Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

WEB ИЗДАНИЕ

WEB EDITION

Година XIX, Број 780, Септември 2013

WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР ОД ПЕПЕЛТТА ИЗНИКНА КАКО ФЕНИКС

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ТРНОВИТИОТ ПАТ ДО НЕЗАВИСНОСТА


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

Македонскиот премиер деновиве беше во посета на сега за сега пријателски настроената земја-Хрватска. Домаќин му беше хрвасткиот премиер. На средбата не изостанаа пријателските зборови - Ние не сме соседи, но сме многу блиски и така се чувствуваме. Разговаравме за економски теми, како и за евроинтеграциите на Македонија во ЕУ и во НАТО. Ние гласно ќе кажуваме дека местото ви е таму и ви посакуваме се' најдобро. Сакаме уште денес да ги почнете пристапните преговори за цленство во Унијата, а уште денеска да влезете во НАТО, бидејки тоа го заслуживте уште пред нас. За жал, има пречки, кои јас можеби ги разбирам, ама едноставно помина многу време. И секако покрај централната тема - Македонија и евроитеграциите за која се говори каде и да појде било кој наш политичар, овој пат најважна тема на разговор меѓу двата премиера беше како да се подобри економската соработка меѓу двете земји. Па оттука беше потенцирано дека извозот од Македонија на јагнешко месо, сирење, земјоделски производи, цигари и тутун во Хрватска најмногу ќе профитира од членството на оваа поранешна југословенска република во Европската унија. Извозот на овие производи што до први јули годинава беше ограничен со бесцаринска квота, сега се одвива слободно и без квоти, согласно со Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската унија. Јагнешкото, сирењето, цигарите и тутунот учествуваат со 40 отсто од вкупниот извоз на земјоделски производи во Хрватска. По ова следуваше отворено ајде да го наречеме исповедување на хрватскиот премиер кој малку се пожали дека членството на Загреб во ЕУ ги зголеми цените на хрватските производи, но олеснително за нив е што тие може да се купат на македонскиот пазар. Па, поради тоа, голем број хрватски компании размислуваат да го преселат своето производство надвор од својата земја. И како добра вест за нас –како нивна нова дестинација се почесто се споменува Македонија. А ние односно македонскиот премиер со големо задоволство им порача на хрватските компании дека се добредојдени во Македонија. Оттука целава оваа размена на убави зборови искрено мене ми се допадна. Зошто да не. Па треба да се свртиме малку и на економијата во Македонија. Доста веќе македонскиот народ е преокупиран со политика и само политика без разлика дали надворешна или внатрешна. Ме радува и денешната средба на стопанствениците на која беше присутен и македонскиот премиер чиј фокус на традиционалното обраќање пред домашните стопанственици беше извозот и поддршката на извозот на домашните компании, при што беа опфатени и другите актуелни економски теми. Ваквите средби со стопанствениците и обраќања станаа традиција, а стопанствениците во голема мера се задоволни од ваквиот отворен пристап на Владата. Е сега само тие убави идеи, убави зборови да стана реалност убаво би било. Само... ајде да бидеме оптимисти и... да почекаме.

e edna!!! \or|ija - Xorx Atanasoski


8 СЕПТЕМВРИ 1991-2013 "Граѓанки и граѓани на Македонија, дозволете вечерва вам и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија." Со овие зборови пред точно 22 години првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров се обрати пред граѓаните кои се собираа на плоштадот Македонија" за да го прослават успешно спроведениот референдум. Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Г

одинава, по 22 лета, сo радост и благодарност се сеќаваме на првиот Илинден во 1903 година и на вториот Илинден во 1944 година, но и на 8 септември 1991 година, кога на третиот Илинден се оствари многувековниот сон на македонскиот народ за независна, суверена и самостојна Република Македонија. "Граѓанки и граѓани на Македонија, дозволете вечерва вам и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија." Со овие зборови пред точно 22 години првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров се обрати пред граѓаните кои се собираа на плоштадот Ма-

ТРНОВИТИОТ ПАТ ДО НЕЗАВИСНОСТА

кедонија" за да го прослават успешно спроведениот референдум. Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

РЕФЕРЕНДУМ Во кампањата се вклучи и Македонската православна црква. Архиепископот охридски и македонски г.г. Гаврил во семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествената литургија одржана на 1 септември во соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значење-


то на референдумот како трето илинденско послание. На денот на изјаснувањето во неделата на 8-ми септември 1991 година, насекаде во Македонија преовладуваше демократска, празнична атмосфера. Граѓаните на Република Македонија излегуваа масовно на гласачките места. Се изјаснуваа и највисоките раководители. Текот на референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собираа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје каде беше организира свеченост насловена Глас за Македонија со настап на стотина естрадни ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читаа извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот. Подготовките за кампањата се одвиваа и во европските и прекуокеанските земји каде што живеат македонски иселеници. Оганизацијата им беше доверена на македонските клубови, црковните општини и спортските друштва кои во соработка со тогашното Министерство за информации ги формираа изборните одбори кои се грижеа за спроведување на референдумот. Во Германија, Австралија, САД и Канада гласањето започна неколку дена порано. Во референдумот учествуваа 1,2 милиони наши сонародници, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроценто беше поддржана самостојноста на Македонија. На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија. Сле-

ден важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. „...Пред се со референдумот се бара, афирмативно пристапи кон онаа вековна борба на македонскиот народ, која некогаш се решавала со пушки и крв. Денес слободни со својата културна еманципација, национална свест се определиме пред се за самостојна и суверена држава, а потоа да пристапиме со својот правен легитимитет, ослободени од секаква поданиска филозофија и инфериорност и во преговори со партиите, а тоа се шестте републики во Југославија и никако поинаку, и тоа ни даде за право да кажеме дека нашиот суверенитет и нашата самостојност ја сфаќаме само како поттикнувачки мотив, инспирација и правен легитимитет да стапиме во еден сојуз со суверени држави. Оттука нашата замисла и ние сакаме врз овие принципи и ова видување да изградиме една нова заедница на југословенските суверени држави. Но, во колку не дојде до тоа, тогаш самата историска обврска и судбина ќе не тера да ние пристапиме кон спокојно изодување на своја суверена држава, односно сите нејзини сегменти во правниот, политичкиот, економскиот систем и тоа ќе ни даде шанса да воспоставиме партнерство со сите оние кои ќе имаат 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

интерес со нас да бидат, а Европа е тој дом кој ќе не интегрира ќе не спои ....“, беа зборовите на тогашниот претседател на Владата, академик Никола Кљусев. Стојан Андов, кој во тоа време ја извршуваше функцијата претседател на првиот македонски повеќепартиски Парламент, во изјава за Македонското радио дадена непосредно по гласањето рече: - Со оваа одлука што денес ја донесуваат граѓаните на Македонија се отвора еден интензивен процес на градење на македонската држава, на градење на нејзините односи во Југославија со другите суверени држави, а исто така и со соседите и со Европа. Тоа е макотрпен и сложен процес, но благороден процес, меѓутоа знаат за што се одлучуваат што работат. Ќе има, веројатно некои тешкотии што треба да се поднесат, а младите генерации еве од оваа генерација што го организира изборно овој референдум добиваат во аманет да бидат на тоа ниво па и да ги натфрлат нашите достигања.

