Page 1

ГРУЕВСКИ НЕ УСПЕА ДА ФОРМИРА ВЛАДА-МАНДАТОТ Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 808, Јануари 2017

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ДОНАЛД ТРАМП ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА СРЕДБИ СО АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

MONTHLY EDITION

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБИ СО АМБАСАДОРОТ ВАСКО НАУМОВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОМД МЕТО КОЛОСКИ

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ЗА СОСТАВ НА ВЛАДА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija -

Писмена реакција за платформата на Албанските партии Почитувани, Во врска со вчера објавената Платформа на Албанските партии, дефинирана од нив како услов за формирање на Влада, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција: Македонската Алијанса ја оценува Платформата на Албанските партии како опасна инвестиција во нови етнички поделби, со умисла ставајќи на преговарачка маса барања кои се насочени исклучиво кон продлабочување на кризата со катастрофални последици за иднината на Татковината. Платформата беше објавена кога цел Македонски народ прославува Божиќ, што освен е смислена провокација на еден од најголемите христијански и православни празници, истовремено претставува и свесен обид за долготрајната политичка криза да се префрли на меѓуетничко поле. Бидејќи картите полека се отвораат, сметаме дека е дојдено крајно време лидерите на најодговорните Македонски политички партии да преземат конкретни, јасни и директни чекори со кои без калкулации и резерва ќе се стават во одбрана на суверенитетот и националниот идентитет на Татковината и Македонскиот народ. Дојден е моментот да покажеме дали умееме да се издигнеме над суетите, тесно партиските интереси и на дело да покажеме дека знаеме да се обединиме за иднината на нашата заедничка Татковина. Првиот фундаментален чекор е единствено и целосно отфрлање на Платформата на Албанските партии која во суштина брутално го гази Охридскиот Рамковен договор и ги потценува сите досегашни придобивки од него. Македонските политички партии не смеат да дозволат лидерите на Албанските партии со „кукавички јајца“ зготвени во Тирана и Приштина, заради тесно партиски и лични цели да манипулираат со чувствата на нашите сограѓани Албанци. Мешањето во нашите внатрешни прашања од нашите соседи мора јавно да се осуди. Македонските политички партии треба заеднички да соопштат дека барањето на Албанските партии за целосна еднаквост на двата народа ќе се разговара откако ќе се спроведе попис, кој истите Албански партии упорно го избегнуваат бидејќи се плашат од резултатот и вистината. Македонските политички партии мора неодложно да се усогласат и да соопштат дека никој нема по ниту една цена или притисоци да прифати да разговара и преговара за промена на Уставното име и Македонскиот национален идентитет. Албанските политички партии, чии Министри за волја на вистината, раководеле и со клучните ресори за Евроатланските интеграции на Македонија, ќе имаат легитимитет да бараат дополнително активно учество во спорот за името со официјална Атина, тогаш кога исто така сложно ќе побараат од Албанија да го признае нашето Уставно име. Македонските политички лидери треба веднаш заеднички да организираат средби со нашите сограѓани Албанци и да ги уверат дека ние сме за соживот и сакаме заеднички да ја градиме иднината на Македонија, на принципиелни основи, со меѓусебна искрена почит и разбирање. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува најодговорните Македонски политички лидери да бидат на висината на задачата, да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во наредниот период. Секоја нивна евентуална одлука која ќе биде спротивна на националните интереси, ќе се смета за велепредавство на Македонскиот народ, за што прошка нема да има!

Makedonija

e edna!!!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател,

\or|ija - Xorx Atanasoski


ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека договор за коалицирање со ДУИ не е постигнат. „ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

М

андатарот за формирањер на Влада, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, не успеа да собере парламентарно мнозинство во предвидениот законски рок од 20 дена. Груевски го врати мандатот кај претседателот на државата Ѓорге Иванов. Претседателот , според Уставот, мандатот за состав на Влада треба да го даде на лидер на партија или на пратеник во Собранието кој ќе докаже дека има поддршка од мнозинството пратеници во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека договор за коалицирање со ДУИ не е постигнат. „ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и

М А Н Д АТА Р О Т З А Ф О Р М И РА Њ Е Р НА ВЛАДА, ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ

ГРУЕВСКИ НЕ УСПЕА ДА ФОРМИРА ВЛАДАМАНДАТОТ ЗА СОСТАВ НА ВЛАДА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ поставување на реформските приоритети во прв план“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Секое друго решение, како што се посочува натаму, само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на чии било програмски цели. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи пред партиското седиште во Мала Речица изјави дека продолжуваат со дебатата и дека за нив се уште се отворени сите опции, односно коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, да одат во опозиција или на нови избори. „Дебатата беше, конструктивна и добронамерна со цел да се донесе најдобрата и најздравата одлука за сите граѓани на 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

Република Македонија. Едногласно заклучивме дека таа дебата не може денеска да биде испрпена и дека немаме доволно аргументи да се определиме за една од петте опции кои беа ставени како предмет на дебата“, посочи Османи. Тој порача дека во наредните денови продолжуваат консултациите, бидејќи не е исцрпена дебатата и дека сите опции се отворени. Според него, на ДУИ пред се и е важен договорот со Албанците потпишан на 11 декември. На парламентарните избори оддржани на 11 декмеври, Коалицијата предовдена од ВМРО ДПМНЕ освои 51 пратеник, Колаицијата предводена од СДСМ освои 49 пратеници, ДУИ 10, Беса 5, Коалицијата Алијанса за Албанците 3 и ДПА 2 пратеника.


