Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

Година XX, Број 822, Maрт 2018

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

САД ГИ ПОДДРЖУВААТ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ДА НАЈДАТ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО

WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ДАЛИ ВЛАДАТА НА ЗОРАН ЗАЕВ И НИКОЛА ДИМИТРОВ ГИ СЛУШАИ ЧИТА ПОРАКИТЕ НА АЛЕКСИС ЦИПРАС?

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ИЗГЛАСАН, ИВАНОВ НЕ ГО ПОТПИШУВА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ДИРЕКТОРОТ ЗА ЗАВОДОТ ЗА СТАТИСТИКА ПИСМЕНА ИЗЈАВА ЗА ПЛАТФОРМАТА НА МАНУ ЗА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА АНКЕТИТЕ ВО ГРЦИЈА Б А РА М Е П О П И С ! Д А Г И З АЧ У В А М Е НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СТАВОТ НА ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА АЛЕКСИС ЦИПРАС Во врска со ставот на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас, кој од Солун порача дека без промена на Уставот нема одржливо решение, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Дали Владата на Зоран Заев и Никола Димитров ги слуша и чита пораките на Алексис Ципрас? Грчкиот Премиер вели дека не значи дека влегуваат во преговорите за да постигнат било какво решение. Тврди дека не се под никаков меѓународен притисок. Инсистира на Уставни измени кои ќе го исклучат од нив замислениот Македонски иредентизам. Смета на нови попусти од Македонска страна бидејќи за нас тоа било прашање на опстанок. Поинаку кажано, официјална Атина под решение подразбира само прифаќање на нивните уцени и ништо друго. Тие си замислиле дека ќе не фатат на кондиција и на крај ќе бидеме принудени да прифатиме се’ што ќе ни испорачаат. Македонскиот народ има право да знае со кои позиции Димитров отпатува за Виена? Кога конечно ќе разбереме дека Грчките уцени до Македонскиот народ да прифати ново име и идентитет во суштина се барања за да спорот за името НЕ СЕ РЕШИ! После прекршувањето на Времената Спогодба од нивна страна што е верификувано со пресуда на Судот во Хаг, кои се гаранциите дека Ципрас и Коsијас воопшто можат да го спроведат тоа што евентуално ќе го договорат. Кај се осудена земја која не почитува меѓународно право па згора на тоа тие бараат Уставни измени како гаранција. Кога ќе бидеме информирани дали и што воопшто бара Македонската страна во преговорите? Има ли план Б? Бидејќи Македонија и нејзината иднина не се ничија приватна сопственост за да нејзе одлучуваат партии и коалиции! ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ! БАРАМЕ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ! Бараме времен прекин на преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што Македонија во согласност со важечката Времена Спогодба веднаш ќе добие покана за полноправно членство во НАТО Алијансата. Само таква национална позиција може да биде логичен одговор и соодветен реципрочен чекор за уцените и барањата од Грчка страна да се обезличиме. Македонија треба вечно да попушта, а Грција секојдневно измислува нови барања. Доста е! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


МИЧЕЛ: САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение за прашањето за името. Единственото решение ќе биде заедничкото решение. Македонија презеде големи чекори напред во ангажирањето во преговори со нејзините грчки соговорници и ова е одлична можност за доаѓање до решение. Многу е важно двете држави да продолжат со преговорите

САД ГИ ПОДДРЖУВААТ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ДА НАЈДАТ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО

О

ва го порача американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев. Што се однесува до НАТО и престојниот Самит на Алијансата, нагласи дека поканата за членство не е поврзана со точен датум или настан. „Но, мислам дека можеме да направиме се што можеме за да го одбележиме напредокот и заложбите на САД кон Македонија за да стане членка и на НАТО и на ЕУ. Ова е наша заложба долги години и не е врзана со конкретен датум или настан“, рече Мичел. Тој додаде дека САД ја поддржува Македонија во нејзините евроатлантски аспирации и нагласи дека вратата кон НАТО останува отворена и оти стојат зад поканата упатена на самитот во 2008 година. Премиерот Заев во однос на решавањето на спорот за името изрази задоволство што про-

цесот е влезен во финална фаза и ја потврди јасната подготвеност за вистински дијалог. „Кога ви е тешко се викаат пријателите. Ние со Бугарија го решивме проблемот, дај Боже да им соопштиме на нашите пријатели дека постигнавме решение и со Грција прифатливо и за двете страни со зачувување на достоинството и идентитетот. Ќе продолжиме со преговорите, но ако има проблем повторно очекуваме помош од нашите пријатели на 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

принципиелен начин, рече Заев на новинарско прашање во однос на можноста за помош од страна на САД. Тој се заблагодари за поддршката од САД за НАТО и ЕУ интеграциите и истакна дека очекува Македонија во април да добие чиста препорака за почеток на преговорите од страна на ЕК, а во јуни одлука од Советот на ЕУ за нивно отпочнување, како и да стане 30-та членка на Алијансата на самитот во јули.


Т Е Н З И И В О СО Б РА Н И Е ТО Во тензична атмосфера во која беше избегната и физичка пресметка меѓу поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, беше изгласан Законот за употреба на јазиците

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ИЗГЛАСАН, ИВАНОВ НЕ ГО ПОТПИШУВА

З

аконот беше донесен со 64 гласа „за“ без да се отвори амандманска расправа. Носењето на Законот го одбележа инцидент меѓу Груевски и Џафери. Пред иницидентот пратениците од опозициската партија, кои не добија можност за процедурална забелешка, се собраа пред претседателската маса, негодуваа и викаа дека амандманите над 35.000 што тие ги поднесоа мора да бидат разгледани, а во еден момент Груевски ја зеде чашата со вода што стоеше пред спикерот и ја истури по масата. Потоа се упати од другата страна на масата каде што седи претседателот на Парламентот и ја извади неговата картичка од системот. Инцидентот заврши со интервенција на собраниското обезбедување и обезбедувањето на претседателот на Парламентот. Џафери рече дека нема да дозволи во неговиот мандат во Собранието да се повторат 24 декември 2012 година и 27 април 2017 година и оти од денот кога стапил на оваа функција бил свесен за сите предизвици пред кои ќе се најде. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека неговата партија

ќе поднесе кривична пријава против Џафери за, како што наведе, флагрантно кршење на Уставот и на законите. ВМРОДПМНЕ, рече тој, нема да го признае законот и ќе поднесе иницијатива за оценување на неговата уставност. Законот, како што истакна, е неуставен, неприменлив и штетен, договор меѓу СДСМ и ДУИ, без одобрение од граѓаните. „Носењето на ваков противуставен закон не е само удар врз правото, туку и врз соживотот. Некој свесно не турка повторно во непосакувано сценарио во 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

кое влогот е РМ. Држава во која не владее правото, е разнишана држава“, рече Мицкоски. Претседателот Ѓорге Иванов, пак, најави дека повторно нема да го потпише указот за прогласување на законот. Според него, по својата репресивна содржина, и по насилниот начин на кој е донесен Законот за употреба на јазиците, не е израз на демократијата. „Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон“, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на Директорот на Државниот Завод за Статистика, Апостол Симевски, кој најави спроведување попис дури во 2020, но без графата за етничка припадност, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса ја повикува Владата да соопшти дали наводно личниот став на Директорот за Државниот Завод за статистика дека следниот попис не треба да ја попишува етничката припадност е став и на Зоран Заев и СДСМ. Како тоа кога се воведува двојазичност се врзува со наводните 20 проценти на Албанската заедница, а кога ќе треба попис тогаш етничката припадност била стара пописна категорија која била важна само во поранешна Југославија. Срамота! Попис мора да има и ќе има во согласност со потребите и спецификите на Република Македонија. Доста е веќе од задоволување на уцените на Али Ахмети и ДУИ. Политичките пазари на

