Page 1

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 807, Декември 2016

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

Macedonian Sun


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Новогодишно Обраќање на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Почитувани, Зад нас ја оставаме 2016 година. Поминаа 365 дена исполнети со сериозни предизвици за Татковината и Македонскиот народ. Годината ја започнавме со последиците од една од најголемите драми во поновата историја на човештвото – бегалската криза. Светот го тресеше тероризмот кој за жал добива размери на епидемија која ги покажува слабостите и на развиените безбедносни системи на државите во Европа и САД. Војната во Сирија остава горчлив впечаток дека лекциите од минатото не се научени, политиката и стратешките интереси се уште се поважни од судбините на луѓето кои минуваат низ досега невидени страдања. Сепак, во светската политика се случија и одлични работи. Победата на Г-дин Доналд Трамп е историска за Американскиот народ затоа што претставува симбол за нова надеж и сигурна иднина. Ова е успех на обичните Американци кои силно веруваат дека најмоќната Држава на светот може да гради партнерства на поефикасен и фер начин. Јас сум сигурен дека 45-тиот Претседател на САД, Доналд Трамп ќе отвори нови перспективи за нашата Татковина. Македонија помина уште година во длабока политичка криза. Предвремените избори на 11 декември се одржаа во фер и демократска атмосфера, овозможувајќи им на гласачите слободно да ја изразат својата волја, што беше недвосмислено потврдено од релевантната меѓународна јавност. За жал, заради упорното оспорување на изборниот легитимитет на претходните пратеници од Дијаспората и воведувањето на изборниот праг, на овие избори како Држава се доведовме во ситуација, нашите браќа и сестри кои живеат и работат со децении во туѓина, а никогаш не ги прекинале врските со Татковината, сега да немаат свој претставник во Македонското Собрание. Драги браќа и сестри Македонци,

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Деновите пред Нова Година и Денот на Христовото раѓање Божиќ секогаш и секаде се денови за убави желби, за добри мисли, за душевен мир и семеен спокој. Знам дека и во 2017 година влегуваме во нова неизвесност на иднината на нашата заедничка Татковина. Никој не посакува кризата да продолжи. Треба да извлечеме поуки за да станеме поцврста демократија која ќе испорачува долготрајна стабилност. Сакам да Ве уверам дека во Македонија се уште постојат политички сили кои на дело покажуваат како искрено и чесно се сака Татковината и сопствениот народ. Доколку некој се обиде да ја продолжи политичката криза за да се обезбедат предуслови за создавање на некакво вештачко решение кои преку силен притисок и споделена одговорност на најекспонираните политички лидери ќе се спроведува подмолно сценарио за продажба на Уставното име и идентитетот, ние заедно остро и радикално ќе се спротиставиме. Ние сакаме да ја видиме Македонија во ЕУ и НАТО, но не по секоја цена. Преговори за обезличување на Македонскиот народ, нема и не може да има. Ние самите како Македонци мора да покажеме дека имаме потенцијал да се избориме за економски просперитет, обединување на сите Македонци од светот и најважно од се’ да го зачуваме најсветото - нашето вековно име МАКЕДОНИЈА. На крајот од ова мое обраќање Ви посакувам Среќна Нова 2017 година, со желби за многу среќа, добро здравје, успех на личен и професионален план. Нека Нашето Сонце, нашиот најголем Македонски симбол на непокорот, Ви ги топли душите и Ви ги распламти срцата на патот на исполнување на заедничките идеали на сите Македонци од светот. Бог да ја чува Нашата Македонија!

