Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 819, Декември 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

С Р Е Ќ Н А Н О В А ГО Д И Н А И Б О Ж И К Н И П РА З Н И Ц И


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Соопштение за јавност за интервјуто на Никос Коsијас за ЕРТ Во врска со интервјуто на шефот на Грчката дипломатија Никос Коsијас за нивната Државна телевизија ЕРТ, каде ги соопшти ставовите во врска со прашањето за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Од интервјуто на Никос Коsијас може да се заклучат неколку работи за кои подолг период Македонската Алијанса јавно говори. Прво, Никос Коsијас го покажува најголемиот страв на официјална Атина – бројот на земји кои ја имаат признаено Република Македонија под Уставното име. Индиректно, тој признава дека Грција има проблем што нивната децениска блокада за нашите Евроатлански интеграции предизвикува Македонија да добива се поголем број на сојузници кои сфаќаат дека позициите на Атина се ирационални. Едноставно, 142-те земји, меѓу кои САД, Русија и Кина, 3 од 5 постојани членки на Советот за безбедност на ООН, кои не признаа како Република Македонија, се нашето најголемо и најмоќно оружје. Второ, ставот на Никос Коsијас дека сите во ООН се обврзале да ја сменат својата одлука за употреба на нашето Уставно име доколку се постигне компромис за друго име, упатува на заклучокот дека Грција до крај ќе инсистира да се најде ново име за севкупна употреба што ќе значи и барање до нас да се смени Уставот. Не случајно шефот на Грчката дипломатија вели дека „не можело во личната карта да стои едно, а во пасошот друго име“. Колку Грчките позиции се ирационални говори фактот што Никос Коsијас аргументира „на што земјите членки во ООН се обврзале“, а заборава дека Грција со Времената Спогодба од 1995 која се потпиша под покровителство на ООН, се обврза да не ги блокира нашите Евроатлански интеграции. Тоа е практицирање на веќе видената Грчка политика на двојни аршини на дело! Секојдневно се потврдува дека Македонската Алијанса е во право кога тврди дека сервилната надворешна политика не вродува со плод. Напротив се злоупотребува. Бадијала јавно се понижуваат Премиерот Зоран Заев и Министерот Никола Димитров. Актуелната Влада може да преименува аеродроми, автопатишта, да отстранува споменици, да менува учебници по историја, да се откажува од античките корени, да ги исполни Грчките хирови, но официјална Атина нема да попушти од својот став – без променето име и откажување од Македонскиот идентитет, нема решение за спорот, ниту членство во ЕУ и НАТО Алијансата. И некоја друга Влада претходно смени Устав, знаме се откажа од сонцето на Кутлеш, прифати срамна привремена референца ПЈРМ за да обезбеди прием во ООН, направи многу крупни отстапки на штета на Македонскиот народ, а Грција не отстапи од својата ирационална политика на блокади и закани. Македонската Алијанса уште еднаш апелира за преземање на итни чекори кои ќе ја прекинат спиралата на самоуништување во која Македонија е втурната. Пред да биде предоцна, треба да се преземат следните чекори: 1. Времено прекинување на преговорите за спорот за името со образложение дека бараме прво да се спроведат меѓународните норми како гаранција дека меѓународното право ќе се почитува безусловно. Грција како осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг, да ја спроведе пресудата и во согласност со меѓународното право да ги одблокира Македонските Евроатлански интеграции. 2. Актуелната Влада наместо да предлага ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија веднаш да се повлече од таа екскурзија бидејќи Бугарската страна и со одредбите во Договорот и со постапките на нивните политики првенци во изминатиот период потврдува дека свесно, намерно и со умисла го оспорува Македонскиот национален идентитет. 3. Законот за воведување на двојазичност да биде повлечен од Собраниска процедура бидејќи решенијата кои евентуално би стапиле на сила се противуставни и го загрозуваат Македонскиот идентитет од внатре по Грчки терк. Се додека не се спроведе законски попис прашањето за проширување на опфатот на употребата на Албанскиот јазик се замрзнува. Владата и актуелниот состав на Македонското Собрание се на потег. Ако партиите кои во моментот имаат свои претставници во законодавниот дом не ја разбираат опасноста со која се соочува Татковината ќе бидат директни извршители или соучесници кои со гласање или молчење ќе се обидат да сторат велепредавство во неколку чекори. Единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е Македонскиот народ. Ниту еден лидер, партија или коалиција не е поголема од иднината на нашата Татковина! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


СРЕДБА ЗАЕВ-МИЦКОСКИ: Конструктивноста не треба да биде во една насока, таа треба да биде двонасочна, порача претседателот на ВМРОДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Зоран Заев и најави дека и во иднина најголемата опозицска партија ќе продолжи да биде конструктивна, а тоа го очекува и од Владата

Н

а средбата во Владата, која траеше околу час и половина, биле отворени повеќе прашања на неколку теми, а како што рече Мицкоски, имале и различни мислења, но според него за тоа и треба да се дискутира и во иднина.

