Page 1

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

MAKEDONSKO

S NCE

Година XX, Број 826, Јули 2018

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ИДНИОТ ГУВЕРНЕР НА ФЛОРИДА, РОН ДЕСАНТИС Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја имаше честа да биде дел од свечената промоција на кандидатурата на неговиот долгогодишен пријател и соработник, Конгресменот Рон Десантис за Гувернер на Флорида, САД. Неговото присуство на овој исклучителен настан, е своевидно признание за придонесот кој тој го дава во кампањата на идниот Гувернер на Флорида.

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОДЛУКАТА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОДЛУКАТА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ Македонија во моментот ја раководат дузина безрбетници кои го потценуваат Македонскиот народ. Само уценети политичари водени од својата алчност за власт и привилегии може да помислат дека успешно ќе организираат фалсификат референдум. Секој нивни потег е противуставен, незаконски и создава основ за сериозна кривична одговорност. Вклучително и вчерашната одлуката протуркана на сила во Македонското Собрание. Три прашања до Заев, Димитров и Шекеринска. ПРВО, зошто не распишавте консултативен референдум пред да го потпишете кукавичкиот договор и да направите велепредавство во Нивици, Преспа, Егејска Македонија? ВТОРО, зошто не го почитувате член 120 од Уставот кој јасно и прецизно предвидува задолжителен референдум кога се прашуваат граѓаните за стапување во сојузи со други држави, како што во конкретниот случај вие го поврзувате вашето предавство со членството на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата? ТРЕТО, ако навистина верувате дека Македонскиот народ се согласува со вашите постапки за промена на името и идентитетот, зошто не се согласивте со нашето барање да одиме на брзи предвремени парламентарни избори?

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ВИ ПОМИНУВА ФАЛСИФИКАТОТ! ЌЕ ИМА ИЗБОРИ И НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ СВЕТОТО МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ! Македонскиот народ не прифаќа да го обезличат, да го направат безимен и без историски корени. Македонскиот народ не е наивен да верува дека двојната формула за идентитетот гарантира дека нема да не нарекуваат „северномакедонци“. Македонскиот народ не сака да им го сврти грбот и да се откаже од своите браќа и сестри во регионот. Македонскиот народ не сака да се откаже од древното Македонско сонце од Кутлеш и да им го даде ексклузивното право на Грците за античките корени и Александар Македонски. КОЛКУ И ДА БЕГАТЕ ОД ВИСТИНСКО СООЧУВАЊЕ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТОА НЕМИНОВНО ЌЕ ВЕ СТИГНЕ! ЗА ТЕШКИТЕ ДЕЛА ПРОТИВ ТАТКОВИНАТА ЌЕ СНОСИТЕ ПОЛИТИЧКА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!

Makedonija

e edna!!!

Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

\or|ija - Xorx Atanasoski


ЏАФЕРИ: Парламентот ќе работи до 10 септември кога претседателот на Парламентот Талат Џафери очекува да почне кампањата за референдумот, што, пак, веќе е закажан за 30 септември. Иако предлагачи на одлуката се пратениците, Џафери вели дека во кампањата за референдумот би можеле да учествуваат политичките партии, невладиниот сектор, но и Владата, па дури и Собранието. Според него, и тие што ќе се определат да не учествуваат на референдумот, ќе имаат некаква кампања

П

редлагачи се пратениците, а тие се претставници на политички партии, како и да е, не се исклучени сите субјекти кои го чинат политичкиот живот во државата. И формалното неучество е учество со определба. Затоа пратениците, односно политичките партии, ќе бидат тие кои ќе ја водат кампањата за да ги убедат граѓаните дека треба да излезат на референдум. А по аналогија роковите се исти како и за изборите со разлика во составот на одборите кои ќе бидат во избирачките места. Бидејќи е граѓанска иницијатива оставено е тие членови да не бидат партиски. Претпоставувам дека ДИК на носителите на кампањата ќе им овозможи да го набљудуваат процесот, вели Џафери. Предупредува дека сите учесници во кампањата треба да се водат од општите интереси на граѓаните, а не од поединечните. - Веќе три децении граѓаните на РМ без разлика на нивната етничка и верска припадност, во речиси 80 отсто, се за интегративниот процес на Република Македонија и во тој контекст очекувам да се зголеми излезноста на гласањето за референдумското прашање. Во принцип секогаш сум оптимист и им верувам на граѓаните дека ја сфатија пораката и потребата за референдумот и ќе ја искажат нивната определба да бидат дел од ЕУ и НАТО, рече Џафери на денешниот редовен брифинг со известувачите од работата на Собранието. Поставеноста на референдумот во

КАМПАЊАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ПОЧНУВА НА 10 СЕПТЕМВРИ, ПРАТЕНИЦИТЕ ДО 20 АВГУСТ НА ОДМОР однос на консултативниот карактер, е работа предлагачите, додаде Џафери, кој е потписник на иницијативата. Го повтори ставот дека на Македонија не и се потребни предвремени избори. - Најмалку се потребни предвремени парламентарни избори. Не би требало хипотетички да се занимаваме со одредени прашања, туку треба да апелираме овој процес што е отпочнат да тече онака како што е планирано, со повик сите да придонесеме за тоа што е интерес на граѓаните и на државата, рече Џафери. Тој информираше дека Законот за ратификација на Договoрот со Грција во Службен весник ќе биде објавен по референдумот, иако претходно се имаше друго мислење во врска со ова прашање. - Сметам дека најповолно време тоа да се случи е после изјаснувањето на граѓаните во однос на референдумското прашање, затоа што во одреден контекст сиот успех на Договорот зависи од одлуката на граѓаните која ќе ја донесат на референдумот и тоа е најсоодветно време да се постапи по однос на договорот, рече Џафери. Освен Договорот со Грција, и Законот за употреба на јазиците не е потпишан од страна на претседателот на државата и по повторното изгласување. Според претседателот на парламентот Џафери, Собранието има обврска да ја спроведе волјата на мнозинството и да ги заживее законите што се донесени. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

