__MAIN_TEXT__

Page 1

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

MAKEDONSKO

S NCE

Година XX, Број 828, Септември 2018

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonian Sun

WEB EDITION

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

РЕФЕРЕНДУМОТ ПАДНА!!!

MONTHLY EDITION

ДИК:

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ОЛИВЕР ДЕРКОВСКИ РЕЧЕ ДЕКА СОГЛАСНО УТВРДЕ НИ ТЕ РЕЗУЛТАТИ, ОДЛУКАТА НЕ Е УСВОЕНА ЗАШТО НЕ ГЛА САЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНАТА ГРАЃАНИ ЗАПИШАНИ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИЗНАВАМЕ! САМО ИЗБОРИ СЕ ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА!

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ, СЕДЕТЕ СИ ДОМА. РЕФЕРЕНДУМОТ ПАЃА, А МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ РАЃА!


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

27 септември 2018 До Медиумите ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ И СПЛОТУВАЊЕ ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, МОИ СОБОРЦИ И ИСТОМИСЛЕНИЦИ, Наша судбина како исконски народ е со генерации да се бориме да опстанеме. Секогаш низ историјата за нас постоеле предизвици. Вечно некој сака да не присвои, да не гази, да не омаловажува, да ни го оспорува јазикот, идентитетот, културата. Сме истрпеле страшни и грозоморни неправди. Не делеа, неправедно ни одземаа територии, ги угнетуваат нашите браќа и сестри од Егејска и Пиринска Македонија. Сакаат да ги побугарчат Македонците од Голо Брдо, Гора, Преспа и Пустец! Мора да си признаеме, дека речиси секогаш во ништењето на Македонскиот народ учествуваат и домашни предавници кои им служат на крвниците! Сега е прилика да се прашате зошто е тоа така? Зошто ние Македонците везден им пречиме? Зошто не треба повеќе да постоиме? Зошто едно мало парче земја нема право да се вика Македонија? Зошто друг треба да ни кажува какви Македонци сме ние? Зошто треба да станеме безимени и да прифатиме да ни се избрише историјата? Зошто мораме да ги предадеме нашите Македонци кои живеат надвор од границите на Републиката? Зошто само за нас не важат пресудите на Меѓународниот Суд во Хаг? Одговор е едноставен, СЕ ПЛАШАТ од нас! Бидејќи и покрај сите премрежја и трагедии што сме ги преживеале, ние сме тука! Издржавме и Турско, и Бугарско, и Српско, и опстојуваме! Никој не може да ни го одземе Македонското! Не ја даваме нашата гордост, светото Македонско име и идентитет! Почитувани,

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

И денес на сцена се домашни предавници! Заблудени, уценети, заслепени од власт, моќ и фотељи, тргнаа против сопствениот Македонски народ! Потпишаа предавнички спогодби со Бугарија и Грција. Се фалат со поддршката на меѓународната заедница а не сфаќаат дека никој од Европските и Светски лидери не можат да бидат емотивни и рационални кога станува збор за туѓо име и туѓ идентитет! Нека ги прашаат дали би го смениле името на Државите од каде доаѓаат, па ќе слушнат што ќе им одговорат! Ние го почитуваме нивниот стратешки интерес ова билатерално прашање да се затвори. И точно, и ние многу сакаме во ЕУ и НАТО Алијансата, но не сме подготвени да ја платиме највисоката цена, да се обезличиме. Затоа, не дозволувајте немакедонската Влада повторно да ве излаже! Секогаш кога оваа политичка структура е на власт Македонскиот народ е на цедило! Новата генерација предавници и прават страшен зулум на Македонија. Не беше толку одамна кога Глигоров и Црвенковски ни го сменија Уставот, се откажаа од „сонцето од Кутлеш“ како Државно знаме, прифатија срамна и понижувачка референца ПЈРМ, која не лажеа дека ќе трае само неколку месеци а остана 23 години, потпишаа Времена Спогодба за која и тогаш тврдеа дека е гаранција на иднината на Македонија. И тогаш не лажеа дека се што прават е за ЕУ и НАТО! И што се случи – големо НИШТО! Грција не ја испочитува Времената спогодба, ни стави вето на НАТО Самитот во Букурешт и покрај притисокот на Претседателот на САД, Џорџ Буш. Токму затоа Грција е осудена од Хашкиот Суд, пресуда која исто така не ја почитува. Сега, Заев, Димитров и Шекеринска повторно не лажат дека нивното велепредавство експресно ќе ја внесе земјата во ЕУ и НАТО Алијансата! Браќа и сестри, Да останеме будни! Да не дозволуваме специјалната војна против нашата заедничка Татковина да им успее! Македонија ќе опстои! Во недела заедно, сплотени и обединети да го игнорираме референдумот! Бидете сигурни, не има многу, вистински патриоти, чесни Македонци кои си ја сакаме Македонија и ќе го исполниме аманетот на нашите претходници, херои, кои животот го положија за нашата Татковина! Ќе има предвремени избори на кои на предавниците ќе им испорачаме политичка казна! Ќе има нова Влада која ќе биде способна да преговара со ЕУ на рамноправна основа и ќе го заштити Македонскиот национален идентитет! Ние сме спремни да влеземе во ЕУ и НАТО во секое време со уставното име Република Македонија. БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!

Makedonija

e edna!!!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

\or|ija - Xorx Atanasoski


ДИК: На референдумот гласале 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните 1.806.336 во Избирачкиот список, соопшти денеска ДИК по обработени 100 отсто од избирачките места На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 19.221 ливчиња или 2,89 проценти

Н

а референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 19.221 ливчиња или 2,89 проценти. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски рече дека согласно утврдените резултати, одлуката не е усвоена зашто не гласале повеќе од половината граѓани запишани во Избирачкиот список. Извештајот од ДИК ќе биде објавен во Службен весник во рок од 15 дена, а ќе биде доставен до Собранието и објавен на веб страната на Комисијата.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДИК ОЛИВЕР ДЕРКОВСКИ РЕЧЕ ДЕКА СОГЛАСНО УТВРДЕ НИ ТЕ РЕЗУЛТАТИ, ОДЛУКАТА НЕ Е УСВОЕНА ЗАШТО НЕ ГЛА САЛЕ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИ НАТА ГРАЃАНИ ЗАПИШАНИ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018


ПОДДРШКА Поддршка од опозицијата за уставните амандмани или распишување предремени избори, се двете опции што ги најави премиерот Зоран Заев по вчерашниот референдум на кој македонските граѓани се изјаснуваа за Договорот со Грција и членство во ЕУ и НАТО

Н

а референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани и повеќето од 90 отсто гласа „за“. Со тоа порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, порача Заев. Европска Македонија, рече, доби повеќе гласови „за“ од кој било победник на изборите во независна Македонија, а народот направи многу важен избор. Тој истакна дека алтернативата на изгласувањето на уставните амандамани се предвремени избори, кои како што рече, би се одржале во ноември. Апелираше до опозицијата и до сите политички партии да се обединат околку државниот интерес и да ги тргнат настрана теснопартиските интереси. - Знам јас, знае опозицијата, а знаат и сите граѓани, подобар договор со Грција нема и неможе да има. Членството во НАТО и ЕУ нема алтернатива и не може да има. Да не си играме со нашата иднина

ЗА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ ИЛИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

и со нашата Македонија, рече премиерот Зоран Заев. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пак, изјави дека граѓаните кои гласале„против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“. На прес-конференцијата, Мицковски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција. - Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е маке04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

донски, нашиот јазик е македонски, нашите претци биле Македонци“, рече Мицкоски, додавајќи дека референдумот е пораз не само на Договорот, туку и на, како што кажа, „криминалното владеење на власта“. Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори Мицковски кажа дека „Заев не треба да бара предвремни парламентарни избори туку подобро му е да се подготвува за политичка пензија“.