БОЈКОТ И ПРЕПРЕКИ Но,...Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Ал-


банци. Во Македонија каде што во ек беше предреферендумската кампања, на втори септември беше објавен заеднички проглас на парламенатарните и вонпарламентарните партии со кој граѓаните беа повикани позитивно да се изјаснат на референдумот. Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот, а како причини за тоа ги наведоа големиот број незапишани ученици Албанци во училиштата, одложувањето на конституирање на општинските собранија во Тетово и Гостивар и масовните казнувања поради бојкотот на пописот. Поддршка на референдумот изрази само Унијата на албанската интелигенција. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор. Меѓутоа покрај надминувањето на овие прпереки и понатаму патот до независноста не беше лесен. Во изминатите 22 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии, се соочи со предизвици, но славеше и убави денови. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, јужнососедското ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на јужниот сосед, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца:

Поранешна југословенска Република Македонија. Последниве години ги одбележа и отежнатиот политички дијалог, прилагодувањето на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО. И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот. Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и годинава. Грција, по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои за жал се уште траат. Референдумското изјаснување и во соседните земји не наиде на одобрување. Атина го оцени референдумот како скопска опасност за Грција. Бугарија најави дека ќе ја признае државата, но не и нацијата, а Албанија го одобри бојкотот на албанската етничка заедница во земјата. Честитки до претседателот Гли05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

горов меѓу првите упати словенечкиот претседател Милан Кучан. САД го повторија својот став за политиката на македонскиот државен врв даден пред референдумот во кој изразија задоволство од нејзиниот умерен пристап и духот на компромис што ги покажуваше Македонија. Уставното име на Република Македонија, САД го признаа за време на администрацијата на Џорџ Буш Помладиот на самиот почеток од неговиот втор претседателски мандат во 2004 година. Но, во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна државноста на Македонија. Следуваа одлуките за воспоставување дипломатски односи од страна на Турција, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август. Македонија досега има воспоставено дипломатски односи над 170 држави во светот, а под уставното име е призната од 150, меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина. Денес, дваесет и вториот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.


“Наша цел е да го надминеме овој предизвик и затоа и сметаме дека е потребен дијалог на политичко ниво, а тој дијалог мораме да го издигнеме на највисокот политичко ниво. Ние остануваме расположени да одговориме на кој било сигнал од другата страна за разговор и за дијалог врз база на аргументи и врз база на меѓународната правна рамка, во врска со ова прашање“, рече Попоски

П

рвиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски потврди дека до овој момент од официјлна Атина не постои расположеност за дијалог на највисоко политичко ниво. “Најзначајно за нас е да постои отворена комуникација на политичко ниво за прашање кое ни е наметнато надвор од правните рамки и надвор од обврските кои тереба да ги исполниме за членство во двете организации НАТО и ЕУ“, изјави Попоски кој денеска на ФИНКИ присуствуваше на презентацијата на конкурсот за социјална иновација. Според првиот човек на македонската дипломатија, доколку не биде подигнато нивото на разговори, Македонија ќе биде доведена во ситуација јужниот сосед континуирано да одбегнува содржински дијалог. “Наша цел е да го надминеме овој предизвик и затоа и сметаме дека е потребен дијалог на политичко ниво, а тој дијалог мораме да го

П Р В И О Т Ч О В Е К Н А М А К Е Д О Н С К АТА Д И П Л О М АТ И Ј А Н И К О Л А П О П О С К И П О Т В РД И Д Е К А Д О О В О Ј М О М Е Н Т ОД О Ф И Ц И Ј Л Н А АТ И Н А Н Е П О С ТО И РАС П О Л ОЖ Е Н О С Т З А Д И Ј А Л О Г Н А НАЈВИСОКО ПОЛИТИЧКО НИВО

ПОПОСКИ: НЕМА ИНИЦИЈАТИВА ОД ГРЧКАТА СТРАНА ЗА ПОМЕСТУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ издигнеме на највисокот политичко ниво. Ние остануваме расположени да одговориме на кој било сигнал од другата страна за разговор и за дијалог врз база на аргументи и брз база на меѓународната правна рамка, во врска со ова прашање“, рече Попоски. За денешните разговори (02.09.2013) во Атина меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, рече дека се работи за посета во приватно својство, за што има соодветен протокол, и оти нема да присуствува македонскиот 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

амбасадор во Грција Сашо Стефков. “Мислам дека е корисно секој што се занимава со политика во Република Македонија од прва рака да ги чуе барањата или очекувањата со кои се соочуваме од страна на оние кои определуваат како, колку брзо и на кој начин можеме да влеземе во НАТО и во ЕУ. Не гледам ништо неповолно од тој аспект, мислам дека може да биде само корисно доколку секој ги чуе тие аргументи и успее да најде определена логика во нив“, додаде Никола Попоски, запрашан да ја коментира средбата.


РОБИН О НИЛ - Таа знае дека не може да го добие саканиот резултат. Нејзината цел е овој проблем да го остави нерешен до бесконечност. Тоа значи, Македонија да остане со официјалното име Поранешна Југословенска Република Македонија, и исклучена од членство во НАТО и Европската унија, истакна амбасадорот О Нил Британскиот дипломат е со став дека медијаторот Нимиц „18 години неуморно работеше посредувајќи за да се добие спогодбено решение на спорот, меѓутоа одговорот од страна на Грција на неговиот последен компромисен предлог покажа дека на патот за ставање крај на спорот му дојде крајот.“

ЈАСНО Е ДЕКА ГРЦИЈА НЕ САКА РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО

С

ега е јасно дека Владата на Грција не сака спогодбено решение за таканареченото прашање за името на Република Македонија, изјави првиот преговарач во грчкомакедонскиот спор, амбасадорот Робин О Нил за програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце. Изјавата е дадена по повод 18 годишнината од Привремената спогодба од Њујорк и неодамнешната посета на медијаторот Метју Нимиц на Атина и Скопје. - Таа знае дека не може да го добие саканиот резултат. Нејзината цел е овој проблем да го остави нерешен до бесконечност. Тоа значи, Македонија да остане со официјалното име Поранешна Југословенска Република Македонија, и исклучена од членство во НАТО и Европската унија, истакна амбасадорот О Нил.

Британскиот дипломат е со став дека медијаторот Нимиц „18 години неуморно работеше посредувајќи за да се добие спогодбено решение на спорот, меѓутоа одговорот од страна на Грција на неговиот последен компромисен предлог покажа дека на патот за ставање крај на спорот му дојде крајот.“ Оттука, крајно време е да се признае дека тоа никогаш нема да се случи, категоричен е медијаторот О Нил. Тој оценува дека Македонија сега мора да се пронајде нов начин за излез од спорот. - Македонија отсекогаш има право да го користи името избрано од страна на својот народ. Повеќе од 20 години грчките влади се обидуваа да диктираат поинаку. Дојде време да се откажат од тоа. Грција никогаш немала право да го диктира името на Република 07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

Македонија и Владата на Македонија сега треба ова прашање директно да го упати до Обединетите нации и да побара од Генералното собрание да ја прифати Македонија како член под нејзиното уставно име. Ова не е прашање што може да влијае на меѓународната стабилност или мир што би можело да го засега Советот за безбедност, советува првиот медијатор во спорот О Нил. - Поголемиот дел од членовите на Обединетите нации веќе ја прифатиле Македонија под нејзиното уставно име. Во моментов треба да се побара тоа да го сторат и во име на самите Обединети нации. Доколку тоа се случи, изгледите за македонското членство во НАТО и ЕУ ќе бидат подобри, не полоши, вели амбасадорот Робин О'Нил.


