Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

WEB EDITION

Година XIX, Број 790, Јули 2014

MONTHLY EDITION

П Р О Т И В Н О В АТА Т Е Р И ТО Р И Ј А Л Н А РЕФОРМА ВО АЛБАНИЈА

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

СРЕДБА ИВАНОВ - НАУМОВСКИ

ОД О В О Ј Б Р О Ј Ф Е Л Ј ТО Н М А К Е Д О Н С К И Д У ХО В Е Н Н Е П О К О Р

ТИТУЛИТЕ НА ПОГЛАВАРИТЕ Н А ОХ Р И Д С К АТА АРХИЕПИСКОПИЈА

ВО ДРЖАВНИОТ МУЗЕЈ НА ГЕРМАНИЈА

" З Л АТ Н И Т Е Л И Ц А Н А М А К Е Д О Н С К И Т Е К РА Л Е В И . . ."


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

Медијаторот по незнам којпат наврати во Скопје, се сретна со македонскиот претседател, со македонскиот премиер, со шефот на дипломатијата како и со новиот македонски претставник во разговорите за името и не донесе ништо ново. Вели- Прашањето за името на Македонија е прашање кое засега многу земји вклучувајќи ги САД и Германија и многу земји сакаат да го видат решено со оглед на случувањата во светот. Проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено. Тој истакна дека го поддржува интересот што германската канцеларка го покажала за решавање на името бидејќи многу земји се заинтересирани за стабилноста на регионот. А на новинарското прашање за идентитетот тој посочи дека ОН не преговараат за идентитетите на народите. Тој ни објасни дека луѓето имаат свој идентитет и за него не се преговара, туку го креираат со своите дела и културата. Апсурдност без крај! Какво потценувачко обраќање од страна на медијаторот. ИМЕТО е од ИДЕНТИТЕТОТ! МАКЕДОНИЈА Е затоа што НИЕ сме МАКЕДОНЦИ!!! Господине медијатор прашајте ги сега во Атина зошто нивната земја се вика така како што се вика? Не знам до кога ќе замижувате пред грозниот јужнососедски план за бришење на ЦЕЛ МАКЕДОНСКИ НАРОД??? Со ваквата не дипломатија ја дестабилизираат Македонија, ги зголемуваат апетитите на источниот и западниот сосед. Вие Медијатору може од петни жили да се трудите да не убедите дека за идентитетските прашања не се преговара, ама наместо нас, тоа треба да им го каже на тие таму доле јужно. Вака, според досегашното искуство и информациите за неговите претходни предлози или „сет идеи“, како што самиот обично ги нарекува, повеќе личи на обид тој да им „угоди“ на Македонија и на нејзините политичари за да можат да го слушнат тоа што го сакаат, со оглед на чувствителноста на идентитетското прашање. Но медијаторот си игра миженка со нас Македонците. Вели за јазикот и идентитетот не се преговарало, се преговарало само за името. Па тука јас би го прашал како е можно ако идентитетот и јазикот на Македонците доаѓа од коренот на името на државата како може ние да бидеме Македонци со македонски идентитет и јазик ако државата се нарекува поинаку од Република Македонија. Кој би бил тогаш вашиот одговор медијатору!

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


П Р Е Т С Е Д АТ Е Л О Т Н А Д Р Ж А В АТА ЃОРГЕ ИВАНОВ СЕ СРЕТНЕ СО “На средбата новиот Д О С Е Г А Ш Н И О Т П Р Е Т С Т А В Н И К Н А пратеник во М А К Е Д О Н И Ј А В О РА З ГО В О Р И Т Е разговорите за З А РА З Л И К И Т Е О КО Л У И М Е ТО разликата околу името З О РА Н Ј О Л Е В С К И И Н Е ГО В И О Т беше запознаен со НАСЛЕДНИК ВАСКО НАУМОВСКИ досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на Обединетите нации

СРЕДБА ИВАНОВ - НАУМОВСКИ

П

ретседателот на државата Ѓорге Иванов денеска се сретне со досегашниот претставник на Македонија во разговорите за разликите околу името Зоран Јолевски и неговиот наследник Васко Наумовски. “На средбата новиот пратеник во разговорите за разликата околу името беше запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на Обединетите нации. Претседателот Иванов на Јолевски му се заблагодари за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името“, стои во краткото соопштение испратено од кабинетот на Иванов за тоа што се разговараше на средбата. Иванов вчера донесе одлука поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски да биде нов преговарач во наметнатиот спор за името на Република Македонија, откако Зоран Јолевски стана министер за одбрана. Од кабинетот на Иванов информираат дека, претседателот донесе одлука со која Васко Наумовски, идниот амбасадор на Република Македонија во САД, го поста-

вува на должноста специјален пратеник на претседателот во разговорите кои под покровителство на ОН се водат за разликата околу името. Наумовски стана четврти 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

претставник на Македонија во разговорите за разликите околу името. Освен Јолевски, оваа функција претходно ја извршуваа и Зоран Јолевски, Никола Димитров и Вања Тошевски.