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ДИРЕКТОРОТ ЗА ЗАВОДОТ ЗА СТАТИСТИКА сметка на сигурната иднина на Татковината нема повеќе да поминуваат. Не може ниту да се отвора прашањето за двојазичност без да претходно да се спроведе попис. И заради Уставот и заради темелните вредности на кој почива Уставниот поредок мора да има попишување на етничката припадност.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! Пред следниот попис мора да се дефинираат нови правила. Сметаме дека е 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

најдобро Претседателот на следната Државна пописна комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе предложен од Македонската дијаспора и кој не бил вклучен во претходните срамни политички пазари. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н И Ј А И М А П Р И Ј АТ Е Л В О Х Р В АТС К А „Реформите се клучни за напредокот на секоја земја на патот кон Европската унија и НАТО, а Македонија е добар пример во однос на нивното досегашно спроведување и процесот за неа ќе се забрза по решавањето на спорот со Грција околу името“, порача хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин Никола Димитров

"

ХРВАТСКА Е ЗА ШТО ПОБРЗ ПРИЕМ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ЕУ

М

акедонија има пријател во Хрватска и откако ќе се реши прашањето за името ќе ја добие нејзината поддршка за што е можно побрзо вклучување во НАТО и почнување на преговорите за влез во ЕУ“, рече Пејчиновиќ Буриќ. Напомена оти Хрватска ги поздравува напорите на Македонија за да го реши спорот со името на начин на кој ќе се почитуваат дигнитетот и идентитетот на двата народа. Поддршка даде особено и за влезот во НАТО, нагласувајќи дека Хрватската амбасада во Македонија е контакт на земјата со Алијансата. Димитров посочи оти на средбата била истакната амбициозната цел на Македонија во однос на ЕУ и НАТО во текот на оваа година и додаде оти искуствата на Хрватска се мошне важни за земјава со оглед на тоа што таа последна пристапи во Европската унија. Во врска со можноста за прием на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ до 2025 година, Пејчиновиќ Буриќ напомена оти не станува збор за фиксна година и додаде дека

клучни за влез во Унијата се реформите што секоја земја ги спроведува, но и политичките околности во нив. Напомена дека некои реформи бараат подолг временски период како правосудните, но оти за ЕУ е мошне важно да согледа дека реформскиот процес отишол толку далеку што веќе нема враќање назад за одредената земја. Смета дека Македонија кога ќе ги почне преговорите за влез во Унијата ќе биде многу 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

поподготвена од некои други земји коишто се во истиот процес. Двајцата министри разговарале и за положбата на малцинствата – македонското во Хрватска и хрватското во Македонија и можностите за унапредување на нивната позиција. Пејчиновиќ Буриќ информира дека во мај ќе заседава Мешовитиот комитет на малцинствата на двете земји кој ќе разгледа поконкретни мерки за подобрување на нивната состојба.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со последното интервју на лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, за Грчка ТВ „Антена“, каде тој порача дека како партија ќе сторат се’ за да блокираат терминот Македонија да биде вклучен во евентуалното решение за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ПАНОС КАМЕНОС

М

акедонската Алијанса ја повикува Владата на Зоран Заев денес да излезе и јавно да побара од Владата на Алексис Ципрас веднаш да се откаже од иредентизмот и национализмот кон Македонија и Македонскиот народ. Во спротивно нема што да бара Никола Димитров во Виена. Не може Панос Каменос јавно да се заканува дека ќе блокира евентуален договор кој ќе го содржи терминот Македонија, а во исто време да седи во Владата на Алексис Ципрас која наводно има поинаков став. Кога веќе актуелната Влада ги смени имињата на аеродромот и автопатот за да го одоброволи Никос Коsијас, сега Грчкиот Премиер нека си го дисциплинира својот Министер за одбрана. Секоја мудра надворешна политика ќе измери дали официјална Атина игра двојна игра во која Алексис Ципрас и Панос Каменос ги имаа поделено улогите на добар и лош полицаец. Не смееме да го игнорираме фактот дека 63,5 проценти од гласачите на Сириза имаат исто мислење со Панос Каменос. Грчките уцени до Македонскиот народ да прифати ново име и идентитет, да се промени Уставот и да се отстрани од нив замислениот Македонски иредентизам во суштина

се барања за да спорот за името НЕ се реши НИКОГАШ! Заканите дека и да го смениме Уставот во Грција постои структура која ќе го блокира договорот кој ќе го содржи терминот Македонија е многу сериозна порака која го доведува во прашање мандатот на Ципрас и Коsијас во преговорите. Се повеќе е јасно дека тие не можат да гарантираат дека ќе го спроведат тоа што евентуално ќе го договорат.

ПРЕСУДАТА НА ХАШКИОТ СУД МОРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ! БАРАМЕ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ! 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Македонскиот народ сака во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Актуелната Влада мора да преземе соодветни реципрочни чекори за одбрана на националниот идентитет. Досегашната конструктивност и сервилност немаат никаков ефект, освен нови и се поголеми понижувања. За да биде правдата задоволена Татковината мора да добие покана за полноправно членство во НАТО без одлагање. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ЈОРМ: Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 поднесе аобвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело. Обвинетите, според јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните "

НАСТАНИТЕ НА 27 АПРИЛ ДОГОВОРЕНИ И КООРДИНИРАНИ

О

псежаната истрага утврди, а уверени сме дека во судската постапка и ќе се докажа, дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија на битието на кривичното дело. Ве уварувам дека Обвинителството ќе продолжи да постапува согласно законот, имајќи предвид дека гонењето го врши во јавен интерес, и заради тоа неговата активност е насочена, пред се, пред лицето на правдата да ги донесе сите кои сториле кривично дело и секој да одговара за тоа што го сторил, обезбедувајќи го принципот на правна сигурност како еден од фундаменталните аспекти на владењето на правото“, изјави Јовески. Обвинителството ја запре постапката против пратеничката Жаклина Пешевска, која беше осомничена за упадот што се случи во Собранието на 27 април. Оттаму посочија дека постапката за Пешевска е запрена, бидејќи не се обезбедени докази за сторено кривично дело. Со обвинителниот ак, меѓу останатите се опфатени три лица, припадници на МВР, кои биле носители на златна и сребрена команда. „Тие иако континуирано биле известувани дека животот на пратениците од новоформираното пратеничко мнозинство, новинарите, вработените и овластените службени лица во Собранието, не издале наредби за распоредување на дополнителни полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на Собранието“, рече советникот за односи со јавност на ЈОРМ, Елизабета Недановска образложувајќи го обвинителниот акт. Во обвинението е наведено дека на 27 април едно лице преку телефонски

повик во 14:30 часот било известено да ја почне акцијата и заедно со уште неколкумина обвинети го мобилизирале членството од Скопје и од другите градови за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е обезбеден и заштитетен од полициските сили. „Десетмина од обвинетите организирале поголема група луѓе на кои им делеле маски-фантомни и заедно со нив, по претходен повик во 18:58 часот се упатиле кон Собранието, рече Недановска. Во обвинението се опфатени и други лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“. Како што рече Недановска, истовремено во објектот на законодавниот дом еден од обвинетите пратеници телефонски разговарал со едно од обвинетите лица кои биле пред вратата со што се утврдува координација. „По телефонската комуникација, сега обвинетите петмина пратеници, 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

