Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XIX, Број 792, Септември 2014

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

С А М О С П Л ОТ Е Н И ВО ЕДИНСТВО М ОЖ Е М Е З А Е Д Н О Д А И З Г РА Д И М Е СИГУРНА ИДНИНА

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

23 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

И покрај изјавата на американскиот амбасадор во заминување дека САД, не ја менуваат политиката кон Македонија и го почитуваат идентитетот на македонскиот народ, сепак изјавата на неговиот наследник се уште е топ тема, што е и нормално. Неговата изјава во која мнозинското население во земјава го нарече „Словени“, создаде лош прв впечаток кај граѓаните, во чиј интерес тој најави дека ќе работи како претставник на САД. Дали станува збор за дипломатски гаф, недоволно познавање на македонскката историја, или пак е намерно менување на политиката и позициите на САД кон Македонија за клучното прашање - спорот за името со јужниот сосед, да се надеваме дека во догледно време ќе се дознаеме. Тој ќе има шанса да објасни дали Македонците ги нарекол „Словени“ од незнаење или пак станува збор за нов правец на американската политика во однос на ова прашање, драстично поинаков од администрацијата на поранешниот претседател на САД, во чие време Македонија беше признаена под уставното име. Е сега дали е дипломатски гаф или изјава извадена од контекст и не е толку важно - важно е што тој ги погоди чувствата на мнозинството граѓани, особено во услови кога две децении се бориме да докажеме дека имаме право нашата држава да ја нарекуваме Македонија. И секако многу Македонци не се навредени само од фактот што тој им го одредува историското потекло, туку и од самиот факт што воопшто си дозволува и се дрзнува да го замени националното определување на Македонците со друг термин. Факт е дека оваа навреда од еден дипломат можеби ќе се заташка, ама верувајте нема да се заборави уште долго.

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. 17 ноември истата година од страна на Собранието беше усвоен Уставот на Република Македонија

Н А 25 Т И ЈА Н УА Р И 1991 ГОД И Н А ПРВИОТ ПОВЕЌЕПАРТИСКИ МАКЕДОНСКИ ПАРЛАМЕНТ Ј А УС В О И Д Е К Л А РА Ц И Ј А З А НЕЗАВИСНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

23 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

Р

епублика Македонија денеска одбележува 23 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. На 25-ти јануари 1991 година првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои Декларација за независност на Република Македонија, по што на 8. септември 1991 година над 95 отсто од граѓаните на референдум се изјасниле “за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. 17 ноември истата година од страна на Собранието беше усвоен Уставот на Република Македонија. Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија... Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8

април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име,

03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.


ПОЛИТИЧКИ ЛИДЕРИ: “8 Септември е празник кој претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеат со мислата за слободна и самостојна држава, но и ден со кој се празнува и мудрата одлука на огромното мнозинство граѓани кои заокружија ДА и се определија за самостојна Македонија“, се наведува во соопштението од премиерот

"

САМО СПЛОТЕНИ ВО ЕДИНСТВО МОЖЕМЕ ЗАЕДНО ДА ИЗГРАДИМЕ СИГУРНА ИДНИНА

С

амо сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија“, вели премиерот и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во честитката до граѓаните по повод денот на независноста-8 Септември. “8 Септември е празник кој претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеат со мислата за слободна и самостојна држава, но и ден со кој се празнува и мудрата одлука на огромното мнозинство граѓани кои заокружија ДА и се определија за самостојна Македонија“, се наведува во соопштението од премиерот. Оваа година според Груевски се одбележуваат 23 години од независноста на државата, години низ кои граѓаните покажаа зрелост, мудрост и капацитет, години на предизвици, на успеси и премрежја. “Умееме да се носиме со големата одговорност да се управува со сопствената судбина, и да се носат самостојно одлуки. Денес Република Македонија има цврсто зацртани

цели и визија. Нашата најголема задача е да го подобриме животот на граѓаните, да отвораме нови работни места, и да придонесеме за економски развој и општествен напредок кој државата ќе ја направи посилна, а граѓаните посреќни и сигурни. Тоа е задача во која сите треба да придонесуваме, но и наша обврска за идните поколенија“, пишува во честитката на премиерот Груевски. “Копнежот за слобода, економски просперитет и демократски напредок на државата бил вековна борба на македонскиот народ. Тој предизвик и денес е исправен пред граѓаните на Македонија. Oвој историски датум, 8-ми септем04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

ври, кога граѓаните го кажа судбоносното и референдумско “ДА“ за остварување на вековниот сон, Независна Република Македонија е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности“, стои во честитката испратена до граѓаните од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија СДСМ како државотворна партија и понатаму ќе се заложува преку заедништво и искрени заложби за демократска држава, Македонија да ја направиме економски стабилна земја, со еднакви можности за сите граѓани и евроатлантска иднина.


САД: Преку честитка испратена од американскиот државен секретар Џон Кери, Соединетите Американски Држави и’ го честитаат на Република Македонија Денот на независноста - 8 Септември

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ ВО ПОДДРШКАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

П

реку честитка испратена од американскиот државен секретар Џон Кери, Соединетите Американски Држави и’ го честитаат на Република Македонија Денот на независноста - 8 Септември. “Разновидната популација во Македонија е извор на сила која продолжува да нуди идеи, енергија и ги движи напред Македонија и регионот. Соединетите држави во изминативе 23 години гордо ги поддржуваа македонскиот развој и транзија. Остануваме посветени во помагањето на Македонија во зацврстувањето на владеењето на правото, во промоцијата на слободата на медиумите и во градењето силни демократски основи за инклузивно мултиетничко општетство. Им честитаме на сите граѓани на Македонија за она што го постигнаа од независноста и решени сме да ја продолжиме нашата заедничка работа кон демократска, безбедна и просперитетна иднина“, се наведува во пораката на американскиот државен секретар Џон Кери. 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014


