Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 799, Април 2016

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ХРИС ТОС ВОСКРЕСНА, НАВИС ТИНА ВОСКРЕСНА!


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упатува честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, и до сите православни верници во Република Македонија Почитувани, Дозволете ми Вам лично, на членовите на Синодот, на Вашето ценето свештенство и монаштво како и на сите православни верници во Република Македонија, да Ви упатам срдечна честитка по повод големиот христијански празник, Воскресение Христово ВЕЛИГДЕН со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и спокојство во празничните денови. Нека Бог не чува и нека ни помогне во сите наши искушенија, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. Нека и овој Велигден биде патоказ дека сплотени можеме да ги надминеме сите голготи и предизвици да бидеме правични и да го чуваме единството, \духовното и националното, за доброто на нашата Татковина. Нека ни е за многу години празникот! Христос Воскресе!

\or|ija - Xorx Atanasoski


АТА Н А С О С К И : Јасно е дека сите напори на Амбасадорот на САД, Џес Бејли, се исклучиво во функција на обезбедување на стабилна иднина и просперитетен развој на Македонија, што несомнено е брз прием на Татковината во НАТО Алијансата“, истакна претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски коментирајќи ја изјаваѕа на амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој по повод Денот на НАТО, изјави дека сега е моментот конечно да се пресече јазолот за името

САД НЕМА ДА ДОЗВОЛИ МАКЕДОНИЈА ДА СКРШНЕ ОД СВОЈОТ СТРАТЕШКИ КОЛОСЕК

М

акедонската Алијанса го поздравува вниманието, напорите и стручната помош, која администрацијата на САД ја посветува за конечна разрешница на долготрајната политичка криза во Татковината. „Тоа е најдобар показател дека САД како наш најголем сојузник нема да дозволи Македонија да скршне од својот стратешки колосек. Јасно е дека сите напори на Амбасадорот на САД, Џес Бејли, се исклучиво во функција на обезбедување на стабилна иднина и просперитетен развој на Македонија, што несомнено е брз прием на Татковината во НАТО Алијансата“, истакна претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски коментирајќи ја изјаваѕа на амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој по повод Денот на НАТО, изјави дека сега е моментот конечно да се пресече јазолот за името. Фактот што за период од две недели двајца високи функционери на владејачката Грчка партија „Сириза“, пратеникот Макис Балаурас и министерот Јанис Музалас, се охрабрија јавно да застапуваат став дека името Македонија е можно и прифатливо решение за повеќедеценискиот спор, сметаме дека е непосреден повод за вчерашната оценка на Амбасадорот на САД, Џес Бејли. „Веруваме дека изјавите на функционерите на „Сириза“ се добар

показател дека во моментов постои потенцијал за одредени промени во позитивна насока во Грчката надворешна политика по прашањето за Македонија. Истовремено, ние во неколку наврати предупредивме дека како Држава не смееме самите да си пукаме во нога и да дозволиме нашата внатрешна слабост да биде злоупотребена од иредентистичките и националистички структури кај нашиот јужен сосед за дополнителен притисок за да се откажеме од најсветото – Македонскиот национален идентитет и Македонско Уставно име“, пишува во реакцијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Македонска алијанса смета дека заради иднината на Татковината е неопходно да има брза и конечна разрешница на долготрајната политичка криза. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: „Како прв Американски Амбасадор во Македонија, Кристофер Хил е многу добар познавач на менталитетот на Македонскиот народ, и затоа неговата констатација дека Македонија никогаш нема да го смени уставното име е со особена тежина и претставува вистинска порака до сите оние кои секојдневно со уцени, закани и блокади се обидуваат да издејствуваат откажување од нашето вековно име и идентитет. Дополнително, исклучително важно е што влијателниот поранешен дипломат, користејќи го своето огромно искуство, јасно порачува дека во разговорите во Грција е потребно да се најде решение кое ќе го отвори патот во Евроатланските интеграции без менување на Уставното име“, изјави претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ НЕМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА

М

акедонската Алијанса ја поздравува изјавата на Кристофер Хил, на првиот Амбасадор на САД во Македонија, дека Македонците нема да го сменат името. Според партијата тој со своите ставови уште еднаш го реафирмира стратешки важното покровителство кое САД го има кон Татковината. „Како прв Американски Амбасадор во Македонија, Кристофер Хил е многу добар познавач на менталитетот на Македонскиот народ, и затоа неговата констатација дека Македонија никогаш нема да го смени уставното име е со особена тежина и претставува вистинска порака до сите оние кои секојдневно со уцени, закани и блокади се обидуваат да издејствуваат откажување од нашето вековно име и идентитет. Дополнително, исклучително важно е што влијателниот поранешен дипломат, користејќи го своето огромно искуство, јасно порачува дека во разговорите во Грција е потребно да се најде решение кое ќе го отвори патот во Евроатланските интеграции без менување на Уставното име“, изјави претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Според Македонската алијанса, Хил беше активно вклучен во потпишувањето на Времената спогодба во 1995 година, која нашиот јужен сосед, согласно пресудата а Меѓународниот

Суд во Хаг, ја прекрши во 2008 година кога го спречи приемот на Македонија во НАТО. „Нашите позиции се многу јасни, преговори за името и идентитетот нема и не може да има. Македонија била, е’, и ќе остане Македонија“, истакнува Атанасоски. Македонска Алијанса е длабоко убедена дека се повеќе меѓународни фактори, пријатели и сојузници ја прифаќаат и подржуваат реалноста дека Македонскиот народ никогаш нема да се согласи да ја плати највисоката цена за членството во Европската Унија и НАТО Алијансата. „Во името на Македонската дијаспора изразуваме благодарност што големиот пријател на Македонија, Кристофер Хил, уште еднаш покажа 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

дека нема никакви отстапки или потенцијал за осцилации во надворешната политика на Американската администрација, која и покрај сите предизвици, непоколебливо опстојува на својот став за признавање и употреба на Уставното име на Република Македонија. Овој исклучително позитивен пристап од најмоќната земја во светот кон Македонскиот народ беше, и се’ уште е, дополнителен мотив и за многу други Држави во светот да ја подржат нашата борба за праведност и остварување на универзалното демократско право на самоопределување, кое го ужива речиси секоја земја членка на ООН“, додаде претседателот на Македонската алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.


