Page 1

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MAKEDONSKO

S NCE

Година XX, Број 825, Јуни 2018

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

THE MACEDONIAN PEOPLE DEMAND THE RESIGNATION OF THIS TRECHEROUS GOVERNMENT!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Д И П Л О М АТ С К А О Ф А Н З И В А Н А Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н С О С К И ВО САД ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ

СРЕДБА НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ СО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕСМЕН РОН ДЕ-САНТИС

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonian Sun

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ

Претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во Орландо, Флорида присуствуваше на телевизиска дебата на Фокс Њуз меѓу двајцата кандидати од републиканската партија за гувернер на Флорида, конгресменот Рон Де Сантес и Комесарот за земјоделие на Флорида Адам Патнам


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

14 јуни 2018 До Медиумите ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ Почитувани, После објавата на текстот на договорот се е јасно! Предавничката Влада на Заев, Димитров и Шекеринска продала се’ што е свето за Македонскиот народ! Договор кој предвидува продажба на вековното име Македонија, промена на преамбулата, откажување од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Гора и Голо Брдо, не е само предавство туку изживување врз сопствениот народ! Само изроди на Македонскиот народ можат да стават свој потпис на вакво нешто! Тие се подготвени на се’! Ја фалсификуваат историјата, ќе се обидат да ја фалсификуваат и вољата на Македонскиот народ! За ваков предавнички и кукавички договор нема потреба од референдум! Уште од сега е одбиен од Македонскиот народ! Од предавниците нема да се ослободиме со референдум! За нив има само едно решение! Мора кривично да одговараат за своите постапки! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Драги браќа и сестри Македонци,

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

Заев, Димитров и Шекеринска мразат и презираат што се Македонци од Македонија. Тие повеќе би сакале да се Грци или Бугари. Нив им смета се’ што е свето Македонско! Во нивните глави и души не постои чувство за патриотизам. Постои само алчност за власт и функции. Бегаат од Македонската историја. Сакаат да ги избришат историските спомени за Македонските синови и ќерќи кои ги положија животите за Татковината. Нивната храброст и херојства ги потсеќаат на нивниот кукавичлак и предавство. Од името на Македонската Алијанса и целата Македонска Дијаспора повикувам на општа мобилизација на Македонците од целиот свет. Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја и секогаш опстанал. Наша обврска е сега да се справиме со овој предизвик. Ќе се избориме заради Македонците кои доаѓаат! Македонија била, е и ќе остане Македонија! ИСЧИСТЕТЕ ГО МОЧУРИШТЕТО! CLEAN THE SWAMP!

Makedonija Претседател,

e edna!!!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

\or|ija - Xorx Atanasoski


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

14 June 2018 To the Media OPEN LETTER TO THE MACEDONIAN PUBLIC Respected, After the announcement of the text for the agreement everything is clear! The treacherous Government of Zaev, Dimitrov and Shekerinska has sold everything that was sacred to the Macedonian people! An Agreement which for sees the selling of the ancestral name Macedonia, a change to the Preamble, giving up on our brother and sister Macedonians in Aegean Macedonia, Pirin Macedonia, Mala Prespa, Pustec, Gora and Golo Brdo, It is not just a betrayal but molestation of our own people! Only freaks of the Macedonian people can place their signature on something like this! They are prepared to do everything! They are falsifying history, they will also try to falsify the will of the Macedonian people! For this kind of treacherous and cowardly agreement there is no need for a referendum! It is already rejected by the Macedonian people! We will not get rid of the betrayers with a referendum! For them there is only one solution! They must answer for their actions with criminal charges! THE MACEDONIAN PEOPLE DEMAND THE RESIGNATION OF THIS TRECHEROUS GOVERNMENT!

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

Dear brothers and sisters Macedonians, Zaev, Dimitrov and Shekerinska hate and despise the fact that they are Macedonians from Macedonia. They would much rather prefer to be Greed or Bulgarian. Everything that is Macedonian and holly to Macedonians bothers them! In their heads and souls there doesn’t exist any patriotic feelings. There is only a greed for power and office. They are running from the Macedonian history. They want to erase the historic memories of the Macedonian suns and daughters who laid down their lives for their country. Their courage and heroism remind them of their cowardice and treason. In the name of the Macedonian Alliance and the whole of the Macedonian Diaspora I call for a general mobilization of the Macedonians of the world. The Macedonian people has been through many trying times in it’s history and has always survived. Our obligation now is to deal with this challenge. We will fight for the Macedonians that are yet to come! Macedonia has always been, and always will be Macedonia! CLEAN THE SWAMP!

Makedonija President,

e edna!!!

MACEDONIAN ALLIANCE

\or|ija - Xorx Atanasoski


АТА Н А С О С К И П О Б А РА Претседателот на Македонска Алијанса во телефонски разговор за телевизија Сонце, компентирајќи го потпишувањето на договорот, истакна дека Владата на Република Македонија мора под итно да си поднесе оставка. Ѓорѓија Џорџ Атанаоски, го повика македонскиот народ на граѓанска непослушност и бојкот на сите државни и јавни институции

ЧАС ПОСКОРО ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА ПРЕД ДА СЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ

С

поред Атанасоски, поптишувањето на утрешниот договор и ратификувањето на истиот ќе значи бришење на целокупната македонска историја и потврда дека Македонците го украле идентитетот од јужниот сосед, кој после ова добива целосно право на светската култура оставена од Александар Македонски и придобивките на Македонецот, пред Балканските Војни и поделбата на територијата. Претседателот на Алијансата, напоменува дека со оставка на Владата час поскоро, пред потпишувањето на штетниот договор ќе се спаси Македонија, а референдумот нема да биде потребен. Воедно, Атанасоски порача да се бојкотира претстојниот референдум, бидејќи само со недоволна излезност ќе се спречи разнебитувањето и уништување на Македонскиот национален идентитет, историја, култура, традиција и бришење на уставното, вековно име оставено од дамнина, Македонија. Тој ги овика сите Македонци да се обединат во зачувувањето на македонското вековно име, а на пратениците им порача дека во иднина некое ново специјално обвинителство ќе покрене обвинение за предавството на националните интереси, доколку тие го поддржат штетниот договор. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, во Орландо, Флорида присуствуваше на телевизиска дебата на Фокс Њуз меѓу двајцата кандидати од републиканската партија за гувернер на Флорида, конгресменот Рон Де Сантес и Комесарот за земјоделие на Флорида Адам Патнам

ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНСОСКИ ВО САД ВО КОРИСТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ

И

наку Ѓорѓија Џорџ Атанасоски познат бизнисмен во Мајами, кој долги години живее во САД, голем Македонец патриот влубеник во неговата Македонија оствари повеќе средби со врвни личности од американската политичка сцена и бизнис заедница. Од републиканците побара и поддршка и нивно лобирање кај претседателот на САД, Доналд Трамп за што е можно побрзо Македонија да стане членка во Нато –Алијансата под уставното име Република Македонија. На средбите со бизнисмените господинот Атанасоски ја искористи можноста да ги запознае со неговите политички амбиции во неговата родна Македонија во која има голем удел кога станува збор за инвестирање на економски план. Истовремено побара поддршка или соработка за нови инвестиции во Република Македонија, објаснувајќи дека во неговата земја има големи можности да се инвестира. 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседателот на македонската алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски продолжува да оставрува средби со американски конгресмени за поддршка на Република Македониа за евроаталнска интеграција

СРЕДБА НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ СО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕСМЕН РОН ДЕ-САНТИС

А

танасоски минатиот викенд оствари средба со конгресменот од Флорида Ron DeSantis кој е кандидат за инден гувернер на Флорида. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој живее и работи во Мајами, по средбата со DeSantis оствари средби и со индните конгресмени, Scott Sturgill и Michael Walts. Целта на средбите како што истакна е конгресмените одблиску да се запознаат со актуелните случувања во Република Македонија. „Мојата мисија е да придонесам за развој на Република Македонија. Затоа се трудам секојдневно да оставарам се повеќе средби со американски конгресмени. Тие ги запознаваа со случувањата во татковината. Исто така барам од нив да лобират кај претседателот Доналд Трамп да помогне за што поскоро членство на Република Македонија во НАТО-Алијансата“, изјави претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Претседателот на Македонска Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски оствари неформална средба со Мајкл Вулц, кандидат за конгресмен од Републиканската партија во САД

СРЕДБА НА ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ СО МАЈКЛ ВУЛЦ, КАНДИДАТОТ ЗА КОНГРЕСМЕН ОД РЕПУБЛИКАНСКАТА ПАРТИЈА

Ѓ

орѓија Џорџ Атанасоски очекува Мајкл Вулц да стане конгресмен и да добие уште поголема поддршка во Конгресот на САД, каде веќе има неколку лични пријатели. Двајцата на средбата во Флорида разменија книги, но и поддршка еден за друг. Вулц да стане конгресмен на САД, а Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, претседател на Република Македонија. Мајкл Вулц е бизнисмен од Флорида кој има учествувано во војната во Авганистан. По завршување на работната средба двајцата бизнисмени, но и големи патриоти разменија по една книга. Атанасоски на подарок ја доби книгата од Вулц, додека Атанасоски со посебна чест му го подари неговото дело „Македонска Империја“. Атанасоски на средбата му искажал целосна поддршка за неговата кандидатура, а Вулц се заложил за поддршка на Македонија кога тој ќе стане дел од Конгресот на САД. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


ДОГОВОРОТ ЗА ИМЕТО „На 5 или на 6 јули ќе биде закажана собраниската седница на која треба повторно да се гласа за Договорот со Грција за името“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери

ПОВТОРНО ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ НА 5 ИЛИ НА 6 ЈУЛИ

Д

околку по втор пат претседателот на државата не го потпише указот и, како што кажа, тоа помине во пракса, ќе се употреби исто решение и за Договорот, но и за Законот за употреба на јазиците. Едно од решенијата е тие да бидат испратени во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов. „Собранието ќе спроведе своја одлука во контекст на надлежностите што ги има како Собрание, и Собранието не може да ја попречи ниту една друга институција во контекст на одлуките што ги има донесено“, рече Џафери. Но, претседателот на Собранието остава простор Иванов да се премисли и да го потпише Договорот, во овој, како што наведе, историски момент за државата. „Во секој случај Собранието ќе ја заврши својата обврска поради фактот што првично претседателот искористи суспензивно вето на Законот за ратификација на Договорот со Грција и ние во текот на следната недела ќе го вратиме на гласање и во контекст на одредбите на Уставот ќе се постапи согласно резултатот од прегласувањето. Уште еднаш го повторувам повикот, Иванов да размисли и да рефлектира во контекстот на овој историски момент“, рече Џафери. Претседателот на Собранието додаде дека сите кои имаат дилеми за законите можат да достават иницијативи до Уставниот суд. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Заев, Димитров и Шекеринска мака мачат да ја продадат приказната во Македонската јавност дека благодарение на нивното велепредавство експресно ќе влеземе во ЕУ и НАТО Алијансата

П

рават вештачка еуфорија, лажно ја претставуваат реалноста, со надеж дека ќе успеат да го оправдаат нивниот кукавичлак дома. Советот на министри на ЕУ ни испорача шокантна условена препорака за преговори која ќе биде разгледана во јуни 2019, доколку се исполни договорот за името, се спроведат реформи во јавната адмнистрација, правосудството, разузнавачките служби и ако има вистинска борба против корупцијата. Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јасно вели дека членството во Алијансата е врзано со промена на Македонскиот Устав. Немакедонската Влада не го добива тоа што го очекуваше. Нема одговор на реалниот развој на настаните во Грција. Никос Коsијас го отфрли условот на Панос Каменос договорот да се ратификува во Грчкиот Парламент со 180 пратеници, што го доведува во прашање опстанокот на Владата на

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА Алексис Ципрас. Во јуни 2019 година, ќе има нов состав на Европскиот Парламент и веројатно нови Еврокомесари, а во Грција власт ќе биде Нова Демократија и Кирјакос Мицотакис, кој јавно се обврза да го ревидира Договорот Заев – Ципрас. Народски кажано, домашниот есап не излегува на пазар!

