Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XVIII, Број 768, Септември 2012

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

21 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ НА ЛИСТАТА НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ОПШТИНСКИ ИЗБОРИ ВО ВИКТОРИЈА

АМЕРИКАНСКИ КОМПАНИИ ПОКАЖАЛЕ ИНТЕРЕС ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

ОМД СО АПЕ Л: РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ДА НЕ БИДЕ ИЗГОВОР ЗА ПРОБЛЕМИТЕ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

Двајцата шефови на дипломатијата – македонскиот и јужнососедскиот конечно се сретнаа. Прва средба со јужнососедскиот колега помина во куртоазна атмосфера и заеднички видувања по некои работи -Македонија не е закана за тие таму доле јужно, нуди можности, колку толку се согласуваме барем така изгледаше на прв поглед, иако мене ми наликуваше на вообичаена протоколарна фарса. Е, сега, од тој разговор произлезе и дека нашиот јужен сосед е многууу чувствителен кон историјата, додека ние Македонците сме чувствителни кон почитување на правото и демократските принципи. Во реалноста, вистината е дека историјата ни се испреплетува, а географијата нe поврзува. И нормално на првата средба јужниот дипломат уверувал дека неговата земја сака да ја види Македонија како членка на ЕУ и НАТО!!! Ама... некако сето ова не ми штима, затоа што сите овие вакви слични средби се толку префинети, толку пријателски дури човек да не верува, а веќе следниот ден ќе се слушне сосем нова верзија нималку слична. Средбата се случи на маргините на 67. Генерално собрание на ОН што деновиве се одржува во Њујорк каде фрчат многу средби, разговори меѓу многу дипломати. Дојде редот и на македонскиот шеф на дипломатијата кој говорејќи на Генерално собрание на ОН, се осврнал на заложбата на Македонија за почитување на имплементирање на одлуките на Меѓународниот суд на правдата од страна на сите земји-членки, а ја нагласи меѓу другото и потребата од зајакнување на улогата на Меѓународниот суд на правдата. Па така осамна и веста дека ако ОН во резолуцијата на јужниве соседи им порачуваат дека пресудите мора да се почитуваат без исклучок,тогаш работата е повеќе од јасна! Меѓутоа минатата година меѓународниот суд на правдата во Хаг, пресуди дека јужниот сосед ја прекршил Привремената спогодба од 1995 година со тоа што стави вето на членството на Македонија во НАТО, но соседот никогаш не ја прифати оваа одлука. Во случајов, донесувањето на Резолуцијата ќе значи дека јужниот сосед ќе мора да го признае поразот и нема да го блокира членството на Македонија во Алијансата под референцата ФИРОМ. Од друга страна само не фалат и не храбрат за дијалогот на Македонија со соседите, а ние полни со надеж ќе ги пегламе разликите со оние кои би биле најсреќни да не постоиме. Но драги мои Македонци, навистина е жално што уште самите се тешиме да не примат како ФИРОМ. За мене голем пораз е да влеземе уште утре деградирани без достоинство. Мислам дека треба добро да размислиме пред да биде доцна!

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија”?

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖА 21 ГОДИНА ОД УСПЕШНО СПРОВЕДЕНИОТ РЕФЕРЕНДУМ НА КОЈ М А К Е Д О Н С К И Т Е Г РА ЃА Н И С Е ИЗЈАСНИЈА ЗА САМОСТОЈНА И СУВЕРЕНА ДРЖАВА

Р

епублика Македонија одбележа 21 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95

21 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија”? На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308

граѓани односно 95,09 отсто, односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас. Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија. На референдумот му претходела Декларација за не- лика Македонија, Македонски зависност што првиот повеќе- Парламент што ја усвоила на партиски Собрание на Репуб- 25 јануари 1991 година. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012


Не е во интерес на регионот, ниту во интерес на Унијата, изјавил еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за Радио Слободна Европа. Може да се направи повеќе, сè уште има време до декември, околу 75 проценти од задачите се испорачани. Повеќе може и треба да се направи за да се реши спорот за името.

