Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ОДЛУКАТА НА КРИВИЧНИОТ СУД ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО

WEB ИЗДАНИЕ

WEB ИЗДАНИЕ

АРГУМЕНТИТЕ ЗА БЛОКАДАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕМААТ МЕСТО ВО ПРОЕКТОТ ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

WEB EDITION

MONTHLY EDITION

ИВАНОВ:

WEB EDITION

WEB EDITION

Година XX, Број 818, Ноември 2017

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА  СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ОДЛУКАТА НА БУГАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВАОА

ДИМИТРОВ:

ЌЕ ЈА УБЕДИМЕ ЕУ ДЕКА ЗАСЛУЖУВАМЕ ЧЛЕНСТВО ЗАЕДНО СО СРБИЈА И ЦРНА ГОРА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА БУГАРСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ОДЛУКАТА НА БУГАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОА Во врска со одлуката на Светиот Синод на Бугарската православна црква да формира архиерејска комисија за преговори со Македонската православна црква и останатите помесни цркви за воспоставување на канонски статус на МПЦ-ОА, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Македонската Алијанса е зачудена од обидите да се наметне некаква еуфорија дека одлуката на Бугарската православна црква е решение за црковните проблеми на Македонската православна црква. Донесената одлука на БПЦ уште пред неколку дена ја најави Бугарскиот Митрополит Јован Варненски и Великопреславски. Во обид да го протолкуваме црковниот јазик, според нас одлуката на Светиот Синод на БПЦ единствено значи: поласкани сме што МПЦ-ОА не доживува како црква-мајка, но БПЦ не може да се скара со останатите православни цркви и затоа формираше комисија која ќе ја застапува МПЦ-ОА и нејзиното барање за автокефалност пред другите цркви. И што има тука триумфално за МПЦ-ОА и Македонскиот народ? Дали МПЦОА бараше адвокат или со писмото до БПЦ бараше друга одлука во обид да го искористи политичкиот момент после потпишувањето на фамозниот Договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија? Зошто БПЦ не излезе со став дека е за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА? Македонската православна црква е црква на Македонскиот народ и затоа остануваме на нашиот став дека не гледаме ниту една логика да се бара од било која друга православна црква да се декларира како нејзина мајка. Освен ако некој не очекуваше дека БПЦ еднострано ќе ја признае автокефалноста на нашата црква како прв чекор и притисок за конечно издавање на томос за признавање на независноста на МПЦ-ОА. За жал се потврди нашето предупредување дека БПЦ нема да ризикува да ги заостри односите со другите православни цркви по прашањето на автокефалноста на МПЦ-ОА. Впрочем, зошто Бугарската православна црква би донела одлука во полза на МПЦ-ОА кога Договорот за добрососедство со Бугарија не содржи одредби со кои тие ни го признаваат Македонскиот идентитет? Македонската Дијаспора со децении води војна со неколку православни цркви кои во САД и Австралија на нашите браќа и сестри се обидуваат да им го одземат Македонскиот идентитет. Затоа со право сметаме дека Македонците во и надвор од границите на Републиката сме и татко и мајка на МПЦ-ОА. Ние силно веруваме дека Македонската црква постои заради верниците кои споделуваат заеднички христијански верувања, обичаи и вредности. Наша света патриотска должност е да даваме сериозен придонес во зачувување на достоинството на МПЦ, преку изградба на цркви и организирање во црковни заедници пренесувајќи им на новите генерации Македонци верските обичаи и вербата во Бога, што ни дава право да коментираме одлуки кои засегаат во иднината на Македонскиот народ. Сметаме дека со барањето до БПЦ, Светиот Синод на МПЦ-ОА се обиде да ја искористи политиката во црковните прашања и за жал влезе во ризик дополнително да си ја усложни ситуацијата. Одлуката на БПЦ е дипломатска и во својата суштина нема влијание врз статусот на МПЦ-ОА.

Makedonija

e edna!!!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ИВАНОВ: Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО, сепак беше блокирана и оставена сама на себе. Аргументите за блокадата на Македонија се аргументи измислени за време на студената војна кои немаат место во проектот за обединета слободна и мирна Европа, порача претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во обраќањето на 21. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на САД – Јадранската повелба

АРГУМЕНТИТЕ ЗА БЛОКАДАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕМААТ МЕСТО ВО ПРОЕКТОТ ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА

С

поред претседателот, отворената врата да влеземе во Алијансата е метафорична покана, но сепак Македонија со НАТО ги споделува истите вредности, интереси и приоритети. „Со НАТО ги споделуваме обврските, задачите и одговорностите. Со НАТО ги споделуваме истите критериуми. Затоа и интероперабилноста и оперативната способност се одамна надминати теми. Тоа го правиме бидејќи од почетокот на независноста во Алијансата ја гледаме нашата иднина, истакна претседателот и порача дека очекува НАТО да остане доследен на големиот проект и дека, како што рече, ќе овозможи и последната сенка од блоковската поделба на Балканот и Европа да исчезне. Претседателот во своето обраќање истакна дека е поминато времето кога границите на Европа се чуваа надвор од Европа. Територијалната суверена држава се соочува и со нови нетериторијални закани.