26 септември М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А Немакедонската Влада е во паника! Сите анкети им потврдуваат дека на фер и слободно гласање, референдумот нема да им успее! Македонскиот народ веќе го одби предавството на Заев, Димитров и Шекеринска, а тие тој факт не можат да го прифатат

С

тавот на Заев дека Македонците кои ќе го бојкотираат референдумот не се бројат е скандалозен и трагичен! Зарем, воздржување од гласање не е став? Впрочем, зошто тогаш во Уставот и Законот за референдум е предвиден цензус? Македонската Алијанса го повикува Заев да одговори, зошто во 2004 година кога тој беше пратеник а на референдумот за територијалната организација повеќе од 480 илјади гласачи беа против предавничкото сценарио на СДСМ и ДУИ за редефинирање на општините, не беше уважена недвосмилената воља на Македонскиот народ, туку тогашното владејачко мнозинство продолжи да го спроведува своето предавство? Зошто тогаш Заев гласаше против сопствениот народ? Зошто тогаш кога СДСМ повикуваше на бојкот со „некои прашања не заслужуваат одговор“, тие што бојкотираа се броеја, а сега во недела НЕ?

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ СРАМ И АРАМ НЕКА Е! За сите зулуми од минатото НА ПРЕДАВНИЦИТЕ ќе им биде испорачана фактурата во недела! СИТЕ СЛОБОДУМНИ МАКЕДОНЦИ КОИ ВИСТИНСКИ СИ ЈА САКААТ ТАТКОВИНАТА, КОИ НЕ СЕ УЦЕНЕТИ, ВО НЕДЕЛА НЕМА ДА ИЗЛЕЗАТ НА ГЛАСАЊЕ! А ЗАЕВ НЕКА НЕ ГИ БРОИ, САКАЛ ИЛИ НЕ, ТИЕ ЌЕ МУ ЈА ИСПОРАЧААТ ПОЛИТИЧКАТА КАЗНА НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018


25 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

Бараме, Заев, Димитров и Шекеринска веднаш да му одговорат на Македонскиот народ дали е точно дека сите анкети, изведени од различни агенции за испитување на јавното мислење, по нивна нарачка, им потврдиле дека на 30-ти септември референдумот нема да успее?

Д

ури и најоптимистичките сценарија, им даваат прогноза, дека со сите притисоци и ветувања, максимум 680 000 гласачи во недела ќе излезат на референдумот? Дека немакедонската Влада е свесна за дебаклот што следи потврдува и прес конференцијата на Димитров, кој со ставот дека „ако мнозинството граѓани на референдумот се изјаснат за договорот со Грција и влез во ЕУ и НАТО, а притоа не се обезбеди потребниот цензус, тоа ќе биде земено предвид и процедурата ќе се врати во Собранието“, всушност признава дека референдумот ќе пропадне.

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ МОРА ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ! Последните денови од референдумската кампања изродите на Македонскиот народ ќе ги искористат за да коваат план како да ги наполнат гласачките кутии во недела! И покрај предупредувањата на дел од Албанскиот фактор дека евентуален фалсификат на референдумот ќе предизвика длабока политичка криза, предавниците, уценети и уплашени, сакаат по секоја цена да се

ПИСМЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОЖЕН ФАЛСИФИКАТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ обидат на сила да го исполнат цензусот. Немакедонската Влада нема намера да ја послуша волјата на граѓаните. Тие решиле да ја разнебитат нашата Татковина, да го продадат светото Македонско име, да ни ги избришат историските корени, нашето културно наследство, нашиот јазик, нашето огниште. Не смееме да им дозволиме во недела ЛАЖНО И СО ГРУБ ФАЛСИФИКАТ да гласаат во наше име! Ќе го игнорираме референдумот, ама ќе бидеме будни!

ПРЕДАВНИЦИ, ТОА НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ! МОЛКОТ ПОНЕКОГАШ Е ПОГЛАСЕН ЗБОРОВИТЕ! Драги сонародници, ајде да покажеме која е нашата сила, ајде да покажеме дека доколку некој посегне по нашата мила мајка Македонија и Македонскиот идентитет, ќе се изгори! Јасно да им порачаме:

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ВИ ПОМИНУВА! 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ДА ГИ НАПОЛНИ КУТИИТЕ НА 30-ТИ СЕПТЕМВРИ И ТЕНКОВИ ДА ИЗВАДИ НА УЛИЦИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА! БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


24 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

Македонската Алијанса го поздравува ставот на Претседателот на Републиката, Ѓорѓе Иванов. Без дилеми, и јас би постапил исто! Ова се историски моменти и предизвици за Татковината и Македонскиот народ. Сега не е време за калкулации туку за јасен и недвосмислен став. Или си Македонец кој си го брани најсветото, или си предавник!

И

ли ќе се бориш со сите демократски средства да го спречиш велепредавството на немакедонската Влада или го поддржуваш сопственото обезличување. Нема трето, нема и таму и ваму! Историјата ќе суди кој е на вистинската страна! Добро е што пред Македонската Дијаспора, Иванов потврди дека ќе го бојкотира референдумот. Нема сомнение дека секој искрен патриот и човек кој е свесен за одговорноста која ја носи функцијата која ја обавува, ќе постапи исто! Највисока должност на Претседателот на Републиката е да го штити Уставот и интегритетот на Република Македонија. Ниту еден Државен функционер во Татковината не добил мандат од Македонскиот народ да го обезличува и да му ги брише историските корени. Ја користам приликата да го повикам Претседателот на Републиката да го искористи своето обраќање пред Генералното Собрание во ООН и да му испра-

ПИСМЕНА ИЗЈАВА ЗА СТАВОТ НА ЃОРЃЕ ИВАНОВ ти на светот јасна порака дека Македонија и Македонскиот народ не се на распродажба. Ние ги разбираме стратешките интереси на меѓународните сојузници, но нема да дозволиме нашиот идентитет, историја и гордост да биде монета за поткусурување. Сакаме да станеме дел од ЕУ и НАТО Алијансата, но не сме подготвени да ја платиме највисоката цена. Бараме правда и еднаквост. Македонскиот народ, како и сите останати, мора да го ползува највисокото и неприкосновено демократско право на самоопределување. Да бидеме свои на своето! Имаме пресуда на Меѓународниот суд во Хаг кој потврди дека правдината е на наша страна. Не може сите уцени, средновековни националистички барања на Грција ние да ги исполниме! Доста беа отстапки! Доста е од понижувања!