\or|ija - Xorx Atanasoski


Со верификација на мандатите на 120-те новоизбрани пратеници во петокот (30.12.2016) е конституиран деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. На седницата присуствуваа 118 од 120-те избран пратеници, а со неа претседаваше претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. По верификацијата на мандатите, Вељаноски ја прекина седницата, бидејќи до нејзиното одржување немаше предлог од десет пратеници за формирање на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како што е предвидено

С

о верификација на мандатите на 120-те новоизбрани пратеници во петокот (30.12.2016) е конституиран деветтиот состав на Собранието на Република Македонија. На седницата присуствуваа 118 од 120-те избран пратеници, а со неа претседаваше претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. По верификацијата на мандатите, Вељаноски ја прекина седницата, бидејќи до нејзиното одржување немаше предлог од десет пратеници за формирање на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како што е предвидено. Седницата ќе биде закажана, како што рече Вељаноски, кога ќе се создадат деловнички услови за тоа и ги повика овластените претставници на партиите да номинираат членови на Комисијата за избори и именувања. На тоа прво продолжение на оваа седница треба да биде избран и претседател на Собранието. Претходно, Извештајот за резултатите од изборите и мандатите беа изгласани на седница на Верификационата комисијата, чиј претседател беше Влатко Ѓорчев, претседател, а членови Петре Шилегов, Реџаиљ Исмаили, Фадил Зејнели и Сурија Рушити. Фадил Зендели од движењето Беса побара Извештајот од ДИК да биде преведен на албански јазик, и побара да не му биде верификуван мандатот на Јохан Тарчуловски, зато што, како што рече, тој е Хашки осуденик. Претседавачот со седницата Вељаноски кажа дека Извештајот е веќе преведен од службите и оти сите документи во Парламентот се преведуваат. Во

СО ВЕРИФИКАЦИЈА НА М А Н Д АТ И Т Е Н А 1 2 0  Т Е Н О В О И З Б РА Н И П РАТ Е Н И Ц И В О ПЕТОКОТ 30.12.2016

КОНСТИТУИРАН ДЕВЕТТИОТ СОСТАВ НА СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА врска со барањето за Тарчуловски, посочи дека во Зендели треба да посочи правнички и Деловнички пречки, и оти не може да бара нешто само врз основа на тоа дали нему му се допаѓа или не. Работиме по Устав, закони и Деловник, рече Вељаноски. Изборната кампања заврши, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, додавајќи дека Собранието на РМ има одговорност пред сите граѓани и оти затоа е Собрание и ги претставува сите граѓани во оваа држава. - Ова Собрание е составено врз база на волјата на граѓаните и сите го претставуваме него, истакна Димовски. На почетокот на седницата Оливер Спасовски, од коалицијата предводена од СДСМ, во процедурална забелешка рече дека Вељаноски не треба да претседава со седницата заради тоа што и според праламентарната пракса и според Деловникот, со неа треба да раководи најстариот пратеник. Спасовски рече дека Вељаноски се повикува на промената на Деловникот од 2008 година, но оти по изборите после тоа сепак конститутивна седница ја водел највозрасниот пратеник. - Зошто воведувате нови стандарди во парламентарната демократија во Македонија, но тоа не е страно за вас. Не треба да продолжите по стариот терк со кршење на Деловникот и со едно насилие, рече Спасовски. Вељаноски кусо одговори дека има разлика во праксата и во спроведувањето на Деловникот. - Јас мислам дека Деловникот преовладува во работата и така треба да направиме, рече 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

Вељаноски. За заменици на претседавачот со седницата беа назначени пратениците Стојан Миланов и Јусуф Хасани. На конституирањето на Парламентот не присуствуваа двајцата избрани пратеници од ДПА. На седницата, која има и свечен карактер, присуствуваа високи претставници на верските заедници, на судската власт, на МАНУ, дипломатскиот кор... Деветтиот македонски парламентарен состав ќе има 120 народни избраници. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРОДПМНЕ 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса - 5, Алијанса на Албанците - 3 и ДПА - 2. Во овој парламентарен состав нема народни избраници од дијаспората поради недоволен број освоени гласови. Новиот собраниски состав има 62 нови и 58 пратеници од минатиот состав, а некои од нив биле народни избраници и во други состави Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници


П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т И В А Н О В „Во името на македонските граѓани, ги предупредувам да внимаваат што прават. Во името на македонските граѓани, им порачувам да не помислат во нивните постизборни комбинаторики да разговараат или преговараат за државните интереси на Македонија и националните интереси на Македонскиот народ. Бидејќи за државните интереси ниту се разговара, ниту се преговара“, потенцираше македонскиот претседател "

М

ојот став е повеќе од јасен. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде бинационална држава. Никогаш нема да се согласам Република Македонија да биде федерална држава“, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Годишното обраќање во неговиот кабинет. „Се уште слушам како поедини лидери на партии јавно лицитираат со унитарниот карактер на државата, со некаква си кантонизација и федерализација, со името на државата и идентитетот на граѓаните. Тие лицитираат со државните интереси. Ќе ги потсетам дека Македонија во 1991 година се конституира како национална држава на македонскиот народ, во кој се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите националности кои живеат во Република Македонија“, истакна претседателот. Тој потенцираше дека со Охридскиот рамковен договор била отворена вратата за правична застапеност на граѓаните од сите, а не само за една заедница. Недозволиво е, смета македонскиот претседател, некои лидери на парламентарни партии на преговарачка маса да ги ставаат државните интереси на Република Македонија, како што рече, спротивно на Уставот на Република Македонија. „Во името на македонските граѓани, ги предупредувам да внимаваат што прават. Во името на македонските граѓани, им порачувам да не помислат во нивните постизборни комбинаторики да разговараат или преговараат за државните интереси на Македонија и националните интереси на Македонскиот народ. Бидејќи за државните интереси ниту се разговара, ниту се преговара“, потенцираше македонскиот претседател. Според него никој нема мандат да ја прекројува државата, да го менува нејзиниот идентитет. „Никој нема мандат да го продава она

ПОВИКА НА ПОМИРУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ФАКТОРИ за што сонувале и гинеле генерации, а тоа е слободата и независноста на Република Македонија. Република Македонија ниту е, ниту ќе се согласам да биде бинационална држава. Република Македонија ниту е, ниту ќе се согласам да биде федерална држава. Република Македонија е унитарна држава со мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество“, истакна Иванов. Осврнувајќи се на изборите и постизборниот период претседателот уште еднаш им честита на граѓаните, истакнувајќи дека со распределбата на своите гласови тие всушност ги принудиле партиите да водат дијалог во институциите, но, не по цена на државните интереси. „Заштитата на државните интереси на Република Македонија што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и системска реформа на системот за национална безбедност треба да бидат двата клучни приоритета на новата Влада“, порача македонскиот Овие приоритети, според него се неопходни, пред се, поради бројните закани со кои се соочуваме и внатрешните слабости кои ги имаме. Последиците од конфликтите во регионот на Северна Африка и Блискиот Исток, илегалната миграција, активностите на странските терористички борци и нивните поддржувачи, транснационалните криминални мрежи, насилниот екстремизам, радикализам и интересите на разни центри на моќ влијаат врз поларизација на македонското општество. Тие можат да предизвикаат идни внатреетнички, меѓуетнички, и меѓурелигиски тензии во Македонија. „Постои навистина висок ризик за внатрешната безбедност од надворешните закани со кои се соочуваме. Не само ние, туку и целиот наш регион, цела Европа. Поради ваквиот сооднос меѓу надворешните закани и внатрешните слабости неопходни се таквите системски реформи“, рече претседателот Иванов. Претседателот Иванов смета дека без нов попис на населението, не може да се бараат права што зависат од статистиката. „Слушам дека се бара двојазичност на целата територија на Македонија. Тоа прашање е затворено со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Охридскиот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Службената употреба на кој било јазик во Република Македонија зависи 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

