Issuu on Google+

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НАЈНОВИТЕ ПРОВОКАЦИИ НА ГРЧКАТА, НЕОФАШИСТИЧКА ПАРТИЈА "ЗЛАТНА ЗОРА"

„ПУЧ“ ОДЛОЖЕН ЗА 3 МАЈ:

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION

MONTHLY EDITION

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА:

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XX, Број 798, Март 2016

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ЈАНЕВА ПОБАРА ГРУЕВСКИ ДА СВЕДОЧИ

МАКЕДОНСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ "ВАЊА – СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА" ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ПОПОСКИ: НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПРОМЕНА НА УС ТАВНОТО ИМЕ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА ГО ПОЗДРАВУВА ВНИМАНИЕТО ШТО ГО ПОСВЕТУВА САД ЗА КОНЕЧНА РАЗРЕШНИЦА НА ДОЛГОТРАЈНАТА ПОЛИТИЧКА КРИЗА Македонската Алијанса ги поздравува вниманието, напорите и стручната помош, која администрацијата на САД ја посветува за конечна разрешница на долготрајната политичка криза. „Посетата на Високиот претставник на Американскиот Стејт Департмент, Брајан Хојт Ји, е многу јасна порака дека САД како наш најголем сојузник нема да дозволи Македонија да скршне од својот стратешки колосек. Средбите со повеќето клучни политички фактори е од високо значење за зацврстување на историски важните билатерални односи помеѓу Македонија и САД, особено во вака турбулентни околности за целиот регион“, истакна претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Македонската Алијанса ги поздравува заложбите за реализација на политичкиот договор од Пржино, кои сите инволвирани страни го дефинираа како излез од долготрајната политичка криза, која ќе се оконча со предвремени парламентарни избори на 5 јуни, со кои ќе се отстранат сите сомнежи за наводни изборни нерегуларности и чиј резултат ќе мора да биде прифатен од сите клучни фактори. „Уште еднаш апелираме до сите политички чинители во Татковината, доследно да се посветат на спроведување на сите превземени обврски со политичкиот договор од Пржино, да не се прават и понатаму обиди за печалење на тесно партиски поени на штета на иднината на Татковината“, вели Атансоски. Истовремено, Македонската Алијанса упатува апел до нашите браќа и сестри Македонци во Татковината, да не наседнуваат на провокации, да ги согледуваат околностите со ладни глави и да не дозволуваат да бидат вовлечени во нечии сценарија за разгорување на меѓуетничките односи. „Заради се ова што и се случува на Татковината на внатрешно политички план, особено повторното неодговорно актуелизирање на етничките и религиски разлики, е доказ дека на Македонскиот народ му е неопходен брз излез од долготрајната политичка криза“, додава претседателот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Македонската Алијанса во неколку наврати предупреди дека како Држава не смееме самите да си пукаме во нога и да дозволиме нашата внатрешна слабост некој да се обиде да ја злоупотреби за да прави дополнителен притисок за да се откажеме од најсветото – Македонскиот национален идентитет и Македонско име.

\or|ija - Xorx Atanasoski


МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА: Македонската Алијанса најостро го осудува и однесувањето на Генералниот секретар на „Златна Зора“, кој во Атина ја избркал екипата на реномираниот „Би-БиСи“, чија новинарка во интервју посветено на мигрантската криза го користела името Македонија

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ЗА НАЈНОВИТЕ ПРОВОКАЦИИ НА ГРЧКАТА, НЕОФАШИСТИЧКА ПАРТИЈА "ЗЛАТНА ЗОРА"

М

акедонската Алијанса ја повикува официјална Атина јавно да го осуди и да се огради од примитивното и насилно однесување на Грчките Европратеници на „Златна Зора“, кои скандалозно упаднаа на конференцијата посветена на малцинските прашања во Грција. „Ова не се случува прв пат! Фактот што ова сценарио е речиси исто со она што се случи на 28 јануари при формирањето на групата на „Пријатели на Македонија”, само потврдува дека се работи за смислена стратегија во која неофашистите на „Златна Зора“ ја превземаат улогата да се јавуваат како заштитници секогаш кога ќе се критикува недемократскиот и иредентистички курс на Грчките политички елити по прашањето на Македонија“, наведува во писмената реакција претседателот на Македонската Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. Македонската Алијанса најостро го осудува и однесувањето на Генералниот секретар на „Златна Зора“, кој во Атина ја избркал екипата на реномираниот „Би-Би-Си“, чија новинарка во интервју посветено на мигрантската криза го користела името Македонија. „Ние имаме разбирање за растечките фрустрации на Грчките политички претставници кои секојдневно сфаќаат дека нивните политики доживуваат пораз, бидејќи се поголем е бројот на пријатели и сојузници кои ги стекнува Македонија за својата борба за зачувување на основното демократско право на самоопределување и заштита на националниот идентитет, кој нашиот јужен сосед со децении го оспорува“, истакнува Атансоски. Македонската Алијанса јавно