М ОЖ Е Д А С Е Н А П РА В И П О В Е Ќ Е , СÈ УШТЕ ИМА ВРЕМЕ ДО ДЕКЕМВРИ, ОКОЛУ 75 ПРОЦЕНТИ О Д З А Д АЧ И Т Е С Е И С П О РАЧ А Н И

Н

е е во интерес на вашата земја да остане пред вратите на Европската унија засекогаш. Не е во интерес на регионот, ниту во интерес на Уни-

ФИЛЕ: НЕ Е ВО ИНТЕРЕС НА ВАШАТА ЗЕМЈА ДА ОСТАНЕ ПРЕД ВРАТИТЕ НА ЕУ јата, изјавил еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за Радио Слободна Европа. Може да се направи повеќе, сè уште има време до декември, околу 75 проценти од задачите се испорачани. Повеќе може и треба да се направи за да се реши спорот за името. “Ако ги погледнете сите тие прашања кои се наведени во патоказот од дијалогот на високо ниво, објаснува еврокомесарот, можам да кажам дека некои од прашањата се комплетно имплементирани, но има прашања каде што е постигнат само минимален напредок или воопшто нема. Едно од тие прашања на кои се осврнавме е децентрализацијата, владеењето на локалните власти, што е исклучително

важно во пресрет на локалните избори што треба да се одржат напролет. Има и некои специфични прашања од областа на изборното законодавство на кои треба да се посвети внимание и каде што напредокот е многу ограничен,,. Филе им порачал на политичките партии и коалициски партнери и сите чинители се разбира, да направат сè што е можно за стабилизација на државата, да се направи сè што е можно да се создадат услови потенцијалот што го нуди дијалогот на високо ниво да се искористи најдобро што е можно. “Затоа што ако одлуката е навистина да се оди на предвремени парламентарни избори, се плашам дека таа динамика ќе се изгуби и кој знае колку време ќе 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

биде изгубено. Јас не сум тој што треба да оцени во ситуацијава, дали сега има повеќе шанси за предвремени избори или не, тоа не зависи од мене. Но дефинитивно сум тој што е јасно заинтересиран за тоа владата да работи напорно и коалициските партнери да работат на начин на кој ќе си веруваат меѓусебно, да има транспарентност, предвидливост и да ги капитализираат резултатите од дијалогот на високо ниво. Не дека е добро за нив, туку затоа што е добро за државата, добро е за македонските граѓани”, изјавил Филе. Еврокомесарот Штефан Филе уште истакнал дека не е реално да се очекува пристапните преговори да почнат, а прашањето за името да се решава подоцна.


“Како последица на инцидентите со веењето на албанското национално знаме на многу места на територијата на западна Македонија, како и пеењето на албанската химна за време на отварањето на школската година во неколку училишта, ОМД ја повикува македонската влада и сите граѓани на Република Македонија целосно да го прегледаат охридскиот рамковен договор и ефектите што ги има врз Македонија. Ако сите македонски граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, Власите и Турците во Македонија можат да бидат верни на македонската химна и знаме, зошто само албанското малцинство не ја има таа верност кон државата во која живеат ?

О

бединетата македонска диjаспора ја повикува македонската влада да обезбеди целосно владеење на правото низ територија на Република Македонија, и да не дозволи охридскиот рамковен договор да биде изговор овие дела да поминат неказнети. Според ОМД Охридскиот рамковен договор има многу недостатоци и се повеќе го дели македоснкото општество по етничка линија. “Како последица на инцидентите со веењето на албанското национално знаме на многу места на територијата на западна Македонија, како и пеењето на албанската химна за време на отварањето на школската година во неколку училишта, ОМД ја повикува македонската влада и сите граѓани на Република Македонија целосно да го прегледаат охрид-

СПОРЕД ОМД ОХРИДСКИОТ РА М КО В Е Н Д О ГО В О Р И М А М Н О Г У Н Е Д О С ТАТ О Ц И И С Е П О В Е Ќ Е Г О ДЕЛИ МАКЕДОСНКОТО ОПШТЕСТВО ПО ЕТНИЧКА ЛИНИЈА

ОМД СО АПЕЛ: РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ДА НЕ БИДЕ ИЗГОВОР ЗА ПРОБЛЕМИТЕ

скиот рамковен договор и ефектите што ги има врз Македонија. Ако сите македонски граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, Власите и Турците во Македонија можат да бидат верни на македонската химна и знаме, зошто само албанското малцинство не ја има таа верност кон државата во која живеат ? Како би се чуствувале Американците ако во државните школи долж границата со Мексико, го веат само мексиканското знаме и ја пејат само мексиканската химна, без придружба на американските симболи? Очигледно е дека охридскиот рамковен договор е самиот проблем, а не решение на проблемот наметнат пред цели 11 години”, вели Стојан Николов, председавач на бордот 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

