Page 1

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XIX, Број 783, Декември 2013

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

Macedonian Sun


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Добропознатиот известувач за Република Македонија од Европскиот парламент, поднесе најмногу амандмани на Предлог-резолуцијата за Македонија, која самиот ја предложи, и меѓу другото, предлага бришење на единствената придавка "македонски" што ја употребува во овој предлог. При презентацијата на Предлог-резолуцијата тој појаснува дека придавката "македонски" ја употребува само еднаш и тоа во овој случај со цел да не предизвикува тензии кај некои на кои тоа не им се допаѓа. Но, во амандманот број 89 британскиот европратеник предлага измена каде што горенаведената реченица ја заменува со следното: изразува загриженост дека изгледа помалку млади луѓе го изучуваат јазикот на другиот и бара акција по ова прашање за да се избегнат поделба и потенцијални конфликти по етничка линија меѓу децата на училишна возраст. Токму на овој параграф, очекувано, се однесуваат и голем дел од поднесените амандмани на јужнососедските европратеници, кои за разлика од минатата година, сега повторно го презедоа приматот за менување на Предлог-резолуцијата за Македонија. Сепак, зачудува обидот на известувачот од ЕП за нашата земја да ја избрише единствената придавка "македонски" од оваа резолуција ако се знае дека самиот постојано потенцираше дека на негова иницијатива оваа придавка која пред две, три години исчезна од извештаите на Европарламентот и Европската комисија е вратена во официјално оценување на ЕУ-институциите за македонскиот напредок во евроинтеграциите. Очигледно, во проблемот околу името на Македонија веќе се вклучија со сите сили „архитектите„ за поделбата на МАКЕДОНИЈА, особено од кога се уплашија кога го слушнаа македонскиот претседател, дека, Македонија нема намера да одстапува туку да ги прошири правните „лекови кои и стојат на располагање вклучително и ООН и нејзините органи како што се, Советот за безбедност и повторно Хашкиот суд,,. И повторно да се вратам на известувачот-мене ми личи на старата британска дипломатија-топло-ладно. Ако некој внимателно следи како британската дипломатија се однесува кон нас, ќе забележи дека има периоди кога се многу фини, за потоа по извесен период да станат многууу ладни. Од нив многу ретко може да се дознае што се крчка во нивната политичка кујна. Но овде не ми е целта нив да го анализирам, факт е дека не само тие туку и кај сите европејци може оддалеку да се види лицемерието. Битно за мене е – во овој предлог-резолуција или во кој и да било следен ако го нема уставното име на Република Македонија, јазикот и народот македонски, она што актуелната влада треба и мора да го направи е да ги сочува националната почит и достоинство на тој начин што ке одбие секаква средба, разговор, преговори кои одат на штета на Македонија. Владата мора да заземе цврст став и крајно да им каже на европејците-парламентарци дека нема веќе да дозволи понижување ни на македонскиот јазик, ниту на идентитетот, ниту пак на името. Владата, а со неа и македонскиот народ мора да им дадеме пример на идните генерации како се брани татковината - не на колена, со наведната глава, туку достоинствено со крената глава.

\or|ija - Xorx Atanasoski


СРЕДБА ИВАНОВ - ФИШЕР ВО ВИЕНА Дојдено е вистинско време Македонија да ги почне преговорите за членство со Европската унија, порача претседателот на Австрија, Хајнц Фишер по средбата со македонскиот колега Ѓорге Иванов во Виена на 3 декември. Ниту една земја во ЕУ нема да има никаква штета, ниту назадување ако почнат преговорите, нагласи Фишер

ДОЈДЕ ВРЕМЕ МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ојдено е вистинско време Македонија да ги почне преговорите за членство со Европската унија, порача претседателот на Австрија, Хајнц Фишер по средбата со македонскиот колега Ѓорге Иванов во Виена на 3 декември. Ниту една земја во ЕУ нема да има никаква штета, ниту назадување ако почнат преговорите, нагласи Фишер, Австрија има јасна позиција по ова прашање, добри аргументи и ќе го поддржи процесот колку што може. - Австрија е членка и иницијатор на Групата пријатели кои се позитивни по односна

Д

одлуката за старт на преговорите. Тоа секако го вклучува и процесот на медијација и дискусија меѓу земјите кои се за почеток на преговорите и на пример Грција и Бугарија, рече Фишер. Според него, Австрија е подготвена за дијалог и за позитивен исход од дијалогот бидејќи, како што потенцира, факт е дека пет години по ред Европската комисија за Македонија вели дека ги исполнила потребните критериуми за старт на преговорите. - Исполнувањето на потребните критериуми не значи дека се е веќе совршено, туку дека одредено ниво е достигнато и треба да продолжите да гради03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

те модерно општество врз владеење на правото, борба против корупцијата, напомена австрискиот претседател. Достигнувањата, потенцира уште еднаш, се такви што преговорите треба да почнат. И македонскиот претседател Иванов подвлече дека никој не губи ако Македонија ги почне преговорите за членство со ЕУ. Со тоа, додаде Иванов, ЕУ си го враќа кредибилитетот, токму на прашањето со Македонија. - Многу земји на Балканот одат напред, само Македонија поради прашањето за името со Грција е во статус кво состојба. Бараме тоа што побрзо да се надмине, нагласи шефот на државата.