- Имајќи ги предвид сите околности кои се однесуваат на процесот на референдумот не би сакал сега Собранието да се постави како кочничар, или како институција која ќе делува спротивно на она што го изјавуваме дека сме фокусирани на постапката за референдумот. Откако ќе заврши референдумот ние ќе можеме да постапиме по сите овие прашања и да ја спроведеме волјата на мнозинството, впрочем тоа е и волјата на мнозинството на граѓани кои не избраа, рече Џафери. На средбата со новинарите тој информираше дека Собранието ќе паузира со пленарните седници до 20 август и оти првата седница може да биде свикана околу 29 и 30 август. Во периодот по летните одмори треба да се очекува, според претседателот на Парламентот, Собранието да ги избере членовите на неколку второстепени комисии кои останаа без своите први луѓе по нивното разрешување, но исто така и да биде избран директор на ОТА. Во септември се очекува да финализираат измени на Деловникот на Собранието на Република Македонија на средба во рамки на Жан Моне процесот на која треба да присуствуваат и тројцата европратеници. Деновиве треба да заврши и постапката за определување на проекциите за буџетот на Собранието за следната година. Во првата половина од годината Собранието имало 57 седници од кои десетина не се завршени.


Орландо, 19 јули 2018 Вчера, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја имаше честа да биде дел од свечената промоција на кандидатурата на неговиот долгогодишен пријател и соработник, Конгресменот Рон Десантис за Гувернер на Флорида, САД. Неговото присуство на овој исклучителен настан, е своевидно признание за придонесот кој тој го дава во кампањата на идниот Гувернер на Флорида

ЃОРЃИЈА ЏОР ПРОМОЦИЈАТА НА ФЛОРИД

К

ако Конгресмен, Рон Десантис беше член на Комитетите за надворешна политика, за надзор и владини реформи на Американскиот Конгрес и претседаваше со Поткомитетот за Национална безбедност на САД во чија надлежност е надзорот врз Државните ресори за надворешни работи, одбрана и безбедност, како и контрола врз УСАИД. Во името на 45-от претседател на САД, Доналд Трамп, на промоцијата на кандидатурата на идниот Гувернер на Флорида, Рон Десантис, присуствуваше и се обрати неговиот син, Доналд Јуниор Трамп. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да размени мислења за повеќе актуелни политички случувања во Светот со повеќе високи функционери на Републиканската партија. Исто така Атанасоски на двајцата свои пријатели, Десантис и Трамп им ја подари последната негова книга „Македонска Империја“. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој веќе со децении води успешен бизнис во САД, како политичар кој има трајни врски со Републиканската партија, со несмален

интензитет ќе продолжи и понатаму да ја користи својата професионална позиција за лобирање за стратешките интереси на Македонија и Македонскиот народ. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


РЏ АТАНАСОСКИ НА НА ИДНИОТ Г УВЕРНЕР А, РОН ДЕСАНТИС

05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018


ИЗЛЕЗЕТЕ НА ПРЕТСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

Со целиот владин кабинет зад себе, ден по распишувањето на референдумот, Заев апелираше сите во општеството да ја преземат одговорноста, и да не потпаднат под туѓи влијанија "

ГЛАСАЈТЕ И РЕШАВАЈТЕ ЗА ИДНИНАТА, ИМ ПОРАЧА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Н

аправете го вистинскиот чекор, ова е момент за одлуката, сега е време за храбри чекори, време за патриотски одлуки. Тргнуваме силно и никој не може да не спречи, како никогаш порано одлучни Македонија да успее. И ќе успее. Наместо мрак и изолација, да избереме светлина и иднина. Рефрендумот е точката во која ќе се спојат иднината на нашата Македонија и на нашата Европа. Да кажеме „да“ за признанаен македонски идентитет, јазик и култура, време е за одлука за нас и за иднината на Македонија“, рече Заев. Уверен е дека референдумот ќе биде успешен. Верува дека опозицијата нема да го бојкотира процесот, иако вчера ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската седница на која се распиша референдумот. „Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ јавно и на лидерските средби, велеше дека нема да повика на бојкот. Се надевам дека нема тоа да го направат, прво заради државата, второ заради нив. Знаат што значи да се повика на бојкот“, додаде Заев. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018


ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе каже дали ќе го бојкотира референдумот. Според најавите на генералниот секретар, Игор Јанушев, партиските органи ќе донесат одлука како ќе се позиционираат во однос на референдумот закажан за 30 септември "

ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ КАЖЕ ДАЛИ ЌЕ ГО БОЈКОТИРА РЕФЕРЕНДУМОТ

ВМРО-ДПМНЕ

е демократска партија, секој има право на мислење, а официјалните ставови ги соопштуваме офицајлно“, рече Јанушев одговарајќи на прашање дали повикот за бојкот на пратеникот Антонио Милошоски е став на партијата. Јанушев го повтори ставот дека не се согласуваат со референдумското прашање и дека тоа е за нив двосмислено. „Власта одлучи да распише референдум за договорот со Грција без да го послуша размислувањето на 455 000 граѓани на Република Македонија кои се претставени од ВМРОДПМНЕ и коалицијата. Заев насила турка двосмислено прашање за исполнување на грчките црвени линии. Да беше убеден дека е заштитен идентитетот, Заев немаше да манипулира со двосмислено прашање спротивно на законот за референдум и Уставот. Требаше прашањето да биде само за Договорот со Грција. Вака се прикрива со ЕУ и НАТО“, рече Јанушев. Тој додаде дека е срамно референдумот да се поистоветува со оној од 1991 година, бидејќи тогаш имало консензус. Јанушев истакна дека ако не успее референдумот, граѓаните ќе очекуваат оставка, а не да се префрли одлуката на институциите. 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018


За референдумот медиумите да известуваат како и за избори, иако со закон не се предвидени прецизни правила Агенцијата за медиуми издаде нацрт препораки и најави мониторинг на медиумите