Според него, иако се намалува бројот на меѓудржавните конфликти, истовремено се зголемува бројот на конфликтите во самите држави. Поради радикализација од странските борци, според претседателот Иванов, Европа се повеќе се соочува со напади извршени од втора или трета 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

генерација мигранти дојдени во европските земји. „За да одговориме на оваа закана, потребно е државите од Јадранската група целосно да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на НАТО и на ЕУ со непречен пристап до сите бази на податоци, истакна Иванов.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со одлуката на Кривичниот Суд да ја промени првичната одлука за продолжување на притворот на Градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, на нови 30 дена, со куќен притвор, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

М

акедонската Алијанса ја поздравува секоја одлука на правосудните органи која ќе ја олесни драматично влошената здравствена состојба на Едмонд Темелко. Сепак, не може да одмолчиме што Кривичниот Суд долг период остана глув на апелите да ја земе предвид актуелната состојба во која се наоѓа Едмонд Темелко. Правосудството во Татковината не може да делува под притисок туку единствено врз основа на процесното право. Македонската Алијанса не бара ниту аболиција ниту амнестија, туку фер национален пристап кон Едмонд Темелко. Дали со преиначување на одлуката во куќен притвор тој ќе биде во можност во домашни услови да ја добие неопходната медицинска нега? Не сме задоволни што Кривичниот Суд упорно одбива да го цени и другиот факт, освен неговото нарушено здравје, а тоа е дека единствениот Градоначалник-Македонец во Албанија веќе по-

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ОДЛУКАТА НА КРИВИЧНИОТ СУД ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО долг период заради притворот не е во состојба да ги брани интересите на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат таму. Зарем овие околности не се доволни за Судот да му даде можност на Едмонд Темелко да се брани од слобода и како Држава да го зачуваме Македонското национално достоинство? Не можеме да избегаме од перцепцијата дека сме заболени од синдром на самоуништување кога докажаниот борец за остварување на основните човекови права на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија единствениот Градоначалник – Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, доживеа да биде третиран како терорист во својата Република Македонија, додека оние кои го уриваа Уставниот поредок во 2001 беа амнестирани и сега се на највисоки Државни функции. Пред неколку дена како бомба одекна веста дека Врховниот Суд ги укинал пресудите за 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

масакрот на Смилковско езеро, за што веќе утре ќе се одлучува дали обвинетите ќе се бранат од слобода, а Едмонд Темелко со месеци скапува во притвор, како да е државен непријател број 1. Македонската Алијанса смета дека Кривичниот Суд треба веднаш му овозможи на Едмонд Темелко да се брани од слобода. Сметаме дека во конкретниот случај не е само прашање на владеење на правото туку и прашање на национална Македонска гордост како се однесуваме кон оние кои се борат за националната кауза. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со интервјуто на Бугарската лингвистка од Институтот за Бугарски јазик при Бугарската Академија на науки, Доцент Ана Кочева, која за Бугарската национална телевизија соопшти дека новото нивно гледиште е дека „Македонскиот јазик е деструктуиран книжевен Бугарски јазик“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА СТАВОТ НА БУГАРСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

М

акедонската Алијанса најостро ја осудува оваа најнова провокација од Бугарска страна. Ставот на Бугарската Академија на науки со кој повторно се пласира една небулозна теза дека не постои Македонски јазик, тврдејќи дека наводно таткото на Македонизмот бил Србин кој според нив неприродно се спротиставувал на Бугарштината, е исклучително опасна теза која всушност има за цел да го понижи Македонскиот народ. Особено што за ваквиот став Бугарската лингвистка Ана Кочева се повикува на член 8 од Договорот за добрососедство. Каде е МАНУ да реагира на ваквите небулози? Каде се нашите лингвисти да се спротистават со факти? Македонската Алијанса ја прашува актуелната Влада, дали со Договорот за добрососедство сме прифатиле да не нарекуваат „Вардарска Македонија“, бидејќи претставникот на БАН во интервјуто така не ословува? Каде е МНР да протестира? Или, земајќи предвид дека со Договорот актуелната Влада на Зоран Заев и Никола Димитров презема обврска да спречува создавање на анти -Бугарско расположение во Македонија, да ги шминка учебниците по историја и заедно да слави празници со Бугарски претставници, па сега мора да одмолчува и на ваквите провокации? Стојалиштето на БАН е доказ дека сме во право кога тврдиме дека Договорот за добрососедски односи не ги затвора сите нерешени прашања кои со децении ги усложнуваат односите меѓу Македонија и Бугарија. Договорот не содржи одредби со кои Бугарија го прифаќа постоењето

на Македонскиот народ и ја признава посебноста на Македонскиот јазик. Напротив, со дипломатски речник е вметната формулацијата „Македонски јазик согласно Уставот“ , што „де факто“ е позиција на Бугарските власти изминатите две децении. Дополнително, Бугарија со Договорот не превзема обврска да ги спроведе пресудите на Европскиот Суд за човекови права и повторно нема да го регистрира ОМО Илинден – Пирин, ниту ќе им овозможи на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат таму да ги уживаат основните демократски права. Конечно, Договорот не е решение кое трајно ги отстранува сите пречки меѓу Македонија и Бугарија и по својата суштина е едностран и штетен за нас. Во членот 12, точка 2 од Договорот, се определува обврска за формирање заедничка меѓу владина Комисија која еднаш годишно ќе прави контрола како се спроведуваат преземените обврски. Бугарската страна си го задржува правото и после ратификацијата на Договорот да ја блокира Македонија на Евроатланскиот пат. Тоа во пракса значи дека нашите институции ќе мора да молчат на изживувањето на Бугарската Академија, на05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

ционалисти и политичари врз Македонскиот народ, бидејќи Бугарската Влада секогаш во своите раце ќе го има механизмот да оцени дека Договорот не се спроведува соодветно. Македонската Алијанса ги поддржува сите иницијативи за унапредување и градење на добрососедски односи, но тоа мора да биде на принципиелна основа. Бугарија е наш важен сосед кој прв ја призна Македонија под Уставното име, но сепак ние не можеме да отстапиме од стратешки позиции и интереси на Македонскиот народ. Македонија не може да ги менува историските факти. Македонија и Македонскиот народ за време на Втората светска војна беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и правда, се бореа против фашизмот, и заради тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се и никогаш не биле ист народ. Македонската Алијанса уште еднаш предупредува дека евентуалната ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, ќе биде мотив за официјална Атина да ни го зададе последниот удар, со аргументација дека ние самите сме се откажале од нашиот национален Македонски идентитет. Затоа, доколку во ваква форма на сила се ратификува овој Договор во Собранието, ние со сите политички средства ќе се бориме Македонија еднострано да го раскине Договорот, повикувајќи се на членот 13, точка 3. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


