Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

Година XIX, Број 784, Јануари 2014

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

WEB EDITION

ПРЕДМЕТ " Ч Е Н ТО " - Л У С Т Р И РА Н И УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

"СВЕДОЦИ: КАНАДА"

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

И М Е ТО Н Е Т Р Е Б А Д А Б И Д Е П Р Е Ч К А ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Јужнососедскиот шеф на дипломатијата во последно време ептен не бомбардира со безброј критики, обвинувања, лаги, се во интерес и одбрана нормално на неговата земја. Наголемо насекаде вели дека спорот за името не е пречка за преговорите за Македонија, туку тоа е „недостигот на европски вредности и неисполнувањето на критериумите од Копенхаген“ од македонска страна. Но, ајде да погледнеме малку и со наши очи! Нели јужниот сосед треба да вложи напори за да ги прифати европските вредности кои наводно ги дели, и да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и ќе им обезбеди основни човечки права на македонското, турското и другите малцинства, и ќе стави крај на застараниот договор од Лозана?! Како што потенцираат и од ОМД како гест на добра волја, зошто јужнососедскиот дипломат еднаш не направи официјална посета на Македонија што е можно поскоро. Добро би било кога би можело, но сега во моментов е илузорно затоа што тој, наш јужен сосед не само што вербално ја напаѓа нашата земја како претставник на неговата земја туку се меша и каде што не му е работа. Имено тој пред францускиoт Сенат објаснувал дека спорот за името, е многу помал отколку „идеолошкиот“ проблем, кој го имаме со источниот сосед. Вели - Има еден идеолошки проблем за вештачкиот национален иденитет меѓу Скопје и Софија. Од каде пак нему за право и овде да го потпалува огнот?! Потоа, тој во улога на лингвист дава дефиниција на македонскиот јазик и смета дека македонскиот јазик е „псевдо-македонски“. Која трагикомедија! Се ова не му беше доволно, па на крајот од своите излагања во однос на Македонија, тој открива дека јужнососедските позиции и тие на албанската заедница во Македонија се согласуваат. Оттука драги мои Македонци што може да заклучиме. Сите тие излагања на господинот јужен дипломат се сведуваат на тоа дека сите фактори во Македонија и околу неа се битни, само Македонскиот народ и Македонија се ставени на страна како да не постојат, туку и на многу други како да ги наречам ајде политички субјекти. Ама доста молчиме и дозволуваме да не маргинализираат. Сепак ние ја имаме Македонија, наша држава е, за која никој друг не треба да одлучува освин ние Македонците, зарем не!!!

\or|ija - Xorx Atanasoski


СЕБАСТИЈАН КУРЦ По средбите на 07.01.2014 во Брисел со еврокомесарот за проширување Штфан Филе и високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, Курц изјавил дека Виена очекува спорот за името да биде решен и Атина веќе да не ја попречува интеграцијата на Македонија во ЕУ

ИМЕТО НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРЕЧКА ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

П

рашањето за името не треба да биде пречка за евроинтеграцијата на Македонија и Австрија се надева дека за време на грчкото претседавање со ЕУ ќе бидат одстранети блокадите за почеток на пристапните преговори, смета шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц. По средбите на 07.01.2014 во Брисел со еврокомесарот за проширување Штфан Филе и високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, Курц изјавил дека Виена очекува спорот за името да биде решен и Атина веќе да не ја попречува интеграцијата на

Македонија во ЕУ. При тоа, пренесуваат австриските медиуми, тој го изнел ставот дека мора да биде во интерес на Владата на Грција да постигне успех за време на своето претседавање со ЕУ и дека се надева на решение за прашањето на Македонија. Според Курц, јавна тајна е дека имиџот на Грција во ЕУ не е секаде најдобар. Филе, пак, побарал од Австрија помош „бидејќи ја гледа Австрија како силен партнер во однос на прашањето за проширување на Унијата кон Западен Балкан“. Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е приоритет на австриската надвореш03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

на политика, изјавил Курц за австриските медиуми. Во тој контекст целта на Австрија е Албанија уште оваа година да добие статус на земја-кандидат за членство, а од Србија која наскоро ги започнува пристапните преговори очекува да ги спроведе потребните реформи. - За Австрија е од исклучително значење колку е тој регион стабилен. Перспективата за пристапување во Унијата отсекогаш била мотор на реформите, истакнал Курц и додал дека е неопходно кандидатите да ги исполнат критериумите за пристапување во ЕУ, истакнал Себастијан Курц.


