Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 824, Mаj 2018

И Д Н И Н АТА Н А М А К Е Д О Н И Ј А Е В О Н А Ш И РА Ц Е Ч И ТА Ј Т Е Н А :

w w w. m a k e d o n s k o s o n c e . c o m

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕДОНСКА ИМПЕРИЈА  ИЗДАНИЕ НА Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГРУПАТА НА ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА ВО КОНГРЕСОТ НА САД Во врска со новата иницијатива на Групата на пријатели на Македонија во Конгресот на САД кои испратија писмо до Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со барање за покана за полноправно членство на Македонија во Алијансата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски го соопштува следното: Македонската Алијанса изразува благодарност до 11-те Американските Конгресмени предводени од Конгресменот Џим Бенкс од Индијана кои се потпишаа на писмото упатено до Генералниот Секретар на НАТО Јенс Столтенберг, со кое бараат Македонија да стане полноправен член на Алијансата бидејќи тоа е клучно за Американските интереси на Балканот. И оваа нова иницијатива е уште еден доказ за значајната улога на Македонската Дијаспора која неуморно лобира за Татковината. Да не заборавиме дека минатата година во јули 32 Конгресмени, од кои 14 Републиканци и 18 Демократи, побараа од тогашниот Државен Секретар на САД, Рекс Тилерсон, да ја посети Македонија како зацврстување на стратешкото парнерство и како одговор на сите обиди на засилено Руско влијание на Балканот. Во Групата на пријатели на Македонија членуваат Конгресмени и од Републиканската и од Демократската партија, што е најдобра потврда дека САД е најголемиот, најважниот и стратешки најсилниот сојузник на Република Македонија. Македонската Алијанса смета дека сега е клучен момент нашиот најголем сојузник на САД да обезбеди брзо членство на нашата Татковина во НАТО Алијансата. Администрацијата на Претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да го вложи својот авторитет конечно да се обезбеди спроведување на пресудата на Хашкиот Суд и Македонија да стане полноправен член на Алијансата согласно Времената Спогодба, која Грција ја прекрши на Самитот во Букурешт пред 10 години, дејствувајќи директно против Американските стратешки интереси. Поканата за НАТО е инвестиција во долгорочната стабилизација на целиот регион. Македонскиот народ ќе добие дополнителна мотивација за унапредување на демократските вредности и остварување на вековните стремежи за обединета и силна Татковина. MАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ДИМИТРОВ И КОЅИЈАС Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на преговорите за името во Њујорк ги бранеа националните интереси, но покажаа одлучност дека решение за 25годишниот спор мора да се постигне

ВО ЊУЈОРК ГИ БРАНЕА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, ЗАЕДНО ЗАМИНУВААТ ЗА БРИСЕЛ

Д

вајцата министри преговараа во седиштето на ОН во Њујорк, под покровителство на медијаторот Метју Нимиц, откако минатата недела преговори имаа премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, по кои од македонска страна беше објавен предлогот Република Илинденска Македонија, како решение најприфатливо за двете земји. Сепак по завршувањето на преговорите во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со куса изјава во која посочи дека се уште нема конечно решение за спорот за името, но напомена дека двете страни се одлучни да продолжат да работат се додека не се пронајде. „Како што знаете имавме средба вчера и денеска, разговаравме еден и пол ден. Можам да кажам дека многу работевме. Прашањата се добро дефинирани, нивниот опсег е стеснет. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои многу работевме“, рече Нимиц, по завршувањето на состанокот со двајцата министри. Медијаторот истакна дека Димитров и Коѕијас заминуваат за Брисел, каде ќе продолжи дијалогот и додаде дека иако се уште

нема конечно решение двете страни се подготвени напорно да работат за да го најдат. „Преговорите се значително интензивирани, како што рекоа двете страни имаат важни по03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

зиции, во прашање се националните интереси. Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа“, додаде Нимиц.


Административниот суд во Тирана пресуди во корист на Македонците во Албанија, поништувајќи ја одлуката на Комесарот за заштита од дискриминација и му наложи на истиот да ја разгледа жалбата против министерот Бушати, кој Македонците ги нарече "Славо-Македонци"

С УД О Т В О Т И РА Н А Б А РА Д А С Е П О В Е Д Е А Д М И Н И С Т РАТ И В Н А П О С ТА П К А

ПРОТИВ МИНИСТЕРОТ БУШАТИ ЗА НАВРЕДА НА МАКЕДОНЦИТЕ

М

акедонското друштво "Сонце", поднесе жалба до Комесарот за заштита од дискриминација, барајќи јавно извинување од министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, бидејќи при едно негово интервју дадено на 9 јануари 2017 за телевизија "Топ ченел", коментирајќи ги состојбите во Република Македонија го користеше терминот "СлавоМакедонци" за македонскиот народ. Комесарот за заштита од дискриминација не ја прифати жалбата на македонското друштво "Сонце", со образложение дека не ги исполнувала условите предвидени со законот за заштита од дискриминација. - Сметајќи дека терминологијата што ја користеше министерот Бушати е навредлива и понижувачка за Македонците, упативме жалба до Комесарот за заштита од дискриминација придружена со соодветни докази, барајќи јавно извинување од министерот Бушати за употребата на терминот "Славо-Македонци" и во иднина да не употребува навредливи термини против македонскиот народ, изјави Васил Стерјовски претседател на МД „Сонце“. Според него, Комесарот за заштита од дискриминација ја одбил нивната жалба, по 13 месеци, со образложение дека со жалбата не е доставен идентификациски документ на Стерјовски. - Поради ова се жалевме до