од статистиката, а единствен начин за добивање на реална статистика е пописот“, истакна претседателот Иванов. Претседателот го повика лидерството на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да смогнат сила за да си простат, да се помират и конечно да се сплотат околу националните интереси на македонскиот народ и државните интереси на Република Македонија. „Ако навистина ја сакаат оваа држава и ако навистина се грижат за македонскиот народ, ги повикувам да ја почитуваат волјата на граѓаните, бидејќи во омразата никој нема ниту иднина, ниту надеж“, рече Иванов. Претседателот повика да ги оставиме зад нас поделбите и реваншизмот и реториката на патриоти и предавници. „Да престанат и нападите кон дипломатските претставници. Да престанеме секогаш вината да ја бараме кај другите. Одредени политички лидери да престанат да се повикуваат и да ги злоупотребуваат имињата на амбасадорите во Република Македонија за да остваруваат свои цели. Истовремено, го повторувам и повикот дипломатските претставници во вршењето на своите надлежности да внимаваат да не бидат погрешно разбрани и да се придржуваат до Виенските конвенции“, рече Иванов. Истовремено, претседателот Иванов ја повика и Европската унија да престане да ја блокира иднината на Македонија. „Со блокирањето на преговорите се блокира можноста за градење одговорни, европски институции во Република Македонија. Со блокадите, нам ни се ускратува правото на просперитет. Повторувам, со блокадите ни се ускратува правото на просперитет. Затоа, време е за поголема одговорност на Унијата кон Македонија“, порача Иванов во обраќањето. Со повик за простување, помирување и сплотување околу државните интереси, претседателот Иванов го заврши своето годишно обраќање. „Повикувам, конечно, одлуките за Македонија да ги носиме во институциите што сами ги создадовме, преку претставниците што сами ги избравме. Повикувам на одговорно однесување. А одговорноста се гради преку јавност и транспарентност. Граѓаните треба да бидат врвниот контролор на одговорноста на лидерите, политичарите, институциите. Бидејќи сите постојат заради граѓаните“, истакна македонскиот претседател.


Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос цела година свесно и со умисла упатува провокации кон Македонскиот народ, испраќајки отровни стрели од Воден, Солун, Костур кои сведочат за историски огромната неправда која на Татковината и е нанесена со Букурешкиот договор. Во оваа националистичка и иредентистичка политика се вклопува и Левентис кој смета дека во името на нашата земја не смеело никаде да стои Македонија

В О В Р С К А С О Н А Ј Н О В АТА П Р О В О К А Ц И Ј А К О Ј А Д О А ЃА ОД ГРЦИЈА

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ПРОВОКАЦИИТЕ ОД ВАСИЛИС ЛЕВЕНТИС

В

о врска со најновата провокација која доаѓа од Грција каде сега главна улога има лидерот на Унијата на центристите, Василис Левентис, кој пред своите сопартијци изјавил дека неговата партија нема да дозволи зборот Македонија да постои во името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Продолжува хистеријата кај нашиот јужен сосед. Грчките политичари продолжуваат да се натпреваруваат во тоа кој ќе соопшти порадикален став кон Македонија и Македонскиот народ. Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос цела година свесно и со умисла упатува провокации кон Македонскиот народ, испраќајки отровни стрели од Воден, Солун, Костур кои сведочат за историски огромната неправда која на Татковината и е нанесена со Букурешкиот договор. Во оваа националистичка и иредентистичка политика се вклопува и Левентис кој смета дека во името на нашата земја не смеело никаде да стои Македонија. Уште еднаш се потврдува дека

Грчките политички елити се единствени во пристапот за Македонското прашање, бидејќи ниту еден од нив не пропушта шанса брутално да ги гази сите фундаментални демократски принципи на кои се основани ЕУ и НАТО Алијансата. За нив иредентизмот кон Македонскиот народ е инструмент за печалење дневно-политички поени, кој редовно се засилува во нивните предизборни активности. За наша среќа, тоа што сме и засекогаш ќе останеме Македонци во Република Македонија не зависи ниту од Павлопулос, ниту од Левентис, Каменос, Коsиас и компанија, туку исклучиво од нас самите. Македонија ниту била, ниту ќе биде Грчка. За промена на името и идентитетот нема преговарање! Македонската Алијанса уште еднаш ја користи приликата, да ги повика лидерите на сите 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