заедно со тројца обвинети службени лица од обезбедувањето на Собранието отвориле две влезни врати со отстранување на двете заштитни греди и овозможиле влез на лицата со фантомки и на насобраните граѓани. Сега обвинетите лица од обезбедувањето ги насочувале останатите обвинети кон пленарната сала „Македонија“ и кон прес-салата во Собранието“, појасни Недановска. Обвинетите заедно со други непознати лица влегле во прес-салата при што започнале насилство, фрлајќи предмети кон пратениците и кон новинарите. Покрај за обвинетите, истрагата утврдила дека во организирањето на настаните од 27 април во Собранието на РМ биле вклучени одреден број засега непознати лица за кои продолжуваат истражните дејства. Обвинителството со подесување на обвинителниот акт до судот доставило и предлог за продолжување на мерките притвор и куќен притвор ценејќи дека се уште постојат законски основи за нивно определување.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со резултатите од двете анкети објавени во весниците „Катимерини“ и „Прото тема“ кои покажуваат дека повеќе од 70 проценти од Грците не се согласуваат терминот Македонија да биде содржан во евентуалното решение на спорот со името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

З

а каков напредок во преговорите брифира Никос Кoсијас со вакво јавно мислење во Грција? Резултатот дека 63,5 проценти од гласачите на Сириза се против компромис со терминот Македонија се поразителни за позициите и оптимизмот на Владата на Зоран Заев и Никола Димитров. Кој се уште има дилема дека официјална Атина под компромис единствено подразбира прифаќање на уцените од нивна страна? Затоа, предлогот содржан во нацрт спогодбата што Владата на Алексис Ципрас ја испрати во Македонија е најлош предлог за Македонските национални интереси во последните 20 години. Не е воопшто случајно што Грчкиот Премиер на Македонската новинарка и посакал на следната прес конференција да се претстави дека е од Горна Македонија. Не случајно предупредивме дека Грција со трикови сака да не измести да го напуштиме покровителството на ООН и

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА АНКЕТИТЕ ВО ГРЦИЈА медијаторството на Метју Нимиц. Грција преговара за да не се договори! Македонија не е приватна Држава и недозволиво е за најважното прашање за иднината на Македонскиот народ да знаат само Премиерот и неколку Министри кои се на тие функции на определено време. Македонскиот народ сака да знае со какви позиции Никола Димитров ќе патува во Виена. Сакаме да знеме дали е точно дека таму на преговарачка маса ќе се отвораат идентитетските прашања?

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

дека единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е само Македонскиот народ. Ниту една Влада нема мандат да влегува во авантури за сметка на иднината на Татковината. Опстојуваме на нашето барање да се прекинат преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да добие покана за полноправно членство во НАТО Алијансата. Доколку не се способни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка има кој има и храброст и знаење како се штитат Македонските национални интереси. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

Македонската Алијанса ја повикува Владата конечно да соопшти за што се уште преговара. Да не заборават 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со посетата на Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsијас и заедничката прс конференција со Македонскиот Министер за надворешни работи Никола Димитров, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

П

рвичната оценка за долгоочекуваната посета на Никос Кoсијас на Македонија е по онаа народната „се тресеше гората се роди глушец“! Заедничката прес конференција со Никола Димитров беше манифестација на добри дипломатски манири и одговори на новинарски прашања во ребуси. Македонската јавност е повторно во хендикепирана ситуација, бидејќи не доби ниту една релевантна информација за Грчката и Македонската нацрт спогодба. Сепак, колку и да се трудат да сокријат, впечатокот е дека планини не делат од евентуален компромис за името. Не е јасно зошто актуелната Влада на Зоран Заев и Никола Димитров се уште крие дека предлозите на официјална Атина се понижувачки и со крајна тенденција да наметнат решение кое ќе дефинира и ново Уставно име и нов идентитет. Заклучокот е дека авантурата да преговораме директно со Атина беше погрешна и не доведе во непријатна ситуација. Не смееме да го напуштиме покровителството на ООН. Бараме транспарентност и са-

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПОСЕТАТА НА КОSИЈАС каме да знеме дали актуелната Влада воопшто има план Б. Павлопулос вчера повтори дека Грција инсистира прво да се промени Уставот, да се отстрани наводниот Македонски иредентизам, па дури после да се потпише нов билатерален меѓународен договор. Коsијас тоа денес со внимателно избран вординг го потврди среде Македонија. Македонија не е приватна Држава па за најважното прашање за иднината на Македонскиот народ да знаат само неколкумина кој времено се извршна власт. Нашиот јужен сосед го бара од нас невозможното, да се обезличиме како народ и Држава. Или ќе ги прифатиме нивните уцени или нема ЕУ и НАТО.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Македонската Алијанса ја повикува Владата конечно да соопшти што содржи предлогот на официјална Атина и да ги слушнеме нивните позиции. Сакаме да знаеме дали постои храброст, знаење и капацитет да се одбранат Македонските национални интереси. Ако не се кадарни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка има кој знае како се обезбедува сигурна иднина за Македонија. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во името на Македонската Дијаспора ја поздравувам платформата на МАНУ во врска со спорот за името. МАНУ одамна има обврска да даде свој придонес во зачувувањето на Уставното име и Македонскиот национален идентитет

П

етте клучни точки од Платформата кои вчера ги објави МАНУ упатуваат на заклучокот дека предлозите на официјална Атина треба да се отфрлат како бесмислени. Македонија сака да стане полноправен член на ЕУ и НАТО, но не по највисоката цена што подразбира да се согласиме на сопствено обезличување. Нема никакви дилеми дека сите Грчки партии се унисони во нивната уцена – или Македонија ќе прифати ново име и нов идентитет или нема напредок во Евроатланските интеграции. Во таа насока сметам дека е целосно недозволиво актуелната Влада да крие од Македонската јавност какви предлози испратил Коsијас и со какви позиции ние сме возвратиле. Со ваков пристап, кај граѓаните дополнително се развива чувство на несигурност и сомнеж дека тајно се раскрчмуваат националните интереси. Евентуалните ветувања или прифаќање на одредени предлози

ПИСМЕНА ИЗЈАВА ЗА ПЛАТФОРМАТА НА МАНУ ЗА СПОРОТ ЗА ИМЕТО го надминуваат мандатот на партиите или коалициите. Народот никому не дал дозвола да преговара за историското наследство за кои генерации Македонци ги положија своите животи. Во оваа фаза е клучно да се предочи дека актуелната Влада не смее ни да помисли да го напушти покровителството на ООН во решавањето на спорот за името. Грција настапува со трикови кои треба да ја извадат од баланс Македонската позиција. Имено, Грција нема право да предлага нова билатерална спогодба затоа што е осудена земја со пресуда на Меѓународниот Суд во Хаг заради прекршување на Времената Спогодба која ја потпиша во 1995. Едноставно не може да нудиш нов договор кога не го почитуваш претходниот. Сега на Македонија и се потребни цврсти и одважни потези. Нема друг пат за нас освен да побараме неодложно спроведување на пресудата на 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Судот во Хаг која ќе овозможи Македонија веднаш да добие покана за полноправно членство во НАТО. Ние мора да добиеме на дело потврда дека меѓународното право важи за сите подеднакво. Во спротивно нема ниту една причина зошто да продолжиме да разговараме за ирационалниот спор за нашето име. Опцијата со подршка на нашиот стратешки партнер САД да започнеме иницијатива во ООН за преиспитување на Резолуцијата 817 на Советот на Безбедност и усвојување на нова со која ќе биде признено Уставното име Република Македонија секогаш стои отворена. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со изјавата на Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsијас, кој соопшти дека нацрт спогодбата веќе неколку дена е доставена до Владата на Република Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