ното изјаснување имаше логика ако уште пред велепредавството се распишеше референдум со прашање „дали сте за продолжување на преговорите со Грција?“. Референдумот ќе беше успешен, а Македонскиот народ ќе ставеше крај на преговорите! Сега нема да дозволиме со трикови и политички пазарења да се направи обид за фалсификување на вољата на Македонскиот НЕ ЗА народ. Бараме реформи во РЕФЕРЕНДУМ ! Изборниот закон, воведувана една изборна единица МАКЕДОНСКИОТ ње со отворени листи и органиНАРОД БАРА зирање на фер и демократски предвремени парламентарОСТАВКА ОД ни избори. Само така нароПРЕДАВНИЧКАТА дот ќе ги казни сторителите на велепредавството кои ќе ВЛАДА! мора да се соочат со сопствената кривична одговорМакедонскиот народ го ност. одби договорот! Сакаме во ЕУ и НАТО но не по цена на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски сопствено обезличување и откажување на се што е свето Претседател, за нас и за што животот го положија генерации МакеМАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА донци пред нас. Непосред09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т И В А Н О В Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните

НЕ ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

П

ретседателот Иванов, образложувајќи ја одлуката вели дека немал мандат да го потпише Указот за прогласување на законот за ратификација на оваа спогодба, бидејќи еден од столбовите на неговата политика во изборната програма од 2014 година е дека; „не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Не прифаќам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот“. „Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации, затоа што во нив се зборува за „разлика околу името на државата„, а не за „разлики“ како што зборува оваа спогодба. Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот. Според член 118 од Уставот на Република Македонија меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок. Законот за ратификација на спогодбата

не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија. Спогодбата ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, „Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

Озаконувањето на оваа спогодба создава правни последици што се основа за кривично дело“, наведува претседателот Иванов во писмото до Собранието на Република Македонија. Пратениците на 20 јуни со 69 гласови „за“, без против и воздржани го ратификува договорот со Грција што на 17 овој месец во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Паднаа во вода најсилните адути со кои Заев, Димитров и Шекеринска се обидуваа да го одбранат своето велепредавство на Татковината

Н

ивните ветувања дека заради нивниот кукавички чин Европската Унија ќе не чести брз и кристално чист датум за отпочнување на преговори биле лажни. Немакедонската Влада со договорите со Бугарија и Грција буквално предаде се’ што претставува историска придобивка за Македонија и Македонскиот народ, а Советот на министри на Европската Унија ни испорача дипломатски шок! Одлуката за старт на преговорите се одложува за јуни 2019, и тоа услов не е само исполнување на кукавичкиот договор за името, туку и реформите во јавната администрација, судските реформи, борба против корупција и реформа на разузнавачките служби. Уште повеќе, во јуни 2019 година, извесно е дека во Грција на власт ќе биде Нова Демократија, чиј лидер Кирјакос Мицотакис јавно ветува дека кога ќе стане Грчки Премиер ќе го ревидира договорот за името. Јасно е како бел ден дека Заев, Димитров и Шекеринска немаат никакви гаранции дека и по некое чудо да го спроведат своето велепредавство, Грција нема

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ НА ЕУ никаква намера тоа да го есапи. За жал, не се учат лекциите од минатото. Така беше и со Времената Спогодба од 1995 година, заради чие непочитување со против правното вето на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога Костас Караманлис и Дора Бакојани се спротиставија на интересите на САД, Грција е осудена земја од Меѓународниот Суд на правдата во Хаг. За жал, оваа предавничка Влада се откажува од најсилните аргументи со кои битката за Уставното име можеше да ја води во ООН, наместо да прави велепредавство.

БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Наместо да се обидува да ја фалсификува вољата на Македонскиот народ на некаков квази референдум, немакедонската Влада треба веднаш да си даде оставка. Да не се лаже дека условениот датум 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

после една година за отпочнување на преговори со ЕУ ќе го претставува како успех. Ние немаме намера да се ситиме на неуспесите на Татковината, туку единствено ја лоцираме одговорноста за тоа што Македонија е клекната на колена. Сега е време да се создадат сите неопходни услови за фер и демократски предвремени парламентарни избори, на кои Македонскиот народ ќе се ослободи од изродите кои за своето предавство ќе мора да се соочат со сопствената одговорност. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Не постои поголемо политичко лицемерие од тоа Заев, Димитров и Шекеринска да се колнат во народот, а притоа да прават се’ да ја фалсификуваат неговата воља

С

рамно, дрско и кукавички! Цела недела владините апологети мака мачат да бранат во јавноста тези кои се противуставни и незаконски. Еднаш референдумот да бил консултативен, друг пат цензусот да се намалел, трет пат прашањето да биде трик.

НЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ донскиот народ ќе ставеше дека Македонскиот народ крај на преговорите! никогаш нема да го одобри нивниот кукавичлак. Затоа, ВТОРО, немакедонската не почитуваат ниту Устав, Влада не смее сега да плаче ниту Закон, ниту Деловник, за цензусот. Македонската тераат на сила и се Алијанса повеќе од една обидуваат вештачки да година повикува да се создадат атмосфера дека спроведе регуларен попис референдумот ќе помине со Комисија која ќе ја со високо мнозинство. предводи лице од Македонскиот народ веќе Македонската Дијаспора го одби договорот! Сега кое претходно не било дел треба да се исполнат сите од политичките пазари. предуслови за фер и Така ќе се добиеше реален демократски предвремени избирачки список. избори, на кои гласачите ќе се ослободат од изродите ТРЕТО, Македонскиот на- на Македонскиот народ. род не е сенилен, памети Тие ќе мора да соочат со како претходната Влада на кривична одговорност за СДСМ за Законот за те- своите постапки. риторијална организација тераше кампања за бојкот со “некои прашања не Ѓорѓија Џорџ Атанасоски заслужуваат одговор“. Зарем, територијалната орПретседател, ганизација не беше важно прашање за иднината на МАКЕДОНСААЛИЈАНСА Татковината?

ПРВО, сега нема никаква потреба од референдум. Непосредното изјаснување имаше логика ако уште пред велепредавството се распишеше референдум со прашање „дали сте за продолжување на преговорите со Грција?“. Референдумот КОНЕЧНО, Заев, Димитќе беше успешен, а Маке- ров и Шекеринска знаат 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Македонската Алијанса ја поздравува одлуката на Федералната Унија на Европски националности – ФУЕН, која на 63-от Конгрес кој се одржа во Леуварден, Холандија, уште еднаш усвои Резолуција за правата на Македонците во Албанија, која ја предложи Македонското Друштво „Илинден“ од Тирана, кое е рамноправен член на оваа Унија од 2015 година

Ф

актот што на Конгресот за Резолуцијата гласале сите 260 делегати, претставници на 50 асоцијации на повеќе од 30 малцинства од исто толку земји во Европа, се дава уште поголема тежина и значење на одлуката на ФУЕН која демонстрира упорност во остварувањето на барањата на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија. Сите пет точки од резолуцијата, кои се барања до Албанските Државни институции, преиспитување на административната поделба од 2015 и формирање на Општина Голо Брдо и Општина Гора, Македонците да имаат загарантирано еден пратеник во Албанскиот Парламент, Европскиот

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ПО ПОВОД РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ИЛИНДЕН - ТИРАНА КОЈА ЈА ИЗГЛАСА ФУЕН Парламент да се повлече од одлуката со која Македонците од Преспа, Голо Брдо и Гора беа прогласени за Бугари, осуда за напорите на Бугарија да докаже дека Македонците се Бугари, се демократски барања, начела и принципи за чие остварување заедно се бориме во континуитет.

ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ СЕ ПРЕДУСЛОВ ЗА СИЛНА ТАТКОВИНА!

Македонија и Албанија е најсилен доказ дека Македонците се жилав народ кој и покрај сите тешкотии, напади, обиди за обезличување, никогаш не се предава и секогаш победува! Татковината била, е, и ќе остане Република Македонија. Македонците никогаш нема да бидат северномакедонци. Сме се справиле со поголеми предизвици, ќе се ослободиме и од овие изроди на Македонскиот народ! БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!

Од името на Македонска Алијанса на Претседателот на Македонското Друштво Ѓорѓија Џорџ Атанасоски „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, како и на Претседател, сите наши браќа и сестри од Албанија им упатуваме МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА искрени честитки. Ова е шлаканица за Заев, Димитров и Шекеринска кои со својот кукавичлак ги предадоа Македонците од регионот. Нашата децениска борба за правата на нашите браќа и сестри Македонци во Егејска, Пиринска 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Македонската Алијанса бара од немакедонската Влада, која го слави својот предавнички чин, да и го соопшти својот став на пошироката јавност за овие три факти:

П

РВО, потписникот на договорот од Грчка страна, Никос Коsијас, во првата прилика не нарече „северномакедонци“. Нели според Заев, Димитров и Шекеринска, “историскиот договор“ го зајакнуваше Македонскиот идентитет? ВТОРО, Панос Каменос јавно се закани дека ако Грчкиот Премиер не му го прифати барањето, договорот во нивниот Парламент да се ратификува со 180 пратеници, ќе излезе од коалиција и ќе ја турне нивната Влада. Ова неминовно упатува на фактот дека Заев, Димитров и Шекеринска немаат ниту гаранции дека и по некое чудо да го спроведат своето велепредавство, Грција тоа нема намера да го есапи. ТРЕТО, Јоргос Кумуцакос од Нова Демократија која е извесен победник на следните избори во Грција, вети дека нивната Влада или ќе го ревидира и смени договорот. Еј ајде сега Заев, Димитров и Шекеринска нека му објаснат на Македонскиот народ дека со нивниот кукавички чин ЕУ и НАТО членството се сигурни.

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА КОSИЈАС, КАМЕНОС И КУМУЦАКОС МАКЕДОНСКИОТ НАРОД што се уценети и алчни за БАРА ОСТАВКА ОД гола власт. Македонскиот ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! народ веќе го одби Заев, Димитров и Шекеринска се нафатија да го продадат Уставното име, да ја сменат историјата учебниците и преамбулата, да им ги сменат имињата на сите Државни институции, да се откажат од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Голо Брдо, Гора, да го продадат и древниот Македонски симбол – сонцето од Кутлеш, да признаат дека Грците се ексклузивни наследници на античката цивилизација, а Грците си играат мајтап и продолжуваат со својот средновековен иредентизам. Поразително и срамно! Изродите на Македонскиот народ мора побрзо да станат свесни дека сега веќе нема референдум. Имаа шанса да го прашаат народот дали е за прекин на преговорите пред да ја предадат Татковината, но ја пропуштија заради тоа 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

договорот. Договорот на Заев и Ципрас нема никаква правна важност за Македонскиот народ, освен да биде доказ за нивната кривична одговорност. Македонија била, е и ќе остане Македонија! Македонскиот народ ќе ги казни штетните и немакедонски политики на предавниците на Татковината!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКААЛИЈАНСА


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Немакедонската Влада продолжува да живее во својот свет на предавството. Од една страна Заев, Димитров и Шекеринска тврдат дека конечниот суд ќе го даде Македонскиот народ, а од друга страна сите кукавички чекори кои ги преземаат покажуваат дека ако тие се прашуваат веќе се’ е завршено, а останатото е нивна глума

Н

е почитуваат ниту Устав, ниту Закон, ниту Деловник, тераат на сила и продаваат некакви лажни емоции дека им било тешко што го продале името и ги болело кога ги викале предавници бидејќи се жртвувале за подобро утре. Уште пострашно се вештачки да создадат атмосфера дека референдумот ќе помине со високо мнозинство.

НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ СЕ ЗАНЕСУВАЈТЕ ДЕКА СТЕ ВИЗИОНЕРИ! ВИЕ СТЕ УЦЕНЕТИ ПРЕДАВНИЦИ! Заев, Димитров и Шекеринска се нафатија да го тераат ова велепредавство по секоја цена. За нив нема друг избор освен до крај да се обидат да го жртвуваат најсветото за Татковината. Меѓутоа, во нивното сценарио има една маана. Го потцениле сопствениот народ. Убедени се дека

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОВИТЕ НА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА можат да го прелажат и да ја фалсификуваат неговата воља. Македонскиот народ веќе го одби договорот. Тоа парче хартија ќе биде само доказ во правосудна постапка кога ќе се утврдува кривична одговорност за сите што ја предадоа Татковината. Договорот на Заев и Ципрас нема никаква правна важност за Македонскиот народ. Македонија била, е и ќе остане Македонија! Заев, Димитров и Шекеринска, можат да потпишат и да се согласат единствено промена на нивните лични и имињата на нивните деца.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА!

браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Голо Брдо, Гора, откажување од древниот Македонски симбол – сонцето од Кутлеш, признавање на Грците дека се ексклузивни наследници на античката цивилизација. Уште повеќе Македонскиот народ слуша дека Ципрас и после потпис на фамозниот Договор тврди дека Грција не прифаќа Македонска националност, туку само државјанство. Заев, Димитров и Шекеринска да бидат сигурни дека ако организираа референдум пред нивното предавство, огромно мнозинство од Македонскиот народ ќе се изјаснеше за прекин на преговорите. Македонскиот народ поминал низ многу историски премрежја, ќе ги издржи овие изроди и ќе излезе посилен од било кога!