ЈОЛЕВСКИ: Најдобриот начин за заеднички придонес, како за регионалниот така и за светскиот мир и безбедност, е размената на мислења и дискусиите за глобалните и регионалните предизвици токму на ваков тип на форуми. Ова меѓу другото го истакна министерот за обрана Зоран Јолевски во обраќањето пред почетокот на тридневниот форум на тема “НАТО Самитот во Велс: Иднината на алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан”

МАКЕДОНИЈА СО ПОДДРШКА НА ИНИЦИЈАТИВИТЕ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Н

ајдобриот начин за заеднички придонес, како за регионалниот така и за светскиот мир и безбедност, е размената на мислења и дискусиите за глобалните и регионалните предизвици токму на ваков тип на форуми. Ова меѓу другото го истакна министерот за обрана Зоран Јолевски во обраќањето пред почетокот на тридневниот форум на тема “НАТО Самитот во Велс: Иднината на алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан”. “Лидерите на Самитот на НАТО во Велс донесоа важни одлуки и бројни мерки чија цел е да придонесат за навремена подготовка на Алијансата и партнерите за брз и одлучен одговор на заканите на денешницата по колективната безбедност“, рече Јолевски додавајќи дека Република Македонија останува посветена во споделувањето на заедничките вредности на Алијансата и во иднина, силно ќе ги поддржува сите иницијативи кои ќе придонесат за зачувување

на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. На отворањето на форумот во Охрид во организација на Маршал Центарот на Република Македонија, а под покровителство на НАТО Секторот за јавна дипломатија и Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“, свое обраќање имаа и претседателот на Маршал центарот Стојан Славески 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

и Дин Двиганс, директор на Алумни програмата на Европспкиот центар за безбедносни студии, “Џорџ Маршал“. На оваа работилницата учествуваат, триесетина експерти од државите од регионот, меѓу кои универзитетски професори, политичари, претставници од НАТО канцеларијата за врски и од дипломатскиот кор на Република Македонија.


ИВАНОВ: “Со нелегалната блокада на заслуженото членство на Република Македонија во НАТО се врши сериозно блокирање на мирот, безбедноста и стабилноста на Балканот. На почетокот бевме блокирани во Обединетите нации, поради името на државата. Сега сме блокирани во НАТО и во Европската Унија, не само поради името, туку и поради јазикот и идентитетот на нашите граѓани. Блокирањето е резултат на непочитувањето на резолуциите 817 и 845 од 1993 година, донесени токму од овој Совет за безбедноста“, истакна претседателот Иванов

ГРЧАКТА ПОЛИТИКА КОН МАКЕДОНИЈА Е ЗАКАНА ЗА СТАБИЛНОСТА НА РЕГИОНОТ

Г

рчакта политика кон Македонија е закана за стабилноста на регионот“, истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов говорејќи на конференција на Советот за безбедност на Обединетите нации, свикана од претседателот Барак Обама за справување со растечката закана од тероризмот. Иванов исто така побара од Советот за безбедност, да се погрижи да се спроведе пресудата на Меѓународниот суд на правдата и Македонија да стане членка на НАТО. “Со нелегалната блокада на заслуженото членство на Република Македонија во НАТО се врши сериозно блокирање на мирот, безбедноста и стабилноста на Балканот. На почетокот бевме блокирани во Обединетите нации, поради името на државата. Сега сме блокирани во НАТО и во Европската Унија, не само поради името, туку и поради јазикот и идентитетот на нашите граѓани.

Блокирањето е резултат на непочитувањето на резолуциите 817 и 845 од 1993 година, донесени токму од овој Совет за безбедноста“, истакна претседателот Иванов. Европската Унија според Иванов не смее да заборави дека Балканот е дел од Европа и дека одлагајќи го проширувањето, си создава проблем на сопствената територија. “Неопходно е час поскоро да се интегрираат сите земји од 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

Западен Балкан во Европската Унија. Веќе нема време и изговори за блокирање во европските и евроатланските интеграции и иницијативи. Нашиот регион е ранлив исто како и Европа“, изјави претседателот Иванов во Советот за безбедност, истакнувајќи што, според него, би бил најзначајниот придонес кон стабилизирање на регионот и со тоа сузбивање на натамошното ширење на радикалниот исламизам


ОМД: Обединетата македонска дијаспора го повикува претседател Ѓорге Иванов, во рамките на 69-тото Генерално собрание на Обединетите нации, формално да го информира Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации дека Македонија ќе се повлече од овие фарса преговори за името. ОМД верува дека се додека Македонија не превземе ваков чекор, елементите на меѓународната заедница ќе продолжи да му се закануваат на идентитет и правото на национална држава на Македонија како преговарачки и ирелевантни

МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД АПСУРДНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО

О

бединетата македонска дијаспора го повикува претседател Ѓорге Иванов, во рамките на 69-тото Генерално собрание на Обединетите нации, формално да го информира Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации дека Македонија ќе се повлече од овие фарса преговори за името. ОМД верува дека се додека Македонија не превземе ваков чекор, елементите на меѓународната заедница ќе продолжи да му се закануваат на идентитет и правото на национална држава на Македонија како преговарачки и ирелевантни. По 8 години на непопустливост на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, во голем дел поради противењата на Грција за името на Македонија и последните бугарските разговори за т.н. "добрососедски" односи, ОМД не гледа никаква корист кои произлегу-

ваат од продолжување на овие бесмислени размислувања. “Македонија треба да достави официјално барање до Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН да гласаа за промена на употребата на "Поранешната Југословенска Република Македонија", во Обединетите нации во "Република Македонија", велат од ОМД. ОМД ги повикува македонските политички и гра08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

ѓански лидери да се фокусираат на борбата против корупцијата, рехабилитација на скршениот судскиот систем, како и обезбедување на целосна слобода на медиумите - “Македонците се одговорни еден за друг, и само преку заедничка одговорност и отчетност можеме да се осигура дека иднината на Македонија е светла и сигурна“, е додадено во соопштениетот од Обединетата Македонска Дијаспора.