Административниот суд во Тирана каде баравме поништување на одлуката на комесарот и обврска да ја разгледа жалбата. Во судска постапка докажав дека имав доставено идентификациски документ и дека Комесарот за заштита од дискриминација во овој случај ги прекршил роковите предвидени со Законот за заштита од дискриминација, при што беше должен да донесе одлука во рок од 90 дена од денот на приемот на жалбата, а тоа тој го направи по една година и еден месец. Административниот суд во Тирана на крајот донесе одлука со која се прифати нашата тужба, ја поништи одлуката на Комесарот за заштита од дискриминација со обврска да ја разгледа нашата 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

жалба, вели Стерјовски. Според одлуката на судот, посочува тој, неразгледувањето на жалбата од страна на Комесарот е неоснована со закон и факти. Во конкретниот случај, стои во одлуката на судот, отсуството на идентификациски документ, дури и ако се докажеше дека е факт, не може да се смета како околност за да се одлучи да не се прифати жалбата. - Одлуката е неоснована бидејќи е докажано дека подносителот на жалбата приложил со жалбата докази и се повикува на доволно елементи за сомневање за дискриминација која би била доволна за поведување на административна истрага, се наведува во одлуката на судот.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на Грчката Влада дека Премиерот Зоран Заев и Светиот Синод на МПЦ побарале од Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со бришење на името Македонија да биде признаена автокефалноста Охридската Архиепископија, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса сака да верува дека Светиот Синод на МПЦ-ОА не влегол во некаква авантура за загрозување на Македонскиот национален идентитет. Црковните власти својот легитимитет го црпат од Македонските верници кои векови наназад заштитата од крвниците на Македонскиот идентитет ја гледаат токму во Црквата. Сигурни сме дека Светиот Синод е свесен дека таквиот евентуален грев Македонскиот народ никогаш нема да им го прости! Напротив, Македонскиот народ очекува поддршка од Светиот Синод на МПЦ-ОА и заедно рамо до рамо да го браниме светото христијанско и вековно име Македонија! Клучното прашање уште каква се не потврда им е потребна на Заев, Димитров и Шекеринска за да се уверат дека фундаментот на Грчките уцени и барања е обезличувањето на Македонскиот народ? Ставот на според Заев „пријателскиот“ Грчки Премиер Ципрас за неговото писмо и писмото на Светиот Синод на МПЦ-ОА до Вселенската Патријаршија е скандалозен и ги

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ГРЧКАТА ВЛАДА ЗА МПЦ покажува нивните вистински намери. Дали со ваков став на Грчката Влада, Заев, Димитров и Шекеринска ќе договарат решение кое ќе го зајакне Македонскиот национален идентитет? Ај не бидете наивни!

БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА СУДБИНАТА НА ПРЕГОВОРИТЕ! Ниту еден политичар или партија нема мандат за да го распродава светото Македонско име и национален идентитет. Сакаме да знаме дали Заев, Димитров и Шекеринска се подготвени да прифатат Горна или Северна Македонија за ново Уставно име? Тие пред воопшто и да помислат да стават потпис на нов меѓународен договор треба прво да го прашаат Македонскиот народ дали се согласува со промена на Уставното име! Македонскиот народ конечно мора да се изјасни дали одобрува политичарите во негово име да преговараат за светото Македонско име и идентитет! 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

Македонскиот народ поминал низ многу премрежја, ќе го помине и атакот на оваа кукавичка гарнитура и ќе излезе посилен од било кога. Никогаш нема да аминува ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со денешната потврда од Премиерот Зоран Заев дека е точно сценариото за решавањето на спорот за името што го објави Грчката телевизија „Скај“, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Т

атковината не е приватна фирма на Заев, Димитров и Шекеринска. Премиерот не може да се однесува како управител со неограничени овластувања! Како тоа Заев прво ќе потпише договор со Ципрас, послушното Владино мнозинство ќе го ратификува веднаш, а референдум дури во септември или октомври. А чии ќе бидат последиците кога Македонскиот народ нема да одобри велепредавство?

БАРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА СУДБИНАТА НА ПРЕГОВОРИТЕ! Ниту еден политичар или партија нема мандат за да го распродава светото Македонско име и национален идентитет. Време е Македонскиот народ да се изјасни дали политичарите имаат воопшто право да преговараат за името и идентитетот! Заев, Димитров и Шекеринска пред воопшто и да помислат да стават потпис на нов меѓународен договор треба прво да го прашаат

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО Македонскиот народ дали се Не, тоа е потчинување на согласува со промена на Ус- Татковината! Да, за разлика од вас ние не се срамиме тавното име! што сме патриоти, но многу се срамиме од фактот што ДОСТА ВНЕСУВАТЕ ваква предавничка власт МаРАЗДОР ВО кедонија никогаш немала порано во историјата. МАКЕДОНСКОТО