На средбата беше заклучено дека проевропската амбиција на македонската Влада е важен елемент за македонскиот пробив во европските интеграции и дека овој Комитет ќе работи наскоро да почнат пристапните преговори на Македонија со Европската унија

П Р В И О Т Ч О В Е К Н А М А К Е Д О Н С К АТА Д И П Л О М АТ И Ј А , Н И К О Л А П О П О С К И , ВО БРИСЕЛ СЕ СРЕТНА СО НОВИОТ П Р Е Т С Е Д А В АЧ С О З А Е Д Н И Ч К И О Т П А Р Л А М Е Н ТА Р Е Н К О М И Т Е Т Н А М А К Е Д О Н С КО ТО СО Б РА Н И Е И Е В Р О П А Р Л А М Е Н Т О Т, А Л О Ј З П Е Т Е Р Л Е

СРЕДБА ПОПОСКИ - ПЕТЕРЛЕ

П

рвиот човек на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска во Брисел се сретна со новиот претседавач со Заедничкиот парламентарен комитет на македонското Собрание и Европарламентот, Алојз Петерле. На средбата беше заклучено дека проевропската амбиција на македонската Влада е важен елемент за македонскиот пробив во европските интеграции и дека овој Комитет ќе работи наскоро да почнат пристапните преговори на Македонија со Европската унија. Во однос на тоа дали очекува додека претседава со Комитетот, Македонија да го добие заслужениот почеток на пристапните преговори, Петерле, вели дека е “позната позицијата и предлогот на Европската комисија и духот на поддршка од Европскиот парламент”. Министерот Попоски истакна дека за време на новиот мандат на Европскиот парламент Македонија ќе се подготвува за полноправно членство во ЕУ со оглед дека подготвеноста за от- та работа на Мешовитиот ко- сување на одлуката за членство почнување на преговорите веќе митет може најмногу да помогне во моментот кога Македонија ќе одамна е потврдена. Заедничка- и Брисел да се подготви за доне- биде целосно подготвена. 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014


Според генералниот секретар на партијата, Васил Стерјовски, власите во Тирана не ги земаа во предвид барањата доставени од македонската заедница. “Македонска Алијанса за Европска Интеграција беше за територијалноадминистративна реформа каде ќе се земеа предвид интересите на граѓаните и правата на малцинствата

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА З А Е В Р О П С К А И Н Т Е Г РА Ц И Ј А

ПРОТИВ НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА РЕФОРМА ВО АЛБАНИЈА

М

акедонска алијанса за европска интеграција е против новата варијанта на административна-територијална реформа во Албанија. Според генералниот секретар на партијата, Васил Стерјовски, власите во Тирана не ги земаа во предвид барањата доставени од македонската заедница. “Македонска Алијанса за Европска Интеграција беше за територијално-административна реформа каде ќе се земеа предвид интересите на граѓаните и правата на малцинствата. Усвоена варијанта од страна на Собраниската комисија за територијална реформа не ги зема во предвид критериумите поставени од страна на владата што се однесуваат на припадниците на малцинствата, Уставот на Република Албанија, Европската повелба за локална самоуправа, Рамковната конвенција заштита на правата на малцинствата кои Албанија ги има потпишано и ратификувано“, изјави Стерјовски. Според него, освен општина Пустец, каде населението е сто отсто македонско, се укинуваат општини во областите Голо Брдо и Гора, на тој начин поткопуваќи ги правата и губењете на идентитетот на македонската заедница.

“Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, со целосно почитување на Уставот и законите на државата. Во овој случај бараме од институциите одговорни за оваа реформа да ги земат предвид нашите предлози во регионот на Пешкупија, општините Стеблево, Требиште и Острени, во областа на Голо Брдо да се обединат и да се создаде општина Голо Брдо. Во регионот на Кукс општините, Шиштавец, Топојан и Запот во областа Гора да се обединат и да се создаде општина Гора, додека во регионот на Корча општина Пустец во областа на Преспа да се преименува во општина Преспа“, додаде Стерјовски. Исто така, Македонска алијанса за европска интеграција ќе побара помош од меѓуна05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

родните организации да го спречат укинувањето на општините каде што живее македонското малцинство, затоа што ова барање е поврзано со исполнување на препораки те за малциствата кои Европската унија ги бара од Албанија на патот кон европската интеграција. Според одлуката на матичната собраниска комисија, Албанија би имала 61 локални единици. Оваа одлука ќе ја разгледува Владата, а потоа на 23 јули предлогот ќе се најде во Собранието на Албанија за на 30 јули да се гласа. Освен Македонците, против новата територијална поделба се и Грците во Албанија кој бараат општина Химара да не се укинува и да не се припојува со повеке општини со албанско население.


“За жал и во 21 век овде околу нас има сеуште сили кои сакаат да го избришат македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, култура, црква, а со тоа да го разнебитат и да го избришат македонскиот народ. Но, верувам дека сите го делите моето убедување дека токму сплотени како ние овде дома така и ширум светот како и досега и оваа битка ќе ја извојуваме во корист на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија“, рече Вељаноски

Г Р И Ж АТА З А М А К Е Д О Н С К АТА Д И Ј А С П О РА П Р Е Т С ТА В У В А К О Н С ТА Н ТА В О О П Р Е Д Е Л Б И Т Е Н А П А Р Л А М Е Н Т О Т И В Л А Д АТА

ПЕТТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ

Ч

увањето и негувањето на македонскиот јазик и културата, како и јазикот и културата на заедниците, државјанството и избирачкото право како и организираност и поврзаност на иселениците од Македонија, се главните теми на дводневната петта Годишна конференција на иселеничките организации кои се оддржува во Скопје. “Грижата за македонската дијаспора претставува константа во определбите на Парламентот и Владата“, рече претседателот на собранието Трајко Вељаноски кој ја отвори конференцијата на која присуствуваа 115 претставници од 143 иселенички организации од четири континенти и 20 гости од организации на Македонците и заедниците во соседството. “За жал и во 21 век овде околу нас има сеуште сили кои сакаат да го избришат македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, култура, црква, а со тоа да го разнебитат и да го избришат македонскиот народ. Но, верувам дека сите го делите моето убедување дека токму сплотени како ние овде

дома така и ширум светот како и досега и оваа битка ќе ја извојуваме во корист на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија“, рече Вељаноски. “Иселеништвото треба да лобира надвор за се она што се случува против македонскиот народ, против идентитетот и негирањето на македонскиот народ, а од друга страна да биде прилог за Република Македонија“, сметаат дел од иселениците. Во однос на гласањето на дијаспората, тројцата пратеници во македонското Собрание кои ги застапуваат иселениците, велат дека е многу 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

тешко да се унапреди процесот на гласање на дијаспората поради тоа што тоа не добива поддршка од сите политички партии во земјата. “Гласањето на дијаспората има многу мала поддршка кај партиите во Македонија, да не речам опозициските партии. Дури и првиот пат кога го донесовме Изборниот законик се противеа воопшто дијаспората да има право на глас, така што многу е тешко сега кога би сакале да го унапредиме тој процес бидејќи тие се се уште против иселениците да имаат право на глас“, додаде пратеникот Павле Саздов.


