Issuu on Google+

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 805, Октомври 2016

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Ч Е С Т И Т К А П О П О В ОД 11 О К ТО М В Р И  Д Е Н ОТ Н А Н А Р ОД Н ОТО В О С ТА Н И Е

MONTHLY EDITION

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

ГИ ПОЗДРАВУВА НАПОРИТЕ НА НАШИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРИЈАТЕЛИ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ НА КОНЕЧНА РАЗРЕШНИЦА НА ДОЛГОТРАЈНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА РЕАКЦИЈА ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА ГРЧКИТЕ ПОГРАНИЧНИ ВЛАСТИ СО СЛАВКО МАНГОВСКИ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Честитка по повод 11 октомври-Денот на Народното востание Почитувани, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод 75-годишнината од почетокот на Антифашистичкото востание и народноослободителната војна, на своите сограѓани од Прилеп, но и на сите граѓани во Македонија и Дијаспората, ја упатува следната честитка: Пред 75 години, на 11 октомври 1941, во срцето на Македонија, во Прилеп, Македонскиот народ покажа државотворен капацитет, силно и храбро порачувајќи му на светот дека ќе се избори за слободна, независна и демократска Македонија. Овој ден е наш паметник за мудрите одлуки што како народ сме ги донеле, застанувајќи на страната на сојузниците заедно борејќи се за најголемите човечки вредности како слободата и правото на иднина. Првата пушка во Прилеп, а потоа и во Куманово го означи почетокот на Македонското востание против фашизмот и ги зацврсти темелите на Македонската самостојност и независност. Нема никакво сомнение дека Денот на Народното востание е еден од нашите најважни Државни празници бидејќи претставува симбол на Македонскиот непокор, патриотизам, слободарски дух и борба за вистинските национални вредности. Горди сме на нашиот Прилеп кој секогаш бил предвесник на историските настани кои ја одбележуваат Македонската Државност. Наша обврска е да ги чуваме светите спомени на нашите браќа и сестри кои храбро ги положија животите за идеалите на Македонскиот народ и ги удрија темелите на модерната Македонска Држава. Наша обврска е и денес, одлучно и храбро да одговориме на сите предизвици кои на испит го ставаат духот и идентитетот на Македонскиот народ. Наша обврска е и денес да ја одбраниме иднината на Татковината! Јас силно верувам дека ќе успееме! Заедно ќе се избориме Македонија да продолжи да чекори на патот на развојот и просперитетот! Нека ни е честит Денот на Народното востание, Бог да ја чува Нашата Татковина!

\or|ija - Xorx Atanasoski


ИВАНОВ: На ОБСЕ, како што посочи шефот на државата, му беа потребни речиси четири долги години за да ја прифати реалноста на македонската државност и позитивно да одговори на нашето барање за членство. Иако бевме неправедно блокирани, потенцира македонскиот претседател, не се откажавме од ОБСЕ бидејќи длабоко верувавме во исправноста на принципите на демократијата, човековите права и слободи, правото на човечкото достоинс тво, почитувањето на меѓународното право и владеењето на правото како услов за добро владеење

ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛЕЗ ОД КРИЗАТА САМО АКО СЕ ДЕБЛОКИРААТ ИНТЕГРАЦИИТЕ

П

редвремените парламентарни избори ќе бидат излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат интеграциите на Република Македонија, порача претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на свечениот прием за учесниците на 15. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што се одржа во Музејот на македонската борба. Според Иванов, блокадата на европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија стана една од главните причини за постојаната политичка криза што, нагласи, кулминираше годинава и со тоа, последиците од блокадите станаа причини за нови блокади. Верувам дека предвремените парламентарни избори ќе бидат излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат интеграциите. Само со отворање на европските перспективи за македонските граѓани ќе се излезе од маѓепсаниот круг на политички кризи и недоверба, рече претседателот Иванов. На ОБСЕ, како што посочи шефот на државата, му беа потребни речиси четири долги години за да ја прифати реалноста на маке-

донската државност и позитивно да одговори на нашето барање за членство. Иако бевме неправедно блокирани, потенцира македонскиот претседател, не се откажавме од ОБСЕ бидејќи длабоко верувавме во исправноста на принципите на демократијата, човековите права и слободи, правото на човечкото достоинство, почитувањето на меѓународното право и владеењето на правото како услов за добро владеење. Не се откажавме, бидејќи ве03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

рувавме во ОБСЕ. Таа наша доверба и истрајност се исплатеше. Влогот и ангажманот на ОБСЕ во Македонија беше значаен. Ни помогна да достигнеме многу европски стандарди, критериуми и вредности. Благодарение на сето тоа, од корисник на услугите, денес, мојата држава е активен придонесувач во целите на Организацијата. И преку македонскиот модел на соживот и почитување на различноста, и преку добрососедските односи, рече претседателот Иванов на собирот.


Решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември годинава. „Со овој чин, а во согласност со правилата на претставничката демократија, мандатот повторно му го враќаме назад на народот кој впрочем е единствениот врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава“, изјави Вељановски

П

ретседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска согласно уставните и законските обврски го потпиша Решението за распишување на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември годинава. „Со овој чин, а во согласност со правилата на претставничката демократија, мандатот повторно му го враќаме назад на народот кој впрочем е единствениот врховен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава“, изјави Вељановски. Според него за време на овој предизборен период нашата татковина ќе го положи својот демократски испит на зрелоста и ќе се искачи на едно ново квалитативно ниво што впрочем претставува основна цел на сите политички субјекти. Пратениците вчера со 110 гласови „за“ ја донесоа Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија со што се отвора пат за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември согласно договорот на лидерите на четирите најголеми партии за надминување на политичката криза.

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А СО Б РА Н И Е ТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А : Сите пораки од нашите меѓународни сојузници во континуитет не предупредуваат дека на испит се ставени нашата државотворност, сувереност и сопствен општествено - политички капацитет да се справуваме со предизвиците како самостојна и демократска земја. Затоа, никој не смее да дозволи да се фрли било каква дамка на процесот кој претстои, што може да се третира како наша внатрешна слабост и нова шанса за дополнителни притисоци и злоупотреби за да се откажеме од најсветото – Македонскиот национален идентитет и Македонско име

В

о врска со вчерашното распуштање на 8-от состав на Собранието на Република Македонија, по што станува се поизвесно дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го изјавува следното: Во името на Македонската Дијаспора и политичката партија која ја претставувам Македонска Алијанса ја користам оваа прилика да упатам уште еден апел до четирите најодговорни политички партии да се однесуваат патриотски и во согласност со највисоките национални интереси. Сите пораки од нашите меѓународни сојузници во континуитет не предупредуваат дека на испит се ставени нашата државотворност, сувереност и сопствен општествено - политички капацитет да се справуваме со предизвиците како самостојна и демократска земја. Затоа, никој не смее да дозволи да се фрли било каква дамка на процесот кој претстои, што може да се третира како наша внатрешна слабост и нова шанса за дополнителни притисоци и злоупотреби за да се откажеме од најсветото – Македонскиот национален идентитет и Македонско име. Ја поздравувам одлуката за распуштање на Македонското Собрание. Искрено се надевам

УШТЕ ЕДЕН АПЕЛ ДО ЧЕТИРИТЕ НАЈОДГОВОРНИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ ПАТРИОТСКИ И ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЈВИСОКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

дека ова значи дека изборите дефинитивно ќе се одржат на 11 декември и нема да се изнаоѓаат оправдувања за ново одлагање. Тргнувајќи од фактот дека четирите лидери, потписници на политичкиот договор од „Пржино“ се согласија за исполнетоста на сите претпоставки за одржување на веродостојни избори на 11 декември, без разлика на реториката која ќе се користи во кампањата, сметам дека е неминовно да се заклучи дека конечно ќе се расчистат сите сомневања и обвинувања за наводни изборни нерегуларности. Тоа е здрав почеток на враќање на кредибилитетот на Државните институции. Наша обврска како активни 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

општествено политички чинители е да покажеме зрелост, капацитет и волја за институционална разрешница на кризата. Учесниците на изборите мора да знаат дека од начинот на кој ќе се однесуваме во предизборната кампања, особено на изборниот ден, ќе зависи дали изборниот резултат ќе биде верифициран од САД и ЕУ. Искрено верувам дека Татковината ќе продолжи да чекори по патот на економскиот просперитет обезбедувајќи сигурна иднина за генерациите Македонци кои доаѓаат. Сигурен сум дека после 11 декември Македонија ќе добие институции со потврден кредибилитет и сигурна поддршка, што е базичен предуслов за финиширање на кризата и гаранција дека ќе се реализираат суштинските реформи во неколку клучни области, кои несомнено за нашите меѓународни сојузници се однапред зацртан приоритет за Владата. Со среќа нека ни се изборите. Бог да ја чува нашата Татковина!