Флорида, 18 јануари 2017 Ѓорѓија Џорџ Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора, ќе продолжи да ја користи својата професионална позиција во САД за лобирање за националните интереси на Татковината. Соединетите Американски Држави остануваат најсилниот стратешки сојузник на Татковината и целиот Македонски народ

Ѓ

орѓија Џорџ Атанасоски кој со децении има успешен бизнис во САД, како општествен и политички активист кој има трајни врски со Републиканската партија имаше свој придонес во кампањата и победата на Доналд Трамп кој несомнено ќе остане запаметен како Претседател на обичните Американци кој работат напорно и секојдневно придонесуваат во економскиот развој на САД. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора, ќе продолжи да ја користи својата професионална позиција во САД за лобирање за националните интереси на Татковината. Соединетите Американски Држави остануваат најсилниот стратешки сојузник на Татковината и целиот Македонски народ. Македонската Алијанса е уверена дека после 20 јануари се отвораат нови перспективи за остварување на нашите стратешки цели. Со очекување за намалено влијание на исклучително моќната Грчка Дијаспора која традиционално е блиска со Демократската партија, може да се надеваме на поголем но принципиелен притисок на идната администрација на САД за почитување на меѓународното право што ќе обезбеди напредок во Евроатланските интеграции на Татковината.

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А , Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И , НА ПОКАНА НА НЕГОВИОТ Д О Л ГО ГОД И Ш Е Н П Р И Ј АТ Е Л , РЕПУБЛИКАНСКИОТ КОНГРЕСМЕН ОД ФЛОРИДА, РОН ДЕСАНТИС, ОД У ТРЕ ЌЕ ПРЕСТОЈУВА ВО В А Ш И Н Г Т О Н И Ќ Е Ј А И М А Ч Е С ТА Д А Б И Д Е Д Е Л О Д С В Е Ч Е Н АТА И Н А У Г У Р А Ц И Ј А Н А Н О В И О Т, 4 5  Т И П Р Е ТС Е Д АТ Е Л Н А СО Е Д И Н Е Т И Т Е АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ, ДОНАЛД Т РА М П . П Р Е С ТО Ј О Т В О В А Ш И Н Г ТО Н ЌЕ БИДЕ ИСКОРИСТЕН ЗА СРЕДБИ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ДОНАЛД ТРАМП

БИТКАТА ЗА ОДБРАНА НА НАЈ СВЕТОТО, МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ, ПРОДОЛЖУВА!

04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017


Вашингтон, 20 јануари 2017 Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да размени мислења за повеќе актуелни политички случувања во САД кои се очекува да имаат сериозно влијание врз досегашните политики на одредени земји членки на Европската Унија. Заеднички е впечатокот дека новиот Претседател на САД, Доналд Трамп, ќе внесе нов дух во надворешната политика која ќе биде насочена кон дополнително балансирање на односите во ЕУ и НАТО

В О Т Е КО Т Н А ВЧ Е РА Ш Н И О Т Д Е Н , В О В А Ш И Н Г ТО Н П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А , Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И , О С Т В А Р И С Р Е Д Б А СО РЕПУБЛИКАНСКИОТ КОНГРЕСМЕН ОД ЗАПАДНА ВИРЏИНИЈА, АЛЕКСАНДАР КСАВИЕР МУНИ, КОЈ ВО ПЕРИОДОТ 1 9 9 9  2 0 1 1 Б Е Ш Е Ч Л Е Н Н А С Е Н АТО Т Н А М Е Р И Л Е Н Д И Ј А И М А Ш Е Ч Е С ТА Д А Б И Д Е П Р Е Т С Е Д А В АЧ Н А Р Е П У Б Л И К А Н С К АТА П А Р Т И Ј А В О И С ТАТА С О Ј У З Н А Д Р Ж А В А . ВО МОМЕНТОВ, АЛЕКСАНДАР КСАВИЕР МУНИ Е ЧЛЕН НА КОМИТЕТОТ ЗА ФИНАНСИИ ПРИ АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА СРЕДБИ СО АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ

У

трово, во пресрет на инаугурацијата на Доналд Трамп, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, беше дел од работниот појадок кој го организираше Републиканскиот Конгресмен од Флорида, Рон ДеСантис. Конгресменот Рон ДеСантис е член на Комитетите за надворешна политика, за надзор и владини реформи на Американскиот Конгрес. Во моментов е Претседавач со Подкомитетот за Национална безбедност на САД во чија надлежност е надзорот врз Државните ресори за надворешни работи, одбрана и безбедност, како и контрола врз УСАИД. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски имаше прилика да размени мислења за повеќе актуелни политички случувања во САД кои се очекува да имаат сериозно влијание врз досегашните политики на одредени земји членки на Европската Унија. Заеднички е впечатокот дека новиот Претседател на САД, Доналд Трамп, ќе внесе нов дух во надворешната политика која ќе биде насочена кон дополнително балансирање на односите во ЕУ и НАТО. Несомнено е дека Република Македонија ја бара својата можност исклучиво врз принципите на меѓународното право кои треба да бидат безусловно почитувани од земјите членки на ЕУ и НАТО. Евроатланските аспирации на Македонскиот народ мора да бидат реализирани на достоинствен начин без притисоци и условувања за промена на Уставното име и загрозување на Маке-

донскиот идентитет. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора, ќе продолжи да ја користи својата професионална позиција во САД за ло05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

бирање за националните интереси на Татковината. Соединетите Американски Држави остануваат најсилниот стратешки сојузник на Татковината и целиот Македонски народ.


Вашингтон, 21 јануари 2017

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој веќе со децении води успешен бизнис во САД, како политичар кој има трајни врски со Републиканската партија, од денес натаму со несмален интензитет ќе продолжи и понатаму да ја користи својата професионална позиција за лобирање за стратешките интереси на Македонија и Македонскиот народ

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ДОНАЛД ТРАМП

П

ретседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја имаше честа да биде дел од свечената инаугурација на новиот, 45-ти Претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Неговото присуство на овој исклучителен настан во поновата Американска историја, е своевидно признание за придонесот кој тој го имаше во кампањата и победата на новиот Претседател на САД. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој веќе со децении води успешен бизнис во САД, како политичар кој има трајни врски со Републиканската партија, од денес натаму со несмален интензитет ќе продолжи и понатаму да ја користи својата професионална позиција за лобирање за стратешките интереси на Македонија и Македонскиот народ. Со стапување на должноста на Доналд Трамп, за Македонија се отвораат уште поголеми можности и перспективи да го зајакне своето стратешко сојузништво со Соединетите Американски Држави. 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017


Вашингтон, 22 јануари 2017 После осамостојувањето на Република Македонија, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски активно лобира за воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и САД, кои конечно со целосен капацитет се воспоставуваат во текот на септември 1995 година

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А , Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И , ГО ИСКОРИСТИ ПРЕСТОЈОТ ВО ВАШИНГ ТОН ДА ОСТВАРИ СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО САД, ВАСКО НАУМОВСКИ

ЃОРЃИЈА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБИ СО АМБАСАДОРОТ ВАСКО НАУМОВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОМД МЕТО КОЛОСКИ

П

осле осамостојувањето на Република Македонија, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски активно лобира за воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и САД, кои конечно со целосен капацитет се воспоставуваат во текот на септември 1995 година. Тој несебично помага во обезбедувањето на денешниот репрезентативен објект кој е седиште на нашата Амбасада во Вашингтон и одржува редовни и одлични контакти со речиси сите досегашни официјални дипломатски претставници на Македонија во САД. Земајќи предвид дека Атанасоски има одлични релации со Наумовски, на средбата беа реафирмирани заедничките заложби за воспоставување на односи со Администрацијата на новиот Претседател на САД, Доналд Трамп, кои ќе му помогнат и на Македонскиот народ и на Македонија да ги оствари своите стратешки цели за сигурна и просперитетна иднина. Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, оствари средба и со Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Мето Колоски. Уште во 70-тите години од минатиот век, веднаш по стапнувањето на Американскиот континент, Атанасоски ја започна својата мисија за создавање на независна и суверена Македонија. Паралелно со својот професионален развој, тој неуморно е активен и со учество, покровителство, а најчесто и со организација

на речиси сите поголеми Македонски иницијативи во САД, кои се насочени кон остварување на неговиот најголем сон – да ја види својата Татковина, обединета и силна. На средбата Атанасоски и Колоски заеднички заклучија дека претставува хендикеп тоа што Македонската Дијаспора нема веќе свои избрани пратеници во новиот состав на Македонското Собрание. Земајќи предвид дека Атанасоски е многу често во Македонија каде е активен со својата политичка партија Македонска Алијанса, тој ја превзема обврската со своето делување во Татковината и регионот да стори се’ што е во негова моќ за да се слушне гласот на сите браќа и сестри Македонци кои живеат надвор од границите на Република Македонија. Атанасоски како претставник на Македонската Дијаспора ќе продолжи да ја застапува идејата за измени во Изборниот закон со што ќе се воведе една из07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