на директори на ОМД. Од диаспората додаваат дека иако за време на создавањето на охридскиот рамковен договор, целта на креаторите на договорот беше да се гарантира суверинитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и потврда дека нема територијални решенија за етнички прашања. Но денеска, во делови на Македонија, сеуште е присутна идејата за “Голема Албанија”, која пак создава уште поголеми етнички тензии како во Македонија, така и на целиот Балкан. “Бидејќи охридскиот рамковен договор не успева да ја загарантира безбедноста во Македонија, тогаш кои придобивки ги има Македонија од самиот договор? ОМД не ја поддржуваа оваа идеја и ја повикува целата меѓународна заедница, особено САД и ЕУ да побара од Македонските Албанци да работат за доброто на нивната татковина - Република Македонија”, стои во соопштението од Обединета Македонска Диjаспора.


“Би сакал пресудата од Меѓународниот суд за правда во Хаг да биде магичното решение на кое што сите чекаа, но за жал тоа не е. Таа пресуда гледа кон минатото и претставува оценка за минатото, ние зборуваме за иднината. Ние треба да зборуваме за напорите од двете страни да го решат ова прашање”, изјави Филе.

П Р Е С УД АТА К О Ј Ј А Д О Н Е С Е М Е Ѓ У Н А Р ОД Н И ОТ С УД З А П РА В Д А В О Х А Г З А Ф И Л Е ГЛ E Д А Л А К О Н М И Н АТО ТО

ФИЛЕ ПРЕСУДАТА ОД ХАГ ЈА " СМЕСТИ СМЕСТИ"" ВО МИНАТОТО

Е

врокомесарот за проширување Штефан Филе во денешното обраќањето пред Националниот совет за евроинтеграција во Собранието на Македонија изјави дека во земјава дошол со доза на загриженост и дека и овојпат има нешто индиректно за што треба да се разговара. За пресудата кој ја донесе Меѓународниот суд за правда во Хаг каде стои дека “Грција го прекршила член 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008”, за Филе гладала кон минатото. “Би сакал пресудата од Меѓународниот суд за правда во Хаг да биде магичното решение на кое што сите чекаа, но за жал тоа не е. Таа пресуда гледа кон минатото и претставува

оценка за минатото, ние зборуваме за иднината. Ние треба да зборуваме за напорите од двете страни да го решат ова прашање”, изјави Филе. Пред обраќањетово на Националниот совет за евроинтеграции, Филе се сретна со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Вељаноски, 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата истакна дека Собранието како и досега покажува институционален капацитет да одговори и да ги реализира сите обврски кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија.


Номинирани за кандидати во различни подрачни единици во Општините Даребин и Витлси и имаат подеднакви шанси да станат општински советници, а потоа и градоначалници. Ананија Ендро Ананиевски е кандидат во областа Цазарли Њард во Општина Даребин и официјално ја започна својата кампања

АНАНИЈА АНАНИЕВСКИ, Н И К О Л А С ТА В Р Е С К И , С А Ш А Н АЧ К О В С К И И З Е К  З Л АТ К О  Ј О Ш Е В С К И

ЧЕТВОРИЦА МАКЕДОНЦИ НА ЛИСТАТА НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ОПШТИНСКИ ИЗБОРИ ВО ВИКТОРИЈА

Ч

етворица Македонци се на листата на претстојните општински избори во Викторија кои ќе се одржат од 9-ти до 26-ти октомври. Станува збор за Ананија Ананиевски, Никола Ставрески, Саша Начковски и Зек (Златко) Јошевски. Сите се номинирани за кандидати во различни подрачни единици во Општините Даребин и Витлси и имаат подеднакви шанси да станат општински советници, а потоа и градоначалници. Ананија Ендро Ананиевски е кандидат во областа Цазарли Њард во Општина Даребин и