ХАН ВО СКОПЈЕ Хан вели дека изборите се многу важни за враќање на земјата на евроатлансткиот пат, но исто толку важни се и итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе. Според него многу е важно добро да се подготват и спроведат изборите во декември за после нив никој да нема забелешки. Еврокомесарот ги повика партиите да се погрижат Специјалното јавно обвинителство да работи без опструкции

ИЗБОРИТЕ СЕ ВАЖНИ, НО РЕФОРМИТЕ СЕ УШТЕ ПОВАЖНИ

Е

врокомесарот Јоханес Хан по завршувањето на средбите со лидерите на четирите најголеми политички партии, Специјалната јавна обвинтелка и дел од невладините организации истакна дека има напредок во поголем дел од реформите. Хан вели дека изборите се многу важни за враќање на земјата на евроатлансткиот пат, но исто толку важни се и итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе. Според него многу е важно добро да се подготват и спроведат изборите во декември за после нив никој да нема забелешки. Еврокомесарот ги повика партиите да се погрижат Специјалното јавно обвинителство да работи без опструкции. Од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека Хан и Груевски констатираа дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11- ти декември. „Груевски посочи дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти“, додаваат од ВМРО ДПМНЕ. На средбата меѓу Хан и лидерот на СДСМ, Зоран Заев се разговараше за актуелната политичка

ситуација во Македонија, за како што соопштија од СДСМ, беше нагласена потребата од реализација на сите договорени услови за организирање и спроведување на 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

договорените предвремени парламентарни избори, овозможување функционирање на правдата, како и за важните реформски процеси за демократизација на Македонија.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА Вчерашната изјава на Јоханес Хан, по завршувањето на средбите со потписниците на политичкиот договор од „Пржино“, техничкиот Премиер, Специјалната обвинителка, претставниците на НВО-секторот, потврдува: Прво, нема никаков сомнеж дека се исполнети сите претпоставки за одржување на веродостојни избори, со кои конечно ќе се расчистат сите сомневања и обвинувања за наводни изборни нерегуларности

В

о врска со посетата на Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика, Јоханес Хан на Македонија, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното: Македонската Алијанса ги поздравува напорите на нашите меѓународни пријатели за изнаоѓање на конечна разрешница на долготрајната политичка криза. Посетата на Јоханес Хан во рокот за распуштање на Собранието и јасно изразениот интерес за доследно почитување и спроведување на последната фаза од договореното од „Пржино“ е уште една потврда дека Европската Комисија сака да ја задржи Македонија на стратешкиот колосек. Вчерашната изјава на Јоханес Хан, по завршувањето на средбите со потписниците на политичкиот договор од „Пржино“, техничкиот Премиер, Специјалната обвинителка, претставниците на НВОсекторот, потврдува: Прво, нема никаков сомнеж дека се исполнети сите претпоставки за одржување на веродостојни избори, со кои конечно ќе се расчистат сите сомневања и обвинувања за наводни изборни нерегуларности. Второ, јасно е дека меѓународната заедница очекува дека

ГИ ПОЗДРАВУВА НАПОРИТЕ НА НАШИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРИЈАТЕЛИ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ НА КОНЕЧНА РАЗРЕШНИЦА НА ДОЛГОТРАЈНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА

ние самите ќе покажеме капацитет и искрена политичка волја за институционална разрешница на кризата, што уште повеќе наведува дека од нашиот однос во кампањата, особено на денот на изборите зависи дали изборниот резултат ќе добие верификација од САД и ЕУ. Трето, политичкиот договор од „Пржино“, останува обврзувачка рамка за потписниците, преку која се обезбедува гаранција дека ќе се спроведат суштинските реформи во неколку клучни области, кои несомнено за нашите меѓународни сојузници се однапред 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

зацртан приоритет за идната Влада. Македонската Алијанса уште еднаш ги повикува лидерите на четирите политички партии, потписници на договорот од „Пржино“, да се однесуваат во согласност со највисоките национални интереси. Никој не смее да дозволи да се фрли било каква дамка на процесот кој претстои, што ќе се третира како наша внатрешна слабост и нова шанса за дополнителни притисоци и злоупотреби за да се откажеме од најсветото – Македонскиот национален идентитет и Македонско име. Актуелната политичка агонија мора да заврши. Сите пораки од нашите меѓународни партнери упатуваат на заклучокот дека на испит се ставени нашата државотворност, сувереност и сопствен општествено - политички капацитет да се справуваме со предизвиците како самостојна и демократска земја.