“Ние сме свесни за потпишувањето на Меморандумот и во моментов го проучуваме текстот. Во принцип, Комисијата ги охрабрува и поздравува меѓупартиските договори за ЕУ-агендата, како и превземените чекори што водат кон инклузивна соработка на сите засегнати страни со цел да се исполни стратешката цел на европската интеграција

М Е М О РА Н Д У М О Т ГО П О Т П И Ш А А ПАРТИИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ П А Р Л А М Е Н Т, О С В Е Н Д П А И Л И Б Е РА Л Н АТА П А Р Т И Ј А

ЕК И ЕП ГО ПОЗДРАВИЈА ПОТПИШАНИОТ МЕМОРАНДУМ ЗА ЕУ Е

вропската комисија и Европскиот парламент го поздравија потпишаниот Меморандум за стратешката цел - членство во Европската унија на Република Македонија, кој го потпишаа партиите во македонскиот парламент, освен ДПА и Либералната партија. “Ние сме свесни за потпишувањето на Меморандумот и во моментов го проучуваме текстот. Во принцип, Комисијата ги охрабрува и поздравува меѓупартиските договори за ЕУ-агендата, како и превземените чекори што водат кон инклузивна соработ-

ка на сите засегнати страни со цел да се исполни стратешката цел на европската интеграција. Овој Меморандум, исто така, го поздравуваме и како дел од спроведувањето на договорот од 1 март“, велат од Европската Комисија. Во потпишаниот меморандум стои дека партиите се обврзуваат континуирано и без одлагање ќе ги спроведуваат во рамки на институциите, сите активности и одлуки за реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ, а особено оние кои се одне-

08 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

суваат на слободата на медиумите и изразувањето, слободни и фер избори, владеењето на правото и независноста на судството, како и борба против корупцијата и криминалот. Ќе се воздржат од дејствија и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, притоа, несогласувањата или различните мислења ќе се надминуваат со меѓусебен дијалог во рамки на институциите, водејќи сметка пред се за интересот на државата и нејзините граѓани.


С Р Е Д Б А И В А Н О В - О РА В - Нема прашање во државата за кое може да се постигне толку широк политички консензус и толкава поддршка, освен за европската идеја, што треба да претставува јасен сигнал за Европската унија, истакна Иванов. На средбата се разменети мислења и информации во врска со претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Претседателот Иванов изрази очекување дека Република Македонија ќе добие уште еден позитивен извештај

П

ретседателот Ѓорге Иванов на средбата со шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав на 19 септември му го предаде потпишаниот Меморандум за исполнување на стратешката цел за членство на Република Македонија во Европската унија. Иванов и Орав, како што соопшти кабинетот на македонскиот претседател, го поздравија потпишувањето на меморандумот, што подразбира исполнување на уште една од обврските од мартовскиот политички договор, и изразија задоволство од потврдениот меѓупартиски консензус во однос на стратешките цели на Ре-

ПРЕДАДЕН МЕМОРАНДУМОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ публика Македонија, евроинтеграциските перспективи и европската ориентација на земјава. - Нема прашање во државата за кое може да се постигне толку широк политички консензус и толкава поддршка, освен за европската идеја, што треба да претставува јасен сигнал за Европската унија, истакна Иванов. На средбата се разменети мислења и информации во врска со претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија. Претседателот Иванов изрази очекување дека Република Македонија ќе добие уште еден позитивен извештај. Тој 09 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

изрази очекување дека Европскиот совет конечно ќе и го овозможи следниот чекор во интеграцијата на Република Македонија, и ќе и додели датум за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ. - Крајно време е Република Македонија да ја продолжи интеграцијата, крајно време е на Република Македонија да и се овозможи паралелно движење. Статус-кво состојбата никому не носи ништо добро. Нема поголем и посилен импулс за реформите и надминување на слабостите, од почеток на преговорите, порача на средбата претседателот Иванов.


Генералот Креј изрази задоволство од заеднички реализираните проекти, вежби и обуки со Армијата на Република Македонија и изрази надеж дека партнерството ќе продолжи и понатаму. Во тој контекст, генералот Креј го поздрави големиот ангажман на македонската армија во мировните операции, додавајќи дека Соединетите Американски Држави високо го ценат континуираниот македонски придонес, како одраз на вистинско и длабоко пријателство меѓу двете земји

ОВА ГО ЗАК ЛУЧИЈА Н А Д Е Н Е Ш Н АТА С Р Е Д Б А ВО СКОПЈЕ,

ИВАНОВ-КРЕЈ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ШТО ПОСКОРО ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА НАТО

Р

епублика Македонија заслужува што поскоро да стане членка на НАТО Алијансата, што ќе претставува дополнителен придонес кон напредокот и развојот на Балканот. Ова го заклучија на денешната средба во Скопје, претседателот на државата Ѓорге Иванов и генерал-мајор Стивен Креј, командант на Националната гарда на Сојузната држава на Соединетите Американски Држави, Вермонт. Генералот Креј изрази задоволство од заеднички реализираните проекти, вежби и обуки со Армијата на Република Македонија и изрази надеж дека партнерството ќе продолжи и понатаму. Во тој контекст, генералот Креј го поздрави големиот ангажман на македонската армија во мировните операции, додавајќи дека Сое-

динетите Американски Држави високо го ценат континуираниот македонски придонес, како одраз на вистинско и длабоко пријателство меѓу двете земји. На средбата, меѓи другото, беа разменети мислења и информации околу реформскиот процес во одбраната на Република Македонија, како и за достигнувањата на македон10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

ската армија и Националната гарда на Вермонт од заедничкото учество во меѓународните мировни мисии во Ирак и во Авганистан. Иванов ја истакна важноста од заедничкиот придонес кон зачувување на мирот и слободата во светот, а особено во регионите кои подолго време се борат да ја надминат дестабилизацијата.