С Р Е Д Б А Ѓ О Р Г Е И В А Н О В - Х О Ј Т Б РА Ј А Н Ј И На средбата Иванов- Ји беа разменети мислења околу развојот на билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски држави, како и за состојбите во врска со европската и евроатланската перспектива на Република Македонија. Претседателот Иванов истакна дека земјава останува целосно посветена на членството во НАТО и Европската Унија и изрази очекување за американска поддршка и ангажман пред следниот НАТО самит во Велика Британија

САД ДА ПОБАРААТ РАЗУМНО ОДНЕСУВАЊЕ ОД ГРЦИЈА

С

АД да побараат разумно однесување од страна на Грција, која продолжува со избегнување на контакти и непочитување на рамката на разговорите, побара претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на средбата со г. Хојт Брајан Ји, заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави. На средбата Иванов- Ји беа разменети мислења околу развојот на билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски држави, како и за состојбите во врска со европската и евроатланската перспектива на Република Македонија. Претседателот Иванов истакна дека земјава останува целосно посветена на членството во НАТО и Европската Унија и изрази очекување за американска поддршка и ангажман пред следниот НАТО самит во Велика Британија. „Постојат два начина Република Македонија да го заземе заслуженото место во Алијансата, што ќе биде од корист за целиот регион. Првиот е преку безусловно почитување на Времената спо-

годба и пресудата од Хаг, а вториот е изнаоѓање на заемно прифатливо решение за наметнатиот спор во согласност со рамката во која се води процесот. За деблокада на нашите стратешки цели неопходна ни е поддршката и ангажманот на САД“, подвлече претседателот Иванов на средбата. Тој на својот соговорник му укажa дека јужниот сосед продолжува со избегнување на контакти и непочитување на рамката на разговорите. “Непридржувањето до рамката во која се води процесот во Обединетите нации, непочиту04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

вањето на пресудата од Хаг, не не придвижува кон постигнување на заемно прифатливо решение. Затоа очекуваме од нашите сојузници, пред се од САД, во име на поширокиот интерес да побараат разумно однесување од страна на Грција“, истакна претседателот Иванов. На средбата беше потврден интересот на Република Македонија за интензивирање на стратешкото партнерство со САД и изразено задоволство од интересот во САД за инвестициските можности во Република Македонија.


се случија само две промени во однос на последните компромисни амандмани на известувачот Ричард Ховит, при што двојазичноста во земјата што ја побара Ховит е заменета со воведено двојазично образование „на незадолжителна основа”, додека ултранационализмот останува, но се појаснува дека се однесува на секоја земја во шроширувањето, а не на Македонија

К

омитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со 48 гласа „за“, четири „против“ и шест воздржани, денеска гласаше за Предлог резолуцијата за Република Македонија во однос на последниот извештај на европската комисија. Денеска се случија само две промени во однос на последните компромисни амандмани на известувачот Ричард Ховит, при што двојазичноста во земјата што ја побара Ховит е заменета со воведено двојазично образование „на незадолжителна основа”, додека ултранационализмот останува, но се појаснува дека се однесува на секоја земја во шроширувањето, а не на Македонија. Она што е најважно е дека првиот параграф од Предлог резолуцијата на Ховит останува, а тоа е дека “Европскиот Парламент го повторува своето барање до Европскиот совет да одреди датум за почеток на прего-

С О 4 8 Г Л А С А „ З А “, Ч Е Т И Р И „ПРОТИВ“ И ШЕСТ ВОЗДРЖАНИ

УСВОЕНА ПРЕДЛОГ РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

вори без натамошно одложување”. Известувачот Ховит во соопштението до јавноста, по денешното гласање напомена дека „тековното Грчко претседателство со ЕУ треба да се претвори во предност, а не пречка, во однос на долгогодишниот спор за името меѓу Атина и Скопје”. “Предлог резолуцијата за 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

која Европарламентот ќе дискутира на пленарна седница на 5-ти февруари во Стразбур, а ќе гласа ден потоа, исто така повикува Грција да го искористи раководењето со Унијата да се надмине сегашниот ќор-сокак за пристапување на земјата во ЕУ и да се инјектира нов импулс во решавањето на прашањето за името“ , вели Ховит.


ВЕНИЗЕЛОС: Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос зборувајќи пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, во кој ги претстави приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ, побара измена на македонскиот Устав. Венизелос би можел во наредните денови да го посети Скопје како актуелен претседавач со ЕУ, но ги повторил и познатите грчки позиции во однос на прашањето за името и евроинтеграцијата на Македонија

Г

рчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос зборувајќи пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, во кој ги претстави приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ, побара измена на македонскиот Устав. Венизелос би можел во наредните денови да го посети Скопје како актуелен претседавач со ЕУ, но ги повторил и познатите грчки позиции во однос на прашањето за името и евроинтеграцијата на Македонија. “Учествуваме во процесот што се води под покровителство на ОН, ја почитуваме улогата на медијаторот

ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО НЕ Е РЕШЕНО, НО МОЖНИ СЕ ПРОМЕНИ

Метју Нимиц и прифаќаме сложено име со географска одредница што би го содржел терминот Македонија, но тоа треба да биде за севкупна употреба. Тврдењата од другата страна дека „не можеме да го менуваме нашиот Устав“ се непри06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

фатливи за европска земја, бидејќи сите европски земји постојано ги менуваат своите национални устави најчесто за да се прилагодат на европското законодавство и да се воспостави единствен европски уставен простор“, додал Венизелос.


