше организирана во Резиденцијата на Евро Амбасадорот - Ерван Фуере, а присутните гости донираа финан-

сиски средства со купување на влезница (30.06.2009 год.) Присутни беа јавни личности од Р.Македонија и странските дипломати, со нив се запознаа и комуницираа пациенти претходно селектирани од психологот во Институтот - во тек на 6-месеци - деца од социјално загрозени семејства. Донацијата во износ од 23.200,00 МКД беше искористена за купување предмети и реализација на прослава на еден роденден – по исклучителна желба на децата. 29


Спорт Во спортскиот центар ФОРЦА

Отворени девети по ред спортски училишни игри „Карпош 2009“ На 18 септември 2009 година, во спортската сала „Форца“, по девети пат свечено беа отворени традиционалните училишни спортски игри „Карпош 2009“. Станува збор за училишни игри од масовниот спорт кој општината Карпош ги организира и поддржува во континуитет од 2001 година наваму и на кои спортските знаења и вештини ги одмеруваат стотина деца од Општината. На игрите присуствуваа екипи од десетте основни училишта од територијата на Општината Карпош, а се натпреваруваат во фудбал,кошарка, одбојка и ракомет. На свеченото оотварање во спортската сала „Форца“, на кое беа присутни 1000 фанови и спортисти, воведен збор даде Градоначалникот Стевчо Јакимовски кој ги прогласи игрите за отворени. Тој на околу 350 годинашни учесниците им посака многу спорт, забава и дружење и им вети дека на

крајот од спортските игри на пролет, сите заедно ќе одат на една заедничка екскурзија. Во многу набиена атмосфера, со весели мажоретки и полни едра енергија на свеченото отворање честа да ги одмерат „силите“ во фудбал имаа основните училишта основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и „Петар Поп Арсов“.

ЗАВРШИ XII–ОТ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ОПШТИНА КАРПОШ

„Карма“ го освои „Сокол“

Вечерта, на 27-ми октомври, во атмосфера која потсетуваше на духот што го има „Сан Сиро“, како што доликува на секое фудбалско финале, на спортското игралиште во Основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ официјално беше затворен XII-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал, - „Сокол 2009“. Турнирот кој традиционално се одржува во чест на Оливер Соколов-Сокол, еден од основачите на навивачката група „Комити“ заврши со голема помпа и прекрасен огномет. „Сокол 2009“ го прогласи за затворен градоначалникот на Општина Карпош 30

Стевчо Јакимовски, кој заедно со в.д. генералниот секретар на ФФМ Игор Климпер и организаторот Никола Георгиев ги врачија победничките трофеи и наградите на учесниците на турнирот. Пред околу 4.000 фанови на фудбалот, френетични навивачи на своите фаворити, не само од Карпош, градот, туку и од целата држава, екипата на „Карма“ со тесна, но убедлива победа од 3:2 го победи вториот финалист „ЗОНА-Премиер“ и го понесе годинашниот победнички трофеј на „Сокол“. Третото место, по одржувањето на малото финале кое заврши со 2:1 меѓу „Јувентус“ и „Хоризонт“ го освои „Јувентус“ од Чаир. За најдобар млад играч на турнирот беше прогласен Бобан Тодоровски кој доби едногодишна стипендија на Универзитетот за туризам во Скопје. Најдобар играч беше Лазар Куновски, а најдобар голман Горан Пандилов. Стрелец „број 1“ на турнирот беше прогласен Кире Георгиев од „Зона Премиер“. Третопласираната екипа „Јувентус“ се закити и со титулата „фер плеј“, како екипа со најмалку прекршоци.


Штафетата на светската хармонија помина низ Карпош На почетокот на месец октомври, во четири училишта на територијата на Општина Карпош помина штафетата која ја носи пораката на хармонијата, мирот и пријателството, како најголемата светска спортска манифестација по името „Трка за светската хармонија“ која во моментов се трча низ Европа. Штафетата носена од искусни маратонци, прво стасаа во ОУ „Петар Поп Арсов“, а централната манифестација на пречек беше одржана во Основното училиште „Лазо Трповски“. Со пригодна приредба од ученици од сите возрасти, кои ја испеаја химната посветена токму на оваа манифестација, штафетата ја пречека и испрати натаму градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Во пригодниот говор, тој рече дека Општината Карпош е докажан и традиционален поддржувач и промотор на спортот, но и на желбата за хармонија, мир и пријателство меѓу луѓето ширум светот. „Со тоа сакаме,факелот на мирот кој ја носи пораката за мир и разбирање, пријателство и соработка да остави една искра и во нашата општина, но и да ја проследи нашата желба за соработка натаму во сите општини, градови и држави низ Европа, се-

каде каде што ќе помине. Спортот е еден од најдобрите амбасадори на мирот и соработката меѓу луѓето ширум светот. Оваа манифестација чиј основач и идеен творец е Шри Чинмој, го носи потписот на големи имиња како Мајка Тереза,Папата Јован Павле 2, Михаил Горбачов, Нелсон Мендела, Карл Луис, Пол Макартни, но и нашите големи заложници за мир поранешниот претседател Киро Глигоров, покојниот претседател Борис Трајковски, Тоше Проевски, Калиопи, Есма Реџепова, рече градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. По пригодниот пречек „Трката за светска хармонија„ носејќи ја оваа порака продолжи кон ОУ „Вера Циривири Трена“, до ОУ “Христијан Тодоровски Карпош“ и другите училишта во градот.