ДИК: Државната изборна комисија синоќа на седница донесе заклучок дека врз основа на досегашната работа на овој состав и врз основа на одредбите од Изборниот законик, е подготвена законски, совесно и транспарентно да ги спроведе сите изборни дејства за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни 2016 година ржавната изборна комисија синоќа на седница донесе заклучок дека врз основа на досегашната работа на овој состав и врз основа на одредбите од Изборниот законик, е подготвена законски, совесно и транспарентно да ги спроведе сите изборни дејства за предвремените парламентарни из-

Д

ИСПОЛНЕТИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ бори закажани за 5 јуни 2016 година. Заклучокот е усвоет со шест гласа „За“, додека претседателот на комисијата Александар Чичаковски и двајцата членови од опозициксата партија СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума ја напуштија седницата пред да се гласа за заклучокот. Претседателот на ДИК Чичаковски изјави дека Коми-

сијата технички била подготвена за спроведување на избори и на 24 април, и дека и сега технички е подготвена, но сепак треба да се направат уште активности за спроведување на предвремените избори закажани за 5 јуни. Денеска Државната изборна комисија треба да го утврди роковите за изборните дејства.

ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ИЗБОРИТЕ ЗА 5 ЈУНИ

П

ретседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска потпиша Решение за распишување предвремени парламентарни избори. „Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. Решението за распишување на изборите го доставив до Др-

жавната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите, до Министерството за 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

правда и Министерството за надворешни работи“, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот на Собранието. Вељаноски изрази уверување дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера. „Секој од нас на 5 јуни ќе го оствари своето право да гласа, односно да ја даде својата доверба на оние политички субјекти во кои верува дека ќе можат да остварат стабилна сегашност и подобра иднина“, додава Вељаноски.


Б Е Ј Л И И О РА В : Амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, во заедничка писмена изјава ги повикаа политичките лидери во Македонија да го спроведат тоа што го потпишаа и да обезбедат услови за кредибилни избори

А

мбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав, во заедничка писмена изјава ги повикаа политичките лидери во Македонија да го спроведат тоа што го потпишаа и да обезбедат услови за кредибилни избори. „ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање на услови за кредибилни избори. Ова подразбира

ТРЕБА МНОГУ ДА СЕ РАБОТИ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ

прочистување на Избирачкиот список, спречување на било каква форма на заплашување или притисок врз гласачите, и обезбедување на фер медиумско покривање. Извесен прогрес е направен на овие полиња, но останува уште многу работа. Тоа е одговорност, не само на државните институции да подготват кредибилни избори, туку и на политичките партии. На 6 април се пропушти таква можност“, пи06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

шуваат амбасадорите Орав и Бејли. ЕУ и САД ја поздравуваат работата на Државната изборна комисија и напорите на граѓанскиот сектор во постигнувањето на оваа цел. „Ќе продолжиме одблиску да го следиме развојот на настаните и да ги споделуваме нашите погледи“, е додадено во заедничката изјава на амбасадорите Орав и Бејли.


„Земајќи ја предвид тековната криза во Украина, постојаната закана од екстремната сунитска групација Исламска држава, како и бегалската криза, Обединетата македонската дијаспора верува дека од суштинско значење за САД и НАТО е да ја одржат политиката на „отворени врати” и да упатат покана на Македонија за членство во Алијансата на самитот во Варшава во јули годинава“, се наведува во извештајот

М

акедонија докажа дека го заслужува статусот на рамноправна земјачленка на НАТО. Ветото од страна на Грција беше бесправно и спротивно на нејзините обврски од Времената спогодба на Обединетите нации од 1995та, како резултат на што, земјите- членки на НАТО мораат да интервенираат и да ја спречат Грција во намерата за натамошно попречување на членството на Македонија во НАТО и конечно да дозволи Македонија да го стекне своето заслужено полноправно членство. Ова меѓу другото се наведува во најновиот извештај на Обединетата македонска дијаспора за членството на Македонија во НАТО. „Земајќи ја предвид тековната криза во Украина, постојаната закана од екстремната сунитска групација Исламска држава, како и бегалската криза, Обединетата македонската дијаспора верува дека од суштинско значење за САД и НАТО е да ја одржат политиката на„отворени врати” и да упатат покана на Македонија за членство во Алијансата на самитот во

МАКЕДОНИЈА ДОКАЖА ДЕКА Г О З А С Л У Ж У В А С ТАТ У С О Т Н А РА М Н О П РА В Н А З Е М Ј А  Ч Л Е Н К А Н А Н АТО

НОВ ИЗВЕШТАЈ НА ОМД ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Варшава во јули годинава“, се наведува во извештајот. ОМД порачува дека Македонија стори се што е потребно, сега е време на НАТО да го стори истото. Дијаспората ги охрабрува 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

сите членови и поддржувачи на членството на Македонија во НАТО да го дистрибуираат извештајот ширум светот, со цел случајот на добие на внимание и јавен интерес во Соединетите американски држави и Европа.