ПОТРЕБНА Е КОНСТРУКТИВНОСТ ОД ДВЕТЕ СТРАНИ

Како што соопшти Владата, средбата поминала низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. „Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси. Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата“, додаваат од Владата.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со изјавата на Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис за Грчкиот весник „То Вима“ и јавната полемика меѓу Грчката Влада и опозицијата за прашањето на името на Република Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

К

оја е границата до која актуелната Влада ќе дозволува понижување од Грчка страна? Срамен е начинот на кој Градоначалникот Јанис Бутарис се правда пред нивната јавност што Премиерот Зоран Заев ќе ги помине новогодишните празници во Солун. Тврдењето дека Зоран Заев сам се поканил во Солун е скандал кој бара реакција. Најмалку што може да стори Премиерот е веднаш да го откаже аранжманот во Солун и да даде јасно до знаење дека нема да дозволи ваков нечесен однос. Паралелно, јавната полемика меѓу Панос Каменос, Дора Бакојани и Теодорос Пангалос за тоа што за која партија е прифатливо како евентуално решение на спорот што Грција го има со нашето Уставно име, потврдува дека сме во прво кога тврдиме дека Грција не попушта од своите радикални и националистички ставови. Грција до крај ќе инсистира да се најде ново име за севкупна употреба што ќе значи и барање до нас да се смени Уставот и да прифатиме нов, наметнат идентитет. Што уште треба да се случи за актуелната Влада да сфати дека

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИЗЈАВАТА НА ЈАНИС БУТАРИС ЗА „ТО ВИМА“ сервилната надворешна политика не вродува со плод? Напротив се злоупотребува. Бадијала се јавните ветувања и подготвеноста на Премиерот Зоран Заев и Министерот Никола Димитров да преименуваат аеродроми, автопатишта, да отстрануваат споменици, да менуваат учебници по историја, да се откажат од античките корени. Дури да ги исполнат сите Грчки хирови, јасно е дека официјална Атина нема да попушти од својот став – без променето име и откажување од Македонскиот идентитет, нема решение за спорот, ниту членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Нека погледнат во минатото. Некоја друга Влада претходно смени Устав, знаме се откажа од сонцето на Кутлеш, прифати срамна привремена референца ПЈРМ за да обезбеди прием во ООН, направи многу крупни отстапки на штета на Македонскиот народ, а Грција не отстапи од својата ирационална политика на блокади и закани. Македонската Алијанса уште еднаш апелира, пред да стане предоцна, да се пристапи кон шок дипломатски чекори како времено прекинување на прего04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

ворите за спорот за името со образложение дека бараме прво да се спроведат меѓународните норми како гаранција дека меѓународното право ќе се почитува безусловно. Грција како осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг, да ја спроведе пресудата и во согласност со меѓународното право и Времената Спогодба од 1995 и да ги одблокира Македонските Евроатлански интеграции. Во спротивно немаме ниту една причина да веруваме дека официјална Атина сака навистина да го реши спорот и дека е подготвена да почитува евентуални нови меѓународни договори или спогодби за Македонското прашање. Единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е Македонскиот народ. Ниту еден лидер, партија или коалиција не е поголема од иднината на нашата Татковина! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска последното интервју на Вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој за емисијата „Стадион“ на Радион Канал 77 изјави дека за него е прифатлива „Северна“, „Горна“ или „Нова Македонија“ Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: али актуелната Влада воопшто има компас, стратегија каде се движи и што сака да постигне? Кој стигне се раздава и лицитира со нови имиња на Татковината, небаре се на пазар и тргуваат со овошје, а не со најсветото Македонско име и идентитет! Скандалозно! Од другата страна, речиси сите претставници на официјална Атина се едногласни дека Грција инсистира на сложено име за севкупна употреба од Македонскиот народ да си најде нов идентитет! Без промена на Уставот, Македонија не може да ги оствари своите стратешки определби за членство во ЕУ и НАТО. Клучното прашање е во чие име и со кој мандат актуелниот Премиер Зоран Заев и неговите функционери се впуштаат во лицитација на нови имиња на Државата? Со кое право Бујар Османи и Талат Џафери зборуваат за одземање на правото на народот непосредно на референдум да одлучува за евентуално решение на спорот? Актуелните функционери чиј дрес носат и за кого играат?

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА КОЧО АНЃУШЕВ ЗА „СТАДИОН“

Д

Дали успешниот бизнисмен, а лекомислен политичар, Кочо Анѓушев ги памети 90-те години од минатиот век? Една друга генерација политичари смени Устав, го отстрани сонцето од Кутлеш од Државното знаме, прифати срамна референца ПЈРМ, потпиша Времена Спогодба, а Грција не само што не попушти со уцените и заканите, туку и ни стави вето во 2008 на Самитот на НАТО Алијансата во Букурешт, за што е осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг. Затоа, бадијала актуелната Влада на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Никола Димитров и Бујар Османи ќе отстранува споменици, ќе преименува аеродроми, автопатишта, ќе се дистанцира од античките корени. Повторно ќе се понижува Македонскиот народ, а на крај тоа 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

ништо суштински нема да смени во позициите на официјална Атина. Ние сме уверени дека сега е моментот да се прекинат преговорите. Секој чекор понатаму е влез во замка од која Македонија и Македонскиот народ ќе излезат како губитници. Тие што си замислиле дека со бајки за инстант економски прогрес ќе поминат велепредавство се во тешка заблуда дека ќе го прелажат Македонскиот народ! Единствен суверен владетел на Македонскиот национален идентитет, јазик, култура, посебност и име е Македонскиот народ и никој друг.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ИВАНОВ ЗА РЕШЕНИЕТО ЗА ИМЕТО: Заемно прифатливото решение за името мора да го почитува нашиот национален идентитет. Не може да се лицитира со идентитетот на граѓаните и уставното име на државата, порача претседателот на државата Ѓорге Иванов, говорејќи во новогодишното обраќање во Собранието