Преку играта со топка да ги урнеме сите бариери

Во организација на општина Карпош минатиот септември на спортското игралиште „Алумина“ во населбата Карпош 3, се одржа спортски проект „Open Fun Football Schools“ наменет за ученици од прво до четврто одделение. Во проектот беа вклучени 220 ученици од пет основни училишта од територијата на општина Карпош. Свеченото отварање

го направи градоначалникот Стевчо Јакимовски. Главната цел на овој проектот, кој немаше натпреварувачки карактер, според изјавата на лидерот на проектот Димитар Бадев, е да ги поттикнува љубовта, другарството и еднаквоста на сите деца, без разлика на нивната етничка, верска и национална припадност. (Е.К.)

31


Спорт

Стипендии за спортисти и спортски клубови Со цел за целосна афирмација и поддршка на спортот и развој на физичката култура, од оваа година Општината Карпош востанови стипендии за талентирани спортисти и спортски клубови. Врз основа на објавениот оглас во „Дневник“ и „Вест“ објевен на 05.08.2009 и повторно о��јавен на 18.08.2009 година кои траеја до 18.08.2009 година Комисијата која одлучуваше за изборот, според стриктно утврдени критериуми , додели финансиска поддршка, односно стипендии во четири категории од 4.000, 3.000, 2.500 и 2.000 денари. Стипендии како талентирани спортисти добија: • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • • 32

Марко Секуловски Емануел Ристовски Игор Таневски Симона заборска Сара Радичевска Петар заборски Антонио Зврцинов Сашо Спасовски Кристина Крстевска Дамјан петровски Сандра Иванова Игор Димовски Тони Јанковски Ива Лепчевска Стојан Поповски Магдалена Ташковска Дино Најдовски Дино Вучидолов Константин Битраков Вања Јованова Матеј Димитровски Душко Величковски Антонио Ристовски Александар Кацарски Леонид Танасковиќ Душко Циривири Ангела Ниниќ Деа Калајлиоска Јаков Јованов Алек Петрески Филип Михајловски Драгана Волкановска Деа Здравковска Никола Анѓелковски Зоран Зулумовски Дарко Пановски Ивана Пејковска Христина Арсова Ѓокица Глигоровски Мартин Пановски Нора Адеми Елена Дацева

Еднократна финансиска поддршка во износ од 60.000 до 280.000 денари добија и 12 спортски клубови кои делуваат на територијата на Општина Карпош и тоа: • • • • • • • • • • • •

Кошаркарски клуб „Карпош-Соколи“ Училишен спортски клуб „Владо Тасевски“ Кошаркарскиклуб „Водњански лисици“ Фудбалски клуб „Локомотива“ Тениски клуб „Спин –Стига“ Одбојкарски клуб „Вардар“ Одбојкарски клуб „Форца Волеј“ Пливачки клуб „Акватик“ Ракометен клуб „Велкова 5“ Пингпогарски клуб „Влае“ Мото клуб „Цобо“ Фудбалски клуб „Лепенец-Гост“

Општина Карпош


Гласот на граѓаните

Анкета спроведена меѓу граѓаните на општината Карпош За овој број на весникот Карпош ги запрашавме жителите од населбата Влае: Што мислат за идејата надвозникот Влајко да се активира и да ја добие неговата вистинска намена?

Мирјана Станковска

Секој ден со моето дете поминувам по надвозникот Влајко и мислам дека хитно треба да се пуштат во употреба ескалаторите за да можат сите граѓани кои тука поминуваат да ги користат и да не се мачат да се качуваат по скалите. Дали ќе се активираат и дуќаните тоа е работа на оние кои ќе бидат заинтересирани за отварање на дуќан на Влајко, односно тоа зависи какви услови ќе создаде општината за вистинско заживување на истите.

Петар Николовски

Заживувањето на Влајко ќе биде полн погодок зошто тогаш на сите скептици ќе им се докаже дека тој не е само куп железо. Крајно време беше тоа големо суштество да ја добие својата вистинска намена и да им користи на граѓаните.Се надевам дека ќе се активираат и некои дуќани ,а разбрав од медиумите дека тука ќе биде сместена и дел од администрацијата што е навистина добра работа.Тогаш граѓаните ќе мора да го посетуваат Влајко за да извадат некој документ кој им е потребен.