официјално ја започна својата кампања. Никола Ставрески е кандидат за Томастон, Лалор и Епинг во областа Соутх Њест Њард во општина Витлси, а за против кандидати ќе има 14 кандидати меѓу кои и актуелниот Градоначалник на општината Витлси - Стив Козмевски. Во областа Соутх Еаст Њард Македонците се застапени со двајца кандидати и тоа Зак (Златко) Јошевски и Гоце Петковски, што е интересно овој пат 22 кандидати ќе ги одмерат силите во овој предел на Општина Витлси. Саша Начковски е единствен Македонец во месноста Нортх 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

Њард, а за против кандидати ќе има други 10. Во пределот на Општина Витлси ќе се избираат 11 општински советници од кои 4 советници во југозападно предградие, 4 советници во југо источно предградие и 3 советници во северниот дел на Витлси. Секако дека сите кандидати очекуваат победа во овие избори и на овие избори македонците ќе можат да го дадат својот глас за оној што мислат дека е најкорисен за својата избирачка единица. Гласањето е задолжително и се гласа преку пошта.


Младенов предлага итно вето на македонското членство во Европската Унија поради македонскиот филм номиниран за Оскар “Трето полувреме”, во кој се критикува соработката на Бугарија со нацистите во Втората светска војна.

О

бединетата македонска дијаспора со осуда на неодамнешната изјава на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов каде тој предлага итно вето на македонското членство во Европската Унија поради македонскиот филм номиниран за Оскар “Трето полувреме”, во кој се критикува соработката на Бугарија со нацистите во Втората светска војна. “Денес, Бугарите тврдат дека спасиле најголем дел од еврејската популација во концентрационите логори. Но, забораваат да кажат дека откако Бугарија се придружи на Оската во март 1941 година, 98 отсто од еврејската популација од окупирана Македнија беше истребена, со праќање во концетрациониот логор Треблинка во Полска”, вели претседавачот на ОМД, Стојан Николов. “Бугарија и' должи искрено извинување на она што Оската од еврејската заедница во Македонија за нивната неискажлива судбина во Втората светска војна. Бугар-

О Б Е Д И Н Е ТАТА М А К Е Д О Н С К А Д И Ј А С П О РА С О О С УД А Н А Н Е О Д А М Н Е Ш Н АТА И З Ј А В А Н А Б У ГА Р С К И О Т М И Н И С Т Е Р З А Н А Д В О Р Е Ш Н И РА Б О Т И Н И КО Л А Ј М Л А Д Е Н О В

ОМД СО ОСУДА ЗА НАЈАВАТА ЗА ВЕТО ОД БУГАРИЈА ската држава никогаш не треба да ја негира нивната вклученост во холокаустот и Брисел треба да повтори дека слободата на говорот е европска вредност”, додаваат од ОМД

08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012


Македонско-грчкиот спор за името, било меѓу главните теми за кое се разговарало на средбата. Исто така станало збор и за промоцијата на македонските вредности за еднаквост и мирна коегзистенција пред и за време на одржувањето на Третата Светска конференција на Дијалогот меѓу религиите и цивилизациите во Охрид во мај 2013 година, како и за аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО.

В О ЊУЈ О Р К Д Е Л Е ГА Ц И Ј А Н А О Б Е Д И Н Е ТАТА М А К Е Д О Н С К А Д И J АС П О РА С Е С Р Е Т Н А СО П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А Р Е П У Б Л И К А МАКЕДОНИЈА ЃОРГЕ ИВАНОВ

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОМД Н

а маргините од одржувањето на 67-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк делегација на Обединетата македонска диjаспора се сретна со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Македонско-грчкиот спор за името, било меѓу главните теми за кое се разговарало на средбата. Исто така станало збор и за промоцијата на македонските вредности за еднаквост и мирна коегзистенција пред и за време на одржувањето на Третата Светска конференција на Дијалогот меѓу религиите и цивилизациите во Охрид во мај 2013 година, како и за

аспирациите на земјата за членство во ЕУ и НАТО. “Ние како Македонци кои живееме во САД, во држава во која законите се почитуваат, многу сме задоволни што Обединетите нации донесоа декларација за спроведувањето на законите. Пресудата од Хаг е еден судски документ, кој покажува дека 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

Македонија навистина е оштетена страна во овој спор, и се надеваме дека ОН ќе се покажат и на дело, и дека ќе ја имплементираат оваа пресуда, со што ќе се дозволи Македонија да биде членка на ОН под нашето уставно име”, изјави Александар Митрески од ОМД. Претседателот на ОМД, Мето Колевски по средбата со претседателот Иванов најави дека во октомври во Вашингтон, и во други градови во САД и во Канада ќе се организира презентација за кршењето на правата на Македонците во Грција од страна на Евгенија Нацулиду, претставник на ОМД за Грција.