ЈАС НЕ СУМ НИТУ ОПТИМИСТ, НИТУ ПЕСИМИСТ, ТУКУ РЕАЛИСТ СО ИСКУСТВО

С

мета дека притоа, е неопходно стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите - Повелбата на ОН, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата. Надминувањето на ова прашање, додаде, суштински ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион, но оти во тој процес треба да се биде претпазлив. - Поради моето осумгодишно искуство, јас не сум ниту оптимист, ниту песимист, туку реалист со искуство. Реалноста е дека решението за прашањето на името стана заложник на бирократијата на НАТО и ЕУ. Затоа, решение за разликата околу името со Грција може да се бара само во рамките на Обединетите нации, каде сме рамноправни, рече во годишното обраќање пред македонското Собрание претседателот Иванов. Потенцира дека притоа треба да се почитува меѓународното право и меѓуна-

родно-преземените обврски. Тој ја поздрави и конструктивноста во мерките за градење доверба меѓу Република Македонија и Грција и повика на натамошно проширување со нови содржини. Потенцира дека се потребни и мерки за градење доверба меѓу земјите во целиот регион и оти една од најдобрите мерки е изградбата на Балканскиот канал Дунав-Морава-Вардар. - Овој канал засекогаш ќе 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

го промени нашиот регион и ќе го подобри животниот стандард на граѓаните. Јас стојам зад оваа идеја, и веќе имам разговарано со српскиот претседател и грчкиот премиер. Затоа, ја повикувам Владата најитно да формира експертски тим кој веднаш ќе започне да работи со српските и грчките власти за реализација на овој проект, истакна Иванов во своето годишно обраќање пред пратениците.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со ставот на лидерот на Грчката партија „Независни Грци“ и актуелен Министер за одбрана, Панос Каменос, дека нема да прифати терминот Македонија да биде дел од името на нашата земја, повикувајќи се на средбата на партиските лидери од 1992 која се одржа под покровителство на тогашниот Претседател Костас Караманлис, кој ова го повтори вчера при посетата на воениот камп„ Далипи“ во Солун, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СТАВОТ НА ПАНОС КАМЕНОС

Б

идејќи, после вчерашната средба со Унгарскиот Министер за надворешни работи Петер Сијарто, домаќинот Никола Димитров, во врска со спорот за името и динамиката на неговото евентуално решавање, соопшти дека „сцената е поставена...“, сметаме дека е нужно да ни одговори во име на Владата, кој дел од „поставена сцена“ е радикалниот и ултранационалистички став на Панос Каменос, коалициониот партнер на Грчкиот Премиер Алексис Ципрас, кој актуелниот Премиер Зоран Заев планира да го посети на почетокот на новата 2018 година. Додека на големо се лицитира со имиња како „Нова Македонија“, додека првенците на ДУИ систематски ја ослабуваат преговарачката позиција на актуелната Влада со ставот дека нема потреба од референдум и дека името „Нова Македонија“ е прифатливо за нив како коалиционен партнер, додека актуелниот Премиер и Министер за надворешни работи изјавува дека е подготвен да преименува аеродроми, автопатишта, да отстранува споменици, да менува учебници по историја, да се откажува од античките корени, да ги исполни Грчките хирови, Владата во Атина ни испраќа уште студен туш. Бадијала еуфорија, подигнати очекувања, официјална Атина нема да попушти од својот став – без променето име и откажување од Македонскиот идентитет, нема решение за спорот, ниту членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Тоа е суровата вистина! Во меѓувреме сервилната надворешна политика и штетите од Договорот за добрососедство со Бугарија ги покажува негативните последици, за кои одамна предупре-

дуваме. Иако Владата на Зоран Заев, непочитувајќи го секуларниот карактер на Државата, застана и го поддржа барањето на Светиот Синод на МПЦОА до Бугарската Патријаршија да ни биде црква - мајка, сега после писмото на Грчката Црква никој не соопштува кој во Македонија ќе превземе одговорност за дополнителните компликации кој стануваат реалност. Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, продолжува да манифестира целосно непочитување на Македонскиот национален идентитет, тврдејќи дека во Македонија има 70 илјади Бугари кои со земањето на Бугарски пасоши се определиле за Бугарската националност, а Министерот Никола Димитров се плаши да не случајно ја навреди Бугарската Влада. Македонската Алијанса уште еднаш повикува на прекин на преговорите за името, пред да стане предоцна. На Татковината сега и е неопходна шок-дипломатија! Заедно со прекинот на преговорите треба да образложиме дека нашата одлука ќе биде на сила се додека нашите меѓународни сојузници не обезбедат од Грција како осудена земја од Меѓународниот Суд во Хаг, за прекршување на Времената Спогодба со ветото од Букурешт од 2008, да ја спроведе пресудата и во согласност со меѓународното право да ги одблокира Маке07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