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера со средба со македонската дијаспора во Њу Џерси го започна своето учество на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. “Меѓу државите во светот Македонија има и пријатели, и партнери и поддржувачи. Но, пред се, Македонија ја има својата дијаспора. Меѓу вас има многу успешни луѓе, секој ваш успех е успех и за Република Македонија

М

ИВАНОВ НА СРЕДБА СО Д И Ј А С П О РАТА :

ЌЕ ГИ ИЗДРЖИМЕ НЕПРИНЦИПИЕЛНИТЕ

акедонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера со средба со македонската дијаспора во Њу Џерси го започна своето учество на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. “Меѓу државите во светот Македонија има и пријатели, и партнери и поддржувачи. Но, пред се, Македонија ја има својата дијаспора. Меѓу вас има многу успешни луѓе, секој ваш успех е успех и за Република Македонија. Пред нас е мисија преку напорни реформ дома, Македонија да ја градиме во височина, со највисоки вредности, критериуми и стандарди. Преку отвореност кон надвор, го унапредуваме угледот на Македонија во светот. На нашиот пат се бориме и со погрешни перцепции, негирања и со блокирања, но истрајуваме и не се предаваме. На тоа не обврзуваат македонските граѓани во Република Македонија, но и сите синови и ќерки на Македонија во дијаспората. Вие ни ја давате елните притисоци“, изјави прет- ваа на свечена вечера органиморалната сила, но и обврска, седателот Иванов кој со првата зирана во црквата Свети Кирил да ги издржиме непринципи- дама, Маја Иванова, присуству- и Методиј во Њу Џерси.

ПРИТИСОЦИ

09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014


ИВАНОВ: Според македонскиот претседател, спорот за името воопшто не е на агендата во Грција, бидејќи таа не трпи од овој спор. “За се што беше од наша страна иницирано и преземено, гледаме дека од нивна страна нема интерес, но одвреме-навреме се јавуваат заинтересирани земји кои сакаат да се вклучат во ова и да дадат поинакви динамики на целиот процес. Тоа е реалноста, ние иако сакаме состојбите да бидат сосема поинакви, мораме да се соочуваме дека некој пат генерациите кои доаѓаат ги носат промените

ВО ГРЦИЈА НЕ ПОСТОИ ЖЕЛБА ДА СЕ СПРАВАТ СО ПРОБЛЕМОТ ЗА ИМЕТО ШТО ТИЕ ГО СОЗДАДОА

В

о Грција не постои желба, ниту интерес да се справат со проблемот за името што тие го создадоа, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов синоќа во интервју за Македонската телевизија, по повод Денот на независноста. Според македонскиот претседател, спорот за името воопшто не е на агендата во Грција, бидејќи таа не трпи од овој спор. “За се што беше од наша страна иницирано и преземено, гледаме дека од нивна страна нема интерес, но одвременавреме се јавуваат заинтересирани земји кои сакаат да се вклучат во ова и да дадат поинакви динамики на целиот процес. Тоа е реалноста, ние иако сакаме состојбите да бидат сосема поинакви, мораме да се соочуваме дека некој пат генерациите кои доаѓаат ги носат промените. Видете на целиот Балкан имаме нови елити, по падот на Берлинскиот ѕид дојдоа нови елити. Во Грција се уште се елитите од периодот на студената војна. Ја гледате реториката што ја користат, нивниот начин на однесување. Но, да се надеваме дека ќе се менуваат работите и дека ние како земја која има право на свое достоинство треба да опстоиме на она што е наше и за кое

животите ги дале генерации, генерации родољуби – да бидеме своја држава, како нова реалност да бидеме прифатени и од нашите соседи и од севкупниот свет“, рече претседателот Иванов. Прашан за стратешките цели на земјата, 23 години од нејзината независност, претседателот со став – ЕУ и НАТО остануваат определба за Република Македонија. Иванов со порака дека Република Македонија е подготвена да се справи со безбедносните предизвици на регионално и на глобално ниво. “Целиот наш регион тоне во една состојба во која се случуваат настани кои не биле предвидливи. Во нашево опкружување, на Медитеранот, Блискиот Исток, гледате, Централна 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

Азија, сето она што е таму присутно, го чувствуваме и ние, бидејќи ние на некој начин сме транзит зона на многу бегалци, транзит зона во која се случуваат илегални работи во кои постои и влијание на меѓународниот тероризам, верски радикализам, во кој постојат обвновување на канали, кои постоеле за нелегални работи. Тие се глобални закани, регионални закани. Нашите институции се подготвени да се справуваат со тие предизвици. Во иднина ќе очекуваме такви нешта. Но партнерскиот однос што го имаме со одредени земји, одредени служби со кои што соработуваме кажува дека Македонија со сите тие предизвици може да се соочи“, додаде претседателот Иванов.


