Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XVIII, Број 765, Јуни 2012

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ПОСТАВЕН СПОМЕНИКОТ НА ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Поранешниот медијатор во грчко-македонскиот спор Робин О’Нил повторно се огласи со позитивни коментари за нашата држава Македонија. Тој, пријателски настроен кон нас, постојано вели дека не гледа причина зошто Македонија треба да го смени името. За него, само една држава во светот, нашиот јужен сосед, има забелешки на уставното име Република Македонија. Вели, Грција треба да го прифати името Република Македонија - тоа се користи дваесет години и не и предизвика никакви, ниту внатрешни, ниту надворешни проблеми на Грција. Токму така, потполно сте во право, јасно и гласно ја кажавте вистината која сите ја знаат, а несакаат да ја кажат или пак можеби се плашат. Понатаму О’Нил истакнува дека според меѓународното право, секоја земја има право да користи име какво што сама избрала. Ниту една друга земја нема право да приговара на тоа име. Господине О’Нил, сосема се сложувам со сето ова досега кажаното од ваша страна, но понатаму кога велите дека има и друг начин - Македонија да прифати име за меѓународна употреба, а тоа значи Македонија да се нарекува со уставното име дома, но во меѓународните релации името да биде сменето. Е тука нема да се сложам. И самите велите дека никој нема право да преговара за нечие име. Понатаму не советувате односно ни сугерирате друга опција - Владата во Македонија да се фокусира на тоа да се врати во Обединетите нации и да бара да биде примена под уставното име. Како и за вас така и за мене тоа е многу важно и потребно. Меѓутоа, сепак неможете а да не се вратите повторно кај нашиот јужен сосед и неговото влијание врз нас. Тврдите дека многу работи сега ќе зависат од изборите кај нив. Мислам малку дека сте и оптимист па може и малку илузионист кога велите дека тие таму доле јужно кога малку ќе го потсредат хаосот во нивниот двор, ќе бидат подготвени и покрај сите преокупации да признаат дека Македонија има име и ќе дозволат влез на земјата во НАТО и во ЕУ. Јас верувам дека никогаш, особено сега во овие тешки денови на нашиот јужен ривал, нема да му е ни на крај памет да се занимава со името Македонија. А и нетреба. Како што и вие самиот велите ние си имаме име за кое не треба никој да преговара. Тоа си е, наше си е Македонија зарем не?

\or|ija - Xorx Atanasoski


ВАН БАЛЕН: "Кога за Грција не може да се користи името Поранешна Отоманска Република, тогаш и за вас не може да се користи името Поранешна Југословенска Република Македонија", истакна европратеникот Јоханас ван Баален.

К

ога за Грција не може да се користи името Поранешна Отоманска Република, тогаш и за вас не може да се користи името Поранешна Југословенска Република Македонија", истакна европратеникот Јоханас ван Баален. Холандскиот европратеник од групата на Либералите и Демократите во Европскиот парламент и претседател на Либералната интернационална Баален по денешната средба со првиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски вели дека Грција не може цело време да се спротивставува на обврските кои произлегуваат од меѓународните односи, како кон Македонија, така и кон Еврозоната и Европската Унија. За министерoт Никола Попоски, целта е Македонија да стане полноправен член на НАТО, бидеји тоа е заслужено и издржано, поради тоа што Македонија придонесува во мисиите и доплнително ја има хашката пресуда на своја страна. На прашањето кој е планот по Чикаго и дали се размислува за повлекува-

"

"АКО МАКЕДОНИЈА Е ПЈРМ, ТОГАШ ГРЦИЈА Е ПОРАНЕШНА ОТОМАНСКА ПРОВИНЦИЈА"

ње на војниците од Авганистан, Попоски е дециден дека Македонија е сериозна земја која ги ис полнува преземените об врски. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 765 / Јуни 2012


Министерот за економија Ваљон Сарачини се обрати на промоцијата по повод потпишувањето на Договорот со Европска организација за акредитација, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Институтот за акредитација на Македонија.