М А К Е Д О Н С К АТА А Л И Ј А Н С А „За намалување на притисокот што го имаме на границата со Грција нашиот дневен пропуст на мигранти ќе зависи од тоа колку ќе бидат примени од земјите на Европската унија. За нас од исклучителна важност е да обезбедиме хуман третман и прием на овие луѓе, но не помалку важно е да ги заштитиме македонските полицајци и граѓани“, истакна Спасов. Според министерот, поради ненавременото информирање за протокот на мигрантите во инцидентот пред два дена имаше еден повреден полицаец

М

акедонската Алијанса изразува длабоко жалење за голготата низ која минуваат бегалците во обид да пронајдат втора шанса за достоинствен живот. Нивните тажни судбини, заради кои страдаат и жени и деца, не смеат да бидат злоупотребени од никого. „Сметаме дека е целосно недозволиво активисти на Грчки невладини организации повторно да делат флаери на арапски јазик и да ги подбуцнуваат бегалците со директен судир со припадниците на Македонската полиција и армија насилно да се обидуваат да влезат во Македонија, ризикувајќи ги своите животи“, соопшти партијата. Македонската Алијанса го повикува грчкиот претседател Прокопис Павлопулос да престане со своите неосновани критики кон Македонија, во врска со кој се спречи обидот за упад на поголем број на бегалци на Македонска територија, кај Идомени. „Грција како земја членка на ЕУ и НАТО има обврска да дејствува превентивно и да спречи инциденти и насилство. Никој не може да ја убеди меѓународната јавност

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА ПАВЛОПУЛОС ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ СО МИГРАНТИТЕ КАЈ ГРЧКАТА ГРАНИЦА дека Грчките власти не знаеле за активностите на Грчките НВО-а. Дополнително, пред неполн месец во сличен инцидент кај селото Моин, Гевгелија, тројца бегалци, меѓу кои и бремена жена, во обид нелегално да ја поминат границата, ги загубија своите животи. И тогаш, Грчки НВО-а со премолчено одобрување на полицијата со флаери ги подбуцнуваа бегалците насилно да влезат во Македонија“, изјави претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Споре Македонската Алијанса ова неодговорно однесување е недостојно за земја членка на Европска Унија, која наместо да се однесува според претходно утврдените правила и принципи, сака себеси да се претстави како жртва подмолно обидувајќи се да го наруши меѓународниот углед на Македонија. „Сигурни сме дека само смиреноста на припадниците на Македонската армија и полиција спречило поголем инцидент со драматични жртви. Воопшто, не е случајно што се повредени 23 припадници на безбедносните сили, од кои 5 се во тешка здравствена состојба. Тоа се Македонски 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

полицајци и војници, а не Грчки! Грција од самиот почеток се однесува неодговорно во справувањето со мигрантската криза, заради што Македонија ја превзема и со голема одговорност ја спроведува улогата која ја доби од Европската Унија. Македонија одамна заслужува да стане полноправен член на Европската Унија и НАТО Алијансата. Татковината на дело покажува дека го почитува дадениот збор и дека доследно и без калкулации ги спроведува сите превземени обврски, до крај заштитувајќи ја западно – балканската рута“, изјави Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Македонската Алијанса ја повикува Европската Комисија соодветно и искрено да ја цени посветеноста на Македонија во справувањето со мигрантската криза. „Нам не ни се потребни декларативни заложби, туку конкретни дела, кои ќе покажат дека Европските земји вистински ја поддржуваат улогата на Македонија во заштита на границите на Унијата во овој крајно чувствителен период“, се додава во соопштението испратено од претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.


ХАН: „Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договрот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите

СИТЕ ПАРТИИ ДА СЕ ВРАТАТ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА

Е

врокомесарот за проширување Јоханес Хан ги повика сите партии да се вратат на преговарачка маса и на патот кон евроинтеграциите. Ако не работат заедно и не останат фокусирани на фер избори, новата влада, како што порача Хан во обраќањето во институтот „Брукингс“ во Вашингтон, нема да биде меѓународно прифатена и признаена. „Навистина сум разочаран од последните настани. Ние инвестиравме многу во договрот од јуни-јули минатата година за да се донесе земјата назад на евроатланскиот пат. Многу од роковите не беа испочитувани кога требаше, но конечно тоа беше направено. И затоа фактот дека сега изборите на 5 јуни се под тешка ситуација, искрено не знам како ќе изгледа по изборите. Мислам дека можам само да ги повикам сите партии, исто и цивилното општество, но особено политичките партии, да се вратат на прего-

варачка маса и да останат посветени на евроатланската перспектива на земјата“, нагласи еврокомесарот, одговорајќи на прашање од Обединетата македонска дијаспора. „Членови на Европскиот парламент и јас ќе пробаме да направиме уште еден напор да ги донесеме заедно и да посредуваме. Не можам да ветам ништо, но се надевам дека постепено луѓето во регионот и во некои други делови ќе разберат дека демократијата значи да се 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

постигне договор и компромис, а не да се има став на победник и губитник. Во спротивно, никогаш нема да бидете успешни. Луѓето во регионот заслужуваат подобра иднина, а тоа е единствено можно ако се има јасна европска перспектива. Ова вклучува европско или демократско сфаќање на владеењето на правото. Ова мислам веќе е одговор на опсежното помилување на луѓе од страна на претседателот на државата“, додаде Хан.


МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.

Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.