Т Е Л Е Ф О Н С К АТА А Н К Е ТА Ова го покажува телефонската анкета направена на репрезентативен примерок од 1002 испитаници помеѓу 10-15 септември 2014 година од страна на Институтот за демократија “Социетас Цивилис“ Скопје поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер, претставништво во Република Македонија на тема “Интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија“. Мнозинство од граѓаните го поддржуваат влезот на Република Македонија во ЕУ, доколку не постои услов за промена на името

80 % ОД ИСПИТАНИТЕ МАКЕ ДОНСКИ ГРАЃАНИ СЕ ЗА ВЛЕ З ВО ЕВРОПСК АТА УНИЈА

80

проценти од испитаните македонски граѓани се за влез во Европската унија, додека 14 % би гласале против на Референдум за влез во ЕУ ако се оддржи следната недела. Ова го покажува телефонската анкета направена на репрезентативен примерок од 1002 испитаници помеѓу 10-15 септември 2014 година од страна на Институтот за демократија “Социетас Цивилис“ Скопје поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер, претставништво во Република Македонија на тема “Интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија“. Мнозинство од граѓаните го поддржуваат влезот на Република Македонија во ЕУ, доколку не постои услов за промена на името. Скоро две третини од испитаниците односно 63 проценти поддржуваат влез на Македонија во ЕУ доколку не треба да се направат отстапки за името на државата. Една четвртина од испитаниците 26 проценти таквата поддршка би ја дале и покрај промена на името. Педесет и еден процент сметаат

дека Македонија е подготвена за членство во ЕУ, а 42% дека не е. Граѓаните се поделени околу оценката за напредокот во ЕУ интеграциите во изминатата година. 47 проценти од испитаните граѓани сметаат дека сме напреднале во процесот, додека 20 проценти сметаат дека напредокот е мал. Скоро една третина односно 31 проценти мислат дека напредок изостанува или се случило назадување. Безмалку секој втор испитаник 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

48 проценти од испитаниците смета дека извештајот за напредокот на Република Македонија ќе биде ист како минатата година, додека 28 проценти сметаат дека извештајот ќе забележи напредок. Еден од секои пет испитаници рекле дека очекуваат извештајот да бележи назадување. Граѓаните сметаат дека главна причина што Македонија не е дел од ЕУ е попречувањето на процесот на интеграција од страна на соседните држави.


МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.

Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.

ДИМИТРИЈА И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ - НАЈСКАПИТЕ

ЖРТВИ ВО БОРБАТА ЗА ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА


За овој фељтон се користени материјали од истражувањата на проф. д-р Јован Белчовски, објавени во книгата "Охридска архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 г." Исто така, користени се и истражувањата на проф. д-р Александар Трајановски, објавени во книгата "Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на XVIII век до основањето на ВМРО".

НАТАНАИЛ КУЧЕВИШКИ

С

о постепеното навлегување на капиталистичките елементи во Турција, соодветно на тоа и во Македонија, кон крајот на XVIII и на почетокот на XIX век, а и потоа, забележително се развиле македонското занаетчиство и трговија. Паралелно со тоа, а како резултат на позитивното влијание на европскиот национализам и либерализам, кои се рефлектирале врз ослободителните движења на балканските земји, збогатеното македонско занаетчискоеснафско и трговско граѓанство, сè поорганизирано ја застапувало идејата за еманципација од елинизацијата и од Цариградската патријаршија. Тој слој на граѓани од македонскиот поробен народ бил поборник за својата национална култура и самобитност. Од овие причини, барајќи свое општествено место во дотогаш најзначајните црковно-општествени институции, односно црков-

но-училишни општини, кои воедно биле и креатори на севкупниот црковно-просветен и општествен систем во животот на верниците, зајакнатото македонско занаетчиско-трговско граѓанство почнало да се интересира како да го преземе раководењето и управувањето на ваквите црковно-просветни институции, кои ги имало во секој македонски град и во поголемите села.

БУДЕЊЕ НА СВЕСТА Обидите за возобновување на Охридската архиепископија повеќе пати се повторувале и како такви ги среќаваме кон средината на XIX век. Така, во "научната дисертација", односно во кандидатско-дипломскиот ракопис на Натанаил Кучевишки (1820-1906), во 1851 година, на неговата последна година на Киевската духовна академија, меѓу дру-

гото, ги искажал идејата и желбата за возобновување на Охридската архиепископија, но сосема независна од Цариградската патријаршија. Пишувајќи за некогашната автокефалност на Охридската ерархија, Натанаил, пред сè, се задржал на зачетокот на Црквата, според него како Јустинијана Прима, потоа на периодот подоцна, преку создавањето на Македонската православна црква, прво како Митрополија, потоа како Архиепископија, и како Охридска патријаршија во времето на цар Самуил (976-1014), првиот македонски властодржец. Во средновековието Црквата повторно била Архиепископија, но сè до нејзиниот трагичен крај во 1767 година кога, според него, била неканонски укината. Базирајќи се на автентични и за она време изворни податоци, Натанаил многу описно ја прикажал историјата на Охридската црква, кои територии и епархии биле под нејзина диецеза, и кои архиепископи и патријарси се наоѓале на нејзиниот трон. Во своите книжевни дела, пишувајќи за својот роден град Скопје, потоа за црковно-просветните национално-будителски борби на скопјани против грчките владици, Натанаил Кучевишки подетаљно ја елаборирал оваа идеја. Познатиот деец Партениј Зографски (1818-1876), кој долго време се школувал во Русија (Кишинев, Одеса, Киев и Санк Петербург), во 1858 година, исто така, пишувал за славното минато на Охридската архиепископија, за нејзините митрополии и епископии, меѓу кои ги наведува: Пелагониската, Струмичката, Костурската, Воденската, Преспанско-охридската, Мегленската, Дебарско-кичевската и други. Во 50-тите години на XIX век Рајко Жинзифов (1839-1877) заминал на школување во Русија и таму останал до крајот на животот. Во омилената тема за пишување - Македонија, Жинзифов често пати се навраќал на историјата на Охридската архиепископија, како Македонска православна црква. Пишувајќи против навлегувањето на унијатството и протестантизмот на Балканскиот Полуостров, соодветно и во Македонија,