прашува до кога ќе се толерира оваа надворешна политика на Грција, која очигледно има две лица? До кога во срцето на Европа ќе се допуштаат насилство, отворени закани, уцени, блокади и притисоци? До кога ќе и се дозволува на Грција неосновано да го користи ветото за Македонските Евроатлански интеграции, што претставува брутален притисок и уцена кон Македонскиот народ? Македонската Алијанса уште еднаш ја повикува Европската Унија да стави крај на ваквото однесување и на дело да покаже како се бранат демократските начела и универзални вредности и права, на кои е основано Европското семејство. „Грција мора да престане да ги злоупотребува придобивките од членството во Европската Унија за промовирање на национализам кој очигледно не е својствен за ниту една друга земја членка“, додаде претседателот на Македонската Алијанса Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Mарт 2016


ИВАНОВ: „Република Македонија ниту е членка на Европската унија, ниту на НАТО, ниту на Шенгензоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата. Не смее властите во која било држава на оваа мигрантска рута да останат пасивни набљудувачи на ваквите инциденти. Најдобриот сигнал што може во овој момент да се упати е да се прекине со практиката на носење дополнителен број мигранти кои би поставувале кампови на самата гранична линија“, рече Иванов

МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ РИЗИЦИ ОД МИГРАНТСКАТА КРИЗА

М

акедонија ќе ги преземе сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност, а безбедносните инситуции и во иднина, како и досега, ќе продолжат одговорно и професионално да се справуваат со бегалската криза, изјави претседателот на државата Ѓорѓе Иванов по седница на Советот за безбедност на Република Македонија. Според Иванов, со затворање на балканскиот коридор, очекувано беше да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување на мигрантите во Македонија. „Република Македонија ниту е членка на Европската унија, ниту на НАТО, ниту на Шенген-зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата. Не смее властите во која било држава на оваа мигрантска рута да останат пасивни набљудувачи на ваквите инциденти. Најдобриот сигнал што може во овој момент да се упати е да се прекине со практиката на носење дополнителен број мигранти кои

би поставувале кампови на самата гранична линија“, рече Иванов. Според него отсуството на комуникација и соработка меѓу политичарите и безбедносните служби на Република Македонија и Република Грција и неможноста да се воспостават заеднички оперативни тимови за брза интервенција доведе до оваа ситуација. Република Македонија, како што истакна Иванов, досега покажа дека е подготвена на сите сценарија, и нема да дозволи зго04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

лемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. „Република Македонија и во иднина ќе постапува во согласност со одлуките на Европскиот совет, ќе ги следи постапките на другите земји долж балканскиот коридор и нема да дозволиме илегален влез на мигранти во Република Македонија“, додаде претседателот Иванов по советот за безбедност на кој ушествуваа и лидерите и претставниците на четирите политички партии.


ОЕР: Значајно е да им се пренесе на македонските граѓани дека тие се слободен судија, дека може слободно да ја изразат својата волја и дека треба да учествуваат на изборите. Тие се закажани за 5 јуни, меѓународната заедница се организира за тој датум и во однос на роковникот кој беше зацртан со Пржинскиот договор, изјави денеска француската амбасадорка Лоренс Оер

ИМАМЕ ЦЕЛОСНА ДОВЕРБА ВО ДИК

З

начајно е да им се пренесе на македонските граѓани дека тие се слободен судија, дека може слободно да ја изразат својата волја и дека треба да учествуваат на изборите. Тие се закажани за 5 јуни, меѓународната заедница се организира за тој датум и во однос на роковникот кој беше зацртан со Пржинскиот договор, изјави денеска француската амбасадорка Лоренс Оер. Во врска со шпекулациите околу бројката на спорни гласачи добиена по вкрстувањето на податоците од списоците на различни институции, Оер рече дека не може да к��ментира број и ја нагласи поддршката за ДИК. „Не можам да коментирам бројка која настанала во меѓувреме. Би сакала да ја истакнам нашата полна доверба и поддршка на ДИК, со цел да се дојде до резултат кој ќе биде

неспорен. Методологијата која беше воспоставена од Државната изборна комисија е доста комплексна. Претседателот на ДИК ни ја презентираше методологијата и ние сосема ја поддржуваме. Се поставува проблем на рок односно пра05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

шањето на време во однос на вкрстувањето на листите. Бројот е многу голем за да бидат изведени теренски проверки кои би требало да следуваат“, изјави Оер по пресконференцијата за манифестацијата „Вкусот на Франција“.


ПОПОСКИ: Говорејќи на оваа тема, министерот Попоски рече дека Македонија останува посветена на надминување на спорот со името, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ нема да прифатат било какво решение без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум „Мислам дека е значајно да нагласиме дека премногу генерации, премногу мака имаат видено за да може некој да си поигрува со ова прашање и затоа сме одлучни во однос на ова. Уште еднаш би повториле дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија

"

Н

ема да прифатиме промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, ниту пак предлози или идеи кои би го загрозиле македонскиот идентитет, јазик и култура“, потенцира министерот за надворешни работи Никола Попоски на вечерашниот отчет за сработеното во изминатите 10 години. Говорејќи на оваа тема, министерот Попоски рече дека Македонија останува посветена на надминување на спорот со името, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ нема да прифатат било какво реше-

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПРОМЕНА НА УСТАВНОТО ИМЕ

ние без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум. „Мислам дека е значајно да нагласиме дека премногу генерации, премногу мака имаат видено за да може некој да си поигрува со ова прашање и затоа сме одлучни во однос на ова. Уште еднаш би повториле дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија. Воедно нема да прифати никакви предлози или идеи кои би го загрозиле македонскиот народ, националниот идентитет и засебноста на 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

македонската нација, јазик и култура“, рече Попоски. Шефот на македонската дипломатија додаде дека остануваат посветени и на евроатланската интеграција на државата и најави дека ќе продолжи соработката со соседите со цел да има стабилен регион. Во делот за дијаспората, Попоски посочи дека во изминатите години реализирани се над 130 проекти за дијаспората од формирање на културни катчиња и изучување и промовирање на македонскиот јазик до летни кампови за деца од македонската заедница.