БРОЈОТ НА АРХИЈЕРЕЈИТЕ ВО НАШАТА ЦРКВА

СЕ УМНОЖИ


Пишува: Кокан СТОЈЧЕВ

Поглаварот Г.Г. Ангелариј бил човек кој растел и созревал со свештенисувањето во Македонија. Тој многу бил близок со животворноста на МПЦ, а како парохиски свештеник бил познат како морален свештеник, кој многу се придржувал до вредностите на канонските правила. За време на проповедите Г.Г. Гаврил бил краток, едноставен, поучлив, но и секогаш разбирлив, бидејќи барал да не се соблазнуваат верниците. Тој е првиот македонски архијереј кој ја обновил древната традиција НЕГОВАТА БИОГРАФИЈА, ГЛАВНО, МОЖЕ ДА СЕ ПОДЕЛИ НА фрлање крст во реката ДВЕ ЦЕЛИНИ, ЕДНАТА Е ПОВРЗАНА СО СВЕШТИНИСУВАЊЕТО, Вардар. А ДРУГАТА ЗА АРХИЈЕРЕЈСКАТА ДОБЛЕСНА ЗАДАЧА И Во ораторството беше МИСИЈА - ПОГЛАВАРОТ Г.Г. АНГЕЛАРИЈ ненадминат и секогаш на официјалните документи МОРАЛНОСТА Е а 31.10.1967 година, во скромни и соопштенија на МПЦ ДИГНИТЕТ услови, во манастирот "Горни Св. не се срамеше да се Илија" во с. Бањани било формиНеговото Блаженство Г.Г. Ангелариј потпишува: Архиепископ рано Богословско училиште. Десет години подоцна, на 8.12.1977 година, бил бил многу скромен, одговорен и мораформиран Теолошкиот факултет. Од 1958 лен поткован човек. Тоа, пред сè, доаѓа Охридски и Македонски година до 1981 г., кога блажено се упо- оттаму што долго време бил парохиски Г.Г. Михаил. којува Архиепископот Доситеј, биле ре- свештеник, а по својата богољубивост и

Н

новирани или изградени околу 200 манастири или цркви. Во Скопската епархија 39, Преспанско-битолската 39, Злетовско-струмичката 36, Дебарско-кичевската 22, Полошко-кумановската 21, Повардарската 7, Американско-канадската 19, Австралиската 20 и во Западна Европа 2. На 20 мај 1981 година, на 75-годишна возраст починал Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Доситеј. По заминувањето на блажено упокоениот Архиепископ Г.Г. Доситеј во Небескиот Ерусалим, на негово место доаѓа вториот поглавар на МПЦ Г.Г. Ангелариј, кој наследи стабилна црква, но која морал да ја надогради. Затоа одговорноста со раководењето на МПЦ била уште поголема, иако сенката на Г.Г. Доситеј била постојано присутна во душата на верниците, на свештениците и на архијерејите.

трудољубивост го препознавале многу прилепчани, каде оставил голема трага. Неговата биографија, главно, може да се подели на две целини, едната е поврзана со свештенисувањето, а другата за архијерејската доблесна задача и мисија. Според отец Славко Пројковски, долгогодишен најблизок соработник и поранешен секретар на САС на МПЦ, Неговото Блаженство Г.Г. Ангелариј бил човек кој континуирано живеел, растел и созревал со свештенисувањето во Македонија. Тој многу бил близок со животворноста на МПЦ, а како парохиски свештеник бил познат како морален свештеник, кој многу се придржувал до вредностите на канонските правила. Кај него не постоел двоен национален морал, кој по војната го експонирале некои свештеници. За него постоеле само македон-

скиот народ и татковината. Од овој аспект тој бил идеален кандидат за архијереј (владика). "Ангелариј ја прифати поканата на Синодот на МПЦ и прво беше замонашен, а во 1975 година беше хиротонисан за владика. Од канонски аспект нема пречки, дури и српскиот патријарх Герман има иста судбина, исто така, и тој беше свештеник. Но, за Г.Г. Ангелариј свештенисувањето беше предност, бидејќи многу добро ја знаеше Црквата, го познаваше народот и беше близок со верниците", објаснува отец Пројковски. По станувањето Архиепископ на МПЦ, Г.Г. Ангелариј го ракоположил епископот Тимотеј, кој денес е митрополит Дебарско-кичевски. Но, прашањето за зацврстување на Синодот на МПЦ многу по-


ДЕДОТО ГАВРИЛ ЈА ПРЕВЕДЕ БИБЛИЈАТА, ПРОЦЕС КОЈ ПОЧНАЛ ДА СЕ ОДВИВА ВЕДНАШ ПО ОСЛОБОДУВАЊЕТО СО ПЕЧАТЕЊЕТО НА АПОСТОЛОТ (НЕДЕЛНИ И ПРАЗНИЧНИ АПОСТОЛИ, КАКО И АПОСТОЛИ ЗА РАЗНИ ЦРКОВНИ ПОТРЕБИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК) рано е покренато. "Уште во шеесеттите години на минатиот век беа хиротонисани неколку епископи, по првите тројца ракоположен беше Горазд, па Петар, а со Тимотеј состојбата во Синодот беше јасна. Тоа значеше квалитет, а не бројност", истакнува отец Пројковски. "Тој знаеше што е власт. Тој знаеше што е партија, комунизам, општествено уредување. Меѓутоа, поради тоа не манифестираше страв. Ангелариј имаше некоја посебна енергија, постојано да се дружи и да проповеда со народот и да биде меѓу свештениците. Но, секогаш се противеше свештениците да бидат 'раскалашени', да прават недоследности итн.". Тоа што го барал вториот поглавар на МПЦ било плод на неговата долгогодишна работа како парохиски свештеник, а за тоа време бил добитник на неколку врвни црковни одличја. Во неговата биографија е забележано дека е учесник на Првиот црковно-народен собир во 1945 година. Но, животниот пат му згаснува ненадејно, на 15 јуни 1986 година загинува во сообраќајна незгода, враќајќи се од службено патување, на патот ПрилепСкопје, кај Дреновската клисура.

МОЛИТВИ И БОГОСЛУЖЕНИЈА Неговото Блаженство Г.Г. Гаврил го завештил своето дело - преводот на Светото писмо Библијата, потоа формирањето на Богословскиот факултет, доиз-

градбата на Архиепископскиот соборен храм "Св. Климент Охридски" во Скопје, возобновувањето на црквите и на манастирите итн. Во оваа рамка се насочени животот и делото на дедото Гаврил, третиот Архиепископ Охридски и Македонски, кој бил еден од најголемите високи црковни великодостојници. "Дедото Гаврил многу ретко зборуваше за своето детство - велат неговите најблиски соработници - а во неговите спомени често свое место наоѓаа скопските храмови 'Св. Петка', 'Св. Богородица' и 'Св. Мина', каде ги минувал младешките години, посветен на молитви и на божји богослуженија". Како одличен студент тој бил поткрепен со едногодишна стипендија која му ја доделила скопската општина, а наставници по веронаука му биле Руси. Но, поради смртта на татко му не можел да ја оствари својата желба, затоа тој й се оддал на лингвистиката. Во 1936 г. дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, отсек Германистика и славистика. Оттогаш па сè до смртта тој цели 30 години му се посветил на учебникарството и на просветителството. Осврнувајќи се на делото на Г.Г. Гаврил, повторно ќе се вратиме на неговата животна желба преводот на Библијата, процес кој почнал да се одвива веднаш по ослободувањето со печатењето на Апостолот (неделни и празнични апостоли, како и апостоли за разни црковни потреби на македонски јазик). Издавач на ова дело бил Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ. Во 1967 г.