ЧЕСЕН МАКЕДОНЕЦ РЕФЕРЕНДУМОТ НЕ ПОСТОИ! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ДА ГИ НАПОЛНИ КУТИИТЕ НА 30-ТИ СЕПТЕМВРИ И ТЕНКОВИ ДА ИЗВАДИ НА УЛИЦИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА! МАКЕДОНИЈА Е, БИЛА, И ЌЕ ОСТАНЕ ВЕЧНО МАКЕДОНИЈА!

ЗА СЕКОЈ ИСКРЕН ПАТРИОТ, НЕУЦЕНЕТ И

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател,


22 септември 2018

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА МИЦОТАКИС, КАМЕНОС И СПИРАКИ Немакедонската Влада не може повеќе да ги сокрие своите шарени лаги. Се редат шлаканици од официјална Атина.

М

ицотакис на Германскиот Министер за надворешни работи Мас, директно му кажа дека нема да гласа за ратификацијата на Договорот Заев-Ципрас, Европратеничката Спираки во Македонското Собрание дрско изјави дека никогаш нема да го признае постоењето на македонската нација и јазик, Каменос во интервју повтори дека „скопјаните се бугари-словени“. Македонското МНР на чело со Димитров спие ли спие! На Министерот му е поважно да се смее и фотографира, отколку вистински да ги штити Македонските национални интереси! Европска вредност ли е Грчки европратеник во Македонскиот парламент да го оспорува Македонскиот национален идентитет? Зошто Европските и Светски политичари кои ве тапкаат по рамо не ги удрат Грчките националисти и радикали по устата? До кога Македонија ќе попушта? Заев, Димитров и Шекеринска познат ли вие зборот достоинство? За жал, образите ви се ѓон, опиени сте од профитерските идеи и сега не сфаќате дека народот ќе ве казни! Во неколку наврати предупредивме дека кога би почнало

да се спроведува велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска во пракса, толку многу ќе боли, што и тие малкумина што денес го поддржуваат нивниот кукавичлак, ќе си чукаат главите и ќе си кубат косите. Изродите на Македонскиот народ што упорно ја кријат содржината на Уставните амандмани, мора да излезат и да го погледнат во очи Македонскиот народ и да му ја кажат вистината! Точно ли е дека Заев, Димитров и Шекеринска прифатиле Грција да не ословува „Северна Македонија“ без Англиски превод, се согласиле придавката„македонски“ да важи само за државјанството, а не и за националноста и идентитетот и презеле обврска да ја избришат Асномска Македонија од Преамбулата на Уставот? На тие прашања должат одговори пред 30-ти септември! Децата ни умираат по болниците, пензионерите се лишени од достоинствен живот, а останатите се борат за гол опстанок. Изродите, шпионите и предавниците мора конечно да разберат дека ова прашање е многу подлабоко од тоа што нивните плитки глави можат да го разберат!

08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

ОТКАЖЕТЕ СЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА! ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИФАЌАМЕ! Нема да дозволиме тие што доаѓаат да станат изгубени генерации кои ќе лутаат по животот како безимени и без историски корени! Без да знаат вистински кои се! Нема да дозволиме да израснеме деца кои мислат дека е нормално да ја свијат опашката кога некој ги негира како живи битија!

МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


21 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

БРАЌА И СЕСТРИ, Дозволете да ја искористам приликата и од името на Македонската Алијанса и Дијаспората да ви го честитам меѓународниот ден на мирот. Ова е одличен повод да се потсетиме на вистинските општествени вредности и универзални декларации за унапредување на мирот како светска цивилизациска придобивка. За жал, и во 21 век во одредени делови на светот наместо разумот говори оружјето, а терористичките напади во кои животите ги губат невини луѓе, жени и деца, стануваат секојдневие. Мирот е се уште недостижен за многу народи и нации

В

о овој крајно чувствителен период за Татковината, и нашата мајка Македонија и целиот Македонски народ е цел на специјална војна. Благодарам на Бога што не се користи вистинско оружје, куршуми, гранати, но на наша жал, спротивно на сите демократски средства, се користат сите подмолни методи и тактики за да не принудат да се станеме безимени и народ без историски корени. Едноставно, еден грст предавници, уценети со кривични пријави, алчни за гола власт и фотељи, се обидуваа да ни го одземат националниот мир. И ги слушам безумниците и изродите како се фалат што европските и светски лидери доаѓале во Македонија, го поддржувале референдумот и велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска. Да, еве и јас се приклучувам кон сите оние кои изразуват благодарност до сите Државници кои покажуваат интерес за Македонија, што сите до еден изјавија дека не са-

ОТВОРЕНО ПИСМО ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МИРОТ каат да се мешаат во внатрешните прашања и дека Македонскиот народ треба сам да одлучи! Ние не смееме да забораваме или да се лажеме дека тие може да имаат ист однос кон светото Македонско име и идентитет како ние самите! За нив е стратешки интерес да се прокнижи ова прашање како затворено, без разлика што Македонскиот народ треба да ја плати највисоката цена. Зарем ние можеме да имаме исти чувства за проблемите на Британците кои на референдум изгласаа „Брегзит“? Не, и не може, тие си имаат свои проблеми, ние си имаме наши! Така е тоа во европската и светската политика, така и ќе остане! Агендата на нашите меѓународни сојузници е побрзо да се затвораат сите спорови, билатерални прашања на Балканот. Тоа е нивен рационален став и позиција! Но, наша највисока патриотска должност е да го зачуваме она за што претходните генерации Македонци се бореле и платиле со своите животи! Македонскиот народ одамна е определен да стане дел од Европската Унија и НАТО Алијансата и од тој стратешки колосек нема никогаш да застраниме, ама не сме подготвени за тоа да ја платиме највисоката можне цена, да се обезличиме! Македонскиот народ низ историјата поминал многу премрежја. Сме биле и под Турско, и Бугарско и Српско, ама никогаш не го предадовме нашиот национален иден09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

титет. Честопати сме биле понижувани, се откажавме од Државното знаме со сонцето од „Кутлеш“, менувавме Устав, прифативме да не викаат ПЈРМ, склучивме Времена Спогодба, но и тоа очигледно не беше доволно да ги оствариме нашите евроатлански аспирации. Меѓународниот Суд на правдата во Хаг ги потврди нашите правни аргументи и ја осуди Грција за противправното вето на НАТО Самитот во Букурешт. Сега предавниците сакаат да ни ги земат и Македонската душа и мир! Затоа, ве повикувам уште еднаш да не дозволиме да не понижат уште еднаш. Референдумот да се игнорира. Нека не ве лажат повторно како во 1995, 2001, 2004 дека Македонија ќе се распадне ако не си го смениме името. Ќе има избори по нови правила и нова Влада која ќе преговара со ЕУ на рамноправна основа и ќе знае како да ги зачува Македонските национални интереси! БОГ ДА НИ ЧУВА МИРОТ! БОГ ДА НИ ЈА ЧУВА МАКЕДОНИЈА! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


19 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Македонската Алијанса нема намера да врши било каков притисок врз Уставниот Суд

Н

о, нема да премолчиме што денес дел од Уставните судии подлегнаа на притисоците од слугите и шпионите на немакедонската Влада, кои смислено со денови фрлаа дрвја и камења по иницијативите на Светски Македонски Конгрес и партијата „Левица“ за испитувањето на уставноста на одлуката за распишување на референдумот. Едноставно, изродите на Македонскиот народ вршат терор врз сите државни институции! Свесни сме дека специјалната војна е фокусирана сите оние кои го бранат правниот систем, Уставното име и македонскиот националниот идентитет, да ги оквалификува како ретроградни сили и непријатели на Македонија. Сите во Татковината кои мислат со своја глава, кои ја гледаат реалноста, ги штитат Македонските национални интереси, се цел на невидена пропаганда и притисок!

РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЛАЖЕН! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЕЌЕ ГО ОДБИ ПРЕДАВСТВОТО НА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА! ЛАГА Е ДЕКА ТАТКОВИНАТА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ АКО НЕ ПОМИНЕ КУКАВИЧКИОТ ДОГОВОР ЗАЕВ – ЦИПРАС! Велепредавниците се лажат дека можат на сила да го натераат Македонскиот народ да се обезличи. Бадијала им е што на сила го натераа Уставниот Суд да ги одбие иницијативите! И да ги наполнат гласачките кутии на 30-ти септември, и сите поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ кои се уплашени од обвиненијата да повикаат да се гласа „ЗА“, и цела војска и полиција да застане 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

на нивна страна, нема да му го сменат мислењето на Македонскиот народ. Бараме нови изборни правила, предвремени избори на кои граѓаните ќе и ја испорачаат фактурата на оваа немакедонска структура.

ЕУ И НАТО СЕ РЕАЛНОСТ САМО СО НОВА ВЛАДА КОЈА Е КАДАРНА ДА ПРЕГОВАРА НА РАМНОПРАВНА ОСНОВА И ДА ГИ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


17 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

Колку и да се труди оваа немакедонска Влада да ги скрие фактите кои потврдуваат дека Преспанскиот договор е само алатка со која Грција си ги зајакнува своите позиции и позициите на сите оние кои сакаат да ја разнебитат нашата држава, вистината пополека излегува на виделина

И

зјавата на министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, е само уште еден доказ зошто промената на името и целосно спроведување на овој договор е погубно за Македонскиот народ. Тој без никакви задршки го објаснува ставот на неговата влада со кој јасно се дава до знаење дека дури и доколку Грција не не попречи во нашите евроатлански интеграции, тоа ќе го направи Бугарија ако рашиме да се ословуваме како Македонци кои го говорат Македонскиот јазик. Попусто беше и потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија со кој само ја негиравме и преиспишавме нашата историја.

ПРЕДАВСТВО ДО ПРЕДАВСТВО!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА КРАСИМИР КАРАКАЧАНОВ керинска немаат никакво чувство на родољубие? Зарем немаат срам од нашите предци кои се бореа за оваа исконска земја, за овој исконски народ?

ОСТАВКА НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! Браќа и сестри Македонци еве на дело да се уверите дека предавничкиот договор не гарантира ништо како и договорот за добрососедство. Заев, Димитров и Шекеринска решиле сами да си ја продаваат државата. Е доста е!

НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА СИ ПОИГРУВА СО МАКЕДОНИЈА!

Македонската Алијанса уште еднаш повикува на Зарем не и е доволно на сплотеност и разум, да не се оваа предавничка влада? излезе на 30ти септември, да Зарем Заев, Димитров и Ше- не се поддржи ништо што го 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

нуди оваа немакедонска и предавничка Влада. Бараме избори и нова Влада која ќе знае како се бранат Македонските национални интереси.

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ ОСТАВКА И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


15 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А Пропаднатиот Претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, несмасно ја кажа вистината. Велепредавството на неговите претпоставени Заев, Димитров и Шекеринска ја брише придавката „Македонски“ за навек

Ш

арени лаги се тврдењата дека со Договорот Заев – Ципрас го бетонира Македонскиот идентитет. Пендаровски за „Само вистина“ потврди колку актуелната немакедонска Влада ги распродава Македонските национални интереси. Замислете, Македонија зошто не била Држава само на Македонците, туку и на другите заедници, морала да се откаже од сопствениот идентитет и историски корени. Албанците не се согласувале да има Македонска армија, Македонски театар зошто наводно, според Пендаровски, тоа било исклучив пристап.

ВИЕ СТЕ НЕВИДЕН СРАМ ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА! ЗА ГОЛА ВЛАСТ, ФОТЕЉИ И ПРИВИЛЕГИИ ГО РАСПРОДАВАТЕ НАЈСВЕТОТО! Кога некој од СДСМ ќе го отвори прашањето зошто на ниту еден настан организиран од ДУИ, ДПА, БЕСА или Алијансата на Албанците, веќе со децении го нема Македонското знаме? Зошто никој не го отвора прашањето на

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ уцената на Али Ахмети за амнестија на Хашките случаи, двојазичност и бадинтерово гласање во 2007, во пресрет на НАТО Самитот во Букурешт? Зошто Заев, Димитров и Шекеринска конечно не признаат дека се уценети и принудени да ја спроведат и Тиранската платформа и да склучат капитулански договори со Грција и Бугарија?

ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО ПЛАШИТЕ НАРОДОТ! МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОПСТОИ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОМИНАЛ И ПОСТРАШНИ ИСТОРИСКИ ПРЕМРЕЖЈА! Заев може да бара од приватните стопанственици со плус плата да се обидуваат да ги поткупат своите вработени, може да подели плус плата во своите семејни фирми, може да подели плус плата и на целата Државна администрација, бадијала му е! Македонскиот народ одамна веќе го одби неговото велепредавство!

12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

Браќа и сестри Македонци, Дали гледате што се случува? Не остана политичар што ја брани Македонската нација. Остана на нас Македонскиот народ да застанеме на браникот да ја зачуваме нашата мајка Македонија и ние да ја одбереме нашата иднина.

ИДНИНАТА Е ВО НАШИ РАЦЕ! ЕДИНСТВЕН СПАС Е БОЈКОТ! ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИЗНАВАМЕ! БАРАМЕ ОСТАВКИ И НОВИ ИЗБОРНИ ПРАВИЛА! СО НОВА ВЛАДА ЌЕ ГИ ЗАШТИТИМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ ОДГОВАРААТ КРИВИЧНО И ПОЛИТИЧКИ! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


14 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А Атина испраќа неофицијални сигнали дека нема намера да го почитува Договорот ЗаевЦипрас. Влијателниот и секогаш добро информиран Грчки весник „Катимерини“ во својата анализа тврди дека тековната 2018 година ќе помине без да биде потребно Грчката страна да превземе нешто, а според меѓународните партнери на Атина, евентуалните предвремени избори во Грција, би го довеле Договорот Заев – Ципрас во безизлезна ситуација

Г

и повикуваме Заев, Димитров и Шекеринска наместо да го лажат и потценуваат Македонскиот народ, да му објаснат како ќе обезбедат Грчкиот Парламент да го ратификува нивното велепредавство. Панос Каменос пред неколку дена во Солун ја објасни својата АнтиМакедонска стратегија. Неговиот прв предлог до коалициониот партнер Алексис Ципрас ќе биде да се одржи референдум на кој Грчкиот народ ќе се изјасни дали прифаќа да се напушти одлуката на лидерите на политичките партии донесена кај тогашниот Грчки Претседател Константинос Караманлис, дека евентуалното решение на спорот не смее да го содржи називот Македонија. Вториот предлог на Каменос е било која одлука или расправа во Грчкиот Парламент во врска со Договорот Заев – Ципрас да се префрли по завршување на четири годишниот мандат на нивната Влада. И третиот предлог на Каменос е барање за предвремени избори. Значи, во сите варијанти велепредавството на немакедонската Влада е бадијала. Следен Грчки Премиер е Кирјакос Мицотакис кој по

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА АНАЛИЗАТА НА „КАТИМЕРИНИ“ ниту една цена нема да го прифати Договорот Заев – Ципрас.