СО Б РА Н И Е : Собранието на Република Македонија денеска ги усвои оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски од функцијата член на Комисијата за верификација на фактите. Гешовски и Витановски сметаат дека начинот на кој се спроведува процесот во земјава целосно ја промашил својата цел и оди во погрешна насока, а потврда за ваквите тези стигнала, според нив, и од Венецијанската комисија

ПРИФАТЕНА ОСТАВКАТА НА ГЕШОСКИ И ВИТАНОВСКИ

С

обранието на Република Македонија денеска ги усвои оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски од функцијата член на Комисијата за верификација на фактите. Гешовски и Витановски сметаат дека начинот на кој се спроведува процесот во земјава целосно ја промашил својата цел и оди во погрешна насока, а потврда за ваквите тези стигнала, според нив, и од Венецијанската комисија. “Сметам дека Комисијата ја води нелегитимен претседател. Комисијата во својата ра-

бота акцентот го ставаше на поранешните функционери, наместо на актуелните функционери. Исто така, законот содржи одредби кој што Уставот веќе еднаш ги прогласи за противуставни, а сега тоа нешто го потврди и Венецијанската комисија, при што Комисијата ги користеше овие одредби“, се вели во барањето за оставка од Витановски. Со оглед на тоа што во првите две недели од новата година истекува мандатот на досегашниот состав и на претседателот Томе Аџиев до 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

15 јануари 2014 година треба да биде избран нов состав на Комисијата за верификација на факти. Претседател на собраниската Комисија за избори и именување Илија Димовски, изјави дека на првата наредна собраниска седница ќе достави предлог до Собранието да почне постапката за избор на нов состав на Комисијата за верификација на фактите, односно да се распише оглас на кој ќе можат да се пријават кандидати што ќе го продолжат лустрацискиот процес.


СОВЕТОТ НА МИНИС ТРИ НА ЕУ: Македонија забележа напредок, но поради недостиг на консензус во Европската унија, земјата и овојпат останува без датум за почеток на преговорите за членство. Ова го истканаа еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседавачот со Советот за општи работи Линас Линкевичиус, по синоќешниот состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија

БЕЗ ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА

М

акедонија забележа напредок, но поради недостиг на консензус во Европската унија, земјата и овојпат останува без датум за почеток на преговорите за членство. Ова го истканаа еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседавачот со Советот за општи работи Линас Линкевичиус, по синоќешниот состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија. Во заклучоците за Македонија се наведува дека Советот силно ја дели проценката на Еврокомисијата дека политичките критериуми продолжува доволно да се исполнуваат и ја нотира препораката на Комисијата за отворање на пристапните преговори со Македонија. “Советот ќе се врати на прашањето во 2014 година, врз основа на ажурирање од страна на Комисијата за понатамошното имплементирање на реформите во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво,

вклучително и имплементација на политичкиот договор од 1 март и опипливи чекори за промовирање на добрососедски односи и да постигне

05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

спогодбено и заемно прифатливо решение за прашањето за името“, се наведува во клучниот заклучок на Советот за Македонија.


ГРУЕВСКИ: Европската унија не треба повеќе да чека за да ги започне преговорите со Македонија, а самото тоа ќе биде и катализатор за решавање на спорот со Грција. Ова го порача премиерот Никола Груевски во своето обраќање на конгеренција во Брисел организирано од германската фондација “Конрад Аденауер". “Европската интеграција на Македонија е главен национален приоритет и стратешка цел на земјата

Е

вропската унија не треба повеќе да чека за да ги започне преговорите со Македонија, а самото тоа ќе биде и катализатор за решавање на спорот со Грција. Ова го порача премиерот Никола Груевски во своето обраќање на конгеренција во Брисел организирано од германската фондација “Конрад Аденауер". “Европската интеграција на Македонија е главен национален приоритет и стратешка цел на земјата. Посветени сме на ЕУ-агендата, но некои политички размислувања не може да се потценат, посебно економската ситуација насекаде и тоа што има голем број на невработени млади луѓе. Постојано го слушаме аргументот дека Македонија не може да ги почне преговорите за членство поради тоа што ЕУ

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Е ГЛАВЕН НАЦИОНАЛЕН ПРИОРИТЕТ И СТРАТЕШКА ЦЕЛ НА ЗЕМЈАТА

сака да има чисто досие и да го зачува мирот во куќата. Унијата не треба да чека повеќе да ги почне пристапните преговори со нас оти отворањето на преговорите ќе биде катализатор за решавање на прашањето за името", рече Груевски. Според македонскиот премиер соработката и ком06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

промисите се цели на ЕУ, а со посветеност од страна на Грција во констурктивен дијалог може да се дојде до договор. Владеењето на правото е основната вредност на ЕУ, и сите земји-членки треба да работат според меѓународното право и меѓународно-прифатените правни обврски.


ГРУЕВСКИ: “Грција ја користи економската криза за да не се реши прашањето со името, но тоа не значи дека Македонија треба да ги распродаде своите национални вредности“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на синоќешната партиска трибина во Штип

Г

рција ја користи економската криза за да не се реши прашањето со името, но тоа не значи дека Македонија треба да ги распродаде своите национални вредности“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на синоќешната партиска трибина во Штип. “Ќе се бориме за решавање на проблемот, но со отворени очи, а народот е тој што ќе го каже последниот збор“, истакна премиерот Груевски. Лидерот на владеачката партија говорејќи пред присутните за реформите, посочи дека ги исполнуваат ветувањата, привлекуваат странски инвеститори. “Останавме посветени на заложбата дека ќе водиме грижа за сите, да правиме закони и реформи независно дали за луѓето од здравството, социјалата, земјоделството, администрацијата или пензионерите. Ние не дадовме ветување дека пензиите ќе ги зголемиме, но кога видовме дека тоа може да се направи, го реализиравме. Сега во буџетот за наредната година е предвидено покачување на пензиите за пет отсто, од март, планирани се повторно бесплатен превоз и бања за пензионерите. Од март наред-