А Г Е Н Ц И Ј АТА З А М Е Д И У М И ГИ ПОВИКА МЕДИУМИТЕ

ПРОФЕСИОНАЛНО И НЕПРИСТРАСНО ДА ИЗВЕСТУВААТ ЗА ВРЕМЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ

Ќ

е може да се објавуваат анкети, да се пренесуваат ставови но не смее да се фаворизира една од страните. Референдумски молк настапува 48 часа пред одржување на гласањето. До 17 август засегнатите страни ќе можат да испраќаат забелешки и предлози. Според првиот човек во агенцијата последните измени на Изборниот законик се спротивни на неговите постојни одредби. Агенцијата бара од политичките партии да се договорат кој од двата члена со кои се забранува а истовремено и се дозволува емитување реклами платени од буџетски средства ќе се укине. - Во член 75 од Изборниот законик наведена е забрана за емитување реклами финансирани од буџетот на државно ниво, локалните самоуправи и на град Скопје. Со сега усвоените измени се предвидува на некои идни избори, дали претседателски, парламентарни или локални, платеното политичко рекламирање да се плаќа од буџетот. Овие два члена се меѓу себе контрадикторни и таквиот закон не е применлив На 30 септември граѓаните ќе гласаат Дали се за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Светото Македонско име и идентитет се многу крупен залак за Заев, Димитров и Шекеринска. Великите Македонски синови и ќерки, нашите херои не ги положија своите животи низ историјата за да сега изродите со фалсификат да го направат Македонскиот народ безимен и без историски корени!

Н

им им е јасно дека нивното велепредавство е однапред одбиено. Воопшто не е случајно што нивната првична еуфорија се замени со страв кој повеќе не можат да го сокријат. Прават се што е во нивна моќ да ја споделат одговорноста за кукавичкиот чин. Од сигурните изјави дека референдумот ќе успее, сега немакедонската Влада се повлекува. Изјавува дека ако референдумот не успее Македонското Собрание има мандат да одлучува. Од ставот народот ќе го има конечниот збор сега ја вртат приказната и ја подготвуваат јавноста дека партиските војници во парламентот ќе одлучеле за судбината на целиот Македонски народ.

НЕ ПРИЗНАВАМЕ ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ЌЕ ИМА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГО ЗАШТИТИ ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ! Македонската Алијанса подолг период тврди дека парламентарните партии бадијала си го трошат времето обидувајќи се да договорат каков референдум да се одржи и со какво прашање. Тоа сега е депласирано! Референдумот имаше логика само ако беше организиран пред кукавичкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска. Македонскиот народ нема да дозволи актуелните партиски послушници во Македонското Собрание да му ја кројат судбината. БАРАМЕ брзи предвремени парламентарни избори со нови демократски правила и стандарди. БАРАМЕ промени во Изборниот Законик, воведување на една изборна единица и отворени листи, со што во идниот парламентарен состав ќе има многу повеќе луѓе со интегритет 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

кои ќе мислат со своја глава отколку партиски војници. БАРАМЕ техничката Влада што ја договорија Заев и Мицкоски да ја води Македонец од Дијаспората, искрен патриот со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ политички ќе ги санкционира предавниците кои потпишаа промена на Уставното име и преамбулата, прифатија двојна формула за Македонскиот идентитет според која ние сме и „северномакедонци“, им го свртија грбот на нашите браќа и сестри Македонци во регионот и се согласија на бришење на Македонската историја. После тоа ќе се соочат и со сопствената кривична одговорност! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Зоран Заев и неговата немакедонска Влада мака мачат да ја продадат приказната во Македонската јавност дека благодарение на нивното велепредавство експресно ќе влеземе во ЕУ и НАТО Алијансата. Арно ама, пустите уценети се и немаат избор, мораат да тераат до крај. За нив не постои ниту Устав, ниту Закон, само борба за гола власт и опстанок!

П

ринудени се да се обидат да го истуркаат нивното велепредавство со фалсификување на волјата на Македонскиот народ. Ама, НЕМА ДА ИМ ПОМИНЕ! Македонскиот народ го одби нивниот кукавички чин, реалноста, со надеж дека ќе успеат да го оправдаат нивниот кукавичлак дома.

НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Не постои поголемо политичко лицемерие од тоа Заев да се колне во народот, а притоа да прави се’ да ја фалсификуваат неговата волја. Срамно, дрско и кукавички!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Зоран Заев, знае дека Македонскиот народ никогаш нема да го одобри неговото велепредавство. Македонскиот народ веќе го одби договорот! Македонската Алијанса ги повикува граѓаните на Татковината да не потпаѓаат на пропагандата на актуелната Влада и да не дозволат на перфиден и кукавички начин Зоран Заев да го фалсификува референдумот. Ние не сакаме обезличување и не сме како Заев кој повеќе би сакал да е Грк или Бугарин отколку Македонец! Македонскиот 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

народ низ историјата поминал низ многу премрежја и секогаш опстанал. Македонија била, е и ќе остане Македонија! Тоа никој не може да ни го одземе

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ МУ СУДИ!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Вчера кулминираше нервозата на немакедонската Влада. Соочени со притисокот за ветувањата дека по секоја цена и набрзина ќе го спроведат велепредавството, Заев, Димитров и Шекеринска го губат трпението. Нивната цел е јасна, ќе сторат се’ што е неопходно за да ја фалсификуваат вољата на Македонскиот народ. Секој кој инсистира на доследно почитување на Уставот и законите за нив е непријател

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ МАКЕДОНСКОТО бадијала си го трошат времето да договораат референдумско прашање и карактер на референдумот. Опозицијата мора да разбере дека предавниците се подготвени да ги искористат сите методи да ја поделат одговорноста за нивниот кукавичлак. Само уценети политичари, изроди на Македонскиот народ и велепредавници може да помислат дека успешно ќе организираат лажен референдум за промена на Уставното име!

