Page 1

Macedonian Sun

WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION

MONTHLY EDITION

S NCE

Година XIX, Број 786, Март 2014

WEB ИЗДАНИЕ

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

П РА Ш А Њ Е ТО С О И М Е ТО В Е Ќ Е Е З АТ В О Р Е Н А Т Е М А

" А Ј Д Е ГЛ А С А Ј Т Е " РЕАКЦИЈА ЗА Р Е П О Р ТА Ж АТА " О Д Б РА З И Л Д О М А К Е Д О Н И Ј А . . ." П Л У РА Л Н А ИЗБОРНА ТРКА И В О Д И Ј А С П О РАТА

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

П Р Е Д В Р Е М Е Н И П А РЛ А М Е Н ТА Р Н И ИЗБОРИ НА 27 АПРИЛ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Со доближувањето на локалните избори кај нашиот јужен сосед, почнаа и препукувањата по социјалните мрежи меѓу кандидатите за градоначалници, при што неизбежна тема е и името на Македонија. Кандидатот за градоначалник на Солун на Граѓанската алијанса, му порача на актуелниот градски татко дека жителите на Солун не ги делат неговите ставови за прашањето за името" и го повика да има јасна позиција" за ова прашање. Почнаа да го обвинуваат актуелниот градоначалник на Солун, чии ставови за нас и воопшто за Македонија добро ги знаеме, па јасно му ставаат на знаење дека треба да има јасна позиција за името на Скопје. Да не и намигнува на соседната држава и скопјаните да го сметаат за сојузник во обид да се смени историската вистина. Господинот градоначалник треба да го запре флертувањето со Скопје, напиша еден од канидатите. Тој уште го повика солунскиот градоначалник во преостанатите денови од неговиот мандат да се спротивстави на иредентистички практики на соседната земја и да не ја навредува историјата на градот и институцијата што ја претставува. Епа драги мои Македонци, нашиот јужен сосед толку многу има уплав од нас, што и во овие моменти кога се подготвуваат за избори за нивни градски татковци, кога треба тие да ветуваат ридови и долини на нивните сограѓани, очигледно ноќна мора им е името Македонија. Тоа укажува дека тие од нешто се плашат, нели! И додека тие се расправаат за и околу нашата Македонија, денес, а и вчера познатиот медијатор свика средба со нашиот и јужнососедскиот преговарач. Малку чудно!!! Па веднаш се наметнува и прашањето која е причината што посредникот на ОН во спорот за името, закажа средба со македонскиот и јужнососедскиот преговарач, во време на изборна кампања во Македонија, период што се смета за нетипичен, па дури и политички некоректен за ваков тип разговори? По првичното изненадување од новата средба, јужнососедските медиуми излегоа со различни коментари, но генерално, мислењата кај јужниот сосед се дека потегот на медијаторот не е изнуден од кризата во Украина. Меѓутоа за разлика од нив, македонските аналитичари сметаат дека средбата е директно предизвикана од настаните во Украина. Во реактивирањето на разговорите за името тие гледаат начин како да се забрза процесот на преговори до Самитот на НАТО во септември. Како и да е. Без разлика што повикот на медијаторот во предизборен период да свикува средба за разговори за името е преседан, и колку и да се вртат прашањата во главите на многумина и во Македонија и кај тие таму доле јужно – дали медијаторот има нешто во својата папка што може да направи драматичен пресврт во дведеценискиот спор, јас сум сигурен дека и овој пат нема да се изнедри ништо ново, ама токму ништо ново што ќе стави крај на спор за името Македонија. Што значи драги мои-бесцелната игра продолжува!!!

\or|ija - Xorx Atanasoski


РА С П У Ш ТА Њ Е Н А П А Р Л А М Е Н Т О Т Со 117 глсови “ЗА“, ниеден против и воздржан, народните избраниции денеска (05.03.2014) гласаа за Предлог-одлуката за распуштање на актуелниот собраниски состав. Расправата за самораспуштање која почна после пладне не траеше повеќе од 90 минути

ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА 27 АПРИЛ С

о 117 глсови “ЗА“, ниеден против и воздржан, народните избраниции денеска (05.03.2014) гласаа за Предлог-одлуката за распуштање на актуелниот собраниски состав. Расправата за самораспуштање која почна после пладне не траеше повеќе од 90 минути. Во име на предлагачите од пратеничката група на ДУИ, иницијативата ја образложи Неџати Јакупи, според кого партијата на Ахмети покажала храброст кога предложила консезуален претседателски кандидат – чекор за кој останатите политички субјекти не биле доволно смели. “Македонија заслужува

многу повеќе отколку оваа влада и овој претседател“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски, во расправата пред одлуката за изгласување распуштање на Собранието. “Што е животот во Македонија под ова водство? Раскарани и поделени граѓани, а сите се обединети во едно нешто без разлика на вера и нација - празни стомаци, освен за врхушката во ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме дел од тој народ и мора да му помогнеме. Македонија заслужува подобар претседател и влада од сегашните“, додаде Ивановски. 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Mарт 2014

Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ истакна дека тие легитимитетот го црпат дирекно од народот и тој има право предвреме да одлучува за иднината на Македонија. Иницијативата за распуштање на Собранието во саботата ја поднесе Демократската унија за интеграција откако не беше исполнето нивното барање за консензуален кандидат за претседател на Република Македонија. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш потоа прифати одржување предвремени парламентарни избори на 27 април, односно на вториот круг од претседателските избори.