Тој на конференцијата праша зошто Грција, како познат промотор на проширувањето, денес, во моменти кога претседава со Европската унија, за жал, го нема проширувањето како свој приоритет. Мисини се повика на петте позитивни препораки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент за почеток на преговорите за членство со Европската унија, како аргумент дека сме ги исполниле копенхашките критериуми

Ж Е Ш К А Д Е Б АТА В О Г Р Ч К И О Т ПАРЛАМЕНТ ЗА МАКЕДОНИЈА

ИЗЛАГАЊЕТО НА ХАЈРУЛА МИСИНИ НЕ МУ СЕ ДОПАДНА НА ВЕНИЗЕЛОС

В

о грчкиот Парламент на 27.01.2014 за малку беше избегнат дипломатски инцидент по говорот на претседателот на македонската собраниска Комисија за европски прашања, Хајрула Мисини, информираат речиси сите грчки медиуми. Мисини учествуваше на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ-КОСАК, што се одржа во Атина, во рамките на грчкото претседателство со Европската унија. Тој на конференцијата праша зошто Грција, како познат промотор на проширувањето, денес, во моменти кога претседава со Европската унија, за жал, го нема проширувањето како свој приоритет. Мисини се повика на петте позитивни препораки од страна на Европската комисија и Европскиот парламент за почеток на преговорите за членство со Европската унија, како аргумент

дека сме ги исполниле копенхашките критериуми. Притоа, тој побара Грција да биде наш гласен поддржувач, затоа што тоа ќе ја смени атмосферата во двете земји и ќе придонесе за подобар имиџ на Грција во Република Македонија, но и во рамките на Европската унија, и секако дека ќе биде историски исчекор на Република Македонија. По коментарот на македонскиот претставник, „Венизелос се вратил на темата, и на дипломатски начин го вратил пра07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

шањето во неговите вистински меѓународни димензии“, пишува „То Вима“. „Грција нема забелешки, кои се однесуваат на нешто апсурдно или нешто претерано. Ние сакаме да се исполнат општите критериуми и да се постигне договорено решение во врска со името“, го пренесуваат грчките медиуми одговорот на Венизелос кој го повторил и ставот за сложено име со општа примена, кое ќе вклучува географска одредница на терминот „Македонија“.


ОМД: Венизелос на заеднички настап со Дачиќ во Брисел изјави дека спорот за името не е пречка за преговорите за Македонија, туку тоа е „недостигот на европски вредности и неисполнувањето на критериумите од Копенхаген“ од македонска страна. “Тврдењето на Венизелос, во неговата нова улога како шеф на ротациското Претседателство на Советот на Европската Унија е неосновано, поради фактот дека Европската Комисија пет години по ред дава предлог до Советот да почнат преговорите со Македонија

ГРЦИЈА Е ТАА КОЈА ТРЕБА ДА ГИ ПРИФАТИ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ

О

бединетата македонска диајспора упатува повик до Грција да ги прифати европските вредности кои наводно ги дели, и да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Според Филип Алтипармаковски, директор за европски операции на Обединетата македонска дијаспора, Грција со ратификација на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства ќе стави крај на застараниот договор од Лозана и ќе им обезбеди основни човечки права на македонското, турското и другите малцинства. Обединетата македонска дијаспора исто така реагира по изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, како и на српскиот премиер Ивица Дачиќ, за спорот за името и интеграциите на Република Македонија во Европската Унија. Венизелос на заеднички нас-

тап со Дачиќ во Брисел изјави дека спорот за името не е пречка за преговорите за Македонија, туку тоа е „недостигот на европски вредности и неисполнувањето на критериумите од Копенхаген“ од македонска страна. “Тврдењето на Венизелос, во неговата нова улога како шеф на ротациското Претседателство на Советот на Европската Унија е неосновано, поради фактот дека Европската Комисија пет години по ред дава предлог до Советот 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

да почнат преговорите со Македонија. На истиот ден на заедничката прес-конференција меѓу ЕУ и Србија, и Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент изгласа резолуција со која го повикува грчкото Претседателство да преземе водечка улога за да се разреши билатералниот спор со Македонија и за Советот да одреди датум за почнување на преговорите за прием на Македонија“, додаде Алтипармаковски.