САМО ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! БАРАМЕ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА КАДАРНА ДА ГИ ЗАШТИТИ СВЕТОТО

ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

Референдумот имаше логика само ако беше организиран пред кукавичкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска. Македонскиот народ претходно требаше да одлучи за судбината на преговорите. Сега е доцна и единствено решение се предвремни парламентарни избори. Добро е што Заев и Мицкоски се договорија за изборот на ДИК и прифатија дека Техничка Влада ќе ги спроведува сите парламентарни избори. Но, тоа не е доволно! Македонската Алијанса смета дека е нужно да се направи вистинска реформа на Изборниот Законик. Мора да се воведе една изборна единица со отворени листи. Техничката Влада е најдобро да ја води Македонец од Дијаспората, искрен патриот со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари.

11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

Македонските граѓани не сакааат да станат безимени и народ без историски корени. Не прифаќаат да станат „северномакедонци“, да им го свртат грбот и да се откажат од своите браќа и сестри во регионот. Срамниот Договор Заев – Ципрас е веќе одбиен. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ политички ќе ги санкционира предавниците кои пред Специјално обвинителство ќе мора да се соочат со сопствената кривична одговорност за сите постапки против Татковината и сопствениот народ. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Македонската Алијанса постојано предупредува дека немакедонската Влада ќе се обиде да ја фалсификува вољата на Македонскиот народ. Нивното сценарио сега добива своја конкретна форма и тек. Нивниот предлог да се избира новиот состав на ДИК без опозицијата е скандалозен

Н

е постои никакво оправдување за овој недемократски потег. Изгледа Заев, Димитров и Шекеринска заборавија што правеа кога беа опозиција. Дека го блокираа Македонското Собрание и ја држеа во заложништво Татковината. Зарем толку го потценија Македонскиот народ и мислат дека никој не памети како Талат Џафери со читање поезија го блокираше Законот за правата на Македонските бранители од 2001? Само уценети политичари, изроди на Македонскиот народ и велепредавници може да помислат дека успешно ќе организираат лажен референдум за промена на Уставното име!

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕМА ПОТРЕБА ОД ЛАЖЕН

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ДИК РЕФЕРЕНДУМ! БАРАМЕ ИЗБОРИ! ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ СВЕТОТО МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ! Македонскиот народ не е наивен! Договорот Заев – Ципрас е веќе одбиен. Македонските граѓани не сакааат да станат безимени и народ без историски корени. Не прифаќаат да станат„северномакедонци“, да им го свртат грбот и да се откажат од своите браќа и сестри во регионот. Референдумот имаше логика само ако беше организиран пред кукавичкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска на кој Македонскиот народ ќе одлучеше за судбината на преговорите. 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

Сега е доцна и единствено решение се предвремни парламентарни избори. На лидерската средба партиите треба да се договорат за вистинска реформа на Изборното закондавство. Воведување една изборна единица со отворени листи. Формирање техничка Влада задолжена за спроведување на избори на чие чело ќе застане Македонец од Дијаспората, искрен патриот со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ ќе избере нова Влада која знае како да ги штити Македонските национални интереси. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да не го губат бадијала времето за договарање референдум. Македонскиот народ го одби велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска

Р

еферендумот имаше логика само ако беше организиран пред кукавичкиот чин на немакедонската Влада со прашање – „дали сте за продолжување на преговорите со Грција?“ СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА СЛЕДНОТО: Прво, оставка на немакедонската Влада! Второ, измени на изборните правила, воведување на една изборна единица со отворени листи. Трето, формирање на техничка Влада за спроведување на избори кој ќе ја раководи Македонец од Дијаспората, искрен, чесен патриот, лице со интегритет и висок углед кој претходно не учествувал во срамните политички пазари за Татковината. Конечно,

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА НАЈАВЕНАТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА распуштање на овој состав на Македонското Собрание и организирање на фер и демократски предвремени парламентарни избори. Ваков епилог од лидерската средба очекува Македонскиот народ! Изродите на Македонскиот народ ќе се обидат да организираат лажен референдум каде со сила ќе ја фалсификуваат вољата на гласачите. Македонските граѓани не сакааат да станат безимени и народ без историски корени. Не прифаќаат да станат „северномакедонци“, да им го свртат грбот и да се откажат од своите браќа и сестри во регионот.

ДО ИЗБОРОТ НА НОВА ВЛАДА СПОСОБНА ДА ГИ ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! Македонскиот народ бара избори на кои на предавниците ќе им ја испорача политичката одговорност а потоа истите ќе мора да се соочат со сопственатав кривична одговорност за тоа што сакаат да и го направат на Татковината.

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е, И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

ОСТАВКА ОД Ѓорѓија Џорџ Атанасоски НЕМАКЕДОНСКАТА Претседател, ВЛАДА И ПРЕДВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ИЗБОРИ СЕ РЕШЕНИЕ! ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Заев, Димитров и Шекеринска јалово се обидуваат велепредавството да му го „продадат“ на Македонскиот народ како триумф. Што ќе се слави со народните пари? Продажбата на Уставното име?

С

огласноста да се смени преамбулата и називите на сите Државни институции? Двојната формула за идентитетот според секој може да не нарекува „северномакедонци“? Правото на Грците да ни ја ревидираат историјата и учебниците? Кукавичкото откажување од нашите браќа и сестри од Егејска, Пиринска Македонија, Пустец, Мала Преспа , Голо Брдо и Гора? Пуштањето низ вода на Времената Спогодба и Хашката пресуда? Или тоа што ќе станаме безимени и народ без историски корен ако Заев, Димитров и Шекеринска по некое чудо го спроведат велепредавството до крај? НЕ, НЕ тоа ниту бива , ниту минува!

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Македонскиот народ не е наивен! Договорот Заев – Ципрас е веќе одбиен. Ако Татковината навистина оствареше победа на

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ВЛАДИНАТА ПРОСЛАВА меѓународен план народот сам ќе излезе на улиците и плоштадите и ќе славеше! Немаше да чека Заев да ги повика! Изродите на Македонскиот народ ќе прават лажна еуфорија со партиски активисти на Владината коалиција! Македонската Дијаспора го повикува Македонскиот народ да не наседнува на провокации насочени кон нови срамни поделби на националното ткиво. Не дозволувајте да ви наметнуваат вина и грижа на совест ако сте патриоти и го браните светото име Македонија. Лажна е тезата на изродите дека оние кои се против велепредавството се против членството на Татковината во ЕУ и НАТО Алијансата. И ние сме за ЕУ и НАТО! Но само како Република Македонија и никако поинаку! Стратешката определба да бидеме на таа маса и во тоа друштво Македонскиот народ со децении се бори да ја оствари врз основа своето универзално демократско право на самоопределување, 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

а не со прифаќање на сите Грчки уцени.