НИКОС ДИМУ: “Грција веќе загуби во однос на прашањето за името, 95 проценти од државите во светот го прифаќаат името Македонија, а ние продолжуваме да дискутираме за ова“, изјавил Никос Диму, член на новата грчка политичка партија “Потами". Диму кој има објавено над 60 книги, смета дека прашањето со името веќе е затворена тема

Г

"

рција веќе загуби во однос на прашањето за името, 95 проценти од државите во светот го прифаќаат името Македонија, а ние продолжуваме да дискутираме за ова", изјавил Никос Диму, член на новата грчка политичка партија "Потами". Диму кој има објавено над 60 книги, смета дека прашањето со името веќе е затворена тема. "Името на Скопје во моментов, не

ПРАШАЊЕТО СО ИМЕТО ВЕЌЕ Е ЗАТВОРЕНА ТЕМА

зборувам за официјалниот став на партијата, но ја можам да ви го кажам моето лично мислење, кое можеби е и дел од ставот на партијата. Сметам дека со ова прашање погрешно се справуваше грчката влада уште од самиот почеток, додека ова битка веќе сме ја изгубиле. 95% од државите во светот ја признаа земјата како Македонија, а ние сеуште дискутираме", рече Диму кој гостуваше во грчката 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

телевизија Скај. На прашањето дали Македонија трбе да се именува како што е уставното име "Република Македонија", Диму одговорил позитвно. "Секако..Уште подобро решение би бил мојот предлог соопштен во 1992 година, што би значело сложено име со географска или некоја друга одредница, нешто кое беше прифатено за времето на Пинејро", додаде Диму.


О М Д Ј А О Б Ј А В У В А И Н И Ц И Ј АТ И В АТА Обединетата македонска дијаспора започна иницијатива иницијатива со наслов “АЈДЕ Гласајте - Ajde Vote“ со со цел да ја мобилизира македонската дијаспора во светот да гласа на престојните избори во април

"АЈДЕ ГЛАСАЈТЕ"

О

бединетата македонска дијаспора започна иницијатива иницијатива со наслов “АЈДЕ Гласајте Ajde Vote“ со со цел да ја мобилизира македонската дијаспора во светот да гласа на престојните избори во април. "Нашиот глас, наша иднина" кампања на ОМД за подигање на свеста на македонските граѓани кои живеат надвор од Македонија за нивното право да гласаат. ОМД верува дека секој Македонец во светот треба да ја гледа Македонија како своја татковина, дури и ако физички не живеат во земјата. Според македонскиот Устав, Македонците надвор од својата земја може да добијат државјанство и од 2011 година имаат право да гласаат на македонските претседателски и парламентарни избори. Македонските граѓани надвор од својата земја за да може да гласаат треба да се регистрираат во амбасадите или конзулатите на Република Македонија или преку веб страницата http://www.sec.mk од први февруари до седми март 2014 година. Гласањето ќе биде спроведено во сите овие дипломатски-конзуларни претставништва во светот на 12 април 2014 година за претседателските избори и на 27 април 2014 година за предвремените

парламентарни избори. ОМД силно ја повикува македонската влада и политичките партии да се договорат во врска со идните гласања преку електронски начини, посебно за оние македонски граѓани кои не живеат во близина на маке05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

донските дипломатски мисии. ОМД се надева дека во иднина македонските институции ќе го олеснат процесот на регистрирање за гласање за македонските граѓани надвор од својата земја, вклучително и преку он-лајн формулари.


ГРЦИТЕ ЛУТИ НА ЕН-БИ-СИ Репортажата на Ен-БиСи „Од Бразил до Македонија: карневалите запалија шарени прослави“ го предизвика грчкиот информативен портал „Иефимерида“ пак да го постави прашањето за правото на користење на ова име за нашата земја. „На прашањето дали ФИРОМ има право да се вика Македонија има многу аргументи за и против“, пишува грчкиот информативен портал коментирајќи ја фото репортажа на Ен-Би-Си за карневалите во светот, во која е споменат и струмичкиот карневал

Р

епортажата на Ен-БиСи „Од Бразил до Македонија: карневалите запалија шарени прослави“ го предизвика грчкиот информативен портал „Иефимерида“ пак да го постави прашањето за правото на користење на ова име за нашата земја. „На прашањето дали ФИРОМ има право да се вика Македонија има многу аргументи за и против“, пишува грчкиот информативен портал коментирајќи ја фото репортажа на ЕнБи-Си за карневалите во светот, во која е споменат и струмичкиот карневал. - Прашањето сепак е како, додека меѓународната заедница одлучи дека

РЕАКЦИЈА ЗА РЕПОРТАЖАТА "ОД БРАЗИЛ ДО МАКЕДОНИЈА..." официјалното име на Скопје е ’поранешна југословенска Република Македонија’, една од најпрестижните мрежи во светот, Ен-Би-Си одлучи да ја нарече едноставно ’Македонија’ и на својата интернет страница да објави значително убава фотографија, меѓу најголемите карневали во светот“, пишува порталот. Иако под фотографијата 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Mарт 2014

од струмичкиот карневал стои дека се работи за „поранешната југословенска Република Македонија“, порталот реагира дека во текстот сепак стои „Македонците на 1 март го одбeлежуваат Тримери, православен христијански празник, кога злите духови се бркаат со ритуален танц, и празникот го означува почетокот на постот во пресрет на Велигден“.