политички партии во Татковината, кои се потписници на политичкиот договор од Пржино, со писмен проглас, потпишан од сите, да го соопштат следното: Прво, одлучно и единствени ја осудуваме националистичката, иредентистичка и негаторска политика на политичките претставници на Грција. Второ, еднострано ги замрзнуваме сите разговори за таканаречените мерки за градење доверба, се додека Грчката Влада не се извини за скандалозните провокации. Нема никаква логика да се создава привид со некакви мерки за добрососедство, бидејќи е повеќе од јасно дека кај Грчката страна не постои искрена волја за создавање доверба. Трето, на домашната, но и на целата меѓународна јавност, јасно и недвосмислено соопштуваме дека без разлика на сложените внатрешни политички односи, ниту една политичка партија нема да дозволи официјална Атина да си поигрува со чувствата на Македонскиот народ и ниту еден лидер или политичар во Татковината нема да преговара за најсветото Македонско име и идентитет.


Како легитимни претставници на Македонската Дијаспора и како политичка партија која повеќе од 20 години е активна во Татковината и регионот јасно сакаме да ставиме до знаење дека Македонската Алијанса ќе биде најгласниот и најрадикалниот противник на било каква вештачка творба која ќе се обиде да го чепне најсветото, Македонското име и идентитет. Преговори, разговори и промена на Уставното име и Македонскиот национален идентитет не може и нема да има!

ВО ВРСКА СО НАЈАВИТЕ ЗА П Р О Д О Л Ж У В А Њ Е Н А П О Л И Т И Ч К АТА КРИЗА ПОСЛЕ ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НАЈАВИТЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРИЗАТА ЗАРАДИ ПРОДАЖБА НА ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ

В

о врска со најавите за продолжување на политичката криза после предвремените избори со цел да се обезбеди создавање на широка коалиција која наводно ќе треба полесно да го промени Уставното име на Република Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: Како легитимни претставници на Македонската Дијаспора и како политичка партија која повеќе од 20 години е активна во Татковината и регионот јасно сакаме да ставиме до знаење дека Македонската Алијанса ќе биде најгласниот и најрадикалниот противник на било каква вештачка творба која ќе се обиде да го чепне најсветото, Македонското име и идентитет. Преговори, разговори и промена на Уставното име и Македонскиот национален идентитет не може и нема да има! Актуелната предизборна кампања е исклучително опасна за интересите на Македонскиот народ. Изминатиов период се изнаслушавме различни варијации на едно неодговорно и многу опасно ветување на опозицијата за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија преку отворање на Уставот. Како што се доближува денот на изборите повторно почнува да се зборува за непризнавање на резултатите, предизвикување на тензии кои треба да ги создадат сите предуслови за формирање на широка коалиција која наводно ќе треба да го продаде името. Уште пострашно што овие крајно деструктивни тези ги застапуваат поранешни претседателски кандидати на опозицијата кои јавно зборуваат на трибини

во земји членки на ЕУ, пред очите на пошироката меѓународна јавност. Во името на Македонската Алијанса многу пати јавно предупредивме дека постои сериозен ризик некој свесно и од надвор, но и од внатре да ја злоупотреби долготрајната политичка криза за да изврши дополнителен притисок за промена на нашето Уставно име и откажување од Македонскиот национален идентитет. Со Македонските национални интереси нема играње! Изборите ќе поминат, но штетата која на долг рок може да се одрази врз иднината на Татковината од прашањата кои неодговорно се отвораат во оваа предизборна кампања сега никој не може точно да ја процени. Земајќи предвид дека има уште 3 дена до крајот на кампањата, ги повикуваме четирите најодговорни политички партии, во пресрет на можеби најважните избори во поновата Македонска исто06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

