786

Page 2

Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Со доближувањето на локалните избори кај нашиот јужен сосед, почнаа и препукувањата по социјалните мрежи меѓу кандидатите за градоначалници, при што неизбежна тема е и името на Македонија. Кандидатот за градоначалник на Солун на Граѓанската алијанса, му порача на актуелниот градски татко дека жителите на Солун не ги делат неговите ставови за прашањето за името" и го повика да има јасна позиција" за ова прашање. Почнаа да го обвинуваат актуелниот градоначалник на Солун, чии ставови за нас и воопшто за Македонија добро ги знаеме, па јасно му ставаат на знаење дека треба да има јасна позиција за името на Скопје. Да не и намигнува на соседната држава и скопјаните да го сметаат за сојузник во обид да се смени историската вистина. Господинот градоначалник треба да го запре флертувањето со Скопје, напиша еден од канидатите. Тој уште го повика солунскиот градоначалник во преостанатите денови од неговиот мандат да се спротивстави на иредентистички практики на соседната земја и да не ја навредува историјата на градот и институцијата што ја претставува. Епа драги мои Македонци, нашиот јужен сосед толку многу има уплав од нас, што и во овие моменти кога се подготвуваат за избори за нивни градски татковци, кога треба тие да ветуваат ридови и долини на нивните сограѓани, очигледно ноќна мора им е името Македонија. Тоа укажува дека тие од нешто се плашат, нели! И додека тие се расправаат за и околу нашата Македонија, денес, а и вчера познатиот медијатор свика средба со нашиот и јужнососедскиот преговарач. Малку чудно!!! Па веднаш се наметнува и прашањето која е причината што посредникот на ОН во спорот за името, закажа средба со македонскиот и јужнососедскиот преговарач, во време на изборна кампања во Македонија, период што се смета за нетипичен, па дури и политички некоректен за ваков тип разговори? По првичното изненадување од новата средба, јужнососедските медиуми излегоа со различни коментари, но генерално, мислењата кај јужниот сосед се дека потегот на медијаторот не е изнуден од кризата во Украина. Меѓутоа за разлика од нив, македонските аналитичари сметаат дека средбата е директно предизвикана од настаните во Украина. Во реактивирањето на разговорите за името тие гледаат начин како да се забрза процесот на преговори до Самитот на НАТО во септември. Како и да е. Без разлика што повикот на медијаторот во предизборен период да свикува средба за разговори за името е преседан, и колку и да се вртат прашањата во главите на многумина и во Македонија и кај тие таму доле јужно – дали медијаторот има нешто во својата папка што може да направи драматичен пресврт во дведеценискиот спор, јас сум сигурен дека и овој пат нема да се изнедри ништо ново, ама токму ништо ново што ќе стави крај на спор за името Македонија. Што значи драги мои-бесцелната игра продолжува!!!

\or|ija - Xorx Atanasoski


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.