Page 1

Macedonian Sun

ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

S NCE ИЗЛЕГУВА ЕДНАШ МЕСЕЧНО

WEB EDITION

Година XVIII, Број 777, Јуни 2013

MONTHLY EDITION

ИВАНОВ: ЕВРОПА БЕЗ МАКЕДОНИЈА Е НЕЗАВРШЕН ПРОЕКТ

WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ WEB EDITION WEB ИЗДАНИЕ

MONTHLY EDITION

www.makedonskosonce.com

Macedonische Sonne Soleil Macedоnien

ФИЛЕ: С ЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ Е К ЛУЧЕН ЧЕКОР ЗА ЧЛЕНС ТВО ВО ЕУ

ОДЕ ЛНИ СРЕДБИ НА МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ СО БАН КИ МУН И С О М Е Д И АТ О Р О Т НИМИЦ ШРАМАЈЕР: РЕШАВАЊЕ НА НАМЕТНАТИОТ СПОР САМО СО ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ


Makedonskata Saga "Samo sonceto e postaro od Makedonija"

Bra}a i sestri, raska`uvajte ja bibliskata vistinska prikazna za Makedonija Makedonija

e edna!!!

Лидерот на владејачката партија на партискиот јубилеј јасно повика дека е време Македонија да направи анализа на среден и на долг рок, како и да се постигне општествен компромис за државата да се справи со ваквата ситуација, потег со кој треба и Социјалдемократите да подадат рака. Аналитичарите велат дека во овој момент не е потребен некој формален консензус, но потребно е машки да се пресече што понатаму ќе правиме во спорот со наметнатиот спор со јужниот сосед, кој очигледно ни е пречка за интегрирање. Велат- јужнососедско-македонските односи се проблематични во нивната политичка димензија поради наметнатиот спор од страна на Атина, но економската димензија сепак останува во рамките на добрососедски односи. Она што сега треба да се направи во една ваква ситуација, кога со години сме блокирани во зачленувањето во Унијата, е Владата да одлучи дали ќе го решава спорот со јужниот сосед или не. Ако не го решава, тогаш треба машки да застане и да преземе конкретни чекори за тоа, како што е прекин на преговорите и јасно да каже зошто тоа го правиме, односно да укаже на аргументите за заштита на националните интереси бидејќи де факто тие ќе бидат нарушени со промената на името. За тоа не е потребен којзнае каков компромис, туку одлучност. Со нив потполно би се сложил. И СДСМ, во овој случај треба да биде на заедничка линија со власта, затоа што сепак се работи за нашата заедничка Македонија. Покрај сите досега направени позитивни исчекори на внатрепартиско поле и покажување конструктивност, овој пат кога се работи за името како национален интерес треба да сме заедно. Никој од лидерот на опозицијата не бара патриотски ,,чукање во гради,,туку елементарен сенс за зачувување на националните и државни вредности. Господа! Македонци! Ајде овој пат да бидеме на иста бранова должина. Да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината, да не дозволиме некој да преговара, заговара, за нашето име Македонија. Сега во овој момент најбитно нешто е да се најдат најбитните и конкретни одговори во борбата против очигледната неправда што и се прави на Македонија. Треба заеднички, со сите сили да се сплотиме за доброто на Македонија без никави преговори и разговори. Треба да бидеме единствени во прифаќањето на вистината – Македонија е една и единствена, наша Македонска.

\or|ija - Xorx Atanasoski


Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на обраќањето на Самитот на шефови на држави и влади од Централна Европа што се оддржа во Братислава на 13-14 јуни, ги повика лидерите на земјите членки на Еропската унија да направат чекор напред на самитот на европскиот совет за две недели. Според Иванов Европската унија треба уште да работи и да се проширува за да може да зборува во името на Европа. ЕУ без нашиот регион, без секоја од нашите земји, вклучително и Република Македонија е незавршен проект

П Р Е ТС Е Д АТ Е Л О Т Н А РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЃОРЃЕ ИВАНОВ:

ИВАНОВ: ЕВРОПА БЕЗ МАКЕДОНИЈА Е НЕЗАВРШЕН ПРОЕКТ

П

ретседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на обраќањето на Самитот на шефови на држави и влади од Централна Европа што се оддржа во Братислава на 13-14 јуни, ги повика лидерите на земјите членки на Еропската унија да направат чекор напред на самитот на европскиот совет за две недели. Според Иванов Европска-

та унија треба уште да работи и да се проширува за да може да зборува во името на Европа. ЕУ без нашиот регион, без секоја од нашите земји, вклучително и Република Македонија е незавршен проект. “Регионот на Југоисточна Европа полека, но сигурно закрепнува од периодите на изолација, поделби и конфликти што ја одбележаа 03 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

последната деценија на 20. век. Регионот повторно се обединува и се интегрира кон нашиот заеднички дом – Европа. Се градат транспортни, инфраструктурни и енергетски коридори. Се развиваат индустриски капацитети. Се разгранува и се продлабочува протокот на луѓето, стоките, капиталот и услугите. Се градат мостови на разбирање“, додаде петседателот Иванов.


“Република Македонија има интерес овој вештачки наметнат спор да биде разрешен и е подготвена да продолжи со конструктивниот пристап во процесот под покровителство на Обединетите нации”, рече министерот Попоски по средбата со Нимиц. Надминувањето на овој две децениски спор оцени министерот, ќе има позитивно влијание и ќе е од суштинско значење како за Република Македонија и за Република Грција, така и за целиот регион.

П

рвиот човек на македонската дипломатија Никола Попоски ја заврши посетата на Њујорк каде се сретна со првите луѓе опфатени со сопорот кој го има Грција со името на Република Македонија, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун како и со медиаторот во спорот Метју Нимиц. “Република Македонија има интерес овој вештачки наметнат спор да биде разрешен и е подготвена да продолжи со конструктивниот пристап во процесот под покровителство на Обединетите нации”, рече министерот Попоски по средбата со Нимиц. Надминувањето на овој две децениски спор оцени министерот, ќе има позитивно влијание и ќе е од суштинско значење како за Република Македонија и за Република Грција, така и за целиот регион. На средбата со Генeралниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун беше констатирана незаинтересираноста од првата страна во наметнатиот спор, а во услови на продолжено прекршување на обврските од Времената спогодба и основните човекови права. “Република Македонија има стратешки интерес да ги негува одно-

П Р В И О Т Ч О В Е К Н А М А К Е Д О Н С К АТА Д И П Л О М АТ И Ј А Н И К О Л А П О П О С К И Ј А З А В Р Ш И П О С Е ТАТА Н А ЊУЈ О Р К

ОДЕЛНИ СРЕДБИ НА МИНИСТЕРОТ ПОПОСКИ СО БАН КИ МУН И СО МЕДИАТОРОТ НИМИЦ сите со својот јужен сосед и тоа го прави дури и во услови на продолжената и бесправна блокада. Тоа ќе продолжиме да го правиме. Сепак, јасно е дека покрај одличните односи на практична ниво, првата 04 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

страна во наметнатиот спор не покажува знаци на мотивираност ниту за надминување на спорот, ниту пак за примена на преземените обврски и меѓународното право,” изјави министерот Попоски.


Правната порака е јасна: Атина да ја респектира пресудата од Хаг и да не го блокира НАТО и ЕУ членството. Ова го истакна поранешнито германски амбасадор во Македонија Клаус Шрамајер осврнувајќи се на грчкомакедонскиот спор околу името пред научната публика на универзитетот во Лајпциг на 19.06.2013. Според него сигурно е дека сите учесници еден ден ќе се чудат поради каква баналност биле раскарани. Но, за жал обичните луѓе, повеќе од политичарите, страдаат поради спорот со името