излегол од печат Новиот завет. Кон крајот на 1977 г. му починала сопругата, а отецот Ѓорѓи бил повикан од Неговото Блаженство Г.Г. Доситеј, возобновителот на Охридската архиепископија, односно на МПЦ, да прими епископски чин. Но, кандидатот отец Ѓорѓи Милошев го условил стапувањето во архијерејскиот ред со отворање Богословски факултет, кој бил една од неговите задачи или идеи. Тоа го направил затоа што факултетот има посебна важност за Црквата. За таа цел кон крајот на декември 1977 г. бил формиран Богословскиот факултет, чиј долгогодишен декан бил Г.Г. Гаврил. За седиште на Факултетот бил определен манастирот "Св. Јован Крстител" во Капиштец, во Скопје. Од тогаш до денес од овој Факултет излегле повеќе дипломирани теолози. Инаку, монашењето било извршено во архиепископскиот резиденцијален манастир "Св. Ѓорѓи" во Скопје, а го привеле митрополитот Кирил и јероѓаконот Дамаскин. Наречението на новоизбраниот архијереј, со монашко име Гаврил, се извршило на 24 декември во црквата "Св. Ѓорѓи" во Чаир, во Скопје. Со сослужението чиноначалствувало Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Доситеј, како и митрополитите Кирил, Ангелариј и епископот Горазд. Тој бил седмиот по ред хиротонисан епископ по обновувањето на Охридската архиепископија - МПЦ (Доситеј, Наум, Климент, Методи, Кирил, Горазд и Гаврил). По тој повод, тогаш Архиепископот Доситеј го најавил како "Таинствен" архијереј, според бројот седум кој ја симболизира таинственоста на Црквата. Според тоа, Црквата нема да го изгуби значењето, таа ќе постои и натаму, биле зборовите на поглаварот Доситеј. На 29.1.1978 г. Гаврил бил интронизиран во Повардарски митрополит. Претставувањето на новиот архијереј се случило во соборниот храм "Св. Пантелејмон" во Велес. Доаѓајќи на служба во оваа епархија се соочил со извесни тешкотии како, на пример, недостиг на свештеници, разурнати храмови, како и потребата за возобновување на православната религија во некои црковни општини каде што навлегувале други верски заедници. Тој најнапред ја осветил новоизградената црква "Св. Кирил и Методиј" во селото Еднокуќево, Струмичко (10.5.1981), потоа ја осветил управната зграда со крстилница при црквата "Св. Богородица" во Велес (21.9 .1981), црквата "Св. Кирил и Методиј" во селото Борисово итн. Неговото Блаженство Г.Г. Гаврил го востоличил сегашниот Архиепископ Стефан во Брегалнички епископ. Оваа судбина го следела и на 4.10.1986 година кога во катедралниот храм "Св. Софија" во Охрид, со тајно гласање, претставниците на Изборниот црковно-народен собир го избрале Гаврил за трет поглавар на МПЦ. Дедото Гаврил често служел во црквите, но им забележувал на младите свештеници, кои не се придржувале до пропишаните богослужби. За време на проповедите Г.Г. Гаврил бил краток, едноставен, поучлив, но и секогаш разбирлив, бидејќи барал да не се


соблазнуваат верниците. Тој е првиот македонски архијереј кој ја обновил древната традиција - фрлање крст во реката Вардар за време на празникот Богојавление. Следната година, на 12.8.1990 г., Архиепископот Гаврил во сослужение на сите членови на Светиот синод на МПЦ и бројно свештенство го осветил архиепископскиот соборен храм "Св. Климент Охридски" во Скопје. На 15.8.1990 г. поглаварот на МПЦ, Г.Г. Гаврил заминал за Љубљана каде што во печатницата "Љубљанско дело" во Словенија ставил потпис на последната суперревизија, неговото животно дело, кое цели 50 години го преокупирало, станува збор за Библијата која била отпечатена во 10.000 примероци. На 18 октомври истата година бил промовиран македонскиот превод од Библијата. Во однос на прашањето за односот на МПЦ кон другите православни сестрински цркви Архиепископот Гаврил не бил индиферентен, туку напротив се залагал за решавање на проблемот, но по пат на братољубив дијалог. Набрзо потоа дедото Гаврил поднел оставка, барем таква е официјалната забелешка, но од 1993 г. до неговата смрт во 1996 г. се повлекол во осамување.

"ПОМАЛ ОД МАКОВО ЗРНО" Неговото Блаженство Г.Г. Михаил, го паметат по неговото ораторство, кое секогаш го издигнувало над сите архијереји. Бил начитан и образован човек, иако не сакал да ги чита своите богослужбени слова (пораки), но затоа умеел да влезе под кожа, да се втренчи во душата на македонскиот народ, кој кроце по кроце доживеа заедно со него да ужива во плодовите на независноста на Република Македонија. "Има моменти кога човек не може да зборува. Моето срце е полно со чувство на одговорност. Но, само едно ќе кажам, сам не значам ништо без моите браќа архијереји - митрополити на Македонската православна црква. Јас без нив сум обична нула. Само со бројката шест јас значам нешто. Верувам дека во најскоро време бројот на архијерејите во нашата Црква ќе се умножи зашто стадото ни е големо, а пак овчари сме малкумина. Господ нека ни помага". Неговата максима сите ја сфатија, бидејќи го возобнови работењето на Синодот на МПЦ, но истовремено ги слушал своите браќа за да придонесе во нивниот растеж, а уште повеќе за сплотеноста во Црквата. Затоа, по чин бил највисок во јатото, но и "помал од маково зрно", бидејќи соборски ги донесувал значајните одлуки за животворноста на МПЦ. Поради тоа, досега е ненадминат и секогаш на официјалните документи и соопштенија на МПЦ не се срамел да се потпишува: Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Михаил. По основното образование, тој во 1927 г. се запишал на Битолската богословија. Во 1932 г. заминал на студии во Белград на Бого-