Ж Б О ГА Р : Декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, тест за зрелоста, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници за медиумите“, истакна Жбогар говорејќи на денешната конференција насловена „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“. Евроамбасадорот потенцира дека политичките партии играат клучна улога во демократиите и ја реализираат волјата на граѓаните. „Јас сум оптимист и би сакал да заклучам дека навистина верувам дека со силна политичка заложба и напори од сите релевантни фактори, граѓанското општество и граѓаните проблемите ќе се разрешат и кризата ќе заврши“, порача евроамбасадорот Жбогар

"

ФЕР КАМПАЊА И КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ КЛУЧНИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КРИЗАТА

Ф

ер кампања и кредибилни избори во декември се клучен чекор кон разрешување на политичката криза во земјата“, порача денеска шефот на Делегацијата на Европската унија Самуел Жбогар, оваа криза им нанесе сериозен удар не само на политичкиот систем, туку и на самите темели на владеењето на правото и демократскиот поредок и ја парализира земјата веќе предолго. „Декемвриските избори ќе бидат тест за одговорноста, тест за зрелоста, за нејзините лидери, за нејзините институции, за јавните службеници за медиумите“, истакна Жбогар говорејќи на денешната конференција насловена „Напредни методи за мониторинг на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“. Евроамбасадорот потенцира дека политичките партии играат клучна улога во демократиите и ја реализираат волјата на граѓаните. „Јас сум оптимист и би сакал да заклучам дека навистина верувам дека со силна политичка

заложба и напори од сите релевантни фактори, граѓанското општество и граѓаните проблемите ќе се разрешат и кризата ќе заврши“, порача евроамбасадорот Жбогар. Пратениците вчера со 110 гласови „за“ ја донесоа Одлуката за 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

распуштање на Собранието на Република Македонија со што се отвора пат за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември согласно договорот на лидерите на четирите најголеми партии за надминување на политичката криза.


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Македонската Алијанса најостро го осудува срамното однесување на Грчките власти, кои надвор од нормите на Европското закондавство, насилнички и своеволно си направиле таканаречена црна листа на непожелни Македонци, која во зависност од дневно политичките потреби на нивниот радикализам, од време на време се проширува

РЕАКЦИЈА ЗА ИНЦИДЕНТОТ НА ГРЧКИТЕ ПОГРАНИЧНИ ВЛАСТИ СО СЛАВКО МАНГОВСКИ

В

о врска со најновите провокации од Грчките погранични власти кои на преминот Меџитлија/Негочани му забраниле влез на Славко Манговски кој е меѓународен координатор на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната писмена реакција: Македонската Алијанса најостро г�� осудува срамното однесување на Грчките власти, кои надвор од нормите на Европското закондавство, насилнички и своеволно си направиле таканаречена црна листа на непожелни Македонци, која во зависност од дневно политичките потреби на нивниот радикализам, од време на време се проширува. Со одлуката да се забранува влез на Македонци со двојни државјанства, само заради тоа што на некаков начин се поврзани со децата бегалци од Егејска Македонија или ги бранат правата на Македонците кои живеат таму, Гр чките власти уште еднаш прават директен и брутален атак на основните врености и принципи на кои е основана Европската Унија. Што е „гревот“ на Славко Манговски? Тоа што ја зборува вистината, дека една земја членка на ЕУ како Грција го негира и повредува правото на самоопределување, правото на име и сопс-

твен национален идентитет на Македонија и Македонскиот народ? Затоа што бара од официјална Атина да ги почитува Конвенциите за човекови права и да го признае постоење на Македонски народ? Провокацијата на Грчките погранични власти е уште поголема затоа што Славко Манговски поседува Американска патна исправа и според официјалното известување на Грчките погранични власти, тој не сторил никаков инцидент. Ова не е прв пат! Претходно, во април оваа година на нашата меѓународно позната музичка група „Љубојна“ своеволно и дрско и беше забранета посета на Воден и учество на прославата на весникот „Нова Зора“ иако само неколку дена претходно истата група учествуваше на Балкан Фест во Солун. На мене лично пред три години Грчките власти ми забранија влез заради тоа што во мојот Американски пасош стои Уставното име на Татковината, за што официјално го информирав Стејт Департментот. 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