НЕМА ПОТРЕБА ОД ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! БАРАМЕ ИЗБОРИ! Бараме реформа на Изборното закондавство. Една изборна единица со отворени листи. Техничка Влада задолжена за спроведување на избори на чие чело ќе застане Македонец од Дијаспората, човек со висок морален кредибилитет кој претходно не бил дел од срамните домашни политички пазари. На фер и демократски предвремени парламентарни избори Македонскиот народ политички ќе ги казни изродите, кои потоа за своето предавство кривично ќе одговараат пред Специјално Обвинителство! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Несомнено е дека на Татковината одамна и е местото во НАТО Алијансата. Но само и единствено како Република Македонија и никако поинаку!

С

тратешката определба да бидеме на таа маса и во тоа друштво Македонскиот народ со децении се бори да ја оствари врз основа своето универзално демократско право на самоопределување, а не со прифаќање на сите Грчки уцени. Сосема очекувано е нашите меѓународни сојузници да го поздрават Договорот Заев – Ципрас. За нив е најважно да ги решат крупните стратешки прашања без емоции за нашето најважно национално прашање.

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ И ПОТЦЕНУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Пораката на Генералниот Секретар Јенс Столтенберг е јасна. Заев, Димитров и Шекеринска бадијала се трудат да наметнат некаква еуфорија во обид да го оправдаат нивното велепредавство со некаков лажен триумф. Македонскиот народ не е наивен. На сите им е јасно

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ЗАКЛУЧОКОТ НА НАТО САМИТОТ дека само со сменето Уставно име, преамбула и називите на сите Државни институции, со прифаќање дека секој може да не нарекува „северномакедонци“, со ревидирана историја и учебници, со само откажување од нашите браќа и сестри од Егејска, Пиринска Македонија, Пустец, Мала Преспа , Голо Брдо и Гора, со авто забрана да се користи древното сонце од Кутлеш, со срамно признание дека Грците се единствени и ексклузивни наследници на Александар, може нашата земја да полноправна членка на НАТО Алијансата. Ние треба да влеземе во НАТО безимени и како народ без историски корен!

НЕМА ПОТРЕБА ОД ЛАЖЕН РЕФЕРЕНДУМ! БАРАМЕ ИЗБОРИ! Сега е време да се создадат сите неопходни услови за фер и демократски предвремени парламентарни избори, на 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

кои Македонскиот народ ќе се ослободи од изродите кои за своето предавство ќе мора да се соочат со сопствената одговорност.

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Македонската Алијанса ги повикува Заев, Димитров и Шекеринска да ги коментираат резултатите од расположението на Грците од последната анкета направена за потребите на весникот „Етнос“

Н

е може да се прават наудрени на податоци дека 58% од Грците го оценуваат Договорот Заев – Ципрас за негативен, 56% сметаат дека не треба да се ратификува, 40% очекуваат кога„Нова Демократија“ ќе стане власт да го поништи, 18% ја поддржуваат идејата на радикалната „Златна Зора“ дека војската треба да го уапси Грчкото политичко раководство и 42% ги сметаат за предавници сите оние кои ги поддржуваат овој Договор. Овие податоци се поразителни! Ова е потврда дека и покрај согласноста на немакедонската Влада да го смени Уставното име и преамбулата, да дозволи секој да избира дали ќе не ословува како „северномакедонци“, да ја ревидира историјата и учебниците, да им признае на Грците дека се ексклузивни наследници на Александар Македонски, да се забрани било каква употреба на древниот симбол Сонцето од Кутлеш во Македонија, да се сменат називите на сите Државни институции и откажување од нашите браќа и сестри во Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Голо Брдо и Гора, нема никакви гаранции дека официјална Атина во блиска иднина ќе го почитува Договорот. Впрочем, имаме едно

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НАЈНОВАТА АНКЕТА ВО ГРЦИЈА искуство со Времената Спогодба, за чие непочитување Грција е осудена од Хашкиот Суд. Значи, Заев, Димитров и Шекеринска ги прифатија сите уцени од Грчка страна а неизвесноста за ЕУ и НАТО Алијансата продолжува.

НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА НЕ ЛАЖАТ! БАРАМЕ ОСТАВКА ОД НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА! Изродите на Македонскиот народ се обидуваат своето велепредавство да го претстават како триумф! Лажат дека заради нивниот кукавички чин експресно ќе се интегрираме во ЕУ и НАТО Алијансата. Упорно молчат за очигледната неизвесност пред која е исправена Татковината. Македонскиот народ нема да наседне и да излезе на референдум на кој ќе се обидат да ја фалсификуваат неговата воља. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да се согласат на воведување на една 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

изборна единица со отворени листи и формирање на техничка Влада за спроведување на изборите која ќе ја води искрен патриот и Македонец од Дијаспората кој не бил претходно дел од срамните политички пазари на штета на Татковината! Време е за предвремени парламентарни избори на кои Македонскиот народ прво политички ќе ги казни предавниците, па потоа Специјално Обвинителство ќе се занимава со нивната кривична одговорност!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во името на целата Македонска Дијаспора ви изразувам искрена патриотска поддршка за вашето јавно изразено ветување и став дека по ниту една цена нема да ја потпишете ратификацијата на срамниот кукавички чин на актуелната немакедонска Влада. За жал, денес во Татковината се ретки политичарите кои навистина го разбираат значењето на положувањето на заклетва и преземање обврска да се штити Државата и Народот