"

ЈУЖНИОТ СОСЕД ЈА КОРИСТИ КРИЗАТА ЗА ДА НЕ СЕ РЕШИ ПРАШАЊЕТО СО ИМЕТО

ната година ќе се зголеми за пет проценти и социјалната помош. Го користиме максимумот за да им помогнеме на овие лица. Имавме акција за вработување 1.600 лица, прв07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

пат во историјата на Македонија, со што шанса за вработување добија социјалните случаи, невработените. Сега имаме оглас за 300 лица со хендикеп“, додаде Груевски.


ЛАЈЧАК Македонија и Грција да се угледаат на договорот меѓу Србија и Косово, повика Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, според кого, наоѓање решение за наметнатото прашање за името е далеку полесен проблем. На дебатата по повод 12-тата конференција “Западен Балкан: Брза и спора линија”, одржана на 03.12.2013, Лајчак истакна дека Македонија и Босна и Херцеговина се на спората патека за евроинтеграција

МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА ДА СЕ УГЛЕДААТ НА СРБИЈА И КОСОВО

М

акедонија и Грција да се угледаат на договорот меѓу Србија и Косово, повика Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, според кого, наоѓање решение за наметнатото прашање за името е далеку полесен проблем. На дебатата по повод 12-тата конференција “Западен Балкан: Брза и спора линија”, одржана на 03.12.2013, Лајчак истакна дека Македонија и Босна и Херцеговина се на спората патека за евроинтеграција. - Да, постои брза и спора линија и во 2013 година, а Србија и Албанија одлучија од спора да преминат на брза линија, за што треба само политичка волја и ништо повеќе. Но, други две земји, пак, се заглавени, а тоа се Македонија и Босна и Херцеговина. Тие треба да учат од храброста на српските политичари. Ако Белград и Приштина можеа да се договорат, тогаш босанскиот проблем со Сејдич-Финци и прашањето за името не е толку тешко и неможно да се реши, истакна Лајчак. Европратеничката Дорис Пак побара од сите во Европската унија да престанат да го име-

нуваат регионот како Западен Балкан, туку како регион на Југоисточна Европа. Во однос на брзите и спорите линии во пристапувањето кон Унијата, таа посочи дека се зависи од земјитекандидати, кои ако работат добро, побрзо ќе пристапуваат. - Некогаш ако е споро, зависи од проблемите со кои земјите од овој регион се соочуваат, а за што не се виновни, како што е случајот со Македонија. Се додека името е пречка, Македонија е заглавена во евроинтегративниот процес. И затоа треба да се повика Европскиот совет да најде начин како да излеземе од оваа ситуација, оти лани имаше добра препорака, но потоа Советот не ја испочитува и не 08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

одреди почеток на преговорите со решавање на името во рана фаза од пристапните преговори, посочи Дорис Пак. Според неа процесот за проширување е алатка за игра, за реформи кај другите, кои според неа ги немаат некои земјичленки на ЕУ. - Бараме од нив некогаш повеќе, премногу, се правиме поголеми католици од Папата и треба да сме внимателни. Ние креираме проблеми, како на пример Советот со прифаќањето на членството на Бугарија и Романија, иако и двете земји не направија тоа што требаше. Им дадоа датум во јануари 2007 и станаа членки, Хрватска исто така оваа година, додаде Пак.


ВО БРИСЕЛ Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј. На средбата, Груевски го запозна Ромпуј со напорите и реформите кои ги спроведува македонската Влада на патот на европските интеграции. “Ние сакавме да ги презентираме нашите аргументи во однос на нашиот напредок што го очекуваме во иднина. Зборувавме за реформите што ги правиме во земјата, за она што е постигнато, за проблемите со кои сме се соочувале во минатото и како истите ги решававме

СРЕДБА ВАН РОМПУЈ - ГРУЕВСКИ

П

ремиерот Никола Груевски денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј. На средбата, Груевски го запозна Ромпуј со напорите и реформите кои ги спроведува македонската Влада на патот на европските интеграции. “Ние сакавме да ги презентираме нашите аргументи во однос на нашиот напредок што го очекуваме во иднина. Зборувавме за реформите што ги правиме во земјата, за она што е постигнато, за проблемите со кои сме се соочувале во минатото и како истите ги решававме. Разговаравме и за оние проблеми што сега ги имаме. Се фокусирав во голем дел на многуте реформи што ги направивме, и во делот на економијата и во делот на судскиот систем и администрацијата, посебно најновиот

закон што го имаме во овој дел“, рече истакна Груевски. Според македонскиот премиер, тој ги образложил сите позначајни работи поврзани со Македонија со цел да му ја долови сликата на Ван Ромпуј за она што реално се случува во земјата. “Да побарам негова пона09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

тамошна обврска во однос на нашите очекувања за во иднина и со надеж дека ќе се најде начин што побрзо да се надмине единствената пречка што ја имаме за следниот чекор што го очекуваме, а тоа е почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ“, додава Груевски.