ДИМИТРОВ: Македонија ќе направи се што може да го фати возот и заедно со Црна Гора и Србија да стане членка на ЕУ и преку надминувањето на заостанувањето во однос на реформите да ја убеди Европската комисија во тоа, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на заедничката пресконференција во Скопје со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ

Б

и било многу убаво ако имаме реформска трка во регионот. Многупати повторувавме дека на Балканот или заедно ќе успееме или заедно нема да успееме. Македонија е среќна и има корист од тоа што Црна Гора напредува успешно по својот европски пат. Ќе направиме се што можеме да го фатиме тој воз и да ја убедиме Европската комисија

ЌЕ ЈА УБЕДИМЕ ЕУ ДЕКА ЗАСЛУЖУВАМЕ ЧЛЕНСТВО ЗАЕДНО СО СРБИЈА И ЦРНА ГОРА

и претседателот Јункер дека е многу важно во тој документ што ќе го објават во февруари да има простор Македонија да го надомести заостанатото. Тоа би било многу корисно и за евроинтеграциите, рече Димитров запрашан за коментар во однос на изјавата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер дека до 2025 година Црна Гора и Србија ќе станат 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

дел од ЕУ. Според Дармановиќ, Црна Гора помина многу тежок пат во преговорите за членство во ЕУ и имајќи ги предвид своите највисоки приоритети за стабилност на регионот, се залага сите земји да одат побрзо кон ЕУ и НАТОинтеграциите притоа секоја да биде оценувана според своите постигнувања.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со гестот на Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој на средбата со Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, го отворил прашањето за влошената здравствена состојба на Градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ГЕСТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АЛБАНИЈА ИЛИР МЕТА

М

акедонската Алијанса изразува благодарност на Претседателот на Албанија, Илир Мета, кој уште еднаш покажа дека е вистински пријател на Македонската заедница во неговата земја. Изразувајќи грижа за сериозно нарушената здравствена состојба на својот коалиционен партнер, Претседателот на Македонска Алијанса за Европска иднина и актуелен Градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, Претседателот на Албанија Илир Мета, среде Скопје им одржа лекција и на Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, и на актуелната Влада, но и на најодговорните Македонски политички партии моментално застапени во Македонското Собрание. Жално е за нашата Татковина што докажаниот борец за остварување на основните човекови права на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија единствениот Градоначалник – Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, доживеа да биде третиран

како терорист во својата Република Македонија, додека оние кои го уриваа Уставниот поредок беа амнестирани и се на највисоки Државни функции. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ јавно да се заложат, да дадат гаранции и да побараат од правосудните органи Едмонд Темелко веднаш да биде ослободен од притвор. Не бараме ниту аболиција ниту амнестија, туку фер национален пристап кон Едмонд Темелко. Фактите дека во конкретниот случај се работи за единствениот Градоначалник-Македонец во Албанија кој заради 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

притворот не е во состојба да ги брани интересите на нашите браќа и сестри Македонци кои живеат таму, кој исто така е со тешко нарушено здравје, се доволни за да Судот ценејќи ги овие околности ќе му даде можност на Едмонд Темелко да се брани од слобода. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со најавата за можна посета на Вицепремиерот Бујар Османи на Атина, каде според „Катимерини“ следната недела ќе се сретне со високи претставници на Грција, меѓу кои и шефот на Грчката дипломатија, Никос Коsијас, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција:

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НАЈАВЕНАТА СРЕДБА НА БУЈАР ОСМАНИ СО НИКОС КОSИЈАС ВО АТИНА

М

акедонската Алијанса е живо заинтересирана што бара Бујар Османи во Атина и со каква агенда заминува? Да не има отворен конкурс во Владата на Република Македонија за министрите кои највеќе ќе му се допаднат на Никос Коsијас, да добијат плус привилегии? Или Македонија има двоглава Влада, едни министри му одговараат само на Зоран Заев, а други само на Али Ахмети? Ова е крајно чувствителен период за Татковината, импровизации не се дозволени! Затоа е исклучително важно какви јавни и скриени пораки актуелната Влада и испраќа на официјална Атина. Да не се случи како на последното интервју на ТВ Алсат, Османи повторно да се збуни и на Грчките функционери среде Атина да им соопшти дека нема потреба од референдум за евентуалното решение за спорот за името, бидејќи граѓаните се изјасниле за ова прашање на локалните избори? Или случајно или намерно Вицепремиерот да не го реафирмира предлогот на неговиот шеф Али Ахмети, кој го пласираше во пресрет на локалните избори, за Албанскиот јазик да стане службен јазик и во надворешните односи? За се она што Македонската Алијанса предупредува изминатиот период добива на интензитет. Евентуалната посета на Бујар Османи на Атина е дел од стратегијата за зголемување на очекувањата, а со тоа се врши се поголем притисок врз Зоран Заев и СДСМ за да се издејствува позиција во која