ПОЧИТУВАН ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ИВАНОВ,

З

а секој активен општествен чинител е највисока патриотска должност да се брани Уставот на Република Македонија и да се одржи наследството кое нашите претци ни го оставија во аманет, херојски плаќајќи го со своите животи. Не се плашете од заканите. Само слаби луѓе кои знаат каков зулум прават и деновиве гледајќи се во огледало се срамат од самите себе за тоа што му го прават на својот народ, се однесуваат така. Ве уверувам дека брзо ќе дојде време кога ќе мора да се соочат со сопствената кривична одговорност, а нивната совест ќе ги пече цел живот. Жалам што изродите на Македонскиот народ се обидуваат дополнително да го разделат и уништат Македонското национално ткиво. Уценети, алчни за функции и принудени да одработат смислија една перфидна теза. Обидувајќи се да го истуркаат своето велепредавство сакаат да наметнат мислење дека оние кои го бранат Уставното име се мрачни и ретроградни сили, кои наводно по налог на странски сили како

ОТВОРЕНО ПИСМО СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА ЃОРЃЕ ИВАНОВ Русија и Турција се противат на членството на Татковината во ЕУ и НАТО. Не, јас за себе тврдам дека тоа не е точно! Јас Ѓорѓија Џорџ Атанасоски успешен државјанин на САД, Републиканец со блиски конекции со администрацијата на Претседателот Доналд Трамп и сега и од секогаш сакам да ја видам Татковината, полноправен член на ЕУ и НАТО Алијансата. Но, не по цена Македонија да се обезличи, да се откажеме од нашите браќа и сестри од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и Пустец, да им признаеме неправедно на Грците дека се единствени наследници на Александар Македонски, да се откажеме од древниот симбол – сонцето од Кутлеш, да ги смениме имињата на сите Државни институции, да прифатиме да ни се менува историјата и учебниците и на уште на крај да не ословуваат како „северномакедонци“. Е тоа не го прифаќам и никогаш нема да се согласам на вакво понижување и загрозување на иднината на мојот народ. Ова се крајно чувствителни моменти за Татковината. Ја користам оваа прилика да ве охрабрам да опстоите на она што го започнавте и да бидете 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

сигурни дека и јас да сум на ваше место без ниту една дилема би постапил исто! Од мојата сегашна позиција, како Претседател на Македонска Алијанса со сите сили, политички и демократски методи ќе застанам на патот на актуелната немакедонска Влада во Татковината која се труди на дело да спроведе продажба на вековното Македонско име и да избрише се што е свето во Македонската историја. Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја, ќе ја издржиме и оваа немакедонска Влада и ќе излеземе посилни од било кога! БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


05 јули 2018 МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДЕНЕС ПОВТОРНО БЕШЕ СВЕДОК НА СРАМЕН И НЕМАКЕДОНСКИ ЧИН НА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО. НАМЕСТО ДА ЈА СЛУШААТ СОПСТВЕНАТА СОВЕСТ ПОВТОРНО ОДЛУЧИЈА ДА СТАНАТ СОУЧЕСНИЦИ ВО ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО НА ТАТКОВИНАТА, РЕЖИРАНО ОД ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА. ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИТЕ КАКО ПРАТЕНИКОТ ФЕРИД МУХИЌ КОЈ БАРЕМ ПОКАЖА ЛИЧЕН ИНТЕГРИТЕТ И ЧУВСТВО ЗА ОДБРАНА НА УСТАВНОТО ИМЕ И МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ, ГЛАСАЈЌИ ВОЗДРЖАНО ЗА ПОВТОРЕНАТА РАТИФИКАЦИЈА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПОВТОРЕНАТА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ - ЦИПРАС САМО ОСТАВКА НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е СПАС ЗА ТАТКОВИНАТА!

М

акедонската Алијанса го охрабрува Претседателот Ѓорѓе Иванов да опстои на јавно дадениот збор дека по ниту една цена нема да ја потпише ратификацијата на кукавичкиот Договор Заев – Ципрас! Нам ни е јасно дека за Заев, Димитров, Шекеринска и Џафери, не постојат ниту Устав, ниту Закон. Кога нивните пратеници по втор пат се решија да ја продадат Татковината и Македонскиот народ, очекувано е дека и Директорот на Службен весник ќе го прекрши Законот. Сепак, што и да прават, Договорот Заев – Ципрас нема никаква правна важност, освен да биде доказ за кривичната одговорност за главните протагонисти и чинители на велепредавството. Нека бидат сигурни дека многу брзо со нив ќе се занимава Специјално Обвинителство. Колку е кукавички и предавнички Договорот Заев – Ципрас ни покажа Грчкото МНР кое со соопштение ги потсети Заев и Шекеринска дека нема веќе

Македонска армија, туку само Армија на Северна Македонија. Ниту на свеченост за нови професионални војници, во сопствената Држава не смееме да си ја нарекуваме сопствената армија Македонска! Срамно и понижувачки! 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

Бадијала СДСМ и ВМРО ДПМНЕ си го трошат времето за дефинирање на правилата за референдум. Нема потреба од трик – референдум со кој некој ќе се обиде да ја фалсификува вољата на Македонскиот народ. Сега е време за предвремени парламентарни избори на кои Македонскиот народ ќе се ослободи и политички ќе ги казни предавниците. Условите за фер и демократски избори се една изборна единица со отворени листи, техничка Влада за спроведување на изборите која ќе ја води искрен патриот и Македонец од Дијаспората кој никогаш не бил дел од срамните политички пазари на штета на Татковината, па Заев, Димитров и Шекеринска ќе видат што мисли Македонскиот народ за нивното велепредавство! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Коалициониот партнер на Грчкиот Премиер, Панос Каменос продолжува да ја ниша Владата на Алексис Ципрас

Т

ој во последното интервју за Грчката ТВ Антена повтори дека нема да дозволи Договорот Заев-Ципрас да помине со обично мнозинство, туку ќе мора да биде одобрен од 180 Грчки пратеници. Каменос, како актуелен Министер за одбрана на Грчката Влада оцени дека поканата за НАТО за Македонија нема да има никаква тежина и нема ништо да промени во однос на она што се случи на Самитот на НАТО во Букурешт пред 10 години. Не само што не го прифаќа терминот Македонија во решението на спорот, туку прогнозира дека од Договорот Заев – Ципрас на крајот нема да има ништо!