ОМД: Обединетата македонска дијаспора го повика Европскиот Совет да одреди датум за преговори на Самитот што ќе се одржи во четврток во Брисел. Според соопштението испратено од ОМД, Македонија е кандидат за членство од 2005 година и ги исполнува сите услови за да започне со преговори

О

бединетата македонска дијаспора го повика Европскиот Совет да одреди датум за преговори на Самитот што ќе се одржи во четврток во Брисел. Според соопштението испратено од ОМД, Македонија е кандидат за членство од 2005 година и ги исполнува сите услови за да започне со преговори. “Земајќи ги предвид тешкотиите со кои Македонија се соочи во последните две децении, државата сепак успеа да ја зајакне економијата, демократијата и правниот систем”, порачуваат од македонската дијаспора. “ ОМД го повикува Европскиот совет да одреди датум за преговори почнувајќи најрано во јануари 2014-та година. Грција ќе го превземе претседателството на Европската Унија следниот месец, десет години откако ја предводи Солунската Агенда чија цел беше да го интегрира Западниот Балкан во Унијата до 2014 година. Доколку Грција дозволи да се одреди датум за преговори, оваа земја ќе одигра значајна улога за стабилноста во регио-

ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ДА ОДРЕДИ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО МАКЕДОНИЈА

нот“, додаваат од ОМД. Иако Европската Комисија соопшти дека Македонија треба да се подобри во полето на слобода на медиумите, владеење на правото и јав10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

ната администрација, од македонскаа дијаспора велата дека на државата и треба датум за преговори за да добие сила да ги спроведе потребните реформи.


ИВАНОВ: Според Иванов Република Македонија е подготвена за заемно прифатливо решение, решение во рамката што ја даваат резолуциите на Обединетите нации, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. “Прашањето за идентитетот не е дел од рамката. Идентитетот не се регулира со акт запишан на парче хартија

Н

ема да дозволиме промена на кој и да било аспект на нашиот идентитет“, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во новогодишното обраќање во Собранието. Според Иванов Република Македонија е подготвена за заемно прифатливо решение, решение во рамката што ја даваат резолуциите на Обединетите нации, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. “Прашањето за идентитетот не е дел од рамката. Идентитетот не се регулира со акт запишан на парче хартија. Идентитетот не може да се купи, украде или фалсификува. Нема да потклекнеме ниту ние, денес, кога имаме сопствена независна, суверена и самостојна држава. Држава која нè штити нас и нашите интереси. Никогаш повторно нема да се случи некој да ни наметнува туѓ идентитет“, рече Иванов. Претседателот, нагласи дека се создадени услови да се побара од генералниот секретар на Обединетите нации, во согласност со неговите надлежности, да поднесе извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации за состојбата во која се наоѓаат разговорите што ги води медијаторот Нимиц. “Создадени се услови да се побара од Советот за безбедност ефектуирање на пресудата на Меѓународниот суд на правдата“, рече Иванов. Зборувајќи за евроинтеграциите, Иванов истакна дека пет години по ред Европ-

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПРОМЕНА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ скиот парламент и Европската комисија даваат препорака за неодложно отпочнување на преговорите за членство. “Но, пет години по ред, Европскиот совет не може да го постигне консензусот поради една земја-членка. Цело време ни се испречува ултиматум од нашиот јужен сосед, не само за името на државата, туку и за идентитетот на македонските граѓани. Блокирајќи ја нашата интеграција во НАТО и во Европската унија, Атина ни го попречува правото на просперитет“, рече Иванов. “Како претседател на европска држава, постојано ги потсетував нашите европски партнери дека Европската унија е мировен проект, и дека нема да биде целосна без Македонија во неа“, додаде претседателот Иванов. Оној што не се соочува со реалноста, живее во илузии. Република Македонија е реалност на Балканот, реалност во Европа, реалност во меѓуна11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

родната заедница. “И покрај предизвиците и блокадите, истрајавме на нашата политика. И ќе истраеме. Што е наше, ќе си дојде. Дотогаш да продолжиме да ја градиме Македонија во височина, со највисоки вредности, стандарди и критериуми. Да продолжиме да ја градиме Македонија како напредна, економски и демократски развиена држава. Да ја градиме Македонија како дом на сите нејзини чеда, на сите нејзини граѓани. Да ја градиме победнички, низ успехот, онака како што заслужува. Букурешт го победивме со Хаг. Економската криза ја пребродивме со мудра економска политика. Блокадите да ги победиме со отвореност. И никогаш да не заборавиме дека нашата татковина е нашата најголема историска победа“, рече претседателот Иванов во новогодишниот говор пред пратениците.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XIV ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ

ВО - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на вознесување и на возвишеност. ВУ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во процес на пад од возвишеноста. В - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална како стварност воопшто. С - Светлината Сончева како стварност воопшто.

СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО ВА - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална. Фактичка состојба. ВЕ - Богот, Божествената Светлина Сончева астрална во идејна замисла во аурите Сончеви, лудски и природни по место и време. ВИ - Богот, Божестевната Светлина Сончева астрална во процес на раѓање и зголемување.