Македонија ќе капитулира во интерес на Евроатланските интеграции. ДУИ може да зборува и да бара да биде дел од проблемот за името тогаш кога ќе побара од својот ментор Еди Рама, Албанската Влада да го признае Уставното име на Македонија. Се до тогаш никој нема да верува во нивните наводни искрени намери. Особено што со Законот за употреба на Албанскиот јазик, кој е целосно надвор од Охридскиот Рамковен договор, прават директен атак од внатре на Македонскиот национален идентитет. И тоа по Грчки терк! ДУИ мора да разбере дека Македонија и Македонскиот народ не бараат подарок, туку остварување на универзалното право за самоопределување што го ужива секоја друга земја членка на ООН. Нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата и со тоа во прва фаза ќе се обезбеди стабилност во регионот. Особено што најдобра гаранција за унитарноста на Македонија и нејзината долгорочна стабилност е членството во НАТО. За жал, и покрај нашите добронамерни апели, најодговорните Македонски политички партии застапени во Македонското Собрание, заради теснопартиските, личните интереси, алчноста за функции, фотељи и првилегии, не само што не успеваат да изградат консензус за стратешките национални прашања, туку заради кусогледоста на нивните врвни функционери ризикуваат да ја втурнат Татковината во уште подлабока криза. Актуелната Влада во овој период презема огромен дел од одговорноста за иднината на нашата заедничка Татковина и мора да знае дека огромното мнозинство на Македонскиот народ во Републиката и надвор има цврсто изграден став дека разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да се соочи со сопствената одговорност. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Во врска со Бриселската средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коsијас, кои според официјалните информации разговарале за комуникациските модалитети меѓу двете земји, со став дека за исправна политика треба да исправна комуникација, а во контекст со информацијата дека следната недела медијаторот Метју Нимиц ќе оствари средба со Македонскиот и Грчкиот преговарач за името, за што Премиерот Зоран Заев од Словенија оцени дека Македонија влегува во обид, за кој Тој се надева дека ќе биде конечен, за решавање на спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски го соопштува следното:

Н

ајблаго кажано, смешно е кога Никос Коsијас ќе зборува за комуникациски модалитети со Македонија. Интересно е да дознаеме дали Никола Димитров го прашал својот Грчки колега дали во оваа сфера на Грчко – Македонски дијалог потпаѓаат и „комуникациските“ провокации на Павлопулос, Каменос, Кумуцакос, Бакојани? Или пак можеби во примерите на „исправна комуникациска политика“, Коsијас на Димитров му го посочил неговиот двоен пристап во изјавите, слаткоречивост пред меѓународната јавност и при средбите со Македонските претставници и неизбежната радикална и националистичка реторика пред внатрешната-Грчка јавност? Веројатно му дал логично објаснување. Прашање на време е кога и оваа Влада ќе почне да станува свесна за суровата реалност. Без разлика на стратегијата на официјална Атина, едно да се зборува дома, друго во Брисел и Вашингтон, без разлика на разговорите за таканаречните мерки за градење доверба, или почнување на пристапните преговори со ЕУ, очекувањата за брз влез во НАТО Алијансата, функционерите во актуелната Влада брзо ќе сфатат дека без прифаќање на уцените на официјална Атина, ние не можеме да ги реализираме нашите Евроатлански интеграции. Особено што се повторува историјата. Секоја претходна Влада

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА СРЕДБАТА НИКОЛА ДИМИТРОВ СО НИКОС КОSИЈАС ВО БРИСЕЛ тргнува со ист или сличен оптимизам кој на крај се претвора во разочарување. Клучната дилема е дали оваа Влада е подготвена да се обиде да го спроведе невозможното, да ги прифати Грчките уцени и да тргне да го решава спорот за името по Грчки терк, со што ќе настрада Уставното име и Македонскиот национален идентитет? Македонската Алијанса опстојува на својата идеолошка определба дека највисока патриотска должност за секоја Македонска партија е секојдневно да работи на зголемување на нашите сојузници кои ќе застанат во одбрана на нашето основно демократско право да бидеме Македонци од нашата Македонија. Зошто е грев за нас како Држава да бараме да се следи примерот на Соединетите Американски Држави, кои одамна го признаа Уставното име на нашата Татковина. Македонија во изминативе децении покажа огромна конструктивност и сериозност во напорите да изнајде разумен пристап во билатералните односи со Грција. Направивме огромни отстапки, сменивме Устав, сменивме знаме, прифативме срамна референца за влез во ООН, потпишавме Времена Спогодба, а Грчките политички елити во ниту еден момент не пропуштаат да соопштат дека никакви меѓународни притисоци нема да ги сменат Грчките црвени позиции во спорот за името, упор 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

но спроведувајќи ја својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од нас невозможното. Македонија и Македонскиот нa род не бараат подароци, туку ост варување на универзалното демократско право на самоопределување кое и припаѓа на секоја земја членка на ООН. Македонија и Македонскиот народ бараат нашите меѓународни пријатели и сојузници да го обезбедат спроведувањето на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со што нашата Татковина ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата, како најдобра гаранција за унитарноста на Македонија и нејзината долгорочна стабилност. Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува Владата на Република Македонија да биде внимателна со потезите кои ги влече во надворешната политика и односите со соседите. Никој во Македонија нема мандат да влегува во ризици и да го загрозува Македонскиот национален идентитет. Било каков Договор кој евентуално ќе биде на штета на Македонскиот народ и ќе ја доведува во прашање иднината на нашата заедничка Татковина нема да помине. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонија! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

Во врска со посетата на Европратеникот Иво Вајгл на Македонија со цел да ја операционализира иницијативата на Европскиот Унија за средби меѓу владејачките и опозициските партии во куќата на Жан Моне кај Париз, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса ја повикува Европската Унија да престане да го третира Македонскиот народ како експеримент на кој се тестираат сите можни притисоци и неправедни политики за негово обезличување и самоуништување. Ако некој треба да се викне на Европски часови по демократија и човекови права и политички дијалог, и тоа во куќата на Жан Моне тоа се Грчките функционери, почнувајќи од Павлопулос, Каменос, Кумуцакос, Коѕијас кои со децении не држат во заложништво, водејќи се од националистички и иредентистички побуди карактеристични за средниот век. До кога ќе се прават притисоци врз Македонија? Малку ли попуштаме изминативе 26 години? Колку генерации Македонци настрадаа од радикалните Грчки политики на ембарга, уцени, блокади на нашите Евроатлански интеграции! Под притисок го сменивме знамето со сонцето од Кутлеш, сменивме Устав, потпишавме Времена Спогодба, прифативме срамна привремена референца БЈРМ . И тоа не е доволно за официјална Атина? Сега треба да отстрануваме и споменици, да менуваме учебници по историја, треба едноставно сами да се откажеме од Македонскиот идентитет! А каде е Европскиот Пар-