„ПУЧ“ ОДЛОЖЕН ЗА 3 МАЈ: Преичината за одложувањето е тоа што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, побарала од судот да и бидат доставени копии од доказите за овој предмет. Бидејќи судот не го дозволил тоа, поднела жалба до Апелациониот суд кој треба да се изјасни за ова барање

З

а трети мај одложено судското рочиште за предметот „Пуч“ во кој еден од обвинетите е лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев. Причината за одложувањето е тоа што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, побарала од судот да и бидат доставени копии од доказите за овој предмет. Бидејќи судот не го дозволил тоа, поднела жалба до Апелациониот суд кој треба да се изјасни за ова барање. Специјалната обвинителка Катица Јанева пред судот рече дека е неопходно на рочиштата да присуствува и главниот сведок кој е оштетен во постапката, алудирајќи на претседателот на ВМРОДПМНЕ Никола Груевски. Јанева изрази сомнеж дека судот не поседува сертификат за класифицирани информации којшто е потребен во овој случај, при што побара да и бидат презентирни сертификатите доколку судот ги поседува. На забелешките на Специјалното јавно обвинителство,

ЈАНЕВА ПОБАРА ГРУЕВСКИ ДА СВЕДОЧИ

судиката Љубинка Башеска рече дека судот нема никаква обврска на странките да им предочуваат сертификати, додавајќи дека судот не би се впуштил во работа на овој предмет доколку немаат овластувања. Според неа, кога ќе бидат презентирани доказите кои се сметаат за класифицирани, 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

јавноста ќе биде исклучена, доказите ќе бидат декласифицирани, а увид во нив ќе имаат само ограничен број луѓе. Во врска со сведокот во овој случај, Башеска рече дека судскиот совет е тој што го определува темпото на водење на расправата, истакнувајќи дека ќе биде повикан кога ќе има услови за тоа.


„За намалување на притисокот што го имаме на границата со Грција нашиот дневен пропуст на мигранти ќе зависи од тоа колку ќе бидат примени од земјите на Европската унија. За нас од исклучителна важност е да обезбедиме хуман третман и прием на овие луѓе, но не помалку важно е да ги заштитиме македонските полицајци и граѓани“, истакна Спасов. Според министерот, поради ненавременото информирање за протокот на мигрантите во инцидентот пред два дена имаше еден повреден полицаец

МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА М А К С И М А Л Н О Д А СО РА Б О Т У В А СО О С ТА Н АТ И Т Е З Е М Ј И О Д Р Е Г И О Н О Т И Д О Л Ж Б А Л К А Н С К АТА Р У ТА

МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОДЛАБОЧИ СОРАБОТКАТА СО СЛОВАЧКА ЗА МИГРАНТСКАТА КРИЗА

М

акедонија е подготвена максимално да соработува со останатите земји од регионот и долж балканската рута за успешно справување со бегалската криза, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на прифатно транзитниот центар Гевгелија со премиерот на Словачка, Роберт Фицо и словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калинак. „За намалување на притисокот што го имаме на границата со Грција нашиот дневен пропуст на мигранти ќе зависи од тоа колку ќе бидат примени од земјите на Европската унија. За нас од исклучителна важност е да обезбедиме хуман третман и прием на овие луѓе, но не помалку важно е да ги заштитиме македонските полицајци и граѓани“, истакна Спасов. Според министерот, поради ненавременото информирање за протокот на мигрантите во инцидентот пред два дена имаше еден повреден полицаец. „Апелирам меѓусебната соработка што ја имаме со земјите од регионот да биде во насока да имаме јасни и прецизни одлуки“,

додаде Спасовски. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо рече дека целта на неговото доаѓање на јужната македонска граница е да го посети контингентот словачки полицајци кои се дојдени тука да им помагаат на колегите од Македонија. „Ова е навистина чувствително прашање. Минатата недела се сретнав со вашиот претседател и со него разговаравме за можно решение на бегалската криза. По08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

барав од него веднаш да ми достави листа на опрема и какви било средства кои во моментот и се потребни на Македонија. Идниот понеделник на самитот на Европскиот совет очекувам да донесеме некакво европско решение. Гледам дека има голема нервоза, но билатералната соработка треба да продолжи и некакво решение што побргу мора да се најде“, додаде словачкиот премиер Роберт Фицо.