ВЕНИЗЕЛОС: “Нашиот проблем со името е мал во споредба со големите јазични и историски прашањашто ги има ова земја со соедна Бугарија“, рече Венизелос. Што се однесува до Македонија, грчкиот шеф на дипломатијата пред француските сенатори нагласил дека “Грција е подготвена да прифати компромис“

З

аменик-претседателот на грчката Влада и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, обраќајќи се пред францускит Сенат изјави дека спорот за името, кој Грција и го наметна на Македонија, е многу помал отколку “идеолошкиот“ проблем, кој Македонија го има со Бугарија. “Нашиот проблем со името е мал во споредба со големите јазични и историски прашањашто ги има ова земја со соедна Бугарија“, рече Венизелос. Што се однесува до Македонија, грчкиот шеф на дипломатијата пред француските сенатори нагласил дека “Грција е подготвена да прифати компромис“. “Ние предлагаме еден дефинитивен компромис, кој се однесува на името, за секоја употреба (ерга омнес)“, повтори Венизелос. На крајот од својот одговор во однос на својот северен сосед, Венизелос открива дека грчките позиции и тие на албанската заедница во Македонија со согласуваат. “Албанската заедница е целосно отворена, таа се согласува со нас за името, понезначајно прашање во однос на идеолошкиот и историскиот проблем“, додаде Венизлеос пред францускиот Сенат.

НАШИТЕ И ПОЗИЦИИТЕ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ СОГЛАСУВААТ 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XV ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО ВА - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална. Фактичка состојба. ВЕ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во идејна замисла во аурите Сончеви, лудски и природни по место и време. ВИ - Богот, Божестевната Светлина Сончева астрална во процес на раѓање и зголемување.

ВО - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на вознесување и на возвишеност. ВУ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на пад од возвишеноста. В - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална како стварност воопшто. С - Светлината Сончева како стварност воопшто.

БОЖЕСТВЕНОСТА е светло позитивното, астрално Божествено поле на позитивно зрачење на тоа ниво, по хоризонтала на Небото и на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), по место и време на постоење, по денски и годишни циклуси и вградување, надградување, постоење, преобразба и употреба на таа Негова СВЕТЛИНА БОЖЕСТВЕНА, како енергија на Земјата. Затоа не е случајно што античките Македонци верници кои биле учени луѓе, лингвисти и кои формирале и граделе зборови според јазикот на светлината на аурата Сончева или Светото Писмо, според античкиот Македонски јазик. Зборот БОЖЕСТВЕНОСТА е од вториот стар Македонски јазик изграден во старата Македонија од старите Македонци верници, и ја има религиозната состојба по првиот стар слогов Македонски јазик со која го искажува постоењето на БО(ЗЕМНАТА) ЖЕ(ПРОСТОРНА) С(СВЕТЛИНА над Т(ТЕМНИНАТА) ВЕ(БОЖЕСТВЕНАТА) НО(НАША) С(СВЕТЛИНА) над ТА(ТЕМНИНАТА) со постоењето на ЖЕ(ПРОСТОРНАТА) светлина, ни се укажува на постоењето на просторот Небески и Земен, кој е исполнет и во кој е распространета БОЖЕСТВЕНАТА СВЕТЛИНА по хорозонтала, по циклуси: денски и годишни, по место и време на постоење на Земјата. Имитирајќи и подржувајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, античките Македонци во античка Македонија ја граделе, и ја имале во аурите човекови религиозната состојба на БОЖЕСТВЕНАТА СВЕТЛИНА. Со неа на високи светло позитивни ВОЗВИШЕНИ нивоа по генерации и на ЦЕНТАРОТ, како принцип на реализација се гради и се востановува религиозната состојба на ЦРКВАТА или постоењето на Ц(ЦЕНТРАЛНОТО) Р(СОНЦЕ) К(ВОЗВИШЕНО) ВА(БОЖЕСТВЕНО) над ТА(ТЕМНИНАТА). Имитирајќи и подржавајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, античките Македонци во античка Македонија, правеле светло позитивни возвишувања до ВОЗВИШЕНОСТ генерациски на своите аури: Лични, Семејни, Колективни, Народната или државната. Со светло позитивните Божествени нивоа се карактеризира постоењето на БОГОТ, како величина по вертикала, а светлите позитивни Божествени