Грција на состанокот на 28-те министри за надворешни работи на ЕУ во Солун најавува дека ќе ја соопшти намерата за организирање на референдум за спорот за името на Македонија, објави грчкиот „Весник на уредниците“. Грчкиот весник нагласува дека „Самарас бара начин да се заштити од меѓународен притисок и разгледува план за референдум“, јави дописникот на МИА од Атина. Весникот додава дека „според сите мерења, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе победат на предвремените парламентарни избори, со што уште повеќе ќе се намали можноста за постигнување договор за името со Грција“

ГРЦИЈА СЕ ГОТВИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ

РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРИТИСОЦИ

Г

рција на состанокот на 28-те министри за надворешни работи на ЕУ во Солун најавува дека ќе ја соопшти намерата за организирање на референдум за спорот за името на Македонија, објави грчкиот „Весник на уредниците“. Грчкиот весник нагласува дека „Самарас бара начин да се заштити од меѓународен притисок и разгледува план за референдум“, јави дописникот на МИА од Атина. Весникот додава дека „според сите мерења, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе победат на предвремените парламентарни избори, со што уште повеќе ќе се намали можноста за постигнување договор за името со Грција“. - Според некои информации, Андонис Самарас, кој се смета за „тежок националист“ во Македонија, наводно, смета дека Грција не може да си дозволи

да се соочи со меѓународен притисок (ЕУ, НАТО и САД), како после Букурешт во 2009 година, тврди„Весникот на уредниците“ и додава дека со оглед на тоа што „Груевски вети дека ќе стави на референдум секакво решение за името, истото ќе го направи и Атина“. Информцијата дека грчките власти подготвуваат референдум за прашањето за името, пред извесно време ја објави 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

весникот „Параполитика“, но вчера беше демантирана од страна на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Како и да е, останува фактот дека грчките дипломати во Вашингтон и големите европски градови се мобилизирани да ја запрат евроатлантската интеграција на Македонија, особено пред самитот на НАТО во Велика Британија.


МАКЕДОНСКИ СОЈУЗ ВО ШВЕДСКА Претседателството на Македонскиот сојуз во Шведска бара и во дијаспората да се овозможат услови за плурална изборна трка преку претставување на политичките партии и нивните програми. Според анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје, голем дел од испитаниците или 67 отсто не знаеле како да поднесат пријава за да гласаат во дипломатскоконзуларните претсавништва на Република Македонија

ПЛУРАЛНА ИЗБОРНА ТРКА И ВО ДИЈАСПОРАТА

П

ретседателството на Македонскиот сојуз во Шведска бара и во дијаспората да се овозможат услови за плурална изборна трка преку претставување на политичките партии и нивните програми. Според анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје, голем дел од испитаниците или 67 отсто не знаеле како да поднесат пријава за да гласаат во дипломатско-конзуларните претсавништва на Република Македонија.

Претседателството на Македонскиот сојуз (МС) во Шведска, поаѓајќи од сопствените сознанија, се согласува со констатацијата за недоволна информираност во дијаспората за пријавување за гласање. И во иднина ќе биде неопходна широка информативна кампања насочена кон избирачите во дијаспората, за да може да се

дојде до јасни сознанија, во што се состои разликата на статусот на „избирачот во татковината“ од статусот на „избирачот во дијаспората“. Претседателството на МС го истакнува и фактот дека меѓу избирачите во дијаспората, пред се оние од македонска националност, е присутна и активна главно владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. - Другите значајни политички партии, и тоа пред се СДСМ, како однапред да го прифатиле изборниот пораз во дијаспората и воопшто не се појавуваат меѓу иселениците, а поради таквата определба можеби одењето меѓу избирачите во странство го сметаат 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Mарт 2014

единствено како залудно трошење на средства од партиската каса, рече Ивица Челиковиќ, секретар на Македонскиот сојуз во Шведска. Според Претседателството на МС, досегашните искуства одат во прилог на тезата дека македонската Влада во наредниот период треба да покрене иницијатива за усвојување на законски решенија во Собранието, со кои и во дијаспората ќе се овозможат соодветни услови за плурална изборна трка и претставување на политичките партии и нивните програми, за да им се овозможи и на македонските избирачи во дијаспората рамноправно учество во изборниот процес.


СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Kомитетот на министрите на Советот на Европа ја усвои резолуцијата за спроведување на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства од страна на Албанија. Според оваа одредба на која се обврза Албанија, припадниците на македонското национално малцинство ќе можат да побараат настава на македонски јазик не само во деловите на Албанија каде име мнозинство Македонци, туку и во другите области на земјата

АЛБАНИЈА ДА ДОЗВОЛИ ИЗУЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

K

омитетот на министрите на Советот на Европа ја усвои резолуцијата за спроведување на Рамковната конвенција за заштитата на националните малцинства од страна на Албанија. Според оваа одредба на која се обврза Албанија, припадниците на македонското национално малцинство ќе можат да побараат настава на македонски јазик не само воделовите на Албанија каде име мнозинство Македонци, туку и во другите области на земјата. Во резолуцијата се нагласува дека албанските власти во мај 2011 година ја укинаа обврската на изводите од матичната книга на родените да стои етничката припадност за лицата со потекло од грчкото и македонското национално малцинство, повикувајќи се на изводите на нивните родители, а не врз слободните изјави на лицата. Ова се практикувало само за македонското и грчкото малцинство во одредени дистрикти на Албанија, со што според Стразбур “претставуваше дискриминација меѓу лицата кои им припаѓаат на различните национални малцинства“. Комитетот на министрите

сепак е загрижен што Албанија не донела ниту еден закон кој се однесува на националните малцинства и покрај нејзиното 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

ангажирање во рамките на Националниот план за спроведување на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XVII ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО ВА - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална. Фактичка состојба. ВЕ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во идејна замисла во аурите Сончеви, лудски и природни по место и време. ВИ - Богот, Божестевната Светлина Сончева астрална во процес на раѓање и зголемување.

ВО - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на вознесување и на возвишеност. ВУ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на пад од возвишеноста. В - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална како стварност воопшто. С - Светлината Сончева како стварност воопшто.

ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во своите вечни денски и годишни циклуси се изразува на Земјата во три негови основни природни закони, правила, принципи, завети, а тоа се: СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ и ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ како начин на постоење. Старото, древно, вевто, вехто, античко Македонско и Светско учење и начинот на живеење во тоа време популарно се нарекувало Религијата на Сонцето, или по јазикот на светлината Божествена на аурата Сончева тоа е Светото Писмо, односно, старите два, првиот и вториот Македонски јазици искажувани и пишувани со ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Кои се темелеле и постоеле врз основата на тие три основни вечни природни Сончеви закони на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, и ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ. Во продолжение да ги разјасниме накратко, во што се состојат и изразуваат тие три основни, вечни, природни закони, принципи, правила, завети на Небото и на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) кои се постоењето на: 1. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА; 2. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ; 3. ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ. 1. Светлата позитивна доминација Во своите вечни, денски и годишни циклуси на изразување на Земјата ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕТО) го прави видливо секое утро и секоја пролет, своето дејство и состојба на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, на својата светлина, астрална Божествена, над негативноста земна. Тоа е ТЕМНИНАТА ноќна и студот зимски како противници и непотребни зла на животот Земен. Негативноста Земна е ТЕМНИНАТА ноќна и студот зимски ако доминираат над СВЕТЛИНАТА, позитивноста сончева во долг временски период почнуваат да ги деградираат и уништуваат условите на живот на Земјата и неговите вредности. Со секој почеток на


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски нов ден и нова година, како нови денски и годишни циклуси со СВЕТЛИНАТА ПОЗИТИВНА, астрална, Божествена на аурата Сончева, или на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) со својот чин, се потврдува како природен закон постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА над темнината ноќна и студот зимски. Како што се констатира на почетокот на книгата дека во природата космичка и Земна постојат двата основни поларитети на постоењето на СВЕТЛИНАТА, ПОЗИТИВНОСТА (+), и на ТЕМНИНАТА, НЕГАТИВНОСТА (-), од кои СВЕТЛИНАТА, ПОЗИТИВНОСТА (+) е творечката создавачка сила на процесите на животот Земен и неговите услови и вредности, а ТЕМНИНАТА, НЕГАТИВНОСТА (-) е спротивната и дструктивна, уништувачка сила на животот Земен и неговите услови и вредности. Имајќи го тој вечен чин, дејство и состојба на изразување на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на површината на Земјата со неговите вечни денски и годишни циклуси на СВЕТЛАТА, ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, на неговата СВЕТЛИНА БОЖЕСТВЕНА над НЕГАТИВНОСТА Земна, а тоа е ТЕМНИНАТА ноќна и студот зимски, всушност е тој вечен чин на РИТУАЛОТ Негов. Зборот РИТУАЛОТ е од вториот стар Македонски јазик изграден во старата Македонија од старите Македонци верници, и ја има религиозната состојба по првиот стар слогов Македонски јазик со која го искажува постоењето на РИ(СОНЦЕТО) над ТУ(ТЕМНИНАТА) А(ВРЗ) ЛО(ЛЈУГЕТО) и над Т(ТЕМНИНАТА), над негативноста, злото во природата и меѓу луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата, за верниците по учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА. Со постоењето на таа религиозна состојба на вечната СВЕТЛА ПОЗИТИВНАТА ДОМИНАЦИЈА на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над негативноста на Земјата, а тоа е ТЕМНИНАТА ноќна и студот зимски се потврдува РИ(СОНЦЕТО) над ТУ(ТЕМНИНАТА) А(ВРЗ) ЛО(ЛЈУГЕТО) и над Т(ТЕМНИНАТА), напишана и искажана од старите, древни, антички Македонци, верници по јазикот на светлината астрална, Божествена, на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата, или стариот, антички Македонски јазик во кој постои РИТУАЛОТ Земен на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Со секој нов, денски циклус на транспарентно, небеско правење на РИТУАЛОТ на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) се манифестира религиозната состојба и значење на зборот УТРОТО. Зборот УТРОТО ја има религиозната состојба на аурите сончеви по циклуси денски и годишни на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на У(ВО) Т(ТЕМНИНАТА) РО(СОНЦЕТО) над ТО(ТЕМНИНАТА), негативноста,

злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со постоењето на таа религиозна состојба на вечната СВЕТЛА ПОЗИТИВНАТА ДОМИНАЦИЈА на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над негативноста на Земјата, а тоа е ТЕМНИНАТА ноќна и студот зимски, се искажува ВИ(БОЖЕСТВЕНАТА) С(СВЕТЛИНА) над ТИ(ТЕМНИНАТА) НА(НАША) над ТА(ТЕМНИНАТА). Ова е религиозна состојба напишана и искажана од старите Македонци верници со јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата, или стариот втор Македонски јазик во кој е утврдено постоееето на значењето и на формата на зборот ВИСТИНАТА. Таа е единствена светлина, позитивноста, стварноста како страна на Небото и на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, која е СТВАРНОСТА. Зборот СТВАРНОСТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви по циклуси денски и годишни на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на С(СВЕТЛИНАТА) над Т(ТЕМНИНАТА) ВА(БОЖЕСТВЕНА) Р(СОНЧЕВАТА) НО(НАША) С(СВЕТЛИНА) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со постоењето на таа религиозна состојба на вечната СВЕТЛА, ПОЗИТИВНАТА ДОМИНАЦИЈА на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) и над негативноста на Земјата, а тоа е ТЕМНИНАТА ноќна и студот зимски, се укажува на STVARNOSTA, како единствена, светла, позитивна вистинска страна на Небото и на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) за верниците, според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, која е ПОЗИТИВНОСТА. ПОЗИТИВНОСТА - ПО(ОДНОВО) ЗИ(ЗАЗОРЕНАТА) над ТИ(ТЕМНИНАТА) В(БОЖЕСТВЕНАТА) НО(НАША) С(СВЕТЛИНА) над ТА(ТЕМНИНАТА)

ПРОДОЛЖУВА


Со либерализацијата граѓаните ќе одлучуваат дали електричната енергија ќе ја добиваат од „ЕВН Македонија“, која доби лиценца за снабдувач во краен случај по цени регулирани од Регулаторната комисија за енергетика, или ќе ја купуваат од некој од другите снабдувачи

Л И Б Е РА Л И З А Ц И Ј А Н А П А З А Р О Т З А С Т Р УЈ А

ДНЕВНАТА ЕВТИНА СТРУЈА СЕ ВРАЌА ВО 2015?

О

д јануари 2015 повторно ќе има дневна евтина тарифа за струјата, поради тоа што ќе стапи во сила третата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија. Со либерализацијата граѓаните ќе одлучуваат дали електричната енергија ќе ја добиваат од „ЕВН Македонија“, која доби лиценца за снабдувач во краен случај по цени регулирани од Регулаторната комисија за енергетика, или ќе ја купуваат од некој од другите снабдувачи, пишува Дневник. Според Kочо Анѓушев, сопственик на „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), и оваа категорија на корисници ќе стане интересна за новите снабдувачи, а за да се привлечат ќе им бидат понудени услови различни од тие што ќе им се даваат во регулираниот пазар. Па, меѓу нив и можноста да користат дневна евтина струја, на пример, од 16 до 19 часот, наместо само ноќе како сега, кога реално и не ја користат. За таа цел, слично како и во други земји, ќе бидат понудени различни пакети, а корисниците ќе имаат можност да проценат и одлучат што најмногу им одговара според ритамот и количината на нивната потрошувачка. 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Mарт 2014


САЕМ ЗА Т УРИЗАМ ВО БЕРЛИН Редовното претставување на Македонија на најголемиот светски саем за туризам (ИТБ) во Берлин покажа одлични резултати, па бројот на германските туристи во Македонија од 12.000 во 2012 година скокна на 30.000 во 2013. Со атрактивен промотивен материјал на годинашниот саем за туризам во Берлин Државната агенција за поддршка и промоција на туризмот настојува овој пораст да продолжи и следната година!