ЈОЛЕВСКИ-НАЈДЕНОВ: “Македонија има стратешки цели, а тоа е членството во ЕУ и во НАТО и во тој контекст поддршката од Бугарија е од исклучително значење“, изјави македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, по денешната средба во Софија со неговиот бугарски колега Ангел Најденов. Според него, двете министерства имаат добра соработка, а посетата на оваа пријателска, соседна земја, како негова прва официјална посета како во својство на министер за одбрана е потврда дека двете министерства за одбрана имаат висока соработка која, ќе продолжи да се унапредува и продлабочува

М

"

акедонија има стратешки цели, а тоа е членството во ЕУ и во НАТО и во тој контекст поддршката од Бугарија е од исклучително значење“, изјави македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски, по денешната средба во Софија со неговиот бугарски колега Ангел Најденов. Според него, двете министерства имаат добра соработка, а посетата на оваа пријателска, соседна земја, како негова прва официјална посета како во својство на министер за одбрана е потврда дека двете министерства за одбрана имаат висока соработка која, ќе продолжи да се унапредува и продлабочува. Според бугарскиот министер за одбрана Најденов, соработката во областа на одбраната може да се

ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА

посочи како позитивен пример, но, како што подвлече, постојат уште многу можности и насоки за нејзино продлабочување. “Република Бугарија ја поддржува европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија. Очекуваме македонската страна да 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

ги исполни сите критериуми за членство, вклучувајќи го и принципот на добрососедство“, рече Најденов, додавајќи дека потпишувањето договор за добрососедство и соработка, останува основен приоритет за развој на билатералните односи.


ИВАНОВ: “Преку гасоводот Македонија очекува да ги намали трошоците за набавка на енергија. Во 2013 година Русија и Македонија потпишаа билатерален договор за соработка во изградбата на “Јужен поток“. Во последниве неколку месеци судбината на гасоводот е доведено во прашање поради ставот на ЕУ, која бара спроведување на т.н. Трет енергетски пакет

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ПРОЕКТОТ "ЈУЖЕН ПОТОК"

Р

епублика Македонија, како и другите земји во регионот, чувствуваат потреба за дополнителни количества на гас, како чист извор на енергија. Затоа и Македонија стана дел од “Јужен поток“ за да ги искористи придобивките кои ги нуди проектот, а тоа е добивање на дополнителни количества на гас", изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во интервјуто за руската агенција ИТАР-ТАСС. Според Иванов Република Македонија, како и другите земји во регионот, чувствуваат потреба за дополнителни количества на гас, како чист извор на енергија. “Преку гасоводот Македонија очекува да ги намали трошоците за набавка на енергија. Во 2013 година Русија и Македонија потпишаа билатерален договор за соработка во изградбата на “Јужен поток“. Во последниве неколку месеци судбината на гасоводот е доведено во прашање поради ставот на ЕУ, која бара спроведување на т.н. Трет енергет-

ски пакет. Суштината е во тоа што добавувачите на гас не смеат да бидат сопственици и на гасоводен систем во ЕУ“, објасни Иванов. За бизнисот во Македонија, според него, кој бара евтини енергенси, ова е добар проект. “Со реализацијата на “Јужен поток“ бизнисмените во Македонија ќе можат да планираат реализација на многу повеќе 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

други проекти, кога ќе бидат сигурни дека имаат сигурен извор на енергија“, изјави Иванов. Во однос на односите со Русија, македонскиот претседател вели дека после 20 години дипломатски односи може да се заклучи дека односите со Русија се во подем, дека постојано се јавуваат нови и нови сфери на заеднички интерес и секогаш може да се направи повеќе.


ПОЕФИКАСНИ И ПОДОБРИ ПАРТНЕРСКИ ОДНОСИ МЕЃУ “Благодарение на заедничките напори К О М П А Н И И Т Е О Д М А К Е Д О Н И Ј А и посветеност од И У Н ГА Р И Ј А двете страни, изградивме пријателски односи, негувавме континуиран и мошне активен политички дијалог, воспоставивме партнерска соработка во мноштво области“, истакна министерот Попоски

УНГАСКОТО ЕКОНОМСКО ПРЕСТАВНИШТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

П

оефикасни и подобри партнерски односи меѓу компаниите од Македонија и Унгарија. Ова е целта на унгаското економско преставништво кое денеска официјално беше отворено во Скопје. Според министерот за надворешени работи и трговија на Унгарија, Петар Сјарто, станува збор за Унгарска национална трговска куќа која ќе требада да изгради што поефикасни и подобри партнерски односи меѓу компаниите во повеќе сектори како што се земјодлеството, прехранбената индустрија, архитектура како и градежништво. На отворањето присуствуваа министрите за надворешни работи и економија, Никола Попоски и Бегим Незири. “Благодарение на заедничките напори и посветеност од двете страни, изградивме пријателски односи, негувавме континуиран и мошне активен политички дијалог, воспоставивме партнерска соработка во мноштво области“, истакна

министерот Попоски. “За нас, како земја домаќин, изборот токму во Република Македонија да биде отворена Унгарска национална куќа, наспроти останатите земји во регионот, пред сè значи чест и привилегија, но и можност за 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

продлабочување на соработката преку проширување и унапредување на билатералната економска соработка меѓу Република Унгарија и Република Македонија“, додаде министерот за економија Незири.


Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. “За овие девет локации, Министерството за транспорт и врски и останатите надлежни институции веќе ги отпочнаа процедурите кои водат кон изработка на урбанистичкопланската документација“, изјави Ѓорѓиев, додавајќи дека се очекува процедурите да бидат готови до крајот на годинава или почетокот на идната

В Л А Д АТА З А П О Ч Н У В А С О РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА И З Г РА Д Б А Н А 30 П Р И Д Р У Ж Н И О Б Ј Е К Т И П О А В ТО П АТ И Т Е , М А Г И С Т РА Л Н И Т Е И Р Е Г И О Н А Л Н И Т Е П АТ И Ш ТА Н И З Д Р Ж А В АТА

ДОЛЖ АВТОПАТИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ БЕНЗИНСКИ ПУМПИ, МОТЕЛИ

В

ладата започнува со реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. “За овие девет локации, Министерството за транспорт и врски и останатите надлежни институции веќе ги отпочнаа процедурите кои водат кон изработка на урбанис тичко-планската

документација“, изјави Ѓорѓиев, додавајќи дека се очекува процедурите да бидат готови до крајот на годинава или почетокот на идната. Деветте локации ќе бидат понудени на продажба преку 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

јавна електронска аукција. Во следниот период се очекува да бидат утврдени дополнителни локации за изграба на вакви објекти на автопатиштата и на магистралните и регионалните патишта во државата.


Sudstvo Во случајот “Фаланга 2“ Седуммина меѓу кои и поранешни директори на Музејот, програмски директор, виш кустос, ракувач на депо и златар се обвинети за “отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост“, “несовесно работење во службата“ и “злоупотреба на службената положба и овластување“. Според истрагата на Министерството за внатрешни работи од Музејот на Македонија недостигаат најмалку 166 вредни артефакти и збирки

С Л У Ч А Ј О Т “ Ф А Л А Н ГА 2 ” Д О Б И С УД С К А РА З Р Е Ш Н И Ц А

ПАСКО КУЗМАН ОСУДЕН НА 3 ГОДИНИ ЗАТВОР

В

о случајот “Фаланга 2“ Седуммина меѓу кои и поранешни директори на Музејот, програмски директор, виш кустос, ракувач на депо и златар се обвинети за “отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост“, “несовесно работење во службата“ и “злоупотреба на службената положба и овласту-

вање“. Според истрагата на Министерството за внатрешни работи од Музејот на Македонија недостигаат најмалку 166 вредни артефакти и збирки. Осомничените од ноември се во притвор. Основниот суд Скопје 1 ги осуди обвинетите Илче Бојчески кој е осуден за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, тешка кражба и 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Jули 2014

прикривање, тој доби 7 и пол години затворска казна, а поранешнот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман доби затворска казна од 3 години. Четворица од обвинетите добија условни казни, а останатите добија затворски казни во траење од две и пол до шест и пол години. Така случајот “Фаланга 2” доби судска разрешница.


МАКЕДОНСКИ ДУХОВЕН НЕПОКОР По повод 40 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква и 240 години од нејзиното укинување во 1767 година, се осврнуваме на трновитиот пат на нашата Црква, која преживеа и сè уште доживува многу црни премрежија, кои се предизвикани од домашни одродници и од странски пропагатори.

Во тоа вековито опстојување се менувале многу странски пропагандни политики, но благодарение на вербата на македонскиот народ и на православните верници, МПЦ успеала да се издигне од пепелта и да продолжи со својата мисија, која на овие простори ја донел Свети Павле, а Свети Климент Охридски го продолжил неговото дело и верата кон Исус Христос, еднородниот жив Бог, чие распетие значи светлина за македонската нација и нејзината долговековна историја.

ТИТ УЛИТЕ НА ПОГЛАВАРИТЕ Н А ОХ Р И Д С К АТА АРХИЕПИСКОПИЈА


За овој фељтон се користени материјали од истражувањата на проф. д-р Јован Белчовски, објавени во книгата "Охридска архиепископија од основањето до забраната на нејзината дејност - 1767 г." Исто така, користени се и истражувањата на проф. д-р Александар Трајановски, објавени во книгата "Црковната организација во Македонија и движењето за возобновување на Охридската архиепископија од крајот на XVIII век до основањето на ВМРО".

ГРАНИЦИТЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ОД ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА XV ВЕК ДО СРЕДИНАТА НА XVI ВЕК

П

одобрите познавачи на оваа проблематика сметаат дека укинувањето на Охридската архиепископија или на Охридска патријаршија произлегува од вековната желба на Цариградската патријаршија да ги преземе под свое владение епархиите на Архиепископијата. Но, всушност постојат многу подлабоки причини, кои се кријат во силните влијанија на т.н. грчка струја во Вселенската патријаршија, која сакала да го преземе лидерството во црковниот двор. Со тоа не само што би се избришале македонските национални корени, туку ќе се пресечело и стеблото на македонскиот народ, кој поробен во Османлиската империја наоѓа свое национално и просветителско прибежиште во Охридската патријаршија. Првите податоци за оваа акција на грчките фанариоти потекнуваат од XVI век, кога Грците пројавиле силно чувство на омраза кон староцрковните македонски икони, богослужбата и воопшто кон писмото, културата и јазикот, кои наоѓале духовна потпора во Руската православна црква.

Поради ова, во текот на наредните два века Грците почнале силна пропагандна војна, која била поткрепена со солидна финансиска база. Така, на пример, во овој период Грците ги елинизирале светогорските манастири: "Иверскиот", "Филотеј", "Свети Павел" и други. Во контекст на ова, во 1711 година, манастирот "Хиландар" бил должен 12.000 гроша, а шест години подоцна долгот се зголемил на 37.000 гроша.