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски полиња се, пак, БОЖЕСТВЕНОСТА на светло позитивното зрачење по хоризонтала на тие нивоа. Колку се повисоки, возвишени, надградени по вертикала толку тие се посилни и далеку зрачат по хоризонтала во круг со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА. По учењето и начинот на живеење, според Религијата на Сонцето во античка Македонија, како единствена Македонска и Светска Религија на Сонцето, или ВЕРАТА, или ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над ТА(ТЕМНИНАТА), е постоењето на едно сонце во природата или на Небескиот свод, купола над површината на Земјата, Сонце во чија аура на БОЖЕСТВЕНАТА СВЕТЛИНА се наоѓа планетата Земја во вечна позитивна зависност. Оттука и принципот на постоењето на еднобожието или на Еден Бог на Небото и на Земјата. Тоа е ВЕРАТА или ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над ТА(ТЕМНИНАТА) или е АВТОРОТ на сите Земни вредности и услови за живот. Зборот АВТОРОТ ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на А(ВРЗ или НАД) В(БОЖЕСТВЕНОСТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) РО(СОНЦЕТО) над Т(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Зборот АВТОР и АВТОС во античка Македонија по учењето и начинот на живеење, според Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО имале, а и до ден денес имаат значење на еден, сам, автономен субјект или објект, и ни укажува на принципот на ЕДНОБОЖИЕТО кое е едно на небото РА(СОНЦЕТО) ВЕ(БОГ, БОЖЕСТВЕНО), и по кој негови религиозни состојби и дејства се изградени зборовите АВТОРОТ, АВТОР, АВТОС во античка Македонија. Зборот АВТОС ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на А(ВРЗ или НАД) В(БОЖЕСТВЕНОСТА) над ТО(ТЕМНИНАТА) С(СВЕТЛИНАТА) над темнината, негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА,

РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Имитирајќи и подржувајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) по учењето и начинот на живеење според Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО се единствена стара Македонска и Светска Религија на Сонцето која изградила вертикала на СКАЛАТА на ВОЗВИШЕНИ и ПРОСВЕТЛЕНИ ВОДАЧИ, на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на Земјата. Оној верник кој во својата генерација е на Светско ниво највозвишениот и најпросветлениот, со најголема по вертикала и најширока по хоризонтала аура, бил признат и избран за прв Светски Водач како Светски Крал во Светската Држава со титулата КРАЛ на КРАЛЕВИТЕ, и со титулата БОГОТ како единствен Земен Бог. Тоа е Човек за целата Земја, кој е Водачот во целиот Свет и е Владетелот по хоризонтала на сите луѓе, кој ги води по патот на светлината, позитивноста, вистината и тие се во позитивна зависност со владеењето на неговата аура. Имитирајќи и подржувајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), секоја генерација верници, со спроведувањето на РИТУАЛОТ нивен Земен, и со постигнувањето на својата светло позитивна возвишеност по место и време на живеење, постоење имаат процеси на силно светло позитивно зрачење со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА од своите внатрешни аури. Со процесите на светло позитивно зрачење, астрално Божествено на аурата Сончева и на аурите на верниците, по циклуси и генерации, на Земјата има процеси на борба и творештво и на естетските вредности и резултати со победи над негативноста во природата и меѓу луѓето, со создавање творби, дела, род и благодет, на нови климатски услови за живот на површината на Земјата по место и време кои се естетски дел, и носители на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА, и се ВИСТИНАТА И СТВАРНОСТА како нивоа и полиња на ПОЗИТИВНОСТА Земна вечна на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата, и на Земјата од аурите на верниците. Со создавањето на учењето и начинот на живеење според Религијата на Сонцето во многу античка Македонија, и повеке илјади години на нејзиното постоење, античките Македонци го нарекувале тој стар период на доминацијата на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на аурите Сончеви, и на верниците над ТЕМНИНАТА, над негативноста, злото во природата и меѓу луѓето со зборовите ВЕВТА, ВЕХТА и други слични зборови. ВЕВТА - ВЕ(БОЖЕСТВЕНОСТА) В(БОЖЕСТВЕНОСТА) над ТА(ТЕМНИНАТА) ВЕХТА - ВЕ(БОЖЕСТВЕНОСТА) Х(СЕГАШНА) над ТА(ТЕМНИНАТА)

ПРОДОЛЖУВА


Остатокот е наменет за поддршка на производството на помалку конкурентните, но сепак многу значајни основни прехранбени производи

60 ПРОЦЕНТИ ОД С Р Е Д С Т В АТА С Е НАСОЧЕНИ КОН КОНКУРЕНТНИТЕ, ИЗВОЗНО О Р И Е Н Т И РА Н И З Е М Ј ОД Е Л С К И ПРОИЗВОДИ

140 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПРЕДВИДЕНИ ГОДИНАВА ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО 140

милиони евра се предвидени годинава за поддршка на земјоделството. Најголем дел, 115 милиони евра, како што велат од министерството за земјоделие шумарство и водостопанство ќе бидат распределени како директни плаќања за остварување поголем приход на земјоделските стопанства. 60 проценти од средствата се

насочени кон конкурентните, извозно ориентирани земјоделски производи, тутун, зеленчук, овошје, грозје, вино, ориз, за овчарството и козарството, органското производство, пчеларството, како и за воведување стандарди за квалитет. Остатокот е наменет за поддршка на производството на помалку конкурентните, но сепак многу значајни основни прехран12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

бени производи, житните култури, кравјото млеко и поголемиот број индустриски производи. Поддршка на инвестициите во земјоделството ќе биде обезбедена и преку ИПАРД програмата, во која оваа година значително се подобрени условите за аплицирање што веќе овозможува многу поголема апсорбција на средствата во однос на изминатиот период.