РЕФЕРЕНДУМОТ ДА СЕ ИГНОРИРА! ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ПОВТОРНО ДА НЕ ПОНИЖАТ! Се повторува историјата! Новата генерација предавници и прават страшен зулум на Македонија. Тогаш Киро Глигоров и Бранко Црвенковски ни го сменија Уставот, се откажаа од „сонцето од Кутлеш“ како Државно знаме, прифатија срамна и понижувачка референца ПЈРМ, која не лажеа дека ќе трае само 2 месеци, потпишаа Времена Спогодба за која и тогаш тврдеа дека е гаранција на иднината на Македонија. И што се случи, ни ЕУ ни НАТО не го видовме! Грција не ја испочитува Времената спогодба, ни стави вето на НАТО Самитот во Букурешт и покрај притисокот на Претседателот на САД, Џорџ Буш. Токму затоа Грција е осудена од Хашкиот Суд, пресуда која исто така не ја почитува. Сега, Заев, Димитров 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

и Шекеринска повторно не лажат дека нивното велепредавство експресно ќе ја внесе земјата во ЕУ и НАТО Алијансата!

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА ПРОТИВ НАШАТА ТАТКОВИНА ДА ИМ УСПЕЕ! ДУРИ И ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ДА ГИ НАПОЛНАТ И ТЕНКОВИ НА УЛИЦИТЕ ДА ИЗВАДАТ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


13 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

Немакедонската Влада трча да го исполни своето велепредавство. Мора да ги задоволи хировите на Грците и Бугарите

У

ценети, со наведнати глави, голтаат кнедли и му прават невиден зулум на својот народ. Уште еден доказ дека Заев, Димитров и Шекеринска тргнале да го лажираат референдумот е одлуката преку ноќ да го основаат Заедничкиот Комитет меѓу Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни прашања. Далеку од очите на јавноста го назначиле за Претседател на Комитет поранешниот Амбасадор од СДСМ, Виктор Габер, кој заедно со други 7 члена, кој се уште никој не ги знае, ќе мора да го обезличи Македонскиот народ. Ќе се обидат да му ги избришат историските корени, лажно да ги направат Грците единствени потомци на Александар Македонски и да ги ревидираат сите Македонски учебници по Грчки терк.

СРАМ И АРАМ НЕКА ИМ Е ШТО СЕ НАФАТИЛЕ!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКИОТ КОМИТЕТ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА Зијадин Села и Биљал Касами уште од сега уценуваат за евентуалните Уставните измени. Ратификацијата во Грчкиот Парламент виси. Коалициониот партнер на Сириза, Панос Каменос во Солун повтори дека не сака да чуе Македонија да биде содржана во решението на спорот. Идниот Грчки

Премиер Кирјакос Мицотакис е на иста линија. Клучното прашање е што исполнуваат изродите на Македонскиот народ? Кој им дал право така лесно да го распродаваат најсветото што со крв и лични жртви го стекнале Македонските херои?

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ ПРИЗНАВАМЕ! УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА! ПРЕДАВНИЦИТЕ И НИВНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ПОЛИТИЧКИ И КРИВИЧНО! МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е, И ВЕЧНО ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

Договорот Заев – Ципрас не произведува правно дејство! Македонскиот народ веќе го одби. Ратификацијата од коалицијата на СДСМ и ДУИДПА во Македонското Собрание нема потпис од Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018


12 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

Кога Албанските политички партии ќе престанат да ја доживуваат Македонија како нивни плен? Има ли некој во немакедонската Влада кој ќе собере храброст и ќе каже АМАН ДОСТА Е!

А

лијансата за Албанците на Зијадин Села и Беса на Биљал Касами ја почнаа кампањата за референдумот со директна уцена. Уставни измени се можни само ако се прифатила нивната уцена за целосно изедначување на Албанскиот и Македонскиот народ! Безредие и хаос! Кој ќе стигне го понижува Македонскиот народ! Каде се Заев, Димитров и Шекеринска да реагираат? Каде е ДУИ да излезе со осуда на ваквиот став? Нели Законот за двојазичност беше последното нивно барање со кое наводно целосно се заокружувал Охридскиот Рамковен Договор? Ова ли се ЕУ и НАТО вредности? Срамно е што Албанскиот политички фактор ги потценува нашите сограѓани Албанци. И нив им е доста од старата

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ЗИЈАДИН СЕЛА И АРИЈАНИТ ХОЏА реторика типична за 90те години од минатиот век. Зијадин Села ќе може да изнесува вакви радикални барања тогаш кога ќе поднесе иницијатива за одржување на законски и регуларен попис, кога ќе побара од Владата на Република Албанија да го признае Уставното име на Република Македонија и кога ќе побара изедначување на Македонците и Албанците во Република Албанија.

уценети и неспособни да ги заштитат Македонските национални интереси. Дури и да ги наполнат гласачките кутии не можат да спроведат Уставни измени. Тврдењето дека капитулантскиот договор е гаранција за експресна Евроатланска интеграција на Македонија е лага. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател,

БАРАМЕ ОСТАВКА МАКЕДОНСКААЛИЈАНСА ОД НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ! Македонскиот народ никогаш нема да го прифати велепредавството на Заев, Димитров и Шеќеринска. Тие се 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018


11 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ! СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА!

М

акедонската Алијанса ја повикува МАНУ да се изјасни! Има ли промена во ставот на Академиците дека се против промена на Уставното име на Република Македонија. Македонскиот народ има право да знае! Академикот Владо Камбовски со својот личен став е дел од специјалната војна против Татковината. Неговите лажни тези дека со велепредавството не е загрозен Македонскиот идентитет се дел од стратегијата за креирање лажна надеж кај гласачите во пресрет на референдумот. Смешните тврдења дека кукавичкиот Договор Заев – Ципрас бил либерален и затоа МАНУ при неговата имплементација ќе се залагала да не се преименува во Академија на Северна Македонија што би важело и за МНТ и Филхармонијата, не се ништо друго туку перфидно извртување на вистината. Исто како злоупотребата на Косовското прашање за ширење паника кај Македонскиот народ дека ако не успее референдумот Македонија ќе се распаднела, исто како лажните анкети дека ќе има цензус на 30 септември.