Македонскиот народ сака во ЕУ и НАТО. Но, не по цена на продадено Уставно Ѓорѓија Џорџ Атанасоски име, сменета историја и Претседател, учебници, сменета преамбула, сменети МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Државни институции, откажување од нашите 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


18 ЈУНИ 2018 МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Македонската Алијанса најостро осудува секаков тип на насилство. Имаме целосно разбирање за гневот на Македонскиот народ од предавничкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска, но никогаш нема да се согласиме дека насилството е начин за одбрана на Татковината

М

акедонската Алијанса најостро осудува секаков тип на насилство. Имаме целосно разбирање за гневот на Македонскиот народ од предавничкиот чин на Заев, Димитров и Шекеринска, но никогаш нема да се согласиме дека насилството е начин за одбрана на Татковината.

НЕ ГО ТЕПАЈТЕ СОПСТВЕНИОТ НАРОД ЗОШТО СИ ГО БРАНИ ИМЕТО! Недозволиво и кукавички е полицијата по нарачка и со намера да сее страв и да создава психоза да ги тепа Македонците кои патриотски го бранат светото Македонско име и идентитет. Уште потрагично за Македонската демократија е кога насилно се приведуваат новинари кои ги следат протестите. Полицијата треба да ги брани институциите, но пред се’ има обврска да ги брани и штити демократските права на Македонскиот народ. Правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија.

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ВЧЕРАШНИТЕ ПРОТЕСТИ ПРЕД МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, Како ќе одминува времето актуелната Влада ќе станува се понервозна. Македонците кои го креваат својот глас против нивното велепредавство се потврда за нивната слабост и кукавичлук. Тој притисок не можат да го издржат бидејќи секој ден кога се гледаат во огледало знаат дека ќе бидат запишани на темната страна на историјата. Како изроди на сопствениот народ ќе бидат се повеќе осамени и ќе користат сила, злоупотребувајќи ја власта. Бидејќи се уценети и немаат друг избор ќе се обидуваат да ја фалсификуваат вољата на мнозинството Македонци. Затоа, ве повикувам да бидете внимателни. Да не дозволиме нечии туѓи надворешни агенди да му стават негативен печат на нашето делување за одбрана на Република Македонија. Да не дозволиме инфилтрација на странски слуги. Не постои поголема сила од автентичниот семакедонски отпор кој како пиреј виреел низ историја и ги победил сите премрежја и предизвици за Татковината. Ќе победиме и сега! Го знаеме патот и заедно ќе го изодиме! 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

Заев, Димитров и Шекеринска можат да потпишат единствено промена на нивните лични и имињата на нивните деца.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Македонија била, е и ќе остане Македонија. За ваков предавнички и кукавички договор нема потреба од референдум! Од предавниците нема да се ослободиме со референдум! За нив има само едно решение – да паднат од власт и да сносат кривична одговорност за своите немакедонски постапки! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Актуелната владејачка коалиција реди кукавички чекори и продолжува да го потценува Македонскиот народ. Ако е толку добар договорот на Заев, Димитров и Шекеринска зошто сакаат шверцерски да го протуркаат во Македонското Собрание?

П

ратениците на владејачкото мнозинство треба да бидат свесни дека преземаат многу тешко бреме. За воља на вистината после насмеаните селфи фотографии со Ципрас и Коsијас, не ни очекувавме дека ќе постапуваат поинаку! Ама, да бидат сигурни дека ќе дојде денот кога ќе стана свесни дека заради нивните постапки ќе ги пече совеста цел живот! Затоа што решија да го одработат и спроведат на дело она што им го зготвија изродите на Македонскиот народ! Денес добивме уште една потврда дека оваа предавничка власт е подготвена на се’. За нив не постои ниту Устав ниту закон, ниту деловник. Смеејќи и со сликање продадоа се што е свето Македонско. Бидејќи се уценети ќе се обидат до крај да го завршат вепредавството. Тргнаа така, на ист начин продолжуваат. Ќе се дрзнат

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПОСТАПКАТА ЗА РАТИФИКАЦИЈА ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ да ја фалсификуваат вољата ност за Македонскиот народ. на Македонскиот народ! Македонија била, е и ќе осЗатоа, нема потреба од ре- тане Македонија! ферендум! Непосредно изјаснување на Македонскиот народ имаше логика само Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ако се одлучуваше за судбината на преговорите пред Претседател, овој предавнички договор на Заев, Димитров и Шеке- МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ринска! Бидејќи си имаме работа со немакедонци, од нив не може да се ослободиме со референдум!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Заев, Димитров и Шекеринска, можат да потпишат и да се согласат единствено промена на нивните лични и имињата на нивните деца. Договорот на Заев и Ципрас нема никаква правна важ17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


17 јуни 2018 МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ,

Д

енешното потпишување на договорот не е ништо друго туку историско предавство од Заев, Димитров и Шекеринска на сопствениот народ. Нивната лична авантура нема никаква правна важност, ниту е обврзувачка за Македонскиот народ. Единствено, нивните постапки се дебела основа за кривична одговорност за велепредавство, за кое во блиска иднина ќе се занимава Специјално Обвинителство. Присуството и охрабрувањето од Могерини и Хан нека не ве збунува. Тие овој договор сакаат да го прокнижат во своите политички биографии како

ПИСМЕНА ИЗЈАВА ЗА ДЕНЕШНИОТ НАСТАН ВО ПРЕСПА нивен учинок во решавање на еден дводецениски спор. Ништо повеќе! Тие не можат да бидат емотивни по Македонското прашање како што сме ние. Впрочем, зошто тие би го бранеле Македонскиот народ, кога првенците на актуелната власт, кои треба со срце и душа да ја бранат Татковината, го пуштаат низ вода и го распродаваат најсветото за што Македонските херои низ историјата храбро ги положија животите! Само изроди на Македонскиот народ може со насмевки и среќни да ставаат потпис на хартија која предвидува продажба на вековното име Македонија, промена на преамбулата, откажување од нашите браќа и сестри Македонци од Егејска, Пиринска Македонија, Мала Преспа, Пустец, Гора и Голо Брдо. Само луѓе кои со ќеиф се изживуваат врз сопствениот народ може да веруваат дека е историска придобивка да се преименуваат сите Македонски институции, да се менува историјата и учебниците, да се откажат од сонцето од Кутлеш, да им се даде право на Грците дека се единствени и ексклузивни претставници на античката цивилизација. Не се ни свесни дека Грците ги пренесоа жедни преку вода. Слепи се дека 70 проценти од Грците се противат на договорот, од кои 49 проценти се гласачи на Сириза. Глуви се на пораката на Каменос кој јавно се обврза да ја спречи ратификацијата на договорот. Но, Заев, Димитров и Шекеринска се подготвени на се’! Уценети се’! За нив нема ништо свето! Ако ја фалсификуваат историјата, ќе се обидат да ја фалсификуваат и 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