рија, јавно да се обврзат дека: Уважувајќи ги механизмите и решенијата од политичкиот договор од Пржино кој ги обезбедуваат сите предуслови за слободни, фер и демократски избори, партиите конечните резултати на 11 декември ќе ги признаат и прифатат, Партиите уште пред изборите ги отфрлаат сите можности за спроведување на сценарија за внатрешно ослабување на Татковината со цел да се создаваат вештачки творби кои ќе го згазат Уставот со конечна цел клекнување на колена на Македонија и Македонскиот народ преку негово обезличување со промена на името и идентитетот. Само на ваков начин најодговорните политички партии ќе покажат дека немаат скриени намери и не спроведуваат сомнителни сценарија на штета на нашата заедничка Татковина. Македонската Алијанса е силно уверена дека на 11 декември ќе победи разумот и Македонскиот народ масовно, сплотено и во огромно мнозинство ќе застане во одбрана на сигурната иднина на нашата заедничка Татковина за која генерации Македонци ги положија своите животи. Сигурни сме дека Македонија ќе продолжи да чекори по стратешкиот колосек и кон економскиот просперитет. Бог да го чува Македонскиот народ и нашата Република Македонија! МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски


Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето-платата се должи на повисоката исплатена платата во секторите Градежништво за 6,5 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 5,8 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 5,7 отсто

С П О Р Е Д П ОД АТО Ц И Т Е НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД З А С ТАТ И С Т И К А

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО ОКТОМВРИ 22.460 ДЕНАРИ

П

росечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во октомври годинава изнесува 22.460 денари и е за 1,1 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Просечната брутоплата, пак, е 33.023 денари и е за 1,3 отсто повисока отколку во октомври 2015 година. Во октомври годинава 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето-платата се должи на повисоката исплатена платата во секторите Градежништво за 6,5 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 5,8 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 5,7 отсто. Зголемување на просеч-

ната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Административни и помош14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 Декември 2016

ни услужни дејности за 4,5 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,2 и Рударство и вадење на камен 3,6 отсто.


GEORGIJA KASTRIOT - ISKENDER (1405-1468 GODINA)

KRAL NA MAKEDONIJA I EPIR, KOJ ZARADI HRABROSTA I NA^INOT NA VOJUVAWE E NARE^EN VTOR ALEKSANDAR MAKEDONSKI. VLADEEL 25 GODINI. ZA[TITNIK NA HRISTIJANSTVOTO. OD MAKEDONIJA SOZDAL BEDEM SO [TO GO SPRE^IL NAVLEGUVAWETO NA OSMANLIITE VO EVROPA.


ASTIBO


PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


ПИЕТЕТ Во Република Албанија, на 77 годишна возраст, ненадејно почина Елмаз Докле, еден од најголемите активисти и борци за правата на Македонците во Албанија. Веста за неговата смрт синоќа ја објави единствениот весник на Македонците во Албанија „Илинден“. Г-дин Докле е роден на 19 август 1939 година во Борје во областа Гора, каде и завршил основно училиште. Речиси 30 години, од 1968 до 1998 бил Раководител на Катастарот во областа на Кукс. Целиот негов професионален живот се одвиваше на релација Борје, Драч и Кукс. Во 2010 година ја објави монографијата „Борје и Борјани“, која беше многу добро прифатена од јавноста. Неодамна ја објави монографијата „Стариот Кукс“, а зад себе остави многу други дела во ракопис кои се посветени на областа Гора и Македонците кои живеат таму. Елмаз Докле е еден од основачите на македонското друштво “Гора“, кое постојано се грижи за заштита на националниот идентитет, култура и историја на Македонците во Албанија