Македонската влада ќе продолжи и понатаму да реализира нови роад шоа и тоа во кавкаските земји. Прмеиерот се осврна и на економската политика кој треба да има мали корекции. Исто така иако и Македонија и Европа ја тресат економска криза тој им порача на стопанствениците да бидеме по агресивни, мораме да бидеме конкурентни, секој може да успее но мора да се влегува во ризик, мораме да работиме многу повеќе.

ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ПРЕД БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

П

ремиерот на Република Македонија Никола Груевски, денеска имаШе обраќање пред бизнис заедницата и претставниците на стопанските комори. Пред членството на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на северозападна Македонија, премиерот говорeше за плановите и економските политики на Владата за справување со економските предизвици во 2013 година. Груевски се осврна на досега сработеното, ги спомена индустриските зони, владините потраги по инвеститори, реализираните проекти и следењето на еко-

номската состојба, потенцираше дека во 2013 година ќе започнат и изградбата на автопатишта. При тоа не ги заборави и пензионерите и социјално загрозените ранливи групи. При неговиот опсежен говор премиерот Груевски се осврна и на повеќе деценискиот проблем со нашиот јужен сосед - името. Македонската влада ќе продолжи и понатаму да реализира нови роад шоа и тоа во кавкаските земји. Прмеиерот се осврна и на економската политика кој треба да има мали корекции. Исто така иако и Македонија и Европа ја тресат економска криза тој им порача на стопанствениците 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

да бидеме по агресивни, мораме да бидеме конкурентни, секој може да успее но мора да се влегува во ризик, мораме да работиме многу повеќе. Потребен ни е сериозен обид. Нема повеѓе далечни или блиски земји. Сите треба да се бориме за нови пазари. Како што ние, како владин тим, додаде Груевски, тргнавеме во потрега на инвеститори така треба и секој стопанственик. Претставниците од бизниссекторот имаа можност да остварат директен контакт со ресорните министри, да постават свои прашања и да дадат идеи со конкретни предлози за подобрување на деловното економско опкружување.


ВИЦЕПРЕМИЕРТО И МИНИСТЕР З А Ф И Н А Н С И И З О РА Н С ТА В Р Е С К И “Проблемот секако е И З Ј А В И Д Е К А В Л А Д АТА европската економија која што е во рецесија, ПРЕТХОДНО НАЈАВУВА ЛА ДЕКА еврозоната е во рецесија РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ со минус 0, 8 проценти ВЛЕЗЕ ВО РЕЦЕСИЈА во вториот квартал, идентично како Македонија. Впрочем, тоа покажува дека има целосна поврзаност и последица од случувањата во еврозоната врз Македонија, и тука сите земји во соседството се во негатива.

В

ицепремиерто и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека владата претходно најавувала дека Република Македонија ќе влезе во рецесија.

СТАВРЕСКИ: РЕЦЕСИЈАТА БЕШЕ ОЧЕКУВАНА Токму поради тоа, според Ставрески владата презема низа мерки за ублажување на рецесијата, како што е ребалансот на буџетот, задржување на капиталните инвестиции на високо ниво, двете кредитни линии кои допрва треба да ги дадат ефектите како и мерките во металуршката индустрија. “Проблемот секако е европската економија која што е во рецесија, еврозоната е во рецесија со минус 0, 8 проценти во вториот квартал, идентично како Македонија. Впрочем, тоа покажува дека има целосна

поврзаност и последица од случувањата во еврозоната врз Македонија, и тука сите земји во соседството се во негатива. Тоа е причината поради која Македонија, која е целосно насочена кон европската економија, во првите два квартали имаше негативна стапка”, изјави Ставрески. Министерот рече дека владата останува отворена за разгледување на сите можни мерки кои би можеле да се прифатат во рамките на буџетските средства со кои располагаат. 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

“За нас е најважно да се помогне на стопанството, да се подобри ликвидноста на стопанството и да се заштитат примањата на граѓаните и да се заштитат работниците и да нема отпуштања од работа”, додаде вицепремиерто Ставрески Државниот завод за статистика вчера објави дека македонската економија во вториот квартал забележала негативен раст од 0,9 отсто. Бидејќи првиот квартал растот на економијата изнесуваше минус 1,3 отсто Македонија е во рецесија.