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ,

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА АКАДЕМИК ВЛАДО КАМБОВСКИ НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ, СЕДЕТЕ СИ ДОМА. РЕФЕРЕНДУМОТ ПАЃА, А МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ РАЃА! Академик Владо Камбовски како професор по право има должност да му објасни на Македонскиот народ какви гаранции има обезбедено немакедонската Влада дека Грција доследно ќе го почитува нивниот Договор со Ципрас. Не ја почитуваа Времената Спогодба од 1995 за што Грција е осудена од Хашкиот Суд, нема да го почитуваат ниту Договорот Заев – Ципрас. Заев, Димитров и Шекеринска мораа да ги преименуваат автопатот и аеродромот за да Ципрас и Коsијас воопшто седнат да разговараат со нив. Немакедонската Влада создава погрешен впечаток дека нивното велепредавство е карта за експресен напредок во нашите Евроатлански интеграции.

ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ НЕ 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

ПРИЗНАВАМЕ! САМО ИЗБОРИ СЕ ОПЦИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА! Заев, Димитров и Шекеринска продолжуваат да го потценуваат Македонскиот народ. Исплашени се од слабиот одзив на граѓаните на нивните митинзи и прослави. Претчувството не ги лаже. Се чувствува тензија во воздухот. Фактурата ќе ги стигне. Дури и да ги наполнат гласачките кутии на референдумот, дури и тенкови да извадат на улиците нема да го натераат народот да стане безимен и без историски корени.

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ ОСТАВКИ И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСKА АЛИЈАНСА


10 септември 2018 М А К Е Д О Н С К А А Л И Ј А Н С А

ЗАЕВ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ЈА ПОНИЖУВА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Б

ез трошка национална свест, со целосно безумие, тој без срам покажува дека се срами до Македонската историја. Брутално ја распродава како да му е дедовина. Еднаш му се извинува на Борисов за тоа што ја кажал вистината за Илинденското востание, сега на прес конференција во Македонската Влада, Заев скандалозно изјави дека„Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани на Македонија и Бугарија “. Веќе никој нема сомнеж дека овој човек е уценет и поставен на функција за да целосно го подрие Македонското национално ткиво.

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ ДЕКА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ, СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ЦАР САМОИЛ СЕ ЗАЕДНИЧКИ ИСТОРИСКИ НАСТАНИ НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

БЕДНО И СРАМНО ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ!

Шекеринска преземаа обврска да се понижат на големо бугарскиот национализам. Официјална Бугарија продолжува со негаторскиот однос кон Македонскиот идентитет. Тие и понатаму нема да го регистрираат ОМО Илинден – Пирин, а дополнителна провокација и шлаканица на Македонскиот народ беше и уцената и притисокот на Бугарија кон Албанија со политичка одлука Македонците кои живеат во Голо Брдо да се признаат како Бугари. Бедно и срамно! Носителите на оваа погубна политика Заев, Димитров и Шекеринска се луѓето кои веруваат дека го прелажаа Македонскиот народ да си го продаде својот идентитет и ќе стојат запишани во новата историја како гробари на Македонштината, како предавници еднакви на оние шпиони во Македонските револуции.

Со вакви изјави се потврдува дека Македонската Алијанса е во право кога тврди дека Договорот со Бугарија и Грција се тешко велепредавство. Заев, Димитров и

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

ОСТАВКИ И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ! Мои браќа и сестри, не се плашете. Не дозволувајте оваа ненародна Влада да го реализира својот план за разнебитување на Македонштината. Договорот со Грција и референдумското прашање се врвот на велепредавството кое мораме да го спречиме. Ова е последната шанса на Македонецот да покаже дека ги знае своите корени и дека нема да дозволи никој да ја препишува Макдонската историја и вистина.

МАКЕДОНИЈА Е ИСКОНСКА ЗЕМЈА, ЗЕМЈА НА ХРАБРИТЕ И ОДЛУЧНИТЕ! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


8 септември 2018

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ОБРАЌАЊЕ ПО ПОВОД 8-МИ СЕПТЕМВРИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ,

И

зминува 27-та година од независноста на нашата Република Македонија. После вековната битка на Македонскиот народ, конечно на 8 септември 1991 година се изборивме за суверена, самостојна и независна Држава. Неспорно е дека уште тогаш се определивме за стратешко сојузништво со САД, нашиот најголем поддржувач, го трасиравме патот кон ЕУ и НАТО Алијансата сакајќи да станеме дел од западната цивилизација и да ги делиме нивните општествени вредности, можности за економски развој и просперитет. Ама, Македонскиот народ одлучи своите стратешки определби да бидат остварени како Република Македонија. Не со променето име, историја и двоен идентитет. Не со нови понижувања и сопствено обезличување. Верувавме и длабоко сме убедени дека Грчките уцени и средновековен национализам не може да се посилни од вредностите на кои почиваат ЕУ и НАТО Алијансата. Македонскиот народ никогаш не беше прашан и не се согласи за промена на Македонското национално знаме и откажувањето од древниот симбол сонцето од Кутлеш, за срамната референца БЈРМ која наводно требаше да трае само два месеци, а ни остана повеќе од две децении. Не бевме прашани, ниту се согласивме да се сменат имињата на аеродромот, автопатот и неправедно да му дозволиме на нашиот јужен сосед лажно да се претставува како единствен наследник на античката цивилизација. За жал, и денес со Македонија владеат наследниците на истата политичка структура која и претходно ги распродаваше Македонските национални интереси и систематски го разградуваше Македонското национално ткиво. За нив нема ништо свето, ним им е во кодот да си го презираат своето потекло и сопствениот Македонски идентитет. За пуста власт сакаат да ја запустат нашата заедничка

прецизен став. Или си Македонец кој си го брани најсветото, или си предавник! Или ќе се бориш со демократски средства да спречиш промена на Уставното име, воведување на двојна формула за идентитетот со која сме и „северномакедонци“, ревидирање на Македонската историја и откажување од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија, или го подржуваш капитулансткото дело на актуелната немакедонска Влада. Ја користам оваа прилика, нашиот Ден на независност, за да уште еднаш апелирам на сплотеност на сите политички, општествени и индивидуални сили во Татковината и Дијаспората. Наша патриотска обврска е да го следиме пулсот на Македонскиот народ кој масовно го отфрли предавството. Не верувајте на лажните анкети. Не потпаѓајте на стравот и паниката која сакаат да ја наметнат. Македонија не може да страда од Косовското прашање, може да страда само ако некој со сила го обезличи Македонскиот народ и му ги избрише историските корени. Ја имаме пресудата на Хашкиот Суд која потврди дека сме во право! Да веруваме, Македонија ќе ја биде со нова Влада која ќе знае како се брани светото Македонско име и идентитет! мајка Македонија! Затоа, референдумот закажан на 30 септември треба да се игнорира! Треба да има предвремени избори на кои на изродите на Македонскиот народ ќе им биде испорачана политичката одговорност, а после ќе мора да се соочат и со кривична одговорност. Имаме лекции од нашата мачна историја. Секогаш кога сме биле раскарани или разделени највеќе сме страдале! Не смееме да дозволиме специјалната војна против Македонија да им е успее! Ова е време кое бара патриотски и храбри одлуки. Само така се брани Татковината. Затоа секој мора да има јасен и 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВЕН 8-МИ СЕПТЕМВРИ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ. Македонија била, е, и навек ќе остане Македонија. Бог да ја чува Татковината! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


4 септември 2018

ДА ОСТАНЕМЕ БУДНИ! СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА!