Македонската Алијанса дава силна поддршка на Македонците од Егејска Македонија. Јаловиот Грчки национализам не може да ја смени историјата и да го избрише постоењето на Македонија и Македонскиот народ. Ние како Држава мора јасно да ставиме до знаење дека нема да останеме неми на ваквите испади и провокации кои наместо да ги унапредуваат, ги уназадуваат односите меѓу двете соседни земји. Уште еднаш ги повикуваме сите релевантни политички партии во Татковината да застанат зад иницијативата официјално да се замрзнат сите разговори за таканаречените мерки за доверба се додека официјална Атина не го смени својот негаторски и понижувачки однос кон Македонија. Македонската Алијанса го повикува Алексис Ципрас јавно да се огради од ваквите постапки на Грчките гранични власти. Заедно со официјалноизвинување за сите испади на Павлопулос, Коsиас и К аменос, Грчкиот Премиер ќе покаже дека растечкиот средновеко вен иредентизам кон Македонија не е државна стратегија на Грција. Македонската Алијанса ја повикува Европската Унија да стави крај на неодговорното однесување на Грчките власти кои со листата на непожелни Македонци, кои дури имаат пасоши од САД, Канада и Австралија, прекршуваат повеќе меѓународни конвенции.


CAR SAMUIL (970-1014 GODINA)

GO OSNOVAL MAKEDONSKOTO CARSTVO SO ISTITE GRANICI KAKO OD VREMETO NA FILIP II . HRABAR I UMEN VOIN, KOJ JA PODIGNAL MAKEDONIJA NA POVISOK STEPEN VO PRAVOSLAVNIOT SVET. VO NEGOVO VREME OHRIDSKATA ARHIEPISKOPIJA PO KANONSKI ZAKONI E UNAPREDENA VO PATRIJAR[IJA.


PRAVATA VISTINA ZA KORENITE NA

MAKEDONSKATA IMPERIJA OD VREME


A MAKEDONIJA I NA MAKEDONCITE

ETO NA ALEKSANDAR III MAKEDONSKI


ММФ во најновиот есенски извештај ги задржа непроменети предвидувања за Македонската економија, која годинава ќе ја заврши со раст од 2,2%, а за наредната се прогнозира 3,5% раст. БДП на Црна Гора според проекците на ММФ оваа година ќе изнесува 5,1%, а за наредната година проекцијата е намалена на 3,6%

СПОРЕД ЕКОНОМСКИТЕ ПРОЦЕНКИТЕ НА ММФ ЗА БАЛКАНОТ

МАКЕДОНИЈА ВО ЗЛАТНАТА СРЕДИНА, А ЦРНА ГОРА НАЈДОБРА

Е

кономијата на Македонија е во златната средина на Балканот, покажуваат последните проекции на Меѓународниот монетарен фонд, според кои за Црна Гора оваа година се очекува да има најголем, а Хрватска најмал економски раст. ММФ во најновиот есенски извештај ги задржа непроменети предвидувања за Македонската економија, која годинава ќе ја заврши со раст од 2,2%, а за наредната се прогнозира 3,5% раст. БДП на Црна Гора според проекците на ММФ оваа година ќе изнесува 5,1%, а за наредната година проекцијата е намалена на 3,6%. Фондот исто така ја потврди проценката за раст на српската еконимија за оваа година на 2,5%, додека за наредната година за нашиот северен сосед е пред-

виден раст на економијата од 2,8%. Економскиот раст на Хрватска оваа година ќе изнесува 1,9% во 2017 година и 2,1% следната година, додека очекувањата за Романија се дека до крајот на годинава ќе забележи раст на економијата за 5%, и 3,8% следната година. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 Октомври 2016

Босна и Херцеговина пак според проекциите на ММФ оваа година очекува раст на економијата од 3% и 3,2% догодина. За целата група на европски земји во развој, во која спаѓа и Македонија, Фондот за годинава предвидува раст од 3,3%, а за наредната година проекциите се 2,1.