Демир КапијаСмоквица ќе биде автопатско решение со по две ленти секоја од нив со ширина од 3,5 метри. Планирано е да бидат изградени два тунела со должина од 1.200 метри, по еден во двата правци, како и шест мостови од кои најголемиот со должина од околу 660 метри, кој воедно ќе биде и најголем мост во државата.

О

фицијално започна градбата на делницата Демир КапијаСмоквица, во должина од 28 километри. Изградбата на автопатот според најавите треба да се заврши до 2016 година со што ќе се комплетира Коридорот 10 која поминува низ Република Македонија. Демир Капија-Смоквица ќе биде автопатско решение со по две ленти секоја од нив со ширина од 3,5 метри.

З А П О Ч Н А Г РА Д Б АТА Н А Д Е Л Н И Ц АТА О Д А В Т О П АТ О Т ДЕМИР КАПИЈАСМОКВИЦА, ВО ДОЛЖИНА ОД 28 КИЛОМЕТРИ

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА  СМОКВИЦА

Планирано е да бидат изградени два тунела со должина од 1.200 метри, по еден во двата правци, како и шест мостови од кои најголемиот со должина од околу 660 метри, кој воедно ќе биде и најголем мост во државата. Предвидени се и две клучки и тоа кон населеното место Миравци и кон Смоквица. Вкупната инвестиција за изградба на оваа делница е 271 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

милион евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА грант на Европската унија, 107 милиони евра се од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра од Буџетот на Република Македонија. Нас свеченост писуствуаа премиерот Никола Груевски и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.


Д Е Л Е ГА Ц И Ј А Н А В Л А Д АТА В О Д Е Т Р О И Т, С А Д , О С Т В А Р И Ј А “Сите три ДИРЕКТНИ СРЕДБИ СО ИЗВРШНИТЕ компании ТИМОВИ НА ТРИ ГЛОБА ЛНИ произведуваат КОМПАНИИ, ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА различни видови на А В Т О М О Б И Л С К И К О М П О Н Е Н Т И

автомобилски делови и се познати добавувачи во автомобилскиот сектор во Соединетите Американски Држави. Од страна на компаниите беше поздравен проактивниот однос кој Владата на Македонија го има кон инвеститорите.

елегација на Владата предводена од премиерот Никола Груевски, во Детроит, САД, остварија директни средби со извршните тимови на три глобални компании, производители на автомобилски компоненти. Како што информираат од владината прес служба станува збор за јапонска и две американски компании од оваа индустриска гранка. “Сите три компании произведуваат различни видови на автомобилски делови и се познати добавувачи во автомобилскиот сектор во Соединетите Американски Држави. Од страна на компаниите беше поздравен проактивниот однос кој Владата на Македонија го има кон инвеститорите. Компаниите изразија задоволство од условите за водење бизнис во Македонија, ниските даноци и конкурентната работна сила”, се вели во соопштението.

АМЕРИКАНСКИ КОМПАНИИ ПОКАЖАЛЕ ИНТЕРЕС ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Д

Премиерот Груевски на средбите ја потенцираше спремноста на Владата за поддршка на инвеститорите во процесот на носење на нивната финална одлука. Тој истакна дека стабилната економија, инвестицискиот пакет кој го нуди државата за поддршка на инвеститорите, либерализираната трговија со сите земји од континентот Европа и пошироко, како и податоците за движењето на макроекономските индикатори во Република 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

Македонија, се добра гаранција дека инвеститорите кои ќе се одлучат за инвестиции во Македонија можат да очекуваат развивање на својот бизнис. Владината делегација продолжува во Атланта, Џорџија каде во текот на денешниот ден ќе се одржи презентација на инвестициските можности на Македонија под наслов “Македонија- европска земја на можности” пред бројни корпорации и инвеститори од Атланта и околината.


" С А М О В РА Б О Т У В А Њ Е СО К Р Е Д И Т И РА Њ Е " Заинтересираните невработени лица, барање за кредит можат да поднесат до 1.10.2012, во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија.