Н

иту тајмингот, ниту методот не е случаен. Грчкиот весник Катимерини е избран да лиферува депеши од „Викиликс“ за да се обиде да влијае врз гласачите во Македонија. После злоупотребата на Косовското прашање за ширење страв, сега со информациите дека Македонскиот Државно раководство во 2008 прифатило промена на името во Северна Македонија има за цел да ги омекнува противниците на велепредавството. Подмолната теза е сите се исти, што се буните кога и пред 10 години сте се согласиле на истото!

БЕДНО И СРАМНО ПОНИЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ! Македонската Алијанса ги повикува Заев, Димитров и Шекеринска на трибините да му објаснат на нивното членство какви гаранции имаат дека Грција доследно

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА НА ГРЧКИ КАТИМЕРИНИ ќе го почитува нивниот Договор со Ципрас. Ако не ја почитуваа Времената Спогодба од 1995 за што Грција е осудена од Хашкиот Суд, зошто би го почитувале Договорот Заев – Ципрас. Тоа е клучното прашање! Особено, поради фактот што идниот Грчки Премиер, Мицотакис уште еднаш потврди дека пратениците на Нова Демократија нема да гласаат за ратификација на Договорот. Ставот на коалициониот партнер на СИРИЗА, Каменос дека и пратениците на Независни Грци нема да го одобрат Договорот Заев –Ципрас е причина плус немакедонската Влада да објасни зошто го лаже Македонскиот народ дека нивното велепредавство е карта за експресен напредок во нашите Евроатлански интеграции.

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ДАЈТЕ СИ ОСТАВКИ И ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ! 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

Бараме итни измени на Изборниот закон, воведување на една изборна единица со отворени листи. Како гаранција дека изборите ќе бидат навистина фер и демократски инсистираме Техничката Влада ја предводи Македонец од Дијаспората кој не бил претходно дел од штетните политички пазари за Татковината! Македонскиот народ нема да дозволи со фалсификат референдум и насилно спроведување на велепредавството. Бара предвремени парламентарни избори на кои сака политички да ги казни предавниците! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСKА АЛИЈАНСА


3 септември 2018

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Македонската Алијанса уште еднаш апелира на сплотеност на сите политички, општествени и индивидуални сили во Татковината и надвор со единствена цел одбрана на светото Македонско име и Македонски идентитет

Н

аша патриотска обврска е да го следиме пулсот на Македонскиот народ кој масовно го отфрли предавството на Заев, Димитров и Шекеринска. Треба да учиме од историјата. Секогаш кога сме биле раскарани или разделени тоа било туѓо сценарио и баш тогаш највеќе сме страдале! Тоа не смееме да го дозволиме сега!

РЕФЕРЕНДУМОТ ДА СЕ ИГНОРИРА! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! МАКЕДОНЦИТЕ БАРААТ НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Во едно се согласуваме со немакедонската Влада. Прифаќаме дека ова е време на историски одлуки. Затоа секој мора да има јасен и прецизен став. Или си Македонец кој си го брани најсветото, или си предавник! Или ќе се бориш со демо-

кратски средства да спречиш промена на Уставното име, воведување на двојна формула за идентитетот со која сме и „северномакедонци“, ревидирање на Македонската историја и откажување од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија, или го подржуваш капитулансткото дело на Заев, Димитров и Шекеринска. Нема трето, нема и таму и ваму! Историјата ќе суди кој е на вистинската страна.

ПОРАКАТА Е ЈАСНА! И ДА ГИ НАПОЛНАТ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИТЕ НА 30 СЕПТЕМВРИ И ТЕНКОВИ ДА ИЗНЕСАТ НА УЛИЦИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕ СМЕЕ ДА ИМА! Немакедонската Влада не бира ниту средства ниту методи за да го спроведе тоа за што е уценета. Шири страв и паника со Косовското пра20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

шање а во исто време Заев со пола Влада се слика со Вучиќ. Затоа, не е воопшто случајно што Македонскиот народ не верува на шарените лаги на Заев, Димитров и Шекеринска. Уште од сега се свесни дека не дај боже на сила да почне да се спроведува Договорот Заев – Ципрас има да боли соочувањето со реалнсота, и тоа премногу. Дури и тие што се сега заслепени ќе плачат! Македонскиот народ знае дека гаранциите за експресен влез во ЕУ не држат вода. Нема никаква сигурност дека официјална Атина ќе го спроведе тоа што го потпишаа Ципрас и Каменос. Затоа никогаш нема да се согласиме да станеме безимени и народ без историски корени! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


1 септември 2018

Слушнавме како Премиерот Зоран Заев повтори дека ќе си замине од функцијата ако не успее референдумот

С

поред него Македонија ќе немала перспектива ако не помине неговото велепредавство. Нека му е со среќа! Македонската Алијанса им порачува на Заев, Димитров и Шекеринска да не чекаат туку ВЕДНАШ да си заминат. Нивниот кукавичлак е одамна веќе одбиен. Уште од сега е јасно дека Македонците гласно велат НЕ за промена на Уставното име, велат НЕ за двојната формула за идентитетот според која ние сме и „северномакедонци“, велат НЕ за ревидирањето на Македонската историја и велат НЕ за откажувањето од нашите браќа и сестри во Егејска Македонија!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИЗЈАВАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ гласачите. Престанете со манипулациите и лагите! Татковината ќе ја биде и ќе има иднина и ако не биде спроведен Договорот Заев – Ципрас.

НЕ ПРИЗНАВАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА НОВА ВЛАДА КОЈА ЌЕ ЗНАЕ КАКО ДА СЕ ПОСТАВИ ПРЕД ЕУ И ДА ГО ЗАШТИТИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ!

Македонскиот народ никогаш нема да се согласи да стане безимен и без историски корени! И да бидат сигурни, дури и да ги наполнат гласачките кутии на 30 септември нема да Немакедонската можат да го спроведат Влада нека не се обидува својата паника на дело своето предавство. да ја пренесува на 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

Бараме една изборна единица, отворени листи, техничката Влада која ќе ја предводи искрен и чесен патриот од Дијаспората и да се организираат час поскоро предвремени парламентарни избори. Изродите на Македонскиот народ ќе мора да се соочат со сопствената политичка и кривична одговорност. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


Д Р Ж А В Е Н З А В О Д З А С ТАТ И С Т И К А

Бруто домашниот производ во второто тримесечје од годинава бележи раст од 3,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Во првиот квартал годинава БДП имаше раст од 0,1 процент

РАСТ НА БДП ОД 3,1 ОТСТО ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ

В

о второто тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 13,9 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 12,7 отсто и стручни, научни и технички дејности, ддминистративни и помошни услужни дејности од 4,5 отсто. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69,6 отсто. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6 отсто. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 Септември 2018


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

FILOZOF UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

DIOGEN UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


НОВА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019! На 27 септември се случи свеченото отворање со концертот под наслов „Ново утро“, на кој настапи врвниот пијанист од Франција, Лука Дебарг

НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Д

ебарг, кој е лауреат на престижниот натпревар „Чајковски“, го изведе најкомплексното дело за пијано, Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев. На концертот „Ново утро“ диригираше маестро Јерухам Шаровски од Израел, а оркестарот на Македонската филхармонија по подолга пауза ја изведе и романтичната и атрактивна „Фантастична симфонија“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз. Едно од најтешките дела во класичната литература за пијано е токму Концертот бр. 2 од рускиот композитор Сергеј Прокофјев (1891–1953). Пијанистите се согласуваат дека тоа се однесува првенствено на техничките барања кои се на граница на изводливо. Но, покрај овој силен предизвик кон кој се приклонуваат музичките уметници, ова дело поседува и врвна естетска димензија, како и силен патос кој привлекува, затоа што младиот Прокофјев го пишувал по смртта не неговиот близок пријател, а и непосредно пред Првата светска војна (1913)…Најпознатото дело на зачетникот на романтичарската програмска

музика францускиот композитор Хектор Берлиоз (1803– 1869), всушност, е автобиографски фрагмент кое се нарекува и „Епизода од животот на еден уметник“. Тоа е првото значајно дело во сферата на програмската музика, создадено во 1830 година во деновите на 30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

Јулската револуција, кога композиторот бил обземен од општата атмосфера на револуционерни воодушевувања. Како што и самиот навел во своите мемоари, „Фантастична симфонија“ е инспирирана од неговите љубовни чувства кон актерката Харијета Смитсон…


Официјалниот дел на програмата, во која ќе има осум дебитантски дела, ќе започне со прикажувањето на „Ругање со Христос“, првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Јани Бојаџи, кој светската промоција ја имаше на фестивалот во Монтреал каде освои награда за иновативност

ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА Д Е Б И ТА Н Т С К И Ф И Л М „ К И Н Е Н О В А СКОПЈЕ“ ПОД МОТОТО

„ПРВИОТ НИКОГАШ НЕ СЕ ЗАБОРАВА“

В

о официјалната програма од 5000 пријавени дела од 150 земји во светот, ќе бидат прикажани осум филма – шест од Европа и по еден од Иран и од Перу. Тие ќе бидат во конкуренција за наградите за најдобар дебитантски филм, најдобар режисер, најдобро сценарио и за специјална награда од меѓународното жири. Во рамките на оваа стожерна програмска целина ќе бидат прикажани филмот  „Блискост“ на Кантемир Балагов од Русија  потоа  „Без датум, без потпис“ на режисерот Вахид Џалил Валанд  инаку вистински репрезент на иранското кино, „Цветна долина“ на Ласло Чуја, ремекделото снимено со натуршчици од надоаѓачката унгарска кинематографија, филмот „Гутланд“ на Говинда ван Меле, една луксембуршко-германска копродукција одличниот  „Ретабло“ на Алваро Делгадо Апарисио од Перу, достоен репрезент на возбудливата јужноамериканска кинематографија, „Крадци на гулаби“ на режисерот Осман Добен од Турција и визуелниот спектакл „Ага“ на Милко Лазаров од соседна Бугарија, кој летово ја доби главната награда „Срцето на Сараево“ на Сараевскиот филмски фестивал. Специјален гостин на „Киненова“ ќе биде сценаристот и режисер од Турција Зеки Демиркубуз и ќе бидат прикажани четири негови филмови. Тој ќе одржи и мастеркласа во Ки-

нотека, каде што, исто така, мастеркласа ќе одржи и хрватскиот сценарист Анте Томиќ – за трикови во пишувањето филмски дијалози. На фестивалот ќе има уште една специјална гостинка која организаторите ќе ја соопштат дополнително и ќе и биде врачена награда за особен придонес во филмската уметност на отворањето на „Киненова“. Во рамки на фестивалот првпат во Македонија ќе биде претставена норвешката кинематографија со проекција на пет филма, од 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

кои два од најпознатиот режисер на таа земја – Ерик Попе. Ќе има и „Балканска филмска програма“, проекции на двата први филма на Ингмар Бергман од 1946 година („Криза“ и „Кризата во нашата љубов“) по повод 100 години од неговото раѓање, детска филмска програма, како и две работилници – за филмска анимација наменета за деца со посебни потреби и работилница во соработка со УНИЦЕФ за зголемување на свесноста за ненасилство врз деца.


Т Е АТА Р О Т П Р И Д О М О Т Н А К У Л Т У РАТА “ИВАН МАЗОВ – КЛИМЕ“ Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци премиерано ја изведе претставата “Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на Микица Илова

П

ретставата е наменета пред се за младата публика и е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Првата реприза е веќе вечерва. Ова е втора премиера на кавадаречкиот Теа-

“РОМЕО И ЈУЛИЈА“ ВО КАВАДАРЦИ

тар оваа година. Моментално на репертоарот е и хит претставата “Пасивно пушење“ од авторот Небојша Ромчевиќ, во режија на Јордан Витанов, а 2018 година кавадаречките актери ќе ја заокружат со уште две премиери и 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

тоа една за возрасни и една за деца. Што е огромен успех и со голема гледаност за еден Театар кој по дефиниција го носи предзнакот аматерски, но кој со професионално однесување влегува во секоја подготвена претстава.


МАРКОВИ КУЛИ Биогеографската целина Маркови кули кај Прилеп, како и охридскиот регион се единствените простори во Македонија што се наоѓаат на листата на заштитени подрачја на УНЕСКО

О

д 2005 година Марковите кули се наоѓаат на привремената листа на заштитени подрачја на УНЕСКО со објективни потенцијали по спроведената постапка за позиционирање на постојаната листа на исклучително значајни региони во светот. Во функција на заокружување на националниот и интернационалниот статус на биогеографската целина Маркови кули, Институтот за старословенска култура - Прилеп и општината Прилеп организираа меѓународен научен собир„Биогеографска целина Маркови кули: природни содржини и културни вредности“

НА ЛИСТАТА НА ЗАШТИТЕНИ ПОДРАЧЈА НА УНЕСКО

со кој се заокружи научната валоризација на локалитетот преку сублимирање на резултатите од досегашните истражувања како и утврдување на идните насоки за научноистражувачки активности, заштита, туристичка експлоатација и создавање база за заокружување на националниот и интернационалниот статус на Маркови кули. – Природните содржини се соодветно правно валоризирани во 2006 година. Во рамките на заштитеното подрачје, како и на просторот непосредно околу него се позиционирани голем број споменици на културата од особено значење: манастирот 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 828 / Септември 2018

„Трескавец“, фортификацијата на средновековниот Прилеп, манастирот „Св. Архангел Михаил“, црквата „Св. Димитрија“, црквата „Св. Никола“, црквата „Св. Атанас“ и др. Во одмината фаза е реализацијата на проектот за заштита на Маркови кули, финансиран од УНДП со кој се создаваат елементарни предуслови за ставање во функција на заштитеното подрачје. Годинава потпишавме и меморандум за соработка помеѓу Институтот за старословенска култура и општината Прилеп за идните активности – вели Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура – Прилеп.


Profile for Makedonsko Sonce

828  

Makedonsko sonce

828  

Makedonsko sonce

Advertisement