Лидија Павловска

Јас неверувам дека тој надвозник ќе ја добие својата вистинска намена.Премногу време помина откога е направен.Тој е целиот руиниран.Не работат лифтовите,а кога врне целиот прокиснува Треба многу пари да се инвестира за да заживее. Којзнае можеби и ќе се направи нешто од него.

Коле Младеновски

Што да во кажам? Јас лично би сакал да се реновира Влајко бидејќи секое сабајле јас и моето внуче поминуваме од таму .Горе на мостот има што да се види. Некои дури и вршат нужда или има жприцеви.Треба да се поведе сметка за овој скап мост и греота е ако се остави на забот на времето.Добра идеја е да се обнови.Ја поздравувам оваа идеја на нашит градоначалник Стефче.

Костадинка Левајкова

Браво за градоначалникот Јакимовски гледам дека од ден на ден Општината личи веќе на пристојно катче за живеење.Хигиената е подобрена,а ова со надвозникот е одлична идеја. Неговото заживување ќе личи на негово воскреснување и обавезно треба да се активираат некои дуќани како и да се смести дел од општинската админиастрација за да немора граѓаните да доаѓаат таму во општинските бараки.

Милан Срезовски

Незнам да ви кажам како ќе изгледа заживувањето на Влајко.Треба многу сега да се вложи во него за тој да личи на вистински мост каде што ќе поминуваваат граѓаните безбедно.Лифтовите не работат,кровот прокиснува,нема вентилација сето тоа е голем хендикеп за негово заживување .Јас не верувам дека надвозникот ке се реновира и дека ќе ја има вистинската функција.Ја поздравувам идејата на градоначалникот за негово пуштање во употреба,но мислам дека треба најпрво убаво да го обнови и дури тогаш да биде она за што е наменет.

33


Гласот на граѓаните Прашање: Пишувам во име на сите родители на деца кои учат и имаат вон-училишни активности во училиштето Војдан Чернодрински, а живеат на улица Јуриј Гагарин, Народен фронт или во новоизградените згради од другата страна на улицата Рузвелтова, околу Универзална сала. Голем е бројот на деца на возраст од 6 до 14 години кои учат во училиштето Војдан Чернодрински и секојдневно ја поминуваат улицата Јуриј Гагарин, Теодосиј Гологанов и Рузвелтова најмалку два пати во денот бидејки одат на часови, а многу деца дури и четири пати бидејќи попладне имаат и вон-училишни активности во истото училиште. Нашата молба е за иницијатива за изградба на надземен премин, каков сто е оној после Бит пазар кон населбата Бутел или за иницијатива за поставување на семафорчиња на овие улици на места каде нема раскрсница со цел да им обезбедиме на нашите деца безбедно да ги поминуваат споменатите улици. Со надеж дека оваа иницијатива во скоро време ќе биде реализирана. Останува надеж дека за нашите деца ќе се изнајде начин да се обезбеди нивната младост. Со почит, во име на сите родители Лидија Лекоска

Одговор:

Почитувана госпоѓо Лекоска. По урбанистички план за овој дел од Карпош,предвидени се надвозници кај супермаркетот „Веро“ и кај Трговскиот центар „Олимпико“ . На друго место не се предвидени да се градат надвозници. Што се однесува пак до барањето за семафори, тие се во надлежност на градот, меѓутоа ние си земаме обврска ваквото барање да им го пренесеме. Со почит, Вашиот градоначалник Стевчо Јакимовски

Прашање:

Почитуван Градоначалнику, Ви се обраќам во врска со проблемите со ул.Кленоец бр.69 и мислам дека најверојатно сте запознаени со проблемите со таа улица. Знаете дека веќе 3 години сме вселени во зградите, а самата улица и околината се како хорор од филмовите. Покрај тоа сто одиме по калови како да живееме во некое неурбано и затуцано село, а не во најубавата општина, исто така се судруваме и со проблемите од типот на осветлуванје, (мртов мрак е навечер,нема светло улично) и од типот на хигиена. Знаци ѓубрето го возиме со автомобил и го фрламе во контејнери на партизанска. Мислам дека е срамота во 21 век да живееме во такви услови. Исто така не знаеме и што се случува со водот од топлификација, се уште не сме приклучени. Ве молам за информација околу ова, дали се превзема нешто во врска со улицата???? Испраќавме писма и до претходниот градоначалник Г. Петров, се залагаше мислам, дури дојде лично до улицата да види со какви проблеми се судруваме, меѓутоа не сакаше да гази по калта да дојде до зградата….. Се одржуваа и некои состаноци на ниво на градоначалник, претседатели од куќен совет на зградите и остана на тоа. Почнаа со улично осветление, и така остана, само останаа кабли од струја огромни да висат, за не дај бозе некој да настрада. Усте еднаш би ве замолила за информација сто и како и кога се планира околу нашите проблеми. Со почит, Јасмина Савиќевиќ