борна единица, во која ќе се вклучат и гласовите на Дијаспората, чиј легитимитет никој повеќе нема да може да го оспорува, а истовремено преку отворени листи ќе се овозможи поголема и праведна рамнотежа во Собранието. Атанасоски и Колоски се согласија дека со изборот на Доналд Трамп за нов Претседател на САД се отвораат нови перспективи за Македонија. Со очекување за намалено влијание на исклучително моќната Грчка Дијаспора која традиционално е блиска со Демократската партија, може да се надеваме на поголем но принципиелен притисок на идната администрација на САД за почитување на меѓународното право што ќе обезбеди напредок во Евроатланските интеграции на Татковината. Битката за одбрана на најсветото, Македонското име и идентитет, продолжува!


Прашан директно од британскиот пратеникот Марк Притчард, од редовите на групата на европските конзервативци и реформатори за тоа дали може да даде прецизен датум за членството на нашата земја во ЕУ, Јоханес Хан одговори дека се надева оти наскоро ќе се постигне напредок. „Што се однеусва до ПЈРМ ние напреднавме со одлучност. Пред две години постигнавме договор со земјата кој има за цел да го поддржи процесот на реформи за да се приближи до ЕУ

ЕВРОПСКИОТ КОМЕСАР ЗАДОЛЖЕН З А Е В Р О П С К АТА С О С Е Д С К А ПОЛИТИКА И ЗА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ

ЈОХАНЕС ХАН ПРЕД ПССЕ НЕ ЈА ЗАОБИКОЛИ МАКЕДОНИЈА

Е

вропскиот комесар задолжен за европската соседска политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан во обраќањето до Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се осврна на два наврати на ситуацијата во Република Македонија и нејзините европски перспективи, во одговорите до парламентарците на 47 земји членки на Советот на Европа. Прашан директно од британскиот пратеникот Марк Притчард, од редовите на групата на европските конзервативци и реформатори за тоа дали може да даде прецизен датум за членството на нашата земја во ЕУ, Јоханес Хан одговори дека се надева оти наскоро ќе се постигне напредок. „Што се однеусва до ПЈРМ ние напреднавме со одлучност. Пред две години постигнавме договор со земјата кој има за цел да го поддржи процесот на реформи за да се приближи до ЕУ. Во рамките на тој процес, требаше да одржат предвремени избори, тоа е направено во декември. Сега земјата треба да се стекне со влада и се

надевам дека земјата ќе влезе во транзициска фаза која ќе и дозволи да создаде влада која ќе може да се потпри врз едно уставно мнозинство“, рече Хан. За да се напредне на патот за членство во ЕУ, нагласи, треба да се реши проблемот со името. „За тоа ќе биде потребно уставно мнозинство. Се надевам дека во идните недели ќе успееме да забележиме напредок“, рече Хан. На прашањето на известувачката на ПССЕ за постмониторинг дијалогот со Македонија, норвежанката Лиз Кристофересен, како ја оценува политичката ситуација во Маке08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

донија по изборите, Хан рече дека се надева оти наскоро ќе биде формирана новата влада. „Се надевам дека наскоро ќе биде формирана новата влада, подржана од мнозинството со цел да продолжи да отврора европски перспективи за земјата, за да можеме набрзо да ги започнеме преговорите за членство и поглавјата за преговори едно по друго. Но, потребно е за тоа да се исполнат некои услови. Тоа ќе биде можно само ако има широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата на оваа земја. Само тогаш можат да бидат донесени потребните мерки“, додаде Хан во одговорот.


Не смееме повеќе да дозволуваме нашите соседи, а особено Грција, да продолжуваат да снесуваат „кукавички јајца“, и со тоа дополнително да инвестираат во продлабочување на нашата внатрешна политичка криза

ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ НА ГРЧКИОТ МИНИСТЕР З А Н А Д В О Р Е Ш Н И РА Б О Т И , Н И КО С К О S И А С , К О Ј З А АТ И Н С К АТА Н О В И Н С К А А Г Е Н Ц И Ј А И З Ј А В И Д Е К А Г Р Ч К АТА В Л А Д А ИМАЛА НЕКОЛКУ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИМЕТО ЗА КОИ НАВОДНО ЧЕКАЛА ОДГОВОР ОД Д Р У ГАТА С Т РА Н А , П Р Е Т С Е Д АТ Е Л О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А , Ѓ О Р Ѓ И Ј А Џ О Р Џ АТА Н А С О С К И , Ј А У П АТ У В А С Л Е Д Н АТА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ГРЧКИОТ ШЕФ НА ДИЛОМАТИЈАТА НИКОС КОSИАС ЗА АТИНСКАТА НОВИНСКА АГЕНЦИЈА