донските Евроатлански интеграции. Најодговорните Македонски политички партии, моментално застапени во Македонското Собрание, доколку навистина го сакаат опстанокот на Татковината, мора конечно да покажат дека ги учат лекциите од минатото. Во минатото, некоја друга генерација политичари, смени Устав, знаме откажувајќи се од сонцето на Кутлеш, прифати срамна привремена референца ПЈРМ за да обезбеди прием во ООН, направи многу крупни отстапки на штета на Македонскиот народ, а Грција, без разлика кој е таму на власт, не отстапува од својата ирационална политика на блокади и закани. Нивните барања немаат крај. Доста е од конструктивност и сервилност кои и во минатото и сега не ни донеле никаков бенефит, освен нови и се поголеми понижувања. Сакаме во ЕУ и НАТО, ама Македонскиот народ никогаш нема да дозволи велепредавство! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со ставот на Талат Џафери кој во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат изјави дека промената на името можело да се направи во Собранието, доколку за тоа изрази желба парламентарното мнозинство, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ

К

адрите на ДУИ продолжуваат да си играат со националните чувства на мнозинскиот Македонски народ. Клучната дилема е за кого одработуваат? Имено, пред еден месец Вицепремиерот Бујар Османи, во истата емисија, изјави дека после резултатот на локалните избори нема потреба од референдум за името, бидејќи според него граѓаните се изјасниле позитивно за промена на името. Сега, еден месец подоцна и Талат Џафери се најде повикан да толкува дека заради високиот процент на граѓани кои сакаат во ЕУ и НАТО, Собранието имало целосен легитимитет да во нивно име одлучи за промена на името. ДУИ не е вчерашна политичка партија која до сега не била дел од процесите во Татковината. Тие многу добро знаат дека со ваквите изјави одработуваат во полза на Атина и директно од внатре ги ослабуваат преговарачките позиции на актуелната Влада на Зоран Заев. Јавна тајна е дека официјална Атина се противи на идејата за спроведување референдум во Македонија и дека инсистира евентуалното решение на спорот да биде изгласано само во Македонското Собрание. Али Ахмети и Талат Џафери мора да разберат дека Македонија и Македонскиот народ не бараат ништо на подарок, туку реализација на универзалното право на самоопределување што го ужива секоја друга земја – членка на ООН. Бараме почитување на Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со која Грција е

осудена поради противправното вето на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 со кое го спречи влезот на Македонија во Алијансата. Во вака чувствителен период за Татковината, импровизации не се дозволени! Затоа е исклучително важно какви јавни и скриени пораки актуелната Влада и испраќа на официјална Атина. ДУИ може да зборува и да бара да биде дел од проблемот за името тогаш кога ќе побара од својот ментор Еди Рама, Албанската Влада да го признае Уставното име на Македонија. Се до тогаш никој нема да верува во нивните наводни искрени намери. Особено што со Законот за употреба на Албанскиот јазик, кој е целосно надвор од Охридскиот Рамковен договор, го загроозуваат Македонскиот национален идентитет. И тоа по Грчки терк! За жал, и покрај апелите на Македонската Алијанса, најодго08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

ворните Македонски политички партии застапени во Македонското Собрание, заради теснопартиските, личните интереси, алчноста за функции, фотељи и привилегии, не само што не успеваат да изградат консензус за стратешките национални прашања, туку заради кусогледоста на нивните врвни функционери ризикуваат да ја втурнат Татковината во уште подлабока криза. Затоа, од досегашниот развој на настаните имаме право да се сомневаме дека притисокот и оставките во ДИК се дел од добро осмислено сценарио во кое оваа институција ќе биде распуштена со намера да нема кој да спроведе референдум при обидот да се истурка велепредавство. Македонскиот народ во и надвор од границите на Републиката будни го следи тековниот развој на настаните. Подготвени сме жестоко да реагираме. Единствен суверен владетел на светото Македонско име и идентитет е Македонскиот народ и никој друг. Лидерите, политичките партии и коалициите многу се лажат ако мислат дека ќе им биде дозволено да ја загрозат иднината на Татковината. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Земајќи предвид дека Претседател на Република Албанија, Илир Мета, го искористи правото да не го потпише Законот за заштита на малцинствата, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Б

ез разлика што Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со тоа што не го потпиша Законот за заштита на малцинствата не го спречи и неговото стапување на сила, сепак ние го поздравуваме овој гест кон нашите браќа и сестри Македонци кои живеат таму. Движењето за Социјалистичка интеграција на Илир Мета беше против кога во Албанскиот Парламент првичната верзија на Законот за заштита на малцинствата кој признаваше постоење на осум малцинства меѓу кои и Македонското беше променета под притисок на Бугарија, каде владејачкото мнозинство на актуелниот Премиер Еди Рама попушти и интервенираше во текстот на законот лажно признавајќи дека на територијата на Албанија постои и Бугарско малцинство. За време на предизборната кампања за парламентарните избори во Албанија, кога присуствуваше на собир во Пустец, Илир Мета ја потврди поддршката на Македонската заедница, јавно уважувајќи реалноста и значењето на повеќето од 120 илјади Македонци кои живеат и работат на целата територија на Алба-

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ГЕСТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АЛБАНИЈА ИЛИР МЕТА нија. Претседателот на Албанија, Илир Мета, уште еднаш покажа дека ја уважува волјата на Македонците, кога пред еден месец при посетата на Скопје изрази грижа за сериозно нарушената здравствена состојба на својот коалиционен партнер, Претседателот на Македонска Алијанса за Европска иднина и актуелен Градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и побара негово ослободување од притвор. Ние таа политика на континуитет ја поздравуваме. Жалиме што денес актуелното политичко раководство во Татковината не ја искористи можноста да ја праша Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, што мислеше кога пред еден месец го посети Македонското село Шиштевец во Општина Кукс во северо-источна Албанија и со сериозно проблематизирање на Македонскиот идентитет вети отворање на училишта за изучување на Бугарски јазик. Актуелните Бугарски политички функционери може колку сакаат да ја промовираат својата националистичка и негаторска политика, но мора да знаат дека тврдењето дека во Албанија 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