НАЦИОНАЛНО ТКИВО! И ние сме за ЕУ и НАТО Алијансата ама не сме уценети како актуелното политичко водство. И ние сакаме да одиме напред но без да бидеме понижени и обезличени! Заслепени од нивните болни амбиции да станат власт сега Заев, Димитров и Шекеринска немаат избор, принудени се да тераат со глава во sид и по секоја цена кукавички да се обидат да протуркаат велепредавство! Јалови им се тезите дека тие застапувале Европски вредности, а оние кои се борат да го зачуваат Македонскиот идентитет биле мрачни сили кои не и сакале добро на Татковината! Зарем според нив успех е што ќе ги прифатат сите уцени на Грчките националисти и Македонија ќе се обезличува на рати? 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

Македонската Алијанса им порачува Заев, Димитров и Шекеринска да не се лажат дека евентуалниот кукавички чин ќе помина без нивна одговорност. Ако и покрај сите предупредувања стават потпис на меѓународен договор кој ќе ја доведе Татковината во положба на потчинетост, согласно член 308 од Кривичниот законик им се заканува и кривичен прогон и казна затвор. Македонска алијанса претседател Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со изјавата на Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев за предлогот „Република Илинденска Македонија“, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: одека Заев, Димитров и Шекеринска се уште се освестуваат од данајскиот дар на Ципрас, стигна уште една шлаканица од соседна Бугарија. Еден од најактивните негатори на Македонскиот идентитет Андреј Ковачев ни соопшти дека нашиот сосед не е среќен ако предлогот „Република Илинденска Македонија“ алудира на АСНОМ. Бугарија не пропушти да ни најави дека е против предлогот на Владата на Заев и со тоа да ги зајакне позициите на Грција во пресрет на новата преговарачка рунда во Њујорк. Ете колку вреди Договорот за добрососедство!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

Д

ДОСТА Е ПОНИЖУВАЊА! БАРАМЕ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! Македонската Алијанса го повикува Собранието да закаже итна седница на која со одлука ќе го овласти Димитров да соопшти во Њујорк дека ги прекинува

преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Хашкиот Суд. Македонија на следниот Самит на НАТО Алијансата да добие покана за полноправно членство, а Европската Унија да одреди датум за почеток на преговорите во согласност со Времената Спогодба. Или меѓународното право ќе важи и за Македонија или нема за што повеќе да преговараме. Ова е единствениот против одговор и превенција од притисокот за да се прифати промена на Уставното име со Горна, Северна или Нова Македонија. 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

Сега се потребни државнички и храбри одлуки. САД ја призна Македонија под Уставното име и после бесправното Грчкото вето во Букурешт и потпиша со нас специјален стратешко – безбедносен договор. Сме ја имале и секогаш ќе ја имаме нивната поддршка! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во пресрет на новата преговарачка рунда во Њујорк, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

Ј

а разбираме фрустрацијата на Заев, Димитров и Шекеринска кои брутално беа насамарени од Ципрас и Коsијас, но навистина не ни е јасно уште колку понижувања од Грчка страна можат да истрпат? Уште какви се’ докази и потврди им се потребни за да конечно разберат дека заради нивниот кукавички и предавнички чин Татковината е уште еднаш понижена и со неповратно изгубени позиции. Македонската Алијанса со месеци апелираше да не се напушта преговарачката рамка на ООН и дека директните преговори со Грција се опасна замка. Грчките радикали и националисти го добија тоа што го сакаа. Нив им требаше само еднаш некој официјален претставник на Македонската страна да ја прифати нивната уцена за промена на Уставното име. Сега триумфално, Грчката Влада е таа која повикува да се држиме до предлозите на медијаторот Метју Нимиц. Кога веќе Никола Димитров бара мудрост сметаме дека за него е најмудро во Њујорк да соопшти дека Македонија нема да ги трпи повеќе уцените на Грција и дека ги прекинува преговорите со најава дека започнува исклучиво правна битка за нашето Уставно име. Премиерот Зоран Заев е во тешка заблуда ако навистина мисли дека предлогот „Република Илинденска Македонија“ обезбедува „вин-вин“ позиција. Не, ова е нов Букурешт. Сега притисокот кон

Македонската страна ќе расте за да се прифати промена на Уставното име со Горна, Северна или Нова Македонија.

БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ! ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ Е ЕДИНСТВЕНОТО РЕШЕНИЕ! Трагична е тактиката на актуелната Влада од сопствената каша да се вади со нова поделба на Македонскиот народ. Демек, Заев, 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

Димитров и Шекеринска биле прогресивните сили кои и мислат добро на Македонија, а ние кои го браниме Уставното име и бараме прекин на преговорите сме мрачни, ретроградни сили, непријатели на Македонија. За да видат како ќе поминат кај Македонскиот народ со оваа приказна нека си дадат оставки и да одиме на предвремени парламентарни избори заедно со референдум. На тој мегдан ќе се соочат со реалноста! Македонскиот народ низ историјата поминал многу премрежја ама никогаш не потклекнал и не си го издал сопствениот идентитет! Така ќе биде и сега! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА После лидерската средба, јавната потврда дека Премиерот Зоран Заев застанува зад предлогот„ Република Илинденска Македонаија“ за севкупна употреба и одбивањето на истиот предлог од Владата на Алексис Ципрас, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