С

о кои мотиви актуелната Влада го крие предлогот на Алексис Ципрас и Никос Коsијас? До кога ќе се информираме од Грчките медиуми за текот на преговорите и кои предлози се на маса? Зошто се лаже Македонската јавност дека предлогот ќе биде допрва донесен во четврток, а Владата го има веќе со денови? Тезите на Зоран Заев и Никола Димитров дека не се преговара преку медиумите се веќе јалови. Македонија не е ничија приватна Држава па за најважното прашање за иднината на Македонскиот народ да знаат само неколкумина кој времено се извршна власт. Бараме транспарентност! Македонскиот народ е единствен суверен владетел на идентитетот и сите останати национални обележја. Ниту една партија нема мандат да се коцка со најсветото национално наследство за кое животите ги положија

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ СПОГОДБАТА НА КОSИЈАС генерации Македонци! Актуелната Влада има должност и обврска да има план Б. Јасно е дека досегашната сервилност во надворешната политика нема никаков ефект. Се понижуваме, а не добиваме ништо! Грчката позиција и опозиција во едно се единствени - уцената да прифатиме ново име и идентитет, да го промениме Уставот и да го отстраниме од нив замислениот Македонски иредентизам. Згора на тоа коалициониот партнер на Ципрас, лидерот на Независни Грци, Каменос, во пресрет на нивната денешна средба уште еднаш порача дека не прифаќа во евентуалното решение на името да биде содржан терминот Македонија. Нашиот јужен сосед го бара од нас невозможното, да се обезличиме како народ и Држава. Нивниот став е јасен, или ќе ги прифатиме нивните уцени или нема ЕУ и НАТО. 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Македонската Алијанса ги повикува Зоран Заев и Никола Димитров да излезат јавно и да соопштат што содржи предлогот на официјална Атина и конечно да кажат кои се нивните позиции. Бараме јасна и недвосмислена одбрана на националниот идентитет. Да не се лажат дека можат да протуркаат велепредавство! Доста беше играње мижи татара! Сакаме одговори сега и веднаш! Македонскиот народ не смее и понатаму да се држи во заложништво! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со ставот на алтернативниот Министер за одбрана, Фотис Кувелис, кој во интервју за „Ријал Њуз“ вели дека решението за името треба да биде со меѓународен договор, пропратен со Уставни измени, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ФОТИС КУВЕЛИС

причина е што Грција е осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг заради прекршување на Времената Спогодба од 1995. Тој правен факт го околку Грчките загрозува нивниот политичари легитимитет да предлага навистина беа нова спогодба, бидејќи не загрижени за ја почитува претходната. стабилноста на регионот Таквите Грчки трикови во немаше да стават вето на обид Македонската страна нашата покана за НАТО во мора одлучно да ги одбие 2008. Сега после 10 години како БЕСПРЕДМЕТНИ! Сите јавното изразување страв најави од Грчка страна одат од експанзивните ризици во насока дека предлогот на Балканот од Грчка на Никос Коsијас кој ќе го страна е лицемерно, донесе неделава ќе биде бидејќи едно зборуваат а целосно во спротивност со друго прават. Нивните Македонските национални уцени до Македонскиот интереси. Нашиот јужен народ да прифати ново име сосед го бара од нас и идентитет, да се промени невозможното, да се Уставот и да се отстрани од обезличиме како народ и нив замислениот Држава. Македонски иредентизам во суштина се барања за да БАРАМЕ ИТЕН спорот за името НЕ се реши ПРЕКИН НА НИКОГАШ! Грција нема право да ПРЕГОВОРИТЕ! предлага нова билатерална ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ спогодба, најмалку од две причини. Првата, затоа што НАЦИОНАЛНИТЕ мандатот за водење ИНТЕРЕСИ! разговори и предлагање решенија за спорот на Македонската Алијанса името го има ООН. Втората ги повикува Зоран Заев и

Д

13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Никола Димитров без калкулации да преземат чекори за одбрана на националниот идентитет. Нивната досегашна конструктивност и сервилност немаат никаков ефект, освен нови и се поголеми понижувања. Така било и претходно, така е и сега! Ние сакаме во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Сега е момент за ШОК – ДИПЛОМАТИЈА! Преговорите треба да се прекинат се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Хашкиот Суд и со тоа по автоматизам добивање покана за полноправно членство во НАТО Алијансата. Меѓународните правни норми морат да важат за сите подеднакво!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А По повод видео обраќањето на Премиерот Зоран Заев после одлуката на владејачкото мнозинство на сила да го изгласа Законот за двојазичност, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Н

е е точно дека СДСМ на било кои избори добил мандат за срамно газење на Уставот. Ниту една партија нема право вака да се однесува. Премиерот Зоран Заев пред да го добие мандатот од Претседателот на Републиката потпиша писмени гаранции дека нема да ја загрозува иднината на Македонија и Македонскиот народ. Јавно тврдеше дека не е точно дека ќе воведе двојазичност, се колнеше дека Тиранската платформа не постои, гарантираше дека нема да прифати двојазични униформи на полицијата и драконски казни за незборување на Албански јазик. Жалиме што актуелната владејачка структура заради фотељи и функции дозволи терор на едно малцинство врз Македонскиот народ. За ова велепредавство не може да има ниту едно оправдување. Македонскиот народ очекува од пратениците на СДСМ јавно да кажат како се чувствуваат кога Али Ахмети нивното заедничко гласање го посветува на борците на УЧК? Тоа ли е нивното „едно општество за сите“ ? Зошто не

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ВИДЕО ОБРАЌАЊЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ побараа прво да се спроведе законски попис пред да влезат во ваква авантура? Каде се Али Ахмети и Талат Џафери да побараат од Еди Рама да ја признае Македонија под Уставно име? Свесни ли се во СДСМ дека исполнувањето на уцените на ДУИ е индиректно одработување за Грчките радикали кои сега уште поагресивно ќе го оспоруваат нашето право на Македонски јазик? За оваа ситуација има многу грешници! Македонската Алијанса одамна предупреди дека фактурата од срамната амнестија на Хашките случаи допрва ќе ја плаќаме. Македонскиот народ стана заложник на една криминализирана структура во ДУИ која по секоја цена ја турка својата агенда, вечно е на власт, без ниту еднаш да сноси одговорност за своите недела.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Јасно е дека без потпишан Указ за негово прогласување од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов Законот за двојазичност не може да стапи во сила. Неспорно е дека Уставниот Суд доколку не потпадне под политички притисоци ќе го прогласи Законот за двојазичност за неуставен. Затоа, Македонската Алијанса ги повикува надлежните институции, а особено раководството на ЈП „Службен Весник“ да не се лаже дека ќе избегне одговорност ако го објави Законот потпишан од Талат Џафери. Одговорност порано или подоцна ќе има за сите! Ако во СДСМ се сигурни дека Македонскиот народ го одобрува нивното однесување нека го распуштат Собранието и на предвремени парламентарни избори ќе го добијат вистинскиот одговор! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со вчерашната одлука на владејачкото мнозинство на сила да го изгласаат Законот за двојазичност, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ

Македонија после вчерашното срамно газење на Уставот е поделена како со нож. Од една страна е Македонскиот народ кој е изневерен, а на другата страна остана една уценета структура која заради гола власт прифати срамен политички пазар. Сите оние кои вчера гласаа за да официјализираат терор на едно малцинство врз Македонскиот народ, ќе мора да се соочат со сопствената одговорност. Квалификацијата за вчерашното политичко насилство е ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! Ги прашуваме пратениците на СДСМ зошто со истиот жар не побараат од Талат Џафери и ДУИ на да се спроведе попис? До кога ќе дозволуваме една структура да ја распродава Татковината? Исполнувањето на уцените на ДУИ е одработување за Грчките

радикали кои сега уште поагресивно ќе го оспоруваат Македонскиот национален идентитет. Не треба да се чека одлуката на Уставниот Суд. Доколку не се суди по политички диктат несомнено е дека Законот ќе биде прогласен за противуставен.

ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Да бев на ваше место, во ниту еден момент немаше да размислувам како да постапам. Функцијата и должноста која ја извршувате во моментов, ве става во улога на еден од последните браници на Уставот и правното функционирање на Државните институции. Затоа, дури и по цена порано да ви заврши мандатот сега е моментот да се стави стоп на раздавањето на Македонскиот национален идентитет. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

Ниту една функција не Ѓорѓија Џорџ Атанасоски е и не смее да биде поважна од иднината на Македонскиот народ! Македонската Алијанса ја поздравува најавата на Претседателот Ѓорѓе Иванов по втор пат да не го потпишува Указот за прогласување на Законот за двојазичност. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со ставот на Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, кој после средбата со својот Португалски колега Марсело Ребело де Соуза во Атина изјави дека спорот за името може да се реши ако прво се промени Уставот, па потоа се потпише договор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

К

ако одминува времето така официјалните претставници на Атина ги зголемуваат уцените и своите целосно непромислени барања. Малку им е што бараат ново име и идентитет, па уште го подигнуваат прагот и бараат прво да се промени Македонскиот Устав па после да се потпише нова билатерална спогодба. Тешко лицемерие е Павлопулос да се повикува на меѓународното право и Европското законодавство. Тој е Претседател на осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг за прекршување на Времената Спогодба која ја потпишаа со Македонија и се обврзаа дека нема да ги попречуваат нашите Евроатлански интеграции. Ние се согласуваме во едно со Павлопулос, дека историјата мора да се почитува! Факт е дека Македонија постоела со сите обележја на Држава многу векови наназад но Грчките

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ПРОКОПИС ПАВЛОПУЛОС националисти се плашат тоа да го признаат! Впрочем, ако Македонија од секогаш била Грчка, како што тие тврдат, зошто тогаш нивната асимилаторска власт после 1913 и Букурешкиот Договор насилно ги смени сите топоними во присвоената Егејска Македонија?

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира повикот за национално Македонско помирување заради заштита на интересите на Македонскиот народ. Лидерите на Македонските политички партии мора да преземат конкретни дејствија каде без калкулации ќе се 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

стават во одбрана на националниот идентитет. Јасно е дека предлогот на Коsијас кој ќе го донесе следната недела ќе биде контра Македонските национални интереси. Нашиот јужен сосед го бара од нас невозможното, да се обезличиме како народ и Држава. Ние сакаме во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Сега е моментот да се одважиме и да ги прекинеме преговорите! Доста е од конструктивност и сервилност кои и во минатото и сега не ни донеле никаков ефект, освен нови и се поголеми понижувања. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Релевантните политички фактори во Татковината треба да бидат свесни дека САД нема никаква намера да го смени досегашниот генерален курс на политики и мерки кои се во согласност со Специјалниот стратешко безбедносен билатерален договор од 2008 година, кој меѓу другото ја гарантира и нашата внатрешна стабилност и безбедност

Ј

а поздравувам Балканската турнеја на новиот Американски Помошник Државен Секретар, Вес Мичел. Ме радува фактот што Македонија како и целиот Балкан остануваат во фокусот на нашиот најголем стратешки сојузник и покровител. Земајќи предвид дека ова е прв непосреден контакт на новоназначените функционери кои се дел од администрацијата на Претседателот на САД, Доналд Трамп со политичките претставници на Балканско тло, а во контекст на најавите дека и спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе биде дел од агендата на Вес Мичел, сметам дека е продуктивно со отворено писмо наменето за оние чинители кои во моментот ги носат одлуките, јавно да им предочам неколку клучни определби кои треба да ги дефинираат нашите позиции во овој чувствителен период. Релевантните политички фактори во Татковината треба да бидат свесни дека САД нема никаква намера да го смени досегашниот генерален курс на политики и мерки кои се во согласност со Специјалниот стратешко безбедносен билатерален договор од 2008 година, кој меѓу другото ја гарантира и нашата внатрешна стабилност и безбедност. Особено што се целосно свесни дека АРМ рамо до рамо со армиите на полноправните членки на НАТО Алијансата одамна е дел од коалицијата за

ОТВОРЕНО ПИСМО ВО ПРЕСРЕТ НА ПОСЕТАТА НА ВЕС МИЧЕЛ борба против тероризмот во Авганистан, Ирак или во минатото и во Косово, како исполнување на мировните мисии на најмоќниот воено-политички сојуз. Македонија сака да стане полноправен член на ЕУ и НАТО, но не по цена на откажување од Македонскиот национален идентитет. Доста е од откажувања! Ние со децении ги трпиме уцените и блокадите на Грчките радикали кои не отстапуваат ниту милиметар од своите ирационални позиции. Македонија потпиша Времена Спогодба, смени Устав и знаме, прифати срамна референца ПЈРМ заради влез во ООН, а Грција на Самитот на НАТО во 2008 и покрај заложбите на САД ни стави вето за поканата за полноправното членство во Алијансата. На 5 декември 2011 Меѓународниот Суд во Хаг ја осуди Грција со констатирање дека ја прекршила Времената Спогодба и го повредила меѓународното право. Она што е суштински важно дека Судот во Хаг пресуди дека во Македонскиот Устав нема одредби за иредентизам и дека Македонија има право да го користи своето Уставно име во рамките на меѓународните организации и во билатералните односи со Грција. Со ова паѓаат во вода сите барања на Павлопулос, Ципрас, Каменос, Мицотакис или Каменос за отстранување на некаков од нив измислен иредентизам во Македонскиот Устав. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Сервилната надворешна политика и најавите за попустливост на актуелната Влада треба да бидат напуштени веднаш. На Македонија и се потребни цврсти и одважни потези. Од САД треба да побараме итно и неодложно спроведување на пресудата на Судот во Хаг која ќе овозможи Македонија веднаш да добие покана за полноправно членство во НАТО. Не прифаќаме нови билатерални спогодби со Грција бидејќи претходната не се почитува од нивна страна. Доколку и после 10 години официјална Атина повторно игра контра заложбите на САД тогаш не преостанува ништо друго освен со поддршка на Претседателот Доналд Трамп да започнеме иницијатива во ООН за наше членство под Уставното име. Отфрлање на Резолуцијата 817 од Советот на Безбедност, усвојување на нова која ќе го следи примерот на стотиците Држави кои не признаа како Република Македонија. МАКЕДОНИЈА Е, БИЛА И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА! БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на Францускиот Амбасадор, Кристијан Тимоние, кој во интервју за Македонски медиум изјави дека Законот за употреба на јазиците не е дел од реформските приоритети на Македонија и не може да се злоупотребуваат Собраниските процедури со ставање на Европско знаме на проекти кои не се дел од Европската агенда, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса го повикува Вицепремиерот од ДУИ, Бујар Османи да соопшти дали останува на ставот дека тие што се против Законот за двојазичност се против ЕУ и НАТО Алијансата? Ако е така, дали според тие аршини на ДУИ и Јоханес Хан и Кристијан Тимоние се против ЕУ и НАТО Алијансата? Колку пораки треба да му се испратат на Али Ахмети за да конечно разбере дека прави злоупотреби со инсистирањето по секоја цена да се усвои Законот за двојазичност? Свесни ли се од ДУИ дека нашите уважени и почитувани сограѓани Албанци сакаат подобра економска иднина, животен стандард и дека им преку глава да бидат алиби на оние кои преку нивниот грб се богатеа изминативе 15 години како вечни партнери на секоја власт? Закон за двојазичност е класична политичка уцена и терор на едно малцинство врз Македонскиот народ. Законот нема врска со аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Овој закон е само дел од агендата на ДУИ со која се обидува да ги со врати рејтингот кај Албанските гласачи. Сметаме дека функционерите на ДУИ треба да престанат да и прават сопки на Македонија и нејзината иднина. Македон-