АРХИЕПИСКОПОТ МИХАИЛ ГО ВОЗОБНОВИ РАБОТЕЊЕТО НА СИНОДОТ НА МПЦ, НО ИСТОВРЕМЕНО ГИ СЛУШАШЕ СВОИТЕ БРАЌА ЗА ДА ПРИДОНЕСЕ ВО НИВНИОТ РАСТЕЖ, А УШТЕ ПОВЕЌЕ ЗА СПЛОТЕНОСТА ВО ЦРКВАТА (ОД ЛЕВО) МИТРОПОЛИТ ГОРАЗД, ДЕДО МИХАИЛ И МИТРОПОЛИТ ПЕТАР словскиот факултет, кој го завршил во 1936 г. За време на Втората светска војна бил парохиски свештеник во штипската соборна црква "Св. Никола". Учествувал во народноослободителната борба, а при крајот на војната бил коптиран за член во АСНОМ. Заедно со протојерејите Кирил Стојанов и Никола Апостолски го организирале одржувањето на Првиот црковно-народен собир во Скопје на 3, 4 и 5 март 1945 г., на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мирски лица. Набрзо потоа, поради цврстите идеи за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ, тогашната власт го лишила дедото Михаил од слобода и го осудила на затворска казна. По шест месеци бил ослободен, но во 1948 г. повторно бил уапсен, осуден на 5,5 години затворска казна. Од него било барано да се откаже од свештеничкото служење, но тој останал непоколеблив и продолжил да служи како свештеник во Скопје. Во 1966 г. бил испратен во Австралија. Од таму се вратил при крајот на 1970 г. и бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитика и пастирско богословие. Во 1972 г. бил генерален секретар на Македонската архиепископија. Зборувал англиски, француски, руски, а се служел и со повеќе живи класични јазици. За архијереј бил хиротонисан на 25.12.1988 г. Изборот за архиепископ на нашата света црква го затекнал како епархиски архијереј, Митрополит повардарски. Во 1993 г. дедото

Михаил бил избран за Архиепископ. "Штом по Божја промисла македонскиот народ доби сопствена држава требаше да се докаже дека овој народ има своја државотворност, има своја историја, има своја црква. И тогаш, Бог ни го испрати гласноговорникот и го постави за поглавар на Светиклиментовиот трон, најмоќниот оратор и беседник од поновата историја, Архиепископот Михаил", истакнува Ратомир Грозданоски. Неговото Блаженство Г.Г. Михаил бил надлежен и за Американската епархија. Таму успеал да ги надмине сите спорови, а Американско-канадската епархија заживеала со полн црковен живот. Тој умеел да ги истрпи и да ги придобие сите, бил духовна роска. Таму ниту еден човек не бил исфрлен надвор од црквата. Но, дедото Михаил не успеал да отпатува во Австралија, бидејќи не сакал да биде пречекан од едни, туку од сите Ма кедонци - верници. Во 1999 година заминал кротко во Небесното царство. А, негов наследник е Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан. (Крај)


РИС ТОВСКИ: Тој појасни дека Програмата нуди неколку типови на грантови, односно нуди можност за финансирање на проекти за реализација на практичната настава во склоп на училиштата, за организирање на кампови за техничка обука за време на летен распуст, курсеви за практична обука во училиштата, проекти за реализација на практична настава во компаниите – директно на работно место, проекти за основање на реални училишни компании и слично

ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ГРАНТ ПРОГРАМА ОД 700.000 ЕВРА

М

инистерството за образование и наука во соработка со Светска банка преку “Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, започнува со реализација на грант програма вредна 700.000 евра. „Целта на проектот е поврзувањето на јавните средни стручни училишта со малите, средните и големи компании во земјата, со краен очекуван исход – подобрување на практичната настава и вештините за вработување на учениците“, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Тој појасни дека Програмата нуди неколку типови на грантови, односно нуди можност за финансирање на проекти за реализација на практичната настава во склоп на училиштата, за организирање на кампови за техничка обука за време на летен распуст, курсеви за практична обука во училиштата, проекти за реализација на практична настава во компаниите –

директно на работно место, проекти за основање на реални училишни компании и слично. „Износот на средства кои можат да се добијат се движи од 5.000 до 20.000 евра по проект, во зависност од самиот проект. Може да се аплицира со повеќе проекти за повеќе типови на грантови. Предлог проектите се доставуваат до 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 Април 2016

Министерството за образование и наука најдоцна до 15-ти мај. За распределба на средствата, односно за прифаќање на апликациите ќе одлучува посебна комисија формирана специјално за оваа намена, во која ќе членуваат претставници на министерството, но и на стопанските комори“, додаде Ристовски.