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЕВРОПРАТЕНИКОТ ИВО ВАЈГЛ ламент да ја отвори одговорноста на официјална Атина што не ја спроведува пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг со кој Грција е осудена земја затоа што ја прекршила Времената Спогодба со бесправното вето на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008? Или зошто Европскиот Парламент, ако веќе толку добро му мисли на Македонскиот народ, ја прифати срамната резолуција на Бугарските Европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, кои побараа да се прифати и вештачки да се признае дека во регионите на Преспа, Голо Брдо и Гора во Албанија постои Бугарско малцинство? На Татковината не и е потребни нови тајни преговори и средби на кои ќе треба да се скрши Македонскиот народ. Ниту актуелните владејачки, ниту опозициските партии имаат мандат да преговараат за светото Македонско име и идентитет. Грчката стратегија е јасна, тие го бараат од нас невозможното. Самите да се обезличиме и откажеме од сопствениот Македонски идентитет. Македонската Алијанса во името на целата Македонска Дијаспора изразува подготвеност да биде домаќин и организатор на средба која ќе се одржи во Македонија со цел конечно да се постигне обединување на сите 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

Македонските општествено политички чинители со постигнување на национален консензус дека нема да отстапиме од нашето право да бидеме Македонци во нашата Македонија. Нема дилеми дека пред Татковината се исправени сериозни предизвици. Убедени сме дека сега е моментот да ставиме крај на преговорите. Ако најодговорните политички партии во моментот попуштат на притисоците и ако прифатат да преговараат со вакви уцени и условувања, ќе влетаат самите во замката да бидат принудени да дадат согласност за нешто што е невозможно да се спроведе. Ако лидерите и партии под притисок и уцена за својата слобода, евентуално прифатат модел на некакви тајни преговори на кои случајно си преземат од обврска да направат велепредавство нека бидат сигурни дека нема да може да избегаат од сопствената одговорност. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Во врска со тврдењето на Грчкиот портал “Диферњуз” дека Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО Алијансата на 11-12 јули 2018, за што постои цела програма на обврски кои треба до тогаш да се исполнат, а во контекст на интервјуто на Министерот за надворешни работи Никола Димитров за една национална телевизија во Република Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Р

епублика Македонија може да стане полноправна членка на НАТО Алијансата веднаш и без одлагање, доколку нашите меѓународни сојузници обезбедат осудената Грција конечно да ја спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Притоа нема потреба од нови и дополнителни понижувања на Македонскиот народ од типот да се отстранува споменикот на Александар Македонски, да се смени името на аеродромот во Скопје, ниту да се формираат комисии за “прочистување” на Македонските учебници од наводниот иредентизам. Особено нема да има потреба од “ново име” за кое во Црна Гора зборуваше актуелниот Премиер Зоран Заев. Се разбира, ова ќе беше одамна реалност ако официјална Атина се откажеше од национализмот и го почитуваше нашето универзално демократско право да бидеме Македонци во Република Македонија. Никола Димитров мора да одговори директно и јасно што се случува зад сцената и врз основа на што се подигнуваат очекувањата дека двете Влади во Грција и Македонија се пред решение на спорот за името? Македонскиот народ сака да знае дали некој во нивно име се дрзнал да се согласи за нешто што нема надлежност? Никола Димитров има обврска да одговори како е возможно Државен функционер како него, да го легитимира лажното тврдење на официјална Атина дека Македонија промовира иредентизам? Што е следно? Ќе треба да ја избришеме исто-

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ТЕКСТОТ ВО ГРЧКИОТ ПОРТАЛ “ДИФЕРЊУЗ” И ИНТЕРВЈУТО НА НИКОЛА ДИМИТРОВ риската вистина дека со Букурешкиот договор во 1913 година ни е одземена Егејска Македонија? Ќе мижеме дека во Кукуш, Сер, Воден, Солун и на други места има Македонци кои говорат Македонски јазик? Самите ли ќе негираме дека заради нивната асимилаторска политика насилно се променети сите топоними што е историски факт за постоењето на Македонија и Македонскиот народ? Ќе се преименуваат аеродроми, автопатишта, ќе ги тргнеме сите споменици на Александар Македонски, за да ги задоволиме ирационалните и хегемонистички барања на Грчките националисти? Ќе се откажеме од историската вистина за голготата, егзодусот и неправдата која им е причинета на Македонците од Егејскиот дел? До кога вака и за што? Како е можно да не ги учиме лекциите од минатото? Под притисок го сменивме знамето со сонцето од Кутлеш, сменивме Устав, потпишавме Времена Спогодба, прифативме срамна привремена референца БЈРМ и со неа влеговме во ООН, а Грчките политички елити не попуштаат ниту милиметар од нивните ирационални позиции. Заборавивме ли дека и покрај обврската од Времената Спогодба со која Грција се обврза дека нема ја блокира Македонија во Евроатланските интеграции, Костас Караманлис во 2008, спротивно на заложбите на САД, стави вето на членството на Македонија во НАТО Алијансата. Уште Димитров смета дека е вешта дипломатија што Владата молчела и 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