ЕУ: „Претседателот Доналд Туск веќе разговарал со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги за обезбедување на финансиски средства за земјите од западнобалсканскиот регион, наменети за справување со проблемот со бегалците“, соопшти Европскиот совет

ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА СО РА Б ОТ К АТА СО М А К Е Д О Н И ЈА И С Р Б И ЈА З А С П РА ВУ В А Њ Е СО Б Е ГА Л Ц И Т Е

Л

идерите на земјите членки на Европската унија на вчерашаниот Самит во Брисел, на кој постигнаа договор со Турција за надминување на мигрантската криза, се заложија и за зајакнување на соработката со државите од западниот Балкан за справување со проблемот со бегалците. Европскиот совет соопшти дека, во рамки на постигнатиот договор се повикува на зајакнување на соработката со западнобалканските земји, пред се со Македонија и Србија, во решавањето на мигрантската ситуација. „Претседателот Доналд Туск веќе разговарал со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги за обезбедување на финансиски средства за земјите од западнобалсканскиот регион, наменети за справување со проблемот со бегалците“, соопшти Европскиот совет. Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и ЖанКлод Јункер заедно со турс-

киот премиер Ахмет Давутоглу синоќа на прес-конференција во Брисел официјално објавија дека е постигнат договор меѓу Европската унија и Турција за ставање крај на бегалската криза. Договрено е и покрај предвидените три милијарди евра што ЕУ и ги вети на Турција минатата година, а кои до на лето треба да и бидат доделени на Анкара, турската држава ќе добие 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

дополнителни три милијарди евра од Брисел за справување со сириските бегалци. Исто така, предвидено е Турција до крајот на јуни да добие и визна либерализација со Европската унија. Сите илегални мигранти од Турција кон Грција од 20 март, недела, ќе бидат враќани во Турција. Имплемнтацијата на овој договор ќе се одвива врз ба��а на принципот „еден за еден“.


МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.

Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.

"ПОЖЕЛУВАМ ДА ГО ВОДИТЕ ПРАВОСЛАВНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ПО ПАТОТ НА ВЕЧНОТО СПАСЕНИЕ"


ВОСТОЛИЧУВАЊЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ Г.Г. ДОСИТЕЈ (ПРЕДАВАЊЕ НА АРХИЕПИСКОПСКАТА ПАНАГИЈА И ЖЕЗЛО)

В

о Одлуката АС бр. 47/1959 година и 6/1959 година зап. 57 од 17/4 јуни 1959 година Архијерејскиот собор на Српската православна црква се согласил со одлуките од Македонскиот црковно-народен собор од 1958 година. Така, во уводната точка I се вели: "I. Светиот архијерејски сабор констатира: дека епархиите Скопска, Охридскобитолска и Злетовско-струмичка на црковно-народниот собор одржан на 4-6 октомври 1959 година во Охрид СЕ ИЗДВОИЛЕ ВО САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА која се управува по Уставот донесен на тој Собор, а останува и понатаму во КАНОНСКО ЕДИНСТВО со Српската православна црква преку нејзиниот поглавар НЕГОВАТА СВЕТОСТ ПАТРИЈАРХОТ на Српската православна црква". Потоа, под точка II, следуваат препораки за измени и за дополнувања во Уставот на Македонската православна црква донесен на Соборот. Секако, за Македонска православна црква, по одредбата во т. I, најзначајна е завршната одредба во т. I, во која Архијерејскиот собор на

Српската православна црква одлучува: Т. VI - "Со оваа Одлука престануваат да важат прописите на Уставот на Српската православна црква за епархиите и за архијерејите на територијата на НР Македонија". Одлуката на Архијерејскиот собор на Српската православна црква од јуни 1959 година и според црковните канони и според здравата логика претставувала целосно прифаќање на соборските решенија и на прогласената самостојност на Македонската православна црква. Ова недвосмислено го потврдуваат одредбите од точките I и VI и фактот дека и според Уставот на Македонската православна црква и во согласност со оваа Одлука на Архијерејскиот собор на Српската православна црква, од органите и од телата на Српската православна црква не се предвидени никакви прерогативи кон Македонската православна црква. Дури и прифатениот патријарх на Српската православна црква за врховен поглавар на Македонската православна црква добил само симболичен статус. Тој не добил речиси никакви прерога-

Доаѓањето на српскиот патријарх Герман во Македонската православна црква значеше признавање на Црковно-народниот собор и соборските одлуки, како и признавање на избраниот поглавар на Македонската православна црква, Г.Г. Доситеј. При посетата на црквата "Св. Софија" во Охрид, патријархот Герман истакнал: "Сега гледам дека грешевме, зашто ова што сега стана, требало да стане поодамна". Со овие зборови, патријархот ги ставил на јавна критика поранешните ставови на раководството на Српската православна црква кон македонската православна црква. На свечениот ручек, кој по повод хиротонијата на епископот Климент го приредил поглаварот на Македонската православна црква, Г.Г. Доситеј, српскиот патријарх Герман во здравицата рекол: "Пожелувајќи Ви секое добро на Вашето Блаженство, јас Ве поздравувам и Ви пожелувам да го водите православниот македонски народ по патот на вечното спасение".