има Бугарско малцинство е еднакво на веројатноста на планетата Марс да се најде Бугарска колонија! Македонската Алијанса го поздравува заедничката седница на двете Влади на Албанија и Македонија која ќе се одржи во Поградец. Еве одлична можност да се повика Премиерот Еди Рама да ја признае Македонија под Уставното име. Министрите на ДУИ во Владата ќе имаат прилика на дело да покажат колку ја сакаат Република Македонија. Истовремено, Премиерот Зоран Заев, заради нашите браќа и сестри Македонци е должен да го отвори прашањето на ревизија на територијалната организација на Општините во Албанија од 2015, заради која Пустец остана единствената Македонска Општина во Албанија.

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

По повод прилогот на Грчката телевизија „Стар“ која објави дека „Нова Македонија“ е предлогот за кој ќе се разговара на средбата на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и Грција, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса најостро ја осудува лицитацијата со нови имиња за Република Македонија. Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, пред две недели, после посетата на Македонија, во интервју за Австриски „Куриер“ излезе со тврдење дека за Премиерот Зоран Заев биле прифатливи имињата Северна или Горна Македонија. Сега, Грчката Телвизија „Стар“ излегува со тврдење дека „Нова Македонија“ е предлогот кој ќе го стави на маса Метју Нимиц во Брисел, бидејќи другите предлози не биле прифатливи за Грција и Бугарија кои немало да го спречат Македонскиот иредентизам. А што е прифатливо за актуелната Влада на Република Македонија? Го прашува ли некој Македонскиот народ? Македонската Алијанса бара објаснување од актуелното политичко раководство на Татковината, што е вистина и дали некој се дрзнал да прифаќа нови имиња? Бидејќи средба помеѓу Македонските и Грчките преговорачи со медијаторот Метју Нимиц се случува

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРИЛОГОТ НА ГРЧКАТА ТВ " СТАР СТАР"" после долго време, и Вицепремиерката и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, јавно изјави дека во Брисел нема да се разговара за нов предлог. Клучното прашање е дали актуелната Влада влета во замката за која одамна предупредуваме. Република Македонија не може да обезбеди фер компромис со официјална Атина. Ситуацијата е јасна. Опозициската Нова Демократија реагира и најмал оптимизам на Премиерот Алексис Ципрас за евентуален прогрес на нашите Евроатлански интеграции на почетокот на 2018. Во прилогот на Грчката ТВ „Стар“ јасно се соопштува уцената – ако Македонија го прифати името „Нова Македонија“ ќе се отворел патот за решавање на прашањето за името, иако медиумот наведува дека не се знае како ќе реагира Панос Каменос кој се противи решение за името воопшто да го содржи називот Македонија. Се што се случува потрдува дека сме во право кога сметаме дека е сега моментот со шокдипломатија да ја смениме играта. Само со прекин на преговорите и 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

јасно ставање до знаење дека без почитување и спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, која јасно упатува дека Македонија согласно Времената Спогодба треба да стане членка на НАТО Алијансата со привремената референца ПЈРМ, ние нема што да преговараме, бидејќи не сме убедени дека Грција е подготвена воопшти да се договори и да го исполнува евентуалниот компромис. Ова е многу чувствителен период за Татковината. Секој потег се мери на кантар. Тие што евентуално тргнале да прават есап за велепредавство да не се лажат дека ќе го прелажат Македонскиот народ! Единствен суверен владетел на Македонскиот национален идентитет, јазик, култура, посебност и име е Македонскиот народ и никој друг. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со ставот на Грчкиот Премиер, Алексис Ципрас, кој во рамки на вториот состанок на четворката Србија, Бугарија, Романија и Грција во Белград, соопшти дека е можно позитивно решение на спорот доколку Владата во Скопје се откаже од реториката дека сме единствени потомци на Александар Македонски, запре со иредентизмот и прифати решение за името взаемно прифатливо за соседите, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Д

војниот морал на претставниците на официјална Атина станува неподнослив и ги надминува границите на политичка пристојност. Грчкиот Премиер од Белград со поинаков пристап само го повтори истото што го слушаме од Павлопулос и останатите радикали и националисти од нашиот јужен сосед. Слободниот превод од ваквиот став на Ципрас е - ако ги прифатите нашите уцени, може ќе ви дозволиме да направите чекор напред кон ЕУ и НАТО. На почетокот на февруари оваа година, Алексис Ципрас, при тогашната официјална посета на Србија, не нападна со тврдењето дека Грција покажала трпение за решавање на спорот за името, а за возврат од Македонија добила непријателство и национализам. Македонската Алијанса и тогаш и сега останува на своето тврдење дека нема разлика меѓу ставовите на Павлопулос, Каменос, Ципрас, Коsијас и Кумуцакос, бидејќи сите клучни играчи во позицијата и опозицијата имаат ист негаторски, понижувачки и провокативен став за Македонското прашање. Што е иредентизам според сфаќањата на Алексис Ципрас? Да си го браниш Уставното име и