Одговор:

Почитувана Јасмина, Со проблемите на ново проектираните улици во населбата Влае 2, каде што Вие живеете целосно сум запознаен. Оттаму можам да Ви ја дадам и следната информација. За да можеме да го направиме осветлувањето, парното греење, тротоарите и улиците треба првенствено да се изврши експропријација на земјиштето од постоечките сопственици. Постапката пак за експропријација ја води градот Скопје, значи е во доменот на градоначалникот Коце Трајановски. Таа се уште не е завршена и ние не можеме да почнеме со градба. Ние како Општина имаме издвоено 7 (седум) милиони денари подготвени за надоместување на трошоците за експропријација, но нив ќе ги исплатиме по завршувањето на постапката, а според моја проценка сите овие процедури ќе завршат до јуни следната година. Со почит, Вашиот градоначалник Стевчо Јакимовски 34


АКТУЕЛНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ НА ОПШТИНА КАРПОШ 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

8. 9. 10.

11. 12.

13. 14. 15.

16.

17. 18.

Асфалтирање на ул. Никола Русински Карпош 3. Асфалтирање на ул. Иван Цанкар Асфалтирање на ул. Сливовска нас. Влае Асфалтирање на ул. Есперанто нас. Влае 2 Асфалтирање на ул. Волгоградска нас. Карпош 4 Асфалтирање на ул. Козле - 6 нас. Нерези Асфалтирање на улици во Карпош 1 - северен дел, ул. Миладин Поповиќ, ул. Титово Ужичка, Крагујевачка, Андон Дуков, ул. 505, ул. 507 Асфалтирање на краци на ул. Букурешка нас. Нерези Реконструкција и Асфалтирање на улици во Злокуќани Изградба на атмосферска канализација од 10 руска зграда до Ул. Женевска и изградба на атмосферска од ул. Братфорска до ул. Јуриј Гагарин Реконструкција и изведба на пешачки петеки, тротоари и паркинзи на дел А во Карпош 3 Реконструкција на тротоари – ул. Миладин Поповиќ, Титовоужичка, Крагуевачка, Андон Дуков ул. 505,507 во Карпош 1 Изградба на тротоар и паркинг простор позади станбена зграда на ул. Гиго Михајловски бр. 10 во Карпош 1 Изградба на патека на ул. Иван Аговски, пред кула број 8, Карпош 1 Изградба на патеки на ул. Руѓер Бошковиќ бр. 11,13, 15 ул. Веселин Маслеша бр. 7, Бранислав Нушиќ бр. 4, 17 Бул. Партизански одреди во Карпош 2 Пополочување на површина пред станбена зграда Површина пред станбена зграда на Бул. Партизански одреди бр. 80 Поплочување на површина пред станбена зграда на ул. Веселин Маслеша бр. 9 Реконструкција на тротоар на дел од ул. Никола Русински

19.

20. 21. 22. 23. 24. 25. 26. 27. 28. 29. 30.

31. 32. 33.

Изведба на тротоари со бехатон Бул. Партизански одреди од десна страна надел од Карпош 3 и Карпош 4 Л=950м Изведба на жардињери Изведба на пешачка патека и скалила од ул. Ловќенска до Ловќенска 9 во нас. Козле Реконструкција на тротоари на краци на ул. Букурешка Изведба на тротоари со бекатон на Бул. Партизански Одреди, лева страна Л=700м. Тафталиџе 1 Изградба на жардињери Бул. Партизански Одреди, лева страна во населба тафталиџе л=700м и ш=6м Изведба на тротоари со бехатон Бул. Партизански одреди, лева страна Л=950м – Тафталиџе 2 Реконструкција на постојни паркинзи Територија на Општина Карпош Адаптацијана дел од сутерен за кабинет и клуб за пензионери, Дел од сутерен во Д.Ц.У Никола Карев Изведување на подни пологи и други оштетувања во ОУ Лазо Трповски Изведување на подни подлоги и други оштетувања во ОУ Братство Поставување на подови од ламинат, молерисување, санација на МЗ во Општина Карпош, барака 4, Месни заедници, Поликлиника Букурешт Покривање на отворен канал на потег од ул. Козле 1 до влив во река Вардар - Средно Нерези Реконструкција на детски игралишта на територија на Општина Карпош Договор за хортикултурно уредување на територија на Општина Карпош


Општина Карпош

Адреса: ул. „Партизански Одреди” 68 Телефон: 3071 363 Е-маил: kontakt@karpos.gov.mk gradonacalnik@karpos.gov.mk


Karpos Urban No.2