М

акедонската Алијанса во континуитет ги повикува лидерите на најодговорните политички партии во Македонија да преземат конкретни, јасни и директни чекори со кои ќе се стават во одбрана на суверенитетот и националниот идентитет на Татковината и Македонскиот народ. Не смееме повеќе да дозволуваме нашите соседи, а особено Грција, да продолжуваат да снесуваат „кукавички јајца“, и со тоа дополнително да инвестираат во продлабочување на нашата внатрешна политичка криза. Официјална Атина продолжува да промовира двојни аршини. Од една страна Коsиас се обидува да покаже лажна конструктивност со таканаречените мерки за доверба, а од друга страна Грција продолжува со својата стратегија со уцени и притисок да го бараат од Македонија невозможното. Невидена срамота е Коsиас во интервјуто да оценува дека Времената спогодба според него имала за цел да обезбеди време за предлози за спорот за името, а никогаш не одговори зошто не ја почитуваат пресудата со која Меѓународниот Суд во Хаг уште во 2011 потврди дека токму официјална Атина со ветото во Букурешт во 2008 ја прекрши Времената спогодба. Без да навлегуваме во вистинитоста на тврдењата на Никос Коsиас дека од Грчка страна до Ма-

кедонија се доставени некакви предлози за името за кои наводно се чека одговор, Македонската Алијанса смета дека во овој чувствителен период во кој се преговара за составување на Влада, најодговорните политички партии уште сега мора да се обврзат на следните принципи во идното дејствување: Прво, било какви предлози од Грчка страна, а кој нема да бидат во насока на прифаќање на нашето Уставното име, официјална Атина може да ги чува во фиока. Разговори и преговори за прифаќање на предлози на промена на Уставното име нема и не може да има, бидејќи секој кој евентуално би се нафатил на такво велепредавство ќе мора да си ја прифати и казната од народот. Второ, сите разговори во врска со таканаречените мерки за градење доверба ги замрзнуваме, се додека официјална Атина не прифати дека постои Македонски народ кој меѓу другото живее и во Егејскиот дел. Не може Коsиас да се жали за правата на Грците во Албанија, а во исто време да се 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

прави и слеп и глув за постоењето на Македонското малцинство во Грција. Никој нема право да го оспорува Македонскиот национален идентитет. Трето, сите политички партии кои влегоа во Македонското Собрание, уште пред да гласаат за избор на Влада, со Декларација да ги осудат сите обиди на соседите за продолжување на нашата политичка криза и мешање во внатрешните прашања. Не може Албанските политички лидери да градат платформа за своите барања во присуство на Еди Рама во Тирана, а никој од нив да не се обврзува да издејствува Албанија конечно да го признае Уставното име на Македонија. Македонија мора да има идентичен и унифициран пристап и кон сите други провокации кои доаѓаат и од останатите наши соседи со кои имаме отворени прашања, како Бугарија и Србија. Конечно, најодговорните Македонски политички лидери треба да бидат целосно свесни за предизвиците со кои се соочува Татковината, и добро да размислат за секој нивен потег во периодот што следува. Секоја нивна евентуална одлука која ќе биде мотивирана од личен и тесно партиски интерес, а која ќе го загрози вековното име Македонија и Македонскиот национален идентитет, ќе предизвика жестока реакција од Македонскиот народ.


ХОЈТ ЈИ: „САД, секако дека го почитуваат суверенитетот на Македонија и можноста партиите да ја донесат таа одлука без мешање однадвор. Нашата улога во моментов е да набљудуваме, да понудиме совет за одредени принципи – како на пример, сметаме дека е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино; партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите права, да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и новите институции како Специјалното јавно обвинителство, да го почитуваат владеењето на правото и целите на граѓаните за интеграција во остатокот од Европа, да се приклучат во НАТО“, вели Ји

ПАРТИИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ УСТАВОТ, ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЈО

С

ега е важно политичките партии да преговараат, да најдат начин да формираат коалициона влада. Мошне е битно политичките лидери да работат што е можно побрзо и поефикасно и да постигнат договор, за ова да не биде предолг процес, изјави заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји во изјава за Гласот на Америка. „САД, секако дека го почитуваат суверенитетот на Македонија и можноста партиите да ја донесат таа одлука без мешање однадвор. Нашата улога во моментов е да набљудуваме, да понудиме совет за одредени принципи – како на пример, сметаме дека е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино; партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите

права, да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и новите институции како Специјалното јавно обвинителство, да го почитуваат владеењето на правото и целите на граѓаните за интеграција во остатокот од Европа, да се приклучат во НАТО“, вели Ји. Тој додава оти верува дека 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

политичките партии ќе се фокусираат на целите на граѓаните, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, за земјата да се придвижи кон поголема интеграција.