Се дебатираше за одржливоста на енергенсите и можноста да се користат обновливи извори на енергија според примерот на нордиските земји кои планираат 100 проценти да се снабдуваат со одржлива енергија. Се зборуваше за циркуларната економија, термин кој означува револуција во индустриската економија преку намалување на отпадот и избегнување на загадувањето. Експерт од ЕУ зборуваше за трансформирање на градовите во паметни градови според примерот на неколку европски центри

НАД 250 ГОСТИ ПРОСЛЕДИЈА ДИСКУСИИ ЗА ЕКОНОМСКИОТ НАПРЕДОК НА МАКЕДОНИЈА

ВО СКОПЈЕ ПОЧНА ПЕТТИОТ САМИТ НА МАКЕДОНИЈА 2025

В

о Скопје на 20 октомври започна петтиот Самит на Македонија 2025, каде над 250 гости проследија дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерениот индекс составен од Македонија 2025 во соработка со МекКинзи. Присутните во текот на дводневниот Самит имаа можност да слушнат за најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновации и технологија. Се дебатираше за одржливоста на енергенсите и можноста да се користат обновливи извори на енергија според примерот на нордиските земји кои планираат 100 проценти да се снабдуваат со одржлива енергија. Се зборуваше за циркуларната економија, термин кој означува револуција во индустриската економија преку намалување на отпадот и избегнување на

загадувањето. Експерт од ЕУ зборуваше за трансформирање на градовите во паметни градови според примерот на неколку европски центри. За првпат беше претставена програмата на Европската вселенска агенција и можноста приватниот сектор да се вклучи во нивнитге истражувања. Беа 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

презентирани и најновите светски технолошки достигнувања како емоционално инженерство, телездравје и развој на интелигентна комуникација помеѓу машини. Самитот беше на тема Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите.


ВО ОХРИД Претседателот Иванов ја истакнал потребата од натамошно интензивирање и збогатување на односите меѓу Македонската православа цркваОхридска архиепископија и Руската православна црква, како и воопшто на релациите меѓу македонскиот и рускиот народ, кои ги поврзува богата заедничка историја

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ СЕ СРЕТНА СО РУСКИОТ ЕПИСКОП ТИХОН

П

ретседателот Ѓорге Иванов, на 3 октомври во Вила Билјана во Охрид го прими епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија, кој престојува во посета на Република Македонија. На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за односите меѓу Македонската православна црква Охридска архиепископија и Руската православна црква, како и за севкупните состојби во православието. Претседателот Иванов ја истакнал потребата од натамошно интензивирање и збогатување на односите меѓу Македонската православа црква Охридска архиепископија и Руската православна црква, како и воопшто на релациите меѓу македонскиот и рускиот народ, кои ги поврзува богата заедничка историја. Во тој контекст, македонскиот претседател ја потенцирал мисионерската и учителска улога на многубројните проНа средбата епископ Тихон светители кои доаѓаат од овие пренел поздрави од патријархот простори во културниот развој на Руската Православна Црква, на сите словенски народи. Кирил I до претседателот Ива16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

нов и истакнал дека Охрид и Македонија имаат значајна улога во ширењето на православието.


МАИЕ ВО КОРЧА ДИЈАСПОРА На промоцијата во Градската библиотека во Корча присуствуваа и македонскиот амбасадар во Тирана Стојан Карајанов, градоначакникот на општина Пустец Едмонд Темелко, претставници од институции на градот домаќин и голем број наши сонародници, активисти и други заинтересирани од повеќе места на Мала Преспа

ОРГАНИЗИРАШЕ ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ ОД СПАСЕ МАЗЕНКОВСКИ И ИЦО НАЈДОВСКИ

В

о организација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Корча, Република Албанија беа промовирани книгите „Куса историја на македонскиот народ“ од Спасе Мазенковски од Мала Преспа и„Македонско австралиски народен сојуз“ (Македонците во Австралија) од др Ицо Најдовски Перин од Мелбурн. На промоцијата во Градската библиотека во Корча присуствуваа и македонскиот амбасадар во Тирана Стојан Карајанов, градоначакникот на општина Пустец Едмонд Темелко, претставници од институции на градот домаќин и голем број наши сонародници, активисти и други заинтересирани од повеќе места на Мала Преспа. За книгата на Мазенковски зборуваше Васил Стерјовски, кој истакна дека ова е значаен труд објавен на албански јазик и додаде оти тамошните читатели имаат можност што поизворно да се запознаат со историските врвици на македонскиот народ од дамнина.

