Issuu on Google+

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XVIII, Број 766, Јули 2012

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ВРВНА ЗАБАВА ПИВО И СКАРА - ПИВОФЕСТ ПРИЛЕП 2012


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Гостите од висок ранг ги пречекавме, ги прошетавме, им ја кажавме маката, не сослушаа и не советуваа, па ги испративеме кај нашиот јужен сосед. Слушнавме и слушнаа невообичаено остар говор на генералниот секретар за поддршка на Македонија и осуда на јужниот сосед. Гостинот дополнително крена прав кај нашиот јужен сосед поради тоа што не избегнуваше да го спомене уставното име Македонија на неформален настан во Охрид. А и нашиот премиер му оддржа добра лекција-веднаш да се спроведе одлуката од Хаг. А оттаму како и што се очекуваше пристигнаа негативни сигнали со прекумерна доза на нервоза. Оттука тие доле јужно почнаа и да се плашат од потезите на Македонија, но и на Обединетите нации, откога се отвори и прашањето за македонското малцинство во соседната земја, како и враќањето на имотите на децата-бегалци од граѓанската војна. Грчката страна повика македонското раководство да ги смири емоциите, но самата не успеа да остане рамнодушна. Темата за македонското малцинство е трн во нога за нашиот јужен сосед. Грција сака да се убеди себеси, а и целиот свет, дека во земјата нема малцинства. Но добива демант од самите експерти на ОН, кои и го кажаа спротивното. Дефинитовно Грција е ставена без малку пред свршен чин. Залелекаа од она што го кажа премиерот на средбата со господинот Бан Кин Мун - газдата ептен искрен, а нашиов премиер се залага за почитувањето на меѓународните правни норми, човековите слободи на малцинства, според ООН, и најважното одбива да ,,игра и пее ,, по нотите на соседот визави името. Во меѓувреме како што му е должност на генералниот секретар, ги повика македонските и грчките функционери со изјавите да создаваат позитивна атмосфера! Но можно ли е тоа. Нашиот јужен сосед веднаш спроведе вербален атак врз нашиот премиер, но од наша страна премиерот направи многу добар потег. Од канцеларијата на македонскиот премиер стаса известување дека премиерот Груевски во наредните месеци ќе се воздржува од какви било коментари кои се однесуваат на спорот за името или се од суштинско значење на односите помеѓу двете земји и нема да одговара на прашањата на новинарите на овие теми. Целта е да не се остави простор, да бидат користени како алиби за дефокусирање од билатералниот спор, но и да не бидат злоупотребувани од страна на поединци и политичари кај јужниот сосед. Со еден ваков гест, се наведува во соопштението од канцеларијата на македонскиот премиер, „би сакале да ставиме крај на играта на обвинувања која што нашиот јужен сосед постојано ја пласира,,. Навистина мудар потег. Така ќе одмине извесен период па можеби нашиот премиер ќе подразмисли зошто има потреба да преговараме со нашиот јужен сосед, кога фитбекот ни е веќе виден? Досегашното искуство ни покажа дека од преговори нема ништо ново и доблесно. Познати ни се преговорите со јужниот сосед - или сменете име, јазик, идентитет или нема преговори. Јас сум за второто, да нема преговори, па господине премиере се надевам дека и вие ќе се сложите со мене?!

\or|ija - Xorx Atanasoski


П О Т П И Ш А Н М Е М О РА Н Д У М З А М Е Ѓ У Н А Р ОД Н А РА З В О Ј Н А СО РА Б О Т К А Словенија активно и силно ја поддржува европската иднина на Македонија, пристапниот процес, како и усвојувањето на стандардите на Европската унија. Двете држави и институциите соработуваат одблиску за брзо и поефикасно приближување на Македонија кон ЕУ, истакна словенечкиот амбасадор Алан Брајан Бергант при денешното потпишување на Меморандумот за меѓународна развојна соработка меѓу владите на двете земји за 2012 година. 552.000 евра и тоа за конкретни проекти, односно 354.000 евра за изградба на пречистителна станица за вода за пиење во општина Пробиштип, за експертска помош 123.000 евра, 35.000 евра за одржлив развој на општините од Источниот плански регион, како и 40.000 евра за поддршка за невладиниот сектор. Минатата година како најус-