Во стара Македонија, старите Македонци верници според учењето на Религијата на Сонцето, а тоа е ВЕРАТА го создале првиот слогов стар Македонски јазик, а подоцна и Светски јазик, јазикот на Светлината Божествена на аурата Сончева или на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Тој јазик е СВЕТОТО ПИСМО на површината на Земјата во сите времиња, тоа е СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА видлива и невидлива, во циклуси: денски и годишни на аурата Сончева на Небото, во природата на Земјата и дел од неа е вграден во аурите на верниците, луѓето, кои ја нарекувале со слогот ВА - БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА. Со создавањето на тоа учење и начинот на живеење кое е Религијата на Сонцето во стара Македонија од старите Македонци верници и нивните претци, РАСАТА луѓето пред околу 20 000 години пред новата ера, и нејзиното разнесување по светот, се воспостави и беше илјадници години Светска Религија на Сонцето. Така темата за БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА се роди како сознание во Македонија, и се разнесе по Светот, а како тема и сознание трае до ден денес. Како што кажав во почетокот, Универзумот, космичкиот простор и природата Земна и Човекова, се изградени со двата поларитети на постоење на ПОЗИТИВНОСТА (+), и на НЕГАТИВНОСТА (-), популарно и едноставно наречени СВЕТЛИНАТА и ТЕМНИНАТА. Нашата планета и мајка Земја нема свој источник на СВЕТЛИНАТА ПОЗИТИВНОСТА (+), истата ја добива од планетата СОНЦЕ, како нејзин вечен источник на СВЕТЛИНАТА ПОЗИТИВНОСТА (+), од која се осветлува и загрева, и се создаваат потребните климатски услови на живот. Сончевата аура ја осветлува и загрева планетата Земја во циклуси: денски и годишни, зависно од вртеливото движење на планетата Земја околу својата оска и околу планетата Сонце. Со вртеливите циклусни движења околу својата оска, планетата Земја го создава денскиот циклус кон Сонцето, и со движењето на планетета Земја околу планетата Сонце, како нејзин сателит и која прави еден круг околу неа за 365 нејзини вртеливи движења околу својата оска, се прави и годишниот циклус кон Сонцето. Сончевата аура како космичко тело, или планета е Центарот на својот и нашиот Сончев систем, таа е неподвижна кон нашата планета Земја, ги има непрекинатите силни и моќни процеси на светло позитивно, астрално Божествено зрачење во отворениот космос како Универзум, и во дел од тие зраци се наоѓа или се осветлува и загрева и нашата


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски планета Земја. Сончевиот спектар на зраци е многу голем и се дели на видлива и невидлива светлина која со обично човечко око не може да се види, на штетни и полезни зраци, на зрачење на магнетни бранови, на послаба и посилна негова моќ, во зависност од неговите внатрешни фази и циклуси на активност. Сите тие зрачења на планетата Сонце ја прават аурата внатрешна во тоа нејзино физичко космичко тело од кое има ширина и длабочина на светло позитивно, астрално Божествено зрачење во отворениот космички простор, како поле на изразување надворешно од нејзиното физичко космичко тело - планета на Сонцето со кое се мери и граничи ширината и големината на Сончевата аура. Во таа моќна голема и вечна Сончева аура, на светло позитивното астрално зрачење, се наоѓаат тој тип и вид на зраци наречени Божествени зраци, кои не можат да се видат со обично човечко око. Како што не е видлива со обично човечко око аурата Сончева, така не е видлива и аурата на физичкото човечко тело, или не се гледаат тие зраци и енергија како светлина: позитивна и астрална која е БОЖЕСТВЕНАТА светлина, зраци, енергија содржани во планетата Земја, во луѓето, во природата. По учењето и начинот на живеење според Религијата на сонцето, старите Македонци верници ја нарекувале симболички и видливата Сончева светлина, а и топлината како Божествена од проста причина што се творци на Земните климатски услови и вредности на животот. Со своите вечни денски и годишни циклуси на изразување на Небескиот свод, купола и на површината на Земјата ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) ја создава религиозната состојба и дејство на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ денска, која е во 12 часот, на пладне, и годишната во 12 часот на 22 Јуни, на пладне. Тие денски и годишни СВЕТЛО ПОЗИТИВНИ ВОЗВИШЕНОСТИ се ГОЛЕМИНАТА Негова. Во тие религиозни состојби и дејства на создавањето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, како ГОЛЕМИНАТА во денските и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небескиот свод купола постојат најсилните светло позитивни, астрални Божествени процеси на зрачењето на површината на Земјата. Со тие процеси на силно, светло позитивно, астрално Божествено зрачење на Небескиот свод купола на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на површината на Земјата се создаваат процеси на борба и творештво. Со процесот на борба се создава религиозната состојба и дејство на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) со светло позитивното, астрално Божествено зрачење на борбата и победата над негативноста Земна, над темнината ноќна и студот зимски, како деструктивни и уништувачки сили на животот Земен и неговите услови и вредности, по место и време на постоење на Земјата. Во процесот на создавање е постоењто на религиозната состојба и дејство на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) со светло позитивното, астрално Божествено зрачење со што се создаваат и се раѓаат безбројни естетски вредности на творби, дела, род и благодет во растителниот и животинскиот свет, се создаваат услови за живот кои делуваат творечки на животот Земен, и неговите услови по место и време на постоење на Земјата. Со постоењето на процесите на борба и творештво, на естетските вредности и резултати