“не се препукувала” по медиумите за провокациите на Павлопулос, Каменос, Кумуцакос, Коѕијас и сите останати Грчки првенци кои речиси секојдневно го негираат Македонскиот идентитет. На Татковината не и е потребна нова сервилност во надворешната политика која ќе ни донесе нови порази. Грчката стратегија е јасна, тие го бараат од нас невозможното. Самите да се обезличиме и откажеме од сопствениот Македонски идентитет. Затоа, Македонската Алијанса уште еднаш го реафирмира својот став дека сега е моментот да ставиме крај на преговорите бидејќи сме длабоко убедени дека ако продолжиме да преговараме со вакви уцени и условувања, речиси сигурно ќе ја поминеме точката од која нема враќање во процесот на самоуништување на Македонскиот народ и неговата иднина. Оние политичари кои под притисок и уцена за својата слобода, евентуално ќе си преземат на себе товар и обврска да се обидат да протуркаат велепредавство ќе мора да се соочат со Македонскиот народ - единствениот суверен владетел на Македонскиот идентитет кој секогаш знаел да се избори за својата иднина. МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, кој пред повеќе од 11 години ја донираше изградбата на првиот споменик на Александар Македонски на територијата на Република Македонија, во родниот Прилеп, директно подржувајќи и реферирајќи на античките корени на современите Македонци, во врска со вандалскиот чин, ја упатува следната реакција:

М

акедонската Алијанса очекува од надлежните институции ефикасно да го расчистат инцидентот, брзо да ги пронајдат сторителите, да покренат постапка за нивната одговорност, што секако ќе делува обесхрабрувачки за сите оние кои во последно време се чувствуваат мотивирани да се пресметуваат со историското, културно и идентитетско поврзување на Македонскиот народ со Античка Македонија и ликот и делото на Великиот Александар. Го поздравуваме чинот на јавна осуда на вандализмот врз споменикот на Александар Македонски од страна на Општина Прилеп и најавите за брза санација на споменикот. Веруваме дека локалната власт ќе ги преземе сите соодветни мерки за негова заштита од

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ВАНДАЛСКИОТ ЧИН ВРЗ СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО ПРИЛЕП сите нови евентуални обиди за негово оштетување. Бидејќи во изминатите години немаше вакви или слични инциденти, Македонската Алијанса не сака да верува дека зад овој вандализам може да се кријат нечии политички мотиви. Ако некој тргнал да му прави кеифови на нашиот јужен сосед избрал погрешен метод. Историските факти никој не може да ги избрише, како што не може да му го ампутира националниот идентитет на Македонскиот народ и да му го одземе светото Македонско име. Инцидентите од ваков тип имаат обратен ефект. Делуваат мотивирачки за сите браќа и сестри Македонци во светот и Татковината уште пожестоко да си го бранат своето демократско право да бидат Македонци во Република 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

Македонија. Уште еднаш добронамерно апелираме до сите оние кои евентуално веруваат или се надеваат дека Македонскиот народ може да голтне обид за негово обезличување, да не се лажат! Таквите проценки се тотално промашени. Македонскиот народ како единствен суверен владетел на сопствената Држава никогаш нема да се согласи на велепредавство олицетворено во подмолен политички пазар на некоја коалиција, партија или лидер, кој ќе ја загрози сегашноста и иднината на генерациите кои допрва доѓаат! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

HERONEJA UREDNIK ELIZABETA ANDONOVSKA


GEORGIEVSKI MIROSLAVMIRO

ILUSTRIRANA BIOGRAFIJA

FILIP II MAKEDONSKI

EPIZODA

KORINTSKA LIGA UREDNIK ELIZABETA HAXI  STOJANOVA KOSTURSKA


СЕКОГАШ СО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

ЗА ДОБРОТО НА МАКЕДОНИЈА


ММФ: Формирањето на новата влада претставува значајна пресвртна точка и можност за повторно заживување на реформите и поставување на макроекономските политки на здрави основи. Ова е констатирано од Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд по завршување на редовните годишни консултации со Македонија во рамки на таканаречениот Член 4 извештај, кој ММФ го објави

ФИСКАЛНА КОНСОЛИДАЦИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ

К

ако резултат на ефектите на политичката криза, Меѓународниот монетарен фонд проектира раст на македонската економија од 1,9 проценти за годинава, а за следната година се очекува интензивирање на растот на 3,2 проценти. Проекцијата на стапката на инфлација годинава е дека таа ќе остане на ниско ниво од 1,2 проценти. Проектираниот буџетски дефицит за 2017 година изнесува околу 3 отсто од БДП. Притоа, Извршниот одбор на ММФ ја истакнува потребата за фискална консолидација, со оглед на брзиот раст на јавниот долг во минатото и високите потреби за финансирање. Одборот ја поздравува намерата на Владата за постепено намалување на буџетскиот дефицит на два проценти од БДП на среден рок. ММФ, исто така, го поддржува планот на Владата за зајакнување на управувањето на јавните финансии и зголемување на фискалната транспарентност. Со цел зачувување на конку-

рентноста и фискалната одржливост, Извршниот одбор ја истакнува потребата растот на платите да ја следи продуктивноста. Исто така, во услови на 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 Ноември 2017

стареење на населението, е нотирано значењето на зголемувањето на стапката на активност, како и на активните мерки на пазарот на труд.