Н

ови 1000 вработувања се предвидени во рамките на заедничките проекти на Министерството за труд и социјална политика и Агенци-

НОВИ 1000 ВРАБОТУВАЊА јата за вработување. Со мерката „самовработување со кредитирање” овојпат ќе им се даде можност на 500 невработени лица да основаат сопствен бизнис, а со мерката „Финансиска поддршка на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање нов бизнис” ќе бидат вработени уште 500 лица. За овие две мерки и за 1000 нови вработувања, Владата обезбеди средства во висина од 193.155.817 денари. Заинтересираните невработени лица, барање за кредит можат да поднесат до 1.10.2012, во работните клубови на 30-те Центри за вработување во Република Македонија. Условите под кои може да се добие кредит се - За дејности од помал обем за секое новоотворено работно место по 3000 евра, при

што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно 9000 евра. За дејности со поголем обем за кредитобарателот 5000 евра, за најмногу 5 вработени по 3000 евра. Грејс период од една година. Рок на враќање на средствата е 3 години за кредит до 9000 евра, 5 години за кредит над оваа сума. Каматната стапка од 1 отсто на годишно ниво, Сопс14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

твено учество на корисникот на кредитот од најмалку 25 отсто од износот на бараниот кредит, а како гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит. Дополнителни стимулативни средства од 1000 евра за лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација и се невработени повеќе од 3 години.


Познатиот македонски, но и светски признат сценаристот, режисер и професор Милчо Манчевски кој пред 18 години со македоснкиот филм ,,пред дождот,, го освои „Златниот лав” на престижниот Венециски филмски фестивал, од денеска ја носи титулата ,,Национален уметник на Република Македонија,,.

ПРИЗНАНИЕТО СЕ ДОДЕЛУВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИЛЧО МАНЧЕВСКИ, ВТОР НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

П

ознатиот македонски, но и светски признат сценаристот, режисер и професор Милчо Манчевски кој пред 18 години со македоснкиот филм ,,пред дождот,, го освои „Златниот лав” на престижниот Венециски филмски фестивал, од денеска ја носи титулата ,,Национален уметник на Република Македонија,,. Претседателот Ѓорге Иванов денес му ја врачи оваа престижна титула при што истакна дека македонија има висококвалитетни уметници , личности кои ја заслужуваат оваа награда, меѓу кои е и тој Милчо Манчевски. На церемонијата за доделување на наградата, обраќање имаше и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Прв пат ваква титула е доделена минатата година на музичкиот уметник и пијанист Симон Трпчески. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012


Грантот е обезбеден од Амбасадорскиот фонд за културна заштита, а проектот ќе биде 11-ти во Македонија што ќе се реализира со средства од тој фонд.

Г РА Н Т З А О Б Н О В А Н А К О Н А К О Т НА МАНАС ТИРОТ „СВ. АРХАНГЕЛИ М И Х А И Л И ГА В Р И Л ” ВО СЕЛО КУЧЕВИШТЕ

АМЕРИКАНСКИ ГРАНТ ЗА МАНАСТИРОТ "СВ. АРХАНГЕЛИ МИХАИЛ И ГАВРИЛ" М инистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и американскиот амбасадор Пол Волерс потпишаа Договор за грант од 98.900 долари за обнова на конакот на манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил” во село Кучевиште на Скопска Црна Гора. Грантот е обезбеден од Амбасадорскиот фонд за културна заштита, а проектот ќе биде 11-ти во Македонија што ќе се реализира со средства од тој фонд. Конкуренцијата за средства од

Американскиот фонд оваа година била голема – имало 175 апликации од светот, одобрени се 43 гранта, а проектот за обнова на конакот е меѓу седумте во Европа што добиле американски грант во 2012. Министерката Канческа Милевска потенцираше дека република македонија е земја на стари цркви и манастири кои сведочат за големото културно и духовно богатство кое го поседуваме. За американската по-

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 768 / Септември 2012

мош се заблагодари и архиепископот г.г. Стефан и рече дека обновата на конакот долго го очекува мајка Марија која 47 години е жителка во манастирот и се грижи за него. Г.Г. Стефан истакна дека денешниот настан ја потврдува вистината дека духовните, културните вредности на еден народ им припаѓаат на сите народи. Конакот што ќе се обновува е изграден во средината на 17 век. За неговата реставрација надлежен е Конзерваторскиот центар Скопје.


768  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you