СПЕЦИЈАЛНИ ОДНОСИ За време на османлиското владеење градот Охрид останал да биде црковна и духовна престолнина на македонскиот народ. На почетокот Османлиите не ја нарушувале автокефалноста на Охридската архиепископија, бидејќи сметале дека христијанството претставува вера, чиј извор го барале во светата книга Библијата. Ваквиот став на цариградската Порта бил задржан одредено време, но подоцна, со паѓањето на Цариград, се

променила положбата на Архиепископијата. Османлиите воспоставиле специјални односи со Вселенската патријаршија, а потоа со другите црковни институциии во Империјата. Во согласност со тоа, Портата во Охрид имала свој претставник - кадија кој, меѓу другото, имал задача да биде посредник меѓу Архиепископијата и османлиската централна власт. За време на изборот на нов архиепископ или хиротонија на епархиски старешина (епископ или митрополит), со посредство на кадијата се издавал акт - берат за посочениот востоличен архијереј. Истовремено постојано се зголемувал подарокот (пешкеш), кој бил наменет за султанот. За време на османлиското владеење често се менувале границите на Охридската архиепископија, особено по укинувањето на Трновската и на Пеќската патријаршија. На почетокот на XV век (околу1410 година), границата на Охридската архиепископија на запад почнувала од Јадранскиот брег (под градот Драч, чиј дел во 1401 година бил под власт на Венеција), а на југ до Валона и Валонскиот залив. Југозападно границата минувала по реката Војуса и кон градот Гребен, потоа таа се движела по течението на реката Бистрица (над Сервија и Бер), преку Солунското поле по Воден и Ениџе-Вардар одела по реката Вардар; по Беласица на север минувала по реката Струма до Земен. Оттаму на запад се протегала по Коњавска Планина и долж по течението на реката Морава, Скопска Црна Гора и Шар Планина, а на југ се спуштала над Дебар и преку Албанија. Подоцна настанале одредени проширувања на север, кога по реката Струма со градот Разлог, границата доаѓала до реката Места. По гребените на планината Рила и на Искар Планина, границата се движела кон Ихтиманскиот премин на Стара Планина и западно од Враца излегувала на реката Дунав. По Флорентинскиот собор (1439 година), диецезата на Охридската архиепископија се проширила на другата страна од реката Дунав, во некои територии на подножјето на Карпатите и околу изворите на реките Серат и Прут во денешна Романија.


ОТПЕЧАТОК НА МУЗЕЈСКИОТ ПЕЧАТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ОД 1516 ГОДИНА

ПИСМОТО НА ПАТРИЈАРХОТ ГАВРИЛ Употребата на етничко-црковните термини: Македонија, македонски верници (паства), македонско-охридска епархија, архиепископија, патријаршија, епископија, митрополија, охридски или македонски ахриепископ, епископ, митрополит, архимандрит и слични именувања во македонско црковно националната историја досега не е целосно обработена. Во османлискиот период од историјата на Охридската архиепископија, нејзините поглавари најчесто се спомнуваат или се титулираат како архиепископи, а епархиските старешини како епископи или митрополити. Во втората половина на XVI век архиепископот Пајсиј ја спомнува Охридската архиепископија како патријаршија. Паралелно со тоа, во овој период во титулирањето на поглаварите на Охридската архиепископија како архиепископии и нивното именување како патријаршии, кога се набројувале или се наведувале имињата на народите, кои се наоѓале под јурисдикција на нашата црква, се среќаваат термините Македонија и Македонци, кои во текот на тоа време, од историско-географски карактер попримиле етничка содржина. На пример, во официјалниот документ - писмо на архиепископот Гаврил до надвојводата Фердинанд, потпишано на 8 октомври 1587 година во Инсбрук, тој се декларирал како Гаврил, "по Божја милост Архиепископ и Патријарх на Патријаршијата потврдена од царот Јустинијан".

Според Кодексот на Охридската архиепископија, во периодот од летото 1560 година до летото 1767 година, таа имала 10 митрополии и 10 епископии под своја диецеза. Во потписот на "патрикот" Игнатиј од летото 1560 година може да се прочита следново: "Патријарх Игнатиј на Прва Јустинијана во Охрид". Охридските архиепископи Мелетиј I, Харитон, Атанасиј II, исто така, често ја употребувале титулата патријарх. Во контекст на ова, титулирањето на архиепископот Харитон било од големо значење за македонската црковна и национална историја, бидејќи во периодот од 1643 до 1664 година, тој испратил до руските цареви и патријарси повеќе од 14 грамоти, во кои тој се потпишувал со: "Харитон, по Божја милост Архиепископ на Јустинијана Прима во Охрид, Патријарх на Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, на Запад и на други области". На друго место се сретнува неговото име: "Харитон, по Божја милост Архиепископ на Јустинијана Прима од Охрид, на цела Бугарија, Албанија, на Западен Понт и на Втора Македонија".