П О В РАТО Т Н А Д Д В Проектот на Владата, кој е дел од предизборните ветувања, за поврат на ДДВ на граѓаните, ќе стартува во два региона во 2018 година, а од ефектите што ќе се покажат, се очекува да се прошири на целата територија во 2019 година

НА ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ВРАТИ 300 МИЛИОНИ ЕВРА ВО БУЏЕТОТ ОД ЕВАЗИЈАТА

О

ва го најави премиерот Зоран Заев одговорајќи на пратенички прашања истакнувајќи дека со ова очекува да се намали даночната евазија кај ДДВ-то која според податоците до кои дошла Владата е 30 проценти. Според него, во Македонија има слабости во наплатата на ДДВ од воведувањето во 2001 година, а ефектите што ги очекува од повратот на ДДВ на граѓаните се поголеми приходи во буџетот и дополнителни средства кај домаќинствата кои се проценуваат на годишно ниво на 25 до 30 илјади денари. „Граѓаните го плаќаат ДДВ-то кога купуваат, добиваат сметки и прашањето е од каде не се уплаќаат средствата во буџетот, вели премиерот и додава дека се очекуваат дополнителни 300 милиони евра во буџетот од овој ДДВ кој сега не се уплаќа и со што, како што истакна, се создава незаконско енормно богатење на поединци во државата за сметка на даноците на државата кои треба да бидат распределени на сите граѓани. Смета дека ќе има можност со оваа мерка 50 проценти од наплатеното да биде вратено кон граѓаните, а 50 проценти како поголем приходот за државата. Според него, тоа ќе бидат 15 милијарди денари дополнителни средства на ставката во буџетот од ДДВ која е приближно 54 милијарди

денари. „Убеден сум дека ваквата мерка ќе ја зголеми дополнително потрошувачката моќ. Нема да зафати дополнително пари од граѓаните и единствен резултат ќе биде тоа што државата ќе си го наплати делот што не го наплаќала досега“, рече премиерот. Досега, посочи, новата Влада направи заштеди во буџетот преку 50 милиони евра со намалување на 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 Ноември 2017

непродуктивните трошоци и, како што рече, чесните постапки на јавните тендери што се спровеведени. Убеден сум, рече Заев, дека економијата во Македонија ќе расте и тоа ќе го зголеми стандардот на граѓаните. „Граѓанити ќе чувствуваат подобрување на својот стандард, а со чесните политики ќе обезбедиме квалитетни средства во буџетот, додаде тој.


СПОРЕД МОТИВИТЕ НА ХАНС КРИСТИЈАН АНДЕРЕСЕН Класичната бајка од Андерсен, напишана во 1844 година, втор пат се поставува во ТДМ, по куклената поставка во 2005 година

"

С

нежната кралица“ според мотивите на Ханс Кристијан Андересен, по текст на Билјана Крајчевска и режија на Драгана Милошевски- Попова, е новата претстава во Театарот за деца и младинци. Класичната бајка од Андерсен, напишана во 1844 година, втор пат се поставува во ТДМ, по куклената поставка во 2005 година. Режисерката денес рече ова е претстава за љубовта и растењето, во која се натпреваруваат две доминантни сили. Снежната кралица со своите невидливи сили, лукавоста и злото на која ја тера

„СНЕЖНАТА КРАЛИЦА“ ВО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

осаменоста, е претставник на ладниот разум и не може да сфати дека постојат луѓе кои што се спремни да се откажат од сопствениот интерес и да се жртвуваат заради љубовта и пријателството. „Во оваа претстава не нудиме одговори спакувани во убава хартија со панделка, туку ги провоцираме децата да размислуваат и сами да донесат заклучок“, рече Милошевски- Попова. Екипата додаде дека првичната идеја била да направат претстава според популарниот Дизниев филм „Ледено кралство“, но потоа се одлучиле за авторска верзија 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

по бајката на Андерсен. Драматургот Крајчевска, вели дека направиле современа верзија на текстот на Андерсен, кој раскажува приказна за пријателството кое што не може да се растури, пријателство на кое што му закануваат сите опасности на современото општество . Играат: Ана ЛевајковиќБошков, Сара Климоска, Мики Анчевски, Бојан Кирковски, Симона Спировска, Емра Куртишова и Мартин Јорданоски. Сценографијата е на Кирил Василев, костимите на Андреј Папаз Ѓоргиевски, а музиката на Огнен Анастасовски.


В О П Р Е П О Л Н Е ТАТА „ М Е Т Р О П О Л И С “ АРЕНА ВО СКОПЈЕ Со озвучување, светло и сцена, како на најголемите светски спектакли, бројната публика заедно со Перо, Поце, Ристо, Сале, Тино, Мичо и Бане ги испејаа најголемите хитови: „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нашите слики“, „Дирлада“, „Снежо, Снежана“, „Нена“, „Разбира се“...

В

о преполнетата „Метрополис“ арена во Скопје, легендарната група „Меморија“ по цели 25 години повторно ги испеа своите најголеми хитови. Со озвучување, светло и сцена, како на најголемите светски спектакли, бројната публика заедно со Перо, Поце, Ристо, Сале, Тино, Мичо и Бане ги испејаа најголемите хитови: „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нашите слики“, „Дирлада“, „Снежо, Снежана“, „Нена“, „Разбира се“... Атмосферата уште повеќе ја вжештија гостите, кои го збогатија настанот со своите антологиски изведби на нивните најголеми хитови-Пере од„Нокаут“, Мики Јовановски Џафер, момците од „Зијан“ и Таки Гранит од „Лева патика“, кој со ќерката Леа ја изведе легендарната „Неправда“. По тричасовен спектакл, кој заврши по три биса, публиката задоволна и насмејана си замина со врежана вонвеременска македонска музика, во нивната меморија.

ЛЕГЕНДАРНАТА ГРУПА „МЕМОРИЈА“ СО КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017


М А К Е Д О Н С К АТА З А Е Д Н И Ц А В О Х Р В АТС К А Пред неговиот споменик во паркот во близина на Музејот се собраа голем број Македонци и Самборци традиционално по повод одбележувањето на 78годишнината од првото издание на Рациновата поезија - Бели мугри

И

за Македoнците во Самобор, името и делото на Кочо Рацин е исклучително значајно. Пред неговиот споменик во паркот во близина на Музејот се собраа голем број Македонци и Самборци традиционално по повод одбележувањето на 78-годишнината од првото издание на Рациновата пое-

ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА РАЦИН

зија - Бели мугри. Рациновата збирка на песни е една од основните работи на современата македонска литература, чии оригинални се уште се чуваат во хрватскиот Музеј. Васил Тоциновски, од година во година, открива нови детали од животот и делото на овој голем писател, но секогаш се чита познатата песна Ленка. Секогаш е убаво да се 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

види колку Македонците сакаат да дојдат во Самобор, и да положат цвеке пред големиот македоснки поет Кочо Рацин. Членовите на вокалната група Моми Бисерни ги почестија присутните со неколку нумери, а се читаа стихови од Рацин, но сите заедно уживаа во превкусната македонска кујна.