М

ора да се признае уставното име на Република Македонија. Правната порака е јасна: Атина да ја респектира пресудата од Хаг и да не го блокира НАТО и ЕУ членството. Ова го истакна поранешнито германски амбасадор во Македонија Клаус Шрамајер осврнувајќи се на грчко-македонскиот спор околу името пред научната публика на универзитетот во Лајпциг на 19.06.2013. Според него сигурно е дека сите учесници еден ден ќе се чудат поради каква баналност биле раскарани. Но, за жал обичните луѓе, повеќе од политичарите, страдаат поради спорот со името. “Од решението зависи развојот не само на Македонија, туку и на целиот регион“, рече Шрамајер додавајќи дека Скопје ги исполни сите барања на Грција од 1992, а не доби ништо освен илегалното име ФИРОМ. “Расправијата околу името меѓу Македонија и Грција која трае повеќе од дваесет години

М О РА Д А С Е П Р И З Н А Е У С ТА В Н О Т О И М Е Н А РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ШРАМАЈЕР: РЕШАВАЊЕ НА НАМЕТНАТИОТ СПОР САМО СО ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ

стана толку сериозна, а практично е непотребна и апсурдна! Колку повеќе се занимавам со Балканот, толку повеќе сум убеден дека е ирационалност и психо-патолошки проблем на Грција, кој тешко може да им се 05 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

објасни на западните земји. Кога веќе дискутираме за името на Македонија, во оваа прилика Грција би можел да ја наречам Поранешна османлиска провинција Хелас“, истакна Клаус Шрамајер.


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаa договoр за претседателот на ад хок комисијата која треба да ги расчистува настаните од 24 декември, информираа двете партии преку соопштение. „Со задоволство истакнуваме дека е најдено решение за претседател на Комисијата што ќе ги истражи настаните од 24 декември. Тоа е проф. д-р Борче Давитковски, актуелен декан на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател кој е домашен експерт и високо почитуван во професијата и во јавноста

П Р О Ф Е СО Р О Т Н А П РА В Н И О Т ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ,

БОРЧЕ ДАВИТКОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА “АД ХОК“ КОМИСИЈАТА ЗА НАСТАНИТЕ ОД 24 ДЕКЕМВРИ

П

рофесорот на Правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, ќе претседава со Комисијата која треба да ги расветли случувањата пред, за време и по настаните од 24 декември. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ постигнаa договoр за претседателот на ад хок комисијата која треба да ги расчистува настаните од 24 декември, информираа двете партии преку соопштение. „Со задоволство истакнуваме дека е најдено решение за претседател на Комисијата што ќе ги истражи настаните од 24 декември. Тоа е проф. д-р Борче Давитковски, актуелен декан на правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот "Св. Ки-

рил и Методиј" во Скопје. Особено радува фактот што компромисното решение подразбира избор на претседател кој е домашен експерт и високо почитуван во професијата и во јавноста. Очекуваме Комисијата ефикасно да работи и брзо да излезе со свои заклучоци за 06 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

спорните настани. Ова е основа за нормализирање на политичкиот дијалог во Македонија и нов поттик за евроинтегративниот процес во земјава“, стои во соопштението. Европската комисија ја поздрави веста дека конечно е постигнат договор за составот на Комисијата.


“И натаму постои опасност државната власт да се користи против слободата на изразување, што тешко ги погодува новинарите, особено оние со мали средства“, додаде еврокомесарот Филе. На конференцијата свое излагање имаше и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. “Ќе продолжиме со максимален ангажман да се унапреди дијалогот со новинарите и медиумите со цел постигнување на Европските стандарди и почитување на уставните одредби за гарантирање за слободата на изразувањето”, рече Бесими

В Л АС Т И Т Е М О РА Д А Г И З А Ј А К Н АТ Н А П О Р И Т Е Д А С Е И С Т РА Ж АТ Н О В И Т Е И П О РА Н Е Ш Н И Т Е С Л У Ч А И Н А НАСИЛСТВО ВРЗ НОВИНАРИТЕ

"

ФИЛЕ: СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ Е КЛУЧЕН ЧЕКОР ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ С лободата на медиумите е клучен дел од преговорите за членство во Европската унија“, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе зборувајќи на собирот за слобода на изразувањето и на медиумите “Speakup2“ што се оддржа во четвортокот (21.06.2013) во Брисел. Според него Властите мора да ги зајакнат напорите да се истражат новите и поранешните случаи на насилство врз новинарите.