ЗАЕДНИЧКА БОГОСЛУЖБА

МИТРОПОЛИТИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, КЛИМЕНТ И НАУМ, ГО ВОДАТ АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. ДОСИТЕЈ ДО ТРОНОТ ВО ЦРКВАТА "СВ. КЛИМЕНТ" ВО ОХРИД

Заедничката Света Божествена архијерејска литургија, кога со патријархот српски Герман сослужувал и поглаварот на Македонската православна црква Г.Г. Доситеј, практично претставувало помирување на Српската православна црква и на Македонската православна црква. Доаѓањето на српскиот патријарх во Македонската православна црква значело признавање на Црковно-народниот собор и на соборските одлуки, како и признавање на избраниот поглавар на Македонската православна црква Г.Г. Доситеј. Изјавите кои потоа ги давал патријархот Герман биле потврда на нашето верување дека осамостојувањето на Македонската православна црква значи

тиви во однос на Македонската православна црква. Всушност, станал само титуларен поглавар зашто, според Уставот, Македонската православна црква си имала свој поглавар во лицето на Архиепископот Охридски и митрополит Македонски, кој ги имал сите права кои ги имаат поглаварите на другите авто-

На 19.7.1959 година, во присуство на патријархот Герман и на Архиепископот Г.Г. Доситеј бил хиротонисан епископот преспанско-битолски Климент. Хиротонијата на вториот македонски, односно струмички епископ г. Наум била на 26.7.1959 година, со што се создале сите услови за формирање на Светиот архијерејски синод на МПЦ. Но, и покрај овие позитивни сигнали меѓу МПЦ и СПЦ, сепак односите меѓу двете цркви продолжиле да се заладуваат. Едноставно, Српскиот архијерејскиот синод постојано ја блокирал МПЦ во односите со другите православни цркви. кефални православни цркви. Единственото ограничување, доколку би можело така да се каже, се состоело само во пренесеното право на Врховниот поглавар да ја претставува самостојната Македонска православна црква пред другите цркви.

АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. ДОСИТЕЈ ЈА ПОДНЕСУВА ПРВАТА БЕСЕДА Веднаш потоа, само еден месец подоцна, на 19 јули 1959 година српскиот патријарх Герман дошол во Македонија и на заедничката Света архијерејска божествена литургија со архиепископот Доситеј, во црквата "Свети Мина" во Скопје, бил хиротонисан новоизбраниот епископ Преспанско-битолски Климент. Секако, ова доаѓање на патријархот Герман, во придружба на епископот бачки Никанор и епископот банатски Висарион, значело видлива потврда за признавањето на новопрогласената самостојност на Македонската православна црква.

радост и за сестринската Српска православна црква. Во тој дух, при посетата на црквата "Св. Софија" во Охрид, патријархот Герман истакнал: "Сега гледам дека грешевме, зашто ова што сега стана, требало да стане поодамна". Со овие зборови патријархот ги ставил на јавна критика поранешните ставови на раководството на Српската православна црква кон македонската православна црква. На свечениот ручек, кој по повод хиротонијата на епископот Климент го приредил поглаварот на Македонската


православна црква, Г.Г. Доситеј, српскиот патријарх Герман во здравицата рекол: "Пожелувајќи Ви секое добро на Вашето Блаженство, јас Ве поздравувам и Ви пожелувам да го водите православниот македонски народ по патот на вечното спасение". Во мај 1962 година, заедно со српскиот патријарх Герман и неколку епископи од Српската православна црква, во посета на Македонската православна црква дошол патријархот на Руската православна црква Алексиј I. Тогаш, на 25 мај 1962 година, на празникот на просветителите Св. Кирил и Методиј во црквата "Св. Богородица", Каменско, во Охрид, била отслужена свечена архијерејска литургија со учество на тројцата

Негирањата се препознаваат во одлуките на црковно-народните собири на СПЦ, донесени во 1965 и во 1966 година, поради што се создале основни услови за прогласување автокефалност на МПЦ. По одлуките на Архијерејскиот собир на СПЦ, донесени во мај 1966 година, немало друга алтернатива, освен осамостојување на МПЦ. Светиот синод на МПЦ, на чело со Неговото Блаженство Г.Г. Доситеј, решил конечно да го консултира Црковно-народниот собир на МПЦ, на кој ќе се изразела волјата на православниот народ и на македонското свештенство. Претходно, на 12.7. 1967 година, бил хиротонисан митрополитот Кирил, а на 17 јули бил свикан Третиот македонски црковен-народен собир во Охрид, каде била донесена одлука за автокефален статус на МПЦ. поглавари: патријархот Московски и на цела русија Алексиј I, патријархот српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополит Македонски, Г.Г. Доситеј. Ова било прво сослужување на поглаварот на Македонската православна црква со поглавари на други автокефални православни цркви. Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква настојчиво барал од патријархот Герман да ја претстави Македонската православна

црква пред другите автокефални цркви, односно да ги запознае другите православни цркви со промените кои настанале во 1958/59 година во Православната црква во Југославија и за постоењето на Македонската православна црква. За жал, Архијерејскиот собор на Српската православна црква, во мај 1966 година, одбил да ја претстави Македонската православна црква пред другите цркви.