П

о повод оваа тажна вест, сочуство изрази и претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. “Со длабоко жалење ја примив тажната вест за упокојувањето на Великиот Македонец, Елмаз Докле. Македонскиот народ со смртта на гдин Докле, изгубија многу. Ние изгубивме еден пожртвуван и посветен човек, кој речиси целиот свој живот го вложи во беспоштедната битка за унапредување на правата и основните човекови де-

ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Н А 77 ГОД И Ш Н А В О З РАС Т

НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА ЕЛМАЗ ДОКЛЕ

мократски слободи на Македонците во Албанија. Неговото авторство, публицистичка дејност посветена на областа Гора која опфаќа девет села во која живеат многу наши браќа и сестри Македонци, се наследство кое треба да биде патоказ за идните генерации како преку афирмација на богатото културно и духовно наследство на Македонците се штити Македонскиот национален идентитет, посебност и јазик. Несомнено е дека неговите дела ќе бидат секогаш доживувани како мотивација за да се продолжи битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот, обединување на Македонците од целиот свет и градење на силна, економски просперитетна Република Македонија. Јас како ак12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

туелен претседател на Македонската Алијанса, како претставник на Македонската Дијаспора, се обврзувам да ги чувам спомените за овој Голем Македонец, да ги сочувам неговите дела кои мораат да бидат широко достапни за сите Македонци во светот, да ја продолжам неговата мисија за остварување на поголеми права за нашите браќа и сестри Македонци кои живеат во Албанија, за кои сум сигурен дека со гордост ќе се сеќаваат на огромното значење на делата на Елмаз Докле и кои на нашиот Македонски јазик ќе ги пренесуваат од колено на колено, како добар пример како еден човек треба да се бори за својот народ и корени. Почивај во мир, Голем Човеку!


В О М А К Е Д О Н С К АТА О П Е РА И Б А Л Е Т На самото отворање на концертот басистот Арсовски се заблагодари за присуството на публиката и уште еднаш потсети дека ова е најдобриот начин да се збогуваат како „Леб и сол“ од фановите. Аранжмани се направени од страна на Димушевски, кој по повод нивните концерт рече дека се обработувани песните кои се податливи за симфониска изведба

ПРОШТАЛЕН КОНЦЕРТ НА "ЛЕБ И СОЛ"

М

акедонска рокгрупа „Леб и сол“во Македонската опера и балет ги одржа трите концерти кои ги најави како проштални за официјално заминување од музичката сцена на овој состав. Четворката, која во последниве десетина години ја сочинуваат Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Михаил Парушев и Димитар Божиков, отсвире 14 песни избрани од првиот, па с до последниот албум на „Леб и сол“. На самото отворање на концертот басистот Арсовски се заблагодари за присуството на публиката и уште еднаш потсети дека ова е најдобриот начин да се збогуваат како „Леб и сол“ од фановите. Аран-

жмани се направени од страна на Димушевски, кој по повод нивните концерт рече дека се обработувани песните кои се податливи за симфониска изведба. Во нов аранжман имавме можност да ги слушнеме „Учи ме мајко, карај ме“, 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

„Јовано, Јованке“, „Си заљубив едно моме“... и други хитови кои беа дочекани со громогласен аплауз и овации од страна на публиката, а поради позитивните реакции, бендот беше вратен и на бис.


Д Р У Ш Т В О Н А П И С АТ Е Л И Т Е Н А МАКЕДОНИЈА – Без сомнение е дека Блаже Конески е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век

ОДБЕЛЕЖАНИ 95 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

руштвото на писателите на Македонија одбележа 95 години од раѓањето на Блаже Конески со средба на генерации на која дваесетина поети-членови на ДПМ читаа стихови од Конески, првиот претседател на македонската писателска асоцијација. Претседателот на ДПМ Веле Смилевски истакна дека ДПМ на роденденот му оддава почит на големиот поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач Блаже

