МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ ВО БРИСЕЛ На состанокот се разгледа актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, соопшти МНР, а воедно се разменија и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година
М
инистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски на 02-04-2014 учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат, во седиштето на НАТО во Брисел. На состанокот се разгледа актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, соопшти МНР, а воедно се разменија и мислења за натамошните активности на земјите членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година. Министерот Попоски, преку своето излагање, ги презентира видувањата на Република Македонија за иднината на надворешното присуство во Авганистан по 2014 година. Министерскиот состанок во НАТО истовремено
МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА НАТО ВО ИСАФ - ФОРМАТ
беше и добра рамка неформално да се разменат видувања со колегите од земјите-членки на Алијан06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 787 / Април 2014
сата околу перспективите на следниот Самит во септември, годинава во Кардиф.