ДОГОВОРОТ СО ЕВРОПСКА О Р ГА Н И З А Ц И ЈА З А А К Р Е Д И ТА Ц И ЈА

"ПАСОШ ЗА ТРГОВИЈА"

М

инистерот за економија Ваљон Сарачини се обрати на промоцијата по повод потпишувањето на Договорот со Европска организација за акредитација, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Инс титутот за акредитација на Македонија. Тој го потенцираше огромното значење на овој договор со кој македонските компании станаа рамноправни членки на големиот, но и пребирлив европски пазар. Со негово потпишување, додаде министерот Сарачини, Република Македонија е чекор понапред во процесот на евроинтеграцијата бидејќи токму во лисрата на преговори за пристапниот дијалог кон ЕУ потпишувањето на овој договор значи дека е исполнет еден од нај-

важните услови во економскиот сектор по ова прашање. Претседателот на Сојузот на стопански комори, Златко Калеников потенцираше дека овој договор значи ,,пасош за трговија,, односно наголема корист од него ќе имаат македонските извозни компании. Акредитацијата придонесува за подобрување на конкурентноста 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 765 / Јуни 2012

и секоја нова акедитација која ја доделува Институтот за акредитација ја зајакнува националната инфраструктура за квалитет. Акредитацијата важи 4 години, а досега се акредитирани 100 македоснки компании. Бенифит од овој договор кој набргу ќе биде потпишан ќе имаат и странските инвеститори присутни во државава.


Обединетата македонска дијаспора со цел да ги поддржи напорите на Република Македонија за влез во НАТО, во Чикаго организираше прием на коj беа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, словенечкиот премиер Јанез Јанша и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

О М Д О Р ГА Н И З И РА Ш Е ПРИЕМ ВО ЧИКАГО

ТУРСКИОТ МИНИСТЕР

ЈА ПОТВДИ ПОДДРШКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА бединетата македонска дијаспора со цел да ги поддржи напорите на Република Македонија за влез во НАТО, во Чикаго организираше прием на коj беа македонскиот претседател Ѓорге Иванов, словенечкиот премиер Јанез Јанша и турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. ОМД им врачи награди на словенечкиот премиер Јанша и на турскиот министер за надворешни работи Давутоглу, за нивната поддршка и придонес кон македонските интеграции. На приемот на ОМД присус твуваа преку 250 гости од Соедиентите Американ-

ски Држави, Канада и Европа, вклучувајќи и официјални претставници на САД и на државата Илиноис, конзуларни претставници и лидери од бизнис заедницата. ОМД потсети на изјава на американскиот претседател Барак Обама дадена на Самитот Стразбур-Кел во 2009 година кога тој вели дека го очекува денот кога ќе и каже добредојде на Македонија во Алијансата. Организацијата верува дека Самитот на НАТО во Чикаго му дава златна можност на претседателот Обама во однос на ова прашање и повикува Република Македонија да се награди со своето заслужено столче на масата. 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 765 / Јуни 2012

ОМД потсетува дека Македонија ужива силна поддршка од страна на Американскиот конгрес и Тинктенк заедницата на НАТО за влез во Алијансата. Македонската делегација отпатува во американскиот град Чикаго, каде што на 20 и на 21 мај се одржа Самитот на НАТО. Делегацијата на Република Македонија на Самитот ja предводеше претседателот Ѓорге Иванов, а во неа беа министрите за одбрана и за надворешни работи Фатмир Бесими и Никола Попоски, амбасадорот во мисијата при НАТО Мартин Треневски и амбасадорот во Соединетите Американски Држави Зоран Јолевски.


Споменикот на Филип Втори македонски, кој официјално е наречен "Воин" поставен на новиот плоштад "Карпошово востание" во Скопје.