Во научноистражувачкото дело „Македонскоавстралиски народен сојуз“ (Македонците во Австралија) од др Ицо Најдовски Перин претставени се многу документи, факти и искази, а дел од нив и првпат публикувани. Авторот го обработува повеќедецениското самоорганизирање 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

на нашите иселеници на петтиот континент, чии конкретни и значајни акции и дела ширум земјата, ги вброија Македонците меѓу угледните и респектирани етникуми во мултикултурна Австралија. Книгата ја претставија дипломатот Ристо Никовски и новинарката Фиданка Танаскова.


Според уметникот, дрворезот како ликовна техника има посебна убавина која го разликува од останатите техники. Неговата специфичност произлегува првенствено од медиумот – дрвото, кое потекнува од живиот свет и кое повторно оживува во процесот на неговото преобликување во уметничко дело

В О ГА Л Е Р И Ј АТА „ К О  РА “ О Т В О Р Е Н А Е 1 8  ТА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКИОТ АКАДЕМСКИ С Л И К А Р ЉУ П Ч О Б О Ј А Р О В

"СВОД - СОНЦЕ ВО ДРВО ДРВО""

В

о галеријата „Ко-ра“ отворена е 18-та самостојна изложба на македонскиот академски сликар Љупчо Бојаров, кој е добитник на бројни награди, а минатата година доби награда за најдобра графика на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. На изложбата, насловена „Свод - сонце во дрво“ се претставени околу 30 графики на Бојаров изработени во дрворез... Според уметникот, дрворезот како ликовна техника има посебна убавина која го разликува од останатите техники. Неговата специфичност произлегува првенствено од медиумот – дрвото, кое потекнува од живиот свет и кое повторно оживува во процесот на неговото преобликување во уметничко дело. Оваа самостојна изложба на Љупчо Бојаров е во рамките на соработката помеѓу ЈУДомот на култура

„Кочо Рацин“ од Скопје и ДЛУМ со која се успешно реализирани повеќе проекти- групни изложбите 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

„Експериментален цртеж“ и „ДЛУМ ГРАФИКА“ како и самостојната изложба на Иван Јанев од Р.Бугарија.


Изложбата, во која ќе учествуваат и виничките теракоти, е насловена „Религиите во големите империи“. Ќе биде отворена во октомври 2017 и ќе трае до јануари 2018 година, а за македонското претставување ќе биде задолжен Археолошкиот музеј на Македонија. Робертс истакна дека изложбата ќе го прикаже растот на големите религии: христијанството, исламот, јудаизмот, будизмот и хиндуизмот

евет средновековни теракотни икони од Виничкото кале идната година ќе бидат дел од големата изложба на Музејот за уметност и археологија „Ашмолијан“ при Универзитетот во Оксфорд... Презентацијата е една од активностите за соработка меѓу овој британски музеј и Министерството за култура на Република Македонија, за што во Скопје Меморандум потпишаа Пол Робертс, програмски директор во „Ашмолијан“ и министерката за култура Елизабета КанческаМилевска. Изложбата, во која ќе учествуваат и виничките теракоти, е насловена „Религиите во големите империи“. Ќе биде отворена во октомври 2017 и ќе трае до јануари 2018 година, а за македонското претставување ќе биде задолжен Археолошкиот музеј на Македонија. Робертс истакна дека изложбата ќе го прикаже растот на големите религии: христијанството, исламот, јудаизмот, будизмот и хиндуизмот. Драго ми е што во прикажувањето на различ-

Д

ДЕВЕТ СРЕДНОВЕКОВНИ Т Е РА КО Т Н И И КО Н И ОД ВИНИЧКОТО КАЛЕ

ИЗЛОЖБА НА ТЕРАКОТНИТЕ ИКОНИ ОД ВИНИЧКОТО КАЛЕ

ните религии и периоди, покрај Велика Британија и Франција, ќе биде вклучена и Македонија и идната година на нашата изложба ќе донесеме девет прекрасни теракотни икони од локалитетот кај Виница. Тие ќе бидат многу важен дел од изложбата затоа што го илустрираат моментот кога уметноста на христијанството станува цврста, се кристализира, а тие се најдобри примери што го покажуваат тоа. Имате музеј во Скопје и други музеи низ 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

Македонија кои имаат големо богатство за кое луѓето во Велика Британија во моментов не знаат. Но по изложбата следната година, ќе знаат - рече Робертс. Тој за време на престојот во Македонија посетил неколку музеи и локалитетите Скупи и Стоби. Рече и дека очекува по изложбата догодина да бидат отворени уште многу други можности за соработка со музеите во Македонија, како конференции, изложби, размени...