Дух, со што Соборот ја почнал својата работа. Најнапред се пристапило кон измените и дополнувањето на Уставот на Македонската православна црква, со отворање две нови епархии во Македонската православна црква: Дебарскокичевската и Американско-канадскоавстралиската. Потоа Светиот синод поднел извештај за негативниот однос на Српската православна црква кон автокефалноста на нашата Црква, особено

ХИРОТОНИЈА НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ - 12 ЈУЛИ 1967 ГОДИНА Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, со писмо бр. 226 од 5.12. 1966 година, се обратил до Архијерејскиот собор на Српската православна црква со барање на Македонската православна црква да й се признае автокефалност. Кога и тоа не било прифатено, Светиот архијерејски синод почнал со најпотребните подготовки за одржување на Третиот црковно-народен собор.

ТРЕТ МАКЕДОНСКИ ЦРКОВНО-НАРОДЕН СОБОР Светиот синод на Македонската православна црква го свикал Третиот црковно-народен собор на 17 јули 1967 година во Охрид. Во присуство на соборјаните и на многубројни гости, митрополитот Македонски Г.Г. Доситеј, следејќи ја древната црковна традиција, во раните утрински часови, во катедралната црква на Охридската архиепископија "Св. Софија" отслужил призив на Светиот

за положбата која настанала по последниот Архијерејски собор на Српската православна црква. Соборјаните, откако го ислушале извештајот на Светиот синод на Македонската православна црква, едногласно ја одобриле неговата работа и донеле резолуција. Од име на сите свештеници и на целиот македонски православен народ, соборјаните барале од Синодот на Македонската православна црква таа да биде прогласена за автокефална. На 18 јули 1967 година, на свечената седница во црквата "Св. Климент" во Охрид, Светиот синод на Македонската православна црква ги запишал најсветите страници на најновата историја и ја потпишал на Соборот донесената одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква.

(продолжува)


ЕК: „Целокупната поддршка за Македонија за активностите поврзани со миграцијата и менаџирање на азилантските барања и граничното управување, како во минатото, така и според планираното изнесува речиси 50 милиони евра. Овие средства се наменети за реновирање на полициските станици на границите, борба против трговијата со луѓе и зајакнување на капацитетите на полицијата за гранично управување“; наведуваат од Европската комисија

НА МАКЕДОНИЈА И СЕ ДОДЕЛЕНИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМОШ ЗА БЕГАЛЦИТЕ

50

милиони евра помош и додели Европската комисија на Република Македонија. Средствата се доделени за справување со бегалската криза. Според официјален Брисел, значајна поддршка од страна на Европската комисија се обезбедува на земјите од Западен Балкан, вклучително и за Македонија, што според нив ја надополнува дадената помош за Грција. „Целокупната поддршка за Македонија за активностите поврзани со миграцијата и менаџирање на азилантските барања и граничното управување, како во минатото, така и според планираното изнесува речиси 50 милиони евра. Овие средства се наменети за реновирање на полициските станици на границите, борба против тр-

говијата со луѓе и зајакнување на капацитетите на полицијата за гранично управување“; наведуваат од Европската комисија. Исто така, според Брисел, овие средства се и за зајакнување на функционирањето на визната политика, борбата 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 Март 2016

против трговијата со луѓе и поддршка на жртвите против трговијата со луѓе и насилство, како и за подобрување на условите во полициските станици и зајакнување на капацитетите за обука и образование во областа на внатрешните работи.


А Г Е Н Ц И Ј АТА З А Ф И Н А Н С И С К А ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Како што соопшти Аген- И Р У Р А Л Н И О Т Р А З В О Ј цијата, финансиската поддршка што ќе биде доделена е неповратна, а средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

ПОВИК ЗА КОРИСТЕЊЕ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ЗАДРУГИ

А

генцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година. мерката за економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење дејност и финансиска поддршка за основање и функционирање на земјоделските задруги. Како што соопшти Агенцијата, финансиската поддршка што ќе биде доделена е неповратна, а средствата се предвидени за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Поддршката за оваа мерка се исплаќа квартално по доставено барање за исплата

и тоа за прв квартал најдоцна до 15 април 2016 година, за втор квартал најдоцна до 15 јули 2016 година, за трет 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

квартал најдоцна до 15 октомври 2016 година и за четврт квартал најдоцна до 31 декември 2016 годијна.


Sudstvo

СЈО

Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското прислушување отворило 30 предмети против вкупно 80 лица кои се сомничат за сторени повеќе кривични дела од кои најзастепени се кривичните дела против изборите, објавено е во Извештајот за работата на Обвинителството што денес беше поднесен во Собранието. Дополнително, за истиот период Обвинителството запишало уште 120 предмети за кои досега нема отворено истрага

ОТВОРЕНИ 30 ПРЕДМЕТИ ПРОТИВ 80 ЛИЦА

Ј

авното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското прислушување отворило 30 предмети против вкупно 80 лица кои се сомничат за сторени повеќе кривични дела од кои најзастепени се кривичните дела против изборите, објавено е во Извештајот за работата на Обвинителството што денес беше поднесен во Собранието. Дополнително, за истиот период Обвинителството запишало уште 120 предмети за кои досега нема отворено истрага. Што се однесува до матери-

јалите добиени од опозициската СДСМ, Обвинителството истакнува дека на 30-ти декември до нив бил поднесен хард диск на кој се наоѓаат вкупно петстотини четириесет и шест илјади деветстотини четириесет и осум фајлови, од кои петстотини и шеесет илјади се аудио фајлови а останатите се фајлови во друг формат. покрај хард дискот до обвинителството се доставени и 23 вкоричени книги со вкупно 18 155 страници транскрипти од разговорите. Во извештајот се констатира лошата соработка со останатите 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

судски и државни институции, но и се најавуваат следните активности на Обвинителството. „Во следниот шестмесечен период во фокусот на работата ќе бидат отворените предистражни постапки, отворените истраги, како и преслушувањето на материјалите, при што ќе бидат издвоени приватните разговори, а акцент ќе биде ставен на детектирање на можни криминални активности, имајќи ги предвид законските одредби и јавниот интерес на Република Македонија“, стои во извештајот на обвинителството.