вољата на Македонскиот народ! За ваков предавнички и кукавички договор нема потреба од референдум! Уште од сега е одбиен од Македонскиот народ! Од предавниците нема да се ослободиме со референдум!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Во овој период е клучно да не се потпаѓа на пропагандата на актуелната Влада дека тие што си го бранат Уставното име, се против ЕУ и НАТО. Тоа не е точно! Ние сакаме во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Ние не сакаме обезличување и не сме како Заев, Димитров и Шекеринска кои повеќе би сакале да се Грци или Бугари отколку Македонци! Македонскиот народ низ историјата поминал низ многу премрежја и секогаш опстанал. Македонија била, е и ќе остане Македонија! Тоа никој не може да ни го одземе! Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Скандалозниот однос на Борисов кон Иванов е уште еден доказ дека се што прават Заев, Димитров и Шекеринска е штетно за Татковината и Македонскиот народ

К

оја одредба на Договорот за добрососедски односи со Бугарија му дава право на нивниот Премиер да се меша во внатрешните прашања на Република Македонија? Кој е Борисов да игнорира половина милион Македонци кои му дале глас на Иванов на непосредни избори? Бранителите на предавничкиот и кукавички Договор на Заев, Димитров и Шекеринска добиваат шлаканици на јавна сцена од Ципрас и неговите соработници. Какво признавање на Македонски идентитет и јазик од Грчка страна? Не, тие јавно тврдат дека признале само државјанство, а во суштина за нив навек ќе сме останеле „славомакедонци“! Кои се Заев, Димитров и Шекеринска да му забранат на Македонскиот народ да го чува сонцето од Кутлеш како историски Македонски симбол? Да го откажат Македонскиот народ од Солун, Воден, Лерин, Сер, Кукуш, од Егејска Македонија? Само изроди на Македонскиот народ можат да стават свој потпис на вакво нешто! Тие се подготвени да ја фалси-

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ - ЦИПРАС фикуваат историјата, ќе се обидат да ја фалсификуваат и вољата на Македонскиот народ! Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира својот став. За ваков предавнички и кукавички договор нема потреба од референдум! Уште пред да биде потпишан е одбиен и отфрлен од Македонскиот народ! Од предавниците нема да се ослободиме со референдум! За нив има само едно решение - кривично ќе одговараат пред Специјално обвинителство за нивното велепредавство!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Заев, Димитров и Шекеринска можат да потпишат единствено промена на нивните лични и имињата на нивните деца. За Македонија одлучува единствено Македонскиот народ! Ниту еден лидер, партија или коалиција не е поголема од Татковината и нејзината иднина! Маке19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

донскиот народ никогаш нема да го признае Договорот Заев – Ципрас! Македонија била, е и ќе остане Македонија. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Во врска со вчерашната објава дека Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнале согласност да потпишат договор за решавање на името во Егејска Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

А

ктуелната Влада на Заев, Димитров и Шекеринска доби и официјален печат дека е кукавичка и предавничка! Овие лица избраа да бидат запишани на црната страна на поновата Македонска историја. Ќе мора да живеат со тоа, но и со фактот дека Специјално Обвинителство во блиска иднина ќе се занимава со нивната кривична одговорност за велепредавство. Не постои подлабоко морално и политичко дно да ги прифатиш сите уцени од Грчка страна и тоа да се обидеш на сопствениот Македонски народ да го претставиш како триумф и невидено херојство. Тоа е потценување на сопствениот народ! Распродажбата на вековното име Македонија, прифаќањето на нешто што никој во изминативе 26 години не го прифатил има само еден назив – ПРЕДАВСТВО на Македонскиот народ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА! Заев, Димитров и Шекеринска престанете да лажете дека сте го зачувале Македонскиот идентитет. Покажете го договорот кој сакате да го потпи-

шете! Договорот не ја обврзува Грција да го признае Македонскиот народ туку само државјанството. Точно ли е дека Грција го задржува правото да го нарекува Македонскиот народ како што сака и дека за нив Северна Македонија ќе биде без англиски превод? Сте се нафатиле ли да ја менувате преамбулата? Сте се согласиле ли дека спомениците на Филип и Александар Македонски се Грчки и тоа официјално ќе го обележите? Конечно, како ќе им погледнете во очи на Македонците од Егејска Македонија од кои се откажавте?

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ АЈДЕ СИТЕ НА НОЗЕ! САКАМЕ ВО ЕУ И НАТО НО НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА! Заев, Димитров и Шекеринска може да си ги сменат само своите и имињата на нивните деца. И тие ако се уценети и принудени нека си станат „Северни“ а најсоодветно на нивниот кукавичлук би им било да си станат „Грчки“. Нивните потписи на некаков договор нема да имаат никаква правна важност! Единствен суверен владетел на светото Македонско име и идентитет е Маке20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

донскиот народ и никој друг! Македонскиот народ никогаш нема да се согласи на обезличување!

РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН! ПРОМЕНА НА ИМЕТО НЕМА ДА ИМА! Нека не се лажат Заев, Димитров и Шекеринска дека можат да ја изманипулираат обврската за референдум со закажување на консултативен наместо задолжителен референдум. Македонската Алијанса е подготвена да ги собере сите потребни потписи за одржување задолжителен референдум ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

MACEDONIAN ALLIANCE

A WRITTEN ПИСМЕНА RESPONSE TO THE РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА АРТАН POSITION OF ARTAN GRUBI FROM DUI ГРУБИ ОД ДУИ Во врска со ставот на шефот на кабинетот на Али Ахмети, пратеникот на ДУИ, Артан Груби кој за преговорите за името соопшти кои имиња се на маса за да го заменат Уставното име Република Македонија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

С

рамно и понижувачки колку првенците на актуелната власт се прават слепи и глуви за суштината на спорот кој Грција ни го има наметнато. Го слушнаа ли Заев, Димитров, Шекеринска, Ахмети и Груби идниот Грчки Премиер, Мицотакис кој јавно потврди дека партијата со најголем рејтинг „Нова Демократија“ не го признава Македонскиот национален идентитет? Како е можно уште наивно да тврдат дека решението целосно ќе го гарантира идентитетот? Секоја промена на Уставното име е ревизија и чепкање во Македонскиот идентитет! Премногу дрско е Груби во името на ДУИ да лицитира со имиња како „Крушевска“, “Современа„ и „Европска“ Македонија. Уште повеќе да ликува како со инсистирањето на ДУИ обезбедиле решение за името во делот на преведливоста на патните документи на националноста на припадниците на другите етнички заедници во Македонија. Жалиме што ДУИ покажува целосно непочитување на чувствителноста на Македонскиот народ! Сепак, најголема одговорност за ова што се случува имаат Заев, Димитров и Шекеринска кои заради своите фотељи се принудени да се обидат да спроведат велепредавство! Бидејќи сите си дозволуваат да предлагаат име, Грци, Бугари, Албанци, Срби, претставници на ЕУ и други, тогаш јас Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, како Македонец, патриот и визионер предлагам име за севкупна употреба, ерга омнес, ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО МАКЕДОНИЈА! Ова име навистина го зајакнува Македонскиот национален идентитет, има историска рефлексија и сигурно ќе помине на референдум!

Regarding the position of Ali Ahmeti’s Chief of Staff, DUI’s MP Artan Grubi, who disclosed the names proposed during the name issue negotiations to replace the constitutional name of the Republic of Macedonia, the Macedonian Alliance President, Gjorgija George Atanasoski, provides his response as follows:

I

t is shameful and humiliating to see how the current government leaders turn a blind eye and a deaf ear to the substance of the dispute that Greece has imposed on us. Have Zaev, Dimitrov, Sekerinska, Ahmeti and Grubi heard the future Greek Prime Minister Mitsotakis, who has publicly confirmed that the party with the highest rating “New Democracy” does not recognize the Macedonian national identity? How could they still naively argue that the solution will fully guarantee the identity? Any change of the constitutional name will mean a revision of and tampering with Macedonian identity! It is too presumptuous by Grubi on behalf of DUI to quote names like “Krusevo”, “Contemporary” and “European” Macedonia. Even more, to triumph by saying that by DUI’s insisting they have provided a solution to the name in the area of translatability of travel documents regarding the nationality of other ethnic community members in Macedonia. We regret that DUI shows complete disregard for the sensitivities of the Macedonian people! However, the greatest responsibility for what is happening belongs to Zaev, Dimitrov and Sekerinska, who, in order to preserve their positions of power, are forced to make an attempt for high treason! Since everybody allows themselves to suggest a name: Greeks, Bulgarians, Albanians, Serbs, EU and others, then I, Gjorgija George Atanasoski, as a Macedonian, patriot and visionary, suggest a name for general use, i.e. erga omnes, UNITED KINGDOM OF MACEDONIA! This name indeed strengthens the Macedonian national identity, it has a historical reflection and will certainly pass the referendum!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Gjorgija George Atanasoski President,

Претседател, МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

MACEDONIAN ALLIANCE


Од протестот се испрати порака до домашните политички фактори, со Барање за Предвремени Парламентарни Избори и неприфаќање промена на уставното име Република Македонија

П О Д П О З Н АТО ТО М О ТО Н А Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ А Р ТА Н А С О С К И С А М О С О Н Ц Е Т О Е П О С ТА Р О ОД МАКЕДОНИЈА

ПРЕД БРАНДЕРБУРШКАТА КАПИЈА ВО БЕРЛИН, НА 2 ЈУНИ 2018 Г. СЕ ОДРЖA МИРЕН ПРОТЕСТ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА-БЕРЛИН

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

STOBI UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


NE


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

ODLUKA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


ВО АВГУСТ Нов договор за доделување финансиска поддршка од државата за воведување нови дестинации од македонските аеродроми треба да биде потпишан во август годинава со авиокомпанија што ќе биде избрана на повикот што за таа намена го објави денеска Министерството за транспорт и врски

НОВ ДОГОВОР ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНИ ЛЕТОВИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ

С

о тендерот на кој понуди ќе може да се доставуваат до 27 следниот месец, кога ќе има нивно јавно отворање, ќе биде избрана авиокомпанија која во наредните три години ќе добие финансиска поддршка од пет милиони евра. За секоја нова дестинација од аеродормите во Скопје и Охрид ќе се исплаќа еднократен надомест од по 40.000 евра. За секој патник во заминување во првите три години за дестинации од Скопскиот аеродром авиокомпанијата ќе добива по девет односно осум и седум евра, а од Охридскиот аеродром финансиската поддршка по патник за првата година ќе изнесува 13 евра, односно 12 и 11 евра во втората и третата година. Компаниите што ќе аплицираат меѓу останатото треба да имаат превезено најмалку 10 милиони патници и оства-

рено профит од 25 милиони евра минатата година. „Финансиската поддршка ќе се додели на авиокомпанијата која ќе понуди најголем број нови дестинации на кои ќе оперира од и до меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид, а кои не биле опслужувани со редовен воздушен превоз во последните 30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 Јуни 2018

две ИАТА сезони“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Според него, целата постапка ќе се одвива на јавен и транспарентен начин, а крајната цел е раст на авиосообраќајот и обезбедување атрактивни дестинации за граѓаните согласно нивните потреби по прифатливи цени на билетите.


Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, појасни дека намалувањето сега е минимално поради тоа што со воведувањето на евтината тарифа практично е извршено намалување на цената на струјата за околу четири проценти

Ц

ената на електричната енергија за потрошувачите во Македонија се намалува за 0,1 проценти. Пониската цена на струјата ќе важи од 1 јули годинава. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, појасни дека намалувањето сега е минимално поради тоа што со воведувањето на евтината тарифа практично е извршено намалување на цената на струјата за околу четири проценти. „Минатата година при пресметките РКЕ не го зема предвид воведувањето на евтината тарифа. Со воведувањето на евтината тарифа потрошувачката на електрична енергија се зголеми во периодите кога важи евтината тарифа, а се намали во периодите кога важи скапата тарифа. Врз основа на тоа, ЕВН Македонија остварува помали приходи и тоа е единствена причина“, рече Бислимоски. Цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на АД МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН Македонија за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти. Како што информираа РКЕ, компанијата ЕВН побарала зголемување на цената за девет проценти, ЕЛЕМ намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување.