Ова беше второ претставување на Театарот од Битола на Меѓународниот театарски фестивал за алтернативен театар „АККО“, на кој учествуваат уметници од целиот свет, по минатогодишниот успех на претставата „Среќен крај“ во режија на Благој Мицевски. Театарските познавачи не го криеја воодушевувањето од интензивната режија, современата актерска игра и специфичната претстава како полн погодок за театарската публика

СО БУРЕН АПЛАУЗ ВО АККО, И З РА Е Л , Б Е Ш Е П О З Д РА В Е Н А И З В Е Д Б АТА Н А П Р Е Т С ТА В АТА

"ОТЕЛО" НА БИТОЛСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР ВО АККО, ИЗРАЕЛ

С

о бурен аплауз во Акко, Израел, беше поздравена изведбата на претставата „Отело“ на битолскиот Народен театар во режија на Словенецот Диего де Бреа, меѓународно гостување кое се реализираше со поддршка од Министерството за култура. Ова беше второ претставување на Театарот од Битола на Меѓународниот театарски фестивал за алтернативен театар „АККО“, на кој учествуваат уметници од целиот свет, по минатогодишниот успех на претставата „Среќен крај“ во режија на Благој Мицевски. Театарските познавачи не го криеја воодушевувањето од интензивната режија, современата актерска игра и специфичната претстава како полн погодок за театарската публика. Претставата „Отело“ веќе втора година е на репертоарот на Театарот во Битола и ја имаше својата 30-та изведба, но и понатаму го привлекува вниманието на театарските селектори во регионот и пошироко. Со битолскиот театар Диего де Бреа ја постави и претставата „Злосторство и казна“ годинава и токму поради специ-

фичниот театарски јазик, кој ги надминува јазичните бариери, предизвикува огромно внимание и најверојатно ќе го претставува овој театар на светските сцени. Театарот од Битола во последните години со поканите што ги добива 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

од значајни театарски фестивали и светски културни центри е голем промотор на македонската театарска естетика на светските сцени. Идниот месец, Битолскиот театар ќе реализира гостување и во Соединетите Американски Држави.


ИЗЛОЖБА ПОД НАСЛОВ На изложбата се покажани 13 скулптури изработени во стандардна керамичка техника, енгоба и глазура, печени на 1.100 целзиусови степени, како и една скулптура изработена во порцелан. Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година

"ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС"

И

во порцелан. Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година. Дипломира во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Во периодот од 2003 - 2008 година работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Од 1995-2015 година учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет, а има и тринаесетина самостојни изложби. Учест21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

вува на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство. Добитник е на трета награда за млад автор на Петтото интернационално биенале за керамика, Каиро, Египет (Бронзена плакета), награда за скулптура „Јордан Грабул“ на ДЛУМ, награда за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ - ДЛУМ.


СО КОНЦЕРТОТ В О С ТА РА П А З О В А Во рамките на турнејата имаа настапи и во Полска со два концерти во Здунска Вола и Варшава, информира претседателот на КУД „Дримкол“ Тошо Чочороски

"ДРИМКОЛ" ОД ВЕВЧАНИ НА ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА

С

о концертот во Стара Пазова, КУД „Дримкол“ од Вевчани ја почна 10дневната турнеја со цел презентација и промоција на Македонија преку фолклорната култура и традиција во Вилнус, Литванија. Во рамките на турнејата имаа настапи и во Полска со два

концерти во Здунска Вола и Варшава, информира претседателот на КУД „Дримкол“ Тошо Чочороски. Публиката, нагласи тој, имаше можност да се воодушевува со традиционалните македонски игри, изворни песни и носиите од нашите краишта. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 805 / Октомври 2016

– Со оваа турнеја КУД „Дримкол“ уште еднаш го потврдува својот статусамбасадор на вевчанската и македонската култура и традиција и верно ја оддржува својата мисија и промоција на Македонија низ светот, истакна Чочороски.



805