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СТАВОТ НА ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР КРИСТИЈАН ТИМОНИЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ скиот народ тоа не го заслужува. Доста е од изјави дека не се согласуваат со референдум за името, доста е од праксата ниту еден поранешен или актуелен функционер на ДУИ да не одговара за криминал. Нека си ја освежат меморијата и нека се потсетат на Хашките случаи и срамната амнестија во Македонското Собрание, нека им текне како Талат Џафери со читање литература го спречи донесувањето на Законот за бранители. Конечно, пред да продолжат со ултиматумите еднаш нека одговорат зошто во изминативе 15 години додека се власт, ДУИ никогаш не побара од ниту една Албанска Влада да го признае Уставното име на Република Македонија? БАРАМЕ ПОПИС! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! Тврдиме дека противуставниот Закон за двојазичност е напад врз Македонскиот национален идентитет од внатре, и тоа по Грчки терк. Официјална Атина ова го чека за да дополнително го оспорува нашето неспорно право на Македонски јазик. Македонската Алијанса верува со системски решенија. Се додека не се спроведе законски и веродостоен попис, 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

согласно Охридскиот Рамковен Договор, нема никаква основа да се става на маса предлог за воведување на двојазичност. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со објавата на Грчкиот весник „Катимерини“ дека е постигнат договор за името, опсегот на употреба и акронимите, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонскиот народ гласно бара одговори. Не може од Грчките медиуми да дознаваме што прави актуелната Влада на Република Македонија. Бараме од Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска јавно да се произнесат дали е точно дека прифатиле ново име и механизмите за негова употреба? Доста беше криење! Ако Владата не прави ништо зад грбот на Македонскиот народ, тогаш нема ниту една причина да биде толку таинствена! Македонската Алијанса јасно порачува дека евентуалниот договор меѓу Владите на Зоран Заев и Алексис Ципрас е јалов и целосно неважечки. Ниту еден лидер, партија или Владина коалиција нема мандат да преговара за името и идентитетот за кои Македонските херои ги положија своите животи.

НИКОЈ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОБЈАВАТА НА „КАТИМЕРИНИ“ ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ!

плашат граѓаните со апокалиптични сценарија. На сите ни е јасно дека без разлика кој е на власт во Грција, тие никогаш нема да отстапат од своите иредентистички позиции, Македонија сега и веднаш да се откаже од името, да го промени Уставот и да прифати нов идентитет. Бараме прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. До тогаш сите разговори и преговори за името да бидат прекинати! Ако сегашниот Државно политички естаблишмент во Татковината заради различни причини нема храброст или знаење како се брани националниот интерес, нека си заминат, бидејќи има кој знае!

Македонскиот народ не прифаќа никакви нови спогодби. Доста ни е од уцените на Грчките националисти. Не прифаќаме придавки или одредници кои треба да не обезличат како народ. Ние знаеме кои сме Македонци од Македонија и нам не ни треба нов идентитет. Нема никаква правна издржаност да влегуваме во авантура со нови билатерални спогодби. Со пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг е потврдено дека Грција во 2008 ја прекрши Времената Спогодба. Која е логиката да веруваме дека сегашната или идната Влада МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА во Атина воопшто ќе почиПретседател, тува некаков нов договор, кога претходниот не го есапи за правно обврзувачки за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски нив. Македонската Алијанса ги повикува најодговорните политички партии во Татковината да престанат да ги 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НАПАДИТЕ КОН МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Во врска со нападите кон Македонската Дијаспора чиј непосреден повод беа масовните протести низ целиот свет на глобалната коалиција „Ние сме Македонија“ под мотото “во одбрана на нашето право на самоопределување и заштита на Македонскиот идентитет“, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Ј

авно ги повикуваме перјаниците на власта веднаш да престанат со нападите и обидите за дискредитација на Македонската Дијаспора. Македонската Алијанса ги осудува сите облици на насилство, палењето на знамиња и фотографии на политичари, исто како што реагиравме и на вандализмот за време на „шарената револуција“. Но, нема да дозволиме нашите браќа и сестри Македонци да бидат шиканирани само затоа што сега не мислат исто како Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Тезите дека Дијаспората е одродена затоа што живее и работи во западниот свет и заради тоа нема право да ја брани Татковината се самоубиствени за Македонското национално ткиво. Наместо да се омаловажува и мрази нечиј успех во Европа, САД или Австралија, треба да се погледнат фактите. Погледнете конкретни примери. Зарем не сме покажале како се сака Татковината со душа и срце? Живееме и работиме и во Македонија! Од независноста до сега непрекинато вложуваме

во бизниси во Македонија кои вработуваат илјадници луѓе, донираме и помагаме таму кај што е најпотребно, секојдневно лобираме за заштита на историското и духовно наследство на Македонија. Го вложуваме најмилото. На своите деца им ја пренесуваме љубовта кон родната грутка, и иако родени надвор доаѓаат, учат и водат бизниси во нашата Татковина. Зошто сега не ви чиниме? За да бидеме добри и прифатливи треба да се согласуваме со сервилната надворешна политика на актуелната Влада? Треба да се согласиме дека во Бугарија нема Македонци и дека ОМО Илинден Пирин никогаш нема да се регистрира? Да се согласиме со теророт кој Албанскиот политички фактор го врши врз целиот Македонски народ со Законот за двојазичност? Да аплаудираме на преименувањата на аеродромот, автопатиштата и отстранувањето на спомениците? Како може да сте слепи за Македонскиот народ кој вчера беше на плоштадот во Скопје? И конечно, ќе станеме добри и подобни ако се согласиме со 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

уцените на нашиот јужен сосед да прифатиме ново име, слеано, без англиски превод, со Уставни измени и нов идентитет на Македонскиот народ?

НЕ, НЕ, ТОА ОД НАС НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ДОЖИВЕТЕ! МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА! НИЕ НЕ СЕ БОРИМЕ ЗА ГОЛА ВЛАСТ! НЕ ПРАВИМЕ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ! Клучната дилема е зошто и Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, не застануваат зад сопствениот народ? Зошто упорно си ставаат товар и превземаат одговорност за нешто што не можат да го исполнат. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВО ВРСКА СО СВЕТСКИОТ ПРОТЕСТ ЗА ОДБРАНА НА НАШЕТО ПРАВО НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ По повод глобалната граѓанска иницијатива „Ние сме Македонија“ за светски протест в недела, на 4 март 2018 година, „во одбрана на нашето право на самоопределување и заштита на Македонскиот идентитет“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонска Алијанса изразува јавна поддршка на оваа голема патриотска иницијатива. „Ние сме Македонија“ е гласот на Македонците од сите континенти кои секојдневно се покренуваат борејќи се против неправдата која и се прави на Татковината. Уште еднаш се докажува дека Македонија е секаде каде чука барем едно македонско срце! Овој светски протест ќе биде доказ дека Македонија се сака со дела и дека сеуште има кој да се бори за неа. Како дел на оваа иницијатива Македонската Алијанса ги повикува своите членови, поддржувачи и симпатизери да се приклучат на протестот. Длабоко сме уверени дека највисока патриотска должност е да бидеме иницијатори на масовното организирање на Македонскиот народ во одбрана на Уставното име и Маке-

донскиот идентитет! Ова е само почеток! Бараме итен прекин на преговорите со цел заштита на името на државата, на националниот идентитет и на јазикот, кој воедно е постулат на Македонска Алијанса врз кои ја темелиме нашата работа на оваа тема. Ги повикуваме сите влијателни поединци во Македонија и низ целиот свет активно да се вклучат во лобирањето за прекин на овој срамен чин на кои на некој начин не тераат нашите соседи! Ниедна држава не смее да биде заложник на туги интереси и каприци преку кои се спречува процесот на развој а воедно се кршат и голем број на човекови права. Нашата Платформа за заштита на националните интереси и обезбедување сигурна иднина за Татковината ќе биде посветена токму на тие аспекти. За крај уште еднаш ги повикувам сите браќа и сестри Ма21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

кедонци во Татковината и надвор од неа, да покажеме дека овие луди обиди за велеоредавство и раздавање на Македонскиот национален идентитет нема да поминат!!!

ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА НИ ГО ОДЗЕМАТ СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Во врска со синоќешното отстранување на споменикот на Александар Македонски од аеродромот, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

В

ладината коалиција нема мандат да ги загрозува националните интереси. Аеродромот и автопатот се јавни добра кои им припаѓаат на Македонските граѓани. Актуелната Влада само времено управува со нив и заради тоа не значи дека има право без да ги праша граѓаните да ги преименува и да ги задоволува уцените на официјална Атина. Зарем толку треба да се понижуваме за да го одоброволиме Коsијас да слета со авион во Македонија? Кој ќе понесе одговорност ако новиот билатерален договор кој ќе ни го донесе шефот на Грчката дипломатија е крајно неповолен за Македонија? Што ако се точни наводите во Грчките медиуми дека предлозите за нови имиња се споени, без превод на англиски јазик, со барање за Уставни измени и прифаќање на нов идентитет? Тогаш, Владата ќе ги врати ли имињата на аеродромот и коридорот

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД АЕРОДРОМОТ 10 и споменикот на Александар Македонски? Која е крајната точка за актуелната Влада конечно да разбере дека сервилната надворешна политика е погрешна тактика и стратегија? Грчката позиција и опозиција си ги вадат очите во нивната меѓусебна борба за власт, но се единствени во ултиматумот за промена на Уставното име и прифаќање на нов идентитет. Во спротивно за Македонија нема ниту ЕУ ниту НАТО. Порано или подоцна актуелната власт тоа ќе го сфати.

СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! БАРАМЕ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! Македонската Алијанса повикува на единство и национално обединување. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

Време е за шок – дипломатија! Македонија мора да покаже интегритет и да бара доследно почитување на меѓународното право. Грција за да предлага нови билатерални договори мора претходно да ја почитува Времената Спогодба. Ние се залагаме за мораториум на преговорите. Се додека не се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија не стане полноправен член на НАТО Алијансата, сите разговори за името се беспредметни. Ние знаеме како треба да се брани Татковината и иднината на Македонскиот народ. Ако актуелната власт не знае или нема храброст, нека си замине веднаш! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

PODGOTOVKI UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

MLADI LAVOVI UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


БИЗНИСМЕНИТЕ ВО МАЛИТЕ ДРЖАВИ КАКО М А К Е Д О Н И Ј А Н Е М А АТ ГО Л Е М И З Б О Р

Бизнисмените во малите држави како Македонија немаат голем избор. Мора да бидат отворени кон светот и да воведуваат нови технологии за да може да бидат конкурентни на светските пазари, сметаат претставниците од бизнис секторот кои учествуваа на Самитот на мали земји што го организира Стопанската комора на Македонија

МАЛИТЕ ЕКОНОМИИ МОРА ДА БИДАТ КОНКУРЕТНИ И ОТВОРЕНИ КОН СВЕТОТ

С

поред Мојмир Оцвирк од Словенија, најважно е да се создаде клима во која младите и било кој човек ќе размислува како претприемач и да се види дали новите трендови што ги наметнува времето, може да им помогнат на претприемачите во малите држави успешно да преминат на глобалниот пазар. „Најважно е да видиме дали новите трендови носат нешто ново на пазарите на малите држави кои не се доволно јаки за да можат да конкурираат на глобалниот пазар“, изјави Оцвирк. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека малите земји како Македонија мора да бидат отворени кон светот, а за

развој на економијата потребно е да се има стабилна политичка состојба и владеење на правото. За зголемувањето на БДП во малите економии како што е македонската, според Анѓушев, клучни се два механизми и тоа извозот и инфраструк30 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 Март 2018

турните инвестиции кои треба да бидат продуктивни. Конференцијата треба да придонесе за подобрување на бизнис врските преку користење современа технологија, како и визија за правецот на движење на бизнис секторот во иднина.


Компаниите генерално немаат забелешки за мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст, но имаат нејаснотии во однос на условите и критериумите што се различни од мерките во првиот и вториот столб

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕРКИТЕ Д Е Б АТ И РА А Б И З Н И С М Е Н И ОД С Т О П А Н С К АТА К О М О РА Н А МАКЕДОНИЈА

КОМПАНИИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА МЕРКИТЕ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ

З

а деталите околу можностите и критериумите за користење на мерките дебатираа бизнисмени од Стопанската комора на Македонија со Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, институција преку ќе се реализираат активностите. Според Деспотовски, размената на информации со бизнисот и разјаснувањето на мерките се важни со оглед дека е во тек изработката на правилниците со кои ќе се применуваат мерките. За подготовка на проектите со кои компаниите ќе можат да аплицираат за користење на мерките ќе имаат помош од Фондот за иновации каде им се на располагање стручни лица и со кои ќе можат да работат по претходно закажан термин. Билјана Пеева Ѓуриќ, извршен директор во Стопанската комора на Македонија, очекува да бидат разјаснети сите дилеми кои ги имаат компаниите. „Тука има сериозни мерки коишто може да бидат од корист на бизнис заедницата, како што е мерката за стручно усовршување и пракса на млади кадри кои треба да се вработат во компа-

ниите. Таквата финансиска поддршка секако е добредојдена, бидејќи со стекнувањето дополнителни знаења, вештини и обуки компаниите ќе може да генерираат кадар којшто му е потребен на пазарот на труд“, изјави Пеева Ѓуриќ. За спроведување на третиот столб од владиниот План за економски раст Фондот за иновации и технолошки развој располага 31 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 Март 2018

со 10,5 милиони евра. Најавени се вкупно три повици за мерките. По првиот што треба да биде објавен до крајот на месецов, повици за користење на мерките ќе бидат објавени и во јуни и во септември. На располагање на Фондот за иновации и технолошки развој се и 7,5 милиони евра, средства од Светска банка, а кои не беа искористени од претходното раководство.