Н А Н Е Д Е Л АТА Н А Д И З А Ј Н В О С К О П Ј Е

„Пастело“ е млад бренд во Македонија, мала компанија составена од ентузијасти од Куманово. Инспирацијата потекнува директно од „звукот на материјалите”, спојот помеѓу дрво, челик и јаже

П

астело“ е избран за најдобар млад бренд на Неделата на дизајн во Скопје. Оваа награда се доделува вторпат, а за неа одлучува четиричлено жири. „Пастело“ е млад бренд во Македонија, мала компанија составена од ентузијасти од Куманово. Инспирацијата

„ПАСТЕЛО“ Е ИЗБРАН ЗА НАЈДОБАР МЛАД БРЕНД

потекнува директно од „звукот на материјалите”, спојот помеѓу дрво, челик и јаже. Финалниот производ е безвременски одржлив дизајн на елементи за осветлување и мебел. Критериумите секогаш варираат, од креативност, до употребливост на брендот, неговата идна вредност во 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

контекст на развој, можен пласман и развој. Оваа година го избравме „Пастело“, дефинитивно нешто кое претставува финализиран производ кој допрва ќе зема замав на пазарот во Македонија, но и надвор – изјави Александар Велиновски директор на Неделата на дизајн во Скопје.


ВО ВЕВЧАНИ БЕШЕ ОТВОРЕНА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НАСЛОВЕНА Досега приредил 20 самостојни тематски изложби во земјава и старнство.За својот труд има добиено повеќе признанија и награди. За сликописот „Часовникот“кој се мери со 24 отчукувања во едно деноноќие,Ќушкоски ни се претстави со 24 уметнички фотографии

„ЧАСОВНИКОТ“ ОД НЕУМОРНИОТ ХРОНИЧАР НА ВЕВЧАНИ, АНАСТАС ЌУШКОСКИ

В

о Вевчани беше отворена самостојна изложба насловена „ЧАСОВНИКОТ“ од неуморниот хроничар на Вевчани Анастас Ќушкоски. Во рамките на проектот „Нов културен бран“,во Клубот на пензионери во Вевчани беше поставена двесетатта самостојна изложба на уметнички фотогрфии на Ќушкоски,роден 1942 година во Вевчани.Има завршено Економски факултет во Прилеп.На културената јавност и е познат како драмски автор, сценарист, режисер, поет, истражувач но и како пасиониран фотограф.Со фотографија се занимава од 1957 година,а перманентно од 1980 година. Досега приредил 20 самостојни тематски изложби во земјава и старнство.За својот труд има добиено повеќе признанија и награди. За сликописот „Часовникот“кој се мери со 24 отчукувања во едно деноноќие,Ќушкоски ни се претстави со 24 уметнички фотографии. Во конкретниов случај,како објект на фотообјективот е земена Саат кулата од градот херој Прилеп. А акедмскиот сликар Славче Упевче во својата беседа за изложбата и за авторот вели: Мајсторот Анастас Ќушкоски е фотограф со мечта:досега организирал бројни самостојни изложби, меѓу нив и оние кои сум имал чест да му ги промовирам во Центарот за култура во Охрид и со оваа изложба ја промовира неговата експресија преку фотографии на Прилепската сат кула претставена во една необична имагинарна позиција која благодарение на новите технологии на фотографската техника е достапна и кај нас. Човекот е роден со два фотоапарати, затоа што нашите очи не се ништо друго туку фотоапарати. Оние

кои добро знаат што е фотографија сваќаат дека окото само технички и технолошки се трансформирало во помошно средство кое ни помага да го бележиме она што што се случува околу нас,а ако ние тие забелешки не ги зачуваме,тоа само го потврдува она што го кажува унгарскиот поет Шандро Петефи. На изложбата двата фотоапарати сместени во очите на Анастас Ќушкоски ја регистрирале патината,уметност и шароликоста на боите кои времето,дождот,сонцето и ветерот ги оставиле врз импозантната структура на Прилепскатасат кула во една надреалистична форма за која тој самиот вели дека потсетува на делата на познатиот шпански мајстор на надреализмот – Салвадор Дали Авторот Ќушкоски, својата постановка ја озаглавил како “Сликопис во 24 отчукувања”. Во конкретниов случај, како објект на фотообјективот е земена Саат кулата во Прилеп, неуморниот патник низ времето, 26 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 818 / Ноември 2017

симболот на препознатливоста на душата на градот, на неговата историја и стремежи. - Со помош на Дагеровиот изум и техниката на изобличување, создадени се овие нестварни но вистински претстави на безвремената кула: Часовникот кога љуби, кога се смее и мурти, кога танцува и се преобразува во ликот на Момата, на прилепските мечкари,кога станува центар на светот, вселенски центар... душа на градот – ќе рече авторот, Ќушкоски. Ќушкоски, познат драмски автор, поет, раскажувач, истражувач, публицист, сценарист, режисер и пасиониран фотограф, но, пред се,етнолог хроничар на Вевчани. Покрај што е пасиониран фотограф и литерарен деец, познат е и во научно – истражувачко творештво сврзано со печалбарството, светилиштата и лингвистиката во неговата постојана инспирација родното Вевчани.


Profile for Makedonsko Sonce

818  

makedonskosonce

818  

makedonskosonce

Advertisement