КОНТРОВЕРЗНИОТ МИТРОПОЛИТ МЕЛЕТИЈ И ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ДЕЕЦ ДИМИТАР МИЛАДИНОВ барајќи при тоа помош од големата православна Русија, а поврзано со дејноста на солунските браќа Св. Кирил и Методиј. Струшките браќа Димитрија и Константин Миладинови (1810-1862), вршејќи разновидна просветителска, преродбенска, публицистичка и воопшто културно-општествена дејност, воедно се интересирале и пишувале за историјата на Охридската архиепископија. Во таа смисла, на 5 август 1860 година во московскиот весник "Ден", Константин Миладинов ја објавил статијата насловена како "Охридска архиепископија". Во воведот поетот ја публикувал новопронајдената (од страна на неговиот постар брат Димитрија), грамота на охридскиот архиепископ Пајсиј, која во 1556 година, била испратена до митрополитот Тимотеј во Долна Италија, Сицилија, Малта и Далмација. Во тоа време овие области биле во состав на таканаречената Италијанска епархија, која се наоѓала по јурисдикција на Охридската архиепископија. Покрај тоа, во спомнатава статија Константин Миладинов дал кратки извадоци од кодексите на Охридската

патријаршија-архиепископија, во кои биле наведени границите на Охридската автокефална православна помесна црква во тоа време. Исто така, во неа имало и податоци за дејноста на првиот македонски просветител во Македонија, основоположникот и првиот епископ на Македонската православна црква - Свети Климент Охридски (840-916) и друго.

БОРБИ ПРОТИВ ГРЧКИТЕ МИТРОПОЛИТИ Во тоа време, настојувањата и ангажирањето на македонскиот народ за одделување од Патријаршијата, а за возобновување на Охридската архиепископија како македонска православна помесна црква, не можат да се одделат од општите антипатријаршиски движења и борбата на другите православни народи под јурисдикција на Фанариотската екуменска институција. Всушност, тоа се антипатријаршиските борби на верниците кои живееле на територијата

или во диецезата на некогашната неканонски укината Охридска архиепископија. Овие промени во Македонија ја предизвикале појавата на новата граѓанска класа - македонската. Новиот општествен фактор во македонските градови и во поголемите села, како и зајакнатото македонско занаетчиско-трговско граѓанство олицетворено во сè побогатите занаетчии и трговци, покажале значителен интерес за учество во решавањето на црковно-просветните и општествените компетенции. Најголем број црковно-просветни и општествени институции се наоѓале во доменот на црковно-училишните општини, односно сè до 60-тите години на XIX век повеќето од нив биле под јурисдикција на Цариградската патријаршија, така што македонското граѓанство и интелигенцијата настојувале да ги преземат од грчко-патријаршискиот елемент и со нив самостојно да управуваат. Познатиот охридски општественик, културно-преродбенски деец, учител, учебникар и публицист Кузман Шапкарев (1834-1909), оставил доволно изворни податоци за отпорот и за антипатријаршиското движење во Охрид и во околината и воопшто на територијата на Преспанско-охридската епархија во текот на првата половина на XIX век. Во таа смисла, тој ги регистрирал судирите на граѓанството во епархијата, особено оние кои станале поинтензивни по смртта на митрополитот Калиник (18021842), кога архијерејската должност ја наследил владиката Јосиф (1843-1850), кој ја претворил "Охридската митрополија во свињарник и блуднички верден". Поради неговата недолична и антинародна дејност жителите на Преспа поднеле петиција (жалба) до Високата порта. Нивната реакција ја следеле и жителите на Охрид, кои до Портата во Цариград испратиле своја делегација составена од: Петар Димица, Константин А. Робев, Димитрија Андреја и Атанас Шамандура. На османлиската власт тие й ги објасниле "тиранијата и неморалот" на патријаршискиот владика, барајќи негово менување. Благодарение на помошта од големиот везир и авторитетот на влијателните браќа Робевци и Паунчевци, охриѓани и преспанци успеале да го сменат непожелниот грчки владика. Сепак, радоста на жителите од Преспанскоохридската епархија била краткотрајна, затоа што Цариградската вселенска патријаршија повторно испратила Грк за нов владика - Дионисиј (1850-1859). Бидејќи новиот владика продолжил да ги следи постапките на својот претходник, тоа предизвикало повторни судири меѓу охридско-преспанската паства и овој грчки архијереј. Дури во 1851 година тие организирано истапиле против владиката, барајќи тој да ја напушти епархијата. Меѓутоа, овој охридски бунт не


ГРИГОР ПРЛИЧЕВ постигнал успех, затоа што овој пат Патријаршијата го заштитила својот владика. Тоа го охрабрило владиката Дионисиј да премине во противнапад и да почне да се одмаздува. Во 1853 година владиката ги наклеветил Г. Паунев и Сотир Кецкар (зет на Робевци) од Охрид и Димо Тегос и Каранфил од Ресен, дека се државни непријатели, што подоцна било поддржано и од патријархот, и тие биле испратени во прогонство на Света Гора на островот Атос. Во контекст на ова, Патријаршијата за негов наследник го хиротонисала епископот Мелетиј Велички (1860-1879), по потекло Грк, кој охриѓани добро го познавале и тоа во негативна конотација уште од 50-тите години на XIX век, од времето кога во градот тој бил протосингел во митрополијата.