БРОЈОТ НА ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ ЗАБРЗАНО РАСТЕ

Р

едовното претставување на Македонија на најголемиот светски саем за туризам (ИТБ) во Берлин покажа одлични резултати, па бројот на германските туристи во Македонија од 12.000 во 2012 година скокна на 30.000 во 2013. Со атрактивен промотивен материјал на годинашниот саем за туризам во Берлин Државната агенција за поддршка и промоција на туризмот настојува овој пораст да продолжи и следната година! „Со тоа, Германија на ранг листата на странски гости се искачи на 9-то место. Доколку ваквиот тренд продолжи, ова ќе значи дека наредната година Германија ќе се најде на второто место на листата на странските посетители, на која моменто челната позиција ја има Турција со 72.000 гости, по што следуваат Грција и Србија. Ланската презентација во Берлин секако придонесе за ваквиот квалитативен скок на бројот на германските посетители, а свое влијание имаа и директните авионски летови од повеќе германски градови -Дизелдорф, Берлин, Минхен, кон Македонија и субвенциите кои ги дава државата“, изјави за Дојче веле Кристијан Џамбазовски, директор на Државната агенција за поддршка и промоција на туризмот, кој заедно со неколку македонски агенции ја претставува туристичката понуда на Македонија во Берлин.

За што поголем ефект од презентацијата на годинашниов саем за туризам на штандот именуван како „Мacedonia timeless“, беа претставени шест брошури на германски јазик со убав дизајн, фотографии и текстови. Станува збор за комплетно нов промотивен материјал на Државната агенција за туризам чие пласирање стартува токму во Берлин и е срцевина 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

на кампањата „Разбудување на човечките сетила“, со која се сака да се освои германскиот пазар. Идејата на ваквата агресивна кампања е за четири години да се достигне таков позитивен развој во туризмот со што оваа гранка индиректно ќе влијае врз 300.000 луѓе во Македонија и ќе придонесе за опстанокот и напредокот на сиромашните делови од земјата.


Македонија по индексот на Е-фрикција е класирана на 37-то место од вкупно 65 анализирани земји, според „Бостон консалтинг груп“, истакна на денешната конференција за маркетинг, министерот за информатичко општество и админситрација Иво Ивановски. Вакво рангирање, како што нагласи ресорниот минситер на втората конференција за современ маркетинг во Македонија

В ТО РА К О Н Ф Е Р Е Н Ц И Ј А З А СОВРЕМЕН МАРКЕТИНГ

МАКЕДОНИЈА НА 37-ТО МЕСТО ПО Е-ЕКОНОМИЈА СПОРЕД "БОСТОН КОНС. ГРУП"

М

акедонија по индексот на Ефрикција е класирана на 37-то место од вкупно 65 анализирани земји, според „Бостон консалтинг груп“, истакна на денешната конференција за маркетинг, министерот за информатичко општество и админситрација Иво Ивановски. Вакво рангирање, како што нагласи ресорниот минситер на втората конференција за современ маркетинг во Македонија, на која се дискутираа најновите трендови во маркетингот на глобално ниво, е направено за првпат преку студија базирана на една нова технологија е-фрикција. - На самата студија беа презентирани 65 земји и можеше да се види дека оние земји кои се наоѓаат во најнапредната група, односно каде што нема фрикција и каде што нема отпор за развојот на интернетот, електронската економија или е-БДП е двапати поголема од оние земји кои што имаат висок коефициент на е-фрикција, истакна министерот Ивановски. Според анализата на „Бостон консалтинг груп“ од четирите подгрупи Македонија најнапредна е во интернет инфраструктура и се наоѓа на 27 место. Односно, земјите со најниска е-фрикција имаат силна инфраструктура и даваат широка поддршка на бизнисот во доменот на интернет економиите. - Инфраструктурата е основен двигател на интернетот, за нас ова е голем успех и ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, ќе продолжиме да ги подобруваме можностите за приватниот сектор да инвестира во инфраструктурата, за да можат граѓаните на Република Македонија активно да бидат вклучени во новото дигитално време, а со тоа да им се овозможи на малите и средните компании поактивно да присуствуваат во ре-

кламирањето преку интернет, рече Ивановски. Според ДЗС минатата година скоро 100 отсто од компаниите во Република Македонија користеле интернет, но 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

како што истакна Ивановски, бројот на компании коишто имаат вебстраници е помал, односно дека само најголемите компании имаат вебстрани и интернет трговија.


Амбасадорот на Република Италија во Македонија Ернесто Масимо Белели на форумот истакна дека италијанските компании не ја познааваат добро Македонија и дека ова е одлична можност подобро да се запознаат со инвестициските можности во Макеоднија

И Н Ф РА С Т Р У К Т У РАТА И Е Н Е Р Г Е Т И К АТА С Е Д В АТА НАЈЈПРИВЛЕЧНИ СЕКТОРИ ЗА И ТА Л И Ј А Н С К И Т Е Б И З Н И С М Е Н И