СВЕТСКА БАНКА: „Најбрз раст во 2015 година од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а по неа е Косово со 3,6 проценти. Растот се пресликува во создавање нови работни места во приватниот сектор, а тоа и ниската инфлација им помага на приходите во домаќинствата и ја намалува сиромаштијата“, се наведува во извештајот. Голем ризик за македонската економија, покрај политичката, е и бегалската криза

ГОЛЕМ РИЗИК ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ОСВЕН ПОЛИТИЧКАТА, Е И БЕГАЛСКАТА КРИЗА

С

ветска банка банка за 2016 година предвидува раст на македонската економија за 3,7 проценти и негово зголемување на четири отсто во 2017-та. Најголем ризик според Светска банка е актуелната политичка несигурност. „Најбрз раст во 2015 година од земјите во регионот бележи Македонија со 3,7 отсто, а по неа е Косово со 3,6 проценти. Растот се пресликува во создавање нови работни места во приватниот сектор, а тоа и ниската инфлација им помага на приходите во домаќинствата и ја намалува сиромаштијата“, се наведува во извештајот. Голем ризик за македонската економија, покрај политичката, е и бегалската криза. Светска банка препорачува Македонија да ги надмине политичките превирања и да се насочи кон рестартирање и интензивирање на структурните реформи, намалување

на фискалниот дефицит, подобрување на управувањето со јавните финансии и ефикасноста на трошењето, натамошно намалување на сиромаштијата и невработеноста, како и кон приближување кон стандардите на живеење на ЕУ. „Пролонгирањето на политичката несигурност би може15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

ло да влијае врз одлуките за инвестирање и намалување на економската активност. И ескалацијата на бегалската криза може да биде ризик, особено ако Европската унија одлучи да ги затвори своите граници или значително да го ограничи приливот на мигранти“, се наведува во Извештајот.


Sudstvo

П О О Д Л У К АТА Н А П Р Е Т С Е Д АТ Е Л О Т

„До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот на претседателот на Република Македонија беше доставена одлука за помилување на осудено лице, при што судија за извршиување санкции веднаш ја достави одлуката на наделжно постапување на затворската институција, за целосно ослободување од понатамошно издржување на казна затвор на осудениот З.К.,“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1

ОСУДЕНИОТ ВО "ПУЧ" ЦЕЛОСНО ОСЛОБОДЕН ОД ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

Е

динствениот осуден во случајот „Пуч“, Ѕвонко Костовски, го напушта затворот „Идризово“ откако вчера од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, до Основниот суд Скопје 1 стигнала одлуката за помилување. „До Основниот суд Скопје 1, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот на претседателот на Република Македонија беше доставена одлука за помилување на осудено лице, при што судија

за извршиување санкции веднаш ја достави одлуката на наделжно постапување на затворската инсистуција, за целосно ослободување од понатамошно издржување на казна затвор на осудениот З.К.,“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1. Костовски беше шестиот обвинет во предметот „Пуч“, кој се води против поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, против неговата сопруга Соња, против ли16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

дерот на СДСМ Зоран Заев, против службеникот во Општина Струмица Бранко Палифров и против Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Вчера претседателот Иванов на прес-конференција изјави дека донел одлука за аболиција и за амнестија на сите политичари против кои се водат кривични постапки.


ИЗБОРИ

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А СО Б РА Н И Е ТО

Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите

ВЕЉАНОСКИ УПАТИ ПОКАНИ ДО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА НАБЉУДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

П

ретседателот на Собранието Трајко Вељаноски упати покани до меѓународните организации да ја известат државната изборна комисија за набљудувањето на парламентарните избори. Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори да ја известат Државната изборна комисија, која

ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите. Во Изборниот законик е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права. Вељноски, согласно уставните и законските надлежности, вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.


ВО АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА, БЕШЕ ОТВОРЕНА Археолошките истражу- И З Л О Ж Б А Т А вања беа со заштитен карактер и се одвиваа на еден мошне ограничен простор, ограден со градинарски култури и винова лоза. Со истражувањата се откриени вкупно 60 погребувања кои припаѓаат на два хоризонти на погребувања

"НЕКРОПОЛИТЕ

НА МАЛИ ДОЛ"

В

о Археолошки музеј на Македонија, беше отворена изложбата „Некрополите на Мали Дол“ како резултат на ископувањата на локалитетот Мали Дол што се наоѓа во селото Тремник, Неготино, а откриен во 2008 година. Изложбата е проект на Археолошки музеј, а раководител на ископувањата, кои се одвивале во текот на 2009, 2011, 2013 и 2015 година е Александра Папазовска-Санев. Археолошките истражувања беа со заштитен карактер и се одвиваа на еден мошне ограничен простор, ограден со градинарски култури и винова лоза. Со истражувањата се откриени вкупно 60 погребувања кои припаѓаат на два хоризонти на погребувања. Промоторот на изложбата Драги Митревски рече дека станува збор за изложба која ретко се случува кај

нас, а треба да биде урнек, бидејќи секој истражувачки проект треба да се завршува со изложба на пронајдените 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

експонати, која ќе манифестира многукратна корист и за институциите и за стручните лица и за јавноста.


Фондацијата е иницијатор и спонзор на бројни активности како што се: редовна размена на професорски предавања меѓу Универзитетот во Oxford, South Hampton од една страна и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од друга страна постдипломски стипендии, организатор на археолошка изложба, конференции, иницијатор за отпочнување со теренски археолошки истражувања со тим од Велика Британија

В

о просториите на Археолошки музеј на Македонија беше отворена библиотеката на Фондацијата „Кирил Трајковски“. Тоа е британска фондација регистрирана во 2012 година. Фондацијата „Кирил Трајковски“ веќе активно делува на територијата на Македонија во областа на археологијата, образованието, истражувањето и културното богатство. Фондацијата е иницијатор и спонзор на бројни активности како што се: редовна размена на професорски предавања меѓу Универзитетот во Oxford, South Hampton од една страна и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од друга страна постдипломски стипендии, организатор на археолошка изложба, конференции, иницијатор

ВО ПРОСТОРИИТЕ НА АРХЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА БЕШЕ ОТВОРЕНА

БИБЛИОТЕКА НА ФОНДАЦИЈАТА "КИРИЛ ТРАЈКОВСКИ"

за отпочнување со теренски археолошки истражувања со тим од Велика Британија. Во истата област фондацијата ја етаблира новата библиотека која е комби19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

нирана со ретки книги, повеќето од областа на археологијата, од кои најголемиот број на публикации ќе бидат во дигитална форма.