Канцеларијата на Еврокомесарот за проширување Штефан Филе не сака да коментира што Филе ќе превземе во насока повторно да биде содржана препораката за почнување преговори за членство на Македонија во Унијата. Во писмото, премиерот Никола Груевски му напиша на еврокомесарот за проширување дека заклучоците на ад-хок Комисијата за истрагaта на собраниските настани од 24 декември минатата година се донесени со цел да не запре евроинтегративнио процес на македонската држава

КОМЕСАРОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА Е В Р О П С К АТА У Н И Ј А , ШТЕФАН ФИЛЕ

ФИЛЕ ГО ДОБИ ПИСМОТО ОД ГРУЕВСКИ, НО НЕ САКА ДА КОМЕНТИРА ЗА СОДРЖИНАТА

К

омесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, преку својата канцеларија потврди дека тој го добил писмото што вчера (02.09.2013) до него го испрати македонскиот премиер Никола Груевски. Канцеларијата на Еврокомесарот за проширување Штефан Филе не сака да коментира што Филе ќе превземе во насока повторно да биде содржана

препораката за почнување преговори за членство на Македонија во Унијата. Во писмото, премиерот Никола Груевски му напиша на еврокомесарот за проширување дека заклучоците на адхок Комисијата за истрагaта на собраниските настани од 24 декември минатата година се донесени со цел да не запре евроинтегративнио процес на македонската држава. 11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

“Во принцип, ние не коментираме за преписките што комесарот ги има со неговите партнери, ниту коментираме за писмата што тој ги добива од сите земји од неговото портфолио“, изјави портпаролот на Европската комисија, Петер Стано. Новиот извештај за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите, Еврокомисијата ќе го објави на 16-ти октомври.


Спасовска, како што објаснува во соопштението, немала никаква намера да престојува во Грција туку на 6 септември преку нејзина територија да отпатува во Турција, но во намерата била спречена од грчките цариници на преминот Евзони. Откако ја легитимирале, тие и дале формулар на грчки и на српски јазик за да потпише дека е непожелна личност во Грција. Откако таа одбила да го стори тоа, тие и се заканиле дека нема да и ги вратат патните исправи доколку не го потпише документот. Таа наведува дека освен условувањето и принудата, грчките цариници се однесувале дрско и и се обраќале со висок тон

Н

а познатата македонска фолк пејачка Сузана Спасовска на почетокот на септември грчките власти не и дозволиле да влезе во Грција, па таа преку писмо до медиумите ја информираше јавноста за овој немил настан. Спасовска, како што објаснува во соопштението, немала никаква намера да престојува во Грција туку на 6 септември преку нејзина територија да отпатува во Турција, но во намерата била спречена од грчките цариници на преминот Евзони. Откако ја легитимирале, тие и дале формулар на грчки и на српски јазик за да потпише дека е непожелна личност во Грција. Откако таа одбила да го стори тоа, тие и се заканиле дека нема да и ги вратат патните исправи доколку не го пот-

ПИСМО ДО МЕДИУМИТЕ НА СУЗАНА СПАСОВСКА

ГРЦИЈА МЕ ПРОГЛАСИ ЗА НЕПОЖЕЛНА ЛИЧНОСТ пише документот. Таа наведува дека освен условувањето и принудата, грчките цариници се однесувале дрско и и се обраќале со висок тон. - Документот ме регистрира во грчкиот национален регистар како личност која е непожелна за влез во Грција со необјасниви причини. И покрај моето инсистирање да добијам објаснување за нивната постапка, наместо тоа дрско и со висок тон од страна на грчките граничари бев условувана по секоја цена да го потпишам документот, што на крајот морав да го сторам, вели пејачката Спасовска во писмото. Според неа, причина за ваквиот потег на Грците било тоа што таа во јули годинава настапила и пеела на Првиот семакедонски собир што се одржа 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

во Воденско, Егејска Македонија. Со оваа реакција, додава Спасовска, сакам да упатам сериозна критика до грчките власти, кои политичките проблеми со Република Македонија ги пренесуваат на македонските уметници, музичари и културни работници. - Како што можат грчките музичари, вокални интерпретатори и групи слободно да настапуваат во Македонија, да свират и пеат грчка традиционална музика, а притоа нашите медиуми да им посветуваат внимание и да ги промовираат на своите програми, очекуваме и ние, естрадните уметници од Македонија, да бидеме третирани на ист начин во Грција, вели во писмото до медиумите познатата македонска пеачка Сузана Спасовска.


ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА С ТАТ И С Т И К А О Б Ј А В И Д Е К А Вицепремиерот задолжен за економски М А К Е Д О Н С К А Т А Е К О Н О М И Ј А В О прашања Владимир ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ГОДИНАВА Пешевски вели дека П О РАС Н А Л А З А 3,9 О ТС ТО . растот на БДП во Г РА Д Е Ж Н И Ш Т В О ТО З А Б Е Л Е Ж А РАС Т првите два кваратала ОД 33.2%, С Е К ТО Р О Т СО О Б РА Ќ А Ј од годинава е над СО 7.5% И РУД А Р С Т В О СО 4.1 %. проектираното

РАСТ НА БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД ржавниот завод за статистика објави дека Македонската економија во второто тримесечје годинава пораснала за 3,9 отсто. Градежништвото забележа раст од 33.2%, секторот сообраќај со 7.5% и рударство со 4.1 %. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски вели дека растот на БДП во првите два кваратала од го-

Д

динава е над проектираното. Владата очекува и во втората половина од годинава раст на економијата поголем од предвидениот. Значително подобри резултати се очекува во делот на привлекувањето странски инвестиции. Градежништвото кое е двигател на еконмскиот раст, според градежните компани забележува ист портаст во последните две години. 13 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

Индексот на прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период минатата година, изнесува 106,7, што укажува на пораст од 6,7 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 8,8 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 15,6 отсто.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ XI ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО СА - Светлината Сончева како стварност. Фактичка состојба. СЕ - Светлината Сончева во идејна замисла. СИ - Светлината Сончева во процес на раѓане и зголемување. СО - Светлината Сончева во процес на вознесување и возвишеност. СУ - Светлината Сончева во процес на пад од возвишеноста.

С - Светлината Сончева како стварност воопшто. Фактичка состојба.

Да си ја замислиме и спротивната состојба. Ако ја немаше СВЕТЛИНАТА Божествена и Обична на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на површината на Земјата во дневни и годишни циклуси, ќе доминираше ТЕМНИНАТА, негативноста, злото и нашата планета Земја ќе беше вечно мрачна и пуста, без живот, без растителен и животински свет, без луѓе. Затоа не треба ниту за миг да ја потценуваме СВЕТЛИНАТА Бжествена и Обична на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), и по примерот на античките Македонци треба да ја цениме, признаваме, почитуваме, имитираме и ја празнуваме нејзината транспаретна појава и триумф над ТЕМНИНАТА, негативноста, злото во природата и во луѓето, по место и време на постоење на Земјата. ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) има многу голема и моќна аура, која со својата СВЕТЛИНА и топлина на зрачење во дневните и годишни циклуси ја осветлува и загрева нашата планета и создава нормални, подносливи услови за живот на растителниот и животинскиот свет. Нашата планета Земја е на нормално растојание од Сонцето, зашто ако беше поблиску ќе имаше многу високи температури, ненормални за живот и во космосот ќе испареше водата, “сокот” на животот на Земјата. Ако пак растојанието меѓу Сонцето и Земјата беше поголемо, ќе доминираше темнината, негативноста со слаба присутност на светлината и топлината на аурата Сончева, со многу ниски температури. Планетата Земја ќе беше вечно во мраз и темнина без услови за живот. Со вечните процеси на светлото позитивно астрално Божествено зрачење на површината на Земјата на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА од големата, силна и вечна аура на ВЕ(БОГОТ) РА (СОНЦЕ) се создале процеси на Земјата за борба и за победи врз негативноста. Исто така, започнале и процеси за создавање творби, дела, род и благодет, се создале услови за живот како естетски вредности и резултати. ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) е најголемиот и вечен Земен Борец и Творец, а со големите и вечни примери изградени по патот на СВЕТЛИНАТА, позитивноста и вистината е создаден и најголемиот Водич и Учител за верниците Македонци во античка Македонија. Со тој јазик и говор, вечен на Земјата, кој го има ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во неговата силна и вечна аура е и јазикот на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА која говори, раскажува за своите победи, творби, дела, род и благодет, услови за живот со сите нови дневни и годишни циклуси на површината на Земјата, по место и време на постоење, а како јазик, говор на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА го нарекувале популарно СВЕТОТО ПИСМО. Според тоа учење и начин на живеење на верниците, според Религијата на Сонцето, со изградбата на нивните светло позитивни астрални Божествени аури Лични, Семејни, Колективни по место на живеење, место на работа, на Народната и на Светската биле носители на