ДОСТА ГО ЛАЖЕТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! На сите во Татковината им стана јасно дека Заев, Димитров и Шекеринска немаат обезбедено никакви гаранции дека Македонија заради нивниот кукавичлак ќе добие експресно членство во ЕУ и НАТО Алијансата.

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА П.КАМЕНОС Одложувањето за јуни 2019, кога нов состав на Европскиот Парламент и нови Еврокомесари повторно ќе оценуваат дали Македонија ги исполнила условите за почеток на преговорите е дипломатска шлаканица за нивните шарени лаги! Во Грција тогаш нов Премиер ќе биде Кирјакос Мицотакис кој уште од сега јавно се обврза дека ќе го ревидира Договорот Заев – Ципрас. Нема никаква дилема дека виси и ратификацијата во Грчкиот Парламент и покрај смирувачките тонови на Коsијас.

НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ! ДА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ! Македонскиот народ не сака фалсификат референдум за неважечкиот Договор Заев – Ципрас! Македонскито народ бара предвремени парламентарни избори на кои сака политички да ги казни предавниците! Македонската Алијанса ги пови19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

кува СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да не губат време на договарање референдум. Бараме итни измени на Изборниот закон, воведување на една изборна единица со отворени листи. Како гаранција дека изборите ќе бидат фер и демократски инсистираме да се формира техничка Влада со исклучива надлежност за спроведување на изборите. Премиер на таа Влада да биде Македонец од Дијаспората кој не бил претходно дел од штетните политички пазари за Татковината! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ - ЦИПРАС Талат Џафери кој противуставно и антиделовнички ја има узурпирано спикерската фотеља во Македонското Собрание, нема никакво право да ги оценува одлуките на Претседателот Ѓорѓе Иванов. Господинот Иванов е избран на непосредни избори со повеќе од половина милион гласови и со положена заклетва дека ќе го штити Уставот и законите на Република Македонија. Непотпишувањето на Законот за двојазичност и ратификацијата на Договорот Заев –Ципрас е негова обврска и должност. Така мора да постапува секој кој ја обавува функцијата Претседател на Републиката

Д

иректорот на Службен весник нека не го фаќа еуфорија дека кадрите на СДСМ се недопирливи. Доколку отиде по паметот на неговите шефови и ги објави Законот за двојазичност и ратификацијата на велепредавството на Заев, Димитров и Шекеринска во Службен весник без потписот на Иванов, нека биде сигурен дека кога тогаш ќе се соочи со сопствената кривична одговорност. Нека не го лажат, и ние сите сме за ЕУ и НАТО интеграција на Татковината, ама не по цената која оваа немакедонска Влада е спремна да ја плати. Клучната дилема е како Заев, Димитров и Шекеринска мислат да го протуркаат своето предавство на Татковината и Македонскиот народ? На ѓон, со мускули? Не, Не, во заблуда се! Нас ни е јасно дека им е срам и страв да се појават на 70-годишнината од Егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, бидејќи се откажаа од нашите браќа и

сестри во регионот, но дали ги слушаат пораките од Грција? Каменос вчера уште еднаш повтори дека ќе ја турне Владата на Ципрас и дека нема да ја подржи ратификацијата на Договорот. Како после се’ што се случува ќе го убедат Македонскиот народ дека со нивниот кукавички чин Татковината експресно ќе влезе во ЕУ и НАТО?

НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Македонскиот народ го одби договорот! Сите оние кои се надеваат и си прават планови дека со трикови и политички пазарења ќе ја фалсификуваат вољата на Македонскиот народ, многу се лажат! Помина времето за референдум, сега е време за избори одговорност за изродите на Македонскиот народ! Македонската Алијан20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

са бара реформи во Изборниот законодавство со воведување на една изборна единица со отворени листи и создавање на сите предуслови за фер и демократски предвремени парламентарни избори. Народот ќе си дојде по своето! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСА АЛИЈАНСА


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

LARISA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

TATKO UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава е зголемен за 7,3 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите шест месеци од 2018 година пораснал за 7,5 отсто во однос на истиот период лани

С П О Р Е Д П ОД АТО Ц И Т Е Н А Д Р Ж А В Н И О Т З А В О Д З А С ТАТ И С Т И К А

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА

С

поред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст од 2,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2 отсто. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата има пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7 отсто, Капитални производи за 22,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, а опаѓање има кај Енергија за 0,7 проценти и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1,3 проценти. 28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 Јули 2018


КОСОВО

Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Кресник Бектеши

ЦЕЛОСНО ЈА ПОВЛЕЧЕ ОДЛУКАТА ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ЦАРИНИ

К

ако што информира Бектеши на пресконференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји. - Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина, истакна Бектеши. Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто.

29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 Јули 2018


55 ГОДИНИ ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС Со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје, ќе почне одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година

П

од мотото „Зборува Скопје“,во четирите дена се одржаа повеќе ликовни, театарски, филмски и мултимедијални проекции во Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, Културно информативниот центар, Музејот на современата уметност и платото пред Младинскиот културен центар. „Пораката која долго беше сведок на историската солидарност што Скопје ја доби од светот по разорниот земјотрес, и беше препознатлив нераскинлив дел од Музејот и градското јадро, повторно се врати на своето место. Овој

„ЗБОРУВА СКОПЈЕ“

настан симболично наречен ‘Солидарноста се враќа дома’ беше проследен со активности во Музејот на град Скопје“, велат од Град Скопје. На централниот настан на 25 јули во Галеријата на графити во ГТЦ се одржа перформанс на Билјана Радиноска „Тивка реконструкција на земјотресот“ и беше прикажан краткометражен филмски колаж „Сонува Скопје“ на Дина Дума. На 26 јули точно во 5.17 часот, времето кога се случил земјотресот, на 5 различни локации низ градот се пуштија сирени. Звукот на сирените кој се слушал и утрото пред 55 30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

години, се пушташе од звучници, не од системот за заштита и спасување за да не биде многу гласно, туку симболично да се потсетат граѓаните на тој ден. Овој настан е во организација на Група урбани уметнички акции и Центар за современи уметности. За одбележувањето на 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес ЈСП „Турс“ од вторник до четврток организираше тури со туристичкиот двокатен автобус низ локациите кои најмногу биле погодени од земјотресот и населбите и објектите изградени потоа.