“И натаму постои опасност државната власт да се користи против слободата на изразување, што тешко ги погодува новинарите, особено оние со мали средства“, додаде еврокомесарот Филе. На конференцијата свое излагање имаше и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. “Ќе продолжиме со максима07 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

лен ангажман да се унапреди дијалогот со новинарите и медиумите со цел постигнување на Европските стандарди и почитување на уставните одредби за гарантирање за слободата на изразувањето”, рече Бесими. На конференцијата присуствуваа околу 450 учесници од меѓународни, регионални и национални организации од областа на слободата на изразувањето, како и новинари, и медиумски аналитичари.


АНТИЧКИОТ MАКЕДОНСКИ ЈАЗИК АНТИЧКОТО МАКЕДОНСКО ПРАВОСЛАВИЕ VIII ДЕ Л ПРАВОПИС ПРВИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВТОРИОТ АНТИЧКИ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

СОНЧЕВИТЕ БУКВИ СОНЧЕВАТА АЗБУК А СОНЧЕВИЈОТ ЈАЗИК 1. Р = СОНЦЕТО = РА, РЕ, РИ, РО, РУ, Р, 2. С = СВЕТЛИНАТА = СА, СЕ, СИ, СО, СУ, С, 3. Д = ДЕНОТ СВЕТЛИНАТА = ДА, ДЕ, ДИ, ДО, ДУ, Д, 4. В = БОГОТ, БОЖЕСТВЕНОСТА = ВА, ВЕ, ВИ, ВО, ВУ, В, 5. К = ВОЗВИШЕНОСТА = КА, КЕ, КИ, КО, КУ, К, 6. Ф = ЗРАЧЕЊЕТО = ФА, ФЕ, ФИ, ФО, ФУ, Ф, 7. З = ЗОРАТА, ЗАЗОРЕНОСТА = ЗА, ЗЕ, ЗИ, ЗО, ЗУ, З, 8. Б = ЗЕМЈАТА = БА, БЕ, БИ, БО, БУ, Б, 9. Л = ЛУЃЕТО, ЛЈУДНОСТА = ЛА, ЛЕ, ЛИ, ЛО, ЛУ, Л, 10. Г = ГОЛЕМИНАТА = ГА, ГЕ, ГИ, ГО, ГУ, Г, 11. Ј = ВНАТРЕШНОСТА, АУРАТА = ЈА, ЈЕ, ЈИ, ЈО, ЈУ, Ј, 12. М = МОЕ, МОЈЕТО = МА, МЕ, МИ, МО, МУ, М, 13. Н = НАШЕ, НАШЕТО = НА, НЕ, НИ, НО, НУ, Н, 14. Х = СЕГАШНОСТА = ХА, ХЕ, ХИ, ХО, ХУ, Х, 15. Ж = ПРОСТОРОТ = ЖА, ЖЕ, ЖИ, ЖО, ЖУ, Ж, 16. Ш = СОЕДИНЕНИЕТО = ША, ШЕ, ШИ, ШО, ШУ, Ш, 17. Ц = ЦЕНТАРОТ = ЦА, ЦЕ, ЦИ, ЦО, ЦУ, Ц, 18. Ч = ЧЕЛНОСТА = ЧА, ЧЕ, ЧИ, ЧО, ЧУ, Ч, 19. П = ОДНОВО = ПА, ПЕ, ПИ, ПО, ПУ, П, 20. Т = ТЕМНИНАТА = ТА, ТЕ, ТИ, ТО, ТУ, Т, 21. А = ВРЗ, НАД 22. Е = Е.., или ЕВЕ 23. И = И.., 24. О = О.., или ОКОЛУ 25. У = ВО РА – Сонцето како фактичка состојба. РЕ – Сонцето во идејна смисла, почеток на циклус РИ – Сонцето во почетен циклус, РО – Сонцето во реализирачки циклус РУ – Сонцето во завршеток на циклусот, кон својот залез Р – Сонцето како фактичка состојба