БОРБИ ЗА ПРЕВЛАСТ Во XVII и во XVIII век поделеноста во православниот свет била голема, поради што настанале силни внатрешни превирања, кои се одразувале врз единството на православните автокефални цркви. На Одринскиот црковен собор (мај 1697 година), во официјалниот акт на Цариградската патријаршија било истакнато дека Охридската, Пеќската и Кипарската црква се "почитувани трој-

ца", каде суштествувале еднакви закони и "благопроизведените четворица патријарси", односно авторитетно меѓусебно соработувале и се уважувале поглаварите на Цариградската патријаршија со оние од Охридската и од Кипарската архиепископија, како и со Пеќската патријаршија. Покрај ова, во соборните акти поглаварите на спомнативе автокефални архиепископии се обврзувале во иднина да учествуваат во ублажувањето на расходите на Цариградската патријаршија. На крајот од актот дури имало факт со кој се фрлало анатема врз идните вселенски патријарси, ако ги нарушувале правата и слободите на провинциските православни цркви (Пеќската патријаршија, Охридската архиепископија и Кипарската архиепископија) и дека "разновидноста на црковните престоли воопшто не пречела тие да се во единство и да се управуваат од своите области". Набрзо, со осиромашувањето на македонскиот народ и нејзините верници односите меѓу Цариградската патријаршија и Охридската архиепископија почнале да се нарушуваат. Со текот на времето се зголемувале даноците и долговите, поради што се влошувала положбата на Охридската архиепископија. Користејќи ги ваквите односи Цариградската патријаршија почнала да забранува да се употребува титулата "блаженејшиј", да не се потпишуваат актите со зелено мастило, да не се носи митра за време на богослужби итн. Датумот 24 октомври 1676 година е еден од најцрните датуми од црковната историја на Охридската архиепископија. Имено, на тој датум бил сменет архиепископот Теофан, кого го наклеветиле седум прогрчки владици (костурскиот митрополит Давид, сисанскиот Леонтиј, гребенскиот Панкратиј, воденскиот Парте-


"Со оваа моја доброволна и неизнудена оставка, јас долупотпишаниот, изјавувам дека поради неможноста да ги средам и да ги задоволам потребите на Охридската архиепископија, кои се јавија една по друга, пред нас и во нашево време, и им дадоа не мал повод на злодејците да го нападнат името на Архиепископијата и да ја оштетуваат, и да ги навредуваат митрополитите потчинети на Охридската архиепископија и нејзината бедна раја, и така, бидејќи не може понатаму да се спаси од нивните раце тамошната страна и целиот христијански род, освен преку уништување на Архиепископијата, освен од мојата поранешна Пелагониска епархија (која уште ја имам, додека сум жив за своја прехрана и за задоволување на своите потреби). При таква согласност со моите собраќа, светите архијереји, се направи и оваа моја добороволна и неизнудена оставка, која треба да се внесе во светиот Кодекс на великата Христова црква (и во оној на блаженејшиот ерусалимски патријарх г. Партениј), 16 јануари 1767 година. Охридски Арсениј ветува"

ниј, струмичкиот Максим, мегленскиот Никодим и преспанскиот Козма), при што Вселенскиот патријарх на престолот го донел софискиот митрополит Мелетиј, со што почнало да се дели црковното ткиво на Охридската архиепископија, при што владиците и свештенството се делеле на фанариоти и на автохтонисти. Двете спротивставени партии во однос на Охридската архиепископија речиси половина век се бореле за превласт.

УКИНУВАЊЕ НА ЦРКВАТА Во времето на архиепископот Јоасаф (1719-1745), кој цели 26 години успешно управувал со Охридската архиепископија, фанариотската струја доживела тежок пораз. Поради тоа, Цариградската патријаршија се обидувала преку интриги да ја поткупува Високата порта, со цел да им зададе дефинитивен удар на автохтоната струја и на нејзините следбеници во Архиепископијата. На пример, во 1737 година, фанариотскиот службеник во Високата порта Иван Ипсиланти Постариот, ги обвинил охридските архиепископи дека се во служба на австриските власти и дека се нивните шпиони. Овој клеветник се надевал дека со ова ќе й бидат одземени епархиите на Охридската архиепископија. Во контекст на ова, наследниците на архиепископот Јоасаф, како поглавари, ја немале таа способност, мудрост и енергичност да ја заштитат Охридската архиепископија од фанариотските следбеници. Во тој период Цариградската патријаршија со архијерејите на Охридската архиепископија, кои биле со грчка провиниенција (националност) интензивно вршеле притисок врз работата на Архиепископијата, со цел да й ја одземат нејзината автокефалност. Овој напад придонел во одредени епархии да се устоличуваат т.н. грчки архијереји. На пример, митрополитот Хрисант (автономист), во 1756 година, бил симнат од тронот на Костурската митрополија, а на негово место бил поставен фанариотскиот кандидат Ефтимиј. Во 1761 година Хрисант успеал да се врати на тронот, но во 1764 година бил симнат од страна на фанариотскиот претставник Ефтимиј. По затворањето на архиепископот Кирил, во мај 1763 година, цариградскиот Вселенски патријарх Јоаникој III Караџа се обидел на тронот на Охридската архиепископија неканонски да го постави својот пријател иеромонахот Аниниј, но

тој обид не успел поради тоа што хиротонијата била неканонска. За сметка на ова автонохистите успеале по нормален канонски ред за архиепископ да го постават митрополитот Арсениј, кој бил Македонец од Охрид, од познатото семејство Беласачеви. Тоа било последната победа на автонохистите. Поразот ги натерал фанариотите да преземат друга тактика, односно почнале преку Цариградската патријаршија во епархиите на Охридската архиепископија да поставуваат грчки владици и поглавари. Амбициозниот вселенски патријарх Самуил Ханџера (24.5.1763-5.11.1768) успеал да воспостави цврста позиција во Костурската митрополија. Но, покрај него на фанариотската страна биле придобиени воденскиот митрополит Герман, струмичкиот Ананиј, гребенскиот Григориј, сисанскиот Никофор и некои охридски првенци - фанариоти: Бујар Лигдо, Нејко

ПЕЧАТОТ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ОД 8 ОКТОМВРИ 1587 ГОДИНА Челеби, Стамче-беј и Маленко-беј, кои ги спомнува и Григор Прличев во познатата песна "Во илјада седумстотини и шеесет и второ лето". Есента 1766 година, спомнатите фанариоти и митрополити ги повикал Вселенскиот патријарх во Цариград, каде што под притисок на патријархот и на петтемина фанариотски настроени владици, на 16 јануари 1767 година, Арсениј бил принуден да го потпише т. н. доброволен акт (поднел писмен отказ) за оставка од архиепископскиот трон, која подоцна била искористена за Високата порта со ираде да ја укине Охридската архиепископија и нејзините епархии да й ги додели на владение на Цариградската патријаршија. (продолжува)