„КАМЕНОТ ОД РОБИ“ Оваа монодрама која премиерно беше прикажана во Сиднеј во февруари 2018 година во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски

П

ПОТСЕТНИК НА МАКЕДОНСКАТА ТРАГЕДИЈА

о повод 70 годишнината на егзодусот на Македонците и во пресрет на петтата средба на децата бегалци (избркани) од поробениот дел на Македонија, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во соработка со Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, деновиве од печат излезе монодрамата „Каменот од Роби“ од Душан Ристевски. Оваа монодрама која премиерно беше прикажана во Сиднеј во февруари 2018 година во изведба на Валентина Апостоловска и Антонио Нешковски. Во книгата „Каменот од Роби“ се поместени три верзии на монодрамата, на македонски литературен јазик, на лерински дијалект и на англиски јазик. Предговорот (историскиот преглед) е на Ристо Стефов, а рецензијата на Трајче Кацаров. „Каменот од Роби“ е посветена на децата избркани од поробениот Егејски дел на Македонија но за да биде и како потсетник на трагедијата на Македонија која со таканаречениот Преспански договор, се сака да се избрише од македонската историја и да се „заборават“ Македонците во поробениот дел на Македонија. Се планира книгата да се промовира во септември во Македонија и октомври во Австралија. 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018


Целокупната програма се одвиваше во кругот на реновираната црква „Свети Ѓорѓија“, каде за вакви прилики е изграден и специјален амфитеатар

В

о селото Белица-Кичевско, по осми пат се одржаа традиционалните „Белички средби“. Годинешните средби беа збогатени со учество на пејачи, фолклорен ансамбл, поетско читање а за вистинските гурмани беа подготвени и вкусни оброци. Целокупната програма се одвиваше во кругот на реновираната црква „Свети Ѓорѓија“, каде за вакви прилики е изграден и специјален амфитеатар. Покрај постојаните жители и граѓаните кои водат потекло од овој крај од

ВО СЕЛОТО БЕЛИЦА-КИЧЕВСКО, П О О С М И П АТ С Е ОД Р Ж А А Т РА Д И Ц И О Н А Л Н И Т Е

„БЕЛИЧКИ СРЕДБИ“

градовите низ Македонија, имаше и голем број на гости од дијаспората, бидејќи овој крај е надалеку познат по своите печалбари низ Европа, САД и Австралија. – По осми пат во нашето село се одржаа традиционалните „Белички средби-2018“. Средбите по традиција изобилуваа со богата културно-уметничка програма. Во поетското читање зедоа учество познатите поети и поетеси, Виолета Секоска, Милици Паулус, Наташа Наумоска, Оливера Ширгоска, Алексо Тришоски и други. 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

Средбите беа можност нашите луѓе од дијаспората кои низ светот ги има во огромен број, да се сретнат и запознаат со младите кои постојано живеат и работат тука, да слушнат за проблемите и за прогресот на Белица, и во иднина да инвестираат во родното село, што ќе овозможи негово заживување – истакна Раде Момироски, координатор на овие средби. Расположените беличани крајот на средбите го збогатија со општонародна веселба на сите присутни на овој настан.


„СКОПСКО ЛЕТО“ Десет композиции, осум песни и две ора, се забележани на заедничкиот албум „Кон Исток - Од македонското поднебје“од познатата инструметалистка Бајса Арифовска и пејачот Душко Георгиевски

О

ва остварување, патем промовирано на актуелното „Скопско лето“, на инспиративен начин се бави со спецификите на источномакедонскиот музички дијалект. Внимателно одбраните песни и инструментални ора од Малешевијата, Осоговијата, Пијанец и Овче Поле создаваат една целина во која се чувствуваат спецификите на македонската

„КОН ИСТОК - ОД МАКЕДОНСКОТО ПОДНЕБЈЕ“

музичка традиција од овој регион кои се издвојуваат по своите ритмични, мелодични и карактерни елементи. Самиот избор на материјалот кој е претежно во специфични нерамноделни ритмови, во темпераментно и разиграно темпо, со едноставна, но сепак развиена мелодија во која се нагласени спецификите на источномакедонскиот говорен дијалект со својата 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018

музикалност, како и разноликоста на лирските теми опеани во песните, му го пренесуваат на слушателот ехото на планиските предели во источна Македонија со сета своја длабочина и мекост која авторот на овој проект во целост ја доловил. Ова го потенцираше етномузикологот Велика Стојкова Серафимовска која беше промотор на ,,Кон Исток,,


М А К Е Д О Н С К И О Т И Г РА Н Ф И Л М На 60. издание на фестивалот филмот во прекрасната Пулска Арена беше прикажан во секцијата ЏГАН како единствен селектиран филм од целиот регион, информираат продуцентите на филмот

М

„ЏГАН“ ВО ПУЛА, ХРВАТСКА

акедонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, а продуциран од Огнен Антов, беше прикажан на еден од најголемите и најпрестижните фестивали во регионот, филмскиот фестивал во Пула, Хрватска. На 60. издание на фестивалот филмот во прекрасната Пулска Арена беше прикажан во секцијата ЏГАН како единствен селектиран филм од целиот регион, информираат продуцентите на филмот. Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија. Ова е нов успех за филмот „Џган“, кој досега беше прикажан на повеќе од 25 филмски фестивали ширум светот. 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 826 / Јули 2018


826  

Makedonsko sonce

826  

Makedonsko sonce

Advertisement