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА АЛЕКСИС ЦИПРАС Македонскиот идентитет и да се спротиставуваш на тврдењата на Грчките иреденти дека Македонија е Грчка? Што е според него Грчкото вето за прием на Македонија во НАТО во Букурешт во 2008 и игнорирањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг? Што глуми Ципрас? Кога во Македонија некој побарал ексклузивност во античките корени? Нашето тврдење секогаш било дека периодот на Античка Македонија е придобивка за светската цивилизација. Како што никогаш не сме имале проблем што Грција го користи називот Македонија за област во рамки на нивните граници. И конечно зошто Грција не направи отстапки од своите ирационални црвени линии, зошто не ја почитува Времената спогодба и дозволи Македонија да биде примена во НАТО Алијансата под привремената референца ПЈРМ? До кога Македонија треба да попушта и да ги прифаќа ултиматумите на официјална Атина? Актуелната Влада во Татковината треба да ги чита сигналите. Бадијала промовира сервилна надворешна политика. Може да се понижуваме до бескрај, да преименуваме аеродроми, авто11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

патишта, да отстрануваме споменици, тоа на крај нема да ја смени суровата реалност дека без променето Уставно име и идентитет, Македонија нема да ги оствари Евроатланските интеграции. Македонските политички партии мора да сфатат дека не се поголеми од Македонија! Сега е моментот да се настапи храбро и со дипломатски шок да се прекинат преговорите како превенција од тоа што неминовно следи – со огромен притисок да се направи сериозен обид со присилување и принудување на моментално најодговорните политички фактори во Македонија да се само уништиме како нација! Нема и не може да се прави компромис на штета на стратешките интереси на Македонскиот народ! Секој обид за велепредавство ќе биде пресретнат и казнет!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А По повод последното интервју на Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsијас, кој за весникот „Етнос“ повторил дека мора да се најде компромис за името за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

А

ко некој во изминативе 26 години покажал подготвеност за компромис, тоа е Македонската страна. Тоа и Никос Коsијас и сите претходни Грчки политичари многу добро го знаат. Впрочем, користејќи го јазикот на силата, Грција го наметна нивниот ирационален спор за нашето Уставно име Република Македонија, како услов без чие решавање нашата Татковина не може да ги реализира Евроатланските интеграции. Македонска Алијанса најостро се спротиставува на тезата на Никос Коsијас, кој во своето последно интервју тврди дека ние како нивни соседи сме верувале дека без договор со нив сме можеле во ЕУ и НАТО, што според него било невозможно. Навистина е трагично со каква леснотија Грчките политичари се прават наудрени и упорно се обидуваат да ја тераат водата на нивната воденица. Имено, Република Македонија изложена на невиден притисок пред приемот во ООН, мораше да го смени Уставот, се откажа од историското знаме со симболот на Кутлеш и ја прифати срамната привремена референца ПЈРМ и ја потпиша Времената Спогодба со која меѓудругото Грција се обврза да не ги блокира нашите Евроатлански интеграции. Ако оваа спогодба под покровителство на ООН не е договор, тогаш е прашање колку Коsијас ја познава и дипломатијата и меѓународното право. Најдобра потврда колку е валидна Времената

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА НИКОС КОSИЈАС ЗА " ЕТНОС ЕТНОС"" Спогодба говори пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг кој ја осуди Грција заради противправното вето за приемот на Македонија во НАТО Алијансата на Самитот во Букурешт во 2008 година. Затоа, доста ни е од лицемерие, двојни аршини и лажна конструктивност. Едноставно сите Грчките политичари во разни форми и прилики безусловно не потсетуваат на горката вистина дека Грција никогаш нема да се согласи да го признае нашето Уставно име и дека бара од Македонскиот народ да си најде нов идентитет! Ние одамна предупредуваме дека се смешни тезите за наводна подготвеност на официјална Атина да попушти од своите црвени линии заради конструктивноста на актуелната Влада на Република Македонија. Историјата кажува се. Ние можеме уште повеќе да се понижуваме, да отстрануваме споменици, да преименуваме аеродроми, автопатишта, да се дистанцираме од античките корени, но тоа повторно ништо суштински нема да смени во позициите на официјална Атина. Македонската Алијанса е длабоко и суштински уверена дека сега е потребна шок-дипломатија од наша страна. Сега е моментот да се прекинат преговорите со образложение дека пред новата рунда преговори за името бараме меѓународната заедница да ја спроведе пресудата од Хаг и Македонија да влезе во НАТО Алијансата со 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

привремената референца. Клучните политички фактори застапени моментално во Собранието на Република Македонија да усогласат и усвојат текст на Декларација со која ја дефинираме нашата национална позиција дека ниту еден политичар или партија никогаш нема да се согласи на промена на Уставното име и идентитет, како наши црвени линии. Во овој крајно сензитивен период за Татковината ова е единствениот начин да покажеме Државотворен капацитет за одбрана на иднината на Македонскиот народ. Секој кој мисли или се надева дека може да спроведе евентуално велепредавство, си игра со оган. Само Македонскиот народ кој живее во и надвор од Републиката, како суверен владетел на идентитетот, јазикот, културата, посебноста и името, одлучува и никој друг. Ниту еден политичар, партија или коалиција нема мандат да се раздава со најсветото! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

ATENTAT UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

ALEKSANDAR MAKEDONSKI

EPIZODA

MAKEDONIJA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


АНЃУШЕВ: Со донесувањето на новиот закон за енергетика граѓаните ќе имаат избор било кој енергенс да го добијат на слободниот пазар од било кој снабдувач во Македонија, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ИЗБИРААТ ОД КОГО ЌЕ НАБАВУВААТ ЕНЕРГЕНСИ