ИЗБОРИ Како што соопшти Љупка Гугучевска, советник во ДИК, теренската проверка ќе ја вршат 374 овластени анкетари, а целиот процес ќе се контролира од овластени лица на ДИК. Партиските претставници на ВМРОДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА во процесот може да учествуваат само како пасивни набљудувачи, без да преземаат било какви дејства или комуникации. Анкетите ќе се вршат секој ден од 8,30 до 19 часот, а секој анкетар на себе ќе има и беџ, како документ за идентификација

ДИК:

374 АНКЕТАРИ ТЕРЕНСКИ ЌЕ ПРОВЕРУВААТ 100.436 ГЛАСАЧИ

Д

ржавната изборна комисија кон крајот на неделава ќе ја почне теренската проверка на 100.436 записи кои произлегоа од вкрстената проверка на податоците во рамки на прочистувањето на Избирачкиот список. Како што соопшти Љупка Гугучевска, советник во ДИК, теренската проверка ќе ја вршат 374 овластени анкетари, а целиот процес ќе се контролира од овластени лица на ДИК. Партиските претставници на ВМРОДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА во процесот може да учествуваат само како пасивни набљудувачи, без да преземаат било какви дејства или комуникации. Анкетите ќе се вршат секој

ден од 8,30 до 19 часот, а секој анкетар на себе ќе има и беџ, како документ за идентификација. Државната изборна комисија соопшти дека ќе реализира медиумска кампања „Отворени врати“, а ги повика граѓаните да учествуваат во проверката која треба да 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

овозможи веродостоен Избирачки список. Од ДИК велат дека засега не се предвидени казни за граѓаните. Државната изборна комисија информира дека анкетниот лист ќе има 31 прашање. Прашалникот ќе биде изготвен на македонски и албански јазик.


СО О В А Ц И И И Д О Л ГО Т РА Ј Н И АПЛАУЗИ Публика на фестивалот со воодушевување ги проследи сите четири изведби на претставата „Бескрајни соништа“, а исто така, театарот доби позитивни критики и покани од страна на менаџери на други светски фестивали за учество во текот на оваа и идната година, известија од НУ Театар за деца и младинци - Скопје

"БЕСКРАЈНИ СОНИШТА" ВО ИЗМИР

С

о овации и долготрајни аплаузи беа поздравени актерите на Театарот за деца и младинци, кои со претставата „Бескрајни соништа“ ја освоија публиката на најголемиот светски фестивал за детски и куклени претстави во Измир, Турција. Во периодот од 9 до 14 март, Театарот за деца и младинци забележа голем успех на овој исклучително квалитетен фестивал, на кој учествуваа 52 професионални театри за деца. Публика на фестивалот со воодушевување ги проследи сите четири изведби на претставата „Бескрајни соништа“, а исто така, театарот доби позитивни критики и покани од страна на менаџери на други светски фестивали за учество во текот на оваа и идната година, известија од НУ Театар за деца и младинци - Скопје. „ Оваа претстава е направена со цел да се одбележи 20-

годишниот јубилеј на Театарот за Деца и Младинци. Целта беше низ една претстава да се прикажат сите видови и типови на кукли што досега продефилирале во куклените претстави на Театарот. Претставата нема класична приказна, поделена е во неколку сцени кои можат да стојат и како посебни целини, споени со интересни промени од сцена во 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

сцена. Во услови кога текстот е незначителен доминираат добро познати музички мотиви. Начинот на кој актерите формираат со најразлични предмети секакви форми е магичен и недофатлив за секое дете.Претставата е за сите возрасти. „Бескрајни соништа“ во 2013 година е наградена на Суботичкиот Фестивал „ЛУТФЕСТ“ со престижната награда за оригиналност и фантазија.


По покана на интернационалната поетска мрежа и организација Spoken Word Paris, во периодот од 18-28 март 2016 година, македонскиот поет Митко Гогов ќе учествува на серија интернационални поетски читања и перформанси... На две од читањата ќе се претстави заедно со локални и странски автори, додека едно од читањата е целовечерно е наменето за неговата поезија која ќе се чита на македонски, англиски и француски јазик

ПО ПОКАНА НА И Н Т Е Р Н А Ц И О Н А Л Н АТА П О Е ТС К А М Р Е Ж А И О Р ГА Н И З А Ц И Ј А

МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ МИТКО ГОГОВ НА SPOKEN WORD PARIS

П

о покана на интернационалната поетска мрежа и организација Spoken Word Paris, во периодот од 18-28 март 2016 година, македонскиот поет Митко Гогов ќе учествува на серија интернационални поетски читања и перформанси... На две од читањата ќе се претстави заедно со локални и странски автори, додека едно од читањата е целовечерно е наменето за неговата поезија која ќе се чита на македонски, англиски и француски јазик. Spoken Word Paris организира редовни поетски претставувања на поети од целиот свет. Spoken Word Paris е поле за средба на луѓе кои ја сакаат поезија, номади кои ги слушаат и почитуваат стиховите. Тоа е дом за креативни текстови и поетски апологети.