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски високо позитивно ниво на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА. Со тие високи позитивни нивоа на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА тие имале процеси на светло позитивно астрално Божествено внатрешно зрачење по место и време на живеење, постоеење на Земјата. Со тие процеси на светлото позитивно астрално Божествено внатрешно зрачење на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА од аурите, се создавале процеси за борба и творештво, како и за нивни естетски вредности, потоа, победи над негативноста во природата и во луѓето, на творби, дела, род и благодет, на услови за живот по место и време на живеење, постоење на Земјата. И како носители на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА во себе и незиниот надворешен израз со зрачењето, тие кажувале дека го говорат јазикот на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА или на СЛОВОТО Божје, односно дека го говорат СВЕТОТО ПИСМО со своите победи, творби и дела како борци, творци, водачи и учители по место и време на живеење на Земјата Зборот СЛОВОТО ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на С(СВЕТЛИНАТА) ЛО(ЛЈУДСКА) ВО(БОЖЕСТВЕНА) над ТО(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Во античка Македонија од страна на античките Македонци верници и верниците по Светот како Македонска и Светска Религија на Сонцето, СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА била предмет на многу големо восхитување, признавање, почитување и празнување. Празнувањето на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) како нејзин триумф, победа над ТЕМНИНАТА, негативноста, злото во природата и во луѓето на Земјата, по циклуси се спроведувало по системот наречен ПРАВАТА Сончева. Со астрономскиот тек на времето на 22, 23, 24 Декември, кога почнува новата астрономска година, односно почнува да се зголемува денот, го нарекувале и празнувале како Раѓање на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), Раѓање на Годината, Раѓање на СВЕТЛИНАТА. На 22 Април со активирањето на силно светло позитивно зрачење на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА или нејзиното ВОСКРЕСЕНИЈЕ е и ВОСКРЕСЕНИЕТО на животот на Земјата на растителниот и животинскиот свет за нов животен циклус. Со своето значење зборот ВОСКРЕСЕНИЕТО ни укажува на чинот на возобновување, повторно будење на природата или растителниот и животинскиот свет за нов животен циклус со годишниот циклус на големо или возвишено

сончево зрачење на Небото над Земјата со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА. Зборот ВОСКРЕСЕНИЕТО ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на ВО(БОЖЕСТВЕНАТА) С(СВЕТЛИНА) К(ВОЗВИШЕНА) РЕ(СОНЧЕВА) С(СВЕТЛИНАТА) НИ(НАША) Е(ЕВЕ) над ТО(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. И тој празник, ВОСКРЕСЕНИЕТО е постоењето на возвишената СВЕТЛИНА БОЖЕСТВЕНА на аурата на ВЕ (БОГОТ) РА (СОНЦЕ) И ја искажува големината негова на површината на Земјата, или величието негово како ВЕЛИК ДЕН, многу важен за луѓето или верниците или уште нарекуван како ВЕЛИГДЕН, со чија Г(ГОЛЕМИНА) негова се укажува на К(ВОЗВИШЕНОСТА) негова. Зборот ВЕЛИКДЕНОТ ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на ВЕ(БОЖЕСТВЕНАТА) ЛИ(ЛЈУДСКА) К(ВОЗВИШЕНА) ДЕ(СВЕТЛИНА ДНЕВНА) НО(НАША) над Т(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. 22 Јуни е времето и празникот на ВОЗВИШЕНОСТА на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Тогаш денот е најголем и има најсилна и најголема доминација на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА на површината Земјата. Тој празник го нарекувале СВЕТИ КРСТ и СВЕТА БОГОРОДИЦА... СВЕТИ КРСТ - С(СВЕТЛИНАТА) ВЕ(БОЖЕСТВЕНА) над ТИ(ТЕМНИНАТА) К(ВОЗВИШЕНАТА) Р(СОНЧЕВА) С(СВЕТЛИНА) над Т(ТЕМНИНАТА) ПРОДОЛЖУВА


За 2014 година е предвиден раст на БДП од 3,2 проценти, на инфлацијата до 3,3 отсто, a дефицитот е проектиран на 3,5 проценти. Зборувајќи за ребалансот на буџетот за оваа година, Ставрески објасни дека се работи за мини ребаланс со кој се одвојуваат повеќе средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 1,34 милијарди денари, поради направената индексацијата, додека дополнителни средства се дадени на Министерството за образование и наука за набавка на лаборатории во вредност од 430 милиони денари.

В

ладата на 19 септември го утврди Предлог- буџетот за следната година, во кој има за 20 отсто повеќе средства за капитални инвестиции, како и мини ребаланс на буџетот за оваа година, информираше денеска вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. За 2014 година е предвиден раст на БДП од 3,2 проценти, на инфлацијата до 3,3 отсто, a дефицитот е проектиран на 3,5 проценти. Зборувајќи за ребалансот на буџетот за оваа

В Л А Д А ГО У Т В РД И П Р Е Д Л О Г- Б У Џ Е Т О Т З А 2 0 1 4

СТАВРЕВСКИ: ЗА 20 ОТСТО ПОГОЛЕМИ КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ

година, Ставрески објасни дека се работи за мини ребаланс со кој се одвојуваат повеќе средства за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 1,34 милијарди денари, поради направената индексацијата, додека дополнителни средства се дадени на Министерството за образование и наука за набавка на лаборатории во вредност од 430 милиони денари. Буџетот за следната година ќе изнесува 176,5 милијарди денари, од кои 16 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

планираните приходи се во висина од 158 милијарди и 200 милиони денари (за седум отсто повисоки од буџетот за оваа година), додека пак расходите се на ниво од 176,5 милијарди денари (исто така повисоки за седум отсто). Во буџетот се предвидени зголемувања на платите, пензиите и социјалните трансфери, како и на капиталните инвестиции и субвенциите за земјоделците. Пензиите, платите и социјалните надоместоци ќе е зголемат за пет отсто.