П

осле овој кукавички и предавнички чин на Заев, Димитров и Шекеринска Татковината е уште еднаш понижена и со неповратно изгубени позиции. Заради лекомисленоста, наивноста, сервилноста и предавничкиот менталитет на актуелната Влада, Македонија и Македонскиот народ е на колена. Предлагањето на „Република Илинденска Македонија“ за ново Уставно име со тврдење дека се зајакнува Македонскиот идентитет, а само еден час подоцна Грчката Влада да го одбие предлогот со циничен поздрав што Владата ја прифатила нивната уцена „ерга омнес“ е политичко самоубиство за Заев, Димитров и Шекеринска. Си заслужија места на темната страна на Македонската историја како политичари кои се срамат и се откажуваат од античките корени на сопствениот народ и кои отидоа до таму јавно да прифатат промена на светото Уставно име, а претходно тврдеа и ветуваа дека никогаш нема да се согласат на ова. Направија непроценлива штета на националните интереси, го предадоа Македонскиот народ и за тоа треба да соочат со сопствената

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО дека Грција всушност преговара за да не се договори никогаш! Една друга генерација политичари смени Устав, се откажа од Државното знаме со симболот на сонцето од „Кутлеш“, прифати ПЈРМ, потпиша Времена Спогодба и тоа не БАРАМЕ ОСТАВКА беше доволно за Грција. Со веОД ВЛАДАТА! тото на Караманлис и Бакојани, директно пркосејќи на интереПРЕДВРЕМЕНИ сите на САД, Грција не блоПАРЛАМЕНТАРНИ кираше на НАТО Самитот во ИЗБОРИ И Букурешт пред 10 години. Сега нема друг излез освен итен РЕФЕРЕНДУМ ЗА прекин на преговорите за ПРЕКИН НА името. Се додека нашите меПРЕГОВОРИТЕ МОРА ѓународни сојузници не обезбедат спроведување на преДА ИМА! судата на Хашкиот Суд и покана за членство во НАТО Алијансата Македонската Алијанса одамсогласно Времената Спогодба, на предупредуваше да не се нема за што понатаму да преговлетува во Грчката замка. Стовараме. тици пати повторувавме дека Грците сакаат да го поништат МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Македонскиот идентитет, да не обезличат како народ. Ние од Претседател, Дијаспората трпевме серија навреди од Владините мегаЃорѓија Џорџ Атанасоски фони дека сме биле националисти затоа што сме барале прекин на преговорите. За жал, ниедна лекција од минатото не беше доволна за Заев, Димитров и Шекеринска да разберат одговорност. Ќе биде ужасно тешко Татковината да излезе од кашата која и ја подготвија група на уценети политичари кои се нафатија да се обидат да спроведат ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска предлогот„ Република Илинденска Македонија“ кој според неофицијални информации на средбата на Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија бил ставен на маса како прифатлив за двете страни, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

С

рамно, трагично и кукавички е Заев, Димитров и Шекеринска да молчат и да се кријат, а нивните мегафони неофицијално да лиферуваат и да го тестираат нивниот предлог.

ТАТКОВИНАТА НЕ МОЖЕ И ПОНАТАМУ ДА СЕ ДРЖИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО! Бараме Заев да излезе и јавно да одговори дали негов предлог е Република Илинденска Македонија да биде Уставно име? Јасно е дека за Грција ова име е прифатливо бидејќи содржи историска, а не географска одредница. Го загрозува Македонскиот идентитет бидејќи ваквото решение остава простор народот да се нарекува Илинденци наместо Македонци, утврдувајќи ги како нов народ и нова, млада Држава, што историски не е точно! Ги брише античките корени на современите Македонци и им дава право на Грците да се преставуваат како единствени наследници на Александар Македонски. Многу е тешко ова име да се изговори на англиски јазик и тоа е Грчка цел од самиот почеток, бидејќи нивната почетна позиција беше слеано име без превод. Особено

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО интересно е Заев, Димитров и Шекеринска да објаснат што значи ова за Бугарија која тврди дека Илинденското востание е Бугарско востание? Ако е точно дека предлогот на Заев е националноста да се одредува како државјани на Република Илинденска Македонија, тогаш Бугарските националисти ќе си добијат право да го негираат Македонскиот идентитет и да тврдат дека Македонците се Бугари. Со ова Македонија и Македонскиот народ одат во заборав! Татковината не е лична сопственост на Зоран Заев. Ако тој дал ветување и сега мора да го спроведе тоа е негов проблем. Но тој мора да има на ум дека тој има мандат само самиот да се прекрсти и тоа кум да му биде лично Алексис Ципрас!

Сите евентуални ветувања и потписи на актуелните функционери нема да имаат никакава правна важност. Ќе бидат ништовни а тие што ќе се дрзнат да се потпишат и да станат предавници ќе мора да се соочат со сопствената одговорност пред Македонскиот народ. Доцна е за лидерски средби. Македонската Алијанса смета дека единствен излез од ова лудило се брзи предвремени парламентарни избори заедно со референдум на кои Македонскиот народ како единствен суверен владетел на името и идентитетот ќе ја одреди судбината на преговорите за името.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

БАРАМЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ ВЕДНАШ! Македонскиот народ никогаш нема да прифати обезличување и никогаш нема да верификува ВЕЛЕПРЕДАВСТВО. 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во пресрет на најавената средба меѓу Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија во четврток, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса во името на целата Дијаспора бара конкретни одговори од Премиерот Зоран Заев. Трет ден Грчките медиуми пласираат информации за евентуалниот договор и фазите за негова имплементација. Павлопулос и Мицотакис ги повторуваат уцените дека без промена на Уставот и отстранување на наводниот Македонски иредентизам нема ниту ЕУ ниту НАТО за Македонија. Заев, Димитров и Шекеринска не можат и понатаму да молчат и да ја држат Татковината во заложништво! Дали Заев во четврток ќе му пружи рака на Ципрас и ќе го прифати Грчкото барање за промена на Уставното име? Дали во рок од неколку години НБРМ ќе се вика Народна Банка на Горна, Вардарска или Нова Македонија? Ќе се менуваат учебниците? Ќе се согласи ли Заев на бришење на член 49 од Уставот на Република Македонија и ќе се откаже од правото на Републиката да се грижи за правата на Македонците во соседните земји и за Дијаспората? Ќе оди ли името Република Македонија и идентитетот на Македонскиот народ во заборав затоа што Заев

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО е подготвен да прифати дека ната Изборна Комисија. Тоа е ние сме „нова“, „млада“ Држава и потврда дека најголемите и народ? најодговорни политички партии во моментот, одамна го имаат изгубено кредибилитетот за одМАКЕДОНСКИОТ брана на Македонските нациоНАРОД БАРА нални интереси. Се изгубија во ситните и дневно политички ОДГОВОРИ СЕГА И партиски пазари. Македонската ВЕДНАШ! Алијанса бара промени во Изборното законодавство, вовеНие јасно му порачуваме на дување на една изборна едиПремиерот Зоран Заев да не ница заедно со Дијаспората, потпаѓа на притисоците. Планот отворени листи, без изборен дека е можно прво да се потпраг. Со тоа ќе се создадат сите пише на предавнички договор и предуслови за менување на дури после 10 месеци да оргадосегашниот црно – бел полинизирапретседателски,предвретички фолклор во Татковината. мени парламентарни избори, Македонскиот народ има право заедно со референдум, е јалов! и должност на брзи предвремени Македонскиот народ никогаш парламентарни избори заедно нема да се согласи да обезличи со референдум да ја одреди заради влез во ЕУ и НАТО! судбината на преговорите за името и да се изборат за подобра БАРАМЕ и сигурна иднина за Македонија и Македонскиот народ. ПРЕДВРЕМЕНИ

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ ВЕДНАШ! Јасно е зошто толку време се одлага формирањето на Држав11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во пресрет со новата преговарачка средба за името меѓу Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коsијас во Атина, на која ќе присуствува и медијаторот Метју Нимиц, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонска Алијанса со внимание ги следи пораките кои високите претставници на меѓународната заедница ги соопштуваат во врска со преговорите за Македонското прашање. Заклучокот е дека спорот за името треба да се реши до крајот на годината во спротивно ќе има застој од една или две години заради Европските избори и изборите во Грција и Македонија. Ние сме согласни со оценките дека Македонија предолго стои во место и дека заради новите геополитички и стратешки предизвици на Балканот нашето членство во ЕУ и НАТО Алијансата е неопходност. Затоа, Македонија треба веднаш да добие покана за полноправно членство во НАТО во согласност со Времената Спогодба. Нашите сојузници треба да обезбедат спроведување на пресудата на Хашкиот суд со Грција е осудена земја за непочитување на меѓународното право. Македонскиот народ не може да ги прифати сред-

СООПШТЕНИЕ ЗА НОВАТА ПРЕГОВАРАЧКА СРЕДБА ЗА ИМЕТО ВО АТИНА новековните уцени на официјална Атина. Ние не може да се обезличиме за да ги задоволиме иредентистичките барања на Грчките националисти. Кај се видело и чуло некој во 21 век на сила и злоупотребувајќи ги правата од членството во ЕУ и НАТО да бара да се прекрсти Македонија?

ДОСТА БЕА ПОНИЖУВАЊА! БАРАМЕ ПРЕКИН НА БЕСМИСЛЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ! Колку понижувања треба да истрпат Заев и Димитров за да конечно сфатат дека официјална Атина не сака договор? Бадијала е што Премиерот јавно се изјасни дека за него е прифатливо име со географска одредница, бадијала се откажа од античките корени на Македонската нација, бадијала беа преименувањата на аеродромот и автопатот бидејќи Грчкиот услов за„ерга омнес“ значи дека Република Македонија треба да 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

се избрише и да отиде во заборав. Заев, Димитров и Шекеринска да не помислуваат дека можат да стават потпис на некаков нов билатерален договор со Грција со кој ќе го предадат најсветото за што животот го положиле многу Македонски херои. Македонскиот народ мора час поскоро на РЕФЕРЕНДУМ непосредно да се изјасни за судбината на преговорите за името. Ниту еден лидер, партија или коалиција не е поголема од Македонскиот народ. Нема да дозволиме велепредавство. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со новата преговарачка средба за името меѓу Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коsијас во Солун, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НОВАТА ПРЕГОВАРАЧКА СРЕДБА ЗА ИМЕТО ВО СОЛУН

К

Македонскиот народ како единствен суверен владетел со Уставното име и национален идентитет, никому не дал мандат да преговара за најчувствителното прашање за една нација. Македонскиот народ мора час поскоро на РЕФЕРЕНДУМ непосредно да се изјасни за судбината на преговорите за името. Ниту еден лидер, партија или коалиција не е поголема од Македонскиот народ. Нема да дозволиме велепредавство.