Овој настан уште повеќе ги заплеткал и ги искомплицирал и така затегнатите односи. Уште пред тој да дојде во Охрид, граѓанството и интелигенцијата од оваа епархија, во име на Охридската црковноучилишна општина, испратиле неколку барања, молби и жалби до Патријаршијата и до Високата порта (на 2 февруари, 23 март и 8 април, сите од 1860 година), првиот пат потврдени со 5.000, а вториот со 12.000 потписи, во кои отворено го искажале револтот и антипатијата кон новиот архијереј. Во однос на тоа, најревносен бил струшкиот учител Димитрија Миладинов, кој во еден свој подолг напис во "Цариградски весник" од 1860 година, покрај другото, истакнал: "В час на умирачката на покојниот владика Јоаникиј, наеднаш дадовме извештај до Високата порта дека Мелетиј не го сакаме,

туку за пастир бараме наш човек". Цариградската патријаршија и митрополитот Мелетиј Велички воопшто не биле трогнати од овој охридски протест. Така, во април 1860 година Мелетиј се подготвувал да отпатува од Цариград во Охрид. Ова ги принудило охриѓани да му се заканат на митрополитот и воопшто на Патријаршијата, дека доколку непожелниот грчки владика дојде во градот, тие ќе склучат унија со Римокатоличката црква, како едно од тогашните проверени и ефикасни средства за еманципација од Патријаршијата и од непожелните грчки владици. Но, заканата не го постигнала саканиот ефект. Поради тоа, за време на Велигденските празници, кога Мелетиј се подготвувал да дојде во Охрид, со писмото од 4 април 1860 година, Охридската црковно-училишна општина ја известила Патријаршијата дека го откажува нејзиното туторство. Сепак, користејќи разни интриги, измами, поткажувања и казни, митрополитот Мелетиј успеал да собере доволно потписи од одреден број верници и од "неуките и простодушни селани", што му овозможило да испрати барање до Патријаршијата, во кое таа била "замолена", да не ги слуша поплаките на Охридската црковно-училишна општина, а сè со цел на владиката да му се овозможи непречено доаѓање во Охрид. Така и се случило. Иако сè тоа се одвивало без должно внимание, Мелетиј пристигнал во Охрид и веднаш почнал да собира материјални вредности и да води развратен и антипатријаршиски живот во митрополиската зграда. Владиката од Преспанско-охридската епархија управувал деспотски и воопшто не му пречело тоа што бил сосема неприфатен од верниците. Служејќи се со интриги и со измама тој успеал да го наклевети струшкиот учител Димитрија Миладинов дека е руски шпион и антидржавен елемент. Инаку, Миладинов бил еден од тогашните најпринципиелните борци во антипатријаршиската борба и еден од првите македонски интелектуалци, кој ја почнал и ја организирал борбата против грчката доминација во епархијата. Во 60-тите години на XIX век струшкиот учител Димитрија Миладинов заедно со својот најмал брат - поетот Константин Миладинов, ја организирале борбата против грчкиот митрополит. Но, во 1862 година, благодарение на митрополитот Мелетиј и воопшто на Цариградската патријаршија, браќата станале најскапата жртва која ја дал македонскиот народ.

(продолжува)


С Т РА Н С К И И Н В Е С Т И Ц И И : Турската компанија “Про лајн“, планира да инвестира во Република Македонија. Директорот на компанијата Алтан Чургелич, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски изјави дека планот на компанијата е да инвестираат во изградба на фабрика за производство на пластика, со вредност на инвестицијата од околу 3 милиони евра, на локација во Македонија која дополнително ќе биде утврдена. “По мојата прва посета одлучивме да инвестираме во Македонија. Македонскиот пазар во поглед на европскиот пазар и економија дава премногу предности”, изјави Чургелич

ТУРСКАТА КОМПАНИЈА "ПРО ЛАЈН", ПЛАНИРА ДА ИНВЕСТИРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Т

урската компанија “Про лајн“, планира да инвестира во Република Македонија. Директорот на компанијата Алтан Чургелич, по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски изјави дека планот на компанијата е да инвестираат во изградба на фабрика за производство на пластика, со вредност на инвестицијата од околу 3 милиони евра, на локација во Македонија која дополнително ќе биде утврдена. “По мојата прва посета одлучивме да инвестираме во Македонија. За неколку месеци одлучивме да започнеме со изградба на нашата фабрика и со нас сакаат да инвестираат уште пет други пријатели инвеститори. Македонскиот пазар во поглед на европскиот пазар и еко-

номија дава премногу предности”, изјави Чургелич. Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација, денеска во Мерсин, Турција присуствуваа и се обратија на бизнис форум за презентација на поволностите кои ги нуди Република Македонија за реализација на странски инвестиции. Груевски им порача на турските инвеститори кои 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

размислуваат за нивно проширување и за инвестиции надвор од Турција, кои бараат пазари кои нудат ниски трошоци за правење на бизнис и добро образована работна сила, пазари кои што се поблиски до Европа и имаат одлична бизнис клима, дека во Македонија ќе го најдат тоа и ќе најдат влада која е пријателски расположена кон бизнисот.


Германската компанија “Маркарт“ која гради фабрика во Велес ќе започни со работа кон средината на следната година. Според главниот и извршен директор на “Маркарт Групацијата“, Харалд Маркар, се бара квалификуван и обучен персонал, како и вработени за поедноставни работни места. Компанијата идниот месец ќе организира саем за вработување преку кој ќе ги скенира потенцијалните кандидати за вработувањe, потоа ќе ги праќа на дообука

Д Е Л О Д Л И Ц АТА Ш Т О Ќ Е Б И Д АТ Р Е Г Р У Т И РА Н И З А В Р Е М Е Н А С А Е М О Т З А В РА Б О Т У В А Њ Е Ќ Е З А П О Ч Н АТ СО С В О Ј О Т П Р О Ф Е С И О Н А Л Е Н А Н ГА Ж М А Н УШТЕ ОД 1.НОЕМВРИ ГОДИНАВА

ЗАПОЧНА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНСКАТА

КОМПАНИЈА "МАРКАРТ"