С

поменикот на Филип Втори македонски, кој официјално е наречен "Воин" поставен на новиот плоштад "Карпошово востание" во Скопје. Спомеикот на Филип Втори кој е висок 13 метри е поставен на петнаесетметарски постамент поставен претходно меѓу црквата "Свети Димитрија" и Министерството за транспорт. Постаментот ќе биде збогатен со скулптури и релјефи, а под него е предвидено да биде поставена фонтана. Според планот на општина Центар, пред споменикот Филип Втори ќе бидат направени две помали фонтани што ќе бидат збогатени со длабоки релјефи излиени во бронза и мермер на коишто ќе бидат претставени растенија што виреат на македонското поднебје како тутунот, магарешки трн, афион, папрат и др. На една од фонтаните ќе бидат поставени четири жени со своите синови во прегратка. Автор на споменичното обележје е скулпторот Валентина Стефановска. Изработката на споменичното обележје траела две години, а истата е организирана

ПОСТАВЕН СПОМЕНИКОТ НА ФИЛИП ВТОРИ МАКЕДОНСКИ во реномираната леарница Гуастини, Италија. Со поставувањето на споменикот Филип Втори од левата страна на реката Вардар и поставувањето на споменикот на Александар 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 765 / Јуни 2012

Македонски на плоштадот Макеоднија на десната страна на реката Вардар конечно основачите на Македонската држава добија саслужено место во нејзината престолнина.


M O E O S I G U R U VA N J E . F ZO. O R G . M K Фондот за здравствено осигурување воведе Веб сервис за проверка на здравственото осигурување на осигурениците. На веб страницата moeosiguruvanje.fzo.org. mk пациентите можат да проверат до кога им е платен придонесот, статусот на осигурувањето и името на матичниот лекар, стоматолог и гинеколог.

Ф

ондот за здравствено осигурување воведе Веб сервис за проверка на здравственото осигурување на осигурениците. На веб страницата moeosiguruvanje.fzo.org. mk пациентите можат да проверат до кога им е платен придонесот, статусот на осигурувањето и името на матичниот лекар, стоматолог и гинеколог. Основната цел на овој сервис е скратување на времето, намалување на гужвите и полесно остварување на правата како на осигурениците така и на избраните лекари. "На овој начин се продлабочува соработка и довербата помеѓу осигу рениците, избраните лекари и Фондот", велат од ФЗОМ. Проектот наречен "Мое осигурување, мој доктор" е чекор кон укинување на сините картони, чекор кон воведување на е-здравство и полесно оства рување на правата.

ВЕБ СЕРВИС ЗА ПРОВЕРКА НА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ

07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 765 / Јуни 2012


Н О В А К Н И ГА О Д Р И С Т О Н И К О В С К И "Македонското прашање повторно на маса" е насловот на книгата на амбасадорот Ристо Никовски која беше промовирана во Домот на Армијата. Досега најверојатно единствен човек што јасно ја објасни нашата позиција, а воедно поприлично дипломатски ни ја даде насоката.

" МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ПОВТОРНО НА МАСА "

Р

исто Никовски нашиот прв амбасадор во Лондон, потоа Албанија и на крај во Москва, денес во пензија, човек со огромно искуство од кого може многу да се научи, последниве години буквално ги посвети на ис тражувањето на македонското прашање во контекст на одбраната на уставното име на државата. Во книгата авторот дава свои политички согледувања за македонското прашање, зошто се бара промена на името, кој стои зад проблемот, за Хаг и последиците, за внатрешните поделби итн. Досега најверојатно единствен човек што јасно ја објасни нашата позиција, а воедно поприлично дипломатски ни ја даде насоката. Можеби тоа звучи за некого бесмислено, но вистината боде очи особено ако истите се веќе искривени. Промотори на делото беа професорите Билјана Ванковска и Димитар Мирчев. 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 765 / Јуни 2012


765  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you