Македонската Алијанса уште еднаш повикува да не се одлага и понатаму формирањето на Државната Изборна Комисија. Најодговорните политички актери да не помислуваат дека можат да стават потпис на некаков нов билатерален договор со Грција со кој ќе го предадат најсветото за што животот го положиле многу Македонски херои.

ВРЕМЕ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ ИЗЈАСНИ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

олку понижувања треба да истрпат Заев и Димитров за да конечно сфатат дека официјална Атина не сака договор? Има ли граница на сервилноста на актуелната Македонска надворешна политика? Зарем не чувствуваат срам? Коsијас се мајтапи на јавна сцена изјавувајќи дека ќе правел забава кога Македонија ќе прифати промена на Уставното име. Лидерот на Грчката опозиција Мицотакис во интервју за три Солунски радија жестоко ни порачува дека „ерга омнес“ значи Република Македонија да се избрише и да отиде во заборав?

БАРАМЕ ПРЕКИН НА БЕСМИСЛЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ!

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со интервјуто на Никос Коsијас за Грчката ТВ „Скај“ потврди дека сега очекуваат од Македонската страна да прифати и реализира промена на Уставното име за севкупна употреба, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Н

икос Коsијас ја затвори вратата за брза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО Алијансата. Заклучокот е дека нема никаков аир од сервилната надворешна политика на Зоран Заев и Никола Димитров. Од преименувањето на аеродромот, автопатот и јавната подготвеност за име со географска одредница освен дипломатска учтивост и тапкање по рамо, Македонија не доби ништо! Грчката уцена гласи вака. Македонскиот народ да прифати име со географска одредница за внатрешна и надворешна употреба. Значи, според нивните ирационални барања, МАНУ во иднина ќе мора да ја ословуваме Горно, Северно или Вардарско Македонска Академија на науките и уметностите. Македонскиот Парламент веднаш да изгласа Уставни измени и евентуалното ново договорено име да стане и Уставно име. Вака, Република Македонија оди во заборав. Или Македонскиот народ ќе прифати да се обезличи или нема ЕУ и НАТО! Ставот на Коsијас уште еднаш потврдува дека Грчката Влада е убедена дека веќе попуштиле и сега на ред е Македонската страна. Според нив, Грција нема што повеќе да попушта предлогот од нивна страна е „земи или остави“ и уште пострашно

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА НИКОС КОSИЈАС перфидно се обидуваат вината и одговорноста да ја префрлат во нашиот двор. Македонската Алијанса јавно им порачува на Ципрас, Коsијас, Каменос, Мицотакис, дека нивните уцени се како онаа народната „гладна кокошка просо сонува“. Со нивните средновековни и иредентистички позиции за Македонското прашање, преговорите одамна веќе се беспредметни! Македонскиот народ никогаш нема да дозволи велепредавство.

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ! Бараме актуелната Влада да одговори, зошто и понатаму учествува во преговорите? Грција не сака да се договори никогаш! Зошто наместо сервилност Заев, Димитров и Шекеринска не побараат од меѓународните сојузници Грција да се третира како осудена земја која не ги исполнува меѓународните обврски кои ги преземала? Македонија заслужува итна покана за полноправно членство во НАТО преку доследно почитување и спроведување на важечката Времена Спогодба! 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 820 / Јануари 2018

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

GUSARI UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


NE


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

ODMAZDA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


NE


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


СИНДИКАЛЦИТЕ ОДРЖАА ПРОТЕСТИ

Синдикалните здруженија од земјава со протестни маршеви во Скопје го одбележаа Први мај, Меѓународниот ден на трудот

ВЛАДАТА ВЕТИ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

М

аршевите ги почнаа на различни локации, но се сретнаа пред Собранието на Република Македонија од каде заедно продолжија до Владата. Најпрво упатија пораки за унапредување на работничките права, ги прочитаа своите барања, а потоа и официјално ги доставија до Владата. Поголема плата, сигурни работни места, регрес за годишен одмор, стоп за мобингот и за зголемувањето на старосната граница за пензионирање, се дел од 15-те синдикални барања. Во меѓувреме, додека траеа протестите, Владата одржуваше седница на Економско-социјалниот совет. По седницата на која присуствуваа и претставници од синдикалните здруженија и од работодавачите, премиерот Зоран Заев соопшти дека се подготвува нова мерка за зголемување на платите. Во врска со барањата на синдикатите, Заев изрази уверување дека дел од нив, како што рече, се остварливи. „Синдикатите се заштитиници на нашите работнички права. Генерално ги поддржувам сите

нивни заложби и согласно можностите на Владата, перформансите и капацитетите, верувам дека се остварливи. Преку дијалог ќе треба да дојдеме до решенија“, истакна Заев. Првомајскиот марш се совпадна со 110-годишнината од синдикалното движење и организирање во Македонија. Неколку години наназад, почнувајќи од 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 Мај 2018

2010 година, ССМ со претходното раководство го одбележуваше 1 Мај со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права и како резултат на тоа беа иницирани и донесени неколку законски решенија како Законот за мобинг, измените на Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за минимална плата.