Претседателот на стручната редакција, академик Митко Маџунков, истакна дека се работи за пионерски потфат од големо значаење за нашата култура, голем издавачки потфат кој, како што рече, покажал и какви се можностите на нашиот книжевен јазик

К А П И ТА Л Н АТА К Н И Ж Е В Н А Е Д И Ц И Ј А Н А В Л А Д АТА И М И Н И С Т Е Р С Т В О ТО З А К УЛ Т У РА

"ЅВЕЗДИ НА СВЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ"

К

апиталната книжевна едиција на Владата и Министерството за култура „Ѕвезди на светската книжевност“беше заокружена со промоција на последните 38 наслови во што во изминатите четири години беа преведени и отпечатени вкупно 560 најзначајни дела во историјата на човештвото...Голем дел од книгите првпат добија превод на македонски јазик. Во реализацијата на овој обемен проект беа вклучени Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, неколку издавачки куќи и околу 500 стручни лица – преведувачи, лектори, автори на поговори на книгите, предводени од претседателот на редакцијата, академик Митко Маџунков. За нивниот придонес им се заблагодари министерката за култура Елизабета КанческаМилевска која истакна дека проектот „Ѕвезди на светската книжевност“ воведе поинаков пристап кон јазичната, книжевната и издавачката материја во Македонија и е уверена, како што рече, дека неговите придобивки ќе бидат далекусежни и дека проектот ќе биде фундамент за развојните процеси во литературата, но и во културата воопшто.

Претседателот на стручната редакција, академик Митко Маџунков, истакна дека се работи за пионерски потфат од големо значаење за нашата култура, голем издавачки потфат кој, како што рече, покажал и какви се можностите на нашиот книжевен јазик. – Јазикот е можеби најважниот атрибут на еден народ, а неговата книжевна артикулација е најочигледниот доказ за неговата зрелост. Книжевните јазици освен со оригиналните дела, се потврдуваат со способноста на нив да се преведат најголемите и јазично 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

најсложените дела. Таа задача е сега извршена до крајот и никој повеќе не би можел ниту да помисли да го оспорува македонскиот јазик, а со тоа и народот што зборува на тој јазик, истакна Маџунков на последната промоција на наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“.Делата од оваа едиција може и да се купат во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и во националните библиотеки во Битола, Штип, Охрид и Тетово, а на издавачите им е дозволено допечатување примероци и слободна продажба на пазарот.


НА 29 АПРИЛ 1974 ГОДИНА Е О Б Ј А В Е Н З А КО Н О Т З А Ф О Р М И РА Њ Е Н А К И Н О Т Е К АТА Н А М А К Е Д О Н И Ј А Кинотеката на Македонија одбележа 40 години од основањето. По тој повод на Дарко Марковиќ, познат како Дар-Мар, му беше доделена наградата „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија за 2016 година

40 ГОДИНИ КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

К

инотеката на Македонија одбележа 40 години од основањето. По тој повод на Дарко Марковиќ, познат како Дар-Мар, му беше доделена наградата „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија за 2016 година. Бошко Грујоски, директор на Кинотеката на Македонија потсети дека на 29 април 1974 година е објавен законот за формирање на Кинотеката на Македонија. ,,Оваа година славиме јубилеј, 40 години од постоењето на оваа институција, чија задача била, е и ќе биде прибирање, обработка, чување, заштита и презентација на филмовите и филмските материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење, создавање фонд на филмови и филмски материјали од домашно филмско творештво и филмско производство, како и создавање фонд на значајни филмски остварувања од други национални кинематографии,, рече Грујоски. Тој информира дека Кинотеката во своите депоа успеала да прибере и сочува преку 15.000 филмски копии од до-

машни и странски продукции, повеќе од 75.000 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати, повеќе од 100.000 пишани документи, книги на снимања, сценарија… ,,Во единствената филмолошка библиотека која е составен дел од Кинотеката, има над 4.500 книги за историјата и теоријата на филмот, над 8.000 броеви на списанија поврзани со филмската уметност, над 30.000 прес-клипинзи за македонските филмови и воопшто за ма21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

кедонската кинематографија,, рече Грујоски. Кинотеката, како што рече, располага со богата колекција на стари кинематографски апарати. Тој за годинава најави дека е планирана дигитализација на филмовите на режисерот Бранко Гапо. Се работи за шест играни филма, кои треба во текот на оваа година да се реставрираат. Планирано е и реконпонирање на музејската поставка во Кинотеката на Македонија, која треба да биде завршена годинава.


К УД

На годишниот концерт на културноуметничкото здружение „Фолклористи“, на сцената во Центарот за култура во Крива Паланка настапија над двесте млади играорци од Крива Паланка и Бор, Република Србија...

"ФОЛКЛОРИСТИ"

Н

а годишниот концерт на културноуметничкото здружение „Фолклористи“, на сцената во Центарот за култура во Крива Паланка настапија над двесте млади играорци од Крива Паланка и Бор, Република Србија... Деведесетминутната програма беше исполнета со ора, танци и музика од источна Македонија во изведба на членовите на КУЗ „Фолклористи“ и КУД „8 Октомври“, гости на вечерта од Крива Паланка, а КУД „Новоселиште“ од Бор се претстави со игрите од Шумадија. Ова е четврта година по ред како го организираме годишниот концерт на кој се претставија седум групи и првиот ансамбл. Настапија над 150 дечиња од разни

возрасти кои ги претставија тардиционалниот, но и стилизираниот фолклор. Се играа детски кореографии, „Девојче, девојче“, „Повардарие“, „Бувчанско оро“, изјави Васе Стаменковски, прет22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 799 / Април 2016

седател на „Фолклористи“. Гостите од КУД „Новоселиште“ настапија со „Игри од Мачва“, „Влашко оро“ од источна Србија, „Шумадиски игри“ и обработка на „Зораново оро“ од Љубиша Павковиќ.


799  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you