на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Земјата како Голем и вечен Земен борец и творец, тој е пример за најголем и вечен на Земјата, и како таков е Водач и Учител на луѓето на Земјата, тој е пример како и какви треба да бидат верниците за да станат големи Борци, Творци, Водачи и Учители во своето место и време на постоење. Имитирајки го тие постигнувале победи во секое место и време на живеење на Земјата, над негативноста во природата и во луѓето, потоа остварувале и естетски вредности, резултати и услови за живот. Со постоењето на религиозните дејства и состојби на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, во денските и годишни циклуси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небескиот свод, купола над површината на Земјата која е ГОЛЕМИНАТА Негова, се создаваат циклусните денски и годишни светло позитивни нивоа на Небескиот свод купола и над површината на Земјата. Со постоењето на СВЕТЛИТЕ ПОЗИТИВНИ ВОЗВИШЕНИ нивоа денски и годишни, постојат и религиозните дејства и состојби на светло позитивното, астрално Божествено зрачење од Набескиот свод, купола на површината на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Со тоа се создаваат Неговите Земни, позитивни и астрални БОЖЕСТВЕНИ полиња на тоа позитивно ниво, на убавината, вистината, правдата, добрината, редот, мирот, свеста, совеста, честа, чесноста, чистотата, мудроста, среќата, слободата, богатството и многу други естетски резултати на вредности, како и услови за живот на Земјата, како дел од енергијата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Значи, сите тие највозвишени денски и годишни светло позитивни, астрални Божествени нивоа на Небескиот свод, купола на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) се Неговата ГОЛЕМИНА или смислата, значењето и постоењето на БОГОТ единствен Небески и Земен, кој се манифестира транспарентно и видливо како Космички објект. Со сите тие највозвишени денски и годишни светло позитивни, астрални Божествени нивоа на Небескиот свод, купола на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), кои се Негова ГОЛЕМИНА, се создаваат нивните позитивни полиња со процесите на светло позитивното, астрално Божествено зрачење на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на површината на Земјата. Со тоа создавање на естетските вредности како вредности и услови на живот по место и време, по циклуси: денски и годишни, е вградена естетски астралната Божествена енергија на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) или смислата, значењето и постоењето на БОЖЕСТВЕНОСТА Земна. Зборот БОГОТ го изградиле со религиозната состојба на постоењето на БО(ЗЕМНАТА) ГО(ГОЛЕМИНА) над Т(ТЕМНИНАТА) во која ни укажуваат на ГО(ГОЛЕМИНАТА) или на растот, возвишеноста на БОЖЕСТВЕНАТА СВЕТЛИНА по вертикала, по циклуси: денски и годишни, по место и време на постоење на Земјата.

ПРОДОЛЖУВА


С ТА В Р Е С К И : тек“ како што беше претходно најавено. Ова го потврди вицепрмеиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при посетата на Кочани

ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА "ЈУЖЕН ТЕК" ТЕК " Р

епублика Македонија ќе продолжи со реализацијата на проектот “Јужен тек“ како што беше претходно најавено. Ова го потврди вицепрмеиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при посетата на Кочани. “Ја поттикнуваме Европската комисија и Русија односно “Гаспром“ и Европската комисија, да отворат директен дијалог за решавање на сите прашања што Европската комисија ги потегна

во однос на реализизацијата на овој крупен меѓународен проект“, рече Ставрески. Според него проектот, не само што сам по себе има економско и општествено значење, туку и е битен и за подобрување на конкуретноста на економиите. Европската комисија побара од сите земји што имаат склучено договори со “Гаспром“ за “Јужен тек“ , да ги договорат од почеток и новите договори да ги усогласат со законите на Европската унија. 14 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

Според договорот испратен од Комисијата до земите членки, се бара “Гаспром“ да не биде во исто време и сопственик на капацитетите за производство на гас и на транспортната мрежа, како и да им овозможи пристап и на трети лица до гасот и приспособување на тарифите. Македонија и Русија во јули годинава во Москва потпишаа спогодба за соработка при изградба на гасоводот-кракот за испораката на гас во земјава.


ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА Министерството за транспорт и врски распиша оглас за отуѓување на 19,5 хектари државно градежно неизградено земјиште во месноста Карач, Стар Дојран за изградба на туристичка развојна зона. Туристичката развојна зона како што објасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски е понудена и на повеќето туристички саеми на потенцијални странски инвеститори

ИЗГРАДБА НА ТУРИСТИЧКА РАЗВОЈНА ЗОНА ВО ДОЈРАН

М

инистерството за транспорт и врски распиша оглас за отуѓување на 19,5 хектари државно градежно неизградено земјиште во месноста Карач, Стар Дојран за изградба на туристичка развојна зона. Туристичката развојна зона како што објасни министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски е понудена и на повеќето туристички саеми на потенцијални странски инвеститори. Почетната цена на наддавање ќе биде 61 денар по метар квадратен, а заинтересираните треба да достават депозит од 1,5 милион денари. Инвестито- зони. Огласот за отуѓување на рот самиот ќе треба да одлучи што ќе гради во туристичката земјиштетот е објавен од вчера, а апликациите ќе може да се развојна зона. Невработеноста во општина Дојран според градоначалникот Борче Стамов, е околу 200 лица. “Туристичката развојна зона во Карач ќе придонесе за забрзан локален економски развој, решавање на проблемот со невработеност во општинат“, рече Стамов. Според директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Кристијан Џамбазовски во Македонија е предвидена изградба на уште осум туристички развојни 15 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

доставуваат до 14 јануари 2014 година. Доколку има заинтересирани јавното наддавање ќе биде на 20 јануари.


ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА Т РА Н С П О Р Т И В Р С К И , Д Е Н Е С К А С Е Договорот за набавка на ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА НАБАВКА вагоните го потпишаа директорите на МЖ НА 150 ТОВАРНИ ВАГОНИ “Транспорт“ Оливер Дерковски и на словачката компанија “ЖОС Трнава“ Владимир Пор во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Директорот на МЖ “Транспорт“ истакна дека набавките се прв чекор за промени во железницата по повеќедеценискиот застој во инвестирањето

В

о Министерството за транспорт и врски, денеска се потпише договор за набавка на 150 товарни вагони во рамки на Проектот за обнова на возниот парк на "МЖ Транспорт" Скопје. Договорот за набавка на вагоните го потпишаа директорите на МЖ “Транспорт“ Оливер Дерковски и на словачката компанија “ЖОС

ОБНОВА НА ВОЗНИОТ ПАРК НА МЖ ТРАНСПОРТ

Трнава“ Владимир Пор во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Директорот на МЖ “Транспорт“ истакна дека набавките се прв чекор за промени во железницата по повеќедеценискиот застој во инвестирањето. Според министерот Миле Јанакиески, со набавката на вагоните, како едно од глав16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

ните барања на компаниите МЖ Транспорт ќе ги зајакне капацитетите и ќе може да одговори на сите идни предизвици за поефикасно превезување стока. МЖ Транспорт планира набавка и на патничките вагони кои би требало да пристигнат 12 месеци по потпишувањето на договорот односно при крајот на 2014 година.


ЗЕМЈОДЕ ЛИЕ Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со апел, политиката да не се меша во тутунопроизводството зашто штета трпат тутунопроизводителите. “Политиката треба да остане надвор од земјоделството. Некој што нема поим ниту од производство на краставици, да не ги плетка луѓето на откупувачките пунктови во дезинформирање, шпекулирање и замајување “, порача Димовски. Тутунарите кои не се задоволни од процената, според министерот Димовски да побараат нова процена преку Второстепената комисија составена од претставници на откупувачите, Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите и Државниот инспекторат за земјоделство

ДИМОВСКИ:

ПОЛИТИКАТА ДА НЕ СЕ МЕША ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

М

инистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со апел, политиката да не се меша во тутунопроизводството зашто штета трпат тутунопроизводителите. “Политиката треба да остане надвор од земјоделството. Некој што нема поим ниту од производство на краставици, да не ги плетка луѓето на откупувачките пунктови во дезинформирање, шпекулирање и замајување “, порача Димовски. Тутунарите кои не се задоволни од процената, според министерот Димовски да побараат нова процена преку Второстепената комисија составена од претставници на откупувачите, Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите и Државниот инспекторат

за земјоделство. “Не треба да постои сомнение дека Министерството во целост ќе ги штити интересите на тутунарите. Нашата крајна цел е подигнување на просечната откупна цена која моментно е 10 отсто пониска од овој период лани. Сакаме да се задржи или, уште подобро, да се забрза динамиката на откуп, да се зголеми 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

просечната откупна цена и откупот да се врши регуларно, без тензии и нервози, како претходните години“, рече Димовски. Утре е крајниот рок кога сите комании треба да се вклучат во откупот на тутнот. Договорени се 35 милиони килограми за откуп, а производството се проценува на 30 милиони килограми.


ЧО ОВЕКОВИ ВЕ КО В И ПРАВА ПРАВ А Право на изразување и слобода на медиуми, судска заштита како и дискриминацијата се трите области во кои проблемите со човековите права опстојуваат или е забележано нивно дополнително влошување, сметат од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија по повод 10 декември Ден на човековите права

10 ДЕКЕМВРИ  ДЕН НА Ч О В Е КО В И Т Е П РА В А

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА П раво на изразување и слобода на медиуми, судска заштита како и дискриминацијата се трите области во кои проблемите со човековите права опстојуваат или е забележано нивно дополнително влошување, сметат од Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија по повод 10 декември - Ден на човековите права. Наместо промоција и заштита на правото на изразување и слобода на медиумите, од Хелсиншки велат дека државата преку политички и финансиски притисок про-

должува со влошување во уредувачката политика на голем број медиуми. “Покрај со уредувачката цензура, новинарите се соочени и со самоцензура поради зголемениот страв од тужби за навреда и клевета од страна на политички функционери“. Во врска со судството од хелсиншки наведуваат дека независноста и непристрасноста на судиите не е обезбедена, а сомненијата за политичко влијание произлегуваат од начинот на именување и напредување на судиите, големиот број на судења зад затворени врати и неуспехот 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

да се заштити пресумпцијата на невиност често повредувана од извршната власт. “Дискриминацијата врз основа на раса, политичка припадност и сексуална ориентација е широко распространета и не постојат ефективни механизми за нејзино спречување. Ромите се дискриминирани во скоро сите области на општественото живеење, а во последните неколку години колективно им се ускратува основното човеково право на движење и напуштање на државата“, додаваат од Хелсиншки комитет за човекови права.


ВО ХОТЕ ЛОТ "СТОУН БРИЏ" Вечерта беше во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во чест на македонскиот уметник и на неговиот целокупен опус. Беше направен колаж од сите негови дела, а за творештвото на Манчевски зборуваше турскиот критичар Мурат Емир Ерен, но и актерите: Ратка Радмановиќ, Раде Шербеџија, Ана Стојановска и Сабина Ајрула, како и гостинот од Англија, Дејвид Манс. Како што најавија од Турскиот културен центар, беше направен посебен осврт кон првенецот на Манчевски, „Пред дождот“

В

о хотелот „Стоун бриџ“ се одржа вечер посветена на македонскиот режисер Милчо Манчевски, на која присуствуваа голем број актери и членови на филмските екипи со кои работел, како и претставници на политичката фела и на дипломатскиот кор. Вечерта беше во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во чест на македонскиот уметник и на неговиот целокупен опус. Беше направен колаж од сите негови дела, а за творештвото на Манчевски зборуваше турскиот критичар Мурат Емир Ерен, но и актерите: Ратка Радмановиќ, Раде Шербеџија, Ана Стојановска и Сабина Ајрула, како и гостинот од Англија, Дејвид Манс. Како што најавија од Турскиот културен центар, беше направен посебен осврт кон првенецот на Манчевски, „Пред дождот“, по повод неговата 20-годишнина, а со одобрение на авторот присутните можеа да го видат и краткиот филм „Четврток“, кој го имаше своето прво јавно прикажување во Македонија. „Четврток“ е филм кој Манчевски го направи по покана на Венецискиот филмски фестивал по повод 70-годишнината на Мостра, каде што пред 20 години нашиот автор ја освои престижната награда „Златен лав“.

ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013


Ова го објави министерката за култура, Елизабета КанческаМилевска која посочи дека со конкурсот ќе се стимулира создавање на 50 композиции годишно од различен вид и за различни изведувачки состави и ансамбли

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА К УЛ Т У РА В О Ј А Н УА Р И Ќ Е ОБЈАВИ ПОСЕБЕН КОНКУРС ЗА ПОДДРШКА НА МУЗИЧКОТО Т В О Р Е Ш Т В О О Д О Б Л А С ТА Н А К Л А С И Ч Н АТА М У З И К А

М

инистерството за култура во јануари ќе објави посебен конкурс за поддршка на музичкото творештво од областа на класичната музика. Ова го објави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска која посочи дека со конкурсот ќе се стимулира создавање на 50 композиции годишно од различен вид и за различни изведувачки состави и ансамбли. “Владата на РМ неодамна донесе закон за поддршка на домашната музичка продукција со кој се финансира создавање на 150 композиции од народната и забавната музика и 50 детски композиции. Творештвото од подрачјето на класичната музика не беше дел од Законот само затоа што има посебни специфики кои бараат сосема поинакви начини, процедури и дејствија за релевантна поддршка”, истакна министерката Канческа-Милевска. Се очекува да се зголеми интересот на младите музичари, како и продукцијата на нови дела за мандолинските и дувачките оркестри, биг-бенд ансамблите, хорските состави. Вкупното творештво ќе биде зголемено за најмалку трипати од она што го имавме во изминативе две децении. Неуспешните обиди на македонските композитори да се изборат за здрав статус во државата траеја повеќе од една деценија. Тие реагираа дека државата не ги стимулира, дека музичките институции ги забораваат (ретко ги изведуваат нивните дела), дека нема соодветна валоризација на композиторскиот ангажман. Жестоко се спротивставија и на високите суми што се издвоија за забавна музика, за наградените композиции на „Скопскиот фестивал“ (20 илјади евра за прво-

ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА И ЗА КЛАСИЧНАТА МУЗИКА

наградената), наспроти десет пати помалите суми што ги добиваа за нарачка на комплексни дела од класиката. Маја Чанаќевиќ (директорка на Македонската филхармонија), Сони Петровски (претседател на СОКОМ), Љубиша 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

Кировски (претседател на СМУМ), Дејан Прошев (директор на МОБ) и композиторот Стојан Стојков рекоа дека ова е важен чекор за збогатување на продукцијата и за афирмација на македонската класична музика.


МАКЕДОНИЈА ГО С ЛАВИ ПРОСВЕТИТЕЛОТ Македонија на 8 декември го одбележа празникот на Свети Климент Охридски, кој е наш најголем светител, просветител и учител. Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста. Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос

ПРАЗНУВАЊЕ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

М

бил личен пример за неговото однесување кон учениците. Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив. Со кроткост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полна послушност и со синовска одаденост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко.“ Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Тој е зачетник на нашата средновековна книжевност. Не-

акедонија на 8 декември го одбележа празникот на Свети Климент Охридски, кој е наш најголем светител, просветител и учител. Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста. Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го подучувал народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник. Односот на Господа Исуса Христа кон апостолите, за свети Климента

21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

говите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо. Свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа. На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на јазикот на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство.


Т Е АТА Р О Т „ С К Р Б И У Т Е Х А “ О Д 13 ДО 16 ДЕКЕМВРИ ВО СРБИЈА Беа одиграни повеќе престави во Вршац, Пландиште и Јабука кај македонската зедница во Србија, а при тоа беа прикажани и документарни филмови на продукцијата Дион и ТВ Сонце. Театарот „Скрб и утеха“, кој неодамна прослави 25години македонска борба со култура и гостување, остварува трајна соработка со Македонците од Пиринско, Егејско, Косово, Р. Албанија, а еве сега и во Р. Србија, кои пак се чести гости на Дион-Исусовите слави, кои се одржуваат секоја година во февруари

ГОСТУВАЊЕ СО ПРЕТСТАВАТА „ЏАМАЛАРИДИОНИС“ КАЈ МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА О

д 13 до 16 декември театарот„Скрб и утеха“ замина на гостување во Р. Србија со преставата „ЏамалариДионис“, текст на Т. Стојановски во режија на Страшко Милошевски. Беа одиграни повеќе представи во Вршац, Пландиште и

Јабука кај македонската заедница во Србија, а при тоа беа прикажани и документарни филмови на продукцијата Дион и ТВ Сонце. Театарот „Скрб и утеха“, кој неодамна прослави 25-години македонска борба со култура и гостување, остварува трајна 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 783 / Декември 2013

соработка со Македонците од Пиринско, Егејско, Косово, Р. Албанија, а еве сега и во Р. Србија, кои пак се чести гости на ДионИсус-овите слави, кои се одржуваат секоја година во февруари. За време на гостувањето екипа на ТВ Сонце сними документарни приказни од случувањата.


783  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you