С

ловенија активно и силно ја поддржува европската иднина на Македонија, пристапниот процес, како и усвојувањето на стандардите на Европската унија. Двете држави и институциите соработуваат одблиску за брзо и поефикасно приближување на Македонија

СЛОВЕНИЈА ЈА ПОДДРЖУВА

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА МАКЕДОНИЈА кон ЕУ, истакна словенечкиот амбасадор Алан Брајан Бергант при денешното потпишување на Меморандумот за меѓународна развојна соработка меѓу владите на двете земји за 2012 година. Со Меморандумот се обезбедуваат средства во износ од

пешни проекти реализирани со словенечка поддршка, Бергант ги издвои изградбата на модуларно основно и средно училиште во општина Илинден и пречистителната станица за комунални води во општина Ѓорче Петров која треба да се финализира. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 766 / Јули 2012


осигурување на Македонија соопшти дека сите осигурени лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од територијата на Република Македонија

Д В О Ј А З И Ч Н И О Т О Б РА З Е Ц Н А ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА НА ФЗОМ ИМ СЛУЖИ КАКО ПРИВРЕМЕНА З Д РА В С Т В Е Н А Л Е Г И Т И М А Ц И Ј А В О З Е М Ј АТА К А Д Е Ш Т О П АТ У В А АТ

ОСИГУРЕНИЦИТЕ НА ФЗОМ МОЖЕ ДА ПОБАРААТ ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО СТРАНСТВО

Ф

ондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека сите осигурени лица за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од територијата на Република Македонија, во следните земји: Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија. Под итна и неопходна здравствена заштита, како што се наведува, се подразбира користење на здравствени ус луги чие пружање не може да се одложи до планираното враќање во Република Македонија.

За таа цел, пред патувањето во странство осигурените лица на ФЗОМ треба да се обратат во подрачната служба на Фондот каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување, и да пополнат Барање (ПП1) за издавања на двојазичен образец за една од наведените земји. Кон Барањето се приложува потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар (општ и гинеколог за жени) и наод, оценка и мислење на лекарската комисија на ФЗОМ. Од Фондот за здравствено осигурување објаснуваат - Двојазичниот образец на осигурените лица на ФЗОМ им служи како привремена здрав04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 766 / Јули 2012

ствена легитимација во земјата каде што патуваат и на основа на истиот осигурените лица на ФЗОМ се изедначени во однос на правата и обврските, со осигурените лица на државата во која престојуваат. Тоа значи дека на основа на двојазичниот образец осигурените лица на ФЗОМ ќе можат да користат итни и неопходни здравствени услуги и за истите ќе треба да платат само лично учество (партиципација), доколку во законските прописи на земјата во која се престојува е предвидено лично учество (партиципација). Во спротивно осигурените лица на ФЗОМ не подлежат на никакви трошоци за користените здравствени услуги.


Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски од Меѓуградската автобуска станица во Скопје ја испрати првата група деца на бесплатен одмор во Струга

ВЛАДИНА МЕРКА ЗА ПОМОШ Н А Д Е Ц АТА О Д С О Ц И Ј А Л Н О ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

ГРУПА ДЕЦА ЗАМИНАА НА БЕСПЛАТЕН ОДМОР ВО СТРУГА

М

инистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски од Меѓуградската автобуска станица во Скопје ја испрати првата група деца на бесплатен одмор во Струга. Со ова почна реализацијата на владината мерка за помош на децата од социјално загрозените семејства и корисници на постојан паричен додаток. Вкупно 3.000 деца е

предвидено да заминат на одмор, од кои 2.000 во текот на летото и уште 1.000 во зима. Денеска замина првата група од 320 дечиња од различни краеви на Македонија. Ќе летуваат седум дена во Струга и Битола, во одморалиштата „Мајски цвет” и „Пелистер”. На Пелистер одат главно оние дечиња кои имаат какви било белодробни нарушувања и потреба за подобру05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 766 / Јули 2012

вање на нивниот респираторен и воопшто здравствен систем. Владината мерка се спроведува со поддршка на Црвениот крст на Македонија од каде се испраќаат волонтери. Тие ќе им помагаат особено на децата со посебни потреби, но ќе се грижат и за останатите. Изготвена е посебна програма за анимација и ангажирање. Обезбедени се здравствени и спасувачки екипи.


