Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

ПЕРТ 2012

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XVIII, Број 767, Август 2012

ЉУБОЈНО 2012

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

Илинден, 2 август 2012 година, голем ден за Македонија и за Македонците, ден кога уште еднаш ќе екне песната на македонскиот непокор на Мечкин камен во славното Крушево. Ден кога и по 109 години од Илинденското востание ќе се потсетиме на историската решавачка битка кај Херонеја, ќе се потсетиме на Филип Втори, на Александар Трети Македонски и на неговата Македонија... ќе си спомнеме на многу значајни јубилеи- повод за големо славење, кога македонските ора и песни ќе се разлеат во секој македонски град и село. Ова е момент да се потсетиме на гордите Македонци – Гоце Делчев, Никола Карев, Даме Груев... кои собраа сили и го „разбудија” македонскиот народ, кој опстојуваше приклештен во османлиските канџи и тоа цели 500 години, покажувајќи им на поробувачите и на светот дека сме нација на непокорот. Во векот кој измина ни се случија Илинден и Крушевската Република, но и Балканските војни, кога земјата ни ја поделија и нас не разделија. Истите оние кои ја направија поделбата, повторно по Првата светска војна и ја потврдија. На македонскиот народ му се случија крвавите пресметки во 20-тите и во 30-тите години на минатиот век, кога беа ликвидирани големите синови на Македонија. Најголемата катастрофа на 20 век, Втората светска војна, на Македонија и ги донесе вториот Илинден и АСНОМ и одлуките за остварување на вековните стремежи на илјадници македонски синови – создавање македонска држава. Ни се случи и третиот Илинден, кога Република Македонија стана независна и самостојна држава, која се соочува со многу премрежија. Но, во нашите гени е запишано – сме опстојале и ќе опстоиме. Едно е јасно. Македонија е како пиреј. Колку и да се обидуваат нејзините вечни непријатели да ја „искоренат” таа секогаш повторно рти, затоа што македонските корени се мистериозно длабоки. Тие им припаѓаат само на Македонците. Македонија им припаѓа на Македонците каде и да се на Земјината топка, да ја зачуваме, славиме и градиме нашата Македонија.

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


Токму сега е вистинското време кога Република Македонија може со право да побара од Генералното собрание на ОН, и од оние 130 земји кои веќе ја имаат признаено под уставното име, да се согласат да биде призната и во Светската организација под тоа име, со една придружна препорака, која ќе биде целосно прифатена од Македонија, дека Грција и Македонија треба да ги удвојат своите напори за да го решат нивниот билатерален спор, а со помош на Генералниот секретар и на медијаторот Метју Нимиц.

Т

окму сега е вистинското време кога Република Македонија може со право да побара од Генералното собрание на ОН, и од оние 130 земји кои веќе ја имаат признаено под уставното име, да се согласат да биде призната и во Светската организација под тоа име, со една придружна препорака, која ќе биде целосно прифатена од Македонија, дека Грција и Македонија треба да ги удвојат своите напори за да го решат нивниот билатерален спор, а со помош на Генералниот секретар и на медијаторот Метју Нимиц. Ова е оценката на Робин О Нил, британски дипломат и прв медијатор во овој спор дадена во интервју за програмата „Порта” на МТВ. Ова е оценката на Робин О Нил, британски дипломат и прв медијатор во овој спор дадена во интервју за програмата „Порта” на МТВ. Во неа тој го посочува значењето на неодамнешната посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на Македонија во контекст на спорот за името. Тој појаснува дека двете надворешно-политички цели на македонската Влада - што е можно побрзо членство во НАТО и во ЕУ и конечно решавање на спорот за

ГРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГИ УД В О Ј АТ С В О И Т Е Н А П О Р И З А Д А Г О Р Е Ш АТ Н И В Н И О Т Б И Л АТ Е РА Л Е Н С П О Р, А С О П О М О Ш Н А Г Е Н Е РА Л Н И О Т С Е К Р Е ТА Р И Н А М Е Д И Ј АТ О Р О Т М Е ТЈ У Н И М И Ц

О НИЛ: ВИСТИНСКО ВРЕМЕ Е МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ПРИЗНАЕНА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ името се поврзани, но не се идентични и додава дека Привремената спогодба од 1995 година во принцип нуди решение на првиот од двата проблема. Владата на Грција се согласи во член 11.1 од таа Спогодба дека нема да го попречи приемот на Македонија во меѓународни организации како што се НАТО и ЕУ, под името Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ). Целата меѓународна заедница, вели, се согласува дека прашањето за името, едноставно е билатерална расправа меѓу Грција и Македонија - со други зборови, расправа околу тоа со каков назив Грција и Македонија ќе се обраќаат меѓусебно. Сепак, оценува оваа цел како да е заборавена од меѓународната заедница. Се чини, додава О. Нил оваа поента е изгубена од вид, при што меѓународ03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 767 / Август 2012