Во Градската општа болница “8 Септември“ денеска свечено беше отворен Ургентен центар кој ќе овозможи навремена здравствена заштита за жителите на Градот Скопје и околните населени места. Во Ургентниот центар се вклучени три приемни амбуланти, машинска сала, електро соба, како и 4 болнички соби за дневна болница, ладна соба со 9 кревети и гипс сала

В О И З М И Н АТ И О Т П Е Р И ОД БЕШЕ ИЗВРШЕНА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО „8 СЕПТЕМВРИ“

ОТВОРЕН УРГЕНТЕН ЦЕНТАР ВО ГРАДСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА "8 СЕПТЕМВРИ"

В

о Градската општа болница “8 Септември“ денеска свечено беше отворен Ургентен центар кој ќе овозможи навремена здравствена заштита за жителите на Градот Скопје и околните населени места. Во Ургентниот центар се вклучени три приемни амбуланти, машинска сала, електро соба, како и 4 болнички соби за дневна болница, ладна соба со 9 кревети и гипс сала. Направени се и две нови операциони сали, како и сала за реанимација, со средства во износ од 480.000 долари, донирани од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија. Во изминатиот период беше извршена целосна реконструкција во„8 Септември“ во вкупна вредност

од над милион евра, која опфати реновирање на стационарот, замена 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

на старите лифтови, како и комплетно реновирање на сите одделенија.


На клиниката за инфективни заболувања во моментов нема хоспитализирани пациенти со листерија, а значително е подобрена и стабилна здравствената состојба на доенчето хоспитализирано на одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести во Скопје

О Д И Н Ф Е К Т И В Н АТА К Л И Н И К А И Н Ф О Р М И РА АТ

ЧЕТВРТИ СМРТЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ПОВРЗАН СО БАКТЕРИЈАТА ЛИСТЕРИЈА

О

д Инфективната клиника информираат дека во текот на ноќта починала пациентката со листериозен менингоенцефалит, што подолг период се лекуваше на одделението за интензивна нега на оваа клиника. Ова е четврти смртен случај за еден месец поврзан со бактеријата. Пациентката б ила хоспита лизирана на 07 јуни на одделот за интензивна нега

на Инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други потешкотии, кои започнале една недела пред прием на клиниката. На клиниката за инфективни заболувања во моментов нема хоспитализирани пациенти со листерија, а значително е подобрена и стабилна здравствената состојба на доенчето хоспитализирано на одделот 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

за неонатологија при Клиниката за детски болести во Скопје. Листериозата е бактериско заболување, кое најчесто настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија, како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, димена риба и друго.


ТОДОРОВ: Со почетокот на новата академска година, од 15 септември почнува практична имплементација на Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите по медицина, кој беше донесен минатата година. Според министерот за здравство Никола Тодоров, ова е една крупна реформа која треба да овозможи подигнување на нивото на квалитет на здравството во Македонија

ИЗМЕНИ ВО МЕДИЦИНСКИТЕ СТУДИИ

С

о почетокот на новата академска година, од 15 септември почнува практична имплементација на Законот за медицинските студии и континуирано стручно усовршување на докторите по медицина, кој беше донесен минатата година. Според министерот за здравство Никола Тодоров, ова е една крупна реформа која треба да овозможи подигнување на нивото на квалитет на здравството во Македонија. “Меѓу главните новини е тоа што за прв пат ќе има поделба на студиите по медицина на претклинички (во првите две години) и клинички дел (во следните 4 години), практична тримесечна обука за болничко згрижување преку волонтерска работа, стекнување комуникациски вештини на студентите за соодветно однесување кон пациентите и колегите, задолжително познавање и изучување предмети по англиски јазик, формирање медицински симулациски центар каде ќе вежбаат студентите по меди-

цина, литература што се користи на првите 100 универзитети на Шангајската листа, како и други значајни новини“, појасни Тодоров. На овој начин, според него, фокусот се става на практична работа односно надградба на стекнати теоретски знаења и усовршување на вештини на идните доктори на медицина, за да не се случи да има доктор 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

од медицина со завршен Медицински факултет, а да нема никакво практично искуство во работа со пациенти. Според измените доколку не се положат сите предмети од претклиничкиот дел (во првите две години) и не се положи стручниот испит не може да се продолжи со вториот дел од студирањето на Медицинскиот факулет.


Македонскиот тим на овој светски најпрестижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Васил Кузевски и Филип Беџовски, предводени од лидерите Миле Јованов и Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство освои еден сребрен и два бронзени медали

ИСТОРИСКИ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА

ОЛИМПИЈАДА ПО ИНФОРМАТИКА

И

сториски успех на Македонските ученици на 26-тата Интернационална олимпијада по информатика која се одржува од 13-ти до 20-ти јули во Тајпеј, Тајван. Македонскиот тим на овој светски најпрестижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци, составен од учениците Бојан Серафимов, Климент Серафимов, Васил Кузевски

и Филип Беџовски, предводени од лидерите Миле Јованов и Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство освои еден сребрен и два бронзени медали. “Постигнатиот резултат претставува најголем успех за нашата земја на сите досега одржани интернационални информатички олимпијади, но и потврда 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

дека нашите ученици со стекнатото знаење од областа на компјутерските науки можат да се носат рамо до рамо со најдобрите ученици ширум целиот свет“, велат од Здружението на информатичарите на Македонија. На Интернационалната олимпијада по информатика 2014 учествуваат вкупно 315 ученици, кои право на учество обезбедија преку националните натпревари