Дополнително, исклучително важно е што влијателниот Британски дипломат, користејќи го своето огромно искуство, уште еднаш, како и во јуни 2016 година, порачува на сите релевантни фактори во Македонија, дека сега е моментот да се поднесе барање до ООН за признавање на Уставното име на нашата Татковина и со тоа конечно да се затвори спорот

М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А Г И П О З Д РА В У В А С ТА В О В И Т Е Н А РОБИН О НИЛ

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ИЗЈАВАТА НА БРИТАНСКИОТ ДИПЛОМАТ РОБИН О НИЛ

В

о врска со ставовите на Британскиот Амбасадор и поранешен прв медијатор во Грчко – Македонскиот спор Робин О Нил, кој како и во јуни 2016, уште еднаш повтори дека Македонија согласно меѓународното право има право да го користи името кое е сопствен избор на Македонскиот народ, и тоа во никој случај не може да биде никаква закана за Грција и Грчкиот народ, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Македонската Алијанса ги поздравува ставовите на Робин О Нил, кој како одличен познавач на Грчко – Македонските односи, без дипломатски ракавици ја соопштува вистината која мора да биде општо прифатена. Неговата констатација дека Македонија согласно меѓународното право има право да го користи името кое е сопствен избор на Македонскиот народ и тоа не може да биде никаква закана за Грција и Грчкиот народ, има особена тежина и е адресирана до сите кои секојдневно со уцени, закани и блокади се обидуваат да издејствуваат откажување од нашето вековно име и идентитет. Дополнително, исклучително важно е што влијателниот Британски дипломат, користејќи го своето огромно искуство, уште еднаш, како и во јуни 2016 година, порачува на сите релевантни фактори во Македонија, дека сега е моментот да се поднесе барање до ООН за признавање на Уставното име на нашата Татковина и со тоа конечно да се затвори спорот.

Робин О Нил без калкулации заклучува дека последната изјава на Коsиас е директна потврда дека политиката на Грција во врска со спорот за името не е променета повеќе од 20 години, што според негово мислење како последица на нивни внатрешни политички причини ниту една Грчка Влада не сака да го реши спорот кој сами го создадоа, бидејќи и тие знаат дека единствено решение е сите земји да го признаат името Македонија. Ваквите позиции на Робин О Нил кој се чист одраз на реалноста и треба да бидат многу сериозно сфатени од најодговорните политички партии во Татковината, кои без лични и тесно партиски калкулации во една крајно чувствителна фаза на политички околности во Македонија, треба јавно да се обврзат дека никогаш нема да се впуштат во сценарио 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

кое треба да доведе до промена на Уставното име. Позициите на Македонската Алијанса се многу јасни, преговори за името и идентитетот нема и не може да има. Македонија била, е’, и ќе остане Македонија. Се повеќе меѓународни фактори, пријатели и сојузници ја прифаќаат и подржуваат реалноста дека Македонскиот народ никогаш нема да се согласи да ја плати највисоката цена за членството во Европската Унија и НАТО Алијансата. Искрениот пристап на Робин О Нил е потврда дека сме на вистинскиот пат и треба да претставува дополнителен мотив и за многу други Држави во светот да ја подржат нашата борба за праведност и остварување на универзалното демократско право на самоопределување, кое го ужива секоја земја членка на ООН.


ZASTANAL NA ^ELO NA PRO^UENOTO KARPO[OVO VOSTANIE, NA KOE NARODOT MASOVNO MU SE PRIDRU@UVAL. SOZDAL SLOBODNI TERITORII I GRADOVI VO SEVEROISTO^NA MAKEDONIJA. OD VATIKAN JA DOBIL KRUNATA I E KRUNISAN KAKO KRAL OD KUMANOVO.

KARPO[ (1689 GODINA - KARPO[OVO VOSTANIE)


HERAKLEA


PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


ЕЛЕМ: Снабдувањето со електрична енергија се одвива континуирано и во согласност со потребите. Во изминатите 24 часа е забележана зголемена потрошувачка на струја за над 30 проценти во однос на вообичаеното за овој период, информира денеска АД ЕЛЕМ. Оттаму се посочува дека целосно е одговорено на потребите на потрошувачите со оптимизација на домашните производни капацитети, и преку набавка на електрична енергија

СНАБДУВАЊЕТО СО СТРУЈА НЕПРЕЧЕНО, ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧКА ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

С

набдувањето со електрична енергија се одвива континуирано и во согласност со потребите. Во изминатите 24 часа е забележана зголемена потрошувачка на струја за над 30 проценти во однос на вообичаеното за овој период, информира денеска АД ЕЛЕМ. Оттаму се посочува дека целосно е одговорено на потребите на потрошувачите со оптимизација на домашните производни капацитети, и преку набавка на електрична енергија. За денеска, како што информира АД ЕЛЕМ, не е предвидена дополнителна набавка на електрична енергија, а целосните потреби на потрошувачите на регулираниот пазар се обезбедени преку производство од домашните електроенергетски капацитети. „Потрошувачката на елек-