Во извештајот се наведува дека во Македонија е забележано подобрување во девет од 10 категории според кои се врши рангирањето: бизнисслободи, трговски слободи, фискални слободи, јавна потрошувачка, монетарна слобода, инвестициска слобода, финансиска слобода, слобода на пазарот на труд, право и заштита на сопственост и корупција

С П О Р Е Д Ф О Н Д А Ц И Ј АТА “ Х Е Р И Т И Џ “ И “ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ“

МАКЕДОНИЈА Е НА 43 МЕСТО ВО СВЕТОТ ЗА ЕКОНОМСКИ СЛОБОДИ

Ф

ондацијата “Херитиџ“ и “Волстрит Журнал“ го објавија индексот на економски слободи за 2014 година, според кои Македонија е на 43 место во светот, што е за 11 места подобро рангирана во однос на индексот од 2002 година. Македонскиот индекс е подобрен во однос на минатата година за 0,4 отсто и изнесува 68,6. Во извештајот се наведува дека во Македонија е забележано подобрување во девет од 10 категории според кои се врши рангирањето: бизнисслободи, трговски слободи, фискални слободи, јавна потрошувачка, монетарна слобода, инвестициска слобода, финансиска слобода, слобода на пазарот на труд, право и заштита на сопственост и корупција. Како што стои во анализата, во земјава постојат системски слабости и тоа во заштитата на правата на сопственост и спроведувањето на антикорупциските мерки. Од земјите во регионот Ал-

банија е на 54 место, Бугарија и Романија на 62, Црна Гора на 68, Словенија на 74, Хрватска на 87, Србија 95 и Босна и Херцеговина 101 место. Најдобар индекс за економски 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

слободи е регистриран во Хонг Конг, Сингапур, Австралија, Швајцарија, Нов Зеланд, додека најдолу на листата се Северна Кореа, Куба, Зимбабве, Венецуела и Еритреја.


Финансиската поддршка за вработување на невработени лица од ранливи групи изнесува 17.000 денари по лице месечно, од кои 3.000 денари по лице ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. “За секое вработено лице се исплаќа бруто плата во износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да го задржи на работа најмалку уште 12 месеци“, додаде Спасов

В

ладата објави конкурсот за финансиска поддршка за вработување на невработени лица и лица од ранливи групи. Според министерот за труди и социјална политика Диме Спасов, оваа година ќе бидат вработени 587 лица на возраст од 50-59 години, млади лица до 29 години, долгорочно невработени лица – над пет години, како и лица кои до 18-тата година имале статус на

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА В РА Б О Т У В А Њ Е Н А Н Е В РА Б О Т Е Н И Л И Ц А И Л И Ц А ОД РА Н Л И В И Г Р У П И

ОБЈАВЕН КОНКУРС-ЌЕ СЕ ВРАБОТА 587 ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

деца без родители. Финансиската поддршка за вработување на невработени лица од ранливи групи изнесува 17.000 денари по лице месечно, од кои 3.000 денари по лице ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. “За секое вработено лице се исплаќа бруто плата во износ од 13.000 денари месечно за период 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да го задржи на работа најмалку уште 12 месеци“, додаде Спасов. Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека програмата за субвенционирање на вработување на невработени лица се реализира континуирано од 2007 година, а се вработени 4.668 граѓани од овие категории.


Директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија Ванг Жипинг изјави дека поскува да виде што повеќе македонски компании на Саемот преку кој ќе се промовираат во Кина и низ целиот свет. “Македонија има што да покаже и понуди. Позната е по своите земјоделски производи, особено по виното кое е многу популарно“, рече Жипинг

С Т О П А Н С К АТА К О М О РА Н А МАКЕДОНИЈА И КИНЕСКИОТ Ц Е Н ТА Р З А Н А Д В О Р Е Ш Н А ТРГОВИЈА ПОТПИШАА М Е М О РА Н Д У М З А СО РА Б О Т К А