Д

Конески кој со својот богат и разновиден опус оставил длабоки траги во повоениот развој на македонската литература и во областа на науката за јазикот. – Без сомнение е дека Блаже Конески е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век. Тој е еден од основоположниците на Друштвото на писателите на Македонија и прв претседател на македонската пи14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

сателска асоцијација, формирана на 13 февруари 1947 година, што беше почеток меѓу низата други почетоци со кои се градеа основите на идниот севкупен растеж на тогаш младата македонска држава, рече Смилевски. Покрај раѓањето (Небрегово, 19 декември 1921) со средбата на генерации беа одбележани и 23 години од смртта на Конески (Скопје, 7 декември 1993), како и 67 години од неговата прва објавена стихозбирка „Земја и љубовта“.


- Јован Владимир е трагично загинат на Преспанското Езеро во 1016 година. Тој бил сопруг на Косара, ќерката на цар Самоил. Над 20 портрети се откриени меѓу Охрид и Дебар главно од големите мајстори на Дебарската школа

ТРИЕСЕТТИНА ИЗЛОЖБЕНИ П А Н О А С Е П Р Е Т С ТА В Е Н И Н А ИЗЛОЖБА

ПОРТРЕТИТЕ НА СВ. ЈОВАН ВЛАДИМИР

Т

риесеттина изложбени паноа се претставени на изложба „Портретите на св. Јован Владимир во уметноста на Балканот од 17 до 20 век“, која денеска беше отворена во Македонската академија на науките и уметностите. На паноата се претставени портрети на св. Јован Владимир, одбрани од црквите во регионот. Изложбата ја подготви Сашо Цветковски од Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ, а ја отвори академик Цветан Грозданов, раководител на Центарот. Беше промовиран и каталог, во кој, како што рече Грозданов во обраќањето, се репродуцирани 80 портрети на св.Јован Владимир. - Јован Владимир е трагично загинат на Преспанското Езеро во 1016 година. Тој бил сопруг на Косара, ќерката на цар Самоил. Над 20 портрети се откриени меѓу Охрид и Дебар главно од големите мајстори на Дебарската школа. Во Елбасан се откриени десеттина портрети на св.Јован Владимир. Во Бугарија се откриени 11 портрети, а во Елбасан е сочуван најстариот портрет..., истакна

Грозданов. Изложбата е резултат на повеќегодишните истражувања на црковните споменици во Македонија, Алба15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

нија, Црна Гора, Грција (Света Гора) и во Бугарија и ќе биде презентирана и во неколку града во Македонија.


В О М А К Е Д О Н С К АТА А К А Д Е М И Ј А НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ  М А Н У  П Р О М О Ц И Ј А Н А К Н И ГАТА

– Книгата на Стаматоски е сведоштво за развојот на македонската филологија

"МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: ИДЕНТИТЕТ КОНТИНУИТЕТ – ДОИСКАЖУВАЊЕ"

К

нигата „Македонски јазик: идентитет континуитет – доискажување“ од Трајко Стаматоски денеска беше промовирана во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Промоторот Димитар Пандев рече дека книгата на Стаматоски ја отвора историската перспектива по која македонската филологија, преку доминантна културолошка нишка вгнездена во македонството, го пресозда-

ва тој мозаик во македонска јазична слика на светот и го извишува македонскиот јазик во својата изворна и стамена препознатливост на својата територија и во својот засведочен духовен простор, ја открива парадигмата личности кои го издигнале македонскиот јазик на рамниште на литературен од времето на Партениј Зографски, преку Мисирков и неговите претходници, до времето на Блаже Конески и неговите ученици. 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 807 / Декември 2016

– Книгата на Стаматоски е сведоштво за развојот на македонската филологија. Во неа има искористен простор за многу личности и дела стожерно градени во македонската државност. И предци и современици, додаде Пандев. Авторот Стаматоски рече „ние сите сме континуитет, ние ниту почнуваме ниту завршуваме, ние само сме дел од тој континуитет и затоа мојот наслов на книгата е таков каков што е“.


807  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you