МАКЕДОНСКО - ИТАЛИЈАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ

И

нфраструктурата и енергетиката се двата најпривлечни сектори за италијанските бизнисмени. Ова беше заклучено на денешниот италијанско - македонски бизнис форум кој се одржа во Скопје. Амбасадорот на Република Италија во Македонија Ернесто Масимо Белели на форумот истакна дека италијанските компании не ја познааваат добро Македонија и дека ова е одлична можност подобро да се запознаат со инвестициските можности во Макеоднија. “Денес слушнав одлична вест. Наскоро ќе започне да сообраќа директната авионска линија Скопје-Рим. Тоа е одлична вест за Коридорот 8 и се надевам дека освен преку воздушна линија, поврзувањето меѓу двете земји наскоро ќе се одвива и преку патна инфраструктура“, рече италијанскиот амбасадор. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески пред претставници од 30 италијански компаниии и 40 македонски ги презентираше инфраструктурните проектите како што се изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10, изградба на автопатот Македонија-Косово и На форумот се обрати и гра- италијанските компании ги гасификација на скопскиот доначалникот на Град Скопје, преставија проектите на град регион. Коце Трајановски кои пред Скопје. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014


Statistika Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик

С

поред податоците на државниот завод за статистика трговскиот дефицит на Република Македонија во јануари изнесува 187 857 илјади американски долари. Вкупната вредност на извоз на стоки од Република Македонија во јануари 2014 година изнесува 318 574 илјади американски долари, а на увозот 506 431 илјади. Покриеноста на увозот со извоз е 62.9 проценти. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, суровата нафта, електричната енергија и други метали од платинската група. Во јануари, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 82.1 проценти и земјите од Западен Балкан 11.7 проценти, и во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 65.5 проценти. Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија, 54.2 проценти од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји.

С П О Р Е Д П ОД АТО Ц И Т Е Н А ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА С ТАТ И С Т И К А

СТОКОВНА РАЗМЕНА: 187 857 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ДЕФИЦИТ ВО ЈАНУАРИ

16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014


С ТА П И Ј А В О С И Л А Времено одземање на детето од родителот, задолжителен лекарски преглед, кривичната пријава за злоупотреба и занемарување на родителското право, се дел од мерките во новиот Законот за семејство, кој стапи во сила неделава. Законските измени се направија се со цел, според министерот за труд и социјална политика Диме Сапасов да се заштитат децата од злоупотреба и од принудување на питање

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЕМЕЈСТВО

В

ремено одземање на детето од родителот, задолжителен лекарски преглед, кривичната пријава за злоупотреба и занемарување на родителското право, се дел од мерките во новиот Законот за семејство, кој стапи во сила неделава. Законските измени се направија се со цел, според министерот за труд и социјална политика Диме Сапасов да се заштитат децата од злоупотреба и од принудување на питање. “Во случај, пак, родителот со наведувањето на детето на питање или со користење на детето за питање, го довел во опасност животот на детето, тогаш Центарот за социјална работа е должен веднаш времено да го одземе детето од родителот, без претходно да му се изрече мерка надзор над родителското право“, додаде Спасов. Заради реализација на целите поради кои се направени измените на Законот, Министерството за труд и социјална политика воведува три нови задолженија за Центрите за социјална работа. Здравствениот преглед на децата од Скопје и околината до 14 годишна возраст ќе се врши во Клиниката за детски болести во Скопје, а за децата над 14 го-

дишна возраст здравствениот преглед ќе се врши во Клиниката за токсикологија. Трошоците ќе бидат подмирени од страна на министерството за 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

труд и социјална политика. Граганите ќе можат да и понатаму да пријавуваат вакви случаи на бесплатната телефонска линија 15505.


Holokaust Еврејската заедница во Република Македонија денеска одбележува 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Делегации на Еврејската заедница денеска положија цвеќе пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат, како и на еврејските и партизански гробишта во Бутел. Во спомен на загинатите македoнски Евреи, вчера повеќе делегации и граѓани положија цвеќе во Битола и Штип, каде што пред Втората светска војна живееле најголем број Евреи

Е В Р Е Ј С К АТА ЗАЕДНИЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА

71 ГОДИШНИНА ОД ДЕПОРТАЦИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

Е

врејската заедница во Република Македонија денеска одбележува 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка. Делегации на Еврејската заедница денеска положија цвеќе пред споменикот на македонските Евреи во Тутунскиот комбинат, како и на еврејските и партизански гробишта во Бутел. Во спомен на загинатите македoнски Евреи, вчера повеќе делегации и граѓани положија цвеќе во Битола и Штип, каде што пред Втората светска војна живееле најголем број Евреи. Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија синоќа беше отворена ликовната изложба “Нови сведоци на холокаустот 3“. Изложбата ја отвори Сара Ајник, уметник од Израел и

директор на проектот. Ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и концентрирани во Монополот, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрациски логор. Обединетата македонска дијаспора ја повикува бугарската влада да признае јавно дека како директен резултат на соработката на бугарската фашистичка 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

власт со нацистичка Германија, 7,144 македонски Евреи беа депортирани во нацистичките концентрациони логори во Треблинка во окупирана Полска. “Како членка на НАТО и Европската Унија, модерна Бугарија мора да се помири со своето трагично минато и официјално да се извини на македонската еврејска заедница", се вели во соопштението од ОМД.