Комплексот „Македонско село“ лоциран во скопската населба „Нерези“ спорти манастирот „Св.Пантелејмон“ се простира на површина од 12.194 метри квадратни. Во него се наоѓаат 12 автентични куќи од различни региони на Македонија, како и други придружни содржини, меѓу кои два ресторани, музеј, сувенирница, портирница, мал амфитеатар за организирање конференции

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА Е КО Н О М И Ј А РАС П И Ш А О ГЛ АС СО К О Ј Ќ Е У Т В РД И Д А Л И И М А ИНТЕРЕС

КОМПЛЕКСОТ "МАКЕДОНСКО СЕЛО" ЌЕ СЕ ДАВА ПОД КОНЦЕСИЈА

М

инистерството за економија распиша оглас со кој ќе утврди дали има интерес од приватни концесионери за менаџирање и стопанисување со комплексот „Македонско село“. Целта е музејот на отворено „Македонско село“ да стане ексклузивна туристичка атракција поради што во соработка со заинтересираните субјекти ќе се конципираат целосно моделите и можностите за издавање под концесија. Комплексот „Македонско село“ лоциран во скопската населба „Нерези“ спорти манастирот „Св.Пантелејмон“ се простира на површина од 12.194 метри квадратни. Во него се наоѓаат 12 автентични куќи од различни региони на Македонија, како и други придружни содржини, меѓу кои два ресторани, музеј, сувенирница, портирница, мал амфитеатар за организирање конференции. Според огласот, во комплексот би се вршела хотелиерска, угостителска, туристичка и занаетчиска дејност, продажба на сувенири, како и производство на храна. 17 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013


П РА В О С Л А В Е Н Х Р И С Т И Ј А Н С К И МАНАСТИРСКИ КОМПЛЕКС ВО ТЕТОВСКО

Постоењето на манастирот може да се подели на два периода, кои се поврзуваат и година, кога манастирот се наоѓал на шарпланинската падина кај црквата „Свети Атанасиј“, и вториот период, започнат од 1600 година, па сè до денес, кој се однесува на денешната положба на манастирот, кај епископалниот храм на Успението на Пресвета Богородица. Стариот манастир се наоѓал северно од денешниот. Во соседството на манастирот се наоѓал средновековниот град Лешцек и помеѓу нив минувала Лешочка Река. Според површината, може да се заклучи дека манастирт бил мал, со мали конаци и келии, и со помала црква. Нему му припаѓал дворот околу црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што е лоциран сегашниот манастир, а кој од секогаш се нарекувал Епископски двор

ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР ОД ПЕПЕЛТТА ИЗНИКНА КАКО ФЕНИКС

Л

ешочкиот Манастир е православен христијански манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент, збогатен со чист планински воздух во т.н. Горно Лешочко маало во селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на Епископот Полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Кирил Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека.

Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар.

ИСТОРИЈАТ Постоењето на манастирот може да се подели на два периода, кои се поврзуваат и со двата негови локалитети. Првиот е периодот од 1321 до 1600 година, кога манастирот се наоѓал на шарпланинската падина кај црквата „Свети Атанасиј“, и вториот период, започнат од 1600 година, па сè до денес, кој се однесува на денешната положба на манастирот, кај епископалниот храм на Успението на Пресвета Богородица. Стариот 18 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

манастир се наоѓал северно од денешниот. Во соседството на манастирот се наоѓал средновековниот град Лешцек и помеѓу нив минувала Лешочка Река. Според површината, може да се заклучи дека манастирт бил мал, со мали конаци и келии, и со помала црква. Нему му припаѓал дворот околу црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што е лоциран сегашниот манастир, а кој од секогаш се нарекувал Епископски двор. Околу основањето и изградбата на манастирот, познати се две мислења: едното, посочено од преподобен Кирил Пејчиновиќ, вели дека манастирот е изграден од кнез Лазар, и


другото, дека првиот ктитор на манастирот е извесниот јеромонах Антониј, кој подоцна станува и прв Епископ Полошки. Втората теорија за генезата на манастирот е понудена во 1927 година, кога монахот Теодорит, расчистувајќи ја и откопувајќи ја тогаш разурнатата црква „Свети Атанасиј“ во стариот манастир го пронашол саркофагот на ктиторот на црквата и конаците. Со поновите истражувања се разоткрива дека црквата, а со тоа и манастирот, се градени во периодот 1321-1331 година. Манастирот навистина бил мал, но многу значаен за духовната клима во Полог, еден вид на полошки Ерусалим, кој претставувал епископски центар и во него се школувале голем број на идни монаси и свештеници. За ова сведочи и откривањето на трите епископски гробници, внатре во црквата. Манастирот, без големи пречки, опстојувал до средината на 17 век. По овој период опасностите по животот на монашкото братство се зголемиле поради многуте арамиски напади, поради што СкопскоПолошкиот Епископ Никанор ги повикал монасите да се спуштат во Епископскиот двор. Вториот период од постоењето на манастирот може да се подели на два под-периоди, и тоа: од 1600 до 1690 година, и вториот од 1818 година, до денес. Во првиот под-период, манастирот бил под јурисдикција на Епископот Никанор; со повелкувањето на монасите од стариот манастир, во дворот на Епископскиот храм на Пресвета Богородица изградил конаци, а во самиот храм доградил припрата. Околу положбата на конаците и

нивната големина не се знае многу затоа што биле срушени во 1690 година. Дворот на храмот бил заграден и му биле ставени четири врати. По завршувањето на Австро-турската војна и повлекувањето на Австријците од просторите на Полог во 1690 година, муслиманското население осветнички се нафрлило на помесното христијанско население и двете манастирски цркви (старата и новата) со се конаците биле целосно разурнати, заедно со неколку други манастири и цркви во полошкиот регион.

ПОВЕЌЕПАТИ САРДИСАН Запоставениот манастир бил во урнатини цели 128 години, сè до неговото обновување во 1817/18 година од страна на јеромонахот, подоцна и игумен Лешочки Кирил Пејчиновиќ. Неговиот голем подвиг започнал како речиси невозможна мисија во период на крајна културна и комуникациска изолација на македонското христијанско население во времето на крајна материјална беда; со крајни напори и помош од поединци, успеал да го заврши својот свет подвиг, и да го обнови духовното полошко светилиште. Во подвигот, една група на луѓе му помагала, но не биле ни мал број ни оние кои со сите сили се труделе да му одмогнат на хиландарскиот свештеномонах. Но сепак тој успеал и на крајот, ја оставил и следната порака до идните генерации: „... чуајте ги обичаите, чуајте а верата и никоаш немојте да ми го забраете мојов манастир...“ “ Во манастирскиот комплекс впе19 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