Во древната Македонија, древните Македонци верници по учењето на Религијата на Сонцето или по ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА, по древниот македонски јазик, подоцна и Светски јазик, кој е јазикот на аурата Сончева на Небото и на Земјата или Светото писмо, небеското космичко тело, кое е Сонцето со својата СВЕТЛИНА БОЖЕСТВЕНА, како позитивност на Небото и на Земјата и како дел од неа вграден и во аурите на луѓето религијата на сонцето ја нарекувале со слогот РА - СОНЦЕТО. РЕЛИГИЈАТА Старите, древни Македонци, верници во старата Македонија, ја создадоа ВЕРАТА како наука и учение, со која се искажува состојбата на имањето на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата по место и време на постоење на површината на Земјата. Имитирајќи и поддржувајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), старите Македонци, во старата Македонија, ја создадоа РЕЛИГИЈАТА како пракса нивна со изградбата на одредено позитивно ниво на аурите Лични, Семејни, Колективни и на Народната, која изградба е генерациска по место и време на живеење. Со таа изградба тие ја имале религиозната, божествена состојба на својте аури, како носители на РЕ(СОНЦЕТО) ЛИ(ЛЈУДСКО) ГИ(ГОЛЕМО) ЈА(ВНАТРЕШНО) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во луѓето по место и време на живење, постоење на површината на земјата. Имитирајќи и поддржувајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), старите Македонци, во старата Македонија, со РЕЛИГИЈАТА како пракса го имитирале и поддржувале ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Земјата во неговите три вечни основни закони, принципи, правила, завети на постоењето на 1. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА 2. СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ 3. ПРИНЦИПОТ НА ЦЕНТАРОТ. 2. ЗАКОН: СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ Според учењето и начинот на живеење на Земјата по Религијата на Сонцето со јазикот на светлината на аурата Сончева, а тоа е СВЕТОТО ПИСМО или стариот македонски јазик, популарно наречна ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, старите Македонци, верници, правеле имитација и поддржување на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) придржувајќи се на неговиот втор и основен природен закон, правило, принцип, нарекуван СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ. ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) со остварувањето на својот прв природен закон, како дејство и состојба на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ДОМИНАЦИЈА, го прави својот втор природен закон на постоењето


По Книгата: Првиот и Вториот антички Македонски јазик – СВЕТОТО ПИСМО Пишува: Атанас Пчеларски на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ. Со почетокот на секој нов денски и годишен циклус на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), почнува и чинот на илузорното, но, видливо, транспарентно возвишување и ВОЗВИШЕНОСТ на небескиот свод, купола во своите највисоки и најголеми кулуминациски точки на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ. Денската, СВЕТЛА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, како највисока кулуминациска точка на небескиот свод, купола на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), е во 12 часот на пладне. Годишната СВЕТЛА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ, како највисока кулуминациска точка на небескиот свод, купола на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), е на 22 јуни во 12 часот на пладне. Во тие два чина, како дејство и состојба на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на небескиот свод, купола како дневна, во 12 часот, и како годишна, на 22 јуни во 12 часот, е и постоењето најсилни и најголеми процеси на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на светло позитивно астрално Божествено зрачење со СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА, на светлина и топлина кон површината на Земјата од географската положба на Македонија. ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), со почетокот на секој нов денски и годишен циклус, почнува и чинот на илузорното, но видливо транспарентно возвишување и ВОЗВИШЕНОСТ на небескиот свод, купола, од кои има и најсилни светло позитивни, астрални Божествени зрачења на Земјата. Така, старите Македонци и верници и верниците по светот го имитирале, поддржувале, почитувале ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во тој негов природен закон на постоењето на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ на аурите: Лични, Семејни, Колективни, како и на Народната, Светската со кои имале силни светло позитивни астрални Божествени зрачења по место и време на постоење, живеење на Земјата. Со секој нов, денски и годишен циклус на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), како еден и ист вечен процес на ОДНОВО и ОДНОВО, спроведување на РИТУАЛОТ негов вечен Небески и Земен, продолжува неговиот пат по патот на светлината, позитивноста, вистината по небескијот свод, купола, кој е пат на ВОЗВИШУВАНЈЕ од источниот хоризонт кон највисоката дневна точка на ВОЗВИШЕНОСТ на небескиот свод или купола над Земјата која е 12 часот на пладне, а со кој чин и негово дејство ја има религиозната состојба и значење на зборот ПАТЕКАТА вечна Небеска на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ). Следејќи и имитирајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) во неговиот вечен пат по патот на светлината, позитивноста, вистината, така и старите древни антички Македонци верници и верниците по Светот, со својот животен пат, по патот на светлината, позитивноста, вистината, која е ПАТЕКАТА нивна животна, ги постигнувале своите генерациски светло позитивни нивоа на светла, позитивна астрална ВОЗВИШЕНА БОЖЕСТВЕНА СВЕТЛИНА во аурите: Лични, Семејни, Колективни на Народната и Светската по место и време на живеење, постоење на Земјата. Зборот ПАТЕКАТА ја има религиозната состојба на

аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на ПА(ОДНОВО) над ТЕ(ТЕМНИНАТА) КА(ВОЗВИШЕНОСТА) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. Со постоењето на тоа место на СВЕТЛАТА ПОЗИТИВНА ВОЗВИШЕНОСТ на Небескиот свод, купола, а над површината на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на денското, које е 12 часот напладне, и на годишното, кое е 22 јуни во 12 часот, од каде и има најсилни процеси на светлото позитивно зрачење на СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА и кое место се одбележува на Земјата со трагата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на процеси на борба и творештво, на победи над негативноста и творештво, создавање нови климатски услови, на род и благодет, тоа е религиозната состојба и значење на зборот СТАПКАТА од Небото на Земјата на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) и на Земјата за старите Македонци верници, според учењето и начинот на живеење по Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА. Имитирајќи и поддржувајќи го ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ), старите Македонци верници со своите генерациски СВЕТЛО ПОЗИТИВНИ ВОЗВИШУВАНЈА на аурите Лични, Семејни, Колективни на Народната или на државната, ја имале на тоа свое ниво СВЕТЛИНАТА БОЖЕСТВЕНА, а сите естетски вредносни резултати од неа по место и време на живеење се пак одбележувањето, фактите, сведоштвата на СТАПКАТА нивна генерациска. Зборот СТАПКАТА ја има религиозната состојба на аурите сончеви и на верниците по циклуси и генерации на ВЕ(БОГОТ) РА(СОНЦЕ) на Небото и на Земјата и на Земјата за верниците, според која е изграден вториот стар Македонски јазик во стара Македонија, од старите Македонци верници по јазикот на светлината астрална Божествена на аурата Сончева. Тоа е СВЕТОТО ПИСМО на Земјата или првиот стар слогов Македонски јазик и кој ја дефинира состојбата и постоењето на С(СВЕТЛИНАТА) над ТА(ТЕМНИНАТА) П(ОДНОВО) КА(ВОЗВИШЕНА) над ТА(ТЕМНИНАТА), негативноста, злото во природата и во луѓето по место и време на постоење на површината на Земјата за верниците според учењето на Религијата на Сонцето или ВЕРАТА, РЕЛИГИЈАТА, ЦРКВАТА, СВЕТОТО ПИСМО, ПРАВАТА СЛАВАТА. ПРОДОЛЖУВА


Како што се наведува во извештајот, на почеток се очекува растот да биде скромен, но постепено да забрзува во втората половина од годината со имплементање на планот за јавни и странски директни инвестиции

ОВА ГО НАВЕДУВА СВЕТСКА БАНКА ВО НАЈНОВИОТ И З В Е Ш ТА Ј О Б Ј А В Е Н В О ВТОРНИКОТ 19.06.2013 ЗА МАКЕДОНИЈА И ПОШИРОКИОТ РЕГИОН

М

акедонија ќе закрепне од рецесијата и се очекува пораст на бруто домашниот производ од 1,4 отсто. Ова го наведува Светска Банка во најновиот извештај објавен во вторникот (19.06.2013) за Македонија и поширокиот регион. Како што се наведува во извештајот, на почеток се очекува растот да биде скромен, но постепено да забрзува во втората половина од годината со имплементање на планот за јавни и странски директни инвестиции. И покрај растот на економијата една од болните точки во земјава е високата невработеност. Од Светската банка објаснуваат дека се спроведуваат реформи кои ќе овозможат подобрување на овој план. “Целата на програма на Светска банка за Македонија е да помогне во создавање на поволни услови за отварање на нови работни места, како и да и овозможи да го премости јазот на вештините помеѓу она што се нуди на и она што се бара на пазарот“, изјави регионалниот директор на Светска банка во Македонија Татиана Проскурикова презентирајќи го извештајот за напредокот на земјава.