До 20 април кампањата ќе опфати повеќе активности – читања, промоции, делење бесплатни примероци на книги во соработка со компании кои се спонзори на кампањата, отворање кафе-библиотеки… Неколкумина автори и јавни личности од Македонија, заедно со министерката за култура Елизабета КанческаМилевска и со претставници на издавачот-организатор, денеска им подаруваа книги на минувачи на улицата „Македонија“

И З Д А В АЧ К АТА К У Ќ А " М АТ И Ц А М А К Е Д О Н С К А " П Р О М О В И РА Ш Е К А М П А Њ А ЗА ПОПУЛАРИЗАЦИЈА НА Ч И ТА Њ Е Т О И З А В А Ж Н О С ТА Н А К Н И ГАТА П О Д М О Т О Т О

"ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ, ЧИТАЈ СЕКАДЕ!"

И

здавачката куќа „Матица македонска“ промовираше кампања за популаризација на читањето и за важноста на книгата под мотото „Читај повеќе, читај секаде!“. До 20 април кампањата ќе опфати повеќе активности – читања, промоции, делење бесплатни примероци на книги во соработка со компании кои се спонзори на кампањата, отворање кафебиблиотеки… Неколкумина автори и јавни личности од Македонија, заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и со претставници на издавачот-организатор, денеска им подаруваа книги на минувачи на улицата „Македонија“. Според министерката

Канческа-Милевска, кампањата ќе ја потенцира полезноста на книгата, ќе укаже на нејзината неопходност и на македонските читатели ќе им доближи голем број квалитетни дела од многу македонски и странски автори. Таа посочи дека Министерството за култура во изминатиот 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Mарт 2014

период издвоило големи средства за проектите на приватните издавачки куќи. Во оваа пригода таа потсети и на објавениот конкурс за странски издавачи кои ќе преведат дела од македонски автори и дека досега на конкурсот, кој е во тек, се пријавиле 15 издавачки куќи.


На 5 јули ќе има концерт на плоштадот во Скопје, во рамки на „Скопско лето“, а по подолг период оваа година ќе гостува и на „Охридско лето“ со голем концерт на Антички театар

П О П О В О Д 6 5  Г О Д И Ш Н И Н АТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНИОТ АНСАМБЛ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ Н А М А К Е Д О Н И Ј А „ ТА Н Е Ц “ Н А Г О Л Е М АТА С Ц Е Н А Н А М А К Е Д О Н С К АТА О П Е РА И БАЛЕТ ВО СКОПЈЕ ОДРЖА

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ НА „ТАНЕЦ“ П

о повод 65-годишнината од основањето на Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“на големата сцена на Македонската опера и балет во Скопје одржа Свечена академија. Ансамблот „Танец“ овој месец одбележува 65 години од основањето. По тој повод од Ансамблот најавија дека целата 2014 година ќе биде јубилејна. Планирани се 25 концерти низ Македонија и пет во Скопје, од кои еден голем. „Танец“ ќе има и повеќе настапи во хуманитарни цели, како и неколку гостувања во странство. Во мај Ансамблот ќе има минитурнеја низ Бугарија, во јуни ќе гостува во Рига, во рамки на манифестацијата Денови на македонската култура во Европската престолнина на културата во 2014, а во јулиавгуст ќе патува во Хрватска. На 5 јули ќе има концерт на плоштадот во Скопје, во рамки на „Скопско лето“, а по подолг период оваа година ќе гостува и на „Охридско лето“ со голем концерт на Антички театар. Во „Метрополис арената“, на кој ќе години почна во февруари со октомври, планираат концерт гостуваат ансамбли од регио- промоција на второто цеде „Игри и песни без граници“ во нот. Одбележувањето на 65-те „Незаборав“. 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014


КО УН И ХАРИ МАН "Златен венец", Ко Ун од Република Кореја и на наградата "Мостови на Струга", Ко Ун од Република Кореја и Хари Ман од Велика Британија беа претставени во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поезијата 21 март, во македонската амбасада во Париз, Франција

ГОДИНЕШНИТЕ ЛАУРЕАТИ НА "ЗЛАТЕН ВЕНЕЦ" ВО ПАРИЗ

Г

одинешните лауреати на "Златен венец", Ко Ун од Република Кореја и на наградата "Мостови на Струга", Ко Ун од Република Кореја и Хари Ман од Велика Британија беа претставени во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поезијата 21 март, во македонската амбасада во Париз, Франција. На одбележувањето, организирано од УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата, пред присутните дипломатски претставници на неколку земји во УНЕСКО, дипломатските претставници на земјите од каде потекнуваат лауреатите, но и другите поканети гости, зборуваа амбасадорот на Македонија во Франција и во УНЕСКО, Агрон Буџаку, претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски, и директорот на Струшките вечери на поезијата Мите Стефоски. Беше присутен и лауреатот на Мостови на Струга", Хари Ман, кој читаше свои стихови. Модератор на

вечерта беше Јасмина Шопова од УНЕСКО, која воедно беше и претставник на генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.Пригоден информативен текст за одбележувањето на Денот на поезијата и претставувањето на овогодишните лауреати на Златен венец" 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 786 / Март 2014

и на Мостови на Струга", УНЕСКО објави на својата вебстраница. Оваа информација беше единствената по повод Светскиот ден на поезијата објавена на страницата на оваа организација на ОН, покрај пораката од генералниот директор Ирина Бокова.


786  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you