трична енергија постојано се следи и производството од домашните капацитети се адаптира во согласност со потребите на регулираниот пазар. Со оглед на најавите од АД ЕВН дека и претстојните денови се очекува и до 30 проценти поголема потрошувачка во однос на вообичаената за тој период, соглас16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 Јануари 2017

но распишаниот јавен оглас на АД ЕЛЕМ од 10 јануари за периодот од 14 до 22 јануари, во текот на вчерашниот ден е извршена набавка на вкупно 22, 824 Мwh по просечна цена од 79,38 евра за мегаватчас. Оваа цена е постигната при редовна постапка со негативна аукција“, велат од АД ЕЛЕМ.


Н Б Р М И Б И Р О ТО Ќ Е Р Е А Л И З И РА АТ СО РА Б О Т К А НБРМ и Бирото ќе реализираат соработка на полето на финансиската едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и писменост и размена на релевантна експертиза

НБРМ И БИРОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Г

увернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ денеска потпишаа Меморандум за соработка во делот на финансиската писменост и други области во образованието. НБРМ и Бирото ќе реализираат соработка на полето на финансиската едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и писменост и размена на релевантна експертиза. „Со овој Меморандум се очекува да се зацврсти соработката меѓу двете институции во областа на финансиската едукација со што ќе се придонесе за зголемување на свеста кај учениците и јакнење на нивните нивно идно полесно вклучу- на финансискиот систем“, инфинансиски знаења, како и за вање во современите текови формира НБРМ. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017


Д Р У Ш Т В О Т О З А И З Д А В АЧ К А ДЕЈНОСТ „МАКЕДОНИКА“ ОД СКОПЈЕ ГО ОБЈАВИ РОМАНОТ Овој роман на Нелја Гулчук е втор од нејзината трилогија за Александар Македонски. Првиот – „Тајната на Александар Македонски“ е веќе преведен и објавен на македонски јазик, исто така во издание на „Македоника литера“.

"АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, НАСЛЕДНИКОТ НА ВЛАСТА" руштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје го објави романот „Александар Македонски. Наследникот на власта“ од руската писателка Нелја Гулчук, во превод од руски јазик на Ленче Тосева. Овој роман на Нелја Гулчук е втор од нејзината трилогија за Александар Македонски. Првиот – „Тајната на Александар Македонски“ е веќе преведен и објавен на македонски јазик, исто така во издание на „Македоника литера“. Во овој роман авторката ја раскажува приказната за Александар и за неговото царство преку призмата на еден од неговите најблиски пријатели, војсководецот Селевк, кој подоцна бил основач и управител на истоимената царска династија на Блискиот и Средниот Исток. Всушност, таа раскажува за периодот на последните години на владеење на големиот македонски владетел и на поделбата на големото македонско царство на неколку помали царства. По смртта на Александар Македонски во империјата почнала борбата за престолонаследник, во која главни соперници станале дотогашните соборци и пријатели на војсководецот Александар – Пердика, Антипатар, Лизимах, Антигон, Птоломеј, Селевк и др. Гулчук раскажува подробно за текот на сложените и тајни перипетии на учесниците во судирите – довчерашните другари и соборци. Во сето тоа има и многу интриги и борбени и љубовни страсти – кои се покажале како главен инструмент во политиката… Всушност, Гулчук раскажува за еден период од историјата на ан-

Д

тичка Македонија, како нејзин добар познавач. Сите три романи на Гулчук се обемни дела и се резултат на повеќегодишни и темелни ис18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

тражувања на авторката на животот и на походите на Александар Македонски и на историјата на античка Македонија.


Д О Л Г О М Е Т РА Ж Н И О Т Д О К У М Е Н ТА Р Е Н Ф И Л М П Р В Е Н Е Ц Н А ТА Н Д Е М О Т Б РА Н К О С Т О Ј А Н О С К И И В И К Т О Р ГА В Р И Л О С К И Филмот има за цел да ги претстави настаните кои го одбележале севкупното живеење на Кичево во изминатиот период. Во филмот застапени се некои од култните белези на градот, како вовчето „Ќирчо“, киното Партизан, авто и мото трките во касарната, поетските средби „Курирче“ и манифестации поврзани со нив

"ПРИКАСКА ЗА КИЧЕВО"

Д

олгометражниот документарен филм првенец на тандемот Бранко Стојаноски и Виктор Гаврилоски„Прикаска за Кичево“ премиерно беше прикажан во Кинотека на Македонија. Филмот има за цел да ги претстави настаните кои го одбележале севкупното живеење на Кичево во изми-

натиот период. Во филмот застапени се некои од култните белези на градот, како вовчето „Ќирчо“, киното Партизан, авто и мото трките во касарната, поетските средби „Курирче“ и манифестации поврзани со нив. Не е одминат ниту ноќниот живот во градот, почнувајќи од прочуеното корзо, првите кафу19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

лиња, спортскиот живот, музичките случувања и фестивали кои се одржувале во градот и на Китиното кале и многу други случувања. Во изготвување на филмот се слушнале мислењата и на повеќемина граѓани на Кичево, кои ги следеле и следат настаните во градот во изминатите години и децении.


