793

Page 7

Македонските иселеници во Турција, во соработка со Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија, започнаа потпишување на петиција за добивање македонски државјанства. Интересот за македонски државјанства кај иселениците е голем, велат претставниците на здруженијата во повеќе градови на Турција. Петицијата се потпишува со нагласен интензитет, истакна претседателот на СМИР Исмаил Бојда

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ТУРЦИЈА

ИСЕЛЕНИЦИТЕ БАРААТ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНСТВА

М

акедонските иселеници во Турција, во соработка со Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија, започнаа потпишување на петиција за добивање македонски државјанства. Интересот за македонски државјанства кај иселениците е голем, велат претставниците на здруженијата во повеќе градови на Турција. Петицијата се потпишува со нагласен интензитет, истакна претседателот на СМИР Исмаил Бојда. „Тие отидоа во Турција во 50– тите години. Имаа билети во еден правец и таму Турците сè уште ги третираат како дојденци, односно по нивно ’ѓочмени македониас‘. За време на неодамнешната посета на тие здруженија, ние однесовме и една петиција со која ќе се бара од Македонија да им даде македонски државјанства, со ставање вон употреба на уредбата донесена во 2003 година на 15 март за давање на државјанства по членот 11 да ги третираат нашиве како странци, а дотогаш беше по потекло Македонци“, вели Бојда. Со цел да се координираат подобро активностите на здруженијата на иселениците од Македонија во Турција, веќе се започнати и разговори за формирање

на еден Сојуз, односно Заедница, во која, според организаторите, полесно ќе се координираат активностите за да се реши проблемот со добивање на држав-

07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 793 / Октомври 2014

јанства на Република Македонија. Во Република Турција има над 100 здруженија, односно невладини организации на иселениците од Македонија.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.