Митко Гогов, од здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“, како еден од одговорните за остварувањето на оваа манифестација ги врачи наградите „Антево слово“ на лауреатите. Публиката имаше чест да ги слушне победничките стихови во интерпретација на самите автори

В О С П О М Е Н С О Б АТА Н А П О Е Т О Т АНТЕ ПОПОВСКИ, ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ПРЕД ГОЛЕМ БРОЈ П О Ч И Т У В АЧ И Н А П О Е З И Ј АТА И ПИШАНИОТ ЗБОР СЕ ОДРЖА ПРВОТО ОФИЦИЈАЛНО Д ОД Е Л У В А Њ Е Н А Н А Г РА Д И Т Е

„АНТЕВО СЛОВО“

В

о спомен собата на поетот Анте Поповски, во Ѓорче Петров, пред голем број почитувачи на поезијата и пишаниот збор се одржа првото официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“. Наградите „Антево слово“ беа доделени за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. Манифестацијата, со своја поздравна реч ја отвори градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кому му беше врачена почесната диплома за поддршка и придонес за реализација на конкурсот. На крајот на своето обраќање, Наумоски ги поздрави присутните со интерпретација на стихови на еминентниот поет Поповски. Митко Гогов, од здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст Струмица“, како еден од одговорните за остварувањето на оваа манифестација ги врачи наградите „Антево слово“ на лауреатите. Публиката имаше чест да ги слушне победничките стихови во интерпретација на самите автори. Првата награда беше доделена на еминентниот македонски автор Томислав Османли за песната „Љубов“, втората награда ја доби Александра Димитрова – „Литост“, а трета награда му припадна на Салваторе Амбросино од Италија

за песната „Сменети умови“. Како дел од оваа поетска манифестација е вклучена интернационалната награда, која оваа година за првпат ја добија Михајло Свидерски – „Сирија“ и Долорес Атанасова – Лори – „Љубовта е брза и гладна ѕверка“. Покрај наградените, и песните кои влегоа во најтесна конкуренција беа прочитани од страна на нивните автори, кои од организаторот Митко Гогов примија пригодни благодарници. Бројните почитувачи на поезијата имаа можност да ги слушнат и пораките содржани во поздравното обраќање на овој собир од страна на Геро Ла Векија, годинашниот лауреат Томислав, наградените и другите присутни учесници на 32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

годинашниот конкурс. Пред публиката се обрати и синот на поетот Анте, Александар Поповски, кој во емотивното обраќање ја искажа својата благодарност на организаторот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Наумоски, на над 130- те учесници на конкурсот, како и на добитникот на наградата Османли за својот придонес за негувањето на ликот, делото и творештвото на академик Анте Поповски. Тој најави дека допрово претстои координирана и заедничка акција, која целосно ќе го расветли делото и творечкиот пат на Анте Поповски, за што во скора иднина македонската јавност ќе биде запознаена со многу повеќе детали.


Н А Г РА Д АТА „ Т РА Ј К О П Р О К О П И Е В “ Со сиот свој творечки опус и, паралелно со тоа, со својата многустрана дејност во областа на музичката култура и културата воопшто, Марко Коловски во изминатите речиси четири децении од неговата творечка активност стана не само столб на македонската музикологија и музичка култура туку, во многу нешта, и посебен авторитет и своевиден ‘еталон’ за процена на дострелите на другите чинители и појави во македонската култура велат од СОКОМ

ЗА МАРКО КОЛОВСКИ

Н

аградата „Трајко Прокопиев“, која претставува највисоко професионално признание што им го доделува СОКОМ на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата, во 2018 година му се доделува на музикологот, публицист, новинар и општественик Марко Коловски. Коловски е првиот завршен музиколог на тогаш „младиот“ Факултет за музичка уметност во Скопје. - Со сиот свој творечки опус и, паралелно со тоа, со својата многустрана дејност во областа на музичката култура и културата воопшто, Марко Коловски во изминатите речиси четири децении од неговата творечка активност стана не само столб на македонската музикологија и музичка култура туку, во многу нешта, и посебен авторитет и своевиден ‘еталон’ за процена на дострелите на другите чинители и појави во македонската култура -

велат од СОКОМ. Во текот на својот извонредно богат и плоден творечки живот, Марко Коловски беше истакнат уредник во Македонската радиотелевизија и, паралелно со тоа, извршуваше низа значајни општествени и други функции. Автор е на голем број книги посветени главно на македонското творештво, а за две од нив е добитник на 33 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

наградата „Панче Пешев“ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологијата. Автор е и на десетици статии и есеи за различни стручни прашања , автор или коавтор на повеќ е монографски изданија пишувани по повод јубилеите на најважните институции кај нас, учесник е во низа енциклопедиски проекти.


П Р Е М И Е Р Н АТА И З В Е Д Б А Н А П Р Е Т С ТА В АТА Преку семејна приказна за татко и син кои се среќаваат после долги години, авторот на претставата Јане Спасиќ се обидува да согледа неколку поважни животни фази и да ги разгледа последиците на индивидуалните одлуки

„ЕДНАШ СВЕТ ИЗГРАДИВ,,

П

ремиерната изведба на претставата „Еднаш свет изградив “ по мотивите од романот „Сидарта” на писателот Херман Хесе, во режија на Јане Спасиќ се одигра во Театарот за деца и младинци. Текстот „Еднаш свет изградив“ е пишуван по мотиви на романот „Сидарта“ од Херман Хесе. Преку семејна приказна за татко и син кои се среќаваат после долги години, авторот на претставата Јане Спасиќ се обидува да согледа неколку поважни животни фази и да ги разгледа последиците на индивидуалните одлуки. Преку нивниот однос и приказните на таткото се поставуваат повеќе прашања за значењето и последиците од изборите во животот. Дали децата може да избегаат од изборите на своите родители и дали може да направат свои самостојни избори или тие секогаш ќе носат сенка од изборите на своите родители, дали постојат универзални вредности или сите се индивидуални? Дали на животот може да му се даде подолготрајна смисла или секоја животна фаза има свое значење? Дали некое од овие прашања има дефинитивен одговор или засекогаш остануваат отворени? Претставата е работена низ заеднич- рот за деца и младинци - Дра- ровска, Бојан Кирковски и млаки, експериментален процес ган Довлев, Ненад Митевски, диот гостин Михаел Стојановзаедно со актерите од Теата- Наташа Петровиќ, Симона Спи- ски кој има само девет години. 34 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Mарт 2018


МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ

Успесите на филмот „Исцелител“ не стивнуваат и на секој меѓународен фестивал каде што досега беше прикажан доби или награда или признание

„ИСЦЕЛИТЕЛ“ НАЈДОБАР ВО БЕРГАМО

М

акедонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ја доби главната награда за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Бергамо, Италија. Интернационалниот филмски фестивал се одржа од 10 до 18 март и годинава беше нивното 36. издание. Успесите на филмот „Исцелител“ не стивнуваат и на секој меѓународен фестивал каде што досега беше прикажан доби или награда или признание. Во рецензиите на светските филмски магазини на овој македонски филм му се прогнозира голем успех, но и повод да ја помести напред целата македонска кинематографија. 35 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Mарт 2018


„ОДБРОЈУВАЊЕ“ НА ФРОСИНА ПАРМАКОВСКА Одлуката за наградата ја донесе жири во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“, и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“

„РОМАН НА ГОДИНАТА“

Р

оманот „Одбројување“ на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година, за најдобро романескно дело напишано на македонски јазик, која ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.Одлуката за наградата ја донесе жири во состав: Давор Стојановски, писател и минатогодишен лауреат, Ристо Лазаров, писател, Иван Додовски, писател и професор на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, Анета Дучевска, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“, и Катерина Богоева, новинар и член на Фондацијата „Славко Јаневски“.Според образложението на жирито, романот „Одбројување“ претставува ненаметливо раскажана потресна семејна драма од современото скопско секојдневие. „Приказната е структурирана во три дела, каде низ постојани флешбекови на внатрешен монолог, неименуваната нараторка, која е и централен протагонист во делото, ни ја открива незавидната положба, се наведу-

ва, меѓу другото, во образложението на членовите на жирито. Романот го одликува долга реченица, јазик близок до разговорниот, како и повремени репетиции, кои на моменти 36 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 822 / Март 2018

како да го губат фокусот на приказната, но не и полнењето на ликовите со нови детали, кои отсликуваат уште еден исечок од македонската општествена реалност.


822  

makedonskosonce

822  

makedonskosonce

Advertisement