МАКЕОДНСКИ КОМПАНИИ НА САЕМ ВО КИНА

С

топанската комора на Македонија и Кинескиот центар за надворешна трговија денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе им овозможат на македонските компании привилегирани услови за учество на најголемиот кинески саем за широка потрошувачка “Кантон 2014“. Директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија Ванг Жипинг изјави дека поскува да виде што повеќе македонски компании на Саемот преку кој ќе се промовираат во Кина и низ целиот свет. “Македонија има што да покаже и понуди. Позната е по своите земјоделски производи, особено по виното кое е многу популарно“, рече Жипинг. Како што најави директорот на Кинескиот центар за надворешна трговија, на саемот годинава ќе учествуваат најконкурентните 24.000 кинески фирми. Исто така на саемот ќе учествуваат 210 земји од светот, а ќе се промовират преку 150.000 различни производи, традиционални, лесна индустрија, текстил како и висока технологија. 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014


Sudstvo

КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИ

Според информациите од Комисијата, се работи за три службени лица на ОЗНА, двајца јавни обвинители од кои едниот бил јавен обвинител на Македонија и двајца соработници на тогашната тајна служба. Едно лице од овие седуммина е живо, според информациите што лустрациска ги добила од Управата за водење на матични книги. Со претходните шестмина судии, досега за предметот на Методија Андонов - Ченто се лустрирани 13 лица. Лустрациска во врска со случајот Ченто врши дополнителни проверки на повеќе лица

ПРЕДМЕТ "ЧЕНТО "ЧЕНТО"" - ЛУСТРИРАНИ УШТЕ СЕДУМ ЛИЦА

К

омисијата за верификација на факти на седницата на 13.01.2014 прогласи седум лица за прекршители на човековите права и слободи од идеолошко политички причини поврзани со предметот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ. Според информациите од Комисијата, се работи за три

службени лица на ОЗНА, двајца јавни обвинители од кои едниот бил јавен обвинител на Македонија и двајца соработници на тогашната тајна служба. Едно лице од овие седуммина е живо, според информациите што лустрациска ги добила од Управата за водење на матични книги. Со претходните шестмина судии, досега за предметот 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

на Методија Андонов - Ченто се лустрирани 13 лица. Лустрациска во врска со случајот Ченто врши дополнителни проверки на повеќе лица. Управниот суд, пак, пред новогодишните празници, како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски, потврдил уште шест одлуки на Лустрациска. Со тоа вкупниот број на потврдени одлуки на Комисија е седум.


Градежните активности беа означени денеска пред старата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство, во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров и на премиерот Никола Груевски. Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра со реконструкцијата на постојната зграда за хирургија, а средставата се обезбедени од Банката на Советот на Европа

ЦЕЛИОТ ПРОЕКТ ЌЕ ЧИНИ О КО Л У 70 М И Л И О Н И Е В РА С О Р Е К О Н С Т Р У К Ц И Ј АТА Н А П О С Т О Ј Н АТА З Г РА Д А З А Х И Р У Р Г И Ј А , А С Р Е Д С ТА В АТА С Е О Б Е З Б Е Д Е Н И О Д Б А Н К АТА Н А СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

П

очна изградбата на новиот клинички центар во Скопје. Градежните активности беа означени денеска пред старата зграда на Клиниката за гинекологија и акушерство, во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров и на премиерот Никола Груевски. Целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра со реконструкцијата на постојната зграда за хирургија, а средставата се обезбедени од Банката на Советот на Европа. Објектот ќе биде изграден на местото на старата зграда на Универзитетска клиника за гинекологија која веќе се урива. Во објектот ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија од постојната зграда ќе премине таму, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија ќе си останат во постојниот објект.

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014


Ч Е С Т И ТА П РА В О С Л А В Н А Н О В А 2 0 1 4 Г О Д И Н А

На 1 јануари според стариот календар, односно 14 јануари според новиот, православните христијански верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ

Н

а 1 јануари според стариот календар, односно 14 јануари според новиот, православните христијански верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ. Исус како божји син можел и да не биде обрежан, но тој не дошол на земјата за да ги негира законите туку за да ги потврдува и да служи за пример. Поради тоа светото семејство на осмиот ден од раѓањето го донесло во храмот новородениот син каде што по извршувањето на овој обред му ставиле име, онака како што им рекол ангелот при јавувањето на Света Дева Марија, Исус (еврејски збор што значи Спасител)

ДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ ОБРЕЗАНИЕ ХРИСТОВО И СВ. ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ и Христос (грчки збор што значи помазан). Во спомен на овој настан светата црква го востановила празникот Обрезание Господово на осмиот ден по Божик - денот на Христовото раѓање. Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Роден е во овој град, во 329 година, од побожни родители, татко кој исто така се викал Василиј и мајка Емилија. Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кеса18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

рија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката. Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сè уште го споменува. Умрел на 1 јануари 389 (според некои 379) поради што црквата секоја година на овој ден го празнува споменот на неговото име. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики. Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година.