Г

ерманската компанија “Маркарт“ која гради фабрика во Велес ќе започни со работа кон средината на следната година. Според главниот и извршен директор на “Маркарт Групацијата“, Харалд Маркар, се бара квалификуван и обучен персонал, како и вработени за поедноставни работни места. Компанијата идниот месец ќе организира саем за вработување преку кој ќе ги скенира потенцијалните кандидати за вработувањe, потоа ќе ги праќа на дообука. Генералниот директор за Македонија, Волфганг Аихер потенцира дека

една од причините кои се одлучиле да инвестираат во Македонија е тоа дека вработените ќе добиваат плата според македонскиот стандард. Дел од лицата што ќе бидат регрутирани за време на Саемот за вработу17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

вање ќе започнат со својот професионален ангажман уште од 1.ноември годинава. Инвестицијата е вредна околу 35 милиони евра, а на почетокот ќе се вработат околу 100 лица, додека во наредните петт години ќе се вработат над 500 лица.


З А В О Д З А С ТАТ И С Т И К А : Во месеците јуни, јули и август 2014 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година. Во овие три месеци на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје и аеродромот “Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 430.367 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 367.473 патници

ВО ЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ ПРЕКУ ДВАТА АЕРОДРОМА БЕА ПРЕВЕЗЕНИ 430.367 ПАТНИЦИ

В

о месеците јуни, јули и август 2014 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година. Во овие три месеци на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје и аеродромот “Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 430.367 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 367.473 патници. Најголем пораст на бројот на превезени патници е забележан во август кога од двата аеродрома се превезени вкуп-

но 159.153 патници што претставува пораст од 21% во однос на истиот месец минатата година. Според застапеноста на дес18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

тинациите по број на патници, најголемиот дел од патниците патувале за Истанбул, Виена, Цирих, Лондон, Базел, Малме и Белград.


ЕБОР: Поради последиците од поплавите во регионот и напнатоста во банкарскиот сектор во Бугарија, Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економскиот раст на Југоисточна Европа за оваа година од 1,9 проценти во мај, на 1,5 проценти

РАСТ ОД 3 % НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

М

акедонија и Косово во оваа и во наредната 2015 година ќе забележат најголем економски раст меѓу земјите во регионот, се вели во најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа. Македонската економија оваа година според ЕБОР, годинава ќе порасне за три проценти, а толкав раст се очекува и во наредната 2015. Поголем раст ќе има само Косово од 3,5 отсто. Поради последиците од поплавите во регионот и напнатоста во банкарскиот сектор во Бугарија, Европската банка за обнова и развој ја намали прогнозата за економскиот раст на Југоисточна Европа за оваа година од 1,9 проценти во мај, на 1,5 проценти. Најголема ревизија за намалување на растот банката направила за Србија и Босна и Херцеговина, бидејќи и двете земји имаа штети од поплавите на крајот на мај. ЕБОР очекува економскиот раст на БиХ да биде 0,2 проценти, наспрема 1,8 отсто. Србија најверојатно ќе падне во рецесија, при што се очекува економијата да спадне за 0,5 отсто спрема растот од еден процент при претходната приогноза. 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014


Н А Т Е Л Е Ф О Н С К АТА Л И Н И Ј А З А С О В Е Т И Н А Г РА ЃА Н И Т Е Сите граѓани кои се јавиле добиле соодветна здравствена услуга. Најголем број од јавувањата биле во врска со здравствен совет за покачена телесна температура, респираторни и кардиоваскуларни симптоми поврзани со променливите временски услови и симптомна болка

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НА "АЛО ДОКТОРЕ" СЕ ЈАВИЛЕ 1.203 ГРАЃАНИ В

купно 1.203 повици се регистрирани на телефонската линија за совети на граѓаните „15123-Ало докторе!“, од нејзиното активирање на 15 септември до синоќа во 22

часот, информира Здравствениот дом Скопје. Сите граѓани кои се јавиле добиле соодветна здравствена услуга. Најголем број од јавува-

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

њата биле во врска со здравствен совет за покачена телесна температура, респираторни и кардиоваскуларни симптоми поврзани со променливите временски услови и симптомна болка.


Д О К РА Ј О Т Н А Г О Д И Н АТА “Во моментов се пристигнати 12 специјалисти, во октомври ќе дојдат уште 16 доктори, а во ноември и декември ќе пристигнат уште 22 доктори кои ќе бидат распределени во повеќе здравствени установи“, изјави Тодоров. Во изминативе две години во Македонија престојувале преку 60 доктори кои го пренеле своето и го унапредиле знаењето на македонските доктори

50 ПРОФЕСИОНАЛНИ

ДОКТОРИ ОД САД ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА

П

едесет професионални доктори од САД до крајот на годината ќе присуствуваат во Република Македонија. Според министерот за здраство Никола Тодоров докторите ќе вршат обука, ќе го пренесуваат своето

знаење и вештините и рамо до рамо ќе работат со македонските доктори. “Во моментов се пристигнати 12 специјалисти, во октомври ќе дојдат уште 16 доктори, а во ноември и декември ќе пристигнат уште 22 доктори кои ќе 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

бидат распределени во повеќе здравствени установи“, изјави Тодоров. Во изминативе две години во Македонија престојувале преку 60 доктори кои го пренеле своето и го унапредиле знаењето на македонските доктори.