чатлива е црквата „Пресвета Богородица“, градена во далечната 1326 година како и црквата Свети Атанасиј. Манастирската црква на Пресвета Богородица се наоѓа во североисточниот дел на дворот од денешниот Лешочки манастир и претставува една од најстарите сочувани цркви во Полог. Според историските извори, црквата била изградена на постаро култно место, во византискиот период, кога Лешок бил градска населба. Црквата била приклучена кон Охридската Архиепископија во 1019 година од страна на Василиј II. Црквата се споменува и во 1326 година, а била возобновена во 1641 година и живописана во 1646 година. Постојат сведоштва за нејзино повторно делумно обновување во 1879 година. За обновата на црквата се дознава од сочуваниот натпис во фрескотехника, што се наоѓа на западната врата од внатрешната страна. Во него се вели дека во времето на игуменот архимандрит Силвестер, со помош на други свештеници, кои се појавуваат како ктитори, црквата е обновена на 8 мај 1879 година, од раката на зографот Михаил Ѓурчинов и Панојот од Галичник. Храмот има голема историска и духовна вредност. Во неговата внатрешност особено внимание привлекува фреската „Страшниот суд“ - како ретка композиција на народниот гениј. Над влезната врата од внатрешна страна на сите предизвици им пркоси „Сонцето од Куклиш“, обликувано од тули. Во средиштето на овој манастирски комплекс, со сиот раскош се протега и црквата „Св. Атанасиј“. По разурнувањето во 2001 година, обновата покажа дека храмот е граден на темели на стара црква, што како трага видно е обележана при обновата. Со изградбата на новата манастирска црква на Свети Атанасиј Велики и нејзиното осветување во 1936 година, оваа црква повеќе не се користела за свети богослужби и почнала постепено да се запушта. Во 50-тите години Заводот за заштита на културноисториските споменици изврши градежна интервенција за да не дојде до поголеми оштетувања, бидејќи црквата била во многу лоша состојба. Дополнително обновување на манастирот е извршено од 1965 година до 1968 година, под раководство на игуманијата Меланија, а во поново време истото е сторено од несебичните заложби на епархискиот Ахиереј г. Кирил.


К РА Л И Ц А Н А Р О М С К АТА П Е С Н А СО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ - За Есма Реџепова може да се зборува многу. Таа е веќе лесно препознатлив македонски бренд. Не постои континент и нема земја која Есма ја нема освоено со својата песна, со својот раскошен глас, со својот темперамент. Голема и неповторлива, кралицата на ромската песна живее со репутацијата на светски уметник со импозантна кариера. Повеќе од осум илјади концерти, настапи на над 15 јазици, издадени преку 60 албуми ова се основните контури на уникатноста кои ја прават Есма Теодосиевска единствена, рече министерката за култура

ЕСМА "НАЦИОНАЛЕН УМЕТНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА"

Е

страдната дива, кралицата на ромската песна Есма Реџепова-Теодосиевска денеска ја прими титулата „Национален уметник на Република Македонија“, која и ја врачи претседателот Ѓорге Иванов. Тоа е највисоко признание во културата кое им се доделува на личности што придонеле за афирмација на Република Македонија во светот. Реџепова има богата и меѓународна музичка кариера која непрекина-

то трае 55 години, но титулата и се доделува и за нејзината хуманост и за подобрувањето на социјалниот живот на Ромите, зашто со сопругот Стево Теодосиевски се грижела за 47 бездомни ромски деца и го сменила нивниот живот.

Македонија“, на свеченото врачување на титулата рече дека признанието е благодарност за нејзината мисија на врвен уметник и културен амбасадор на државата. - Од најраната младост, Есма постојано и безрезервно не дарува сите нас со својата музика, хуманост и љубов. Со ОРДЕН својата прекрасна музика, таа Претседателот Иванов, кој допира до срцата на многумина пред три години ја одликуваше и во земјата, но и надвор од Есма и со „Орден за заслуги на 20 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013


неа. Со секоја испеана песна, снимена плоча и одржан концерт, таа ни овозможува одново да уживаме во нејзиниот уникатен глас, но и во хуманата порака што ни ја пренесува. Музиката на Есма е музика на Македонија, на нашето многуетничко, многујазично и многурелегиско општество. Тоа е музика што поврзува наместо да одвојува... Есма ги надминува границите на семејството. Ангажирајќи се за подобрување на економската и социјалната состојба на Ромите, таа стана симбол на целата ромска заедница како нераскинлив дел на македонското општество, рече Иванов.

МАКЕДОНСКИ БРЕНД Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека Есма Реџепова со своите бројни изведби и креации, со талентот и умешноста

создала вредности кои, рече таа, се наш печат за идентификација со светот. - За Есма Реџепова може да се зборува многу. Таа е веќе лесно препознатлив македонски бренд. Не постои континент и нема земја која Есма ја нема освоено со својата песна, со својот раскошен глас, со својот темперамент. Голема и неповторлива, кралицата на ромската песна живее со репутацијата на светски уметник со импозантна кариера. Повеќе од осум илјади концерти, настапи на над 15 јазици, издадени преку 60 албуми - ова се основните контури на уникатноста кои ја прават Есма Теодосиевска единствена, рече министерката за култура. Есма Реџепова-Теодосиевска задоволна од одлуката нејзе да и биде доделено високото признание се заблагадори на нејзината менаџерска куќа што ја предложила за наградата, а 21 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

на Владата на РМ и на министерката Канческа-Милевска за тоа што прават да се вреднува трудот на уметниците и тие да бидат среќни. Нагласи дека признанијата треба да доаѓаат за време на животот и нив ги посака и за своите колеги и пријатели што присуствуваа на свеченоста. - Многу сум среќна денеска. Имам многупати изјавено дека кога ќе умрам не сакам ништо да ми се прави, тоа сакам да го видам сега, додека сум жива. Јас сум едно големо дете на Македонија, а во суштина многу мала и многу приземјена. Сакам живот со народот, со сите сограѓани во Македонија, додаде Есма. Реџепова е трет носител на титулата Национален уметник, која ја имаат и пијанистот Симон Трпчески и режисерот Милчо Манчевски. Наградата е доживотен паричен надомест од 60 илјади денари месечно.


, , B LU E S & S O U L F E S T I VA L , , Во месец септември во светот на музиката се случи Блуз анд соул фестивалот кој веќе 18 години пулсира кај љубителите на специфичниот звук и ритам-блузот. Корените на овој тродневен фестивал ги наоѓаме во гостувањата на Lary Coriel, Mick Taylor & All Star Blues Band. Интересот на публиката со прифаќањето и поддршката на овие програми доведоа до сопствена концепција на овој дел од музичкото живеење на Скопје, а со концентрацијата на концертите во еден определен период доведе до формирање на посебна манифестација

ТРИ ВЕЧЕРИ УЖИВАЊЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БЛУЗЕРИ В

о месец септември во светот на музиката се случи Блуз анд соул фестивалот кој веќе 18 години пулсира кај љубителите на специфичниот звук и ритам-блузот. Корените

на овој тродневен фестивал ги наоѓаме во гостувањата на Lary Coriel, Mick Taylor & All Star Blues Band. Интересот на публиката со прифаќањето и поддршката на овие програми доведоа до 22 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

сопствена концепција на овој дел од музичкото живеење на Скопје, а со концентрацијата на концертите во еден определен период доведе до формирање на посебна манифестација. Така


фестивал 2013 ќе се одржи на 20, 21 и 22 септември во Универзалната сала во Скопје.