Т

ој истакна дека со измените на Законот ќе се надминат конфликтните интереси во делот на гас и електрична енергија и ќе бидат задоволени сите директиви од третиот пакет на ЕУ. Анѓушев очекува до крајот на март да заврши редовната собраниска процедура за донесување на законот, а потоа се дава рок од девет месеци да се избере универзален снабдувач кој ќе има договор од пет години за снабдување и да следи до крајот на 2018 година целосната либерализација на енергетскиот пазар во земјава. - Новата Влада доби шанса да ги донесе измените на Законот за енергетика до крајот на јуни 2018 година. За таа цел законот во владина постапка ќе биде донесен до крајот на годинава, а потоа внимателно го носеле законот ќе влезе во редовна собра- и биле формирани бројни ниска процедура, рече Ан- работни групи за него. ѓушев и додаде дека многу Предлог-законот нагласи е 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 Декември 2017

изработен и усогласен со Енергетската заедница и со европските директиви во областа на енергетиката.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА По повод Големиот Христијански празник – Божиќ, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски упатува честитка до бискупот и Апостолски егзарх во Република Македонија, Киро Стојанов Скопски и до сите граѓани со католичка вероисповед по повод раѓањето ХристовоБожиќ

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ГOЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК  БОЖИЌ

Почитувани,

Н

ека овој Божиќ е празникот преку кој ги потврдуваме нашите заеднички заложби за негување и почитување на верските различности и религиозните посебности како наше најголемо богатство. Божиќ е празник на радоста и љубовта, разбирањето и заедништвото дарувањето и помагањето. Нека светлината и топлината на овој голем празник ги исполнат нашите домови и нека ни донесат лична и семејна среќа, и верба во себе и другите. Христовото раѓање претставува радост, вистинска светлина, љубов и среќа и возвишен дар за секого. Овој голем христијански празник нека донесе љубов и мир меѓу луѓето, топлина во семејниот дом и поттик за надеж и верба во животот. Христовото раѓање значи нов почеток, без непријателство и лоши мисли, значи создавање на добри дела и оставање трага од добрина за идните поколенија. Честит Божиќ! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017


МЈУЗИКЛОТ Македонскиот народен театар премиерно беше изведен мјузиклот „Мама миа!“ во режија на Наташа Поплавска, кој е копродукциски проект помеѓу МНТ и словенечката компанија „Проспот“ "

"МАМА МИА!" ВО МНТ

М

ама миа!“ е весела приказна за тинејџерка (Софи Шеридан) во потрага по својот вистински татко на еден грчки остров, раскажана преку хитовите на шведската група АББА (музика на Бени Андерсон и Бјорн Улвеус) и по текст на Кетрин Џонсон. Носечката улога (Софи Шеридан) ја играше актерката Нина Деан, а нејзина алтернација за други изведби на мјузиклот е Јана Стојановска. Ликот на мајката (Дона Шеридан) е Биљана Драгичевиќ-Пројковска, во улогите на нејзините најдобри пријателки се актерките Арна Шијак и Тања Кочовска. Тројцата потенцијални татковци Сем, Бил и Хари ги глумеа актерите Кире Ѓоревски (во алтернација со Висар Вишка), Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски односно Петар Стојанов настапи во ликот на Скај, вереникот на Софи. Во тричасовниот мјузикл се вклучени сто учесници, од кои 30-ина се на сцената - танчари и хористи, како и бенд во живо. Диригент е Бисера Чадловска, кореограф Олга Панго, асистент на кореографија Ирена Лозинска, сценографијата е на Александар Дениќ, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска. Придружни вокали и инструкторки за пеење се Ана Костадиновска и Сара Николовска, корепетитори на Факултетот за музичка уметност. Хитовите на АББА од 1970-тите и 1980-тите години беа испеани на македонски јазик, освен евровизиската „Ватерло“ која е ос-

тавена во оригинал. Ова е втор мјузикл на Поплавска која пред две години во МНТ го постави и првиот лиценциран мјузикл „Чикаго“. Копродуцентот од Словенија, „Проспот“, е застапуван од Јуриј Франко, познат југословенски скијач од 1980-тите години, кој сега се занимава со продукција 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

на мјузикли и театарски претстави. „Проспот“ ги има ексклузивните права за мјузиклот „Мама миа!“ во Словенија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија. Премиерата на мјузиклот првин беше во Белград, а потоа во Љубљана и Загреб.


ПО ПОВОД 30 ГОДИНИ ОД Н Е Г О В АТА С М Р Т ,,Филхармонија за Шпато“ е насловот на концертот што се одржа во Македонската филхармонија. Концертот, како што кажува и самиот наслов, беше посветен на македонскиот музички маг Драган ЃаконовскиШпато, по повод 30 години од неговата смрт иригент беше Џеси Милинер од Германија, композитор, аранжер и пијанист, кој е задолжен и за оркестрациите на некои од композициите што прозвучија таа вечер. На сцената, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, имаше и бенд во состав: Мартин Ѓаконовски - контрабас, Гордан Спасовски - пијано, Левин Ѓаконовски - тапани и Франческа Рајтер - виолина, а концертот го збогати и присуството на гостите: Џон Илија Апелгрен - вокал и Кирил Кузмановски - саксофон. Беа изведени едни од најубавите композиции на Шпато, како „Далечен крај“, „Те носам во себе“, „Глас од далечината“, „Без повраток“, „Дојди есен“, „Молчи една долина“, „Убава со како музика“, „Зар вистина е крај“, „За нас почнува живот“... Ѓаконовски-Шпато се смета за зачетник на македонската забавна музика, кој зад себе остави вистинско звучно богатство чија убавина, автентичност и влијанието што го изврши не е надминато. „Во име на цветот“, „Гарача“, „Далечен крај“, „Жолта липа“, „За нас почнува живот“, „Зар вистина е крај“; „Лени“, „Ми вети ти“, „Молчи една долина“, „Носталгија“, „Последен ден на разделбата“, „Љубовна тема“... се дел од вокалните композиции