СЕ УШТЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА Р Е К О РД Н АТА П О С Е Т Е Н О С Т Вевчанци и, секако, пред се, за василичарската поворка со маски, која беше вистински театар на улица. Субрата Рој, пензионери на скии, функционер, Глупи Август, Есма, младоженец и невеста... беа само дел од маските со кои Долна и Горна Маала на сатиричен начин ја поздравија и ја насмеаја толпата дојдена да го доживее Вевчанскиот карневал

И

мпресиите во јавноста и низ социјалните мрежи од овогодишниот Вевчански карневал и по една недела не стивнуваат. Се уште се зборува за рекордната посетеност, музичките гости, детското катче, за гостопримливоста на Вевчанци и, секако, пред се, за василичарската поворка со маски, која беше вистински театар на улица. Субрата Рој, пензионери на скии, функционер, Глупи Август, Есма, младоженец и невеста... беа само дел од маските со кои Долна и Горна Маала на сатиричен начин ја поздравија и ја насмеаја толпата дојдена да го доживее Вевчанскиот карневал. Претставниците на седмата сила беа задолжени да ја одберат најдобрата маска, со што се врати стариот обичај за избор на најдобра групна маска на овој карневал. Гласовите покажаа дека маската „Функционер“ на друштвото Сокачар, остави најголем впечаток кај новинарите, па така таа е избрана за најдобра и најкреативна на овогодишниот карневал. Покрај “Функционер“ во тесниот избор беа влезени и „Есма“, “Пензионерите на скии“ како и “Субрата Рој“. Како што беше најавено на самиот карневал, на големиот празник Водици, најдобрата маска ја доби својата награда – буре со 40 литри „Вевчанска керф“ од Стоби. Наградата ја додели Градо-

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

началникот на Општина Вевчани Цветомир Угриноски заедно со претседателот на Советот на Општина Вевчани 19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014

Борче Размоски, со кого и наградените ја имаа првата здравица од бурето со Вевчанската Керф на Стоби.


Сеќавања за него споделуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Интересни случки од детството откриваат и неговите другари. Читателите ќе имаат можност да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за првите настапи и првата отпеана песна

НА 25 МЕСЕЦОВ, ДЕНОТ НА РА ЃА Њ Е Т О Н А Т О Ш Е П Р О Е С К И , Б Е Ш Е П Р О М О В И РА Н А К Н И ГАТА , , О В А Н Е Е К РА Ј , , В О К О Ј А С Е О П Ф АТ Е Н И С Е Г М Е Н Т И О Д Ж И В О Т О Т Н А М А К Е Д О Н С К АТА МУЗИЧКА ЛЕГЕНДА ОД Н Е Г О В О Т О РА ЃА Њ Е И Б Л Е С К А В АТА К А Р И Е РА

Н

а 25 месецов, денот на раѓањето на Тоше Проески, беше промовирана книгата ,,Ова не е крај,, во која се опфатени сегменти од животот на македонската музичка легенда од неговото раѓање и блескавата кариера. Сеќавања за него споделуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Интересни случки од детството откриваат и неговите другари. Читателите ќе имаат можност да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори , изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот. За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку музички соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари. Како Тоше ја освои Хрватска и Балканот ќе откријат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар. За потребите на книгата се интервјуирани повеќе од 80 соговорници. Во неа има фотографии на Тоше од неговиот приватен албум. На нив се овековечени моментите со неговото најблиско семејство, како и од детството, од првите чекори на снегот, првите настапи, концерти, фотосесии. Автор на Ова не е крајј е Соња Алексоска Неделковска, а издавач е Фондацијата "Тоше Проески".

"ОВА НЕ Е КРАЈ"

20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014


Ова е компилациски анкетно-биографски документарен филм на историска тема, втор дел од документарната трилогија „Сведоци“. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција

ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА ПРЕМИЕРНО БЕШЕ ПРИКАЖАН МАКЕДОНСКИОТ СОВРЕМЕН Д О К У М Е Н ТА Р Е Н Ф И Л М

"СВЕДОЦИ: КАНАДА"" КАНАДА

В

о Кинотека на Македонија премиерно беше прикажан македонскиот современ документарен филм „Сведоци: Канада“ (Witnesses: Canada) кој ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада. Режијата и сценариото за филмот се на Атанас Чупоски, во супервизија на реализација на Мими ЃоргоскаИлиевска. Ова е компилациски анкетно-биографски документарен филм на историска тема, втор дел од документарната трилогија „Сведоци“. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција. Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 г., во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“. 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 784 / Јануари 2014


784  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you