И З В Е Ш ТА Ј Н А Е В Р О П С К АТА К О М И С И Ј А :

Според Извештајот на Европската комсиија Македонија бележи најголем напредок во исполнувањето насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА ВИСТИНСКИ ПАТ

К

ако што соопштија од Министерството за финансии, во овогодишниот извештај е нотирано дека земјата сериозно ја подобрила својата оценка во споредба со минатата година што јасно укажува на напредок во имплементацијата на препораките. Овие податоци можат да се видат на графиконот за напредокот на земјите во исполнување на насоките од програмата. Напредокот бил истакнат на минатонеделниот дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствувале министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска. Ваквиот дијалог, како што истакнал Тевдовски, нè подготвува за идно учество во координацијата на економската политика на ЕУ. За да напредува економијата, потребни се повеќе реформи, меѓу кои и водење

здрава фискална политика. Досега се преземени голем број активности и мерки. Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 е усвоена во декември 2017 година. Со реализацијата се зајакнува системот на јавни финансии, се унапредува транспарентноста, одговорноста, фискалната дисциплина и ефикасноста во управувањето со јавните ресурси, посочуваат од Минис23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 Мај 2018

терството за финасии. Новиот Закон за буџети, додаваат, се очекува да биде усвоен до крајот на годинава и ќе ги опфати сите реформи во насока на зајакнување на фискалната рамка. Министерот Тевдовски ја потврдил проекцијата на Владата за економски раст од 3,2 отсто. Тоа е во согласност со ревидираната проекција на Европската комисија и Народната банка.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, претседателот на Македонската Алијанса, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упаќа следната честитка:

ПИСМЕНА ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Почитувани,

Д

озволете ми во свое име и во име на Македонската Алијанса искрено да ви го честитам денот посветен на св. Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои со својата животна посветеност и дела постигнаа неверојатен цивилизациски напредок, не само во својата родна грутка Македонија, туку и за сите словенски народи. Во овој период на безобразно растргнување на Македонскиот идентитет нека делотот на сесловенските просветители биде потсетник за тоа колку нашата писменост и посебност се важни за нашето општество. Браќа Македонци говорете го нашиот јазик и користете кирилица во сите форми на вашето изразување, бидејќи само така можеме да се бориме со оние кои решиле целосно да не редефинираат. Нека ни е среќен празникот! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Од мое лично име и од името на Македонска Алијанса сакам да упатам честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани по повод овој голем ден за Охридската Архиепископија Почитувани,

Е

ден милениум постоење на заштитникот на Македонскиот идентитет, еден милениум постоење како духовна и морална поткрепа на Македонскиот народ е повод за одбележување и празнување во сите Македонски срца. За постоењето на нашата црква уште од дамина се податоците од основањето на првата автокефална црква од страна на Цар Самоил во Охрид, што само го докажува фактот дека Македонскиот народ е исконски со култура длабоко врежана во нашата историја. Дополнително Охридската Архиепископија е првата словенска православна црква што уште повеќе допринесува во нејзиното значење не само во нашата Татковина туку и пошироко на овие простори. Иако оспорувано, нејзиното значење е несомнено. За Охридската Архиепископија како и за нејзините верници и приврзаници посакувам уште многу години постоење, крепење на духовниот мир и градење на вистинските вредности во нашата држава. Можеби старите рани и непрекинатите битки нема да престанат, но како и секогаш гордо и достоинствено мора да се чекори напред по нашиот пат на моралот и вистината.

ПИСМЕНА ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 1000 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, орѓија Џорџ Атанасоски 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018


ПИЕТЕТ

ПОЧИНА

Во шеесет и петтата година од животот во селото Леска, Мала Преспа, почина Спасе Мазенковски, голем македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија

ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТ СПАСЕ МАЗЕНКОВСКИ

Ц

елиот свој живот го мина и твореше во селото Леска. Спасе Мазенковски роден е во 1953 година во селото Леска. Беше основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, основач и главен уредник на весникот “Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година. Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, разкази и репотажи “Преспа моја”, “Разбојна китка”, “Торбулетот на татко ми”, “Преспанска

убавица”, “Лабид и Преспана”, “Рѓосани бисери”, “Историја на македонскиот народ во Албанија”. На албански јазик ја има објавено книгата “Историја на македонскиот народ”. Беше член на друштвото на писатели на Македонија и на друштвото на писатели “Новиот свет” во Албанија. Од името на сите Македонци, МАЕИ до 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

неговото семејство испрати телеграма со длабоко сочувство, во која се нагласува големата загуба, како за семејството,така и за Македонците, и се искажува огромна благодарност за неговиот придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на македонскиот национален идентитет.