П О Н И С К АТА Ц Е Н А Н А С Т Р УЈ АТА Ќ Е В А Ж И ОД 1 ЈУЛИ ГОДИНАВА

СТРУЈАТА ПОЕВТИНУВА ЗА 0,1 ПРОЦЕНТ

? 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 Јуни 2018


Институтот за археолошки истражувања во археопаркот Бразда го промовираше проектот „Владетелска гробница на археолошкиот локалитет ГрадиштеБразда“

И

нститутот за археолошки истражувања во археопаркот Бразда го промовираше проектот „Владетелска гробница на археолошкиот локалитет Градиште-Бразда“. Тој е еден од 12-те проекти финансирани од Делегацијата на Европската Унија во рамки на повикот

ТОЈ Е ЕДЕН ОД 12-ТЕ П Р О Е К Т И Ф И Н А Н С И РА Н И О Д Д Е Л Е ГА Ц И Ј АТА Н А Е В Р О П С К АТА У Н И Ј А

„ВЛАДЕТЕЛСКА ГРОБНИЦА НА ГРАДИШТЕБРАЗДА“

за предлози за одбележување на Европската година на културно наследство. – Главната цел е да ја подигнеме свеста кај локалното население за значењето на културното наследство кое го имаат во нивната непосредна близина, како и да ги поттикнеме да учествуваат во заштитата 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

и одржувањето на археопаркот во иднина, соопшти Институтот за археолошки истражувања. На настанот беше прикажан документарен филм за овој локалитет и неговото значење и ќе има изложба на фотографии „Владетелската гробница од пронаоѓањето до денес”.


Првата, која собра, според процените, околу шест илјади луѓе, беше бесплатната проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на младиот Ѓорче Ставрески со Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ во главните улоги. Филомот наиде на одлични критики во македонската и меѓународната јавност, а доби и неколку филмски награди

Г РА Д О Т С КО П Ј Е , К И Н О ТО „МИЛЕНИУМ“ И МЛАДИНСКИОТ К У Л Т У Р Е Н Ц Е Н ТА Р О Р ГА Н И З И РА А

ИСКЛУЧИТЕЛНИ ВЕЧЕРИ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Г

радот Скопје, киното „Милениум“ и Младинскиот културен центар организираа две исклучителни вечери под отворено небо во Градскиот парк. Првата, која собра, според процените, околу шест илјади луѓе, беше бесплатната проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на младиот Ѓорче Ставрески со Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ во главните улоги. Филомот наиде на одлични критики во македонската и меѓународната јавност, а доби и неколку филмски награди. Вториот настан, кој исто така наиде на одличен одѕив, беше концертот на Македонската филхармонија и џез-музичарот Феми Кути со неговиот бенд „Позитив форс“. Нигерискиот музичар роден во Лондон, кој повеќе од 30 години е на музичката џез-сцена, пред 14 години гостуваше на Скопскиот џез-фестивал, а на овој концерт публиката имаше можност да слушне музика во која се соединуваат афро-ритмите со џезот и класичната музика. Оркестрациите ги направи Џијан Емин. 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


39. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ Со  концертот на  групата  „Дадо Дганит“ од Израел во зградата на Македонска филхармонија, свечено беше отворено 39. издание на  фестивалот „Скопско лето“, кој традиционално почнува на 21 јуни – Светскиот ден на музиката, но и најдолгиот ден од годината

В

о пресрет на официјалното отворање, беше отворена и изложба на Владимир Темков „Потрага по смислата на ликовноста во соочувањето со убавината на природата“. Скопско лето веќе 39 години на македонската метропола, во летниот период, му нуди забава со низа домашни и странски, премиерни и специјални проекти и гостувања, музички, филмски, театарски,

„СКОПСКО ЛЕТО“

ликовни и други естетски доживувања како на скопските сцени, така и на отворените простори. Педесетина програмски содржини се на програмата на фестивалот „Скопско лето 2018“ кој традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули.  Директорот на ДКУС Никола Глигоров рече дека се задоволни што „Скопско лето“ опстојува 39 години на културната мапа на главниот град, но и 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018

на државата. Соопшти дека и годинава основата на програмата се домашни музички уметници и ансамбли, како и млади уметници кои допрва зачекоруваат на сцената, така што  „Скопско лето“ и овојпат, рече Глигоров, ја покажува својата широчина и отвореност за креативните сили. „Скопско лето“ до крајот на идниот месец ќе се одржува на 20-ина локации во градот.


В О ГА Л Е Р И Ј АТА П Р И Д О М О Т Н А К У Л Т У РАТА “ И В А Н М А З О В – К Л И М Е “ Извонредна прилика рокерите (не само музичарите) и љубителите на македонската рок музика од Кавадарци и Тиквешијата, од прва рака да се запознаат со ова оригинално енциклопедиско издание, резултат на долгогодишна работа на авторот

“МАКЕДОНСКА РОК ЕНЦИКЛОПЕДИЈА“ ВО КАВАДАРЦИ

В

о Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци се одржа промоција на првата “Македонска Рок енциклопедија“ од авторот Тошо Филиповски. Извонредна прилика рокерите (не само музичарите) и љубителите на македонската рок музика од Кавадарци и Тиквешијата, од прва рака да се запознаат со ова оригинално енциклопедиско издание, резултат на долгогодишна работа на авторот. Инаку Тошо Филиповски е долгогодишен музички новинар и водител на култни музички програми, со особен осврт на македонската рок музика. Организатор на рок концерти и фестивали и редок и извонреден хроничар на македонската рок музика. Содржински промоцијата на првата “Македонска Рок енциклопедија“, освен приказните на Тошо Филиповски, донесе меѓу другото и мал осврт на познавачите на кавадаречките рок прилики, потоа специјално подготвена свирка на двајца извонредни рок гитаристи Ристе Димитров (Smoke Shakers/BadAss-All) и Виктор Кимов (Leksikon), како и документарец за македонската рок музика од шеесетите и седумдесетите години од минатиот век, во авторство на Аљоша Симјановски. 35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 825 / Јуни 2018


825  

Makedonsko sonce

825  

Makedonsko sonce

Advertisement