ната заедница се „слизна”, според мое мислење несвесно (ненамерно) во еднострана поддршка, застанувајќи на страната на Грција како да постои некоја причина поради која Македонија треба да го промени своето име. Всушност, во меѓународното право секоја земја го поседува правото на употреба на име по сопствен избор, а при што ниту една земја нема право да се противи на тоа име. Признавам дека прашањето за името е надувано во високо емотивен политички проблем (а за тоа не може никој друг да биде обвинет освен политичките партии на Грција). Кога еднаш ќе биде решено, ќе се види дека тоа решение не им донело никаква штета ниту на грчката држава ниту на грчкиот народ, заклучува амбасадорот Робин О Нил во интервјуто за Порта на МТВ.


,,Сакам да оддадеме признание по повод 109 годишнина од Илинденското востание. На 2 август 1903 Македонците се кренаа да се борат за својата слобода. Идеите на Илинденското востание беа засновани врз идеалите на американската и француската револуција.

А М Е Р И К А Н С К И О Т К О Н Г Р Е С М Е Н О Д ЊУ Џ Е Р С И БИЛ ПАСКРЕЛ, ПО ПОВОД ИЛИНДЕН, ВО А М Е Р И К А Н С К И О Т К О Н Г Р Е С У П АТ И Ч Е С Т И Т К А Д О М А К Е Д О Н С К И Т Е Г РА ЃА Н И .

А

мериканскиот конгресмен од Њу Џерси Бил Паскрел, по повод Илинден, во американскиот Конгрес упати честитка до македон-

АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕСМЕН УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ските граѓани. ,,Сакам да оддадеме признание по повод 109 годишнина од Илинденското востание. На 2 август 1903 Македонците се кренаа да се борат за својата слобода. Идеите на Илинденското востание беа засновани врз идеалите на американската и француската револуција. Македонците се бореа за независна држава во која сите ќе ги уживаат своите граѓански слободи и можноста за потрага по својата среќа. Тие храбро се бореа за македонската државотворност и нивниот сон стана јаве во 1991 година, кога Република Македонија стана слободна, независна и суверена. Дозволете ми да им честитам на сите Македонци во мојата област во Њу Џерси, низ Соединетите Американски Држави,

на успехот кој нивната татковина го постигна. Со задоволство ќе продолжам да ја поддржувам Репу блик а Македонија на нејзиниот пат кон полноправно членство во НАТО, изјави конгресменот Паскрел, истакнат член на групата за поддршка на Македонија во американскиот Конгрес. По повод Илинден, во Вашингтон, во просториите на Обединетата македонска дијаспора беше организирана панел дискусија за текот на македонските 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 767 / Август 2012

интеграции во НАТО и во Европската унија, како и на македонските односи со САД. Во присуство на претставници на американскиот Стејт департмент и други американски институции, медиумите и дипломатскиот кор, беше промовиран и Жикица Паговски како претставник на ОМД за метро областа на Вашингтон.


В О П Е Р Т, А В С Т Р А Л И Ј А Крушевската Република беше врвот на Македонската крвава драма, таа постоеше само десет дена, но трае еден век затоа што нејзините пораки и космополитски дух се трајни и актуелни и ден денска.

ПРОСЛАВЕН 2 АВГУСТ

М

акедонија годинава го слави својот најголем национален празник – 109 години од Илинденското востание, денот кога беа удрени темелите на Македонската државност, востанието заврши со пораз, но победи македонскиот дух.

Победи свеста на Македонскиот роб кој му порача на светот дека неговата борба за слобода е и борба за неговата посебност. Крушевската Република беше врвот на Македонската крвава драма, таа постоеше само десет дена, но трае еден век затоа 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 767 / Август 2012

што нејзините пораки и космополитски дух се трајни и актуелни и ден денска. Пред повеќе од еден век, на 2 август 1903, беше кренато Илинденското востание, епохален чин во македонското националноослободително движење. Тоа беше само повод да


се разбранат вековно тлеените стремежи на македонскиот народ, кој наоѓајќи се во османлиското ропство, веќе пет векови се бореше да се искачи кон пиедесталот на слободата. Иако далеку од својата татковина и втората генерација Македонци родени во ова втора татковина тој светол ден го имаат во својата душа како аманет од родот Македонски затоа што 2ри Август нее само обичен ден во календарот туку посебно место во сртцето на секој Македонец, организирани сплотени, претставници на Македонските организации од Перт точно во 12 часот напладне положија венец и свежо цвеке пред бистата на споменикот на паднатите бориц во Кингс Парт, во чест на сите што го положија животите за слободата на македонија, и