М А К Е Д О Н С К И О Т И Г РА Н Ф И Л М Одлуката со мнозинство гласови ја донесе комисија во состав Роберт Насков, продуцент воедно и претседател на комисијата, Вардан Тозија-режисер, Горан Игњатовски-артист, Иван Бартлингсценограф и Димитар Попов-кинематографер

"ДО БАЛЧАК" ЗА ОСКАР

М

акедонскиот игран филм „До балчак“ на режисерот Столе Попов ќе ја претставува Македонија во трката за највисоката награда за филм Оскар од неанглиско подрачје. Одлуката со мнозинство гласови ја донесе комисија во состав Роберт Насков, продуцент воедно и претседател на комисијата, Вардан Тозија-режисер, Горан Игњатовски-артист, Иван Бартлинг-сценограф и Димитар Попов-кинематографер. Како што е познато, македонскиот игран филм „До балчак“ неодамна имаше светска премиера што се одржа на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014


Големиот интерес да се проследи настап во живо на нашиот виртуоз резултираше со преноси со слика и звук и од концертите на отворањето на сезоната на Филхармонискиот оркестар на Осло во норвешката престолнина, како и на првиот од концертите на Трпчески со Рускиот национален оркестар под диригентската палка на легендарниот Михаил Плетњев

ОД КОНЦЕРТИТЕ НА О Т В О РА Њ Е Т О Н А С Е З О Н АТА Н А Ф И Л Х А Р М О Н И С К И О Т О Р К Е С ТА Р Н А ОСЛО

ТРЕТИ ДИСК НА МАЕСТРО СИМОН ТРПЧЕСКИ П о големиот успех со наградуваните компакт-дискови на кои Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар под водство на својот шефдиригент Василиј Петренко и со македонскиот пијанист Симон Трпчески ги изведоа сите дела на Сергеј Рахмањинов напишани за пијано и оркестар, деновиве се појави третиот диск од оваа соработка. Издавачката куќа „Оникс“ издаде цеде на кое тие ги изведуваат Концертите за

пијано и оркестар број 1 и 2 од Петар Илич Чајковски. Големиот интерес да се проследи настап во живо на нашиот виртуоз резултираше со преноси со слика и звук и од концертите на отворањето на сезоната на Филхармонискиот оркестар на Осло во норвешката престолнина, како и на првиот од концертите на Трпчески со Рускиот национален оркестар под диригентската палка на легендарниот Михаил Плетњев во кон-

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

цертната сала „Чајковски“ во Москва на Денот на македонската независност. Серијата концерти на нашиот пијанист низ Европа продолжува до крајот на ноември. Предвидени се оркестарски и камерни настапи во Ла Коруња, Барселона, Белфаст, Торино, Стразбур, Лондон, Бирмингем и повторно Амстердам, а на крајот на ноември и првата половина на декември во Соединетите Американски Држави и Канада.


ОД 23 ДО 28 СЕПТЕМВРИ Во Куршумли-ан, во Старата скопска чаршија се одржана четвртото издание на „Недела на дизајнот“ во Скопје (Skopje Design Week), која годинава се одвиваше под мотото „Четврта смена“. Програмата беше составена од активности кои почнуваа во 10 часот претпладне, а траеја до доцна во ноќта

"НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ" ВО СКОПЈЕ

О

д 23 до 28 септември во Куршумли-ан, во Старата скопска чаршија се одржа четвртото издание на „Недела на дизајнот“ во Скопје (Skopje Design Week), која годинава се одвиваше под мотото „Четврта смена“. Програмата беше составена од активности кои почнуваа во 10 часот претпладне, а траеја до доцна во ноќта. По отворањето на 23 септември во наредните пет дена следуваа интензивен ритам на паралелни и последователни програмски целини во кои се опфатени дизајнерски бизнис и едукативни презентации, основачка конференција на Балканска дизајнерска мрежа, Експо-зона, патувачки и некомерцијални изложби, работилници и панел-дискусии, „Гастро талент зона“ на „Барбакан“, новата форма на фестивал во фестивал со „Body, mind and spirit“, промоција на иницијативи со кои ќе се зацврсти

претприемачкиот дух во насока на соработка помеѓу деловниот сектор и креативната индустрија, но и целовечерни диџеј-сетови на српски и македонски диџеи во забавниот сегмент на„Неделата 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014

на дизајнот“ во Скопје. Франција, земјата која годинава е во фокус, беше претставена со десет најистакнати дизајнери и студија кои ја донесоа автентичната современа дизајнерска сцена во Скопје.


Ф И Л М , КО Ј Б Е Ш Е Н А П РА В Е Н Н А ПОКАНА НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ Овој филм, кој беше направен на покана на Венецискиот фестивал како дел од проектот „Венеција 70 - Вчитување на иднината, со кој се отвори 70. Мостра, ќе ја има својата проекција на 19 септември. Инаку, „Четврток“ е селектиран заедно со краткометражни филмови од 47 држави во светот

Ф

илмот „Четврток“ на Милчо Манчевски, кој трае 90 секунди, ќе биде прикажан на 37. издание на Меѓународниот фестивал за краткометражни филмови во Драма, Грција. Овој филм, кој беше направен на покана на Венецискиот фестивал како дел од проектот „Венеција 70 Вчитување на иднината, со кој се отвори 70. Мостра, ќе ја има својата проекција на 19 септември. Инаку, „Четврток“ е селектиран заедно со краткометражни филмови од 47 држави во светот. Годинешното издание на фестивалот во Драма е посветено на прашањата за насилство и трговија на деца, грижите кои произлегуваат од современата општествена реалност и економската несигурност. „Четврток“ освои награда во финалето на филмскиот фестивал УСА во Далас, Тексас, а досега е прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил, на РАИ Муви, канал на италијанската национална телевизија, на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк, на „Интерфилм“ во Берлин, во киносалите во Германија, на „Листапад“ меѓународниот филмски фестивал во Минск итн.

ФИЛМОТ "ЧЕТВРТОК" НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ ВО ДРАМА, ГРЦИЈА

25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 792 / Септември 2014


792  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you