КРИС МЕНЏИС Добитникот на два оскара Крис Менџис доаѓа во Битола како добитник на наградата "Златна камера 300" за животно дело на 35-то издание на Интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки кое ќе се одржи од 13-19 септември

ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА "ЗЛАТНА КАМЕРА 300"

обитникот на два оскара Крис Менџис доаѓа во Битола како добитник на наградата "Златна камера 300" за животно дело на 35-то издание на Интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки кое ќе се одржи од 13-19 септември. Крис Менџис е жива легенда во филмскиот свет, роден во 1940 година, врвен светски кинематографер кој во последниве 20 години работел со светски ѕвезди како Роберт Де Ниро, Кејт Винслет, Кејт Бланшет, Џек Николсон и многу други. Лабина Митевска директор на фестивалот истакна дека станува збор за светско име за човек кој има два оскари во 84-та за филмот Полињата на смртта и за Мисија во 1986година. Беше истакнато дека ИМАГО европската асоцијација на кинематографери на чело со Најџел Волтер годинава по трет пат во Битола ќе ја одржат главната конференција и на 17ти септември е најавено присуство на над 40 директори.

Д

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014


В О П Р Е С Т И Ж Н АТА С А Л А "ВИГМОР" ВО ЛОНДОН Џесика Дахен, рецензент на најдобрата британска интернет страница за специјализирано новинарство „Артс Деск“ истакнува дека „Трпчески е прво класен виртуоз“, подвлеку вајќи во насловот дека станува збор за „маке донскиот магионичар чии мирни води длабоко понираат“

"ВИРТУОЗЕН НАСТАП НА СИМОН ТРПЧЕСКИ" М

акедонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески настапи во престижната сала „Вигмор“ во Лондон, а снимката од неговиот концерт ќе се најде на компакт диск за престижната етикета на „Вигмор Хол“.Трпчевски, кој досега десетина пати има настапувано на оваа

сцена, се претстави со дела од Брамс, Равел и Пуленк, а воодушевената публика ја награди и со две изведби на бис. Џесика Дахен, рецензент на најдобрата британска интернет страница за специјализирано новинарство „Артс Деск“ истакнува дека „Трпчески е првокласен виртуоз“, подвлеку21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

вајќи во насловот дека станува збор за „македонскиот магионичар чии мирни води длабоко понираат“. Оваа сезона, Трпчески ќе ја заврши следната сабота во Сонома, Калифорнија каде што со Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, ќе го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар на Чајковски.


В О Р И ГА , Л Е ТО Н И Ј А Двете први места ги освои во категоријата световна музика, во конкуренција од 34 хорови и во категоријата фолклор, каде што се натпреваруваа со 38 хора од разни земји во светот. Второто место хорот го освои во категоријата црковна музика каде што настапи во конкуренција од 36 хора од: Русија, САД, Германија, Кина, Шведска, Летонија, Јужна Африка, Венецуела и Романија

ДВЕ ПРВИ И ЕДНО ВТОРО МЕСТО ЗА ЖЕНСКИОТ ХОР "СВЕТА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА"

Ж

енскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ освои две први и едно второ место на Светските хорски игри во Рига, Летонија, годинешната европска престолнина на културата, кои се одржуваа од 9 до 19 јули. Хорот „Света Злата Мегленска“ беше единствениот претставник од Македонија, а се натпреваруваше во три категории: световна музика, црковна а-капела и фолклор. Двете први места ги освои во категоријата световна музика, во конкуренција од 34 хорови и во категоријата фолклор, каде што се натпреваруваа со 38 хора од разни земји во светот. Второто место хорот го освои во категоријата црковна музика каде што настапи во конкуренција од 36 хора од: Русија, САД, Германија, Кина, Шведска, Летонија, Јужна Аф-

рика, Венецуела и Романија. На Хорската олимпијада, која годинава се одржа осми пат, учествуваа повеќе од 460 хора од 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014

60 земји, а учеството на хорот „Света Злата Меглеска“ беше поддржано од македонското Министерство за култура.


ВО ДРЖАВНИОТ МУЗЕЈ НА ГЕРМАНИЈА Поставката „Златните лица на македонските кралеви – Македонците и Келтите од охридскиот регион“ до ноември ќе го претставува македонското историско богатство, културата и традицијата во „Келтен ромер музеум“ во Манхинг, Германија. Изложени се дел од златните предмети меѓу кои и златната маска, но и други археолошки пронајдоци од различни периоди

"ЗЛАТНИТЕ ЛИЦА НА МАКЕДОНСКИТЕ КРАЛЕВИ..."

ел од вредните археолошки предмети пронајдени во охридскиот регион од 24-ти јули се изложени во Државниот музеј на Германија. Поставката „Златните лица на македонските кралеви – Македонците и Келтите од охридскиот регион“ до ноември ќе го претставува македонското историско богатство, културата и традицијата во „Келтен ромер музеум“ во Манхинг, Германија. Изложени се дел од златните предмети меѓу кои и златната маска, но и други археолошки пронајдоци од различни периоди. На плакатот преку кој германскиот музеј ја рекламира изложбата, се ставени фотографии од златната маска, ракавицата и прстенот пронајдени кај Горна Порта. Освен пронајдените предмети кои се дел од колекцијата на охридскиот Завод и музеј, во Германија ќе бидат изложени археолошки предмети од Музејот во Неготино, како и од Археолошкиот музеј на Македонија. Проектот го финансира Европската унија. Ова не е првпат охридски вредни пред- Златната маска што беше про- со други археолошки предмети мети да патуваат на меѓуна- најдена кај Горна Порта во и вредни икони беше претродна изложба. Во 2011 година, стариот дел на Охрид, заедно ставена во Утрехт, Холандија.

Д

23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 790 / Јули 2014


790  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you