Младите со наполнети 18 години кои ги напуштаат установите за згрижување на деца и млади без родители и родителска грижа се соочуват со неможноста да најдат вработување

С А Е М Н А К А Р И Е РА Н А КО Ј БЕШЕ ОВОЗМОЖЕНА ДИРЕКТНА СРЕДБА НА КОМПАНИИТЕ И МЛАДИНЦИТЕ КОИ ГИ Н А П У Ш ТА АТ У С ТА Н О В И Т Е ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

САЕМ НА КАРИЕРА ЗА МЛАДИНЦИ ОД ДОМОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛСКА ГРИЖА

М

ладите со наполнети 18 ��одини кои ги напуштаат установите за згрижување на деца и млади без родители и родителска грижа се соочуват со неможноста да најдат вработување. Без знаење на странски јазици, основни компјутерски и комуникациски вештини, возачка дозвола тие не се конкурентни на пазарот на трудот. Со тоа, нивната егзистенција е сериозно загрозена, а не можат да им излезат во пресерет сите оние на кои останатите младинци можат да се потпрат - родителите, роднините и пријателите. Токму поради ова беше реализиран саем на кариера на кој беше овозможена директна средба на компаниите и младинците кои ги напуштаат установите за деца без родители и родителска грижа. На Саемот на кариера свое обраќање имаше Драги Змијанац - извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.

На овој саем беше присутен и Ратко Капушевски - Директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски” кој потенцираше дека овој спортски центар им излегол во пресрет на младинците од ранливите групи така што веќе има двајца вработени. Како доказ дека сепак и за овие деца кои растат во Домови може да се вработат е Ердоган Камбери – 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 766 / Јули 2012

младинец, поранешен штитеник во Домот „11 Октомври”, кој сега е вработен во ЈП Градски паркинг. Тој задоволен од својот работодавач, ги бодреше своите пријатели кои се третираат како младинци од ранлива категорија дека и за нив постои можност да бидат вработени без разлика дали станува збор за приватна или државна институција. Тој додаде и дека не е единствениот штитеник кој е вработен во Градски паркинг туку вработени се уште шестмина. Со спроведувањето на Саемот на кариера, младите од установите за згрижување на деца без родители и родителска грижа добија повеќе информации за тековните потреби на пазарот на трудот, за компаниите и нивните политики на вработување, за трендовите на вработување во целина, како и за значењето на образованието и практичното искуство со цел обезбедување на подобро работно место.


1 0 Г О Д И Н И Т РА Д И Ц И Ј А П О Д МАРКОВИТЕ КУЛИ Започна во 2002 година во Прилеп и прерасна во традиција настан кој го очекува не само Македонија, соседните земји туку и нашите иселеници во странство.

ВРВНА ЗАБАВА ПИВО И СКАРА – ПИВОФЕСТ ПРИЛЕП 2012

З

апочна во 2002 година во Прилеп и прерасна во традиција - настан кој го очекува не само Македонија, соседните земји туку и нашите иселеници во странство. Врвна забава со врвни изведувачи под покровителство на градот Прилеп и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески - околу 400 илјади посетители испиле 289 тони пиво, замезени со над 120 тони специјалитети на скара на јубилеј-

ното, десеттото издание на фестивалот на пивото во Прилеп од 12 до 15 јули. Ова го соопшти градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, кој додаде дека околу 400 илјади посетители кревале кригли и испиле 289 тони пиво, замезени со над 120 тони специјалитети на скара на јубилејното, десеттото издание на фестивалот на пивото во Прилеп од 12 до 15 јули. Заклучок е дека фестивалот

07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 766 / Јули 2012

е организиран одлично, хигиената исто така била на високо ниво, а присутни биле и лекарските тимови кои постојано биле овде присутни во случај да им затребаат на посетителите. Пријатни чувства предизвикува и изјавата на еден од врвните гости – изведувачи во Прилеп Жељко Јоксимовиќ кој рече: Прилеп за некоја година ќе биде претесен да ги собере гостите на Пиво фест.



766