SpokenWord е носечката манифестација за отворен микрофон во Париз, додека Open Secret е нивната втора последователна манифестација. Овде е и работилницата за писатели и поети која се одржува во познатото место за сите љубители на литературата Shakespeare & Company. Mитко Гогов Пишува поезија, кратки раска19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

зи, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга а неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Америка, Русија, Шпанија, Чешка, Германија, Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија…


МАКЕДОНСКИОТ Д О К У М Е Н ТА Р Е Н Ф И Л М На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за „најдобар музички документарец“. Автор на филмот е неј зиниот долгогодишен менаџер и издавач Иво Јан коски, режисер е Синиша Ефтимов

"ВАЊА – СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА" ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

М

акедонскиот документарен филм посветен на легендарната Вања Лазарова, насловен „Вања – со маки сум се родила“ е примен во официјалната програма на Стар док филм фестивалот што ќе се одржи од 25 до 27 март во Лос Анџелес. На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за „најдобар музички документарец“. Автор на филмот е нејзиниот долгогодишен менаџер и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов. Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016


ВО ЛИКОВНИОТ САЛОН ВО ВЕЛЕС БЕШЕ ОТВОРЕНА И З Л О Ж Б АТА Таа пред велешката културна јавност се претстави со 25 дела масло на платно работени во периодот 2004 -2014 година. Изложбата ја прогласи за отворена Љубен Тевдовски, директор на Музејот на град Скопје, а за делата на Чингарова Фотева на која ова и е втора изложба во Велес по првата во 1993 година,зa нејзиното творештво се осврна нејзината колешка Дора Андова Фотева – историчар на уметноста

"МАНДАЛА" ОД СОЊА ЧИНГАРОВА ФОТЕВА

В

о Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата „Мандала“ од Соња Чингарова Фотева. Таа пред велешката културна јавност се претстави со 25 дела масло на платно работени во периодот 2004 -2014 година. Изложбата ја прогласи за отворена Љубен Тевдовски, директор на Музејот на град Скопје, а за делата на Чингарова Фотева на која ова и е втора изложба во Велес по првата во 1993 го-

дина,зa нејзиното творештво се осврна нејзината колешка Дора Андова Фотева – историчар на уметноста. Според неа, тоа се дела кои треба длабоко да се гледаат, читаат и откриваат, бидејќи му припаѓаат на менталниот склоп достапни на перцепцијата. Авторката на изложбата појаснува дека Мандала е слика на круг и квадрат. – Тоа е динамична претстава на односот помеѓу 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

транспарентното, вечното, божественото, кон кое човекот природно тежнее и земното, временското, материјалното во кое се наоѓа сега. Мандалата се јавува во сите култури од праисторијата до денес, а води кон духовното искачување врзувајќи го цврсто телото и душата, појаснува авторката Чингарова Фотева. Изложбата по Скопје и Велес ќе биде претставена и во други градови во земјава.


КАНАДСКА ПОЕТЕСА

Дирекцијата на „Струшките вечери на поезијата“ со овој чин го одбележа Меѓународниот ден на поезијата. Маргарет Етвуд го доби „ Златниот венец“ поради исклучителниот придонес во поетската уметност и нејзиниот особен ангажиран пристап, истакна претседателот на Управниот одбор на оваа меѓународна манифестација

МАРГАРЕТ ЕТВУД, ДОБИТНИЧКА НА ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ

К

анадската поетеса, романсиерка и активистка Маргарет Етвуд, е годинашна добитничка на Златниот венец на „ Струшките вечери на поезијата“. Вака гласи одлуката што ја донесе Советот на нашата, а светски реномирана поетска манифестација. Дирекцијата на „Струшките вечери на поезијата“ со овој чин го одбележа Меѓународниот ден на поезијата. Маргарет Етвуд го доби „ Златниот венец“ поради исклучителниот придонес во поетската уметност и нејзиниот особен ангажиран пристап, истакна претседателот на Управниот одбор на оваа меѓународна манифестација. Наградата„ Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и се

доделува на Маргарет Етвуд за исклучителниот придонес во поетската уметност, со особениот творечки пристап во третирањето на темите на отуѓувањето и неможноста од комуникација, позицијата на женскиот субјект кој страда, тегобноста, искористувањето и потчинетоста во модерниот свет. Се22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 798 / Март 2016

думдесет и седум годишната Етвуд која е почесен професор на 30 универзитети во светот, меѓу кои се најпрестижните: Оксфорд, Кембриџ, Харвард и Сорбона, започнала да пишува на свои 5 години. Етвуд ќе биде 51 добитничка на „ Златниот венец“, а „ СВП“ годинава ќе се одржат по јубилеен 55 пат.



798