СВЕТСКА БАНКА: РАСТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА 1,4 ОТСТО Од Светска банка додаваат дека главни двигатели на закрепнувањето на економијата во регионот ќе бидат електричната енергија, земјоделството и извозот. “За зголемување на растот и создавање на работни 10 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

места потребни се структурни реформи, кои треба да бидат насочени кон намалување на јазот помеѓу оние вештините кои се нудат на пазарот и оние кои се потребни“, се наведува во извештајот.


Според податоците на државниот завод за статистика, лани се граделе вкупно 4.083 објекти, а целосно биле завршени 5.174 станови со вкупна површина од 493 607 метри квадратни. 209 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 14 .246 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 95.4 м2.

ВО ТЕКОТ НА 2012 ГОДИНА Н А Ј М Н О Г У С Е Г РА Д Е Ш Е ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН, В О С К О П С К И О Т, И В О ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН

ИНДИВИДУАЛНИ СОПСТВЕНИЦИ НАД 200 МИЛИОНИ ЕВРА ИНВЕСТИРАЛЕ ВО ГРАДЕЖНИШТВО И

ндивидуални сопственици минатата година извршиле градежни работи во вредност од 211,7 милиони евра. Според податоците на државниот завод за статистика, лани се граделе вкупно 4.083 објек-

ти, а целосно биле завршени 5.174 станови со вкупна површина од 493 607 метри квадратни. 209 се станови во викенд куќи со вкупна површина од 14 .246 метри квадратни. Просечната корисна површина на заврше11 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

ните станови е 95.4 м2. Во текот на 2012 година најмногу се градеше во Полошкиот регион, во Скопскиот, и во Југозападниот регион, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Владата преку јавен конкурс ќе вработува нови 100 лица на раководни позиции, од кои дел претставуваат раководни позиции на централно државно ниво, а дел претставуваат раководни позиции на подрачно ниво

К А КО Ш ТО И Н Ф О Р М И РА ВЛАДИНИОТ ПОРТПАРОЛ АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕВ ОГЛАСОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е ОБЈАВЕН ДЕНЕСКА, А ЌЕ Т РА Е Д О 5 Ј УЛ И

НОВИ 100 ВРАБОТУВАЊА В

ладата преку јавен конкурс ќе вработува нови 100 лица на раководни позиции, од кои дел претставуваат раководни позиции на централно државно ниво, а дел претставуваат раководни позиции на подрачно ниво. Како што информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев огласот за пријавување е објавен денеска, а ќе трае до 5 јули. “Значаен дел од овој повик се раководните места од областа на здравствените инсти-

туции, односно директорските места во Универзитетските клиники, каде што застапени се 16 позиции на организациски директори на клиниките и 6 позиции на медицински директори на клиниките, како и директорски места во клиничките болници. Исто така, предвидени се и секторските директорски места во Фондот за здравствено осигурување, и тоа во Секторот за финансии и во Секторот за сметководство“, додаде Ѓорѓиев. Ќе се пополнуваат позиции 12 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 777 / Јуни 2013

каде што раководат лица кои се вршители на должноста, моментално непополнети позиции или пак позиции за кои што мандатот на актуелните раководни лица завршува во текот на 2013 година. По добивањето на апликациите тие ќе бидат разгледани од страна на стручни тимови, а кандидатите ќе бидат повикувани и на интервјуа, за да бидат запознаени, да се разменат ставови и мислења по поедини теми и непосредно да се добие соодветен впечаток.


777  

makedonskosonce

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you