"ФИЛХАРМОНИЈА ЗА ШПАТО"

Д

што не се само печат на едно време, туку се дел и од ова наше денешно совремие, особено сликајќи го животот во Скопје, преку лириката, но и преку музичката содржина, формата, хармонските решенија, наративноста. Незаборавни се и инструменталните теми во кои е инкорпориран џез и блузизразот, како „Блузот на црната жена“, „Песна на младоста вечна“, „Rаg Time“, „Гарача“, „Гитарата ја оплакува смртта на Муриета“, „Далечен крај“,Дојди есен“, „Кога си сама“, „Ми вети ти“ (џезверзија), „Јас не сум ти“... Неговата прва композиција е насловена „Тема И“ (1947), по 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

која се нижат другите музички бисери. Драган ЃаконовскиШпато потекнувал од музичко семејство. Најпрвин изучувал виолина, а потоа и хармоника и како член на семејното трио (заедно со татко му Васил и неговиот постар брат Хари) ги имал и првите јавни настапи. Всушност, настапот на триото „Шпато“ во програмата на Радио Скопје се смета и за почетокот на македонската забавна музичка сцена. Подоцна, Шпато почнал да ги проучува сите инструменти и да аранжира музика од, во тоа време, славните звучни имиња и особено да ја следи џезмузиката.


Н А Ј М Л А Д И Т Е В ЉУ Б Е Н И Ц И В О Т Е АТА Р О Т М О Ж Е А Д А Ј А П О ГЛ Е Д Н АТ П Р Е Т С ТА В АТА На два дена пред Нова година најмладите вљубеници во театарот можеа да ја погледнат претставата „Пиратите од Горно Маало – Враќањето на сенките“ во Драмски театар – Скопје

"ПИРАТИТЕ ОД ГОРНО МААЛО – ВРАЌАЊЕТО НА СЕНКИТЕ"

С

Драмскиот театар, кога во 2007 година беше прикажана премиерата на „Пиратите од Горно Маало“ заедно со репризите и гостувањата во други театри, претставата ја погледнле околу 4.000 гледачи. „Нејзините реплики долго

танува збор за театарска претстава која е комедија-мјузикл на Летечката театарска трупа и е продолжение на една од најуспешните претстави за деца прикажани кај нас. Имено, како што информираат од

24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

време одѕвонуваат низ сеќавањата на безброј деца. Претставата изобилува со оригинални костими, со богата музичка илустрација и поучни фрази и пораки кон публиката“, вели асистентот на режија, Зоран Јованоски.


В О А Л Б А Н С К И О Т Г РА Д КО Р Ч А Во организација на македонскиот културен Центар „Сонце”, во албанскиот град Корча, се одржа вториот македонски Фолклорен фестивал “Сонце 2017”

Н

а оваа пригодна манифестација на која се пееја и играа македонските песни и ора настапија фолклорната група од училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” од Пустец и Владмир Насто млад и надежен пејач од Шулин, Мала Преспа. Од Република Македонија настапи фолклорниот ансамбал „Мислешево” од Струга, како и познатите пејачи на ма-

МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ "СОНЦЕ 2017"

кедонската народна песна, Круме Спасовски, Атина Апостолова и Вики Среброва. - Целта на фестивалот е да ги истакне вредностите на македонската традиција и култура, да се чуе македонската песна и оро и да се види прекрасната македонска народна носија. Ќе продолжиме со оваа манифестација, која веќе станува традицонална, а до година ќе настојуваме да учеству25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

ваат и македонски фолклорни групи од соседните земји, изјави Васил Стерјовски во име на организаторот. Тој посочи дека двочасовниот настан ќе биди емитуван во целост на ТВ Корча и на вториот канал на Државната албанска телевизија, кој од 25 септември годинава почна со емитување емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи и емисии на македонски јазик.


На изложбата се претставија 70 авторичленови на ДЛУМ од цела Македонија. Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставувале голем културен настан во нашата средина руштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Р. Македонија, ја отворија „Годишната изложба на ДЛУМ“ во Национална галерија на Р. Македонија - објект Мала станица. На изложбата се претставија 70 авторичленови на ДЛУМ од цела Македонија. Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставувале голем културен настан во нашата средина. Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес. На тој начин, ДЛУМ ја задоволува желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на за-

ДРУШТВОТО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА В О СО РА Б О Т К А СО Н А Ц И О Н А Л Н АТА ГА Л Е Р И Ј А Н А Р. М А К Е Д О Н И Ј А , Ј А О Т В О Р И Ј А

„ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ДЛУМ“

Д

еднички настап, без критериумот на селективност. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ, всушност, станува арбитар за 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 819 / Декември 2017

себеси, а истовремено ја презема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори.


819  
819  

makedonskosonce

Advertisement