ТРИ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ

во 1996 година заживеа новиот музички фестивал во Македонија, Блуес & Соул Фестивал. Првиот фестивал во 1996 година беше посветен на гостите од странство: Candy Dulfer & Funky Stuff, Joao Bosko, Billy Cobham Group и Lucky Peterson Blues Band. Во годините потоа следуваа гостувањата на: The Temptations, Blues Company,Vasil Hadimanov Band, Louisiana Red,Todd Sharpville Band, Mick Taylor, Kimbiza, Tony Vega Band, и многу други познати светски имиња.

КУЛТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА Промовиран во сега далечната 1996 година, со холандската саксафонистка Кенди Далфер и Бразилецот Жоао Боско како носители на програмата, Блуз и соул фестивалот во изминативе 18 години како културна манифестација израсна во вистински празник за љубителите на овој жанр во цела Македонија. Запазен е и високиот квалитет на учесниците: сите тие се врвни во она што го прават, со што придонесуваат овој фестивал да се вбројува во еден од најдобрите во Европа. Фестивалот веќе има традиција во претставување различни блуз жанрови преку најдобрите ре-

презенти од целиот свет од кои некои се сметаат за живи легенди на блузот. Но, по нешто повеќе од деценија и половина „Блуз и соул фестивал“минатата година по прв пат се обиде да го анимира вниманието на јавноста како самостоен фестивал кој за термин на своето одржување ја одбра средината на септември и тоа во Универзалната сала - и успеа. Шеснаесет години ова музичко случување му даваше особен белег на Скопско лето, но минатата година изданието на Блуз и соул фестивалот беше последното кое се одвиваше во рамките на Скопско лето бидејќи од септември следната година организаторот - Комисијата за култура на град Скопје го најави негово осамостојување што претпоставуваше збогатување на програмата и нејзино одвивање во уште неколку дена. Така она што неколку години наназад беше само убава желба на групата ентузијасти, Дирекцијата за култура и уметност и љубителите на блузот во земјава конечно станува реалност. Настапија групи од Македонија, Шведска и Соединетите држави, а концертите во Универзалната сала. Тоа беше прво издание на манифестацијата во нов термин и надвор од рамките на Скопско лето. Годинава Блуз и соул 23 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

Од Дирекцијата за култура и уметност, која и оваа година се јавува како организатор, истакнаа дека и овој пат публиката имаше можност да ужива во три фестивалски вечери со добра свирка. Овој пат на програмата беа неколку блуз-имиња од Европа и од Америка и еден домашен изведувач. Македонската блуз-сцена ја претставија младиот прилепчанец Давид Нешкоски и неговото трио, кои го отворија фестивалот. Програмскиот селектор на Фестивалот Васја Ивановски истакна дека Фестивалот донел врвни светски имиња што, им дава чувство на задоволство. Тој изрази надеж дека Фестивалот во иднина ќе се подигне на уште поголемо ниво. Како што веќе спомна селекторот на програмата, фестивалот беше отворен со настап на Давид Нешкоски трио, кој претходно рече дека блузот е неизбежен дел од неговото музицирање. Давид е млад и талентиран блуз-гитарист од Прилеп, а веќе го објави и својот деби-албум. Покрај соло-кариерата, Давид паралелно свири и во еден од најстарите блуз-состави во Македонија, прилепски „Крос оувер блуз бенд“. Блуз анд сол фестивалот им дава убава можност на љубителите на блузот и тоа во живо да уживаат, во звуците и на познатите блуз мајстори, но и на млади музичари кои се се уште на стартот на својата кариера. Убаво е да се видат и слушнат додека се на почетокот... затоа што потоа, не се знае, можеби ќе станат мега ѕвезди кои тешко ќе се донесат повторно, нели!!!


М А Р С Е Ј , Ф РА Н Ц И Ј А Во музејот „Куќа на занаетчиството и уметничките занаети“ во Марсеј на 5 септември свечено беше отворена изложбата „Традиционални носии и накит од Македонија“ на НУ Музеј на Македонија.

В

о музејот „Куќа на занаетчиството и уметничките занаети“ во Марсеј на 5 септември свечено беше отворена изложбата „Традиционални носии и накит од Македонија“ на НУ Музеј на Македонија. Изложбата, која е во рамки на македонското претставување во Марсеј - градот кој годинава го носи епитетот „европска престолнина на културата“, ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Во обраќањето пред многубројните посетители, соопшти Министерството за култура, таа истакна дека е ова извонредна можност за граѓаните и посетителите на Марсеј да се запознаат со македонското богатство од рачно изработени носии кои ги отсликуваат македонската традиција и македонските обичаи. На отворањето на изложбата му претходеше настапот на македонскиот перкусионист Зоран Маџиров, кој на оригинален начин, преку музицирањето на шишиња, ги обедини ритмите на македонската традиционална музика со класичната музика и со џезот, предизвикувајќи воодушевување придружено со бурен аплауз од многубројната публика. Отворањето на изложбата

ИЗЛОЖБА "ТРАДИЦИОНАЛНИ НОСИИ И НАКИТ ОД МАКЕДОНИЈА"

„Традиционални носии и накит од Македонија“ и настапот на Зоран Маџиров предизвикаа голем интерес 24 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

и кај медиумите, кои во голем број ја проследија презентацијата на македонската култура.


Sudstvo

СЛУЧАЈ СМИЉКОВЦИ

- Нема сомнение дека убијци, луѓе обвинети за ѕверски убиства, ќе бидат предадени и ќе платат за нивните злосторства. Се работи за техничко прашање, кое не би сакале да се политизира или да се каже дека Косово не сака да ги предаде овие луѓе. Косово само сака да го заврши процесот почнат во Косово, за поседување оружје, а потоа веднаш ќе ги испорача таму каде што треба да одговараат за други злосторства кои ги извршиле. Не се работи за политичко, за етничко прашање или за одбивање да се соработува, туку е техничко прашање на веќе почнат процес во Косово, иако ова второто злосторство е далеку посериозно од илегално поседување оружје, изјави Селими во Вашингтон

ОБВИНЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ЕКСТРАДИРАНИ ПО СУДЕЊЕТО НА КОСОВО

А

лил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата првоосомничени за убиството на четирите момчиња кај Смиљковско Езеро минатата година, ќе бидат екстрадирани од Косово штом заврши судскиот процес против нив за поседување оружје. Ова го изјави косовскиот заменик министер за надворешни работи, Петрит Селими, на конференција во Вашингтон. Демири и Исмаиловиќ во март беа уапсени

на Косово. - Нема сомнение дека убијци, луѓе обвинети за ѕверски убиства, ќе бидат предадени и ќе платат за нивните злосторства. Се работи за техничко прашање, кое не би сакале да се политизира или да се каже дека Косово не сака да ги предаде овие луѓе. Косово само сака да го заврши процесот почнат во Косово, за поседување оружје, а потоа веднаш ќе ги испорача таму каде што треба да одговараат за други 25 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 780 / Септември 2013

злосторства кои ги извршиле. Не се работи за политичко, за етничко прашање или за одбивање да се соработува, туку е техничко прашање на веќе почнат процес во Косово, иако ова второто злосторство е далеку посериозно од илегално поседување оружје, изјави Селими во Вашингтон. Тој подвлече дека екстрадицијата ќе се случи веднаш по судењето во Косово, а дотогаш косовската Влада не може да се меша во судскиот систем.


780  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you