во чест на македонската заедница од Перт венец положи и големиот приател на Македонците, пратеникот во федералниот парламент господинот Лук Симкенс, ветераните од втората светска војна оддадоа почит и пригодна манифестација во чест на Македонската заедница од Перт, реферат за значењето на 2ри Август пред проситните прочита господинот Трајче Трајковски а реферат на англиски јазик беше прочитан од Тања Лазарев. Во 15 часот претставници на Македонските Организации положија венци и свежо цвеке пред бистата на првиот претседател на Крушевската Република Никола Карев во просториите на Македонскиот Културен Центар Илинден каде се одржа и културна манифестација по повод големиот ден – Илинден, за значењето ин а 2ри 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 767 / Август 2012

Август и делото на Илинденците зборуваше секретарот на Македонскиот Културен Центар Илинден господинот Трајче Трајковски. Сонот на Македонските предци е наша современост, денес ние ги остваруваме идеалите на илинденците, денеска е голем празник за Македонија, празник на Македонскиот народ, животите што згаснаа во 1903 година ги подтикнаа новите генерации да ја реализираат вековната заложба за своја државност што се оствари со првото заседание на АСНОМ во 1944 година и станаа реалност со независтноста на Македонија во 1991 година. На сите Македонци каде ид а се на земјината топка нека им биде честит 2ри Август ден на непокорноста, ден на саможртвуваноста денот на големиот ИЛИНДЕН.


Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател...

ПОЧЕТОКОТ НА ИЛИНДЕНСКОТО В О С ТА Н И Е Г О О Б Ј А В И Л Е К А М Б А Н И Т Е ВО КРУШЕВО НА ПОЛНОЌ СПРОТИ ИЛИНДЕН 1903 ГОДИНА

М

акедонија го прослави Илинден, големиот празник на Македонците. Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогла-

МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИ ИЛИНДЕН сил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општественоправната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров,

најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто. Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 767 / Август 2012

кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.


ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕН Во чест на најголемиот македонски празник по 39 пат беа одржани Љубанските иселенички средби и 4-то издание на Фолк фест Преспа 2012. Со еминентни гости од државата и од дијаспората, со музика и песна на 1-ви и 2-ри Август оживеаја плоштадот и улиците во прекрасното преспанско село Љубојно

39-ти ЉУБАНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ

С

о симпатичниот водител на првиот дел од програмата а воедно и претседател на Одборот за прослава на 39-те Љубански илинденски иселенички средби господинот Бошко РајчовскиПелистерски - и со благослов од Митрополит Преспанско пелагониски, г. Петар - средбите беа отворени. Пригоден збор одржаа и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов, Михајло Волкановски - градоначалник на Ресен, тројцата пратеници од дијаспората господинот Павле Саздов од Северна Америка, господинот Мики Додевски од Австралија и господинот Ристо Манчев од Европа. За почесен граѓанин на Љубојно беше прогласен проф Д-р Владо Поповски. Беше одржана и промоција на изданија од познати автори во пријатниот амбиент кај воденицата - културното наслед08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 767 / Август 2012


ство на Љубојно. Промотори беа господинот Славе Николовски Катин кој е еден од авторите и госпоѓа академик Д-р Вера Антиќ. Господинот Катин ги промовираше монографиите на Митрополитот Кирил и на господинот Ѓорѓија - Џорџ Атанасоски која е во пре-прес подготовка. Беа промовирани и делата на Душан Ристевски од Австралија - “Украдени мисли“, “‘Гробот на Розмари“ од ЈосифГрежловски - Гандето, “Големата лага“ од амбасадорот Петар Наковски. Беа одржани и пригодни рецитали меѓу кои и илинденскиот рецитал.

Првата награда на фестивалот ја освои симпатичниот Вејчислав Попоски со талентиран оперски глас.

2 Август - Илинден - денот започна со дефиле низ Љубојно и посета на црквата Св. Илија.

Вториот дел од народната веселба во Љубојно беше настапот на естрадни уметници и “Фолк фест Преспа 2012”. Настапија еминентни уметници од Македонија и гости од дијаспората.

Дводневното дружење со прекрасните преспанци од Љубојно заврши со положување на свежо цеќе на паднатите борци во НОБ од Љубојно. 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 767 / Август 2012


767  

makedonsko sonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you