„РОМЕО И ЈУЛИЈА“ Театарската претстава „Ромео и Јулија“ во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски ја доби највисоката театарска награда во Турција

Т

еатарскиот „Оскар“ на ансамблот му беше доделен на гала-свеченоста на турската академија „Афифе Зале“, одржана во Истанбул. Театарските „Оскари“ се најпрестижната театарска манифестација во Турција. Претставата „Ромео и Јулија“ е во продукција на Националниот театар од Турција, а во уметничката екипа, покрај професионалци од Турција, од Македонија учествуваа и композиторот Горан Трај-

ЈА ДОБИ НАЈВИСОКАТА ТЕАТАРСКА НАГРАДА ВО ТУРЦИЈА

ковски, кореографката Олга Панго и асистентот на режија, Атила Клинче. Премиерно претставата на Пројковски беше изведена есента минатата година на сцената на Националниот театар во Истанбул и веднаш постигна одличен успех и кај публиката и кај критиката, која уште тогаш најави дека ќе биде голем кандидат за годишните театарски награди. Во својата рецензија еден од најистакнатите театарски 27 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

критичари во Турција, Јашам Каја, меѓу другото, напиша: „За да ја опишам оваа претстава, нема да згрешам доколку го искористам зборот – совршена, додавајќи дека приказната која е ставена во еден чин, а трае повеќе од 2 часа, не остава простор за потреба од пауза бидејќи секако ќе ја гледате во еден здив“. Претставата е на редовниот репертоар во Истанбул и има најмалку 14 изведби месечно.


И З Л О Ж Б АТА

Цртеж – Експериментален – Цртеж е новата изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија која е во Галерија КО-РА, Скопје

Н

а изложбата се преставени експонати од триесетина автори коишто експериментираат во новите изразни форми и ги поместуваат маргините за строгите дефиниции во креативните уметности. Изложбата Цртеж – Експериментален – Цртеж не отстапува и поаѓа од фактот дека цртежот е сос-

ЦРТЕЖ – ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН – ЦРТЕЖ НА ДЛУМ

тавен дел не само од ликовната и применетата уметност, туку и од театарската, филмската и видео-арт уметноста. Токму затоа, значењето на овој изложбен концепт ги надминува границите на ликовната уметност и во својата суштина го поставува цртежот како основа на сите креативни изрази. Со него едноставно се поттикнува 28 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

развојот на новите форми на цртежот и се создава нов концепт кој целосно го напушта класичниот. Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање вклучувајќи ги притоа и сите негови радикални трансформации.


Р Е Ц И ТА Л Н А Македонскиот пијанист Симон Трпчески во британската престолнина имаше

СИМОН ТРПЧЕСКИ ВО БРИТАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА

самостоен рецитал

И

зведбата на дела од Григ, Менделсон и Римски-Корсаков, уште еднаш ја разнежнија пребирливата лондонска публика, чии овации нашиот пијанист ги награди со три биса. – Го направив изборот од разновидна несекојдневна програма онака како што и јас сакав и драго ми е што и публиката, не само овде во Лондон, туку и претходно во Пекинг и Шангај и во Чешка и деновиве во Бирмингем и

Саутемптон исклучително уживаше со мене. Се надевам дека така ќе биде и на моите следни два рецитала во оваа сезона, закажани за Сиднеј и Аделаида во почетокот од јули - изјави Трпчески за Македонското радио. Трпчески следната седмица продолжува да концертира како солист на Борнмут Симфони под диригентската палка на Кирил Карабиц од Украина во Пул, Велика Брита29 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

нија и во националната концертна сала во Даблин, Ирска. Крајот на месецов е резервиран за полската турнеја со „Македонисимо“ на концерти во Варшава, Шќеќин, Гдањск и Катовице и првпат ќе има настапи на Кипар, во Никозија. Во јуни следи и француска премиера на македонскиот проект на Пијано фестивалот во Лил. Концертното лето, пак, е резервирано за турнеите во Австралија и Нов Зеланд.


У Ш Т Е Е Д Н А З Б И Р К А РАС К А З И Под насловот „Тајното братство на носталгичарите“,излезе од печат уште една збирка раскази на Томислав Османли. Станува збор за богат избор од кратки и долги прози на писателот познат како автор и на скопски теми. Еден од тие раскази во кои се открива авторскиот носталгичен пристап, и’ го позајми насловот на целата книга која вклучува триесет и еден расказ

„ТАЈНОТО БРАТСТВО НА НОСТАЛГИЧАРИТЕ“ НА ОСМАНЛИ

В

о преговорот „Нестивната носталгија“ писателот и издавач Глигор Стојковски, бележи: „ Не можат многу македонски писатели да се пофалат со повеќе изданија на своите книги. И не се многу книгите од македонски писатели, за жал, за кои читателите покажуваат (по)долго, несмалено интересирање. Расказите на Османли, но и романите, се изборија за овој привилегиран статус. Со прекрасниот книжевен јазик, се разбира, со изборот на темите, со модерното раскажување… Книгата „Тајното братство на носталгичарите“ објавена како 23та книга во изклучителниот авторски избор од библиотеката „Збор по збор“ на книгоиздателството „ВиГ Зеница“, содржи прози со лирични и драматични чувствувања на луѓето и на ликот на предземјотресно Скопје, куси или поопсежни прозни посвети на едно исчезнато време и сосем изменет поростор, раскази исполенти со ведрата колоритност, со надежите, љубовите и разочарувањата, главно на малите луѓе од некогашниот град; а во продолжение, и теми од холокаустот над скопските Евреи, како и прозната фантазијата „Корто Малтезе во

скопската чаршија“, најновата проза на Османли. Тоа е еден од двата расказа, посветени на по30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 824 / Мај 2018

луларниот стрип јунак и вградени во по една во двете најнови прозни збирки на Османли.


824  

Makedonsko sonce

824  

Makedonsko sonce

Advertisement