ПРОМОЦИЈА НА ПОСЛЕДНИТЕ ДВА ТОМА - Овие едиции се надоврзуваат на низата капитални проекти од областа на литературата и издаваштвото кои ги реализиравме во изминатите години и со кои јасно ги демонстриравме заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, да го подигнеме нивото на општата интелектуална култура во нашата држава, но и да ги едуцираме младите генерации и да ја развиеме нивната перцепција за вистинските вредности, истакна на промоцијата министерката за култура Елизабета Канческа Милевска

СВЕТСКАТА ПОЕЗИЈА И НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА МЛАДИ И ДЕЦА

П

ромоција на последните два тома од „Антологијата на светската поезија“ на македонски јазик и „Антологијата на македонската литература за млади и деца“ се одржа вечерва во новиот објект на Македонскиот народен театар. Со ова се целосно завршени овие две капитални едиции од областа на издавачката дејност. - Овие едиции се надоврзуваат на низата капитални проекти од областа на литературата и издаваштвото кои ги реализиравме во изминатите години и со кои јасно ги демонстриравме заложбите на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, да го подигнеме нивото на општата интелектуална култура во нашата држава, но и да ги едуцираме младите генерации и да ја развиеме нивната перцепција за вистинските вредности, истакна на промоцијата министерката за култура Елизабета Канческа

Милевска. Од „Антологијата на светската поезија“ на македонски јазик беа промовирани вториот и петтиот том. Промоторот на оваа Антологија, Ратко Дуев посочи дека во вториот том е презентирана поезија создавана во периодот од 4 до 15 век, епски и лирски дела од средновековната книжевност. Меѓу нив се и старословенската поезија на Свети Контантин Кирил филозоф, Свети Методиј Солунски, потоа дела на Петрарка, Алигиери, Ридел, Борнеј, Даниел, стихови на многу непознати автори и 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

трубадури. Во петтиот том, пак, се застапени современи поети од 20-от и 21 век, како Тагоре, Пол Валери, Рилке, Сандберг, Блок, Хименез, Елиот, Ахматова, Пастернак, Есенин, Борхес и многу други автори кои добро и се познати на македонската читателска јавност. Дуев истакна дека оваа Антологија е од големо значење имајќи предвид дека вакви антологии на поезија нема на многу јазици, оти таа ќе биде од особена корист за студентите по книжевност, но и за љубителите на поезијата.


Н А Г О Л Е М АТА С Ц Е Н А В О М А К Е Д О Н С К АТА О П Е РА И Б А Л Е Т Б Е Ш Е И З В Е Д Е Н А П О П У Л А Р Н АТА Д Е Т С К А Б А Л Е Т С К А П Р Е Т С ТА В А Најмладата публика поторно ќе може да ужива во бравурозната игра на популарните ликови, Смешко, Учо, Лутко, Спанко, Убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други

Н

а Големата сцена во Македонската опера и балет беше изведена популарната детска балетска претстава „Снежана и седумте џуџиња“...- Македонската опера и балет и после Новогодишните празници, на својот репертоар ќе продолжи

"СНЕЖАНА И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА"...

со поставување на претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои нашата најмлада популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот, информираат од МОБ. Најмладата публика повторно ќе може да 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

ужива во бравурозната игра на популарните ликови, Смешко, Учо, Лутко, Спанко, Убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други. „Снежана и седумте џуџуња“, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет.


Изложбата е во организација на Маја Кировска, ликовен уметник од Скопје, Јаготка Томовска, поет од Куманово, холандските уметници Ед Hanssen и Fred van Welie, во соработка со Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци

М

еѓународната групна изложба со повеќе од 100 учесници, насловена „Нашата Фукушима“, беше отворена на 20-ти јануари

М Е Ѓ У Н А Р О Д Н АТА Г Р У П Н А ИЗЛОЖБА СО ПОВЕЌЕ ОД 100 УЧЕСНИЦИ, НАСЛОВЕНА

"НАШАТА ФУКУШИМА"

во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци... Изложбата е во организација на Маја Кировска, ликовен уметник од Скопје,

22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 808 / Јануари 2017

Јаготка Томовска, поет од Куманово, холандските уметници Ед Hanssen и Fred van Welie, во соработка со Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.


808  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you